nova samoevaluacija

97
ОУ “ДИМО ХАЏИ ДИМОВ “ - СКОПЈЕ САМОЕВАЛУАЦИЈА 2011

Upload: ana-vasilevska

Post on 27-Oct-2014

1.169 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Nova Samoevaluacija

ОУ “ДИМО ХАЏИ ДИМОВ “ - СКОПЈЕ

САМОЕВАЛУАЦИЈА 2011

Page 2: Nova Samoevaluacija

Име на училиштето ООУ “Димо Хаџи Димов” - СкопјеАдреса на училиштето ул. “Ангел Динев” б.б.Краток опис на училиштето (број на ученици има и колку паралелки)

Училиштето има 45 паралелки со 1237 ученици

Контакт информацииТелефон, факс, e-mail

тел. 02/2041-635факс 02/2041-635e-mail dimohdimov @yahoo. com

Број на вработени Вкупно вработени: 91Наставници 74Директор 1, педагог 1, психолог 1, библиотекар 1Секретар-правник 1, домаќин 1Тех. персонал 11

Самоевалуацијата е спроведена во периодот април – јуни 2011 година . Беа формирани 7 тимови со наставници од предметна и одделенска настава, координирани од директорот на училиштето Зорка Ристова. Координатор за предметна настава беше психологот Виолета Ѓеоргиева, а за одделенска настава педагогот Милка Иванова. Во координација на тимовите активно учество имаше и наставничката по информатика Магдалена Мојсовска. Тимовите работеа со активно учество на сите наставници. Активностите се однесуваа на одделни подрачја, а беа координирани од наставници координатори (за секој тим по еден наставник):Подрачје 1. Наставни планови и програмиПодрачје 2. Постигања на учениците Подрачје 3. Учење и наставаПодрачје 4. Подршка на ученицитеПодрачје 5 Училишна клима и односи во училиштетоПодрачје 6. РесурсиПодрачје 7 Управување, раководење и креирање политика Со самоевалуацијата беа опфатени сите вработени во училиштето, кои беа активно вклучени во нејзина реализација.

Page 3: Nova Samoevaluacija

Самоевалуација на училиштето Подрачје 1: Наставни планови и програми

1.1 Реализација на наставни планови и програми

1.2 Квалитет на наставни планови и програми

1.3 Воннаставни активности

Page 4: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Реализација на наставни планови и програми

Наставнитe планови и програми во О.У. “Димо Хаџи Димов“ се во согласност со програмските документи од МОН и Бирото за развој. Тие во целост се реализираат. Реализацијата започнува преку подготовка на наставните планови и програми: годишни, тематски, месечни, неделни планови и дневни подготовки. Наставните планови и програми се целосно применети од страна на наставниците. Наставните планови и програми се реализираат во пропишаниот обем. Реализирани се наставни планови и програми по сите задолжителни и изборни предмети. Врз начинот на реализација на наставните планови и програми постојат можности наставниците да влијаат, поради слободата што им е дадена да вршат поместување на теми, според временските услови. Наставниците добиваат подршка од училиштето за осовременување на наставните програми преку семинари и обуки, вклучување во проекти, јавни-отворени часови, презентирање на посетени семинари на останатите наставници.

За потребите на самоевалуацијата направена е анкета според која: во предметна настава од анкетираните 87 ученика, 75% се изјасниле дека се информирани за содржината на наставните програми по наставни предмети, а 25% дека само некои наставници ги информирале. Со “не“ се изјасниле 0%, што значи дека нема неинформирани. Родителите се информирани за наставните планови и програми на родителските средби и преку изработениот информатор од училиштето во кој се внесени важни моменти за работата на училиштето. Од анкетираните родители 63% се изјасниле дека се запознаени со планот и програматапо наставните предмети, 22% дека се делумно запознаени, а 15% дека не се запознаени.

-Годишна програма за работа на училиштето-Наставни планови и програми-тематски планирања на наставниците-нормативни акти на училиштето-анкети со наставници, родители и ученици,-програма за работа на ученичката заедница-интервју со стручни соработници (психолог, педагог)- анкетни ливчиња за избор на изборни предмети

добро-мн. добро

Page 5: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Реализација на наставни планови и програми

Во училиштето се работи со деца со посебни потреби кои се во состав на редовните паралелки. Стручната служба и поголем број од наставниците посетувале обуки за работа со деца со посебни потреби организирани од МОН. Поголем број наставници при планирањето на дневните подготовки вршат приспособување на задачите за децата со посебни потреби (образци за индивидуални образовни планови, долгорочен ИОП и листи за следење). Во училиштето имаме дете со посебни потреби во V одд кое има помош во однос на приспособувањето на програмата од страна на дефектолог (ангажиран од страна на родителите). Според насоките дадени од МОН, при избор на изборни предмети, наставниците од предметна настава изработуваат анкентни листови во кои се понудени 3-4 изборни предмети. Наставниците ги информираат родителите за избор на изборни предмети преку анкетирање (анкентни листови). Во одделенска настава училиштето има воспоставено процедура за избор на наставни предмети, но нуди помалку од три изборни предмети од кои може да изберат учениците. Постапката за избор на изборни предмети во одделенска настава во целост не се спроведува затоа што се нудат два изборни предмета „Творештво” и „Работа со компјутери“ од МОН. Училиштето реализира проширени програми, почитувајќи ги можностите и потребите на учениците. Програма за додатна настава имаат изработено сите наставници. Од анкетата за воннаставни активности, од анкетираните ученици 77,14% одговориле дека учествуваат, а 22,86% дека не учествуваат во воннаставните активности. Според програмата за додатна настава, се реализираат проширени програми со талентирани и надарени ученици, програма за деца со посебни потреби и професионална ориентација, како и за ученици кои се подготвуваат за натпревари. Недостига програма за продолжен престој.

-Годишна програма за работа на училиштето-Наставни планови и програми-тематски планирања на наставниците-нормативни акти на училиштето-анкети со наставници, родители и ученици,-програма за работа на ученичката заедница-интервју со стручни соработници (психолог, педагог)- анкетни ливчиња за избор на изборни предмети

добро-мн. добро

Page 6: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Квалитет на наставни планови и програми

Родовата рамноправност во наставните планови и програми е нормално застапена. Наставниот план и програм не опфаќа посебни делови за родова поделеност (машки, женски). Етничката рамноправност не е застапена во наставните планови и програми поради многу малиот број ученици од другата етничка заедница. Наставата се изведува на македонски јазик, така што и децата со различна етничка припадност учат на македонски јазик при што и за нив се користат истите учебници и истите наставни програми. Бројот на ученици од друга националност во училиштето е мал, т.е. изнесува 2,39% од вкупниот број. Локалната средина учествува и помага во одредени активности кои треба да се вклучат во наставните планови и програми. Тие се вклучуваат со постојана соработка како и со потпишани договори за поддршка на одредени активности: - Полицијата врши континуирани и организирани предавања за сообраќајот, насилство, наркоманија итн. - Поликлиника “Ѓорче Петров” преку предавања за зачувување на здравјето, заштита од болести, правилна исхрана, редовни систематски прегледи и вакцини. Содржините во рамките на наставните програми се збогатуваат со дополнителни активности, реализирани во рамките на училиштето: а) Предавање за здрава исхрана - ”Виталија” б) Предавања за заштита од туберкулоза - проф. д-р од клиника в) Предавање за заштита од сексуално преносливи болести – д-р Палчевски Во организација на општина Карпош училиштето учествува во спортски напревари (фудбал, крос, кошарка, одбојка, шах, ракомет). Учениците што учествуваа во натпреварите, постигнаа големи резултати.

- Наставни планови и програми- Годишна програма за работа на училиштето- анкети со наставници, родители и ученици- интервју со наставници- Програма за работа на ученичка заедница- тематско планирање на наставниците- Увид од педагошка евиденција и документација- спроведени проекти во училиштето

добро-мн.добро

Page 7: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Квалитет на наставни планови и програми

Соработката со средните училишта се реализираше преку презентации од страна на професори и ученици од средните училишта за професионална ориентација.

Соработка со високо-образовни институции од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”: Филозофскиот факултет, Филолошки факултет, Педагошкиот факултет “Свети .Климент Охридски”, Институтот за дефектологија, Институтот за педагогија и психологија. Во училиштето постои интеграција на меѓупредметните цели. Таа е особено изразена во одделенска настава: преку работни денови, активна-интерактивна настава, работа во групи и со нивна ротација по предмети, чии содржини се соодветни (З.О., Македонски јазик, Ликовно образование, Математика и Музичко образование). Наставните планови и програми им се достапни на наставниците пред почетокот на училишната година, така што секој наставник го има наставниот план и програма одобрен од МОН. Можноста за влијание во неа е минимална . Неколку наставници од нашето училиште учествуваат во изготвување на наставните планови и програми како соработници-практичари. Училиштето не покренува иницијатива за изменување и дополнување на наставниот план и наставните програми до МОН и БРО. Врз основа на анкетираните родители, 100% се изјасниле дека не можат и не влијаат врз наставните планови и програми .

- Наставни планови и програми- Годишна програма за работа на училиштето- анкети со наставници, родители и ученици- интервју со наставници- Програма за работа на ученичка заедница- тематско планирање на наставниците- Увид од педагошка евиденција и документација- спроведени проекти во училиштето

добро-мн.добро

Page 8: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Воннаставни активности

Во годишното планирање предвидени се посети, набљудувања и екскурзии како воннаставни активности произлезени од потребите и интересите на учениците кои ќе им послужат за поддршка на нивниот личен и социјален развој. Нивниот обем и разновидност зависат од самите планирања на училиштето и соодветноста на програмата. Училиштето обезбедува услови за реализација на планираните воннаставни активности со цел вклучување на сите ученици, без оглед на нивниот пол, етничка припадност, социјално потекло, ученици со посебни образовни потреби и ученици од семејства со низок социо-економски статус (прилог). Планираните воннаставни активности (екскурзии, натпревари, слободни ученички активности и сл.) се реализираат во соработка со учениците и родителите, со цел задоволување на интересите на самите ученици, а во согласност со наставните програми и планирања. Од анкетираните ученици 78,5% се изјасниле дека се вклучени во воннаставни активности. Учеството на учениците на разни манифестации и натпревари надвор од училиштето се реализира во соработка со наставниците и стручната служба, како и со родителите и придонесува за афирмација на самите ученици, а преку нив и на училиштето. Такви натпревари најчесто се: математички натпревар „Кенгур“, разни спортски активности и манифестации, хорски смотри, хор, оркестар, натпревари помеѓу секции, танцови школи и слично. Изборот во сите овие активности е личен избор на самиот ученик. Во рамките на училиштето често се реализираат и натпревари за ликовен и литературен конкурс по повод одредени манифестации: ден на дрвото - екологија, ден на планетата Земја, патронен празник, хуманитарни акции и слично. Во прилог „Книга за учество на натпревари, освоени награди и посети на учениците “.

- Годишен план и програма на училиштето- анкетни прашалници за родители, наставници и ученици- интервју со наставници- педагошка евиденција и документација- програма за дополнителна и додатна настава

мн.добро

Page 9: Nova Samoevaluacija

Учеството на ваквите манифестации и натпревари позитивно влијае врз сите ученици.

Jаки страни :

- Претставување и афирмирање на училиштето преку медиумите за различни училишни активности;

- Опфатеност и успешно работење (многубројни награди и постигнати резултати) во воннаставните активности;

- Интегрирање и соработка со локалната средина.

Слаби страни :

- Вклученоста на родителите и наставниците во изготвувањето на наставниот план и програмата;

- Во училиштето нема посебни планови и програми за деца со посебни потреби.

Page 10: Nova Samoevaluacija

Самоевалуација на училиштето Подрачје 2: Постигања на учениците

2.1 Постигања на учениците

2.2 Задржување / осипување на учениците

2.3 Повторување на учениците

Page 11: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Постигања на учениците

Училиштето располага со податоци за постигањата на учениците и тие анализи стојат во годишниот извештај, како и во прилог на анализава. Од бројот на ученици по паралелки и национален состав, за учебната 2010/1011 година (прилог, табела) се гледа дека бројот на ученици од друга националност е мал и нивниот успех не се разликува од успехот на учениците од македонска националност. Успехот на учениците од македонската националност, како и успехот на учениците од другите националности на крајот од првото полугодие на учебната 2010/2011 година е значително подобрен во однос на успехот од минатата учебна година. За подобрување на постигањата на учениците во училиштето се одржува дополнителна и додатна настава за сите ученици од сите националности. За таа цел на видно место е истакнат распоред за редовно одржување на додатната и дополнителната настава по сите наставни предмети. Од увидот на училишните дневници констатирано е дека дополнителната настава се одржува со учениците кои се соочуваат со повремени тешкотии во учењето, побавно напредуваат или заостануваат во усвојувањето на содржините и другите задачи од еден или повеќе наставни предмети , додека додатната настава сите наставници ја реализираат според планот и програмата во соработка со родителите на учениците кои во текот на редовната настава постигнуваат натпросечни резултати и се потврдуваат со особена надареност и талентираност во одделни наставни предмети. Спроведена е анкета за вклученост на учениците во воннаставни активности. Анкетирани се вкупно 69 ученици од кои 78,2 % учествуваат во некои одучилишните секции,додека 21,8% не учествуваат во ниедна.Од анкетата за дополнителна настава од вкупно 42 анкетирани ученици

- Дневниците од сите паралелки- Извештаи од Одделенски и Наставнички совети- Табелерни прикази на постигнат успех на крајот на првото полугодие и на крајот од учебната година- Анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

добро

Page 12: Nova Samoevaluacija

59,58% одговориле дека посетуваат дополнителна настава,а 40,48% одговориле дека не посетуваат бидејќи немаат потреба и знаат доволно.Исто така анкетирани се 19 наставници за тоа дали постои притисок за оцените,42,11% одговориле дека имаат притисоци додека 57,89% немаат притисоци.Притисоците најчесто се правени од страна на родители, пријатели, колеги итн.

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Постигања на учениците

Училиштето има систем на идентификација на ученици со потешкотии во учењето,/евидентни листови, разговори со ученици и родители/со нив се работи со диференциран на работа, а по потреба за постигнување на подобри резултати се одржува и дополнителна настава и континуирано се следи нивниот развој. Анкетирани се 4 родители на деца со посебни потреби за тоа дали се запознаени со програмата која ќе ја изучуваат нивните деца и дали таа е прилагодена според нивните можности.50% одговориле дека се запознаени и 50% дека не се запознаени.25% од вкупните испитаници одговориле дека програмата е соодветна, а останатите не се согласуваат дека е соодветно прилагодена. При запишувањето на учениците во прво одделение се идентификуваат и децата со посебни потреби кои притоа треба да приложат и мислење од Заводот за ментално здравје.

Училиштето има и систем за идентификација на надарени ученици (тестови, анкети, разговори). Во зависност од нивните афинитети и интереси избираат активности кои посебно се развиваат. Наставниците обезбедуваат поддршка на учениците во редовната настава избирајќи активности соодветни на нивните можности и потреби.За таа цел одреден број наставници посетуваа обука за работа со талентирани ученици. Овие ученици се тестирани од страна на психологот, во соработка со родителите и наставниците. Постигањата на учениците од еден во друг циклус и од едно до друго ниво на образование се внесуваат во евидентните листови, а се следат и анализираат во полугодишните и годишните извештаи, изработени од страна

- Дневниците од сите паралелки- Извештаи од Одделенски и Наставнички совети- Табелерни прикази на постигнат успех на крајот на првото полугодие и на крајот од учебната година-Анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 13: Nova Samoevaluacija

на класните раководители анализирани и внесени во извештаите на училиштето.

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Постигања на учениците

Според извештаите се гледа дека успехот на крајот на оваа учебна година е подобрен за околу 10% во однос на успехот во прво полугодие. Тоа се должи на поголемата заинтересираност и ангажираност на учениците да го подобрат својот успех на крајот од учебната година (прилог табели). Училиштето има повратна информација за тоа каде нашите ученици го продолжиле средното образование, но нема информација за нивните понатамошни постигања.

- Дневниците од сите паралелки- Извештаи од Одделенски и Наставнички совети- Табелерни прикази за постигнат успех на крајот на првото полугодие и на крајот од учебната година-Анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 14: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Задржување / осипување на

учениците

Нашето училиште ги опфаќа во голем процент учениците од нашиот реон. При запишувањето во прво одделение, училиштето доставува соопштение и информации до сите градинки и други објекти од локалната средина. Во предходните години во нашето училиште, поради постоење на целодневната настава и дневена престој, се запишуваа и ученици и од други реони.За учениците од нашиот реон кои не се запишале во нашето училиште во учебната 2010/2011 година имаме информација од родителите дека по свој избор го запишале своето дете во приватно училиште. Училиштето систематски ја следи редовноста на учениците, ги анализира причините за отсуствата од наставата(оправдано/неоправдано) и навреме превзема конкретни активности што обезбедуваат зголемување на редовноста.Се соработува со родителите, за увид во причините за изостанувањето и зголемување на редовноста. Бројот на оправданите и неоправданите изостаноци на крајот на третото тромесечие од учебната 2010/2011 е зголемен во однос на изостаноците направени на крајот на првото полугодие од оваа учебна година.

Во нашето училиште нема појава на осипување на ученици.

При премин на учениците од едно во друго училиште , одделенскиот раководител пополува преведница – формулар кој ги содржи податоците за ученикот и неговиот успех, а со промените во законот, доставува и евидентен лист за ученикот.

-Анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

Page 15: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Повторување на учениците

Во нашето училиште нема ученици кои ја повторуваат годината.- Дневниците од сите паралелки- Извештаи од Одделенски и Наставнички совети- Табелерни прикази за постигнат успех на крајот од учебната година

многу добро

Page 16: Nova Samoevaluacija

Клучни јаки страни:

- Целна насоченост на наставата, негување на соработничка клима, интеграција на предметите, објективно оценување и

самооценување и дополнителна и додатна настава.

- Избирање на првенец на генерацијата.

- Задоволителни резултати по предмети, пол и етничка припадност на крајот од V/9 и VIIIодд.

- Незабележителен е процентот на ученици кои не го завршуваат основното образование.

Слабости:

- Програмата на ИОП е недоволно позната за родителите, па немаат можност соодветно да им помогнат на учениците при

реализација на домашните задачи.

- Обезбедување информации за сите првачиња кои живеат, а не се запишани во реонот на ова основно училиште.

- Обучување на сите наставници за работа со талентирани деца, бидејќи сите наставници држат додатна настава.

Page 17: Nova Samoevaluacija

УСПЕХ НА УЧЕНИЦИ ПРИПАДНИЦИ НА ДРУГИ НАЦИОНАЛНОСТИ

ЗА УЧЕБНАТА 2010/2011 (I-полугодие)

Табела А

Одделение Одлични Мн.добри Добри Доволни Со 1 слаба Со 2 слаби Со 3 и повеќе слаби

Неоценети

м ж м ж м ж м ж м ж м ж м ж м жV 1 / / / / / / / 1 / / / / / / /

VI 3 2 / / 1 1 / / / / / / / / / /

VII / / / 1 / / / / / / / / / / / /

VIII 1 1 2 / / / / / / / / / / / / /

Вкупно 5 3 2 1 1 1 / / 1 / / / / / / /

Page 18: Nova Samoevaluacija

Процент

35.72 21.44 14.28 7.14 7.14 7.14 / / 7.14 / / / / / / /

УСПЕХ НА УЧЕНИЦИ ПРИПАДНИЦИ НА ДРУГИ НАЦИОНАЛНОСТИ

ЗА УЧЕБНАТА 2010/2011 (II-полугодие)

Табела Б

Одделение Одлични Мн. добри Добри Доволни Со 1 слаба Со 2 слаби Со 3 и повеќе слаби

Неоценети

м ж м ж м ж м ж м ж м ж м ж м жV 1 / / / 1 / / / / / / / / / / /

VI 3 2 1 / / 1 / / / / / / / / / /

VII 1 / / / / / / / / / / / / / / /

VIII 3 1 / / / / / / / / / / / / / /

Вкупно 8 3 1 / 1 1 / / / / / / / / / /

Процент 57.15 21.43 7.14 / 7.14 7.14 / / / / / / / / / /

Page 19: Nova Samoevaluacija

УСПЕХ НА УЧЕНИЦИ ПРИПАДНИЦИ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНОСТ

ЗА УЧЕБНАТА 2010/2011 (I-полугодие)

Табела В

Одделение Одлични Мн. добри Добри Доволни Со 1 слаба Со 2 слаби Со 3 и повеќе слаби

Неоценети

м ж м ж м ж м ж м ж м ж м ж м жV 37 58 24 15 4 1 / / 1 / / / / / / /

VI 40 53 19 13 7 4 / / / 1 / / / / / /

VII 31 38 33 28 13 5 / / 8 / 3 / / / / /

VIII 20 35 21 20 16 8 / / 2 8 2 1 4 1 / /

Вкупно 128 184 97 76 40 18 / / 11 9 5 1 4 1 / /

Процент

22.30 32.06 16.9 13.24 6.97 3.13 / / 1.92 1.57 0.87 0.17 0.7 0.17 / /

Page 20: Nova Samoevaluacija

УСПЕХ НА УЧЕНИЦИ ПРИПАДНИЦИ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНОСТ

ЗА УЧЕБНАТА 2010/2011 (II-полугодие)

Табела Г

Одделение Одлични Мн. добри Добри Доволни Со 1 слаба Со 2 слаби Со 3 и повеќе слаби

Неоценети

м ж м ж м ж м ж м ж м ж м ж м жV 52 64 13 9 2 / / / / / / / / / / /

VI 52 60 11 11 3 / / / / / / / / / / /

VII 51 60 27 9 11 1 / / / / / / / / / /

VIII 36 53 21 18 5 2 2 / / / / / / / / /

Вкупно 191 237 72 47 21 3 2 / / / / / / / / /

Процент

33.33 41.36 12.58 8.2 3.66 0.52 0.35 / / / / / / / / /

Page 21: Nova Samoevaluacija

Самоевалуација на училиштето Подрачје 3 Учење и настава

3.1 Планирање на наставниците

3.2 Наставен процес

3.3 Искуства на учениците од учењето

3.4 Задоволување на потребите на учениците

3.5 Оценувањето како дел од наставта

3.6 Известување за напредокот на учениците

Page 22: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

ниво

Планирање на

наставниците

За успешна реализација на воспитно-образовниот процес неопходни се квалитетни планирања од страна на сите наставници, како и нивно имплементирање во процесот на наставата. Во нашето училиште, во учебната 2010/2011 год. наставниците се поуспешни и покомплетно ги изработуваат годишното, тематските и дневните планирања, во однос на учебната 2009/2010 година.

Наставниците од одделенска настава, најчесто тимски ги изготвуваат годишните глобални планирања. Планирањата се даваат на увид кај стручната служба. Според податоците добиени од пополнетите прашалници од наставниците од одделенска настава констатирано е дека - само четворица наставници изготвуваат годишни планирања за соработка со родителите, како и: планирање за воннаставни активности, планирање за користење на слободното време во целодневна настава и еден наставник изработува годишно планирање за проверка на знаењето. И распоредот на часовите, наставниците од одделенска настава, најчесто го изработуваат тимски.

Кај поголем дел од наставниците од одделенска настава, неколку часови во текот на оваа учебна година се следени од стручната служба. Во овие пригоди: наставниците добиле усна повратна информација од стручната служба; кај неколку наставници на еден наставен час присуствувал советник, а потоа тие добиле усна и писмена повратна информација.

Поддршка и следење на планирањата на наставниците од предметна настава се врши од страна на комисии за прегледување на годишните и дневни планирања (комисиите ги сочинуваат по еден наставник од секоја генерација, училишниот психолог и директор). Според анализа на податоците од овие комисии, констатирано е дека речиси сите наставници имаат индивидуални / дневни

Годишни глобални планирања; Тематски планирања; Интегрирани планирања; Дневни планирања; Материјали од работата на стручните (одделенски) активи; Разговори со стручната служба на училиштето; Спроведена анкета

многу добро

Page 23: Nova Samoevaluacija

планирања на наставата.Според најголемиот број наставници од предметна настава, неопходно е

усогласување на барањата за дневните подготовки и процесното-тематско планирање, меѓу БРО и инспекторатот од МОН. Констатирано е дека дневните подготовки на поголема група предметни наставници содржат елементи и од најновите сознанија за очекувања / исходи, што не е случај со дневните подготовки на сите наставници. За разлика од овој факт, во дневните подготовки и тематските планирања, сите наставници имаат дополнето (нагласено) на кој начин ќе ги оценуваат стекнатите знаења кај учениците.

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

ниво

Планирање на

наставниците

Според сознанијата од спроведена анкета (со опфатени 30 предметни наставници и 60 ученици), констатирано е дека: во училиштето се работи најчесто тимски и во соработка со други училишта; се разменуваат искуства и информации при планирањето; а содржините се планираат според насоки добиени од БРО. Со цел изработка на подобри планирања, наставниците разменуваат искуства континуирано и ја подобруваат меѓусебната комуникација преку: посета на отворени часови, подготовка за часови, заеднички анализи по одржани часови, соработка со колеги од други училишта и високо образовни институции (ПМФ). Според добиените податоци од анкетата, соработката на наставниците од предметна настава со стручната служба е на завидно ниво. Ова се однесува, пред се, во насока на консултации за подготовки за часови за: сертификација, одделни часови и консултации за примена на специфични форми на реализација на наставата.

Целосна поддршка и неопходна помош при изработка на планирањата, како и при реализација на наставата, добиваат и младите колеги (наставници-почетници). Соработката се реализира преку: совети, разговори и идеи од поискусните предметни наставници. Наставниците – приправници “се упатуваат” на реализација на целите предвидени со визијата и мисијата на училиштето.

Изработување на распоредот на часови за предметна настава е комплексна “работа” (со оглед на големиот број на наставници од предметна настава, како и десетина наставници, кои дополнуваат од други училишта). Оваа активност ја превзема наставник од училиштето, во соработка со стручната служба, предметните наставници и директорот. При изработка на распоредот на часови особено се води сметка за интересите на учениците, но според просторните и кадровски можности

Годишни глобални планирања; Тематски планирања; Интегрирани планирања; Дневни планирања; Материјали од работата на стручните (одделенски) активи; Разговори со стручната служба на училиштето; многу

добро

Page 24: Nova Samoevaluacija

на училиштето

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

ниво

Наставен процес

Наставниците од одделенска настава во текот на воспитно-образовниот процес користат најразлични форми и методи на работа. Можноста за континуирано запознавање на учениците и нивните способности, како и описното оценување, ја овозможуваат комбинацијата на различни форми и методи на работа.

Со оглед на разликите при реализација на предметна настава, окарактеризирање на спецификите е извршено според сознанијата добиени од спроведената анкета меѓу наставници (30) од предме тна настава и ученици (60, по случаен избор). Според анализата од добиените податоци:- 60% од учениците сметаат дека наставата се применуваат различни форми и методи на работа, што овозможуваат поголем интерес за содржините;- 35% од учениците сметаат дека содржините реализирани во текот на часовите можат делумно да им го задржат интересот;- 5% од анкетираните ученици сметаат дека наставата не е воопшто интересна.

Според наставниците од предметна настава, кои работат во училници опремени со компјутери, распоредот на клупите во училниците опремени со компјутери ја отежнува креативноста во наставата во текот на наставниот процес и ја оневозможува целосната реализација на групна работа. Сите наставници се трудат континуирано да ги реализираат поставените цели, според индивидуалните планови за работа со деца со посебни потреби. Реализацијата на наставата подразбира и мотивирање на талентираните ученици со задавање дополнителни задачи, во зависност од афинитетите на учениците, по одделни наставни предмети.

Правилниот избор на задачи и активности, за постигнување на предвидените

Годишни глобални планирања; Тематски планирања; Интегрирани планирања; Дневни планирања; Материјали од анкета -прашалници за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 25: Nova Samoevaluacija

цели на наставата, претставува карактеристика на работењето на поголемиот број на наставници. При изборот на задачи и активности се внимава на овозможување на реализација на активности од различно ниво на сложеност, прилагодени на индивидуалните потреби на учениците. Во зависност од потребите на наставниот предмет, за успешна реализација на часот, наставниците користат ресурси кои ги има училиштето или пак учениците самите ги приспособуваат, набавуваат. За анализа на интеракцијата меѓу наставниците и учениците во одделенска настава, учениците биле анкетирани дали / колку се почитувани од страна на наставниците.

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Page 26: Nova Samoevaluacija

Нас

таве

н п

роц

ес

Речиси сите ученици се изјасниле дека се задоволни од односите на релација наставник-ученик, а исто така задоволни се од односот на наставниците спрема нив. Анкетираните ученици од предметна настава, во глобала, укажуваат на постоење квалитетна двонасочна комуникација на реалација наставник-ученик. Како показател на реалната состојба се анализираат податоците од анкетираните (60) ученици, од кои 60% се изјасниле дека понекогаш ги почитуваат наставниците, 35% секогаш ги почитуваат, а 5% не ги почитуваат или не дале одговор. Според сумираните податоци од анкетата, се согледува дека постојат реални проблеми во некои паралелки (се изјасниле 20% од учениците), главно поврзани со недисциплина и попречување на вообичаениот тек на наставата. Проблемите, од овој вид, ги решаваме на релација ученик – наставник – родител, со другите предметни наставници, стручната служба и директорот на училиштето. Според анкетираните, 73% од учениците сметаат дека во соработка со одделенскиот раководител и психологот успешно ги решиле сосема или поголем дел од проблемите. Анкетите укажуваат дека наставниците имаат подеднаков пристап во работата и комуникацијата со сите ученици. Во текот на наставата се иницира и се одржува позитивна атмосфера и коректен однос во средината. Следење на наставниот процес се врши континуирано и на различни нивоа. Во текот на првото и второто полугодие, од страна на училишниот психолог реализирани се посети на часови кај сите наставници од предметна настава. За посетата на часот се води евидентен лист, а за впечатоците со наставникот се разговара по завршување на часот. Процесот на сертификација (преку проектот ПЕП) ја поттикна праксата на меѓусебно следење на работата на колегите, со што се подобрува наставниот процес. Наставниците меѓусебно се информираат за (карактеристични, посебни) планирани часови, се посетуваат и разменуваат искуства. Тоа доведува до поставување корелација меѓу содржините од различни наставни предмети, со што се овозможува стекнување повисоко ниво на знаење, способности и вештини кај учениците. На тој начин се обезбедува поквалитетна настава и поголеми резултати од работењето.

Годишни глобални планирања; Тематски планирања; Интегрирани планирања; Дневни планирања; Материјали од анкета – прашалници за ученици, наставници и родители

Индикатор Констатирана состојба Извори на ниво

Page 27: Nova Samoevaluacija

за квалитет податоци

Иск

уств

а н

а уч

ени

ци

те о

д у

чењ

ето

Со цел да се согледаат искуствата на учениците од учењето направени се анализи за работата на училиштето. Во одделенска настава пополнети се прашалници (дадени во прилог, а пополнети од случаен избор на ученици по реден број во дневник број 5, 10 и 15, од прво до петто одделение). Комисијата направи увид на прашалниците, (на ден 30.05.2011 г.) и притоа констатираше дека:- најголем број ученици училницата ги потикнува на учење;- во училницата изработките се истакнуваат на видно место;- во текот на учебната година била излoжена изработка на секој ученик. На тој начин наставниците во одделенска настава на учениците им го прават интересно учењето, ги охрабруваат на самостојно мислење, донесување заклучоци и го почитуваат мислењето на учениците, при решавање на проблеми. Најголем дел од наставниците не ги критикуваат учениците пред други ученици или пред возрасни, а еден помал дел тоа го прават понекогаш. Поголемиот дел од учениците сметаат дека постои соработка помеѓу учениците во одделението и дека наставниците ги потикнуваат сите ученици подеднакво.

Според спроведената анкета и во предметна настава состојбата е слична. Според анкетата (со 60 анкетирани ученици) половина од учениците (50%) се изјасниле дека условите во училиштето делумно се соодветни за реализација на наставата, 25% се изјасниле дека не се соодветни и исто толку (25%) дека условите се целасно соодветни. Притоа, под услови во училницата, се подразбира: распоредот на клупи, истакнати ученички трудови, компјутери, хигиена и слично. Податоците покажуваат дека учениците (воглавно) се задоволни од: работната атмосфера, начинот на предавање на наставниците, применетите форми и методи на работа. Овој начин на реализација на наставниот процес овозможува наставниците да се поттикнуваат, мотивираат и да остваруваат соработка меѓу себе. Сепак, според спроведената анкета, постојат потешкотии како последица од обемноста и тежината на наставните содржини, кај одделни наставни предмети (според 12,5% од анкетираните).

Јакнење на воспитната компонента за поголема одговорност и критичко мислење кај учениците се постигнува преку овозможување јавно да го искажуваат своето мислење и ставови. Реализацијата се постигнува преку одделенските заедници, младинската организација и други форми на здружување, во соработка со наставници, стручната служба и други вработени во училиштето.

Материјали од анкета -прашалници за ученици, наставници и родители;

Увид во ученички досиеа; Увид во евиденција на стручна служба; Одделенски дневници; Анкети за изборни предмети; Годишна програма на училиштето; Извештај од секции;

добр

о

Page 28: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

ниво

Задо

вол

увањ

е н

а п

отр

еби

те н

а уч

ени

ци

теОд извршениот увид на прашалници (направен на ден 30.05.2011г.) пополнети

од страна на наставниците од одделенска настава и стручна служба (педагог и психолог) комисијата за учење и настава констатираше дека стручната служба на училиштето ги идентификува образовните потреби на учениците преку примена на техники, тестирања, разговори со наставници, ученици и родители. Стручната служба ова го бележи во работни тетратки (дневници), протоколи за набљудувања на час и разговори со родители и наставници, евидентни листи, прашалници и бележници.

Стручната служба ги превзема овие активности за отстранување на пречките во процесот на учење кај учениците: советодавна работа со ученици, родители, наставници, разрешување на проблеми, помош во изготвување диференцирани задачи, идентификување на пречките, разговори, мотивирање, активирање во детска организација.

Стручната служба им помага на наставниците во идентификување, отстранување или остварување на одразовните потреби на учениците преку разговори, водење записници, изготвување ИОП за учениците со посебни образовни потреби, стручна литература, насоки за приод кон ученикот, место на седење и тутор - ученик, обработка на теми за стручен актив и соработка во планирањата.

Идентификување и конкретизација на образовните потреби на учениците од предметна настава се врши од страна на наставниот кадар и стручната служба. Со оглед на поставеноста на ученикот во центарот на вниманието, при реализацијата на наставниот процес, неопходно е и континуирано се превземаат активности за задоволување на образовните потреби, како и изнаоѓање начини за надминување на слабостите во процесот на учење. Преку низа активности (семинари, обуки и советувања) инволвираните наставници се стекнуваат со способности за создавање услови за исполнување на образовните потреби за сите ученици. Образовните потреби на учениците со потешкотии во учењето и пречки во развој се дефинираат преку изработка на индивидуални образовни планирања (ИОП) и определување на нивоа на знаења, според способностите и афинитетите на учениците.

Материјали од анкета -прашалници за ученици, наставници и родители;Увид во ученички досиеа; Увид во евиденција на стручна служба; Одделенски дневници; Анкети за изборни предмети; Годишна програма на училиштето; Извештај од секции;

добр

о

Page 29: Nova Samoevaluacija

Задо

вол

увањ

е н

а п

отр

еби

те н

а уч

ени

ци

те

Преку индивидуална работа со ученици / група ученици секој предметен наставник овозможува реализација на содржини за проширување на знаењата на учениците (талентираните и надарените).

На тој начин во училиштето се почитуваат различните потреби на сите ученици и се реализираат во текот на наставните и воннаставните активности.

Најголем број од наставниците ги прилагодуваат задачите и активностите на индивидуалните потреби на учениците преку диференцирани задачи, а еден помал дел не ги прилагодуваат задачите и активностите на индивидуалните потреби на учениците.

Материјали од анкета -прашалници за ученици, наставници и родители;Увид во ученички досиеа; Увид во евиденција на стручна служба; Одделенски дневници; Анкети за изборни предмети; Годишна програма на училиштето; Извештај од секции;

добр

о

Page 30: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

ниво

Оц

енув

ањет

о к

ако

дел

од

нас

тавт

а

Училиштето ги применува законските прописи со кои е регулирано оценувањето на учениците. Во училиштето сеуште нема изготвена училишна политика за оценување.

Наставниците во училиштето не изготвуваат годишни планирања за проверка на знаењето на учениците, со исклучок на еден наставник. Наставниците од одделенска настава ги оценуваат: знаењето, вештините и способностите на учениците.

Сите наставници од предметна настава и три наставници од одделенска настава ја посетија обуката за формативно оценување и во наставата ги применија различните методи и инструменти на оценување (самооценување, меѓусебно оценување, користење чек листи, тестови, наставни ливчиња и др.). Во училиштето неколку наставници (обучувачи од обуките за оценување) и стручната служба, функционираат како тим за координација и воспоставување соработка и помош со другите наставници. Овој тим функционира според изготвен акционен план и ќе учествува во изготвувањето на политиката за оценување во училиштето. На тој начин се обезбедува континуирано следење и оценување на напредокот на учениците. Оценувањето на учениците во предметна настава е јавно и транспарентно, што го потврдува спроведената анкета (со анкетирани 30 наставници и 60 ученици) според која 78% од учениците го потврдуваат тоа.

По завршувањето на наставата во учебната 2010 / 2011 година наставниците од предметна настава посетуваат обука за сумативно оценување.

Годишна програма за работа на училиштето; Акционен план за оценување; Стандарди за оценување (од БРО); Училишен дневникМатеријали од анкета -прашалници за ученици, наставници и родители;

добр

о

Page 31: Nova Samoevaluacija

Индикатор за

квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

ниво

Изв

есту

вањ

е за

нап

ред

окот

на

учен

иц

ите

Известувањето на родителите за напредокот на учениците во училиштето се врши според утврден систем на активности.

Пред се, информирањето се врши преку родителските средби и евиденнтните листови со постигнатиот успех и поведение, за определен временски период. На овој начин родителите имаат можност за добивање усна и писмена повратна информација, за успехот и поведението. Од почетокот на учебната година се планирани, истакнати и се почитуваат термини за прием на родители, од сите предметни наставници.

Овие формални средби, како и индивидуалните неформални средби, иницирани од наставници или родители придонесуваат за подобрување на успехот и поведението на учениците.

Во текот на учебната 2010 / 2011 година постигнувањата на учениците се евидентираат во електронскиот дневник.

Одделенски дневници; Евидентни листови; Ученички свидетелства; Ученичко досие (изработки, чек листи, контролни задачи и сл.); Писмени работи;

мно

гу д

обро

Page 32: Nova Samoevaluacija

Клучни јаки страни:- комплетни годишни, процесни, тематски и дневни подготовки,- примена на повеќе техники и инструменти за оценување и самооценување,- континуирана соработка со родителите,- голема соработка меѓу наставниците и стручната служба,- избор на најдобар ученик – првенец на генерацијата.

Слабости:- да се подобри квалитетот на дневните подготовки (кај мал број наставници), - да се подобри изработката на тематски интегрирани планирања (во одделенска настава),- недостаток на потрошен материјал за спроведување на некои техники за оценување,- намалена функционалност на некои училници со поставеноста на компјутерите (несоодветен распоред),- подобрување на условите за работа.

Page 33: Nova Samoevaluacija

Самоевалуација на училиштето Подрачје 4 Подршка на учениците

4.1 Севкупна грижа за учениците

4.2 Здравје

4.3 Советодавна помош за понатамошното образование на учениците

4.4 Следење на напредокот

Page 34: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Севкупна грижа за учениците

Училишниот простор е безбеден за изведување настава. Училиштето има правилник за заштита од пожари како една од мерките за заштита од елементарни незгоди (деловоден број 02-139/2 од 04.05.2010). Со овој правилник се пропишани мерки за безбедност на учениците во текот на наставата во училишната зграда и училишниот двор. Во училиштето не постојат документи „План за заштита и спасување“, но тие се во тек на изработка. Со овие документи се пропишани правилата за постапување во случај на елементарни незгоди и пожар. Во нашето училиште наставниците не се обучени за употреба на ПП апарати од стручно лице и не се изведуваат симулации за заштита од елементарни незгоди, но планирани се активности од овој вид по завршување на летните одмори. Во текот на реализација на наставните содржини за стекнување на практични вештини учениците понекогаш користат заштитна опрема (раговор со учениците, наставниците и анкети). Инфраструктурата во училиштето (мебелот, скалите, подовите, кровот, прозорците, струјните места, дворот, итн.) се безбедни и не претставуваат потенцијална опасност од повреди на учениците (доколку во текот на годината инцидентно се појават проблеми тогаш тие се решаваат тековно). За да се заштитат учениците од физички повреди постојано им се укажува како да се однесуваат кон потенцијално опасните места (штекери, надворешните шахти се затворени), но во училиштето не постојат документи во пишана форма. Во нашето училиште има вработени кои поседуваат вештини за давање прва помош на ученици во случај на несреќни случаи во училиштето, но има потреба од дополнителни обуки за наставниците и вработените во училиштето. Во текот на учебната година дел од учениците се обучуваат за давање прва помош како волонтери од страна на Црвениот крст на Општина Карпош. Дежурните наставници за време на одморите меѓу часовите водат грижа за безбедноста на учениците (Во училиштето е истакнат рапоредот на дежурства на наставниците на видно место). Училиштето има изготвено Кодекс на однесување на наставниците и учениците. Кодексот е истакнат на видно место во училиштето каде што може секој да го прочита.

-извршен увид кај правник на училиштето

-записник од индивидуални разговори со учениците

-увид во просторните капацитети

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

добро

Page 35: Nova Samoevaluacija

Севкупна грижа за учениците

Во училиштето има пишан документ (Закон за основно образование) во кој се дефинирани сите облици на однесување на децата и возрасните кои се сметаат за психичко и физичко насилство (со особен акцент на облици на сексуално вознемирување на учениците). Училишниот тим за превенција од насилства има изработена програма за работа и пишан документ во кој се дефинирани сите облици на однесување. Во нашето училиште се забранува секаков облик на насилство манифестирано од страна на возрасните и учениците. Одделенскиот раководител разговара во врска со оваа тема со учениците во паралелката и со нивните родители. Постои и правилник за изрекување на педагошки мерки за агресивно однесување (Закон за основно образование). Превентивно работи и младинската организација преку нејзини активности. Правилникот е достапен за наставниците, учениците и родителите (Закон за основно образование, куќен ред.) Вработените ја знаат својата улога и одговорност во процесот на заштита на детето, а на потребите и грижите на децата им приоѓаат чувствително, грижејќи се за нивните права, приватност и достоинство (анкета). Активностите за заштита и безбедност на учениците се координирани со институциите во локалната заедница преку предавања од Министрството за внатрешни работи на Општина Карпош, потоа Центарот за социјални грижи, СОС-телефон и обезбедувањето на училиштето итн. Одделенските раководители ги информираат учениците дека во училиштето од педагошко-психолошката служба, покрај советодавна работа, можат да добијат помош и преку реализирање на работилници на кои се третираат актуелни теми – другарство, хуманост, решавање конфликти, насилство, омраза и сл. (по потреба). Во нашето училиште има политика за забрана на пушење, конзумирање алкохол и дистрибуција и конзумирање на наркотични супстанции. Со реализацијата на воспитната компонента (на часот на одделенска заедница и преку работилници со стручни лица) учениците редовно се едуцираат како да се заштитат од современите пороци. Не се доаѓа во алкохолизирана состојба, не се консумира алкохол и не се дистрибуираат и не се користат наркотични супстанци. За успешно справување со овие негативни појави учениците во училиштето се под надзор од Агенција за обезбедување, за време на наставата и воннаставните активности во училиштето. За таа цел училиштето имa пишани процедури (Закон за основно образование, Закон против пушење)

-извршен увид кај правник на училиштето

-записник од индивидуални разговори со учениците

-увид во просторните капацитети

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 36: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Севкупна грижа за учениците

според кои се дејствува при секое отстапување од нив (Во училиштето има истакнат знак „Забрането пушење“ на видни места). Училиштето располага со училишна кујна која е дадена под концесија (ДООЕЛ „Ванила Фуд“). Училиштето се грижи за квалитетот на храната што им ја нуди на учениците, така што секојдневно се испраќа примерок храна од училишниот оброк во институциите надлежни за утврдување на квалитетот на храната. Во училишниот двор нема продавници за храна. Со цел да се поттикнат и мотивираат учениците за здрав живот, во училиштето се води кампања за здрава исхрана меѓу учениците, се изработуваат проекти, се реализираат: посета на саем ’’Агрофуд’’, посета на фабрики за производство на храна, се одржуваат предавања за здрава храна на часовите по Биологија и Вештини на живеење. Во соработка со општината реализирани се предавања за здрава храна со 6-то одд. во септември, од страна на д-р Нела Деспотовска, претставник од „Виталија“. Се води грижа за учениците со телесни пречки во развојот, но нема посебна програма за таа цел. Во таа насока училиштето соработува со родителите, така што тие секогаш пред почетокот на наставата можат да им помогнат на своите деца при влегувањето во училиштето, а понатаму грижата за нив ја превземаат учениците и наставниците. Исто така училиштето има развиено механизми за поттикнување на соучениците во давање на помош и водење грижа за децата со телесни пречки. За време на одморите меѓу часовите, учениците им помагаат на децата за движење низ ходниците, училишниот двор и пристапот до тоалетот. На часот по физичко образоваание учениците со телесни пречки во развојот се испрашуваат теоретски, а практично изработуваат вежби кои се возможни да се реализираат, добивајќи помош од наставникот и соучениците. За овие ученици, во влезот на училиштето, спортската сала, и кујната, во тек е изградба на бетонски рампи за олеснет пристап на ученици со телесни пречки во развојот од страна на невладина организација „Ротарак“ во склоп на проектот за реновирање на училиштето од страна на општина „Карпош“. Училиштето нема катови, сите простории се на едно ниво, што

-извршен увид кај правник на училиштето

-записник од индивидуални разговори со учениците

-увид во просторните капацитети

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 37: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Севкупна грижа за учениците

овозможува лесно движење на учениците со телесни пречки во развојот во ходниците и училниците. Покрај соработката со учениците, наставниците и родителите, училиштето остварува соработка и со други релевантни организации како на пример: германската невладина организација – ГТЗ, Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, невладината организација ’’Отвори ги прозорците’’ со една единствена цел – обезбедување грижа за децата со телесни пречки во развојот. Нашето училиште води грижа за обезбедување на материјални средства за учениците кои поради социјалната загрозеност на нивните семејства не се во состојба да ја следат наставата под исти услови како другите ученици. Во соработка со невладината организација Сорос, на овие ученици им се обезбедува училиштен прибор, кој е неопходен за следење на наставата, во текот на првото и второто полугодие. Многу често во училиштето се организираат хуманитарни акции за собирање облека и парични средства, наменети за деца кои се материјално загрозени и децата кои живеат со еден родител. Со поддршка на учениците и наставниците во училиштето се организира хуманитарна акција за собирање парични средства наменети за лекување на болен ученик и хуманитарна акција за собирање парични средства наменети за помош на семејства кои доживеале загуба на свое дете – ученик од нашето училиште.

-извршен увид кај правник на училиштето

-записник од индивидуални разговори со учениците

-увид во просторните капацитети

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

Page 38: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Севкупна грижа за учениците

Во училиштето исто така се организираат продажни изложби во соработка со учениците, родителите и наставниците, а собраните средства се донираат за хуманитарни цели. Учениците од социјално загрозени семејства од нашето училиште имаат можност да учествуваат во воннаставни активности кои бараат вложување на дополнителни средства. Така, при организирање на приредби, натпревари, екскурзии, полуматурска прослава, училиштето во соработка со надворешни соработници, на овие ученици им обезбедува попуст за надоместокот кој треба да се плати. Нашето училиште има голема подршка и успешна соработка со организацијата на Црвениот Крст, Центарот за социјална работа, невладини организации во спроведување на процедурите за грижа и помош на сите деца кои потекнуваат од социјално загрозени семејствa.

-записник од индивидуални разговори со учениците

-увид во просторните капацитети

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 39: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Здравје

Од направените увиди и разговори (со наставници, технички персонал во училиштето) дојдовме до заклучок дека хигиената во нашето училиште не е на завидно ниво, со оглед на староста на објектот и мал број хигиеничарки. Во текот на учебната година во училиштето се врши дезинфекција, дезинсекција од страна на Завод за здравствена заштита (потврда од 19.05.2011 – дезинфекција; 30.03.2011 – дератизација; 09.11.2010 – дезинфекција; 10.09.2010 – дератизација). По потреба, во случај на епидемија, постапките можат и да се повторат. Ходниците, тоалетите, училниците, училишниот двор се чистат во текот на денот со средства за хигиена (кои се требуваат редовно) и се дезинфицирани. Ходниците се чистат најмалку трипати во текот на денот, подот и мебелот во училниците се чистат два пати во денот (пред почетокот на секоја смена и на крајот од денот). Со оглед на бројноста на учениците, бројот на тоалетите не е доволен. Генерално чистење се изведува за време на зимскиот распуст, т.е. полугодишен распуст и за време на летниот одмор. Во текот на годината за време на училишните акции – Ден на екологијата, Ден на планетата Земја, Ден на дрвото, и др. од страна на учениците и вработените се организира чистење на училиштето и дворната површина околу него. Секоја паралелка има одредена површина од училишниот двор за која се грижи. Дворното место – зелената површина околу бистата и училиштето се одржува секојдневно од страна на техничкиот персонал и од страна на учениците и наставниците преку наведените акции ( Ден на екологијата, Ден на дрвото, Ден на планетата Земја). Одржувањето на хигиената во училиштето би било поуспешно доколку во училиштето има поголем број на кошници за отпад. Исто така, во училиштето се реализираат активности од проектот Еко-училиште (има секојдневни еко патроли) кои што во текот на наставата ја следат и евидентираат хигиената во училниците. Редовна обврска на дежурните ученици е да водат грижа за хигиената во училиштето за време на одморите помеѓу часовите. Што се однесува до превенција од болести во училиштето постои програма изготвена од наставниците по Биологија во соработка со училишниот психолог. Истата се прилагодува и менува во зависност од тековни промени во дадени ситуации (епидемии, пандемии). Во текот на учебната година се организира здравствена едукација на учениците со цел да се подобрат

-извршен увид кај правник на училиштето

-записник од индивидуални разговори со учениците

-увид во просторните капацитети

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

добро – многу добро

Page 40: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Здравје

знаењата за превенција и заштита од различни заболувања. Со таа цел се повикуваат стручни лица, кои несебично се вклучуваат во реализацијата на здравствената едукација. Прилог табела на реализирани активности во учебната 2010/2011. Постои соработка со поликлиниката во Ѓорче Петров во која се вршат систематски прегледи, редовни вакцинирања, контрола на заби, евидентирано во дневниците на одделението во делот на заштита како и евиденција кај стручната служба. Секоја учебна година се вршат санитарни прегледи и на наставниците. Политиката на нашето училиште во однос на учениците со здравствени проблеми е насочена кон поголема соработка со родителите и информираност на учениците за текот на наставата, додека ученикот отсуствува од редовната настава (во договор со наставникот се посочуваат одредени поважни сегменти од темите што ученикот треба да ги совлада по предметите) . Во тек е подготовка на програма која ќе ја применуваат наставниците за ученици кои подолго отсуствуваат од наставата поради здравствени проблеми. Посебен акцент се става на приготвување стратегии за оние ученици за кои однапред наставникот знае за нивните здравствени проблеми (хронично болни). По потреба се формира комисија за полагање на испити во случај на повеќе оправдани изостаноци. (Во законот за образование стои бројот на оправдани изостаноци кои може да ги има еден ученик и во кој случај би полагал испит по предметите). На учениците со здравствени проблеми им се дава помош од страна на наставниците за полесно совладување на предвидените, но пропуштени наставни содржини. Во случај на подолготрајно отсуство на ученици се организира посета на болните деца (посетата ја врши одделенскиот раководител и стручната служба). Училиштето има училишна аптека за прва помош снабдена со соодветен материјал (вата, газа, ханзапласт, алкохол за рани), кој во одреден случај може да се покажат како превенција.

-извршен увид кај правник на училиштето

-записник од индивидуални разговори со учениците

-увид во просторните капацитети

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 41: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Здравје

Бидејќи во училиштето учат и ученици со посебни потреби, кои имаат пречки во движењето, на влезот од самото училиште постои пристап преку рампа за овие ученици. Овие ученици излегуваат од часот пред ѕвоното, за да го избегнат метежот во ходниците. Со цел, подобрување на здравјето на учениците организирани се повеќе хуманитарни акции, за собирање на стара облека и парични средства (кои се распределуваат по потреба). Во текот на учебната година се организираат и продажни хуманитарни изложби, со изработки од самите ученици, а собраните средства се донираат таму каде што се најмногу потребни. Сите овие хуманитарни акции се забележани во училишните дневници, во делот на општествено-корисна и хуманитарна работа на учениците.

-извршен увид кај правник на училиштето

-записник од индивидуални разговори со учениците

-увид во просторните капацитети

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 42: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Советодавна помош за

понатамошно образование на

учениците

Во изборот на понатамошното образование на учениците, училиштето им помага така што ги информира за мрежата на средни училишта во градот и условите за упис на истите. Во прилог на тоа училиштето им обезбедува на учениците јасни, точни и целосни информации за можностите за понатаношно образование. За таа цел се организираат активности и се користат промотивни материјали на соодветни средни образовни институции за добивање на нови точни информации (флаери, трибини, посети на средни училишта, посета на Саем на кариерата кој се одржува секоја година и на кој саем сите државни и приватни средни училишта вршат презентации на свои штандови). Исто така, училиштето помага во организирање средби на ученици со представници од средни училишта, што представува дел од активностите на професионалната ориентација. Голем број на државни и приватни средни училишта вршат јавни презентации, во самото училиште, каде учениците се запознаваат со неговата образовната дејност, преку директни предавања, флаери, плакати, промотивен материјал и др. Преку јавните медиуми (дневни и неделни весници) учениците се информирани за објавениот годишен конкурс за упис во средни училишта во Република Македонија и потребните услови за конкурирање. За професионална ориентација на учениците (професионално насочување) училишниот психолог врши тестирање и испитување на способностите и интересирањата на учениците. Се вршат и индивидуални разговори со учениците. Во годишната програма постои програма за професионална ориентација на учениците изготвена од стручната служба. За одредени ученици се вршат и индивидуални разговори со родители, како помош за професионална ориентација на нивните деца (осебено за ученици со посебни потреби). Училиштето има договорени процедури за грижа на учениците со евентуални емоционални потешкотии кои се манифестираат преку намалување на успехот, нередовност во наставата, проблеми во социјализацијата и сл., без оглед на изборот (семејно насилство, семејна негрижа, развод на родителите, болест во семејството). Стручната служба е обучена да им помогне преку разговори, советувања, работилници на учениците или родителите во вакви ситуации или да ги упати до релевантни институции.

-извршен увид кај правник на училиштето

-записник од индивидуални разговори со учениците

-увид во просторните капацитети

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 43: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Советодавна помош за

понатамошно образование на

учениците

Училиштето за грижа и следење на учениците со емоционални потешкотии, по потреба соработува со релевантни институции, како што се: Здравствени институции, Центар за социјална работа, полиција и др.

-записник од индивидуални разговори со учениците

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 44: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Следење на напредокот

Училиштето води евиденција за напредокот на учениците во совладувањето на новите знаења (преку континуирано оценување – формативно и сумативно), присутност (редовно евидентирање на присутноста), нивното поведение (непосредно набљудување) и евиденција на изречени воспитни мерки. Ваквата евиденција им е достапна на сите наставници, родители и ученици. Наставниците и одделенските раководители во предметна настава од V-VIII водат целосна и уредна евиденција во одделенскиот дневник за постигањата, редовноста и поведението на секој ученик/ученичка, како и неговиот/нејзиниот интелектуален, социјален развој. Во евиденцијата посебно се акцентирани добрите страни на ученикот/ученичката (за секој ученик посебно започнува од оваа година 2011/2012 да се води портфолио каде се документираат постигнатите резултати – тестови ), што се добиени како резултат на проценка направена од страна на наставниците во соработка меѓу раководниот кадар, стручната служба, одделенските и предметните наставници, родителите за постигањата на учениците. Од следната учебна година портфолиото ќе биде задожително за сите ученици. Одделенските раководители на крајот од секое тримесечие и полугодие поднесуваат извештај за постигањата на паралелката. Со тие податоци учениците редовно се запознаваат на одделенските часови, а родителите на родителски средби. Стручната служба редовно изготвува тримесечни, полугодишни извештаи за напредокот на учениците по паралелки и одделенија, според податоците добиени од одделенските раководотели, а на наставничките совети се прават анализи на постигањата на учениците по паралелки и се предлагаат мерки за нивно подобрување. Родителите редовно, најмалку четири пати годишно, се известуваат за напредокот на учениците на родителски средби или на индивидуални средби кои се одвиваат преку целата учебна година. За таа цел наставниците имаат приемни денови и термини за што се информирани и учениците и родителите. Напредокот на учениците се бележи и во евидентни листови за секое тримесечие. Секој наставник води сопствена документација за напредокот на секој ученик во сите одделенија каде предава, кои извештаи се пренесуваат во одделенските дневници каде се регистрираат сите оцени за секој ученик/ученичка, за тримесечијата, полугодие, крајот на годината.

-извршен увид кај правник на училиштето

-записник од индивидуални разговори со учениците

-увид во просторните капацитети

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 45: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Следење на напредокот

Наставниците, во предметна настава, изготвуваат и редовни контролни тестови, писмени работи, наставни ливчиња, преку кои се следи напредокот на ученикот/ученичката. Се изготвуваат и проекти на одредена тема, со цел да се следи напредокот на учениците, како индивидуално така и групно. Изработките на проектите се истакнуваат на видно место во училниците или холовите на училиштето. Тековните извештаи се приготвуваат на секое тримесечие, полугодие и крај на година. Нумерички извештаи, како и пишани извештаи, се наоѓаат во секој одделенски дневник, што го води секој одделенски раководител. Во одделенските дневници се следи и напредокот на талентираните и успехот на послабите ученици. Со цел да се следи и подобри напредокот на учениците, кои постигнуваат послаб успех, се организира дополнителна настава. За талентираните ученици и учениците кои имаат афинитети кон одделни наставни предмети организирана е додатна настава и слободни ученички активности, со посебна програма по одделни наставни предмети. Во одделенските дневници секој одделенски раководител води евиденција за педагошките мерки на учениците, како и за пофалени ученици на тримесечие, на полугодие и на крајот на учебната година. На крајот на учебната година се евидентира постигнатиот успех, во тековната година, и се издаваат свидетелства за завршената учебна година. На Наставнички совет на училиштето се разгледува успехот на учениците и се усвојуваат извештаите од постигнатите успеси, следење на учениците преку целата година, се разгледуваат и се достапни на увид за сите други наставници, за родителите и за самите ученици. Се води евиденција и на заминати или новодојдени ученици, преку издавање преводници, преведини и верификувани свидетелства од други држави или други документи. Учениците кои постигнуваат забележителни резултати и освојуваат награди на градски, државни натпревари дополнително се наградуваат и со диплома и пригодна награда, од училиштето. Сите овие резултати се користат за подобрување на воспитно-образовниот процес.

-извршен увид кај правник на училиштето

-записник од индивидуални разговори со учениците

-увид во просторните капацитети

-анкетен прашалник за ученици, наставници и родители

многу добро

Page 46: Nova Samoevaluacija

Јаки страни: Училиштето има изготвено Кодекс на однесување на наставниците и учениците истакнат на видно место

Во училиштето постои училишен тим за превенција од насилство со програма за насилство

Превентивно делување на Младинската организација

Соработка со институции во локалната заедница: Министерство за внатрешни работи, Центар за социјални грижи, СОС

телефон, Агенција за обезбедување, Црвен крст, невладина организација СОРОС и др.

Редовна едукација преку предавања и проектни активности за заштита на учениците од пушење, алкохол и дрога

Училиштето се грижи за квалитетот на храната преку секојдневно испитување на примероци од училишниот оброк од

страна на надлежни институции

Училиштето води кампања за здрава исхрана преку проектни активности, посета на саем Агрофуд, фабрики за

производство на храна, предавања од стручни лица и предавања на редовните часови по Биологија и Вештини за живеење

Училиштето дава подршка на учениците со телесни пречки во развојот преку: соработка со родители, наставници и

ученици, соработка со релевантни организации ( Германска невладина организација- ГТЗ, Институт за дефектологија при

Филозфскиот факултет, невладина организација Отвори ги прозорците)

Во тек е изградба на бетонски рампи за олеснет пристап на учениците со телесни пречки во развојот

Во училиштето се организираат хуманитарни акции со цел да им се помогне на учениците од социјално загрозени

семејства

Во училиштето се одвиваат активности од проектот Еко училиште

Изготвена е програма за превенција од заразни болести

Соработка со средните училишта преку нивни презентации со цел да им се помогне на учениците во нивниот избор за

понатамошно школување

Училиштето се грижи за учениците со емоционални потешкотии преку работилници, советодавни разговори со стручната

служба и соработка со соодветни институции

Во училиштето се следи и евидентира напредокот на талентираните и успехот на послабите ученици

Page 47: Nova Samoevaluacija

Слаби страни: Во училиштето не се изведуваат симулации за заштита од елементарни незгоди

Учениците не секогаш користат заштитна опрема при изведување на практични вештини

Во училиштето има потреба од дополнителна обука за пружање прва помош

Во училиштето нема посебна програма за учениците со телесни пречки во развојот

Хигиената во училиштето делумно задоволува поради староста на објектот и недоволниот број на технички персонал

Бројот на тоалетите во училиштето е мал со оглед на бројот на учениците и не постојат специјализирани тоалети за

учениците со телесни пречки во развојот

Во училиштето не се одвиваат систематски прегледи на вработените

Page 48: Nova Samoevaluacija

Самоевалуација на училиштето Подрачје 5 Училишна клима и односи во училиштето

5.1 Училишна клима и односи во училиштето

5.2 Промовирање на постигањата

5.3 Еднаквост и правичност

5.4 Партнерски однос со родителите и со локалната и деловната заедница

Индикатор за Констатирана состојба Извори на Ниво

Page 49: Nova Samoevaluacija

квалитет податоци

Училишна клима и односи во училиштето

Голем број од наставниците професионално ја изведуваат наставата во нашето училиште, квалитетно и амбициозно. Овој начин на работа придонесува да се постигнат високи образовни резултати, во областа на наставните и воннаставните активности, со што се зголемува угледот и имиџот на училиштето.

Основна мисија на нашето училиште е да образува и да воспитува ученици, кои ќе бидат носители на напредокот, воопшто. Наша визија е да се стремиме да создаваме современо училиште. Наставниците во соработка со здравствените институции постојано се грижат за здравјето на учениците. Грижата се спроведува преку: спроведување систематски прегледи, задолжителна вакцинирање – имунизација, прегледи од логопеди, аудиолози, систематски преглед на заби. Во училиштето се одржуваат трибини и предавања од страна на стручни лица, како од доктори од поликлиниката “Ѓорче Петров”, така и од Здравствениот дом на Република Македонија. Предавања реализираат наставниците по биологија и стручни лица, во соработка со предметните наставници по биологија. За одржување на хигиената во училиштето се грижи техничкиот персонал, помогнат од учениците, а особено задолжени се членовите на младинската и детската организација. Преку ЕКО-проектите кои се спроведуваат во училиштето се овозможува поголема грижа за хигиената.

За безбедноста на учениците во училиштето се грижат наставниците и задолжителното обезбедување (Бранител). За учениците од помала возраст се организираат предавања од страна наполициски службеници, а им се прикажуваат и филмови за безбедно движење и однесување во сообраќајот. Во училиштето се почитува правилник (Кодекс на однесување). Овој правилник содржи принципи, правила и обврски на однесување на сите структури во училиштето. Кодексот не е наметнат, изработен е од самите наставници и е поставен на видни места во училиштето, во наставничката канцеларија и во училниците. Во рамките на Кодексот на однесување, учениците ги знаат своите права, но не ги исполнуваат доволно своите обрвски. Од анкетираните, 86% се изјасниле дека го почитуваат кодексот на однесување во училиштето, 7% делумно го почитуваат и 7% дека не го почитуваат. На прашањето “Колку меѓусебно се почитуваат учениците? “ со

- Изложен во наставничката канцеларија и во помошните простории, достапни за сите наставници

- Статутот на училиштето се наоѓа кај секретарот на училиштето по кој се раководиме

- Куќен ред изложен во училниците, во одделенскиот дневник на секоја паралелка

- секретарот на училиштето

- анкетни листови

добро

Page 50: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Училишна клима и односи во училиштето

многу одговориле 14%, со доволно 86% и со не се почитуваме одговориле 0% од анкетираните ученици.

Училиштето води политика на заемно почитување и рамноправен третман на сите структури што учествуваат во училишниот живот. Во училиштето постои професионална соработка меѓу вработените. Раководниот и наставниот кадар имаат важна улога во одржувањето на добра атмосфера во училиштето што се гледа од нивното однесување со другите вработени, учениците и други посетители на училиштето. За климата во училиштето спроведена е анкета. Од анкетираните наставници, 58% сметаат дека климата мешу вработените е позитивна, 42% сметаат дека има делумна соработка, 0% се изјасниле дека нема соработка меѓу наставниците. Ученици во училиштето без оглед на способнастите, родот, етничката припадност, верата и потеклото, се чувствуваат прифатени од возрасните и од своите соученици.

Во училиштето постои добр аатмосфера за работа во текот на наставните часови и воннаставните активности. За безбедноста на учениците постојано се грижат сите вработени (стручна служба, директор, наставници). Во текот на учебната година, пред почеток на часовите и за време на големиот одмор, наставниците спроведуваат дежурства помогнати од обезбедувањето, а се со цел поголема безбедност на учениците. Своите дежурстав наставниците ги извршуваат, придржувајќи се кон претходно подготвениот распоред за дежурства кој е истакнат во наставничка канцеларија. Настаавниците и обезбедувањето на училиштето, за безбедноста на учениците, се грижат не само во училиштето, туку и за време на воннаставните активности кои се спроведуваат надвор од училиштето. Во текот на учебната година на секое тримесечје, на полугодие и на крајот, Одделенскиот совет по предлог на одделенскиот раководител и во консултација со предметните наставници, пофалува по еден ученик од секоја паралелка, од V до VIII одделение. Се пофалуваат ученици за постиганатиот одличен успех, примерно поведение и коректен однос спрема учениците, наставниците и сите вработени во училиштето.

- Изложен во наставничката канцеларија и во помошните простории, достапни за сите наставници

- Статутот на училиштето се наоѓа кај секретарот на училиштето по кој се раководиме

- Куќен ред изложен во училниците, во одделенскиот дневник на секоја паралелка

- секретарот на училиштето

- анкетни листови

мн. добро

Page 51: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Училишна клима и односи во училиштето

За учениците кои некоректно се однесуваат по било која основа, или кои не го почитуваат куќниот ред во училиштето, Одделенскиот раководител, како и Одделенскиот совет изрекуваат соодветни педагошки мерки, според правилникот за педагошки мерки според Законот за основно образование. Според новите пррописи, Одделенскиот раководител е должен за педагошките мерки да изготви решенија.

Кон крајот од завршувањето на основното образовамие од учениците од VIII одделение, по предлог на одделенските раководители и од предметните наставници, се предлага по еден пофален ученик од секоја паралелка, од кои се избира првенец на генерација. Комисијата, во состав од предметни наставници и стручната служба, придржувајќи се на правилникот со претходно изградени критериуми, ученикот со најголем број постигнати успеси, односно поени, го прогласува за првенец на генерацијата.

Во текот на престојот во училиштето учениците имаат можност да партиципираат во решавањеа на некои проблеми и донесување одлуки. Оваа активност учениците ја реализирааат преку состаноците на Детската и Младинската организација, на одделенските часови преку изучување на наставните содржини од животни вештини, како и преку разгласната станица во училиштето.

- Изложен во наставничката канцеларија и во помошните простории, достапни за сите наставници

- Статутот на училиштето се наоѓа кај секретарот на училиштето по кој се раководиме

- Куќен ред изложен во училниците, во одделенскиот дневник на секоја паралелка

- секретарот на училиштето

- анкетни листови

мн. добро

Page 52: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Промовирање на постигањата

Училиштето става акцент врз постигањата на учениците преку промовирање на личните постигања на учениците. Средината за учење е успешно организирана, благодарение на големите залагања на наставницте, а воедно се поставуваат јасни и високи очекувања во однос на образовните постигања. Меѓутоа, од анкетираните наставници, само 8% сметаат дека е правилно вреднувана нивната работа, 75% сметаат дека тоа се случува понекогаш и 17% сметаат дека нивната работа не е правилно вреднувана. Сите трудови на учениците за нивните постигања во однос на наставата се наоѓаат кај наставниците, изложени се во кабинетите, во училишниот хол и јавно се објавуваат на разгласна станица. На тој начин се постигнува поголема мотивација кај учениците за натамошно надоградување, како и за учество на натпревари, по сите наставни предмети. Учениците своите трудови ги изложуваат и на организираните продажни изложби, продажни изложби од хуманитарен карактер, преку Саеми на знаење и активности кои се спроведуваа по повод патрониот празник на училиштето. Идентификација на надарените ученици најчесто се врши од страна на психологот во училиштето, преку извршени анализи (тестирање) на учениците. Учениците, во соработка со нивните родители, се упатуваат на додатни часови по одредени наставни предмети, а сè со цел за проширување на нивните знаења, способности и вештини. Училиштето надарените ученици ги промовира на тој начин што наставниците даваат свои мислења и препораки, до општината Карпош, за користење на стипендии, како и мислења до други институции (како на пример: препорака за 13. Ноемвриска награда на град Скопје, за ученикот Васил Кузевски). Во учебната 2009/2010 год. стипендија, од општината Карпош, користеа двајца ученици од нашето училиште, а оваа учебна година девет ученици. За добивање стипендии учениците добиваа препорака од Одделенскиот раководител и предметните наставници по предметите за кои имаат посебни афинитети. Учениците ги промовираат сопствените успеси, во име на училиштето, со земање учество во разни ТВ емисии (Снежен град -27.02.2011 год., 10 часот Алфа – ТВ), ”Ѕвон” на МТВ, дневниот печат и сл. Добиените награди (дипломи, признанија, пофалници, пехари, медаљи) изложени се во училниците, во училишниот хол и кај директорот.

-Годишна програма на ОУ “Димо Хаџи Димов”

- Eвидентни листови , - Е-Дневник

мн. добро

Page 53: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Еднаквост и

правичност

Стручната служба, наставниците и сите вработени ги знаат и почитуваат правата на децата. Училиштето ги поттикнува учениците да ги практикуваат своите права и ги заштитува во случај на нивно нарушување. На одделенските часови и преку разни трибини и состаноци на детската организација и младинската организација, учениците се информирани за своите права и обврски, а пак на родителските средби за правата и обврските на децата се информираат родителите на кои воедно им се укажува дека дел од учениците не ги извршуваат во целост своите обврски. Сите ученици, без оглед на својата национална припадност, подеднакво учествуваат во наставата и во воннаставните активности во зависност од своите интереси. Вработените во училиштето подеднакво се однесуваат спрема сите ученици, независно од полот, етничка припадност, вера, социјално потекло и еднаквост спрема децата со посебни потреби кои активно се вклучени во наставата. Еднакво однесување постои и во работата со компјутери и во воннаставните активности. Наставниците стручно се усовршуваат за работа со деца со посебни потреби (инклузија – наставници и стручна служба).

Учениците се запознаваат со разни култури преку организирани трибини од страна на стручни лица. Мултикултурно ги едуцираме учениците преку соработка со Канцаларијата на Европска унија- Проект - Ден на Европа. Со спроведување на интегрирани часови по одредени наставни предмети како и преку содржините што се изучуваат од изборните предмети, учениците ги запознаваме со разните култури кај нас.

- дневник за работа

- интервју со педагог

- фотографии од прередби

- анкетрен прашалник за ученици и родители

мн. добро

Page 54: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Партнерски

однос со

родителите и со

локалната и

деловна

заедница

Во нашето училиште постојано се организираат индивидуални и групни родителски средби кои се одржуваат на секое тримесечје, полугодие и на крајот од учебната година како и вонредни родителски средби по потреба. Се спроведуваат постојани средби и разговори со родителите за секој проблем во текот на учебната година. Се реализираат и формални средби со родителите на приемните денови на предметните наставници (понеделник и вторник). Училиштето соработува со родителите и преку Совет на родители составен од делегирани родители од секоја паралелка. Во учебната 2009/2010 година имаше застој во работата на Советот на родители, а од мај 2011 година, Советот на родители продолжи да работи. За претседател беше избран Зоран Кочоски. Раководството на Совет на родители по назначувањето изготви програма за работа и ја достави во училиштето. Родителите од второто полугодие на оваа учебна година за постигнатиот успех на учениците се информираат и преку е-дневник. За тековните информации, родителите добиваат писмени известувања и тоа за: полуматура, изборни предмети, екскурзии, исхрана, списанија и др. Родителите (лекари, пожарникари, сообраќајци, пилоти) се поттикнати активно да се вклучат во наставниот процес преку презентирање на конкретна тема или преку посети на нивните работни места. Тоа го поткрепуваат добиените резултати од анкетата (од 20 анкетирани наставници, 20 родители и 20 ученици), според кои 80% се чувствуваат слободни (без притисоци во комуникацијата) кога се обраќаат во училиштето, 70% сметаат дека училиштето го почитува мислењето на родителите, 60% сметаат дека се добро информирани за активностите во училиштето и 60% сметаат дека училиштето ги поттикнува да се вклучат во образованието на своето дете.

Училиштето зема учество во организирани активности во локалната средина и во други образовни институции со што го гради својот имиџ:

- Училиштето постојана соработува со локалната заедница преку организирање разни спортски натпревари (кошарка фудбал, одбојка – во салата „Форца“, салата „Борис Трајковски“ и на фудбалскиот терен на Алумина при одржување на Забавните фудбалски школи – Опен фан. Се одржуваат и разни други манифестации: Еко – проект, хуманитарни акции (дарување на крв на наставниците, облека), продажна изложба „Хумано Срце“ -организирано од општина Карпош, предавања од областа на здравството и здравата исхрана од д-р Нела Деспотовска, организирани

За секоја одржана родителска средба во секој дневник одделенскиот раководител води записник како и записници од одржаните состаноци на Советот на родители, кои се наоѓаат кај директорот на училиштето

-Записници од стручни служби

мн. добро

Page 55: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Партнерски

однос со

родителите и со

локалната и

деловна

заедница

манифестации од општината во кои земаат учество наши ученици.

- Во текот на 2009/2010 година училиштето организираше ужинка и ручек за учениците во целодневна настава преку „Вегера“.- Оваа учебна година училиштето набавува храна за потребите на учениците од „Ванила фуд“.- Систематските прегледи, стоматолошки прегледи и имунизацијата на учениците се одвива во соработка со Поликлиника „Ѓорче Петров.“- Соработката со Детскиот Културен Центар - Карпош се одвива преку разни активности: Снежен град, Квизотека, активност од ликовното образование и др.- Соработка со деловна заедница – „Виталија“, „Олвејс“ и невладиниот сектор СОРОС (помош на деца од социјално загрозени семејства со училиштен прибор), Дом за стари лица, соработка со УСАИД преку Министерството за образование и наука и Биро за развој на образованието, како и соработка со невладини организации (организирани предавања од невладиниот сектор ТРИАГОЛНИК).

Кон крајот на учебната година се реализираат посети од средните училишта за нивна промоција пред претстојните уписи.

За секоја одржана родителска средба во секој дневник одделенскиот раководител води записник како и записници од одржаните состаноци на Советот на родители, кои се наоѓаат кај директорот на училиштето

-Записници од стручни служби

мн. добро

Page 56: Nova Samoevaluacija

Клучни јаки страни

- Училиштето им дава можности на сите субјекти во образовниот процес активно да се вклучат и меѓусебно да соработуваат.- Постигнати се значителни успеси на училиштето на општинско, државно и меѓународно ниво.- Работната атмосфера и добрата соработка меѓу стручната служба, наставниците и другите вработени во училиштето овозможуваат позитивна клима во училиштето.

Слаби страни

- Училиштето нема веб-страница.- Непочитување на Кодексот на однесување во училиштето од страна на сите ученици.- Непостоење критериум за истакнување на дипломите на учениците што ги добиле на разни натпреварувања.- Недоволна мотивација на наставниците за правилно извршување на работните задачи поради нивно несоодветно вреднување.

Page 57: Nova Samoevaluacija

Самоевалуација на училиштето

Подрачје 6: Ресурси

6.1 Сместување и просторни капацитети

6.2 Наставни средства и материјали

6.3 Обезбедување на потребниот наставен кадар

6.4 Следење на развојните потреби на наставниот кадар

6.5 Финансиско работење на училиштето

Page 58: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Сместување и просторни

капацитети

Нашето училиште е стар, монтажен објект, изграден во 1964 година. Самата градба не е лоцирана на едно место, има пет објекти кои се дисперзирани низ училишниот двор, простории кои се пренаменети и доградени со тек на годините. Во главниот објект се преградувани простории за потребите на капацитетот на училиштето - паралелки, служби и библиотека. Заедничка просторија на наставниците е само наставничката канцеларија, а има потреба и од други простории. Големината на самите училници не е иста. Во училниците влегуваат повеќе паралелки, со оглед на тоа што наставата е кабинетска (различни паралелки имаат различен број на ученици) со што училниците не ги задоволуваат потребите. Кабинетите се делумно адекватни, дел од наставниот кадар е без кабинети, а оние наставници што дополнуваат часови ги реализираат во други училници. Слична ситуација постои и во фискултурната сала. Поради зголемениот број на часови по физичко и здравствено образование, како и часовите по изборен спорт, во фискултурната сала истовремено мораат да имаат час по две, три и повеќе паралелки од предметна и одделенска настава. Со цел да се создадат подобри услови за настава, во текот на годината настава се држи и во помалата фискултурна сала. Покрај немањето услови во салата имаме потреба и од поголем број на соблекувални. Кабинетот по ликовно образование има несоодветно место за користење. Се наоѓа помеѓу кујната и просторијата за дневен престој каде што има голема врева за време на оброците. Во кабинетот веќе четири години нема парно греење. Кабинетот по музичко образование е во слична состојба. Воннаставните активности се одвиваат во истите простории при што има мал временски период пред почетокот на другата смена. За организирање и непречено одвивање на наставната програма училиштето има јасен план и распоред кој максимално ги користи сите простории во училиштето со многу напор бидејќи училиштето работи во две смени (одделенска и предметна настава). Наставниот кадар кој дополнува часови и доаѓа од други училишта, програмата ја реализира во училници кои се ослободени, т.е една училница ја користат повеќе наставници. Како заклучок на ова, со голем напор и добра организација, и покрај оваа ситуација и состојба, наставниот кадар успешно ги реализира своите активности.

Непосреден увид;-Годишна програма за работа;-Распоред на часови;-Полугодишен и годишен извештај;-Интервјуа со наставниците;- Непосреден увид;-Записници од просветна исанитарна инспекција.

добро

Page 59: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Наставни средства и материјали

Училиштето располага со стручна литература - енциклопедии за повеќе предмети, но литературата е достапна за сите наставници и ученици, но во скромен број.

Во оваа учебна година, учењето и наставата не можевме целосно да ги збогатиме со користење на ИКТ, поради тоа што не е довршена инсталацијата и инфраструктурата во сите училници, а воедно и поради недостиг на интернет. Во училиштето имаме само 10 училници кои се опремени со компјутери, но не функционираат сите, се чека дополнителна инсталација.

Библиотеката располага со 13000 наслови (околу 5 наслови по ученик), евиденцијата на библиотеката прописно се води, добро е подредена, но библиотеката не располага со компјутер и нема пристап до интернет. Библиотеката располага со многу мал број наслови од стручна литература. Таа е отворена во периодот од 8 до 12 часот, а просторот е импровизиран и нема читална.Фондот на книги постојано се дополнува од страна на ученици и родители Во библиотеката треба да постои ЦДтека која ќе содржи материјали за користење од страна на наставниците и ќе им послужи во нивното работење. Во интерес на учениците, работното време на одговорниот наставник треба да се промени и да ги опфати двете смени.

Што се однесува до потрошниот материјал во училиштето, тој се обезбедува во одредено количество кое не ги задоволува сите потреби на вработените, сместен е во просториите на домаќинот и секретарот на училиштето и е достапен за сите наставници.

-Интервјуа со стручната служба и наставниците;-Увид во библиотечната евиденција;- Интервју со одговорните во училишната библиотека;-Наставници.

делумно задоволува

Page 60: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

ниво

Page 61: Nova Samoevaluacija

Обе

збед

увањ

е н

а п

отр

ебн

иот

нас

таве

н к

адар

За реализирање на наставниот план и програмта во училиштето е обезбеден доволен број наставници по секој предмет, со што воспитно-образовниот процес се реализира комплетно. Стручната подготовка на наставниот кадар е во согласност со нормативите. Наставниот кадар е квалификуван и способен за реализација на воспитно-образовниот процес, со континуирано стручно усовршување во склоп на обуките на МОН. Нема кадар кој е посебно школуван за работа со деца со посебни образовни потреби. Поголем број од наставниците во училиштето имаат поминато одредени обуки за работа со деца со посебни потреби.До минатата година се соработуваше со Факултетот за дефектологија но таа соработка не продолжи и оваа година.Поради потребата од дефектолог родителот на еден ученик од V одделение има приватно ангажирано стручно лице кое работи со неговото дете и го следи на сите часови. Покрај работата со деца со посебни потреби, дел од наставниот кадар има поминато одредени обуки за работа со талентирани ученици, друг дел учествуваше на обуките во текот на годината . Останува уште добар дел наставници кои би сакале да ги посетат обуките. Училишниот психолог во почетокот на учебната година врши тестирање на талентираните ученици и со нив се работи на часовите по додатна настава.

Работата на наставниот кадар е соодветно надополнета и олеснета од страна на административно – техничкиот персонал, но се чувствува потреба од поголем број лица во стручната служба, дефектолог, со оглед на тоа што има голем број ученици ( околу 1279 ученици) и наставен кадар (92 наставника). Наставниците ефективно придонесуваат за работата на училиштето и успешно работат како тим во рамките на стручните активи, за кое сведочат многубројните резултати. Во случај на подолго или пократко отсуство на наставник, училиштето треба потребата од замена да ја пријави во службите на општината. Процедурата трае долго време, па неретко додека да стигне замена се враќа и наставникот. За да се надмине оваа ситуација училиштето по можност ангажира волонтери, или пак се прават внатрешни замени. Училиштето има стручна служба која им помага на наставниците во организација на наставата, следењето на напредокот на учениците. Советодавно работи со учениците и родителите и е подготвена и отворена за соработка. Стручната служба има програма за работа дадена во состав на годишната програма на училиштето. Присуството на наставниот персонал се евидентира во список за присутност.

-Увид во досиејата на вработените; -Увид во правилникот за систематизација;-Годишна програма за работа на училиштето;-Програма за работа на стручната служба.

мно

гу д

обро

Page 62: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

ниво

Сл

едењ

е н

а р

азво

јни

те п

отр

еби

на

нас

таве

н к

адар

Наставниот кадар, стручната служба и директорот во училиштето заеднички земаат учество на семинарите и обуките организирани од МОН, Бирото за развој на образованието како и од УСАИД, ПЕП и други. Стручната служба и наставниците по завршувањето на обуките вршат десиминирање на знаењето.

Процесот на сертификација за одржани часови во училиштето започна во учебната 2009/10 година и продолжи во 2010/11 година. Одредени наставници веќе се здобија со сертификати, додека за другите кои одржале часови процесот на издавање на сертификатите е во тек.

За наставниците приправници се одредуваат наставници-ментори кои работат по одредена програма.

Секој наставник поседува портфолио за професионален развој кое се пополнува зеднички со стручната служба. Училиштето ја почитува законската регулативата за професионален развој но нема механизми за давање признанија на наставниот кадар.

- Интервју со стручната служба, наставниците и директорот;- Записници од наставнички совет.

мно

гу д

обро

Page 63: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

ниво

Фи

нан

сиск

о р

абот

ење

на

учи

ли

ште

то

Финансиското работење на училиштето е во согласност со законските норми и редовно е следено од директорот на училиштето. На состаноците на Училишниот одбор покрај другите прашања редовно се разгледува и финансиското работење на училиштето. Информациите се истакнуваат на огласна табла.

-Увид во финансов план;- годишна програма за работа; -Интервју со директор, наставници и УО;-Записници и одлуки на УО;-Понуди.

доб

ро

Page 64: Nova Samoevaluacija

Клучни јаки страни:

-обезбеден пристап до интренет за наставниците;-училиштето планира и навремено обезбедува потрошен материјал во потребната количина за реализација на наставните и воннаставните активности;-училиштето има обезбедено доволен број наставници за реализирање на воспитно-образовниот процес и стручна служба во состав (педагог и психолог);- ефективна и ефикасна поддршка на наставниот кадар од страна на стручната служба;-постапките за финансиско работење што ги спроведува училиштето се во согласност со законските норми.

Слабости:

- постоење на училишен простор со соодветни и пријатни просторни услови за одвивање на наставата;-недостаток на простор за организирање на воннаставни активности како и за изведување на кабинетска настава;-пролонгирање на времнскиот рок за реконструкција на училиштето:-сиромашен фонд на библиотеката со лектирни изданија и стручна литература-неопремност на библиотеката според стандардите за современа медиотека; -немање на дефектолог и социјален работник во стручната служба;- немање доволно наставни помагала (фотоапарати, камера, ЛЦД проектор, платно за проекија и сл.), спортски реквизити и дидактчки материјал за деца со посебни потреби;- немање училници за додатна, дополнителна настава и други воннаставни активности.

Page 65: Nova Samoevaluacija

Самоевалуација на училиштето

Подрачје 7: Управување, раководење и креирање на политика

7.1. (Рако)водење со училиштето

7.2. Цели и креирање на училишната политика

7.3. Развојно планирање

Page 66: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

(Рако)водење со училиштето

Структурата на раководењето во училиштето е директно уредена со Законот за основно образование, Статутот на училиштето, Законот за работни односи и разни интерни акти на училиштето. Според тоа во училиштето постојат и функционираат сите потребни раководни и управни тела и служби, и тоа Директор на училиштето (жена) и Училишен одбор (од кои 4 члена мажи и 4 члена жени), со рамноправна застапеност на половите. Соработката на раководниот тим е конструктивна и се одвива преку разни официјални состаноци, како и со секојдневни контакти и договори.Состаноците на раководниот тим се одржуваат по потреба, како и со секојдневни контакти. На официјалните состаноци членовите воглавно се редовни и секогаш се обезбедува кворум. Состаноците на раководните тела се закажуваат и одржуваат согласно Статутот на училиштето и деловниците за работа.

- Закон за основно образование, - Статут на училиштето, - Закон за работни односи,- Интерни акти на училиштето,- Записници од одржани состаноци;

мн. добро

Page 67: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Цели и креирање на училишната

политика

Училиштето има соодветна политика и правилници во врска со дисциплината и дисциплинските мерки, поведението, насилничкото однесување, сексуалната злоупотреба и дискриминација. Истите се донесени на состаноците на соодветните тела и служби во училиштето, а во согласност со законските норми и регулативи. Креирањето на училишната политика претставува комплексен процес кој опфаќа повеќе фази на истражување, анализирање и консултирање, со цел за нејзино поуспешно и поконструктивно креирање, а врз основа на која се изготвува и Годишна програма. Заради комплексноста на процесот, вклучени се сите вработени, соодветни тела и служби во училиштето. Училиштето дава поддршка и се грижи за за унапредување на здравјето на учениците преку разни видови на активности. Организира предавања на стручни лица и соодветни организации на теми актуелни и соодветни на возраста на учениците. Соработува со Здравствените служби и домови, редовно спроведува систематски прегледи на учениците и вработените, како и редовна вакцинација на учениците. Тековните проблеми ги решава ефикасно преку индивидуални разговори на стручната служба во училиштето со учениците, одделенските раководители и родителите, а по потреба организира и посети на семејствата на учениците. Соработува со Заводот за ментално здравје на деца и младинци на град Скопје, Центарот за социјални грижи, Црвениот крст на Република Македонија, МВР и други стручни служби. Сепак, постојат уште можности за усовршување на ова поле со натамошно поголемо ангажирање на разни хуманитарни и невладини организации, зголемување на соработката со други училишта од земјава и странство, како и разни стручни лица и организирање на поголем број практични активности на локално и државно ниво. Училиштето е вклучено во проектот Инклузија на деца со посебни образовни потреби, па во согласност на тоа се преземаат сите потребни активности. За овие ученици се организира и дополнителна настава и се изработуваат ИОП. За талентираните ученици се организира додатна настава, слободни ученички активности и учество на натпревари на локално, регионално, државно и меѓународно ниво.

- Закон за основно образование, - Статут на училиштето, - Правилници и куќен ред, - Годишна програма за работана училиштето- Записници од Наставнички совет,- Записници и друга документација на стручната служба на училиштето, - одделенски дневници,

многу добро

Page 68: Nova Samoevaluacija

Индикатор за квалитет

Констатирана состојба Извори на податоци

Ниво

Развојно планирање

ОУ “Димо Хаџи Димов”- Скопје претставува еднојазично училиште, па според тоа наставата, како и целокупната администрација се води исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо. Годишното планирање, како и долгорочното планиарање се изготвуваат според предвидените законски норми. Развојното планирање на училиштето се базира врз податоци и насоки кои се добиваат преку собирање и анализа на годишните статистички извештаи, пописот на инвентарот, разни службени писма, информации, дописи и укази од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Советот на општината, како и разни укази, мислења, предлози и одлуки на Училишниот одбор, Советот на родители и Наставничкиот совет. Обезбедувањето на реалноста во планирањето се врши преку анализа на реални податоци и согледувања, добиени од различни видови аналитичка документација, која воедно обезбедува контрола и следење на напредокот. ОУ “Димо Хаџи Димов”- Скопје, не е централно основно училиште, па според тоа нема подрачни училишта.

- Закон за основно образование, - Годишен извештај за работа на училиштето; - Годишен финансов извештај;- Попис на инвентарот;- Годишна програма за работана училиштето- Записници од одржани состаноци на училишните служби и тела, стручна документација.

многу добро

Page 69: Nova Samoevaluacija

Клучни јаки страни:

- безпрекорна меѓусебна соработка помеѓу Директорот на училиштето, Претседателот и членовите од Училишниот одбор;- добра соработка со педагошко-психолошката служба, Наставничкиот совет и стручните активи, и другите вработени;- континуирана соработка со локалната самоуправа, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука;- високо продуктивна соработка со Заводот за ментално здравје на деца и младинци на град Скопје, Центарот за социјални грижи,

како и со локалната заедница.

Слабости:

- отежнато информирање на сите родители за успехот на учениците со примена на е-дневник, поради недостапност до адреси на електронска пошта на некои родители,

- да се подобри соработката по активи на предмети, особено меѓу одделенска и предметна настава (да се согледаат сличностите и надминат разликите со креативен стил на дејствување, во рамките на деветгодишното образование).