nacional bolsevizam

16
Универзитет ,,Св. Климент Охридски” Битола Правен факултет Кичево – дисперзирани студии Битола 1 Ментор: Изработил: Проф. Др. Илија Тодоровски Никола Илиевски 22/Б Асс. Мр. Горан Илиќ Битола, Ноември 2009 Семинарска работа по предметот: Политички системи, на тема: Значењето на политичката симбологија на Национал- болшевистичката Партија

Upload: nikola-lj-ilievski

Post on 08-Nov-2014

31 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Nacional bolsevizam

TRANSCRIPT

Page 1: Nacional bolsevizam

Универзитет ,,Св. Климент Охридски” Битола

Правен факултет Кичево – дисперзирани студии Битола

1

Ментор:

Изработил:

Проф. Др. Илија Тодоровски Никола Илиевски

22/Б Асс. Мр. Горан Илиќ

Битола, Ноември 2009

Значењето на политичката симбологија на Национал-болшевистичката

Партија

Page 2: Nacional bolsevizam

Содржина:

1. Вовед

2. Доктрина на национал-болшевизмот

2.1 Советскиот комунизам како елемент на национал-болшевизмот

2.2 Национализмот како елемент на национал-болшевизмот

2.3 Фашизмот како елемент на национал-болшевизмот

2.4 Православното (ортодоксното) христијанство како елемент на национал-

болшевизмот

2.5 Антисемитизмот и расизмот како елемент на национал-болшевизмот

2.6 Анти-западната ориентација како елемент на национал-болшевизмот

3. Национал-болшевистичка партија на Русија

3.1 Членство на национал-болшевичката партија на Русија

3.2 Политичка програма на национал-болшевистичката партија на Русија

4. Симболи на национал-болшевизмот

4.1 Срп и чекан

4.2 Коловрат (словенска свастика)

4.3 Орел со срп и чекан

4.4 Руско империјалистичко знаме

4.5 Келтски крст

5. Заклучок

6. Користена литература

2

Page 3: Nacional bolsevizam

1.Вовед

Крајот на дваесеттиот век со кршењето на железната завеса помеѓу источна и

западна Европа. Тоталитарните режими постепено се демократизираа, ги зголемуваа

човековите права и слободи. По пат на транзиција се преминуваше од социјалистичко

општество во капиталистичко општество. Но испадна дека и новото капиталистичко

општество не е ни приближно до посакуваното. Транзицијата продуцира нови

екстремни движења, како што се неонацистичките, неофаистичките и слично. Во склоп

на овие движења се појави едно ново движење наречено – национал-болшевичко

движење. Ова ново движење со своето име предизвика големо внимание. Во своето

име поврзува две работи кои не одат заедно (национализмот и болшевизмот).

3

Page 4: Nacional bolsevizam

2. Доктрина на национал-болшевизмот

Национал-болшевизмот претставува политичко-филозофско-историска

парадигма која за прв пат се појави во Русија. Често е антикапиталистички и е поврзан

со националистичка форма на комунизам и социјализам. Исто така национал-

болшевизмот се разликува од национал-комунизмот. Најголеми теоретичари на

национал-болшевизмот се Александар Дугин и Едвард Лимонов. Национал –

Болшевизмот се базира на неколку карактеристики:

2.1 Советскиот комунизам како елемент на национал-болшевизмот

Како и што самото име кажува, болшевизмот е една од основите (покрај

национализмот или патриотизмот) на која се базира оваа идеологија. Самото тврдење

дека идеологијата е антикапиталистичка алудира на комунизам, болшевизам,

социјализам и слично.

Болшевизмот е една од гранките на социјализмот заедно со меншевизмот1 и

претставува поекстремен од меншевизмот. Главната разлика помеќу овие две струи беа

средствата за доаѓање кон таа нивна цел – социјализмот. Болшевиците ја застапуваа

тезата на револуција, и сметаа единствено преку револуција може да се постигне

саканата цел. За разлика од болшевиците, меншевиците беа помалку радикални и

револуционерно расположени. Во 1921 година болшевиците го оформија СССР (по

постигнатиот успех во Октомвриската револуција и Руската граѓанска војна) и беа

преименувани во Руска комунистичка партија.

Национал-болшевизмот се разликува од теоретскиот комунизам, кој ја отфрлува

државната репресија (како еден од факторите за нееднаквост), ги заштитува човековите

права и слободи итн.

2.2 Национализмот како елемент на национал-болшевизмот

1 Bolshevism and Menshevism The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition | 2008 | (http://www.encyclopedia.com/doc/1E1-Bolshevi.html)

4

Page 5: Nacional bolsevizam

Национализмот во својата примитивна фаза во еволуцијата претставуваше

стремеж на граѓанската класа кон крајот на феудалното општество за формирање

на ,,нации-држави”, односно секој етникум да има право на формирање на своја

држава. Оваа теза ја застапуваа граѓанската средна класа, буржоазијата,

интелегенцијата, наспроти феудалците.

Во контекст на национал-болшевизмот, национализмот претставува сегмент од

национал-болшевистичката доктрина, кој го нагласува ,,Русинството” над другите

елементи во Русија. На рускиот национализам може да се надоврзи и

таканаречениот ,,црвен патриотизам” . Овој вид на патриотизам беше проуциран од

страна на Сталин во неговата политичка војна со Тротцки да ги инспирира руските

маси за време на ,,Големата патриотска војна” 2. ,,Црвениот патриотизам” беше

користен од Сталин за време на Втората светска војна, каде тој се повикуваше на

славното руско минато (иако царско), во пропагандни цели, за потпалување на

патриотските (националиситчките) емоции во првите борбени редови.

2.3 Фашизмот како елемент на национал-болшевизмот

Фашизмот претставува творба на Италија по Првата светска војна, творба на

Бенито Мусолини. Тој е политичка идеологија која го комбинира радикалниот

авторитарниот национализам со корпоративниот економски систем, и за која се смета

дека е сместена десно во традиционалниот лев-десен политички спектар. 3

Токму силниот државен момент во национал-болшевизмот, ја карактеризира оваа

доктрина како фашистичка, во која индивидуата нема никакво значење, надвор од

групата (државата) тој е никој и ништо, а единството ја прави државата посилна и

помоќна. Исто така и советскиот систем можи да се карактеризира како фашистички

поради сеприсутната државна репресија, условно речено – забраната за различност,

супериорноста на единството, иако тој треба да биде спротивен потпирајќи се на

идеологијата, која своите корени ги влече од Карл Маркс. Поради оваа причина

советскиот систем покасно е наречен ,,црвен фашизам”

2.4 Православното (ортодоксното) христијанство како елемент на национал-

болшевизмот

2 The Russian question: nationalism, modernization, and post-Communist Russia - Wayne Allensworth, 145 стр.3 Wikipedia, the free encyclopedia – Fascism (http://en.wikipedia.org/wiki/Fascism )

5

Page 6: Nacional bolsevizam

Секаде каде што е присутен и национализмот во своите форми, присутна е и

религијата како добро зацврстена во секојдневниот човечки живот и традиција, и е

користена во пропагандни цели. Исто така и национал-болшевизмот, кој може да се

смета за еден вид на руски национализам се потпира и на Руската православна црква.

Руската православна црква секогаш била присутна во националистичките бранови која

ја зафаќаа Русија.

Дури и самиот Александар Дума вели дека првиот комунист бил Исус Христос,

затоа што сакал правда во човековиот живот и го жртвувал својот живот на олтарот на

беззаконието, инаетот и предавството со цел да се покае за гревовите на луѓето.4

2.5 Антисемитизмот и расизмот како елемент на национал-болшевизмот

Антисемитизмот и расизмот имаат долги корени низ историјата, но најдобро

човекот ги спознава како карактеристики на Национал-социјалистиката работничка

партија на Германија. Во нацистичка Германија се прокламираше и за прв пат се појави

тн. крвен антисемитизам. Покрај крвниот антисемитизам, најзастапен е религиозниот

антисемитизам.

Антисемитизмот најпросто кажано претставува омраза кон Евреите (самио назив

кажува, антисемит, а Евреите се припадници на семитската група на народи). Двата

типови на антисемитизам ги диференцираме врз основа на припадност на друга раса и

припадност на друга религија. Хитлер го зацврстуваше антисемитизмот под

пропагандата – ,,лошата крв на Евреите, не смее да биде помешана со чистата Ариевска

крв”.

Национал-болшевистичкиот антисемитизам претставува антисемитизам од

религиски тип (омраза кон Евреите поттикната од различната религија и најглавно од

тн. ,,предавство на Исус Христос од страна на Евреите”).

Класичен пример за окултниот расизам, сличен на нацистичка Германија даваат

тврдењата на Дугин дека Русите се потомци на Хиперборејската раса или Ариевската

раса. 5

4 The Russian question: nationalism, modernization, and post-Communist Russia  By Wayne Allensworth, 146 стр.5 Russian fascism: traditions, tendencies, movements - Stephen Shenfield, стр. 197

6

Page 7: Nacional bolsevizam

2.6 Антизападната ориентација како елемент на национал-болшевизмот

Западот како пандан на капиталистичкото општество, предизвика антизападна

ориентација кај национал-болшевиците. Дојде до израз традиционалното ривалство

помеѓу Русија и западот. Тоа ривалство датира уште пред појавата на комунизмот во

Русија, ривалство поттикнато од различна природа на религија (Православна),

различно потекло (словенско) , и на крај со комунистичкото општество како врв на

антипатијата.

Тука може да се напомене и организацијата ,,Евроазија” на Александар Дугин,

која беше формирана во 2002 година. Идеите на Дугин се создавање на Турско-

Словенска алијанса на евроазискате сфера, кои се популарни кај турските

националисти. Тој истотака цели на Русо-арабска алијанса.6

3. Национал-болшевичката партија на Русија

Национал-болшевситичката партија е Руска политичка партија врзана за

идеологијата на национал-болшевизмот и е формирана во 1993 година, од страна на

двајца – Едвард Лимонов – еминентен писател и поет и Александар Дугин – мистичен

филозоф и политички аналитичар.7 Оваа партија беше член на ,,Друга Русија”-

коалиција на опозициони партии. Во 2007 година беше забранета, како партија која

презема илегални активности.

3.1 Членство на национал-болшевичката партија на Русија

Национал-болшевичката партија и значајна и уникатна по нејзиното членство.

Нејзиното членство, покрај невработените, младата работничка класа и политизирани

скинхедси, го сочинуваат и студенти, значаен број на инжинери и други високо

образовани млади луѓе. 8

Младото членство на НБП на Русија беше заинтригирано од интелектуалната,

уметничката креативност на партискиот весник ,,Лимонка”, кој објавуваше текстови со

6 Wikipedia, the free encyclopedia – Аlekandr Dugin (http://en.wikipedia.org/wiki/Aleksandr_Dugin)7 Russian fascism: traditions, tendencies, movements - Stephen Shenfield, стр. 190-19188 Russian fascism: traditions, tendencies, movements – Stephen Shenfield, стр. 190

7

Page 8: Nacional bolsevizam

патриотска, социјална содржина. Сториите на Лимонов за искуствата во војната беа од

клучни за градењето на романтичарска, револуционерна митологија за национал-

болшевиците. 9

3.2 Политичката програма на национал-болшевичката партија на Русија

Партијата верува во креирање на голема империја во која ќе влезе цела Европа и

Русиа, како и Северна\Централна Азија која ќе биде под руска доминантност. Партијата

е против Америкаснката надворешна политика и гледа во креирањето на Евроазија

баланс на капиталистичката глобална доминантност. Кога Дугин ја напушти НБП на

Русија, за да креира своја партија ,,Евроазија” НБП на Русија ја запостави важноста на

геополитичката агенда во корист на националната, концентрирајќи се на руското

малцинство во поранешните советски социјалистички републики и опозицијата на

полиитчкиот режим на Владимир Путин.

На национален терен, партијата е голем критичар на владата на Владимир Путин

и државните институции ги смета како бирократски, полицијата и судството како

корумпирани и авторитарни. Партијата го гледа Владимир Путин како главен државен

непријател.

Агресеивниот евроазијски и империјалистички национализам беше заменет со

руски територијален национализам, комбиниран со поддршка за руските малцинства

надвор од Русија.

Балтичките земји Литванија и Естонија беа критизирани за деградирање на Руско

– Советските ветерани од Втората светска војна, и за законодавствата кои ги забранија

советските симболи, како српот и чеканот. 10

4. Симболи на национал-болшевизмот

4.1 Срп и чекан

9 Fascism: Post-war fascisms - Roger Griffin, Matthew Feldman, стр. 188

10 Wikipedia, the free encyclopedia – National Bolshevik Party (http://en.wikipedia.org/wiki/National_Bolshevik_Party)

8

Page 9: Nacional bolsevizam

Српот и чеканот претставува комунистички симбол, кој за прв пат беше

употребен во Октомврискта Револуција. Чеканот ги претставува индустриските

работници, додека пак српот ги претставува земјоделците, кои што треба да се

обединетат.

Овој симбол се коритсти и од национал-болшевистите и исто така има и

сличности и со знамето на нацистичка Германија (црниот срп и чекан, во бел круг, а тоа

на црвена позадина), со што се открива тоталитарниот карактер на движењето.

4.2 Коловрат (Словенска свастика)

Има потекло од словенската паганска митологија, т.е. претставува симбол на

богот на сонцето Сварог. За словените, словенската

свастикан е магичен симбол, кој ја претставува

моќта величенственоста на богот на сонцето и огнот.

Коловратот често е викан и како ,,тркалото на

Сварог”. Низ историјата најмногу се користел како

симбол во паганските обичаи. 11

Тргнувајќи од сесловенскиот карактер на

национал-болшевиците, коловратот или словенската

свастика се коритсти од нив. Во денешно време

коловратот го претставува словенското

обединување, и е симбол на руски ултра-десни

движења.

4.3 Орел со срп и чекан

9

Page 10: Nacional bolsevizam

Орелот на национал-болшевиците е превземен од германското нацистичко

минато. Орелот ја презентра моќта на партијата, а може да го открие

империјалистичкиот карактер на партијата.

4.4 Руско империјалистичко знаме

Беше знаме на руската империја, а го користат и национал-болшевиците.

4.5 Келтски крст

Национал-болшевистичката партија го користи во својата

симбологија и келтскиот крст но малку видоизменет. Келтскиот

крст денес се користи од неонацистички групи (нацистичките

скинхедси).

10

Page 11: Nacional bolsevizam

5. Заклучок

11

Page 12: Nacional bolsevizam

6. Користена литература

11Wikipedia, the free encyclopedia – Swastika (http://en.wikipedia.org/wiki/Kolovrat_(symbol)#Slavic)

12