lichna karta-osnovi _ 2014

2
Предмет: ОСНОВИ НА АСЕИЗМИЧКО ПРОЕКТИРАЊЕ Статус: изборен предмет на II циклус на студии Условеност: / Консултации: на час/во кабинет Наставник: Проф. д-р Елена Думова-Јованоска, [email protected] Соработник: м-р Симона Марковска, [email protected] Internet: http://ktk.gf.ukim.edu.mk Литература: 1. Елена Думова-Јованоска, Асеизмичко проектирање, авторизирани предавања, Градежен факултет, Скопје, 2008. 2. „Правилник за технички нормативи за изградба на објекти од високоградбата во сеизмички подрачја“, Сл. весник 31/81, 49/82, 29/83, 21/88 и 52/90. 3. EN 1998-1:2004, Eurocode 8 - Design of structures for earthquake resistance, Part 1: General rules, seismic actions and rules for buildings. Обврски кон наставата и начин на оценување: 1. Присуството на наставата (предавања и вежби) е статутарна обврска на секој студент која директно не се оценува. 2. Во текот на семестарот, индивидуално или групно, се изработува една проектна задача на зададена тема. Обврска на студентот/ите е да ја изработат, предадат и презентираат семинарската работа со усна и видео презентација. Изработката на задачата се оценува со најмногу 25 поени, а презентацијата со најмногу 25 поени. Студентот кој ќе закасни со предавање и/или одбрана на проектната задача ќе добие 0 поени за закаснетата обврска. 3. Во текот на семестарот се прават 2 теста (тест 1; тест 2), кои што се оценуваат со поени од 0 до 25. Тестовите се сметаат за положени доколку се освојат најмалку по 13 поени од двата теста. Во формирањето на конечната оценка се вклучуваат двата теста. 4. Услов за излегување на завршниот испит, односно стекнување право на потпис е да се соберат најмалку 30 поени според точките 2 и 3. 5. Студентот кој на крајот на семестарот има освоено минимум 26 поени од двата теста и минимум 51 поен од сите активности (предавање и одбрана на проектна задача; тестови) немора да се јави на завршен испит, односно се смета дека го положил испитот. 6. Доколку студентот не го положи испитот во текот на семестарот се овозможува полагање преку завршен испит во редовните испитни сесии. Услов за излегување на завршниот испит (тест=тест 1+тест 2) е да се соберат најмалку 30 поени според точките 2 и 3. 7. Завршниот испит се оценува со поени од 0 до 50. Завршниот испит се смета за положен доколу се освојат најмалку 26 поени. 8. Крајната оценка и успех се добиваат со собирање на поените добиени од наведените активности. Завршната оценка по предметот се формираат според следнава табела: оцена 6 7 8 9 10 вкупно поени 51-60 61-70 71-80 81-90 91-100

Upload: evgenija89

Post on 06-Dec-2015

229 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Lichna Karta-Osnovi _ 2014

TRANSCRIPT

Предмет: ОСНОВИ НА АСЕИЗМИЧКО ПРОЕКТИРАЊЕ

Статус: изборен предмет на II циклус на студии

Условеност: /

Консултации: на час/во кабинет

Наставник: Проф. д-р Елена Думова-Јованоска, [email protected]

Соработник: м-р Симона Марковска, [email protected]

Internet: http://ktk.gf.ukim.edu.mk

Литература: 1. Елена Думова-Јованоска, Асеизмичко проектирање,

авторизирани предавања, Градежен факултет, Скопје, 2008.

2. „Правилник за технички нормативи за изградба на објекти од

високоградбата во сеизмички подрачја“, Сл. весник 31/81, 49/82,

29/83, 21/88 и 52/90.

3. EN 1998-1:2004, Eurocode 8 - Design of structures for earthquake

resistance, Part 1: General rules, seismic actions and rules for

buildings.

Обврски кон наставата и начин на оценување:

1. Присуството на наставата (предавања и вежби) е статутарна обврска на секој студент која

директно не се оценува.

2. Во текот на семестарот, индивидуално или групно, се изработува една проектна задача на

зададена тема. Обврска на студентот/ите е да ја изработат, предадат и презентираат

семинарската работа со усна и видео презентација. Изработката на задачата се оценува

со најмногу 25 поени, а презентацијата со најмногу 25 поени. Студентот кој ќе закасни

со предавање и/или одбрана на проектната задача ќе добие 0 поени за закаснетата

обврска.

3. Во текот на семестарот се прават 2 теста (тест 1; тест 2), кои што се оценуваат со поени

од 0 до 25. Тестовите се сметаат за положени доколку се освојат најмалку по 13 поени од

двата теста. Во формирањето на конечната оценка се вклучуваат двата теста.

4. Услов за излегување на завршниот испит, односно стекнување право на потпис е да

се соберат најмалку 30 поени според точките 2 и 3.

5. Студентот кој на крајот на семестарот има освоено минимум 26 поени од двата теста и

минимум 51 поен од сите активности (предавање и одбрана на проектна задача; тестови)

немора да се јави на завршен испит, односно се смета дека го положил испитот.

6. Доколку студентот не го положи испитот во текот на семестарот се овозможува полагање

преку завршен испит во редовните испитни сесии. Услов за излегување на завршниот

испит (тест=тест 1+тест 2) е да се соберат најмалку 30 поени според точките 2 и 3.

7. Завршниот испит се оценува со поени од 0 до 50. Завршниот испит се смета за

положен доколу се освојат најмалку 26 поени.

8. Крајната оценка и успех се добиваат со собирање на поените добиени од наведените

активности. Завршната оценка по предметот се формираат според следнава табела:

оцена 6 7 8 9 10

вкупно

поени 51-60 61-70 71-80 81-90 91-100

Предмет: ОСНОВИ НА АСЕИЗМИЧКО ПРОЕКТИРАЊЕ

ПЛАН ЗА РАБОТА за учебна година 2013/2014

Р.

бр. Датум Предавања Вежби

1 10.03 Претставување на предметот

2 17.03

Вовед

- Штети од земјотреси Природа на земјотресите Сеизмички хазард и ризик

Проектна задача

- Компјутерско моделирање на зададена конструкција

(со програмот Robot Millennium)

3 24.03 Концепти за асеизмичко проектирање конструкции

Проектна задача

- Компјутерско моделирање на зададена конструкција

(со програмот Robot Millennium)

4 31.03 Прописи за асеизмичко проектирање - Актуелни македонски прописи

Проектна задача - Определување основни динамички

карактеристики на конструкцијата (кружна фреквенција и периода)

5 07.04

Прописи за асеизмичко проектирање - Европски прописи (Eurocode 8)

- Филозофија на проектирање - Моделирање на земјотресното дејство - Основни концепти и анализи

Проектна задача - Определување основни динамички

карактеристики на конструкцијата (продолж.)

6 28.04 ТЕСТ 1

7 05.05 Прописи за асеизмичко проектирање (EC 8) - Асеизмичко проектирање на згради

Проектна задача - Спектрална анализа на конструкцијата

8 12.05

Прописи за асеизмичко проектирање (EC 8) - Асеизмичко проектирање на А.Б. конструкции - Асеизмичко проектирање на ѕидани конструкции

Проектна задача - Подготовка на излезни табели,

резултати и податоци

9 19.05 Прописи за асеизмичко проектирање (EC 8) - Базна изолација

Предавање на проектната задача

10 26.05 ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТНАТА ЗАДАЧА

11 02.06 ТЕСТ 2

Доделување потписи во индекс