katalog goran jovanov high

12
- ЗАПИСИ (линија-форма-симбол) - ГОРАН ЈОВАНОВ

Upload: goran-jovanov

Post on 06-Apr-2016

241 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

Goran Jovanov Горан Јованов

TRANSCRIPT

- ЗАПИСИ (л

инија

-фор

ма-сим

бол) -

ГОРАН ЈОВАНОВ

Ликовните записи на Горан Јованов

Исчитувајќи ги делата на Горан Јованов од неговиот најнов циклус насловен „Записи“, создадени во текот на изминатава година, неизбежно е да забележиме дека тие се базирани врз различни истражувања на ликовен план и експериментирања во различни техники (сува игла, бакропис, акватинта, масло и акрил на платно итн.). Како што укажува и самиот поднаслов на изложбата, основа врз која тој ги формулира своите повеќеслојни „записи“, изразени преку графики, цртежи и слики, се естетските принципи на линијата, формата и симболите, а се изведени преку линераност и колористички експресивни композиции вообличени со умерени релјефни енформелистички детали.

Ако се пристапи на формална анализа на делата, кај нив можеме да констатираме особен интерес кон осмислена комплексна композициска поставеност на формите во централниот дел на сликата; истите имаат функција на центар или јадро од кое се расчленуваат повеќе фрагменти, линеарни контури, а преку наслојување на материјалот е постигната слоевитост на структурата и текстурата. Просторот во кој се развива играта на елементите е осмислен во повеќе планови, како плохи кои се поставени една врз друга, создавајќи атмосфера на наталожување на восприемените сензации кои главно може да ги поврземе со сублимирана духовност на различни нивоа. На оваа духовност, која се отсликува и во фантазмагоричниот амбиент, како идеен постулат на претставите кои се обидуваат да ја прекинат секоја врска со реалноста, алудираат повеќе симболични форми: сферичните облици кои сугерираат мистични храмови, загадочни предмети налик на свети книги и реликвии, писма (записи) во кои препознаваме симболи од глаголицата, но и извесни калиграфски писма. Бојата има особено комплексно значење и функција - од една страна цели кон постигнување на контрастност и ритмичност, додека од друга страна загасените земјени бои сугерираат смиреност; на одредени партии бојата е примарен елемент кој ја дефинира прочистената композиција, додека од друга страна се јавува присуство на повеќе детали кои асоцираат на орнаменти.

Ликовниот ракопис на Горан Јованов се повикува на елементи од апстрактната асоцијативна изразност, при што линијата е експресивна и сигурна, некаде сведена на гестуалност, и произлегува од потези водени од спонтаното психичкото доживување. При тоа, не само симболичните органски форми, туку и бојата и линијата се движат во насока на симплифицирање на претходно практикуваната фигуративност, која сега само се наговестува преку детали и облици.

Следејќи го својот уметнички импулс, Горан Јованов останува доследен на ликовниот израз кој рефлектира силно изразен лирски сензибилитет, како метафоричен и поетски однос кон апстрактната форма на сликата и трансцедентноста на човековата суштина. Следствено на тоа, во неговите дека централно место заземаат интимните изолирани меланхолични уметнички светови, наталожени до обременетост со записи од минатото, со крајна тенденција за предизвикување контемплативност на ниво на духовност и изразување на внатрешните искуства, емоции и содржини.

Маја Чанкуловска-Михајловска

Горан Јованов е роден 1982, во Гевгелија.

2009 - Магистрира на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ - Скопје на отсек графика под менторство на проф. Димитар Малиданов.

Групни изложби: 2000: МКЦ – Скопје, Француски младински центар, Народен театар, Гевгелија – репродукции од импресионизмот, 2001 - 2005: Годишни изложби нa Ф.Л.У. (СулиАн) - Скопје, 2002: 50 години од УЦ - Јосиф Јосифовски вo Хотел “Југо “, 2004, 2006 и 2008: Меѓународно биенале на мала графика - Тетово, 2005 и 2007: Меѓународно биенале на мала графика - Велес, 2005: Студентско интернационално биенале - СИАБ, Музеј на град Скопје, Меѓународна изложба „ Дечје Село“ , Нови Сад, Групна изложба во Дом на култура, Белград, Виртуелна изложба - Берлин, под покровителство на Министерството за култура на Германија, 2006 - 2014: Годишна изложба на Друштво на ликовни уметници на Гевгелија -Хoтел “Југо “, Гевгелија, 2006,2009,2012: Меѓународно триенале на голем формат – Битола, 2007-2014: Интернационален ликовен караван-Струга, Охрид, Кавадарци, Скопје, Велес, Галерија Леонардо центар- Белград, Галерија Мост-Нови Сад, Њујорк, Бостон, Детроид., 2008: Хуманитарна изложба Национална галерија-Мала станица, Скопје, Македонско ликовно творештво во мал формат на ДЛУМ, КИЦ, Скопје, 12-ти Зимски салон ”Непристоен предлог”- Мала станица, Скопје, 2008, 2010: 13-та и 14-та Meѓународна изложба на мала графика во Лож, Полска, 107-Македонски уметници во Париз, Меѓународно триенале во Caixnova, Шпанија, 2009: 43 Ликовни средби – Модерна галерија Суботица, Дом на АРМ, Скопје - графика и цртеж - ДЛУМ, Хуманитарна изложба за Искра Донева, МКЦ, Meѓународна изложба на мала графика “Lessendra” во Софија, Бугарија, Светски ден на книгата-Национална и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“ Скопје, Национална галерија на Македонија, Чифте аман- “Младински пролетен салон”, Групна изложба на бугарски и македонски автори, Севлиево, Р. Бугарија, Меѓународно биенале на мала графика, сува игла, Ужице, Македонски уметници во Софија - Национален двор на културата, Софија, Р.Бугарија, 14-то Меѓународно биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот, Скопје, Изложба на мал формат, ДЛУМ, Дом на АРМ, Скопје, Интернационална изложба на графики за мир, Мексико, Монттереј, 56-та годишна изложба на ДЛУМ, Музеј на град Скопје, 2009-2013: Светска галерија на цртеж, Остен, Скопје, 2010: 13-ти, Зимски салон, Музеј на современа уметност, 8ème MONDIAL de l’ESTAMPE et de la GRAVURE ORIGINALE Triennale de Chamalières, Франција, 2011: Born Digital print” Grays School of Art, Robert Gordon University-Aberdeen, Велика Британија, International biennial fes-tival of portrait, drawings, graphics XIV INTERBIFEP- International portrait galery-Тузла, Босна и Херцеговина, Мултимедијална изложба на Мултимедиа центар-Народен театар, Гевгелија, Interntional Graphic Art Biennale, Сува игла, Ужица, 3rd QIJIANG INTERNATIONAL PRINT FESTIVAL, Кијанг, Кина, Годишна изложба на ДЛУМ, XI BIENAL INTERNACIONAL DE GRABADO “JOSEP DE RIBERA” - XÀTIVA, Шпанија, First International Printmaking Triennial, Белград, Србија, 2011-2013: Меѓународна изложба на Широка стаза, Земунска галерија, Белград, 2012: Мултимедијална изложба на Мултимедиа центар-Ахроматското наспроти колоритноста, Народен театар, Гевгелија, Интернационално триенале за графика Варна Р. Бугарија, Изложба на ликовната колонија, Хотел Аполонија, Прво International biennale of graphic arts CACAK , Белград, 2012-2013:Изложба од графичката колонија Локвица, Дом за култура, Македонски брод, 2013: Second International Mezzotint Festival-2013, Ekaterinburg Museum of Fine Arts, Екатеринбург, Русија, Изложба на мал формат на ДЛУМ, Изложба на минијатура на ДЛУМ, Годишна изложба на ДЛУМ, Дом на АРM, Изложба на ДЛУГ- Културен центар, КОРА, Скопје, Мултимедијална изложба-INTO Frame- Скопско лето 2013, НЛБ Тутунска банка, Галериски простор, Скопје, 2014: Експериментален цртеж , Дом на АРМ, ДЛУМ, Изложба на слики од ликовната колонија „Охрид 2014” - Порта Македонија

Самостојни изложби

2013: самостојни изложби во склоп на Интернационалниот ликовен караван - Струга, Дом за култура, Охрид, Центар за култура, Велес, Ликовен салон (Изложба со масло на платно СЕТА ТАА УБАВИНА). Организатор: Тихомир Кондев2012, септeмври: Ликовен перформанс „ЗАД ВИНОЖИТОТО” заедно со Елена Пренџова, Кинотека на Македонија, Скопје2011, ноември: Изложба на слики, во рамките на Град на култура, Гевгелија, Ликовен салон, хотел Аполонија2010, април: Ликовен салон, Хотел Аполониа, Гевгелија2009 декември: Факултет за ликовни уметности, Сули ан, Скопје - графики2008 јуни: MKЦ, Скопје - графики, во склоп на манифес-тацијата Скопско лето. Куратор: Мирко Стефаноски, Нате Кецкароска и Маринко Бороевиќ2008 септември: Леонардо Центар, Белград, цртежи и графики. Организатор: Тихомир Кондев

наГраДИ

2008 - Признание за графика - 13-та Meѓународна изложба на мала графика во Лож, Полска2009 - За графика „Димче Николов” на 56-та годишна изложба на ДЛУМ2010 - Признание за графика 8ème MONDIAL de l’ESTAMPE et de la GRAVURE ORIGINALE Triennale de Chamalières, Франција2011- Откупна награда за графика 3rd QIJIANG INTERNATION-AL PRINT FESTIVAL, Кијанг, Кина

ЧЛЕн во

2006 - Друштво на ликовни уметници на МакедонијаДруштво на ликовни уметници ГевгелијаЧлен на Мултимедиа Центар, ГевгелијаИнтернационален Ликовен КарванДруштво на уметници и љубители на уметноста - “Широка стаза“

ЛИковнИ коЛонИИ И работИЛнИцИ

2001-2003: Ликовен проект за заштита на Охридското езеро- 2001 пастрмка, Струга2005: Ликовна колонија, „СОС Детско село”-Нови Сад2008-2011: Ликовна колонија - Интернационален ликовен карван, Струга2010: Ликовна колонија, Балчик, Бугарија2012: Ликовна колонија, Хотел Аполонија, Гевгелија 2012-2013: Ликовна колонија -Локвица - Македонски брод2012-2013: Работилница за рачно правена хартија, со проф. Симон Шемов2014: Ликовна колонија „Охрид 2014” - Охрид и др.

контактT: 072 248 725E: [email protected]