iustitia debet esse libera

7
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Правен факултет „Јустинијан Први“ Религијата или културата како негативен опшествен феномен од аспект на правото

Upload: praven-vonredni

Post on 15-Jul-2016

244 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Iustitia Debet Esse Libera

TRANSCRIPT

Page 1: Iustitia Debet Esse Libera

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“Правен факултет „Јустинијан Први“

Религијата или културата како негативен опшествен феномен од аспект на правото

Ментор Подготвиласс. м-р Јасна Бачовска Кочински Горан – 41518

Бр на зборови: 976

Page 2: Iustitia Debet Esse Libera

"Religio praecipium vinculum societatis"

(Религијата е најјакиот општествен ланец)

F. Bacon

Науката уште многу одамна докажа дека не постои плава небесна шир над нашите глави. Синилото е само еден обоен воздушен слој кој се наоѓа околу земјата. Ако се издигниме на небото насекаде околу нас ќе видиме само бескраен црн вселенски простор, во кој сјаат далечни ѕвезди и лебдат небески тела. Во денешно време тоа, луѓето можат (ако имаат повеќе пари) и да го видат со свои очи. Но, сеуште има многу луѓе кои веруваат дека небото е само една капа на земјата и дека на небото се портите на рајот.

Секоја религија е одраз на начинот на живот. Старите ловечки и сточарски племиња имаа култ кон животните, па така во Египет свет бил бикот Апис, во Индија – Кравата и тн, или пак верувале дека постојат свети билки, липата кај Словените, гранчето од маслинка кај Грците. Секое племе си имаше свој свет заштитник – тотем. Затоа во старо време постоеа и многу религии и верувања. Религиите со текот на времето се менувале и мешале. Веруваа во многу богови за подоцна да веруваат само во еден, свештениците со помош на владетелите граделе раскошни храмови во кои ги обавувале своите религиозни церемонии со кои привлекувале луѓе.

Изворот на човековата религија лежи во неговата зависност од природата. На примитивниот човек сите поими за вера му ги влеал стравот од смртта, којшто е движечки фактор што на човештвото му ја дал верата или подобро да се рече сите вери првенствено потекнуваат од стравот од смртта. А стравот не претставува ништо друго туку најпопуларна и највпечатлива појава на чувство на немоќ и зависност. Поради својата немоќ пред смртта човекот бара утеха во религиската духовна конструкција (Фројд). Затоа религијата отсекогаш имала важна улога во човековиот живот, а верата расте особено кога тој ќе се соочи со смртта и опасностите. Во застрашувачките ситуации емотивноста, врз која се потпира секоја вера, го добива својот екстремен фанатичен облик. Во својата некритичност, таа оди до груба нетрпеливост и омраза што е во спротивност со религиските основни пораки за толерантност и совесност. Во тој circulus vitiosus лежи одговорот на прашањето зошто верски војни, зошто во воено време се засилува значењето на религијата и зошто на просторите каде се апострофираат религиозните разлики редовно доаѓа до конфликт.

1

Page 3: Iustitia Debet Esse Libera

Долго време во развитокот на општеството, религијата е еден од интегративните фактори на општествениот живот. Религијата и нејзините норми, обреди и ритуали вршат интегративна функција, го развиваат колективното чувство кај луѓето. Религијата исто така ги одразува и конкретните општествени спротивности, незадоволства на социјалните групи во едно општество, а во крајни случаеви ја побудува надежта и оптимизмот за живот.

Во развитокот на науката, општеството, техниката, религијата низ текот на скоро цела човекова историја има „негативна“ улога, во однос на негирање или успорување на многу откритија кои не биле во согласност со црквата, или пак свештениците ги чувале како свои тајни (откритијата).

Најдобро, негативната страна на религијата може да се види преку тоа што религијата е еден искривен, нереален одраз на материјалниот свет. Конституирајќи се како систем од верувања, норми и постапки, таа го спречува ослободувањето на човекот од тие, за прво време нужни илузии, го спречува слободното развивање на вистинското спознание за светот. Практикувањето на религијата е поврзано со ограничување на слободата. Она што е опасно во религијата е одземањето на слободата човек да мисли, да критикува да се сомнева. Сето тоа и погодува на конфликтната воена атмосфера во која едностраното расудување ги подгрева страстите. Исто така, очигледна е длабоката поврзаност на верската разновидност со конфликтните ситуации, како што е јасна поврзаноста на атеизмот со напредокот. Религијата е еден од облиците на духовно угнетување што го искористуваат црковните структури за овоземски интереси и цели. Немоќта на обичните луѓе да ги изменат неповолните и тешки услови на својот живот се поттикнати да почнат да веруваат во богови, ѓаволи, магии и натприродни сили со што се забрзува и зајакнува негативната сила која се повеќе е присутна и тоа настаната само поради незадоволството и разочарувањето од позитивната страна.

Во постарите општества правото беше повеќе поврзано со религијата и повеќе зависно од неа. Диркем дури вели дека правото во старите општества има магиско-религиски карактер. За ралика од него Вебер нагласува дека правниците го создаваат правото, но дека постоел и еден период кога правото го создавала групи на свештеници во околината на харизматските кралеви па дури и канонското право е исто создадено од свештеници и правници со мешање на библиските правила и правилата на римското право. Во Правните системи кој што се потпирале врз религијата, колку што содржеле државна принуда (закана со казна), толку можеле да содржат и психолошки притисок заснован врз стравот од божја заповест.

2

Page 4: Iustitia Debet Esse Libera

Можеме да кажеме дека сите религии имаат позитивен однос кон правото ако тоа се толкува како божја објава, волја или заповед, односно ако религиските вредносни категории се инкорпорирани во правните норми и правниот систем. Во филозофијата на правото во однос на религијата многу често се поставува прашањето: дали правото е вредност и дали е битно од аспект на верата, односно од аспект на божјиот поредок, бидејки од една страна се вели дека во периодот на појавувањето на христијанството се сметало дека државата и правото се далеку од Бога, а во поголемиот дел од светот, па некаде дури и денес религиозни лица се тие кои ја водат државата. Дали е ова обид за некаква заблуда, или само чиста реалност, никој не може да знае.

Iustitia debet esse libera, quia nihil iniquius venali iustitia; plena quia iustitia non debet claudicare; et celeris, quia dilatio est quaedam negatio. Правдата треба да биде: Слободна, бидејќи нема ништо полошо од подмитлива правда, Потполна, бидејќи правдата не смее да е нецелосна; и Брза бидејќи спороста на правдата во некоја рака е негација на самата.

3

Page 5: Iustitia Debet Esse Libera

Користена литература:

Јасмина Мојсиева - Гушева - Сликата на верскиот синдром во балканскиот свет

Томислав Чокревски, Лазар Китановски – Социологија на правото Д-р Али Пајазити - Веронаука: Предизвик на посттрaнзицискoтo

општество (труд) (www.alipajaziti.net) www.mk.wikipedia.org

4