eestec academy module 2

10

Upload: eestec-lc-skopje

Post on 06-Apr-2016

227 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

Mobile Applications

TRANSCRIPT

Page 1: Eestec academy module 2
Page 2: Eestec academy module 2

Мисијата на EESTEC е да ги обедини студентите, кои се

врската меѓу универзитетите и компаниите, да ги насочи да го

посветат своето време и енергија во волонтерски активности кои

ќе го потпомогнат личниот развој и постигнувањето на високи

технички, комуникациски и лидерски вештини кои ќе придонесат

во создавање на идни лидери кои му се потребни на нашето

општество.

На овој начин им ја олеснуваме работата на компаниите кои

добиваат идни вработени млади луѓе со потребни компетенции,

спремни за тимска и индивидуална работа, доволно флексибилни

за да се вклучат во секаква средина со желба за работа и

постојано учење и надоградување.

ЕЕСТЕК Мисија

EESTEC (анг. Electrical Engineering Students European

Association, EESTEC) е невладина, непрофитабилна организација на

студентите по електротехника и компјутерски науки од Европа.

Формирана е во Холандија во 1986 година.

EESTEC Локалниот комитет Скопје беше основан во 2003

година од неколку ентузијасти и веќе деветта година по ред

продолжува да живее, притоа зголемувајќи го своето членство и

ширејќи ја EESTEC идејата низ сите студенти.

Единаесет години им помага на студентите од универзитетот

"Св. Кирил и Методиј" пружејќи им можности за комплементарно

образование и учество на интернационални настани во

организација на локалните комитети на EESTEC ширум Европа.

За ЕЕСТЕК ЛК Скопје

Page 3: Eestec academy module 2

Студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје нуди серија на

бесплатни курсеви кои ќе бидат достапни за ограничен број

студенти на УКИМ. Серија на различни модули кои заедно се

сплотуваат под името ЕЕСТЕК Академија отпочнуваат да се

реализираат на техничкиот кампус на УКИМ. Предавањата на секој

од овие курсеви ќе бидат на атрактивни теми, а нивната

реализација ќе ја вршат гостински предавачи кои искуствено се

поврзани со нив. Идејата за реализација на овој проект е на

студентите да се понди моќно комплементарно образование надвор

од академската програма, а се со цел да ги прошират своите

видици и да постигнат лично надградување и развој.

Темите кои ќе бидат обработени со првата ЕЕСТЕК Акедемија

на учесниците на модулите ќе им овозможат стекнување на знаења

на теми кои не се опфатени со образовниот систем. Академијата

вклучува севкупно 5 засебни модули од кои 2 во овој семестар, а 3

со почетокот на летниот. Првите два модули ќе бидат на Brain new

product (Бихевиорална економија) и Развој на мобилни апликации,

додека пак во наредните модули ќе има предавања на неколку од

следните тематики: меки вештини; графика, анимација и дизајн;

гејмификација; Мајкрософт технологии, роботика и електроника;

дигитални медиуми и маркетинг; гејминг. Секој од овие модули

претставува засебна, независна единка и пријавувањето и

селекцијата за учество на секој од нив е засебно.

ЕЕСТЕК ЛК Скопје ги очекува студентите кои сакаат да си ги

прошират знаењата надвор од програмата од академските студии и

за кои личното надградување претставува секојдневна цел!

Што е ЕЕСТЕК Академија?

Page 4: Eestec academy module 2

Модул 2: Мобилни апликации

Секојдневно сме со нашите смартфони во рака и секојдневно се

среќаваме со различен вид на апликации. Сте се запрашале ли

некогаш што стои зад апликацијата што ја гледате во вашиот уред?

Како настанува истата, што се точните карактеристики за добар

дизајн? Или пак како да направите своја апликација, примамлива за

секого што би значело нејзино добро пласирање на пазарот?

Вториот модул од ЕЕСТЕК Академијата ви овозможува да научите се

што ве интересира и повеќе, од процесот на создавање една

апликација до како да стигнете до првите корисници. Ќе се запознаете

со едни од најдобрите предавачи од оваа области, кои што воедно се

автори на едни од најпознатите апликации создадени кај нас. Дали

знаете кој е автор на апликацијата TweetsPie, која има добиено две

награди, победник на Droidcon Eastern Europe 2014 App Challenge и

победник на Mobile AppCamp 2013? Сте слушнале за Crack Your Screen

и за првото место кое го освои на Samsung Smart App Challenge?

Покажете ги своите знаења во апликацијата која ќе биде пуштена

наскоро, затоа што местата се ограничени! Не ја пропуштајте

можноста да научите повеќе за нешто што е дел од вашето

секојдневие!

Page 5: Eestec academy module 2

ПРВИОТ СМАРТФОН

Првиот смартфон бил ИБМ Симон Персонален Комуникатор објавен

на КОМДЕКС во ноември 1992. Бил масивен уред со грамофонска

игла како поддршка за допирот, можност за 1 или 1.8 мегабајти

мемориска картичка, и никел-кадмиумска батерија која

овозможувала еден час активно зборување. Цената била 599

долари.

ШТО ИМААТ НАПРАВЕНО МОБИЛНИТЕ АПЛИКАЦИИ ВО ОДНОС НА

ВРАБОТУВЊЕТО?

- Пазарот на мобилните апликации има отворено околу 500.000

работни места во САД.

ПРВАТА SMS ПОРАКА

Првата SMS порака била пратена од компјутер на мобилен уред

на 3ти декември, 1992 година во Велика Британија. Нил Папворт

му пратил на својот пријател Ричард Џарвис која гласела Честит

Божиќ.

ПОТЕКЛО НА ИЗРАЗОТ СМАРТФОН

Изразот Смартфон првпат се појавил во 1997ма година, кога Ериксон го опишал

концептот на уредот GS 88 Penelope како Паметен телефон или смартфон.

ПРВИОТ ПОВИК ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

- Првиот повик од мобилен телефон во историјата е направен од

Св. Луис, Мизури на 17ти јуни, 1946. Повикот бил воспоставен

користејќи го Bell System's Mobile Telephone Service. Од камион.

Fun Facts:

Page 6: Eestec academy module 2

Има повеќе од три години искуство во

развој на мобилни апликации за Android

платформа и развој на крос-платформ

апликации и игри за iOS и Android со помош на

CoronaSDK. Ментор е и предавач на повеќе

настани/работилници од областа на развој на

апликации и игри за мобилни уреди.

Поседува ентузијазам и интерес за

експериментирање и развивање со нови

технологии како и нивно осмислување. Еден од

основачите на G6 Solutions.

Никола Миноски

За предавачите

Иван Медо Димоски

Иван е Андроид девелопер и

консултант со повеќе од 4 години искуство

во развој на апликации за меѓународниот

пазар. Ентузијаст со одлични аналитички

вештини, кој ужива во исполнување на

идеите и конкретните барања на клиентите.

Автор на Ooshies - апликација за

персонализирање на вашиот уред и

TweestPie - апликација за издвојување на

најпопуларните твитови од луѓето кои ги

следите.

Page 7: Eestec academy module 2

Активен во индустријата за развој на софтвер 15

год. како софтверски инженер, тим лидер и проект

менаџер.

Во 2009 го оснива Abix, за чии достигнувања

добива признание Претприемач на Годината 2012, а

во 2014 признанието Mobile Excellence of ICT од

МАСИТ за маркетинг платформата Promotion In

Motion.

Во 2013 е именуван за Амбасадор на

претприемаштво од ЕК.

До денес, како CEO на Abix има активно учество во

над 100 проекти за мобилни апликации, веб и

enterprise решенија на глобалниот пазар.

Боро Андоновски

Виктор Стојановски - Зубер е

андроид инженер со пет години

искуство во градење на убави мобилни

апликации за корисниците од целиот

свет. Блогер со интензивна страст за

технологија и претприемништво.

Предавач на конференции и човек кој

сака да разменува знаења и идеи со

заедницата.

Виктор Стојановски - Зубер

Page 8: Eestec academy module 2

Александра Христов е дипломиран

инженер по информатика и

компјутерско инженерство на

ФЕИТ, со завршени магистерски

студии на ФИНКИ на насоката

Софтверско Инженерство.

Моментално работи како веб

дизајнер и фронт-енд девелопер во

Нетцетера, каде навлезе и во

областа на дизајн на мобилни

апликации и подобрување на

корисничкото искуство.

Има одржувано предавања на теми поврзани со HTML/CSS, Responsive

design и User Experience во рамките на компанијата, на предавања во

склоп на факултетот, на Mobile Monday Macedonia и едукативниот настан

DIGIT.

За предавачите

Александра Христов

Page 9: Eestec academy module 2

Во последната година има редизајнирано 6 апликации со огромен успех,

а во моментот дизајнира апликација за да го поддржи сопствениот

стартап. Моментлно работи како Креативен Директор во New Man's

бизнис акселераторот во Скопје.

Алекс Цурац Шарич е дизајнер со 15

години работно искуство. Започнал како

freelance дизајнер на блогови, за потоа

да дипломира и да создава целосни веб

портфолиа за мали бизниси,

професионалци и корпорации. Многу

години опоминал во неколку агенции

каде неговите вештини за дизајн биле

придружени со неговиот уникатен

талент, со тоа што Алекс е исто така

stand-up комичар. Со зголемената

вклученост во стартап сцената, неговата

заинтересираност за UX/UI дизајн се

префрлила на мобилен user interface.

Алекс Цурац Шарич

Page 10: Eestec academy module 2

WEB:

eestec-sk.org.mk/academy

FAN PAGE:

facebook.com/eestecacademy

E-MAIL:

[email protected]