eestec academy - module 1

8

Upload: eestec-lc-skopje

Post on 06-Apr-2016

227 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

Brain New Product (Behavioral Economics)

TRANSCRIPT

Page 1: EESTEC Academy - Module 1
Page 2: EESTEC Academy - Module 1

EESTEC (анг. Electrical Engineering Students European Association,

EESTEC) е невладина, непрофитабилна организација на студентите по

електротехника и компјутерски науки од Европа. Формирана е во

Холандија во 1986 година.

EESTEC Локалниот комитет Скопје беше основан во 2003 година

од неколку ентузијасти и веќе деветта година по ред продолжува да

живее, притоа зголемувајќи го своето членство и ширејќи ја EESTEC

идејата низ сите студенти.

Единаесет години им помага на студентите од универзитетот

"Св. Кирил и Методиј" пружејќи им можности за комплементарно

образование и учество на интернационални настани во организација

на локалните комитети на EESTEC ширум Европа.

Мисијата на EESTEC е да ги обедини студентите, кои се врската

меѓу универзитетите и компаниите, да ги насочи да го посветат

своето време и енергија во волонтерски активности кои ќе го

потпомогнат личниот развој и постигнувањето на високи технички,

комуникациски и лидерски вештини кои ќе придонесат во создавање

на идни лидери кои му се потребни на нашето општество.

На овој начин им ја олеснуваме работата на компаниите кои

добиваат идни вработени млади луѓе со потребни компетенции,

спремни за тимска и индивидуална работа, доволно флексибилни за

да се вклучат во секаква средина со желба за работа и постојано

учење и надоградување.

За ЕЕСТЕК ЛК Скопје

ЕЕСТЕК Мисија

Page 3: EESTEC Academy - Module 1

Студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје нуди серија на

бесплатни курсеви кои ќе бидат достапни за ограничен број студенти на

УКИМ. Серија на различни модули кои заедно се сплотуваат под името

ЕЕСТЕК Академија отпочнуваат да се реализираат на техничкиот кампус на

УКИМ. Предавањата на секој од овие курсеви ќе бидат на атрактивни теми,

а нивната реализација ќе ја вршат гостински предавачи кои искуствено се

поврзани со нив. Идејата за реализација на овој проект е на студентите да

се понди моќно комплементарно образование надвор од академската

програма, а се со цел да ги прошират своите видици и да постигнат лично

надградување и развој.

Темите кои ќе бидат обработени со првата ЕЕСТЕК Акедемија на

учесниците на модулите ќе им овозможат стекнување на знаења на теми

кои не се опфатени со образовниот систем. Академијата вклучува

севкупно 5 засебни модули од кои 2 во овој семестар, а 3 со почетокот на

летниот. Првите два модули ќе бидат на Brain new product (Бихевиорална

економија) и Развој на мобилни апликации, додека пак во наредните

модули ќе има предавања на неколку од следните тематики: меки

вештини; графика, анимација и дизајн; гејмификација; Мајкрософт

технологии, роботика и електроника; дигитални медиуми и маркетинг;

гејминг. Секој од овие модули претставува засебна, независна единка и

пријавувањето и селекцијата за учество на секој од нив е засебно.

ЕЕСТЕК ЛК Скопје ги очекува студентите кои сакаат да си ги прошират

знаењата надвор од програмата од академските студии и за кои личното

надградување претставува секојдневна цел!

Што е ЕЕСТЕК Академија?

Page 4: EESTEC Academy - Module 1

За да ги видиме ѕвездите користиме телескоп, за да ја видиме клетката

користиме микроскоп. Свесни сме за своите физички ограничувања па користиме

скали, стетоскопи, автомобили.

Без разлика колку сме паметни, и нашиот ум има одредени ограничувања. Перцептивни,

мемориски и процесирачки. Но дали сме свесни за нив?

Што гледате на сликата десно?

Дали можете сега покрај патката да видите и зајак свртен во

другата насока?

Како може двајца соговорници кои гледаат иста слика да

видат различни работи.

Нашиот ум има свои ограничување и без да сме свесни, тоа

доведува да донесуваме ирационални одлуки. Овој курс е

дизајниран за слушателите да ги спознаат тие граници на

рационалното. Честопати правиме брзи одлуки базирани на

искуството. Честопати се правилни, но честопати и грешни.

Колку е 19 * 23? Одговорот не ни ни доаѓа наеднаш,

нели? Но сепак постојат прашања кои мислиме дека

можеме веднаш да ги одговориме. Честопати од прв

впечаток донесуваме одлуки дека некого не сакаме

или дека некого сакаме. Дали знаеме зошто? Која

стрелка на сликата погоре е подолга? Нашиот ум

знае дека се иста должина, но нашето око ни го

вели спротивното.

Спознајте ги своите психолошките шорткати, но и шорткатите на корисниците за кои

што би дизајнирале услуга или производ. Научете да ја користите бихевиорална

економија во твоја корист.

Модул 1: Brain new product

Page 5: EESTEC Academy - Module 1

Бихевиорална економија

Примената на човековата психологија е една од најактуелните теми

во економијата во 21 век, а тоа се отсликува со 2 Нобелови награди во

последниот период. Токму една од нив ја добива еден од

основоположниците на оваа наука - Даниел Канеман, по чија книга

Thinking Fast and Slow е дизајниран курсот.

На овој курс ќе слушнете што е неуромаркетинг, ќе добиете цел сет на

алатки со кои што ќе експериментирате и ќе имате можност да практично

се уверите во нивната моќ. Принципите од овој курс се применуваат во

било кој аспект на секојдневието. Во друштво, во врски, при вработување,

дома, на факс и во маалското гранапче.

Курсот не е замислен како ние сме паметни и сеа ќе ви кажеме се што

треба да знаете, туку учесниците ќе спроведуваат практични

експерименти кои ќе бидат евалуирани на работилници.

Аплицирај сам или во тим до 5 луѓе, со кои што сакаш да соработуваш.

Бројот на учесници е ограничен на 35 учесници т.е. 7 тимови од по 5 луѓе.

Индивидуалните апликации можат да бидат прифатени и од нив да се

состават тимови, меѓутоа предноста на веќе склопените тимови е тоа што

веќе добро се познаваат што може да донесе и подобри резултати при

натпреварувањето. Натпреварот на групите ќе биде објаснет на првиот

состанок, а за победниците е обезбеден награден фонд како и можност за

практично да ги испробате своите ново-стекнати знаења на македонскиот

пазар.

Page 6: EESTEC Academy - Module 1

Јасмина Михаиловска

За предавачите

Дипломиран лиценциран психолог,

Когнитивно-бихевиорален и Системски-семеен

советник. Дополнително се интересира и ја

истражува гешталтната терапија, а има и клиничко

и психодијагностичарско искуство. Работи како

терапефт во Институтот за Систематика-семејна

терапија Алтернатива и веќе повеќе години се

занимава со социолошки, политички, маркетинг и

медиумски истражувања во неколку врвни

македонски истражувачки агенции како Брима

Галуп.

Алтај Саид

Студент по применета математика во

економијата. Во текот на студиите е дел од

мноштво студентски настани преку активно

членување во БЕСТ Скопје каде што една

година е и претседател на организацијата во

Скопје. Неговиот интерес со бихевиоралната

економија се раѓа од предвидливо

ирационалните односи на луѓето и практичната

апликација на математичкиот апарат кој би ги

опишувал законитостите на оваа наука.

Page 7: EESTEC Academy - Module 1

МД Катина Алексовска

По образование е доктор по општа

медицина. Работи во одделот за

Неврологија во Скопје и е активен

истражувач. Нејзини публикации имаат

излегувано во врвни медицински списанија

како Plosone а со цел апликација на

нејзината истражувачка работа добива и

покана во текот на 2013 да работи во

одделението за Епидемиологија и

Статистика во Римскиот клинички центар.

Стефан Митески

Дипломиран електроинженер на ФЕИТ, а во

моментовв е на постдипломски студии по Product Lifecycle

Menagment на МФ. Воедно има студирано на Институтот

за Едукација и Комуникација од Јончепинг, Шведска.

Директор е на софтверската компанија Осигурителни

Системи Европа. За бихевиорална економија се интересира

веќе 3 години и своите интереси ги споделува на Facebook

групата За (и)рационалните работи, каде е администратор.

Има држено многу тренинзи и предавања и во EESTEC

настаните во последните 5 години држи по најмалку едно

предавање годишно.

Page 8: EESTEC Academy - Module 1

WEB:

eestec-sk.org.mk/academy

FAN PAGE:

facebook.com/eestecacademy

E-MAIL:

[email protected]