den za pobedbeden internet 2015 kviz

13
Let’s create a better internet together Ден за побезбеден интернет 2015 Квиз

Upload: georgina-dimova

Post on 16-Jul-2015

459 views

Category:

Education


4 download

TRANSCRIPT

Let’s create a better internet together

Ден за побезбеден интернет 2015

Квиз

Дали си добар „онлајн“ пријател?

Safer Internet Day 2015 можност за да се помогне при креирање на подобар Интернет.

Еден начин е да бидеш добар „онлајн“ пријател.Каков пријател си ти?

Одговори на прашањата за да го дознаеш одговорот...

ПРАШАЊА

1. Твоето другарче сака да се фотографира и сликите да ги поставува онлајн. Една од неговите фотографии е јавна (public) иако на неа е прикажана неговата адреса на живеење. Меѓутоа, ти не си сигурен дека оваа фотографија треба да биде онлајн? Што ќе направиш? (избери го најдобриот одговор)

А. Ништо, тоа е негова одлука и само може да одлучи што ќе објави.

Б. Ќе ја пријавиш сликата на веб-сајтот, без да го информираш другарчето, за да дознаеш дали ќе ја отстранат фотографијата.

В. Јави му се на другарчето и предложи му да ја отстрани фотографијата. Најдобро е да не поставува фотографии на Интернет

Г. Поразговарај со другарчето за личните податоци и помогни му да си ги подеси поставки за приватност.

ПРАШАЊА

2. Забележувате профил на вашето другарче на сајт за социјално вмрежување. Вие знаете дека вашето другарче не го користи тој сајт. Сметате дека тој профил мора да е негов лажен профил. Што ќе направите? (избери го најдобриот одговор)

А. Кажете му на вашето другарче за профилот, за да може да побара помош од некој возрасен да му помогне да го пријавипрофилот, бидејќи е лажен.

Б. Кажете му на вашето другарче за профилот и помогнете му да се одлучи со кој да разговара за лажниот профил.

В. Кажете му на вашето другарче дека постои негов профил и нека се справи сам со ситуацијата.

Г. Станете пријател со профилот, за да се обидете да дознаете кој го креирал.

ПРАШАЊА

3. Вашето другарче поставило шеговит коментар на онлајн видео. Но коментарот ги вознемирил личности кои се на видеото? Што треба да направи за да ја поправи ситуацијата? (избери го најдобриот одговор)

А. Пријави го своето другарче на веб страната на која е поставено видеото. Кога ќе биде избришан коментарот, никој нема да го гледа.

Б. Направете друга лоша шега, тоа би можело да го смени мислењето и расположението!

В. Разговарајте со вашото другарче, за да сфати дека со својот коментар ги навредил и вознемирил личностите. Советувајте го да го избрише коментарот и да им се извини на другите.

Г. Вклучете се во конверзацијата и објаснете дека вашето другарче не сакало никого да навреди или вознемири.

ПРАШАЊА

4. Твоето другарче ти кажува дека пронашло одличен веб-сајт, кој можеш да го користиш за да ја изработиш својата домашна задача. Го разгледуваш сајтот и твојата помисла е дека информациите кои се наоѓаат на него не се точни. Што треба да направиш? (избери го најдобриот одговор)

А. Советувај своето другарче да не го користи Интернетот за домашна работа. Што има лошо во користењето на библиотеката, енциклопедии и сл.?

Б. Секогаш кога пребаруваш онлајн, користи повеќе веб-сајтови за да ја провериш точноста на информациите. Потсети го своето другарче да проверува се што смета дека е безбедно или точно. Ако е потребно, разговарајте со некој возрасен за проверка на информациите.

В. Не превземај ништо. Остави го другарчето да учи од сопствените грешки!

Г. Посочете му на своето другарче, дека при пребарување на Интернет, треба да ја побара истата информација на два веб-сајтови.

ПРАШАЊА

5. Добиваш покана за пријател од личност за кој си слушнал, но никогаш се немаш запознаето со неа. Таа е пријател на твое другарче. Дали ќе ја потврдиш поканата за пријател? (избери го најдобриот одговор)

А. Се разбира! Сигурен си дека твојот пријател не би имал за пријател некој кој е странец за него.

Б. Ќе ја прифатиш поканата, па потоа ќе му поставиш неколку прашања за да се одлучиш дали ти се допаѓа и дали сеуште сакаш да останеш онлај пријател со него.

В. Разговарај со вашото другарче, за да дознаеш каква личност е тој. Ако вашето другарче каже убави зборови за него, тогаш прифати ја неговата покана.

Г. Не ја прифаќај поканата! Иако твоето другарче го познава, тоа не значи дека треба да имаш доверба во него за да му овозможиш пристап до твоите лични оналајн информации.

ПРАШАЊА

6. Со твоето најдобро другарче сте си ги споделиле лозинките. Забележуваш дека „не му оди најдобро“ во multiplayer играта коjа ја играте и сакаш да ми помогнеш да стане подобро? Што ќе направиш? (избери го најдобриот одговор)

А. Разговарај со другарчето за личните податоци и нивното споделување. Креирајте нови лозинки и разменувајте си совети за играта.

Б. Уверете го дека „му оди супер“ и дозволете му да поигра од вашиот профил, за да се почувствува подобро и победнички.

В. Тајно побарајте од останатите пријатели да играат лошо, за да се чувствува подобро вашето другарче.

Г. Логирај се како твоето другарче и пробај да постигнеш многу лош резултат. Тоа ќе биде многу забавно!

ПРАШАЊА

7. Ти пристигнува е-маил од некое познато другарче, со прикачена фотографија. На фотографијата е ученик од твојата генерација, на која ученикот прави несоодветни работи. Сигурен си дека тој, не знае дека таа фотографија е испратена на многу соученици. Што ќе направиш во оваа ситуација? (избери го најдобриот одговор)

А. Ќе го избришеш е-маилот. Твоите родители ја знаат лозинката и не сакаш да ја видат фотографијата.

Б. Поставија онлајн фотографијата, за да можат да ја видат и другите ученици.

В. Раскажете му на некој возрасен за фотографијата. Знаеш дека личноста која е на фотографијата кога ќе дознае ќе биде вознемирена, па затоа ќе треба некој да и помогне.

Г. Кажи и на личноста чија фотографија е испратена насекаде. Не сакаш да бидеш понатаму вмешан, тоа прави да се чувствуваш непријатно.

ПРАШАЊА

8. Твојата омилена група на интернет го поставува својот последен сингл. Превземањето на синглот чини само 100 денари, но твоето другарче го превземало (download-ирало) бесплатно. Што ќе направиш ти? Што е правилно? (избери го најдобриот одговор)

А. Ќе им кажеш на своите родители дека си го пронашол/ла синглот бесплатно. Ако тие ти дозволат, ќе го превземеш го синглот.

Б. СУПЕР! Ќе го превземеш бесплатно. Зошто да даваш пари?!?.

В. Објасни му на своето другарче дека бесплатното превземање на песните, кога треба ти се купат, многу често е кршење на авторските права. А бесплатното превземање може да го зарази компјутерот со вируси.

Г. Знаете дека бесплатно симнување често имаат досадни реклами, така што 100 ден., не се премногу.

ПРАШАЊА

9. Твоето другарче веќе извесен период разговара (четува) со онлајн пријател и ти кажува дека имаат многу заеднички нешта. Тие сакаат да се сретнат и веќе имаат договорена средба. Што ќе го посоветуваш своето другарче? (избери го најдобриот одговор)

А. Кажи му на своето другарче да не оди само на средбата, туку да оди со уште едно другарче.

Б. Советувајте го да каже на некој возрасен за овој онлајн пријател. И никогаш повеќе да не разговара со него, онлајн.

В. Ти си премногу зафатен, со сопствени активности, така да немаш премногу време да се вклучуваш.

Г. На своето другарче кажи му да се сретнат на јавно место, за да бидат забележани и од други луѓе.

ПРАШАЊА

10. Како можеш да бидеш добар пријател со другите на Интернет? (избери го најдобриот одговор)

А. Постирај засрамувачки фотографии од своите пријатели, за да можат сите да насмеат... Така сите ќе имаат интересни спомени!

Б. Памети ги родендените на своите пријатели и испраќај им електронски честитки секоја година.

В. Покажи им како да ја направат својата домашна брзо, со копирање на информациите директно од интернет.

Г. Почитувај ги своите пријатели и своите врсници и размислувај за нивните чувства.

Let’s create a better internet together

Ви благодарам на вниманието!