cs global - hr Академија - инфо

14
HR ACADEMY CREATED BY HR PROFESSIONALS WITH LOVE AND PASSION FOR FUTURE HR LEADERS HR АКАДЕМИЈА КРЕИРАНА ОД HR ПРОФЕСИОНАЛЦИ СО ЉУБОВ И ПОСВЕТЕНОСТ ЗА ИДНИТЕ HR ЛИДЕРИ

Upload: koma-design-studio

Post on 09-Mar-2016

238 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

HR АКАДЕМИЈА КРЕИРАНА ОД HR ПРОФЕСИОНАЛЦИ СО ЉУБОВ И ПОСВЕТЕНОСТ ЗА ИДНИТЕ HR ЛИДЕРИ

TRANSCRIPT

Page 1: CS Global - HR Академија - инфо

HR ACADEMY CREATED BY HR PROFESSIONALS WITH LOVE AND PASSION FOR FUTURE HR LEADERS

HR АКАДЕМИЈА КРЕИРАНА ОД HR ПРОФЕСИОНАЛЦИ СО ЉУБОВ И ПОСВЕТЕНОСТ ЗА ИДНИТЕ HR ЛИДЕРИ

Page 2: CS Global - HR Академија - инфо

2|

e-mail: [email protected] [email protected]

www.csglobal.com.mk

Page 3: CS Global - HR Академија - инфо

|3

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

Бидете дел од есенската генерација на стручната Академија за управување и развој на човекови ресурси.

Сакате: ` Професија со голема иднина! ` Практично HR знаење со акцент на променливите барања! ` Гарантиран успех во кариерата! ` Зголемена мотивација на вработените во Вашата компанија! ` Одлично подготвен HR Оддел! ` Да вложите во програма за образование која ќе Ви гарантира максимален поврат на

инвестицијата! ` Да бидете дел од успешната мрежа на HR професионалци во Македонија!

Пријавете се до 24 септември 2010. Наставата започнува на 15 октомври 2010 год.

Бројот на часови изнесува 300 како комбинација од настава и работа со присуство и самостојно учење и работа од дома.

HR менаџер, HR директор, HR специјалист, HR асистент, Одговорен за селекција и регрутација на кадар, Одговорен за обука и развој, Одговорен за плати и бенефиции... се само дел од позициите кои може да ги работите по завршување на HR Академијата™

*Постои можност за посета на поедините модули.

Содржините се прилагодени на учесниците. Тие се практични, со индивидуални и тимски задачи, како и дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнис опкружувањето.

HR практики со интензивен, практичен и интерактивен пристап, единствен во Македонија. Ви ја отвораме вратата за успешна професионална кариера.

Page 4: CS Global - HR Академија - инфо

4|

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

МОДУЛ 1: СТРАТЕШКИ HR МЕНАЏМЕНТ

Првиот Модул е вовед во областа на управување и развој на човекови ресурси и ја опфаќа целосно оваа функција во организацијата. Стратешкиот пристап е главен акцент како дел од комплетниот бизнис развој на една организација.

Во овој Модул се обработуваат актуелните трендови и барања на современиот менаџмент.

Теми во овој Модул: ` Вовед во HRM ` Стратешко управување ` Организација на функцијата во една организација ` Улога на менаџерот на управување и развој на човекови ресурси и негови компетенции ` Организациска структура и поставеност (разбирање и апликација)

По завршување на овој Модул учесниците ќе знаат: ` Да анализираат предности и недостатоци на одреден облик на организациската

структура во функција на бизнис процесите, бизнис климата и опкружувањето; ` Да ја анализираат улогата и позиционирањето на функциите во организацијата; ` Да утврдат рамки за мерење на успешноста на HR функцијата во извршување на бизнис

стратегијата; ` Да ја дефинираат улогата на HR менаџерот и менаџментот во спроведување на процесот

на управување со човековите ресурси; ` Да изготват и да ажурираат описи на работни места за вработените.

HR Академијата© е структурирана во 9 Модули

Page 5: CS Global - HR Академија - инфо

|5

МОДУЛ 2: РЕГРУТАЦИЈА И СЕЛЕКЦИЈА

Вториот Модул е насочен кон процесите на регрутација и селекција во организацијата, како и на процесот по завршување на селекција и воведување на нововработениот во работата. Суштинските прашања се:

` Како оптимално и брзо да се дојде во компанијата до таленти? Како на најсоодветен и најбрз начин да се привлечат таленти во компанијата?

` Како процесот да биде транспарентен и ефективен? ` Како најдобро да се интегрира нововработениот во средината и да ја прифати

организациската култура?

Теми во овој Модул: ` Анализа на работна позиција ` Регрутација на кадар ` Процес на селекција ` Ориентација на нововработените

По завршување на овој Модул учесниците ќе знаат: ` Да планираат процес на регрутација и селекција; ` Да напишат профили за кандидатите и огласи; ` Како да привлечат најдобри таленти; ` Да изберат техники за процена на кандидати; ` Како да изберат соодветни тестови за различни позиции и профили; ` Ефективно да спроведуваат различни типови на структурирани интервјуа; ` Да ги дефинираат етичките и законските ограничувања во процесот на селекција.

МОДУЛ 3: ПРАВНИ АСПЕКТИ

Правните аспекти за професионалците кои работат во делот на управување со човекови ресурси а кои се неопходни за успешно делување. Овој Модул Ве подготвува за најважните страни од законската регулатива, Ви помага да ги идентификувате актуелните документи кои се задолжителни и Ви дава увид во правните регулативи кои важат во Република Македонија. Се работи на толкување на сите актуелни (позитивни) законски прописи и подзаконски акти поврзани со HR секторот.

Преземено од Global HRTM број 17/18, jули/aвгуст 2010

Исклучително е ва жно за еден HR ди рек тор да ги по зн ава сите сфери на HR. Едноставно, еден HR директор е онoлку успешен колку што до бро и подеднакво има зна ење од три те основни дела на HR-от: и опе ра ти вниот, и админи стра ти вниот (ра ботни односи, следење на закони) и финансискиот (плати, придонеси, бене фи ции...)

Дарко Гавровски, Директор за човекови ресурси и администрација во КАМ Маркети

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

Page 6: CS Global - HR Академија - инфо

6|

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

Теми во овој Модул: ` Законот за работни односи (измени

и дополнувања) 1.1. Што мора да содржи Договорот

за работа (определено, неопределено време),

1.2. Како да се заштитете при склучување и раскинување на договорите за работа,

1.3. Отказ од работа, суспензија од работа, материјална одговорност, дисциплински мерки.

1.4. Што е правната тежина помеѓу спогодба за раскин, оставка и отказ?

1.5. Систематизација, организациска шема и боледување

1.6. Како се изготвуваат решенија: за прераспоредување, за висина на плата, за задолжување со средства

1.7. Кога има право работник на: боледување, породилно, годишен одмор, принуден одмор, платено и неплатено отсуство

1.8. Актуелно: Технолошки вишок и отпремнини / Принуден одмор и надокнада од 70% 1.9. Што во случај на штрајк? 1.10. Имате или немате синдикат / однос HR – синдикат1.11. Што во случај да добиете тужба од работник?

` Потврди: за повреда при работа, редовен работен однос ` Законот за инспекција на труд – вашите должности, но и права при инспекција ` Изготвување на Опис на работни места (според ИСО стандарди) ` Концептот на Бруто плата, придонеси (целосно и скратено време) ` Закон за безбедност и здравје при работа: должности за обука, сертификати,

правилници и еколошки елаборати ` Закон за спасување ` Закон за мирно решавање на работните спорови ` Закон за архивирање, кадровска евиденција – како да ги средите досиеата на

вашите работници ` Општ колективен договор од стопанството Што мора да знаете и применувате од

Општиот Колективен Договор? ` Гранкови колективни договори

Според мене HR Менаџерот треба да исполнува 3 приоритетни функции. Првата како советник на нај високото раководство на компанијата, втората ка ко мотиватор и коорди­на тор на вработените и третата како кому­никациска нишка помеѓу обете страни. Луѓето кои самоиницијативно вложуваат дополнителни напори и внесуваат нови идеи во редовните работни задачи, се истите луѓе со најдобрите резултати зад нив.Преземено од Global HRTM број 15, мај 2010

Елена Маркоска, HR Менаџер Кејблтел ДООЕЛ Скопје

Личната надградба на HR

Менџерот во било која

форма на едукација, фор­

мална или неформална,

секогаш ќе го носи еден чекор

по блиску до најдобриот HR

професионалец, а компа­

ни јата ќе биде уште едно

скалило повисоко и поблиску до најдобрите.

Преземено од Global HRTM број 15, мај 2010

Сузана Костова, HR Менаџер Штедилница

МОЖНОСТИ

Page 7: CS Global - HR Академија - инфо

|7

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

По завршување на овој Модул нема да бидете правници во организацијата, но ќе: ` Имате познавања од Законот за работни односи и останатите релевантни закони; ` Може да ги подготвите и водите Досиејата на вработените; ` Ги знаете надлежностите на институциите во државата;

МОДУЛ 4: МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ И ЗАДОВОЛСТВО ОД РАБОТА

Теории за мотивација на вработените и нивна примена во праксата. Учесниците ќе научат како да поставуваат системи за мотивација на вработените со алатките за мерење на задоволство од работа.

Теми во овој Модул се: ` Мотивација ` Мерење на задоволство од работа ` Системи за мотивирање поврзани со развој на кариера и мотивација ` Организациска култура

По завршување на овој Модул ќе: ` Имате познавања за различните пристапи во мотивација на вработените; ` Знаете самостојно да поставите Анкета за испитување на задоволството од работа, да ја

евалуирате и резултатите да го претворите во акции; ` Може да работите на одржување и промовирање на организациската култура, нејзина

комуникација во самата компанијата и надвор од неа креирајќи притоа соодветна подлога за креирање на лојалност и привлекување на таленти.

Page 8: CS Global - HR Академија - инфо

8|

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

МОДУЛ 5: РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ

Модулот за развој на вработени се фокусира на иновативни идеи и практики за развој и усовршување на вработените, како и за начин на поставување на „организација која учи”. Дел е посветен на обука на вработените, coaching и менторство.

Теми во овој Модул се: ` Анализа на потребите од развој на вработени ` Обука на вработени, coaching и менторство ` Talent Management ` Knowledge Management ` Поставување на интерни програми за обука,

како и интерни обучувачи ` Succession planning

По завршување на овој Модул ќе може да: ` Поставите процедури за развој на кариера на

вработените; ` Дефинирате процедури за јасно разликување

на стручното и менаџерското напредување; ` Процените трошок и да ја знаете вредноста на различните методи за развој; ` Дефинирате индивидуален план за развој на вработените според потребите; ` Ги дефинирате клучните елементи во процена на таленти и составот на управување со

нивниот развој; ` Аргументирате потенцијални пречки и да воведете начин на планирање на наследници; ` Да ја задржите целата база на знаење (know-how) на вработените и по нивното

заминување од компанијата ` Воведете и користите coaching и менторство во компанијата; ` Направите избор на обучувачи, провајдери за обука, како и консултанти преку различни

пристапи (еднократни повици, рамковни договори и слично);

МОДУЛ 6: ПЛАТИ, НАГРАДУВАЊЕ И ФИНАНСИСКИ АСПЕКТИ

Финансиските аспекти се во преден план на овој Модул. Учесниците ќе се запознаат со различните типови на плати и наградување на вработените. Дел е посветен на законските барања, структурите на плати, но се работи и на нефинансиско наградување.

Генерално секој ме-наџер треба да ги поседува карактеристиките на оваа професија, односно да има способност да управува со човекови ресурси. Развивајќи ги човековите ресурси, ја градиме визијата и ја остваруваме мисијата на компанијата. Сите оние кои ќе се одлучат да работат директно за унапредување, развој и усовшување на човековите ресурси, треба да бидат длабоко уверени, насочени и посветени кон остварувањето на целите на компанијата, како и мотивирање на вработените за поистовету-вање на своите цели со целите на компанијата.Преземено од Global HRTM број 2, април 2010

М-р Родна Турновалиева, Директор на оддел за човечки ресурси во ТТК Банка

Менаџерите за човекови ресурси треба да се пред се

луѓе кои зрачат со доверли-вост, стабилност и многу

позитивна енергија која секогаш се подготвени да ја поделат со другите.

Улогата на секој менаџер во човекови ресурси е да ги

заштити интересите на компанијата, грижејќи

се притоа да ги одржи задоволствата на вработе-

ните и нивната мотивација на промените. Преземено од Global HR TM број 15, мај 2010

Јелица Ивановска, HR Менаџер во Џонсон Контролс

Page 9: CS Global - HR Академија - инфо

|9

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

Теми во овој Модул: ` Плата, придонеси и административни

аспекти ` Системи за наградување на вработени ` Буџети за вработени ` Финансиски планови за обука ` Пресметување на ROI од обука ` Финансиски извештаи

По завршување на овој Модул ќе: ` Имате увид во финансискиот дел на HR функцијата; ` Може да читате финансиски извештаи; ` Да изготвувате финансиски планови за плати,

наградување на вработените; ` Да аргументирате состав и динамика на

дополнителни награди; ` Бидете способни да работите на планирање на обуки

и да пресметувате поврат на инвестиција од обука.

МОДУЛ 7: PERFORMANCE MANAGEMENT

Овој Модул е наменет за областа на следење на работната успешност на вработените, која е една од најслабите алки во голем број на организации. Од овој Модул ќе добиете знаење за вистинско поставување на систем за следење на успешноста, дефинирање на модел на компетенции и практични процедури за имплементација во праксата. Целта е брзо и ефикасно поставување за да се добие поголема ефективност и да се спречи флуктуација на вработени.

Теми на обуката: ` Компетенции, очекувања и работни стандарди ` Распоред на работни задачи ` Процена на работата ` Предности и недостатоци од различни модели ` 3600 Feedback ` Разговор за оцена на перформансот ` Поставување на цели ` Дефинирање на повратните информации и резултатите

Многу нешта би можеле да се набројат како одговор на ова пра шање, но по речиси 4 го-дини работа на оваа позиција, во една екстремно динамична и брзо растечка компанија, мојот одговор би бил многу личен - треба да се сака да се работи со луѓе, да се биде организиран, но и приспособлив. Треба постојано да се учи и да се надградува во оваа област, да се прошируваат хоризонтите затоа што оваа област нема гра-ници, треба постојано да се биде подготвен на неочекуваното, кое неретко се случува, да се чув-ст вува тоа што не е навидум видливо, да се биде интуитивен, а, секако, и фантазер.Преземено од GlobalHRTM број 5/6, август 2010

Маја Николова, HR менаџер Сеавус

Еден професионалец за HR мора да ја разбира де-јноста на компанијата за да биде способен да ги предвиди промените на потребите на пазарот. Втората работа е приспособливоста, менаџерот на HR мора да ги приспособи визијата и потребите на компанијата на реалноста. Третата вештина е да се соочува со луѓето и да биде способен да ги прочита, да ги дефинира нивните потреби и очекувања. Целта е да им се даде комплетна организациска подршка за да има се дозволи да работат.Преземено од Global HRTM број 9, ноември 2010

Catherine Huc, HR консултант

Page 10: CS Global - HR Академија - инфо

10|

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

По завршување на овој Модул учесниците ќе: ` Умеат да дизајнираат и да спроведат процес на дефинирање на клучните бенефиции и

специфични компетенции; ` Знаат да ја анализираат корисноста на дефинираните клучни компетенции во однос со

моделот на работна улога и другите модели; ` Можат да постават 3600 Feedback; ` Бидат во состојба да организираат процес на редовна повратна информација за

работната успешност.

МОДУЛ 8: HR АУДИТ И HRIS

HR аудитот претставува сеопфатна анализа на процесот на управување со човекови ресурси со цел да се добие детален и структуриран увид во начинот на управување со човекови ресурси. Сето ова со јасни показатели на критичките точки. Овој Модул Ви дава систематизирано знаење како да го анализирате квалитетот на управување со човекови ресурси, потоа работа на студии на случај од праксата. Дел е посветен на информатички системи за управување и развој на човекови ресурси.

Теми во овој Модул: ` HR аудит ` Потреба, видови и избор на HRIS

По завршување на овој Модул учесниците ќе: ` Знаат критички да ги разгледуваат HR процедурите и политиките во работното

опкружување;

Page 11: CS Global - HR Академија - инфо

|11

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

` Може да ја проценат применливоста; ` Знаат да направат процена на воведување

на одредени промени, ако се потребни; ` Бидат во состојба да аргументираат примена на различни HR модели во конкретното

работно опкружување; ` Знаат да направат процена на потреба од HRIS, да ги дефинираат барањата и да постават

критериуми за избор на понудувач.

МОДУЛ 9: АНГЛИСКИ ЗА HR ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Познавањето на англискиот јазик е од огромно значење за развој на успешна кариера во сферата на HR. Сепак, покрај основите на јазикот, тука е и потребата од познавање на специфични зборови, фрази, начини на изразување и комуникација кои се во широка употреба меѓу HR професионалците во целиот свет.Овој модул има за цел да Ве води низ целата програма – на англиски јазик.Темите во овој модул се главно дизајнирани како резиме на часовите во текот на една седмица, ‘преведени‘ на англиски јазик.

Теми во овој Модул: ` Биографија - CV ` Опис на работно место ` Огласување, селекција и регрутација ` Подготовка и водење на интервју за работа ` Развојни пракси во HR ` Справување со проблеми ` Договор за работа ` Плати и наградување ` Обуки

Професијата човечки ресурси станува особено актуелна во нашата држава актуелизира­јќи го и прашањето за тоа кои се најважните карактеристи­ки што треба да ги има еден мена џер за човечки ресурси. По­крај едукативната подготвеност што треба да ја има еден менаџер за човечки ресурси, особена важност е, пред се, да биде добар во комуни­кацијата, имајќи во предвид дека клиенти на еден сектор за човечки ресурси се токму луѓе­то, односно вработените во таа компанија. Од секој менаџер за човечки ресурси исто така се очекува да биде стабилна личност, исполнета и креативна.

Јана Цветковска – Трајанова, „Макстил“ АД

Преземено од Global HRTM број 7, септември 2010

Page 12: CS Global - HR Академија - инфо

12|

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

По завршување на овој Модул кој ќе биде постоја во текот на целата HR Академијата©, учесниците ќе:

` Поседуваат зголемен обем на вокабулар, специфичен за HR

` Можат да комуницираат на англиски јазик на професионално ниво

` Можат да спроведуваат писмена коресподенција на теми од HR

` Можат активно да учествуваат на семинари, конференции, работилници и друг вид на собири каде што англискиот јазик е официјален јазик на комуникација

` Имаат зголемено ниво на самодоверба за употреба на англискиот јазик вон училницата

Методологија на работаПрограмата за HR Академијата© е дизајнирана да може преку настава со присуство се обезбеди максимално практично знаење и подготовка на HR професионалците.

Предавачите на секој модул се експерти во својата деловна областа со долгогодишен професионален ангажман во областа во која работат, со работно и консултантско искуство во интернационални компании и предавачи на високо образовни институции.

Учесниците имаат задолжително присуство на 75% од 9те Модули и се води дневник на присуство заради обезбедување на квалитетот. Дополнителните задачи кои треба да ги работат се документираат во Досието на секој учесник.

CS Global HR ACADEMY© го применува менторскиот пристап. Секој учесник има можност за консултации со својот ментор за времетраење на процесот на учење. На располагање стои и административен координатор за учесниците за сите останати прашања кои не се поврзани со содржината.

Во текот на наставата со учество ќе бидат присутни и гости предавачи кои ќе го пренесуваат своето практично искуство поврзано со темата во тој Модул.

Сите имаат пристап до база на знаење потребна за завршување на Академијата и добиваат бесплатен пристап до електронското издание на порталот Global HR™ www.globalhr.mk.

Секој учесник кој успешно ќе заврши добива Сертификат од CS Global HR ACADEMY© и лична препорака.

Иако HR функциите се исти,

за да може да се остварат

ре зулта ти и да се применат

соодветни реше нија и HR ала­

тки, неопходно е да се по з­

нава бизнисот, вклучувајќи го

и деловното опкружување ка ко

и организациската култура. Друга ва жна ка рак­

терис тика според мене е способ

носта за кон цеп­

ту ализација, која можеби како компетенција спаѓа

во визи онерството, и се одне

сува на способнос та да

се предвиди исходот или резултатот којшто во

моментот не постои и да се биде фокусиран кон

ид нината. И како последна, но не п

омалку важна

би ја истакнала флексибилнос та, иновативноста и

подготвеноста на постојани промени.

Преземено од Global HRTM број 13/14, март/април 2010

Ангела Ристова,

HR менаџер, Охридска Банка

Page 13: CS Global - HR Академија - инфо

|13

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

Временски распоред

Модул 1 Стратешки HR менаџмент 15 до 17 октомври 2010

Модул 2 Регрутација и селекција 19 до 21 ноември 2010

Модул 3 Правни аспекти 17 до 19 декември 2010

Модул 4 Мотивација на вработени и задоволство од работа 21 до 23 јануари 2011

Модул 5 Развој и обука на вработени 18 до 20 февруари

Модул 6 Плати, наградување и финансиски аспекти 11 до 13 март

Модул 7 Performance Management 15 до 17 април 2011

Модул 8 HR Аудит и HRIS 13 до 15 мај 2011

Модул 9 Англиски за HR професионалци 15 октомври 2010 до 15 мај 2011

Наставата со присуство е вкупно 190 часа. Проценето време за самостојна работа и изработка на вежби е 110 часа.

Page 14: CS Global - HR Академија - инфо

14|

cont

act@

hrac

adem

y.co

m.m

k | w

ww

.hra

cade

my.

com

.mk

Модулите 1 до 8 се петок од 17 до 20 часот, сабота и недела од 09 до 16 часот.

Модулот 9 се одржува еднаш неделно попладне во текот на секоја работна недела од 15 октомври 2010 до 15 мај 2011.

Услови за запишувањеЦС Глобал HR Академијата© е отворена за сите заинтересирани кои:

` Имаат завршено средно образование (4 годишно) или факултет ` Имаат познавање од англиски јазик ` Умеат да работат на компјутерски програми за обработка на текст, табели и користат

интернет ` Сакаат да се стекнат со практично знаење и Сертификат

Износ на HR Академијата© е 1900 Евра во денарска противвредност. Во износот е вклучена целосната школарина, материјалите за учење, сите книги и електронските ресурси.

За студенти со заверен семестар и невработени лица следуваат попусти. Можност за стипендии на лимитиран број на кандидати!

Ве молиме да не контактирате за да Ви дадеме конкретна информација за специјалните попусти и стипендии за 2010/2011.

тел. 02/3290-540 | 02/3290-544e-mail. [email protected] web. www.hracademy.com.mk

Преку ТТК Банка, имате можност за плаќање преку Индекс кредит за школување со поволни каматни стапки и без жиранти за приматели на плата преку Банката. За повеќе информации јавете се во CS Global или во ТТК Банка, 02/32 36 400, www.ttk.com.mk