colon cancer1

9
Третмански опции За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори, како на пример: големината, локализацијата и проширеноста на туморот, односно стадиумот на болеста, градусот на туморот, возраста на пациентот, неговата општа состојба и други фактори. Секој пациент треба да се разгледува одделно и да се избере најдобрата тераписка опција за него. Расположиви тераписки опции за карциномот на дебелото црево се: 8

Upload: diana-naumcevska

Post on 02-Apr-2015

75 views

Category:

Documents


15 download

TRANSCRIPT

Page 1: colon cancer1

Третмански опции

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се

разгледуваат многу фактори, како на пример: големината, локализацијата и

проширеноста на туморот, односно стадиумот на болеста, градусот на туморот,

возраста на пациентот, неговата општа состојба и други фактори. Секој пациент

треба да се разгледува одделно и да се избере најдобрата тераписка опција за него.

Расположиви тераписки опции за карциномот на дебелото црево се:

8

Page 2: colon cancer1

Хируршки третман - Хирургијата има важна улога во третманот на карциномот на

дебелото црево. Ова е најчеста тераписка опција за карциномот на дебелото црево.

Неоходно е пред оперативниот третман да се направи внимателна проценка на

проширеноста на болеста, како и на општата состојба на болниот

Локална ексцизија:Доколку ракот се открие во многу рана фаза,може да се отстрани

без сечење низ стомачниот ѕид.Наместо тоа, може да постави на цевка низ ректумот

во колонот и така да се извади ракот однадвор.Ова се вика локално засечување.Ако

ракот се открие во полип (мала парче ткиво),операцијата се нарекува polypectomy.

Ресекција: Ако ракот е поголем, се врши делумна colectomy (отстранување на ракот

и мала количина на здраво ткиво околу него). Потоа може да се изврши anastomosis

(шиење на здрави делови на дебелото црево заедно).Исто така, ќе се отстранат и

некои лимфни јазли кои го дренираат отј дел од дебелото црево кои подоцна се

испитуваат под микроскоп за да се види дали тие содржат рак.

Ресекција и колестомија: Доколку не може да се зашијат двата краја на дебелото

црево заедно, се прави stoma (отвор) на абдоменот се цел отпадот да излегува

надвор. Оваа постапка се нарекува colostomy. Една кеса се наоѓа околу стомата за да

се собере отпадот. Понекогаш colostomy е потребно само додека не се спојат двата

краја на цревото и потоа се вади, но понекогаш може да остане засекогаш.

Радиофрекциона аблација: Се користи специјална сонда со мали електроди кои ги

убиваат клетките на ракот. Понекогаш сондата се вметнува директно преку кожата и

само локална анестезија е потребно. Во други случаи,е поставена преку засекување

во стомакот. Ова се прави во болница со општа анестезија.

Криотерапија: Се користи инструмент за замрзнување и со тоа се уништуваат

ненормалното ткиво, како што е in situ карцином. Овој вид на лекувањето исто така

се вика cryotherapy.

Предоперативната постапка подразбира и соодветна подготовка која вклучува

„чистење“ на цревото, примена на антибиотска терапија, како и соодветни мерки кои

ќе го превенираат настанувањето на длабока венска тромбоза.Иако, комплетна

стерилизација на цревото не може да се постигне, механичкото прочистување, кое се

остварува со диета и пиење на магнезиум сулфат, е од голема корист.

Предоперативното профилактично давање на антибиотска терапија е од корист во

спречувањето на развојот на сепса, компликацја која често се надоврзува при

операциите на цревниот тракт. За постигнување на соодветен ефект,потребно е да се

9

Page 3: colon cancer1

постигне адекватна концентрација на антибиотикот во крвта. Се избира антибиотик

со широк спектар на делување, кој е ефикасен за повеќе групи на бактерии. болниот

истовремено има и некои пропратни интернистички заболувања потребно е тие

предоперативно да бидат соодветно лекувани и згрижени Пред да се пристапи кон

операцијата, неопходно е пациентот и неговите блиски да бидат добро и точно

информирани за оперативната процедура, што е посебно важно доколку се планира

поставување на колостома.(Прилог 22)

Радиотерапија - Улогата на радиотерапијата во третманото на карциномот на

дебелото црево не е сосема утврдена.Постојат податоци дека постоперативната

радиотерапија го намалува ризикот од појава на локален рецидив во случаите каде

постои голем ризик, меѓутоа тие податоци се резултат само на поединечни студии.

Главен проблем при спроведувањето на зрачната терапија претставува осетливоста

на соседните органи и структури на зрачењето.Со примена на прецизни техники на

планирање и позиционирање, овој проблем би можел донекаде да се ублажи.Сепак,

рутинска постоперативна радиотерапија не се препорачува.Единствена индикација за

примена на радиотерапија во третманот е како палијативна терапија во случаите на

иноперабилна болест и при појава на локален рецидив.(Прилог 23)

Хемотерапија - Хемотерапијата има мошне ограничена улога во третманот на

карциномот на дебелото црево.Општо земено, одговорот на цитостатската терапија е

мал, иако кај поедини случаи може да се постигне добар симптоматски одговор.

Најдолго и најчесто применуван цитостатик е 5-fluorouracil.Постоперативната

(адјувантна) хемотерапија не дала задоволителни резултати. Во случаите на локално

напреднат и метастатски карцином, ниту еден цитостатик, или комбинација од

повеќе, не дале задоволителен одговор. Примената на цитостатици од новата

генерација (Irinotecan) самостојно, или во комбинација со 5-fluorouracil дава

значително подобри резултати.Новите студии објавиле дека комбинираната примена

на irinotecan и 5-fluorouracil дава сигнификантно повисок одговор на терапијата и

продолжување на животот на пациентот. (Прилог 24)

Таргет (целна) терапија–нова ера во третман на напреднати и метастатски карциноми

Откривањето повеќе информации за генетските промени во клетките коишто го

предизвикуваат ракот, им овозможи да се развијат нови лекови кои делуваат

конкретно на некој од овие промени.Овие целни лекови делуваат на подруг начин од

хемотераписки лекови и имаат различни пропратни несакани ефекти. Целните

10

Page 4: colon cancer1

терапии вклучуваат лекови кои го запираат создавањето на нови крвни садови кои го

хранат ракот и лекови кои го запираат растењето на канцерските клетки.Често се

користат како прва или втора линија на третман кај локално напреднатите и

метастазирани карциноми. Додека тие може да го намалат или забават растот,сеуште

не е јасно дали овие лекови може да го излечат ракот.12 (Прилог 25)

Терапија по стадиуми

Терапискиот пристап за карцином на дебелото црево е одреден, пред сè, од

стадиумот на болеста, односно, нејзината локална проширеност, лимфогеното и

хематогено метастазирање, дефинирани со pTNM класификацијата.(Прилог 26)

Стадиум I

Стандарден начин на лекување е оперативниот третман (хемиколектомија или

сегментна ресекција).Постоперативно системско лекување не е потребно поради

високиот процент на преживување.Петгодишното преживување на пациентите во

стадиум I, со адекватно оперативно лекување, изнесува 75-100%.

Стадиум II

Радикална хируршка ресекција.

Овие болни имаат полоша прогноза,слична како кај пациентите со стадиум III.

Пациенти не треба да се третираат рутински со адјувантна хемотерапија.

Во постоперативната постапка на пациентите се советува адјувантна хемотерапија.

Адјувантна хемотерапија може кај болни со незафатени лимфни нодуси.

Стадиум III

Петгодишното преживување на пациентите со стадиум III (T1-4 pN+ M0) е 30-50%.

Бројот на лимфните жлезди со метастатски депозити е важен прогностички фактор.

Пациентите со помалку од 3 позитивни лимфоноди имаат подобра прогноза отколку

оние со поголем број.

Стандардно лекување е радикална хируршка ресекција, по која се применува

постоперативна адјувантна системска хемотерапија.

Стадиум IV

СтадиумIV значи постоење на метастатска болест.Петгодишно преживување е 10%

Третманот зависи од локализацијата на метастатските промени.

Дијагнозата се потврдува со биопсија,

1 www.rak.mk2 www.wikipedia.com

11

Page 5: colon cancer1

КТ на бели дробови и други испитувања,зависно од присутната симптоматологија.

Третмански можности кај Стадиум IV

Хируршка ресекција на примарниот карцином.

Хируршка ресекција на локален рецидив.

Хируршка ресекција на изолирани (поединечни) метастатски промени.

Палијативна радиотерапија и хемотерапија

Следење по третман за рак на колон

Завршувањето со терапијата не значи и прекинување на грижата кон болниот.

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up). Следењето на

пациентот е од голема важност за рано откривање на рецидив или прогресија на

болеста.При контролните прегледи се зема детална анамеза за евентуално присутни

симптоми и знаци на болеста кај пациентот. Физикалниот преглед, исто така е

задолжителен. Се прават и рутински лабораториски испитувања, биохемиски

испитувања за одредување на функцијата на бубрезите и црниот дроб (уреа,

креатини, алкална и кисела фосфатаза, хепатални ензими, електролити). Исто така,

потребно е да се следат и туморските маркери во крвта (CEA, C 19-9). Секое нивно

покачување во крвта треба да се внимателно следи. Наглиот пораст на тумор

маркерите е индикација за дополнителни дијагностички испитувања. (Прилог 27)

Исто така потребни се и следниве испитувања:

Колоноскопија се прави 1 година по третманот, потоа на секои 3 години,

Ехотомографија на црниот дроб: секои 6 месеци -три години, а потоа 1 годишно,

Рендгенграфија на бели дробови:секои 6 месеци - три години, а потоа 1 годишно.3

ЗАКЛУЧОК:

Инциденцата на рак на дебело црево е различна во разлиочни популации.

Највисока е во земјите на Западна Европа и Северна Америка, а најниска во Азија,

Африка и Јужна Америка, со исклучок на Аргентина.Популацијата на земјите во

Источна Европа има средно висока инциденца.

Според податоците од Републичкиот завод за здравствена заштита на

Република Македонија за 2002 година, колоректалниот карцином е одговорен за 12%

3 www.rak.mk

12

Page 6: colon cancer1

од сите малигни заболувања во нашата држава и се јавува со инциденца од 25.7

случаи на 100.000 жители. 4

Никој не е имун на канцер, може да се победи ако рано се открие.Во денешно

време е еден од најлошите убијци во нашата земја,најповеќе поради нашата

неспособност да се справиме со него.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. Стручна литература

-Онкологија и палијативна терапија - Проф. Др. Петар

Стефановски

4 Онкологија и палијативна терапија - Проф. Др. Петар Стефановски

13

Page 7: colon cancer1

2. Интернет

-www.rak.mk

-www.wikipedia.com

14