ck manija! fevruari,2009

18

Upload: ck-manija-tim

Post on 29-Mar-2016

238 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

Во февруарското издание на ЦК Манија ќе читате: Трифун, Валентајн и Црвениот крст... светскиот ден на волонтерството... Тоше Камиларовски во Мали... младината во движење... сподели... искуство! И многу повеќе! :)

TRANSCRIPT

Page 1: CK Manija! fevruari,2009
Page 2: CK Manija! fevruari,2009
Page 3: CK Manija! fevruari,2009
Page 4: CK Manija! fevruari,2009

Резултатите од макотрпната работа на нашите млади волонтери, претставници на летниот камп ,,Friendship Without Borders“, конечно се на виделина и верувајте, изгледаат фантастично! Во случај да не се сеќавате за што ви говорам, мал ,,флеш-бек“: Во август во Сутоморе, Црна Гора, се оддржа летниот камп ,,Friendship Without Borders“; на кој имавме свои млади претставници. Овие волонтери, по враќањето од кампот, добија задача да ја продолжат својата мисија и да го применат знаењето, стекнато за време на летниот камп, за да направат пар микро-проекти. Имаа само 5 месеци за работа, а толку многу идеи и можности за работа. Сепак, под диригентската палка на нивниот микро

-безгранично-пријателски водач, Маја Атанасова, се е возможно! Се вратија во своите родни градови и се фрлија на работа. Младите од Демир Хисар спроведоа интересна идеја во пракса. Знаејќи од нивните минати искуства за слабата заинтересираност и ограничените можности што ги нуди секој помал град, решија да удрат три муви со еден удар. Тие самите успеаа да организираат и да им понудат на своите сожители неодолива филмска проекција во Домот на културата, и сосема очекувано ја наполнија целата сала.

На тој начин, тие собраа доволно пари за да му помогнат на едно свое сограѓанче,

ја ,,раздрмаа“ хуманата жичка кај заспаните демирхисарци и им

пружија културно издигнување. Досетливо, не?

Младите претставници на летниот камп ,,Friendship Without Borders“ ги откриваат своите карти

Што се може да предизвика еден летен камп?!

Микро проекти – макро ефекти!

Page 5: CK Manija! fevruari,2009

Ниту Охрид не остана покусо. Фокусирајќи се на една социјално загрозена шестчлена фамилија од селото Куратница и едно бездомно лице од Охрид, тие го направија она што младиот човек најдобро знае да го прави - да се забавува! Но, штом млади волонтери на Црвениот крст (а особено за претставници од летен камп како ,,Friendship Without Borders“) стојат зад забавата, сигурно претпоставувате дека не се работи за обична забава, туку за супер-добра-забава! Искористувајќи ги своите контакти, тие договорија забава во една од охридските дискотеки, со едноставна тема ,,Биди хуман... биди црвено-бел!“. Паметно користејќи ја моќта на медиумите (радиото, телевизијата, но и интернетот), младите волонтери од ООЦК - Охрид, за кусо време, успеаа да покренат таква медиумска

фама за својата забава, што резултираше со преполна дискотека со над 300 хумани млади луѓе, облечени во црвено-бела комбинација.

Дополнителен предизвик за охриѓани беше и лотаријата со главната награда седумдневен престој на Копаоник. Сепак, со лотарија или не, младите беа таму за да се потсетат на основниот принципi на дејноста на Црвениот крст: хуманоста. Нивното присуство таму значеше животно-важна помош за едно цело семејство и медицинска помош за уште еден човек, а зарем има подобра причина за прослава од оваа?! А талентите на младите струмичани блеснаа под рефлекторите на Домот на армијата. Тие организираа талент-вечерно шоу во вид на хуманитарна претстава. Со пар преговарачки вештини, добра

координација на факторите време, простор и маркетинг, полна сала и малку драмска магија, тие обезбедија училишни материјали за 13 социјално-загрозени ученици од основните училишта во нивниот град. И кога ќе се сумира целокупното значење на овие три микро-проекти, фактот дека директно им се помогна на 15 социјално загрозени фамилии, координираната активност на над 30 млади волонтери, масовната посетеност на јавноста и широката покриеност од медиумите, се ми се чини дека тоа ,,микро“ е само потценувачки епитет за ваков огромен резултат. И сево ова е поттикнато од еден летен камп - застрашувачки добро! За пофалба! ;) А што ново имате направено ВИЕ летово?

Page 6: CK Manija! fevruari,2009

Од 6 до 9 декември 2008 година, Црвениот крст на РМ се вклучи во одбележувањето на „Неделата за борба против трговија со луѓе“, која за прв пат годинава беше прогласена од

страна на Министерството за внатрешни работи и Секретаријатот на Националната

комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

Со подршка на Високиот комесаријат за бегалци во РМ-УНХЦР, Црвениот крст

подготви информативно едукативни материјали на македонски, албански и ромски јазик под мотото СТОП за трговијата со луѓе.

Едукативните материјалите, преку дванаесетте општински организации на

Црвениот крст, беа поставени на штандови за кои беа задолжени младите волонтери.

Бројни предавања на тема Трговија со луѓе, за младите волонтери на Црвениот крст и учениците од некои средни и основни

училишта, беа организирани од страна на Општинските организации на Црвениот крст

во Охрид, Битола и Куманово. Во склоп на активностите на Неделата, претставник на Црвениот крст зема

активно учество и во Националната работилница за ревизија и креирање на нов Национален акционен план 2009-2012. Меѓу другото, беа организирани и две информативно едукативни работилници за барателите на азил и волонтерите на Црвениот крст, кои беа проследени со посебен интерес. Големата заинтересираност на младите ја афирмирашe потребата од информираност за оваа проблематика.

Црвениот крст во борбените редови против трговија со луѓе

Недела за борба против трговија со луѓе

Едукативни материјали, предавања, дискусии активно проследени- Слика за интересот на младите за оваа проблематика и мотив за продлабочување на активноста во

наредниот период

Page 7: CK Manija! fevruari,2009

Трговија со луѓе - модерен облик на ропство

Денес во 21 век трговијата со луѓе се

случува низ целиот свет и која за жал е во пораст.

Тоа е најсурово кршење на човековите права со цел експлоатација на човечковиот труд и човечковото тело во форма на сексуално искористување, присилна работа, присилни и лажни бракови, трговија со органи итн.

Трговците со луѓе насилно регрутираат жртви преку закани, злоупотреба на физичка или ментална неспособност, принуда, киднапирање, а притоа зад кулисите се скриени сомнителни агенции, лажни огласи, интернет страни, кои нудат работа во најразлични примамливи форми. Преку лажни ветувања ја мамат жртвата и потоа ја купуваат и продаваат

како „стока“, насилно ја принудуваат да работи и се закануваат дека ќе му наштетат на нејзиното семејство. На жртвите им се одземаат патните документи поради т.н. контрола од страна на трговците, а потоа тие се едноставно препуштени во нивните безмилосни раце.

Најчесто жртви се жени и девојки од мали рурални средини и сиромашни региони, кои се невработени, но сепак не може да се направи точен профил на потенцијалната жртва. Да настрада може секој: маж, жена или дете независно од образованието, возраста, верската припадност. Жртвите притоа трпат прекршување на основните човекови права, како правото на живот, слобода, работа, образование, достоинство, сигурност, еднаквост, здравје.

Да го подигнеме нивото на свест и да ги впрегнеме силите заедно, да се избориме и да ги скинеме синџирите на трговијата со луѓе.

Вкупно 2987 учесници беа дел од работилниците на Младите на Црвениот крст на Република Македонија

Одржани 118 работилници за превенција од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции

Во периодот декември 2008 до јануари 2009 година, преку 26 општински организации на Црвен крст на Република Македонија и Црвен крст на град Скопје, обучените пиер-едукатори одржаа вкупно 118 работилници во средните и основните училишта за превенција од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции, при што на работилниците учествуваа вкупно 2897 учесници.

Пред почетокот на секоја работилница пиер-едукаторите го проверуваа знаењето на учесниците во областа на превенција од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции и беше забележано дека тоа изнесува 51 процент.

По завршувањето на секоја работилница, повторно беше проверувано знаењето на учесниците, при што беше констатирано покачување од 10,5 проценти, односно изнесуваше 61,5 проценти.

Работилниците за превенција од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции беа последна фаза од проектот поддржан од Шпанскиот црвен крст, а реализиран од Младите на Црвениот крст на Република Македонија.

Page 8: CK Manija! fevruari,2009

Младината во движење. Да направиме повеќе. Да направиме подобро. Да достигнеме подалеку.

Youth on the move. Doing more. Doing better. Reaching further

Третиот светски младински собир на Црвениот крст и Црвената

полумесечина: „Младината во движење“ ("Youth on the move") Третиот светски младински собир на Црвениот

крст и Црвената полумесечина ќе се одржи во Солферино, Италија, од 23 до 28 јуни, 2009. Околу 600 млади активни репрезенти од целиот свет ќе се здружат за да научат, да споделат и да дискутираат за сегашните и идни хуманитарни предизвици.

Паролата на овој светски собир: „Младината во движење. Да направиме повеќе. Да направиме подобро. Да достигнеме подалеку.“ сака да го нагласи повикот за акцијата за соочување со нови хуманитарни предизвици, подобрата подготовка со цел да се зголеми бројот на млади волонтери, да се подобрат и унапредат програмите за младината и да се биде близу до заедниците за подобрување на животите на ранливото население. Темите пак на организираните тренинзи и работилници ќе бидат во сооднос со целите на Глобалната Агенда на Движењето на Црвениот крст.

Секое национално друштво може да испрати по 4 младински претставници според следните критериуми: Двајца млади активни волонтери кои ја задоволуваат квалификуваната основа во програмите на заедницата, кои се на возраст помеѓу 18 и 25 години, активно говорат англиски јазик, кои ќе чувствуваат обврска и способност за активно учество на темите од работилниците и ќе бидат лојални и ќе ја исполнат својата обврска за сочувување и распространување на стекнатите информации назад во своето Национално друштво. Еден национален младински лидер (18-30 год.): да говори англиски јазик, да биде член на раководните тела или претставник на младината на национално ниво, да поседува широко искуство во работата на Црвениот крст и Црвената полумесечина на сите нивоа. Еден млад возрасен човек (како 4-ти учесник, трошоците за младите возрасни луѓе мораат да бидат покриени од страна на Националното друштво, 18-35 год.): добро да го познава англискиот јазик и да биде одговорен за младинскиот развој на национално ниво.

Црвен крст на Република Македонија кон крајот на овој месец, на својата веб страна ќе објави повик за пријавување на заинтересираните волонтери за учество во овој настан со сите услови и критериуми.

Сместувањето за настанот ќе биде во т.н. Хуманитарно село, кое ќе претставува шаторска населба поделена во седум групи, насловени по принципите на Движењето. Учесниците кои сакаат да се сместат во хотел, преку интернет можат да резервираат соба во некои од хотелите во околината близу кампот. Учесниците пак кои повеќе би сакале да кампуваат во свои шатори, или приколки,организаторите на располагање го одредија кампот Лидиа кој се наоѓа во Кастилјоне (Castiglione delle Stiviere) на 8 километри од Солферино, додека сите настани и активности ќе се одржат во Хуманитарното Село, во Солферино.

На 27 јуни, само еден ден пред завршувањето на кампот во Фиаколата (Fiaccolata), ќе се одржи добропознатата поворка со запален факел, која ја следи истата патека како и медицинските сестри, кои носеле ранети војници од бојното поле на Солферино до првиот медицински центар во Кастилјоне (Castiglione). Со тоа ќе биде затворена комеморацијата на Солферино.

Page 9: CK Manija! fevruari,2009

Младината во движење. Да направиме повеќе. Да направиме подобро. Да достигнеме подалеку.

Youth on the move. Doing more. Doing better. Reaching further

Покрај учесниците на „Младината во движење“ и Хуманитарното Село, илјадниците волонтери од големиот број Национални друштва, исто така ќе имаат можност да ја изодат патеката долга 10 километри, држејќи факли и означувајќи го хуманитарниот дух со секој

поминат чекор. Почнувајќи од 1992-та,

па секоја година наваму, илјадници луѓе партиципираат во овој силно влијателен и предизвикувачки настан, кој оваа година, повеќе од кога било, ќе биде одбележан со многу значителни моменти. Овој настан ќе претставува

важна здружувачка инвестиција во нашиот глобален хуман капитал за сегашна успешна реализација, идно развивање и успешен прогрес, кој ќе биде забележан и на Интернационалната конференција во 2011.

2009-та ќе биде година од фундаментална важност за целото Интернационално

движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Оваа година ќе биде проследена со бројни

годишни прослави, кои не само што ја одбележуваат историската важност на

најголемата светска хуманитарна организација, туку и ја зајакнуваат

идеата за денешните и идни предизвици.

Во 2009-та ќе биде одбележана 150-годишнината од раѓањето на идејата на Анри Динан (Henry Dunant), 90-годишнината од формирањето на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина и 60-годишнината од Женевската конвенција.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Италијанскиот црвен крст решија да организираат серија настани, кои ќе го слават раѓањето на идејата за Движењето изградено врз 7 принципи и каде моќта на поединецот може да влијае во менувањето на светот, но во исто време и да ја промовира повторно истата идеја, во

светот обележан со нови предизвици и хуманитарни потреби, со цел да ги повика волонтерите.

Прославата Солферино 2009-та, на кои ќе дојдат 7000 луѓе од 186 Национални друштва, ќе се одржи од 23 до 28 јуни 2009 година во Солферино, провинцијата во Мантова, каде што се и случила познатата битка.

Главни настани ќе бидат „Младината во движење“ ("Youth on the move"), интернационален собир на кој ќе се одржи обука за 600-тина млади волонтери за во иднина да бидат подготвени да се соочуваат со хуманитарните предизвици. Потоа „Хуманитарно село“ каде делегации од сите Национални друштва ќе ги донесат нивните вештини и најдобрата пракса во четирите основни области (подготвеност и дејствување при катастрофи, здравствена и социјална грижа, градење на капацитети и принципи и вредности). Сите настани ќе се завршат и ќе се придружат едни на други на 27

-ми , во Фиаколата, со добропознатиот процес на палење факел од Солферино до Кастилјоне. Од 28 јуни до 3 јули некои од младите волонтери, кои зеле учество во „Младината во движење“, ќе партиципираат во друг марш поврзувајќи го Солферино со Женева, каде на 2 јули ќе присуствуваат на седница на Обединетите нации во која ќе презентираат заедничка декларација за развојот на младинските програми. Помнење на минатото со цел да се изгради подобра иднина е смислата на прославата Солферино 2009. Од една страна силата на идејата на Анри Динан, која успеваше да го менува светот изминативе 150 години, и од друга страна гледањето кон сегашноста и иднината, исполнети со предизвици и закани, за кои секој волонтер од Движењето може значајно да придонесе за напредок.

Page 10: CK Manija! fevruari,2009

И додека овој урбан волонтер талка по ходниците на светот, нашата екипа успеа да го улови макар за едно кусо интервју и да ги исцеди од него сите тајни на неговата мисија во Мали.

1. Кој е Тоше и како Тоше успеа да

отпатува во Мали? - Па Тоше е еден ,,просечен” млад

човек J, кој пред година дена реши дека сака да направи промена во својот живот, па затоа се зачлени во Општинската организација на Црвениот крст во Кисела Вода со цел да предизвика добра карма. Почитувајќи ги принципите и вредностите на Црвениот крст стигна до првиот меѓународен ЦКА-ПХВ камп, кој се одржа во Струга. Благодарение на оваа извонредна програма, како и на својата самосоздадена способност (надареност и хоби) за произведување на музика, на кампот беше забележан од една прекрасна госпоѓа д-р Катриен Бекман, Раководител на Оделот за принципи и в редности на Црвениот Крст во склоп на Интернационалната федерација на Црвениот крст (head of Principles and Values Department IFRC), која го препозна неговиот „таленат” и одлучи да го покани на експертскиот состанок ,,expert meeting”, одржан во Женева. По извесно време откако Тоше се врати од Женева, каде беше повикан во врска со одреден проект, чија цел е изработка на тоол-кит за работа со млади луѓе, (Youth as agents of behavioral change), беше пикиран како член на екипата собрана за да замине за Мали (Западна Африка) заедно со неговата драга колешка Ивана Маринчек - инструктор за програмата ЦКА-ПХВ (посредништво на Црвениот крст на град Скопје).

2. Добро, но зарем има нешто друго што може да се прави во Мали освен да се сончаш? Која беше специјалната тајна задача за која што беше испратен таму? Што конкретно се работеше? Соработуваше ли потесно (или пошироко) со други луѓе?!

Стигнавме во Мали по ден и пол патување и „киснење” по аеродроми. Таму, на самиот аеродром, бевме пречекани од една шармантна девојка по име Шарлот (Charlotte) која не спроведе до возилата на ЦК на Мали заедно со уште неколку учесници на кампот (кој се наоѓаше на 23 км од Бамако - главниот град на Мали). Утредента веќе започнавме со програмата. Од 6:45 наутро почнуваше првата сесија shri shri јога, која имаше за цел да не разбуди од градскиот живот и да не поврзе со природата. Оваа сесија се одржуваше во истиот термин секое утро. Да не должам многу, главната цел на собирот, на кој учествуваа луѓе од Африка, Европа, Америка („континентот”), беше ДА СЕ ВИДИ НА ДЕЛО РАБОТАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ДРУШТВА

ШИРУМ СВЕТОТ. Од овие искуства требаше да се одреди кои вежби, игри и активности се

погодни за изработка на идниот тоол-кит. Соработката, комуникацијата со останатите учесници во кампот беше извонредна, сите се чувствувавме

меѓусебно како едно големо семејство. Едноставно во кампот живееше нов светски поредок!!!!!

Интернационална работилница во Мали - Африка

„Има толку многу да се учи од овие луѓе, кои иако живеат во мизерија, сепак постојано се насмевнати и среќни“

Тоше Камиларовски волонтер во ОО Кисела Вода на пат кон истражување нови искуства

Page 11: CK Manija! fevruari,2009

3. Како изгледа Мали, какви се луѓето, културата? Дали можеби те избраа за блиц-улога во „Изгубени” (Лост)?! Накратко долови ни ја атмосферата... - Мали е многу прекрасна земја со интересна култура и специфична кујна. 80% од населението е муслиманско и бидејќи се француска колонија, официјален јазик е францускиот. Секако, имаат и свој (мајчин) јазик - бамбара. Интересно е тоа што одгледуваат многу кози, како и целиот Африкански континент. Друга специфичност е тоа што кај нив не постојат поимите чичко, вујко, стрина, тетка, братучед итн. Тие сите се браќа и сестри, додека постарите ги викаат мајка и татко, без разлика дали се од исто семејство или не. Најстарите членови од заедницата се нарекуваат Big Mama ili Big Father (голема мајка или голем татко). Од материјален аспект тие се многу сиромашна земја, впрочем целиот континент е многу сиромашен, меѓутоа сето тоа негување на обичаите, традициите и сета искажана почит во меѓучовечките односи е фантастична. Сето тоа ги носи на едно многу повисоко духовно ниво. Има толку многу да се учи од овие луѓе, кои иако живеат во мизерија, сепак постојано се насмевнати и среќни. 4. И со какво ново искуство се враќаш од таму? Сподели ја мудроста со нас ☺☺☺☺. - Мали за мене лично, а искрено верувам и за сите останати на кампот, е животно искуство кое се доживува еднаш во два или повеќе живота ☺. Како што веќе кажав, бевме собрани околу 30 луѓе од секаде од светот. Имаше огромна размена на искуства, размислувања и менталитети. Тоа

беше многу специфичен склоп од луѓе (почнувајќи од луѓе со физички недостатоци, хомосексуалци, луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА), луѓе кои животната бура ги одвела во многу различни убави и неубави ситуации. Најинтересно во тој поглед беше тоа што никој не се срамеше од тоа што е, сите бевме природни и искрени меѓу себе, толку многу отворени во нашите животни приказни. 5. Сега си тука, ама што е следно? Ќе патуваш низ светот со параглајдер, ширејќи ја мисијата на ЦК, или ќе бидеш стациониран во Македонија? Што возбудливо можеме да очекуваме?

- Понатаму, да, би сакал да го прелетам светот со параглајдер или можеби со балон за 80 дена ☺. Најпрво следуваат моите обврски тука, во Македонија. На крајот од февруари е закажан состанокот за оценување на „малите” проекти од ЦКА-ПХВ циклусот, па следи првата финална работилница во Струга. На меѓународен план, кон крајот на мај очекуваме да одиме на обука за инструктори за тоол-кит-от, на кој работевме во Мали. Тоа ќе биде уште едно прекрасно искуство, секако. И некаде околу половината на јуни (во Солферино - Италија) ќе бидеме дел од тимот за спроведување на оваа алатка за работа со млади луѓе, што за мене претставува огромна можност за надградба на човечките вредности, кои по сè изгледа многу од нас ги загубиле со текот на годините. Во меѓувреме, секако, тука се и моите обврски кон факултетот, како и кон работното место. Толку од мене, па се гледаме ☺.

Page 12: CK Manija! fevruari,2009

ПРОМОЦИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВОЛОНТЕРСТВО

Црвениот крст на

Република Македонија на 4 декември 2008 година ја промовираше својата „Стратегијата за волонтерство 2008 – 2012“. Следејќи ги најновите трендови во развојот на доброволната служба, Црвениот крст ја усвои „Стратегијата за волонтерство 2008 - 2012 година“, како еден од главните и носечки документи за натамошниот развој на организацијата. Свеченоста по повод промоцијата се одржа во Домот на пратениците, каде се одржа и трибина на тема „Да се биде волонтер - предизвик или...?“, која беше и дел од предвидените активности на Црвениот крст по повод 5 декември - Светскиот ден на волонтерите. Vо tribinata учетво земаа: пратеничката Лилјана Поповска, koja и официјално ја промовираше Стратегијата за волонтерство;

г-дин Саит Саити, генералениот секретар на Црвениот крст на РМ; претседателот на Црвениот крст na РМ Милчо Трајков; kako и претставници од образовниот, невладиниот и владиниот сектор, директно или индиректно инволвирани во волонтерската работа и нејзиното функционирање.

Со текот на годините станува се поочигледно дека волонтерството игра се позначајна улога во барањето решенија за разни општествени прашања. Во таа насока се и напорите на Македонија која го донесе „Законот за волонтерство во 2007 година“. Волонтирањето влијае на сите полиња на дејствување, од образованието до заштита на животната средина, социјалната политика и правосудството. Волонтирањето ги зајакнува

поединците, го наградува чувството за солидарност, влијае на подигнувањето на свеста за учество, ги штити ранливите групи од економските општествените и политичките маргинализации - потенцираше Саит Саити, генералениот секретар на Црвениот крст на РМ.

Промотор на Стратегијата беше Лилјана Поповска, пратеник во Собранието на Република Македонија, која посочи дека волонтерството е многу важна работа и го покажува нивото на кохезија во општеството. „Многу се посиромашни оние што не го почувствувале задоволството од работата без материјален интерес“, рече таа. Присутните гости на трибината со посебен интерес ја проследија и активно се вклучија со свои дискусии и предлози во истата.

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО

Page 13: CK Manija! fevruari,2009

ГОЛЕМА ВОЛОНТЕРСКА ЗАБАВА Волонтерство – задоволство и хуманост

Голема волонтерска забава се одржа на

5. 12. 2008 година на Светскиот ден на волонтерството која беше организирана од страна на Младите на Црвениот крст и од Црвениот крст на РМ. Ноќниот клуб „Кастро“ се покажа како одлично место за забава и дружба, каде негувателите на волонтерството заедно со Break down band направија прекрасна атмосфера. Сите присутни, пријатели, вработени и, што е најважно, млади волонтери на Црвениот крст, сегашни и идни, со плаќање на симболични 30 денари, на влезот од клубот, донираа парични средства за хуманитарните активности на Црвениот крст.

Според дел од младите волонтери оваа забава претставува круна на нивната работа и празник за нивното дејствување. „Ние навистина сакаме да го работиме ова што го правиме во сегашноста, учеството на акции, присуството на едукативни тренинзи, но ова што го имаме оваа вечер е дел од забавата што ја чувствуваме членувајќи и дејствувајќи во Црвениот крст, па на овој начин им покажуваме на останатите дека во Црвен крст е забавно да се членува и хумано, пред сè – изјави волонтер.

Организаторот на овој настан Владимир Вукелиќ, координатор на младите на ЦКРМ, потенцираше дека забавата беше организирана

со цел да се заокружат активностите од изминатата година и воедно презентација на активностите кои ни претстојат на полето на мотивирање и на промовирање на волонтерската работа.

„Самата атмосфера кажа сè. Посетители од различни возрасти, претставници од други организации, млади и постари волонтери, потенцијални членови и многу позитивна енергија... Да се работи со ранливо население од различни аспекти, како и сите предизвици кои произлегуваат во работата, а сепак да се заокружи со ваква забава и со толку насмеани лица е задоволство на секој организатор. Волонтерите се нашиот најголем и најважен ресурс. Тие го заслужуваат тоа. Заслужуваат и

многу повеќе, но засега можностите се толкави“ – изјави Владимир Вукелиќ.

Овој настан се организираше во рамките на активностите по повод Светскиот ден на волонтерството, како и по повод промоцијата на „Стратегијата за волонтерство 2008-2012“ на Црвениот крст на РМ, која се одржа еден ден порано. Со оваа забава Црвениот крст им вели едно големо благодарам на своите волонтери и соработници, како и на сите оние кои ја подржуваат нивната дејност.

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО

Page 14: CK Manija! fevruari,2009

ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР – СКОПЈЕ, ГО ПРЕНЕСЕ СВОЕТО ВОЛОНТЕРСКО ИСКУСТВО

Преку развојот на доброволната служба во

организација на Волонтерскиот центар - Скопје заедно со македонските волонтери и нивните колеги од Франција, Шпанија, Португалија и Чешка на 5 декември во центарот на градот, преку разговор со минувачите, информираа за можностите на волонтерската работа, на локално и на меѓународно ниво, како и за значењето на волонтерската работа. Преку тоа и го одбележаа Светскиот ден на волонтерството.

Чехинката Илона Олехова, која своето искуство го сподели со сите нас, вели дека со доброволната служба се занимава повеќе од 4 години. „Го прошетав поголемиот дел од земјите низ Европа, па сега и Македонија. Имав можност да се сретнам со разни луѓе и да работам сè и сешто. Од службеник во банка, па до хигиеничар во старечки дом. Само преку волонтерската размена на искуствата можно е од малите нешта да направите многу“.

Програмскиот волонтерски сервис овозможува луѓето на возраст од 18 до 30 години да волонтираат во некој друга европска земја. Тој подразбира непрофитна и неплатена активност преку која поединци или групи на луѓе придонесуваат за животот во заедницата и општеството. Сите оние кои сакаат да придонесат за општиот добробит можат да се информираат во нивниот дневен центар во Кисела Вода на улицата Емил Зола.

ВОЛОНТЕРИТЕ НА МКС ГИ ПОСЕТИЈА ШТИТЕНИЦИТЕ ВО ДОМОТ „КОЧО РАЦИН“ Во одбележувањето на овој ден волонтерите на Младинскиот културен центар од Битола, преку своите волонтерски актвности на 5 декември, помагаа во Домот за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“. Мотивираните волонтери активно се вклучија во уредувањето на просториите на овој дом. „Ние сакаме работењето на нашите волонтери јавно да го промовираме, да бидат достапни до јавноста која ќе види дека да се биде волонтер не е некоја тешка работа“ – велат од МКЦ-Битола.

Трета година по ред МКЦ по повод овој ден доделува признанија на личности од граѓанскиот сектор за импресивни волонтерски ангажмани.

Оваа година златен сертификат доби Рахела Ѓорѓиева од Организацијата на жени на Свети Николе, сребрен сетртификат му беше доделен на Томе Трајков,

директор на Јекипе од Велес, и бронзен сертификат доби Игор Михајловски, претседател на кугларскиот клуб „Молика“ .

Од МКЦ се надеваат дека овие личности ќе бидат пример за младите и идните волонтери.

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО

Page 15: CK Manija! fevruari,2009

На само две недели пред почетокот на новата година, секретарот на ООЦК - Битола, Никола Христовски, објави дека нивната операција ,,Конзул - потрага по ѕвезда“ е успешно завршена. За почесен конзул на организацијата на Црвениот крст во Битола е прогласена поп-пејачката Каролина Гочева. Така Каролина, со нејзината нова титула, во новата година добива и нови работни обврски. Како почесен конзул, таа ќе ја промовира организацијата, нејзините проекти и програма и ќе се труди да оствари соработка со поединци и здруженија, како во земјата, така и во светот. Па почесниот конзулот на Црвениот крст, Каролина, веднаш се зафати за работа и во склоп на самата промоција одржа едукативна работилница, како дел од низата работилници во рамките на активноста на Клубот на млади. Имено, секој четврток во просториите на Клубот на млади во општинскиот Црвен крст се обработуваат теми ,,скокотливи“ за секој тинејџер, како што се типично-тинејџерските проблеми и дилеми,

сексуална едукација, по нешто за битолското секојдневие и битолските маала и локалитети, спортот и допингот, но и мистериите на планината. За секоја тема Клубот на млади обезбедува специјални гости, експерти за дадената тема, со кои учесниците во работилниците можат да ги разменат своите мислења и искуства. Ние, од тимот на ЦК Манија!, искрено ја поддржуваме ваквата иницијатива и се надеваме дека соработката од ваков тип нема да остане непозната и за останатите македонски ѕвезди, за со заедничка работа да блесне нов подобар свет под црвенокрсташкото небо!

Каролина се ,,зацрвени“!

Македонската поп-ѕвезда стана дел од црвенокрсташкото небо

Очи во очи со Новата 2009, а изненадувањата само што почнуваат

УЧИЛИШНИОТ ДУХ ВО БОСТОНСКАТА КАМПАЊА ЗА

СОБИРАЊЕ ПАРИ Минатата зима, во нашите обиди да

продонесеме за Националниот фонд за помош при катастрофи, започнавме широко отворена училишна кампања за собирање пари за Црвениот крст. Клубот иницираше натпревар во кој тимот од волонтери со најмногу собрани пари ќе добие „Радосна торба“ (Spirit bag), полна со слатки, пом-пом и светкави украси за забава.

Почетната цел на натпреварот, кој започна од почетокот на ноември и траеше до Денот на благодарноста, беше да се соберат 1000 долари. Со помошта на нашите прекрасни ученици-волонтери, кои секое утро одеа од училница до училница и собираа пари, се достигна сума од преку илјада долари. Здружени со придонесите на нашите наставници и остатокот од персоналот на Латинското училиште, бројката изнесуваше 2293,01 долари.

Покрај прекрасно изминатиот натпревар, победничкиот тим, осмоодделенците кои собраа

преку 200 долари, уживаше во неверојатната награда од црвени слатки и виолетови забавни уживања, здружувајќи ги боите на Црвениот крст и „BLS“ (Бостонското латинско училиште). Латинската заедница е многу горда на двојно надминатата сума пари, наменета за донација на Фондот за помош на Црвениот крст. „Сè што беше потребно беа неколку посветени членови и многу тимска работа. Никогаш не можевме да си замислиме дека ќе ја надминеме сумата од илјада долари, а не пак да собереме преку 2000 долари, но успеавме. Ако можеме ние да успееме, можете и вие“. Се надеваме дека и вие ќе преземете своја кампања со ефективни стратегии и ќе помогнете во распространувањето на истите. Сите ние сме дел од еден прекрасен непрофитабилен хуманитарен труд. Заедно, можеме да успееме. Затоа размислете што можете да направите за да дознаат и другите за убавите работи што ги правиме.

СПОДЕЛИ ИСКУСТВО!

Page 16: CK Manija! fevruari,2009

НЕВЕРОЈАТНА ДОБИВКА ОД ВОЛОНТИРАЊЕ

Само што помина еден часот по полноќ на Западниот Брег и јас сум дома за викенд. Утре ќе возам 5 часа до Лос Анџелес и ќе се вратам на нормалниот студентски живот.

За сега седам во мојата соба, во која израснав, и разгледувам наоколу.

Немам пишувано на блогот веќе некое време и се обидував да се присетам на нешто забавно и ново. И само што мислев дека ќе се откажам - можеби тоа беше албумот на Jason Mraz кој го слушав - почнав навистина да ги набљудувам работите по моите ѕидови. Има нормални работи како календар од пред 3 години, постер од концерт, црвен џиновски прст со моето средно училиште на него, но има и некои работи кои не би ги нашле во собите на другите тинејџери.

На ѕидовите висеа сертификати со признанија од мојот локален клуб на Црвениот крст, рамки од Националната конвенција и многу картички со имиња. И токму картичките со имиња беа тие што го привлекоа моето внимание. Ги симнав од ѕидот и почнав да ги разгледувам. Навистина ме ставија на мисла какви сè не работи имав среќа да добијам од моето искуство во Црвениот крст изминативе 8 години.

Волонтирањето во Американскиот црвен крст ме однесе низ целата држава и ми овозможи да запознаам едни од најинтересните луѓе на коишто можев да наидам. Но, вечерва размислував за работите кои ми ги даде организацијата, а не беа толку лесно забележливи како

картичките со имиња. Да не одолговлекувам, Црвениот крст ми даде збир од комични вештини. Некои од нив се практични, некои забавни, а некои безвредни, но не за Црвениот крст. Тие можат да варираат во зависност од регион, клуб, држава, временска зона, но тие постојат насекаде. Малку размислував и ова е тоа што ми дојде на ум. Овие смешни вештини вклучуваат, но и не ограничуваат:

способноста да креирам мразокршачка игра за малку луѓе;

способноста да создадам смешен перформанс за помалку од три минути;

способноста да седам во џиновски круг без да бидам прашана;

способноста да виткам подароци за кои другите мислеле дека е невозможно;

способноста да излезам од преголемиот број на часови во средно училиште;

способноста да цитирам напамет делови од CPR видеата за тренинг.

Сега можам да го заокружам ова излегување со искрен крај, но навистина сакам

да го оставам отворено. Сакам да дознаам за вашите случајни и смешни вештини што сте ги

стекнале за време на волонтирањето.

Pat West, California

СПОДЕЛИ ИСКУСТВО!

Page 17: CK Manija! fevruari,2009

ОВЛАСТЕТЕ ГО НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ ИНСТИТУТ ВО ЦРВЕНИОТ КРСТ

3-5 април, Орландо, Флорида, Бјанка Кахленберг

Убавината на Националниот младински институт (НМИ) е тоа што организацискиот НМИ-тим е составен од луѓе како вас. Ние сме гимназијалци или студенти, сегашни млади волонтери, и широко заинтересирани за доброто на Црвениот крст. Ние сè уште виткаме подароци, переме автомобили, присуствуваме на состаноци на клубовите, виткаме писма или пак фрламе ѓубре. Звучи познато, нели? Имајќи го ова на ум, лесно е да организираме викенд исполнет со состаноци, сесии и настани во кои ќе уживате, од кои ќе имате полза и ќе се чувстувате корисни кога ќе се вратите назад во вашето место.

Исто така познато ни е и дека не секој млад волонтер го има истото искуство. Некои доаѓаат од младински програми составени од 500 члена, други доаѓаат од училишни клубови од дваесетина членови, трети се единствената младина во нивните општини, а некои пак јаделе, дишеле и живееле со Црвениот крст. Знаејќи го ова го создадовме Институтот, да биде корисен за кого било! Без разлика колку сте нови или стари во Црвениот крст, НМИ специјално дизајнираше стази и за почетниците и за напредните млади волонтери. Ова значи дека никогаш нема да се чувствувате изгубени или пак да ви биде досадно, туку напротив ќе учите едни од други, со останатите млади волонтери, за вашите искуства.

Оваа година НМИ ќе ви понуди повеќе, за разлика од порано. Според сегашната програма на организацијата, оваа година се фокусиравме на Институтот за собирање хуманитарна помош. Знаеме дека младината ги има средствата кои на организацијата ‚ требаат: време, крв и пари. Отворени сме да ви ги покажеме најефективните начини за да ги употребите неверојатните вештини кои веќе ги поседувате. Која е нашата цел оваа година? Нашата цел е она што нашето мото го вели: да се осигураме дека секој учесник на НМИ 2009 ќе замине подготвен да го ОВЛАСТИ НАШИОТ ЦРВЕН КРСТ, бидејќи да се соочиме - Црвениот крст е наш и денес и утре. Да не ве преоптоваруваме премногу, но иднината на Црвениот крст лежи во вашите раце. Повеќе не е организација на вашата баба, туку ваша. Затоа прифатете го и гушнете го, застанете пред предизвикот и придружете ни се во Националниот младински институт 2009, или доколку го немате во вашата организација потрудете се да го оформите.

СПОДЕЛИ ИСКУСТВО!

Page 18: CK Manija! fevruari,2009