aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

60
Оперативен систем Windows XP

Upload: nikola1818

Post on 11-Jan-2016

221 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

ll

TRANSCRIPT

Page 1: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Оперативен систем Windows XP

Page 2: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Оперативниот систем управува со целокупната работа на компјутерот.

Тој претставува множество програми кои му овозможуваат на компјутерот да работи и да оствари комуникација со корисникот.

Замислете го ОС како раководител кој одлучува како хардверот и софтверот ќе работат заедно во една целина.

Page 3: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Планирање на инсталацијата

Пред да се активира Windows XP Professional Setup програмaтa, потребно е да се знае начинот на инсталирање и конфигурирање на oперативниот cистем.

Темелно направен план може да ја направи инсталацијата поефикасна и може да помогне во одбегнувањето на можните проблеми за време на инсталирањето.

Page 4: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

КомпатибилностОткако е определна минималната потребна конфигурација, потребно е да се провери дали хардверскиот и софтверскиот дел се компатибилни, односно соодветствуваат на барањата на Windows XP Professional (дали може да се користат заедно).

Компатибилноста може да се провери со споредување на хардверот кој се користи, со оној кој се наоѓа на Листата на компатибилен хардвер за Windows XP (HCL).

Проверка на листата HCL може да се направи во записот hcl.txt, кој се наоѓа во помошниот фолдер на инсталациониот диск. Најновата, последна верзија на листата може да се преземе од веб-страницата на Microsoft (www.microsoft.com).

Page 5: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Хардверската и софтверската компатибилност може да се провери и со помош на алатката Upgrade Advisor (советник за надградба) која може да се преземе од веб-страницата на Microsoft. Оваа алатка утврдува дали системот е подготвен за инсталирање на Windows XP.

Компатибилност

Page 6: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Инсталација на Windows XP

Page 7: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Партиции

Пред да се отпочне со инсталацијата на оперативниот систем потребно е да се испланира начинот на креирање на партиции и нивниот број.

Доделување партиции практично значи поделба на дискот (hard disk) така што секој дел функционира како посебна единица. Секој од овие делови потоа се форматира со користење на системските датотеки: FAT (file allocation table), FAT32 или NTFS.

Системска датотека е датотека која се користи во Windows за вградување, конфигурирање и активирање на оперативниот систем и во принцип никогаш не треба да се отстрани или избрише. Се препорачува партицијата на дискот да е најмалку 2 GB.

Page 8: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

NTFS NTFS или или FAT???FAT???

За инсталирање на ОС Windows XP Professional се препорачува форматирање со системската датотека NTFS, затоа што нуди:

• Поголемо ниво на безбедност на датотеките и папките, со што е можна контрола на пристап до истите.

• Овозможува компресија на датотеките со што се креира поголем простор за зачувување на податоци.

•Ограничен диск, со што се овозможува контролирана употреба на дискот од страна на корисниците, како што е ограничено користење на просторот на дискот или број на креирани податоци и директориуми на истиот.

•Енкрипција (шифрирање) на датотеките.

Page 9: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Вид на инсталацијаВид на инсталација

Вид на инсталација

Нова инсталација на ОС

Надградба на ОС

Page 10: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Сите непотребниСите непотребнидатотеки се бришат.датотеки се бришат.

Не се јавува проблем од Не се јавува проблем од претходните претходните подесувања кои би подесувања кои би пречеле во пречеле во понатамошната работа.понатамошната работа.

Просторот на дискот се Просторот на дискот се користи поефикасно.користи поефикасно.

Се задржуваат сите податоци и подесувања на партицијата на дискот.

Предноста на надградбата е во тоа што не се потребни преинсталирања на останатите кориснички програми и не е потребно повторно подесување на параметрите на компјутерот, но при тоа проблемите од претходната состојба може да останат.

Нова инсталација на ОС Надградба на ОС

Page 11: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Инсталација на Windows XP

Page 12: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Како да се инсталира Windows XP на

компјутерите-клиенти во училишната

лабараторија кои не поседуваат CD ROM

уред????

Page 13: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Потребни се:

1. Надворешен диск2. Надворешен CD

ROM уред3. Програма Acronis

Page 14: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Постапката се содржи од два чекора:

1. Kреирање слика на содржината на дискот

2. Префрлување на содржина на дискот од претходно креирана слика

НАПОМЕНА:

Процесот на креирање и префрлување слика на состојбата на дискот, може да се примени само кај компјутери со иста конфигурација.Во училишните лаборатории сите компјутeри клиенти имаат иста конфигурација, која е различна од онаа на компјутерот – сервер.

Page 15: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

По приклучувањето на надворешните уреди компјутерот се стартува. Со копчето Delete го отвораме BIOS приказот каде одбираме Advanced BIOS Features.

Page 16: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

На следниот приказ се избира First Boot Device-[USB-CDROM]. Со F10 се зачувуваат промените, со што се овозможува бутирање на компјутерот од приклучениот CD-ROM уред.

Page 17: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

После зачувувањето на промените кои се направени, започнува вчитувањето на програмата за креирање слика Acronis.

Page 18: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Се појавува првиот приказ на кој се прикажани и можностите: Create Image - креирање слика, како и Restore Image - префрлување на претходно креирана слика на дискот.

Page 19: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 20: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 21: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 22: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 23: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 24: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 25: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 26: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 27: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 28: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 29: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 30: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 31: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Обновување (update) на Windows XP Professional

Windows XP Professional овозможува автоматско обновување (надополнување) на софтверот, каде корисникот сам определува како ќе се изведува обновувањето.

Десен клик на My computer ->Properties -> Automatic Updates.

Page 32: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Automatic: Windows XP автоматски ги бара, презема и инсталира надополнувањата (со фреквентност која ја определува самиот корисник). Download updates for mе, but let me choose whеn to install them: Windows XP автоматски ги презема на дополнувањата, но дозволува избор кога тие да се инсталираат.Notify me but don’t auto matically download or install them: Windows XP известува за новите надополнувања, но не ги инсталира автоматски.Turn off Automatic Updates: Windows XP ниту презема ниту инсталира надополнувања на оперативниот систем

Page 33: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

ОТСТРАНУВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

Page 34: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Множеството постапки кои овозможуваат правилно функционирање на компјутерот со еден збор во компјутерската литература се нарекува ПОДДРШКА.

Категории поддршка

Категории поддршка

Корисничка поддршка

Корисничка поддршка

Хардверска поддршка

Хардверска поддршка Поддршка на ОСПоддршка на ОС Софтверска

поддршка

Софтверска поддршка

Поддршка на мрежната

конфигурација

Поддршка на мрежната

конфигурација

Page 35: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Корисничка поддршка

Следат неколку примери на најчести проблеми со кои се среќаваат корисниците:

• Корисникот се обидува да изврши задача која апликацијата не може да ја изведе. На пример, се обидува да обои текст со програма што нема такви можности.

• Корисникот се обидува да изведе задача која апликацијата може да ја изврши, но ја извршува погрешно. На пример, за да ја испечати апликацијата, ја користи кратенката Ctrl+P, а апликацијата подржува печатење само со зададени команди со глувче.

• Корисникот направил измени во конфигурацијата на компјутерот и со тоа предизвикал негово неправилно работење. На пример, корисникот ги променил опциите во Интернет прелистувачот, по што не може да се поврзе со Интернет.

Page 36: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Хардверска поддршка

Хардверска поддршка

Механички проблеми Конфигурациски проблеми

Page 37: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

• Механичките проблеми произлегуваат од проблеми поврзани со физичкото работење на компјутерот или неговите периферни уреди (монитор, скенер, печатач...). Па така, може некоја од компонентите да нема напојување со струја, или пак може да има, но компонентата и понатаму да не функционира. На пример, може до мониторот да доаѓа струја, но екранот и понатаму да остане без слика.

• Конфигурациските проблеми се случуваат кога компонентите имаат напојување, но не функционираат правилно поради конфигурацијата или поради управувачките програми (drivers). Управувачка програма е програма, која му овозможува на хардверот правилно да функционира. Таа претставува средство за комуникација помеѓу уредот и оперативниот систем.

Page 38: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b
Page 39: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Отстранување на механички проблеми

• Чекор 1: Проверете го кабелот за напојување.

• Чекор 2: Проверете дали компонентата е вклучена.

• Чекор 3: Проверете ги сите поврзувања.

ВАЖНОНикогаш не поврзувај, не вклучувај или

исклучувај периферни уреди и кабли додека компјутерот работи. Доколку периферните уреди не се исклучени,

може да дојде до електричен шок и оштетување на уредот.

Page 40: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Проверка на функционалноста преку Device Manager

За да се провери функционалноста на хардверска компонента со помош на Device Manager потребна е следнава низа чекори:

• Кликнете на Start, десен клик на My Computer, и потоа одберете Manage.

• Во прозорецот Computer Management, кликнете на Device Manager

•Кликнете на знакот плус (+) кој се наоѓа пред компонентата која се испитува

•Двојно кликнете на уредот чија функционалност сакате да ја проверите. Од картичката General, проверете го статусот на уредот.

•Ако во Device Status стои дека уредот не работи правилно (device is not working properly), тогаш треба да се провери дали e вклучен (enabled). Ако не е, тогаш во Device Usage треба да се селектира Use this device (enable).

Проверете дали мрежната картичка работи правилно.

Page 41: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Инсталирање нов уред

Инсталирајте ги веб камерите, а потоа проверете дали работат правилно (Device Manager).

Терминот „инсталиран“ значи нешто повеќе од тоа уредот само да се приклучи на соодветниот приклучок на компјутерот. Уредот е инсталиран кога оперативниот систем ja има и управувачката програма за него. Па така кога уредот ќе го приклучите на компјутер (не заборавајте дека компјутерот треба да биде исклучен), треба и да го инсталирате.

Page 42: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Други совети за отстранување на механичките проблеми:

• Исклучете ја компонентата од струја, а потоа повторно вклучете ја.

• Исклучете го, а потоа повторно вклучете го уредот (disable/enable) во Device Mаnager.

• Рестартирајте го компјутерот (исклучете го и повторно вклучете го) додека компонентата е поврзана со него.

Page 43: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Решавање на конфигурациски проблеми

• Една од причините поради која дадениот уред е неисправен е „староста“ на управувачката програма или неговата оштетеност.

• Надградбата на оперативниот систем може да предизвика уредот да работи со намалени перформанси или воопшто да не работи.

• Знаењето како да ги најдете, обновите и да ги вратите управувачките програми назад во претходната состојба (пред ажурирањето), може да ви помогне да решите многу хардверски конфигурациски проблеми.

Page 44: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Има четири главни извори за наоѓање на управувачките програми. Проверете ги изворите по следниот редослед.

•Инсталациониот диск кој доаѓа со уредот.

•Надополнување на Windows.

•Веб-страница на производителот.

•Windows XP Professional CD.

Page 45: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Проблем 1: Ви треба повеќе слободен простор на дискот.

Кликнете на Start, потоа на My computer.

На дискот од којшто сакате да ги отстраните непотребните датотеки со десен клик одберете Properties.

Во прозорецот Local Disk Properties, одбрете ја картичката General и кликнете на Disk Cleanup.

Најчести конфигурациски задачи за дискот

Page 46: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Проблем 2: Дискот работи успорено.

• Кликнете на Start, потоа на My computer.

• Одберете го дискот којшто сакате да го дефрагментирате и со десен клик одберете Properties.

• Во картичката Tools, одберете Defragment Now.

• Во прозорецот Disk Defragmenter, селектирајте го дискот и потоа кликнете на Defragment.

Page 47: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

За да може да се изврши дефрагментација, на дискот мора да има најмалку 15% слободен простор. Така на пример, ако капацитетот на дискот е 20 GB, тоа значи дека барем 3 GB од него мора да бидат слободни.

Доколку на дискот има повеќе партиции, потребата од дефрагментација треба да се провери за секоја од нив. Додека трае дефрагментацијата, компјутерот може да се користи за други задачи, меѓутоа ќе работи поспоро, а дефрагментаци јата ќе трае подолго.

Page 48: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Поддршка на ОС

Проблеми со оперативниот систем со кои корисниците најчесто се среќаваат:• Уредот не реагира по измената на управувачката програма.• Опeративниот систем станува нестабилен по инсталирањето на управувачката програма или друга апликација.• Оперативниот систем воопшто не стартува или стартува неправилно. • Оперативниот систем функционира многу споро кога работат повеќе апликации.

Page 49: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Стартување на оперативниот систем користејќи специјални алатки

Алатки кои овозможуваат негово стартување во случај кога тој не може да се стартува правилно:

• Safe mode (Безбеден режим на работа)

• Last Known Good Configuration (Последна позната исправна конфигурација)

Page 50: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Safe Mode

• Во Safe mode режим на работа компјутерот работи со минимум сервиси.

• За да го стартувате оперативниот систем во Safe mode, рестартирајте го компјутерот и по пораката за одбирање на оперативен систем за работа (Please Select The Operating System To Start), притиснете на копчето F8.

Safe Mode опции Опис

Safe ModeКомпјутерот се стартува користејќи

минимум сервиси и управувачки програми.

Safe Mode with Networking

Компјутерот се стартува користејќи минимум сервиси и

управувачки програми, како и управувачки програми кои

морате да ги имате за достапност на мрежа.

Safe Mode with Command Prompt

Компјутерот се стартува користејќи минимум сервиси и

управувачки програми; по најавувањето, наместо Start менито и лентата на задачи

се појавува DOS прозорецот.

Page 51: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Ако при работа во Safe mode не се појават проблематичните симптоми, тогаш неопходните сервиси и управувачки програми немаат никаков удел во проблемот. Во спротивно, треба да го вратите компјутерот во последна позната исправна состојба користејќи Last Known Good Configuration (Последна позната исправна конфигурација), или пак користејќи System Restore (враќање на системот во претходна состојба).

Page 52: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Last Known Good Configuration

Оваа опција се користи при решавање на проблеми од следниов тип: • Откако е инсталирана управувачка програма за некој нов уред, ОС не се

вклучува. • Исклучена е, или оштетена некоја од основните управувачки програми.

При оштетување на критични управувачки програми, оперативниот систем автоматски при следното стартување на компјутерот ќе ја активира опцијата Last Known Good Configuration.

Оваа опција не се користи во следниот случај: • Ако сте се најавиле откако била направена промената која сакате да ја

вратите назад, опцијата Last Known Good Configuration нема да има никаков ефект. Ова е затоа што системските информации се копираат во Last Known Good Configuration кога се пријавувате во системот.

• При решавање на проблеми поврзани со стартување на компјутерот доколку тие се предизвикани од хардвер, оштетени датотеки или проблеми кои се поврзани со промените во системската конфигурација.

Се активира на истиот начин како и Safe mode

Page 53: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

System Restore

System Restore (враќање на системот) е алатка во Windows XP која е посебно ефикасна во решавањето на проблеми поврзани со перформансите и стабилноста на системот.

Еднаш дневно, во одредено време, System Restore ја снима состојбата на системот при што креира точка за враќање на системот во претходна состојба (restore point). Оваа точка можете да се сфати и како слика на компјутерот која ја прикажува точната состојба на системот во тој момент. Инаку таа може да биде креирана и по барање на корисникот.

Page 54: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Дали System Restore е активен?

Start All programs Accessories System Tools System Restore.

Page 55: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Креирање на точка за враќање (Restore Points)

Точката за враќање (restore point) треба да се креира пред да се направат било какви промени во системските датотеки на компјутерот, или пред инсталирање на апликација за која не сте сигурни дека е компатибилна (дека одговара) со оперативниот систем и со останатите апликации на компјутерот.

Следејќи ги упатствата од прирачникот креирај точка за враќање и врати го системот во неа.

Page 56: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Поддршка на компјутерската мрежа

Поддршка на компјутерската мрежа ги опфаќа проблемите на корисникот кои се јавуваат при обидот да се пристапи до ресурсите кои се на друг компјутер. Ресурси во компјутерска мрежа се датотеки, папки, апликации, мрежни печатачи, Интернет или други компјутери и периферни уреди.

Примери за изведба на поддршка на компјутерска мрежа:

• Инсталирање на печатач на корисничкиот компјутер кој ќе се користи и од останатите компјутери.

• Конфигурирање на опциите Internet Options и Internet Explorer кои му овозможуваат на корисникот поврзување со Интернет.

Page 57: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Софтверска поддршка

Софтверската поддршка е потребна при разрешување на проблеми поврзани со софтверските апликации кои ги користи корисникот. Таа има три поткатегории: инсталација и деинсталација, извршување задачи и апликативни програми.

Примери за примена на софтверска поддршка:• Инсталирање на апликативен програм.• Помош при извршување на задачи со специфичен софтвер.• Отстранување програм кој повеќе не е потребен или не

функционира правилно.• Отстранување проблеми при инсталација на апликативен

програм.• Разрешување проблеми поврзани со апликација која не се

изведува според очекувањата.

Page 58: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Превентивни меркиПревентивни мерки

Page 59: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

Ограничен пристап на корисникотОграничен пристап на корисникот. . Креирање распоред за проверка на уредиКреирање распоред за проверка на уреди. . Креирање список на уредиКреирање список на уреди. . Овозможување автоматско надградување.Овозможување автоматско надградување. Креирање распоред на надградувањеКреирање распоред на надградување. . Обезбедување Windows File Protection Обезбедување Windows File Protection Инсталирање и навремено ажурирање на Инсталирање и навремено ажурирање на

антивирусни програмиантивирусни програми. . Овозможен Овозможен firewallfirewall (огнен ѕид) на сите (огнен ѕид) на сите

конекции во мрежата кон Интернетконекции во мрежата кон Интернет. . Подесување на безбедните зони на Подесување на безбедните зони на MicrosoftMicrosoft InternetInternet ExplorerExplorer. .

Page 60: aa40a575-ec12-4197-927e-c34894e13a6b

KRAJKRAJPrezentacijata ja podgotvi:

Obu~uva~ po informatika i kompjuterska tehnika

Darko Spasev