„Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-shtitt.pdf ·...

31

Upload: others

Post on 04-Jul-2020

13 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за
Page 2: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

ШТИТ година IX број 96 октомври 2017

3

ИнфоЧленството на Македонија во НАТО е во интерес на заедничката безбедност

Инфо Соработка помеѓу ЕУ и НАТО во проектирањето стабилност за Западен Балкан

На прва линијаНАТО-проект за урбано војување

ЕдукацијаКритичко и креативно мислење при донесување на воени одлуки

МисииЗа МАКОН-6во мисијата „Одлучна поддршка“

Опрема„PX“ во воена база

Вооружување„Beretta M9“ Вооружување„Barak-8“

Жените, мирот и безбедностаУлогата на жените за време на конфликти и во време на мир

НезадолжителноАрмијата – столб на мирот и безбедноста на државата

Културна дипломатијаНеколку причини зошто да ја посетите Босна и Херцеговина

Низ историјата на АРМГенерал-полковникТрајче Крстевски

Филм„Воена машина“

с о д р ж и н а

1012

6

242632

44

48

50

20

38Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО морнаричкиот капетан Горазд Бартол, од врвот Мусица на Бушева Планина им го честитаа 8

Септември – Денот на независноста на сите граѓани на Република Македонија. Настанот кој се организираше по повод Денот на независноста беше именуван како „Заедно кон врвот“ и симболично го претставуваше нашето искачување до врвот, односно до членството во НАТО и во ЕУ. Заедно со министерката и шефот на НАТО-канцеларијата во Скопје кон врвот чекореа и голем број претставници на дипломатскиот кор акредитирани во Р. Македонија, меѓу кои и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, вработени од МО и припадници на АРМ, како и членовите на планинарското друштво „Ристо Карпуш“ и голем број граѓани на Крушево. Честитајќи им го Денот на независноста на граѓаните на Република Македонија, министерката Шекеринска им посака во иднина да имаат поголема благосостојба и стабилност. „Во 26-те години независност поминавме низ добри и тешки моменти, но покажавме дека кога се има иста цел, кога сме упорни и

истрајни, таа цел е достижна. Денеска ни треба заедништво околу нашата заедничка стратешка цел – членство во НАТО и ЕУ“, изјави министерката од врвот на планината. Таа додаде дека целта била прославата за 8 Септември да не биде типична и заедно со многумина граѓани од Крушево и регионот, вработени во МО и АРМ, партнери од НАТО,воени aташеа и дипломатскиот кор, да се тргне на пат кон еден врв во Република Македонија. „Патот не беше лесен, но заедно без откажување стигнавме до целта. Сакаме ова заедништво и истрајност да го искористиме за државата да чекори напред. Благодарам на поддршката од првиот човек на НАТО во Македонија, морнаричкиот капетан Бартол и неговит тим. Ќе бидеме партнер на кој ќе можат да се потпрат. Слободни, независни, со јасна цел, членство во НАТО и во ЕУ“, истакна министерката во својата честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија. Морнаричкиот капетан Горазд Бартол, честитајќи им го Денот на независноста на граѓаните на Република Македонија, истакна дека е убеден дека сите 29 земји-членки на НАТО ја поддржуваат Република Македонија да стане 30. земја-членка на НАТО.

54

„Заедно кон врвот“

56

Page 3: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

ИздавачМинистерство за одбрана на Република Македонија

Претседател на Издавачкиот советРадмила Шекеринска

Главен и одговорен уредникд-р Жанет Ристоска

Редакција:

Билјана Иванова(графичко уредување, корица)

Умит Реџепи (техничко уредување),

Митко Василевски (новинар),

Кристина Илиевска (новинар),

Ксенија Митева (лектор);

Александар Атанасов (фотографии)

Печати: „ДАТАПОНС“

Скопје

ШТИТ е магазин на Министерството за одбрана на Република Македонија

Излегува од печат еднаш во месецот

54

За потребите на одбранбено - безбедносниот систем потребни се образовани лица од сферата на

одбраната и безбедноста. Во Македонија постојат неколку реномирани високообразовни институции каде се школуваат кадри за потребите на одбраната и безбедноста. Идните офицери на АРМ, со сите специфики на својата професија, се образуваат на Воената академија, и тие имаат загарантирано вработување во АРМ. Но, потребни се и едуцирани цивилни кадри и тие треба да се регрутираат од цивилните високообразовни институции каде има катедри со различни програми од областа на безбедноста и одбраната. Соодветната соработка, поддршка и вработување на дипломираните кадри од овие институции ќе го овозможи напредокот и прогресот на државата во секој поглед. Токму во оваа насока, министерката за одбрана Радмила Шекеринска се обрати пред новите студенти на Факултетот за безбедност, по повод започнувањето на новата студиска година и 40-годишнината од формирањето на Факултетот. Таа, во своето обраќање пред професорите и идните студенти потенцираше дека е убедена дека студентите од оваа област ќе работат Македонија да ја направат побезбедна држава, членка на НАТО и дека квалитетни луѓе се секогаш потребни во одбраната и безбедноста. „Без чувството дека тука сме безбедни, дека можеме да ја планираме својата иднина, сè друго паѓа во вода и затоа пред

вас е голем предизвик и шанса за одлична кариера. Држава како РМ, може економски да оди напред исклучиво ако можеме да ја гарантираме безбедноста на нашата татковина, која е врзана со безбедноста на регионот, безбедност во Европа, безбедност во светот“ – рече Шекеринска.Во контекст на потребата од солидно и соодветно образование од областа на одбраната, ќе споменеме дека и НАТО ќе ја даде потребната поддршка за реформите во РМ, прифаќајќи го барањето на Владата, Р. Македонија да биде дел од Програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната и дека во следниот период тим од Секторот за политички прашања и безбедносна политика на НАТО ќе организира студиска посета на Македонија за утврдување на поддршка која е потребна во образованието. Министерката за одбрана пред идните студенти на Факултетот за безбедност во Скопје јавно го изрази задоволството што Македонија ќе може да учествува во програмата на НАТО за унапредување на образованието во делот на одбраната. „Тоа значи дека вие ќе имате од тоа голема корист. Тоа значи дека вашите професори ќе имаат можност да ја искористат ова програма за да ја подобрат наставата, но, пред сè, значи дека вие ќе може да заминувате на дополнителни обуки, и да следите каде се движи светот во поглед на одбраната и безбедноста“, истакна таа во своето обраќање.

д-р Жанет Ристоска

Образованието е во основата на напредокот

Цената на еден примерок е 50 денариГодишна претплата 600 денари

„Орце Николов“ 116 1000 Скопје, Република Македонија

Телефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)

даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

Инфо

Соработката СЕ ПРОДЛАБОЧУВА И СЕ ИНТЕНЗИВИРА

Во септември, во официјална посета на Република Македонија беше министерот за одбрана на Република

Бугарија, Красимир Каракачанов. Тој во рамките на посетата оствари средба со министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска. Во разговорите беше констатирано дека се продлабочува и се интензивира соработката во областа на одбраната што, пред сè, се согледува преку конкретните иницијативи и спроведување на планот на соработка договорен на експертско ниво. „Билатералниот договор којшто го потпишаа Република Македонија и Република Бугарија нема да остане само на зборови. И тој договор и она што се случуваше по потпишувањето на договорот, покажува дека двете држави Македонија и Бугарија, се свесни дека само преку добрососедство нашиот регион може да оди напред. Само преку развивање на добрососедски односи можеме да ја гарантираме нашата заедничка безбедност и можеме да го гарантираме напредокот на нашите две држави“, рече министерката Шекеринска и се заблагодари што Република Бугарија „сериозно застана во одбрана и во промовирање на нашата крупна стратешка цел, а тоа е членството во НАТО“. Министерот Каракачанов потенцираше дека договорот што беше потпишан на 1 август веќе почнува да станува иницијатива. „Убедени сме дека дека стабилноста во регионот зависи од добрососедските односи. Меѓу Бугарија и Македонија никогаш немало злонамерна и заткулисна

политика. Само со чесни односи може да има повеќе стабилност и ред на Балканот. Бугарија го поддржува државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија. Нашата позиција е да ѝ помогнеме на Македонија да стане членка на НАТО“, рече Каракачанов.Во рамките на посетата министерката за одбрана Шекеринска и министерот за одбрана на Р. Бугарија Каракачанов заеднички го посетија Полкот за специјални операции на АРМ. За време на посетата делегацијата беше брифирана за самата единица, нејзината структура и за досегашните стекнати искуства. Посетата продолжи со тактичко технички збор каде беше презентиран дел од опремата и вооружувањето кое се користи во единицата, а беа организирани и методско показни вежби на повеќенаменска алпинистичка кула, контролна точка, куќа за гаѓање и боречки вештини.

Одбранбената соработка меѓу двете министерства ќе се реализира преку преземање конкретни чекори. Во јануари 2018 г. ќе се направи експертска посета на Воената академија „Г.С. Раковски“, со цел размена на искуства во изработката на Стратегискиот одбранбен преглед (СОП). Исто така, предвидена е соработка на Силите за специјални намени која ќе резултира со заедничка воена вежба во 2018 година. Постојат можности за идно упатување на школувања во военообразовните капацитети на Република Бугарија на специјалистичка военомедицинска обука на персонал од АРМ во Военопоморската академија „Никола Вапцаров“ во Варна, претставување на капацитетите на армискиот полигон „Криволак“ и разговори за соработка меѓу претставници на двете воздухопловства.

Р.Ш.

Page 4: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

6 7

Делегација на Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерката за одбрана

Радмила Шекеринска учествуваше на мошне значаен Стратегиски форум кој се одржа во почетокот на септември во Блед, Р. Словенија. Овој форум е водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа на која се разговара за актуелните проблеми во регионот и пошироко. Оваа година се дискутираше за промените и предизвиците во светот, за позицијата на Европската унија, за Западниот Балкан, човековите права во време на промени и дигиталната дипломатија. На Форумот учествуваа голем број шефови на држави и влади, министри, дипломати. Во мноштвото средби што ги оствари министерката Шеќеринска на маргините на Форумот, ги издвојуваме средбата со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, со европратеничката Тања Фајон, со високата претставничка за

надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Во Љубљана, министерката Шекеринска беше официјално примена од министерката за одбрана на Република Словенија, Андреа Катич. Во разговорот беше потврдено дека Словенија е подготвена директно да ја поддржи Република Македонија во процесот на реформи во одбраната и при изработката на клучните документи за развој на одбраната и вооружените сили, како Стратегискиот одбранбен преглед. Словенечката министерка изјави дека Словенија ќе ѝ ја даде на Македонија истата поддршка која ѝ ја даде на Црна Гора во процесот на пристапување кон НАТО. Таа додаде дека Словенија ќе ѝ помогне на Македонија во изработката на сите реформски документи, особено на Стратегискиот одбранбен преглед. „Западниот Балкан за Словенија е приоритет и во тоа светло треба да се

гледа поддршката што ја даваме за пристапувањата кон НАТО и ЕУ. Затоа нè радува што Македонија во ова кусо време успеа да ги подобри односите со соседите“, рече Катич. Министерката Катич ја поддржа соработката на регионален план, особено во контекст на Балканските медицински наменски сили и додаде дека ќе ја поддржи Македонија во нејзиното кандидирање како водечка земја (рамковна нација) во оваа организација, по истекот на мандатот на Србија.Министерката Шекеринска порача дека мигрантската криза и проблемите со тероризмот покажуваат колку зависиме едни од други. „Безбедносните интереси на Словенија се бранат и во Македонија, безбедносните интереси на Европа се бранат и на Балканот. Затоа интересот на Македонија да стане членка на НАТО е и интерес на целиот регион, на Европа. Тоа е интерес на заедничката безбедност“, рече министерката. Таа додаде дека Македонија е исклучително посветена да ја оправда довербата на партнерите, вклучувајќи ја и Словенија,

со исполнување на зацртаните реформи во планот „3-6-9“. Шекеринска го потенцираше значењето на словенечката поддршка во изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, како клучен документ кој ја трасира траекторијата за реформи во доменот на одбраната. Министерката Шекеринска како пример за одличната одбранбена соработка ги наведе актуелните заеднички обуки на АРМ и вооружените сили на Словенија – обуката на припадниците на АРМ во Словенија, која е во тек, и планираната вежба, „Предизвик 17“ која ќе се реализира на „Криволак“ во октомври, заедно со 30-тина припадници на вооружените сили на Словенија. Македонско-словенечката одбранбена соработка вклучува и обуки и школувања на припадниците на АРМ во високите воени школи во Словенија. Земјите се дел и од поголем број регионални иницијативи, како Процесот на соработка во Југоисточна Европа (СЕДМ), Балканските медицински наменски сили, Форумот за безбедносна соработка и други. Министерката за одбрана Радмила

Шекеринска во Љубљана се сретна и со претседателот на Одделот за одбрана во словенечкиот Државен збор, Жан Махнич и со членовите на Собраниското тело за одбрана.Во агендата на посетата министерката Шекеринска ја посети и касарната во Церкље, каде што припадници на АРМ посетуваат обука за противвоздушна одбрана, која има цел да ја засили интеропребилноста помеѓу двете армии. При посетата на касарната пред министерката беше демонстриран дел од обуката, ракување со лесниот преносен ракетен систем „Игла“. Заедничкиот ангажман со вооружените сили на Словенија продолжува и во октомври, кога ќе биде реализирана вежбата „Предизвик 17“.Форумот на Блед и дводневниот ангажман на министерката Шекеринска во Словенија е навистина афирмативна содржина која во секој случај може да ни ја олесни долго посакуваната цел, членството во НАТО и во ЕУ.

Митко Василевски

Инфо

Министерката за одбрана на Република Македонија Радмила

Шекеринска има широк дијапазон на меѓународни активности во рамките на

кои сесрдно и аргументирано се залага и ја афирмира неопходноста за најбрзо

можно членство на Република Македонија во НАТО и во ЕУ. Во текот на месец септември

таа учествуваше на Бледскиот стратегиски форум и имаше

значајни средби во рамките на дводневната официјална посета

на Р. Словенија

Page 5: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

8 9

Инфо

„Подготвување вежби на национално ниво 2“

Од 29 до 31 август во Домот на АРМ во Скопје, Министерството за одбрана во соработка со

Инженерискиот корпус на Армијата на Соединетите Американски Држави (US Army Corps of Engineers), ја реализираа Работилницата која претставува продолжение/континуитет на работилниците за Планирање на сценарио Фаза I-IV, кои се реализираа во фискалната 2016 година и на работилниците за Планирање вежби на национално ниво кои се планирани за 2017 година.„Целта на овој настан е Македонските национални институции одговорни за подготовки и управување со кризи, врз основа на извршена проценка на ризици, да тренираат креирање и изработка на повеќегодишен план за обука и вежби кој ќе овозможи да се градат и одржуваат основни способности за успешно справување во случај на итни и кризни состојби“ – рече на отвoрањето на работилницата rаководителот на Секторот за цивилно-воена соработка, Тони Петрески.Повеќегодишниот план за обуки и вежби ќе овозможува институциите да учествуваат во серија вежби чијашто комплексност постепено се зголемува, при што секоја вежба којашто се спроведува е покомплексна од претходната сè додека не се совладаат сите. Понатаму, со вклучување на потребите за обука во процесот на планирање, институциите можат да ги отстранат недостатоците пред спроведувањето на вежби за зголемување на способностите. Се дискутираше за поединостите

и побарувањата на планирачките состаноци/работилници за организирање и реализација на ТТХ вежба од областа на управување со кризи која се планира за 2018 година и ќе се состои од одржување на следните настани:– состанок/работилница за изработка на концептот на вежбата;– иницијален планирачки состанок/работилница;– главен планирачки состанок/работилница;– финален планирачки состанок/работилница;– ТТХ вежба-реализација.Работилницата се одвиваше преку пленарни сесии и работа во групи.Покрај Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, учество земаа: Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за

внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за локална самоуправа, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за образование и наука, Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за финансии-Царинска управа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство-Управа за хидрометеоролошки работи, Дирекцијата за радијациона сигурност, Локалната самоуправа на град Скопје, Сеизмолошката опсерваторија, Црвениот крст на Република Македонија и Воената академија.

Кристина Илиевска

Во периодот од 1995 па сè до денес со Националната гарда на Вермонт Министерството за одбрана и АРМ имаат

реализирано повеќе од 850 активности на кои повеќе од 4.500 припадници на МО и АРМ имале можност да се запознаат со стандардите, тактиките и техниките на работење на НГ на Вермонт, вооружените сили на САД и НАТО-стандардите. Воената контакт-програма произлезе од Меморандумот за соработка од 1994 година. Партнерството се базира на четири клучни области – стабилноста, демократизацијата, воениот професионализам и блиската соработка со НАТО. Делегацијата најпрвин беше примена од НГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски. За време на приемот генералите Величковски и Креј го истакнаа значењето на одличната воена соработка на АРМ со НГ на Вермонт, изразена преку досегашното заедничко учество во мировни операции, реализацијата на голем број заеднички вежби, континуираното изведување на обука и едукација на припадниците на двете армии. Притоа, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски му

додели Благодарница за унапредување на меѓусебната соработка на потполковник Тод Гоф, директор на Воената контакт-програма на НГ на Вермонт за соработка на АРМ со Армијата на САД. По приемот кај НГШ на АРМ, во Министерството за одбрана се реализира состанок со министерката за одбрана Радмила Шекеринска на кој присуствуваше и амбасадорот на САД во Р. Македонија, Н.Е Џес Бејли. На состанокот од двете страни беше изразено огромно задоволство од искреното партнерство кое трае веќе 22 години. „Благодарение на оваа соработка, ги подигнавме стандардите на АРМ во согласност со стандардите на НАТО-алијансата“, истакна министерката Радмила Шекеринска на средбата. Зборувајќи за нашата стратегиска цел, членството во НАТО, министерката Шекеринска потенцираше дека Република Македонија смета на своите стратегиски партнери, особено во овој момент кога работиме забрзано и искрено кон членството во НАТО. Генералот Креј истакна дека од 70 партнерства на националните гарди на САД во светот, партнерството на Националната гарда на Вермонт и АРМ е еден од најуспешните примери на соработка која има неограничен

потенцијал. „Стратегиското партнерство е навистина корисно за двете земји и ние сме горди за сè што успеавме да обезбедиме за Македонија, меѓутоа и за искуството кое ние го стекнавме овде во Македонија. Навистина сме горди и на успехот којшто го имавме во мисијата „Феникс“ во 2010 година“, рече генералот Креј. Тој порача дека интеграцијата на Македонија во НАТО е дел од целите на партнерството и дека во текот на посетата ќе се разговара за активностите кои што ќе се преземаат следните години, и за помошта во однос на членството во НАТО и останатите цели на државата. Генералот зборуваше и за поддршката во однос на изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, како и надградувањето на капацитетите и помошта при справувањето со природни катастрофи, развојот на подофицерскиот кор, образованието и инженерските капацитети. Во текот на официјалната посета високата делегација на НГ од Вермонт оствари средби и со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери и Собраниската комисија за одбрана и безбедност.

Р.Ш.

Сметаме на поддршката од нашите стратегиски партнери

Висока воена делегација на Националната гарда на

Сојузната држава Вермонт, САД, предводена од

командантот, генерал-мајор Стивен Креј, во септември

оствари неколкудневна официјална посета на

Република Македонија. Овие континуирани годишни средби

на највисоко армиско ниво овозможуваат постојано

надградување на соработката преку воената контакт-

програма за соработка со Армијата на САД, но, исто така, на средбите се потврдуваат и пријателството и поддршката

од САД како наш најголем стратегиски партнер

Инфо

Page 6: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

10 11

од НАТО-колеџот од Рим, од НАТО-канцеларијата за врски во Скопје, како и претставници на регионални и глобални асоцијации и организации како АТА и ГЛОБСЕК.На свеченото отворање на Форумот свои обраќања имаа директорот на Алумни-асоцијацијата „Џорџ Маршал“ од Република Македонија, проф. д-р Стојан Славески, шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, морнаричкиот капетан Горазд Бартол и полковникот Тимоти Бјукен, висок претставник за одбрана од Амбасадата на САД во Скопје. Прв излагач на темата со целосно предавање на првиот панел беше Марк Лејти, долгогодишен известувач и новинар на ББС од повеќе кризни подрачја во светот, шеф на STRATCOM SHAPE програмата и директен учесник во преговорите за време на конфликтот во Македонија во 2001 како медиумски советник на

Лордот Овенс и на претседателот Борис Трајковски. Тој кон темата се осврна од аспект на потребата за креирање и имплементација на соодветна стратегиска комуникација која ќе се спротивстави на сите негативни и тенденциозни медиумски влијанија во регионот и ќе придонесе кон создавање на една кредибилна и позитивна медиумска приказна и перцепција за НАТО и ЕУ и земјите од Западен Балкан. Инаку, работниот дел на Форумот беше поделен на повеќе панели на значајни теми поврзани со главната тема. На панелот насловен како „Заканите од хибридното војување: шанса за НАТО и ЕУ да дејствуваат заеднички“, свои излагања имаа Џејсон Вајсмен од АТА, Брисел, проф. д-р Стево Пендаровски, пратеник во Собранието на Република Македонија и Јан Кингел од Институтот GLOBSEC. Еден панел беше во врска со кризниот менаџмент на НАТО и ЕУ во земјите од Западен Балкан преку

национални перспективи, а посебен панел беше на тема во врска со илегалната миграција и соработката на НАТО и ЕУ на овој план. На овој панел излагање имаше шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, морнаричкиот капетан Горазд Бартол и пензионираниот генерал од НАТО колеџот во Рим, Џузепе Морабито, кои преку конкретни анализи и елаборации презентираа кои се механизмите на НАТО и на ЕУ во однос на проблемот со илегалната имиграција и што се презема за подобрување на состојбите. Од Министерството за одбрана на Република Македонија со свое излагање на Форумот учествуваше заменикот-министер за одбрана д-р Беким Максути. Неговото излагање на Форумот беше во рамките на панелот посветен на „НАТО и ЕУ придонесот во регионалната соработка“. Тој во своето излагање се

осврна на придонесот на Република Македонија кон НАТО и ЕУ, воедно потенцирајќи ја определбата на Р. Македонија кон колективното членство како врвен приоритет на државата. Тој се задржа на придонесот на припадниците на АРМ во мировните мисии, а се осврна и на значењето и придобивките од зајакнувањето на добрососедските односи и регионалната соработка помеѓу земјите од Регионот, особено во сферата на одбраната и безбедноста. На овој панел со свои излагања учествуваа и професорите Себастиан вон Муншов и Пол Дунај од Европскиот центар „Џорџ Маршал“ за безбедносни студии од Германија. Сите заклучоци и препораки произлезени од плодната дебата која се разви на овој значаен безбедносен форум ќе бидат преточени во соодветни препораки кои ќе бидат доставени до релевантните авторитети.

д-р Жанет Ристоска

Центарот „Џорџ Маршал“, веројатно, е една од водечките институции која со години наназад придонесува

за натамошно унапредување на регионалната соработка во областа на одбраната и безбедноста. Едукацијата што Центарот со години ја обезбедува за претставници од државните институции се рефлектира во импозантната бројка на дипломирани кадри на овој колеџ од голем број држави. Целта на „Џорџ Маршал“ алумни-асоцијациите е да ги ефектуираат позитивните промени во сопствените држави кои промовираат стабилност и безбедност и да придонесат во разрешување на прашањата од одбраната, безбедноста и надворешната политика. Комплементарното влијание на алумни-асоцијациите секако дека има свој посебен повратен ефект, не само за матичните држави туку и за регионот во целина. Алумни-асоцијациите

остануваат независни, непрофитни ентитети и намената и структурата на секоја од нив е определена исклучиво од волјата на нивното интерно членство. Оваа година Форумот за безбедност насловен како „Соработка помеѓу ЕУ и НАТО во проектирањето стабилност за Западен Балкан“ се одржа во Охрид во периодот од 25 до 29 август. Во фокусот на Форумот беше соработката помеѓу НАТО и ЕУ во однос на проектирање на стабилност во земјите од Западен Балкан. На Форумот беа присутни учесници од голем број држави од регионот на Западен Балкан и пошироко. Форумот го отвори проф. д-р Стојан Славески, претседател на „Џорџ Маршал“- алумни-асоцијацијата од Република Македонија, а свои обраќања и предавања во текот на Форумот имаа високи претставници и предавачи од американската Амбасада во Скопје, Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“, предавачи

Инфо

Алумни асоцијацијата на Центарот „Џорџ Маршал“ од

Р. Македонија важи за една од најактивните во регионот, а меѓу активностите кои ги реализира

алумни-асоцијацијата, секако, е и организацијата на

меѓународен безбедносен форум, на кој учествуваат голем

број еминентни стручњаци, професори и експерти и на кој се дебатира на актуелни теми од сферата на безбедноста и

одбраната, а кои имаат влијание врз земјите од регионот и

нивната безбедност и соработка

Page 7: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

12 13

губење на базичните војнички вредности, главно поради преголемата зависност од технологијата. Ако „од дрвото не се гледа шумата“, сега во НАТО се заборава дека шумата е сепак составена од дрвја. Премногу време се троши на тоа како промените во опкружувањето влијаат врз НАТО, отколку како тие влијаат врз противникот, т.е. кои предности тој ги стекнува. На пример: во последните 15 години, терористите имаа уништено повеќе тенкови, повеќе гаѓано со минофрлачи и повеќе убиено со снајпер од цело НАТО заедно. Кој овде всушност има поголемо искуство во војна, кој е поголем експерт за изработка и поставување на импровизирани експлозивни направи, заседи, препади, упади, атентати, маскирање, инфилтрирање и сл.? НАТО-проектот за урбано војување е проигран во повеќе центри за извонредност на Алијансата за да се анализира влијанието на различни аспекти на урбанизацијата. Како посебно загрижувачка е процената дека идните војни во урбаните центри ќе личат на Алепо, Рака и Мосул каде едни од актерите ќе бидат терористи или бунтовници кои ќе користат методи на тероризам. Заканата од терористи кои ќе му се спротивстават на НАТО во урбана средина е комплексна. Пред сè, терористите најверојатно ќе бидат родени и пораснати во градот и ќе го познаваат теренот, населението, сите предности и недостатоци на градот како војувалиште. Тие ќе го познаваат градот многу подобро од војниците на НАТО кои би дошле да оперираат од друг континент. Лидерите на терористите ќе бидат бивши шефови на полиција или воени лица и ќе ги познаваат клучните лидери во градот. Современите терористи се паметни, а идните терористи ќе бидат уште попаметни. Ќе ја користат ефикасно новата технологија, интернетот, ќе планираат напади преку „гугл мапи“. Иницијативата ќе ја имаат тие, ќе го зачадат теренот со палење гуми за да не може војските на НАТО ефикасно да ги користат дроновите и воздушното набљудување. Од друга страна, веќе е потврдено дека терористите на Блискиот Исток веќе користат свои дронови за набљудување и водење на операции. За да обезбедат лојалност на населението, ќе користат екстремни методи на терор. Јавно ќе егзекутираат шпиони и соработници на НАТО, а тоа ќе го прават театрално и ќе го објавуваат на интернет. Во градот ќе поставуваат барикади, ќе палат автомобили на раскрсниците за да спречат движење на возила. Ако градот е голем и има подземна железница, ќе ја користат како засолниште, за движење, маневар, снабдување, транспорт, инфилтрација и изненадни напади во разни делови од градот. Терористите во урбаните средини многу лесно ќе го користат населението како жив штит, ќе

ги врзуваат заробениците на покривите од зградите, ќе ги ставаат во кафези за да го одвратат НАТО да дејствува од воздух. Бидејќи терористите не ги почитуваат женевските конвенции, тоа нема да го гледаат како компромитирање и ќе бидат крајно креативни за да се спротивстават на западната воена доктрина. Во урбана средина терористите полесно ќе доминираат отколку во рурални предели каде НАТО може да дејствува со поголема сила. Терористите ќе произведуваат оружје, ќе прават мини на изненадување, ќе ги поставуваат насекаде без рестрикција, ќе вршат самоубиствени напади и атентати. Подобро ќе пукаат, маскираат и подобро ќе комуницираат. Тие ќе бидат на свој терен и меѓу своја култура. Ако некоја зграда им пречи за да набљудуваат или дејствуваат, без проблем ќе ја урнат. Нема да имаат никакво чуство на одговорност и ќе прават што сакаат. За разлика од нив, секоја посилна акција на НАТО би значело целосно уништување на градот. НАТО ќе мора да размислува на поправање на штетата во градот и да планира постконфликтна фаза. Терористите може да го раселуваат населението од една населба во друга за да биде нивен жив штит и сигурно ќе го спречуваат да си оди од градот, бидејќи без цивили НАТО би можел да дејствува

со поголема сила. Ако воспостават контрола на дел од градот, таму каде што ќе бидат главни и одговорни за животот на цивилите, тие ќе мора да плаќаат данок за заштита. Терористите ќе користат дрога за да имаат натчовечки способности и ќе делуваат натприродно и непобедливо. Хаосот во градот ќе биде нивно царство. За разлика од нив, за војниците на НАТО дојдени од Европа, тоа ќе биде кошмар. Терористите ќе ги знаат сите зони на слетување со хеликоптери, ќе ги минираат спортските игралишта и паркови, на секој агол ќе имаат набљудувачи. Вистината нема да биде важна затоа што терористите ќе ја контролираат. Бидејќи тероризмот е стратегија на исцрпување, времето ќе работи за нив. Теоретски, НАТО ќе треба брзо да реагира, но искуствата покажуваат дека тоа нема да се случи и додека се донесе политичка одлука, веќе ќе биде доцна. Еднаш кога терористите ќе го завземат градот, ќе го претворат во тврдина, и за да се извадат од таму ќе треба да се направи голема материјална штета со многу цивилни жртви како колатерална штета. НАТО тешко ќе може да обезбеди контрола врз град во кој терористите веќе воспоставиле контрола. Исто така, НАТО најверојатно ќе реагира само откако тоа ќе се случи. Затоа, не треба да се фокусира на уништување (Клаузевиц)

Oд 2008 година наваму повеќе од 50% од луѓето во светот живеат во урбани средини, а особено земјите во развој

имаат висока стапка на урбанизација и преселување на луѓето од руралните во урбаните средини. Се проценува дека урбаното население во земјите на развој кое во 2015 година беше 2,9 милијарди, во 2035 година ќе порасне на 4,3 милијарди. Бидејќи идните војни ќе се водат најверојатно во земјите на развој, ова значи дека идните операции на НАТО ќе се одвиваат претежно во урбани средини.Често може да се слушне самокритика на членките на НАТО дека Алијансата е извонредна во концептуализирање на идеи, но не и во нивната практична примена. Најверојатно затоа што НАТО не е еден ентитет, туку збир на различни војски од различни држави со различна воена култура и перцепција на реалноста. Како голем предизвик (проблем) во НАТО се идентификува

На прва линија

НАТО - проект за урбано војување

Поради карактерот на последните воени жаришта низ светот во последните десет години, членките на НАТО одлучија да

направат сеопфатна студија за влијанието на урбанизацијата врз воените операции до 2035 година. Проектот на НАТО за

урбано војување започна во 2014 година, а се објави две години подоцна. Резулататите од овој проект ќе бидат појдовна основа за подготовката на војските на НАТО за идното војување, кое се

предвидува дека ќе се води претежно во урбани средини

Page 8: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

14 15

туку на контрола на просторот (Сун Цу). Војната против тероризмот е нерегуларна војна во која не важат западните концепти на војување. НАТО треба да почне повеќе да го чита Сун Цу отколку Клаузевиц, бидејќи непријателот не е нацистичка Германија каде по потпишување на капитулација војната веднаш престанала. Ова е источен, тврдоглав начин на војување без крај, со цел да се одлоговлече војната додека запад не се откаже. Потенцијалните противници на НАТО во идните воени операции се родени во војна и само за војна знаат. НАТО треба да сфати дека ќе се бори со противник кој нема што да изгуби и затоа е спремен на се.Од искуствата во Авганистан НАТО заклучи дека против нелинеарни противници ќе мора да започне да размислува нелинеарно. Секој проблем има повеќе решенија, проблемите не мора да се решаваат по ред, а постојат и проблеми кои воопшто не треба да се решат. Понекогаш проблемот всушност не е проблем, туку само се перцепира како проблем. Колку побрзо западните војски ги премостат овие културолошки разлики во сфаќање на реалноста, толку

подобро ќе се адпатираат во борбата против тероризмот во урбана средина. Искуствата од коалицијата на САД во Ирак и операцијата на НАТО во Авганистан покажаа дека некои западни војски се воздржуваат од преземање на физички ризик. Сите учесници имаат свој интерес да бидат во коалиција, но одбираат поретко да се впуштаат

во директна борба. Многу војски на партнерите во Ирак и Авганистан имаа национални ограничувања со кои не ги изложуваа на ризик своите војници. САД ова го толерираа досега бидејќи за нив е поважна политичката поддршка отколку војничка (во операцијата „Слобода за Ирак“ сите партнери на САД сочинуваа помалку од 7% од вкупните сили на коалицијата). Токму овој психолошкиот ефект од долгата војна на НАТО во Авганистан и неуспехот да се победи, влијаеше врз одлуката на НАТО за изработка на проект за урбано војување. НАТО одлучи дека во идните урбани операции, доколку стане предоцна и теренот (градот) е веќе под нечија контрола, ќе се дејствува со индиректен оперативен пристап. Ова би се постигнало од надвор преку поддршка на пријателски фрации кои се борат внатре во градот и евентуално со употреба на специјални сили.Во идните операции во трети земји, НАТО планира да ги заобиколи градовите за потоа да ги блокира и изолира. Во предвид ќе треба да се земат повеќе идентификувани сфери на влијание како отворен простор и улици, подземје, вода и пристаниште, подводна сфера, воздушен простор, сајберпростор, население, цврсти структури и станбени објекти. Терористите од друга страна ќе мислат најверојатно само на една сфера во урбаната војна – населението. Развојот на маневарско војување меѓу двете светски војни беше продукт на офицери кои не сакаа да заглават во рововска војна. Денес е потребно новата генерација на офицери да измислат нов начин на војување за да не заглават во урбана војна. Очигледно е дека нешто не е во ред и со сегашната доктрина не само што не може да се победи, туку направи заканата од тероризам да се зголеми. За време на Студената војна запад ги бркаше терористите, за сега терористите да го бркаат Запад. Тие ја пренесоа борбата на европско тло и иницијативата е на нивна страна. Улогите драстично се променија и денес НАТО е всушност во дефанзива. Дури и терминологијата на НАТО се смени. Долго време се зборуваше за противтероризам, за сега се повеќе да се зборува за одбрана од тероризам. Тоа е дефанзивен наспроти офанзивен ментален склоп. Речникот кој го користиме влијае врз начинот на кој размислуваме за проблемот. Доколку зборуваме дефанзивно, така ќе се однесуваме и така ќе дејствуваме. Затоа одговорот на НАТО во идното урбано војување би требало да биде многу поагресивен од решението до кое дојдоа во нивниот проект. Контрола на градовите од надвор и користење на специјални сили нема да може да решат урбано сценарио како Алепо и Мосул.

м-р Ѓорѓи Вељовски

НАТО-проектот за урбано војување е „проигран“ во повеќе

центри за извонредност на Алијансата за да се анализира

влијанието на различни аспекти на урбанизацијата. Како посебно загрижувачка е процената дека

идните војни во урбаните центри ќе личат на Алепо, Рака и Мосул, каде едни од актерите ќе бидат

терористи или бунтовници кои ќе користат методи на

тероризам

Тврдењето на Клаузевиц дека „војната е продолжеток на политиката со други средства“ од аналитичарите на нерегуларното

војување е парафразирано како „бунтовништвото е примена на политиката на партија, во одредена земја, со сите можни средства“. Важно е да се напомене дека лидерите на нерегуларните војувања, водени најмногу од своите лични искустава, имале стратегии кои помалку или повеќе се разликувале, но сите имале еден ист заеднички фактор. Тоа е фактот дека не постојат јасно исцртани и остри граници помеѓу неопходните предуслови потребни за постигнување на успешен резултат во нерегуларното војување. Еве како некои од најпознатите лидери и борци размислувале за стратегијата и водењето на нерегуларно војување. Мао Це Тунг навел неколку очигледни основи: приморај го противникот да се рашири на просторот, напаѓај го на слабите места, избегнувај отворена борба освен кога имаш надмоќна сила итн. Неговиот приод кон стратегијата е единствен и се

Глобал

Стратегијата за водење нерегуларно војување е тешко да се дефинира на начин со кој ќе може да биде дел од одредена

доктрина и ќе може да се користи во военото планирање

Стратегија и тактика на нерегуларното војување

Page 9: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

исто така одиграло одлучна улога во англиската и историјата на САД, во востаниjата против Отоманската Империја, и во поново време во Либан каде што „Хезболах“ многу вешто го користи ова ново оружје. Слично, „освојувањето на срцата и умот“ била девизата на познатиот противбунтовник Џералд Темплер во Малаја која истакнува дека локалната поддршка на населението може да има одлучувачки ефекти врз резултатот на конфликтот. Во Ирак, борбата против бунтовниците ја води генералот Петреас кој верувал во девизта „насоченост кон населението“. Надворешната или странската поддршка е исто така фактор кој треба да се земе предвид во нерегуларното војување. Оваа поддршка е многу значајна во повеќе области. Вооружените сили на третата страна можат да го приземјат и оптоварат

напаѓачот, како што француските сили го демонстрирале тоа со своите континуирани напади против британската армија во американската револуција. Третата страна може да им пружи материјална поддршка на бунтовниците за да се смени текот на борбите во нивна корист. Така на пример муџахедините можеа да се справат со супериорноста на советските сили во воздушниот простор само откако ги добија ракетите „Стингер“ од ЦИА. Можеби не толку значајна како претходно наведените две, пасивната поддршка може значајно да им помогне на бунтовничките сили, на пример со давањето на простор за маневар и слободно движење, или како во случај на соседна земја која воопшто не ги поддржува противниците на бунтовничкото движење. Следен многу значаен факт е дека на бунтовниците не им е потребна и неопходна

победа во одлучувачка битка за да ги остварат своите стратегиски цели. Некои аналитичари тврдат дека дејствата во нерегуларното војување имаат голема важност само доколку создадат психолошка реакција кај противникот и дека во својата основа ова војување е борба за постепено уништување на противникот. Со оглед на тоа дека герилките сили најчесто се помалку бројни и инфериорни по моќност, тие имаат потреба од големо познавање и разбирање за традициите и културата на својот противник за да постигнат ефект на изненадување и надмудрување. Без добро познавање на противникот герилците нема да можат да постигнат тактичка предност која е стратегиски значајна и според Мао Це Тунг и покрај тоа што елементот на изненадување постои и во конвенционалното војување, приликите за негово постигнување ги има многу повеќе во герилските борби. Во ова војување брзината е исто така многу значајна. Слично на изненадувањето постојат и други фактори кои имаат значајна улога во нерегуларното војување, но главната разлика е тоа што во герилското војување нема простор и многу шанси за извршување на одредени акции повеќе од еднаш. Така, герилските борци мора да бидат посебно вешти во користењето на своите вештини и способности како што Арапите ја користеле својата специјална мобилност низ бескрајните пустински предели за да ги изненадат и надмудрат турците. Според аналитичарите суштината на тајните операции се состои во одговорот на прашањето кој кого го изолира од материјален и психолошки аспект. Можеби и најважно, исклучително моќна алатка во рацете на герилските групи се различните системи на комуникација и медиумите. Тие не претставуваат само средства за влијание и креирање на јавното мислење, туку се користат за мобилизација на поддржувачите, организирање на бази за финансиска поддршка, регрутација на нови членови, извршување на пропагандни активности, дистрибуција на материјали за обука, создавање на логистички системи итн. И покрај тоа што тероризмот во својата современа и меѓународна интерпретација не претставува типичен метод на нерегуларно војување, факт е дека терористичките организации многу вешто ги користат медиумите. Бин Ладен бил убеден дека „војната во медиумите“ е еден од најважните методи за промоција на џихадизмот и опфаќа 90 проценти од подготовката на нападите.

м-р Атанас Пановски

16

разликува од пристапот на останатите по следното: односот помеѓу нападот и одбраната на тактичко и стратегиско ниво, по трите фази (стратегиска одбрана, изедначеност, стратегиски напад), и доминантно влијание на политиката и воените дејства во поддршка на стратегијата. За разлика од другите теоретичари, тој тврдел дека без оглед на тоа колку се деструктивни и успешни, тактичките акции сами по себе не се доволни за протерување на непријателот од одредена територија. Еден од следбениците на Мао, генералот Гиап, на стратегијата ѝ приоѓа со многу мала разлика. Тој за време на школувањето ја прифаќа идеологијата за победа над посилниот непријател, но не ја прифаќа целосно формулата на Мао според која треба да се користат тактики на „удри и бегај“ во руралните средини и дека борбата не треба да се насочува кон урбаните места. Различно, Гиап верувал дека кампањата на нерегуларното војување треба да се води истовремено и во

руралните и во урбаните места. Фидел Кастро и Че Гевара, ја извојувале најмалку веројатната победа во историјата. Со неколку стотини борци наспроти десетилјадна војска тие не би успеале без правилна стратегија и поддршка од народот. Познато е дека кубанската војска под раководство на претседателот Батиста не била во најдобра форма и била составена од регрути кои не сакале да се борат. Режимот на Батиста веќе бил непопуларен меѓу народот кога се појавиле Кастро и Гевара, и тоа е моментот кога овие генијални борци успеале во својата стратегија. Тие ги комбинирале нападите со мал интезитет, најчесто раководени од Че, и големите напори за влијание на јавното мнение водени од Кастро кој пожал голема способност дури и неуспешна воена акција да претвори во пропагандна победа. Слична стратегија коже да се препознае и во дејството на Ал-Каеда, која има експерти во користењето на медиумите и интернетот во пропагандни цели.Т.Е. Лоренс бил британски воен разузнавач кој работел со армијата на Арабија против Турците во 1916 година. Неговата стратегија била да поведе нерегуларно војување и да ги напаѓа слабите точки на железничката пруга која ги снабдувала Турците и настојувал да избегне отворена борба. Тој верувал дека надмоќноста во големата подвижност на арабиската армија која се движела со камили ќе победи над способноста на Турците да се одбранат. Бунтовниците ќе ги присилат Турците да се бранат од „фантоми“, да им ја поткопат безбедноста и да генерираат што повеќе цели за Арапите. Лоренс бил успешен во вклучувањето на технологијата и пустинската мудрост во своите маневри.Независно кој приод одредена земја ќе го примени во својата одбранбена стратегија или која комбинација на некои други земји била функционална, важно е да се истакне една многу важна изрека на Мао Це Тунг која гласи: герилците имаат потреба од стратегија. Историјата обезбедува примери и покажува дека ниту една од нерегуларните стратегии не била перфектна туку или нешто им недостасувало или не биле применети кога тоа било потребно. Од тие причини потребно е да се истакнат некои важни карактеристики кои треба да се земат во предвид кога се зборува за нерегуларното војување на тактичко и стратегиско ниво. Јавното мнение е многу важно. За време на американската револуција, бунтовниците го манипулирале локалното население на ефективен начин и успеале да намалат предноста на противникот. Јавното мнение

Некои аналитичари тврдат дека дејствата во нерегуларното војување

имаат голема важност само доколку создадат психолошка

реакција кај противникот и дека во својата основа ова

војување е борба за постепено уништување на противникот.

Со оглед на тоа дека герилките сили најчесто се помалку бројни и инфериорни по

моќност, тие имаат потреба од големо познавање и

разбирање за традициите и културата на својот противник

за да постигнат ефект на изненадување и надмудрување

Page 10: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

Се наметнува нов проблем: Како да се продолжи против сунитските џихадистите кои продолжуваат да им се закануваат на Западните сојузници? Јасно е дека шиитската доминација во регионот ќе ги засили овие сунитски групи, нивното регрутирање дома и во далечните сунитски земји. Сето ова води кон заклучок дека поразот на ИД нема да стави крај на вмешаноста на Западните сојузници во конфликтите на Блискиот Исток и всушност може да доведе до нивно зголемување. Најверојатно нема да има повторување на војните во Ирак, но во базите и флотите во регионот ќе се концентрира голема воена моќ. Сè додека Иран се обидува да доминира во целиот регион и сунитските џихадисти ги напаѓаат САД и Европа, уделот на Западните сојузници во политиката на моќта на Блискиот Исток нема да се намали.Како загубата на територијата на ИД ќе влијаат на транснационалниот сунитски џихад? Можно е да се случи радикална трансформација во балансот на силите помеѓу џихадистичките групи. Доколку штетата што ќе ја претрпи „Исламската држава“ биде голема, „Ал каеда“ повторно ќе се искачи како неспорен лидер на глобалното џихад движење. Не е за отфрлање и можноста за надминување на разликите помеѓу двете групи и воспоставување на реконсилијација заради одржување на милитантната исламистичка идеологија.„Ал каеда“ е сè уште силна, еластична и водена од разумна стратегија за придобивање на популацијата и искористување на локалните конфликти за остварување на сопствените цели. „Ал каеда“ сè уште има контрола врз мрежата на филијали од Северна Африка до Индија. Но, неодамна го загуби својот најсилен и најуспешен приврзаник, сирискиот фронт на „Ал нусра“ (сега познат како „Хајат тахрирал шам“), кој се сметаше за олицетворение на стратегијата за освојување на срцата и умот на населението. Две години претходно „Ал каеда“ ја загуби поддршката од нејзината поранешна филијала во Ирак, која продолжи да се ребрендира и го објави „Калифатот“. Очигледни се и намалените терористички способности на „Ал каеда“, а Завахири продолжува да дава бројни изјави дека нападите на Западните сојузници останува негов главен приоритет. Но, ако погледнеме назад низ годините, „Исламската држава“ останува далеку поспособна во овој поглед.Помирувањето на џихадистите е исто така тешка задача, уште потешка од онаа за триумфот на „Ал каеда“. Нивото на нетрпеливост помеѓу следбениците на „Исламската држава“ и „Ал каеда“ не смее да се потцени. „Ал каеда“,

приврзаниците на ИД ги опишува како „екстремисти“, „хариџити“ и „такфири“ (неверници). Оваа поделба е едноставно непремостлива, поради теолошките и стратешките разлики во светот на џихадистите со децении наназад.По Мосул, ирачката армија ќе мора да ги исчисти упориштата на ИД во блиските градови Тал Афар и Хавија, градови што беа опкружени со шиитски милиции и курдски сили поддржани од Иран. Ирачката служба за борба против тероризмот, ќе има водечка улога во тие борби, како што има во Мосул и други населени места. За многумина Ирачани, уништувањето на минарето „Ал Хабба“ во Мосул, го симболизира поразот на т.н. „Исламска држава“ во Ирак. Под ова минаре, во џамијата „Ал Нури“, Абу Бакрал Багдади го прогласи својот „калифат”, а сега тој е уништен од страна на џихадистичката организација во пресрет на напредокот на ирачките безбедносни сили. И покрај тоа што е пред пораз, „Исламската држава“ ќе продолжи да постои. Реструктуираната организација која не контролира територија претставува нов безбедносен предизвик. Воено, групата ќе премине кон герилско војување, вклучително

и напади врз цивили во густо населените подрачја во Ирак. За разлика од минатото, за надокнадување на ресурсите ќе се префрли на криминално-мафијашки тактики, како на пример перење на пари од навидум легални бизниси.Во Багдад, внатрешно-шиитската борба за власт помеѓу сегашниот премиер Хајдер ал Абади, и поранешниот

премиер Нури ал Малики и шиитскиот свештеник Муктада ал Садр може да ескалира. Исто така и Техеран работи на зајакнување на врските со својот сојузник, поранешниот премиер Малики и високите лидери на Народните мобилизациски сили. За Ирак да ги надмине овие предизвици, мора да ги зајакне локалните и федералните државни институции за борба против

моќните милитантни недржавни актери и да постигне компромис за поделба на локалната власт. Само тогаш државата ќе може да се насочи кон решавање на причините за подемот на „Исламската држава“, а моменталните воени победи да ги преточиво долгорочни политички договори кои ќе ги решаваат конфликтите и ќе обезбедат мир за Ирак.

д-р Ненад Танески

Поразот на Исламската држава ќе отвори сериозни прашања со кои ќе се соочат западните сојузници. Кој ќе го заземе

местото на просторот на кој оперираше џихадистичката група? Новата коалиција составена од Иран-Хезболах-шиитската милиција и Русија, јасно ставија до знаење дека за нив тоа не претставува „проблем“. Меѓутоа, повеќе од очекувано е дека САД нема немо да стојат и да набљудуваат, бидејќи таквиот развој на настаните ќе ја зацврсти антиамериканската коалиција, ќе ја зголеми заканата кон Јордан и Израел, и ќе го остави Иран да биде доминантна сила во поголемиот дел од регионот. Конфликтот во Сирија ја уништи можноста за лесно консолидирање на земјата. Но, во еден среден рок и Западните сојузници и Русија мора да сфатат дека е неопходна меѓусебна почит и компромис, со цел остварување на заедничките интереси, сведување на насилството на минимум кое ќе обезбедни враќање на бегалците дома.Сепак и најоптимистичкто сценарио, во кое ИД е поразена и ја губи контролата над „државата“, таа ќе продолжи да постои како терористичка група, а во секој случај „Ал Каеда“ и другите џихадски групи нема да исчезнат.

18 19

Што после поразот на „Исламската Држава“

Глобал

Исламската држава се наоѓа пред својот пораз. Мосул, најголемиот град кој беше под нејзина контрола, речиси целосно е ослободен, а силите предводени од курдските сили напредуваат во офанзивата на градот Рака. Очигледно во блиска иднина, доаѓа тежок период. Ослободените територии ќе отворат ново поглавје и прашања за

иднина на Блискиот Исток

И покрај тоа што е пред пораз, „Исламската држава“

ќе продолжи да постои. Реструктуираната организација која не контролира територија претставува нов безбедносен предизвик. Воено, групата ќе

премине кон герилско војување, вклучително и напади врз

цивили во густо населените подрачја во Ирак. За разлика

од минатото, за надокнадување на ресурсите ќе се префрли на

криминално-мафијашки тактики, како на пример перење на пари

од навидум легални бизниси

Page 11: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

20 21

За квалитетно одлучување потребно е да се спознае потребата за донесување на одлука и да се биде свесен

за временскиот лимит кој постои при одлучувањето. Постапката за одлучување и донесување на одлука мора да ги има следните фази: идентификација на проблемот; дефинирање на целите; донесување на прелиминарна одлука;генерирање на листа на можни решенија; евалуација на можните решенија; избор на решение; спроведување на одлуката; следење на извршувањето на одлуката. Наведените елементи се природни предуслови за донесување на квалитетни одлуки. Така на пример, некои команданти одлучуваат на лице место, други бесконечно долго размислуваат, дури и кога се работи за сосема едноставни работи, а некои бегаат од донесување

на одлуки. Командантот кој мисли дека брзото донесување на одлуки е одраз на неговата ефикасност не е свесен за последиците од непромислените одлуки. Многу команданти ветуваат многу, а подоцна забораваат на потребата за донесување на одлука. Постојат и такви кои секогаш

мислат дека немаат доволен број на информации за донесување на одлука, такви кои непотребно се загрижени секогаш кога треба да донесат одлука или оние кои комплицираат дури и кога се во прашање наједноставни одлуки, па и оние кои сите одлуки ги препуштаат на своите претпоставени. Сите наведени типови на команданти се или премногу или премалку загрижени за донесување на одлука, не се свесни за важноста за донесување на одлука и покажуваат мала заинтересираност за време на донесувањето на одлуката, особено кога одлуките се тешки. За да биде одлучувањето квалитетно командантите мораат да бидат заинтересирани за донесувањето на одлуката и за нивниот временски лимит. Успешните команданти чувствуваат и знаат кога ситуацијата налага донесување на одлука. Исто така,

Едукацијауспешните команданти имаат развиено чувство за правовремено донесување на одлуката. Тие знаат квалитетно да одлучуваат. На командантите им стојат на располагање два начина со чија помош можат да го подобрат квалитетот на донесените одлуки. Првиот начин е користење на чекорите при одлучување, а вториот начин е групно донесување на одлуки. За да бидат одлуките квалитетни, командантите треба да имаат разработен пристап кон донесување на одлуки, кој е систематичен и логичен. Командантите треба да имаат разработено чекори при донесување на одлука, а тие се: идентификација на проблемот; идентификација на можните решенија за проблемот; собирање и обработка на факти; евалуација на можните решенија на проблемот; избор и имплементација на најдоброто решение; „фидбек“ заради подобрување на одлучувањето. Потреба од креативност при донесување одлукиДа се биде креативен, не значи секогаш да се имаат револуционерни идеи, туку е поважно да се има свеж и непречен пристап при донесувањето на одлуките. Притоа треба да се има на ум дека креативни команданти се нарекуваат оние кои не само што имаат нови идеи, туку и ја поттикнуваат

инвентивноста и креативноста кај потчинетите. Токму командантите се тие кои ја градат организациската култура која ја цени инвентивноста и креативноста, а потчинетите таа култура и командантот како нивен претставник ги препознаваат и реагираат соодветно. За да бидат одлуките кои ги донесуваат командантите и останатите офицери

креативни потребно е сите припадници на единицата да се креативни и константно да се подобрува и развива креативноста. Треба да се поттикнува креативноста во организациската единица и да се совладуваат сте пречки притоа. Секој може да биде креативен во одредена мерка, во зависност дали ја развива својата креативност или не. Голем број луѓе со годините ја губи својата креативност бидејќи не се ни обидуваат да бидат креативни. Креативноста не

е особина само на ретки поединци. Личност која мисли дека не е креативна, всушност е личност која не ги користи своите креативни потенцијали. Креативните луѓе се флексибилни и не се склони кон авторитет. Натпросечната интелигенција не е задолжителен услов за креативност. Креативните луѓе имаат позитивна слика за себе. Креативните луѓе се воздржуваат од изнесување на мислење додека не ги соберат сите потребни информации за проблемот. Тие се посклони кон размислување отколку кон импулсивност, тие се чувствителни на светот околу себе и на чувствата на други луѓе. Креативните луѓе ја ценат својата самостојност и немаат постојана потреба од пофалби од групата. Креативните луѓе се заинтересирани за значење и влијание, а не за мали детали. За жал, луѓето го губат поголемиот дел од својата креативност со нивното стареење. Студиите покажуваат дека до 40-тите години луѓето задржуваат само 2% од креативноста која ја имале на 5-годишна возраст. Клучот за подобрување на креативноста е да им се допушти на креативните потенцијали да се развиваат низ целиот живот. Еден начин како да се биде креативен е да се концентрирате и размислувате одеднаш само за еден проблем и да се обидете

Успешните команданти знаат квалитетно да одлучуваат.

Тие чувствуваат и знаат кога ситуацијата налага

донесување на одлука. Тие имаат развиено чувство за правовремено донесување

на одлуката

Да се биде креативен, не значи секогаш да се имаат

револуционерни идеи, туку е поважно да се има свеж и непречен пристап

при донесувањето на одлуките. Притоа треба

да се има на ум дека креативни команданти се нарекуваат оние кои не

само што имаат нови идеи, туку и ја поттикнуваат

инвентивноста и креативноста кај

потчинетите

Критичко и креативно мислење при донесување на воени одлуки

Page 12: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

да осмислите што повеќе различни начини за негово решавање. Притоа воопшто не е важно дали сите решенија до кои ќе се дојде се практични. Имено, првиот чекор се состои во генерирање на што повеќе идеи. Еволуцијата на секоја идеја се извршува подоцна. Во процесот на генерирање на идеи, за да тие бидат креативни, треба да се вклучи и сопствената потсвест. Потсвеста се вклучува во процесот на донесување на одлуки на начин личноста потполно отпуштена да се препушти на сопствените размислувања, односно да го пушти „мозокот на пасење“. Притоа не треба да се обесхрабрувате затоа што веќе првата идеја не е револуционерна. Вообичаено е на човекот да му паднат на памет многу идеи пред да се сети на вистинската, онаа која одговара на ситуацијата. По досетувањето за најдоброто решение,

истото треба да се имплементира. Имплементацијата воедно е и најтешкиот чекор при одлучувањето. Токму командантите мораат со свои примери да покажат дека креативноста се вреднува. Некои (лоши) команданти само зборуваат за креативност, а во исто време не ја имплементираат, но и не прифаќаат некои креативни идеи. Потчинетите ги проценуваат командантите по тоа што работат тие, а не по тоа што зборуваат. Оние команданти кои креативните идеи од ден во ден ги игнорираат, на крајот од потчинетите нема да добијат ниту еден предлог за подобрување на состојбата. За разлика од нив, оние команданти кои ја поттикнуваат и наградуваат креативноста постојано добиваат нови, подобри и оригинални идеи од своите потчинети. Креативните организации имаат многу карактеристики, како на пример, склоност кон промени, заради постојано унапредување на работата. Уживање во експериментирањето со нови идеи. Поттикнување на луѓето со различни нивоа и области на образование да придонесат за новите идеи. Командантите им веруваат на своите луѓе и стриктно не ги контролираат. Комуникациите меѓу членовите на организацијата треба да се слободни, да нема страв од последиците за направени грешки. Стравот од промашување спречува многу луѓе воопшто да се обидат да бидат креативни. Организациската клима која не ја поттикнува креативноста, бидејќи претпоставените сакаат кога потчинетите размислуваат како и тие и ги наградуваат само оние „послушни“, односно истомисленици, ја спречува индивидуалната креативност. Заштитата на „status quo“ – креативните идеи го загрозуваат тој статус, а оние кои го нарушуваат постојано се

подложени на критики, не им се дава поддршка и постои можност тие да престанат да веруваат во самите себе и да бидат креативни. Хиерархиски филтер за идеи – што повеќе хиерархиски нивоа некоја идеја треба да помине за да биде имплементирана, поголеми се можностите да биде уништена и да се изгуби. Позајмување на идеи е кога претпоставените сакаат да преземат туѓи заслуги. Тоа секако ги обесхрабрува потчинетите при генерирање на нови идеи. Изолирање на креативноста е исто така пречка за развивање на креативноста, бидејќи креативноста во организацијата се поттикнува со комуникација меѓу претпоставените и потчинетите, а не со изолирање на оние кои мислат поинаку. Претераното заедништво ѝ штети на креативноста. Преголемата желба за заедништво во организацијата ја ослабнува индивидуалноста и промовира консензус. Идеите донесени со консензус обично се помалку креативни.Можни стапици за донесување вистинска одлукаМногу претпоставени упаѓаат во стапици при донесување на одлуки. Оние стапици кои најмногу влијаат на квалитетот и креативноста на одлуките се на пример, непознавање на приоритетите. Чест случај е претпоставените со часови да одлучуваат за небитни одлуки. Таков пристап го троши времето на претпоставениот, ги збунува потчинетите – тешко им е да спознаат што е важно, а што помалку важно. Како резултат на ваквото однесување често се случува на проблемите со голема важност да не им се посвети потребното внимание заради тоа што претпоставените се занимаваат со неважни прашања. Претпоставените кои упаѓаат во стапицата на голема важност на сите проблеми, треба да научат да поставуваат приоритети. Или на пример, неконсултирањето со други може да биде стапица при донесување одлуки. Некои претпоставени едноставно не сакаат совет од други лица. Тие мислат дека ако побараат помош или совет, ќе испаднат неспособни и глупави. Успешните претпоставени се способни да го стават здравиот разум пред сопственото его. Некористењето на искуства од претходниците и непризнавањето на грешки претставуваат погрешен пристап при донесувањето добри одлуки. Никој не е во состојба да донесе секогаш најдобра одлука. Ако претпоставениот направи грешка, најдобро е да ја признае и да стори се за да ја поправи. Најлошо е кога претпоставените ја форсираат својата лоша одлука и на сите им објаснуваат дека таа всушност е добра. При сето тоа треба да се

има на ум дека само мал број на луѓе секогаш ги признава сопствените грешки. Да се ветува невозможното не е добар пристап. Претпоставените често даваат ветувања кои не се во состојба да ги исполнат. Тоа го прават од манипулативни причини од различна природа, но треба да се има на ум дека таквото однесување има и свои последици. Не треба да се жали за донесените одлуки. Некои претпоставени секогаш жалат за одлуките кои ги донеле, па дури и за оние кои се добри. Тие губат време на размислување „што би било кога би...“, наместо да се занимаваат со спроведување на одлуката. Некои претпоставени сакаат да креираат постојано кризни ситуации при донесувањето одлуки. Сакаат кога изгледа дека сите ситуации и сите проблеми се критични, бидејќи тогаш

се чувствуваат важни и потребни на организацијата. Но, успешните претпоставени знаат да останат мирни и јасно да размислуваат и кога е во прашање вистинска криза. Претпоставените често не ги користат достапните информации при одлучувањето. Една од причините за тоа е што обично е потребно да се вложи малку енергија за да се соберат и анализираат податоците. Имено, многу полесно е при одлучувањето да се користат само оние податоци кои ни се при рака. Друг проблем е користење на гласини и приказни како подлога за донесување на одлуки. Проблемот, всушност, е во тоа што луѓето се склони кон верување на работи кои се во склад со нивните верувања, отколку да ги разгледаат фактите.

генерал-мајор д-р Мухамет Рацајд-р Жанет Ристоска

22 23

Чест случај е претпоставените со часови да одлучуваат за небитни одлуки. Таков

пристап го троши времето на претпоставениот, ги збунува потчинетите – тешко им е да спознаат што е важно, а што

помалку важно. Како резултат на ваквото однесување често

се случува на проблемите со голема важност да не

им се посвети потребното внимание заради тоа што

претпоставените се занимаваат со неважни прашања

Page 13: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

Персоналот ангажиран во мисијата „Одлучна поддршка“ работи со авганистанските колеги во развивање на

способностите за водење борба, изградба на доверба меѓу населението и одржување на безбедноста на државата. Обуката, советувањето и асистенцијата се фокусирани на градење можности и способности во неборбени мисии, односно не се учествува директно во борба против терористички групации и во борба против активностите поврзани со наркотици. Специфицирани области на обуката, советувањето и асистенцијата се професионалниот развој на персоналот, логистиката, комуникациите,

разузнавањето, медицинската поддршка, одржувањето, воздушната поддршка и контрола. Обуката, советувањето и асистенцијата на Авганистанските национални безбедносни сили се спроведува на три нивоа: на Ниво 1 – секојдневно и во непосредна близина; на Ниво 2 - интерактивно, периодично и во непосредна близина; на Ниво 3 - централизирано во институции, центри за едукација и обука.Команданта структура на мисијата „Одлучна поддршка“ е организирана согласно есенцијалните функции на советување. Главната команда на мисијата „Одлучна поддршка“, обуката, советувањето и асистенцијата ја

реализира во безбедносните институции и врховните команди. Потчинетите команди се организирани по зони на одговорности, а обуката, советувањето и асистенцијата ја реализираат на корпусно ниво и на ниво на полициски зони. АРМ континуирано учествува во мисијата „Одлучна поддршка“ со упатување на персонал од самиот нејзин почеток. Во МАКОН -6 партиципираа дванаесет офицери и еден подофицер во Командата за обука, советување и асистенција – главен град (КОСА-ГГ) предводена од Армијата на Р. Турција во Кабул, шест офицери во Командата за обука, советување и асистенција – север (КОСА-С) предводена од Армијата на Р.

Германија во Мазар е Шариф и дваесет претставници во улога на сили за заштита на Главниот штаб на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул. Македонскиот контигент МАККОН – 6, КОСА-С во периодот март до септември 2017 се состоеше од офицер за советување при управување со човечки ресурси на Авганистанските безбедносни сили во командата на КОСА-С, воедно најстар национален претставник на контигентот; офицер за советување и развој на комуникациско-информатички системи на Авганистанските безбедносни сили во командата на КОСА-С; офицер за процена на можностите и способностите на 209. корпус на АНА (Авганистанската национална армија) во командата на КОСА-С; офицер за советување за снабдување во состав на хибридниот тим за советување на 209. корпус на АНА; офицер за советување за разузнавање и заштита на силите во состав на хибридниот тим за советување на 209. корпус на АНА; началник за операции во координативниот центар за одбрана од земја во состав на Силите за заштита на базата „Мармал“- во рамките на заедничкиот контигент на САД-Јадранската повелба. Во текот на реализацијата на мисијата контигентот се соочуваше со поголем број на предизвици и закани. Во месец април се случи најголемиот терористички напад на базата „Шахин“ – командата на 209. корпус, каде загинаа 150 припадници на АНА. Исто така во истата база во текот на месец мај се случи ракетен напад врз тим за советување при што беа потешко повредени шест коалициски припадници. Во близина на базата „Мармал“ поради политички несогласувања се случија неколку инциденти во кои загинаа неколку лица. Припадниците на македонскиот контингент професионално се соочуваат со сите безбедносните предизвици и закани. Нашите припадници имаа значителен успех во процесот на советување во решавање на проблемите за снабдување со гориво на 209, беа реализирани, од наш припадник, вкупно 89 советувања во Оперативниот центар и во Г-2 на 209. Корпус, што воедно беше највисок просек на советување во неговиот тим. За својот професионален ангажман и постигнатиот успех во делот на развојот на комуникациско-информациските способности на авганистанските безбедносни сили во зоната на одговорност, на наш припадник

му беше доделен „Letter of commendation“ од страна на командантот на командата на КОСА-С. Наш припадник, исто така, беше ангажиран за запознавање на новите припадници на КОСА-С со мерките кои се преземаат во борба против беспилотни воздушни системи. По повод државниот празник „2 Август - Ден на Републиката“ македонскиот контигент реализираше „Национална вечер“. Пред клучниот персонал на мисијата и многубројните присутни гости

од сите контингенти беше презентирано значењето на овој голем празник, како и културните и историските особености и туристичкиот потенцијал на нашата држава, воедно претставувајќи ја улогата на АРМ во нашето современо општество и надвор. За време на коктелот беше послужена традиционална македонска храна

– (тавче гравче, лути пиперки, шопска салата, баклава и македонско црвено вино).За одличната организација и достојното презентирање на својата земја- командантот на КОСА-С бригадниот генерал Андре Бодеман на потполковник Харалампие Трајков и потполковник Горанчо Славевски им врачи „coin of excellence“.

Горанчо Славевски

За МАКОН-6во мисијата „Одлучна поддршка“

24 25

Мисии

АРМ континуирано учествува во мисијата „Одлучна

поддршка“ со упатување на персонал од самиот нејзин почеток. На 21 август 2017 година припадниците на

МАККОН – 6 беа одликувани со медал (non article 5 NATO

RS Medals) од страна на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Мисијата „Одлучна поддршка“ предводена од НАТО во

Исламска Република Авганистан е заснована на асистенција на авганистанските безбедносни

институции и безбедносни сили според есенцијални

функции со цел да се подобрат можностите и способностите во

сочувување на безбедноста и територијалниот интегритет на

државата

Page 14: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

26 27

морнарички кадети. На посетителите, цивилите вработени во воените инсталации и персоналот на признати организации за социјална грижа им е дозволено да купуваат храна од „PX“ ако се консумира во воените инсталации. Овие продавници во инсталациите на американското Воено воздухопловство обично се нарекуваат „Base Exchange (BX)“, а во инсталациите на Копнената војска се нарекуваат „Post Exchange (PX)“. Со овие продавници раководи Служба за продавници на копнената војска и воздухопловните сили (AAFES).

Секоја продавница управувана од „AAFES“ е ребрендирана едноставно како „Exchange“ за да се поедностави разликата помеѓу сличните, звучни „BX“ и „PX“ имиња. Во Морнарицата на САД и воените бродови овие продавници се нарекуваат „Navy Exchange (NEX)“, додека во Маринскиот корпус тие се нарекуваат „Marine Corps Exchange (MCX)“.Првите продавници биле основани на 25 јули 1895 година, кога тогашното Воено министерство ја издало Општата наредба бр. 46 со која ги упатувала

командантите за воспоставување на продавници во секоја воена база. Пред да се формира Службата за продавници, американските воени сили купувале од групи на трговци кои ја следеле армијата. Оваа служба формално била основана во 1941 година и стана Служба за продавници на Копнените и Воздухопловни сили во 1948 година, по формирањето на Воздухопловните сили. Од своето основање, службата била вклучена во 14 главни воени операции (Втората светска војна, Кореја, Виетнам, Гренада, Панама,

Во војничкиот жаргон, под „PX“ (пи-екс) се подразбираат продавници што се наоѓаат во базите на американската

армија. „PX“ обезбедуваат стоки и услуги на воени семејства и генерираат приход за воените морални, социјални и рекреативни програми кои обезбедуваат социјални услуги, рекреација, спорт и забава на американските војници. „РХ“ се еден вид на малопродажна продавница во американските воени инсталации низ целиот свет или во НАТО бази каде има распредени

американски војници. Првично биле слични на обична продавница, а сега тие личат на современи стоковни куќи или трговски центри. Овие продавници се отворени за активен, резервен и пензиониран воен персонал и нивните семејства. Покрај тоа, целосен пристап до „PX“ исто така е дозволен на носителите на конгресниот медал на честа, хоспитализирани или чесно разрешени ветерани, странски воен персонал кој служи со американските сили, членови на националната гарда, персоналот на американскиот Црвен

крст кој служи во странство со војската, американски воени изведувачи, персонал на Министерството за одбрана кој служи во странство и офицери на Националната океанска и атмосферска администрација. Ограничени услуги во овие продавници можат да користат и разни невоени лица, како што се вработените во сојузната влада и вработените во Црвениот крст кои живеат во воени инсталации во САД, вработените во овие продавници, кандидатите за воените академии, одредени видови на изведувачи и

„PX“ во воена базаОпрема

Продавниците играат важна улога за персоналот на американската воена и

федерална влада распореден во странство, бидејќи тие

често се единствениот локален извор за американската

малопродажна стока, како што е облеката, електрониката,

книгите и списанијата, брзата храна итн.

„РХ“ се еден вид малопродажна продавница во американските воени инсталации низ целиот свет или во НАТО бази каде има распредени американски војници. Првично биле слични на обична продавница, а сега тие личат на современи стоковни куќи или трговски центри

Page 15: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

Службата во моментов работи со 49 продавници во земјите како што се Авганистан, Кувајт, Ирак, Саудиска Арабија, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Романија, Кипар, Босна и Косово. Привилегиите за купување, исто така, генерално се прошируваат и на странските локации на цивили вработени во американската Федерална влада и на нивните семејства кои се распоредени во странство. Привилегиите за купување можат да варираат во странство согласно важечките договори за статусот на силите со земјите-домаќини. Типичната продавница е слична на стоковна куќа, но можат да пружаат и други услуги како што е продажба на воена облека и униформи, берберски салони, салони за нега на коса и убавина, перални/хемиско чистење, бензински пумпи, продавници за брза храна, продавници за пиво и вино, продавници за алкохол, продавници за градинарски работи, кина, па дури и услуги за одржување и поправка на возила. Продавниците исто така снабдуваат со бензин по цени приближни на оние во САД, нормално на рационална основа, за лична употреба, бидејќи цените на горивото во повеќето странски земји (каде што се стационирани американските војници) обично се многу повисоки поради локалните даноци. Повеќето, но не и

сите продажби во овие продавници се ослободени од државни и локални даноци за ДДВ, додека продажбата се одвива во американските воени инсталации (исклучоци се продажбата на бензин во САД и продажбата на одредена концесионирана стока). Овие продавници во најголем дел, не добиваат некои значителни олеснувања од Федералната влада и функционираат на профитна основа. Со исклучок на воениот персонал кој е назначен на должност во продавниците, платите на вработените се исплаќаат од приходите остварени од продажбата на стоки. Продавниците се дизајнирани не само за самоопстојување, туку и да генерираат профит. Продавниците обично се наоѓаат во воени инсталации и како резултат на тоа, не плаќаат кирија или данок за користење на земјиштето. Статусот, ослободен од данок (како инструмент на владата на САД), исто така, ги намалува одредените оперативни трошоци. Продавниците мора да ги платат трошоците за превоз на стоките во рамките на Соединетите Американски Држави, но Конгресот доделува средства за субвенционирање на трошоците за транспорт на американската стока на странски локации, така што таквите предмети се достапни и за персоналот стациониран во странство. Околу 70% од заработката во продавниците се

вложуваат во програми за социјални услуги, рекреација, спорт и забава. Во изминатите десетина години, овие продавници на копнената војска и на воздухопловните сили вложиле повеќе од 2,5 милијарди долари за подобрување на квалитетот на животот на војниците и нивните семејства. Продавниците играат важна улога за персоналот на американската воена и федерална влада распореден во странство, бидејќи тие често се единствениот локален извор за американската малопродажна стока, како што е облеката, електрониката, книгите и списанијата, брзата храна итн.

Александар Стојчевски

Балканот, Ирак и Авганистан), како и неколку хуманитарни мисии и помош при природни катастрофи. Мисијата на Службата, чие седиште денес се наоѓа во Далас, Тексас е да им обезбеди на американските војници и воздухопловци и на нивните семејства секојдневни стоки и услуги што им се потребни. Таа врши малопродажба во американските копнени и воздухопловни инсталации ширум светот. Таа е најстара и најголема служба за продавници во Министерството за одбрана, и располага со стоковни куќи, ресторани, киносали и интернет-продавница за да им служи на војниците и на нивните семејства. Покрај базите на САД во Белгија, Германија, Италија, Велика Британија, Турција, Јужна Кореја

и Јапонија, продавници за американските војници има во Ирак, Авганистан и други земји во регионот. Продавниците им обезбедуваат на војниците пристап до американски стоки и услуги, каде и да служат. Оваа служба е раководена од Одбор на директори кои се одговорни пред секретарите на Копнената војска и на Воздухопловните сили преку началниците на Генералштабот. Службата самофинансира 97 проценти од своето работење, при што приходите доаѓаат од продажба на стоки и услуги. Поголемиот дел од 3 проценти од добиените средства се користат за финансирање на операции во странство. Сто проценти од заработувачката се инвестира назад во воената заедница. Две третини од приходите ги поддржуваат моралните, социјалните и рекреативните програми на војската на САД, додека преостанатата третина се користи за изградба на нови продавници и трошоци за објектите. Така, во фискалната 2016 година, службата имала приход од 8,3 милијарди долари од кои 384 милиони чиста заработувачка. Од таа заработувачка, 85 проценти (326,4 милиони) биле вложени за услуги за морал, благосостојба и рекреација и за подобрување на квалитетот на животот на војниците. Службата располага со повеќе од 2.500 објекти, вклучувајќи ги главните продавници, продавници за воена облека и театри, во сите 50 држави во САД и други 33 држави. Дополнително, службата има скоро 1.500 ресторани како што се „Taco Bell“, „Burger King“, „Popeyes“, „Subway“ и „Starbucks“, како и над 3.300 концесионери. Во ноември 2010 година, Службата го претстави отворениот трговски центар „Freedom Crossing“ во Форт Блис, во вредност од 100 милиони долари, на 217.000 квадратни метри кој вклучува детски катчиња за игра, кафетерии на отворено, интерактивна фонтана, простор за настани и концерти и повеќе од 40 продавници и ресторани. Трговскиот центар е прв од ваков вид во база на САД.Во Службата се вработени речиси 35.000 соработници низ целиот свет во САД, Европа, Пацификот и Блискиот Исток. Од нив, околу 27 проценти се членови на воени семејства, 10 проценти се ветерани и 2 проценти се активни припадници, резервисти и припадници на националната гарда. Службата е прогласена за воено-пријателски работодавач неколку последователни години, а околу 88 проценти од соработниците на Службата се поврзани на некој начин со војската. Од 11 септември 2001 година, повеќе од 4.500 соработници на Службата се распоредени во борбените зони во Ирак и во Авганистан за поддршка на војниците во борбените операции.

Од 11 септември 2001 година, повеќе од 4.500 соработници на Службата се распоредени во борбените зони во Ирак и во

Авганистан за поддршка на војниците во борбените операции. Службата во моментов работи со 49 продавници во земјите како што се Авганистан, Кувајт, Ирак, Саудиска Арабија, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Романија, Кипар, Босна и Косово

Овие продавници во инсталациите на

американското Воено воздухопловство обично се нарекуваат „Base Exchange (BX)“, а во инсталациите на

Копнената војска се нарекуваат „Post Exchange (PX)“. Со овие

продавници раководи Служба за продавници на Копнената

војска и Воздухопловните сили (AAFES)

Page 16: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

изведување на бројни протоколарни активности: оддавање воени почести на претседателот на РМ оддавање воени почести на шефови на странски држави, премиери, министри за одбрана, началници на генералштабови и други високи претставници на ЕУ и на НАТО; прослави за одбележување на државни и воени празници; реализирање на воени свечености; церемонии при ден на жалост, погреби, комеморации и полагање венци на споменици на паднати херои. Суштински задачи на баталјонот за почести се: одржување на постојана подготвеност и употреба на единицата за давање на протоколарни почести; одржување на високо ниво на физичката способност на персоналот во единицата; церемонија за промена на државните знамиња пред резиденцијата

на претседателот на РМ, пред Собранието на РМ и пред Владата на РМ. Од формирањето па досега на чело на Баталјонот за почести се сменија неколку команданти. Во моментов на чело на бП е командант-потполковник Иван Атанасоски, кој во повеќе наврати истакна дека е чест и гордост да се командува со оваа елитна, високопрофесионална единица, чиј состав докажа дека располага со квалитет достоен за почит. Значајно е да се спомене дека Орденот за воени заслуги подеднакво им припаѓа на сите оние кои некогаш биле дел од единицата како и на оние кои и денес гордо ја носат гардиската униформа. Баталјонот за почести и во иднина ќе продолжи да биде лице на АРМ и вистински синоним за гордост и чест како македонски гардист.

Марија Пеликон

Баталјонот за почести е формиран врз темелите на Првата гардиска бригада на 26.03.1992 година во касарната „Илинден“. Со уредба

на Претседателот на Р. Македонија, како Ден на единицата е одреден 11 ноември, со што Баталјонот за почести продолжува да ги негува традициите на Првата македонско-косовска ударна бригада и Првата македонска народноослободителна бригада. Од формирањето па сè до денес, Баталјонот за почести претрпе низа трансформации како структурни така и во називот. По последната трансформација од 2012 г. единицата се здоби со ранг на самостоен баталјон директно потчинет на ГШ на АРМ, со ново име Баталјон за почести, и е составен од Команда и Штаб, Прва и Втора гардиска чета и Воен оркестар. Мисијата на Баталјонот е

Баталјон за почести

На Прославата по повод Денот на АРМ, 18 Август, со Указ од врховниот командант на

вооружените сили на Република Македонија, Ѓорги Иванов, на Баталјонот за почести му беше доделен Орден за воени заслуги, како доказ за

високиот професионализам на единицата

Page 17: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

32 33

„Beretta M9“

ТАКТИЧКО- ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА „BERETTA M9“

МУНИЦИЈА 9х19ммКАЛИБАР 9 мм

ДОЛЖИНА 217 ммВИСОЧИНА 140 ммШИРОЧИНА 38 мм

ДОЛЖИНА НА ЦЕВКАТА 125 ммДОЛЖИНА НА НИШАНСКА ЛИНИЈА 158 мТЕЖИНА СО ПРАЗНА РАМКА ЗА

МУНИЦИЈА 960 гр

ТЕЖИНА СО ПОЛНА РАМКА ЗА МУНИЦИЈА 1.145 гр

БРЗИНА НА ПРОЕКТИЛОТ НА ИЗЛЕЗ ОД ЦЕВКАТА 375 м/с

МАКСИМАЛЕН ЕФЕКТИВЕН ДОСТРЕЛ 50 мМАКСИМАЛЕН ДОСТРЕЛ НА

ПРОЕКТИЛОТ 1.800 м

КАПАЦИТЕТ НА РАМКАТА ЗА МУНИЦИЈА 15 куршуми

1. Лост на сигурносната кочница/ декокер2. Удирач3. Заден механички нишан4. Навлака5. Ударна игла6. Цевка со калибар 9 мм7. Преден механички нишан8. Водиште со повратна пружина9. Копче за расклопување10. Штитник на чкрапалото11. Чкрапало12. Копче за ослободување/ утврдување на рамката за муниција

Независно што првите верзии на пиштолот „Beretta 92“ имале одредени технички проблеми, понатамошното усовршување

помогнало да се отстранат недостато-ците, односно да се развие одличната борбена верзија „Beretta FS“ (M9), која се карактеризира со одличен квалитет на производство и ергономски дизајн, лесен начин на расклопување и одржување, добра прецизност, лесно достапни двострани команди, голема издржли-вост и сигурност на работа (при едно тестирање биле испукани 17.500 куршуми без ни еден застој). „Beretta M9“ припаѓа на групата полуавтоматски оружја, со принцип на работа кратко повлекување на цевката каде забравувањето се оства-рува со паѓање на блокот по примерот на пиштолот „Walther P-38“. Пиштолот поседува DA/SA механизам на дејство, а ударната игла е блокирана со сигурносна чивија се додека чкрапалото не е по-влечено до крај. Се користи при борбени дејства на мали далечини до 50м, а најдобите резултати со него се постигну-ваат до далечина од 30м. Сите лостови на управувачките команди од пиштолот се изработени ергономски и се лесно достапни, овозможуваќи лесно ракување со десната или левата рака. Лостот за расклопување на пиштолот, утврдувачот/ ослободувачот на навлаката и копчето за ослободување на рамката за муниција се поставени од левата страна на рамот. По потреба копчето за ослободување на рамката за муниција може да се постави од десната страна на рамот. Од десната страна на рамот е поставено копчето за расклопување на пиштолот. На крајот од навлаката од двете бочни страни се по-ставени лостови кои имаат двојна улога и тоа како мануелна кочница и декокер, даваќи можност за полесно ракување со пиштолот. Отворената навлака од пиш-толот е изработена од многу квалитетен челик, а рамот се изработува од прецизно обработенa алуминиумска легура. На на-влаката се поставени предниот и задниот механички нишан со можност за корекција по правец и на нив се поставени три бели трициумски точки наменети за нишанење при слаба видливост. Предниот дел од извлекувачот на куршуми (поставен на бочниот дел од навлаката) има улога и на индикатор на куршум во цевката, кој може да се напипа кога во цевката има куршум или визуелно да се провери дали извлекувачот е испакнат. Вториот начин за

утврдување дали механизмот на пишто-лот е запнат (репетиран) или има куршим во цевата е преку надворешниот удирач на ударната игла. Инаку при испукување на последниот куршум навлаката остану-ва во задна положба.Облогите на ракофатот стандарно се из-работуваат од анатомски обликуван многу издржлив полимер или од дрво. Стандар-дната рамка за муниција е дворедна со капацитет од 15 куршуми, но развиени се и рамки за муниција со капацитет од 10 и 20 куршуми. На задниот дел од рамката за муниција има кружни отвори со цел лесно утврдување на бројчаната состојба на куршумите. Цевката е тврдо хромирана што ѝ дава голема издржливост и многу мала потреба за одржување, а во неа има 6 жлебови со десен чекор на ротација од 250мм. Површинската заштита на челич-ните делови од пиштолот се остварува со брунирање, а алуминиумските делови се анодизирани црни. Расклопувањето на пиштолот за чистење е доста едно-ставно и се изведува без алат. Пред расклопувањето се вади рамката за муниција од пиштолот и се проверува дали е празен, односно дали во цевката има куршум. Потоа се притиска копчето за расклопување на пиштолот (позицио-нирано од десната страна на рамот), а лостот за расклопување (поставен од левата страна на рамот) се ротира за 90° надоле и навлаката се повлекува нанапред за да се одвои од рамот. Од на-влаката прво се вади повратната пружина со водиштето на повратната пружина, а потоа се вади цевката. Со оваа процедура е завршено основното расклопување на пиштолот. Склопувањето на пиштолот се изведува по обратен редослед. Главни делови на пиштолот се: рам, механизмот за окинување, навлака со преден и заден механички нишан и затворач со ударна игла, цевка со забравувачки блок, по-вратна пружина и водиште на повратната пружина и рамка за муниција.Oд пиштолот „Beretta M9“ се развиени следните верзии: „М9А1“ опремна со пикатини шина за поставување на тактич-ко светло или ласерски нишан, „М9А2“ (само како концепт) и „М9А3“ кој поседу-ва повеќе модификации и тоа рамка за муниција со капацитет од 17 куршуми, пикатини шина, земјени бои на пиштолот, потенок ракофат, нова едноделна облога на ракофатот, можност за замена на меха-ничките нишани и друго.

Ивица Дамески

Вооружување

13. Рамка за муниција14. Потиснувач на куршумите15. Пружина на рамката за муниција16. Чаура за утврдување на позицијата на водиштето и пружината од склопот на удирачот17. Ракофат/ рам на пиштолот18. Водиште и пружина на склопот од удирачот19. Механизам на чкрапалото и удирачот

1

2

34 5 6 7

89

10

1112

14

15

16

17

18

19

Page 18: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

ознаки XA-180 6х6, подоцна преименуван во „Patria“. Оклопното борбено возило „Patria AMV“ е во сериско производство со испорачани голем број на возила. Ова возило го избрале Хрватска, Финска, Полска, Словенија и Јужна Африка. Производството на оклопни транспортери на тркала од сериите „XA“ започнува во 1984 година. Од тогаш компанијата „Patria Vehicles“ има непрекинато производство од над 1200 оклопни возила на тркала од серијата „XA“ во многу различни варијанти. На основниот модел „XA-180 6х6“ набрзо му се придружија уште 3 модели во конфигурација 6х6 „XA-181/185“ и „XA-186“. Кон крајот на минатиот век од производствените капацитети на компанијата „Patria“ излезе и новиот модел со ознаки „XA-200 6x6“, кој набрзо е модифициран во моделите „XA-202“ и „XA-203“. На сите овие возила својствени им се карактеристиките на ефикасност, сигурност, отпорност, солидна заштита едноставност на употребата и оддржувањето и достапни цени, па затоа овие возила се прифатливи за поголем број на земји. „Patria” со овие модели ексклузивно ги снабдува и опремува и силите на ООН во бројни мировни мисии ширум светот. Следејќи ги современите текови на производство на оклопни борбени возила на тркала и користејќи ги искуствата стекнати во бројните мисии под водство на ОН, Финците се определија за производство на одличното оклопно модуларно возило од третата генерација со ознаки AMV 8x8.

Првобитниот модел „Patria AMV 8×8 APC“ е опремен со купола „Patria PML 127 OWS“ со тежок митралез 12,7мм „НСВ“ од советско производство со електрично придвижување од 360° и елевација од -8° до +48°. Нишанџијата користи „Zeiss periskop PERI-Z16A1“ и нишанска справа „NAE 200“ дневно-ноќен перископски поглед (GEN II+ засилувач

на слика). ACCD-термалната камера е опционална. Подоцна е вграден норвешкиот (Konsberg) систем „Protector M151“ со митралез калибар 12,7мм и фрлач на гранати 40мм. Најголем избор на вооружување за возилото „Patria AMV 8x8“ се нуди за категоријата на борбено возило на пешадијата, дури десет вида на куполи со различно вооружување од најпознатите светски производители. Борбеното возило на пешадијата е опремено со една од најчестите варијанти двочлена

италијанска дигитализирана купола „Hitfist 30мм“, од производителот „Oto Melar La Spezia”, со топ „Bushmaster Mk44“, калибар 30мм, спрегнат митралез 7,62мм и шест фрлачи на димни кутии, калибар 81мм. Куполата е опремена со нов систем за контрола на огнот „FCS“, со Колсмановата дневно-ноќна нишанска направа со ласерски далечинометар, IC камера „Gallileo Avionica“ втора генерација, два LCD екрани и со метеоролошки сензор.

34

Patria AMV“ - (Armoured Modular Vehicle) е оклопен транспортер развиен и произведен од страна на финската компанија „Patria

Vehicles“ во тесна соработка со финските одбранбени сили. Сè до 1980 година финските вооружени сили со оклопна борбена техника, тенкови и оклопни транспортери се снабдуваа од советски извори, пред сè поради тоа што тие возила се приспособени со специфичните обележја на земјата, долги зими, арктички борбени услови, испресеченост на територијата со големи шуми и голем број на водени препреки - езера. Во мај 1980 година, Финска распишува конкурс за производство на оклопен транспортер, на кој победува компанијата „SISU-Auto“ (денешната „Patria Vehicles Oyi“), со извонредно динамичниот модел со

35

Вооружување

„PATRIA AMV“Финско борбено возило

Следејќи ги современите текови на производство

на оклопни борбени возила на тркала и

користејќи ги искуствата стекнати во бројните

мисии под водство на ОН, Финците се определија

за производство на одличното оклопно

модуларно возило од третата генерација со

ознаки „AMV 8x8“

Оклопното борбено возило „Patria AMV“ е во сериско производство со

испорачани голем број на возила. Ова возило го

избрале Хрватска, Финска, Полска, Словенија и Јужна Африка. Производството на оклопни транспортери

на тркала од сериите „XA“ започнува во 1984 година.

Од тогаш компанијата „Patria Vehicles“ има

непрекинато производство од над 1200 оклопни возила на тркала од

серијата „XA“ во многу различни варијанти

Page 19: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

37

R-20 „Nokia“ или „Michelin XZL“, со систем за централна регулација на притисокот (CTIS). Возилото е опремено со две хидраулични елиси кои на возилото му овозможуваат пловење со брзина од 10км/ч без претходна подготовка. Оклопот на возилото е солиден, направен е од варен високо отпорен шведски челик „armox“, кој на возилото во основната варијанта му дава заштита од огнено оружје со калибар 7,62мм. По барање на нарачателите, на возилото може да се додаде заштита од дополнителни метални плочи. Посебно решение на предниот дел на носот на возилото е рикошетот,

зголемувајќи ја челната заштита од дејство на проектили со калибар од 30мм APDSFS. За ублажување на последиците од дејство на кумулативни проектили на возилото се монтирани композитни плочи од познатиот производител „Dyneema”. „Patria” AMV 8x8 впаѓа во групаат на едно од најзаштитените возила од бочните страни додека противминската заштита е во класата TP-2a, што подразбира дека е отпорно на експлозии од мини со маса до осум килограми. Подот на возилото е полукружно обликуван, раздвоен и исполнет со посебен тип на материјали.Посадата на борбеното возило се состои

од 3 лица, товарниот дел на транспортерот е за 8 војници. Возилото Patria” AMV 8x8 има голема носивост, празно возило има тежина од приближно 16 тона, а најголема дозволена маса е до 26 тона. Внатрешниот простор е со големина од 13 m кубни. Една од карактеристиките се и седиштата кои се со посебни хидрауличен систем за прилагодување на начинот на возењето на теренот. Возачот е опремен со широкоаголен перископ поставен на предната горна страна на поклопецот. За следење на ситуацијата надвор од возилото и за возење наназад располага со монитор и со камера. Во делот за транспорт на војници има два монитори на кои се пренесува слика за ситуацијата околу возилото со камери кои се поставени надвор. Финските возила 8х8 од фамилијата „Patria“ ги има во повеќе земји. Глобални оператори и клиенти сe: Финска, Полска, Хрватска, Јужна Африка, Словенија, Шведска и Обединети Арапски Емирати. Хрватската компанија „Đuro Đaković“ ги произведува овие возила за хрватската армија. Вкупно 126 возила се произведени под лиценца на „Đuro Đaković“. Полската компанија „WZM S.A -Wolverine” ги произведува под лиценца под името „KTO Rosomak“, Словенечката компанија „Svarum“ ги произведува под лиценца под името „SKOV“ 8x8, 30 се веќе испорачани, јужноафриканската варијанта „Badger“ има 264 возила и „Havoc“ можна варијанта на USMC. Со производството на возилата „Patria” AMV 8x8 Финска се искачи на светскиот врв на производители на борбени возила. Согласно експертите од оваа област , иднината на овие возила во наредните 30 години е загарантирана, а за нивната популарност сведочи и сè поголемата заинтересираност на поголем број на земји кои со нив сакаат да ги опремат своите вооружени сили.

Идриз Идризоски

Првиот прототип на возилото е назначен како „AMV P2“ и е тестиран од финските одбранбени сили. Иситиот е опремен со купола од типот „GDLS CTC LAV 30мм“. Возилото е целосно амфибиско. Благодарение на елевацијата на вооружувањето од 60° можно е и дејство по хеликоптери и авиони во низок лет. Од останатите куполи производство на „Oto Melar”, во возилата AMV 8x8 се вградуваат куполите „Hitfact“, со топ со калибар 105мм (за Португалија) и „Hitrole“ со митралези со калибар 7,62/12,7мм. Израелскиот производител „Rafael“ им понуди на Финците борбен систем „Samson RCWS 30“, стандардното вооружување е топот ATK Mk44, калибар 30мм, спрегнат митралез 7,62мм, додека по желба на купувачот може да се вгради и лансер на

противоклопни ракети „Spike“. Системот е опремен со одлична дневна колор CCD камера и ноќна нишанска оптика FLIR, многу добар уред за контрола на огнот, GPS систем за следење на целите, стабилизирана нишанска направа итн. Во возилата „AMV 8x8“ кои се извезени во Јужна Африка, Јужноафриканците вградуваат купола од домашно производство „Denel LTC-3O“, слична на италијанската „Hitfist“. Во верзијата возила за огнена поддршка Финците го опремиле возилото „AMV 8x8“ со двоцевни автоматски минофрлачи со калибар 120мм (AMOS), едноцевен полуавтоматски минофрлач со калибар од 120мм (NEMO). Дизајнот на „Patria“ е таков што лесно може да се приспособи за широк спектар на улоги како и да биде опремен со

различни видови на вооружување до купола со две лица вооружена со топ до калибар 90мм. Фамилијата на возилата „AMV 8х8“ ја сочинуваат приближно десет различни модели: основниот модел во повеќе верзии: оклопен транспортер, борбено возило на пешадијата, командно, извидувачко и санитетско, возило со двоцевен автоматски минофрлач „AMOS“ и едноцевен полуавтоматски минофрлач „NEMO“, самоодно артилериско возило MGS), системска платформа наменета за логистичка поддршка (верзија C3I, санитетско возило и возило-техничка работилница) и повеќенаменска платформа која овозможува меѓусебна замена на модулите на борбени системи ловец на тенкови, возило за ПВО.Оклопниот транспортер „Patria AMV“ е придвижуван од шестцилиндричен, двоен турбодизел мотор „Scania DI 12- 4OA1E“ на водено ладење, кој произведува 360kW и на возилото му обезбедува брзина од 100 км/ч. Погонскиот систем користи „ZF Ecomat 7HP902“ автоматска транмисија

со 7+1 степени на пренос. Возилото може да биде опремено исто така и со мотори од други производители како „Caterpillar“, „Cummins“, „MTU“, за да одговара на логистичките побарувања на земјата-корисник. Оригиналното решение на ова возило претставува обединет погонски состав, управувачки состав, виљушкасти носачи на тркалата и хидраулични амортизери кои обезбедуваат голема безбедност на одниот и погонскиот дел, како и едноставна поправка посебно после оштетување од минско-експлозивни направи. Тркалата имаат хидраулични диск кочници, а можна е и опцијата за вградување ABS систем. Сите тркала имаат независна суспензија. Во системот за суспензија има хидропнеуматски елементи со што е можна промена на клиренсот на возилото кога има потреба од тоа при начинот на возење на терен односно кога возилото се товари во авион („Herkules C-13O“), поради транспортирање со воздухоплов. Пнеуматиците се со димензија 14,00

Дизајнот на „Patria“ е таков што лесно може да се приспособи

за широк спектар на улоги, како и да биде опремен со различни

видови вооружување до купола со две лица вооружени со топ до калибар 90мм. Овие возила во служба се воведени

во 2006 година, и од тогаш се произведени вкупно 1315

возила

Со производството на возилата „Patria AMV

8x8“ Финска се искачи на светскиот врв на

производители на борбени возила. Согласно експертите од оваа област , иднината на

овие возила во наредните 30 години е загарантирана, а за нивната популарност сведочи и сè поголемата

заинтересираност на поголем број на земји кои со нив

сакаат да ги опремаат своите вооружени сили

СПЕЦИФИКАЦИИТЕ НА ОВОЈ ТРАНСПОРТЕР СЕ СЛЕДНИ

ДОЛЖИНА 7,75 метри ШИРОЧИНА 2,83 метри ВИСИНА 2,35 метри ТЕЖИНА 16 тони НОСИВОСТ до 26 тони ПОСАДА 3+8-10 војници

ОКЛОПзаштита од пешадиско вооружување до 7,62мм со дополнителна од проектил 30мм HE

ВООРУЖУВАЊЕ митралез 12,7мм, фрлач на гранати 40мм

МОТОР Scania DI 12- 4OA1E 6 cylinder turbo diesel

АВТОНОМИЈА НА ОПСЕГ 800 км МАКСИМАЛНА БРЗИНА НА

ПАТ 100км/ч (62 mph)

СОВЛАДУВАЊЕ НА НАКЛОН од 60% СОВЛАДУВАЊЕ НА

СТРАНИЧЕН НАКЛОН 30%

СОВЛАДУВАЊЕ НА ВЕРТИКАЛНА ПРЕПРЕКА 0,7 м

СОВЛАДУВАЊЕ НА РОВ 2 м СОВЛАДУВАЊЕ НА ВОДЕНА

ПРЕПРЕКА 1,5 м

БРЗИНА НА ПЛОВЕЊЕ 8km/h до 10км/ч.

Page 20: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

Системот „Barak-8“ обезбедува про-тиввоздушна одбрана на далечи-ни од 60-70км благодарение на двоимпулсниот ракетен мотор на

цврсто гориво, чиј втор „пулс“ се појавува откако ракетата ќе се приближи кон целта. Овој ракетен систем има способност да гаѓа повеќе цели едновремено. Најважната карак-теристика на ракетите за овој ракетен систем е нивната активна глава за наведување. Наместо да има потреба од илуминација на целта од радар од вода/брод или од копно/возило, ракетата „Barak-8“ тоа сама го прави во завршна фаза од својот лет, односно непо-средно пред средба со целта. Ова е одличен пристап за справување со напади од воздух (особено од противрадарски ракети), бидејќи не се открива позицијата од каде е лансира-на ракетата, односно позицијата на радарот. Ракетниот систем за противвоздушна одбра-на „Barak-8“се произведува како варијанта за на море/брод, односно варијанта за на копно/на возило. Копнената варијанта на ракетниот систем „Barak-8“ вклучува неколку компо-ненти, и тоа: акетата за пресретнување,која се лансира вертикално, обезбедена од компанијата „RAFAEL“; оперативен центар за менаџирање со борбените дејства, за командување, контрола, комуникации и обезбедување на податоци за ситуацијата во воздушен простор, произведен од страна на „Israel Aerospace Industries“. Овој центар нуди и самостојна работа за секоја огнена единица посебно и заедничка работа и координација на здружени огнени единици; радар – повеќенаменски за надзор, следење и наведување, со ознака „LB-MF-STAR“, про-извод на „IAI ELTA Systems Ltd.“. Тој претста-вува ротирачки, дигитален радар кој работи во фреквентен опсег во „S-band“. Радарот обезбедува точна, со висок квалитет иреално времена слика, при што ги раздвојува целите со низок радарски одраз (како што се тајните крстосувачки ракети), дури и во најсложени временски и метеоролошки услови. Овој радар се очекува да биде инсталиран на дел од израелските ракетни фрегати од новата генерација.Организацијата за истражување и развој во одбраната, на 30 јуни 2016 г. успешно го спроведе првото пробно лансирање на но-воконструираниот индо-израелски ракетен систем „Barak-8“. Станува збор за ракетен систем „земја-воздух“ од среден дострел, а пробното лансирање на ракета е извршено од полигонот за тестирање „Odisha“ на брегот на Индискиот Океан. Oвој ракетен систем е претставен на Саемот за вооружување и опрема „Balt Military Expo 2016“.Оваа најнапредна ракета за ракетниот систем „Barak-8“ е развиена од страна на Индија во заедничка соработка со Израел. Организацијата за истражување и развој во одбраната најави дека ќе обезбеди по-себен назив за оваа ракета.Извори од одбраната велат дека овој ракетен систем, со дострел од околу 70 км, бил тестиран со целосната оперативна конфигурација од лансирна рампа. Лансирањето е из-ведено на интегрираниот тест-полигон во Чандипур. Ракетата е лансирана против

беспилотното летало „Banshee“ (британско производство). Балистичката ракета, која може да носи нуклеарна боева глава, има дожина од 4,5метри, тежи околу 2,7 тони и може да носи товар од 60 кг. Покрај ракетите, овој систем вклучува повеќефункционален набљудувачко-предупредувачки радар, на-менет за откривање, следење и наведување на ракетите.Ракетата е производ на заедничка рабо-та на Истражувачкиот центар „Imarat“, Лабораторијата на Организацијата за истражување и развој во одбраната и компанијата „Israel Aerospace Industries“.Ракетениот систем земја-воздух „Barak-8“ е произведен од страна на компанијата „Hyderabad-based Bharat Dynamics Limited“. Успешното спроведување на пробното лансирање е резултат на повеќегодишните и постојаните напори на сите учесници, со што се докажува сигурноста на системот и способностите за одбрана од воздушните напади. Ракетата е дизајнирана за одбрана против авиони и беспилотни летала. Во јануари 2007 година, Индија и Израел потпишаа договор

вреден 330 милиони американски долари за заедничко развивање на новата генерација на системот „земја-воздух“ „Barak“.Тој може да ги идентификува и уништи воздушните закани како што се авиони, проектили и ра-кети, вклучувајќи проектили кои се истрелани истовремено. Ракетата има максимална брзина од 2Mach и поседува висок степен на маневрирање во зоната на уништување на воздушните цели. Како мерка на прет-пазливост, Администрацијата на областа Баласоре, во консултација со претставници на одбраната, направи адекватни аранжмани за привремено префрлување на 3652 цивили кои живеат во радиус од 2,5 км од позицијата на лансирната рампа, за време на пробниот период. За ова, жителите биле соодветно компензирани од страна на одбраната. Исто така, долж Бенгалскиот Залив во три крајбрежни области на Баласоре, Бадрак и Кендрапада, беше затворено морето за пло-видба за време на тестирањто.Во Израел, ракетниот систем „Barak-8“ е предвиден за опремување на фрегататите од новата генерација, додека пак Индија плани-ра овој ракетен систем,покрај на своите бро-дови да го инсталира и на копно возила.Организацијата за истражување и развој во одбраната ќе биде „главен инвеститор“ за проектот „Barak-8“. Проектот, во наредните 4 до 5 години има за цел да ја обезбеди војската на Индија со 9 напредни ракетни сквадрони за противвоздушна одбрана, секој со по 2 ракетни единици. Секоја единица ќе се состои од команден и контролен центар, набљудувачки радар, радар за наведување и по три лансерни рампи со по 8 ракети.Вкупно, системот би се состоел од 10 центри за командување и контрола, 18 набљудувачки радари, 18 радари за наведување и 54 лансери, вооружени со 432 ракети. Моментално, на листата на земји корисници на системот „Barak-8“се наоѓаат: Индија, Израел и Азербејџан, а како потенцијални корисници се најавуваат: Чиле, Германија и Полска.

Трајче Денчевски

38 39

Според Сатхиш Реди, програмскиот директор на

проектот и научен советник на министерот за одбрана на Индија, ова е квантен

скок во компетентноста на противвоздушната одбрана,

ракетата успешно ја пресретна маневрирачката воздушна

цел, која имитираше напаѓачки борбен авион и тоа беше

совршено лансирање кое ги постигна сите параметри на

мисијата

Вооружување

Проектот „Barak-8“ започна како проект на индиската

морнарицата и имаше за цел да ѝ обезбеди противвоздушна

одбрана на морнарицата на многу подолг временски период, со намера да остане

примарен систем „земја-воздух„ за противвоздушна одбрана на Индија. Организацијата

за истражување и развој во одбраната, на 30 јуни 2016

година успешно го спроведе првото пробно лансирање на

новоконструираниот индо-израелски ракетен систем

„Barak-8“

„BAR

AK-8

“ Индо-израелски ракетен систем „земја-воздух“

Page 21: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

панели, дигитални автоматски системи за контрола на летање, автопилот, временски радар, гласовно снимање во пилотската кабина, снимање на податоците од летот, ноќни визири, подвижна мапа, сателитска комуникација, систем-локатор, систем за избегнување на колизија со други воздухоплови, пронаоѓачи, камери, системи за следење на здравјето и многу друга опрема (fast roping kits, external electric hoist, cargo hook, air conditioning, auxiliary fuel tanks, emergency flotation system, external life rafts, emergency light-ing, external search light, main cabin bubble windows, wire strike protection system, de-icing systems, multiple levels of pro-tection). Придобивките интегрирани во хеликоптерот вклучуваат: голем и рамен простор за сместување на две носилки (надолжно или попречно позиционирани), дополнително осум или повеќе лица, SAR опрема по потреба, лесен пристап за пациентот од двете страни, сместување на целосен пакет за напредна опрема за одржување на животот, ниска бучава и вибрации, проширување на кабината за багаж и друго. Во зависност од конфигурацијата, во кабината на „AW189“ може да се сместат до 19 патници и двајца членови на екипажот. Хеликоптерот

ја поседува најголемата кабина во својата класа во која се пристапува преку големи лизгачки врати од двете страни на трупот на хеликоптерот. Постои посебен надворешен пристап и простор за багаж. Внатрешноста е прилагодена во зависност од улогата и мисијата односно компатибилност за давање итна медицинска помош, патничка конфигурација, операции за барање и спасување и операции за спроведување на законот. Со еден збор, тој е опремен за летање во сите временски услови, дење и ноќе. Хеликоптерот „AW189“ ги исполнува меѓународните регулаторни барања за безбедност на: EASA / FAA Дел 29, JAR OPS 3 / EU-OPS. Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA) додели сертификати

на хеликоптерот „Agusta Westland AW189“ по завршувањето на активностите за конечна потврда на првиот, целосно производен воздухоплов од овој тип. Почетната поддршка, исто така, е ставена на располагање на операторите преку изградба на нова зграда за симулација која вклучува „AW189“ симулатор. Во август 2013 година, Велика Британија започнала со промовирање на „AW189“ на нивните клиенти, пред сè за потребите на SAR операциите од страна на Кралската морнарица и Кралските воздухопловни сили, а со цел замена на „Eurocopter AS332 Super Puma“ - платформата. При

крајот на истата година, „Bristow Heli-copters“ објавил дека првиот хеликоптер „AW189“ од 2014 година ќе влезе во употреба заради поддршка на операциите за нафта и гас на Велика Британија во Северното Море.На 7 јануари 2015 г., „Agusta Westland“ објавила дека склучиле договор за снабдување на 160 парчиња AW189 за руската нафтена компанија „Rosneft“ за период до 2025 г. Овие хеликоптери ќе бидат произведени од „HeliVert“, што подразбира заедничко вложување помеѓу „Finmeccanica-Agusta Westland“ и „Russian Helicopters“. Компанијата „He-liVert“ го составува AW139 од јуни 2012 г. и обезбедува сеопфатно одржување и поправка на различни AW139 хеликоптери направени во Русија или

во Италија. Договорот вклучува набавка на интегрирано одржување и обука за клиентите. Со оваа спогодба, нафтената компанија Rosneft ќе стане примарен клиент за AW189 во светот. Истата година, хеликоптерот од овој тип се префрла во Америка, каде дејствува „Era Group“ како единствен оператор на САД во Мексиканскиот Залив, а кој оперира и со хеликоптерите „С-92“, „H225“, и „AW139“. Последната вест од мај, 2017 г., е дека „Agusta Westland AW189“ пристигнал во Јужна Америка и се очекува да започне поморски операции во Бразил.

Драган Павловски

40

Компанијата „Agusta“ била основана од Giovanni Agusta во 1923 година. После Втората светска војна оваа компанија

се вклучува во производство на хеликоптери. Најпрвин соработката започнала со компанијата „Bell“ преку договор за лиценцирано производство, а потоа и преку производство на воздухоплови од компаниите „Sikor-sky“, „Boeing“ и „McDonnell Douglas“. Најголемиот успех го достигнала во 1970 година со производство на „Agusta A109“, како комерцијален и воен двомоторен хеликоптер. Во 1983 година го произведува противтенковскиот хеликоптер „Agusta A129 Mangusta“ како прв специјализиран борбен хеликоптер во Западна Европа. Компанијата „Agusta Westland“ е основана во 2000 г. како резултат на спојување на двете компании, италијанската „Agusta“ и англиската „West-land“ со по 50% учество. „Agusta West-land“ е светски лидер во производството на хеликоптери, лидер во обуката на пилотскиот и техничарскиот состав, имајќи го предвид долгогодишното искуство со кое се обезбедува висок квалитет на повеќе полиња од овој домен. Хеликоптерот „Agusta Westland AW189“

е наменет за операции на море за потребите на индустријата за нафта и гас, барање и спасување, медицинска евакуација и транспорт на патници. Како хеликоптер од последната генерација, поседува единствена можност за лет во времетраење од 50 минути без масло за главниот редуктор. Неговиот развој започнал во поново време, поточно во 2011 година со развој на програмата за тестирање на вкупно шест „AW189“ хеликоптери. Во јуни 2013 година, „Agusta Westland“ најавила дека „AW189“ е целосно оперативно способен и подготвен за сериско производство. Во текот на 2015 година, бавниот развој на системот за заштита од мраз го одложило воведувањето на „AW189“ хеликоптери базирани за операции за барање и спасување. Сертификацијата продолжила во есен истата година со испитувања во Алјаска, со цел за да се обезбедат летови во целосни услови на замрзнување.Пилотската кабина се карактеризира со високо ниво на надворешна видливост и напредна технологија. Таа е дизајнирана со цел да се намали обемот на работа на екипажот и подобрување на безбедноста. Авиониката на „AW189“ е целосно интегрирана и вклучува LCD

Вооружувње

Авион за барање и спасување, медицинска евакуација и транспорт на патници

„AgustaWestland AW189“ е двомоторен, осумтонски

хеликоптер со средна големина. За прв пат бил

најавен на „Paris International Air Show“ во 2011 година, а произведен од компанијата

„Leonardo“ (порано „AgustaWestland“, споени

во „Leonardo-Finmeccanica“ од 2016 година). Тој е цивилно-ориентирана

верзија изведена од воената верзија „AW149“, а дели

сличности и со „AW139“ и „AW169“ во однос на дизајнот,

летните и безбедносните карактеристики. Хеликоптерот

„AW189“ често се споредува со „Airbus Helicopters H175“

ГЕНЕРАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

ПОСАДА 1 или 2 пилоти КАПАЦИТЕТ до 19 патници ДОЛЖИНА 17.6 м ВИСИНА 5.06 м ДИЈАМЕТАР НА РОТОРОТ 14.6 м

ТЕЖИНА од 8300 до 8600 кг (во зависност од конфигурацијата)

МАКСИМАЛНА БРЗИНА од 287 до 313 км/час (во зависност од конфигурацијата)

ДОЛЕТ до 1.111км (во зависност од конфигурацијата)

ВРЕМЕ НА ЛЕТ 5 часа и 40 минути КАПАЦИТЕТ НА НОСИВОСТ

НА НАДВОРЕШЕН ТОВАР 2722 кг

ЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ 25 мил. евра

Page 22: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

42 43

поставен Алексо Демниевски. На оваа должност останал до крајот на 1944 година, кога се вратил во Југославија. На 1 јануари 1945 година Алексо Демниевски-Бауман бил поставен за политички комесар и командант на 15. македонски корпус. Учествувал во борбите на Сремскиот фронт. Неговиот корпус на 13 април 1945 година учествува во ослободувањето на Винковци, Славонска Пожега,Славонски Брод, Загреб и Целје. По ослободувањето на земјата вршел воени функции и станал генерал-потполковник на ЈНА. Алексо Демниевски-Бауман,за време на воените судири во Шпанија,често пати знаел да каже дека таму се борел затоа што шпанската граѓанска војна ја поистоветувал со македонската. За одбележување бил фактот дека тој бил еден од иницијаторите македонските доброволци во 1937 година на самите

борбени линии на шпанскиот фронт свечено да го прослават големиот македонски празник Илинден, со пеење на револуционерни песни и маршеви, меѓу кои и маршот „Ние сме Македонци“. Таму,во првите борбени редови Алексо Демниевски-Бауман и другите македонски доброволци храбро се бореле под знамето на Илинден и на Крушевската Република и го повикувал македонскиот народ за борба против заедничкиот непријател. Затоа Македонците предводени и охрабрувани од командантот Алексо Демниевски-Бауман,земале активно учество скоро во сите главни фронтови во Валенсија, Арагон, Мадрид, Каталонија, Харама, Кордоба, Брунето и други места во Шпанија. Ценејќи го овој дотогаш невиден хероизам и зачудувачка храброст на македонските борци,а со цел да им се оддаде признание и почит на овие македонски и интернационални

борци во Шпанската граѓанска војна,било одлучено во сите тогашни интернационални гласила што се печателе и се дистрибуирале на целата територија на Шпанија и пошироко во Европа,македонскиот јазик да биде воведен и застапен како рамноправен со сите светски јазици. Со тоа македонскиот јазик добил меѓународна сатисфакција како посебен јазик, што претставувало огромно задоволство кај македонските доброволци-учесници во Шпанската граѓанска војна. За тоа најголема била заслугата токму на Алексо Демниевски-Бауман. Сите шпански доброволци од Македонија, подоцна како борци и команданти во Народноослободителната и антифашистичка борба, се бореле и се избориле Македонија да ја ослободат и да формираат Асномска Република Македонија.

Антоанела Димитриевска

Алексо Демниевски бил роден на 10 септември 1905 година во Велес, а починал на 5 септември 1961 година во

Белград. Заради тешката економска состојба, тој по завршувањето на четврт клас гимназија го напуштил школувањето и работел како чевларски работник. Во 1924 година станал член на работничката младина, а од 1926 година бил член на КПЈ.Станал член и на Синдикалниот совет и секретар на Секцијата на кожарските работници. Во втората половина на 1928 година бил испратен во СССР каде што се запишал на Школата за националните малцинства на Западот. Во 1932 година ја завршил школата, а во 1934-1935 година поминал и одредена обука во Црвената армија. Во септември 1936 година, по одлука на КПЈ, заминал за Југославија каде требал да го преземе раководењето со Покраинскиот комитет за Македонија.

Но, во Виена по 20-тина денови чекање, му било соопштено дека каналот за префрлање во Југославија бил провален по што, наместо за Македонија, Алексо Демниевски решил да замине за Шпанија.Во Шпанија пристигнал во октомври 1936 година и бил упатен на фронтот во Кордоба. По формирањето на Балканската чета во составот на 14. интернационална бригада, Бауман бил назначен за политички секретар и бил упатен на фронтот кај Гвадалхара. Во мај 1937 година се формирал баталјонот „Ѓуро Ѓаковиќ“, а Демниевски бил назначен за негов командант. По завршувањето на тешките воени операции кај Сарагоса, во септември 1937 година Демниевски добил чин мајор и станал командант на групацијата на 45. дивизија, од која подоцна се формирала 129-та балканско-чешка интернационална бригада

„Георги Димитров“, чиј командант бил Алексо Демниевски. Додека бил во Шпанија, во Македонија како резултат на честите провали обезглавена била Комунистичката партија. Јосип Броз Тито правел напори Алексо Демниевски да се врати во Македонија и да застане на чело на македонското комунистичко движење. Сепак до тоа не дошло и Демниевски останал во Шпанија. Во август 1938 година бил ранет во борбите на Арагонскиот фронт и му била ампутирана ногата. Бил префрлен во Париз од каде во април 1939 година бил префрлен на лекување во СССР. По враќањето од лекување во 1941 година извршувал разни воени и политички должности во Москва. Но, неговото здравје повторно се нарушило и бил испратен на лекување во Памир во Киргистан. На 15 јуни 1944 година во Москва се формирал наставен центар, а за негов комесар бил

Алексо Демниевски-Бауман е револуционер и синдикален

активист, учесник во Шпанската граѓанска војна 1936-1939 г.,

која се водела помеѓу шпанската демократска републиканска влада и фашистичките десно

ориентирани елементи на чело со Франциско Франко. Во оваа

војна всушност се бранела светската демократија и слобода.

Помеѓу доброволците од 55 земји, кои учествувале во

одбрана на Шпанија, во славните интернационални бригади

учествувале и 137 Македонци, меѓу кои и Алексо Демниевски-Бауман. Алексо Демниевски Бауман бил и учесник во НОВ од 1 јануари 1945 г. политички комесар и командант

на 15. македонски корпус

Касарната на АРМ во Велес го носи неговото име „Алексо

Демниевски-Бауман“. Во негова чест поставени се

две спомен бисти, дело на велешкиот скулптор Павле

Илиев,едната во новиот дел на Велес кај ОУ „Васил

Главинов“,а втората во дворот на касарната која го носи неговото име. Во негова

чест секој септември букети свежо цвеќе положуваат борците, претставници на

АРМ од велешкиот гарнизон, претставници на Општина

Велес, ученици и граѓани на Велес

Касарната во Велес го носи неговото име Алексо Демниевски – Бауман

Паметници

Page 23: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

врска со женските улоги во општеството. Таа се осврнува на односите меѓу мажите и жените и на социјалните структури кои произлегуваат од овие односи. Литературата, исто така, гледа како се одржуваат постојните разлики помеѓу мажите и жените и нивното спроведување преку политички системи, јавниот дискурс, распределба на родовата улога и маргинализација на жените. Ова се должи и на фактот дека учеството на жените во мировните преговори и во лидерски позиции сè уште е прилично ограничено. Потребна е дебата за влијанието на придонесот на жените во решавањето на конфликти и на мировните процеси во различни општествени контексти.Истражувањето на родот и на мировните мисии се фокусира на широк спектар на теми, вклучувајќи го и влијанието на родот во главните текови, ограничувањата на работата

на мировниците, како и мировници како сторители на сексуално и родово насилство. Сексуалните насилства врз жените за време на вооружени конфликти често биле под влијание на системските злосторства кои се случуваат (Swaine, 2015). Жените се повеќе склони да станат жртви на трговија со луѓе во земјите кои минуваат низ воено насилство, природни катастрофи или економски кризи (ENLOE, 2014). Се верува дека криминалот извршен од страна на мировниците во земјите-домаќини врз жените и децата може да се намали со зголемувањето на присуството на женскиот персонал. Многу често некои воени лица за време на мировните активности извршуваат злосторства врз цивилите. На пример, откриено е дека мировниците често се одговорни за силување и сексуални напади врз жените и децата во земјата-

домаќин, каде што истите се имаат заразено од ХИВ и СИДА. Исто така, некои мировници, биле вклучени во олеснувањето на трговијата со луѓе и во нелегалната проституција. Помеѓу јануари 2004 и ноември 2006 година, по истрагата од страна на ОН, дома биле вратени 144 мировници кои се обвинети за експлоатација или злоупотреба (Bridgers and Horsfall, 2009).Кент, пак, наведува дека и покрај фактот дека мировниците имаат кодекси на однесување и политичка толеранција до кои треба да се придржуваат, сексуалната злоупотреба и експлоатација продолжува да се случуваат со зголемена фреквенција и покрај ограничените корективни мерки, а сторителите на семејното насилство не се казнуваат. Земјите каде што имало обвинувања за сексуален напад од страна на мировниците се Демократската Република Конго, Бурунди, Босна и Херцеговина, Мозамбик, Косово, Либерија, Хаити и Камбоџа (Kent, 2005). Неказнивоста што преовладува се должи на фактот дека многу мисии немаат капацитет да го следат нивниот персонал, а тоа

доведува до нецелосно известување и следење на случаи каде мировниците и хуманитарните работници ја злоупотребуваат својата позиција на моќ. Во анализите за родот во рамките на човековите права и насилството врз жените, Kelly (2005), тврди дека еден од недостатоците во родовото интегрирање на политиката на ОН е нивниот неуспех да се реализира реториката во практиката.

Мери Ринџова

УЛОГАТА на жените за време на конфликти и во време на мир

44 45

Постојната литература за родот и конфликтот се занимава со тоа дали жените се намерно исклучени од политичките

процеси и донесување на одлуки. На пример, во 2010 година само 19 отсто од сите пратеници во светот биле жени, што претставува извесно зголемување во однос на родовата програмска квота во владините институции. Слично на тоа, Обединетите нации (ОН) покажаа дека само шест од вкупно 33 специјални претставници на Советот за безбедност се жени; дека жените заземаат само 25 отсто високо ниво од сите места во Секретаријатот на ОН, дека од страна на ОН никогаш нема назначено жена како главен посредник и дека досега сите избрани генерални секретари биле мажи. Литературата, исто така, укажува на загриженост во користење на женските тела на политизиран начин. Како значајни пречки за вклучување на

жените во процесите на донесување одлуки можат да се набројат стереотипните ставови, неподготвеноста на мажите да ја делат власта, да се натпреваруваат во семејните одговорности, како и несоодветното образование и обука (Porter, 2003, стр. 248). И покрај фактот дека жените се активни во иницијативите за градење на мирот, тие имаат тенденција речиси воопшто да не бидат официјални мировни преговарачи (Porter, 2003). Кога станува збор за градење мир и постконфликтна реконструкција, тешко може да се идентификуваат жени кои би можеле да придонесат за градење на мировните процеси, а тоа се должи на фактот дека жените главно дејствуваат на ниво на база, што значи дека е потешко за ОН и меѓувладините тела да ги забележат нивните напори (Gizelis, 2009). Родовата литература е фокусирана на голем број прашања во

Во еден од претходните броеви на магазинот „Штит“ беше направен краток осврт

на историјата на активизмот на жените во спроведувањето на правата на жените и родовата интеграција во меѓународните закони и мировните мандати.

Во овој број на „Штит“ ќе бидат пренесени неколку

видувања во врска со родовите дискурси кои се обработени во литературата во однос на улогата на жените за време

на конфликти и процесите на градење на мир

Истражувањата покажуваат дека е постигнат одреден

напредок во родовата еднаквост и вклучувањето на женскиот

персонал во мировните компоненти. Клучните прашања се однесуваат на недостаток во

учеството на жените на лидерски позиции и ограничувањето во делокругот на работата на мировниците. Главните

импликации се сомнежите во стапката на промените кои се

случиле од спроведувањето на Резолуцијата 1325, со оглед на нивната бавност, и степенот на вистинските промени кои

може да се случат без драстично менување на општествените

структури и постојниот глобален систем

Жените, мирот и безбедноста

Page 24: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

46 47

На денот на селекцијата останавме по 10 ученици или 30 од сите воздухопловни училишта и бевме распоредени во две групи, Јас бев во првата група на посетители на едриличарската обука која започна после завршување на школската година. Радоста беше голема. Бевме сместени во спална во склоп на хангарот, а мензата беше во сè уште неизградената кујна-ресторан. Набргу пристигнаа едриличари почетници од Скопје и од Куманово, со што се создаде една прекрасна атмосфера и другарување. За управник на воздухопловното училиште беше назначен Закич, за кординатор и испитувач за теоретски и практичен дел Иван Тасевски , технички кадар од Битола и Скопје вкупно 3 члена. Во склоп на базата се одржуваа и подготовки за приправници наставници Петар Десков, Скопје, Трајче Стефановски од Куманово и Кирил Ангеловски од Битола. Комплетната настава , односно практичниот дел се одвиваше на стариот аеродром крај селото Горно Оризари. Еден убав ден, но со ниска облачност наставниците одлучија да ни дадат по еден информативен лет. Возбудувањето беше неверојатно. Првпат во воздух како пилот едриличар. Веќе наредниот ден не поделија во 3 групи, па така секој наставник си ја зеде својата група и обуката течеше во најдобар ред. Во одредени периоди се менуваа наставниците по групи со цел да дадат свое мислење. Следеа вонредни постапки во стилот намерно откачување, еден вид симулација на кинење на јаже. После некаде околу 50-60 стартови започнаа и првите самостојни стартови . Едрилиците се опремија со радиостаници со цел наставниците да имаат и контрола или да помогнат во случај на потреба. Така и јас дојдов на ред, па со целосно внимание и мала трема влегов во едрилицата „Летов 22“. Се изврши последната проверка и полетав. Согласно подготовките прво ја доведов едрилицата во хоризонтала, ја повлеков командната палка кон себе за да добијам потребен агол, да го почувствувам забрзувањето и по остварување на потребната висина моторот кој не влечеше ги намали вртежите, порамнив и откачив. Одеднаш се почувствував слободен во просторот, го немаше она чувство дека наставникот дава команди, неговите забелешки. Бев оставен сам на себе со повремени сугестии по радиостаница од наставникот од земја. Само си помислив прави го она што те учеа. Направив засврт за 90 степени, втор засврт за 90 степени, продолжив право кон трет засврт. Набрзо дојде и до третиот засврт, а веќе четвртиот беше внимателно подготвен со цел да дојдам до пистата. Безбедно слетав, но како

и што се случуваше на земја, извесно време одевме лево десно, но сигурно. Потоа следуваше уште еден старт и на излегување пилотско крштевање. Клоца во задникот од наставниците и од сите кои претходно самостојно полетале. Обуката продолжи со несмалено темпо и сите успешно ја завршивме. Потоа имавме испитен лет пред Тасевски Иван со задача прецизно слетување и пред сè безбедно слетување. По свеченото доделување на дипломите, имавме заеднички ручек и со тоа на крајот на јули заврши нашата основна обука. Во август заврши основна обука и втората група, а во септември во Битола за битолските кандидати се одржа настава и обука во влечење со авион. Наставник беше Ѓорѓи Тосков од АК Скопје, со кој навистина многу научивме и одлично

полетувавме во авионска запрега. Тоа беше крај на основаната обука, а потоа наредната година следуваше обука во едрење итн. Придобивките од овај начин на обука беа огромни. Голем дел се одлучија и професионално да се занимаваат со воздухопловство, особено по отслужување на воениот рок во Воздухопловната бригада на ЈНА. Голем дел станаа воени пилоти на хеликоптери, но и на патнички авиони. Другарувањата и средбите останаа до ден денес со многумина не само од таа база туку воопшто со едриличари, пилоти, падобранци и моделари ширум РМ. Целта беше исполнета се покажа дека и Република Македонија има услови за основна обука по сите воздухопловни гранки. Битола прерасна во голем воздухопловен центар, при што доаѓаа пилоти, односно кандидати за пилоти од Средното воено училиште за пилоти „Маршал Тито“ во Мостар. Голем број кандидати од Битола и другите градови добија звање наставници, професионални пилоти. Воедно Битола стана едриличарски центар за одржување на натпревари во едриличарство, благодарејќи на можностите што ги даваше Пелагониската Рамнина. Се леташе основна обука на двоседи едрилици „Летов-22“, „Ждрал“, тренажни „Јастреб“ и високоспособни „Илинденка“ и „Ваја“. Подоцна пристигнаа многу посовремени едрилици и се отворија и два воздухопловни центри во Прилеп и во Штип, кои придонесоа за развојот на воздухопловството во Република Македонија. Веќе наредната 1967 година двајца пилоти за првпат во поновата историја со успех настапија на Државното првенство во Вршац. Пилотите беа Кире Ангеловски, со помошник Перица Поповски од Битола и Перо Десков со помошник Марко Марковски и двајцата се натпреваруваа со едрилици од Типот „Ваја“.

Перица Поповски

Во далечната 1960 година беше формирана Едриличарската база во Битола. Првите членови беа од едриличарските

училишта од аероклубовите од Скопје, Куманово и Битола. Едриличарската база се формираше поради недостиг на пилоти и технички кадар во Македонија. Постоеше потреба да се формира воздухопловна едриличарска база со концентрација на сите воздухопловни едрилици во Битола, а активностите да продолжат по воздухопловните училишта од каде и пристигнаа членовите. Обуката започна по претходни конкурси за пилоти на едрилици уште во февруари 1966 година, синхронизирано во трите клуба предводени од наставниците Ѓорѓи Тосков ( Жоро) во Скопје, во Куманово, Бранко Саздовски ( Кипе ) и Владо Трајковиќ во Битола. Обуката беше распоредена на три дела:

теоретски, практичен, кој се состоеше од запознавање со едрилицата и почетничка обука во летање, покасно и напредна обука во едрење и врвни вештини (прелети и акробации), како посебен дел на обуката. Обуката беше обемна и бараше многу учење и совладување на вештините. Паметам една реченица од тогашниот секретар

на АК Битола, Душко Крстевски –„ Во воздухопловството нема оценување од 1-5 туку само 4 и 5”, што значи дека тестот ќе го поминат само оние кои се добро подготвени, друга алтернативе нема. Теоретскиот дел се одвиваше во рамките на аероклубовите, а практичниот за време на викенди на аеродром.

ШТИТ - сторија

НЕИЗМЕРНА ЖЕЛБА ЗА ЛЕТАЊЕВо овој број на „Штит“ Ви пренесуваме дел од сеќавањата на

Перица Поповски од Битола, еден од пионерите на македонското едриличарство. Љубовта кон летањето започна да се остварува

со формирањето на Едриличарската база во Битола, каде Перица беше еден од најдобрите во својата генерација. Љубовта кон

летањето продолжи во подоцнежниот професионален развој на Перица, а денес со гордост раскажува дека таа љубов ја пренел

на своето поколение, посочувајќи дека неговиот син денес е припадник на Воздухопловната бригада на АРМ

Одеднаш се почувствував слободен во просторот, го немаше она чувство дека

наставникот дава команди, неговите забелешки. Бев

оставен сам на себе со повремени сугестии по

радиостаница од наставникот од земја. Само си помислив

прави го она што те учеа

Page 25: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

48

Армијата на Република Македонија над 15 години е амбасадор на мирот. Преку учеството во разни меѓународни

мировни мисии,според некои податоци од 2002 г. па наваму, војниците на АРМ далеку од своите домови придонесуваат за одржување на светскиот мир. Нивното учество во разни мисии придонесува за да се гради една цврста и неприкосновена национална историја

и да опстојува еден мал, но вреден и достоинствен народ на Балканскиот Полуостров.И македонскиот војник, исправен со цела борбена опрема, соочен со сета опасност што ја носи задачата која е пред него поставена, придонесува кон глобалниот мир, безбедноста и демократијата. Учеството во разни операции во Босна и Херцеговина, во мисијата против Талибанците во Авганистан, мисиите во Либан, логистичката поддршка на силите на КФОР на Косово, учеството во разни хумани акции, во еколошки акции како „Денот на дрвото“, учеството во високоризични операции – ја етикетираат AРМ како чувар и гарант на независноста и самостојноста на Република Македонија. Таа им помага на другите народи каде што е неопходна помош за одржување на светскиот мир преку вештините кои се во нејзин ранг.Правдата е основа на една држава, а припадниците на Армијата се чувари на територијалниот интегритет и суверенитет. И кога има земјотреси, и за време на пожари, поплави и други климатски непогоди, во кои е

Незадолжително

АРМИЈАТА – столб на мирот и безбедноста на државата

загрозен животот на населението, војската е на терен да помогне и да се солидаризира со народот. Таа е тука и да импресионира и рамо до рамо да се бори со обучени војски. Војниците се одговорни, посветени, патриоти, солидарни, лојални кон татковината, со бистро око и мирна рака, и обично се образовани. И самите спортуваат, играат шах, пинг-понг и сл., и гледаат да го задржат воениот и храбар дух во себе, доброволно даруваат крв, донираат прехранбени артикли на социјално загрозени лица. Нашите припадници на Армијата се обучени и за заштита на околината преку градење на свест за неа.Во АРМ околу 10 % од персоналот се жени со разни чинови. Нашата армија ги следи сите модерни трендови! Покрај воени задачи, таа извршува и невоени операции, како справување

со мигранти, бегалци,поддршка на борбата против дрога, хуманитарна помош, воена помош на населението и на цивилните власти,поддршка при евакуација, мировни операции и слично.Нашите воини се „ренџери“, кои се научени да преживуваат во планини, морнари кои знаат да се одбранат во вода преку поморски операции, јасновидци - кои знаат да дадат и прва помош и збор на утеха...Македонскиот војник е цврст, храбар, обично јадар, психички и физички здрав, смирен, праведен, но неспокоен кога станува збор за неправедност...Нашата армија е модерна – наменета за извршување на специјални задачи. Имаме и Полк за извршување специјални операции, бригади за логистика, за медицина и слично. АРМ е спремна за реформи, таа е водилка на врвни резултати во општеството, придонесува за членство на државава во НАТО - алијансата и е најелитна институција во државава. Синоним за највисоки стремежи,стандарди, резултати...Армија која знае да се бори и со голи раце, со студено оружје, со бајонети, пушки, митралези, тенкови, топови,

системи за минирање, повеќенаменски тактички авиони-борбени , ракетни системи, со примена на науката, на медицината, на кибернетика, на хемија,закони на физиката, географијата, правото, новинарство, преку односи за јавноста и што ли уште не....Оружје, техника, тактики, формации,образование... Армијата е олицетворение на трајни пријателства и вооружена сила која преку посебни тактики и специјални вештини знае како да се стаса до благосостојба и мир. Македонската армија преку свој стил на дејствување ги промовира постојано слобода и мир,стабилност и можност во земјата да се управува суверено. Војниците на АРМ често се одликувани и наградени за своите заслуги, забележани се во пишани документи нивните залагања и достигнувања. Тие даваат заклетва и се мотивирани за да се втурнат во главнината на настанот.Годишно се примаат околу 250 професионални војници во Армијата, кои неколку месеци се оспособуваат и се подготвуваат за дејствување. Професионалците се наш паметник,нераскинлив дел од нашата мала татковина, како и сите луѓе. Подофицери,офицери, полковници,професионални војници...Нашата Армија е квалитетна, а не квантитетна. Токму таква е нашата формација.

Васе Митреска

Ова е напис од наша соработничка, новинарка од

Прилеп, која на посебен начин и во нејзин препознатлив стил

ни напиша неколку редови инспирирани од Армијата на Република Македонија,

нејзиното значење и улога во нашата држава и како таа ја

доживува

Page 26: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

50 51

Босна често се споменува заради војната која беснееше во 90-тите години на минатиот век, која заврши со потпишувањето на

Дејтонскиот мировен договор. Постарите генерации сè уште ја споменуваат војната, но денес луѓето сè повеќе се мешаат со други култури и религии и живеат во хармонија. Луѓето од Босна и Херцеговина ја оставија војната зад нив, и се отворени за туристи. Помошта од другите народи и држави беше од големо значење за обнова и повторна изградба на оваа држава. Освен со големо културно наследство, земјата има и прекрасна природа со многу планини, езера, реки и обилна вегетација.Планини, водопади, карпести карпи, пештери, езера и реки се природните убавини на оваа земја! Таа е домаќин на многу активности како што се рафтинг, пешачење, прошетки низ планини, планинарење, кампување и сл. Од калдрмирани камени улици и мали тесни сокачиња, до познатиот Стар мост, каде што локалните жители скокаат во ледено студената река Неретва, посетата на Мостар ви дава чувство како да чекорите во некоја сказна. Иако војната го оштетила градот, а Стариот мост бил уништен, сето тоа е обновено, а традицијата на скокање во реката и понатаму продолжува. Сепак, војната во раните 90-ти години е она што прво им доаѓа на ум на луѓето кога ќе помислат на Босна и Херцеговина. Но, дали е познато дека само неколку години пред да избувне војната, Сараево беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1984 година? Тоа беше првата Зимска олимпијада одржана во комунистичка држава. Инаку и во денешно време Босна и Херцеговина сè уште е домаќин на фантастични зимски и други други спортски активности. Така, во 2015 година, во Мостар се одржа натпреварот за нуркање на „Ред бул“ кој продолжи и во 2016 година. Понатаму, секоја година во јули, се одржува годишен натпревар на локалното машко население кое секојдневно скокаа од мостот во Мостар. Тоа е традиција започната уште во османлиските времиња или поточно некаде во 1500 година!Главниот град Сараево е град полн со разновидности и често пати се нарекува Ерусалим на Европа. Прошетката низ Башчаршија, стариот дел на градот додека го слушате повикот за молитва на езанот, црковните ѕвона, мирисот на силно кафе и свеж леб од пекарите е неописливо и прекрасно искуство. Можеби се сеќавате на Латинскиот мост во Сараево од часовите по историја. Веројатно ви е познато дека на аголот на зградите кај мостот надбискукот Франц Фердинанд од Австрија е убиен од еден млад босански Србин, а тоа убиство предизвика една верижна реакција што резултираше во почеток на Првата

светска војна. Со мешавина на култури и религии, како и мешавина на стара и нова архитектура, Сараево мора да се види одозгора за да се види колку навистина е голем град! Ако прошетате во вистинско време (наутро пред 10 часот а навечер после 18 часот) може да видите како локалните жители ги отвораат или затвораат продавниците, чистат и се подготвуваат за тој ден. А во Мостар пак, до пладне, Стариот мост е преполн со луѓе и многу тешко може да се помине преку него, а уште потешко е да се направи добра фотографија без да ги сликате неодминливите селфи-стапчиња на големи групи на туристи околу вас. Ако некој запраша дали има плажи во Босна и Херцеговиа одговорот е позитивен Всушност постои само една - Неум. Таа се наоѓа во единствениот дел од крајбрежјето на Босна и Херцеговина и е долга 22 километри, а се наоѓа помеѓу двата дела на Хрватска. Истата е совршено место за одмор и да се ужива во сонцето без да се гужва помеѓу толпи на туристи. Што се однесува пак, до историјата на Босна и Херцеговина таа датира

од подамнешни времиња. Најраните познати жители биле илирските племиња, но многу малку се знае за нив. Во 168 п.н.е, владееле Римјаните, потоа Словените кои доаѓаат во VI и VII век. Словените ја утврдуваат и дефинираат културата и јазикот. Отоманската Империја ја презема контролата врз земјата во доцните 1400-ти години, што повторно ја променило културата, традицијата и религијата на регионот. Австро-унгарската Империја владеела кратко време кон крајот на 1800-тите, додека државата не станала држава на Југославија, под комунистичката власт на Тито. Сепак, по неговата смрт во 1980 година, владата е видно ослабена и не може да се справи со економските и политичките предизвици што доведува до распадот на Југославија. Следи најкрвавата војна по Втората светска војна. Една од причините е дека Босна отсекогаш била и е важен регион низ историјата, а таму владееле различни империи токму поради нејзината стратешка позиција во Европа.Босанската храна е навистина одлична! 99% од босанските специјалитети имаат месо. Пробајте „Sahan“, кој има „sogan dolme“ (варен кромид полнет со мелено месо и ориз во сос од домати) и „ japrak“ (мелено месо и ориз во сос од домати завиткани во листови од кељ). Полнети пиперки (пиперки полнети со мелено месо и ориз во сос од домати) кои многу се вкусни. Ако го сакате црвеното месо, пробајте ќебапи, плескавици, или раженчиња (месо на скара). Не заборавајте да се напиете кафе и да пробате баклава со него. Тоа е навистина посебно искуство во оваа прекрасна земја.

м-р Билјана Поповска

Босна и Херцеговина е повеќе од посебна.

Земјата е магична. Секој патник на своето патување низ Европа

треба да ја посети оваа земја која како да има

форма на срце или да ја додаде на својата листа

на пожелни дестинации за посета!

Босанското кафе е дел од босанскиот и херцеговскиот

идентитет. Мештаните го сакаат своето кафе – се служи

во традиционални бакарни филџани со шеќерни коцки.

Притоа, освен во кафето, како туристи можете да уживате и во пријателската услуга и

атмосфера која често и не ја добивате кога патувате

Неколку причини зошто да ја посетите

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Културна дипломатија

Page 27: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

52

Еден од симболите на Албанија, за кои пишувавме во претходниот број, се големиот број на индивидуални и

групни бункери. Многупати Албанија е нарекувана „земја на бункерите“. Покрај ваквите мали бункери беа изградени и доста поголеми објекти како што се подморнички бази, подземни авиобази, складишта итн. Една од нив е и авиобазата „Гјадер“. Самата база е лоцирана на 65 километри северно од Тирана во областа Лече до селото Гјадер. Изградбата на објектот е започната во 1969 година, а во 1970 година е завршена, но првото слетување и складирање на авиони во подземниот хангар е на 10 јули 1973 година. Објектот е граден со цел да овозможи заштита на воздухопловите од евентуален напад од поранешното Југословенско воено воздухопловство. Пистата која се користи во авиобазата „Гјадер“ е воена т.е. никогаш не е користена за комерцијални-цивилни авио полетувања/слетувања. Истата е долга 2800 метри, има два приоди и е изградена од цемент. Нејзините точни кординати се С 41° 53’ 42,6” и И 19° 35’ 54,7”. Во непосредна близина на полетувачко-слетувачката патека има планина во чија внатрешност е сместен подзениот хангар. Поради непосредната близина на планината слетувањето на овој аеродром бара големо внимание. До подземниот дел на базата „Гјадер“ водат две приодни патеки

од кои јужната е поблиска и е долга 1100 метри. На влезот и излезот од галеријата има нуклеарно-заштитни врати со широчина 14 метри и висина 6,3 метри. Внатрешноста е заштитена првенствено со самата структура на планината, а потоа и со зајакнат бетон. Стандарната процедура во времето на функционирање на оваа база било авионите да влегуваат од јужната страна, а да излегуваат од северната страна. Овој начин овозможува непречено функционирање, лесна пополна на воздухопловите со гориво и муниција и нивна брза употреба. Во внатрешноста собира 50 воздухоплови и истите се поставуваат дијагонално со цел да биде слободна патеката за движење на моторните возила. Во почетокот на функционирањето на подземниот хангар во него бил сместен 5646-от воздухопловен полк кој во својот состав ги имал авионите од типот F-6s. Подоцна во оваа база е распореден 4010-иот воздухопловен полк.

За време на војната во Босна и Херцеговина во базата „Гјадер“ во периодот февруари-април 1994 година беа распоредени две беспилотни летала на Централната разузнавачка агенција (CIA). Леталата од типот „Gnat-750“ за време на својата мисија не дадоа резултати и целата мисија беше прекината. Американските вооружени сили исто така ја користеа базата во периодот од април до ноември 1995 година, кога 4 беспилотни летала од типот „Predator“ вршеа воздушно надбљудување на теренот во Босна и Херцеговина. За времне на немирите во Албанија 1997 година базата беше запоседната од локалното население. На 16 март 1997 година војската ја напушти оваа база. Денес подземниот хангар се користи за складирање на воздухопловите кои се надвор од употреба.

Златко Блажески

Авиобаза „Гјадер“Во времето на Студената

војна додека несигурноста и недовербата помеѓу државите

беше голема, грандиозните воени проекти беа согледувани

како неопходни притоа не водејќи сметка колку се троши

за истите

Низ историјата

Психофизичката оспособеност на резервните офицери и подофицери е значаен сегмент во

нивната вкупна оспособеност за нивните задачи во одбранбениот систем. Со оглед на тоа, во програмата за едукација и обука, застапени се содржини кои се во функција на јакнење на нивната физичка оспособеност, меѓу кои спаѓаат и спортски натпревари. Во рамките на ваквата програмска определба, а по повод 8 Септември, Денот на независноста на Р.Македонија, во Пробиштип и во Кичево се одржаа регионални натпревари во мал фудбал. Во поздравното обраќање до учесниците на овие натпревари, претседателот на ОРОРМ, проф. д-р Ѓорѓи Малковски, го нагласи значењето на психофизичките активности и спортувањето воопшто, како интегрален дел на вкупната оспособеност на резервните офицери. На натпреварот во Пробиштип, чиј домаќин и организатор беше Извршниот одбор на ООЕ на ОРОРМ од овој град, со кој раководи Злате Анчов, учествуваа екипи од пет ООЕ (Куманово, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Пробиштип). Во фер игра и спортска атмосфера, екипата од Пробиштип го освои првото место, а еднодневното дружење заврши со заеднички ручек во Лесново каде што го посетија и манастирот „Св.Гаврило Лесновски“. На натпреварот во Кичево, кој со логистичка поддршка на Четвртиот баталјон на 1.МПбр. го организира Извршниот одбор на ООЕ на ОРОРМ Кичево, се одржа на спортскиот полигон на касарната „Чеде Филиповски-Даме“. На овој натпревар учествуваа екипи од: Кичево, Прилеп, Битола и Демир Хисар. Првото место и припадна на екипата од Кичево, а заедничкиот ручек го подготви Вториот логистички баталјон на АРМ со кој командува потполковник Ванчо Ташев.

Плодна и континуирана соработка помеѓу Општинската организациона единица (ООЕ) на ОРОРМ Тетово и

планинарските друштва од градот под Шара („Тетекс“, „Аргентус Маун“, „Јелак“, „Љуботен“), се остварува со години наназад, што може да послужи како позитивно искуство и за други локални средини. Во прилог на ваквата оценка се и неодамна организираните кондициони маршеви во Тетовскиот регион. Всушност, станува збор за традиционалниот Меморијален марш во чест на прерано починатиот вљубеник во природата, Кирчо Пенев, кој на релацијата: с.Беловиште-Ливадичко Езеро (н.в. 2.200 метри) го организира планинарското друштво „Аргентус маун“.На претставниците на ООЕ на ОРОРМ Тетово, учесници на маршот, им беше доделена Благодарница за нивниот придонес во реализацијата на ваквата активност. Посебно заслужува да се одбележи Кондициониот планинарски марш на релацијата: Попова Шапка-Јелак-Лешница-Кривошиски Водопади (1.370 м.н.в.) во должина од 18км, што го организира планинарското друштво „Тетекс“ во соработка со ООЕ на ОРОРМ Тетово. На оваа еднодневна активност, покрај 80-тина планинари и резервни офицери од Тетово, учествуваа и: претседателот на ОРОРМ проф. д-р Ѓорѓи Малковски, претседателот на ООЕ на ОРОРМ на град Скопје, Никола Ѓуровски и проф. д-р Росе Смилески од Воената академија во Скопје.

Плодна соработка

Регионални натпревари во мал фудбал

На 16 септември во с. Беличица, Гостиварско, се одбележа 73-годишнината од значајниот историски

настан и жестокиот судир помеѓу припадниците на Третиот тетовски партизански одред и балистичките формации кои, како соработници на окупаторот дејствувале во Западна Македонија. Како што е познато, во овој крвав масакар (19 септември 1944 година), загинати се 21 борец на Одредот, 18 цивили се живи запалени, а 38 куќи се опожарени. На чинот на чествувањето, што традиционално го организираат боречките организации на Гостивар и Тетово, учествуваа активисти на ООЕ на ОРОРМ Тетово, претставници на СЗБ од НОАВМ на Боговиње, Прилеп и Кичево, на Гарнизонот на АРМ Тетово, како и членови на семејствата на загинатите. По овој повод, на спомен-обележјето во с.Беличица, свежо цвеќе во знак на почит и благодарност кон загинатите положија повеќе делегации меѓу кои, Гарнизонот на АРМ и Извршниот одбор на ООЕ на ОРОРМ Тетово. Пригоден реферат пред присутните учесници на чествувањето презентираше професорот Радислав Гиновски од Гостивар.

Чествување

Живко Трајановски

ОРОРМ - активности

Page 28: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

54 55

Основно и средно училиште завршил во родниот Велес. Потоа ја завршил Воената академија за Копненената

војска во Белград во 1961. Натаму своето школување го продолжува и ја завршува Командно-штабната школа - Белград во 1973г., а по ова завршува ШНОЈНА во 1980г.Во воената кариера бил командир, од ко-мандир на вод, командант на баталјон, командант на бригада, началник на Кор-пус, до нашалник на ГШ на АРМ.Неговите први армиски чекори во пора-нешна ЈНА биле во касарните во Сињ и Бенковац, каде што работел во периодот од 1961 до 1970 година. Поради неговите одлични резултати, тој е унапреден во капетан во 1966 година, и е во ставот на југословенскиот одред испратен во мисијата на ОН во Египет. Во 1990г., го положува испитот за генерал-мајор и ис-тата година е унапреден во наведениот чин.Во времето на распадот на Југославија, тој бил на служба во Република Хрват-ска. Поради познатите настани што се

случиле во 1991 година, тој ја напушти ЈНА и се врати во Република Македонија, каде се приклучи во процесот на фомирањето на воените формации на единиците на АРМ. Со Указ од претседателот на РМ, тој беше назначен за заменик-началник на Генералштабот на 1.4.1992 година. Не-што повеќе од година дена потоа со Указ бр.15 од 10.11.1993г., на претседателот на РМ, генерал-мајор Трајче Крстевски актуелен заменик на НГШ на АРМ, се унапредува во чин генерал-потполков-ник. (Службен весник на РМ бр.68 од 10.11.1993г.) Три години потоа со Указ бр.7 од 19.1.1996г., на претседателот на РМ, генерал-потполковникот Трајче Крстевски и актуелен заменик на НГШ на АРМ, се унапредува во чин генерал-

полковник. (Службен весник на РМ бр. 4 од 24.1.1996г.) По ова, со Указ бр.10 од 22.1.1996г., на претседателот на РМ, и врховен командант на АРМ, Киро Глиго-ров, генерал-полковникот Трајче Крстев-ски и актуелен заменик на началникот на Генералштабот на АРМ, е поставен за началник на ГШ на АРМ. (Службен весник на РМ, бр.4 од 24.1.1996г.) Оваа одлука е потврдена со Указ бр.12. од 9.7.1996г генерал-полковникот Трајче Крстевски повторно е поставен по мир-новременска и воена формација за НГШ на АРМ. (Службен весник на РМ бр. 35 од 15.7.1996г.) Четири години потоа со Указ бр. 2 од 11.2.2000г., на претседателот на РМ ге-нерал-полковникот Трајче Крстевски се разрешува од должноста НГШ на АРМ, со што му престанува и службата во постојниот состав на АРМ поради навр-шени 40 години стаж на осигурување и стекнување со право на лична пензија. (Службен весник на РМ бр. 13 од 21.2.2000г.) Со овој чин генерал-полков-никот Трајче Крстевски се пензионира и се повлекува во приватен живот.

Низ историјата на АРМ

За време на неговиот мандат како НГШАРМ карактеристични се следните настани и активности:Во 1996г.,: 1 февруари – Советот за без-бедност на ООН го прифати предлогот од овој датум Силите за превентивно распоредување на ОН – УНПРЕДЕП да станат целосно независна операција во РМ. На 14 јуни – Во Брисел, во седиш-тето на НАТО, отворена е Македонска канцеларија за врски. На 14 јули – едини-ца на АРМ замина за Албанија, каде што учествуваше на мултинационалната во-ена вежба „Мировен орел ’96“. Тоа е прва вежба од таков вид на која учествуваше единица на АРМ.Во 1997г.,:На 24 март – во Скопје за-почна Главната конференција на првата мултинационална вежба што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.5. 1997 година – „Спасител ’97“. Од 12-16 мај – на воениот полигон „Пепелиште“, кај Неготино, е одржана мултинационал-ната воена вежба „Спасител ’97“, прва од ваков вид организирана на територијата на РМ. Во периодот 22 – 31 август – Во „Пепелиште“ се одржа билатералната

„Медицинска вежба ’97-2″, на која уче-ствуваше, покрај единица на АРМ, и еди-ница на Националната гарда од Вермот САД.Во 1998г.,: 15 јуни – Во Република Македонија беше изведена воздушна вежба на НАТО „Решителен сокол”, со учество на 79 авиони. На вежбата уче-ствуваа и припадници на Единицата за специјални намени „Волци”. Од 11 – 18 септември – на полигонот „Криволак“ се одржа мултинационалната вежба „Најдобар кооперативен зафат ’98“ со учество на 26 земји, од кои 13 земји-членки на НАТО и исто толку на ПзМ. Владата на РМ на 2 декември донесе одлука за доаѓање на НАТО-силите во Република Македонија во функција за изведување на верификационата мисија на НАТО во Косово. Во 1998 го-дина е донесена првата Стратегија за одбрана на РМ, како базичен документ во кој беа претставени темелните на-ционални вредности и интереси и беа идентификувани заканите и ризиците по националната безбедност. Во из-весни делови од Стратегијата се за-

бележува тенденцијата за реформи во одбранбено¬-безбедносниот систем на РМ, пред сè заради идентификација во рамките на Стратегијата на новиот вид безбедносни закани, но во тој период како да не е пронајден најсоодветниот модел за трансформација на Армијата, а не се преземаа и активности и одговор-ности за изработка на соодветни доку-менти со кои конкретно (доктрина) ќе се преземаат активности во таа насока. Во 1999г.: 2 март – Во Скопје, во ка-сарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на Армијата на Република Македонија, прва класа подофицери про-изведени во Центарот за воено образо-вание и обука, денес Воена академија на РМ. Во воената академија „Генерал Ми-хаило Апостолски“-Скопје, на 2.3. 1999г., се промовирани 64 војници на АРМ. Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски”, на 29 јули 1999 е промо-вирано произведување во офицерски чин потпоручник на питомците од првата генерација.

Генерал во пензија Борис СтојаноскиПроф. д-р Марјан Димитријевски

Началници на Генералштабот на АРМ

Генерал-полковникТрајче Крстевски

На 1 февруари 1996 година Советот за безбедност

на ООН го прифати предлогот од овој датум Силите за превентивно распоредување на ОН

– УНПРЕДЕП да станат целосно независна

операција во РМ. На 14 јуни 1996 – Во Брисел, во седиштето на НАТО, отворена е Македонска

канцеларија за врски

Генерал-полковникот Трајче Крстевски на должноста началник на ГШ на АРМ

беше од 22.01.1996 година до 11.2.2000 година

Page 29: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

56

Филм

Навикнати сме во воените филмо-ви најчесто да откриваме елемен-ти на трилер, драма, трагедија... Но, ретки се оние режисери кои

одлучуваат на похрабар пристап и да експериментираат со комичен тоналитет во развојот на настаните или градењето на карактерите на протагонистите. Филмот „Воена машина“ на компанијата „Нетфликс“ со Бред Пит во главната улога е посебен токму поради тоа. Овде не станува збор за воена комедија, туку за сатира која има цел да ги разобличи воените механизми и самата војна како инструмент во рацете на моќниците. Патем, користејќи ја инвазијата на Авганистан која произлезе од нападите од 11-ти септември, во овој филм се прави и дистинкција меѓу некогашните војни и „модерните“ војни, се укажува на нивните евидентни разлики, објаснувајќи ни зашто

работите во војувањето денес се многу по-комплицирани од некогаш, притоа ставајќи го фокусот на еден човек – првиот човек на мисијата ИСАФ. Сепак, ако суштински пристапиме во анализирање на пораката, филмот не е епопеја за овој генерал, туку за сите како него кои се смениле на „жеш-кото столче“ и изгореле како чкорчиња во политичките игри и околностите кои им се однадвор наметнати.

Дојдов да победам!Дејството на филмот е поставено во 2009 година, во Авганистан. Осум години по почнување на американската инвазија на оваа земја, резултатите се незадоволител-ни. Во војната победник нема, бунтовници-те и Талибанците држат цели региони под контрола, а во таква „статус кво“ ситуација само едно може да се направи – да се

смени главниот човек кој ја води целата таа операција. Новиот човек, првиот човек на ИСАФ е Глен Мек Махон. Мек Махон има голема амбиција: токму во времето кога американската влада соопштува дека пла-нира да почне со повлекување на силите од Авганистан, тој ќе се обиде да го направи речиси невозможносто – да победи во војната во која неговите претходници осум години не покажале успех и на тој начин да ја круниса неговата кариера. За да го исполни тоа, ниту има време, ниту ресур-си, ниту погодна ситуација. Како што се расплетува филмот, сè повеќе ни станува јасно дека генералот можеби се преценува и дека наместо да се води од идејата за остварување на општо добро, ги насочува сите механизми кон остварување на него-вата лична амбиција – да се добие војната која сите велат дека не може да се добие.

„Воена машина“

57

Кој е генералот Глен Мек-Махон?Четирипати одликуван за воени заслуги, своевид-на ѕвезда во светот на американскиот милита-ризам, автор на неколку книги, овој самоуверен лидер е обожуван меѓу своите војниции и е при-мер за спартанска рутина и дисциплина. „Ѕидот Глен“, „Лавовско срце“, „Човекот Г“ се само дел од прекарите со кои го глорифицираат. Идоли-зиран како непогрешлив херој, честопати знае да се стави на пиедестал каде за него правилата не важат, водејќи се по личната девиза: „Добриот лидер живее по систем на правила. Одличниот лидер знае како да ги прекрши.“ Самата појава на Мек-Махон како физикус е впечатлива. Со едно полузатворено око и поткрената веѓа, исправен став, седа коса и сериоз-ност , без смисла за хумор, тој зрачи со авторитативност и почит. Доделувањето на улогата на Глен на актерот Бред Пит, многу критикувана од публиката како несоодве-тен избор, е веројатно мотивирана од не-говата популарност, но она што е посебно интересно и неочекувано е пренесувањето на овој лик со сатиричен тоналитет кој потсетува на карактер од цртан филм, што на моменти прави да се запрашаме дали е искрен. Неизбежно е да се повлече паралела помеѓу реакциите на Мек Махон и Доктор Стрејнџлав од истоимениот филм (за кој пишувавме во еден од претходните броеви на „Штит“), со таа разлика што Доктор Стрејнџлав е учесник во една цело-сно фиктивна и бизарна ситуација, додека протагонистот на „Воена машина“ е ставен во контекстот на една реална и за нас, „свежа“ војна.

Неуспехот има илјада татковциОваа изрека е повеќе од очигледна во филмот на Дејвид Миход, каде инвазијата на Авганистан е прикажана како манџа во која зачин ставиле многу домаќинки. Кој всушност ја води војната и може да пре-земе одговорност за нејзиниот тек, дали војниците и генералите или политичарите? Оние кои носат пушка или тие кои ја крева-ат и спуштаат телефонската слушалка од удобноста на нивните канцелариски бироа? Одговорот на ова прашање лежи во репли-ката на Бен Кингсли, кој ја толккува улогата на претседателот на Авганистан –Хамид Карзаи, со која кажува: „Зарем е важно што имам јас да кажам? И двајцата знаеме дека не ги донесувам јас одлуките“, алудирајќи на фактот дека тој е всушност марионета на американската власт и волја. Глен Мек Махон е инаетлив. Од една страна тој се бори со бунтовниците во оваа земја, а од друга страна тој применува сопствени мето-ди на борба против неговите претпоставени – од споделување на доверливи документи со јавноста до медиумска кампања за суп-тилен притисок врз нив и заобиколување на директните наредби.

Снимен според книгата „Оператори“ на новинарот Мајкл Хејстингс, филмот гази по „минско поле“, критикувајќи ја апсурдно-ста на конкретната војна за која зборува, но истовре-мено градејќи симпатии кон учесниците, посебно оние на теренот. Всушност, ние како гледачи, филмот го доживуваме посредно, низ гласот на нараторот кој ја детерминира приказна-та, а кој е идентитетот на нараторот, дознаваме доц-на. Тоа е токму Хејстингс, репортерот на магазинот „Ролинг Стоун“ и низ

неговата интерпретација на фактите, всуш-ност, ја гледаме деградацијата на една воена легенда до генерал со дискутабилна способност за справување со таа исклучи-телно важна функција. Крајот на неговата кариера е показател дека секој е заменлив, па така и филмот завршува идентично како што и почнува: на почетокот Глен е новиот човек, свежата крв, полн со себе и надежен дека ќе ги смени работите, а на крај е за-менет од друг и приказната како да почнува одново и се движи во круг. Глен Мек-Махон, како карактер, е изграден по примерот на реален човек, односно, генералот Стенли Мек-Кристал, кој поради јавното критикување на администрацијата на Обама и несогласувањето со неговите по-литички одлуки е разрешен од функцијата – прв човек на силите на ИСАФ. Во обид да донесе воена победа, генералот завршува поразен од системот кој и самиот придонел да се изгради. Кога целиот свет инсистира на повлекување, тој се стреми кон илузо-рен, недостижен успех. „Воена машина“ е всушност, наједноставно речено, портрет на тој генерал.

Елена Ѓорѓиевска

5757

Режија: David Michôd

Улоги: Brad Pitt, Anthony Hayes, John Magaro, Ben Kingsley, Anthony Michael Hall, Meg Tilly

Сценарио: Michael Hastings, David Michôd

Музика: Nick Cave, Warren Ellis

Kинематографија: Dariusz Wolski

Mонтажа: Peter Sciberras

Времетраење: 122 минути

Година: 2017

Земја: САД

Page 30: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за

Градот Струга е распослан на брегот на Охридското Езеро, а реката Црн Дрим го дели на два дела. Познат е уште од времето на Илирите и

е многу жив град со развиена трговија, убави дуќани и прекрасни куќи. Оттогаш е веројатно и изреката „Како Струга нема друга“. Во туристичката понуда на Струга има многу хотели, мотели, апартмани, ресторани, пицерии, кафулиња, приватно сместување,како и културно-историски споменици. Во текот на годината Струга ја посетуваат околу 60.000 туристи.Како најважни културно-историски споменици во Струга се: Црквата „Свети Ѓорѓија“, чии фрески потекнуваат од 13 до 19 век. Во друга црква со исто име,изградена во 1267 год. бил отткриен мозаик од 5 век. Во рибарското село Калишта се наоѓаат црквата „Света Богородица“ и пештерската црква „Свети Атанасиј“. Од исламските

споменици би ги издвоиле „Хелвети теќето“ и Амамот.Од 1961 год. Струга е домаќин на светски познатиот фестивал на поезијата „Струшки вечери на поезијата“. Фестивалот се одржува кон крајот на месец август, а дел од содржината и во Охрид и други делови на Македонија, традиционално секоја година. Струшките вечери на поезијата и патуањето на јагулите се двете најпознати нешта кои ја карактеризраат Струга во светот.На манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ се доделува „Златен венец“ – најголемо признание за целокупна поетска дејност, како и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра книга на македонски јазик.Значењето на Миладиновци за македонската национална културна историја и тра-диција е капитално. Тие со своето богато извонредно творештво, кое ѝ го оставија во наследство на Струга и на

Република Македонија, гласно ги истакнаа начела-та и важноста на националната борба за самобитност, ги презентираа посебностите на македонскиот народ, неговата култура, традиција и историја. По децении за-пуштеност, спомен-куќата на браќата Миладиновци, објект препознатлив по автентичната староградска архитектура, сега го има својот вистински лик. Обновена е внатрешноста која е со богат ентериер и резба, со максимално запазување на сите значајни архитектонски карактеристики на објектот.Во Спомен – домот на браќата Миладиновци, кој се наоѓа во Струшката чаршија, е сместена макета од оригиналната куќа која постоела на тоа место до пожарот од 1925 година и свечена сала во која се изложени делата од добитниците на Струшките вечери на поезијата од самиот почеток на оваа манифестација.

Кристина Илиевска

58

Струга – град со богата туристичка понуда

Убавините на Македонија

Page 31: „Заедно кон врвот“morm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/10/96-Shtitt.pdf · време на посетата делегацијата беше брифирана за