#РаботимеЗаедно

8
#РАБОТИМЕзаедно Активирај се! РАБОТИМЕзаедно Активирај се!

Upload: sdsmakedonija

Post on 06-Apr-2016

225 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

#РаботимеЗаедно е шанса за сите. Шанса за промени. Шанса да бидеш активен граѓанин. Шанса да запознаеш и работиш со луѓе кои споделуваат исти вредности како твоите. Шанда да и помогнеш на Македонија.

TRANSCRIPT

#РАБОТИМЕзаедноАктивирај се!

РАБОТИМЕзаедно

Активирај се!

www.sdsm.org.mk

Драг пријателе,

Знам дека и ти, како сите наши граѓани, сакаш семејството да ти расте тука, а не во туѓина. Знам дека и ти веруваш дека Македонија може да биде праведна и солидарна држава, која ќе обезбеди подобар животен стандард за сите свои граѓани и ќе создава нови работни места. Знам дека со правичност, толеранција и еднакви шанси, нашата Македонија може да биде подобро место за живот. Но, исто така, знам дека без тебе и без твоја помош, Македонија во тоа нема да успее.Мојата визија за Македонија е дека таа мора да биде наша, заедничка, дека таа мора да е ТАТКОВИНА ЗА СИТЕ! Земја во која секој добива шанса за добро образование, квалитетно здравство, пристојна работа и достоинствен живот. Земја во која е важно каков си, а не чиј си. Македонија во која заедно ќе создаваме повеќе шанси и подобра иднина.

Но, за тоа да се постигне потребно е да се активираш. Затоа на Македонија и� е потребно да се активираш! Активирај се заради СЕБЕ и својата ТАТКОВИНА, не заради СДСМ или опозицијата! Ти се обраќам тебе, затоа што на Македонија, сега повеќе од кога било, и� требаат луѓе кои ќе помогнат со своите знаења, вештини и идеи! Во Македонија или ќе имаме демократија и еднакви шанси за сите, или ќе имаме само богатење и раскош за малкумина. Мое и твое е да одлучиме какава држава сакаме.

Те поканувам да ни се придружиш во нашите напори да ја менуваме Татковината на подобро. Те повикувам да им се приклучиш и ти на илјадниците тимови кои ја крстосуваат Македонија и од врата на врата, од сокаче до улица, во секој град и во секое село, покажуваат дека Македонија може повеќе. Дека нејзините граѓани сакаат и бараат подобро.

Драг пријателе,Искрено сакам да докажеме дека Македонија може да биде земја на еднакви можности. Искрено верувам дека борбата за еднакви можности СДСМ треба да ја почне веднаш и со сите сили. Токму затое е овој повик. Секој може да помогне во остварување на нашата заедничка визија. Сами не можеме да промениме ништо – но, ако РАБОТИМЕ ЗАЕДНО можеме да постигнеме сè!

Ова не се излитени фрази. Ова е конкретна акција, па во оваа брошура ќе ги најдеш сите податоци за можностите да се активираш и да помогнеш во остварување на заедничката цел. Се надевам дека ќе РАБОТИМЕ ЗАЕДНО за МАКЕДОНИЈА да биде ЗЕМЈА ЗА СИТЕ!

Зоран Заев,Претседател на СДСМ

#РАБОТИМЕзаедноАктивирај се!

Не си задоволен од состојбите во државата? Загрижен си за патот по кој се движи Македонија? Сакаш промени?

Активирај се! Те повикуваме директно да се вклучиш. Те повикуваме да бидеш дел од луѓето кои ќе ги предводат промените во Македонија. Без разлика какво образование имаш или на која професија и� припаѓаш. Без разлика дали живееш во град или во село. Без разлика на возраста или заедницата на која припаѓаш...

Со Твоето активирање добиваш можност директно да одлучуваш за твојата иднина и иднината на нашата Македонија.

#РаботимеЗаедно е шанса за сите.

Шанса за промени.

Шанса да бидеш активен граѓанин.

Шанса да запознаеш и работиш со луѓе кои споделуваат исти вредности како твоите.

Шанса да и� помогнеш на Македонија.

АКТИВИРАЈ СЕ ЗА ПРОМЕНИ!

www.sdsm.org.mk

Дел оД активноСтите Се:

Промоција на идеи

организација на настани

Покренување петиции

истражување

Средби и разговори со граѓаните

кампања од врата до врата

изработка на промотивни материјали

креирање политики за посебни области, региони или целни

групи

Нема да правиме никакви поделби – секој ќе биде ангажиран таму каде што смета дека може најмногу да придонесе за себе, за својата заедница, за својата општина и за Македонија. Изборот е твој! Секој ќе добие шанса и сечиј труд ќе биде вреднуван.

СЕКОЈ ИМА КВАЛИТЕТ И ЗНАЕЊЕ,

СЕКОЈ МОЖЕ ДА СЕ ВКЛУЧИ,

СЕКОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА

#РАБОТИМЕзаедноАктивирај се!

Политиката ја разбирам како шанса за промени. Промени за да ја намалиме невработеноста кај жените, да го зголемиме нивното учество во политиката и носењето одлуки. Сакам Македонија да биде држава во која женскиот ум и труд ќе се вреднуваат.

Се борам за повеќе шанси за младите - да останат тука и да ја градат својата татковина.

Младите ì требаат на Македонија.

Живеам од земјоделие и знам колку е тешка нашата работа. Во секоја дискусија барам општината и државата повеќе да се грижи за македонските земјоделци.

И ТИ МОЖЕш ДА бИДЕш ИДЕН КАНДИДАТ

Како дел од нашата заложба за промени сакаме да ги охрабриме граѓаните со различно образование, професија и животно искуство да се приклучат на новата генерација на политичари во СДСМ како членови на партиските тимови, идни градоначалници и советници во општините, пратеници...

Знаеме дека има многу кандидати кои можат одлично да го претставуваат СДСМ. Зошто и ти не би бил еден од нив?

еве неколку примери за инспирација и доказ дека сметаме на сите вредни и работливи луѓе кои ја градат вербата во нашите политики

Влатко Трајанов од село Грдовци, работи како фармер и производител на козјо сирење. Влатко е советник во советот на општина Кочани.

Младен Давидовиќ има 30 години и предава физичка култура во средното економско училиште во Куманово. Ангажиран е во кошаркарскиот клуб Куманово. Беше претседател на младите социјалдемократи од Куманово, а сега е советник во општината.

Љубица Јанчева е редовен професор во Институтот за национална историја и од 2013 година е советник во советот на општина Аеродром.

www.sdsm.org.mk

Те покануваме активно да се вклучиш ако сакаш Македонија да биде економски развиена и социјално сигурна држава. Те покануваме да се вклучиш ако сакаш Македонија да биде во ЕУ, ако веруваш дека твојата иднина треба да биде во Македонија, а не надвор од неа. Активирај се ако веруваш дека во Македонија различните народи и култури треба мирно да живеат и меѓусебно да соработуваат. Нашите млади социјалдемократи се еден од столбовите на партијата и учествуваат активно во креирањето и промовирањето на политиките. Тие се исклучително

активни и на меѓународно ниво каде што заедно со сродните подмладоци од другите европски држави дебатираат на заеднички настани. Дел од активностите каде можеш да се вклучиш се:

• Хуманитарни акции• Волонтерство • Едукација• Младински кампови • Кампањи• Креирање политики• Креирање проекти за младите

МЛАДИТЕ СЕ НОСИТЕЛИ НА ПРОМЕНИТЕ АКТИВИРАЈ СЕ!

НУДИМЕ ОбРАЗОВАНИЕМладите во СДСМ доаѓаат со различни профили и различни професионални определби. За сите нив нудиме образование, преку кое ќе стекнат вештини и искуства кои ќе им помогнат и во нивниот личен и професионален развој. Организираме бројни обуки за нашите членови: организирање на кампањи, јавен настап, пишување, анализа и мониторинг на јавни политики, пишување на политички говор, работа во тим и друго.

Следете нè на facebook.com/SDMMakedonija

#РАБОТИМЕзаедноАктивирај се!

Ни треба гласот и помошта на секоја жена и на секој граѓанин кој знае дека само рамноправно општество е добро место за живеење. Активирај се за да ја намалиме невработеноста кај жените. Активирај се за да се бориме против нееднаквоста во платите и пензиите и против семејното насилство. Те повикуваме да се вклучиш во борбата за заштита на правото на слободно носење одлуки за семејство и родителското отсуство. Вклучи се да #РаботимеЗаедно за заштита на жените-работнички и поддршка на самохраните мајки, како и за заштита од мобинг и дискриминација.

Денес многу жени се чувствуваат запоставени од државата. Денес партијата на власт го замолчи гласот на жените. Ние можеме и мораме тоа да го промениме.

Форумот на жени на СДСМ се избори за повеќе жени во нашето Собрание и во сите општински совети. Денес сме единствената партија во Македонија во која во сите органи има над 40% жени.

Одиме понатаму! Гласот на жената е за еднакви шанси и повеќе можности за сите во нашата држава.

ДА РАбОТИМЕ ЗАЕДНО ЗА ЗАшТИТА НА ЖЕНИТЕ

АкТиВирАЈ се зА еДнАкВи шАнси!

Следете нè на facebook.com/SDMMakedonija

www.sdsm.org.mk

Oбратете се во општинската организација на СДСМ во вашата општина. Таму ќе добиете одговори на сите прашања како и информации за тековните активности. За контакт информации за општинската организација пишете ни на e-mail адресата [email protected] или јавете се на телефонот 02/3293-100

СДСМ ги информира своите членови за активностите кои се во тек, преку e-mail и телефон. Ако сакате да ги добивате овие информации, пишете ни на

[email protected]

КАКО ДА СЕ АКТИВИРАМ?

facebook.com/sdsmakedonija

twitter.com/sdsmakedonija

youtube.com/sdsmtube

instagram.com/sdsmakedonija

СДСМ на социјални медиуми: