киселини

14
1. СОСТАВ, ПОДЕЛБА И НОМЕНКЛАТУРА НА КИСЕЛИНИТЕ Што се киселини? Слично како оксидите, и киселините ги среќаваме во секојдневниот живот. Солната киселина која ја употребуваме во секојдневниот живот како средство за отстранување каменец и чистење бигор. Нејзината формула е HCl. Таа се излачува и во нашиот желудник, каде што помага за разложување на храната. Јаглеродната киселина можеме да сметаме дека ја има во газираните пијалаци. Некои киселини се образуваат во атмосферата како резултат на загадувањето на воздухот итн. Но, кои супстанци се, всушност, киселини? За повеќе соединенија да се класифицираат во една група, тие треба да имаат заеднички својства. На пример, едно од заедничките својства на киселините е обојувањето на лакмусовата хартија со црвена боја, што го видовме кога учевме за оксиди. Всушност, ќе видиме дека киселините имаат мноштво заеднички својства, но очигледно тие мора да се поврзани со нивниот хемиски состав. Затоа, мора да видиме од што се составени киселините. За таа цел, ќе ги напишеме формулите на неколку киселини и внимателно ќе ги разгледаме. HCl HNO3 H2SO4 H2CO3 H3PO4 H2S. Лесно може да се забележи дека секоја формула започнува со симболот на водород. Во првата и последнатаформула водородот е сврзан за неметал, а во останатите четири, тој е сврзан за една група од атоми во која учествува кислородот. Атомот или атомската група со кои е сврзан водородот се нарекува киселински остаток. Оттука, веќе можеме да дадеме првична дефиниција за тоа што се киселини. Киселини се соединенија изградени од водород и 1

Upload: mstaniseva

Post on 30-Oct-2015

1.156 views

Category:

Documents


2 download

TRANSCRIPT

Page 1: киселини

1. СОСТАВ, ПОДЕЛБА И НОМЕНКЛАТУРА НАКИСЕЛИНИТЕ

Што се киселини?

Слично како оксидите, и киселините ги среќаваме во секојдневниотживот. Солната киселина која ја употребуваме во секојдневниот живот какосредство за отстранување каменец и чистење бигор. Нејзината формула е HCl. Таа се излачува и во нашиот желудник, каде што помага за разложување на храната. Јаглеродната киселина можеме да сметаме дека ја има во газираните пијалаци. Некои киселини се образуваат во атмосферата како резултат на загадувањето на воздухот итн. Но, кои супстанци се, всушност, киселини? За повеќе соединенија да се класифицираат во една група, тие треба да имаат заеднички својства. На пример, едно од заедничките својства на киселините е обојувањето на лакмусовата хартија со црвена боја, што го видовме кога учевме за оксиди. Всушност, ќе видиме дека киселините имаат мноштво заеднички својства, но очигледно тие мора да се поврзани со нивниот хемиски состав. Затоа, мора давидиме од што се составени киселините. За таа цел, ќе ги напишеме формулите на неколку киселини и внимателно ќе ги разгледаме. HCl HNO3 H2SO4 H2CO3

H3PO4 H2S.Лесно може да се забележи дека секоја формула започнува со симболот на водород. Во првата и последнатаформула водородот е сврзан за неметал, а во останатите четири, тој е сврзан за една група од атоми во која учествува кислородот. Атомот или атомската група со кои е сврзан водородот се нарекува киселински остаток. Оттука, веќе можеме да дадеме првична дефиниција за тоа

што се киселини. Киселини се соединенија изградени од водород икиселински остаток.Меѓутоа, мора да бидеме многу внимателни. Знаеме дека и молекулата на вода се состои од водород и кислород (којшто е неметал), но веќе спомнавме дека водата ја сметаме за оксид, а не за киселина. Има и други соединенија што не се киселини иако се составени од водород и неметал. Само накусо, без да навлегуваме подлабоко во суштината, ќе спомнеме дека, во водни раствори, киселините имаат способност да се разделуваат (дисоцираат) на јони. можеме да

кажеме дека киселините се соединенија кои во водни раствори се

1

Page 2: киселини

разложуваат давајќи водородни катјони, како и анјони од киселинскиот остаток.

Еве неколку примери:

Забелешка: Некои киселини во водни раствори целосно се разложуваат на јони, па затоа во равенките користиме стрелки во еден правец, како што е тоа направено во првата и втората равенка. Постојат и такви киселини кои само делумно се разложуваат на јони, па затоа во тој случај користиме две стрелки.

1.1 Поделба на киселините

Како што видовме, киселините се составени од водород и киселинскиостаток. Киселинскиот остаток, пак, може да се состои од еден неметал или одцела атомска група во која се содржи кислород. Затоа, поделбата на кисели-ните е направена токму врз основа на тоа дали киселинскиот остаток содржикислород или не. Врз основа на ова, киселините се поделени на: кислороднии бескислородни киселини. На сликата дадена е поделбата накиселините и формулите на некои поважни киселини од секоја група.

2

Page 3: киселини

1.2. Номенклатура на киселините

Именувањето на киселините зависи од тоа дали станува збор забескислородни или за кислородни киселини. Бескислородните киселини сеименуваат така што кон името на неметалот се додава наставката -о и слеаносо неа водородна, а потоа одделно се пишува зборот киселина. Еве неколкупримери:

HI — јодоводородна киселинаH2S — сулфуроводородна киселина

Имињата на киселинските остатоци на бескислородните киселини сеобразуваат така што кон името на елементот што ја гради киселината седодава наставка - ид. Еден ист елемент може да гради повеќе од една кислородна киселина.На пример: H2SO4 HNO3 H3PO4 H2SO3 HNO2 H3PO3

Кислородните киселини со поголем број кислородни атоми се именуваат така што кон името на елементот кој ја гради киселината (сулфур, азот, фосфор) се додава наставка -на или -ова и одделно зборот киселина. Оние со помал број кислородни атоми се именуваат така што кон името на елементот што ја гради киселината се додава наставката -еста и одделно зборот киселина. На пример: H2SO4 — сулфурна киселина H2SO3 — сулфуреста киселина

Имињата на киселинските остатоци на кислородните киселини со поголемброј кислородни атоми се обрауваат така што кон латинската основа на иметона елементот се додата наставката –ат , а на оние со помал број кислородниатоми кон името на елементот што ја гради киселината се додава наставка –ит. Имињата на киселините и на нивните киселински остатоци се дадени вотабелата 1.

3

Page 4: киселини

Табела 1 Формули и имиња на некои поважни киселини и на нивнитекиселински остатоци

2. ДОБИВАЊЕ И СВОЈСТВА НА КИСЕЛИНИТЕ

Добивање на киселините

Со еден начин за добивање на киселините веќе се запознавме. Имено,видовме дека при реакција на киселинските оксиди со вода се добивааткиселини. Еве неколку примери:

Киселинските оксиди се викаат уште и анхидриди на киселини, бидејќикога ќе се сврзат со водата образуваат киселини. Всушност, зборот анхидридзначи безводен. Се разбира, бескислородните киселини не можат да се добијат на ваков начин. Тие се добиваат со директна синтеза на неметал и водород. На пример:

4

Page 5: киселини

2.1 Својства на киселините

Иако секое соединение, па според тоа и секоја киселина, има свои посеб-ни својства, сепак киселините имаат и низа заеднички својства. Ќе разгледаменекои од нив имајќи ги предвид, пред сe, најважните неоргански киселина, атоа се: азотната, сулфурната и хлороводородната киселина

Физички својства на киселините

Сите киселини имаат кисел вкус, а оттаму им потекнува и името. Се раз-бира тие не смеат да се вкусуваат. Повеќето киселини (со неколку исклучо-ци) се безбојни течности со остар мирис. Некои концентрирани киселини, какоHCl, H2SO4 и HNO3 на воздух чадат. Киселината HCl е, всушност, раствор нагасот HCl во вода..Киселините лесно се раствораат во вода. Вообичаено, во лабораториите киселините доаѓаат како концентрирани раствори, а потоа по потреба се разредуваат. Меѓутоа, мора многу да се внимава при разредување на киселините, особено кога станува збор за сулфурната киселина. При разредувањето на сулфурната киселина се ослободува големо количество топлина. Затоа, при разредувањето на сулфурна киселина секогаш, во тенки млазови, се додава киселината во водата. Сулфурната киселина има многу поголема густина од водата, па затоа не смее да се става вода во киселината, зашто како полесна останува на површината, а поради ослободената топлина, таа прска, заедно со капки сулфурна киселина. Kога е концентрирана, сулфурната киселинавпива влага од околината, поради што велиме дека е хигроскопна супстанца. Покрај тоа, таа може да ја одзема водата сврзана во супстанците. Затоа велимедека таа има дехдратациони својства. Во ова може да се увериме, ако врз малку шеќер капнеме неколку капки концентрирана сулфурна киселина. По извесновреме шеќерот ќе поцрни, поради тоа што киселината ја одзема водата и останува само јаглерод. Веќе видовме дека во раствори на киселини лакмусовата хартија се обојува црвено. Всушност, лакмусовата хартија, како и сите други индикатори,служат да покажат дали во некој раствор има киселина или база (за бази ќе зборуваме во следната глава). Понекогаш, индикаторите можат дури да покажат

5

Page 6: киселини

дали во некој раствор има повеќе киселина или дали таа киселина е силна или слаба.

Кога шеќерот ќе се посипе со концентрирана сулфурна киселина, тој јагленисува, поради настанатата дехидратација.

Хемиски својства на киселините

На почеток, пред да почнеме да ги разгледуваме хемиските својства накиселините, треба да кажеме дека киселините се ковалентно изграденисоединенија, т.е. дека тие се состојат од молекули. Моделите на азотната, сул-фурната и хлороводородната киселина се дадени на слика 2 . Од сликата сегледа дека водородот во кислородните киселини е сврзан за кислородот, а вобескислородните за неметалот (на оваа слика за Cl). Токму водородот вокиселините е носител на нивните кисели својства.

Сл.2 Модели на молекулите на а) HNO3 б) H2SO4 в) HCl.

6

Page 7: киселини

Пред сe, јачината на киселините зависи од тоа колку повеќе водородни јони може да даде киселината во воден раствор. Водородните атоми се оние кои учествуваат при повеќето реакции на киселините. Како реагираат киселините со металите може да видиме ако во нашата лабораторија ги изведеме следниве обиди. Внимание! Овие киселини имаат силно корозивно дејство врз супстанците, а на кожата предизвикуваат изгореници.

Лабораторија

Обид 1: Реакции на киселините со металиПотребен прибор и супстанци: три зрнца цинк, три зрнца бакар, шест епрувети во кои има разредени раствори на 1. HCl, 2.H2SO4 и 3. HNO3 и шест епрувети со истите киселини, но концентрирани раствори. Постапка: Во трите од шесте епрувети со разредени киселини стави по едно парче цинк, а во другите три по едно парче бакар. Забележи што се случува во секоја од епруветите. Потоа, ја повторуваме истата постапка со концентрираните раствори на киселините. Забележи што се случува во овој случај. Реакциите со концентрираните киселини изведувајте ги на отворен прозорец.

Киселините стапуваат и во мноштво други реакции со голем број супстанци. Некои од нив ќе спомнеме понатаму. Тоа што е особено важно да се каже е дека киселините се многу важни супстанци што наоѓаат широка примена во лабораторијата, индустријата и секојдневниот живот. Поважните примени на најважните три киселини, се претставени на сликите 3, 4, 5.

7

Page 8: киселини

Сл3 . Примена на хлороводородната киселина волабораторијата, индустријата и домаќинството.

Сл.4 Примена на сулфурната киселина волабораторијата, индустријата и домаќинството

8

Page 9: киселини

Сл5 . Примена на азотната киселина во лабораторијата, индустријата и домаќинството.

9

Page 10: киселини

Заклучок:

♦ Киселините се соединенија составени од водород и киселинскиостаток.♦ Во водни раствори, киселините се разложуваат на водороден катјони анјон од киселинскиот остаток.♦ Киселините според составот може да бидат бескислородни икислородни.♦ Кислородните киселини може да се добијат при реакции на немeталниоксиди со вода.♦ Бескислородните киселини може да се добијат при директно сврзу-вање на неметалот што ја образува киселината и водород.♦ Киселините имаат кисел вкус и ја бојат лакмусовата хартијацрвено.♦ Киселините реагираат со металите и металните оксиди при штообразуваат соли.♦ Хлороводородна, HCl, сулфурна, H2SO4 и азотна, HNO3 киселина сесилни киселини со нагризувачко (корозивно) дејство.♦ Концентрираната Н2ЅО4 е хигроскопна супстанца. Таа ја одземавлагата од другите супстанци. Служи како дехидратационосредство.

10

Page 11: киселини

Користена литература : Хемија за седмо одделение – Проф. Д-Р Слоботка Алексовска, Дипл. Проф. Лиљана Антоновска

Интернет страници: Википедија, Скрибд, Гугл

11