(3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

18

Upload: -

Post on 24-Jun-2015

893 views

Category:

Documents


3 download

TRANSCRIPT

Page 1: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava
Page 2: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Идејата за човекови права своите корени ги има во грчката филозофија на Антиката и во религијата: “Сите луѓе се еднакви пред Бога”.

Развој на оваа грандиозна идеја може да се подели на три чекора

1. Филозофските корени (универзално барање)

2. Политичкото реализирање во рамките на националните држави

3. Политичкото реализирање со универзално барање во рамките на Обединетите наци

Page 3: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Уште во античката грчка филозофија, значи пред повеќе од 2000 години се развила идејата за еднаквост на сите луѓе, идејата за едно природно право, што му припаѓа на секој човек.

Во раното христијанство и во другите религии оваа традиција на природно право доживеа натамошен развој: сите луѓе се на ист начин од Бога создадени и направени по негов пример.

Овие две мисли го формираат коренот на идејата за човековите права. Но, со политичката реалност тие немаа многу заедничко. Се работеше за филозофски гледишта, кои поставија универзално барање, но чие постапно пренесување во политичкиот и правниот свет започна дури со започувањето на новата ера.

Централно значење во оваа смисла и се припишува на филозофијата на природното право во новата ера, пред сẻ на филозофот Џон Лок.

Page 4: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Неговото дело значеше одлучувачко духовно продирање кон идејата за неоттуѓивите човекови права:

Животот, слободата и сопственоста, за Џон Лок ги формираат вродените права на човекот.

Целта на секоја држава се состои во тоа да се заштитат овие природни човекови права.

Тој, значи, во својата политичка филозофија ја обврзува државата по однос на човековите права и на тој начин спроведува одлучувачки чекор од апстрактна идеја за човековите права кон нејзина конректна реализација во државата.

Оваа идеја беше земена од страна на уставотворците во Англија и Америка и најде свое место во Уставот на овие земји.

Page 5: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Големата повелба за слободите (Magna charta libertatum) што ја издал англискиот крал Јован-без земја во 1215 година, е првиот документ што содржи одредби за слободите и правата на човекот со што отпочнува политичката реализација на идејата за човекови права и слободи во рамките на националните држави

Оваа повелба кралот ја донел по неговиот судир со англиските барони и под нивен притисок, така што со неа тие добиле извесни привилегии и ја ограничиле кралската власт.

Меѓутоа, и покрај тоа, повелбата содржи и определени слободи кои кралот им ги „подарува за вечни времиња на сите слободни луѓе за да ги имаат и да ги уживаат и тие и нивните наследници“.

Page 6: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

• За илустрација ќе споменеме неколку права и слободи кои се третирани во оваа повелба:

• слобода на црквата, која се гарантира со изјава на кралот дека англиската црква е слободна и дека во целост ги ужива своите права.

• почитување и гарантирање на приватната а особено недвижната сопственост, што се остварува преку забрана на кралот и неговите чиновници за наплата на долг да ја одземаат земјата и приходите од неа се додека подвижниот имот на должникот е доволен за плаќање на долгот.

• слобода на движење, која се состои во правото на секого да излегува од кралството и без опасност да се враќа во него само ако му е верен на кралот.

• Изложените примери и останатите одредби од Големата повелба за слободите, иако донесена пред 8 века, укажува на никулците на многу подоцнежното уставно уредување на слободите и правата човекот и граѓанинот во сосема други општествени услови.

Page 7: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Со овој акт, кој го донел англискиот Парламент, се гарантира едно од основните права на човекот и граѓанинот а тоа е „правото на лична слобода на човекот и апсолутната забрана таа да му се одземе“ освен во случаи предвидени со закон и во пропишана постапка, при што решавачка улога во лишување од слобода на секого има судот.

Суштината на овој акт се состои во обврската на секој државен орган, лицето што ќе го лиши од слобода веднаш да му го предаде на судот заедно со образложение за причините за лишување од слобода а пак судот е должен да го расправа случајот и веднаш да одлучи што понатаму.

Page 8: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Закон за правата ,,Bill of Rights,, донесен исто така во Англија 1689 година спаѓа меѓу најзначајните историски документи за слободите и правата на човекот и граѓанинот од две причини:

1. Со овој закон најнапред се обезбедува доминантната положба на Парламентот спрема овластувањата на кралот.

2. Со овој закон, за прв пат, се утврдуваат битни слободи и права на човекот и граѓанинот и тоа по пат на нивно изричито определување или по пат на изрекнување на забрани од траен карактер.

Page 9: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Доминантната положба на Парламентот ја изразуваат одредбите според кои:

1. се прогласува за незаконито собирање на даноци од страна на кралот без доозвола на Парламентот;

2. се прогласува за незаконито создавањето или држањето на постојана војска во кралството за време на мир без согласност на Парламентот;

3. изборите за парламентот мораат да бидат слободни;

4. слободата на говорот, расправата или постапувањето во Парламентот не смее да биде напаѓано или испитувано на суд или други места надвор од Парламентот и др.

Page 10: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Со овој закон, за прв пат, е сосема јасно кога се вели дека:

1. судовите не смеат да бараат претерана гаранција (емство), ниту да наредуваат претерани глоби, ниту да се наметнуваат свирепи и невообичаени казни;

2. секое изрекнување на парични казни и глоби пред да бидат осудени е незаконито и ништавно;

3. незаконити се сите лишувања од слобода и гонење поради поднесување на петиции на кралот на што имаат право сите поединци и др.

Page 11: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Закон за правата ,,Bill of Rights,, што го донеле ,,претставниците на добриот народ на Вирџинија,, во 1776 година.

Овој документ е и првиот устав на една од државите кои подоцна се здружиле во идните САД и служел како модел за вакви декларации односно устави на другите држави што се здружувале во САД.

Page 12: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Virginia Bill of Rights ги прогласи следниве права за неотуѓиви човекови права, права што оттогаш ја формираат сржта на човековите права:

1. Право на живот, 2. Право на слобода и сопственост 3. Слобода на собирање и печат 4. Право на слободоумие и петиција 5. Барање на правна заштита 6. Право на избор

Page 13: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Овој документ за разлика од сличните донесени во Англија, е карактеристичен по тоа што освен што ги утврдува основните слободи и права на човекот и граѓанинот се утврдуваат и основите на власта, нејзината организација и начин на вршење како и решавачката улога на народот во оценка на тоа како функционира и како е ефикасна власта во таа земја.

Според овој закон:1. сите луѓе по природа се подеднакво

слободни и независни и имаат извесни вродени права од кои кога ќе влезат во едно општество со никаков акт не можат да бидат лишени.

2. сета власт се темели во народот и од него произлегува а државните чиновници се негови полномошници и слуги и му се одговорни во секое време.

Page 14: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Декларација за правата на човекот и граѓанинот, донесена во 1789 година во Франција во екот на Големата француска буржуаска револуција, сигурно преставува најзначаен политички документ од поново време што се однесува на човечките права и слободи.

Со тоа им се даде валидност на човековите права во соодветните национални Устави, што и се случи во речиси сите европски држави во текот на 19 век.

Page 15: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Седумнаесетте јасни и прецизни членови на Декларацијата можат да се распределат и да се престават на следниот начин:

1. права на човекот и граѓанинот - сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви во правата кои природно им припаѓаат и кои се прогласуваат за свети, неприкосновени, неотуѓиви и неотповикливи;

2. суверенитетот - се определува на тој начин што се прокламира дека тој суштински се темели на народот и дека никој не може да врши власт што не произлегува од народот;

3. законитост - се изразува со гаранцијата дека законот има право да ги забрани само оние дејства што се штетни за општеството а никој не може да биде присилен да го прави она што законот не го наредува;

4. јавните давачки - се утврдуваат како неопходни и тие мораат да бидат подеднакво распределени на сите граѓани според нивните можности;

5. гаранција на сопственоста - се состои во нејзино утврдување како неприкосновено и свето право и во забрана од неа да биде лишен граганинот;

6. гаранцијата за остварување на правата на човекот и граѓанинот - се огледа во изградба на ,,јавна сила,, која мора да биде во полза на сите а не за лична полза на оние на кои им е доверена;

7. одговорност на јавните службеници - се обезбедува со правото на општеството да бара од секој јавен службеник да полага сметка за своето работење.

Page 16: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Пред се ужасните злосторства во Втората светска војна им дадоа повод на луѓето да размислуваат за тоа, на кој начин може да се обезбеди валидност на човековите права во целиот свет.

Она што се случило не смее да се повтори. Сите луѓе на светот треба да поседуваат основни права и слободи.

Тоа беше една од најважните движечки сили за формирање на Обединетите нации.

Преку спојувањето на сите држави човековите права не смеат да бидат работа само на секоја засебна држава, туку треба да станат работа на меѓународната заедница на држави.

Ова беше утврдено со еден договор помеѓу земјите, т.н. Повелбата на Обединетите Нации, која беше прифатена на 26 јуни 1945 год.

Page 17: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

Во неа се вели дека сите земји-членки се обврзуваат да соработуваат меѓусебно и со организацијата заради остварување на целите на организацијата (член 56), а во овие цели спаѓа и реализацијата на човековите права.

Со овој член секоја земја-членка на Обединетите нации, а денес тоа се безмалку сите земји на оваа планета, се обврзува да ги почитува човековите права.

За да биде јасно што се, всушност, човековите права, Обединетите нации објавија една „Универзалната декларација на човековите права” која беше прифатена на 10 декември 1948 год.

Page 18: (3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava

„Универзалната декларација на човековите права” го означува почетокот на напорите за универзално политичко и правно реализирање на идејата за човековите права.

Таа сака да ја отстрани противречноста помеѓу универзалното барање и националната валидност на човековите права.