2predavanje-logisticki sistem vo ip

12
1 2. ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ ВО ИНДУСТРИСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА 2.1. Системот како феномен Во најопшта смисла, системот ги опфаќа активностите на човечките суштества во текот на повеќе етапи од нивниот живот – во минатото, во сегашноста и во иднината. Во потесна смисла, феноменот систем ги опфаќа специфичностите кои се содржат во областа на општествено – економскиот и политичкиот живот. Искажаните констатации укажуваат на сложената дефиниција на системот како поим. Меѓутоа, тргнувајќи од тоа дека во овој текст, системот е набљудуван од аспект на претпријатие, како произведувач на материјални добра може да се заклучи дека тој претставува една врста на синоним на комплексности и меѓузависности. Одтаму има смисла наоѓањето дефиниција по која под систем се подразбрира множество елементи со меѓусебни врски. Поврзаноста е регулирана со одредени законитости и принципи, а се изразува со цели. Секој систем има основна цел и парцијални цели (на ниво на подсистеми). Во постоечкото опкружување присутни се бројни системи кои меѓусебно се разликуваат според степенот на сложеноста. Простите системи содржат малку елементи, а со тоа и бројот на врските на меѓуодносите е мал. Сложените системи имаат голем број на елементи со меѓусебни врски и односи, па нивната состојба, понекогаш тешко може да се предвиди. Природните системи подлежат на природните законитости па се во склоп со нив и се развиваат. Тие ги опфаќаат сите човечки активности, со кои тој настојува да ја надвладее природата и ја стави во своја служба. Понекогаш тоа го прави и на погрешен начин, уништувајќи ги нејзините ресурси и загрозувајќи го сопствениот живот. Во групата на природните системи припаѓаат и биолошките системи, кои имаат сложена психо – физичка структура составена од најсуптилни подсистеми и елементи. Техничките системи по својата природа можат да бидат едноставни, а и многу сложени, што зависи од нивната структурна композиција и функционална намена. Основна цел им е да обезбедат подобри услови на животот во квантитативна и квалитативна смисла. Понатаму се наоѓаат примери со сосема произволно одберени системи со нивно симболичко означување. - систем – човечко битие – човек – Sc - елементи: скелет – Е1; ткива – Е2; органи Е3; нерви – Е4; и др.

Upload: toni-mano

Post on 21-Apr-2015

103 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

1

2. ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМ ВО ИНДУСТРИСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

2.1. Системот како феномен

Во најопшта смисла, системот ги опфаќа активностите на човечките суштества во

текот на повеќе етапи од нивниот живот – во минатото, во сегашноста и во

иднината. Во потесна смисла, феноменот систем ги опфаќа специфичностите кои

се содржат во областа на општествено – економскиот и политичкиот живот.

Искажаните констатации укажуваат на сложената дефиниција на системот како

поим. Меѓутоа, тргнувајќи од тоа дека во овој текст, системот е набљудуван од

аспект на претпријатие, како произведувач на материјални добра може да се

заклучи дека тој претставува една врста на синоним на комплексности и

меѓузависности. Одтаму има смисла наоѓањето дефиниција по која под систем

се подразбрира множество елементи со меѓусебни врски. Поврзаноста е

регулирана со одредени законитости и принципи, а се изразува со цели. Секој

систем има основна цел и парцијални цели (на ниво на подсистеми).

Во постоечкото опкружување присутни се бројни системи кои меѓусебно се

разликуваат според степенот на сложеноста. Простите системи содржат малку

елементи, а со тоа и бројот на врските на меѓуодносите е мал.

Сложените системи имаат голем број на елементи со меѓусебни врски и односи,

па нивната состојба, понекогаш тешко може да се предвиди.

Природните системи подлежат на природните законитости па се во склоп со нив

и се развиваат. Тие ги опфаќаат сите човечки активности, со кои тој настојува да

ја надвладее природата и ја стави во своја служба. Понекогаш тоа го прави и на

погрешен начин, уништувајќи ги нејзините ресурси и загрозувајќи го сопствениот

живот.

Во групата на природните системи припаѓаат и биолошките системи, кои имаат

сложена психо – физичка структура составена од најсуптилни подсистеми и

елементи. Техничките системи по својата природа можат да бидат едноставни, а

и многу сложени, што зависи од нивната структурна композиција и функционална

намена. Основна цел им е да обезбедат подобри услови на животот во

квантитативна и квалитативна смисла.

Понатаму се наоѓаат примери со сосема произволно одберени системи со нивно

симболичко означување.

- систем – човечко битие – човек – Sc

- елементи: скелет – Е1; ткива – Е2; органи Е3; нерви – Е4; и др.

Page 2: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

2

-основна цел: активност на човекот – Аc

Симболичкото означување би било:

Sc = {E1, E2, E3, E4…..} (2,1)

-систем – полиција – Spl

- елементи: полицаец – Е1; опрема – Е2, зграда – E3

- основна цел: одржување на редот Or

Симболичко означување е:

Spl = {Е1, Е2, Е3, Е4...} (2.2)

-систем – претпријатие – Spr

-елементи: згради – Е1; луѓе – Е2; машини – Е3; материјалите - Е4

-основна цел: финален готов производ – Q

Симболичко означување е:

Spr = {Е1, Е2, Е3, Е4...} (2.3)

-систем – галаксија – Sg

-елементи: ѕвезди – Z; планети – P

-основна цел: непознат – X

Симболичко означување

Sg = {Z.P} (2.4)

Општи карактеристики на системите (равенка (2,1) до (2,4) се:

-множество на функционално меѓузависни единици – подсистеми

-меѓузависност на единиците во рамките на набљудуваниот систем и поврзаноста

со единиците на другите системи,

-можност на оптимизација – најефикасно комбинирање на парцијални цели на

некои подсистеми поради остварување на основната цел;

-набљудуваниот систем кој се истражува секогаш е дел (подсистем) од систем на

поголем ред (на пр: претпријатието како систем е подсистем на една индустриска

гранка).

Page 3: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

3

Секој систем содржи одредени својства кои се наоѓаат понатаму во

најнеопходното објаснување.

-Сложеноста е дефинирана со бројни различни состојби (варијабли) во кои може

да се најде системот. Ако n е број на елементи во системот, тогаш постои n (n-1)

врски помеѓу елементите. На пример, ако истражуваме систем со седум елементи

и при тоа истражување не интересира само постоењето(непостоење) на врски (v),

тогаш бројот на состојби (s) во кој може да се најде системот е:

V = n(n-1) = 7*(7-1) = 42

S = 2v = 242 = 4* 1012

-Детерминираност,

Од аспект на ова својство системите можат да бидат: детерминирани и

веројатни.

Кога системот се состои од подсистеми чие понесување може да се предвиди во

следните периоди (l/или состојба во иднината) тогаш се работи за детерминиран

систем.

Системот чие идно понесување не е можно да се предвиди, претставува

веројатен систем – кај таквите системи се наоѓа најголема можност за

веројатност за предвидување на идното однесување. Во следниот преглед има

примери за сложеност и детерминираности на системот.

(Табела) – Треба да се нацрта

-Структурата на системот покажува концентрирање на врските помеѓу поедини

единици. Сложените системи можат да бидат со непозната структура. Кога има

многу мал број на информации за состојбата на некој систем се констатира дека

тој има непозната структура и како таков влегува во сверата на веројатни системи.

Доволниот број на информации за подсистемите и врските помеѓу нив, поради

предвидување на идната веројатна состојба, подразбира позната структура на

системот.

-надежност претставува веројатност дека системот ќе ги оствари потребните

функции на начин утврден со основната цел, односно со парцијалните цели, а во

дадените услови во постоечките опкружувања.

Секогаш се зборува за отворени и затворени системи.

Затворените системи не се поврзани со опкружувања.

Page 4: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

4

-меѓузависност помеѓу подсистемите и елементите внатре – “самозадоволувани

системи” (реално не постојат) само отворените системи егзистираат.

-Оптимизација

Во теоријата на системи оптималност е својство кое обезбедува најдобра можност

за состојбата на системот, подсистемот и нивната врска во однос на

опкружувањето, што води кон однапред поставените цели.

-Динамиката претставува својство на системот да преминува од една состојба во

друга во функција со времето. Сигурно на крајот да истакнеме дека според многу

теоретичари “систематско приоѓање” на накој проблем мора да ги има следните

својства:

-организација

-креативност

-теориска фундираност

-емпириска фундираност

-прагматичност

1. Поради тоа што се работи за решавање на комплексни проблеми, со користење

на голем број ресурси потребен е пристап на еден организиран начин (на пр.

водење на проект)

2.”Систематското приоѓање” во иднина е ориентирано на цели, при што

средствата се секундарни, потребна е креативност, зошто нема еднозначно

решение.

Традиционалноста се јавува како ограничување па треба да се разнесе.

Информациите не се секогаш надежни и ги нема доволно па треба да се бараат и

разјаснуваат. При нивно разјаснување до полно изразување доаѓа до разлика

помеѓу аналитичкото и креативно размислување што на впечатлив начин

илустрира практичен пример: Реши го проблемот:

I + I =

Човек наклонет на аналитички начин на размислување ќе каже дека постои само

едно решение:

I + I = 2

Page 5: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

5

Меѓутоа, за човекот што размислува креативно постојат повеќе решенија, како на

пример:

I + I = T; I + I = X; I + I = L; итн.

Тогаш тој со комбинација со две вертикални линии ќе најде цела низа на решенија

. Многу креативен човен ќе најде решение, на пример, во облик

I + I = 3

Бидејќи поставениот проблем го асоцира на маш и жена, која е гравидна.

3. ”Систематско приоѓање” на проблемот подразбира дека тој мора да биде добро

проучен од теориски аспект – научно фундиран. Се разбира дека да е тоа

идеализација на вистината, при што коефициентот на идеализацијата се

зголемува сразмено со комплексноста на проблемот.

4. На емпириската база во решавањето на проблемот и се дава голема важност,

бидејќи емпериските истражувања треба да влијаат како коректив на

предпоставките создадени при теориските набљудувања.

5. Ако утврдените решенија, при систематските приоѓања на проблемот, не се

прагматични, тоа докажува дека таквиот проблем и нема реални решенија.

Сигурно се мисли на прагматичност во позитивна смисла – способност,

оперативност, ориентиран кон поставената цел.

Како е веќе истакнато, егзистираат само отворените системи, што значи дека “при

систематското приоѓање” на проблемите се набљудува и опкружувањето

(енвиромент). Тоа е множество на елементи и нивните сцојства кои не се дел од

системот, а кои влијаат на промената како динамичкиот процес.

Во иднината да опкружувањето може да влијае на системот како ограничување

или стимулација, ефектот на управување се изразува како функционална

зависност

E = f(Si,Oi); i = 1,2,3…

Каде се:

Si – i -ти ограничувачки фактор

Oi – i – ти стимулирачки фактор

Во суштина опкружувањето е многу тешко да се квантифицира. Се доаѓа до

информации, кои не можат веднаш да се употребат во дејство, туку е потребна

некоја адаптација (претворање, конверзија).

Page 6: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

6

2.2 ИНДУСТРИСКА ЛОГИСТИКА - ПОДСИСТЕМИ И ЕЛЕМЕНТИ

Имајќи ги во предвид, претходните напомени во овој дел логистиката ќе се

набљудува како систем кој содржи елементи внатре во набљудуваното

индустриско претпријатие, но исто така и елементи надвор од претпријатието. За

да се идентифицираат сите тие елементи треба да се тргне од најопштата

дефиниција според која под логистика се подразбира проучување на

движењето на материјалите почнувајќи од изворот на суровината, па

завршувајќи со испорачувањето на готовите производи до крајните

корисници.

Прв елемент претставуваат изворите на суровината (Isu) или добавувачите, тие

се надвор од системот на претпријатието, а припаѓаат на системот на пазарот на

набавка (Tn) –слика 1.

Слика 1.

Втор елемент претставуваат складовите за материјали (SMj), а припаѓа на

системот на претпријатието (Pt).

Третиот елемент го сочинуваат производните погони (PPk) и претставува

внатрешен елемент на системот претпријатие (Pt).

Четвртиот елемент е исто така внатрешен, бидејќи припаѓа на системот (Pt), а

го сочинуваат магацините (складовите) за готови производи (SPi).

Петтиот елемент претставуваат купувачите на финалните производи (Kpm),

надвор е од системот на претпријатието, а припаѓа на системот на пазар на

продажба (Tp).

Page 7: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

7

Понатаму, логистичкиот систем може да се прикаже математички во вид на

множество елементи:

LGs = (Isu, SMj, PPk, SPi, Kpm) (2.5)

каде се:

Isu – i – тиот извор на сировината (или добавувачите на материјали); i = 1.......n

SMj –j- тиот магацин за материјали; ј = 1.........s

PPk – k-иот производен погон; k = 1,…….p

SPi – i –тиот магацин за готови производи; l = 1,……..q

Kpm – m – тиот купувач на готови производи: m = 1,……...t

Очигледно дека наброените елементи се поврзани со повеќе подсистеми во

рамките на логистичкиот систем, па затоа е потребно и тие да се

индентификуваат.

За да се суровината (материјалот, полуфабрикатот, готова роба) пренесе до

местото на складирање, од магацинот(складот) до производствениот погон, а исто

така и готовите производи пренесат до магацинот или однесат на купувачот,

потребен е подсистем за транспорт.

Овој подсистем го сочинуваат соодветни видови на транспорт и правците на

движење на стоката помеѓу два или повеќе основни елементи, како и меѓу самите

погони или магацини. Правците на движење се веќе кажани, а видовите на

транспорт се: железнички, патен, воздушен, бродски.

Вториот подсистем го сочинуваат постоечките залихи и се однесува на залихите

на суровини, готови производи и обработките на сите пунктови од логистичкиот

систем.

Подсистемот за ракување со материјалот го сочинува опремата за товарење и

истоварање, разни уреди за товарење и истоварање, опрема за пакување и

палетирање, ракување со контењерите и др.

Подистемот за терминирање се однесува на одредување на термините

(роковите) за започнување и завршување на работите во производните погони,

како и на синхронизирање на движењето на материјалите меѓу поединечни

елементи (набавување на суровина, извезување на готови производи).

Подсистемот за информиции (информационен подсистем) го сочинуваат

текот и обработката на информациите во координација со наброените подсистеми

Page 8: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

8

(нарачка на материјали и готови производи, и др). Значи тој го следи физичкиот

проток на материјалите по пат на обработка на документи.

Меѓусебните односи и координацијата помеѓу елементите и подсистемите може

шематски да се прикаже во облик на систем, како на слика 2:

Слика 2.

Системот (LS) содржи три интегрирани подсистеми со правило за донесување

одлука кога, колку и кои материјали треба да се нарачаат, како и кога и колку, на

кои купувачи кои производи треба да се подготват (спремаат).

Подсистемот на претпријатието (PPТ) во кој се, врз основа на предвидувањата во

минатите периоди (PP) и последниот извештај (PI) се прави пресметка на

предвидувањата (PNP) што претставува база за одредување на точката за

нарачка (OTN).

Подсистем за преглед (PPG) во кој на основа на утврдената точка за нарачка од

предходниот подсистем се формира датотека за нарачка (DTN) и со извршеното

срамнување (SZ) на залихите, донесува одлука за тоа дали е вистинско време (T

= t) за нарачување. Ако не е, не се превзема никаква активност, а ако е се

утврдува количината за нарачување (QN), се изготвуваат информациите за

снабдување (IS), и на тој начин се излегува од системот (LS) и влегува во

системот на пазарот на набавување-снабдување (STS).

Подсистемот за нарачка (PNČ) каде се врши пресметка на количината за

нарачување (PQN), на основа на кој се составува датотеката за нарачаната

Page 9: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

9

количина (DNQ), што претставува база за конечно утврдување на количината која

треба да се нарача.

Овака поставениот логистички систем овозможува интегрален пристап при

решавањето на проблемите поврзани со протокот на материјалите и негова

оптимизација, која не е можна при парцијални решенија. Наредното појаснување

на случаи дава доволна потврда за изнесената констатација.

Случај 1. Трошоците за складирање на готовите производи до толку се помали во

колку се држат помали залихи. Решението на овој проблем се сведува на

адекватен избор на транспортни средства и транспортирање на готовите

производи во кратки интервали. Но, ова решение најчесто доведува до спротивна

тенденција по прашањето за трошоците на транспорт. Од аспект на логистиката

трошоците за чување на залихи и трошоците за превоз на стоката, треба да се

минимизираат во вкупниот износ, а да притоа се задоволат потребите на

потрошувачите.

Случај 2.

Формата и конструкцијата на амбалажата ја наметнуваат специфичноста во

начинот на транспортирање и пакување на готовите производи. Ако проблемот не

се реши до крај, нивото на услуга на потрошувачите нема да биде задоволувачко,

бидејќи доаѓа до застој при товарањето и истоварањето. Проблемот станува уште

поголем ако нема доволно уредени платформи за товарење.

Случај 3. Претпријатието сака да го зголеми обемот на готовите производи.

Потребен услов за тоа е да се зголеми постоечкиот производен покапацитет.

Треба да се донесе одлука: дали да се прошират постоечките производни погони

или да се изгради нов погон кој ќе биде поблиску до пазарот- потрошувачите.

Од логистички аспект одлуката треба да допринесе за намалување на трошоците

за дистрибуција на готовите производи и до зголемување на бројот на

потрошувачите.

Во наведените случаи се дадени само некои произволно избрани споредби на

трошоците поврзани за протокот (движењето) на материјалите. Во пракса се

јавуваат многу посложени случаеви кои бараат многу строга анализа заснована на

применетата математичко – статистичка анализа.

Логистичкиот систем кој е шематски представен на сл.1 или математички како

множество (2.5) се применет во работењето на конкретно претпријатие поседува

одредени оперативни ограничувања, кои се манифестираат како внатрешни или

надворешни.

Page 10: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

10

На прво место како важно внатрешно ограничување се истакнуваат веќе

изградените производни погони и магацини(складови). Бидејќи претпријатието

мора да ги извршува своите работи во постоечките услови, решавањето на

проблемите од логистички аспект се сведува на следните прашања:

-Дали постоечкиот однос меѓу локацијата на производниот погон и магацините за

суровини и готови производи ги задоволува препораките на оптимални услови –

колкави се одстапувањата.

-На која локација треба да се изградат нови производни погодни, со цел да се

зголеми производниот капацитет, респектирајќи ја локацијата на постоечките

извори на суровини и пазарот.

-Во кој временски период и на која локација треба да се изгради нов магацин за

готови производи тргнувајќи од реални претпоставки дека пазарот има тренд на

проширување во географска смисла.

Секако, дека ова не се сите прашања, меѓутоа, тие се индикативни кога е во

прашање влијанието на сегашната состојба на моменталното и идно проектирање

на логистиката.

Како второ внатрешно ограничување се наведува веќе постоечката способност на

претпријатието да обезбеди ниво на услуга која ќе ги задоволи потребите на

потрошувачите . Во овој случај карактеристични проблеми кои ги разработува

логистичкиот систем се:

-Диверсификација на производот во согласност со искажаните потреби на

потрошувачите. Купувачите сакаат широк асортиман на производи во мали

количини што предизвикува бројни ограничувања по прашањето за развој на

производството. Правците на решението се во изнаоѓање на еластични

производни процеси со прилагоден транспорт и складирање.

-Времето кое поминува од моментот на добивање на нарачката до стварната

испорака на готовиот производ.

-Избор на начин транспортирање на производот.Купувачот често со договор го

задржува правото на надзор над начинот на транспорт кој ќе го користи

испорачувачот, бидејќи е заинтересиран адекватно да ја користи својата опрема

за истоварање на стоката. Поради тоа може да има интерес и самиот да

преговара директно со превозникот.

-Во текот на транспортирањето на стоката, од испорачувачот до купувачот може

да дојде до нејзино оштетување, што секако ја продолжува временската

Page 11: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

11

реализација на нарачката. Ова наметнува построги побарувања по прашањето за

конструкција на амбалажата, како и по прашањето за начинот на транспортирање.

За трето внатрешно ограничување може да се сметаат условите на продажба и

давање на попуст (рабат), односно попуст условен од количината на купената

стока. Очигледно дека давањето попуст на купувачот директно влијае на нивото

на залихи, а со тоа индиректно и на планирањето на производството и

транспортот.

Кога се во прашање надворешни ограничувања најпрвин треба да се нагласи дека

претпријатието не може да ги држи целосно под контрола.

Од логистички аспект меѓу нив најважни се:

-стратегијата на конкуренцијата,

-државните прописи,

-начинот на транспортирање,

Квалитетот на услугата, технолошките новини и цените се фактори кои се

однесуваат на стратегијата на конкуренција.

Флексибилноста на логистичкиот систем овозможува добра можност на

претпријатието во изнаоѓање на поволни решенија во услови на голема

конкуренција, која не може да се избегне.

Прописите кои се донесуваат на ниво на држава како целина можат да влијаат на

вкупните трошоци во логистичкиот систем. Донесените прописи имаат за цел да

се воспостави ред во дистрибуирањето на суровините и готовите производи како

и правење услуга, на тој начин ја спречува нелојалната конкуренција. На пример,

познато е дека во индустриски развиените земји со закон се забранува големата

разлика во цени при продажбата на стока од исти вид и квалитет и во иста

количина. Ако тие разлики не се оправдани од заштедите во трошоците, и ако не

се помали од тие трошоци, следуваат законски санкции.

Постојат различни начини на превезување на стоката. Сигурно дека тоа дава

различни можности по прашањето на брзината и во зачестеноста на пружање на

успуги, цени на услугата и др.

Во зависност од географската локација на претпријатието ова претставува во

голема или мала мерка ограничување за целиот логистички систем. И покрај

ограничувањата од надворешен карактер стручното лице за логистика треба да го

следи трендот на развој на транспортот како основа за модифицирање на

логистичкиот систем.

Page 12: 2predavanje-Logisticki Sistem Vo IP

12

Слика 3.

На сл.3 е прикажан шематски односот на логистичкиот систем и можните

ограничувања , каде поединечните симболи означуваат:

LS – логистички систем

SK – стратегија на конкуренцијата

DP – државните прописи

UP – начини на транспортирање

PPPS – постоечки производни погони и магацини

SPNU – постоечка способност за ниво на услуга

УПР – услови на продажба и рабат (попуст).