10 Консолидирани - ИОРРМ

43
© 2008 Deloitte Touche Tohmatsu МСФИ 10 Консолидирани Финансиски Извештаи Институт на Овластени Ревизори на Република Македонија (Континуирано Професионално Усовршување) Предавач: Јане Иванов, овластен ревизор Deloitte Skopje 12 декември 2014

Upload: others

Post on 27-Apr-2022

9 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: 10 Консолидирани - ИОРРМ

© 2008 Deloitte Touche Tohmatsu

МСФИ 10 Консолидирани

Финансиски Извештаи

Институт на Овластени Ревизори на Република Македонија

(Континуирано Професионално Усовршување)

Предавач:

Јане Иванов, овластен ревизор

Deloitte Skopje

12 декември 2014

Page 2: 10 Консолидирани - ИОРРМ

МСС 27 vs. МСФИ 10

Page 3: 10 Консолидирани - ИОРРМ

2

Содржина:

1. Основни принципи на МСФИ 10

2. Дефиниција за контрола според МСС 27

3. МСФИ 10 – вовед, цел, дефиниција на контрола

4. Утврдување на контролата

5. Моќ

6. Суштински права vs. заштитни права

Sadržaj

Page 4: 10 Консолидирани - ИОРРМ

3

Содржина:

7. Потенцијални гласачки права

8. Изложеност на инвеститорите на варијабилните приноси

9. Принципал vs. Aгент

10. Клучни поенти

11. Обелоденувања

Sadržaj

Page 5: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Основни принципи

• Консолидацијата се базира на

контрола

• МСС 27: контролата е моќта да се

управува со финансиските и

оперативните политики на

ентитетот со цел да се добијат

користи од деловното работење

• ПКР 12: во ентитет со посебна

намена, изложеноста на голем дел

од ризиците и наградите може да

биде одлучувачки фактор во

воспоставувањето на контролата

• Консолидацијата се базира на

контрола

• Контролата може да се

воспостави на различни начини, а

не само како резултат на моќта за

управување на финансиските и

оперативните политики

• Изложеноста на ризици / награди

е еден од факторите кој е

неопходен за постоење на

контролата, но никогаш не е

одлучувачки фактор

МСС 27/ПКТ 12 МСФИ 10

МСФИ 10 бара детални проценки

4

Page 6: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Дефиниција на контролата според МСС 27

Контрола: Моќ за управување со финансиските и оперативните политики на

правното лице за да се оствари користи од неговото работење.

Кога постои контролата?

1) Кога матичното правно лице поседува директно или индиректно преку

своите подружници:

- Повеќе од ½ од гласачките права во анализираниот субјект, освен ако во

исклучителни ситуации може јасно да се докаже дека таквата сопственост не

обезбедува контрола

Клучно: Суштината на секој договор/основачки акт мора внимателно да се

проучи бидејќи оттаму може да се обезбедат докази кои го поткрепуваат

фактот дека матичното друштво поседува контрола што е над 50% од

сопственоста

. 5

Page 7: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Дефиниција на контролата според МСС 27

Што се подразбира под поимот: “ оперативни и финансиски политики“ ?

Стратешки одлуки, а не одлуки кои ги носи раководството восекојдневното работење.

Развојна политика/нови инвестиции- вложувања во основни средства

На кој начин ќе се финансира некој развоен проект

Колкав треба да биде показателот на задолженост

Колкав процент од добивката ќе се исплати како дивиденда

Носење одлуки за стекнување на други друштва, продажба научества во капиталот во други друштва, други долгорочнивложувања

Што се подразбира под поимот:“користи од деловното работење”?

Дали приходот од директно учество во добивката на некое друштво едоволен критериум за постоење на контрола?

НЕ - и други индиректни приливи на средства се сметаат за „корист“

- бонуси/награди за управување на друштвото

- камати по кредити ( кои не се поврзани со пазарот на капитал)

6

Page 8: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Дефиниција на контролата според МСС 27

Кога постои контрола?

2. Контролата постои и кога се поседуваат ½ или помалку од гласачките

права, но од друга страна се поседува:

• моќ на повеќе од ½ од гласачките права согласно договорот со

останатите вложувачи во тоа правно лице;

• моќ да се управува со финансиските и оперативните политики;

• моќ да се именува или разрешува мнозинството членови на управниот

одбор;

• моќ за мнозинско гласање (Casting Vote) на седниците на управниот

одбор

7

Page 9: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Класификација% сопственост<

> /право на глас

Суштински критериум

Сметководствен третман

Вложување

Придружно

друштво

Подружница

Заедничко

вложување

Без значајно

влијание

Значајно

влијание

Контрола

Заедничка

контрола

<20%

20%-50%

>50% Од гласачките

права

Набавна или

објективна вредност

Метод на

учество

Консолидација

Пропорционален

метод на учество

Класификација

Page 10: 10 Консолидирани - ИОРРМ

МСФИ 10 - вовед

• Променети МСС 27 и ПКТ 12

• Концептот на контрола е поставен на многу поширока основа;

• МСФИ 10 дава единствен модел на контрола кој може да се употреби на

сите ентитети вклучувајќи ги и ентитетите формирани за посебни потреби;

• Бара од раководството да користи значајно повеќе проценки за да утврди

кои ентитети се наоѓаат под негова контрола;

• Примената на новиот концепт на контрола може да има последици во

делокругот на консолидацијата што ќе влијае на веродостојноста на

презентацијата на финансиските извештаи на Групацијата;

• Веродостојна презентација – информациите се точни, без грешки, целосни и

неутрални;

• Единечните финансиски извештаи се целосни ако во нив се прикажани сите

средства, обврски и ставки на капитал и ги опфаќаат последиците од сите

настанати деловни трансакции во текот на периодот на известување.

Консолидираните финансиски извештаи се целосни ако:

- Единечните финансиски извештаи се целосни;

- Во консолидацијата се вклучени сите подружници кои ја чинат групацијата

како една економска целина.

9

Page 11: 10 Консолидирани - ИОРРМ

МСФИ 10 - Цел

Цел – да се воспостават принципи за презентација и подготовка на

финансиските извештаи кога ентитетот консолидира еден или повеќе други

ентитети.

За да се постигне оваа цел, овој МСФИ:

1) Бара од ентитетот ( матичниот ентитет) кој контролира еден или повеќе

други ентитети (зависни ентитети) да презентира консолидирани

финансиски извештаи;

2) Го дефинира принципот на контрола;

3) Дефинира како се применува принципот на контрола при

идентификувањето дали инвеститорот го контролира ентитетот во кој има

инвестирано и дека заради тоа мора да го консолидира;

4) Ги дефинира сметководствените барања за подготовка на консолидирани

финансиски извештаи.

Овој МСФИ не се занимава со сметководствените барања за деловни

комбинации и нивниот ефект на консолидацијата, вклучувајќи го и гудвилот

кој произлегува од деловните комбинации (делокруг на МСФИ 3)

10

Page 12: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Дефиниција на контролата според МСФИ 10

• МСС 27 –поим матично друштво

• МСФИ 10 го воведува терминот инвеститор (известувачки ентитет кој

потенцијално контролира еден или повеќе други ентитети)

• Ентитет во кој се инвстира (investee) е оној кој е или потенцијално може да

биде подружница на известувачкиот ентитет

• Инвеститорот го контролира ентитетот во којшто инвестирал кога:

1. е изложен, или има право на варијабилни приноси врз основа на

учеството во ентитетот во кој инвестирал;

2. Способност да влијае на тие приноси врз основа на

3. Моќта што ја има над ентитетот во кој има инвестирано

11

Page 13: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Дефиниција за контрола

Инвеститорот го контролира ентитетот кога тој е изложен, или има

право на варијабилните приноси врз основа на учеството во

ентитетот во кој инвестирал и има можност да влијае на тие приноси

преку својата моќ што ја има над ентитетот во кој инвестирал.

Моќ

Изложеност (право на

варијабилни приноси)

Способност да ја користи

својата моќ за да влијае на

износот на приносите

Значајно право да управува со

“релевантните активности“

Варијабилни приноси (широка

дефиниција за приносите)

Оној кој донесува одлуки – должен е да

дефинира дали е агент или е друг

инвеститор

12

Page 14: 10 Консолидирани - ИОРРМ

13

Утврдување на контролата

13

Моќ.

Сегашна способност за

насочување на

релевантните

активности. Моќта

произлегува

од правата што може

да вклучуваат:

гласачки права,

потенцијални гласачки

права,

право на отповикување

на клучното

раководство, право

на донесување

одлуки врз основа

на договори.

Врска помеѓу моќта и

приносот.

Проценка дали

инвеститорот има

способност да ја

користи својата

моќ да влијае на

приносот заради

учеството во

капиталот.

Принос.

Проценка

дали инвеститорот

е изложен или има

право на променлив

принос врз основа

на учеството

во капиталот.

Приносот може да вклучи

: дивиденда, надоместоци,

заштеда на трошоци

и други приноси

кои не им достапни

на останатите

сопственици во ентитетот.

Page 15: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Што е моќта?Моќта произлегува од значајните права за управување со релевантните

активности

Инвеститорот кој има само заштитни права не може да има моќ, ниту пак може да

спречи друг инвеститор да има моќ

Права

Значајни

права

Релевантни

активности

• Гласачки права, потенцијални гласачки права, права

дефинирани преку договорни аранжмани

• Проценка на влијанието на различните права и нивна

комбинација

• Практична способност за остварување на правата

• Сегашна способност да се управува со релевантните активности

• Не е неопходно правата да бидат моментално остварливи

(пасивниот мнозински инвеститор има моќ)

• Активности кои значајно влијаат на висината на приносот на

инвеститорот

• Примери: купување/продажба, управување со финансиските

средства, финансирање

• Одлуки за релевантни активности: буџет, именување/одредување

надоместоци за раководството, донесување одлуки за инвестиции

14

Page 16: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Утврдување на контролата – моќ над други ентитети

Ако не е очигледно дека инвеститорот има контрола врз основа на правото на

глас, клучен чекор во проценката на контролата е идентификување на

релевантните активности на ентитетот во кое инвеститорот има учество,

кои имаат значајно влијание на приносот што го остварува

инвеститорот.

Примери за релевантни активности се:

1. Утврдување или промена на оперативните и финансиските политики кои

може да вклучуваат и

2. Продажба и набавка на добра и услуги

3. Управување со финансиските средства, избор, стекнување или

располагање со средствата, истражување и развој на нови производи и

процеси, вложување во капитал или донесување одлуки за финансирање,

поставување или отповикување на членови на клучното раководство и сл.

Во многу случаи постои повеќе од една релевантна активност (активности

кои генерираат најголем дел од добивката на ентитетот во кој сме вложиле

– релевантна активност);

Релевантна е онаа активност која генерира најголема добивка, а оној

инвеститор кој има влијание на таа активност има контрола.

15

Page 17: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Утврдување на контролата – моќ над други ентитети • Ако постои повеќе од една активност која значајно влијае на висината на

приносот на инвеститорот и притоа оваа/овие активност/и се под влијание на

различни инвеститори, тогаш е битно да се утврди која од активностите

најзначајно влијае на висината на приносот.

• Кога се идентификувани релевантните активности тогаш нареден чекор е

утврдување кој инвеститор има моментална способност да управува со

тие активности.

• Проценка дали правата се суштински – постоечки права.

• Правата се земаат во предвид само ако се суштински, а тоа значи дека

сопственикот на правата мора да има практична способност да ги користи.

• Дали правото е суштинско или не зависи од фактите и околностите.

• Фактори кои треба да се земаат во предвид при проценката дали правото е

суштинско:

16

Дали постојат бариери

кои би можеле

сопственикот на правото

да го спречат да го

користи своето право?

Висока цена за извршување или

конверзија ( на пример: опција да

купите акции за 10,000, а пазарната

цена е 5,000. Опцијата е ваше

потенцијално право. Со набавката на

акциите би го зголемиле бројот на

гласови што го имате, така што не е

рационално да донесете одлука за

купување на овие акции.

Page 18: 10 Консолидирани - ИОРРМ

17

17

Колку повеќе е потребна

согласност од повеќе страни, толку

е помала веројатноста дека тоа

право е суштинско

Дали сопствениците на

правото имаат практична

способност да ги

искористат своите права,

ако користењето на

правото бара согласност

од другите инвеститори?

Фактори кои треба да се разгледаат при проценката дали

правото е суштинско:

Дали правата може да се

користат кога ќе биде

потребно да се

донесуваат одлуки

поврзани со релевантните

активности?

Инвеститорот има права кои

моментално се извршни, но сеуште

ги нема искористено. Инвеститорот

може да насочува одредени

активности на ентитетот во кој има

вложено само кога ќе се случат

посебни околоности или настани

Page 19: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Заштитни права

• Заштитните права се права кои се наменети да го заштитат интересот на

страната која ги има тие права без давање моќ на таа страна над ентитетот

со кој се поврзани овие права.

• Овие права не може да ги спречат другите инвеститори да имаат моќ

над ентитетот на кој се однесува учеството во капиталот.

• Додека моќта е есенцијален дел на контролата, заштитните права не му

обезбедуваат контрола над ентитетот во кој инвестира.

• Овие права обично се чуваат за да се забранат фундаментални промени

во активностите на ентитетот на кој се однесува учеството во капиталот, а

со кои не се согласува сопственикот на правата и обично се применуваат

само во исклучителни околности.

Примери за заштитни права:

1) Ограничувања на ентитетот за превземање активности кои би можеле

значајно да го променат кредитниот ризик на ентитетот на штета на

инвеститорот;

2) Запленување на имотот на ентитетот ако не исполни некои специфични

услови од договорите за кредит;

3) Вето за вршење трансакции со поврзани субјекти.18

Page 20: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Утврдување на контролата – право на глас

• Моќта произлегува од постоечките права. Во многу случаи, проценката

на моќта е едноставна. Тоа е најчесто тогаш кога после разгледувањето на

намерите и плановите на ентитетот во кој се вложува, се утврдува дека

моќта над ентитетот потекнува непосредно и само од правото на глас преку

поседување акции.

• Мнозинските права на глас во некои случаи не им дава моќ на

сопствениците да ги насочуваат релевантните активности. Тоа може да

биде кога:

1. Релевантните активности се насочуваат преку договори;

2. Релевантните активности се насочуваат од страна на владата,

ликвидаторот, регулаторот и сл.;

3. Правата на глас не се суштински;

4. Правата на глас се пренесени на оние кои донесуваат одлуки кои

правото на глас го држат како агенти;

5. Правата на глас им припаѓаат на други инвеститори, а ентитетот е

суштински во улога на агент.

19

Page 21: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Утврдување на контролата – право на глас

Фактичка контрола (de facto контрола)

• За да се процени дали гласачките права му даваат доволно моќ на

инвеститорот, треба да се земат во предвид сите факти и околности.

A. Бројот на гласачки права кои инвеститорот ги има, релативното учество,

дисперзијата на гласови кои ги имаат други инвеститори со напомена за

следново:

Колку повеќе гласачки права има инвеститорот, толку е поголема

веројатноста дека постоечките права му даваат способност да ги насочува

релевантните активности;

Колку повеќе гласачки права има инвеститорот во споредба со другите

инвеститори, толку е поголема веројатноста дека постоечките права му

даваат способност да ги насочува релевантните активности;

Б. Потенцијалните гласачки права кои ги има инвеститорот со други

сопственички гласови или други страни;

В. Права кои произлегуваат од договорни аранжмани;

Г. Сите дополнителни факти и околности кои укажуваат дека инвеститорот

има, или дека нема, тековна способност да ги насочува релевантните

активности во време кога одлуките треба да бидат донесени, вклучувајќи го

начинот на гласање на претходните состаноци на акционерите.20

Page 22: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Утврдување на контролата – право на глас

Инвеститорот нема мнозинско право на глас.

Пример 1) А има 48% од гласачките права во ентитетот Б, а останатите 52%

припаѓаат на голем број на акционери од кои никој посебно не поседува

повеќе од 1% од акции.

Пример 2) – В има 42% од гласачките права во Г. Останатите 55% ги

поседуваат двајца сопственици и секој од нив има по 27.5%, а остатокот од

3% го имаат тројца сопственици, секој од нив по 1%. Има ли В моќ над Г?

Пример 3) – Д има 45% од гласачките права во Ѓ. Останатите 55% ги имаат

11 акционери, од кои секој има по 5%. Има ли Д моќ над Ѓ?

Пример 4) – Е има 35% од гласачките права во Ж. Тројца други сопственици

имаат секој по 5% од гласачките права во Ж. Останатите 50% ги имаат бројни

сопственици од кои секој од нив нема повеќе од 1%. На последното Собрание

на Акционери 75% од гласачките права биле присутни. Дали Е има моќ над

Ж?

21

Page 23: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Утврдување на контролата – право на глас

Пример 5) – Л има 38% од гласачките права во К. Тројца други акционери

имаат секој по 4% од гласачките права во К. Бројни други акционери имаат

50% гласови, но поединечно не повеќе од 1%. На последното Собрание на

Акционери 75% од гласачките права биле присутни, вклучувајќи го и Л. Дали

Л има моќ над К?

• Доколку учеството на инвеститорот е пониско, веројатноста дека нема

контрола е поголема;

• Потенцијални права на глас

• При проценката дали инвеститорот има моќ над ентитетот треба да ги земе

во предвид и потенцијалните гласачки права кои ги поседува тој или ги

поседуваат други страни;

• Ако инвеститорот има помалку од половина од гласачките права, но има

опција кои носат суштински права и доколку ја искористи опцијата ќе стекне

мнозинско право на глас, тогаш тој инвеститор веројатно има моќ.

Пример 6) – М поседува 40% од гласачките права во Н, и моментално има

извршна опција со која ќе стекне дополнителни 20% од гласачките права во

Н. Дали М има контрола над Н?

22

Page 24: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Утврдување на контролата – право на глас

Опцијата мора да биде извршна. Во проценката дали опцијата е извршна или

не треба да се земат во предвид следниве фактори:

Извршната цена или цената на конверзија, како и врската со пазарната

цена;

Способност да се обезбедат финансиски средства за искористување на

опцијата;

Временските рокови и должината на извршниот период.

Пример: Ентитетот одржува годишно собрание на акционери на кое треба да

се донесе одлука за насочување на релевантните активности. Еден

инвеститор има опција преку која стекнува мнозинство гласови, но тековно

таа опција не е извршна. Сепак, опцијата ќе биде извршна пред наредниот

состанок на собранието на акционери, како и пред да биде одржан специјален

состанок на акционерите на кој ќе се разгледуваат политиките на ентитетот.

23

Page 25: 10 Консолидирани - ИОРРМ

24

Разгледување само на

суштинските правa

Гласачките права

се релевантни

Релевантни се други,

а не гласачките права

Мнозинско

право

на глас

Помалку од

мнозинското

право

Аранжмани со други

сопствени

на гласови

Други договорни

аранжмани

Потенцијални

права на гласМоќ de facto

Права задржани

од други страни

Намена и план

на ентитетот

Докази за практична

способност за

насочување

Посебни

односи

Голема изложеност на

варијабилноста на приносот

Разгледување

РазгледувањеРазгледување

Утврдување на контролата – право на глас

Page 26: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Проценка на контролата на инвеститорот

Моќ = Суштински права за управување со

релевантните активности

Изложеност (права за

варијабилни приноси)

1. Кои се релевантните активности?

2. На каков начин се донесува одлука за

релевантните активности?

Гласачки права Останато

> 50% < 50%

• Права на

малцинските

акционери

• De facto

контрола

• Потенцијални

гласачки права

• Останати

договорни

права

Способност на инвеститорот да ја користи својата моќ и така да влијае на износот

на приносот2525

Page 27: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Моќ без мнозински гласачки права (de facto контрола)

• Не го разгледува тоа прашање

• Разлики во пракса• Го разгледува тоа прашање

МСС 27/ПКТ 12 МСФИ 10

Примери – ситуации кога инвеститорот има моќ со помалку од

мнозинските права на глас

• Договорни аранжмани помеѓу инвеститорот и останатите носители на

гласачките права;

• Права кои произлегуваат од други договорни аранжмани, како што се

други оперативни и финансиски договори преку кои може да се обезбедат

значајни права;

• Релативно учество во гласачките права во однос на големината и

дисперзијата на останатите носители на гласачки права;

• Потенцијални гласачки права на инвеститорот и/или на другите

инвеститори;

• Комбинација од претходно наведеното.

26

Page 28: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Потенцијални гласачки права

• Се анализираат само

моментално остварливите права• Се анализираат кога се значајни

МСС 27/ ПКТ 12 МСФИ 10

Кога потенцијалните гласачки права се значајни?

• При разгледувањето се земаат во предвид цената, роковите, процедурите;

• Намената и структурата на инструментите;

• Комбинација на потенцијалните гласачки права со другите права (гласачки

права или права дефинирани со договорни аранжмани;

• Можност за остварување на потенцијални гласачки права кога се

донесени одлуки за релевантните активности;

Без разлика

дали се

моментално

остварливи

или не

27

Page 29: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Изложеност на варијабилните приноси

28

Други критериуми при проценката дали инвеститорот има контрола над ентитетот

во кој има вложување;

Инвеститорот има контрола ако е изложен или има право на променливи приноси.

Значи, се мисли на вложени средства кои остваруваат варијабилен принос, а

не фиксен.

МСФИ 10 под вложување во ентитетите подразбира:

1. Вложување во основната главнина (носи право на дел од добивката која се

менува од година во година, така што годишниот износ на поврат ќе зависи од

рентабилноста на ентитетот);

2. Вложувања на кредитна основа (кога вложувате на кредитна основа, имате

фиксен принос во вид на камата, но вкупниот поврат не мора да биде фиксен,

бидејќи сте изложени на кредитен ризик. Кредитниот ризик – е ризикот дека

должниците нема да бидат во можност да го исплатат долгот во целост и во

договорениот рок.

Постоењето на изложеност на варијабилен принос не значи автоматски дека

инвеститорот има контрола.

Контролата претпоставува и дека инвеститорот има способност да ја искористи својата

моќ над ентитетот за да влијае на својот принос. На пример, заемодавачот е

изложен на променливи приноси, но нема контрола над должникот, бидејќи нема

способност да влијае на плаќањето на варијабилните камати, што е најчест случај.

Page 30: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Изложеност на варијабилните приноси

29

Контролата претпоставува и дека инвеститорот има способност да ја искористи

својата моќ над ентитетот за да влијае на својот принос. На пример, заемодавачот

е изложен на променливи приноси, но нема контрола над должникот, бидејќи нема

способност да влијае на плаќањето на варијабилните камати, што е најчест случај.

Инвестирот проценува дали изложеноста на приносот од учеството е варијабилно

врз основа на суштински аранжмани. Дури и приносот кој изгледа дека е фиксен

може во суштина да е варијабилен.

Page 31: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Врската помеѓу моќта и приносот

30

Третиот услов за постоење контрола е дека инвеститорот мора да има

способност да ја користи моќта над ентитетот за да би влијаел на износот на

приносот. Врската помеѓу моќта над ентитетот и изложеноста на варијабилните

приноси од ентитетот е од суштинско значење за контролата.

Инвеститорот кој има моќ над ентитетот, а нема корист од таа моќ тогаш нема

контрола над ентитетот.

Инвеститорот кој има изложеност на променлив принос од ентитетот, но не може да

ги насочи своите активности кои во најголем дел влијаат на приносот на

инвеститорот, нема контрола над ентитетот.

Пример: Тројца инвеститори основале Ентитет така што инвеститорите А и Б

учествувале со средства на кредитна основа, а инвеститорот В има минимално

учество на сопственичка основа. Ентитетот се занимава со откуп и наплата на

побарувања. Инвеститорот Б ги пренесува своите побарувања на Ентитетот и

управува со побарувањата на Ентитетот. Приносот на Инвеститорот А е фиксна

камата, а средствата кои ги вложил инвеститорот Б се наменети за покривање

на загубите врз основа на ненаплатени побарувања, а врз основа на тоа

инвеститорот има право на учеството во распределбата на преостанатиот

принос.

Кој инвеститор има контрола? Б – заради активностите со кои управува.

Page 32: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Однос Принципал–Агент

• Не го разгледува тоа прашање

• Инвеститорот може да извршува моќ

за друг инвеститор

• Агентот нема контрола, туку

сопствениците

• Принципалот мора да ги делегира

правата

МСС 27/ПКТ 12 МСФИ 10

31

Делегирање на правата

Принципал – инвеститор кој има контрола и која ја реализира преку

донесување одлуки со кои се насочуваат релевантните активности на

ентитетот

Правото на донесување одлуки може да се пренесе на Агентот.

Агент е ангажирана страна која дејствува во име на други или други лица, но

нема контрола над ентитетот.

Page 33: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Губење на контролата

Ако матичниот ентитет ја изгуби контролата над контролираниот ентитет,

тогаш матичниот ентитет:

a) Престанува да ги признава средствата и обврските на претходно

контролираниот ентитет во своите консолидирани финансиски извештаи;

b) Признава загуба или добивка поврзана со загубата на контрола што може

да се препише на претходната контрола.

32

Page 34: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Преодни одредби

Ретроспективна примена

Консолидација на ентитет кој не е претходно консолидиран

Де – консолидација на претходно консолидиран ентитет

• Ретроспективна примена бара МСФИ 3 од датумот на стекнување

• Доколку тоа не е изводливо, се применува МСФИ 3 од најрано

можниот датум

• Влијанието на овие преодни одредби ќе биде видлив преку

капиталот

• Ретроспективна примена од датумот на губење на контролата

• Доколку тоа не е изводливо, се применува од најрано можниот

датум

33

Page 35: 10 Консолидирани - ИОРРМ

• Контролата е основа за консолидацијата

• Единствен модел кој може да се примени за сите

ентитети

• Контрола = изложеност ( права на варијабилни

приноси) врз основа на инвестирање во ентитетот и

можност за влијание врз тие приноси врз основа на

моќта што ја има над ентитетот.

Основни принципи

Клучни точки

• Дефинирање на суштинските права врз основа на

релевантните активности

• Се бара идентификување на релевантните активности и

начинот на кој се донесуваат одлуки за тие активности

Моќ

• Широко дефинирани

• Секој принос кој е варијабилен со оглед на

остварените перформанси на ентитетот.

Варијабилни приноси

• Да се испита дали инвеститорот има статус на агент

или принципал

Способност да се

влијае на приносите

Критичко професионално расудување

• Ретроспективна примена, со одредени олеснувањаПреодни одредби

34

Page 36: 10 Консолидирани - ИОРРМ

• Се бара широка проценка – бројни индикатори и

фактори треба да бидат разгледани

• Потребно е да се разгледа проценката во рамките на

МСС 27/ПКТ 12, кога се познати следниве фактори:

• Потенцијални гласачки права;

• Ентитети за посебна намена;

• De facto контрола;

• Различни страни кои имаат право на различни

активности;

• Поврзани страни

Клучни промени

Клучни точки

Критичко професионално расудување

35

Page 37: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Обелоденувања

Во консолидираните финансиски извештаи треба да се извршат

следниве обелоденувања:

1. Природата на односот помеѓу матичниот ентитет и подружницата,

кога матичниот ентитет не псоедува, директно или индиректно,

преку други подружници, повеќе од половина од гласачката моќ;

2. Причините поради кои поседувањето, директно или индиректно,

преку други подружници, повеќе од половина од гласачките права

или потенцијалната гласачка моќ врз ентитетот во кој има

инвестирано, не му обезбедуваат контрола над ентитетот;

3. Датумот на финансиските извештаи на подржницата кои се

користат за консолидација, така што доколку тој датум е различен

од датумот на консолидираните финансиски извешати, се

наведува причината за користење на различни датуми.

4. Ако се изгуби контролата над подружницата, матичниот ентитет

треба да ја обелодени загубата или добивката, доколку постојат.

Slide 36

Page 38: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Обелоденувања

Кога се составени единечни финансиски извештаи за матичниот

ентитет кој избрал да не составува консолидирани

финансиски извештаи, тогаш во единечните финансиски

извештаи треба да се обелодени следново:

Фактот дека станува збор за единечни финансиски извештаи,

дека е искористена можност за изземање од консолидација;

назив и земја на регистрација или седиште на чии

финансиски извештаи составени во согласност со МСФИ се

достапни за јавна употреба, како и адресата на која тие

финансиски извештаи може да се добијат.

Список на значајните инвеститори во подружниците и

придружните ентитети, вклучувајќи назив, земја, седиште,

процент на учество во сопственоста, и ако е различен,

процентот на гласачка моќ што се поседува, и;

Опис на методот што е користен за сметководствено

опфаќање на инвестицијата.

Slide 37

Page 39: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Примери за МСФИ 10

Page 40: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Производствен погон• Компанијата А се занимава со малопродажба и има намера

да направи диверзификација на своето работење.

Компанијата А се здружува со Производителот Б за да

основа Производен погон (ПП). А има 25% обични акции во

Производствениот погон.

• Производителот Б произведува исти производи како и ПП и

поседува 75% од обичните акции во ПП. Производителот Б

има намера да престане со сопственото производство во

својата фирма.

• Производителот Б е одговорен за управување и работа на

производствениот објект и за сите финансиски одлуки, како

и за испорака на технологија која е потребна за

производство на спомнатите производи во ПП во текот на

првите 5 години.

• Компанијата А има права кои го штитат нејзиното

вложување како што е право на вето на одредени значајни

активности (кои не претставуваат вообичаени редовни

активности на ПП)

• Компанијата А е согласна во текот на првите 5 години да го

откупи производството по пазарни цени, а добивката да се

дели пропорционално, 25% спрема 75% во корист на

Производителот Б.

• Компанијата А има петгодишна опција да ги откупи акциите

кои ги поседува Производителот Б што може да ја изврши во

износот на вложувањето на производителот Б зголемено за

износ на премија која се намалува во текот на 5-те години

согласно застарувањето на технологијата во ПП.

Производител

Б

Производствен

погон

Компанија A -

малопродажба

Page 41: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Акционери Моќ?

Варијабил

ен принос

на

вложување

то?

Способност

за влијание

на висината

на

приносот?

Компанија A

• 25% учество

• Договор за

набавка на

производи

• Опција за откуп

на удел на

лицето Б

Инвеститор Б

• 75% учество

• Контрола над

производните

активности

Разгледување за консолидација – Производствен погон

Кое лице го консолидира Производствениот погон?

Моќ над ентитетот?

Изложеност или право

на варијабилен

принос на учеството

во ентитетот?

Способност да се

користи моќта за да се

изврши влијание на

висината на

приносот?

Page 42: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Ветерница и Електрана

Инвеститор B

Ветреница и

електрана

Инвеститор A

Заеднички кредит

Банка A Банка B Банка C

Двајца инвеститори се согласни да

изградат ветерница и електрана.

Инвеститорот А ( производител на

енергија од алтернативни извори)

учествува со 30% од основачкиот

капитал, а Инвеститорот Б (

прифатен затворен инвестициски

фонд) учествува со останатите

70%.

Инвеститорите се договориле

финансирањето да биде преку

заеднички кредит, обезбеден од

три независни банки.

Инвеститорот А е одговорен за

управувањето и работата на

објектите и за сите финансиски

одлуки;

Инвеститорот Б има права кои го

штитат неговото вложување како

што е правото на вето врз

одредени активности.

Инвеститорот А е согласен за

откуп на целосното

производството.

Page 43: 10 Консолидирани - ИОРРМ

Сопственици на

учествотоМоќ?

Варијабилен

принос на

вложувањето

?

Способност

за влијание

на висината

на

приносот?

Инвеститор А

• 30% учество во

инвестицијата

• Договор за

набавка на

електрична

енергија

Инвеститор Б

• 70% учество

Банки кои го

обезбедуваат

заедничкиот

кредит

• Камата

Разгледувања за консолидација – Ветерница

Моќ над ентитетот?

Изложеност или право

на варијабилен

принос на учеството

во ентитетот?

Способност да се

користи моќта за да се

изврши влијание на

висината на

приносот?

Кое лице ги косолидира Ветерница и Електрана?