09-426-9-2019reshenija.dkzjn.gov.mk/attachments/09-426-9-2019.pdf2/23 6. Договорниот...

23
1/23 Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Кирил Каранфилов – претседател, Билјана Иванов – член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член и Ирена Шумкоски - член, врз основа на член 130 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот ПРОМЕДИКА“ ДООЕЛ Скопје наш број 09-426/1 од 13.06.2019 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.35-53/3 од 06.06.2019 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка бр.00388/2019 за набавка на стоки – eндопротези за колк, колено и рамо на договорниот орган ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје, врз основа на член 160 став (1) точка 4 и став (2), (3), (4), (5) и (6) од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019), на 39 -та Седница одржана на ден 02.07.2019 година донесе: Р Е Ш Е Н И Е Р Е Ш Е Н И Е Р Е Ш Е Н И Е Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата 1. Жалбата 1. Жалбата 1. Жалбата на жалителот „ПРОМЕДИКА“ ДООЕЛ Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.35-53/3 од 06.06.2019 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка бр.00388/2019 за набавка на стоки – eндопротези за колк, колено и рамо на договорниот орган ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје, СЕ УСВОЈУВА. СЕ УСВОЈУВА. СЕ УСВОЈУВА. СЕ УСВОЈУВА. 2. СЕ ПОНИШТУВА 2. СЕ ПОНИШТУВА 2. СЕ ПОНИШТУВА 2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.35-53/3 од 06.06.2019 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка бр.00388/2019 за набавка на стоки – eндопротези за колк, колено и рамо на договорниот орган ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување на и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување на и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување на и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување на договорниот орган. договорниот орган. договорниот орган. договорниот орган. 3. Се задолжува 3. Се задолжува 3. Се задолжува 3. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалителот, во износ од 250,00 денари на име административна такса и износ од 12.297,00 денари на име надомест за водење на жалбена постапка, во рок од 15 дена од денот нa доставување на решението. 4. Решението 4. Решението 4. Решението 4. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е е е е конечно по извршената достава конечно по извршената достава конечно по извршената достава конечно по извршената достава. 5. Сите странки 5. Сите странки 5. Сите странки 5. Сите странки се должни да ја почитуваат и да ја спроведат конечната одлука на Државната комисија.

Upload: others

Post on 25-Dec-2019

22 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

1/23

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Кирил Каранфилов – претседател, Билјана Иванов – член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член и Ирена Шумкоски - член, врз основа на член 130 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот ПРОМЕДИКА“ ДООЕЛ Скопје наш број 09-426/1 од 13.06.2019 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.35-53/3 од 06.06.2019 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка бр.00388/2019 за набавка на стоки – eндопротези за колк, колено и рамо на договорниот орган ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје, врз основа на член 160 став (1) точка 4 и став (2), (3), (4), (5) и (6) од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019), на 39-та Седница одржана на ден 02.07.2019 година донесе:

Р Е Ш Е Н И ЕР Е Ш Е Н И ЕР Е Ш Е Н И ЕР Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата1. Жалбата1. Жалбата1. Жалбата на жалителот „ПРОМЕДИКА“ ДООЕЛ Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.35-53/3 од 06.06.2019 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка бр.00388/2019 за набавка на стоки – eндопротези за колк, колено и рамо на договорниот орган ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје, СЕ УСВОЈУВА.СЕ УСВОЈУВА.СЕ УСВОЈУВА.СЕ УСВОЈУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА 2. СЕ ПОНИШТУВА 2. СЕ ПОНИШТУВА 2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.35-53/3 од 06.06.2019 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка бр.00388/2019 за набавка на стоки – eндопротези за колк, колено и рамо на договорниот орган ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување на и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување на и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување на и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување на

договорниот орган.договорниот орган.договорниот орган.договорниот орган.

3. Се задолжува3. Се задолжува3. Се задолжува3. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалителот, во износ од 250,00 денари на име административна такса и износ од 12.297,00 денари на име надомест за водење на жалбена постапка, во рок од 15 дена од денот нa доставување на решението.

4. Решението4. Решението4. Решението4. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е е е е

конечно по извршената доставаконечно по извршената доставаконечно по извршената доставаконечно по извршената достава. 5. Сите странки5. Сите странки5. Сите странки5. Сите странки се должни да ја почитуваат и да ја спроведат конечната

одлука на Државната комисија.

2/23

6. Договорниот орган6. Договорниот орган6. Договорниот орган6. Договорниот орган е должен да постапи согласно со одлуката на Државната комисија во рок од 30 дена од денот на приемот на одлуката, при што ги применува правното сфаќање и дадените забелешки на Државната комисија во одлуката.

О б р а з л о ж е н и еО б р а з л о ж е н и еО б р а з л о ж е н и еО б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ПРОМЕДИКА“ ДООЕЛ Скопје, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.35-53/3 од 06.06.2019 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка бр.00388/2019 за набавка на стоки – eндопротези за колк, колено и рамо на договорниот орган ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје, бидејќи смета дека договорниот орган сторил повреди на правилата на постапката, погрешно утврдил фактичка состојба и погрешно го применил материјалното право и предлага Државната комисија да ја уважи жалбата, да ја поништи постапката како и да го задолжи договорниот орган со трошоците на постапката.

Договорниот орган во одговорот на жалбата од 18.06.2019 година,

наведува дека жалбата е неоснована и предлага истата да биде одбиена. Постапувајќи по изјавената жалба, Државната комисија за жалби по

јавни набавки изврши увид во досието на постапката на Електронскиот систем за јавни набавки и врз основа на член 160 став (1) точка 4 и став (2), (3), (4), (5) и (6) од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен овластен овластен овластен

подносител.подносител.подносител.подносител.

Жалбата е основана.Жалбата е основана.Жалбата е основана.Жалбата е основана. Од увидот во списите на предметот, испитувајќи ги жалбата и жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба: Договорниот орган, спровел постапка за јавна набавка со Оглас за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка бр.00388/2019 за набавка на стоки – eндопротези за колк, колено и рамо, за што претходно била донесена Одлука за набавка на eндопротези за колк, колено и рамо бр. 35-53/1 од 30.04.2019 година. Постапката била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни

3/23

набавки, набавката била делива на 9 дела, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во електронска форма без спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за сериозност на понудата и гаранција за квалитетно извршување на договорот (5.00%). До крајниот рок за поднесување на понудите 30.05.2019 година во 9.00 часот, пристигнале вкупно 5 (пет) понуди, за што бил составен Записник од отворањето на понудите заведен од 30.05.2019 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила проверка на комплетноста и валидноста на понудите. Врз основа на Извештајот од спроведена постапка, Комисијата за јавни набавки дала предлог за најповолна понуда за деловите 1, 2, 3 и 4 да биде избрана понудата на „Кубис Медикал“ ДООЕЛ Скопје, за деловите 6 и 7 да биде избрана понудата на „Д-р Пановски “ АД Скопје, за дел 5 да биде избрана понудата на „Промедика“ ДООЕЛ Скопје и за деловите 8 и 9 да биде избрана понудата на „Синерџи медикал“ ДОО Скопје. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган по што била донесена Одлуката за избор на најповолна понуда бр.35-53/3 од 06.06.2019 година. Незадоволен од донесената одлука за избор на најповолна понуда, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „ПРОМЕДИКА“ ДООЕЛ Скопје. Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го утврди следното: Во жалбата жалителот наведува комисијата за јавни набавки при евалуација на понудите по отворена постапка за јавна набавка на Ендопротези за колк, колено и рамо заклучил дека понудата на економскиот оператор ПРОМЕДИКА не е во согласност со дефинираните технички карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка, барањата и условите од техничките спецификации, како и во однос на условите за извршување или функционални карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка наведени во тендерската документација, односно понудените производи не одговараат на бараните по спецификација и тоа за Дел 1, 2, 3 и 8 со образложение дадено во Известувањето за извршен избор на најповолен понудувач бр. 35-53/6 од 06.06.2019 година. Евидентни биле бројни пропусти на договорниот орган и од аспект на утврдување на содржината на тендерската документација и од аспект на евалуација на понудите. Имено, во тендерската

4/23

документација, во точката 2.5 Техничка и професионална способност договорниот орган наведува економскиот оператор за исполнување на минималните услови за техничка и професионална способност во однос на стоките што треба да се набават го докажува со мостри и каталози на производите кои се предмет на испорака, а чија веродостојност економскиот оператор е должен да ја потврди доколку тоа го побара договорниот орган. Истовремено, во делот II Техничка спецификација договорниот орган меѓу другото навел дека економскиот оператор за сите производи кои се предмет на набавка задолжително да достави мостри и каталози. Се поставувало прашањето дали мострите и каталозите се доказ за утврдување на соодветна техничка и професионална способност на економскиот оператор или за техничката спецификација за стоките кои се нудат. Исто така во техничката спецификација договорниот орган предвидувал Минимални услови за квалификација на економскиот оператор: „ 1. За дел 1, 2, 3, 5, 6, 7, 8 и 9: Понудувачот се обврзува да обезбеди соодветни инструменти на бесплатно користење во времетраење на тендерот или до комплетно искористување на тендерските количини, а по потреба да ги замени инструментите во случај на оштетување. 2. За дел 4: Понудувачот се обврзува да обезбеди вакуум машина за мешање на цементот и пиштол за аплицирање на цементот на бесплатно користење во времетраење на тендерот или до комплетно искористување на тендерските количини. 3. За дел 1, 2 и 6: Најмалку 15 годишно клиничко потврдено истражување (follow-up) за успешна прифатеност на имплантите. 4. За дел 1, 2, 3, 5, 6, 7, 8 и 9: Можност за замена на одредени димензии и бројки според потребите на нарачателот за сите позиции до крајно исцрпување на тендерските количини. 5. За дел 1, 2, 3, 5, 6, 7, 8 и 9: Понудувачот се обврзува да обезбеди соодветна едукација за хирурзите на барање на договорниот орган“. Согласно Законот за јавни набавки „Технички спецификации“ се: во случај на јавна набавка на стоки или услуги, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста; Наведените минимални услови за квалификација наведени во техничките спецификации не биле ниту карактеристики на производот, ниту користење на производот, ниту постапки за оценување на сообразноста на стоките кои се нудат. Како услови кои треба економскиот оператор да ги исполни со цел

5/23

потврдување на неговата способност за учество во постапката, во никој случај не смеат да се содржат во техничките спецификации, од причина што техничките спецификации се однесуваат на стоките- производите што се нудат, а не на операторите. Дали може да обезбеди вакуум машина за мешање на цементот и пиштол за аплицирање на цементот или дали ќе обезбеди соодветни инструменти на бесплатно користење во времетраење на тендерот или до комплетно искористување на тендерските количини, се во насока на утврдување на способност на економскиот оператор за извршување на договорот за јавна набавка, а не на производот што се нуди. Дополнително, при увидот во електронски прикачената документација се констатирало дека во документацијата од Комисијата за јавна набавка, Изјавата за непостоење на судир на интереси единствено била електронски потпишана од одговорното лице на договорниот орган и од Ѓорѓе Тошиќ како заменик претседател. Останатите членови на комисијата за јавни набавки и претседателот на комисијата за јавни набавки не доставиле електронски потпишана Изјава за непостоење на судир на интереси, додека пак Известувањето за извршен избор доставен до Промедика, Пановски Ад и Ел Медика кој бил потпишан од Јасмин Циривири во својство на претседател на комисијата за јавни набавки. Со ова договорниот орган постапил спротивно на членот 38 став 1 од Законот за јавни набавки во кој било наведено: Во постапката за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка (во натамошниот текст: комисијата), како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. Во понудата на економскиот оператор КУБИС МЕДИКАЛ констатирани биле следните неправилности: Изјавата по член 88 став 1 од Законот за јавни набавки не е валидна. Во самата изјава покрај економскиот оператор треба да се наведе или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него. Со ова договорниот орган постапил спротивно на членот 88 став 1 од Законот за јавни набавки. Истата електронски не била потпишана, туку на копија од некоја друга изјава бил ставен печат на друштвото, спротивно и на Закон за јавните набавки и на прописите за канцелариско работење. Не смеел да се стави отисок на печат на потпис во копија. Решенијата за ставање во промет на медицинското средство за дел 1, 2, 3 и 4 не биле обележани со редни броеви според спецификацијата за кои се однесуваат, што било спротивно на барањата наведени во техничката спецификација; Изјавата за сериозност на понудата не е е електронски потпишана од страна на одговорното лице; Образецот на понудата и спецификацијата со листа на цени не се електронски потпишани од страна на одговорното лице; Нема прикачено 15 годишно клиничко потврдено

6/23

истражување, кое се бара во техничките спецификации; Иако во тендерската документација пишува ‘’Во каталозите со технички карактеристики задолжително да бидат јасно обележени со фломастер маркер оние технички карактеристики на понудените стоки кои се барани во техничките спецификации на тендерската документација, и мострите да се обележат со редни броеви според спецификацијата.’’ од прикачениот каталог на производителот DePuy, J&J се гледа дека ниедна барана техничка карактеристика не е обележана како што се барало за Дел. 1/ставка 1 – никаде во каталогот не се обележани техничките карактеристики;Во техничката спецификација се бара надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm, понудени се производи со: ацетабуларна компонента со три отвори за шрафови со надворешен дијаметар од Ø48mm до Ø66mm и ацетабуларна компонента со повеќе отвори за шрафови со надворешен дијаметар од Ø38mm до Ø72mm, што значело дека понудените производи не го задоволуваат опсегот за надворешен дијаметар и создаваат конфузија. Ацетабуларна компонента со повеќе отвори за шрафови била достапна само со надворешен дијаметар од Ø38mm до Ø46mm, додека ацетабуларна компонента со три отвори за шрафови со надворешен дијаметар од Ø38mm до Ø46mm не постоела во портфолиото на избраниот понудувач; Во каталогот Дел 1.1+1,2+1,5_PINNACLE Product, истата електронски не била потпишана, туку на копија од некоја друга изјава бил ставен печат на друштвото, спротивно и на Закон за јавните набаваки и на прописите за канцелариско работење. Не смеело да се стави отисок на печат на потпис во копија. Решенијата за ставање во промет на медицинското средство за дел 1,2,3 и 4 не биле обележани со редни броеви според спецификацијата за кои се однесуваат, што било спротивно на барањата наведени во техничката спецификација; Изјавата за сериозност на понудата не била електронски потпишана од страна на одговорното лице; Образецот на понудата и спецификацијата со листа на цени не биле електронски потпишани од страна на одговорното лице; Немало прикачено 15 годишно клиничко потврдено истражување, кое се барале во техничките спецификации; Иако во тендерската документација пишувало ‘’Во каталозите со технички карактеристики задолжително да бидат јасно обележени со фломастер маркер оние технички карактеристики на понудените стоки кои се барани во техничките спецификации на тендерската документација, и мострите да се обележат со редни броеви според спецификацијата.’’ од прикачениот каталог на производителот DePuy, J&J се гледало дека ниедна барана техничка карактеристика не е обележана како што се бара; Дел. 1/ставка 1 – никаде во каталогот не се обележани техничките карактеристики; Во техничката спецификација се барал надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm, понудени биле производи со: ацетабуларна компонента со три отвори за шрафови со надворешен дијаметар од Ø48mm до Ø66mm и ацетабуларна

7/23

компонента со повеќе отвори за шрафови со надворешен дијаметар од Ø38mm до Ø72mm, што значело дека понудените производи не го задоволуваат опсегот за надворешен дијаметар и создаваат конфузија. Ацетабуларна компонента со повеќе отвори за шрафови била достапна само со надворешен дијаметар од Ø38mm до Ø46mm, додека ацетабуларна компонента со три отвори за шрафови со надворешен дијаметар од Ø38mm до Ø46mm не постоело во портфолиото на избраниот понудувач; Во каталогот Дел 1.1+1,2+1,5_PINNACLE Product во каталогот Дел 1.1+1.2+1.5_PINNACLE Product Code Catalogue не било јасно обележано за кои каталошки броеви се однесувала понудата. Понудените каталошки броеви во понудата одговарале само на стандардна/неутрална инклинација, не биле понудени каталошки броеви за 10° и 15° инклинација како што се бара во техничката спецификација. Наместо да биде наведено 1221-32-XXX бидејќи во техничката спецификација јасно се барал внатрешен дијаметар од Ø32mm, понудувачот навел 1221-ХХ-ХХХ (ХХ наместо 32) што оставало простор за сомнеж за манипулација; Опсегот за надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm не бил исполнет со понудените каталошки броеви, односно бараните надворешни дијаметри од Ø44mm и Ø46mm не постоеле во портфолиото на наведениот производител; Дел. 1/ставка 3 - никаде во каталогот не биле обележани техничките карактеристики на понудениот производ. Понудените каталошки броеви во понудата се погрешни и не одговараат со наведените во каталогот – Дел. 1.3-Corail Upgrade Kit ST, стр. 18 и 19; Дел. 1/ставка 4 - никаде во каталогот не биле обележани техничките карактеристики на понудениот производ. Опсегот за надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm не бил исполнет со понудените каталошки броеви, односно бараните надворешни дијаметри од Ø44mm, Ø46mm, Ø68mm, Ø70mm и Ø72mm не постоеле во портфолиото на наведениот производител за ацетабуларна компонента со три отвори за шрафови; Дел. 1/ставка 5 - никаде во каталогот не биле обележани техничките карактеристики на понудениот производ иако во тендерската документација пишува ‘’ Во каталозите со технички карактеристики задолжително да бидат јасно обележени со фломастер маркер оние технички карактеристики на понудените стоки кои биле барани во техничките спецификации на тендерската документација; Од ниту еден од прикачените каталози не можело да се потврди бараниот материјал од кој бил изработен инсертот (лајнерот) – UHMWPE (Ultra-high-molecular-weightpolyethylene); Во каталогот Дел 1.1+1.2+1.5_PINNACLE Product Code Catalogue не било јасно обележано за кои каталошки броеви се однесувала понудата, а наведените каталошки броеви во понудата не соодвествувале со каталошките броеви во оригиналниот каталог од производителот и со наведените во регистрационото решение; Дел. 1/ставки 6 и 7 - никаде во каталогот не биле обележани техничките карактеристики на понудениот производ; Дел. 2/ставки 1, 2 и 3 – никаде во каталогот не биле

8/23

обележани техничките карактеристики на понудениот производ; Во каталогот на понудувачот со назив Дел.2_PFC Sigma ordering codes, стр.2 маркираните кодови не биле предмет на набавка според техничката спецификација, што создава конфузија дали ги нуди или не; Дел. 2/ставка 3 - Од ниту еден од прикачените каталози не можело да се потврди бараниот материјал од кој е изработен тибијалниот инсерт (лајнерот) – UHMWPE (Ultra-high-molecular-weight-polyethylene); Дел. 3/ставки 1,2 и 3 - никаде во каталогот не биле обележани техничките карактеристики на понудениот производ; Дел.3/ставка 2 – наведените каталошки броеви во понудата не соодветствувале со маркираните во каталогот Дел.3_Attune Ordering Info; Дел.3/ставка 3 – наведените каталошки броеви во понудата не соодветствувале со маркираните во каталогот Дел.3_Attune Ordering Info. Во понудата на економскиот оператор СИНЕРЏИ МЕДИКАЛ се констатирале следните неправилности: Документите со кои се утврдувала личната способност на операторот биле нечитки, нејасни и веројатно подигнати во електронска форма; Изјавата за неосудуваност не била валидна, од причина што истата не била поднесена согласно со член 88 став 1. Изјавата била поднесена по закон кој не е во важност; Образецот на понудата и спецификацијата со листа на цени не биле електронски потпишани од страна на одговорното лице. Имале прикачено Изјава дека за дел 8 и 9 ќе обезбедат соодветни инструменти на бесплатно користење во времетраење на тендерот или до комплетно искористување на тендерските количини, а по потреба да ги замени инструментите во случај на оштетување, замена на одредени димензии и бројки според потребите на нарачателот за сите позиции до крајно исцрпување на тендерските количини и соодветна едукација за хирурзите на барање на договорниот орган која не била електронски потпишана и немале прикачено 15 годишно клиничко потврдено истражување, кое се барало во техничките спецификации; Во понудата на економскиот оператор Д-р ПАНОВСКИ АД биле констатирани следните неправилности: Изјавата по член 88 од Законот за јавни набавки не била валидна. Во самата изјава покрај економскиот оператор требало да се наведе или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него. Со ова договорниот орган постапил спротивно на членот 88 став 1 од Законот за јавни набавки. Во прикачените каталози економскиот оператор не ги обележал техничките карактеристики на понудените производи, како што било наведено под задолжително во самата техничка спецификација. Приложената техничката спецификација не била електронски потпишана. На овој начин договорниот орган сторил суштествена повреда на член 88, 92 и член 95 од Законот за јавните набавки, погрешно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил Законот за јавните набавки кога како прифатливи ги оценил понудите на горенаведените понудувачи. Од тие

9/23

причини предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки жалбата да ја уважи како основана, а постапката за јавна набавка да ја поништи во целост. Во одговорот на жалбата договорниот орган наведува дека по разгледувањето на овој одговор на жалба, предлагаат жалбата на ПРОМЕДИКА ДООЕЛ Скопје да биде одбиена во целост како неоснована. Евалуацијата на понудите била извршена исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка. При евалуција на понудите констатирано било дека понудите на понудувачите ПРОМЕДИКА ДООЕЛ Скопје, АД Д-Р ПАНОВСКИ Скопје и ЕЛ-МЕДИКА ДООЕЛ Тетово (EL-MEDIKA SHPKNJP Tetove) за одредени делови не биле во согласност со дефинираните технички карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка и условите од техничките спецификации, како и во однос на функционалните карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка наведени во тендерската документација односно понудените производи не одговарале на бараните по техничката спецификација. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган по проверка на комплетноста и валидноста на понудите составила Извештај за спроведена постапка заведен под број 00388/3 од 06.06.2019 година и донесена била Одлука број 35-53/3 од 06.06.2019 година за избор на најповолен понудувач при што се избрани понудите на понудувачите Акционерско друштво Д-Р ПАНОВСКИ Скопје, Друштво за производство, трговија и услуги СИНЕРЏИ МЕДИКАЛ ДОО Скопје, Друштво за трговија, производство и услуги ПРОМЕДИКА ДООЕЛ Скопје и Друштво за трговија и услуги КУБИС МЕДИКАЛ ДООЕЛ Скопје. Во жалбата, жалителот навел дека обжалената Одлука е незаконита од причина што договорниот орган сторил битни повреди на правилата на постапката, погрешно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Економскиот оператор ПРОМЕДИКА ДООЕЛ Скопје се слагал и немал забелешки на евалуацијата на понудите и дека нивната понуда не била во согласност со дефинираните технички карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка, барањата и условите од техничките спецификации, како и во однос на условите за извршување или функционални карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка наведени во тендерската документација, односно понудените производи не одговараат на бараните по спецификација и тоа за Дел 1, 2, 3 и 8 со образложение дадено во Известувањето за извршен избор на најповолен понудувач бр.35-53/6 од 06.06.2019 година. Навел дека биле евидентни се бројни пропусти на договорниот орган и од аспект на утврдување на содржината на тендерската документација и од аспект на евалуација на понудите што не било вистина. Точно било дека во тендерската документација, во точката 2.5 Техничка и професионална способност,

10/23

договорниот орган навел економскиот оператор за исполнување на минималните услови за техничка и професионална способност во однос на стоките што треба да се набават го докажува со мостри и каталози на производите кои се предмет на испорака, а чија веродостојност економскиот оператор бил должен да ја потврди доколку тоа го побара договорниот орган. Во делот II Техничка спецификација, договорниот орган само го објаснува начинот на доставата на мостри и каталози и тоа: „Економскиот оператор за сите производи кои се предмет на набавката задолжително треба да достави мостри и каталози во архивата на договорниот орган, во затворен пакет на кој се наведува: точна адреса на договорниот орган; бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај - мостри“ да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. Доколку пакетот не е затворен и обележан како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на истиот. Пакетите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни. Веднаш по завршување на постапката, а најдоцна во рок од 30 дена, понудувачите се должни да ги подигнат мострите кои ги доставиле а договорниот орган не ги употребил при евалуацијата. По истекот на овој рок или доколку во текот на евалуацијата мострите се употребени, договорниот орган нема никакви обврски за враќање на истите.“ Во тендерската документација во делот II. технички спецификации, договорниот орган никаде не навел „Минимални услови за квалификација на економскиот оператор“ како што тврди жалителот, што може да се утврди од тендерската документација објавена во огласот. Жалителот навел дека при увидот во електронски прикачената документација го костатирал следното: Во документацијата од Комисијата за јавна набавка, Изјавата за непостоење на судир на интереси единствено е електронски потпишана од одговорното лице на договорниот орган и од Ѓорѓе Стишиќ како заменик претседател. Останатите членови на комисијата за јавни набавки и претседателот на комисијата за јавни набавки не доставиле електронски потпишана Изјава за непостоење на судир на интереси, додека пак Известувањето за извршен избор доставен до Промедика, Пановски Ад и Ел Медика кој е потпишан од Јасмин Циривири во својство на претседател на комисијата за јавни набавки. Со ова договорниот орган постапил спротивно на членот 38 став 1 од Законот за јавни набавки во кој се вели дека: Во постапката за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка (во натамошниот текст: комисијата), како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. Наводите на жалителот биле невистинити, а Изјавата за непостоење на судир на интереси со

11/23

електронски потпис е потпишана од одговорното лице и заменикот на претседател на комисијата во електронска форма а во хартиена форма е потпишана своерачно од сите членови и заменици и заведена под број 35-53/2 на 30.05.2019 година во архивата на договорниот орган (скенирана во прилог и прикачена во дополнително прикачени документи) што е доказ дека договорниот орган не постапил спротивно на членот 38 став (1) од Законот за јавни набавки. Известувањата за извршен избор доставен до ПРОМЕДИКА ДООЕЛ Скопје, АД Д-Р ПАНОВСКИ Скопје и ЕЛ-МЕДИКА ДООЕЛ Тетово, биле потпишани со електронски потпис од заменикот на претседател на комисијата согласно Законот за јавните набавки (испратени преку ЕСЈН на 06.06.2019 година до понудувачите). Жалителот навел дека при увидот во понудата на економскиот оператор КУБИС МЕДИКАЛ ДООЕЛ Скопје ги констатирал следните неправилности: Изјавата по член 88 став 1 од Законот за јавни набавки не е валидна. Во самата изјава покрај економскиот оператор треба да се наведе или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него; Истата електронски не е потпишана, туку на копија од некоја друга изјава е ставен печат на друштвото, спротивно и на Закон за јавните набавки и на прописите за канцелариско работење. Не смее да се стави отисок на печат на потпис во копија. Наведеното било невистина. Изјавата била во согласност со член 88 став (1) од Законот за јавни набавки, своерачно потпишана од одговорното лице и потпишана со електронски потпис. Решенијата за ставање во промет на медицинското средство за дел 1,2,3 и 4 не биле обележани со редни броеви според спецификацијата за кои се однесуваат, што е спротивно на барањата наведени во техничката спецификација. Наведеното било невистина. Решенијата биле обележни со редни броеви според спецификацијата за кои се однесуваат и се доставени во 2 фолдера. Деловите за кои се однесуваат се јасно именувани и означени со редни броеви во насловот (името) на секој поединечен документ односно решение што беше доволно јасно и прегледно за тендерската комисија, односно: “Registracii_Del 1.1_Pinnacle”; “Registracii_Del 1.2_ALTRX”; “Registracii_Del 1.3_ Corail”; “Registracii_Del 1.4 + 1.5 +1.6+1.7_Duraloc + Marathon +Articuleze+ Screw”; “Registracii_Del 2_PFC Sigma koleno”; “Registracii_Del 3_Attune koleno” и “Registracii_Del 4.1+4.2_GMV Cement+Cemvac”. (Print screen од Изјавата во прилог). Изјавата за сериозност на понудата не била електронски потпишана од страна на одговорното лице. Наведеното било невистина. Изјавата за сериозност на понудата е електронски потпишана од страна на одговорното лице. Образецот на понудата и спецификацијата со листа на цени не биле електронски потпишани од страна на одговорното лице. Наведеното било невистина. Образецот на понудата и спецификацијата со листа на цени биле електронски потпишани од страна на одговорното лице.

12/23

Немало прикачено 15 годишно клиничко потврдено истражување, кое се бара во техничките спецификации. Наведеното било невистина. Прикачени биле во фолдер Kubis Medical_Katalozi_Del 1.zip Del 1.3_Corail_20 Years и Kubis Medical_Katalozi_Del 2.zip Del 2_PFC Sigma Knee System_25 Years) Можело да се провери на ЕСЈН. Иако во тендерската документација пишувало ‘’Во каталозите со технички карактеристики ЗАДОЛЖИТЕЛНО да бидат јасно обележени со фломастер маркер оние технички карактеристики на понудените стоки кои се барани во техничките спецификации на тендерската документација, и мострите да се обележат со редни броеви според спецификацијата.’’ од прикачениот каталог на производителот DePuy, J&J се гледа дека ниедна барана техничка карактеристика не е обележана како што се бара. Наведеното било невистина. Доставени биле каталози во 4 фолдери, поединечно за секој дел за кој има доставено понуда: Дел 1, 2, 3 и 4. Фолдерите се именувани според делот на понудата, а понатаму во секој фолдер се приложени каталози во pdf формат кои се јасно именувани и означени за кој дел и ставка од понудата се однесуваат. Содржината на приложените каталози кои се всушност кратки брошури за одреден и специфичен производ ги објаснуваат во целост бараните технички карактеристики на понудените стоки и самите по себе се доволно јасни и прегледни без одредено маркирање, што беше доволно јасно и прегледно за тендерската комисија да изврши евалуација на понудата. Дел. 1/ставка 1 – никаде во каталогот не биле обележани техничките карактеристики; Во техничката спецификација се бара надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm, понудени се производи со: ацетабуларна компонента со три отвори за шрафови со надворешен дијаметар од Ø48mm до Ø66mm и ацетабуларна компонента со повеќе отвори за шрафови со надворешен дијаметар од Ø38mm до Ø72mm, што значи дека понудените производи не го задоволуваат опсегот за надворешен дијаметар и создаваат конфузија. Ацетабуларна компонента со повеќе отвори за шрафови е достапна само со надворешен дијаметар од Ø38mm до Ø46mm, додека ацетабуларна компонента со три отвори за шрафови со надворешен дијаметар од Ø38mm до Ø46mm не постои во портфолиото на избраниот понудувач; Во каталогот Дел 1.1+1,2+1,5_PINNACLE Product Code Catalogue не е јасно обележано за кои каталошки броеви се однесува понудата. Наведеното било невистина. За Дел 1/ставка 1 покрај останатото се бара “Ацетабуларната компонента да биде со надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm, со три или повеќе отвори за шрафови”, на која според каталозите и понудата одговора на бараната спецификација со следното: Во приложениот каталог “Del 1.1_Pinnacle Cup System” на стр. 4, 5, 6 и 7 се опишани техничките карактеристики на понудениот производ, а на стр. 11 се опишани Pinnacle Bantam, sizes 38-46 mm, multi-hole (со повеќе отвори); Pinnacle Sector, sizes 48-66 mm, three screw holes (со три отвори); Pinnacle Multihole, sizes 48-72 mm (со

13/23

повеќе отвори). На овој начин понудениот опсег на димензии комбиниран од трите понудени ацетабулуми кои се од исто портфолио односно Pinnacle Acetabular Cup како што стои и во понудата одговара на бараниот надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm, со три или повеќе отвори за шрафови. Во приложениот каталог “Del 1.1+1.2+1.5_PINNACLE Product Code Catalogue” на стр. 3, означено со “Дел 1, ставка 1” се наведени горе споменатите модели според каталошки број за нарачка: Pinnacle Porocoat Multihole/Bantam и Pinnacle Porocoat Sector. Дел. 1/ставка 2 - никаде во каталогот не се обележани техничките карактеристики на понудениот производ иако во тендерската документација стои „Во каталозите со технички карактеристики ЗАДОЛЖИТЕЛНО да бидат јасно обележени со фломастер маркер оние технички карактеристики на понудените стоки кои се барани во техничките спецификации на тендерската документација“; Во техничката спецификација се бара полиетиленски инсерт (лајнер) од високомолекуларен крослинк полиетилен, а во понудата се наведува производ кој не е високомолекуларен крослинк полиетилен туку крослинк полиетилен како што е наведено во каталогот Дел. 1_Pinnacle Cup System, стр.8; Во каталогот Дел 1.1+1.2+1.5_PINNACLE Product Code Catalogue не биле јасно обележано за кои каталошки броеви се однесува понудата. Понудените каталошки броеви во понудата одговараат само на стандардна/неутрална инклинација, не се понудени каталошки броеви за 10° и 15° инклинација како што се бара во техничката спецификација. Наместо да биде наведено 1221-32-XXX бидејќи во техничката спецификација јасно се бара внатрешен дијаметар од Ø32mm, понудувачот навел 1221-ХХ-ХХХ (ХХ наместо 32) што остава простор за сомнеж за манипулација; Опсегот за надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm не е исполнет со понудените каталошки броеви, односно бараните надворешни дијаметри од Ø44mm и Ø46mm не постојат во портфолиото на наведиот производител; Невистина. За Дел 1/ставка 2 се бара “Полиетиленски инсерт (лајнер) од високомолекуларен крослинк полиетилен со стандардна, 10° и 15° на инклинација, со внатрешен дијаметар од Ø32mm и надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm” на која според приложените каталози и понудата одговора на бараната спецификација со следното: Во приложениот каталог “Del 1.2_ALTRX Liner” на стр. 2 и 3 е опишано: ALTRX Altra-linked Polyethylene Liner што е всушност производствено име за високомолекуларен крослинк полиетилен лајнер на производителот DePuy Synthes, Johnson & Johnson, USA кој е подобрена верзија и надоградба врз база на претходникот MARATHON Cross-linked liner, цитирано од каталогот: “ALTRX was built on the proven clinical heritage of MARATHON cross-linked polyethylene. Introduced in 1998, MARATHON was the first FDA-cleared cross-linked polyethylene in orthopaedics. ALTRX is an evolution in terms of raw material and manufacturing process, maintaining the clinical heritage and the foundation of MARATHON”. Во

14/23

приложениот каталог “Del 1.1+1.2+1.5_PINNACLE Product Code Catalogue” на стр. 4, означено со “Дел 1, ставка 2” се наведени горе споменатите модели според каталошки број за нарачка: ALTRX Altra-Linked Polyethylene Liner 32mm Inner Diameter. Дел. 1/ставка 3 - никаде во каталогот не биле обележани техничките карактеристики на понудениот производ. Понудените каталошки броеви во понудата се погрешни и не одговараат со наведените во каталогот – Дел. 1.3-Corail Upgrade Kit ST, стр. 18 и 19. Наведеното било невистина. За Дел 1/ставка 3 според приложените каталози и понудата одговора на бараната спецификација со следното: Во приложениот каталог “Del 1.3_Corail-Upgrade-Kit-ST” на стр. 5, 17 и 19 се опишани техничките карактеристики на понудениот производ CORAIL Cementless Hip System, додека на стр. 20 и 21 означено со “Дел 1, ставка 3” се означени каталошките броеви кои се наведени во понудата. Дел. 1/ставка 4 - никаде во каталогот не се обележани техничките карактеристики на понудениот производ. Опсегот за надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm не е исполнет со понудените каталошки броеви, односно бараните надворешни дијаметри од Ø44mm, Ø46mm, Ø68mm, Ø70mm и Ø72mm не постојат во портфолиото на наведиот производител за ацетабуларна компонента со три отвори за шрафови. Наведеното било невистина. За Дел 1/ставка 4 покрај останатото се бара “Ацетабуларната компонента да биде со надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm, со три или повеќе отвори за шрафови” за која според приложените каталози и понудата одговора на бараната спецификација со следното: Во приложениот каталог “Del 1.4+1.7_Duraloc_Acetab_Cup_Brochure” на стр. 2, 3, 4 и 5 се опишани техничките карактеристики на понудениот производ DURALOC Acetabular Cup, додека на стр. 6 се опишани: Duraloc Bantam Series Cup, 38mm through 46mm, dome screw holes (со повеќе отвори); Duraloc Sector Cup, available in sizes 48mm through 66mm, incorporates three screw holes in one quadrant (со три отвори); Duraloc 1200 Series Cup, available in sizes 48mm through 74mm, incorporates eight to 12 screw holes (со повеќе отвори). На овој начин понудениот опсег на димензии комбиниран од трите понудени ацетабулуми кои се од исто портфолио односно Duraloc Acetabular Cup како што стои и во понудата одговара на бараниот надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm, со три или повеќе отвори за шрафови. Каталошките броеви кои се наведени во понудата се наоѓаат на стр. 10 од истиот каталог, означено со “Дел 1, ставка 4”: Duraloc Bantam Series Cup, Duraloc Sector Cup и Duraloc 1200 Series Cup. Дел. 1/ставка 5 - никаде во каталогот не се обележани техничките карактеристики на понудениот производ иако во тендерската документација пишува ‘’Во каталозите со технички карактеристики ЗАДОЛЖИТЕЛНО да бидат јасно обележени со фломастер маркер оние технички карактеристики на понудените стоки кои се барани во техничките спецификации на тендерската документација; Од ниту еден од прикачените каталози не може да се потврди

15/23

бараниот материјал од кој е изработен инсертот (лајнерот) – UHMWPE (Ultra-high-molecular-weightpolyethylene); Во каталогот Дел 1.1+1.2+1.5_PINNACLE Product Code Catalogue не е јасно обележано за кои каталошки броеви се однесува понудата, а наведените каталошки броеви во понудата не соодвествувале со каталошките броеви во оригиналниот каталог од производителот и со наведените во регистрационото решение;. Наведеното било невистина. За Дел 1/ставка 5 се бара “Полиетиленски инсерт (лајнер) од UHMWPE (Ultra-high-molecular-weight-polyethylene) со 10° на инклинација, внатрешен дијаметар од Ø28mm и надворешен дијаметар од Ø44mm до Ø72mm” за која според приложените каталози и понудата одговора на бараната спецификација со следното: во приложениот каталог “Del 1.5_Marathon_Cross-Linked_Polyethylene” комплетно се опишани техничките карактеристики на понудениот полиетиленски лајнер кој во суштина е полиетиленски лајнер врз база на UHMWPE (Ultra-high-molecular-weight- polyethylene) и претставува нова и многу подобра генерација на крослинк полиетиленски лајнери, со што ја задоволува бараната спецификација. Во приложениот каталог “Del 1.1+1.2+1.5_PINNACLE Product Code Catalogue” на стр. 5, означено со “Дел 1, ставка 5” се наведени горе споменатите модели според каталошки број за нарачка: Marathon Cross-Linked Polyethylene 28mm liners. Дел. 1/ставки 6 и 7 - никаде во каталогот не се обележани техничките карактеристики на понудениот производ. Наведеното било невистина. За Дел 1/ставки 6 и 7 според приложените каталози и понудата одговора на бараната спецификација со следното: Во приложениот каталог “Del 1.6_Articuleze+Femoral Heads” техничките карактеристики и каталошките броеви за нарачка се опишани и означени на стр. 8, означено со “Дел 1, ставка 6”. Во приложениот каталог “Del 1.4+1.7_Duraloc_Acetab_Cup_Brochure” техничките карактеристики и каталошките броеви за нарачка на производот Cancellous Bone Screws се опишани и означени на стр. 11, означено со “Дел 1, ставка 7”. Дел. 2/ставки 1, 2 и 3 – никаде во каталогот не се обележани техничките карактеристики на понудениот производ; Во каталогот на понудувачотсо назив Дел.2_PFC Sigma ordering codes, стр.2 маркираните кодови не се предмет на набавка според техничката спецификација, што создава конфузија дали ги нуди или не; Дел. 2/ставка 3 - Од ниту еден од прикачените каталози не може да се потврди бараниот материјал од кој е изработен тибијалниот инсерт (лајнерот) – UHMWPE (Ultra-high-molecular-weight-polyethylene). Наведеното било невистина. За Дел 2/ставки 1, 2 и 3 според приложените каталози и понудата одговора на бараната спецификација со следното: Во приложениот каталог “Del 2_Sigma PFC_OR Reference Chart” на стр. 2 опишани се техничките карактеристики за: Феморалната компонента (ставка 1) односно димензиите за антеропостериорна (AP) и медиолатерална (ML) ориентација на оска AP/ML

16/23

(mm) од 53/57 до 74/78; Тибијалната компонента (ставка 2) односно димензиите за антеропостериорна (AP) и медиолатерална (ML) ориентација на оска AP/ML (mm) од 41/61 до 59/89; Тибијалниот инсерт (ставка 3) за Cruciate Retaining (Curved) опишани се дебелините, односно 6 дебелини и тоа 8, 10, 12.5, 15, 17.5 и 20 мм, како и за Posterior Stabilized (PS) 8 дебелини и тоа 8, 10, 12.5, 15, 17.5, 20, 22.5 и 25 мм. Во приложениот каталог “Del 2_PFC Sigma ordering codes” опишани и маркирани се каталошките броеви за нарачка на: Феморалната компонента (ставка 1) на стр. 1 означено со “Дел 2, ставка 1” и маркирано со жолто за 7 димензии: 1.5, 2, 2.5, 3, 4, 5 и 6 на Cruciate Retaining (CR), лева и десна феморална компонента и Posterior Stabilized (PS) лева и десна феморална компонента; Тибијалната компонента (ставка 2) на стр. 2 означено со “Дел 2, ставка 2” и маркирано со жолто за 7 димензии односно 1.5, 2, 2.5, 3, 4, 5 и 6; Тибијалниот инсерт (ставка 3), за Cruciate Retaining (Curved) на стр. 5 означено со “Дел 2, ставка 3” и маркирано со жолто за 7 димензии 1.5, 2, 2.5, 3, 4, 5 и 6, односно 6 дебелини: 8, 10, 12.5, 15, 17.5 и 20 мм и за Posterior Stabilized (PS) на стр. 6 означено со “Дел 2, ставка 3” и маркирано со жолто за 7 димензии 1.5, 2, 2.5, 3, 4, 5 и 6, односно 8 дебелини: 8, 10, 12.5, 15, 17.5, 20, 22.5 и 25 мм. Во приложениот каталог “Del 2_PFC Sigma Primary Knee System” опишана е комплетната оперативната техника и потребните инструменти за имплантација на PFC Sigma Primary Knee System. Дел. 3/ставки 1,2 и 3 - никаде во каталогот не се обележани техничките карактеристики на понудениот производ; Дел.3/ставка 2 – наведените каталошки броеви во понудата не соодветствуваат со маркираните во каталогот Дел.3_Attune Ordering Info; Дел.3/ставка 3 – наведените каталошки броеви во понудата не соодветствуваат со маркираните во каталогот Дел.3_Attune Ordering Info. Невистина. За Дел 3/ставки 1, 2 и 3 според приложените каталози и понудата одговора на бараната спецификација со следното: Во приложениот каталог “Del 3_Attune_OR Reference Chart” опишани се техничките карактеристики за: Феморалната компонента (ставка 1) односно димензиите за антеропостериорна (AP) и медиолатерална (ML) ориентација на оска AP/ML (mm) од 48/54 до 76/82, односно 14 различни големини (1, 2, 3, 3N, 4, 4N, 5, 5N, 6, 6N, 7, 8, 9 и 10) на стр. 2 и 5, како и материјалот од кој е изградена CoCr на стр. 4 и 9; Тибијалната компонента (ставка 2) односно димензиите за антеропостериорна (AP) и медиолатерална (ML) ориентација на оска AP/ML (mm) од 39/59 до 56/86, односно 10 различни големини (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10) на стр. 14, фиксна и мобилна платформа на стр. 14 и 18, материјалот од кој е изградена CoCr на стр. 17 и 22, како и можноста на спарување со тибијалниот инсерт во однос 1:1 и ± 2 големини на флексибилност на стр. 21; Тибијалниот инсерт (ставка 3) за фиксна и ротациона платформа опишани се 10 димензии (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10) како и материјалот од кој е изграден односно високомолекуларен антиоксидантен полиетилен, на стр.11 и 12 . Во приложениот каталог “Del 3_Attune Technology

17/23

Monograph” опишани се комплетните технички карактеристики за трите ставки: феморалната компонента (ставка 1), тибијалната компонента (ставка 2) и тибијалниот инсерт (ставка 3), односно комплетниот систем на Attune Knee System. Во приложениот каталог “Del 3_Attune Ordering Info” опишани и означени се каталошките броеви за нарачка на: Феморалната компонента (ставка 1), за 14 димензии (1, 2, 3, 3N, 4, 4N, 5, 5N, 6, 6N, 7, 8, 9 и 10) на Cruciate Retaining (CR) на стр. 2 означено со “Дел 3, ставка 1” за лева и десна феморална компонента и Posterior Stabilized (PS) на стр. 3 означено со “Дел 3, ставка 1” за лева и десна феморална компонента; Тибијалната компонента (ставка 2) на стр. 8 означено со “Дел 3, ставка 2” за 10 димензии (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10); Тибијалниот инсерт (ставка 3), за Cruciate Retaining на стр. 4 означено со “Дел 3, ставка 3” за 10 димензии (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10), односно 8 дебелини (5, 6, 7, 8, 10, 12, 14 и 16 мм) и за Posterior Stabilized (PS) на стр. 5 означено со “Дел 3, ставка 3” за 10 димензии (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10), односно 10 дебелини (5, 6, 7, 8, 10, 12, 14, 16, 18 и 20 мм). Жалителот навел дека при увидот во понудата на економскиот оператор СИНЕРЏИ МЕДИКАЛ ДОО Скопје ги констатирал следните неправилности: Документите со кои се утврдувала личната способност на операторот се нечитки, нејасни и веројатно подигнати во електронска форма; Наведеното било невистина. Доставен бил Документ за докажување на лична состојба_Пакет1.pdf Број:0817-50/150020190397471 од 31.05.2019 година. Изјавата за неосудуваност не била валидна, од причина што истата не е поднесена согласно со член 88 став 1. Изјавата е поднесена по закон кој не е во важност. Изјавата била прифатена од страна на комисијата но доколку е потребно согласно член 109 став (2) од Законот за јавни набавки, комисијата ќе побарала понудувачот да ги дополни документите, бидејќи не станува збор за значително отстапување од бараната документација. Образецот на понудата и спецификацијата со листа на цени не биле електронски потпишани од страна на одговорното лице. Наведеното било невистина. Образецот на понудата и спецификацијата со листа на цени се електронски потпишани од страна на одговорното лице. Имало прикачено Изјава дека за дел 8 и 9 ќе обезбеди соодветни инструменти на бесплатно користење во времетраење на тендерот или до комплетно искористување на тендерските количини, а по потреба да ги замени инструментите во случај на оштетување, замена на одредени димензии и бројки според потребите на нарачателот за сите позиции до крајно исцрпување на тендерските количини и соодветна едукација за хирурзите на барање на договорниот орган која не е електронски потпишана. Наведеното било невистина. Изјавата била потпишана од одговорното лице со електронски. Немале прикачено 15 годишно клиничко потврдено истражување, кое се бара во техничките спецификации; За деловите за кои понудувачот поднел понуда не е баран доказ за 15 годишно клиничко потврдено истражување. Жалителот наведува дека при увидот во понудата на

18/23

економскиот оператор АД Д-Р ПАНОВСКИ Скопје ги констатирал следните неправилности: Изјавата по член 88 од Законот за јавни набавки не е валидна. Во самата изјава покрај економскиот оператор треба да се наведе или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него. Со ова договорниот орган постапил спротивно на членот 88 став 1 од Законот за јавни набавки. Наведеното било невистина. Изјавата била во согласност со член 88 став (1) од Законот за јавни набавки, потпишана од одговорното лице со електронски потпис. Во прикачените каталози економскиот оператор не ги обележал техничките карактеристики на понудените производи, како што е наведено под задолжително во самата техничка спецификација. Наведеното било невистина. Прикачени биле во фолдер обележани каталози според тех.спец.rar. Приложената техничката спецификација не била електронски потпишана. Наведеното било невистина. Спецификацијата со листа на цени била електронски потпишана од страна на лице овластено од одговорното. Од горенаведеното образложение, се потврдувало дека жалбата е неоснована, односно во никој случај не постоеле битни повреди на правилата на постапката, погрешно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право, пропусти на договорниот орган и од аспект на утврдување на содржината на тендерската документација и од аспект на евалуација на понудите, ниту пак битни пропусти кои се однесуваат на евалуација на понудите или избор на неприфатлива понуда видно од Извештајот за спроведената постапка. Видно и од самата жалба, жалителот немал ниту основани факти за жалбените наводи кои ги извел. Земајќи го во предвид сето погоре наведено, можело да се дојде до заклучок дека единствена цел на жалителот е опструирање на работата на договорниот орган, и предлагаат на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја одбие жалбата на жалителот како неоснована. Во дополнувањето на жалбата жалителот наведува дека за сите делови за кои понудата на Промедика била отфрлена биле точно специфицирани на начин на којшто за нив одговараат само конкретни производи од избраните понудувачи и сите други конкурентски производи ќе бидат елиминирани. Комисијата сакајќи да ја прикрие тенденциозноста на спецификацијата и да прикаже соодветност и законитост на постапката, наведувала шпекулативни наводи кои задираат во интегритетот на жалителот. Не постоела можност во системот да не се видливи електронски потпишаните документи (ако како такви постојат), односно како што се тврди дека сите биле уредни и електронски потпишани. Принт скриновите на истите не биле веродостоен доказ во поткрепа на наводите на Комисијата, особено заради фактот што документите кои биле прикачени во системот се исто видливи за сите

19/23

учесници во постапката. Повторно Комисијата тврдела дека избраниот понудувач Кубис Медикал ја подготвил документацијата, односно каталозите во прилог на понудата на начин како што се барало во тендерската документација „Во каталозите со технички карактеристики задолжително да бидат јасно обележени со фломастер маркер оние технички карактеристики на понудените стоки кои се барани во техничките спецификации на тендерската документација". Заради поткрепа на наводите во жалбата на кои се уште остануваме во целост, побивајќи ги наводите на Комисијата за јавни набавки, повторно прикачуваат дел од каталозите од кои евидентно било дека понудувачот не обележал кои производи конкретно ги нуди. Остануваат во целост на наводите во жалбата поднесена на 13.06.2019 година. Согласно горенаведеното, остануваат на предлогот Државната комисија за жалби по јавни набавки жалбата да ја уважи како основана, а постапката за јавна набавка да ја поништи во целост. Во одговорот на дополнувањето на жалбата договорниот орган наведува дека во врска со тврдењето дека документите не биле електронски потпишани од страна на понудувачите, документите биле достапни на ЕСЈН и ДКЖЈН ќе ја утврдела нивната веродостојност. По однос на тврдењата на жалителот во дополнувањето на жалбата дека во понудата на економскиот оператор Кубис Медикал бараните технички карактеристики не биле обележани како што се барало, останувале во целост на одговорите поднесени во одговорот на жалбата, односно понудувачот Кубис Медикал доставил каталози во 4 фолдери, поединечно за секој дел за кој има доставено понуда: Дел 1, 2, 3 и 4. Фолдерите биле именувани според делот на понудата, а понатаму во секој фолдер се приложени каталози во pdf. формат кои биле јасно именувани и означени за кој дел и ставка од понудата се однесуваат. Содржината на приложените каталози кои биле всушност кратки брошури за одреден и специфичен производ ги објаснуваат во целост бараните технички карактеристики на понудените стоки и самите по себе биле доволно јасни и прегледни без одредено маркирање, што беше доволно јасно и прегледно за тендерската комисија да изврши евалуација на понудата. Истите биле поединечно и детално образложени по делови во одговорот на жалбата. Во спротивно и доколку имало потреба, комисијата ќе побарала од понудувачот дополнување и појаснување на тој дел од понудата. Истовремено посочуваат дека во периодот од 2011 до 2017 година, ЈЗУ Градска општа болница "8-ми Септември" Скопје набавката на стока за деловите кои сега ги нуди понудувачот "Кубис Медикал" од истиот производител DePuy Syntes, Johnson&Johnson, USA ги набавуваше од жалителот "Промедика" Скопје, кој за оваа постапка за дел 1, 2 и 3 понудил стоки со технички карактеристики кои не одговараат на бараните според техничките спецификации. По разгледувањето

20/23

на овој одговор на жалба, предлагаат жалбата на ПРОМЕДИКА ДООЕЛ Скопје да биде одбиена во целост како неоснована, односно жалителот нема ниту основани факти за жалбените наводи кои ги извел. Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, како и по службена должност согласно член 141 од Законот за јавните набавки, а врз основа на сите приложени докази во предметот и увидот во ЕСЈН за спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е основана. Државната комисија не ги прифати жалбените наводи на жалителот, бидејќи истиот не докажа дека договорниот орган навел точно определени димензии и карактеристики на производите со што се ограничува конкуренцијата и извршена е повреда на член 82 од Законот за јавните набавки. Државната комисија за жалби по јавни набавки со увидот во ЕСЈН ги прифати жалбените барања според кои во прикачените каталози кон понудите на дел од понудувачите не биле јасно одбележени со фломастер маркер оние технички карактеристики на понудените стоки барани во техничките спецификации на тендерската документација согласно барањата утврдени во техничката спецификации на тендерската документација за предметната јавна набавка. Државната комисија за жалби по јавни набавки од увидот во Електронскиот систем за јавни набавки, утврди дека документите се потпишани со валидни дигитални сертификати согласно со Законот за јавните набавки. Државната комисија за жалби по јавни набавки ги прифати жалбените наводи кои се однесуваат на клиничките студии кои се бараат во прилог на понудите согласно техничката спецификација на тендерската документација и смета дека договорниот орган не утврдил со сигурност кои од доставените документи претставуваат веродостојни клинички студии кај секој од понудувачите во постапката на евалуација на понудите. Исто така, основан е жалбениот навод во однос на тоа дека понудата на понудувачот Синерџи Медикал ДОО Скопје била евалуирана иако истиот имал доставено изјава која не е во согласност со член 88 од Законот за јавните набавки, кое нешто и самиот договорен орган го навел во одговорот на жалбата.

21/23

Согласно наведеното, Државната комисија одлучи согласно член 160 став 1, точка 4 да ја усвои жалбата, да ја поништи Одлуката за избор на најповолна понуда и да го врати предметот на повторно постапување и одлучување на договорниот орган. При повторното постапување, потребно е договорниот орган да ги земе во предвид сите погоре наведени забелешки на Државната комисија, да изврши повторна евалуација на понудите согласно барањата и условите на тендерската документација, при што неприфатливите нема да ги евалуира и потоа да донесе правилна и законита одлука. Согласно член 3 од Законот за јавните набавки „Уредувањето, развојот на системот на јавни набавки и неговото спроведување се темелат врз начелата на слободно движење на стоките, слобода за основање, слобода за обезбедување услуги, како и начелата на економичност, ефикасност, конкуренција помеѓу економските оператори, транспарентност, еднаков третман на економските оператори и сразмерност. При спроведувањето на јавните набавки договорниот орган е должен да ги почитува обврските за заштита на животната средина, социјалната политика и за заштита на трудот кои произлегуваат од прописите во Република Македонија, колективните договори и од меѓународните договори и конвенции ратификувани согласно со Уставот на Република Македонија.“ Согласно член 4 од Законот за јавните набавки „Договорниот орган ги спроведува јавните набавки на начин што ќе обезбеди економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства и успешно остварување на целите на своето работење, утврдени во согласност со прописите кои го уредуваат користењето на буџетските и другите јавни средства. Договорниот орган ги спроведува јавните набавки на начин што ќе обезбеди соодветен квалитет на предметот на набавка во однос на неговата намена и вредност. Договорниот орган ги спроведува јавните набавки во рок и на начин пропишани со овој закон и прописи донесени врз основа на овој закон, со минимални трошоци во постапката за јавна набавка.“ Согласно член 5 од Законот за јавните набавки „Во постапката за јавна набавка, договорниот орган не смее неоправдано да ја ограничува конкуренцијата помеѓу економските оператори. Договорниот орган ја спроведува постапката за јавна набавка согласно со прописите за заштита на конкуренцијата и не смее да ги ограничи потенцијалните понудувачи со избирање на видот на постапката или со нејзино спроведување спротивно на овој закон. Договорниот орган не смее да бара од понудувачот да ангажира одредени подизведувачи за извршување на договорот, ниту пак да бара од понудувачот да врши кои било други активности, како што е извоз на одредени

22/23

стоки или услуги.“ Согласно член 6 од Законот за јавните набавки „Договорниот орган ги реализира постапките за јавни набавки на транспарентен начин и во согласност со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Начелото на транспарентност се обезбедува со објавување на планот за јавни набавки, огласите и известувањата од овој закон, тендерската документација и договорот за јавна набавка, како и нивните измени и дополнувања.“ Согласно член 7 од Законот за јавните набавки „Договорниот орган обезбедува еднаков третман на економските оператори во сите фази од постапката за јавна набавка и во однос на сите елементи од понудата, земајќи го предвид заемното признавање и сразмерност на барањата во врска со предметот на набавка“. Согласно член 8 од Законот за јавните набавки „Постапката за јавна набавка се спроведува сразмерно на предметот на набавка, особено во однос на изборот, дефинирањето и примената на условите, барањата и критериумите, кои мора да се логички поврзани со предметот на набавка.“ Согласно член 82 став 1 од Законот за јавните набавки „Предметот на набавка се опишува на јасен, недвосмислен, целосен и неутрален начин кој ќе обезбеди споредливост на понудите во поглед на условите и барањата утврдени од договорниот орган.“ Согласно со член 95 став (8) точка (ј), во постапките за јавни набавки техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да се докаже во однос на стоките што треба да се набават со мостри, опис и/или фотографии на производи кои се предмет на испорака, а чија веродостојност економскиот оператор е должен да ја потврди доколку тоа го бара договорниот орган.

Согласно член 109 став (1), (2), (4), (6) и (7) на Законот за јавните набавки: „1.Кај отворената постапка и поедноставената отворена постапка, комисијата, пред да пристапи кон евалуација на понудите, ја проверува комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот. (2) При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната

23/23

документација. Комисијата не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања. (4) Никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се дозволат од страна на комисијата или од понудувачот. (6) Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира. (7) Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација. Согласно член 141 став (1) од Законот за јавните набавки: „(1) Во жалбената постапка Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност проверува дали се сторени битни повреди од ставот (2) на овој член.“. Со оглед на фактот што жалителот успеал во жалбената постапка, трошоците на постапката за правна заштита ќе му бидат вратени, согласно со член 166 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство:Упатство за правно средство:Упатство за правно средство:Упатство за правно средство: Согласно член 170 од Законот за јавните набавки и

член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-426/9 02.07.2019 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,ПРЕТСЕДАТЕЛ,ПРЕТСЕДАТЕЛ,ПРЕТСЕДАТЕЛ, Кирил КаранфиловКирил КаранфиловКирил КаранфиловКирил Каранфилов

Доставено до: - Архива, - Промедика ДООЕЛ Скопје - ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје