УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za ps za...Роковник за...

54
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЦЕНТАР ЗА ОБУКА УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ Скопје, септември 2018

Upload: others

Post on 20-Jul-2020

51 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

1

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

ЦЕНТАР ЗА ОБУКА

УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА

РЕФЕРЕНДУМ

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

Скопје, септември 2018

Page 2: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

Лектор: Елена Георгиевска

Печати: Polyesterday

Page 3: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАМИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

ЦЕНТАР ЗА ОБУКА

УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

Скопје, септември 2018

Page 4: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

4

Прирачникот за полициските службеници ја обработува улогата и надлежноста на полицијата во спроведување на референдум, задачите и постапувањето на полициските службеници при спроведување на референдум и соработката на полицијата со другите надлежни органи во обезбедување при спроведување на референдум.

ШТО Е РЕФЕРЕНДУМ ?

Референдум е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето за одделни прашања од надлежност на Собранието на Република Македонија, за прашања од надлежност на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, како и за други прашања од локално значење.1

Собранието на Република Македонија на 30.7.2018 година донесе

Одлука за распишување на референдум за консултирање на граѓаните на целата територија на Република Македонија.

На референдумот граѓаните ќе се изјаснат за прашањето:

1 Член 2 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните („Службен весник на Република Македонија“, број 81/2005);

Page 5: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

5

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“2

За начинот на спроведувањето на референдумот, Државната изборна комисија (во понатамошниот текст ДИК) на Република Македонија донесе Правилник за подготовка, организирање и спроведување на референдумот на државно ниво на 30.8.2018 година.3

Во согласност со Правилникот:

Полицијата го обезбедува гласачкото место.

По затворањето на гласачкото место, за време на сумирањето на резултатите, полицијата го обезбедува објектот и просторијата во која што е сместено гласачкото место и Избирачкиот одбор и ги отстранува сите неовластени лица од објектот.

Полицијата го обезбедува Избирачкиот одбор (во понатамошниот текст ИО) до предавање на записникот и изборниот материјал на Општинската изборна комисија, ако е тоа побарано од страна на ИО.

Поради наведеното се изготвува овој Прирачник за улогата на полицијата за време на спроведувањето на референдумот.

2 „Службен весник на Република Македонија“, број 140/2018;3 Регистерски број 12-1401/1 од 1.8.2018 година;

Page 6: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

6

ШТО Е ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ?

Обезбедувањето на процесот за спроведување на референдумот ги опфаќа надлежноста на полицијата, соработката на полицијата со другите надлежни органи и сите мерки и активности кои ги презема полицијата, во рамките на своите надлежности, поради остварување на безбедно гласање на референдум.

ЦЕЛИ НА ПРИРАЧНИКОТ

Основна цел на Прирачникот е полициските службеници да се запознаат со правните основи за обезбедување на референдумот, да ги разгледаат темите поврзани со улогата на полицијата во обезбедувањето на референдумот и по спроведената обука за обезбедување на референдумот во согласност со овој Прирачник да ги стекнат потребните компетенции за обезбедување на истиот.

За примена на овој Прирачник, потребно е да се спроведе обука за обезбедување на референдумот во согласност со Прирачникот.

По спроведувањето на обуката треба да се остварат подолу наведените очекувани резултати коишто ќе им овозможат на полициските службеници да се справат со оваа проблематика.

Page 7: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

7

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

Очекувани резултати се: � полициските службеници треба да ги знаат

своите должности и насоки за време на обезбедување, и можат да постапат во дадена ситуација;

� - полициските службеници треба да знаат со што и како се регулира начинот, условите и процедурите потребни за референдум;

� - полициските службеници треба да ја идентификуваат улогата и одговорностите на полицијата за време на референдумот, во смисла на очекувано полициско однесување;

� - полициските службеници треба да знаат кои субјекти се вклучени во референдумот и која им е улогата за време на овој процес;

� - полициските службеници треба да ги проценат заканите по безбедноста во текот на јавната пропаганда и во текот на гласањето,

� - полициските службеници треба да знаат, да препознаат прекршок и кривично дело сторено од страна на граѓаните за време на референдумот и да можат да се справат со истите;

� - полициските службеници треба да ги знаат полициските должности за време на референдумот и прописите коишто го регулираат спроведувањето на референдумот;

� - полициските службеници треба да постапуваат по однапред изготвен план и да знаат и да бидат способни оперативно да

Page 8: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

8

го покриваат гласачкото место и подрачјето коешто е релевантно за спроведување на референдумот.

ПРАВНИ ОСНОВИ НА ПРИРАЧНИКОТ: � Устав на Република Македонија; � Изборен законик („Службен весник на

Република Македонија“, број 40/06, 136/08, 44/2011 и 14/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 2017, 2017, 2018);

� Закон за полиција („Службен весник на Република Македонија“, број 114/06, број 6/09 и 145/12, 41/2014, 33/2015, 31/2016, 106/2016, 120/2016, 21/2018, 64/2018);

� Закон за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“, број 42/2014 - 190/2016 ...);

� Закон за јавни собири („Службен весник на Република Македонија“, број 152/2015);

� Закон за прекршоците против јавниот ред и мир („Службен весник на Република Македонија“, број 66/07, 152/2015);

� Закон за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните („Службен весник на Република Македонија“, број 81/2005);

� Правилник за подготовка, организирање и спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември 2018 година;

Page 9: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

9

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

� Правилник за начинот на вршење на полициските работи („Службен весник на Република Македонија“, број 149/07, 110/11, 117/14, 14/2017) членови од 78 до 82;

� Правилник за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите – февруари 2014 година4

� Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдум на државно ниво на 30 септември 2018 година.

� Заклучок – Правилник за постапување на полицијата за текот на референдумот во 2018 година од ДИК од 3.9.2018 година5

Горенаведените акти ја регулираат проблемати-ката на спроведување на референдумот, обезбе-дувањето на референдумот, надлежноста и овлас-тувањата на полицијата при што за полициските службеници од особено значење се одредбите коишто се однесуваат на улогата на полицијата во обезбедувањето на референдумот.

НАПОМЕНА:Во согласност со Заклучокот од ДИК од 3.9.2018година:

Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите бр. 07-210/4 од 19.2.2014 година ОСТАНУВА ВО СИЛА и ќе се применува за референдумот што ќе се одржува на 30.9.2018 година.4 Рег.бр. 07-210/4 од 19.2.2014 година5 Рег.бр. 08-1780/1 од 3.9.2018 година

Page 10: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

10

Од особена важност за полициските службеници е да го знаат значењето на поважните поими со коишто почесто се соочуваат во обезбедувањето на референдумскиот процес.

ОБЈАСНУВАЊЕ НА ПОВАЖНИТЕ ПОИМИ:

Избирачко место е населено место или дел од населено место каде што граѓаните од тоа подрачје кои имаат избирачко право (избирачи) го остваруваат своето избирачко право.

Гласачко место е определено место (просторија во објект) во кое се врши гласањето.

Изборни органи се органите надлежни за спроведување на изборите утврдени со Изборниот законик.

Избирачки одбор е изборен орган којшто е надлежен за спроведување на изборите за едно избирачко место на едно гласачко место.

Членови на изборен орган се претседателот, членовите и нивните заменици кои ги сочинуваат изборните органи и ги спроведуваат изборните дејства.

Page 11: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

11

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

Овластен предлагаче субјект којшто предлага распишување на референдум на државно ниво и го поднесува до претседателот на Собранието на Република Македонија.

Овластен претставник на предлагачоте лице и негов заменик определени од овластениот предлагач, кои ќе ја следат работата од распишувањето на референдумот на државно ниво сè до утврдувањето и објавувањето на резултатите (задолжително носат беџ издаден од соодветната ОИК).

Набљудувачи се претставници на:1. домашни здруженија и странски

организации кои се регистрирани во согласност со закон

2. меѓународни организации 3. странски земји

Приод на гласачко место е простор преку кој се пристапува кон гласачкото место.

Јавна пропаганда е јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на овластениот предлагач, јавно истакнување на плакати, видеопрезентации на јавни места, медиумско и интернет претставување и дистрибуирање на печатени материјали.

Page 12: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

12

СТРУКТУРА НА ПРИРАЧНИКОТ

Прирачникот е поделен во 4 (четири) тематски единици коишто одговараат на соодветните сегменти од проблематиката од обезбедувањето на референдумот.

Според тоа Прирачникот ги содржи следните

ТЕМАТСКИ ЕДИНИЦИ:

Тематска единица 1: Однесување и улога на полициските службеници во спроведување на референдумот

Тематска единица 2: Јавна пропаганда - обезбедување на јавни собири и други јавни настани поврзани со јавната пропаганда

Тематска единица 3: Безбедност на денот на гласањето (почеток и тек на гласање)

Тематска единица 4: Безбедност после гласањето (по затворање на гласачкото место, броење на гласачките ливчиња и обезбедување на гласачкиот материјал)

Page 13: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

13

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

Вовед:

Во овој Прирачник опфатени се конкретни информации за секој период од референдумот кои се корисни за полицаецот. Важно е да се наведе улогата и очекуваното однесување на полицајците при обезбедувањето. Ова не вклучува само полициски постапки, туку и полициски ставови. Впечатокот кој полицијата ќе го остави во овој важен процес може да има ефект врз ставовите и перцепцијата на гласачите, и чувствата на доверба и безбедност.

Page 14: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

14

ТЕМАТСКА ЕДИНИЦА 1

Однесување и улога на полициските службени-ци во спроведување на референдумот

При вршењето на полициската работа во спроведување на референдумот, потребно е полициските службеници:

� да имаат професионален изглед; � да имаат позитивен став; � да одржуваат атмосфера на пристапност; � да покажат дека се во служба на граѓаните; � да се однесуваат непристрасно; � полицискиот службеник има лична

одговорност за гарантирање безбедност при гласањето на референдум.

Напомена:Мешањето на личниот систем на вредности со законот може да има суштински негативни последици. Според тоа, полицискиот службеник мора да запомни дека неговите лични вредности или мислења, на ниеден начин не смеат да влијаат на неговите обврски за спроведување на законот. Полициските службеници мора да останат непристрасни, особено при обезбедувањето на процесот на спроведување на референдум, поради довербата на гласачот.

Page 15: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

15

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

КАЗНИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

утврдени во Изборниот законик, а коишто се однесуваат и се применуваат при гласање на референдум

Член 179-б став 3Глоба во износ од 600 до 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на физичко лице кое ја попречува и оневозможува изборната кампања (член 73).

Член 186Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на физичко лице кое врши уништување на изборни плакати или лепење плаката преку друга плаката на учесник во изборна кампања на места определени за нивно истакнување (член 78 став (1)).

Член 190став 2Глоба во износ од 450 до 1.500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на лице кое при гласањето користи мобилен телефон или апарат за сликање на гласачкото ливче;

став 3Глоба во износ од 300 до 750 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на лицето од членот 106 на овој законик, ако во времето и на местото на гласањето носи ознака или симбол на политичка партија или кандидат и ако за време на гласањето не носи беџ.

Page 16: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

16

Член 191став 1Глоба во износ од 750 до 2.250 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на физичко лице кое гласа за повеќе лица или гласа во име на друго лице, како и за спречување на присуство на полицијата, ако за тоа имало потреба (членови 102, 103, 111 и 112);став 2

Глоба во износ од 750 до 2.250 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на службено лице (полицаец), кое ќе ја злоупотреби својата службена положба и ќе предизвика неред на гласачкото место (член 1026).

Во согласност со членот 178-а од Изборниот законик, за прекршоците предвидени во Изборниот законик прекршочната постапка ја води и изрекува прекршочна санкција надлежен суд, а полициските службеници само констатираат прекршок со записник.

6 Член 102 од Изборниот законик;(1) Полицијата го обезбедува гласачкото место непрекинато почнувајќи од 06:00 часот па сè до 19:00 часот;(2) По затворањето на гласачкото место, за време на сумирањето на резултатите полицијата го обез бедува објектот и просторијата во која е сместено гласачкото место и Избирачкиот одбор и ги от-странува сите неовластени лица од објектот.(3) Полицијата го обезбедува избирачкиот одбор до предавање на записникот и изборниот материјал на Општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје, ако е тоа по-ба ра но од страна на Избирачкиот одбор.

Page 17: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

17

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

ТЕМАТСКА ЕДИНИЦА 2

Јавна пропаганда - обезбедување на јавни собири и други јавни настани поврзани со јавната пропаганда

ЈАВНА ПРОПАГАНДА � за референдумот овластениот предлагач може

да води јавна пропаганда на свој трошок; � за јавна пропаганда се смета јавно собирање

и други јавни настани организирани од страна на овластениот предлагач, јавно истакнување на плакати, видеопрезентации на јавни места, медиумско и интернет претставување и дистрибуирање на печатени материјали;

� јавната пропаганда за референдум започнува од денот на распишување на референдумот на државно ниво;

� јавната пропаганда за референдумот мора да заврши најдоцна 48 часа пред денот на

гласањето.

Вршењето на јавна пропаганда може да биде поврзано со нарушување на јавниот ред и мир, кое пак е регулирано со Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и Законот за јавни собири, поради што при обезбедувањето на јавни собири и други настани соодветно ќе се применуваат одредбите од наведените правни законски акти.

Page 18: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

18

Затоа ќе се осврнеме на некои одредби предвидени во нив:

Прекршок против јавниот ред и мир врши секој којшто со своето однесување или постапка го нарушува мирот, работата или вообичаениот начин на живеење на граѓаните, ја загрозува нивната безбедност или создава несигурност, го оневозможува непреченото движење на граѓаните на јавни места или го нарушува остварувањето на нивните права и обврски, ја попречува работата и извршувањето на надлежностите на државните органи, и други институции кои вршат јавни овластувања, или вршењето на дејностите на правните лица или на друг начин го нарушува јавниот ред и мир. (член 2 од Законот за прекршоци против

јавниот ред и мир број 66/07).

Јавни собири

Под поимот јавни собири се подразбира собирање на отворен или затворен простор на повеќе од 20 граѓани, поради остварување на забавни, културни, верски, хуманитарни, социјални, политички, економски, спортски или други слични интереси на граѓаните, сè со цел јавно да го изразат својот протест или мислење.

За одржување на редот на собирите се грижи

надлежниот орган за внатрешни работи.

Поради интересите на безбедноста и организаторот на друг јавен собир може да го извести Министерството за внатрешни работи за одржувањето на јавниот

Page 19: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

19

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

собир и мерките кои се преземени за неговото одржување.

Известувањето се поднесува најдоцна 48 часа пред одржувањето, до подрачната единица на Министерството за внатрешни работи на чие подрачје треба да се одржи јавниот собир. Организаторот треба да го наведе времето, местото и организаторот на собирот и сите мерки коишто ги презеле за непречено одвивање на собирот со податоци за организирањето и на редарската служба.

Организаторот може да побара, а Министерството за внатрешни работи, треба да одобри полицијата да го одржува редот и мирот, тогаш трошоците за тоа обезбедување ги сно си организаторот.

Организаторот е должен веднаш да го прекине одржувањето на јавниот собир ако дојде до загрозување на животот и здравјето на луѓето, безбедноста и личната сигурност на луѓето и имотот и веднаш за тоа да го извести Министерството за внатрешни работи.

Лицата кои присуствуваат на јавните собири не смеат да носат оружје, опасни орудија, како и алкохолни пијалаци и опојни дроги.

Министерството за внатрешни работи, ќе го прекине одржувањето на јавниот собир секогаш кога тој е насочен кон:

� загрозување на животот и здравјето, безбедноста, личната сигурност и имотот на граѓаните;

Page 20: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

20

� вршење или поттикнување на вршење кривични дела;

� загрозување на животната средина.

Организаторот е должен да ја надомести евентуално настанатата штета од одржувањето на собирот.

И странците можат да свикуваат и одржуваат јавен собир под услов да го пријават и да добијат одобрение од Министерството за внатрешни работи.

За непридржување кон овие одредби, правните лица, физичките лица како одговорно лице во правното лице (организаторот) ќе се казнат со парична казна.

УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ОДРЖУВАЊЕТО НА ЈАВНИ СОБИРИ

Полицијата соработува со организаторот на собирот, поради негово непречено одвивање и преземање на мерки за заштита на животот и личната сигурност и имотот на граѓаните, одржување на јавниот ред и мир и безбедноста на сообраќајот.

За секое обезбедување на јавни собири од страна на Министерството за внатрешни работи се изготвува план за обезбедување со конкретни елементи во согласност со Правилникот за работа на полицијата.

Доколку на митингот дојде до тешки нарушувања на животот и здравјето, безбедноста, личната сигурност на луѓето, одговорниот работник на обезбедувањето ќе побара од организаторот да го прекине неговото одржување и ќе ги повика граѓаните мирно да го напуштат местото на одржувањето на митингот.

Page 21: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

21

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

Во вршењето на својата работа полицијата презема мерки за насочување на движењето на присутните граѓани и нивно спречување да пристапат до определени простори или објекти, фаќање на нарушителите на јавниот ред и мир или сторителите на кривични дела и оддалечување на граѓаните од собирот.

За време на јавни собири-митинзи и демонстрации, полицајците треба:

� да ја знаат целта на митингот/демонстрацијата; � да одржуваат безбедно растојание за

набљудување на митингот/демонстрациите; � да се однесуваат професионално кога се во

контакт со толпа луѓе.

Законска регулатива којашто се применува при обезбедување на јавни собири поврзани со референдумот

� Закон за јавни собири; � Правилник за начинот на вршење на

полициските работи; � Правилник за подготовка, организирање и

спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември 2018 година.

Page 22: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

22

ТЕМАТСКА ЕДИНИЦА 3

Безбедност на денот на гласањето (почеток и тек на гласање)

Безбедноста на процесот на спроведувањето на референдумот полицијата ја остварува во соработка со изборните органи.

Поради тоа е потребно, полициските службеници да знаат кои субјекти се вклучени во овој процес и која е нивната улога. Органите, начинот, условите и процедурите за спроведување на референдумот и воопшто проблематиката што се однесува на овој процес (вклучително безбедноста) се регулирани со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, Изборниот законик, Правилникот за подготовка, организирање и спроведување референдум на државно ниво на 30 септември 2018 година (во понатамошниот текст Правилникот) и другите соодветни правни акти.

Според Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните и Изборниот законик, структурата на изборните органи коишто се одговорни за процесот на спроведување на референдумот е поставена на четири нивоа, односно тие органи се7:

� Државна изборна комисија (ДИК); � Општинска изборна комисија (ОИК);

7 Член 17 од Изборниот законик

Page 23: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

23

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

� Избирачки одбори (ИО) и избирачките одбори за гласање во дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија, односно конзуларните канцеларии.

1. Државната изборна комисија при подготовката, организирањето и спроведувањето на референдум на државно ниво, ги извршува работите наведени во членот 32 став 1 од Законот за референдум и работите наведени во член 31 од Изборниот законик.

2. Општинската изборна комисија при подготовката, организирањето и спроведувањето на референдум на државно ниво, ги извршува работите наведени во членот 33 од Законот за референдум и работите наведени во член 37 став 1 и 2 од Изборниот законик.

3. Избирачките одбори при подготовката, организирањето и спроведувањето на референдум на државно ниво, и избирачките одбори во дипломатско конзуларните претставништва и Извршниот одбор во Државната изборна комисија ги извршуваат работите наведени во членот 35 од Законот за референдум и работите наведени во членот 40 од Изборниот законик

4. Избирачките одбори за гласање во дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија, односно

Page 24: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

24

конзуларните канцеларии го спроведуваат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, а се составени од претседател и четири члена кои имаат свои заменици. Нивниот избор го врши ДИК.

Полициските службеници коишто се определени за обезбедување на конкретен објект со гласачко место, во обезбедувањето на процесот на спроведување на референдумот соработуваат со Избирачкиот одбор којшто е надлежен за спроведување на референдумот - гласањето во истиот објект, односно гласачко место.

Гласањето се обезбедува плански

Врз основа на направената безбедносна процена (анализа на ризик), полицијата ги обезбедува гласачките места според однапред изготвен план.

Според изготвениот План за обезбедување на процесот на спроведување на референдумот, обезбедувањето на гласачките места би можело да се изврши на повеќе начини во зависност од процената и планот. Со планот може да се предвиди оперативно и физичко обезбедување, надворешно и внатрешно обезбедување, стационирано и патролно обезбедување, а најчесто комбинација од неколку од наведените модалитети.

Во согласност со Планот за обезбедување се определува одговорен униформиран полициски

Page 25: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

25

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

службеник (раководен работник за обезбедување на едно или повеќе изборни места во зависност од безбедносната процена) и се определуваат задачите за секој полициски службеник којшто е вклучен во обезбедувањето на процесот на спроведување на референдумот.

Полициските службеници определени за обезбедување на гласачките места, се запознаваат со Планот за обезбедување на едно гласачко место и соодветниот објект за гласање, се распоредуваат на теренот и постапуваат во согласност со изготвениот План за обезбедување.

Page 26: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

26

Page 27: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

27

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

Должности на полицискиот службеник пред и во текот на гласањето

Полицијата непрекинато го обезбедува гласачкото место почнувајќи од 06:00 до 19:00 часот.

Обезбедувањето на гласачкото место може да се изврши со постојано присуство во близина на објектот во кој се врши гласањето или со повремено присуство ако во согласност со претходно изготвениот план одредени полициски службеници се определени патролно да обезбедуваат неколку гласачки места. Униформираните полициски службеници за време на обезбедување на денот на гласањето ќе ја носат редовната сина униформа, додека неуниформираните полициски службеници кои се директно вклучени со задача за обезбедување на избирачките и гласачките места, носат флуоресцентни елеци со ознака „полиција“.

За да се оствари тоа, полицискиот службеник кој од страна на неговиот претпоставен е определен како одговорен за обезбедување на одредено гласачко место е должен во наведеното време (06:00 часот) да биде присутен на гласачкото место, да се запознае со членовите на Избирачкиот одбор, и да размени телефонски броеви со претседателот и заменикот на претседателот на Избирачкиот одбор, поради одредена потреба и меѓусебна комуникација.

Доколку гласачкиот материјал бил обезбедуван од страна на полицијата потребно е полицијата да

Page 28: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

28

биде присутна и при отворањето на просторијата и констатирањето на комисијата дали гласачкиот материјал е во ред и дали просторијата е во таква состојба како што била оставена претходниот ден.

Пред започнувањето и во текот на самото гласање доколку се констатира дека во просториите, објектот или во негова непосредна близина има пропаганден материјал, Избирачкиот одбор во соработка со полицијата е должен да ги отстрани пропагандните материјали8.

За одржување на редот и мирот на гласачкото место, се грижи Избирачкиот одбор, и истиот може да отстрани лице ако истото го нарушува редот и мирот на гласачкото место.

Претседателот на Избирачкиот одбор, неговиот заменик или член на избирачкиот одбор (ако претходните двајца не се во можност) можат да побараат помош од страна на полицијата за воспоставување на ред на гласачкото место.

Полицијата по барање на претседателот или заменикот на претседателот на Избирачкиот одбор е должна да ги отстрани неовластено присутните лица во објектот и просторијата за гласање, како и неовластено присутните лица од објектот каде што се изведува гласањето во радиус од 100 метри.

Полицијата, по потреба, ќе отстрани агресивни, пијани или неовластени лица од гласачкото место кои одбиле да се оддалечат на барање на ИО.

8 Член 103 став 6 од Изборниот законик

Page 29: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

29

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

Полицијата може да го провери идентитетот на овластените претставници и набљудувачите иако носат соодветни беџови поради проверка на нивниот идентитет и овластување од ДИК, односно доколку се исполнети условите за проверка на идентитетот на лицата според законските прописи.

По повикувањето полицискиот службеник е должен да спречи нарушување на редот и мирот или извршување на кривични дела (предвидени во Кривичниот законик од член 158 до 165) на гласачкото место или во негова непосредна близина, а доколку веќе е извршено кривично дело должен е да го обезбеди местото на настанот и да ги собере сите релевантни факти за расветлување на стореното кривично дело.

Избирачкиот одбор може да го прекине гласањето, ако на гласачкото место се наруши редот сé додека тој не се воспостави.

Гласањето може да се прекине и во случај на временски непогоди или други вонредни околности.

Избирачкиот одбор ќе го прекине гласањето ако приодот до гласачкото место не го обезбедува полиција, а за тоа имало потреба или ако таа е повикана и не се одзвала на повикот.

Претседателот или заменикот на претседателот на Избирачкиот одбор може да ја повика полицијата во просторијата каде што се гласа доколку има потреба од тоа.

Page 30: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

30

Гласањето на гласачкото место можат да го прекинат само претседателот на Избирачкиот одбор или неговиот заменик кои се должни да бидат присутни (може и наизменично) во текот на целото гласање.

Државната, Градската, односно Општинската изборна комисија со решение го поништува гласањето на гласачкото место во следниве случаи, ако:

� гласањето било прекинато подолго од 3 часа; � полицијата не одговорила на барањето за

интервенција од страна на Избирачкиот одбор, а за тоа имало потреба и влијаело врз спроведувањето на гласањето на гласачкото место.

Полицискиот службеник нема право да го прекине гласањето.

Постапки на полицискиот службеник

Денот на гласањето за полицијата значи голем број потенцијални ризици и безбедносни ситуации. Полициските службеници треба да бидат свесни и да ги направат сите можни подготовки за да одговорат на следниве закани по безбедноста во овој период:

� обиди за спречување на слободата на движење до и од гласачките места, како, на пример, блокади;

� заплашување или малтретирање на гласачи;

Page 31: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

31

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

� закани упатени кон службениците кои го спроведуваат гласањето, претставниците, набљудувачите или медиумите;

� напад врз гласачи на гласачките места, штета и попречување;

� нелегално носење оружје на и околу гласачките места;

� кражба или оштетување на превозот на материјалите до гласачките места.

Ефективна имплементација на безбедносните мерки на гласачките места помага во обезбедувањето отвореност, слобода и интегритет при гласањето. Целите за обезбедување на гласачкото место треба да се стремат да го постигнат следново:

� слобода на движење до и од гласачките места; � заштита од вознемирувања, или брзо

реагирање на какви било вознемирувања во и околу гласачкото место, или обиди за прекинување на гласањето, на барање на Избирачкиот одбор;

� обезбедување на изборните материјали додека се во гласачкото место;

� спречување на заплашување на гласачите и службениците на гласањето во и околу гласачкото место;

� безбедност на гласачите на гласачкото место;

безбедност на службениците на гласањето, меѓународните и домашните набљудувачи, и

Page 32: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

32

официјално акредитираните посетители на гласачките места;

На денот на гласањето, гласачкото место мора да се обезбеди од страна на полицијата однадвор.

Присуството на полицијата ќе вклучува: � набљудување и преглед на околината на

одредена далечина; � контактирање со членовите на ИО во

гласачкото место и ставање до знаење на членовите за присуство на полицијата;

� полициските службеници, во ниеден случај не треба да го нарушуваат редот за гласање или гласачкиот процес.

При какво било вознемирување на гласачкото место, Избирачкиот одбор може да побара помош од полицијата. Како што е пропишано во законот, ИО се грижи за редот и мирот на гласачкото место. Ако не успеат во тоа и ако на ИО му треба помош, полицискиот службеник треба да преземе итна постапка за решавање на проблемот, одржување на редот и спречување на понатамошна ескалација.

Брзата реакција на полицискиот службеник при инцидент може да спречи помал инцидент да прерасне во поголем. Мало недоразбирање може да прерасне во голем неред ако не се спречи навреме од страна на полицискиот службеник.

Полицискиот службеник е присутен да го претставува Министерството за внатрешни

Page 33: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

33

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

работи и да асистира каде е потребно. Напорите на полицискиот службеник може да помогнат овој настан да успее. Исто така, претставува начин на кој граѓанинот може да развие позитивен став кон полицискиот службеник и полициската служба.

Полицискиот службеник мора да биде професионален во своето однесување и личен изглед. Јавните и меѓународните набљудувачи го градат своето мислење врз основа на нивните постапки и изглед.

Ова е веќе спомнато, сепак, оваа точка не може а да не се нагласи повторно. Каков било доказ или индикација дека полицискиот службеник покажува наклонетост кон една или друга опција, при конфликт, може да предизвика ескалирање на ситуацијата. Целта на полицискиот службеник е да обезбедува и помага во уредниот проток на гласачи во гласачкото место. Исто така, полицискиот службеник мора да ги третира сите луѓе еднакво. Сите, без разлика на статусот, треба да го добијат истиот третман и истата почит. Личното вмешување на полицискиот службеник ќе го наруши процесот и ќе доведе до потенцијално насилство.

Постапките на еден полициски службеник, ако се гледаат како неумерени или нефер, може да предизвикаат еден мал инцидент да прерасне во голем. Начинот на кој полицискиот службеник се справува со ситуацијата ќе се гледа од многу перспективи. Секое лице кое ја гледа реакцијата

Page 34: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

34

на полицискиот службеник на дадена ситуација си формира мислење за полицискиот службеник и службата. Исто така, постојат лица кои бараат можност да ја искористат секоја ситуација на претерување на штета на полицискиот службеник за да предизвикаат непријатности со цел гласањето да не успее.

Page 35: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

35

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

ТЕМАТСКА ЕДИНИЦА 4

Безбедност после гласањето

(затворање на гласачкото место, броење на гласачките ливчиња и обезбедување на гласачкиот материјал)

Времето при завршувањето на гласањето и непосредно по завршувањето на гласањето вообичаено е најтензичен период во целиот процес на спроведување на референдумот.

Поради ова и поради другите околности и недозволени однесувања и последици коишто вообичаено или често го придружуваат завршувањето на гласањето, овој период може да биде најризичен период од гласањето од аспект на нарушување на редот и создавање на турбуленции, избивање на демонстрации и нереди и манифестирање на поединечно или групно насилство.

Поради горенаведеното, при завршувањето на гласањето и после завршувањето на гласањето од полицијата се очекува да биде подготвена за потенцијални ризици и опасности по безбедноста. Во зависност од ситуацијата потребно е полицијата во оваа фаза да биде подготвена како во ситуација за можна ненајавена јавна манифестација. Имено, во оваа фаза може да постојат ризици кои што вклучуваат, нарушување на јавниот ред и мир, заплашување, вербални и физички закани или закани по живот. Полициските службеници треба

Page 36: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

36

да бидат свесни и да ги направат сите можни подготовки за да се спречат следниве потенцијални закани по безбедноста во овој период:

� собирање на групи пред избирачките одбори и комисии и попречување на нивната работа;

� обиди на поединци или групи да влезат во објектите на гласачките места;

� манифестирање на политички вигилантизам9 (тенденциозно подбуцнување) во близина на гласачките места;

� нарушување на јавниот ред и мир или обиди за нарушување на јавниот ред и мир внатре или во близина на гласачките места;

� напади на членовите на изборните комисии и избирачките одбори при влезот во конкретните региони;

� напади на теренските службеници на ОБСЕ, ОДИХР и други слични организации;

� напади врз канцелариите на политичките партии;

� кражба или обид за кражба на изборни материјали, како што се записници од гласање, пополнети изборни ливчиња и гласачки листи,

9 Политички вигилантизам е израз со кој се опишуваат активности на одредени граѓани кои поради чисто политички мотиви (се ставаат во заштита на одредени политички партии или претставници), свесно го прекршуваат законот, неовластено преземаат активности кои се полициски овластувања, а кои како последица најчесто имаат насилство кон наводните престапници, притоа загрозувајќи ја нивната слобода, телесниот интегритет и во краен случај и нивниот живот.

Page 37: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

37

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

гласачки кутии и печати, нереализирани гласачки ливчиња, извештаи, или кои било пополнети документи;

� насилни политички демонстрации кај гласачките места, политички канцеларии или јавни згради;

� блокади на патот за да се спречи транспорт на избирачкиот материјал;

� употреба на разно огнено оружје, пиротехнички средства или експлозив;

� физички обиди за прекинување на политички манифестации;

� напади на места на живеење на лица поддржувачи или противници на референдумот;

� појави на оштетување или уништување на изборен материјал од завршено гласање.

Од особено значење е полицијата којашто оперативно го обезбедува надворешниот периметар на гласачките места да ги препознае појавите на политички вигилантизам - самоволие и прекршување на законите од политички мотиви и побуди (тенденциозно подбуцнување) кај поединци и групи околу објектите на гласачките места, а полицијата којашто непосредно физички ги обезбедува избирачките места (доколку таков е предвиден со планот за обезбедување) навремено да ги забележат и препознаат ли цата и групите чијашто цел е насилничко однесување.

Page 38: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

38

Поради поефикасно спречување на нарушување на процесот на спроведување на референдумот, пожелно е полицијата, која оперативно го обезбедува надворешниот периметар на гласачките места, да има претходни информации и опис за политички насилници и други лица и групи наклонети кон политички вигилантизам (тенденциозно подбуцнување).

ЗАВРШУВАЊЕ НА ГЛАСАЊЕТО

Процедурата за завршување на гласањето е уредена во членот 101 од Изборниот законик, а процедурата за прекинување на гласањето е уредена во членот 104 од истиот Законик.

Гласањето започнува во 07:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот (член 101 став 2 од Изборниот законик). (Меѓутоа, доколку гласањето не започне на време или има какви било техничко-процедурални проблеми на почетокот на гласањето, униформираниот полициски службеник треба да ја нотира и подоцна да ја документира таа околност, но не треба да интервенира).

Во 19:00 часот гласачкото место се затвора, а на гласачите коишто се затекнале во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат (член 101 став 2 од ИЗ).

Избирачкиот одбор може да го затвори гласачкото место и пред 19,00 часот, по претходна согласност од надлежната Општинска изборна комисија, ако

Page 39: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

39

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

гласале сите избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список, но не започнува со броење на гласовите пред 19:00 часот (член 101 став 3 од Изборниот законик).

Ако гласањето е прекинато подолго од 1 час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од 3 часа (член 104 став 5 од Изборниот законик).

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО ПРИ ЗАВРШУВАЊЕТО НА ГЛАСАЊЕТО

Како што е наведено во членот 102 од Изборниот законик и како што е веќе цитирано во Тематската единица 3, објектот (и гласачкото место) во кој се изведува гласањето, полицијата го обезбедува непрекинато од 06:00 часот до 19:00 часот, иако со тоа не завршува обезбедувањето на процесот, бидејќи и по затворањето на гласачкото место, полицијата го обезбедува објектот и просторијата на гласачкото место, а ако е тоа побарано од страна на Избирачкиот одбор полицијата го обезбедува Избирачкиот одбор до предавање на записникот и изборниот материјал на надлежната изборна комисија.

Начинот на обезбедувањето на постгласачкиот процес (процесот на спроведување на референдумот при завршување на гласањето и после затворањето на гласачкото место) по правило е определен со Планот за обезбедување, а постапувањето на полициските службеници

Page 40: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

40

коишто непосредно го обезбедуваат процесот на спроведување на референдумот на едно гласачко место го насочува одговорниот полициски службеник во согласност со планот.

Соработката на полицијата со другите надлежни органи (особено избирачките одбори) во обезбедувањето на процесот на спроведување на референдумот е особено важна и најмногу доаѓа до израз на крајот на процесот (односно при крајот од гласањето и по завршувањето на гласањето). Полицијата најмногу контактира со Избирачкиот одбор. Додека Избирачкиот одбор се грижи за редот и мирот на гласачкото место, полицијата треба да е достапна и подготвена да му помогне на ИО, ако тоа е побарано од нив.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ

ПО ЗАТВОРАЊЕТО НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО

Во Изборниот законик и другите акти е дефинирана надлежноста и улогата на полицијата по затворањето на гласачкото место.

По затворањето на гласачкото место, за време на сумирањето на резултатите полицијата го обезбедува објектот и просторијата во која е сместено гласачкото место и Избирачкиот одбор и ги отстранува сите неовластени лица од објектот.

„Полицијата, по затворањето на гласачкото место, ги отстранува сите неовластени лица од гласачкото

Page 41: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

41

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

место и од објектот каде што е сместено гласачкото место“.

За овластени лица на гласачкото место се сметаат: � членовите на Избирачкиот одбор; � членовите на Општинската изборна комисија; � членовите на Државната изборна комисија; � овластените претставници на предлагачот; � акредитираните домашни и странски

набљудувачи; � акредитираните домашни и странски новинари

и медиуми.

Од наведените правни одредби, произлегуваат конкретните задачи и активности на полицијата.

Имено, според наведените одредби, откако Избирачкиот одбор ќе прогласи крај на гласањето во 19:00 часот (или подоцна, доколку поради оправдани причини е продолжен рокот), гласачкото место се затвора и полицијата треба да ги отстрани сите неовластени лица од објектот, при што во објектот - на приодите кон гласачкото место можат да останат полициските службеници (ако е потребно), а внатре во гласачкото место остануваат (односно можат да останат) САМО членовите на Избирачкиот одбор, овластените претставници на предлагачот и овластените (акредитираните) набљудувачи.

Сите неовластени лица треба да бидат надвор од објектот во којшто е сместено гласачкото место, а

Page 42: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

42

полициските службеници треба да бидат надвор од гласачкото место.

Тогаш гласачкото место ќе биде подготвено за да почне броењето.

Потоа, полицијата продолжува со обезбедувањето на објектот и просторијата во која е сместено гласачкото место и Избирачкиот одбор додека трае сумирањето на резултатите, и спречува пристап на лица без овластување, но не присуствува на броењето на гласовите.

По затворањето на гласачкото место полициските службеници можат да го проверат идентитетот на овластените претставници на предлагачот, иако носат соодветни беџови поради проверка на нивниот идентитет и овластување доколку се исполнети условите за проверка на идентитетот во согласност со прописите (Закон за полиција).

БЕЗБЕДНО ПРЕДАВАЊЕ НА ЗАПИСНИКОТ И ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ

НА НАДЛЕЖНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Полицијата го обезбедува Избирачкиот одбор до предавање на записникот и изборниот материјал на Општинската изборна комисија, ако е тоа побарано од страна на Избирачкиот одбор.

Во согласност со законските одредби, изборниот материјал до Општинската изборна комисија го доставува претседателот на Избирачкиот

Page 43: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

43

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

одбор во придружба на заинтересирани членови на Избирачкиот одбор, или претставници на предлагачот и претставници од полицијата, ако за тоа има потреба.

При завршувањето на гласањето и по затворањето на гласачкото место полицијата го обезбедува гласачкото место и Избирачкиот одбор до предавањето на записникот и гласачкиот материјал на општинските изборни комисии (и Изборната комисија за Скопје), ако е тоа побарано од страна на Избирачкиот одбор.

МОЖНИ ЗАКАНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ПРОЦЕСОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ

НА РЕФЕРЕНДУМ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ГЛАСАЊЕТО

По затворањето на гласачкото место, има разни задачи што ќе треба да се направат, а некои од нив може да вклучуваат потенцијални закани. Гласачките ливчиња мора да бидат сортирани, изборниот материјал треба да биде безбедно транспортиран и резултатите да бидат објавени.

Полициските службеници мора да бидат свесни и подготвени да се справат со следниве можни закани за безбедноста во овој период:

� напади при процесот на броење; � насилни прославувања; � закани по безбедноста на лица поддржувачи

или противници на референдумот;

Page 44: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

44

� противнапад или одмазда; � напади на транспортот на материјалите од

избирачките одбори до надлежните локални изборни комисии и ДИК;

� негативни реакции на резултатите од референдумот.

ПОСТАПУВАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО СЛУЧАЈ НА НАРУШУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ПО ГЛАСАЊЕТО ИЛИ ДРУГИ ИНЦИДЕНТИ

Во случај на инцидент при затворањето на гласачкото место или после тоа определените полициски службеници, веднаш треба го известат полицискиот штаб за точната ситуација во гласачкото место и во зависност од безбедносната ситуација и процена да се побара засилување и опрема којашто е неопходна.

Доколку е извршено казниво дело во објектот за гласање (и во врска со гласањето), полициските службеници кои што се надлежни за обезбедување на објектот треба да ги лишат од слобода сторителите, доколку тоа може да го сторат безбедно и без опасност за јавноста.

Ако има сериозно повредени лица, неопходно е да им се укаже прва помош. Определените полициски службеници да го известат претседателот или заменикот на претседателот на Избирачкиот одбор да ги суспендира сите активности во врска

Page 45: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

45

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

со затворањето на гласачкото место, особено да го сторнира сумирањето на резултатите и да запази статус кво во гласачкото место.

Полициските службеници да воспостават и обезбедат соодветен надворешен периметар за „местото на настанот“, а со цел да се спречи пристап на неовластени лица, а во воспоставениот периметар да се запази непроменета состојба. Определените полициски службеници не треба да дозволат сведоците да го напуштат местото на настанот пред да се утврди нивниот идентитет (иако можеби ја извршиле својата гласачка обврска пред инцидентот), но притоа сведоците не треба да се трауматизираат. Добиените информации од сведоците и за нив во најкус можен рок треба да се проследат до надлежната полициска единица.

По завршувањето на службените дејства, мерките и активностите за расчистување на инцидентот, определените полициски службеници и Избирачкиот одбор треба (доколку е можно) да воспостават редовна состојба на гласачкото место поради сумирање на резултатите и безбеден превоз на овластените лица, записникот и изборниот материјал до надлежните органи.

Page 46: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

46

РЕЗИМЕ

Овој Прирачник ги опфаќа одговорностите и должностите на полицискиот службеник пред, за време и по процесот на спроведување на референдумот, со нагласок врз обезбедување на гласачкото место на денот на гласањето. Една од основните полициски функции е гарантирање безбедност на граѓаните и слобода на собирање, изразување и други права кои се неопходни за спроведување на референдумот. Оваа задача се изведува за време на целиот процес и не значи само чување на гласачките места, туку и слободно изразување на гласот на денот на референдумот.

КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ИЗБОРИТЕ И ГЛАСАЊЕТО - Кривичен законик на Република Македонија

Спречување на избори и гласање

Член 158(1) Тој што со употреба на сила, сериозна закана

или на друг начин оневозможува или спречува одржување на избори или гласање или го оневозможува или спречува утврдувањето или објавувањето на резултатите од гласањето, ќе се казни со затвор од најмалку три години.

(2) Тој што ќе го стори делото од став 1 со употреба на оружје, експлозивни или други опасни направи, со примена на насилство спрема две или повеќе лица или во организирана

Page 47: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

47

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

група, или на подрачјето на две или повеќе избирачки места, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Повреда на избирачкото право

Член 159

(1) Член на изборен орган или друго службено лице кое во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, со намера да му оневозможи на друг вршење на избирачко право, противзаконито не ќе го запише во избирачки список или во листа на кандидати или ќе го избрише од избирачки список или од листа на кандидати или на друг начин ќе го лиши избирачот од правото да избира, да биде избран или да гласа, ќе се казни со затвор од најмалку три години.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и член на избирачки одбор, изборна комисија или одбор за спроведување референдум или друго службено лице кое во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, на противзаконит начин ќе му овозможи на друг да користи избирачко право, иако знае дека тоа лице нема такво право.

Page 48: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

48

Повреда на слободата на определување на избирачите

Член 160(1) Тој што со употреба на сила, сериозна закана,

измама или на друг начин ќе спречи или ќе присили друг, да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор од најмалку три години.

(2) Ако делото од став 1 го стори член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Злоупотреба на избирачкото право

Член 161(1) Тој што на избори или гласање ќе гласа наместо

друг или ќе гласа повеќе од еднаш, ќе се казни со затвор од најмалку три години.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што ќе земе учество на изборите или гласањето, иако знае дека нема избирачко право.

Поткуп при избори и гласање

Член 162(1) Тој што на лице со избирачко право му нуди,

дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го

Page 49: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

49

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и лице со избирачко право кое ќе бара за себе подарок или друга корист или ќе прими подарок или друга корист, за да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право.

(3) Ако користа е од помала вредност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Повреда на тајноста на гласањето

Член 163(1) Тој што при избори или при гласање ќе ја

повреди тајноста, ќе се казни со затвор од најмалку три години.

(2) Ако делото од став 1 го стори член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што со употреба на сила, сериозна закана, искористување на службена, работна или економска зависност и на друг начин, ќе издејствува од друг да каже дали гласал или како гласал.

Page 50: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

50

Уништување на изборни материјали

Член 164(1) Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи

или на друг начин ќе стори да биде неупотреблива исправа, книга или спис што служи за изборите или гласањето, ќе се казни со затвор од најмалку три години.

(2) Ако делото од став 1 го стори член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

(3) Ако делото е сторено од група, со употреба на оружје или насилство, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Изборна измама

Член 165Член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето што при изборите или гласањето, ќе го измени бројот на дадените гласови со додавање или одземање на едно или повеќе гласачки ливчиња или ќе го измени бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на резултатите од изборите или гласањето со додавање или одземање на еден или повеќе гласови, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Page 51: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

51

Улогата на полицијата во спроведување на референдум

Напомена:

Во согласност со членот 178 од Изборниот законик за кривичните дела: спречување на изборите и гласањето; за повреда и злоупотреба на избирачкото право; за повреда на слободата на определувањето на избирачите; за поткуп при изборите и гласањето; за уништување на изборните исправи, за постапување спротивно на членот 8-а од овој Законик и за извршена изборна измама, сторителот ќе се казни според одредбите на Кривичниот законик.

Обидот на кривичните дела од став 1 на овој член е казнив.

За кривичните дела од став 1 на овој член постапката е итна.

Page 52: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ОБРАЗЕЦ во врска со потребата од повикување на полиција од Избирачкиот

одбор и постапувањето на полицијата на гласачкото место _______ на денот на гласањето ___________ 2018 година

Избирачкиот одбор на гласачкото место _________________________ на Општинската изборна комисија ____________________________________________ на ____________ 2018 година, во ____________ часот, утврди и ја повика полицијата за воспоставување ред на гласачкото место поради:

________________________________________________________________

________________________________________________________________

________________________________________________________________

________________________________________________________________

______________________________________(се наведуваат причините за потребата од повикување на полицијата)

Избирачкиот одбор веднаш по воспоставувањето на редот на гласачкото место во ___________ часот, го пополнува и го потпишува образецот, при што еден примерок останува кај Избирачкиот одбор, а еден примерок од образецот се предава на овластеното лице на полицијата.

ПРЕТСЕДАТЕЛна Избирачки одбор

_____________________________

ЗАМЕНИК –ПРЕТСЕДАТЕЛна Избирачки одбор

_____________________________

(име и презиме)

(име и презиме)

(име и презиме)

ПРИМИЛМинистерство за внатрешни работи Овластено службено лице

____________________________

Република Македонија Државна изборна комисија

Членови на Избирачки одбор:

1. ________________________

2. ________________________

Page 53: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна
Page 54: УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО … za PS za...Роковник за извршување на дејствата за спроведување на референдумна

ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

56