Основни информации -...

22

Upload: others

Post on 25-Dec-2019

30 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување
Page 2: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

SEEDLING (СЕЕДЛИНГ)Претставување на Целите на ОН за

одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

Програма за мали грантови

Повик за доставување предлог-проекти

Октомври 2017 г.Република Македонија #

Page 3: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

РЕЗИМЕДонатор: Австриска агенција за развој (АДА), преку Австриска меѓународна

соработка за развој (АДЦ).Спроведувач: Регионален центар за животна средина за Централна и Источна

Европа (РЕЦ)Тема: Спроведување на Целите на ОН за одржлив развој во

училишта во ЈИЕ (СЕЕДЛИНГ)Вкупен достапен износ за сите земји кориснички:

200.000 ЕУР за целиот регион (Албаниа, БиХ, Коссово*1, Македонија, Србија и Црна Гора)

Максимален износ за грант:

до 7.000 ЕУР

Број на грантови во Македонија

5 (пет)

Целна група: Граѓанските организации (ГО) од Југоисточна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*1, Македонија, Црна Гора, Србија), активни во областа на образованието и одржливиот развој, а преку нив и општите и стручните средни училишта во регионот.

Цел: Зголемување на свеста за Целите на ОН за одржлив развој кај учениците и наставниците во општите и стручните средни училишта и развој на нивните капацитети за создавање „зелени работни места“ преку практични примери.

Процес за избор: Процесот за избор ги опфаќа следните чекори и рокови: Информативна средба за сите ГО ќе се одржи во

Канцеларијата на РЕЦ во Македонија на 31 октомври 2017 год. (вторник). Точното место и време на одржување на настанот ќе биде дополнително објавен на ВЕБ страна.

Рок за доставување предлог-проект: 30 ноември 2017 г. Средба за оценување на предлог-проекти: 11 декември 2017 г. Конечна одлука: 15 декември 2017 г. Средба на добитниците: 20 декември 2017 г.

Временска рамка за проектите:

Проектите ќе имаат времетраење од 6 месеци, од 1 јануари 2018 - 30 јуни 2018 г.

Содржина

1 Основни информации.................................................................................6

1 Оваа ознака не го прејудицира статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244 и со мислењето на Меѓународниот суд на правдата за Декларацијата за независност на Косово.

Page 4: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

1.1 Општа и конкретни цели на Програмата за мали грантови..............62 Услови на Програмата за мали грантови..................................................7

2.1 Вовед......................................................................................................72.2 Цели на програмата..............................................................................72.3 Добитници на грантови........................................................................92.4 Географски опфат.................................................................................92.5 Финансиски услови / износ на националните грантови.....................92.6 ОПИС НА ПРОЦЕСОТ НА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ...............................9

2.6.1 Административна постапка.........................................................92.6.2 Теми на предлог-проектите.......................................................102.6.3 Времетраење на проектот.........................................................102.6.4 Квалификуваност.......................................................................112.6.5 Соработка и партнерства...........................................................11

2.7 ПОСЕБНИ УСЛОВИ НА ПРОГРАМАТА....................................................122.8 ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТ..............................13

2.8.1 Процес на изготвување предлог-проект..................................132.8.2 Процес на оценување.................................................................142.8.3 Критериуми за оценување и избор...........................................142.8.4 Известување за одлуката..........................................................15

3 ПОДГОТВУВАЊЕ ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТ.........................................................153.1 Квалификуваност на водечката ГО....................................................153.2 Фази во процесот за поднесување барање.......................................16

3.2.1 Избор на партнери и засегнати страни....................................163.2.2 Подготовка на документацијата...............................................16

3.3 Поднесување на предлог-проекти.....................................................163.4 Оценување на предлог-проектите.....................................................173.5 Интервјуа.............................................................................................173.6 Известување за одлуката...................................................................173.7 Средба на добитниците......................................................................173.8 Спроведување на проектот................................................................183.9 Поднесување извештаи......................................................................193.10 Видливост на проектот.......................................................................19

4 Контакт.....................................................................................................205 Листа на анекси.......................................................................................21

Page 5: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

Page 6: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

1 Основни информации Спроведувањето на Целите за одржлив развој (ЦОР) е динамичен процес на приспособување, учење и делување. Претставниците на меѓународната заедница се согласуваат на сите нивоа - глобално, регионално и национално - дека траен мир и напредок може да се обезбедат само преку трансформација кон одржлив развој што ќе резултира со одржливи стопанства и заедници. За да се остварат значителните промени што се неопходни за трансформацијата, треба да се примени проактивен пристап во образованието за одржливост, со силно нагласување на создавањето стратешки партнерства. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, поранешната југословенска Република Македонија, Црна Гора и Србија се соочуваат со слични проблеми во реформирањето на образовните системи. Концептот „одржлив развој“ е познат, но постојат многу малку алатки што гарантираат дека тој ќе биде обработен во образовниот систем.Цел на проектот е зајакнување на образованието, развојот на капацитетите и зголемување на свеста за новите цели за одржлив развој (ЦОР) во земјите од ЈИЕ преку нивно внесување во националните наставни програми (средно образование) и преку регионална соработка и вмрежување меѓу одговорните за носење одлуки, педагозите и наставниците. Поконкретно, проектот е насочен кон развивање на капацитетите и вештините на релевантните институции, наставниците и учениците за да се разберат новите ЦОР, тие да се воведат во тековниот процес на реформи во образованието во следниот период и да се подобри прекуграничната соработка меѓу институциите во областа на образованието за одржлив развој (ООР).Проектните активности се поделени во три кластери:

(i) зајакнување на институциите и поддршка за вмрежувањето на институциите на национално и меѓународно ниво;

(ii) развивање онлајн алатка и развој на капацитетите на наставниците и педагозите - TEEN Pack и

(iii) зголемување на информираноста на учениците за можностите за создавање работни места преку Програмата за мали грантови.

1.1 Општа и конкретни цели на Програмата за мали грантовиРегионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), заедно со Австриската агенција за развој (АДА) објавува Програма за мали грантови во 6 земји од ЈИЕ: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, поранешната југословенска Република Македонија, Црна Гора и Србија. Вкупниот износ е 200.000 ЕУР за целиот регион, а максималниот износ на поединечен грант е 7.000 ЕУР. Бројот на грантови доделени во секоја земја ќе зависи од квалитетот на предлог-проектите и од бројот на општи и стручни средни училишта во земјата, за да се постигне еднаква распределба меѓу корисниците. Бројот на доделени поединечни грантови за Македонија ќе изнесува 5.Програмата за мали грантови е достапна за НВО што работат во областа на образованието и одржливиот развој. Партнерството со едно или повеќе

Page 7: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

општи и/или стручни средни училишта е задолжително, бидејќи активностите треба да се фокусираат на спроведување на Целите на ОН за одржлив развој во училницата.Целите на проектот се: Создавање партнерства со општи и стручни средни училишта за

спроведување на ЦОР на ОН во училницата; Разбирање на Целите на ОН за одржлив развој; Поттикнување дискусија со наставниците и учениците за спроведување

различни активности релевантни за постигнување на некои од целите поврзани со ЦОР на ОН;

Подобро разбирање на малите постапки, со коишто секој од нас може да придонесе за постигнување на целите за одржлив развој од страна на учениците;

Поттикнување на претприемништвото меѓу учениците преку претставување начини за создавање зелени работни места со практични примери;

Промовирање на образованието за одржлив развој

2 Услови на Програмата за мали грантови

2.1 Вовед

Проектот СЕЕДЛИНГ е регионален проект финансиран од АДА, чијшто краен резултат ќе биде онлајн алатка за ООР (TEEN Pack) наменет за наставници и ученици од општи и стручни средни училишта. TEEN Pack ќе биде достапна онлајн бесплатно исто како сите претходни алатки за ООР на РЕЦ, како Green Pack, Green Pack Junior, Citizens’ Pack итн., а наменета е како интердисциплинарна алатка за ООР што треба да се користи во средното образование во регионот. Крајни корисници на проектот СЕЕДЛИНГ се Министерствата за образование во целните земји. TEEN Pack се подготвува, но сите текстови што се изготвени досега може да се преземат заедно со документите за повикот, Целите за одржлив развој на ОН со специфичните цели (Анекс Ѓ) и Националниот контекст кон Целите за одржлив развој на ОН (Анекс Е).

2.2 Цели на програмата

Предложената Програма за мали грантови во областа на образованието за одржлив развој се фокусира на: Образовни активности - зголемување на свеста на младите за

постоењето на Целите на ОН за одржлив развој и негување вештини, вредности и навики за одржливо однесување преку активна соработка со општи и стручни средни училишта;

Општествени активности - однесувањето и постапките на учениците и граѓаните треба да се стават во функција во општиот контекст на одржливиот развој и

Практични примери - зајакнување на претприемничките вештини на учениците и сфаќање на вредноста на „зелените работни места“ преку практични примери и демонстрации во училиштето / на локално ниво со помош на документот на ОН „Трансформирање на нашиот свет“ (на македонски јазик, Анекс Ѓ).

Page 8: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

Сите проекти на ГО треба да бидат насочени кон подобрување на спроведувањето на образованието за одржлив развој преку практични и секојдневни примери. Подобрувањето не треба да се однесува само на животната средина, туку и на социјалните и економските аспекти на Целите за одржлив развој. ГО треба да се во состојба да го демонстрираат подобрувањето на капацитетите за ЦОР, подобрувањето на претприемачките вештини на учениците и на нивните наставници во општите и стручните средни училишта во однос на создавање зелени работни места и подобрувањето на општиот квалитет на животот на целната група или на заедницата преку проектот.Затоа, ГО треба да применат:

1. Интегриран пристап: Проектите треба да бидат изготвени согласно начелата на одржливиот развој, со интегрирање на трите столбови на одржливоста (еколошки, социјален и економски). Проектот треба да ги интегрира одржливиот развој со позитивни економски и социјални аспекти.

2. Инклузивен пристап: ГО се охрабруваат да користат инклузивен пристап во изготвувањето и спроведувањето на проектот преку започнување и/или подобрување на дијалгот со образовни установи, а по можност и со локалните власти и преку формално и неформално вклучување други ГО.

3. Партнерства: Покрај партнерствата со општи и стручни средни училишта, ГО се охрабруваат проактивно да соработуваат со локалните власти, и да бидат партнер од доверба во тела за соработка во областа на одржливиот развој и заштитата на животната средина на локално и национално ниво.

4. Пристап до информации и нивна дисеминација: ГО треба да покажат дека во своите проекти имаат предвидено пристап за дисеминација на информациите преку изготвување комуникациски стратегии и преку комуникација со јавноста за создавање подобар имиџ пред јавноста (што ќе обезбеди јавна поддршка и пристап до нови членови / доброволци). Се охрабруваат ГО ефективно да ги користат јавните медиуми и други алатки за комуникација за да обезбедат директна комуникација со заедниците и со одговорните за носење одлуки во областа на одржливоста, со што ќе обезбедат силно влијание на резултатите од проектот.

5. Право на еднаквост: При оценувањето на грантовите покрај другите критериуми предвид ќе се земат и родовата еднаквост и етничките аспекти. Тоа ќе опфаќа примена на такви критериуми кај грантовите, пропорционалност во финансирањето и поддршка за проекти, како и директна поддршка за меѓуетнички активности.

2.3 Добитници на грантови

Само регистрирани ГО што се активни главно во областите на образованието, животната средина и одржливиот развој, родовите прашања и во други области поврзани со ЦОР се квалификувани за добивање грант. Други видови субјекти може да соработуваат со ГО на проекти, но барателот мора да биде ГО. ГО што се пријавуваат за национални грантови треба да се добро развиени и искусни во областа на образованието за одржлив развој, како и од аспект на управувањето. Тие треба да имаат основна инфраструктура, како канцеларија, телефон, факс, е-пошта, вработени итн.

Page 9: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

2.4 Географски опфат

Национални грантови се достапни во следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, поранешната југословенска Република Македонија, Црна Гора и Србија.

2.5 Финансиски услови / износ на националните грантови

Во овој повик за целиот регион се достапни вкупно 200.000 ЕУР, коишто се распределени на шест држави врз основа на статистичките податоци за бројот на општи и стручни средни училишта во земјата и квалитетот на предлог-проектите.Максималниот износ на поединечен национален грант е 7.000,00 ЕУР. Една ГО не може да добие повеќе од еден грант. РЕЦ ги поттикнува ГО да бараат дополнителни средства од други извори. На пример, ГО можат да побараат средства од други фондации, од државни или локални власти или од претпријатија во своите земји.Изборот ќе се врши во декември 2017 г. Предлог-проектите ќе ги оценува Локалниот советодавен одбор на Националната канцеларија на РЕЦ. Најдобрите предлог-проекти ќе бидат избрани на средбата за оценување во декември 2017 г. врз основа на критериумите за избор наведени во Повикот. Резултатите од изборот ќе бидат испратени на конечно одобрување во седиштето на РЕЦ во декември 2017 г. Проектите ќе се спроведуваат во шесте месеци од 1 јануари до 30 јуни 2018 г.

2.6 ОПИС НА ПРОЦЕСОТ НА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ

При оценувањето ќе се земат предвид само оние предлог-проекти на ГО што ќе бидат изготвени согласно Упатството.

2.6.1 Административна постапкаНационалните грантови ги управува Канцеларијата на РЕЦ во Македонија. Постапката опфаќа: Објавување повик за доставување барања, издавање упатства, општи

услови и услови за квалификуваност; Помош за ГО во изготвувањето на предлог-проектите преку

организирање информативна средба [31 октомври 2017 год. (вторник) – местото на одржување на информативната средба дополнително ќе биде објавен на ВЕБ страна];

Ве молиме, имајте предвид, дека не се дозволени никакви повици заради појаснувања на детали во врска со Повикот. РЕЦ на својата ВЕБ страница ќе обезбеди документ со најчесто поставувани прашања и нивни одговори на 15 Ноември, 2017, којшто ќе бидат достапни на сите ГО

ГО може да доставуваат прашања во врска со Барањата на повикот и постапката за поднесување на апликацијата само по електронски пат (преку е-маил).

Формирање локален стручен советодавен одбор составен од независни експерти за анализирање и рангирање на предлог-проектите;

Поддршка на ГО во спроведувањето на проектот со совети за финансиски менаџмент, поднесување извештаи итн. и

Page 10: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

Нудење можности за претставување на конечните резултати од проекти на ГО.

2.6.2 Теми на предлог-проектитеТеми на коишто мора да се посветени предлог-проектите се: Образованието за одржлив развој со вклучување општи и стручни средни

училишта (бројот на опфатени училишта е еден од критериумите за оценување); Во случај на одбирање на само едно средно или средно-стручно училиште како партнер, потребно е да се достави образложение за да се оправда таквиот избор.

Активности за одржлив развој во врска со Целите на ОН за одржлив развој и нивните целни вредности во општи и стручни средни училишта што се насочени кон зголемување на свеста на наставниците и учениците и создавање капацитети за утврдување активности што може да ги спроведат лица/групи/училишта за да придонесат кон исполнување на овие цели од 2030 г.

Со национални грантови на РЕЦ не се финансираат:

Проекти, чијшто главен резултат е истражување, собирање податоци и испитување на примерок; ако резултатите од истражувањето се користат како поддршка за други делови од проектот - на пример користење податоци за загрозени видови како основа за план за нивна заштита - Националната канцеларија на РЕЦ ќе го разгледа проектот.

Чисти трошоци од работењето, како плати или закупнина или Трошоци од работењето, вклучително плати и други трошоци повисоки

од 30% од вкупниот буџет; Трошоци за учество во активности и патување надвор од земјата во која

се спроведува оваа грант програма. Верски активности; политички активности; купување земјиште и згради;

инвестиции; возила или изградба и реновирање простории.

2.6.3 Времетраење на проектотПроектот не смее да трае повеќе од шест месеци, а неговата реализација мора да започне во рок од еден месец од одобрувањето на средствата. Се очекува реализацијата на проектите да започне најдоцна во јануари 2018, а да заврши до 30 јуни 2018 г.

2.6.4 КвалификуваностКако што беше наведено, барања за грант може да поднесат само регистрирани ГО што работат во областите на образованието, одржливиот развој, заштитата на животната средина и во сродни области.Регистрирани ГО, како групи за развој на заедницата, општествени групи, родово засновани групи, синдикати, верски групи, групи на наставници итн. коишто работат во други сродни или помошни области може да учествуваат како општествени фактори.Покрај горенаведеното, од ГО што поднесуваат барања за национални грантови се очекува да го демонстрираат следното: Подготвеност за развивање и спроведување национален проект со

времетраење од најмногу шест месеци; Докажано и евидентирано искуство во раководењето со проекти; Искуство во одржливиот развој и образованието за одржлив развој;

10

Page 11: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

Пристап до потребните опрема и објекти за спроведување на проектот.

2.6.5 Соработка и партнерстваОваа програма за грантови е проектирана да ја унапреди соработката меѓу различните чинители во Македонија. Следствено, партнерството со установи за средно образование е задолжителна; покрај тоа, сите баратели треба да посочат како нивниот проект ќе воспостави соработка меѓу повеќе општествени фактори, на пример: ГО од други области, како групи за развој на заедницата, општествени

групи, родово засновани групи, синдикати, верски групи, групи на наставници итн., може да имаат директна полза од проектот и да бидат вклучени како општествени фактори, ако проектот е фокусиран на образованието за одржлив развој;

Корисници, како конкретна заедница или општествена група, може да бидат дел од проектите активности;

Други општествени фактори, како локална администрација, локални или државни органи, нивни вработени или функционери, исто така се охрабруваат да учествуваат во изготвувањето и спроведувањето на проектите, како и во нивно кофинансирање. Тие не смее да имаат финансиска корист од грантовите. Какви било исплати на тие учесници ќе резултираат со прекинување на грантот.

Барателите треба да имаат на ум дека, покрај опфатот на проектите за образование за одржливост и елементите на соработка, се планира програмата да унапредува и применува неколку дополнителни начела. Онаму, каде што тоа е соодветно, барателите треба да ги имаат предвид и да ги опфатат следните начела во проектниот план и да обезбедат нивно почитување при спроведувањето на проектот:

Родова еднаквост и еднакви можности; Правична етничка застапеност и диверзитет и Елиминирање на корупцијата.

Начелата на програмата поврзани со етничкиот, родовиот и географскиот опфат треба да се почитуваат при изготвувањето и спроведувањето на проектот, што треба да се демонстрира во извештаите. „Еднакви можности“ треба да биде мото на проектот.

2.7 ПОСЕБНИ УСЛОВИ НА ПРОГРАМАТА

Во фазата на подготовка на предлог-проектот имајте ги на ум следните услови што се специфични или важни за овој повик: Проектот мора да се спроведе во партнерство со општи и/или стручни

средни училишта. Грантовите ќе се доделуваат само за проекти што опфаќаат соработка со образовна установа како партнер (или партнери).

По можност, проектот треба да опфаќа повеќе од едно средно училиште; во исклучителни случаи, ако е наведен само еден партнер, потребно е образложение;

Проектните партнери може да обезбедат кофинансирање во вид на финансиски средства или во натура;

Проектните активности треба да предвидат можност за користење на материјалите изготвени преку проектот СЕЕДЛИНГ (Анекс Е)

Проектот не може да трае повеќе од шест месеци во периодот од 1 јануари - 30 април 2018 г.).

11

Page 12: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

Грантовите не може да се користат за поддршка на проекти поврзани со истражувачка или научна работа (освен ако се поврзани со други аспекти на проектот) и за финансирање оперативни трошоци (како основни плати или закупнини), купување земјиште, згради, инвестиции или возила, коишто не се оправдани од целите на проектот.

Со грантовите може да се покриваат само трошоци за лица за координација, ако инаку не можат да ги вршат таквите проектни активности. Трошоците за плати не смее да надминуваат 30% од вкупниот буџет (освен ако тоа е апсолутно неопходно поради природата на проектот и ако е соодветно образложено во предлог-проектот).

Платите, консултантските трошоци и дневниците над стандардните износи треба да бидат разумни за секоја од државите. Износите што РЕЦ ги користи како стандардни обично може да се добијат во Националната канцеларија на РЕЦ.

Други субјекти може да имаат полза од проектот, ако тоа е оправдано. Тие трошоци може да се буџетираат под буџет за консултантски услуги, но трошоците за плати и консултантски услуги не треба да надминуваат 40% од вкупниот буџет.

Квалификувани трошоци се само оние што се поврзани со конкретното спроведување на проектот. Општи трошоци што не се поврзани со проектот не се одобруваат.

Грантовите го поттикнуваат партнерството меѓу различните етнички групи во заедницата. Проектите треба да ја демонстрираат додадената вредност од таквата соработка и таквите партнерства за проектот.

Партнерски ГО од други области , како групи за развој на заедницата, општествени групи, родово засновани групи, синдикати, верски групи и групи на наставници, може да бидат корисници на проектот и да бидат опфатени со грантот, сѐ додека проектот е фокусиран на одржливоста.

Грантовите треба да демонстрираат родова еднаквост и вклученост на малцинствата секаде, каде што тоа е релевантно и тие аспекти соодветно да бидат третирани при подготовката и спроведувањето на проектот. Покрај тоа, проектот треба да има механизам за мерење на влијанието или користа од вклученоста на тие групи во проектот.

Поддршката од грант не смее да биде насочена кон јавна администрација, локални или национални органи или кон нивни вработени или функционери. Секаква исплата кон овие групи ќе резултира со прекинување на грантот.

ГО надвор од Македонија не можат да имаат директна корист од грант како партнерска организација. Меѓутоа, тие може да понудат поддршка или експертиза.

ГО не смеат да поднесат повеќе од еден предлог-проект како водечка ГО;

ГО може да добијат само еден грант од РЕЦ (како водечка или партнерска ГО).

Ако ГО успее да обезбеди дополнителни средства за спроведување на проектот, треба да демонстрира дека обврската на донаторот е потврдена. Придонесот во натура може да опфати материјали, работа, комуникација итн.

2.8 ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТ

2.8.1 Процес на изготвување предлог-проектГО треба да одржуваат средби со идентификуваните партнери и заедно да го пишуваат предлог-проектот.

12

Page 13: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

При пишувањето на проектот ГО треба да ги следат упатствата за изготвување проекти. Еден претставник на ГО мора да биде назначен за раководител на проектот.Фазата на подготовка на предлог-проектите ќе трае до 30 ноември 2017 г. Прашања во врска со процесот на поднесување на апликациите може да бидат доставувани по електронски пат, најдоцна до 10 ноември 2017 год. (20 дена пред истекот на крајниот рок за достава на Целосните предлог-проекти) на следната е-маил адреса: [email protected], при што во предметот на пораката треба јасно да се наведете насловот на Повикот. Одговор ќе добијат само прашањата кои се во согласност со Барањата од повикот и процесот на аплицирање. Договорниот орган нема обврска да обезбеди појаснувања за прашања што ќе бидат доставени подоцна од посочениот датум. Договорниот орган има обврска да достави одговори на упатените прашања (исто така по електронски пат) најдоцна 15 дена пред истекот на крајниот рок за достава на Целосните предлог-проекти од страна на апликантите, односно на 15 ноември 2017 год. За да се обезбеди еднаков третман на апликантите, договорниот орган не може да даде претходно мислење за подобноста на апликантите и коапликантите, предлог проектот или конкретни активности.

2.8.2 Процес на оценувањеОбично вкупниот износ на барањата од ГО го надминува износот на достапните средства. Затоа, барањата се предмет на процес на оценување. Сите предлог-проекти ќе бидат оценети од стручна комисија што се состои од Локалниот советодавен одбор основан од РЕЦ и Директорот на Националната канцеларија на РЕЦ.Сите примени предлог-проекти се предмет на прелиминарна оценка, за да се потврди дека ги исполнуваат следните услови: Барателите се квалификувани за национален грант (в. делот за

квалификуваност); Барањата се поднесуваат по пошта или се доставуваат лично или со

помош на доставувач, заклучно до крајниот рок на повикот, истите се целосни и ги содржат сите потребни оригинални потпишани документи и обрасци. Пријави доставени по електронска пошта нема да бидат земени во предвид.

2.8.3 Критериуми за оценување и изборПредлог-проектите ги оценува комисија за оценување врз основа на следните критериуми:Влијание на проектот: Планот за спроведување на проектот содржи веројатно

остварливо и јасно утврдено долгорочно влијание и одржливи резултати, што ќе опстојат по завршувањето на проектот.

30 %

Пристап и методологија на ГО: Проектот е изготвен согласно начелата на одржливиот развој,

со интегрирање на трите столбови на одржливоста

30 %

13

Page 14: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

(еколошки, социјален и економски). Проектот е релевантен за интересите на учениците во

општите и стручните средни училишта. Бројот на училишта – партнери исто така ќе биде земен предвид. Во случај на партнерство со само едно училиште – гимназија или средно-стручно училиште, ве молиме да доставите образложение за тоа да го оправдате. ГО особено се поттикнува, да вклучат средни-стручни училишта.

Ако е применливо, проектот демонстрира пристап заснован на права и обезбедува што е можно поголемо унапредување на родовата еднаквост, мултикултурната/ мултиетничката застапеност и на опфатеноста и правата на жените и малцинствата.

Квалитет на предлог-проектот: Темата на предлог-проектот е во рамките на опфатот на

повикот. Проектот се надоврзува на Целите на ОН за одржлив развој и на нивните целни вредности.

Целите се достижни и остварливи. Постои разумен и реален акциски план. Во предлог-проектот е посочено како очекуваните продукти придонесуваат кон директните резултати (исходите).

Буџетот е економичен. Буџетот за секоја активност е јасно образложен и пресметан. Вкупниот буџет ги следи буџетските ставки во образецот на РЕЦ. Јасно се почитувани ограничувањата предвидени во упатствата.

25 %

Капацитети и функционалност на организацијата: Персоналот и/или волонтерите имаат искуство и

компетенции во предметните теми. Биографиите на ГО и релевантниот персонал / доброволци ги содржат потребните вештини и искуство.

Соодветна инфраструктура (канцеларија и опрема) е достапна.

15 %

2.8.4 Известување за одлукатаСите баратели ќе бидат известени за конечните одлуки штом тие бидат донесени. ГО што добиле грант ќе бидат поканети на средба на добитниците (планирана за крајот на декември 2017 г.).

3 ПОДГОТВУВАЊЕ ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТ

3.1 Квалификуваност на водечката ГО

Регистрираните ГО (в. дефиниција за ГО подолу) што работат на поттикнување на одржливиот развој во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, поранешната југословенска Република Македонија, Црна Гора и Србија се квалификувани да поднесат барање.Во случај на предлог-проект поднесен од повеќе од една ГО, еден од партнерите во проектот (водечката или партнерската ГО) треба да биде

14

Page 15: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

организација чијашто главна дејност е во областите на образованието, животната средина и одржливиот развој, родовите прашања и во други области поврзани со ЦОР .Водечката ГО ќе биде одговорна за процесирање на грантот, известување и координирање на работата на сите чинители во проектот. Улогата и делот од буџетот што се доделуваат на секој од партнерите во проектот треба да бидат јасно и детално претставени во предлог-проектот (наративен дел од буџетот). Покрај тоа, од ГО што поднесуваат барање за национален грант се очекува да ги исполнат следните критериуми: Подготвеност за подготовка на национален проект со времетраење до 6

месеци; Докажано искуство во управување со проекти; Искуство во областа на образованието за одржлив развој и Пристап до потребните опрема и објекти за спроведување на проектот.

3.2 Фази во процесот за поднесување барање

ГО треба да поминат низ следните фази во процесот за поднесува барање:

3.2.1 Избор на партнери и засегнати страниГО треба да започнат со барањето партнери и анализа на другите засегнати страни. Партнерите треба да одржуваат средби и заедно да го пишуваат предлог-проект. Додека партнерите се квалификувани за директно финансирање од грантот, другите засегнати страни не се, но можат да придонесат во проектот како консултанти. Еден претставник на ГО мора да биде назначен за раководител на целиот проект.

3.2.2 Подготовка на документацијатаОвој дел од упатството се однесува на различните обрасци што треба да се пополнат за комплетирање на барањето со предлог-проектот. Ве молиме прочитајте го внимателно. Обрасците ќе ги најдете во анексите на крајот на документот.ГО треба да подготват предлог-проекти согласно упатствата на РЕЦ содржани во Повикот во Анекс 0. Обрасците што треба да се пополнат и да се достават до Националната канцеларија на РЕЦ се наведени во Анексите А - Д: Барањето треба да е составено по следниот редослед:Предлог-проектот мора да ги содржи следните обрасци: Анекс А: Насловна страница на предлог-проектот Анекс Б: Изјава за партнерство Анекс В: Опис на предлог-проектот Анекс Г1: Вкупен буџет за целиот проект Анекс Г2: Преглед на буџетот по активности (детален буџет) Анекс Д: Декларација од подносителот на апликацијатаИ следната придружна документација: Опис на ГО со кратка историја, дејности, мисии и цели

15

Page 16: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

Кратка биографија на координаторот на проектот и другите клучни лица вклучени во проектот (партнери или други релевантни експерти)

Документација за кофинансирање (ако постои) и Придружни документи од општествени фактори Копија од регистрација во Централен регистар на РМ и Единствен даночен број од Управата за јавни приходи на РМ Финансиски извештај од последната година (2016) Референтна листа на проекти од последните три години.

3.3 Поднесување на предлог-проекти

Предлог-проектите се доставуваат до Канцеларијата на РЕЦ Македонија, на ул. Алберт Ајнштај, бр. 4/1-1, 1000 Скопје по: пошта, курир или лично, до 30 ноември 2017 г. до 16:00 часот. Предлог-проектот мора да содржи еден (1) примерок во хартиена форма од сите документи наведени во 3.2.2 (Анекси А-Д со придружна документација) и едно ЦД/еден УСБ стик со електронска верзија од истите документи.Задоцнетите пријави или пријави доставени по електронска пошта нема да бидат земени во предвид.

3.4 Оценување на предлог-проектите

Предлог-проектите се поднесуваат на јазикот на земјата, а одлуките се носат врз основа на оценување од страна на независен локален советодавен одбор (ЛСО). РЕЦ силно препорачува барателите да ги имаат предвид критериумите за оценување при изготвувањето на предлог-проектите. Предлог-проектите ќе бидат оценувани, рангирани и избирани врз основа на тие критериуми.

3.5 Интервјуа

Претставници на РЕЦ и членови на ЛСО може да одржат интервјуа со клучните чинители во предлог-проектот по формулирањето на прелиминарните писмени заклучоци, а пред завршувањето на оценувањето. Барателот ќе биде известен за датумот и времето на одржување на таквото интервју најмалку три дена однапред. Ако барателот не може да присуствува на интервјуто поради виша сила, со него ќе се усогласи заемно прифатлив алтернативен термин за интервјуто. Ако барателот не може да присуствува ниту на второто интервју, барањето ќе биде исклучено од процесот на оценување.

3.6 Известување за одлуката

Избраните предлог-проекти ќе бидат испратени на конечно одобрување во Главната канцеларија на РЕЦ. ГО ќе бидат известени за одлуката од оценувањето дури откако тимот за спроведување на проектот СЕЕДЛИНГ ќе донесе конечна одлука за добитниците на грантови. Добитниците ќе бидат поканети на средба на добитниците (планирана за декември 2017 г.).

16

Page 17: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

3.7 Средба на добитниците

Добитниците на грантови ќе бидат известени и поканети на средба на добитниците во Националната канцеларија на РЕЦ. На средбата на добитниците секоја ГО ќе го претстави својот проект пред другите добитници на грант, ќе биде запознаена со обрасците и барањата на РЕЦ за поднесување извештаи и ќе го прегледа и потпише дГОворот за грант. Во тој документ се наведени условите за известување и динамиката на плаќање. Добитниците на грантови ќе се сретнат со назначениот офицер за грантови и со финансиски асистент од Националната канцеларија на РЕЦ, коишто тесно ќе соработуваат со нив во текот на спроведувањето на проектот.

3.8 Спроведување на проектот

Добитниците на грантови треба да ги очекуваат првите средства од грантот во рок од еден месец од потпишувањето на дГОворот за грант. Периодот на спроведување на проектот е 6 месеци. ГО треба да го спроведе проектот во предвидената временска рамка, согласно одобрениот предлог-проект. Назначениот офицер за грантови од РЕЦ ќе го следи спроведувањето на проектот преку директен контакт и теренски посети.

17

Page 18: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

3.9 Поднесување извештаи

Обврските поврзани со поднесувањето извештаи се опишани во дел 4.2 од Упатството (Анекс 0 од Повикот).

3.10 Видливост на проектот

Проектот е финансиран од Австриската агенција за развој (АДА), со финансиска поддршка на Австриската соработка за меѓународен развој (АДЦ), а РЕЦ е негов спроведувач. При секое објавување информации за активностите на проектот СЕЕДЛИНГ во документ во писмена форма треба да се користат логоата на АДЦ и на РЕЦ, односно:

18

Page 19: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

4 Контакт Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа Канцеларија на РЕЦ во МакедонијаУл. Алберт Ајнштајн бр. 4/1-1, 1000 СкопјеТелефон: + 389 2 3090 – 135/136Е-пошта: [email protected] ; Лице за контакт: Милена Манова Илиќ,

Локален координатор за СЕЕДЛИНГ проект

УЛОГАТА НА РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА (РЕЦ) КАКО СПРОВЕДУВАЧ НА ПРОЕКТОТ

Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) е меѓународна организација чијашто мисија е давање помош во справувањето со прашања за животната средина. РЕЦ ја исполнува својата мисија преку унапредување на соработката меѓу владите, невладините организации, деловниот сектор и другите засегнати страни во областа на заштитата на животната средина и преку поддршка за слободната размена на информации и учеството на јавноста во донесувањето одлуки за животната средина.РЕЦ е основан во 1990 г. од страна на Соединетите Американски Држави, Европската комисија и Унгарија. Правната основа за постоењето на РЕЦ денес е повелба со повеќе од 30 потписници. Мрежата се потпира на мрежа од канцеларии и експерти во Централна и Источна Европа и пошироко. Главната канцеларија е сместена во Сентендре, Унгарија.РЕЦ активно учествува во клучни глобални, регионални и локални процеси и придонесува за решенија за животната средина и одржливост во рамките на својата мрежа на национални канцеларии и надвор од неа со трансфер на знаење и искуства во земјите и регионите.

АВСТРИСКА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ (АДА)

Австриската развојна соработка е дел од австриската надворешна политика и од развојната политика на Европската унија, чијашто цел е промовирање на светскиот мир во соработка со другите индустријализирани земји и со земјите во развој.АДА е оперативната единица на австриската развојна соработка и на соработката со Источна Европа (АРС). АДА е задолжена за реализација на сите билатерални програми и проекти во партнерските земји на АРС и за администрирање на буџетите за

19

Page 20: Основни информации - RECmk.rec.org/.../SEEDLING_Call_for_Grants____Final_YY.docx · Web viewОбразованието за одржлив развој со вклучување

Претставување на Целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа

нив. Таа годишно финансира околу 650 проекти со вкупен буџет од 500 милиони ЕУР за подобрување на условите за живот во земјите во развој.Образованието е една од приоритетните области во коишто работи АДА, верувајќи дека, како важен фактор за намалување на сиромаштијата и одржлив развој, образованието може да има клучен придонес кон општествениот, економскиот, политичкиот и културниот развој. Добро образованите луѓе имаат поголеми можности да најдат работа и да учествуваат во општествениот развој. Покрај посветеноста на подобрувањето и осигурувањето на квалитетот во образовниот сектор, Австрија е посветена и на инклузијата. Австриската агенција за развој (АДА), како оперативна единица на австриската развојна соработка, се стреми на што повеќе луѓе да им се овозможи пристап до стручно образование и обука и до високо образование.

5 Листа на анекси 1. Анекс 0 – Упатство за подготовка на предлог-проектите2. Анекс А – Насловна страница на предлог-проектот3. Анекс Б – Податоци за партнерите и изјава за соработка4. Анекс В – Опис на предлог проектот5. Анекс Г1 – Вкупен буџет6. Анекс Г2 – Детален буџет7. Анекс Д – Декларација од подносителот на апликацијата8. Анекс Ѓ – Цели за одржлив развој на Обединетите Нации (на

македонски јазик)9. Анекс Е – Национален контекст вооднос на спроведувањето

на Целите за одржлив развој на ОН.

20