Сетила и дразби.doc

5
Сетила и дразби Нервниот систем им овозможува на луѓето да ги забележуваат промените во нивната околина и да реагираат на нив. Нервниот систем испраќа електрични импулси низ невроните (нервните клетки) со цел на координација на однесувањето. Дразба претставува промена во околината. Специјални клетки на телото, наречени рецептори, ги откриваат и ги примаат дразбите. Рецепторите се наоѓаат во сетилните органи. име на сетило за сетилен орган дразба вид око светлина слух уво звук рамнотежа уво промена на положба на телото вкус јазик хемиски материи мирис нос испарливи материи допир кожа допир, болка, промена на притисок, промена на температура Врз организмот постојано дејствуваат енергетски процеси што се нарекуваат дразби: бои, звуци, мириси, вкусови итн. Организмот ги прима дразбите преку сетилните органи. Кога дразбата дејствува, соодветниот сетилен орган (рецептор) се надразнува и создава нервни импулси, што преку нервните патишта се пренесуваат до соодветни центри во мозокот. На тој начин се формира осет. Осетите претставуваат свест за дејствувањето на дразбите. Осетување е психички процес на спознавање на поединечните својства на предметите и појавите. Видови осети

Upload: gabrijela-gjorgjevic

Post on 01-Nov-2014

605 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

tekst

TRANSCRIPT

Page 1: Сетила и дразби.doc

Сетила и дразби

Нервниот систем им овозможува на луѓето да ги забележуваат промените во нивната околина и да реагираат на нив.

Нервниот систем испраќа електрични импулси низ невроните (нервните клетки) со цел на координација на однесувањето.

Дразба претставува промена во околината.

Специјални клетки на телото, наречени рецептори, ги откриваат и ги примаат дразбите. Рецепторите се наоѓаат во сетилните органи.

име на сетило за

 сетилен орган

 дразба

вид око светлинаслух уво звукрамнотежа уво промена на положба на телотовкус јазик хемиски материимирис нос испарливи материи

допир кожадопир, болка, промена на притисок, промена на температура

Врз организмот постојано дејствуваат енергетски процеси што се нарекуваат дразби: бои, звуци, мириси, вкусови итн. Организмот ги прима дразбите преку сетилните органи. Кога дразбата дејствува, соодветниот сетилен орган (рецептор) се надразнува и создава нервни импулси, што преку нервните патишта се пренесуваат до соодветни центри во мозокот. На тој начин се формира осет. Осетите претставуваат свест за дејствувањето на дразбите. Осетување е психички процес на спознавање на поединечните својства на предметите и појавите.

Видови осети

Дразбите што ги предизвикуваат осетите можат да потекнуваат од надворешноста – околината или од внатрешноста на организмот.

Надворешни осети

Дразбите што потекнуваат од надворешноста, организмот ги прима преку надворешни рецептори – екстероцептори (тие се сместени на надворешноста од организмот). Екстероцептори се: сетилото за вид, слух, мирис, вкус и допир. Видни осети се формираат кога врз сетилото за вид дејствува видна дразба – светлосен бран со различна бранова должина. Човекот разликува хроматски и ахроматски

Page 2: Сетила и дразби.doc

бои. Хроматски се оние што се наоѓаат во сончевиот спектар на бои: виолетова, сина, зелена, жолта, портокалова, црвена. Ахроматски бои се белата, црната и сите сиви нијанси меѓу нив. Различни нијанси на хроматски бои настануваат со мешање на светлосните бранови со различна бранова должина. Постојат различни видови слепила за бои. Ахроматизам е појава кога човекот гледа само сиви нијанси, а далтонизам кога не ги разликува црвената и зелената боја. Слушни осети се формираат кога врз сетилото за слух дејствува слушна дразба – звучен бран (воздушно треперење) со различна бранова должина и сила. Човековото уво ги регистрира само оние звучни бранови чија фреквенција се движи од 16 до 20 000 херци (бранови во секунда). Човекот не ги регистрира ултразвуците. Звуците можат да бидат шумови, тонови и зборови. Шумовите се непериодични воздушни треперења, додека тоновите и зборовите се периодични. Осетите за слух ги поседуваат следниве својства: јачина, висина и боја. Јачината зависи од амплитудата на звучните бранови, висината од нивната зачестеност, а бојата од нивната форма. Мирисни осети се формираат кога хемиски гасовити материи дејствуваат врз мирисниот рецептор. Мирисите се делат на: цветни (љубичица), овошни (лимон), зачински (ванила), смолести (смоли), изгорени (катран) и гнили (ѓубре). Кожни осети настануваат по пат на дразнење на кожнените рецептори специјализирани за допир, болка, топло и ладно. Значајни се бидејќи го информираат организмот за штетни надворешни состојби (при болка во раката, човекот ја трга, кога му студи – се облекува во топло итн.).

Осети за вкус се формираат на тој начин што материите што човекот ги става во уста се раствораат во плунката и вршат хемиско надразнување на сетилните клетки, кои главно се распоредени на јазикот. Човекот разликува четири вкуса: слатко, горчливо, кисело и солено. Врз основа на осетите за вкус и мирис, организмите ги земаат во исхраната оние материи што се за нив полезни, а ги одбегнуваат оние што се штетни.

Внатрешни осети

Дразбите што потекнуваат од внатрешноста на организмот се примаат преку рецептори сместени во самата негова внатрешност – интерцептори. Тие се сместе-ни во мускулите, жлездите, тетивите и другите внатрешни органи. Осетите добиени од интерцепторите можат да бидат од два вида: органски осети и осети за движење и рамнотежа. Органските осети го информираат човекот за нарушувањата што привремено се јавуваат во внатрешните органи – глад, жед, внатрешна болка, повраќање. Осетите за движење и рамнотежа го информираат човекот за движењата и положбата на телото при различни активности: одење, трчање, лулање, труцкање, вибрирање.

Основни карактеристики на осетливоста

Квалитет и интензитет на осетливоста

Page 3: Сетила и дразби.doc

Квалитет на осетливоста претставува определена специфична можност на едно сетило да регистрира карактеристични видови дразби. На пример, сетилото за вкус да ги регистрира четирите видови вкус.

Интензитетот на осетливоста зависи од приспособеноста на сетилата за прием на дразби со определен интензитет. Постојат интензитети што сетилата не се приспособени да ги регистрираат, па остануваат нерегистрирани. За да предизвика најслаб осет, дразнењето требада има определена минимална сила – на и над апсолутниот праг на осетливоста. Кај различни луѓе, овој праг се разликува. Човекот што вели дека јадењето е недоволно солено и во него става уште сол, има повисок праг на осетливост за солено.

Адаптација на осетливоста

На сите луѓе им е добро позната појавата дека кога ќе влезат во темна просторија, на почетокот не можат ништо да видат, а потоа се адаптираат и гледаат мошне добро. Оваа појава е наречена адаптација и подразбира промена во праговите на осетливоста под влијание на интензитетот или продолженото дејство на дразнењето. При адаптацијата доаѓа до менување на осетливоста и праговите на осетливост.

Заемно дејствување на осетите

Меѓу различните осети постои заемен однос. Во врска со ова се познати неколку интересни појави:-Слабото надразнување на еден рецептор може да предизвика зголемена осетливост на другите рецептори. Ова е познато како сензибилизација.-Каков ќе биде осетот многу зависи од тоа какви биле претходните осети. Ако раката прво се стави во студена, а потоа во вода со нормална температура, тој ќе ја осети како млака. Оваа појава е наречена контраст на осетливоста.-Кај некои луѓе, под влијание на еден осет, може да се појави и осет од друг сетилен модалитет. Во врска со ова е таканаречното „обоено слушање“. Слушајќи определен тон, човекот постојано има осет за некоја боја, или пак гледајќи уметничка фотографија слуша музика, чувствува миризба, на кожата осеќа топлина итн. Појавата се нарекува синестезија. -Кога доаѓа до загуба на едно од сетилата, поинтензивно се активира некое од другите: слепите луѓе имаат мошне развиен слух и осет за допир.

Значење на осетливоста

Осетливоста има големо значење во животот како на човекот така и на животните. Од осетите зависи нивната ориентација во околината, приспособувањето, хранењето, размножувањето и воопшто опстанокот. Психичкиот процес осетување има големо значење во целокупниот психички развој на личноста. Осетувањето е основа за формирање на спознавањето на светот, мислењето, формирањето поими, учењето и воопшто за активноста на единката. Процесот на воспитание и

Page 4: Сетила и дразби.doc

образование е можен со формирањето на осети. Равојот на нормалната осетливост е можен само во практичната дејност на едниката. Најдените „деца волци“ или „диви луѓе“ не ги осеќале дразбите онака како што е тоа случај со современиот цивилизиран човек. Постои една бидна разлика меѓу осетливоста на животните и осетливоста на човекот. И животните и човекот гледаат и слушаат, но само човекот има свесна потреба да гледа и слуша.