ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА “Нескафе 3 во 1 те ... › ... ›...

4
ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА “Нескафе 3 во 1 те наградува!Член 1: Назив и седиште на трговското друштво Организатор на наградната игра со име „ Нескафе 3 во 1 те наградува!„ е Публицис ДОО Скопје, со седиште на ул.Франклин Рузвелт бр.37-3 Центар, 1000 Скопје со ЕДБ МК4030996253997, во улога на маркетинг агенција на Нестле Адриатик Македонија ДООЕЛ (во понатамошниот текст Организатор на наградната игра). Член 2: Услуги и производи заради чие рекламирање се приредува наградната игра Цел на наградната игра организирана од Публицис ДОО Скопје е рекламирање на производите на Нестле Адриатик Македонија ДООЕЛ, поточно Нескафе 3 во 1 производите. Член 3: Име, опис и времетраење на наградната игра Име на наградната игра е „Нескафе 3 во 1 те наградува!„. Наградната игра на Нескафе ќе се одвива на територијата на Р.Македонија. Вкупниот број на награди кои ќе се доделат изнесува 602 награди. За да учествуваат во наградната игра, учесниците треба да соберат 5 сашети (кесички) од било кои производи на брендот Нескафе 3 во 1 (Класик, Стронг, Макијато, Еспресо, 2 во 1) да ги испратат во плико со ливче на кое ќе ги впишат личните податоци (име, презиме, адреса на живеење, контакт број) на поштенски фах 689, 1000 Скопје, со ознака за наградна игра „Нескафе 3 во 1 те наградува!„. Наградната игра „Нескафе 3 во 1 те наградува!„ започнува од 16.02.2014 и ќе трае до 16.04.2014. Извлекувањето на наградите ќе биде во две кола, 301 награда во првото коло со извлекување на 20.03.2014 во 12:00 часот во просториите на Публицис ДОО Скопје , 301 награда во второто коло со извлекување на 21.04.2014 во 12:00 часот во просториите на Публицис ДОО Скопје. Сите пристигнати пликови до 16.03.14 во 12:00 часот, ќе бидат вклучени во извлекувањето во првото коло, додека сите пристигнати пликови до 16.04.14 во 12:00 часот, ќе бидат вклучени во извлекувањето во второто коло. На денот на извлекувањето сите собрани пликови ќе бидат ставени во голем пластичен сад од кој рачно ќе се извлечат добитниците. Извлекувањето на добитните пликови ќе го направи еден од членовите на жири комисијата, претставникот од Нестле Адриатик Македонија ДООЕЛ. Член 4: Територија Наградната игра се организира и се спроведува на целата територија на Република Македонија. Член 5: Рекламирање Наградната игра ќе се рекламира во електронски медиуми, односно на официјалната веб страна на Нестле hp://www.nestle.mk/ и на официјалната фејсбук страна на Нескафе 3 во 1 www.facebook.com/NESCAFE3in1MK , на местата на продажба на Нескафе 3 во 1 производите, односно во маркетите и со промоции на факултетите низ Македонија.

Upload: others

Post on 26-Jun-2020

23 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА “Нескафе 3 во 1 те ... › ... › nescafe_3_vo_1_te_nagraduva.pdf · 2019-06-17 · Наградната игра „Нескафе

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА“Нескафе 3 во 1 те наградува!”

Член 1: Назив и седиште на трговското друштво Организатор на наградната игра со име „ Нескафе 3 во 1 те наградува!„ е Публицис ДОО Скопје, со седиште на ул.Франклин Рузвелт бр.37-3 Центар, 1000 Скопје со ЕДБ МК4030996253997, во улога на маркетинг агенција на Нестле Адриатик Македонија ДООЕЛ (во понатамошниот текст Организатор на наградната игра).

Член 2: Услуги и производи заради чие рекламирање се приредува наградната игра Цел на наградната игра организирана од Публицис ДОО Скопје е рекламирање на производите на Нестле Адриатик Македонија ДООЕЛ, поточно Нескафе 3 во 1 производите.

Член 3: Име, опис и времетраење на наградната игра Име на наградната игра е „Нескафе 3 во 1 те наградува!„.Наградната игра на Нескафе ќе се одвива на територијата на Р.Македонија. Вкупниот број на награди кои ќе се доделат изнесува 602 награди.

За да учествуваат во наградната игра, учесниците треба да соберат 5 сашети (кесички) од било кои производи на брендот Нескафе 3 во 1 (Класик, Стронг, Макијато, Еспресо, 2 во 1) да ги испратат во плико со ливче на кое ќе ги впишат личните податоци (име, презиме, адреса на живеење, контакт број) на поштенски фах 689, 1000 Скопје, со ознака за наградна игра „Нескафе 3 во 1 те наградува!„.

Наградната игра „Нескафе 3 во 1 те наградува!„ започнува од 16.02.2014 и ќе трае до 16.04.2014. Извлекувањето на наградите ќе биде во две кола, 301 награда во првото коло со извлекување на 20.03.2014 во 12:00 часот во просториите на Публицис ДОО Скопје , 301 награда во второто коло со извлекување на 21.04.2014 во 12:00 часот во просториите на Публицис ДОО Скопје.

Сите пристигнати пликови до 16.03.14 во 12:00 часот, ќе бидат вклучени во извлекувањето во првото коло, додека сите пристигнати пликови до 16.04.14 во 12:00 часот, ќе бидат вклучени во извлекувањето во второто коло.

На денот на извлекувањето сите собрани пликови ќе бидат ставени во голем пластичен сад од кој рачно ќе се извлечат добитниците. Извлекувањето на добитните пликови ќе го направи еден од членовите на жири комисијата, претставникот од Нестле Адриатик Македонија ДООЕЛ.

Член 4: ТериторијаНаградната игра се организира и се спроведува на целата територија на Република Македонија.

Член 5: Рекламирање Наградната игра ќе се рекламира во електронски медиуми, односно на официјалната веб страна на Нестле http://www.nestle.mk/ и на официјалната фејсбук страна на Нескафе 3 во 1 www.facebook.com/NESCAFE3in1MK , на местата на продажба на Нескафе 3 во 1 производите, односно во маркетите и со промоции на факултетите низ Македонија.

Page 2: ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА “Нескафе 3 во 1 те ... › ... › nescafe_3_vo_1_te_nagraduva.pdf · 2019-06-17 · Наградната игра „Нескафе

Член 6: Награден фондНаградната игра располага со следниот фонд на награди:

2 х ваучер за туристичко патување за Ибица за 3 лица6 х iPad mini таблет6 х Samsung Galaxy S6 х Лап топ 66 х MP4 плејер516 х Нескафе пакет (50 Нескафе сашети + 1 Нескафе шолја)

Во првото коло ќе се извлечат вкупно 301 награда ( 1 х ваучер за туристичко патување за Ибица за 3 лица, 3 х iPad mini таблет, 3 х Samsung Galaxy S, 3 х Лап топ, 33 х MP4 плејер, 258 х Нескафе пакет (50 Нескафе сашети + 1 Нескафе шолја) ).

Во второто коло ќе се извлечат вкупно 301 награда ( 1 х ваучер за туристичко патување за Ибица за 3 лица, 3 х iPad mini таблет, 3 х Samsung Galaxy S, 3 х Лап топ, 33 х MP4 плејер, 258 х Нескафе пакет (50 Нескафе сашети + 1 Нескафе шолја) ).

Опис Кол. Ед.цена (ден.)

Нето износ (ден.) ДДВ 18%/5%(ден.) Вкупно (ден.)

Ваучер за туристичко патување за Ибица за 3 лица*

2 149.076,00 298.152,00 0 298.152,00

iPad mini таблет 6 16.291,43 97.748,58 4.887,43 102.636,01Samsung Galaxy S 6 20.280,51 121.683,06 21.902,95 143.586,01Лап топ 6 17.280,00 103.680,00 5.184,00 108.864,00

MP4 плејер 66 1.380,02 91.081,32 16.394,64 107.475,96

Нескафе пакет (50 Нескафе сашети + 1 Нескафе шолја) ** 516 359,05 185.269,80 11.331,36 196.601,16

ВУПНО 602 226.099,11 847.239,6 69.206,2 957.315,14

Добиените награди не можат да се заменат за пари, други награди или услуги.*доколку вредноста на патувањето е поголема од вредноста на ваучерот, добитникот ќе ги сноси дополнителните парични трошоци.**Нескафе пакетите ќе бидат обезбедени од страна на нарачателот на наградната игра - Нестле Адриатик Македонија ДООЕЛ

Член 7: Услови за учество во наградната играПраво на учество во наградната игра имаат сите физички лица постари од 18 години, кои во периодот на времетраењето на наградната игра ќе купат 5 производи од брендот Некафе 3 во 1 (Класик, Стронг, Макијато, Експресо, 2 во 1) и празните сашети (кесички) ќе ги испратат во плико со ливче на кое ќе ги впишат личните податоци (име, презиме, адреса на живеење, контакт број) на поштенски фах 689, 1000 Скопје, со ознака за наградна игра „Некафе 3 во 1 те наградува!

Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати до датумот на завршување на наградната игра. Сите недобитни писма од првото коло се поништуваат.Доколку недобитните учесници од првото коло сакаат да учествуваат и во второто коло на наградната игра, ќе треба повторно да испратат 5 сашети (кесички) од било кои производи на брендот Нескафе 3 во 1 (Класик, Стронг, Макијато, Еспресо, 2 во 1) со личните податоци на поштенски фах 689, 1000 Скопје, со ознака за наградна игра „ Нескафе 3 во 1 те наградува!„.

Page 3: ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА “Нескафе 3 во 1 те ... › ... › nescafe_3_vo_1_te_nagraduva.pdf · 2019-06-17 · Наградната игра „Нескафе

Во наградната игра забрана за учество имаат лицата кои за времетраењето на наградната игра се вработени кај приредувачот на наградната игра како и кај нарачателот на наградната игра и членовите на нивните потесни семејства.

Учесниците во наградната игра ќе бидат известени за начинот и условите за учество во наградната игра, како и за нејзиното времетраење преку електронски медиум (на официјалната веб страна на Нестле http://www.nestle.mk/ , и на официјалната фејсбук страна на Нескафе 3 во 1 www.facebook.com/NESCAFE3in1MK ).

Член 8. Извлекување на учесниците во наградната играНаградната игра ќе започне на 16.02.2014 и ќе трае до 16.04.2014. Извлекувањето на наградите во првото коло ќе биде на 20.03.2014, извлекувањето на наградите во второто коло ќе биде на 21.04.2014.

Извлекувањето ќе биде јавно, пред тричлена комисија назначена од страна на организаторот и нарачателот на наградната игра. Комисијата се состои од претставник од Нестле Адриатик Македонија ДООЕЛ, претставник од Публицис ДОО Скопје и нотар.При извлекувањето ќе биде проверувана исправноста на пликовите, дали се запазени правилата на наградната игра. Ако истите не се исправни, ќе се врши влечење на друго плико се додека не се извлечат сите награди. Ќе бидат извлечени резервни добитници, во случај некои од добитниците да се откаже од наградата или не одговори на истата.

Жири-комисијата ќе состави официјален записник од извлекувањето.

Добитниците од двете кола ќе бидат контактирани во рок од 5 дена од извлекувањето и ќе бидат известени да дојдат да си ја подигнат наградата во канцелариите на Публицис ДОО Скопје.

Член 9. Објавување на резултатите од наградната играИмињата на добитниците на наградите ќе бидат објавени на официјалната веб страна на Нестле http://www.nestle.mk/ , и на официјалната фејсбук страна на Нескафе 3 во 1во рок од 3 дена од денот на извлекување на наградите од наградната игра.

Член 10. Подигнување на наградитеНаградите ќе бидат доделени веднаш по нивното освојување или најдоцна за 30 дена од денот на објавувањето на добитниците на официјалната веб страна на Нестле http://www.nestle.mk/ и на официјалната фејсбук страна на Нескафе 3 во 1.После завршувањето на наградната игра Организаторот нема никаква одговорност околу наградите.Добитниците не може да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет. Секоја од наградите ќе се подига од седиштето на организаторот Публицис ДОО Скопје со приложување на лична карта.

Член 11. Услови за подигнување на наградитеДоколку добитникот од која било причина не е во можност да ја подигне наградата, може да назначи лице кое ќе го стори тоа во негово име, со претходно известување на Организаторот.

Ако добитникот го откаже подигнувањето на наградата од која било причина, должен е за истото да го извести Организаторот.

Член 12. Право на приговорСекој има право да поднесе приговор за текот на наградната игра до организаторот во рок од пет (5) дена од објавување на резултатите, а организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на истиот.

Page 4: ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА “Нескафе 3 во 1 те ... › ... › nescafe_3_vo_1_te_nagraduva.pdf · 2019-06-17 · Наградната игра „Нескафе

Член 13. ГрешкиВо случај на печатни грешки во рекламните материјали Организаторот нема да се смета за одговорен.

Член 14. ОдговорностЦелокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на Организаторот Публицис ДОО Скопје, во согласност со правилата наведени во договорот за деловна техничка соработка помеѓу Публицис ДОО Скопје и Нестле Адриатик Македонија ДООЕЛ.

Организаторот ќе биде одговорен до целосна реализација на наградите, односно до подигнувањето на наградите.Со плаќањето на персоналниот данок и преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на Организаторот на наградната игра спрема добитниците.Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети или тужби кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата.

Член 15. Прекинување на наградната играНаградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја. Во овој случај, Организаторот треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекин преку соопштение во медиумите.

Член 16. Потенцијални споровиВо случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра, надлежни се соодветните судови во Скопје.

Член 17. Задолжителни правилаСите учесници се обврзани со правилата на наградната игра. Сите заинтересирани можат да добијат копија од правилата на наградната игра на свој трошок од канцелариите на Публицис ДОО Скопје. За дополнителни информации корисниците можат да се јават на телефонскиот број 02 3297-670 во Публицис ДОО Скопје, секој работен ден од 10:00 до 16:00 часот, во периодот од 16-ти февруари 2014 година до 16-ти април 2014 година.

ОрганизаторПублицис ДОО Скопје