Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

43
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 75 од 24.11.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Препораки и предлози на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија за подобрување на извозот ПАРИ ИМА, ИСКОРИСТЕТЕ ГИ ШТО ПОБРГУ ! ПРЕДИЗВИК – НАД ЕДЕН МИЛИОН ТУРИСТИ ГОДИШНО ПОНИСКИ ЦАРИНИ И ТРОШОЦИ, ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА, ПОЕФИКАСНИ ИНСТИТУЦИИ, НАТАМОШНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ... Повик до компаниите целосно да ги искористат 10,6 милиони денари наменети за поддршка и унапредување на квалитетот Перспективите на туризмот во Македонија

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 03-Mar-2016

273 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Неделен електронски бизнис информатор на Стопанската комора на Македонија

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 75 од 24.11.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Препораки и предлози на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија за подобрување на извозот

ПАРИ ИМА, ИСКОРИСТЕТЕ ГИ ШТО ПОБРГУ !

ПРЕДИЗВИК – НАД ЕДЕН МИЛИОН ТУРИСТИ

ГОДИШНО

ПОНИСКИ ЦАРИНИ И ТРОШОЦИ, ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА, ПОЕФИКАСНИ ИНСТИТУЦИИ, НАТАМОШНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ...

Повик до компаниите целосно да ги искористат 10,6 милиони денари наменети за поддршка и унапредување на квалитетот Перспективите на туризмот во Македонија

Page 2: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ДРЖАВЕН ФИСКАЛЕН СТИМУЛКАКО СИГУРНОСЕН ВЕНТИЛ

Нивото на каматните стапки и ликвидноста овозможуваат Народната банка со конвециноални инструменти да ја стимулира приватната побарувачка. Во тој случај, нема да биде потребен значителен фискален стимул од државата преку Буџетот.

Гувернерот треба да одлучи кои инструменти на монетарната политика се најадекватни за да се постигне поголем кредитен раст и ликвидност во економијата. Меѓутоа, не е на одмет и државата со фискален стимул да послужи како сигурносен вентил, иако тоа ќе бара извонредна координација на економските политики на Владата и на НБМ. Сепак Македонија е мала земја и во никој случај не ќе може целосно да го супституира падот на побарувачката што ќе следува поради контракцијата во европските земји.

(Глигор Бишев, генерален директор на Стопанска банка АД Скопје)

ВРАЌАЊЕ НА ЗАДРУГАРСТВОТО

На задругарството посветуваме посебно внимание. Една од негативните работи во однос на

перцепцијата кај земјоделците е што тие ваквото здружување го поистоветуваат со периодот од 50-тите и 60-тите години кога им беа одземани имотите. За разлика од тогаш, нам целта ни е земјоделецот да има неприкосновено право на сопственост на земјиштето. Здружувањето, пак, го гледаме исклучиво од аспект на економски интерес - подобрување на преговарачката позиција на секој земјоделец и зголемување на производството, задругата да биде достоен партнер за дијалог со откупувачите. Силно ќе го туркаме овој проект. Предвидуваме да има два типа задруги, од помал и од поголем обем, зависно од бројот на членови и земјата што ќе се обработува. Тоа треба да поттикне н а т п р е в а р , како мала задруга да стане поголема. Бенефитот е повеќекратен, најмалку пет отсто пониски цени на репроматеријалите за членовите на задругата, поголема финансиска поддршка, наместо 50 отсто, се планира 60 до 70 проценти кофинансирање за земјоделска механизација, државата ќе регресира и 20 отсто од надоместокот за вода што треба да плати задругата. Ќе се покриваат и дел од средствата што задругата ќе ги плати за осигурување на посевите, како и платите на менаџерите на задругата во првите години, најпрво 100 отсто, потоа 80, па 60 и на крај 40 проценти. Во суштина, планираме систем со кој ќе ги мотивираме земјоделците да станат членови на задругите. Ќе се разгледува и можноста

некои задруги зависно од дејноста за која се регистрирани, да добијат нова, бесплатна механизација.

(Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство)

ПРЕПОЛОВЕНА УПОТРЕБАТА НА ПЛАСТИЧНИ КЕСИ

Како резултат на спроведувањето на наредбата, генерално во изминатиов период употребата на пластичните ќеси бележи пад од 50 до 60 отсто. Најголемата придобивка е што граѓаните и трговците станаа повеќе свесни за негативното влијание врз животната средина од употребата на ќесите. Можам да констатирам дека во Република Македонија веќе се исфрлаат од употреба пластичните ќеси произведени од политилен и се заменуваат со биоразградливи. О д оваа причина, во консултација со Стопанската комора на Македонија извршивме измени на Законот за управување со пакување и отпад од пакување со кои пластичните ќеси ќе бидат целосно заменети со биоразградливи. Во законот, кој е во собраниска процедура дадовме период од девет месеци за прилагодување на индустријата по што од пазарот во Република Македонија целосно ќе бидат повлечени пластичните ќеси произведени од полиетилен и ќе можат да се дистрибуираат само

биоразградливи ќеси. Со оваа наредба биоразградливите ќеси ќе можат бесплатно да се стават во употреба.

(Абдилаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање)

РАСТЕ ИЗВОЗОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИПРОИЗВОДИ ВО РУСИЈА

Економската соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација полека, но сигурно се движи по нагорна линија. Само за девет месеци од годинава трговската размена е близу 600 милиони долари. Пред кризната 2009 година, трговската размена достигна вкупен обем од 960 милилони долари, иако да напоменам дека односот беше апсолутно во дебаланс, македонската страна учествуваше само со 30 милиони долари извоз. Потоа следеше светската економска криза која предизвика огромен пад во обемот на трговска размена. Но, во последните две години соработката повторно е на вистинскиот колосек и само за десет месеци од оваа година дојде до размена од близу 600 милиони долари. Тоа што радува е податокот дека е забележително зголемен извоз на земјоделски производи од Република Македонија, стопанска гранка каде Македонија има компаративна предност во однос на Руската Федерација, вели Бeшлиев.

(Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора)

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

Зголемување на конкурентноста на домашната економија и создавање услови за економски развој кој поддржува охрабрување на домашната индустрија за производство на производи и услуги со повисока додадена вредност, базирани на знаење, иновации и меѓусебна соработка се барањата на членките на Стопанската комора на Македонија. Овие барања, што се во насока на подобрување на извозните капацитети на домашното стопанство,

беа презентирани на работната сесија со претставници на Министерството за економија, што се одржа во Стопанската комора на Македонија (17.11.2011 година). Бизнис-секторот оцени дека дискусиите со владините претставници за подобрување на извозот се добар патоказ и за двете страни, особено во услови на криза кога побарувачката се намалува сама по себе. Заклучоците од овој состанок ќе бидат презентирани на Седмата годишна конференција за унапредување на извозот на РМ, што ќе се одржи на 29 ноември 2011 година, а дел од конкретните предлози и мерки од оваа расправа се планира да бидат имплементирани во владините политики и да влезат во новиот пакет-мерки за промоција на извозот. Во насока на подобрување на условите за зголемување на извозот членките на Комората ги предложија следниве мерки за поттикнување на извозот и зголемување на конкурентноста на македонските компании: - Намалување на царините и царинските стапки за репроматеријали и опрема и на трошоците за реализација на бизнис, подобра деловна клима со поефикасни институции, даночни

олеснувања и натамошна либерализација на трговијата. Во тој контекст се инсистираше генералното намалување на царините за опрема да почне да се применува пред 2013 година. Стопанствениците сметаат дека ќе бидат поконкурентни доколку им се овозможи царинење на стоката за извоз на повеќе гранични премини и за време на викенд, да бидат ослободени од царина при увоз на делови што се вградуваат

во извозни производи. Се побара овозможување на пребивање на ДДВ-то при увоз на репроматеријали наменети за извоз.

Извозното царињење на граничниот премин Табановце, 7 дена, 24 часа, е во функција на намалување на трошоците при извоз и постигнување ефикасност при доставувањето на производите во земјите-членки на ЕУ, каде што оди над 60% од нашиот извоз. Голем број на мали и средни комании не се наоѓаат во локалното царинење, за што се потребни логистичка и физичка инфраструктура. Во прилог на зголемување на извозот ќе биде и склучувањето на нови договори за слободна трговија и за избегнување на двојното оданочување.

Ударот од новата криза, според претставниците на компаниите, ќе зависи од партнерите со кои соработуваат, но очекуваат можните проблеми да ги решаваат заедно со Владата. Бизнис-секторот ја истакнува потребата:

- да се засилат веќе отпочнатите активности на Владата со цел постигнување на преференцијална трговија Русија;

- да се пристапи кон потпишување спогодба за одбегнување на двојното оданочување со Босна и Херцеговина и спогодба за одбегнување на двојното оданочување со Косово;

- намалување на царините на репроматеријалите, што е во тек на 150-тина тарифни линии;

- поддршка на компаниите за имплементација на иновативни и софистицирани решенија во производствениот процес, програми за зголемување на конкурентноста на македонските компании,

- потребно е проактивно кофинансирање на саеми и пропаганден материјал и поголема промоција на македонската економија по сектори.

Стопанствениците истакнаа дека еден од главните предуслови за

зголемување на извозните потенцијали на компаниите е пристапот до финансии и зајакнување на улогата на МБПР во обезбедување разни форми на финасиска поддршка на извозните компании од Република Македонија, а не да биде само во улога на осигурителна куќа. Билјана Стојановска, државен советник во Министерството за економија, најавува дека во прилог на македонските извозници ќе биде стратегијата за промоција на извозот,

со акциски план, која веќе е во владина процедура и се очекува да биде усвоена набрзо. Таа се фокусира на позиционирање на клучните традиционални сектори кои се веќе застапени на странскиот пазар од аспект на неговиот извоз и воедно потенцијалните извозни сектори. Стопанската комора на Македонија ќе ги сублимира изнесените предлози и препораки од страна на извозниците и ќе упати официјален допис до Министерството за економија, со предлог-мерки кои би требало да бидат дискутирани на Седмата годишна конференција за поддршка на извозот.

АКТУЕЛНО

Препораки и предлози на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија за подобрување на извозот

ПОНИСКИ ЦАРИНИ И ТРОШОЦИ, ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА,ПОЕФИКАСНИ ИНСТИТУЦИИ, НАТАМОШНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА...

Page 4: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

АКТУЕЛНО

УВОЗ НА ОПРЕМА БЕЗ ЦАРИНА

Царинската управа ни овозможува директно царинење на излезите на Богородица и на Блаце, но не и на другите излези од државата. Најголемиот проблем е што 24 часа тоа не можеме да го направиме на излезот на Табановце. Бараме тоа да се направи што поскоро бидејќи најголемите пазари на македонските извозници се сепак кон европските пазари. Со царинењето на преминот Табановце ќе ни се олесни работата, ќе можеме 24 часа да ја поминуваме границата, но истовремено нема да ги ангажираме вработените и да ни се создаваат дополнителни трошоци. И при увоз на репроматеријалите наменети за извоз треба да се овозможи пребивање со ДДВ-то кое го имаме со државата и да не ослободат од царината за опремата што ја увезуваме. На истите тие машини и на истата таа опрема отвораме многу работни места, но едноставно како да сме казнети и мораме да платиме царина. Не гледам зошто мора да плаќаме царина на опрема која ниту може да се произведува во нашата држава. Тоа за мене е непотребно и се надевам дека ќе најдеме разбирање со министерствата за проблемите и нашите барања со кои се занимаваме и расправаме.

(Трајче Леов, сопственик на „Леов компани“ од Велес)

ШТО ПОБРГУ ДО НОВИ НИЛАТЕРАЛНИ ДОГОВОРИЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА

Има потребата од нови билатерални договори за слободна трговија и за избегнување на двојното оданочување со земјите со кои тоа не е направено. Немањето договор за слободна трговија влијае на конкурентноста на нашите производи поради дополнителните давачки што ги имаме при влезот на нашите производи во Русија. Владата веќе преговара со Русија за можност за склучување спогодба за бесцаринска трговија, но има нетарифни бариери коишто влијаат на одлуката за потпишување на договорот. Можеби Владата би требало во меѓувреме да се концентрира на одредени индустрии и гранки за кои Русија би нашла доблест да ги прифати и таа билатерална спогодба да биде фокусирана на дел од индустриските гранки, а не држава со држава. (Зоран Костовски, раководител на логистика

и продажни операции во Алкалоид а.д. Скопје)

НОВИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА СПАС ОД КРИЗАТА

Се занимаваме со извоз на пречистителни станици со своја нова технологија. Кризата може да се избегне со новини во работењето. Ние сме мала фирма, но имаме нова технологија, на база на која имаме извезено пречистителни станици во 12 земји. Тоа значи дека се што е ново не припаѓа на кризата и така може да се опстане и да се води фирмата во добар правец. Не ни треба поддршка од државата ако сами не стоиме на нозе. Поддршка не ни дава никој. Се потпираме на нашите сили и знаења.

(Јоти Поповски, сопственик на Еколошко биро)

Page 5: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

АКТУЕЛНО

ПРЕДЛОГ МЕРКИФИРМА ПРЕДЛОГ

МИКРОСАМ АД

1. натамошно намалување на царински стапки за суровини и репроматеријали кои не се произведуваат во земјата2. поедноставување на царинските процедури во пракса 3. склучување на спогодба за слободна трговија со Русија4. Олеснување на визен режим со Русија и Кина за полесно патување5. Поддршка на извозните компании со гаранции од државата

ЕУРОМИЛК НТЕРНАЦИОНАЛ ДОО - СКОПЈЕ

1. Подобра организираност на државата кон извозните компании2.Субвенционирање

Жито Лукс - Скопје 1. Упростување документација за извоз во Косово

КО-ПЕР ДОО1. Финансиска подршка за развој на нови и редизајнирање на постоечки производи наменети за извоз2. Финансиска подршка при набавка на современа високо продуктивна технолошка опрема за производство на стоки наменети за извоз

МАКЕДОНИЈА ЕКСПОРТ

1.субвенции на транспорт2. групно учество на саеми3. намалување на даноци за репро материјали

ДИМКО МИТРЕВ А.Д.УВОЗ-ИЗВОЗ

1. Државата да овозможи бенефиции за извозно ориентираните фирми,посебно за оние коишто се од неакумулативните дејности2. Да се намалат царинските стапки за увоз на репроматеријалите, посебно за оние со потекло од Кина3. Решавање на еколошките проблеми и воведување на стандардот 140014.Воведување на ISO стандарди и напредни софтвер програми

КРОМА ИНТЕРНАЦИОНАЛ

Постојат различни наши согледувања кои мислиме дека би биле од големо значење за зголемување на извозот.

ГЕОПРОМ

1. Niska carinska stapka za uzov na surovini, so sto i nasite proizvodi bi bile pokonkurentni na domasniot i stranskiot pazar;2. Namaluvanje na davackite za registracija na herbalnite lekovi i dodatocite vo prehrana samo za proizvoditelite vo Makedonija, no ne i za uvoznicite na is� gotovi proizvodi odstranstvo;

РАДЕ КОНЧАР КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ

1. намалување на царински стапки за репроматеријали кои не се произведуваат во земјата2. Поддршка на извозните компании со давање на добри кредити за производство ,со минимална камата и долг грејс период3. Пловечки курс на Еврото како директна поволност на извозните компании4. склучување на спогодба за слободна трговија со Русија5. МБПР да биде навистина подржка на државата за извозот а не класична осигурителна компанија 6. Соодветните владини институции да застанат со гаранции зад јаките извозници кои би ги покренале потоа малите извозници на одреденипазари.7. Подржување на извозните активности од страна на владата како учества на саеми и пропагандни материјали8. Поблиско запознавање на представниците на власта задолжени за економијата на земјава со самите извозници од Македонија, како би знаеле кого и како да го промовираат и за кого да ги проектираат своите работни активности во насока на зголемување на извозот во републикава 9. Обединување на информациите од промоторите од земјите каде работат ,во еден систем кој би бил достапен за сите извозници 10 . Поактивно лобирање во интерес на извозниците од страна на нашите дипломати во земјите каде работат и обезбедување корисни информации за извозниците

ФАКОМ АД – СКОПЈЕ1.Субвенционирање на најголемите извозници во металопреработувачката индустрија 2. Намалување на царинските стапки за репроматеријалите, опрема и машини кои се набавуваат од странство

Page 6: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

МОЖНОСТИ

Повик до компаниите целосно да ги искористат 10,6 милиони денари наменети за подршка на унапредување на квалитетот

ПАРИ ИМА, ИСКОРИСТЕТЕ ГИ ШТО ПОБРГУ!

Во рамките на Програмата за имплементација на индустриска политика за 2011 Министерството за економија има на располагање буџет од 10.620.000 денари наменет како директна подршка на компаниите. Намената на овие средства е надомест на дел од трошоците за деловните субјекти до 3.000 евра за:

• создавање конкурентни производи (продуктивност, комерцијализација на нови производи, воведување СЕ ознака) 3.000.000 ден.

• развој на пазарот (истражување на пазари, развој на бренд, маркетинг стратегија, прилагодување кон ЕУ пазарите стандард, сертификат) 2.500.000ден.

• Технолошки развој (набавка на мерни уреди, инструменти, софтвер, обуки)

• Обука за еко производство 500.000 ден.• Вработување млади истражувачи (магистри

и доктори на наука) 1.000.000 ден.• Комерцијализација на патентирани

иновации 600.000 ден.• Примарно истражување на атрактивни

пазари 350.000 ден.• Обуки за учество во меѓународни проекти и

програми 170.000 ден.

Поради недоволната заинтересираност на компаниите за оваа подршка, во 2011 се искористени само 30% од буџетеките средства. Министерството за економија ги повиукува компаниите да вложаат напор да ги искористат преостанатите средства за оваа година. Министерството за економија најавува дека и во 2012 година се планира истата подршка за имплементација на индустријската политика, односно подршка за унапредување на конкурентноста на индустријата. Условите за аплицирање на средствата на подршката од Програмата за имплементација на индустриска политика за 2011 можат како и други подршки можат да се најдат на следните веб страни на министерството www.economy.gov.mk.

Преглед на сите секторски програми за подршка:h�p://www.economy.gov.mk/?ar�cle=d0e8a351-22e1-44bf-b918-4219d2190664&lang=3 Програмата за индустријската политика: h�p://www.economy.gov.mk/Uploads/files/sektorskiDok/industrija/Programa%20za%20implementacija%20na%20industriskata%20poli�ka-2011.pdf Програма за развој на претприемништво и иновативност на мали и средни компании: h�p://www.economy.gov.mk/Uploads/files/sektorskiDok/PK/Programa%20za%20razvoj%20na%20pretpriemnistvoto,%20konkurentnosta%20i%20inova�vnosta%20na%20malite%20i%20sredni%20pretprija�ja%20vo%202011%20godina.pdf

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА - ПРОГРАМИ, ДОКУМЕНТИ И ПРОЦЕДУРА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА 2011

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИП (Индустриска политика) - Програми и документи за поттикнување на конкурентноста 2011 Програми за 2011 преку кои се имплементира „Индустриската политика“се следниве:

1. Програма за имплементација на индустриската политика - МЕ

2. Програма за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија - МЕ

3. Програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија - АППРМ

4. Програма за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Македонија - МЕ

5. Програма за технолошки развој и техничка култура – МОН

Проекти- Топ Менаџмент – Влада на РМНови стратешки документи во подготовка

1. Стратегија за иновации – МЕ/ОЕЦД2. Стратегија за извозна промоција - МЕ3. Програма за истражување и развој – МОН4. Програма за технолошки развој - МОН

ПРОГРАМА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА ЗА 2011

Програмата за имплементација на индустриска политика за 2011 е објавена во Службен.Весник на РМ во Април 2011) Износ: 10.620.000 денари Носител: Министерство за економија Целна група се: Фирми од преработувачка индустрија НКД Рев 2Намена – надомест на дел од трошоците за деловните субјекти до 3 илјади ЕУРА за:

• создавање конкурентни производи (продуктивност, комерцијализација на нови производи, воведување СЕ ознака)

3.000.000 ден.• развој на пазарот (истражување на пазари,

развој на бренд, маркетинг стратегија, прилагодување кон ЕУ пазарите стандард, сертификат) 2.500.000ден.

• Технолошки развој (набавка на мерни уреди, инструменти, софтвер, обуки)

• Обука за еко производство 500.000 ден.• Вработување млади истражувачи (магистри

и доктори на наука) 1.000.000 ден.• Комерцијализација на патентирани

иновации 600.000 ден.• Примарно истражување на атрактивни

пазари 350.000 ден.• Обуки за учество во меѓународни проекти и

програми 170.000 ден.

ПРОЦЕДУРА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Отворен е Јавен повик за аплицирање и истиот е објавен на веб страната на МЕ-Министерството за економија на Р.М.

Потребни документи за аплицирање:

1. Пријава и барање2. Документ за регистрирана дејност и

информација за економско финансиска состојба од ЦР

3. Договор, фактура и извод за подмирени обврски

4. Извештај со индикатори за успешност5. Таксени марки од 250 и 50 денари6. Други документи зависно од мерката

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА 2011 И ПЛАНИРАЊА ЗА 2012

1. Процент на реализација на Програмата за 2011 година – 30%;

2. Недоволна заинтересираност на фирмите; 3. Мерките се дискутирани со повеќе

стејкхолдери, а исто така се следени и искуствата на другите земји;

4. План за 2012 продолжување на Програмата со средства од Буџет и користење на ИПА фондови за градење на капацитети.

Page 7: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Регионална комора со седиште во ПрилепПРОМОВИРАН ПОСТОЈАНИОТ ИЗБРАН СУД АРБИТРАЖА ПРИ СТОПАНКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Во Регионалната комора со седиште во Прилеп, на 22.11.2011 година, се одржа презентација на тема: „Арбитражата како поефикасен и побрз начин на решавање на споровите”, на којашто присуствуваа учесници од компаниите-членки на Комората. Присутните имаа можност да се запознаат со постапката и со можностите за решавање на споровите пред Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, како и со предностите на арбитражното судење во однос на судењето од страна на државните судови. Покрај тоа, предавачите проф. д-р Арсен Јаневски, претседател на Арбитражата при Комората, проф. д-р Тони Дескоски, потпретседател и проф. д-р Татјана Зороска Камиловска, член на претседателството на Арбитражата, во своите презентации посветија посебно внимание на најзначајните прашања поврзани со арбитражната постапка, меѓу кои и содржината и полноважноста на арбитражната клаузула, арбитрабилноста на споровите, начинот на признавање и извршување на странските арбитражни одлуки и слично.

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија во наредниот период ќе ги насочи своите активности кон промоција на работата на Арбитражата, со цел да ги информира компаниите како своите спорови да ги решат на побрз и поефикасен начин. Сите заинтересирани субјекти, за прашањата поврзани со Арбитражата и начинот на водење на постапката, можат слободно да не` контактираат.

Kонтакт:М-р Елена Милевска Штрбевска,секретар на Постојаниот избран судАрбитража при Стопанската комора на МакедонијаТел: 02/3244-023E-адреса: [email protected]

Стопанската комора на Македонија во периодот од 17 до 19 ноември 20 година на Паличко Езеро, во Војводина, Република Србија, организираше советување„УПРАВУВАЊЕ СО ОПЕРАТИВЕН РИЗИК, ПРАВЕН РИЗИК И РИЗИК ОД НЕУСОГЛАСЕНОСТ СО ПРОПИСИ – ПРАКТИКИ И ИСКУСТВА “

Во периодот од 17 до 19 ноември 2011 година, на Паличко Езеро, во Војводина, Република Србија, од страна на Стопанската комора на Македонија беше организирано советување на тема: „Управување со оперативен ризик, правен ризик и ризик од неусогласеност со прописи – практики и искуства“. Целта на овој едукативен настан беше сите компании, а особено банките да бидат одблиску запознаени со начинот на кој би можеле да се справат со оперативниот ризик, системот за управување со истиот во смисла на разработка на соодветна стратегија и политика за управување со оперативниот ризик, организациската поставеност на управувањето со оперативниот ризик, како и системот на известување на раководството. Сите учесници беа детално запознаени со процесот на управување со оперативниот ризик, односно со начинот на кој би можеле да го препознаат ризикот, потребните техники за проценка на нивото на изложеност на банката на оперативен ризик, начинот на спроведување на контрола за намалување на оперативниот ризик, како и следење на истиот. Воедно, беше презентирана и новата Капитална спогодба и оперативниот ризик, со што беа нагласени позитивните и негативните страни од истата, а беа дефинирани и различните пристапи за утврдување на капиталот потребен за покривање на оперативниот ризик. Делот од оваа проблематика беше презентиран од страна на д-р Евица Делова Јолевска, која успешно ги анимираше учесниците преку анализа, компарација и дебата на актуелните проблеми со кои се сретнуваат компаниите во секојдневната пракса. Исто така, учесниците беа запознаени и со начинот на управување со правен ризик и ризик од неусогласеност со прописи, при што беше детално анализиран концептот на правниот ризик и неговото разбирање, изворите и видови на правен ризик, начинот на идентификација на истиот, мерење на правниот ризик. На овој едукативен настан беше презентиран и системот за управување со правниот ризик, односно беа

презентирани и интерните акти и системи за управување со правен ризик, нивната организациска поставеност, системот на известување на раководството, а воедно беше и детално објаснет ризикот од неусогласенот со прописите, поставувањето и усовршување на системите за идентификација и мерење на ризикот од неусогласеност со прописите, новините во Европска унија и во САД (прописи и практики) поврзани со системите за управување со ризик од неусогласеност со прописи во смисла на интерни акти и системи за управување со ризикот од неусогласеност со прописи,

нивната организациска поставеност, како и Compliance Checklists, извештаи и други добри практики. Оваа проблематика беше детално образложена од страна на д-р Елена Бундалеска, која преку анализа на релевантните прописи во нашата земја со компарација на истите со европските и детално анализираните практични проблеми од оваа област успеа да ги запознае учесниците со сите предности и слабости кои произлегуваат од правниот ризик и неусогласените практики во реалното стопанско работење. Учесници се здобија со професионални теоретски и практични знаења, имаа можност практично да се обидат да најдат решение на реални примери од секојдневната пракса преку изработка на различни тестови, а се` со цел учесниците да увидат како би требало да постапат во иднина кога би се сретнале со истите проблеми при раководење на своите компании. Стопанската комора на Македонија на секој од учесниците на ова советување му додели соодветен сертификат за здобиените вештини и знаења во оваа област.

Анита Митревска

Page 8: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

Туроператорот ’’KUTRUBES TRAVEL AGENCY’’ од Бостон во Стопанската комора на МакедонијаМАКЕДОНСКАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДАНА АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија беше домаќин на туроператорот од ’’KUTRUBES TRAVEL AGENCY’’ Kathryn Kutrubes од Бостон, САД. На средбата беа претставени македонските компании од сите туристички дејности:

хотелите со сите големини и категории, националните ресторани и македонските туристички агенции. Коморското Здружение ги понуди целокупните туристички можности од сите региони од Република Македонија: езерскиот туризам, планинскиот, руралниот, алтернативниот, еколошкиот, културниот, верскиот, бањскиот туризам, транзитниот, спортскиот и ловниот туризам. Посебно воодушевување на американскиот туроператор предизвикаа историските знаменитости во Скопје, Старата чаршија, Камениот мост, Калето, музеите, каќата на Мајка Тереза и Скупи; потоа, убавините на патот низ Западна Македонија, Националниот парк Маврово и манастирот Свети Јован Бигорски. Во своите препораки за патување во Република Македонија, на своите потенцијални клиенти, американскиот туроператор ќе го истакне и Охрид со стариот дел на градот, Самоиловата тврдина, првиот универзитет на Балканот Плаошник и многубројните цркви, а ќе ја раскаже и приказната за охридскиот бисер. Воодушевувањето беше забележливо и од националните паркови Галичица и Пелистер, како и од македонските градови Битола, Прилеп и Крушево, археолошките наоѓалишта Хераклеа, Маркови Кули и Стоби, прочуените македонски винарници и од убавините на Смоларските водопади, манастирите Вељуса и Водоча,

планинскиот и еколошки амбиент околу Берово. На препорака на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија американскиот туроператор ’’KUTRU-BES TRAVEL AGENCY’’ на својата почетна интернет-страна во понудата за посета на Балканот, која сега доминира, ќе ја постави и Република Македонија, како навистина привлечна дестинација, каде има што да се види и посети, а може да се доживеат незаборавни моменти за

американските туристи. Здружението и понатаму ќе ги остварува потребните контакти со американскиот туроператор во интерес за квалитетна размена на потребни информации со македонските компании од секторот на угостителството и туризмот, а со цел за поголема посета на американските туристи на Република Македонија.

Лазо Ангелевски

Бизнисмените од Торбали во Република Турција во Регионалната комора со седиште во БитолаИЗРАЗЕНА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Во организација на Регионалната комора со седиште во Битола и Амбасадата на Република Македонија во Република Турција, во Битола се одржа средба на стопанственици од регионот на Битола и стопанственици од Комората во општината Торбали која се наоѓа во турскиот град Измир (16.11.2011 година). Средбата беше како продолжение на посетата што турската делегација ја остварува деновиве во нашата земја и ги испитува областите за инвестирање во Македонија. На состанокот, кој се одржа во форма на Турско-македонски бизнис-форум и билатерални средби на кои беа присутни компании од металната индустрија, градежништвото, производството на мебел, греење и ладење, земјоделството, пластика и прехранбената индустрија. - Живееме во регион кој има традиционални врски со Турција и тие се испреплетуваат во сите области од економијата и културата. Сакаме да тргуваме со Турција. Република Македонија има 350 милиони САД долари во вкупната трговија со Република Турција. Од тоа 250 милиони се увоз, а остатокот е извоз. Но, тоа треба да се подигне и да се зголеми обемот на трговија со Турција, – истакна Благој Стојчев, претседател на Регионалната комора со седиште во Битола. Претседател на Одборот на директори на Комората од Торбали, Бехчет Чинар, им се заблагодари на присутните за гостопримството и напомена дека Битола е град на младоста и на образованието на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк и дека тие се многу среќни да бидат во овој град. - Регион и воопшто балканскиот пазар за турските бизнисмени се многу важни. Во април, ги посетивме Хрватска и Босна и направивме слични контакти. Сега, службено патување организиравме во Македонија и Косово. Нашата проценка е дека во Македонија има потенцијал за

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 9: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

да се инвестира. Нашата намера е да ја зголемиме таа квота, истакна Бехир Чинар, претседател на Бордот на директори во Комората на општина Торбали. Амбасадорот на Република Македонија во Република Турција, Горан Таскоски ја истакна важноста што ја дава Владата во соработката меѓу Турција и Македонија, велејќи дека и двете земји се со целта да се постигне меѓусебна трговска размена од една милијарда евра во догледно време.

-Подготвеноста за зголемување на инвестициите во нашата држава ја истакна и премиерот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој што неодамна ја посети земјава. Нашата основна задача е во државата каде ја вршиме нашата функција да ги истакнеме условите за инвестирање во Македонија. Уверен сум дека во наредниот период Битола ќе ги почувствува благодетите од нашиот ангажман во Турција бидејќи во овој град секојдневно престојуваат бизнисмени од Турција кои сакаат да инвестираат во оваа за нив нова стопанска дестинација во која се нудат поволности за вложувања, - истакна амбасадорот Таскоски. Турските стопанственици предочија дека извршиле истражувања и пресметки за цената на еден производ изработен во Македонија кој е значително поевтин поради пониските даночни обврски и затоа цврсто се решени да инвестираат во Македонија. Пред нив

беа презентирани потенцијалите за инвестирање во регионот, со надеж за поефикасна и поефективна соработка во наредниот период.

М-р Никола Димковски

Семинар за „Учество на електронски постапки за јавни набавки и е-аукции”ЗАРАДИ ИНТЕРЕСОТ УШТЕ ДВА ТРЕНИНГАВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

*Семинарот се однесуваше за тоа како успешно да се учествува во постапките за доделување договори кои се водат по електронски пат (пребарување огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување) и на електронски аукции Поттикнати од фактот што на голем број компании - понудувачи не им се познати најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија, на 22 ноември 2011 година, организираше еднодневен семинар кој придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции. На семинарот присуствуваа деловни лица од различни компании кои учествуваат во постапките за јавни набавки и кои и електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на е-аукции. Предавачи на семинарот беа Марија Јованоска и Горан Давидовски, од Бирото за јавни набавки, кои на учесниците детално им го образложија Статутот на е-набавките на РМ, им помогнаа да си креираат кориснички профили на системот и да комуницираат со договорен орган преку ЕСЈН, да пребаруваат објавени тендери и договори, како и да учествуваат на е-аукции и како

дигитално да потпишуваат понуди и да ги поднесуваат преку системот. Поради голема заинтересираност на компаниите за учество на семинарот, како и поради ограничениот број на учесници, ист ваков семинар ќе се одржи на 24 ноември 2011 година и во декември.

Елизабета Андриевска –Ефтимова

Предавање на експерт од Стопанската комора на Македонија пред студенти на Економскиот факултетДЕТАЛНО ЗА ДОКУМЕНТИТЕ ЗА НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА

Врз основа на долгогодишната соработка меѓу Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Стопанската комора на Македонија, на 21.11.2011 година, пред студентите од четврта година на департманот Надворешна трговија, предавање одржа Лазо Ангелевски, самостоен советник во Дирекцијата за претставување и застапување на интересите на членките на Стопанската комора на Македонија.

На предавањето студентите имаа можност да се запознаат подетално со документите за надворешна трговија – трговските документи (трговска фактура, профактура, спецификација на стоката, сертификат за квалитет, испратница, сертификат за движење, потврда за потекло, сертификат за потекло на стоката), транспортни документи (камионски товарен лист, железнички товарен лист, коносман, авионски товарен лист, packing-листа) и царинските документи (декларација за царинска вредност, збирна декларација, АТА-карнет, ТИР-карнет, единствен царински документ ЕЦД). Посебен интерес студентите покажаа за конкретните примери за работа со примероците од меѓународните трговски документи со кои имаа можност да се запознаат на предавањето.

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 10: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

НОВИТЕТИ

Page 11: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Винарница „Тиквеш“ од Кавадарци со амбициозни планови за идната годинаГОДИНАШНАТА БЕРБА ОДЛИЧНА, СЕ ОЧЕКУВА ИЗВОЗ И ВО САД

Светската криза нема да се рефлектира врз извозот на амбалажираното и на врвното вино на винарницата „Тиквеш“ од Кавадарци. За наредната година менаџерите ги приспособиле плановите на реалната потреба на балканскиот и на европските пазари. Како што пишува „Утрински весник“ по високата оценка, со која светски познатиот вински критичар Роберт Паркер го оценил виното на „Тиквеш“, винарницата очекува извоз и на американскиот пазар, особено пласман на категоријата врвни вина. -Ќе се случи уште поинтензивен развој и промоција на македонското вино во светот. Тоа се очекува од „Тиквеш“ како лидер,- вели Игор Илиевски, генерален менаџер на винарската визба „Тиквеш“. Винската индустрија е можеби една од ретките каде што крајниот производ, -поточно виното, зависи од квалитетот на бербата. -Годинашната берба беше идеална, имавме одлични временски услови, многу сонце и малку дожд, што придонесе за врвно квалитетен род или грозје, посебно кај црните сорти“, вели Марко Стојаковиќ, главен енолог на „Тиквеш“.

Компанијата за производство на челични конструкции „Факом“ од СкопјеНЕТО-ДОБИВКАТА ЗГОЛЕМЕНАЗА НАД 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Компанијата за производство на челични конструкции „Факом“ од Скопје објави зголемување на нето-

добивката до нивото од 87 милиони денари (1,4 милиони евра) во првите 9 месеци од годинава, споредено со износот од само 6,6 милиони денари во истиот период лани. Оперативните приходи бележат засилен раст и тоа од 656,5 милиони денари лани на 1,012 милијарди денари годинава. Раст бележат и оперативните трошоци, но не толку како и оперативните приходи - од 658,6 милиони денари лани на 932,7 милиони денари годинава. „Факом“ е во сопственост на компанијата „Репро Оне“, а се занимава со дизајн, производство и составување на челични конструкции. Во компанијата работат 700 лица.

Успешна година за ЈП хидросистем „Стрежево“НАПЛАТАТА СТИГНА ДО 80 ОТСТО, ДИВИТЕ ПРИКЛУЧОЦИ НА МИНИМУМ

Јавното претпријатие „Стрежево“ д Битола во чија надлежност е хидросистемот за наводнување во должина од 540 километри, поставен на обработлива површина од 20.200 хектари во Пелагонија, годинава остварува успешно работење, со зголемена ликвидност и редовни плати во претпријатието. - ЈП „Стрежево“ годинава ја подобри наплатата од корисниците на системот, навремено ги извршува обврските кон добавувачите, како и обврските кон УЈП и другите законски давачки кон државата, изјавил Љупчо Бошевски, генерален директор на претпријатието, а го цитира МИА. Според него, новиот менаџерски тим наследил три неземени плати за вработените, големи обврски кон добавувачите, неплатен долг кон УЈП во висина од 17,5 милиони денари и неликвидност. - Но, со максимален ангажман на новиот менаџерски тим, најнапред значително ја подобривме наплатата за извршени услуги и од тогашните 10 отсто сега изнесува над 80 отсто, со што сега навремено ги извршуваме обврските кон добавувачите, обврските кон УЈП и други давачки кон државата,

а вработените навреме го добиваат својот личен доход, - додал Бошевски. Од ЈП „Стрежево“ потврдуваат дека бројот на диви приклучоци во хидросистемот е сведен на минимум, а зголемена е директната соработка со водокорисниците од двата сектора.

Конкурс на „Пакомак“ за најкреативно уметничко дело од амбалажен отпад„TRASH FOR ART”

Лиценцираната компанија за управување со амбалажен отпад „ПАКОМАК“ распиша награден конкурс за уметничко дело од амбалажен отпад „Trash for аrt“. Готовите уметнички дела треба да бидат доставени во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, од 5 до 7 декември 2011 година, од 12-19 часот. Најкреативното дело ќе добие парична награда од 1.000 евра.

Во креирањето на делата може да се употреби амбалажен отпад: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, кутии конзерви, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак пакувања, кеси од чипс... Делата треба да бидат изработени од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад и да бидат високи до 150 сантиметри.

Page 12: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ПЕРСПЕКТИВИ

Туризмот во Македонија (3)

ПРЕДИЗВИК – ДА СЕ ДОСТИГНЕ НИВОТО ОД ОСУМДЕСЕТИТЕ ГОДИНИ Тековните статистички податоци за 2001 године покажуваат дека македониските компании од туристичкиот сектор остваруваат позитивни резултати. Според Државниот завод за статистика, во м.август 2011 година бројот на туристите е зголемен за 8,3 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 5,9 проценти во август 2011, во однос на истиот месец 2010 година. Бројот на туристите во август изнесува 118 341, а бројот на ноќевањата 629 670. Бројот на домашните туристи за истиот период е зголемен за 1,8 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 24,5 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 0,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 50,5 проценти. Во периодот од јануари до август 2011 година, во однос на истиот период 2010, бројот на туристите е зголемен за 8,9 проценти, кај домашните туристи има намалување за 1,7 % , а кај странските туристи има зголемување за 24,5 отсто. Во првите осум месеци од 2011 година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.0% и тоа, кај домашните туристи има намалување за 4,3%, а кај странските има зголемување за36,7%. Но, туристичките работници од Република Македонија пред себе имаат еден голем предизвик – да се достигне нивото од 80-тите години, кога во просек Република Македонија ја посетувале над еден милион туристи. Во 1987 година забележани се 1.183.160 туристи со остварени 3.978.028 ноќевања. Домашни туристи биле 494.144 со 2.426.108 ноќевања, а странски туристи биле 689.016 со 1.551.920 ноќевања. Оваа бројка сега речиси е преполовена. Во 2010 година во Република Македонија дошле само 586.241 турист со остварени 2.020.217 ноќевања. Странски туристи биле 261.696 со забележани 559.032 ноќевања, а домашни туристи биле 324.545 со остварени 1.461.185 ноќевања.

Доаѓања на туристи Ноќевања на туристи

Година Вкупно домашни странски Вкупно домашни странски

1987 1 183 160 494 144 689 016 3 978 028 2 426 108 1 551 920

2006 499 473 297 116 202 357 1 917 395 1 474 550 442 845

2007 536 212 306 132 230 080 2 019 712 1 501 624 518 088

2008 605 320 350 363 254 957 2 235 520 1 648 073 587 447

2009 587 770 328 566 259 204 2 101 606 1 517 810 583 796

2010 586 241 324 545 261 696 2 020 217 1 461 185 559 032

Анализата на доаѓањата на туристи и ноќевањата по видови места, покажува дека има широк спектар на атрактивни туристички дестинации. Регионите со нашите природни езера Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро, се најпривлечни, најпосакувани и најпосетени туристички дестинации. Но, евидентно е дека туристите се` повеќе се насочуваат кон бањскиот и планинскиот туризам, посебно вон летниот период.

2006 2007 2008 2009 2010

Вкупно 1 917 395 2 019 712 2 235 520 2 101 606 2 020 217

Скопје 191 314 214 988 251 950 240 695 229 521

Бањски места 120 298 119 835 137 166 134 840 216 526

Планински места 110 337 83 806 110 012 120 891 160 336

Др. турист.места 1 369 428 1 436 121 1 562 487 1 418 318 1 250 866

Други места 126 018 164 962 173 905 186 862 162 968

По видови деловни единици, најголемо учество, со по една третина, имаат хотелите, но и куќите, становите за одмор и собите за издавање, што упатува на потребата за посебно внимание на сите категории деловни единици. Особено треба да се иницира поголема дисциплина за категоризација и регуларно пријавување на туристичкиот промет со цел елиминирања на нелојалната конкуренција и спречување на „сивата“ економија. Според земјата на припадност, најмногу туристи има од соседните земји, потоа од Труција, Хрватска и Словенија, од другите европски земји од Италија, Германија, Полска, Холандија и Велика Британија, а од прекуокеанските земји - од САД и Австралија. Секторот угостителство и туризам учествува во БДП со помалку од два отсто. Овој сектор добива за субвенции и други приходи од државата за организирани посети на значајни саеми, настани, бизнис-средби, брошури, мапи и други проекти недоволни 700.000 евра. Според Светскиот совет за патувања и туризам, македонскиот туризам има учество во БДП од 1,45% , и е на 168 место, од 181 земја во светот, во категоријата на учество во вкупно вработените во секторот туризам Македонија е на 165 место, а во учеството на инвестициите во туризмот во вкупните инвестиции Македонија е на 163. место. Најдобри споредбени резултати во светски размери македонија има во учеството на туристичкиот прилив во однос на вкупниот извоз со остварено 113. место. Со намалувањето на ДДВ за угостителството и туризмот, кое се воведе на барањето на Здружението на угостителството и туризмот, а се изгласа во м.октомври 2011 година, се очекува ефектите да се почувствуваат во склучувањето договори за туристичката сезона во 2012 година. Туристичкиот промет е најголем во месеците јули и август кога во Македонија има над половината од вкупниот број на дојдени туристи и над половината од остварените ноќевања од вкупните во текот на целата година. Намалувањето на стапката на ДДВ се очекува да ги намали цените на услугите на хотелските и другите сместувачки капацитети за износот на намалениот данок. Но, тие средства хотелските работници ќе ги насочат и кон надополнување на отстапките што веќе ги направиле во формирањето на цените при склучувањето на аранжманските договори со странските

Page 13: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ПЕРСПЕКТИВИ тур-оператори и најзначаен дел ќе се насочи за повторно инвестирање во секторот.

Туристичките работници посочуваат дека ваквата мерка, заедно со најавената реорганизација на Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот во Македонска национална туристичка организација (чија цел ќе биде спроведување на Стратегијата за туризам и поголема и подиректна соработка со бизнис-заедницата и локалната самоуправа), како и постојните субвенции за донесените странски туристи, претставуваат можност за развој на туристичката дејност, каде што директно работат 15.000 луѓе, а учеството на БДП е 1,5 отсто. Со цел да се зајакне фокусот и поддршката на Владата за развој на туризмот во Република Македонија, како и да се обезбеди навремена реализација на Стратегијата за развој на туризмот и на проектите од Програмата на Владата од оваа област, Владата формираше Комитет за туризам. Комитетот ќе ги дава потребните насоки и ќе ги разгледува политиките, мерките и проектите кои имаат за цел унапредување на туристичката инфраструктура и промоција на Република Македонија како атрактивна туристичка дестинација во странство. За таа цел, на една од наредните седници на Владата ќе биде доставен акционен план со чекорите што ќе бидат преземани од надлежните институции во насока на реализација на Стратегијата за развој на туризмот.

МЕРКИ ЗА РАЗВОЈ НА УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ

Компаниите од туристичката индустрија во Република Македонија постојано го унапредуваат своето работење со цел постигнување на повисоки стандарди на своите услуги и прилагодување на барањата на туристите од целиот свет. Се врши рационализација на интерните трошоци на работењето, средување на своите сместувачки капацитети и подобрување на стандардите и квалитетот на услугите, се води селективна политика на цените и нивно прилагодување со вистинската состојба на квалитетот на понудата, со реалната пазарна состојба и со движењето на понудата и потрошувачката на туристичкиот пазар (посебно со сезонските осцилации). Посебно внимание се обрнува на

унапредување на квалитетот на производите и развивање на дополнителна понуда и содржини со цел продолжување на сезоната, се настојува да се подобри соработката на сите нивоа и со јавниот и со приватниот сектор за создавање преуслови за квалитетно управување со дестинациите и остварување на оптимален учинок во однос на ,,вредност за пари“, потоа, активно и континуирано се следат состојбата и движењата на пазарот, ценовното и друго прилагодување, со цел да се избегне негативното влијание на сезонските влијанија и на другите нарушувања, едукација на матичните и други учесници во туристичката индустрија со цел подигнување на квалитетот на услугите, поголемо вклучување на понудата на стоки/производи од домашно производство (во тековното работење и при инвестициските вложувања), како и креирање посебни понуди/програми наменети на посебни структури на потрошувачи според возраста (млади, пензионери и постари лица), според интересот (службено патување, одмор, велнес и др.) и др. Во триаголникот на трите главни и највлијателни субјекти во туристичката индустрија: компаниите, локалната и централната власт секој треба да си ја преземе одговорноста. Затоа туристичките работници бараат соответни мерки и од локалната власт, кои реално им припаѓаат: развој на објектите од водоснабдувањето и јавното осветлување, подобрување на комуналната инфраструктура, развој на патната инфраструктура, санација на депониите за отпад, организирање на спортски и културни манифестации, уредување на зелени површини, паркиралишта, плажи, развој на етно еко села, развој на тематски стази, промоција на туристичката сезона, изградба и поставување на туристичка сигнализација и поголемо вклучување на стопанските субјекти од другите сектори кои имаат корист од туризмот во туристичките промотивни пазарни активности за остварување на посилен заеднички учинок. Посебни мерки од локалните власти треба да се очекуваат за подолжување на туристичката сезона преку продолжување на календарот на културно-забавните содржини, ограничување на градежни работи отворено, овозможување продолжување на сезонската работа на угостителите, одржување сезонскиот ред на возење на автобусите, промовирање на можноста за припрема на спортистите во Република Македонија, продолжување на летното работно време во трговијата и угостителството и други мерки специфични за регионот каде има ингеренции соответната локална власт. Системските мерки на државата директно влијаат на секојдневното работење на туристичкиот сектор во целина и поединечно на сите субјекти во туристичката индустрија кои се директно или индиректно вклучени во давањето туристички услуги. Со поголемо издвојување на средствата од Буџетот на Република Македонија, ќе се обезбеди успешна промоција во странство и покривање на трошоци на саеми, со посебни пазарни активности (посебни таргет земји или региони), ќе се финансираат домашни проекти за кампањи наменети за домашните туристи

да ги остваруваат своите туристички патувања и посети во туристичките капацитети во Република Македонија, ќе се промовираат и потпомогнат домашни туристички неразвиени подрачја, продолжување на политиката на либерализација на влез во Македонија. За некои активности не се потребни дополнителни финансиски средства и тие треба во краток рок да се преземат, како, на пример, временското ускладување и одбележувањето на школските празници, распусти и матурските патувања во Македонија, со потребите на туризмот во општеството, под услов да се задржи квалитетот на изведувањето на наставата, заштита на околината, работа во туризмот на пратечките дејности , како додатен туристички ефект и инфраструктурно и комунално опремување на туристичките места. Бизнис-заедницата алармира дека со минималната финансиска владина помош, оваа индустрија нема ни сила, ни конкурентност во меѓународни рамки. За успешно градење на меѓународната конкурентност, неопходно е националната туристичка политика да се подреди кон таа цел, најмалку до моментот на воспоставување на соодветен степен на развој, односно конкурентност на приватниот сектор. Стопанската комора на Македонија е со став дека поголем развој на туристичката дејност може да се реализира ако се исполнат најавените ветувања: - инвестиции за подобрување на инфраструктурата во туризмот и поттикнување на транзитниот туризам; - субвенционирање на каматите за компаниите кои делуваат во туристичкиот сектор преку посебна кредитна линија, со што ќе се намалат каматните стапки за купување, изградба, доизградба, адаптација и доуредување на сместувачки капацитети, хотели и мотели, со соответен стандард; - продолжување со субвенционирањето на странскиот организиран туристички промет за гостин над три дена.

Стратегијата за развој на туризмот изготвена во соработка со УНДП и Светската банка насочува кон интензивна регионална соработка во оваа област и преку јавно-приватно партнерство да се зајакне улогата на туристичките агенции на национално ниво. Република Македонија е непходно да забележи значителен прогрес особено во инфраструктурата и софистицираноста на туристичките услуги и да се олесни движењето на луѓето, посетителите и туристите воопшто. Здружението на угостителството и туризмот во изминатиот период укажуваше на фактот дека преку туризмот можат да се привлекуваат странски инвестициони вложувања, да се креираат нови работни места, да се промовираат културните вредности и природните богатства на Република Македонија. Стопанската комора на Македонија останува на предлогот – развојот на туризмот Владата да го реализира во соработка со бизнис-заедницата.

Лазо Ангелевски, Здружение на угостителството и туризмот

Page 14: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

М-р Никола Груевски, добитник на престижна награда на Виенскиот економски форум ПРИДОНЕС КОН ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈНА НАЦИОНАЛНО И РЕГИОНАЛНО НИВО

Премиерот, м-р Никола Груевски ја доби престижната награда за придонес кон економскиот развој на национално и регионално ниво на земјите-членки на Виенскиот економски форум. Наградата којашто се доделува на личности кои дале придоес за економска промоција на својата земја и на рeгионот преку успешно спроведени политики што ги одразуваат целите на Виенскиот економски форум, на премиерот Груевски му беше врачена на 21 ноември 2011 година, во рамките на 8. Виенски економски форум, на кој тој имаше и обраќање во завршната сесија.

Како што јави известувачот на МИА од Виена, Груевски посочил дека како врвен приоритет на Репубика Македонија на политички и економски план останува визијата за заедничка сегашност и иднина во големото европско и евроатланско семејство, што ќе се постигне со членството во ЕУ и НАТО, што претставува голема придобивка за севкупниот просперитет на целиот регион и пошироко. Пред присутните истакна дека Владата е целосно посветена на зацртаните програмски активности со цел побрз економски развој на нашата земја. Посочувајќи на податокот дека од најголемиот дел од размената со странство 60 отсто е со земјите од ЕУ и 28 со земјите од Западен Балкан. Тоа покажува, рекол тој, оти европскиот и региналниот балкански пазар се едни од најзначајните пазари во надворешно-трговската размена на земјата. - Република Македонија во делот на макроекономските индикатори има стабилна макроекономска политика, при што значително е зајакната финансиската регулатива. Една од важните

макроекономски придобивки е ниската стапка на инфлација која во последната деценија во просек изнесуваше 2 отсто. Таа беше остварена благодарение на дисциплинарните макроекономски политики и одржувањето на фиксниот девизен курс на денарот со еврото. Дополнително, Република Македонија има избалансирани јавни финансии со низок буџетски дефицит и низок јавен долг кој изнесува приближно 25 отсто од БДП. Во првата половина од 20111 година Македонија оствари просечен раст на БДП од 5,2 отсто, рекол премиерот Груевски. Тој додал дека Македонија продолжува да биде земја со најлесна, најевтина и најбрза постапка за регистрирање, како и тоа дека се воведени ниски и рамни даноци од 10 отсто, дека етапно се намалуваат социјалните придонеси, се поедноставува бизнис-регулативата. - Порастот на БДП и странските директни инвестиции се резултат и потврда на сеопфатните реформи за подобрување на вкупната бизнис-клима, рекол премиерот и додал дека врз основа на подобрената бизнис-клима и активностите за промоција на Македонија како бизнис-дестинација успеавме да привлечеме познати странски компании во ТИРЗ.

Eкономско-социјален советВЛАДАТА ЌЕ СЕ ПРОИЗНЕСЕ ПО ПРЕДЛОЗИТЕ НА СИНДИКАТИТЕ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ТЕХНОЛОШКИОТ ВИШОК

Економско-социјалниот совет на 10. седница го разгледуваше Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност со кој се предлага измена на времетраењето на користењето на правото на паричен надоместок од пет години на 18 месеци, со цел да се спречат злоупотреби, односно да се дестимулира и да се спречи процесот на отпуштање на работници,

а да се зголеми и насочи износот на финансиските средства кон активните мерки за ваботување. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, на седницата биле изнесени и поинакви решенија и дополнувања на преложените измени од страна на присутните претставници на синдикатите. Министерот изјави дека останува на предлозите содржани во Предлог-законот и дека за предлозите коишто беа изнесени од страна на синдикатите ќе биде запозната Владата на Република Македонија и истите ќе бидат разгледани со должно внимание, се вели во соопштението. На оваа седница бил разгледуван и Предлог-законот за дополнување на Законот за работните односи, кој предвидува во случаи на повреди на работните места кои настанале поради непреземање мерки за безбедност и здравје од страна на работодавачот, надоместокот на плата за време на боледување и по 21-от ден, да падне на товар на работодавачот. - Ваквата измена е со цел превентивно да се делува преку навремено преземање на сите неопходни мерки за безбедност и здравје при работи заради спречување на настанувањето на повреди на работното место, се истакнува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика. Економско-социјалниот совет ја разгледувал и иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија за промена на работното време во органите на управата и правосудството. - Со цел детално да се разгледа иницијативата од сите можни гледишта, Економско-социјалниот совет одлучи да се формира работна група од претставници од ресорните министерства и социјалните партнери, којашто ќе изготви информација во која ќе бидат презентирани моменталните состојби, предложените измени и нивното влијание од сите аспекти на дадените предлози и истата да ја достави на разгледување до Владата, се посочува во соопштението. На оваа десетта седница била разгледана иницијативата за започнување постапка за ратификација на четири конвенции на Меѓународната организација на трудот: Конвенцијата за заштита на мајчинството (С183) Конвенцијата за приватните агенции за вработување (Ц181), Конвенцијата за работа дома (С177) и Конвенцијата за Промотивна рамка за безбедност и здравје при работа (С187).

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 15: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

Кинескиот заменик-министер за земјоделство Гао Хонгбин во посета на земјава и со најаваИНТЕРЕС ЗА МАКЕДОНСКОТО ВИНО

Најголемата кинеска компанија од винскиот сектор кон почетокот на идната година ќе го скенира винскиот пазар во Македонија и ќе ги согледа можностите за извоз на македонското вино во Кина. Ова, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го најавил кинескиот заменик-министер за земјоделство Гао Хонгбин на средбата со министерот Љупчо Димовски и заменик

министерот Зоран Коњановски. Ваквата најава од кинеското ресорно Mинистерство, како што појасни Хонгбин, следува по минатомесечното потпишување договор од една кинеска компанија за извоз на македонско вино на кинескиот пазар во вредност од 250 илјади евра. - Во изминативе шест години Република Македонија интензивно го развива примарното земјоделско производство и преработувачката индустрија. Виното е еден од стратешките земјоделски производи и сектор во кој многу се инвестира. Инаку и со виното присутни сме на саемските промоции во НР Кина кои се добра алатка за претставување на потенцијалите на земјоделско-прехранбениот сектор на нашата држава. Се надеваме дека овој сектор е еден од неколкуте каде може да се оствари плодна соработка меѓу нашите две држави, истакна министерот Димовски, а го цитира МИА. Тој додаде дека резултат на интензивните вложувања во земјоделскиот сектор во изминативе неколку години се зголеменото производство и по квантитет и по квалитет, како и извозот. Заменик министерот Коњановски, на чија покана во Македонија претстојува делагацијата од Кина, потенцира дека отпочнатата соработка на институционално ниво е добра основа за интензивирање на активностите во делот на размена на искуства кои ќе се

стават во функција на унапредување на земјоделството во нашата држава. - Направивме големи реформи во земјоделскиот сектор, но потребна ни е секоја помош и поддршка. Особено важна е онаа која се однесува на оптималното користење на земјиштето, на унапредување на производството на ориз и на осовременување на земјоделскта механизација, потенцирал Коњановски. На состанокот е упатена силна поддршка за инвестирање на заинтересирани кинески компании во земјоделско-прехранбениот сектор. - Имаме најниски даноци во Европа, а според Светска Банка неколку години по ред Република Македонија се рангира меѓу првите три топ бизнис реформатори. Ова за нас е доволна причина да упатиме јасна порака и на заинтересираните компании од Кина: Инвестирајте во Македонија, рекол заменик министерот Коњановски. Министерот Димовски објаснил дека Македонија е заинтересирана за инвестирање во делот на организирано производство, откуп и преработка на земјоделско-прехранбени производи како и за отворање на преработувачки капацитети за овошје, зеленчук и за месо. Тој истакна дека сега за инвеститорите по само евро за метар квадратен на располагање се околу 33 локации за изградба на вакви капацитети. Кинескиот заменик министер изрази воодушевување од динамиката на развој на македонскиот аграр и посочи дека наскоро бизнис делегација од Кина ќе ја посети Македонија и слободните економски зони и ќе ги разгледа можностите за инвестирање, вклучително и во земјоделско прехранбениот сектор, поточно во делот на производство и преработка на месо. Потврда за воспоставените односи на соработка во делот на земјоделството, како што истакнал министерот Димовски, е Протоколот за извоз на тутун од Македонија на кинескиот пазар кој треба да се потпише наскоро. Македонското и кинеското министерство за земјоделство до крајот на оваа година, како што беше прецизирано на состанокот, треба да го потпишат и билатералниот акциски план за соработка во областа на земјоделството на институционално ниво.

Одржан првиот состанок на Меѓуресорното тело за пазар на капиталИДЕИ И СОГЛЕДУВАЊА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ

Во Владата на Република Македонија се одржа првиот состанок на

Меѓуресорното тело за пазар на капитал, со кој претседаваше премиерот Никола Груевски, а чија цел е на едно место да се дискутира и да се разменат информации во врска со состојбите и предизвиците на пазарот на капитал во Република Македонија во контекст со случувањата

во еврозоната и меѓународните пазари на капитал. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на дискусијата биле презентирани повеќе идеи и согледувања за можностите кои стојат на располагање за унапредување на функционирањето на пазарот на капитал, пред се, преку воведување нови инструменти, потребата од поголема едукација на компаниите од реалниот сектор, како и за можностите за унапредување на регулативата. На средбата покрај владините претставници учествувале претставници од банкарскиот сектор, Македонската берза, Комисијата за хартии од вредност, НБРМ, приватните пензиски фондови и од Централниот депозитар за хартии од вредност, се посочува во соопштението.

Водечки компании потпишаа договор за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет СО СТИЕНДИИ И ПРАКСА ДО КВАЛИТЕТНИ ИНЖЕНЕРИ

Деветнаесет водечки компании во индустрискиот сектор во Македонија потпишаа договор за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет на Скопскиот универзитет и Министерството за образование и наука за стипендирање студенти за периодот 2012-2016. Деканот на факултетот Александар Димитров информирал дека со договорот компаниите се обврзуваат да обезбедат 38 стипендии за студенти запишани во прва година, во траење од осум семестри. Студентите ќе добиваат стипендија од 6.150 денари месечно или 73.800 денари годишно. Скопскиот универзитет, исто така, се обврзува да обезбеди стипендии за десет најдобри студенти на овој факултет во траење од два семестра. Тие ќе бидат ослободени од годишната школарина во висина од 12.300 денари. МОН, пак, се обврзува да

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 16: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА обезбеди стипендирање на 25 најдобри студенти запишани во прва година на студии на Технолошко-металуршкиот факултет во траење од осум семестри. Тие ќе добиваат месечна стипендија од 5.150 денари или 61.800 денари годишно. Со документот е договорена и летна пракса од шест до осум недели, од 15 јуни до 15 август, за студентите во втора и трета година, како и дневна пракса во траење од 30 до 40 работни денови годишно за студентите од втора, трета и четврта година. За летната и дневната пракса компанијата ќе му исплатува соодветен надомест на студентот. Договорот овозможува и кратки курсеви за освежување на знаењето на постојниот кадар инженери технолози.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека преку соработката на индустријата и науката се внесува нов дух во образованието. - Ова е само еден дел од поголемата активност што ја планира Владата на РМ за подобрување на бизнис-климата, но и за создавање подобри услови за младите студенти, особено од техничките кадар, каде што има недостиг, рекол Пешевски. Тој го потенцираше значењето на летната пракса предвидена во договорот која ќе овозможи веднаш по дипломирањето студентите да бидат реално употреблив кадар во индустријата. Тоа е шанса тие бргу да најдат работа, зашто токму компаниите се нивните идни работодавачи.

За министерот за образование и наука Панче Кралев договорот е одличен пример како треба да соработуваат бизнис-заедницата и академската заедница. Очекува да се проширува листата на вклучени компании, како и бројот на факултетите што ќе соработуваат со стопанскиот сектор.

- Целта на овој договор е да се воспостави соработка меѓу бизнис-заедницата и Технолошко-металуршкиот факултет, кој генерира кадар што е дефицитарен на пазарот на трудот. Договорот ќе овозможи и размена на информации за потребите на компаниите и потребите на наставните планови по кои учат студентите на овој факултет. Компаниите-потписнички се успешни и реномирани и сме благодарни за нивната поддршка и интересот за оваа иницијатива, рекол министерот Кралев, а пренесува МИА.

Економски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ПЕТ ДЕЦЕНИИ ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИУМ ПО МОНЕТАРНА ЕКОНОМИЈА, ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

Постдипломскиот студиум по монетарна економија, финансии и банкарство при Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со меѓународна конференција ја одбележа 50-годишнината од постоењето. На еднодневната конференција, на којашто присуствуваат еминентни професори ќе се дебатира за финансиите и монетарната политика по глобалната финансиска криза.

- Со гордост може да се истакне дека студентите од овој студиум станале премиери, министри, гувернери, директори на банки и раководни лица во многу институции. Со еден збор, луѓе кои ја претставуваа и градеја македонската економија, - истакна министерот за образование и наука Панче Кралев. Посакувајќи им успех во образовната и научната дејност, Кралев рече дека Владата ќе продолжи да вложува и да го надградува високото образование затоа што карактерот на една држава е тесно поврзан со тоа какво образование има. - Постојаното надградување на постдпломските студии во насока на нивна флексибилност и структуирање подредено на резултатите од учењето на натамошниот општествен развој се насоки кон кои ние како креатори на образовната политика заедно со академската

заедница треба да се стремиме, - нагласи министерот Кралев. Постдипломскиот студиум по монетарна екононија, финансии и банкарство е основан во 1961 година како прв од таков тип во поранешна Југославија. Досега на него магистрирале 322 студенти.

Делегацијата на ЕУ во Скопје ја промовираше акциската програма „Марија Кири“ во рамките на Седмата рамковна програма (FP7)ШТО ПОГОЛЕМА МОБИЛНОСТ, ИНОВАЦИИ И ИСТРАЖУВАЊА

Делегацијата на ЕУ во Скопје ја промовираше акциската програма „Марија Кири“ во рамките на Седмата рамковна програма (FP7) на Европската унија, наменета за мобилност, иновации и истражувања. Акцијата „Марија Кири“ се промовира во годината кога се одбележува еден век од доделувањето на Нобеловата награда за хемија на Марија Склодовска-Кири. Таа била прва жена добитник на Нобеловата награда и единствена што добила две - за физика (1903) и за хемија (1911 година). Успехот и постигнувањата на Склодовска-Кири биле инспирација за ЕУ по неа да ја именува новата програма за мобилност. - Сакаме да го подобриме знаењето преку границите, да ја зголемиме мобилноста на истражувачите, со што ќе се отворат и повеќе работни места. Нашиот импут во однос на истражувањето и развојот е доста голем, тоа се околу 4,7 милијарди евра за пет години. Сакаме и македонските истражувачи и научници да се вклучат во овој процес, да ги слушнеме вашите идеи. Не сме доволно задоволни од тоа што досега се прави и затоа сакаме да ве вклучиме повеќе. Мобилноста е значајна за стекнување знаења, но и за контакти, а тоа е дел од успехот во ЕУ, рече в.д. шефот на Делегацјата на ЕУ во Скопје Роберт Лидл, а го цитира МИА. Тој посочи дека 3 проценти од БДП Европската унија ги посветува на истражувања и иновации. Министерот за образование и наука Панче Кралев рече дека Република Македонија во регионални рамки успешно ги користи средствата од европските фондови. - Но, далеку е од нивото кое може да го искористи и од кое ние како МОН и Влада би биле задоволни. Од јануари 2007 до јануари 2011 година претставници од Македонија партиципирале во 350 предлог-проекти, од кои 54 биле успешни. Најзастапени

Page 17: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

се проектите од информатичките и комуникациските технологии, енергијата, здравството, земјоделството и храната... Со ова се потврдува дека Седмата рамковна програма, чии предизвици се подобрување на квалитетот на животот на граѓаните е прилично популарна во нашата земја, но останува уште многу работа за што поголемо вклучување, особено на малите и средните претпријатија и локалната самоуправа, рече Кралев.

Владина делегација на средба со Управниот одбор на „Емо“ од ОхридПЛАН ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ

Владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски оствари средба со членовите на Управниот одбор на АД „ЕМО“, при што е презентиран план за надминување на состојбите во компанијата. - Планот е базиран на идејата одредени делови на АД „ЕМО“ што се се уште конкуренти на пазарот да продолжат да работат, а да се изврши рационализација на другите делови каде конкурентноста поради разни причини не е на потребното ниво. Идејата е ЕМО да се сведе на 500 до 600 вработени, и тоа во профитабилните дејности, истакнал во Охрид вицепремиерот Пешевски, а го цитира МИА. Зборувајќи за судбината на вработените во охридскито загубар, Пешевски појасни дека сите заостанати давачки за вработените за социјално, пензиско и здравствено осигурување ќе бидат регулирани во целост и тоа за сите вработени. - Тоа значи дека на сите вработени преку постапката за трансформација на побарувањата што ги имаат фондовите од АД „ЕМО“ ќе бидат трансформирани во нови акции. Сите вработени во ЕМО ќе добијат дополнителен паричен надоместок под титулата заостанати

плати, лимитиран на најмногу 2.300 евра. Оние вработени кои се од ДООЕЛ-ите што не се активни и кои повеќе од четири години не доаѓале на работа, ќе добијат значително помал износ, оние кои во изминатиот период преку постапки на извршување наплатиле дел од своите плати во АД „ЕМО“ исто така ќе добијат помал износ и се разбира ќе има мала разлика меѓу оние кои им недостасуваат уште пет години до пензионирање и останатите, рекол Пешевски. Притоа појаснил дека за оние кои ќе бидат прогласени за технолошки вишок, во рамките на законот ќе следува соодветен надомест преку Агенцијата за вработување во износ од 50 проценти од просечната плата реализирана во последните две години и тоа за период од една година и 40 отсто од тој просек за две години во наредните четири години, што значи дека оние што се до пет години до пензија ќе се пензионираат, а за останатите ќе заврши надоместокот за тој временски период. Според владините пресметки, за реализација на овој пакет, доколку биде прифатен, ќе бидат потребни нешто повеќе од седум милиони евра. - Допонителен напор ќе биде вложен да се подобри ликвидноста во ЕМО, сето тоа со сорбаотка со управниот одбор. Има дел од имотот на АД „ЕМО“ што не е во функција, а може да биде продаден, со тоа што средствата остварени преку негова продажба ќе се употребат како обртен капитал, додал вицепемиерот. Пешевски упати апел до сите вработени да имаат верба во друштвото во управниот одбор. - Досега управниот одбор беше замолен од економскиот совет да не дава

информации за овие предлози, кои во тоа време се уште беа предмет на анализи. Отсега натаму целата постапка доколку биде прифатена, ќе оди транспарентно, вработените ќе бидат информирани за сите случувања, но потребно е да престанат со процесите на оптужувања и на присилна наплата на заостанатите плати, оттаму што тоа го отежнува целиот процес, нагласи Пешевски. Тој изрази очекување дека за десеттина дена ќе се знае дали планот е прифатлив за управниот одбор, но пред се за вработените. Притоа тој најави дека доколку биде добиена максимална соработка од сите страни, Владата сериозно ќе се ангажира планот целосно да биде реализиран некаде на првиот квартал од наредната година. - Дел од постапките би почнале веднаш, но како што реков, постојат голем број сложени правни процедури, преку 30-40 почнати постапки, за чија реализација е потребно време. Но, се надевам дека на крајот на овој период за оние кои имаат заостанати плати ќе заврши дел од агонијата односно ќе добијат дополнителни средства. Дел од нив да продолжат да работат, а ЕМО и натаму ќе биде активен учесник во производството, додал Пешевски. Државата која е сопственик на најголемиот дел од акциите на АД „ЕМО“ во шест наврати се обиде да го продаде охридскиот загубар. Сите шест тендери за приватизација на поранешниот индустриски гигант завршија со неуспех.

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 18: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

Одлука на Владата на Република Македонија ВРАТЕНИ СТАРИТЕ ЦЕНИ ЗА ФИТОСАНИТАРНИ ПРЕГЛЕДИ

Добра вест за извозниците и увозниците на овошје и на зеленчук. На седницата на Владата на Република Македонија од 15.11.2011 година се донесе и Одлуката за висината и начинот на плаќање на посебниот надоместок, видот и количеството на растенија, растителни производи и други објекти и предмети за кои се плаќа надоместокот, како и висината и начинот на плаќање на трошоците во областа на здравјето на растенијата. Со оваа одлука се намали висината на посебниот надоместок за вршење на фитосанитарна инспекција на пратките со растенија и растителни производи кога се увезуваат, транзитираат или извезуваат од Република Македонија. Всушност, Владата одлучи да ги врати старите цени за фитосанитарен преглед. Цените за извоз или за увоз на овошје, зеленчук, семе, материјал за садење, за еден камион повторно ќе изнесуваат околу 1.200 денари.

Компаниите претходно реагираа на зголемениот надоместок кој достигна 140 евра за камион од 25 тона. Тие се жалеа до Владата дека со такви трошоци нема да бидат конкурентни на странските пазари и дека ќе се намалува извозот во криза, наместо да се поттикнува.

Владата на РМ го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавкиОД ИДНАТА ГОДИНА СИТЕ НАБАВКИПО ЕЛЕКТОНСКИ ПАТ СО ЈАВНА АУКЦИЈА

Владата на Република Македонија на седницата на 15.11.2011 година расправала и го утврдила текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, чија што цел е да се допрецизираат конкретни одредби кои во изминатиот период беа предмет на субјективни толкувања, а воедно се предлагаат и новини кои треба да придонесат за севкупното унапредување на системот за јавни набавки на Република Македонија. Во таа насока, како што се вели во соопштението од седницата на Владата, се предлага воведување систем на задолжителна сертификација на лицата за јавни набавки,

согласно препораките од Европската комисија, со цел зголемување на одговорноста на лицата кои работат во областа на јавните набавки, потоа кај барањето за прибирање на понуди до 5.000 евра се пропишуваат одредби за задолжителна објава и задолжителни е-аукции, се воведува заштитен механизам за договорните органи со воведување на негативни референци за оние економски оператори кои ќе потфрлат при реализација на нивните обврски од договорите за јавни набавки или ќе се повлечат од постапката, а воедно се предвидува и целосен механизам за имплементација на оваа мерка. Во врска со најавени измени на Законот за јавните набавки, м-р Владимир Пешевски, вицепремиер, на прес-конференција во Занаетчиската комора истакнал дека ќе се направи комплексен сет на измени, но оти суштината на законот останува како и досега. - Се дава простор за постигнување уште пониска цена. Од следната година стапува на сила правилото за 100 проценти од набавките да се одвиваат по електронски пат со јавна аукција, дури и за малите набавки, но има и простор за зголемена конкуренција во делот на дефинирањето на критериумите. Очекувам добитници од овие измени да бидат и граѓаните и државата, преку поедноставување на постапките, спречување на можниот простор на малверзации од страна на некои компании и постигнување пониски цени и заштеда во буџетот, - рекол вицепремиерот Пешевски.

Што покажа тридневниот Самит на електропреносните систем-оператори од ЈИЕРЕГИОНАЛЕН ПРИСТАП ВО ПРОЦЕСОТ НА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАНА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Создавањето заеднички пазар на балансна енергија, развојот на берза на електрична енергија, интеграцијата на обновливите извори на енергија особено на ветерните електрани во системите и усогласувањето на регулативата на регионално ниво се главните заклучоци од тридневниот самит на електропреносните систем-оператори од ЈИЕ што заврши во Скопје. Ова го истакнал генералниот директор на АД МЕПСО Дејан Бошковски по завршувањето на првиот самит од ваков вид организиран по иницијатива на МЕПСО. - Сите бевме едногласни дека ваквите самити треба да продолжат и да бидат позачестени. Решено е следниот самит

да се одржи во Црна Гора, изјавил Бошковски, а го цитира МИА. На самитот бил направен преглед на моменталната состојба со изграденост на преносната мрежа како на национално така и на регионално ниво. Презентирано е нивото на усогласеност со европската регулатива, степенот на либерализација на пазарот на електрична енергија, како и идните планови за развој на преносната мрежа и за интеграција на обновливите извори на енергија. - Посебно се истакна потребата од регионален пристап во процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија, особено во делот на пазарот на балансна енергија и пазарот на системски услуги, како и на прекугранични преносни капацитети, притоа водејќи сметка за исполнување на основната функција на систем-операторите обезбедување сигурна и стабилна работа на електроенергетските системи како на национално така и на регионално ниво, рекол Бошковски, и додаде дека особено била истакната потребата од создавање пазар на балансна енергија со интеграција на обновливите извори на електрична енергија, пред се ветерните електрани. П р и т о а , биле разгледувани два модела за пазар на балансна енергија и останува на секој од систем-операторите за кој да се определи. До следниот состанок е заклучено сите заеднички да ги пратат регулативите и усогласеноста, заедничкиот регионален став да се искажува пред ЕНТСО Е, Асоцијацијата на европските систем - оператори, како и да се разгледаат предложените модели во делот на балансна енергија. Дејан Бошковски нагласил дека од страна на српскиот систем-оператор е предложено создавање регионална берза која ќе ги поврзува Бугарија, Србија и Хрватска и оти постои отворена покана за влез и на другите национални системи. - За Македонија има отворена понуда за вклучување во регионалната берза, но таа се уште не е официјализирана и чекаме да видиме како е замислено да профункционира бидејќи системите и регулативите треба да се усогласат, рекол Бошковски. Според него, Македонија е меѓу подобрите во регионот, дури и од Хрватска која ги заврши претпристапните преговори. Бошковски смета дека само Бугарија има целосна либерализација на пазарот и дека во Грција постои берза која фактички не е берза, а Србија се уште ги нема поделено дистрибуцијата и производството на посебни компании.

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

Page 19: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

За проширување на својот бизнис во Македонија, заинтересирани најмалку 10 белгиски компании

Белгиски сопственик на текстилна фабрика кон крајот на ноември доаѓа во Македонија со цел да воспостваи конкретни бизнис релации со македонска сестринска фирма, потврди министерот - советник на Македонската амбасада во Кралството Белгија, Даим Илјази. Согласно заложбите на Владата на Република Македонија и економските активности на Амбасадата, рече Илјази, од почетокот на годината имаме посетено 70 фирми, од кои десет од изразија итерес за проширување на своите бизниси во Македонија.

Најголем интерес и понатаму има во секторот на градежната индустија, туризмот, хотелијерството и во винарството. - Во тек се и подготовките на економскиот форум кој ќе се одржи на 6 декември во Брисел, а на кој за погодностите за инвестирање во Македонија ќе говори премиерот Никола Груевски, информира амбасадорот на Република Македонија во Белгија Мухамед Халили, јави дописникот на МИА од Брисел. Ова е втор економски форум, и кога би се направила компарација со предходниот, кој се оддржа во 2009 година, посочи Халили, овој пат е изненадувачки зголемен бројот на фирмите кои и сами се пријавуваат за учество, несмомнено и пред се поради светскиот терк по кој Владата на Република Македонија ја води економската дипломатија.

Германската амбасадорка во Република Македонија, Гудрун Штајнакер со поракаПРОДОЛЖУВА ЛОБИРАЊЕТО ЗАИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЕМЈАВА

Германската амбасадорка Гудрун Штајнакер на работен појадок со 65 претставници на компании-членки на Македонско-германското стопанско здружение, најави дека ќе се заложи во Министерството за економија на СР Германија да се организираат работни посети во Македонија за германски стопанственици. - На тој начин стопанствениците подобро би се запознале со земјата и со регионот, би размениле искуства со странски,

но и со домашни компании кои успешно работат на овој пазар. Моето досегашно искуство покажа дека од кога ќе се донесат фирмите на лице место да го запознаат регионот, многу полесно донесуваат одлука да инвестраат или пак, во најмала рака, сретнуваат одлични деловни партнери со кои долгорочно соработуваат, - рече амбасадорката Штајнакер. На средбата Штајнакер се обрати на тема „Шанси за германски инвестиции во Македонија“ и ги наведе досегашните поголеми германски инвестиции кои успешно работат во земјава: Македонски Телеком, Кнауф Радика, Лог Вин, Каза Мода, Ноел, Везе Шари, Мотекс, Фелдхус, Кромберт и Шуберт, ПЦЦ ДЕГ Дисбург. - Германија е најголем трговски партнер на Македонија и се надеваме дека така ќе биде и во иднина. Како амбасадорка на Германија во Македонија, во соработка со Претставништвото на Стопанската комора на Германија во Македонија ќе продолжиме да лобираме кај германските компании да ги насочат своите инвестиции токму во Македониија, рече амбасадорката Штајнекер, а ја цитира МИА.

Албански туроператори, туристички агенции и новинари во посета на зимските центри во Западна МакедонијаПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗИМСКИОТ ТУРИЗАМ

Во организација на македонската Абасада во Албанија повеќе претставници на туристички агенции, туроператори и новинари од Албанија претстојуваа на Попова Шапка со цел да се запознаат со можностите и капацитетите на овој зимски туристички центар. Според македонскиот амбасадор во Тирана Миле Трпески во делегацијата од Албанија претставници имаат нивните најрелевантни ТВ куќи и весници, петте најголеми туристички агенции, како и претставници на туристичката комора. Сметавме дека една ваква промоција може да придонесе нашите зимски центри се повеќе да бидат присутни во понудата на албанскиот туристички пазар и нивните туристички агенции. На првиот ден од оваа наша активност ја посетивме Попова Шапка, имаме намера да ги видиме и останатите зимски центри во западниот дел од Македонија, а ќе оствариме и посета на македонското министерство за економија. Мислам дека оставивме добар впечаток, изјавил амабасадорот Трпески, а го цитира

МИА. Според директорот на друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка, Перо Димитриески центарот е целосно подготвен за претстојната зимска сезона. - Патеките и скилифтовите се подготвени. На сите жичници имаме извршено технички преглед. Набавивме и нов ратрак што ќе го користиме за љубителите на екстремното скијање на просторот од Јелак до Церипашина што се наоѓа од 1.420 до 2.610 метри надморска височина, а во завршна фаза се работите на осветлување на двете патеки на скилифтот Тетекс со што ќе овозможиме и ноќно скијање, рекол Димитриески.

Австриската компанија „Текспорт“ со трета инвестиција во МакедонијаФАБРИКА ЗА ЗАШТИТНА ОПРЕМАВО ВИНИЦА

Австриската компанија „Текспорт“ во наредната година ќе инвестира еден милион евра во изградба на фабрика за производство на заштитна облека при работа. Инвеститорот конечната одлука ја објави на Македонско-австрискиот бизнис-форум што се одржа во Виена, а на кој беа присутни околу 150 компании заинтересирани за инвестирање во Македонија. Фабриката, јави известувачот на МИА, ќе биде лоцирана во Виница, ќе вработува 200 лица, а се очекува да почне со производство на крајот на 2012 година. Сопственикот Отмар Шнајдер изјави дека земјиштето е купено и оти во текот на зимата ќе се подготвува реализацијата. Ова е трета инвестиција на австриска „Текспорт“ во Македонија. – Почнавме во 1999 година во Скопје со 60 луѓе, сега имаме 200 вработени, во Кочани има околу 200 и во новата инвестиција се очекуваат вработувања од 200 вработени, - изјави Шнајдер. Тој изрази задоволство од условите за работа и од работната сила која е квалификувана за производство на ваква висококвалитетна облека. Производството го пласира главно во Европа, како и во Јужна Америка и Саудиска Арабија. Австрија е водечки инвеститор во Македонија со 370 милиони евра инвестиции од 2007 до 2010 година. Годинава приливот на инвестиции од Австрија изнесува 10 милиони евра. Присутни се во енергетскиот сервис, банкарскиот, осигирувањето, телекомуникациите... Постои голем интерес за влез во енергетскиот сектор, а како целни сектори каде што се очекуваат инвестиции од Австрија се автомобилски компоненти, земјоделство и преработка на храна, бизнис-услуги и аутсорсинг, фармацевтска индустрија и медицински помагала, обновливи извори на енергија, градежништво и недвижности, туризам и инфрастрктура.

Page 20: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Македонското стопанство се претстави на саем во Перн во Швајцарија во организација на Стопанската комора на МакедонијаСЛАТКОТО ОД ДИВИ СМОКВИ ГИ ОСВОИ ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ПОСЕТИТЕЛИТЕ

Сите репрезентативни примероци на слаткото од диви смокви со кои општина Богданци се

претставуваше на годинашниот 6-ти по ред меѓународниот саем во Пајерн, Швајцарија, се откупени од тамошните организатори и се послужени како главен десерт на свечениот ручек по повод отварањето на саемската манифестација, што се одржа минатата недела. Покрај слаткото од диви смокви, кој претставува президиум, заштитен производ на меѓународната организација за природна традиционална храна „Слоуфуд“, во која членуваат 137 земји од сите краеви на светот, на саемот општина Богданци ги понуди уште вината на винаријата „Дехри“ и млечните производи на ЗТД „Сточарство“ од Богданци. Презентацијата на македонското стопанство на овој Саем беше во организација на Стопанската комора на Македонија. Годинава покрај забележителниот вкус на своите производи, Богданци, заедно со производи од македонски фирми од општините Прилеп и Неготино, како претставници од Македонија, ја имаа почесната улога да бидат домаќини на саемската манифестација во швајцарскиот град Пајерн, со слоганот:

„Најдобриот вкус од Македонија“. Саемската презентација на која учествуваа 236 излагачи од повеќе земји, за отворена ја прогласи македонскиот амбасадор во Швајцарија Рамадан Назифи, а меѓу присутните беше и почесниот конзул на Македонија во Берн, Владимир Ралев, како и претставници од јавниот и стопанскиот живот на земјата домаќин, земјите учеснички и гости на саемот.

Општина Богданци ЕБОР ОДОБРИ ПОДРШКА ЗА ПЕТ ПАТНИ ПРАВЦИ

Програмата за изградба на локални патишта во општина Богданци која содржи пет проекти за доградба и реконструкција на локални патишта со кои општина Богданци аплицираше пред Европската банка за обнова и развој, доби комплетна финансиска подршка од ЕБОР. Првиот проект за изградба на нов патен правец од Богданци до селото Ѓавото деновиве заврши со

асфалтирање на првата траса од 1.000 метри. До крајот на реализацијата на проектот остануваат уште 900 метри, со што се скратува растојанието меѓу овие населби. Дополнителна предност на новата патна линија е што со неа се приближува пристапот до земјоделските површини распоредени помеѓу двете населени места. За целиот проект ЕБОР додели над 98.000 евра. Следниот проект што е во подготвителна фаза за реализација е реконструкцијата на стариот пат Богданци-Стојаково во должина од 4,6 километри. Со проектот е предвидено проширување на патниот правец за нови 1,5 метри и поставување на нов асфалтен слој. - Тендерската постапка за реконструкција на овој патен правец е во тек. Очекуваме реализацијата да започне да се спроведува во текот на месец март следната година, а да заврши до јуни 2012, изјави Митко Влахов, раководителот на одделението за локален економски развој на општина Богданци, а пренесува МИА. Од прифатените проекти што финансиски ќе ги поддржи ЕБОР остануваат за реализација уште 15-тина километри патни линии, и тоа, изградба на нов пат од Ѓавото кон Ѓрчиште, во должина од 6 километри и реконструкција на патот Стојаково-Селемли, во должина од 4 километри. Остатокот се однесува на уличните реконструкции во населбата Стојаково и локалниот пат низ населеното место Богданци. Тие ќе зафатат дополнителни финансиски средства одобрени од ЕБОР за подобрување на патната мрежа во општина Богданци.

„Зајакнување на капацитетите за заедничка економска соработка помеѓу Ќустендилскиот регион и Североисточниот плански регион“ЗАЕДНИЧКИ РАЗВОЕН ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ

Во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите за заедничка економска соработка помеѓу Ќустендилскиот регион и Североисточниот плански регион“, што се реализира преку ИПА програмата за прекугранична соработка, надлежните од двата региони информираа дека започнале со креирање на економски развоен интернет портал. Овој портал ќе се користи како севкупна дата база која ќе ги интегрира сите релевантни информации за економските активости во двата

Page 21: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

региона. - Веќе е спроведена тендер процедура за избор на фирма која ќе биде задолжена за спроведување на бизнис анкетните проучувања, креирање бизнис анкетен прашалник, спроведување на бизнис анкетни анализи во приближно 400

претпријатија, по 200 од секој регион, појаснила Ирена Цопа од Центарот за развој на североисточниот плански регион. По спроведените бизнис анкетни во претпријатијата, подвлече, ќе се добие финален извештај за состојбата со бизнис секторот во двата региони и резултатите од овој извештајот ќе бидат презентирани и дискутирани на економскиот форум во Куманово, пренесува МИА. Даниела Годинова од Ќустендилскиот регион додава дека клучно за бизнис соработката е меѓусебното информирање на бизнисмените преку границата,што ќе доведе до соработка и крајно до развој на двата региони. Во рамки на проектот е планирано да се избере и фирма која ќе биде задолжена за развој на стратегијата за меѓугранична економска соработка, а во декември годинава ќе се организира и економски форум во Куманово.

„Зелен форум“ на градоначалниците од северо-источниот и источниот регион за управување со отпадОД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОДОБРЕНИ УШТЕ ДВА ПРОЕКТА

Дефинирање на отворените прашања поврзани околу управувањето со отпад на регионално ниво и постигнување согласност, утврдување на непосредните чекори за воспоставување и ставање во функција на регионалните тела за управување со отпад, како и утврдување на временската рамка и конкретните одговорни лица за навремено ставање во функција на регионалните тела е цел

на Зелениот форум на градоначалници од северо-источниот и источниот регион. Ова во рамки на форумот кој е дел од Проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за имплементација и примена на законодавството за управување со отпад“ денеска го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, а пренесува МИА. Тој информира дека од Европската комисија се одобрени уште два проекта во секторот отпад за источниот и североисточниот плански регион, од кои за еден во тек е тендерска постапка и се очекува потпишување договор со спроведувачот во почетокот на идната година, додека другиот е во почетна фаза. - Управувањето со отпад е многу битно не само за регионите туку и за државата и затоа ние се обидуваме со нашите капацитети и искуства да им помагаме на општините, - рече Адеми. Ресорниот министер потсети

дека во јули 2010 година во овие два региона почна имплементацијата на пилот-проектот за зајакнување на капацитетите на регионалната и локалната администрација за регионално управување со отпад, во форма на обуки на вработените, но паралелно се ревидира и целосната постојна документација на националната легислатива во областа на управување со отпад. Според Дитер Дил од делегацијата на Европската унија во Скопје, проектот има за цел не само да го намали количеството на отпад што се создава на ниво на ЕУ, туку и да ги подобри искористувањата на отпадот што веќе се создава. Преку Проектот треба да се зајакнат капацитетите на централно и локално ниво за соодветно управување со отпадот и формирање соодветни регионални тела кои ќе бидат задолжени за управувањето. - Точно е дека земјата во рамките на процесот на пристапување

кон ЕУ добива помош од Унијата за справување со еколошките прашања, но токму македонските пари се оние кои треба да го понесат главниот товар бидејќи станува збор за отпад кој самите треба да го решиме, рече Дил.

Проект од претпристапните фондови на ЕУ се реализира во Кочани„МОДЕРНА ИНФРАСТРУКТУРА – УСПЕШЕН БИЗНИС“

На теренот во Лесната индустрија во Кочани започнаа активностите од Проектот „Модерна инфраструктура - успешен бизнис“, кој се реализира со средства од претпристапните фондови на ЕУ. Ќе се градат нови два приода во Лесна индустрија и ќе се изведува решение за атмосферската вода. По спроведената посапка по теркот на ЕУ за најповолен понудувач е избрана компанијата ТИНГ од Кочани. Целокупната вредност изнесува 276 илјади евра, од кои само градежните работи изнесуваат 102 илајди евра, додека остатокот од средствата се за проектот на бугарската општина Рила. Проектот е од Програмата за меѓугранична соработка што општина Кочани го реализира во партнерство со општина Рила од Република Бугарија. Целосното завршување на работите се очекува до крајот на годинава, – објавува МИА.

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Page 22: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

Индекси на прометот во индустријата до крајот на септемвриПОРАСТ ЗА ЧЕТВРТИНА ВО ОДНОС НАИСТИОТ ПЕРИОД ЛАНИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 123,2. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи пораст од 7,5%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 35,0%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи опаѓање од 3,1%, а во секторот Преработувачкаиндустрија бележи пораст од 24,7%. Според главните индустриски групи, прометот во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи пораст и тоа: Енергија за 19,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,7%, Капиталнипроизводи за 186,5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 66,5% и Нетрајни производи заширока потрошувачка за 12,7%. Индексот на прометот во индустријата во септември 2011 година, во однос на август 2011 година, изнесува 114,0, додека во периодот јануари-септември 2011, во однос на периодот јануари-септември 2010 година, индексот на прометот во индустријата изнесува 125,1.

Производи во шумарството, сеча на дрва и услугиВО ДРЖАВНИТЕ ШУМИ ПРОИЗВОДСТВОТО НАМАЛЕНО ЗА 16,6 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2011 година, во однос на третото тримесечје од 2010 година, е намалено за 16.6%.

Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни и иглолисни видови, огревното дрво од иглолисни и листопадни видови и кај трупците од листопадни видови, додека зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови и кај друго обло дрво од листопадни и иглолисни видови дрвја.

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар НА ГОДИШНО НИВО СКОК ОД 8,6 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.2% на месечно ниво, а се повисоки за 8.6% на годишно ниво. Во октомври 2011, во споредба со септември 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 0.6%, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3% и во групата Капитални производи за 0.1%.

Во октомври 2011, во споредба со октомври 2010, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 14.6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.9%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4% и Капитални производи за 0.5%.

Индекси на цените во земјоделствотоТЕКОВНО ПОТРОШЕНИТЕ СРЕДСТВА ПОВИСОКИ ОД ОНИЕ ЗА ИНВЕСТИЦИИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2011 година, во

однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 7.9%, а кај аутпутот е намален за 5.4%. Во октомври 2011 година, во споредба со октомври 2010 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 108.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 103.8. Во делот аутпут, во октомври 2011 година, во споредба со октомври 2010 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 91.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 107.6.

Цени на земјоделските производи на зелените пазари, пазарите на големо и на добиточните пазариЗЕЛКАТА, КИКИРИТКИТЕ И ОРЕВИТЕСО НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во октомври 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај зелката, кикиритките во зрно и лупените ореви. Најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, краставиците, карфиолот и лимоните. Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во октомври 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај модрите патлиџани, зелката, лубениците и лупените ореви. Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, кромидот и крушите.

Деловни тенденции во трговијата на малoОПТИМИЗАМ ЗА ПОСЛЕДНОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ

Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третото тримесечје од 2011 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2011 година и поповолна во однос на третото тримесечје од 2010 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третото тримесечје од 2011 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2011 година, а исто така и очекувањата за економската состојба во наредниот период. Според оценката на менаџерите, количината на залихите во текот на третото тримесечје од 2011 година е зголемена во однос на второто тримесечје од 2011 година. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените се поповолни во споредба со второто тримесечје од 2011 година. Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третото тримесечје од 2011 година се зголемени во однос на второто тримесечје од 2011 година. Во третото тримесечје од 2011 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за

СТАТИСТИКА

Page 23: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се зголемат.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2011 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 27.5%, зголемената конкуренција со 16.1%, друго (отежната наплата на побарувањата) со 14.4% и зголемената понуда на пазарот со 13.4%.

Деловни тенденции во градежништвотоНЕПОВОЛНИ ОЧЕКУВАЊА ЗА СЛУЧУВАЊЕ НОВИ ДОГОВОРИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во третото тримесечје од 2011 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во однос на третото тримесечје од 2010 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е незначително полоша во однос на претходното тримесечје, а подобра во споредба со истото тримесечје од претходната година. Во третото тримесечје од 2011 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се неповолни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму се незадоволителни и под нормалата. Во наредниот период се очекува продажните цени да бидат стабилни. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следниве фактори: зголемените трошоци за материјали со 17.7%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 16.7%, друго (ненавремена наплата на побарувањата од инвеститорите, нелојална конкуренција во сопствениот сектор) со 12.5% и немањето доволна побарувачка со 11.5%.

ТуризамЗА 25,9 ОТСТО ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ТУРИСТИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2011 година изнесува 58 620, а бројот на ноќевањата изнесува 146 044. Бројот на туристите во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, е зголемен за 30.5%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 37.1%. Бројот на домашните туристи во септември 2011 година, во однос на септември

2010 година, е зголемен за 22.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 35.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, е зголемен за 25.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 46.3%. Во периодот јануари - септември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.2%, а кај странските има зголемување за 25.9%. Во периодот јануари - септември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 6.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.3%, а кај странските има зголемување за 38.0%.

Извозот на земјоделски производи низ граничниот премин БогородицаСМАЛЕН ПРОМЕТОТ ЗАРАДИШТРАЈКОВИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЦАРИНИЦИ

Извозот на земјоделски производи низ граничниот премин Богородица во октомври изнесува 1.145,3 тони, што е за 11 отсто помалку од истиот период лани. Намалувањето е резултат на штрајкот од страна на грчките царински работници во текот на октомври годинава и затварањето на границата за премин на стоки и возила. Според податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, извозот на доматите во октомври изнесува 531,14 тони наспроти 733 тони минатата година, а на пиперките 100 тони наспроти 189,7 тони. Спуштените гранични рампи не претставуваа проблем за смрзната стока како пиперот-смрзнат кој оствари извозен промет од 65 тони, што претставува пораст од 85,7 одсто во однос на минатата година, за тутунот со извезени 19,74 тони, за кромидот со 6,5 пати повеќе извезени количини од ланскиот октомври. Во извозната реализација за минатиот месец спаѓаат и 40 тони шумски плодови, од кои 2,03 тони извезена боровинка, што е речиси двојно повеќе од споредениот период и 37,16 тони извезен плод од шипка. Контролата на количините и квалитетот на производите го врши фитосанитарната контролна служба при Државниот инспекторат за земјоделство, лоцирана на граничниот премин Богородица.

МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКАРусија предничи по економскиот раст во Групата осум најразвиени земјиПРЕД ГЕРМАНИЈА, САД, ФРАНЦИЈА ....

Со економски раст од 4,8 отсто во третиот квартал на 2011 година на годишно ниво, Русија предничи во групата најразвиени земји во светот (Г-8), соопшти руската Федерална служба за статистика. Руската Статистичка служба ги споредува најважните макроекономски показатели на земјите со развиена економија и економии во брз подем врз основа на

податоците на националната статистика, Евростат, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Германија е на второ место по Русија со раст на БДП од 2,6 отсто, потоа следат САД и Франција каде БДП е зголемен за по 1,6 проценти и Велика Британија со зголемување од само 0,5 проценти.

Динамиката на БДП на Италија и Канада во третиот квартал не е објавена, додека негативни резултати покажа економијата на Јапонија со пад на БДП за 0,2 проценти. Меѓу земјите со економии со забрзан раст, Русија ја надмина Индија, која оствари раст од 8,1 отсто и Кина со 9,1 проценти, додека Бразил е зад неа со зголемување на БДП од 3,1 отсто во третото овогодишно тримесечје.

ОН: Регистрирано рекордно ниво на штетни гасови во атмосфератаНАЈВИСОКА ЗАГАДЕНОСТ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНДУСТРИСКАТА ЕРА!

Концентрацијата на гасови кои предизвикуваат глобално затоплување на Земјата минатата година достигна нов рекорд, кој ги надминува и најлошите предвидувања на научниците за емисијата на штетни гасови, соопшти Светската метеоролошка организација (WMO). Концентрацијата на јаглерод диоксид во воздухот достигнала 389 честички по милион, што е најголемо ниво од почетокот на индустриската ера од 1750 година. Во најновиот извештај на WMO се наведува дека од тогаш дошло до зголемување од 20 отсто на отровен азот моноксид, 39 отсто јаглерод диоксид и дури 158 отсто повеќе метан во воздухот. - Нивото на гасови кои во атмосферата создаваат ефект на стаклена градина повторно достигнал рекордно ниво, најави WMO. Рекордните концентрации на отровни гасови во воздухот ги надминаа и најлошите предвидувања од седумте сценарија за емисијата на штетни гаосви од 2001 година, кога ОН организираа експертски панел за климатските промени.

СТАТИСТИКА

Page 24: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

Извештај на Светска банка за ЈИЕНАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Во извештајот на Светска банка за Југоисточна Еврипа се наведува дека во овој регион цените на производите и услугите во Македонија се најниски, а во Црна Гора се највисоки, објави босанскиот весник „Дневни аваз“. Цените во Македонија изнесуваат 44 проценти од просекот на 27-те земји членки на ЕУ, додека во Црна Гора изнесуваат 59 отсто од просечното ниво на Унијата.

Нивото на цените на стоките и услугите во Босна и Херцеговина изнесуваат 57 проценти од просекот на ЕУ, во Хрватска е 74 отсто, во Словенија 84 проценти, во Србија 52 отсто, а во Албанија е 50 проценти од просечното ниво на европските земји.

„ТАВ Аеродроми“ ќе управува со аеродромот во Измир до крајот на 2032ПОБЕДА НА ТЕНДЕРОТ СО НАЈВИСОКАПОНУДА ОД 610 МИЛИОНИ ЕВРА

„ТАВ Аеродроми“ го добија тендерот за правата за менаџирање на аеродромот во Измир, Аднан Мендерес, меѓународниот терминал, CIP, домашниот терминал и помошните операции, до крајот на 2032 година, нудејќи највисока понуда од 610 милиони евра плус ДДВ, соопшти компанијата. - „ТАВ Аеродроми“ ќе вложат 250 милиони евра во изградба на нов домашен терминал. Домашниот и меѓународниот терминал во Измир ќе бидат поврзани со систем сличен на оној во Истанбул. Според податоците на DHMI, „Аднан Мендерес“ опслужил 7.332.000 патници во првите 10 месеци на 2011 година, што е за 15 отсто

повеќе од истиот период лани, изјави генералниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми” Сани Шенер. „ТАВ Аеродроми“, кој е концесионер на македонските аеродроми, управува и со аеродромите во Истанбул, Анкара и Анталија во Турција, како и по два аеродрома во Тунис и во Грузија. Холдингот од втората половина на 2012 година ќе управува и со аеродромот во Медина, Саудиска Арабија. Во 2010 година компанијата овозможила услуги за 420.000 лета и приближно 48 милиони патници.

Расте трговијата по отстранувањето на двомесечните блокади на косовско-срската границаДНЕВЕН УВОЗ НА СРПСКИ ПРОИЗВОДИЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА

По отстранувањето на двомесечните блокади на косовско-срската граница, на 16 септември, косовските компании го зголемиле увозот на српски производи, потврдува Заводот за статистика на Косово. - Првите денови по отстранувањето на блокадите забележан беше послаб увоз, но наредните денови тој добиваше во динамика. Така, во првите две недели по отворањето на границата увезена е стока вo вредност од 13 милиони и 341 илјада евра, што претставува 6,2 отсто од вкупниот увоз на земјата за месец септември, соопштуваат претставници на Заводот. Како што јавува дописникот на МИА, доколку се гледа по денови, тоа значи дека во Косово дневно се увезувала стока од Србија вредна околу милион евра.

Ардијан Фулани резибран за гувернер на Централна банка на АлбанијаПРВ СО ДВА МАНДАТА ВО ДВЕ РАЗЛИЧНИ ВЛАДИ

Ардијан Фулани и во наредните седум години ќе биде на чело на Централната банка на Албанија. Неговата кандидатура ја подржаа 75 пратеници во албанскиот Парламент, меѓу кои и двајца од редовите на опозициските социјалисти. Како што јави дописникот на МИА од Тирана, додека социјалистичкиот пратеник Едуард Шалси беше воздржан, двајцата негови сопартијци Арбен Малај и Бен Блуши гласаа „за“ реизборот на гувернерот, иако лидерот на Социјалистичката партија, Еди Рама јавно се поизнесе против кандидатурата на Фулани, кој пред седум години за прв човек на Цнтралната банка беше избран токму од социјалистите.

Владејачките демократи кога дојдоа на власт во 2005 година не беа наклонети кон Фулани, но сега тој за оваа функција беше предложен од премиерот Сали Бериша, поради, како што образложи, неговата стручност во менаџирањето на ризиците што доаѓаат од светската финасиска криза.

Опозицијата го обвинува Фулани дека работи под директива на Владата дозволувајќи и профити од купувањето на хотелот „Дајти“ за потребите на Банката, па се` до директното и индиректното финансирање на буџетскиот дефицит. Социјалистите обвинија дека неговиот избор е поврзан и со судскиот процес против екс-вицепремиерот и лидер на Движењето за социјалистичка инеграција Илир Мета, бидејќи сопругата на Фулани е судијка во Судот во кој се води случајот. Педесет и седумгодишниот Фулани е прв албански гувернер кој добива втор мандат и ја раководи Централна банка во време на две различни влади.

Во Црна Гора на 1.000 граѓани има 1.600 телефони ОБЈАВЕН ТЕНДЕР ЗА ЧЕТВРТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР

Мобилните оператори „Телеком“, „Теленор“ и „М-Тел“ поднесоа документација за тендерот за четврти мобилен оператор во Црна Гора, соопшти српскиот весник „Данас“. Победникот на тендерот, кој завршува на 15-ти декември, ќе добие петгодишна лиценца за мобилен оператор. Најнискиот износ, кој може да биде поднесен на тендерот за ефикасно користење на радиофреквенциите во земјата, изнесува 1,315 милиони евра. Според податоците од Евростат во Црна Гора над 1.000 граѓани имаат 1.600 телефони.

РЕГИОН

Page 25: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ЕВРОПСКА УНИЈА

Консултантската фирма „Мекинши“ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НАЈЗАДОЛЖЕНА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ

Велика Британија е најзадолжената земја во светот, тврди консултантската фирма „Мекинши“ во својата анализа на долговите во најразвиените економии во светот. До крајот на март оваа година, збирната британска задолженост, во која се вклучени

долговите на домаќинствата, компаниите, Владата и на банките, изнесувала 492 отсто од бруто националниот производ (БНП) на Велика Британија, јави дописникот на МИА од Лондон. Тоа практично значи дека збирниот долг на земјата е безмалку пет пати поголем од вредноста на се` што произведува Британија за една година. На крајот од 2008 година, кога избувна „кредитниот удар“, вкупната британска задолженост изнесувала 481 отсто од БНП, што тогаш било повеќе и од вкупната задоженост на Јапонија, која важи за „традиционално“ презадолжена земја. Велика Британија и Јапонија сега имаат еднаков процент на задолженост, во однос на брутно националниот производ, за разлика од САД кои се во подобра позиција, зашто тамошната вкупна задолженост оваа година, изнесува 282 отсто од БНП. Во периодот меѓу крајот на 2008 година и средината на оваа година, задолженоста на банките и натаму расте, додека кај британските компании, таа бележи опаѓање од 122 на 109 отсто од БНП, додека кај домаќинствата од 102 н 97 отсто. Анализата на „Мекинши“ открива дека овие две ипол години, владиниот долг од 52 отсто од БНП, што во 2008 година се сметаше како низок процент, годинава нарасна до 76 отсто, што финансиски експерти го оценуваат како „стандардно“ за економиите на Западот. Во овој период, финансиските компании ја зголемиле својата задолженост од 205 на 210 отсто од БНП. Одружувањето на рекордно ниската камата од 0,5 отсто и внесувањето

на 275 милијареди фунти „свежи пари“, помогнаа Велика Британија да може да живее со рекордно високиот долг, а евтините пари на пазарот ја направија вкупната задолженост, поднослива, - објаснуваат експертите.

Најбогатиот Бугарин е Огњан ДоневФАРМАЦЕВТОТ И НОВИНАРОТ ПОАСЕДУВА 225 МИЛИОНИ ЕВРА

Најбогатиот Бугарин е доктор по економски науки Огњан Донев и има 450 милиони левови (225 милиони евра). Тој поседува 60 проценти од акциите на фармацевтската компанија „Софрама“, се занимава со финансии, а минатата година стана сопственик на најтиражните весници во Бугарија. Донев (54), кој докторира во Берлин успешната кариера ја почна во 1998 година по приватизацијата на компанијата „Унифарм“.

На листата најбогати Бугари, што од 2002 година ја составува софискиот весник „Супер 19“ се наоѓаат осуммина, меѓу кои се и банкарите Петја Славов и бизнисменот Гришо Ганчев сопственик на „Литекс“, компанија која во соработка со кинеската фирма „Грејт вол“ ја изгради фабриката Литекс моторс“ во Ловеч, каде неодамна беше произведен првиот автомобил во Бугарија.

Бугарските девизни резерви поголеми од 13 милијарди евраРЕКОРД ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ

Бугарија своите девизни резерви ги зголеми за 125 милиони евра и тие минатиот месец достигнаа 13,176 милијарди евра.

Вредноста на девизните резерви и златото е рекордна во последните три години, покажуваат податоците на Бугарската народна банка. Бугарија апсолутниот рекорд од 14,722 милијарди евра го постави во септември 2008 година, но тогаш само за три месеци девизните резерви беа намалени за две милијарди евра поради проблемите на пазарот. Во Бугарија живеат 7,3 милиони жители и со 5,8 милијарди надворешен долг е една од најмалку задолжените земји во ЕУ.

Европскиот парламент изгласа забрана на берзански шпекулации со државни долговиЕДНА ОД КЛУЧНИТЕ МЕРКИ ЗА БОРБАПРОТИВ ФИНАНСИСКАТА КРИЗА

Европскиот парламент (ЕП), со огромно мнозинство гласови, го одобри текстот со кој сака да ги забрани берзанските шпекулации со државни суверени долгови и продажбата без покритие, - јавува дописникот на МИА од Стразбур. Правилата кои ги предложи ЕП предвидуваат поголема транспарентност и забрануваат некои трансакции со ЦДС (Договори за рамена на кредитниот ризик), со цел да се спречат шпекулациите на финансиските пазари за неликвидноста на земјите.

Ова е една од клучните мерки предложени од Европската комисија за борба против финансиската криза. Посебно ЦДС, кои се обвинети дека ја потхрануваат несигурноста на пазарите. Имено, токму ЦДС трансакциите се сметаат за виновни за влошување на кризата во Грција. Ограничувањето на шпекулациите за неликвидноста на државите, во Стразбур се оценува како победа на Европскиот парламент. Имено, ЕП изнуди забрана на продажбата на ЦДС на голо (купување на осигурителни договори против неликвидност без притоа да се има обврзници кои се поврзани со долгот за кој се купува осигурување). Така, купувањето на италијанските ЦДС е ограничено само за оние кои го поседуваат италијанскиот долг или учество во еден сектор широко зависен од нивните перформанси, како

Page 26: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ЕВРОПСКА УНИЈА една италијанска банка. Единстевниот исклучок е во можноста за националните власти да изречат забрана со максимално траење од 12 месеци кога неговиот пазар на суверениот долг е во тешкотија, и потоа може да ја продолжи забраната за уште шест месеци. Оваа можност е ограничена, бидејќи сложениот законски текст дава ограничен број показатели, кои можат да оправдаат една таква акција на регулаторните власти. Додека европските регулаторни власти можат во рок од 24 часа, преку Европските власти за финансиските пазари АЕМФ да објават мислење за потребата за укинување на забраната, негативното мислење на АЕМФ може да има политичка тежина. Според известувачот Паскал Канфин од редовите на Зелените во ЕП: „текстот покажа дека Европа може да реагира против шпекулациите, кога таа има политичка волја за тоа. Отсега ќе биде невозможно да се купуваат ЦДС само со шпекулкативни намери за неликвидноста на една земја“. Новата европска директива ќе треба да биде формално потврдена од Советот на ЕУ во текот на наредните седмици и таа ќе треба да влезе во сила во ноември 2012 година.

Европска централна банкаУДВОЕНО НЕДЕЛНОТО КУПУВАЊЕ ОБВРЗНИЦИ

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека речиси го удвоила неделното купување обврзници на државите на еврозоната, во обид да ги намали трошоците на задолжување на европските земји и да се избори со должничката криза која се заканува да ја турне Европа во рецесија. ЕЦБ минатата недела купи обврзници вредни речиси осум милијарди евра, во однос на четири милијарди, колку што банката вложи во купување должнички хартии во претходната недела. Банката, како и обично, не прецизираше кои државни обврзници ги купила. ЕЦБ, меѓутоа, вложи вкупно 194,5 милијарди евра во обврници на земјите на еврозоната откако, во

почетокот на минатата година, е покрената контроверзната програма на купување должнички хартии, во рамки на напорите да се ублажи должничката криза во монетарната унија.

Холандија останува забранета за бугарските и романски работници СЕЗОНЦИТЕ ЌЕ ИЗВИСАТ

Холандскиот министер за социјални работи Хенк Камп ќе предложи одложување за уште две години на одобрувањето со кое државјаните на Бугарија и Романија ќе можат да работат во Холандија. Камп сака Романците и Бугарите да добиваат работи во Холандија кои не можат да ги извршуваат други државјани од Европската унија.

Министерството за социјална политика на Холандија ова лето не дозволи Бугарите да работат како сезонски работници во земјоделството и соопшти дека тие места треба да бидат ослободени за невработените Холанѓани. Холандија е единствената земја од Шенген зоната која е против влезот на Бугарија и Романија во овој простор на слободно движење.

ЕУ објави план за поттикнување на развојот на антибиотицитеПОМОШ ЗА МАЛИТЕ ФАРМАЦЕВТСКИ ФИРМИ

Европската комисија објави план за поттикнување на истражувањата во запоставената област на антибиотиците, со кој е предвидена помош за малите фармацевтски фирми во оваа област и промоција на соработката во истражувањето и развојот на антибиотиците меѓу големите компании во овој сектор. Клучен елемент на овој план е веќе постоечката Иницијатива за иновативни медикаменти, јавно-приватна иницијатива на фармацевтската индустрија и ЕК, насочена кон унапредување на развојот на новите антибиотици. - Мора да преземеме брза и одлучна акција доколку не сакаме да останеме без лекови кои се основа на

терапиите за бактериски инфекции како кај луѓето, така и кај животните, изјави еврокомесарот за здравство Џон Дали. Има многу малку антибиотски лекови, а експертите ги загрижува тоа што само неколку големи компании, како што се „Глаксо Смит Клајн“ и „Астра Зенека“ се уште имаат силни програми за истражување и развој на антибиотиците.

Чешката економија со помал раст и оваа и идната годинаДВОЈНО ПОНИСКО ОД ОЧЕКУВАЊАТА

Генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Ангел Гуриа пред истакнати чешки економисти и политичари го претстави економскиот преглед на Чешка, јави дописникот на МИА од Прага. Според ОЕЦД, чешката економија идната година се очекува да оствари раст од 1,6 проценти, што е помалку во однос на очекувањата кои беа објавени во мај за раст од 3,5 за 2012 година. - Годинашниов раст на чешката економија ќе изнесува 2,1 проценти, рече Гуриа упатувајќи пофални зборови за реформите кои ги презема Кабинетот на премиерот Петр Нечас. На прашањето дали Чешка треба да влезе во еврозоната тој истакна дека не треба да се брза и покрај тоа што смета дека заедничката европска валута ќе ги надмине актуелните потреси. - По некое време, ЕУ ќе биде подобра и посилна отколку денес, заклучи Гуриа.

Прогнозата на ОЕЦД за чешката економија се пооптимистички од оние кои неодамна ги соопштија Чешката народна банка (ЧНБ), Министерството за фнансии и Европската комисија. ЧНБ прогнозираше дека домашната економија значително ќе се влоши и растот ќе изнесува 1,1 процент во однос на претходно планираните 2,2 проценти. Според Министерството за финансии, пак, чешката економија идната година ќе има раст од само 1 процент. Претходно Министертсвото предвидуваѓе 2,5-процентен раст за оваа и идната

Page 27: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ЕВРОПСКА УНИЈА

година. Европската комисија, исто така прогнозира 1,8 процентен раст за оваа година, а преходно во пролетниот извештај предвидуваше раст на чешката економија за 2 проценти. Идната година, Брисел очекува пораст на чешкиот Бруто домашен производ од само 0,7 проценти, што е значилно помалку од претходните прогнози кои беа 2,9 отсто.

Швеѓаните најмногу се задолжуваат во ЕвропаНАЈВИСОК ПОРАСТОТ НА СТАНБЕНИТЕ КРЕДИТИ

Шведските домаќинства најмногу од сите во Европа ги зголемуваат своите кредитни задолжувања, јави дописникот на МИА од Гетеборг. Во последните пет години во Шведска е регистриран највисок пораст на станбени кредити. Почнувајќи од 2001 година шведските граѓани ги зголемувале станбените кредити за над 10 отсто годишно, освен во текот на финансиската криза во 2008 година. Шведските домаќинства имаат долг за еден и пол пат поголем од годишните приходи, така што сега се слушаат предупредувачки гласови во однос на натамошното задолжување. – Пред да се соочиме со кризи, често гледаме брз пораст на станбеното задолжување, вели Бенгт Хансон од шведскиот Државен совет за станбени кредити. Овие податоци произлегуваат од истражувањето што Шведската телевизија СВТ го направи врз база на статистиката од шведскиот Државен совет за станбени кредити, ОЕЦД и Европската централна банка, која се однесува на развојот на станбеното кредитно задолжување во Европа.

Буџетот на ЕУ за 2012 поголем за два отстоНА РАСПОЛАГАЊЕ 129 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Буџетот на Европската унија

за 2012 година ќе биде поголем за два проценти од овогодинешниот, и во согласност со инфлацијата е ограничен на 129 милијарди евра, договорија претставниците на владите на 27 земји членки на ЕУ после 14 часа преговори.

Договорот претставува победа на европските влади кои, соочени со финансиските последици од должничката криза во еврозоната, се спротивставија на настојувањата на европските пратеници буџетот на ЕУ следната година да се зголеми за повеќе од пет отсто. Комесарот на ЕУ за буџет Јануш Левандовски изрази задоволство за постигнатиот договор. Сепак тој во соопштение до медиумите изрази и жалење затоа што со одобрениот буџет нема да можат да се финализираат неколку започнати проекти. Во заедничката изјава на европскиот Совет и Парламентот се наведува и барањето до Европската комисија, за дополителна исплата на средства во заедничкиот буџет доколку нема доволно за покривање на трошоците за конкурентност и раст, нови вработувања, зачувување на природните ресурси, слобода , безбедност и правда, како и за ставката насловена „ЕУ како глобален играч“.

Предупредување на меѓународната рејтинг агенција „Фич“ЕВРОПСКАТА КРИЗА ЗАКАНА ЗА БАНКИТЕ ВО САД

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ објави дека американските банки може да бидат сериозно погодени од евентуалното проширување на европската должничка криза.Предупредувањето предизвика пад на берзите. Според „Фич“ американските банки може да претрпат тежок удар доколку должничката криза во Европа продолжи да се шири, опфаќајќи и други земји освен Грција, Ирска, Италија, Португалија и Шпанија. Агенцијата истакнува дека засега ризиците за американските банки се „контролирани“, но дека инвеститорите брзо реагирааат дури и на мали негативни информаци за можното влијание на

должничките проблеми во Европа врз останатиот дел од глобалниот финансиски систем. Индексите во САД се движеа меѓу лесно зголемување и намалување, пред „Фич“ да изнесе предупредување.

Кинеска компанија закупи 2.000 хектари обработливо земјиште во Бугарија ПРВА КИНЕСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО Кинеска компанија зема под наем 2.000 хектари обработливо земјиште во регионот на Видин во северозападниот дел на Бугарија, каде планира да одгледува пченка, детелина и сончоглед. Инвестицијата се проценува на околу 10 милиони евра, а целокупното производство ќе се извезува во Кина. Според бугарските медиуми, ова е прва кинеска инвестиција во земјоделството во некоја земја-членка на Европската унија. - Инвестицијата е прв чекор во реализација на заедничките проекти во земјоделството, изјави бугарскиот министер Бојко Борисов по состанокот со кинескиот заменик министер за земјоделство Гао Хонбин, кој се наоѓа во посета на Бугарија. Со проектот, кој го започнуваме во општината Бојница, го покажуваме интересот на Кина за соработка со Бугарија, истакна Хонбин. Претседателот на кинеската државна компанија „Танџин агробизнис компани“ Бај Жишен изјави дека Кина планира да инвестира уште 20 милиони евра во земјоделството, при што дел од средствата ќе биде наменет за сточарството. Бугарија со околу 110.000 квадратни километри опфаќа околу 22 проценти од вкупната површина на Балканскиот полуостров. Околу 30 проценти од територијата на Бугарија отпаѓа на низни.

Page 28: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

КОРПОРАЦИИ

Британската Влада ја продаде „Нордерн Рок“ банката на компанијата „Вирџин Мани“ „ДОБРА ЗДЕЛКА“ ЗА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ

Британската Влада одлучи да ја продаде национализираната банка „Нордерн Рок“ на приватната компанија „Вирџин Мани“, за 747 милиони фунти, соопшти министерот за финансии Џорџ Озборн, јави дописникот на МИА од Лондон. Оваа банка, што главно работи со населението, во 2008 година беше национализирана од тогашната Влада на премиерот Гордон Браун, откако се најде на работ од банкротство, како последица на тогашниот кредитен удар, што се рашири по целиот свет и глобалната криза на финансискиот пазар.

Подоцна беше извршена внатрешно преуредување, на тој начин што банката беше поделана на „Норден Рок-плц“ и на „Норден Рок“ во кој останаа т.н. „лоши долгови“, што ја предизвикаа кризата од пред повеќе од три години. „Вирџин Мани“ денеска го купија „здравиот“ дел од банката. Сопственикот на компанијата „Вирџин“ Ричард Брансон се обидуваше да ја купи банката „Нордерн Рок“ уште пред таа да биде национализирана, но тогаш не успеа да се спогоди со поранешната Влада на лабуристите. Министерот Џорџ Озборн одлуката за продажба на проблематичната банка на приватниот сектор, ја означи како „добра зделка“. Таа е добра за Владата, како и за даночните обврзници кои на овој начин се ослободуваат од својот грб банката што мораше да ја покриваат, а е добро и за нејзините штедачи и консументи, рече министерот Озборн. Засега нема планови за тоа Владата да се ослободи и од другиот дел на „Норден Рок“, во кој државата има интервенирано со 21 милијарда фунти.

„Хонда сивик“ НАГРАДА ЗА „НАЈЗЕЛЕНО ВОЗИЛО“ ВО САД

Американскиот магазин Грин кар џурнал ја избра Хонда сивик на приорден гас за „најзелено“ возило за 2012 година поради висока енергетска ефикасност и користење природен гас. Автомобилот може да помине 386 км. со едно полнење и може да се купи во 36 американски држави.

Автомобилот на Хонда беше избран меѓу голем број возила од финалето како што се електричните на Форд и Мицубиши, хибридот на Тојота и на Фолксваген. Управата на Хонда ја поздрави наградата добиена на Саемот на автомобили во Лос Анџелес. Автомобилот Хонда сивик CNG се продава од октомври во САД по цена од 26.155 долари.

„Епл“ во 2012 најголем светски произведувач на компјуери?ПАЗАРНИОТ УДЕЛ ЗГОЛЕМЕН ОД 9 НА 15 ОТСТО

„Епл“ во 2012 година би можел да го заземе првото место на светскиот пазар на компјуери, проценуваат аналитичарите од истражувачката компанија „Каналајз“ (Canalys) кои во анализите ја вклучиле и продажбата на „таблет“ компјутери.

„Епл“ чиј удел на пазарот на персонални комјутери за само четири тромесечија е зголемен од девет на 15 отсто, како што наведуваат во „Каналајз“, во текот на првото полугодие од 2012 година би требало да го надмине „Хјулит-

Пакард“ и да се најде на првото место. Во однос на пазарот на персонални компјутери, „Каналајз“ смета на глобална продажба на 415 милиони парчиња во 2011 година што претставува пораст од 15 отсто за една година за што пред се придонесоа „таблети-те“ чиј број на продадени парчиња би требало да достигне 59 милиони.

ТРЕНДОВИ

Централните банки купиле рекордна количина злато во третото тримесечје од годинатаВО ТРЕЗОРИТЕ СМЕСТЕНИ 350 ТОНИ

Централните банки во третото тримесечје од оваа година купиле 148,4 тони злато, рекордна количина во изминатите 40 години, објави Фајненшал тајмс. Весникот се повикува на тајна анализа на Светскиот совет за злато (Worls Gold Council). Од почетокот на годината централните банки купиле 350 тони злато, а до крајот на годината таа количина би можела да се зголеми на 450 тони. Светската побарувачка за злато во третото тримесечје е зголемена за шест отсто на годишно ниво.

Купено е злато за 57,7 милијарди САД долари, наведуваат американски медиуми. Најактивно купување е регистрирано во Европа (468,1 тони). Растот на купувањето е резултат и на намалувањето на цената во септември оваа година. За еден месец цената на златото на берзите се намали за речиси 20 отсто на 1.550 САД долари за унца (31,1 грам). Инвеститорите продаваа благородни метали за да покријат загуби остварени на други финансиски пазари.

Page 29: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

Хорст Рајхенбах, шеф на Работната група за помош во реформите на државниот сектор на ГрцијаПОРАДИ НЕПЛАЌАЊЕ ДАНОЦИ СЕ ГУБАТ ОКОЛУ 60 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Грција губи околу 60 милијарди евра поради неплаќање на даноци, изјави шефот на Работната група за помош во реформите на државниот сектор, Хорст Рајхенбах. Тој истакна дека ако тие 60 милијарди бидат собрани ќе и` помогнат на Атина да го намали огромниот буџетски дефицит. Рајхенбах наведе и дека околу 30 милијарди евра од останатите даноци се блокирани во продолжените судски спорови, за чие решавање може да поминат од седум до 12 години. Тој додаде дека еден од приоритетите на

Работната група ќе биде и изнаоѓање механизми за забрзување на решавањето на даночните спорови. Работната група е составена од експерти од земјите-членки на Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд, чија цел е да и` помогне на Грција да го обнови економскиот раст.

Марија ван дер Хевен, извршна директорка на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА)НУКЛЕАРНИТЕ ЦЕНТРАЛИ КАКО СУДБИНА

Јапонија, која е сиромашна со природните ресурси, би можела да се соочи со големи економски трошоци, зголемување на емисиите на јаглерод диоксид (ЦО2) и намалување на веќе и онака малата количина енергенси доколку не изгради ниту една нова нуклеарна централа до 2035 година, предупреди извршната директорка на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), Марија ван дер Хевен. Според ИЕА, јапонскиот годишен увоз на природен гас би можело до 2035 година да достигне

вредност од 80 милијарди долари во случај на т.н. „ниско нуклеарно сценарио“, во споредба со увозот од 66 милијарди долари според централното сценарио на ИЕА кое не предвидува можност на драстично намалување на производството на нуклеарна енергија по нуклеарната криза во атомската централа „Фукушима“. Емисиите јаглерод диоксид во рамките на ниско нуклераното сецарио во 2035 година би биле 50 милиони тони поголеми, отколку според централното сценарио што на Јапонија би и отежнало остварувањето на целта за борба против климатските промени, укажа ИEА. - Нашите анализи во рамки на ниско нуклеарното сценарио зборуваа дека Јапонија би претрпела големи економски трошоци, оти би била влошена нејзината енергетска безбедност и дека би се зголемиле емисиите на штетни гасови во споредба со централното сценарио, изјави Ван дер Хевен. Таа, осврнувајќи се на алтернативните извори на енергија, рече дека „улогата на обновливите извори по сите сценарија се зголемува, но оти тоа бара унапредување на флексибилноста на производните капацитети, јакнење на електромрежата и подобро регулирање на енергетските пазари. Според ниското нуклеарно сценарио, јапонската зависност од атомска енергија во 2030 година би изнесувала 18 отсто вкупно

производство на електрична енергија. Според централното сценарио кое предвидува претпазливо спроведување на неодамна усвоените владини политики во областа на производство на атомска енергија, тој показател би изнесувал 30 отсто. Јапонија во моментов го преиспитува својот основен енергетски план кој предвидува нуклеарната енергија да учествува со 53 отсто од вкупното производство на енергија до 2030 година, во споредба со учеството од околу 30 отсто пред нуклеарната криза.

Извршната директорка на ИЕА исто така е загрижена што за прашањата, поврзани за климатските промени и енергетските проблеми, се помалку се расправа меѓу лидерите на Г20, со оглед на тоа дека должничката криза во еврозоната сега е во центарот на вниманието. - Финансиската криза ќе трае некое време, но ќе помине. Климатската криза и енергетските проблеми, меѓутоа, нема да поминат затоа што бројот на населението во светот расте, просперитетот ќе биде зголемен и со тоа и емисиите на јаглерод диоксид, укажа таа.

Мислење на американскиот инвеститор Ворен БафетДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА ПОКАЖА „ГОЛЕМА ПУКНАТИНА“ ВО ЕВРОЗОНАТА Американскиот инвеститор и еден од најбогатите луѓе на светот Ворен Бафет изјави дека европската должничка криза покажала „голема пукнатина“ во системот на еврозоната.

Тој истакна дека е потребно повеќе од зборови за да се поправи системот. - Знам дека овој систем, каков што е конструиран во моментов, има голема пукнатина и таа нема да биде поправена само со зборови, нагласи Бафет за време на својата прва посета на Јапонија. Бафет, кој е познат и како „Пророкот од Омаха“ поради неговата долга кариера како инвеститор, додаде дека нема идеја како ќе заврши должничката криза, која започна во Грција пред две години.

Поранешниот британски вицепремиер , Лорд ХезелтајнВЕЛИКА БРИТАНИЈА НА КРАЈОТЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕВРОТО

Поранешниот британски вицепремиер лорд Хезелтајн изјави дека Велика Британија на крајот, сепак ќе му се

Page 30: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

приклучи на еврото. Хазелтајн, кој сега е член на Горниот дом на британскиот Парламент, истакна дека еврозоната во овие моменти се соочува со „вистински проблеми“, но тој верува дека таа ќе преживее.

Според неговото мислење, евентуалниот колапс на заедничката валута би предизвикал „катастрофални последици“ за британската економија, јави дописникот на МИА од Лондон. Лордот е еден од највлијателните политичари меѓу британските конзервативци и важи за поддржувач на проектот за создавење на еврото меѓу главно евроскептичните ториевци. Познат е по тоа што ја собори Маргарет Тачер од лидерската функција за време на партискиот пуч што го направи со група истомисленици, принудувајќи ја „Челичната лејди“ да се повлече и од Даунинг стрит 10, но не стана нејзин наследник и премиер. Сите три главни политички партии во Велика Британија, кои доминираат во сегашниот состав на Парламентот, соопштија дека во блиска иднина земјата нема да и се приклучи на еврозоната и националната валута фунтата да ја замени со еврото. Коалициската Влада на премиерот Дејвид Камерон уште на почетокот од својот мандат објави дека до следните избори, во мај 2015 година, прашањето за еврото нема да биде ставено на разгледување. Камерон е под притисок од десницата во својата партија, како и од ториевските евроскептици, да организира референдум околу британското членство во ЕУ, како и за тоа да се искористи сегашната криза во еврозоната за да се започне

дијалог со Брисел за враќање на дел од овластувањата кои земјата веќе и ги има префрлено на Унијата.

Дејвид Камерон, британски премиерВЛАДИНИОТ ПЛАН ЗА СКУСУВАЊЕ НА ДОЛГОТ ВЕРОЈАТНО НЕМА ДА УСПЕЕ!?

Британскиот премиер Дејвид Камерон призна денеска за првпат дека Владата, веројатно, нема да успее во својот план да го скрати внатрешниот долг на земјата, во времето што самата го определи, јави дописникот на МИА од Лондон. - Нашиот план не оди како што треба и расчистувањето на долгот се движи потешко отколку што тоа можеше да се предвиди, рече Камерон. Ова признание на британскиот премиер навестува дека Владата нема да може да го затвори буџетскиот дефицит до 2015 година. Владата претходно ветуваше дека до следните парламентарни избори, буџетскиот дефицит ќе биде надминат. Изјавата на Камерон доаѓа во време кога глобалната економија се наоѓа на работ од „хроничната рецесија“, настаната како последица на огромните внатрешни долгови што владите на најголемите и најмоќните економии не може да ги намалат.

Доколку признанието на британскиот премиер за стравуванјето од неуспех на крајот се покаже како точно, тогаш е сосема сигурно дека Владата не ќе може да намали даноците, пред идните избори за околу 3,5 години, а тоа беше едно од главните изборни ветувања на партиите од владината коалиција.

Херман ван Ромпуј не ја исклучува варијантата за создавање еврообврзнициДА, АМА ПОД ОДРЕДЕНИ УСЛОВИ!?

Создавањето еврообврзници не е решение за справување со кризата во еврозоната на кусорочен план, но може да се размислува при определени услови, изјави претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј. - Го претпочитам терминот за обединување на државните долгови пред еврообврзници, изјави Ромпуј на заедничка прес-конференција со италијанскиот премиер Марио Монти. Претседателот на ЕУ досега не се изјаснуваше за темата, која според него, е „многу деликатна“ за некои членки на еврозоната.

Германија е против идејата за еврообврзници. - За да биде тоа исполниво, треба да се зачуваат определени барања во врска со буџетските правила, истакна Ромпуј, според кој тие еврообврзници не треба да ја поместат неопходноста од буџетска консолидација, туку да придонесат за неа.

Page 31: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Веибо - кинески центар за размена на информации МЕСТО ЗА ПРОМОЦИЈА, ЛОБИРАЊЕ И ПРОНАОЃАЊЕ БИЗНИС ПАРТНЕРИ

* Со речиси една петтина од вкупната популација

секојдневно присутна на кинеската мрежа за блогирање, Веибо стана силен фактор за менување на навиките и погледите на Кинезите, но и на политичарите кои се принудени да реагираат на критиките и настаните кои повеќе не можат да се сокријат од јавноста

* Веибо стана можност за светските компании, пропагандистите и странски познати личности, кои на него отворија свои профили - Кока Кола, Меѓународниот монетарен фонд, Луј Витон и Том Круз, за кои Веибо брзо стана место за промоција, лобирање, размена на вести и полесно стигнување до широкиот аудиториум

Загрижени дека неконтролираниот Интернет може да и наштети на власта на Комунистичката партија, кинеските власти ги забранија Твитер, Фејсбук и Јутјуб. Меѓутоа, домашниот пандан на Твитер – Веибо набрзо привлече 250 милиони корисници кои можат да остават до 140 карактери на „твитовите“ и да собираат свои следбеници. Лансиран кон крајот на 2009 година, Веибо набрзо стана многу влијателен во кинеското општество. - Веибо на „Сина“ денес стана национален разглас на Кина, вели Сем Флеминг, основач на шангајската консултантска компанија за социјални медиуми ЦИЦ. - Тоа е место каде луѓето разменуваат вести и шпекулации. Ако сакате да знаете што се случува во Кина, треба само да отворите свој Веибо профил. Софистицираниот приод на големите компании на социјалните медиуми веќе подолго време е присутен на Западот, а преку Веибо сега тоа стана тренд и во Кина. Повеќе од влијание, можност на мултинационалните компании со своите пораки да допрат директно до кинеската публика е уште една причина за брзиот раст на Веибо, велат експертите. - Тоа е најбрз начин на комуникација со кинескиот аудиториум, вели Ренд Хан директор на „Резонанс Чајна“ агенција за дигитални медиуми од Шангај. Кина со својата потрошувачки настроена средна класа е брзорастечки пазар за светски брендирани фирми како што се Луј Витон, Унилевер Пик и Кока Кола, кои преку Веибо можат да стекнат увид важен за формирање на деловна стратегија и да испратат нивни пораки до потенцијалните купувачи. Не само компаниите, туку и познатите личности ги тресе „грозницата“ на Веибо. Том Круз,

кој кај кинеските страсни обожаватели е познат како „А-Танг брадер“ отвори свој профил во Кина во февруари и сега има три милиони фанови. И Бил Гејтс, Марија Шарапова, глумицата Ема Вотсон се присутни на Веибо, каде говорат за своите ангажмани и ја зголемуваат својата база на обожаватели во Кина. Службениците од Веибо ги проверија нивните профили и утврдија дека тие се оригинални. Секој кој може да се движи по кинеските интернет страни може да регистрира профил на Веибо. Но, за да биде регистриран поединецот мора на Веибо да поднесе доказ за идентитетот. Компаниите исто така можат да бараат да добијат специјален профил за фирми кои им обезбедуваат посебен изглед на Веибо страницата. За странските компании главната корист од Веибо е што таа страница им нуди доминантна платформа, со чија помош можат да стигнат подалеку за разлика од контролираните социјални медиуми и одат надвор од традиционално достапниот пазар во Кина. Кинеската влада исто така е присутна на мрежата со многу министерства и државни институции кои го користат Веибо. Шефот на партијата на Шангај пред неколку дена порача дека владините службеници мора брзо да одговараат на потребите на луѓето објавени на Веибо и во други медиуми, а не да ги забиваат главите во песок. Сепак фирмата „Сина“ вработува техничари кои ја цензурираат содржината на Веибо со политички чувствителни пораки. Експертите велат дека досегашната толеранција на власта кон Веибо делумно произлегла и од подготвеноста на кинеските интернет компании да применуваат самоцензура.

(Вол Стрит Џурнал – Њујорк)

Како да се запре одливот на едуцирани млади од Македонија? НИТУ СТРАТЕГИЈА, НИТУ ДРЖАВНИ МЕХАНИЗМИ ЗА ВРАЌАЊЕ НАЗАД

* Наспроти загрижувачкиот процес на одлив на „младите умови“, во последно време во Македонија се пројавува и противтренд – значителен број млади високообразувани стручњаци да имаат желба да се враќаат во земјата.

Ристе Змејковски, аналитичар за јавни политики во Центарот за истражување и создавање политики од Скопје, кој го реализира проектот во Македонија (Во Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Македонија се спроведува регионалниот истражувачки проект преку анкета со стотина високообразувани повратници) укажува: „Одговарајќи во врска со тешкотиите при барањето работа, 43 проценти од испитаниците изјавиле дека постои незаинтересираност за нивната диплома и знаење, без оглед што дел од нив доаѓаат од навистина престижни универзитети во светот. Натаму 10,8 отсто од повратниците се соочиле со уште еден проблем, за кој тие алармираат: тешкотии поради вработувањата со врски и познанства.

Најнегативниот показател е на прашањето: ’Дали по вашето враќање добивте некаква помош од надлежните институции во вашата држава’. Притоа, дури 91,9 отсто од испитаните високообразовани повратници одговориле дека не добиле никаква помош. Тоа алармира дека не постои соодветна свест за проблемите, со кои повратниците се соочуваат по нивното враќање, како и на непостоење соодветни државни механизми ним да им се помогне во таа смисла.“ Ивана Матеска, амбициозна 23 годишна девојка, која магистрираше неодамна на насоката за политика за технолошки развој во Бизнис – школата на Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија, се врати во земјата и веќе два месеца работи во кабинетот на потпретседателот на Владата за економски прашања. Таа го изнесува своето мислење какви се можностите младите од Македонија, едуцирани во странство, да се вратат дома: „Постојат можности само ако постои интерес и ако се увидат бенефициите, кои Македонија може да ги има од запирање на одливот на тие умови. Постојат методи како да се вратат младите образувани кадри. Кога би се создале соодветни услови, во кои би можеле да работат и да придонесат со она што го имаат – тие би се вратиле. Од друга страна, Македонија нуди доволно услови човек да биде успешен и во неа многу работи функционираат. Битно е тоа да дојде до ушите на тие студенти, кои се надвор и тие да увидат дека во Македонија навистина постојат можности нивното знаење би било ценето и да имаат живот онаков каков што замислуваат.“

Анкетите покажуваат дека младите сакаат да се вратат во матичната држава

Христина Ципушева, професорка во Факултетот за бизнис и економија во Штуловиот универзитет во Тетово, укажува на дел од резултатите и на едно друго истражување, овојпат со 1.100 студенти од сите македонски универзитети: студентите 32,5 проценти се изјасниле дека сакаат да работат 5 години во странство и да се вратат во матичната држава, значи, по здобивање 5 годишно искуство, додека 28,5 проценти се изјасниле дека сакаат да се вратат по завршувањето на студиите во странство. Што значи, откако ќе се здобијат со повисоки образовни квалификации, да се вратат во земјата. Овие две категории со највисок процент во истражувањето можеби се позитивна точка, која креаторите на политиките во Македонија треба да ја земат предвид, за да направат натаму одредени реформи со цел да го искористат враќањето на оваа висококвалификувана работна сила.“

Ивана Матеска, која планира да замине на докторски студии по индустриски менаџмент во САД, се надоврзува: „Немам ништо против да живеам, да творам и да работам во Македонија, затоа што ова е земјата во која сум родена и оти ова е земјата, која јас ја сакам. Се зависи натаму од тоа какви можности би

Page 32: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

ми се отворале, кои порти би ми се отворале.“ Значи, иако доминира и натаму трендот на заминување на младите стручњаци од Македонија, се’ позначителен број од нив своите перспективи ги гледаат во матичната земја.

(Дојче веле – Берлин)

Дали на Црна Гора и се заканува должничко ропство?ЗА ТРИ ГОДИНИ БОРЧОТ ТРИ ПАТТИ СЕ ЗГОЛЕМИ

* Висината на јавниот долг на Црна Гора изнесува околу 44 отсто од БДП, што аналитичарите сметаат дека тоа не е драматично. Меѓутоа, Владата за идната година планира дополнително задолжување, но се смета дека и тоа нема да биде доволно Иако Владата планира идната година да се задолжи со дополнителни 230 милиони евра, економистот Миленко Поповиќ се плаши дека тоа нема да биде доволно. Како што објаснува, постоечкото ниво на јавната потрошувачка нема да биде доволно да ги задоволи сите потреби. - Единствено што може да ја сруши оваа проекција се директни странски инвестиции. Меѓутоа, во години на криза, странски инвестиции се реални колку што е реално да ви се посреќи нешто да добиете во коцкарница, вели Поповиќ. Странските инвестиции оваа година се помали за околу 40 отсто, а Поповиќ наведува дека Црна Гора треба да се сврти кон индустриското производство кое речиси е на умирање.

Со нацрт буџетот предвидено е намалување на државната потрошувачка за само еден милион евра, бидејќи планираните расходи се околу 1,252 милијарди евра. Како таков, буџетот не е ни развоен, ни социјален, вели претседателот на собраниската Комисија за економија Александар Дамјановиќ. Тој додава дека е јасно дека буџетот не би бил одржлив без нови задолжувања и предупредува дека Црна Гора, откако минатата година се задолжи за околу 500 милиони евра, влегува во опасна зона на презадолженост. - Полека се влегува во зона на големо задолжување, бидејќи за три години долгот кон странство трипати се зголеми и се поставува прашањето дали и колку долго може да се оди со ваква економска политика, оценува Дамјановиќ.

Задолжувања

Црна Гора кон крајот на септември минатата година реализираше прва емисија на еврообврзници, со кои собра 200 милиони евра. Рокот за плаќање на тој долг е 5 години, а во меѓувреме во годишните рати ќе се отплаќа камата која вкупно ќе биде околу 80 милиони евра. Во почетокот на април, Црна Гора поради сервисирање на претходни долгови и крпење на буџетските дупки, уште еднаш се задолжи за уште 180 милиони евра на меѓународниот пазар на капитал. Парите повторно се позајмени на 5 години, а каматите само за овој кредит ќе чинат над 65 милиони евра. Потоа, Црна Гора и кај Светска банка се задолжи за околу 60 милиони евра. Професорот Миленко Поповиќ вели дека сегашното ниво на долгот, кое е на ниво од околу 44 отсто од БДП, се уште не е драматично, но тој предупредува дека нивото ќе расте. - Затоа реално е да се очекува дека оваа криза ќе трае многу долго, 10, 20 години, очекува Поповиќ. Александар Дамјановиќ наведува дека Владата наместо задолжување треба да работи на подобра наплата на даноците, да ја измени даночната политика и да има подобра наплата на царините и акцизите. - Прашање е дали со вакви расходи можат да се сервисираат постоечките обврски, социјалните трошоци и слично. Мислиме дека мора да се најде простор за нови приходи, дека алтернативното задолжување води во должничко ропство, оценува Дамјановиќ.

Штрајкови

Со нацрт буџетот, најголемо зголемување на трошоците е предвидено за пензите, социјалните трошоци, каматите и заработката на буџетските корисници, додека за 25 отсто се намалени трошоците за субвенции, набавка на опрема, репрезентации, патувања. Последните години меѓународните финансиски институции укажуваат дека мора да се намали бројот на вработените во јавниот сектор, но и покрај разните најави Владата се уште не го намалува државниот апарат. Опозицијата и дел од невладиниот сектор тврдат дека вработените во државната администрација и членовите на нивните семејства, го чинат основното избирачко тело на владејачката коалиција. Идната година се очекува платите на вработените во јавниот сектор и пензиите да пораснат за само неколку проценти. Црна Гора ја потресуваат штрајкови на вработените во здравството и судската администрација кои бараат зголемување на платите и до 100 отсто. Медицинските сестри и правниците вработени во судовите имаат плати околу 300 евра, значително под републичкиот просек. Владата оваа година планира да ги помогне и приватните компании со 10 милиони евра, за разлика од оваа кога ги помогна со 77 милиони евра од даночните обврзници. Најмногу пари отидоа за субвенција на Железарата која банкротираше по две неуспешни приватизации, како и Комбинатот за алуминиум, кој е во големи проблеми и на кој исто така, судејќи според најавите, му се заканува банкрот.

(Дојче веле – Берлин)

Кој го краде германското грозје?ВИНАРИ СЕ ПРЕКФАЛИФИКУВА- „ТОПАТ“ ЗИМСКИТЕ СОРТИ

Ова е мистериозен грабеж: Кој го краде винското грозје во Германија? Крадците под заштита на ноќта оперираат по виноградите во јужна Германија и направија голема штета на десетина локации. Сопствениците на виноградите ја зголемија будноста, поставија стражари и побараа помош од полицијата, но досега крадците не оставија никаква трага. „Собраа 2,500 килограми од моето најдобро црвено грозје“, рече Стефан Атман, кој си има виноград во близина на Дејдесхајм во југозападна Германија. Атман смета дека штетата за него досега оваа сезона е околу 100,000 евра - или повеќе од 3,000 шишиња од првокласното Пинот Ноар кое се продава по 32 евра по шише. Тој вели дека нема никакво осигурување кое ќе му ги покрие загубите. Грозје вредно стотици илјади вера е украдено низ винскиот регион - а винарите се плашат дека најлошото уште не е завршено. Иако поголемиот дел од овогодинешното грозје е собрано, винарите сеуште го чекаат првиот зимски мраз кој ќе даде длабоко смрзнување кое е потребно пред да почнат да го собираат нивното ексклузивно зимско грозје. Слаткото врвно зимско вино е дури и поскапо од обичното вино, со што преостанатите гроздови стануваат посебно вредни - што е изгледа и врвна цел за крадците. „Винарите немаат големи количини од ова грозје, но бидете сигуирни дека внимаваат на зимското грозје како соколи се додека не го соберат“, вели Рејнер Келер, полицаец од Хејлброн кој е вклучен во истрагата на кражбите. Регионот годинава веќе настрада по последниот мраз во мај, кој го замрзна целото грозје - и има шпекулации дека кардците се всушност други винари кои бараат начин да си ги повратат нивните загуби. Атман, чиј винови насади Вејнгут фон вининг се познати по производството на некои од најдобрите вина од регионот Фалц, е убеден дека професионалните винари навистина „работат“. Тој забележал дека крадците кои навечер го украле неговото грозје, работеле со машини за берење, и тоа на само неколку дена пред тој самиот да го набере. Тој рече: „Винарите во брдата во околината на градот Хејлбром, одалечен 100 километри источно од Дејдесхајм, годинава беа ограбени повеќе од 10 пати, и тие се уверени дека крадци се всушност винари професионалци“. Крадците доаѓаат навечер и целат првенствено на грозјата од сортата ризлинг, тролингер или сив бургундец. „Еднаш не повикаа рано наутро, затоа што сведоци виделе како двајца со батериски лампи се движат во виноградот“, рече Келер, истражител од Хејлбром. „Но додека пристигнавме, осомничените веќе избегале, посадите биле празни и се до денес не знаеме кој го сторил тоа“. Во областа Хејлброн крадците секогаш рачно го береле грозјето и никаде не било безбедно од кражби. „Ова за нас е вистинска катастрофа“,. вели винарот Албрехт Лоен од Флејн,. кој загубил 2,500 килограми од белото грозје тролингер. „Веќе бевме тешко погодени од доцниот мраз во мај, кој уништи многу од нашето грозје“. Изгледа дека крадците добро го познаваат патот меѓу виноградите, дури и кога не употребуваат

Page 33: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

машини за берење. „Крадците ми го собрале зрелото грозје, а го оставиле киселото“, рече тој шокирано. „Испразниле 25 гроздови реда, секој долг по 53 метри“.

Ернст Бушер, портпарол на германскиот вински институт, вели дека многу виногради годинава можат да се соочат со банкрот откако го загубиле својот плод со мајскиот мраз. Она што е полошо - грозјето кое преживеало е воглавно добро, и од него ќе се направело едно од најдобрите вина во последните неколку години. Оваа комбинација мопжеби некого натерало на кражби „од безнадежност“, рече тој. „А не дека тие мотиви можат било што да задоволат“. „Годинава беше добра берба, скапоцено вино, хармонично заради долгото време за зреење и златното есенско време“, рече Бушер, додавајќи дека оние кои имале добра берба, ќе можат да продаваат добро вино по добра цена. Некои германските виногради датираат уште од средниот век, и ова не е првпат крадците да ги напаѓаат, иако никој не може да се сети на ваква слична година. Во минатото, винарите едноставно ќе ги затвореле патиштата кои водат до виноградите за време на бербата и ќе ги задржат подалеку натрапниците. Но големиот број на туристи кои доаѓаат да ги пробаат новите вина, или само да уживаат да пешачат по брдата во есен, кога гроздовите лисја се бојат во силно црвено и жолто, ги натера локалните власти на почетокот на 90-ите да ја симнат забраната. Туристичката индустрија е премногу важна за повторно да се воведе забраната. Но откако регионот се отвори, некои градови и гратчиња, како Штутгард или Фелбах, испратија чувари да ги чуваат винските брда. Но повеќето виногради, кои се повеќето семејни имоти, едноставно не можат да си дозволат заштита, а полињата се огромни за да бидат ефективно чувани од единки. „Кога гледам низ прозорецот, гледам виногради се до хоризонтот“, вели Келер, полицаецот од Хејлброн.

(Џурнал – Даблин)

Како да се спречи одлив на пари од банките и „магичниот“ кругЕВРА, ДИНАРИ, ОБВРЗНИЦИ, ПАК ЕВРА И - НАДВОР ОД СРБИЈА!?

Како во целиот регион, така и во Србија има многу банки со италијански и грчки основачки капитал. Нема повеќе никаков сомнеж дека економската и финансиската криза во тие земји ќе се одрази на тие банки, па логично е прашањето дали ќе дојде до бегство на капиталот од тие банки од Србија и колку се сигурни штедните влогови на граѓаните.

Според податоците на Народната банка на Србија, капиталот на банките чии матични банки се во Грција, сочинува 16 отсто од вкупната актива на банкарскиот систем на Србија и 18 отсто удел во вкупните депозити. Ако дестабилизацијата на меѓународниот финансиски пазар почне да го загрозува финансискиот систем на Србија, Централната банка има механизми кои може да ги активира, вели гувернерот на Народна банка на Србија, Дејан Шошкиќ. - Ние, секако ги следиме настаните во сите банки во Србија, имаме можност прецизно да го евидентираме движењето на парите и капиталот во нашиот финансиски систем и за сега не гледаме било какви појавни форми кои можат да предизвикаат причини за загриженост. Во случај ако дестабилизацијата од меѓународниот финансиски пазар на извесен начин почне да се прелива на нашиот финансиски систем, Народна банка на Србија има соодветни мерки кои може да ги примени во таква ситуација, уверува првиот човек на Централната банка. Банките во Србија, чии основачи се странски банки, додаде Шошкиќ, се независни правни лица, а не филијали на своите основачи. Во случај ако нивните матични банки се обидат да го повлечат капиталот од Србија, банките имаат добри механизми за заштита – ликвидност, добра капитализација и поголема ревервација од потенцијалните загуби, рече гувернерот.

Девизна контрола Меѓутоа, многу економисти прогнозираат дека новиот бран на економска криза ќе доведе до одлив на капиталот од деловните банки од земјата и до зголемена неликвидност на стопанството. Меѓу нив е и Саша Ѓоговиќ, соработник на Институтот за пазарни истражувања. - Деловните банки ќе трпат загуби по основ на кредити кои ги дале на Грција, а во експанзија сега е и кризата во Италија, така на сите начини ќе мора да дојдат до свеж капитал за да ги покријат тие празнини кои ќе настанат во нивните активи. Како последица на тоа секако ќе се намалат нивните кредитни пласмани во стопанството, дури и Народната банка на Србија ако повторно ја зголеми референтната каматна стапка и приходот од вредносните хартии, кои ги издава, прогнозира Ѓоговиќ. Меѓутоа, се поставува прашањето како да се спречи шпекулативното циркулирање на капиталот на банките во Србија, чии матици во Грција и Италија се зафатени со кризата, кое би довело до одлив на капиталот на тие банки од Србија. Професорот на Економскиот факултет во Белград, Ѓорѓе Ѓукиќ вели дека тоа може да се спречи со ригорозна девизна контрола и дека гувернерот на Народната банка веќе сега треба да најави мерки со кои ќе го спречи тоа. - Народната банка стриктно мора да води

сметка за собраните заштеди кои сега изнесуваат околу 6,7 милијарди ера. Со мерки на ригорозна контрола тие средства мора да останат на терен на домашната економија, за да се спречи одлив на пари и недостиг на ликвидност на домашниот терен, оценува Ѓукиќ. Прашан со кои мерки Централната банка може тоа да го спречи, Ѓукиќ вели дека ММФ и другите меѓународни институции кога ќе дојде до период на криза го толерираат постоењето на девизна контрола. - Народната банка на Србија по дефиниција има увид во сите можни текови на парите. На странските банки не треба да се спречува изнесување на профитот, т.е. дивидендата, тоа е нормална циркулација на средствата на релација матица-банка, кога тоа е поврзано со трајни аранжмани. На пример, ако некоја банка реши да се докапитализира до крајот на оваа година, не можеме тоа да го третираме исто како шпекулативен влез на капитал кој значи следново: ќе влезат евра во Србија, ќе се купат динари, па се купуваат хартии од вредност на Народната банка, чија камата е 10 отсто – тоа е најголема стапка во Европа – а потоа повторно се купуваат евра и излегуваат надвор. Тоа е типичен пример на шпекулативен влез на капитал кој земја како Србија не може да го издржи и мора да воведе контрола на тоа. Како ќе се воведе контрола? Па, со тоа што гувернерот на Народната банка веќе сега ќе обелодени дека таков вид на шпекулативно циркулирање на капиталот додека трае кризата, апсолутно не доаѓа предвид, смета Ѓорѓе Ѓукиќ.

(Радио Слободна Европа)

Анализа: Дали помина времето на еврото

Се повеќе се оние кои сметаат дека еврото нема иднина, барем не додека германскиот канцелар Ангела Меркел не го промени ставот за експанзивна монетарна политика. Весникот наведува дека е потребна таква политика која би придонела за поголема стапка на економски раст, што е услов за земјите од периферијата да можат да ги отплаќаат своите долгови. Додека Германија го бележи својот најголем трговски суфицит од обединувањето, Грција, Шпанија, Португалија и останатите земји од периферијата ја изгубија својата конкурентност. Америка и Британија имаат огромен државен долг во однос на БДП и со анемичен економски раст, инфлацијата и обезвреднувањето на националните валути изгледаат како најинтересно решение. Наспроти тоа, Кина со сите сили го чува јуанот од јакнење. За да не го загрози извозот, ги стимулира произведувачите да го апсорбираат порастот на цените на артиклите произведени во Кина, предизвикано од растот на дневниците. Штом успее да ја зголеми домашната потрошувачка, Кина ќе може да ја зголеми и вредноста на својата валута. Тоа е неминовно и затоа кинескиоу јуан е најисплатливата инвестиција, ако до него може да се дојде, се наведува во анализата на НИН. Голем број европски фирми работат на тоа да ги префрлат своите производни капацитети во Кина и воопшто во Азија, од Европа и сето тоа пред големата апресијација на јуанот. Ако преживее еврото, Европскиот фонд за стабилизација и Европската централна банка повеќе ќе се интегрираат и за докапитализација

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 34: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

на европските банки ќе мораат да обезбедат заем од 500 наместо планираните 100 милијарди евра. Европските политичари во следните две недели ќе мораат да реагираат за грчкиот проблем да не се проѓири на Португалија, Ирска, Италија, Шпанија и други земји. Во однос на БДП, долгот на САД и Британија е сличен како што беше на Грција во моментот кога побара помош од ММФ. Вредноста на еврото, сепак, повеќе ќе паѓа отколку американскиот долар, додека сингапурскиот долар е многу побезбедна валута од американскиот „имењак“. Сингапур има мала стапка на невработеност од два отсто, суфицит во буџетот и двоцифрена стапка на економскиот раст. Додека западните земји гледаат како да го обезвреднат својот долг преку инфлација, земјите од Азија, Латинска Америка и се повеќе земјите од Источна Европа имаат поголема стапка на раст, понизок државен, корпорациски и приватен долг, порамнотежени јавни финансии и помала невработеност, а во Кина дури се жалат и на недостиг на работна сила. Се ближи ли крајот на епохата во која и Америка ќе го изгуби своето богатско, како што беше случај со Британија после Првата и Втората светска војна, се прашува авторот на анализата во Нин. Следната деценија ќе биде пресудна, а во меѓувреме настрана од инвестиции во евра, американски долари, а донекаде и во британски фунти.

(НИН – Белград)

Хрватска математиката контра приватизацијатаСЕ УШТЕ НЕ СМЕ СЕ ЗГОГУВАЛЕ СО СОЦИЈАЛИЗМОТ!

* Ако државата повеќе се водеше од математиката а помалку од популизмот, можеби од семејното сребро за 20 години ќе направевме платина. За жал, хрватските политичари никогаш не ја запознаа алхемијата, позната и како – рационално управување

Кога ќе се види колкав удел државата се уште има во хрватското стопанство, јасно е дека целосно не сме се збогувале од социјализмот, но и оти граѓаните се уште не ја развиле свеста за приватниот капитал. Затоа не е чудно кога на секој обид на приватизација се крева прашина, а некој од опозицијата, која и да е, го потенцира аргументот „продажба на семејно сребро“. Поради тој отпор на развојот на пазарното стопанство државата остана сопственик на 670 компании и многу недвижнини и згради кои останаа празни. Кај нас затоа може да се зборува за недоволен број на хотели на брегот, а од друга страна да се гледа како 20 години во Купари, единствен комплекс на кој во близина на Дубровник може да се развие ресорт, а таму расте трева. Иако баш и не расте трева, запуштеноста на хотелските згради се обележје и на 13 туристички компании кои сеуште се во државна сопственост. Како што работат со загуби, нивните 2.000 работници плати добиваат во дел и од буџетски средства, но во Хрватска за тоа не се размислуваше ниту пак се дискутираше се додека на тоа не не наведе финансиската криза. Така од немарност, која се прогласи за заштита на националните интереси, националниот имот стана национален долг. Сега кога ќе сакаме нешто да продадеме, тешко ќе најдеме купувач.

За почеток, кризата ги покоси и големите инвеститори, а богатите Руси своите пари ги оставија на црногорскиот брег. Не може да се занемари ниту фактот дека условите за приватизацијата во Хрватска всушност се неподносливи и за најдлабокиот џеб. Купувачот треба да ги задржи сите работници, а со тоа го условуваат со кого ќе работи, но и се ограничува и во воведување на нов принцип на работа, да ги плати сите долгови, да ги реновира хотелите, да доведе гости и на крај да плати голем данок на државата. За такво нешто потребни му се трипати повеќе пари отколку за нов хотел. Затоа математиката едноставно не оди во прилог на нашата приватизација, а математиката е единствено нешто за кое размислува приватниот капитал. Ако државата повеќе се водеше од математиката а помалку од популизмот, можеби од семејното сребро за 20 години ќе направевме платина. За жал, нашите политичари никогаш не ја запознаа алхемијата, позната и како – рационално управување.

(Вјесник, Загреб)

Запад VS ИстокКРИЗА ВО ЕВРОПА, ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО КИНА

Кинеските лидери знаат дека додека Европа и САД се справуваат со кризата, тие ќе можат засекогаш да се потпираат на извозот. Кинеската иднина може да зависи од тоа дали нејзините лидери можат да ги направат потребните промени на време. „Сакам да ги потсетам оние кадри кои ќе дојдат на позицијата по мене, дека мојата најголема грижа е прегреаната економија“, рече кинескиот премиер Жу Понџи на последната владина седница во јануари 2003 пред да го напушти Кабинетот. „Загрижен сум веќе цела година. Ова нема јавно да го кажам, но ќе биде наменето само за врвното водство, дека прегреаноста е едно од нештата кои ме преокупираат. Изгледа дека се појавија многу знаци за ова и ако не бидеме внимателни, ќе биде тешко да се контролира економската ситуација“, коментирашп Жу и ова неодамна беше објавено. Следниот премиер, Вен Џиабао, во 2007 предупреди дека кинескиот економски модел на огромниот раст на основа на ракетирачкиот извоз е „нестабилен, неизедначен, некоординиран и на крај неодржлив“. За среќа, тој и неговата влада знаат како ова да го поправат. Но прашањето не е дали кинеската економија може да ги прифати неопходните промени. Тоа сигурно го можат. Големото прашање е дали кинескиот политички систем може да ги прифати овие промени. Ако не можат, кинеските граѓани може поагресивно да почнат да се прашуваат во исправноста на моделот на владеење на комунистичката партија, кој донесе фантастичен економски раст на сметка на политичките и човечките права. Кога ја најавија потребата за промени, ниту Жу ниту Вен не можеа со сигурност да ја предвидат финансиската криза која ги осакатаи американската и европската економија. Иако кинеските лидер одамна планираат економскиот модел на државата - које е исто така во срцевината на нејзиниот политички модел - и овие кризи значат дека Кина мора да го забрза нејзинот план за преструктурирање на својата економија. Во моментов, кинеската економија е базирана на извоз во богатите, развиени земји. За овој извозно ориентиран систем да работи, кинеската економија мора да остане послаба од оние

на нејзините купувачи. Една од најголемите причини што Кина продава толку многу нешта е затоа што може ефтино да ги произведе тие нешта. Но како што се забрзува кинескиот раст, а растот на Европа и САД успорува заради финансиската криза, Кина ги достигнува развиентие економии побрзо отколку што било кој можеше да претпостави. Ако и кога Кина ќе стане толку богата да продолжи да извезува ефтини производи - или ако развиените економии станат толку слаби за да престанат да купуваат - земјата ќе биде во голема неволја. Кина ќе треба да го пренасочи својот економски приоритет од извозот - движен од државните индустриски претријатија - кон индивидуалните сопствености. Ова значи да се префрлат сметките на државата и државните компании кон кинеските домаќинства, со што ќе продолжи кинескиот раст. Ова е одржливо - Кина сепак има скоро 1,5 милијарди потрошувачи и расте бројот на оние кои се приклучуваат на средната класа, а тогаш ќе имаат воља и ќе можат да ја засилат економијата. Ова нема да биде поразлично од тоа како економијата на САД стана најголема на светот: нашата потрошувачка класа е голема, богата и сака да купува. „Вистина е дека кинеските власти се повеќе зборуваат како и дали да се оттргнат од развојот според моделот зависен од извозот“, ми напиша колегата Џејмс Фалоус во имејл кога го прашав како Кина се справува со се полошата европска криза. „Но ова е главан тема во разговорите најмалку три години наназад, а вистинското прашање е дали тие можат да го направат тоа и како, и за колку време. За странците реалното трашање е дали постои нешто во остатокот од светот што може да го закочи овој процес“. Временската рамка колку брзо Кина треба да ја преструктуира нејзината економија изгледа дека се скратува, но не заради проширувањето на европската должничка криза. Властите задолжени за домувања ги сопреа цените на недвижностите во вториот град по големина во земјата и се обидуваат да го спречат растот на бројот на бројот на домаќинства, а неформалните пазари на земјишта цветаат, извозниот раст веќе полека успорува пред очекувањата, и јазот меѓу државно управуваната валута на копнениот дел на Кина и флуктуирачкиот курс на валутата на Хонг Конг се проширува. Не изгледа дека Кина е блиску до финансиска разузданост или слично на тоа, но се забрзува итноста Кина да го смени својот економски модел. Промените кои кинеското водство знае дека треба да се случат не се за да ги направат кинеските домаќинства побогати и да пронајдат начин за одговорно управување со вкупниот раст. Се работи за одржување на стабилниот кинески систем. Во една демократија, кога луѓето ќе почувствуваат дека нивната влада ги изневерила нивните очекувања, тогаш тие ќе можат да гласаат владата да биде сменета. Но во автократии како Кина, народната непослушност може да биде поопасна. Демонстрациите, некои од нив и насилни, годинава веќе избија во неколку внатрешни градови. Минатиот месец едно момче се самозапали на плоштадот Тиенанмен, што потсетува на самозапалувањето кое ја распали туниската револцуија минатиот декември. Од 1989 Кина остана воглавно стабилна од повеќе причини, од кои можеби најзначајната е постојано растечката економија (што им дава на кинезите добра причина да бидат задоволни од нивната влада), и помалку на способноста на Кина за да ги спречи и задуши евентуалните немири. Тоа

Page 35: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

е метод на морков и стапче. Но кинеската влада знае дека не може да остане на власт само со цензура, пропаганда и полиција против нереди. Тие треба да продолжат да растат за да ги задржат кинеските граѓани задоволни, но исто така треба да го успорат тој пораст за да ја задржат економијата здрава на подолг рок. Ова е тежок баланс, но и не невозможен од многу причини. Мајкл Петис објаснува како и зошто е ова остварливо. А кинеските лидери изгледа разбираат дека треба да го направат тоа. Но како што неодамна напиша Дамиен Ма, „не е прашање дали кинеските лидери разбираат кој е влогот - тие знаат дека таквото признавање мора да постои. Но со признавањето на тоа што мора да се направи е сосема различно од игнорирањето на политичкиот рај за да го постигнат тоа“. Ако кинеските лидери сакаат да продолжат да се однесуваат незаинтересирано и со опуштено владеење, и да направат неопходни но тешки промени, тие треба да го надминат истиот проблем кој делумно ги поттикна неодамнешните „Окупирај го Вол стрит“ протести во САД: индустриската затвореност. Кинескиот раст создаде неколку многу моќни индустрии и интереси во земјата. Фирмитте кои направија многу пари станаа политички поврзани и обратно. Сетете се колкав проблем направи „бракот од интереси“ помеѓу бизнисот и владата во САД, по што на американската влада и беше тешко да ја регулира индустријата и да не биде воглавно под влијание на комерцијалните интереси кои можат да бидат во конфликт со поголемото добро. Но така е во САД, која има екомонија на (релативно) слободен пазар, со (релативно) транспрантен и демократски политички систем. Замислете колку поголемо влиајние би имале американските компании врз нашата влада ако имаме затворена автократија која делумно ќе ги води нашите индустрии и ќе го сфатите нивото на потенцијалниот проблем на Кина. Кинеските фирми кои израснаа заедно со Кина, ќе продолжат да се спротивставуваат на промени - дури и на оние промени кои севкупно на Кина би и донеле корист - и сега имаат политички врски кои го прават ова возможно. Во долгиот извештај на евроазиската група во врска со новиот петогодишен план на Кина, тие предупредуваат дека кинеската комунистичка партија ќе треба да надмине некои длабоко втемелени финансиски интереси за да се спроведат неопходните промени. Нивните предвидувања се сериозни: „Кинеското лидерство нема да успее да спроведе храбри реформи неопходни за корисното распоредување на богаатството од корпорациите и владата кон домаќинствата. На пример, големите државни фирми со страв ќе се противат да распоредат големи парчиња од нивната дивиденда кон владините фондови за социјална сигирност“. Но истата тенденција да се интервенира во екомијата, посебно во кинескиот финансиски систем, може да отвори битка околу дислоцирањето на капиталот и инвестициските одлуки, каде моќните акционери ќе се спротивставуваат на секој обид да го поделат богатството со новите сопственици (акционери). А не изгледа дека кинеските лидери ќе сакаат да си имаат работа со овие нови моќни „пријателски“ интересни групи. Ниту пак е силна или ќе можеатда ги занемарат блиску врзаните групи на лидери од остатокот од светот. Тогаш на крајот кинеската политичка сцена ќе победи многу елементи од петогодишниот план. Без значајни промени кај владеачките структури - и во улогата која државата ја игра во преместувањето на капиталот - кинескиот

економски пејсаж нема фундаментално да се смени како што се надеваат дизајнерите на петогодишниот план (и многу странци). „Високото политичко водство не ги прифаќа реформите со кои ќе се ослабне контролата на кинеската комунистичка партија над финансискиот систем, и со тоа да ја загрози нивната можност да управуваат со масивната индустриска политика на трошење на моќните акционери, што е уште еден приоритет во големата „12-ка“ од петогодишниот план. Со оглед на можност за разидување, не изгледа дека Пекинг ќе може да создаде или навести убедлив план да се откаже од најсветкавите неефикасни моменти од финансиските сектори во текот на следните пет години. Извештајот предупредува дека кинеската комунистичка партија може да ја загрози стабилноста на кинеската политика ако не успеат да ги спроведат потребните реформи. „Кинеската агенда за ребалансирање не е директно заради економијата, туку крајно заради политичката способност на кинескиот систем. Пекинг им овозможи економски просперитет на многу кинески граѓани. Но токму овие големи успеси предизвикаа и многу проблеми - некои и големи - кои можат да ја оневозможат легитимноста на режимот ако се остави целосно надвор од процесите“, се заклучува. „Тој приходен и развоен јаз не е одржлив, ниту економски ниту пак и политички“. Една од итните мерки ќе биде, исто како и во САД, да се најде работа за дипломираните. „Незадоволните дипломирани заработуваат само маллу повеќе отколку обичните работници, што ќе биде извор на значаен политички притисок и Пекинг ќе ги интензивира своите напори да ги вработи овие луѓе“, предупредуваат од групата Евро-Азија во извешатјот. „Во меѓувреме, додека очекувањата на кинеските работници растат, Пекинг ќе продолжи да се соочува со барањата за подобри работни услови и нивно синдикално претставување, иако земјата се обидува да остане атрактивна дестинација за инвестиции“. Додека Кина останува политички стабилна - постабилна дури и од многу европски демократии - бројот на немири и протести расте; ценузрата и респресиите на владата - дур и преку насислтва - исто така растат. Кинеската автократска влада како чест и жесток прекршител на човековите права, е сеуште релативно потворена и стабилна во однос на други автократии. Ако остане така, кинеската комунистичка партија ќе мора да направи некои значајни промени во економијата на државата. (Атлантик, Вашингтон)

Балкански државиЗАДОЛЖУВАЊЕТО КАМЕН ОКОЛУ ВРАТОТ

Во актуелната предизборна кампања во Хрватска едно од основните прашања е дали земјата која веќе е задолжена до грло, повторно ќе се задолжи кај ММФ или не? Србија исто така е во црвена зона и истовремено од претпазливост се преговараше за можен нов аранжман со ММФ. На Косово неодамна беше суспендиран аранжманот со ММФ поради зголемувањето на платите во јавниот сектор. Црна Гора во буџетот за следната година планира нови задолжувања за да ги отплати сегашните долгови. БиХ, како и Црна

Гора, спаѓа во редот на средно задолжени држави, но нејзиниот проблем како што велат експертите, се неквалитетни задолжувања. Поради тоа се отвораат многу прашања. Колку е опасно нивото на задолженост на државите од регионот? Каде тоа ниво се приближува кон критичната граница која води кон парализа на системот, односно кога задолжувањето ќе стане прескапо за сервисирање на долговите? Дали постои опасност поради таквата состојба, но исто и поради должничката криза која ја потресува еврозоната, странските банки да почнат да го повлекуваат својот капитал од земјите во регионот? Дали и што може да се очекува како европски одговор на економската состојба во регионот, односно дали ЕУ е подготвена и во која мерка може да помогне за стабилизација на финансиската состојба или да спречи влошување на состојбата?

102 отсто странски долг Според неодамна објавените статистички податоци, секој Хрват денес е должен 11.000 евра, за споредба - 11 пати повеќе од она што бил задолжен секој граѓанин на поранешната СФРЈ пред распадот на земјата, а може и нешто повеќе. Нејзиниот странски долг го надмина годишниот БДП и изнесува 102 отсто, односно над 47 милијарди евра. Но, долгот за сега редовно се отплатува. Ако не се промени економскиот модел, според оценката на економистите, Хрватска може многу брзо да се најде пред ѕид поцврст од грчкиот, пишува Анкица Барбир-Младиновиќ во текстот „Хрватска би можела да дојде пред грчкиот ѕид“. Дали зголемувањето на дефицитот на државниот буџет во Србија може да доведе до зголемување на јавниот долг над законски дозволената граница од 45 отсто од БДП? Тоа со сигурност никој не го знае. Со предвидената стапка на економски раст под очекуваната во 2012 година и зголемените државни трошоци за емисија на реституционални обврзници, ќе се отвори прашање за ново задолжување, но и ризик на кој Србија се изложува, оценува Радован Боровиќ во текстот „Задолжувањето влезе во црвена зона“. Босна и Херцеговина спаѓа во средно задолжени земји, но таа е неквалитетно задолжена, тврдат економските аналитичари. Меѓународниот монетарен фонд на Босна и Херцеговина до сега и одобри околу 2,4 милијарди конвертибилни марки, од кои БиХ низ четири транши до сега, искористи околу 800 милиони. Позајмените пари Босна и Херцеговина не ги искористи за покренување на домашното стопанство, туку за крпење на буџетски дупки, што според мислењето на економистите, не е паметно бидејќи се приближува моментот за враќање на кредитите, пишува Аида Ѓугум во текстот „Понатамошно задолжување е недозволиво“. Црна Гора не е премногу задолжена – се согласуваат и власта и опозицијата и експертите. Меѓутоа, тоа сепак не значи дека нема причини за загриженост. Експертите предупредуваат дека глобалната криза ќе биде долготрајна, како и тоа дека не треба да се смета на странски инвестиции. Поради тоа вистинска закана за Црна Гора претставува трендот на раст на долгот, предупредува Есад Крциќ во текстот „Се заканува тренд на раст на државниот долг“. (Радио Слободна Европа )

Page 36: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ПРЕНЕСЕНО

Интевју на Влатко Чингоски, генерален директор на ЕЛЕМ за „Капитал“

СО НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ЌЕ ГО ДОКАПИТАЛИЗИРАМЕ ЕЛЕМ

* Кон средината на ноември ЕЛЕМ, Владата и ЕБРД потпишаa договор за финансирање на хидроцентралата Бошков мост. ЕБРД ќе учествува во проектот со 65 милиони евра, а ЕЛЕМ со 42 милиони. Но, пред потпишување на договорот ХЕЦ Бошков мост беше проценет на 80 милиони евра. Од каде произлезе оваа разлика во цената на проектот? Какви активности ќе преземете до почетокот на изградбата?

Сите досегашни чекори се изодени, останува да ја започнеме фазата на реализација. Пред потпишувањето на договорот со ЕБРД го потпишавме и договорот со конзорциумот од две швајцарски компании, Штуки и Консалт АГ, кои ќе бидат наши консултанти во реализацијата на проектот. Тие прво ќе треба да ја анализираат целата постоечка документација за да изработат тендерска документaција, врз основа на која ќе се распише и јавен оглас. Очекуваме тендерската документација да биде подготвена во првата половина од 2012 година за да може да се распише огласот и кон крајот на вториот квартал следната година да избереме изведувачи и снабдувачи на опрема, па да почнеме со реализација. Вкупната инвестиција е предвидено да чини од 80 до 107 милиони евра. За да учествуваат во реализацијата на проектот претставниците од ЕБРД во подготвителната фаза испратија свои консултанти со цел да направат

анализа дали е исплатлив проектот и дали може да го финансираат. Нивниот консултант смета дека вредноста од 80 милиони евра е реална, но можно е во текот на работата да се појават проблеми. Затоа ЕБРД даде сигурносна сума, која нема да надмине 107 милиони евра. Реалната вредност ќе ја знаеме откако ќе заврши проектот.

* Од сите проекти кои ЕЛЕМ планира да ги реализира во следните неколку години веројатно Ветерен парк во Богданци е најблизу до реализација. Шест странски компании се заинтересирани и веќе беа на терен, се чека уште доставувањето на конечните понуди. Кога планирате производството на струја од ветер да стане реалност?

Точно, најблиску до реализација е ветерниот парк затоа што таму веќе се наоѓаме во фаза на избор на изведувачи. Тендерот е поделен во два дела. Првиот дел е избор на компанија која ќе ги направи и монтира ветерниците, а вториот дел, за кој беше посетата на локацијата, е за енергетско поврзување на ветерниците, изработка на пристапни патишта до нив, изградба на трафостаница, а со тоа и приклучок на целиот објект кон постојната мрежа во енергетскиот систем на Македонија. Ова е последната фаза пред подготовката на тендерската понуда и очекувам кон средината на декември да ги добиеме двете понуди: за опрема за ветерници и за нивна инсталација и за пристапни патишта и трафостаница. Кај ветерниците има многу производители, а ние сакавме да ги селектираме само сериозните. Затоа баравме да се јават компании кои во последниве три години произвеле и инсталирале околу 100 ветерници со сила од 2 до 2,5 мегавати. Вториот дел, пак, е помалку критичен, бидејќи има поголем број производители на таква опрема. Четири компании се претквалификувани за втората фаза. Тоа се Сименс од Германија, Вестас од Данска и Гамеса и Ибердрола од Шпанија. До средината на декември тие треба да дадат конечна финансиска понуда. Во истиот период ќе ги добиеме понудите за трафостаница и приклучок така што во декември ќе треба да направиме евалуација. Очекувам на почетокот од идната година да објавиме кои се добитниците на тендерот за да можат да почнат со подготвување на проектот и на пристапните патишта. Очекувам

идната есен да ги имаме првите инсталации на турбините. Доколку сè оди според планот, на почетокот од 2013 година ќе треба овој парк од 16 ветерници да биде веќе во функција. Инсталираната моќност ќе ја знаеме откако ќе ги добиеме понудите. Годишно ветропаркот треба да произведува околу 100 гигават-часови струја. Оваа инвестиција е проценета на околу 50 милиони евра, но точниот износ ќе го знаеме откако ќе ги избереме најдобрите понудувачи.

* Речиси во сите проекти досега, кои чинат неколку десетици милиони евра, велите дека поголем дел од инвестициите ќе ги покриете со заеми, а дел ќе бидат сопствени пари на ЕЛЕМ. Но, знаејќи ги годишните финансиски резултати на компанијата, од каде ги обезбедувате овие пари?

Тоа се пари што ги генерираме од работењето, односно од продажбата на електричната енергија која се произведува во ЕЛЕМ. Во рамките на нашата регулирана цена вклучени се сите трошоци и инвестиции кои ги остваруваме. Тековните инвестиции ги пријавуваме кај Регулаторната комисија за енергетика, врз основа на реални податоци. Не се тоа само замислени инвестиции, туку реализирани, и сите тие пари регулаторот ги вклучува како трошок во нашето работење. Врз основа на ова, ние добиваме и VAC–value added capital, кој е околу 8% од вкупните трошоци што ги имаме како компанија. Тоа се пари кои ние ќе ги добиеме со производството и кои повторно треба да ги вратиме во

Page 37: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 37четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

ПРЕНЕСЕНО

развојот на компанијата, подобрување и зголемување на производството, нови инвестиции, еколошки проекти итн. Целта е компанијата да зајакне не само технички, туку и економски.

* Хидроцентралата Света Петка требаше да биде готова до крајот на оваа година, но на отворената владина седница на премиерот му рековте дека, сепак, оваа електрана струја ќе произведува најверојатно од април следната година. На што се должи ова пролонгирање на инвестицијата и дали за ова доцнење можеби изведувачот Рико ќе плаќа пенали?

Морам да кажам дека проектот Света Петка е исклучително тежок, бидејќи, пред сè, локациски се наоѓа на извонредно тежок терен. Наша основна цел е објектот да се заврши со предвидениот квалитет и без никакви човечки и материјални загуби. За жал, во минатото имавме неколку такви случаи. Имајќи предвид дека се работи за сложен проект, разните проблеми кои ни се појавуваат во текот на изградбата влијаат на рокот на завршување на проектот. Активностите таму се одвиваат многу добро, така што можам да кажам дека до крајот на ноември браната се очекува целосно да биде завршена. Очекуваме со завршувањето на браната и машинската зграда да започне монтажата на опремата во машинската зграда и очекувам да го испочитуваме рокот што го ветивме, до 1 мај објектот да биде ставен во пробна работа. Еден од проблемите на кои наидовме е обезбедувањето приклучок на хидроелектраната кон преносната мрежа на МЕПСО. Моравме да подготвиме нов проект за да обезбедиме нов приклучок, да направиме ново димензионирање на опремата во трафостаницата и да изградиме нов далековод во сосема друг правец. Во однос на изведувачот Рико, тие од нас бараа да се зголеми цената на проектот врз основа на зголемените активности, но и на растот на цените на материјалите. Мора да имаме предвид дека тој договор е потпишан во далечната 2005 година, а почнал да се реализира летото 2006 година. За пет години цените драстично се менуваат на пазарот, а најголем дел од опремата доаѓа од странство. Но, и ние како ЕЛЕМ во исто време имавме контрабарања, пред сè, поради доцнењето со изградбата. На оваа проблематика работи посебен тим таканаречен ДАБ-тим (dispute ad-

judica�on board), кој е предвиден восамиот договор, треба да ги согледа реално барањата од двете страни и да најде правилно решение врз основа на договорот и на законските прописи. Очекувам во скоро време да го имаме извештајот од овој тим, кој ќе ни каже што имаме право да бараме од нив, а што тие од нас. Но, се трудиме тоа да не влијае врз динамиката на градбата затоа што на крајот на краиштата што поскоро го завршиме проектот, тоа ќе биде подобро и за нив и за нас.

* Премиерот Груевски најави дека до 2013 година ќе се докапитализира ЕЛЕМ најмногу до 49%. Што се прави во моментов? Кои се Вашите очекувања во однос на влегувањето на странскиот инвеститор во ЕЛЕМ?

Прво да расчистиме неколку работи. Докапитализација значи зголемување на капиталната вредност на компанијата, а не продажба. Не размислуваме за продажба, ние размислуваме за зголемување на капиталот на компанијата со дополнително инвестирање - докапитализација. На пример, со изградбата на Бошков мост вредноста на ЕЛЕМ ќе порасне. Тоа е еден вид докапитализација. Ние постојано инвестираме во нови проекти, кои во иднина на подолг период ќе произведуваат струја, ќе донесат нови приходи, а со тоа и вредноста на компанијата ќе се зголеми. Тоа е она што сакаме да го постигнеме. Она што КПМГ го работи во Македонија за ЕЛЕМ е всушност проценка на вредноста на имотот на компанијата. Постојат неколку вредности на одредена компанија, на пример: со колку имот располага, потоа т.н. заменска вредност – колку пари се потребни за да ја замените таа

компанија во дејноста во која работи и третата вредност е колку компанијата вреди на пазарот. Но, во делот на докапитализација не станува збор за ниту една од споменатите вредности. Нашиот модел е да најдеме партнер кој е подготвен да инвестира во ЕЛЕМ и на тој начин да стекне акции. Ако, на пример, вредноста на ЕЛЕМ е една милијарда евра, во тој случај за некој да добие 49% од акциите ќе треба да внесе уште една милијарда евра. Тогаш ЕЛЕМ ќе вреди две милијарди евра. Така инвеститорот ќе има 49% од капиталот на компанијата, а државата 51%. Можностите за тоа се различни. За да се реализира нешто такво, прв и основен чекор е да знаеме колкав е капиталот со кој располага ЕЛЕМ. Следниот чекор е да се избере странски консултант кој има искуство во издавање акции и барање стратегиски партнери со задача на тој консултант да изнајде оптимален модел за докапитализација на ЕЛЕМ, односно на кој начин да се дојде до дополнителни вложувања, односно инвестирања во компанијата.

ЕЛЕМ е првата македонска компанија која го имлементира САП системот, локализиран на македонски јазик. За што се работи?

САП системот е еден од највреднуваните системи кој треба да даде целосна слика за состојбата на компанијата во секој момент. Системот прави анализа на сите процеси во компанијата: преку влез на нова стока, искористеност на капацитети, финансиско и комерцијално работење, текот на работењето, состојба на складиштата, документите, човековите ресурси, едноставно сè со што располага компанијата. ЕЛЕМ е голема компанија, има 4.000 вработени, со дисперзирани производствени капацитети во различни градови ширум Македонија и увидот во работењето без ваков софистициран софтвер е многу тежок. Инсистиравме САП да биде целосно локализиран на македонски јазик. Бидејќи доаѓа од странство, тој е локализиран на повеќе јазици - германски, чешки, унгарски, српски итн. Но, досега никогаш не бил целосно локализиран на македонски јазик. Ова е шанса за поголемо и полесно учество на САП на македонскиот пазар.

Page 38: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО38 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

Назив на Проектот

Проект за поддршка на регионални и локални патишта

Референца WB4858-811/11

Финансиска референца

Loan No. 7532-MK, Project ID P107840

Вид на набавка Услуги

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

Објавено на 16.11.2011 година

Краен рок за апликација

2 .12. 2011 година

Сектори Животна средина Транспорт

Опис на Проектот

Градење на капацитетот на менаџмент со животната средина и подготовка на прирачник за менаџмент со животната средина на проектите за патишта

Контакти Агенција за државни патишта Даме Груев 14. 1000 Скопје, Република Македонија За магдалена Стојанова и Сашка Богданова. Tel: +389 2 3118 044. Fax: +389 2 3220 535. E-mail: [email protected] ; [email protected]. CC: [email protected] ; [email protected] ; [email protected]

Назив на Проектот

MK-Гостивар: Транспорт на патници

Референца ECZ71433-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 219-356799

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 15.11.2011 година

Краен рок за апликација

Сектори Транспорт

Опис на Проектот

Превоз на ученици во основни и средни училишта и на вработени во општината Гостивар за 2012 година

КонтактОпштина Гостивар За Фатон Јахја1230 Гостивар Република Македонија Telephone: +389 42213511 +389 42213511 E-mail: faton.jahja@gos�vari.gov.mkFax: +389 42214406Internet address(es): h�p://www.gos�vari.gov.mk

Назив на Проектот

Проект за регистрација на недвижности

Референца WB4854-811/11

Финансиска референца

Loan No. 7928-MK, Project Id: P083126

Вид на набавка Услуги

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

Објавено на 16.11.2011 година

Краен рок за апликација

28.12. 2011 година

Сектори Земјоделство-рурален развој Информатичка технологија

Опис на Проектот Векторизација на архивата на оригинални катастарски документи и производство на дигитални катастарски планови за 530 катастарски општини

КонтактАгенција за катастар на недвижности За Татјана Ценова Митревска Трифун ХаџиЈанев 10. 1000 Скопје, Република Македонија. Fax: (389-2) 3175987 ext. 103. E-mail: [email protected]

Назив на Проектот

Проект за развој на патишта на општина Тирана

Референца EBRDZ71451

Финансиска референца

6532-IFT-36228

Вид на набавка Испорака

Финансиер ЕБРД

Земја Албанија

Објавено на 16.11.2011 година

Краен рок за апликација

20 .01. 2012 година

Сектори Информатичка технологија Телекомуникации Транспорт

Опис на Проектот Осовременување на менаџментот со управување со сообраќајот во Тирана

КонтактCity of Tirana Urban Traffic ControlMunicipal Roads Development Project Scanderbeg square, Culture Palace, first floor, Tirana, Albania.Mr. Jorida Liko, PIU Director Tel./Fax.: +355. 4 2238 245 E-mail: Jorida.Liko@�rana.gov.al

Назив на Проектот

Проект Коридор X

Референца EBRDZ71442

Финансиска референца

6530-GPN-41981

Вид на набавка Услуги, испораки, изведбени работи

Финансиер ЕБРД

Земја Македонија

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 39: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 39четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

Објавено на 16.11.2011 година

Краен рок за апликација

Сектори Градежништво-инженеринг Информатичка технологија Транспорт

Опис на Проектот • Инсталација на нов систем за наплата за 5 постојни наплатни станици, изградба на 4 нови наплатни станици и испорака на потребната опрема

КонтактЗа Љупка Аврамовска Агенција за државни патишта Даме Груев 14 1000 Скопје, Република Македонија Tel.: +389 2 3118-044;Fax.: +389 2 3220-535

Назив на Проектот

Дњипропетровск - продолжување на метрото

Референца EBRDZ71448

Финансиска референца

6531-GPN-41614

Вид на набавка Услуги, испораки, изведбени работи

Финансиер ЕБРД, ЕИБ

Земја Украина

Објавено на 16.11.2011 година

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори Градежништво-инженеринг Транспорт Урбан развој

Опис на Проектот • Продолжување на метрото за 4 км со 3 станици

КонтактDnepropetrovsk City MunicipalityDepartment of the interna�onal rela�onship and investmentprojects Ms. Ta�ana [email protected]

Назив на Проектот

L-Луксембург: ИПА 2011 — мулти корисничка програма за статистичка соработка Дополнување

Референца EuropeAid/131755/C/SER/Mul�

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Исланд, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција

Објавено на 18.11.2011 година

Краен рок за апликација

20.12. 2011 година

Сектори Земјоделство-рурален развој Економски развој Животна средина Трговија - индустрија Односи со јавноста Јавна администрација Општествени служби

Опис на Проектот Надградување и зајакнување на статистичките системи во земјите-кориснички/ макроекономска статистика, статистика на цени, надворешно-трговски статистики, статистика на животна средина, земјоделска статистика, социјална статистика, бизнис-статистика

Контактh�p://ec.europa.eu/europeaid

Назив на Проектот

Проект за условен кеш трансфер

Референца WB4932-812/11

Финансиска референца

Loan No. 7735- MK, Project Id: P103974

Вид на набавка Услуги

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

Објавено на 19.11.2011 година

Краен рок за апликација

5 .12. 2011 година

Сектори Економски развој Управување со програми Општествени служби Законодавство Заштита на потрошувачи

Опис на Проектот Имплементација на ISO 9001:2008 во Министерството за труд и социјална политика и неговите органи

КонтактМинистерство за труд и социјална политика За Адријана Бакева Ул Даме Груев 14. 1000 Скопје, Република Македонија. E-mail: [email protected]

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Контакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

[email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 40: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО40 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

Советување на 29 ноември 2011 година

„АРБИТРАЖАТА КАКО ПОЕФИКАСЕН И ПОБРЗ НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ

НА СПОРОВИТЕ“Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат, од 9:30-15:00

часот

Имајќи ги предвид предностите на арбитражното судење во однос на судењето од страна на државните судови и потребата од детално запознавање на сите заинтересирани субјекти со постапката и со можностите за решавање на споровите пред Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, што ќе резултира со поголема примена на арбитражната клаузула во договорите меѓу деловните субјекти, Стопанската комора на Македонија организира советување на тема: „Арбитражата како поефикасен и побрз начин на решавање на споровите”. Учесниците на советувањето ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајните прашања поврзани со арбитражното решавање на споровите и со актуелните теми од областа на граѓанското процесно право.

Агенда: - Предности на арбитражното судење во однос на судењето од страна на државните судови, со посебен осврт врз правилата на арбитражната постапка пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија; - Арбитражна спогодба (видови, форма, содржина, полноважност); - Признавање и извршување на арбитражни одлуки; - Поништување на арбитражна одлука.

Предавачи: проф. д-р Арсен Јаневски, проф. д-р Тони Дескоски и доц. д-р Татјана Зороска Камиловска, професори на Правниот факулетет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - Скопје. Интересна група за ова

советување се директорите на компаниите, раководителите на правните сектори во компаниите, вработените во компаниите задолжени за правни работи, адвокати и други заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на советувањето. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 25 ноември 2011 година.

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Елена Милевска Тел: ++ 389 2 3244023Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Презентација на 30 ноември 2011 година

ХОЛАНДСКИ ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА НА ВАШИОТ БИЗНИС

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5. кат, во 11:00 часот

Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија организираат презентација на тема: “ХОЛАНДСКИ ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС’’. Ве покануваме на презентацијата со цел да добиете практични информации за искористување на достапните холандски програми за поддршка на развојот на македонскиот приватен сектор. Програмите ќе ги презентираат претставници на холандското Министерство за економија, задолжени за спроведување на програмите за Македонија и претставници на Економскиот оддел на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Презентациите ќе се однесуваат на следниве холандски програми за поддршка за бизнисот: 1. пронаоѓање и поврзување

со холандски партнер (за трговија, инвестиции и друго); 2. финансиски грантови за поддршка на инвестиции во нови производи и услуги и 3. бесплатно советување и експертиза од страна на холандски експерти.

Наведените програми се достапни за сите приватни компании од Република Македонија, без разлика во кој сектор или област припаѓаат. Користењето на истите е без трошоци, а процесот на аплицирање и подготовка на документација е брз и едноставен. Презентацијата е бесплатна, со времетраење од околу 2 часа, а ќе биде отворена со поздравен говор на амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Мариет Шурман.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 30 ноември 2011 година во Стопанската комора на

МакедонијаПРОМОТИВЕН ДЕН НА АРГЕНТИНА - ПРОМОЦИЈА НА АРГЕНТИНСКАТА

ЕКОНОМИЈА И ЗАПОЗНАВАЊЕ СО

ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА АРГЕНТИНСКИОТ ПАЗАР

Вкус на аргентинско вино и танго!

Во насока на доближување на аргентинското стопанство и неговите економски потенцијали до бизнис-заедницата од нашата земја, во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи промотивен ден на Аргентина, за време на којшто ќе бидат дегустирани неколку видови аргентинско вино. Во рамките на промотивните активности ќе биде одржана презентација на аргентинското стопанство, условите за водење бизнис, водечките индустриски сектори и приоритетите на националната економија во глобалните светски економски текови. Во делот на билатералните економски односи, ќе бидат апострофирани клучните стопански сектори на кои треба да се фокусираат бизнис-заедниците од двете земји за унапредување на вкупната економска соработка и зголемување на трговската размена, којашто во 2010 година изнесуваше 15 милиони САД долари. Презентацијата ќе биде одржана од страна на амбасадорот на Аргентина со седиште во Софија, со ингеренции и за Македонија, Н.Е.

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 41: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 41четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

Азрак Г. Салвадор. Република Аргентина, со популација од 42 милиона жители, е позната во светот како земја на фудбалот, виното и тангото, а Аргентинците како големи гурмани на месни специјалитети се најголеми потрошувачи на јунешко месо во светот. Промотивниот ден на Аргентина ќе се одржи на 30 ноември 2011 година, со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5. кат.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015E-адреса: [email protected]

Од 1 до 3 декември 2011 година, саеми во Република Турција

„BURSA METAL PROCESSING TECHNOL-OGY FAIR“, „ELECO 2011“ и „BURSA SHEET METAL PROCESSING TECHNOL-

OGY FAIR 20011“

Стопанската комора на Македонија организира посета на Саемот за обработка на метали и нивна технологија „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGY FAIR“, Саемот за електрика, автоматизација, осветлување и кабли, „ELECO 2011“ и Саемот за технологија на лим и обработка на лим, цевки „BURSA SHEET METAL PROCESSING TECHNOLO-GY FAIR 20011“ во Бурса, со бесплатно хотелско сместување во хотел со 4 и 5 ѕвезди, влезници за саемот и бесплатен трансфер. Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании кои ќе изложат:

машини за обработка на метал, заварување, сечење, дупчење, рачен алат, пневматски и хидрауличен систем, електромотори, индустриски печки, индустриски системи за климатизација, апарати за заварување и нивни резервни делови, компресори, индустриски работи и др. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на овие саемски манифестации, од 1 до 3 декември 2011 година. За посетителите е обезбедено бесплатно хотелско сместување, две ноќевања со појадок, влез, трансфер од хотел до Саемот и од аеродром до хотелот, доколку учесникот патува со авион. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организациските трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Сите наведени трошоци, пријавените компании треба да ги подмират најдоцна до 25 ноември 2011 година, за да може да се направи резервација во хотелите во Турција. За оние компании кои нема да ги подмират трошоците навреме, нема да биде направена резервација и ќе се смета дека го откажале своето учество. Заради навремено организирање, компаниите своето учество треба да го пријават најдоцна до 25.11.2011 година.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

Лидија Попзлатанова,Тел/факс: 389 23220469„Аdonis“

Дводневен семинар на 6 и 7 декември 2011 година

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ08:30 - 16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

* Практични пресметки на градежни конструкции.

Енергетската ефикасност на згради е мултидисциплинарна област во која се вклучени експерти од повеќе дисциплини (урбанизам, проектирање, машинство, електрика, екологија). Меѓутоа, основата за добри или лоши енергетски карактеристики на зградите лежи во објектот и ефикасноста на неговите градежни конструкции, односно материја којашто е во доменот на архитектите и градежните инженери. Факт е дека областа градежна физика и процедурите за пресметка на топлинските својства на зградите во согласност со важечките македонски (МКС EN ISO) стандарди многу малку или воопшто не се изучува на факултетите. Согледувајќи го овој факт, Стопанската комора на Македонија го организира овој дводневен семинар за стручни лица заинтересирани за подетално запознавање или дополнување на своите знаења во оваа многу значајна област.

Обучувач на семинарот ќе биде д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. Д-р Петар Николовски теоретски и практично се занимава со градежна физика повеќе од 40 години. Автор е на повеќе книги од оваа област, а докторската дисертација на тема “Линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони“ ја има одбрането во Софија, пред Вишата атестациона комисија при Бугарската академија на науки. Повеќе од 15 години го води Техничкиот комитет ИСРМ ТК8 за стандарди од областа на топлински карактеристики на згради, во рамките на Институтот за стандардизација на РМ. Активно соработува со соодветните комитети во CEN (Европски комитет за стандардизација) и во ISO (Меѓународен комитет за стандардизација). Предава градежна

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 42: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО42 четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

физика на еден од приватните универзитети. Учесник е во повеќе меѓународни проекти за енергетска рехабилитација на згради и изработка на македонски подзаконски акти од областа енергетска ефикасност во згради. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 2 декември 2011 година. Учесниците на семинарот ќе добијат печатен работен материјал и CD со Power Point презентации на темите, книга од областа на обновлив извор на енергија - Сонцето, а ќе добијат и сертификат како потврда за учество на семинарот. Цената за еден учесник изнесува 7.080 денари (6.000+ДДВ) за компании-членки и 9.440 денари за 1 учесник (8.000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Контакт: Марија Петроска Тел: (02) 3244017Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 8 - 12.12.2011 година, меѓународен саем за храна и

пијалаци во Република Турција „ISTANBUL FOOD AND BEVERAGE FAIR

2011„

Стопанската комора на Македонија организира учество и посета на Саемот за храна и пијалаци “ISTANBUL FOOD AND BEV-ERAGE 2011”; Саемот за продавници, трговски центри „MAMTECH ISTANBUL 2011” и Саемот за приватни посебни брендови „LABEL PRODUCTS FAIR”, со обезбедени 100 метри квадратни бесплатен штанд и регистрација во саемскиот каталог, за излагачите и 50 % попуст за хотелско сместување, а за посетителите бесплатно хотелско сместување, влезници за саемите и бесплатен трансфер. Во периодот од 8 до 12 декември 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат 5. Меѓународен саем за храна и пијалаци “ISTANBUL FOOD AND BEVERAGE 2011”; Саемот за продавници, трговски центри „MAMTECH ISTANBUL 2011” и Саемот за приватни посебни брендови „LABEL PRODUCTS FAIR 2011”. Станува збор за една од поголемите специјализирани

меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании коишто ќе изложат:- млеко и млечни производи;- месо и производи од животинско потекло;- замрзната храна;- брашно, пекарски производи;- кондиторски производи;- жито и производи од жито;- растителни масти и масла;- маслинки и маслиново масло;- алкохолни и безалкохолни пијалаци;- чај и кафе, ореви, зачини, свежи производи, мед;- храна за бебиња, органски производи, прехранбени адитиви и сл.

Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира учество и посета на македонски компании на саемската манифестација, од 8 до 12 декември 2011 година. За излагачите на Саемот е обезбеден бесплатен штанд и регистрација, како и 50 % попуст за хотелското сместување (транспортот е на товар на излагачите). Котизацијата за учество на излагачите на саемот е 3.000,00 денари. За посетителите, пак, обезбедени се бесплатно две ноќевања со појадок, влез, трансфер од хотел до Саемот и од аеродром до хотел, доколку учесникот патува со авион. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организациските трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Сите наведени трошоци, пријавените компании треба да ги платат најдоцна до 30 ноември 2011 година, за да може да се направи резервација во хотелите во Турција. За оние компании кои нема да ги платат трошоците навреме, нема да биде

направена резервација и ќе се смета дека го откажале своето учество.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 14 декември 2 011 година, на Скопски саем МАКЕДОНСКО-ИЗРАЕЛСКИ БИЗНИС-ФОРУМ

Македонско-израелскиот бизнис-клуб заедно, со амбасадорот на Израел во Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина, Н.Е. Дејвид Коен, на 14 декември 2011 година, во Мултибизнис Центарот на Скопски саем во Скопје, ќе организира Македонско-израелски бизнис-форум. Бизнис-форумот ќе биде составен од два дела: Генерален бизнис-форум и ИТ-бизнис-форум. ИТ-бизнис-форумот ќе биде организиран од страна на Македонско-израелскиот бизнис-клуб и „Кримсон Капитал“. На Генералниот бизнис-форум ќе присуствуваат компании од следните сектори:• обновливи извори на енергија;• медицина и фармација;• земјоделство, преработувачка индустрија и производство на храна;• туризам;• безбедност, градежништво, образование, финансии и услуги и др. На Бизнис-форумот ќе присуствуваат компании од Македонија, Израел, Косово, Босна и Херцеговина и од Албанија. Заинтересираните компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 1.12. 2011 година, а пополнетиот формулар да го достават на е-адреса: [email protected]

Контакт:Екатерина Димитровскател: + 389 2 3113 259моб: + 389 70 80 20 [email protected]: www.mibk.org.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 43: Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

БИЗНИС ИНФО 43четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

Македонска фирма бара дирекно застапништво од странска фирма во Република Македонија

за месо, месни производи и конзерви, месо од живина и производи од живина.Валидност до: 11.11.2012 година

Грчка компанија бара соработка со македонски текстилни комапнии кои ќе изработуваат

платнени капи по нарачка.Валидност до: 11.5.2012 година

Израелска компанија бара соработка со македонски увозници на овошје за пласман на

манго и калинки, како и алат за вадење на семки од калинките.

Валидност до: 11.5.2012 година

Компанија од Србија бара соработка со веледрoгерии во Република Македонија за

пласман на лекови и козметички препарати.Валидност до: 11.5.2012 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е за соработка со производители на столбови за

осветлување и трговци со електроматеријали во Република Македонија.

Валидност до: 11.6.2012 година

Компанија од Србија бара соработка со компании во Република Македонија кои имаат потреба

од картонска амбалажа во прехраnбената и кондиторската индустрија, фармацевтска,

хемиска, тутунска, текстилна и машинска индустрија.

Валидност до: 14.5.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мерни

трансформатори.Валидност до: 14.6.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ароми и

бази за прехраnбена индустрија, безалкохолни и алкохолни пијалaци.

Валидност до: 14.6.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на брашно,

тестенини, кори и обланди.Валидност до: 14.6.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на козјо млеко,

сирење и јогурт.Валидност до: 14.6.2012 година

Компанија од Србија нуди современи типови на мешалки за бетон и уреди за рециклажа на бетон и друга опрема за подготвка на бетон и е заинтересирана да ја пласира во Република

Македонија.Валидност до: 15.3.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

акумулатори, батерии за примена во железници, батерии за примена во телекомуникации и др.

Валидност до: 15.7.2012 година

Македонска компанија нуди разни типови на електронски и механички ваги за прехранбената индустрија, производствени процеси, магацини

и дистрибутивни-дисконтни центри, ваги за стока, сточна храна, производство на вино за

винарски визби со сопствено производство. Исто така е и овластен сервис и врши услуга поправка, баждарење и продажба на сите видови на ваги

со комплетна документација за исправност и проверка, како и издавање на документ за баждарењето на вагите со важност од 2 год.

Валидност до: 15.11.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се заинтересирани да

набавуваат материјали за амбалажа.Валидност до: 15.6.2012 година

Компанија од Финска заинтересирана е во своите планови за набавка на вина за следната година да

ги вклучи и вината од Република Македонија.Валидност до: 15.12.2012 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

радиоактивни и нерадиоактивни ин витро реагенси за дијагностицирање на разни болести.

Валидност до: 16.7.2012 година

Германска компанија бара соработка со македонски компании во областа на машинската

индустрија, нудат услуги во процесот на производство, дизајнирање и изработка на разни

видови алатки.Валидност до: 16.9.2012 година

Турска компанија нуди истражувачки и развојни технологии за финални корисници кои се

вклучени во производство на системи за лифтови, контрола на индустриска и воена електроника.

Валидност до: 2.4.2012 година

Хрватска компанија бара соработка со македонски компании во дејноста на телекомуникации,

инсталација, монтажа, инженерство и проектирање.

Валидност до: 3.3.2012 година

Македонска компанија нуди градежни услуги и бара странски партнери за заедничко

инвестирање во развивање на туризмот.Валидност до: 3.11.2012 година

Грчка компанија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на опрема за

лаборатории.Валидност до: 3.4.2012 година

Компанија од Германија нуди услуги во областа на информирање за профилот на најпогодни

фирми за соработка во разни области погодни за македонските компании.

Валидност до: 3.4.2012 година

Турска компанија заинтересирана е да увезува лековити билки од Република Македонија.

Валидност до: 3.6.2012 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да пласира во Хрватска земјоделски и прехранбени

производи од Република Македонија, свежо и конзервирано овошје и зеленчук посебно

(ајвар, лутеница, пинџур, корнишони, гамби и др., ориз, млечни производи сирење, кашкавал, кондиторски производи, вино, а посебно сакаат

да договорат средби со производители на производите кои се наведени во Скопје, Струмица,

Гевгелија, Велес, Битола и Неготино.Валидност до: 4.12.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира грејни тела на дрва, гас и струја во Република

Македонија.Валидност до: 4.6.2012 година

Компанија од Грција нуди ИТ-решенија за банкарскиот и автомобилскиот сектор во

Република Македонија.Валидност до: 7.4.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на земјоделството во

Република Македонија.Валидност до: 7.5.2012 година

Полска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пумпи и компресори.

Валидност до: 8.4.2012 година

Компанија од Грција бара соработка со туристички агенции и туроператори во Република

Македонија.Валидност до: 9.6.2012 година

Компанија од Грција бара соработка со производители на кујнски дрвени елементи,

гардеробери, внатрешни и сигурносни врати во Република Македонија.

Валидност до: 9.6.2012 година

Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пиво.

Валидност до: 9.5.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на апарати за домаќинство, апарати за топлење вода, пегли и

разни видови тостери.Валидност до: 10.6.2012 година

Компанија од Кина бара соработка со производители на мермер, украсни камења и др.

во Република Македонија.Валидност до: 10.6.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски