НАСТАВЕН ЛИСТ Лексикологија

3
НАСТАВЕН ЛИСТ Тема : Лексикологија ВЕЖБА бр.1 Напиши синоними на приложените зборови: смелост_____________, молчалив______________, зборува______________, зашто___________, работлив______________, разбира_____________, бавно_____________, респектира__________, мака___________, памет________________, дека____________, одбивност___________________. ВЕЖБА бр.2 Напиши антоними на приложените зборови: мрак_____________, почеток______________, сака______________, приближува______________, среќен______________, топло_____________, напред_____________, гради_________, мир______, лошо___________, со______, убаво____________, живот____________, црно_________,од______. ВЕЖБА бр.3 Напиши хомоними на приложените зборови: завет (засолниште)_________________________________________; маса (дел од мебел) _________________________________________; чело (дел од главата) ________________________________________; куп (од земја) ______________________________________________. ВЕЖБА бр.4 Напиши пароними на приложените зборови: ветрина________________, сеф______________, наградување_________________, мир______, демонтира_____________, критички_____________, детални_______________, метална_____________. ВЕЖБА бр.5 Во извадокот што следува потцртај ги зборовите што претставуваат историцизми и архаизми. И се собраа. Се качија Арслан, јузбашијата, заптиите и коџобашијата Трајко со азите на Влашкиот ан, а Расим чауш со пет-шеесет војници со штиковите на пушките ги загради селаните на средсело. Арслан се обрна прво кон коџобашијата и азите: -- Е, кој направи, чорбаџи, овој магаршчилак некни?...- Сакат царот да знаит, кој беа тие некни што нападнаа уќуматот негов и аскерот?... ... Во одајата влезе изморениот кадија, а по него селскиот еќим. Муфтијата остана надвор. Мештаните се плашеа од него бидејќи го знаеја неговиот чуден табиет и правеа разни марифети за да го орасположат... (С.Попов Толе Паша) ВЕЖБА бр.6

Upload: elena-damjanoska-dimova

Post on 23-Apr-2017

235 views

Category:

Documents


8 download

TRANSCRIPT

Page 1: НАСТАВЕН ЛИСТ Лексикологија

НАСТАВЕН ЛИСТ Тема : Лексикологија

ВЕЖБА бр.1 Напиши синоними на приложените зборови: смелост_____________, молчалив______________, зборува______________, зашто___________, работлив______________, разбира_____________, бавно_____________, респектира__________, мака___________, памет________________, дека____________, одбивност___________________.

ВЕЖБА бр.2 Напиши антоними на приложените зборови: мрак_____________, почеток______________, сака______________, приближува______________, среќен______________, топло_____________, напред_____________, гради_________, мир______, лошо___________, со______, убаво____________, живот____________, црно_________,од______.

ВЕЖБА бр.3 Напиши хомоними на приложените зборови: завет (засолниште)_________________________________________; маса (дел од мебел) _________________________________________; чело (дел од главата) ________________________________________; куп (од земја) ______________________________________________.

ВЕЖБА бр.4 Напиши пароними на приложените зборови: ветрина________________, сеф______________, наградување_________________, мир______, демонтира_____________, критички_____________, детални_______________, метална_____________. ВЕЖБА бр.5 Во извадокот што следува потцртај ги зборовите што претставуваат историцизми и архаизми.

И се собраа. Се качија Арслан, јузбашијата, заптиите и коџобашијата Трајко со азите на Влашкиот ан, а Расим чауш со пет-шеесет војници со штиковите на пушките ги загради селаните на средсело. Арслан се обрна прво кон коџобашијата и азите: -- Е, кој направи, чорбаџи, овој магаршчилак некни?...-Сакат царот да знаит, кој беа тие некни што нападнаа уќуматот негов и аскерот?... ... Во одајата влезе изморениот кадија, а по него селскиот еќим. Муфтијата остана надвор. Мештаните се плашеа од него бидејќи го знаеја неговиот чуден табиет и правеа разни марифети за да го орасположат... (С.Попов Толе Паша)

ВЕЖБА бр.6Во извадокот што следува потцртај ги зборовите што претставуваат неологизми. Подвјуначени и подутешени, а сепак со некакво шубе, мостарите којзнае по кој пат раскажуваа надолго и нашироко за комитетот. Еден ден струшките приредбари се подбраа в Охрид, во хотелот на Радича. -Конечно, не ќе ме изедат гостариве, што има да се плашам и од кого? (В.Малески)

Јас не сум Вардар, ни завардарен, може сум варден и недоварден не сум превардарен, ни подвардарен, јас тек без ширина и должина...

(Г.Тодоровски)ВЕЖБА бр.7 Потцртај ги црковнословенизмите во извадокот што следува.

Нема крпење, нема заборавање, зашто сиот живот твој, сите твои сторенија и сите прегрешенија твои одеднаш ќе ти застанат на дланка, пред очите твои, но и пред очите Господови, та сами ќе му се подадат Нему, Севишнему, Сезнајуштему, Севидештему, Семоќному да ги цени и да ги суди...

(К.Чашуле)ВЕЖБА бр.8 Објасни го значењето на интернационализмите што следуваат. аверзија, експонира, евидентен, иницира, активен, пролонгира, интенција, преферира______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Page 2: НАСТАВЕН ЛИСТ Лексикологија

ВЕЖБА бр.9 Состави реченици со турцизмите што следуваат, водејќи сметка за нивното значење.

адет, ѓутуре, есап, аир, чалам, табиет, фајде, таксират, мукает, шубе.___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________ВЕЖБА бр.10 Во следните речениците потцртај ги зборовите од разговорната лексика и објасни го нивното значење. - Ајде, нека е аирлија денот. ________________________________________________________- Петревци беа многу големџии. ________________________________________________________- Имај исав, немој така. ________________________________________________________- Му сварија сиктер-кафе. ________________________________________________________- Тој е лимонтабиетлија. _________________________________________________________

ВЕЖБА бр.11 Состави реченици од следните зборови што припаѓаат на книжната лексика. пресоздава, се тревожи, трогателен, чистилиште, доблестен________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________ВЕЖБА бр.12 Објасни го значењето на зборовите од поетската лексика. Додади др.зборови или состави реченица. златокос, шир, бесповрат, залез, многугласен________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

ВЕЖБА бр.13 Потцртај ги дијалектизмите и потоа напиши ги речениците на литературен јазик.Се плаши како заек. Бунаров е многу глобок. Дај ми малку војца да се напијам. Како што биле премрзнати, си ја запалиле собата, седнале околу неа и се стоплиле. Многу варкаш, одмори се малку.

ВЕЖБА бр.14 Разгледај ги терминате што следуваат. Размисли за нивното значење и определи во која наука спаѓаат. вокал, волумен, генетика, дизел, елипса, кардиолог, компаратив, крешендо, октава, фрактура, хелиум, радиус.

ВЕЖБА бр.15 Објасни го значењето на следните жаргони: локач, гагаџија, утне. Напиши 3 реченици во кои ќе употребиш зборови од жаргонската лексика.________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________ ВЕЖБА бр.16 Објасни за какви стилски обележани зборови станува збор во следниот извадок. Зборовите од децата како оловни топки ми удираа во градите и болеа, печеа како жарчиња: “ Ушле, глупчо, мрсулко...” непрекинато ме бомбардираа со навредливи зборови ликувајќи поради мојата несреќа.________________________________________________________________________________________________