Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р...

19
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ГРАДОНАЧАЛНИК Д-Р ДАРКО МИТЕВСКИ www.makedonskakamenica.gov.mk 365/ДЕЛА ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ОД МАРТ 2013 ДО МАРТ 2014 ГОДИНА

Upload: gradonacalnik-opstina-makedonska-kamenica

Post on 22-Mar-2016

248 views

Category:

Documents


10 download

DESCRIPTION

Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски во првите 365 дена од вториот градоначалнички мандат (Март 2013 - Март 2014)

TRANSCRIPT

Page 1: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦАГРАДОНАЧАЛНИКД-Р ДАРКО МИТЕВСКИ

www.makedonskakamenica.gov.mk

365/ДЕЛА

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ОД МАРТ 2013 ДО МАРТ 2014 ГОДИНА

Page 2: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА2 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 3

НОВ ГРАДСКИ ПАЗАР

Со отпочнувањето на вториот мандат на градоначалникот, д-р Дарко Митевски, се стави во функција и новоизградениот градски пазар, кој е еден од најубавите градски пазари во регионот.

Новиот градски пазар е составен од три функционални целини и е во вкупна површина од 2500 м2. Пазарот е изработен од специјални огноотпорни материјали заради задоволу-вање на стандардите за безбедност, составен е од покриен отворен дел за зеленчук и покри-ен затворен дел за трговија со месо, млеко и останати прехранбени производи и ги испол-нува HACCP-стандардите. Тој е една од поголемите инвестиции на општината Македонска Каменица во последните десет години и е целосно финансиран од буџетот на општината. Со изградбата на новиот пазар, Македонска Каменица добива уште едно обележје на совреме-на урбана населба.

ИНДУСТРИСКА ЗОНАЕден од главните приоритети на општината Македонска Каменица е отворањето индус-

триска зона и нејзино ставање во функција. Во таа насока, општината веќе изработи детален урбанистички план и се формира тим што ќе го доразвива, промовира и ќе го афирмира овој проект. Во наредниот период ќе се пристапи и кон инфраструктурно уредување на индус-триската зона, кое ќе вклучува патна и комунална инфраструктура. Планираната површина на зоната е 10 хектари и ќе биде наменета за лесна и незагадувачка индустрија.

Почитувани сограѓани,

Поминува првата година откако по втор пат ја добивме Вашата доверба и одговорноста да ја водиме Општина Македонска Каменица. Во првиот мандат успеавме да ја извлечеме Општината од незавидната финансиска сос-тојба во која се наоѓаше, да ја деблокираме и да започне-ме со втората фаза на децентрализација. Започнавме со решавање на круцијални инфраструктурни и комунал-ни прашања. Во првата година од вториот мандат про-долживме со исто темпо и најголем дел од предвидените инфраструктурни проекти се веќе реализирани, а денес сме сведоци и на Новиот Градски пазар кој е комплетно финансиран со средства од Буџетот на Општината. Целос-но е реконструирана и градската секундарна водоводна мрежа, а започнавме и со нов зафат за водоснабдување на река Горештица во село Саса, со што овој вид проблеми ќе

бидат решени долгорочно. Успеавме да го задржиме и епитетот Општина-лидер по проекти успешно реализирајќи ги веќе добиените проекти, како што е Изградбата на манастирско-ту-ристичкиот комплекс Еленец во село Цера, кој ќе биде уште една наша гордост. Наскоро ќе биде набавено и ново возило за собирање на смет, со финансиски средства од Програмата „Форуми во заедницата“, а со средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка ќе биде изработена и Физибилити студија за развој на ски туризам на Осоговските Планини.

Почитувани,

Сега кога најголем дел од инфраструктурните и комуналните проблеми се зад нас, Општи-ната ќе се насочи кон подобрување на социо-економската состојба на сите наши граѓани. Во периодот кој е пред нас ќе се посветиме на уредување и развој на Индустриската Зона како еден од предусловите за трајна економска одржливост и просперитет. Наш приоритет е и имплементацијата на многу социјални програми кои ќе го олеснат севкупното општествено живеење, а културните и образовните активности ќе продолжат со многу нови содржини и во насока на промоција на општина Македонска Каменица како во државата, така и надвор од неа.

Со почит,д-р Дарко Митевски

Градоначалник на општина Македонска Каменица

Page 3: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА4 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 5

ЛОКАЛНИ УЛИЦИ И ПАТИШТА

И во вториот мандат на градоначалникот на општината Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, интензивно се работи на инфраструктурно уредување на руралните средини и на централното градско подрачје. Во постизборниот период, во согласност со општинската Програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, нов асфалтен пат доби Аризанска маала во селото Саса. Асфалтирани се два крака со вкупна должина од 450 ме-три и ширина на делницата од 3 метри. Пробиена и асфалтирана беше и улица во месноста Падарница во Македонска Каменица. Улицата е долга 340 метри, со ширина од 4,5 метри.

Најголем проект од ваков тип во последниот период е пробивањето и асфалтирањето на улицата „Горна Река“, која е со должина од околу 400 метри и ширина од 5,5 метри. Па-ралелно со асфалтирањето на оваа улица се одвиваа и градежни активности, уредување и поставување на нов асфалтен слој и на платото околу автобуската станица, со што просто-рот околу новиот Градски пазар е целосно уреден. Целосно е асфалтирана улицата „Кејска“, како и крак од улицата „Вера Јоциќ“, со што се врши доуредување и асфалтирање на неуре-дените делови од градското подрачје на Македонска Каменица.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕКУНДАРНАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Во Македонска Каменица завршија градежните активности за реконструкција на Град-ската секундарна водоводна мрежа. Оваа реконструкција се изврши по повеќе од четирие-сетгодишно користење на старата водоводна инсталација и опфаќа промена на веќе дотра-ените азбестно-цементни, челични и поцинкувани цевки подложни на оштетување со нови водоводни цевки што се изработени од нови полиетиленски материјали, кои се здравствено безбедни и се со поголем век на користење. По завршувањето на реконструкцијата на во-доводната мрежа, граѓаните постепено се приклучуваат на неа, а ќе бидат поставени и нови водомери за попрецизно отчитување на потрошената вода. Проектот за реконструкција на водоводната мрежа е вреден околу 330.000 евра и е финансиран од Европската инвестици-ска банка преку Министерството за транспорт и врски. Фирма-изведувач на овој проект, кој е од витално значење за Македонска Каменица, е Алфа Инженеринг од Радовиш.

Со реализацијата на овој проект, граѓаните од Македонска Каменица ќе се снабдуваат со доволни количества квалитетна вода за пиење во текот на целата година. Реконструкција-та  на секундарната водоводна мрежа ќе биде завршена за шест месеци.

Page 4: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА6 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 7

НОВ ЗАФАТ НА РЕКАТА ГОРЕШТИЦА ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦАЗапочнаа градежни активности за по-

добрување на водоснабдувањето во Ма-кедонска Каменица. Се гради нов зафат на реката Горештица во селото Саса со кој ќе бидат трајно решени проблемите со вода за пиење, а и филтер-станицата во Маке-донска Каменица ќе биде максимално ис-користена. Во рамки на овој проект ќе се гради и нова водоводна мрежа за дел од жителите на селото Долна Саса. Изведувач на активностите е фирмата Промонтинг од Скопје, а вкупната вредност на проектот е околу пет милиони евра. Средствата за из-градбата на зафатот се обезбедени од буџе-тот на општината Македонска Каменица.

НОВО МОНТАЖНО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛОТО МОШТИЦАЕден од првите покрупни и позначајни проекти кој започна со реализација во вториот

мандат на градоначалникот на општината Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, е из-градбата на монтажно училиште во селото Моштица. Овој проект е од огромно значење за развој на оваа рурална средина и за непречено одвивање на наставата во селото.

Монтажниот објект за Подрачното училиште на Општинското основно училиште „Св. Ки-рил и Методиј“ во с. Моштица, општина Македонска Каменица е со површина од 109 ква-дратни метри. Објектот е енергетски ефикасен, има санитарни јазли, две училници, ходник и просторија за котел за греење.

Училиштето чини околу 3 милиони денари, а инвеститор е Министерството за образова-ние и наука. Старата училишна зграда ќе биде реконструирана и пренаменета за потребите на жителите од Месната заедница во селото Моштица.

Page 5: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА8 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 9

ИЗГРАДБА НА КАПЕЛА И УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

Во општината Македонска Каменица како неминовна се појави потребата од изградба на градска капела и дополни-телно уредување на новите градски гробишта. За таа цел, општината спроведе тендер на кој беше избран најповолен економски оператор кој ќе го изведе овој проект. Градеж-ните активности веќе започнаа, се работи интензивно на изградбата на градска капела, а проектот целосно ќе биде завршен во текот на наредната година.

ИЗГРАДБА НА ЗГРАДИ НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИОпштината Македонска Каменица започна со изградба на нови или реконструкција на

постојните згради на месните заедници. Во сите селски средини кои гравитираат кон Маке-донска Каменица, зградите на месните заедници веќе се целосно завршени и на тој начин значително се подобрени условите за жителите да ги остваруваат своите потреби и интере-си.

МЕЃУНАРОДНИ ПРОЕКТИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

МАНАСТИРСКО-ТУРИСТИЧКИ КОМПЛЕКС „ЕЛЕНЕЦ“Еден од најзначајните проекти на кои се работи во моментов е Изградбата на манастир-

ско-туристички комплекс „Еленец“ во селото Цера, Македонска Каменица. Овој проект оп-фаќа изградба на пристапен пат во должина од 1,5 км, реконструкција на конаците, изградба на еко-патеки до манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, поставување на урбана оп-рема и осветлување, како и туристича промоција на локалитетот. Проектот е целосно фи-нансиран преку ИПА-Програмата за меѓународна соработка.

Page 6: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА10 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 11

ФИЗИБИЛИТИ-СТУДИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СКИ-ЦЕНТАР НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ

По последниот повик за аплицирање со проекти на претпристапните ИПА-фондови, општината Македонска Каменица и општината Белица, Република Бугарија конкурираа со заеднички проект кој беше одобрен. Овој проект предвидува изработка на физибилити-сту-дија, со која ќе се утврдат можностите за развој на зимски туризам на подрачјето на општи-ната Македонска Каменица. Проектот е целосно финансиран преку ИПА-Програмата за пре-кугранична соработка.

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНАТА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И ОПШТИНИТЕ КАСИНЕ И

РИКАЛДОНЕ, ИТАЛИЈАНа 20.4.2013 година, во просториите на општината Македонска Каменица беше потпи-

шан Меморандум за соработка помеѓу општината Македонска Каменица и општините Каси-не и Рикалдоне, Италија. Градоначалниците на трите општини го потпишаа Меморандумот за соработка во областа на економијата, образованието, културата и спортот. Со оглед на фактот што голем број жители на општината Македонска Каменица привремено живеат и работат во овие две општини во Италија, потпишаниот Меморандум е од огромно значење за трите општини.

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КИЕЛЦЕ, ПОЛСКА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Во официјална посета на општината Македонска Каменица беше делегација од локалната самоуправа на Киелце, Полска. Делегацијата беше предводена од заменик-градоначалникот и од претседателот на Советот на Киелце. На средбата беше разговарано за начинот на функ-ционирање на двете локални самоуправи, за можноста од размена на искуства и продлабо-чување на соработката меѓу општината Македонска Каменица и општината Киелце, Полска.

ТРАДИЦИОНАЛНА МЕЃУГРАНИЧНА СРЕДБА - РУЕН 2013На 14.9.2013, на врвот Руен (2252 м надморска височина) на Осоговските Планини се одр-

жа Традиционалната меѓугранична средба - Руен 2013. Средбата се организира меѓу општи-ните Македонска Каменица и Крива Паланка, Македонија и општината Ќустендил, Бугарија. Годинава настанот го организираше Еколошкото друштво „Здравец“ со поддршка од општи-ната Македонска Каменица и локални фирми и претпријатија.

Page 7: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА12 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 13

НАБАВКА НА СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА ЗА СМЕТ Е ПРОЕКТОТ ШТО ГО ИЗБРАА ГРАЃАНИТЕ НА

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И ДЕЛЧЕВОПо одржаната петта сесија на меѓуопштинскиот форум на општините Македонска Каме-

ница и Делчево, од презентираните четири предлог-проекти, граѓаните на двете општини гласаа за најприоритетниот проект што ќе се реализира со средства од програмата на „Фо-руми во заедницата“. По претходно утврдениот начин на гласање и извршената проверка во евиденцијата за присуство, се пристапи кон гласање и најмногу гласови доби проектот Набавка на специјални возила за собирање на смет.

На крајот на форумската сесија беше формирана и работна група која ќе ја следи реали-зацијата на проектот, по што ќе биде одржана и последната т.н последователна форумска сесија.

Набавката на специјалните возила за собирање на смет ќе биде финансирана со заеднич-ко учество на општините Македонска Каменица и Делчево и Швајцарската агенција за развој и соработка SDC.

КУЛТУРА, СПОРТ, ЕКОЛОГИЈА

24 МАЈ - СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈПо повод празникот Св. Кирил и Методиј, кој е и патронен празник на Општинското ос-

новно училиште „Св. Кирил и Методиј“, беше организирана манифестација со богато култур-но-уметничка програма и со учество на познати македонски естрадни групи и ѕвезди.

БАБИНА БАНИЦА 2013На 2 јуни 2013 година во месноста Еленец, во селото Цера, се одржа манифестацијата

„Бабина баница 2013“, на која присуствуваа пет илјади гости од сите краеви на Македонија. Оваа манифестација се состоеше од ревијален културно-забавен дел со настап на членови на Здруженија на пензионери и натпреварувачки кулинарски дел, каде беа подготвени око-лу 3 500 килограми традиционален македонски оброк.

Page 8: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА14 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 15

БАСКЕР-ФЕСТ 2013 МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦАНа 28 јуни 2013 година во Македонска Каменица за прв пат се оддржа „БАСКЕР-ФЕСТ

2013“, кој е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот. „Баскер-фест“ ја пречека публиката со улич-ни артисти, музика во живо, пантонима, улични танчери, магионичари, акробати, ликовни изожби и извонредни таленти.

ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБИР НА ЕЛЕНЕЦНа 14 Октомври 2013 година, по повод големиот христијански празник Покров на Пре-

света Богородица, кај истоимениот манастир, на месноста Еленец, село Цера традиционал-но се оддржа голем црковно-народен собир. Сончевото време и добрата организација беа дополнителен мотив за повеќе од четири илјади верници да бидат дел од овој голем настан. За гостите дојдени од сите краеви на Македонија организаторите подготвија бесплатен об-рок подготвен на традиционален македонски начин.

Овој собир беше организиран од Црковниот Одбор при манастирот „Покров на Пресве-та Богородица“ со поддршка на општина Македонска Каменица и локалното Здружение на Пензионери.

ФОЛКЛОРНИОТ КАРАВАН НА „ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО“ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Од 13-ти до 18-ти Септември 2013 година се оддржа 28 Меѓународен Фолклорен Фести-вал „Истибањско здравоживо“. Романија, Словачка, Ерменија, Србија, Молдавија, Нигерија, Украина, Словенија, Турција, Бугарија и многу домашни фолклорни ансамбли и друштва беа дел од овој фестивал.

На 15-ти Септември Фолклорниот караван на „Истибањско здравоживо“ гостуваше и во Македонска Каменица. Најпрвин беше одржано дефиле по градските улици, а вечерта гос-тите настапија на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Домаќин на вечерта беше Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ со поддршка од Културно-информативниот центар „Романса“ и Општина Македонска Каменица.

Page 9: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА16 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 17

КАМЕНИЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2013

Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот Центар „Романса“ го орга-низираа петтото издание на „Каменичкото културно лето“. Оваа десетдневна манифестација уште еднаш го потврди имиџот и реномето на најпосетена и најпопуларна манифестација во источниот дел на Република Македонија. И годинешниов спектакл ќе остане запаметен кај илјадниците посетители како уште една успешна приказна, а Македонска Каменица покажа и докажа дека е подготвена за организација на големи настани.

Реки народ, колони возила пристигаа во текот на последниот ден од манифестацијата, цела Источна Македонија беше сплотена на едно место, а гостопримлива Македонска Каме-ница срдечно ги прими сите гости на големиот верски празник Успение на Пресвета Богоро-дица - Голема Богородица, кој истовренено е и Ден на општината и Ден на рударите.

Организаторите пресметаа дека годинешното Каменичко културно лето ги урна сите претходни рекорди. Илјадниците посетители можеа да уживаат во десетдневната програма, а манифестацијата е оценета како најурбана манифестација од музичко-сценски карактер,

не само во Источна Македонија туку и пошироко. На големата сцена на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, настапија диџеите Гоце САФ и Димитри фром Чаир, кавер-бендо-вите Лабаво Лаваби и ПМ (Пи Ем), етно-составите Били Естебан и Ајдаред, Викторија Лоба, Александар Тарабунов, реномирани културно-уметнички друштва, Уска Кан Оркестар, Влат-ко Илиевски, Фолтин и балканската поп-икона Жељко Самарџиќ.

ПРВА ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦАВо рамки на манифестацијата Каменичко Културно Лето 2013 беше организирана и „Прва изложба на олдтајмери“ во Македонска Каменица. Изложбата се одржа на 28 Август од 10.00 до 16.00 часот. Околу триесетина возила беа вистинска атракција за граѓаните. Вљубеници во старите и атрактивни возила пристигнаа од сите краеви на Македонија. За сите учесници на Изложбата на олдтајмери општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ обезбедија доручек и ручек, како и ваучери за освежителни пијалоци на штандот на Градскиот плоштад.

Олдтајмерите ги разгледаа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот д-р Дарко Митевски, пратеникот Влатко Ѓорчев, директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски, градоначалници од соседните општини и локални функционери и раководители. Организаторите на Изложбата ветија дека догодина таа ќе добие натпреварувачки и меѓународен карактер.

Page 10: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА18 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 19

НОВО ПОВЕЌЕНАМЕНСКО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ

На 28 август 2013 година, на големиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во Македонска Каменица, свечено беше пуштено во употреба ново повеќена-менско спортско игралиште. На свеченоста свое обраќање пред присутните имаа вицепре-миерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот на општината Македон-ска Каменица, д-р Дарко Митевски, пратеникот Влатко Ѓорчев и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски.

Повеќенаменското игралиште е дел од проектот на Владата на РМ „Сто повеќенаменски игралишта“, кој се реализира преку Агенцијата за млади и спорт. Новото игралиште е со површина од 1100 квадратни метри и вкупна вредност од седум милиони денари.

Со реализацијата на овој проект е остварено уште едно ветување на државната и на ло-калната власт, изграден е уште еден капитален објект со кој значително ќе се подобри спорт-скиот живот во Македонска Каменица.

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „МИЛЕ ЈАНЕВСИ ЏИНГАР“Во контекст на подршката на спортот и спортските активности секоја година традицио-

нално во општината Македонска Каменица се одржува меморијален турнир во мал фудбал, ракомет, пинг-понг и баскет „Миле Јаневски-Џингар“. Оваа година меморијалниот турнир се одржа во периодот од 08 мај 2013 година до 26 мај 2013 година.

ПОДДРШКА ЗА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИОпштина Македонска Каменица обезбедува континуирана финансиска поддршка за ФК

Каменица-Саса, за Кошаркарскиот Клуб Баскет-Кам, како и за сите останати спортски клубо-ви кои функционираат на подрачјето на Македонска Каменица.

Page 11: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА20 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 21

МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2013

Општината Македонска Каменица се приклучи кон големата национална акција „Македо-нија без отпад 2013“. Целта на акцијата е да биде собран отпадот расфрлан низ природните средини, подигање на еколошката свест кај населението, да се придонесе за здрава и чиста животна средина и да се овозможат одржливи решенија за управување со отпадот во Репу-блика Македонија.

Акцијата се спроведе во атарот на селото Моштица, Македонска Каменица, се вклучија вработени од Јавното претпријатие „Камена Река“, вработени и ученици од СОУ „Миле Јанев-ски Џингар“, Центарот за управување со кризи и локалното население.

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Хортикултурното уредување на градот се спроведува континуирано. Јавните површини постојано се засадуваат со украсни дрвца и цвеќиња, се обновуваат клупите и градското ос-ветлување. Ваквите активности се спроведуваат на повеќе места, и тоа: во парковите во цен-тралното градско подрачје, просторот пред општинската зграда, просторот околу градската црква, како и просторите околу основното и средното училиште и новата спортска сала.

АНГАЖИРАЊЕ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ЧИСТОТА

Огромните зелени површини во Општината, како и кејот на река Каменичка се наше обележје и е потребно нивно континуирано одржување. За таа цел, Општина Македонска Каменица продолжи со проектот за ангажирање на сезонски работници за одржување на јавните површини и за подобрување на јавната чистота. Покрај ова, сезонските работници учествуваат и при прочистувањето на патиштата во руралните средини, чистење на канали, уредување и одржување на Градскиот плоштад и Градскиот пазар, како и на цветните наса-ди. Како сезонски работници, општина Македонска Каменица ангажира лица, претежно од ранливите категории на граѓани, со што овој проект добива и значајна социјална димензија.

НОВ ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН И НОВИ ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ

Општина Македонска Каменица спроведува постапка за изработка на генерален урба-нистички план со проширување на постојниот за подрачјето на градот Македонска Каме-ница, како и постапка за изработка на измени и дополнување на деталните урбанистички планови за деловите од градот каде што тие се со постар датум или се несоодветни. Пара-лелно со ова тече и вклопувањето на дивоградбите во урбанистичкиот план, како и нивна легализација. Воедно се работи и на програма за изработка на приоритетни урбанистички планови за атрактивните локалитети, со што ќе се поттике вложувањето од инвеститорите.

Page 12: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА22 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 23

- Спроведена е постапка за избор на најповолен економски оператор за изработка на геодетски подлоги и изработка на основни проекти.

- Целосно е завршена постапката и за избор на економски оператор за тампонирање на улици и селски патишта, како и за пробивање на земјени патишта во општината Македон-ска Каменица

ОБРАЗОВАНИE

НАГРАДНИ ПАТУВАЊА ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИСо цел позитивно да се стимулираат и дополнително да се мотивираат учениците за

постигнување на поголеми и позначајни резултати, општина Македонска Каменица орга-низираше дводневно наградно патување на релација Македонска Каменица-Банско(Р.Буга-рија)-Македонска Каменица за сите ученици од општинското основно и средно училиште кои во текот на учебната 2012/2013 година освоиле награда на државен натпревар.

ОПШТИНАТА ГИ СТИПЕНДИРА НАЈДОБРИТЕСо цел да ги поттикнува најдобрите ученици, средношколци, студенти и спортисти,

општина Македонска Каменица продолжи со спроведување на проектот „Општината ги стипендира најдобрите“. Од општинскиот буџет се обезбедуваат средства за најдобрите три ученика, тројца средношколци и тројца студенти. На овој начин се засилува и свеста кај граѓаните на локално ниво за значењето на образованието.

КОНТРОЛА НА ПОПУЛАЦИЈАТА НА БЕЗДОМНИ КУЧИЊАОпштината Македонска Каменица, согласно со меѓународните стандарди, започна со

контрола на популацијата на бездомни кучиња. Заради заштита од болести што ги шират кучињата скитници, заради здравствена заштита, благосостојба и хуман третман на бездом-ните кучиња склучен е договор со Ветеринарната станица ДООЕЛ Дел-Вец од Делчево, која има обврска да воспостави функционален систем за контрола на бројот на бездомни ку-чиња. Во таа насока, вработените во оваа Ветеринарна станица на територијата на општи-ната Македонска Каменица работат на собирање на кучињата-скитници и нивно носење во стационарот во Делчево. На овој начин се врши заштита на локалното население од напади од кучиња-скитници, хуман третман на кучињата и создавање можност за нивно вдомување.

ЦЕЛОДНЕВНА НАСТАВА ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕЗаради пројавената потреба кај родителите и кај децата, општина Македонска Каменица

овозможи просторни и кадровски услови за реализација на целодневна настава во ООУ „Св.Кирил и Методиј“

Page 13: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА24 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 25

КУРСЕВИ ЗА ЕДУКАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ОД ОБЛАСТА НА СООБРАЌАЈОТ И

ПРОТИВПОЖАРНАТА ЗАШТИТА

КАМПАЊА „ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ“

Со соодветни образовни предавања се реализираше кампањата „Да ги заштитиме деца-та во сообраќајот“ во основните училишта и детските градинки. Со фактот дека пешаците, а особено помладите и понатаму се една од најранливите категории на учесници во со-обраќајот, во оваа кампања се вклучени деца од одделенска настава, како и повозрасните групи на деца од детските градинки. Главна цел на кампањата е спроведување на стратегија-та „0 деца жртви во сообраќајот“.

Во периодот од 11-ти до 13 Септември 2013 година од страна на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во соработка со ООУ „СВ.Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ „Бамби“, беше реализиран првиот дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во со-обраќајот“. Непосреден ангажман имаше и локалната самоуправа, особено во делот на со-обраќајното уредување на пешачките премини пред училиштата и детската градинка.

ТППЕ АКТИВНА НА ВОСПИТНО - ОБРАЗОВЕН ПЛАНВо изминатиот период, активноста и делоругот на

дејствување на Територијалната Противпожарна Еди-ница (ТППЕ) од Макдонска Каменица беше согласно Годишната програма за работа за 2013 година. ТППЕ реализираше активности и задачи од оперативен, ор-ганизационен, технички, образовно-воспитен и пропа-ганден карактер. Во рамки на Единицата, редовно се одржуваат вежбовни активности за провилна и кон-структивна употреба на опремата за противпожарна заштита.

Во соработка со ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ беа организирани предавања пред учениците. Теми на предавањата беа Заштита од шумски пожари и Заштита од пожари во урбано сре-дини. Главниот мотив за предавањата е надградба на знаењето на учениците за превентивна заштита, рано откривање, спречување, јавување и гаснење на пожа-рите.

ПОДДРШКА НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИОпштина Македонска Каменица продолжи со активната поддршка и соработка со локал-

ното Здружение на пензионери. Заеднички се реализираат многу активности, како што се доделување на пакети за старите и изнемоштени лица, заедничка организација или поддрш-ка на многу културни манифестации и активно вклучување на пензионерите во процесот на донесување одлуки на локално ниво. Воспоставена е и пракса на континуирани средби и работни состаноци помеѓу Градоначалникот и членовите на Здружението на пензионери на кои се разговара за тековни и идни проекти, а кои се во насока на подобрувањето на живо-тот на оваа категорија на граѓани.

ПОДДРШКА НА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ВО ДЕЛОТ НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Со цел подигнување на еколошката свест кај жителите на општината, како и заради кон-тинуирано набљудување на потенцијалните загадувачи, општина Македонска Каменица го поддржува невладиниот сектор кој делува во доменот на заштита на животната средина. Со одлуки на Советот на општината еколошките невладини организации добиваат значителна финансиска поддршка, а во реализацијата на нивните проекти на располагање ги имаат сите расположливи ресурси кои се во надлежност на општина Македонска Каменица.

Page 14: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА26 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 27

ПОДДРШКА НА ХУМАНИТАРНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ

Советот на општина Македонска Каменица, а на предлог на градоначалникот Дарко Ми-тевски, донесе одлука за финансиска поддршка на хуманитарните организации и здруже-нијата на граѓани кои работат пред се, со ранливите категории на граѓани. Таквата соработка е најмногу изразена со ХОГ „Бели Гулаби“ и ЦПЛИП „Порака“ Македонска Каменица. Општи-на Македонска Каменица и овие организации во изминатиов период реализираа низа заед-нички активности кои се во насока на подобрувањето на животот на ранливите категории на граѓани и надминувањето на бариерите со кои тие се соочуваат во секојдневието.

» По повод 3-ти Декември-Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, општи-на Македонска Каменица и градоначалникот, д-р Дарко Митевски организираа прием и кок-тел за овие лица од подрачјето на Македонска Каменица, на кој им беа доделени скромни подароци.

» По повод Новогодишните и Божиќните празници во просториите на општина Ма-кедонска Каменица, беше организиран Новогодишен коктел за лицата со посебни потреби. Овие лица добија и новогодишни пакетчиња кои беа подготвени од општина Македонска Каменица, Рудник „Саса“ и „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани.

СОЦИЈАЛНИ ПРОГРАМИ

ПРАВИЛНИК ЗА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА

Општина Македонска Каменица е една од првите општини во Република Македонија која започна со доделување на еднократна парична помош за секое новороденче. Реализација на овој проект продолжи и во 2013 година. Според Правилникот за еднократна парична помош за секое новородено дете во општината Македонска Каменица се доделуваат едно-кратни парични средства, со тоа што, овој износ што досега изнесуваше 3000 денари, сега е зголемен на 6000 денари, а за првото родено дете во календарската година паричниот износ од 6000 денари е зголемен на 10 000 денари.

ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ ЛИЦА

Општина Македонска Каменица продолжи со спроведување и на Правилникот за доде-лување на еднократна парична помош, според кој се води грижа за лицата што припаѓаат на социјално загрозени категории на граѓани, а со Правилникот е утврдена и еднократна па-рична помош и за лица што имаат нарушена здравствена состојба и потреба од финансиска помош за лекување и болнички третмани. Овој Правилник ги опфаќа и лицата со ниски при-мања, како и лицата кои претрпеле штета во елементарни непогоди.

СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ

Општина Македонска Каменица во соработка со Рудник „Саса“ Македонска Каменица спроведе акција за делење на пакети за социјално загрозените категории на граѓани. Вакви пакети, Општината доделува традиционално, веќе неколку години по ред, по повод Ново-годишните и Божиќните празници. Градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски најави дека општина Македонска Каменица преку своите социјални про-грами и во иднина ќе ги помага сите ранливи категории на граѓани.

Page 15: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА28 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 29

ПОДДРШКА НА КУД „ВЕРА ЈОЦИЌ“Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ е друштво на вљубеници во народните

песни и ора од регионот на Македонска Каменица. Ннегува игри, песни, ора и обичаи од богатата фолклорна културна ризница на Македонија, претежно со мотиви од нашето под-небје. Најпознати од нив се: „Источно“, „Повардарие“, „Пирин“, „Водарки“, „Осоговка“ и многу староградски македонски песни и обичаи.

Општина Македонска Каменица, со одлука на општинскиот Совет, финасиски го под-држува и помага функционирањето на КУД „Вера Јоциќ“. Ваквата поддршка е во насока на актуелизирање, негување, зачувување и промоција на фолклорот, обичаите, традицијата и културните вредности на Македонска Каменица, во земјата и во странство.

ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА. НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ НА ГРАДОТ

Општина Македонска Каменица и Културно-информативен Центар „Романса“ организираа дочек на Нова Година за граѓаните од Македон-ска Каменица. За добра атмосфера, со македонска музика, се погрижи „Цобе бенд“ од Делчево, а за сите присутни беше обезбедена греана домашна ракија и топол чај. Пред насобраните граѓани се обрати гра-доначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, кој им ја честиташе Новата Година и им посака многу здравје, среќа, успеси и благосостојба. Доаѓањето на Новата 2014 Година беше одбе-лежано со спектакуларен огномет. Целиот настан беше поддржан од Рудник „Саса“ Македонска Каменица.

Новогодишната магија и празнич-ниот дух беше надополнет со ново-годишно украсување на централното градско подрачје. Општина Македон-ска Каменица, последните неколку години, од сопствениот буџет издвоју-ва средства за новогодишно осветлу-вање, кое континуирано се надопол-нува.

ПРОМОЦИЈА НА СПОРТСКИ РИБОЛОВ И КОНТИНУИРАНО ПОРИБУВАЊЕ НА ЕЗЕРО КАЛИМАНЦИ

Општина Македонска Каменица презема мерки за зачувување на рибниот фонд во вештачкото езеро Калиманци, како и за промоција на спортскиот риболов. За таа цел, Сове-тот на општината изгласа одлука за финансиска поддршка на локалното риболовно друштво со што се овозможува негово функционирање, континуирано порибување на езерото и зго-лемување на рибниот фонд, како и ангажман на ангенција која се грижи за спречување на рибокрадците.

Page 16: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА30 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 31

ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТООд 10-ти Јануари 2014 година, Канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развојот

на земјоделието во Македонска Каменица ќе функционира со полно работно време. Основ-на мисија на оваа Агенција е давање на висококвалитетна советодавна услуга на терен на индивидуалните земјоделски стопанства, со цел подобрување на квалитетот и квантитетот на земјоделското производство во рурални и пазарно ориентирани средини. Оваа Канцела-рија на АПРЗ ќе биде од особена корист за земјоделците од нашата Општина и нејзина при-марна функција е советодавни услуги при примената на најсовремените научни и технички сознанија насочени кон современо земјоделско производство.

ИЗРАБОТКА НА ОПШТИНСКИ ВЕБ-АПЛИКАЦИИОпштина Македонска Каменица за-

почна со изработка на веб-апликации за потребите на локалната самоуправа во доменот на нејзините надлежности. Веќе е изработена апликацијата е-Општина Ма-кедонска Каменица-Пријави проблем со која на граѓаните им се овозможува олес-нет и поефикасен начин за реализација на нивните административни барања. Во фаза на изработка се веб-апликации за ту-ристичка и бизнис промоција на општина Македонска Каменица.

НОВИ ЛОКАЛНИ ПАТИШТА ВО СЕЛО ДУЛИЦАОпштина Македонска Каменица започна со изградба пристапни локални патишта во

село Дулица. Согласно спроведената јавна набавка, склучен е договор со фирмата „Урбан Инвест“ ДОО Кавадарци за пробивање и асфалтирање на патишта до маалите: Чуковска, Це-бовска,Гагалевци и Кадии. Вкупната должина на овие патишта е околу 1600 м. Реализацијата на овој проект е во насока на подобрување на квалитетот на живеење на жителите во рурал-ните средини и е финансиран од буџетот на општина Македонска Каменица.

НОВИ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИНа иницијатива на граѓаните, општина Македонска Каменица постави нова пешачка пате-

ка помеѓу Детската Градинка „Бамби“ и Градскиот стадион во Македонска Каменица. Општи-на Македонска Каменица ќе постави уште неколку вакви пешачки патеки, со цел целосно инфраструктурно уредување на централното градско подрачје.

Page 17: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА32 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 33

ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ПАТЕН ПРАВЕЦ P1210

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) планира да реализира Проект за из-градба на патен правец P1210 (стара ознака Р-208), делница од рудник Саса, Македонска Каменица до рудник Тораница, Крива Паланка, во вкупна должина од околу 19,8 км. Финан-сирањето на овој проект ќе се оствари со средства од Светска Банка, која за реализација на проектот постави определени барања во доменот на заштитата на животната средина и социјалните аспекти.

За таа цел, денес, во просториите на општина Македонска Каменица се одржа јавна консултација за влијанието и потребата од изградбата на оваа делница. На Консултацијата покрај градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски присуству-ваше и градоначалникот на општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски. Консулта-цијата ја одржаа Јоже Јовановски, Раководител на Одделение за заштита на животна сре-дина и Сашка Богданова Ајцева, Советник за животна средина при Јавното претпријатие за државни патиштa.

„ДЕН НА ДРВОТО 2013“И годинава беше организирана и успешно спроведена есенската акција „Ден на дрвото“.

Општината Македонска Каменица во соработка со основното и средното училиште, Јавното претпријатие „Камена Река“ и останатите институции во градот, изврши пошумување на по-веќе локации. Во оваа благородна акција учество зедоа и членови на Здружението на пен-зионери од Македонска Каменица. Како дел од годинашната акција „Ден на дрвото“ беше и засадувањето на украсни дрвца во централното градско подрачје.

ИЗЛОЖБА НА КАРИКАТУРИКултурно-информативен Центар „Романса“ со поддршка на општина Македонска Каме-

ница, во фоајето на Градската кино сала во Македонска Каменица ја постави Меѓународната изложба на карикатури „Внимавај слива“. Изложбата беше дел од манифестацијата „Пијанеч-ки денови на сливата“ организирана од општина Делчево, со учество на над 60 карикату-ристи од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Турција, Узбекистан, Чешка, Украина, Полска, Кина, Индонезија, Бразил, Иран и од Република Македонија. На от-варањето на Изложбата во Македонска Каменица беше присутен и г-дин Миле Ѓоргиоски, еден од главните иницијатори и организатори на Изложбата.

Page 18: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ПРВИТЕ 365 ДЕНА ОД МАНДАТОТ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА34 ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА 35

ИДНИ ПРОЕКТИЛокален економски развој

Изработка на нова Стратегија за локален економски развој

Организирање денови на дијаспората

Образование и наука

Организирање бесплатни курсеви по информатика, англиски и германски јазик

Реконструкција на покривната конструкција на ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Спорт и млади

Изградба на нови спортски мини-игралишта

Кампања стоп за пороците

Проект „Спортско лето - спорт за сите“

Информатички развој

Бесплатни обуки за информатички технологии за сите категории граѓани

Продолжување и подобрување на проектот за безжичен интернет на целата тери-торија на општината

Урбанизам и животна средина

Изградба на типски мостови

Систем за набљудување на река Каменичка

Продолжување и унапредување на проектот за селективно собирање на комунал-ниот смет

Хортикултурно уредување на кеј на река Каменичка

Комунални работи и инфраструктура

Изградба на канализациона мрежа во село Моштица

Изградба на систем за централно наводнување на зелените површини

Асфалтирање на улици и патишта

Инфраструктурно уредување на централното градско подрачје и руралните средини

Земјоделство и рурален развој

Донесување програма за локален рурален развој

Подготовка на планска документација за изградба на фарми за ситен и крупен добиток

Туризам

Изработка на промотивен материјал за најатрактивните историски локалитети во општина Македонска Каменица

Туристичка промоција на општина Македонска Каменица

Социјална заштита и социјална превенција

Отворање центар за дневен престој на лица со посебни потреби

Отворање на Клуб за стари лица во село Саса

Здравствена заштита

Набавка на нова опрема и апаратура во Здравствена станица „Македонска Каменица“

Култура

Изградба на современ Дом на култура

Page 19: Отчет за реализираните дела на градоначалникот д-р Дарко Митевски од Март 2013 до Март 2014

www.makedonskakamenica.gov.mk