Да ја запознаеме Европа

54
DA JA ZAPOZNAEME EU 1

Upload: ucime-zaeu

Post on 11-Mar-2016

274 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Водич низ Европа за најмлади

TRANSCRIPT

Page 1: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 1

Page 2: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU2

Наслов на публикацијатаДа ја запознаеме Европа

ИздавачСекретаријат за европски прашања

Адаптација за печатПринт тим - Скопје

ISBN978-9989-182-26-6

Тираж1200

www.sep.gov.mkwww.ucimezaeu.mk

Page 3: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 3

А јде сите заедно, вие и вашите другарчиња,

да ја запознаеме Европа и Ев ропската унија.Оваа кни га преку игра и илус трации, сло жувалки, квизови и за гатки ќе ни помогне во тоа. Изнајдете ги решенијата и прочитај-те ги текстовите поврзани со земјите член-ки и кандидатки за членство во Европската уни ја. Ќе научите многу нешта за овие зем ји кои живеат во еден заеднички дом и функ-ционираат како едно семејство. Нека биде ова ваша домашна задача - про - читајте! Седнете со другарчињата и нат пре-варувајте се! Само така ќе им покажете на родителите и наставниците дека сакате да ги откриете убавините на големото европско семејство. Да започнеме со патувањето низ кое ќе не во ди едно мало, симпатично и на-шетано штркче.

Д-р Васко Наумовски

Заменик на Претседателот на Владатазадолжен за европски прашања

Page 4: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU4

Page 5: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 3

В О В Е Д

Дојдете со мене драги пријателчиња!

Јас сум штркче. Знаете каков е мојот живот. Како што се ме-ну ваат годишните времиња така и јас морам да го менувам местото на моето живеење. Па така посетив многу убави места во многу држави. Прекрасно си поминувам на моите патувања и уживам во убавините на овој свет. Сите овие убавини сакам да ги споделам со вас. Ајде да ве однесам на континентот на-ре чен Евро па. Пред многу години, во потрага по подобар жи-вот Герман ци те, Италијанците, Французите, Белгијците, Хо-лан ѓаните и жителите на Луксембург решиле да создадат еден заеднички пазар, заед но да живеат, да си помагаат. Така ја соз-дале Европската заедница за јаглен и челик. Неколку години по-доцна, државите кои се наоѓаат на европскиот континент гле-дај ќи колку е убаво да се биде дел од целината се приклучиле кон големото семејство. Денес ова семејство во кое владее мирот и демократијата се вика Европска унија, има 27 членови, а уште три држави секој момент чекаат да му се придружат.

Ние заедно ќе ги посетиме сите земји на ова семејство, ќе дознае-те нешто повеќе за нивната култура, знаменитости, традиција, работи кои можеби досега не сте ги знаеле...

Да го почнеме нашето патување....

Page 6: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU4

BRISEL

BRI@

Page 7: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 5

Белгија

Прво ќе ве однесам во земјата на чоколадите,

Белгија... Гла вен град е Брисел, кој, пак, е крстопат на Европа, прет ставува свет во мало, раскрсница на јазици и кул тури. Токму Брисел е центарот на сите важни ин-ституции во Европската унија. Овде вниманието ќе ви го одвлече една огромна градба, која претставува спој на атоми и се нарекува Атомиум и е познат симбол на градот.

Продолжуваме со прошетка низ Бриж. Додека ше-тате низ улиците на Бриж, најубавиот и најшарен град во Европа, ќе имате чувство дека газите на гоблен извезен од вештите раце на Белгијките, кои се познати по разните везо ви, тантели, плетеници.

BRISEL

BRI@

Page 8: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU6

БРИЖ БРИСЕЛ ЛУВЕН АНТВЕРПEН

Zaokru`i go gradot koj e glaven centar na Evrop ska ta unija, NATO i drugite evropskki institucii

Page 9: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 7

Ако за светот тоа се Кинезите, за Европа најброен народ се Гер -манците. Германија е позната по железото, челикот, ма ши-

неријата и автомобилската индустрија. Главен град е Бер лин, а негов симбол е Бранденбуршката капија на која се наоѓа божи-цата на победата.

Од овде потекнува и текс - т от за химната на Ев роп ска - та унија, во кој низ стихо ви те на герман скиот поет Шилер се опеваат братството и един-ството на човештвото. Дело то станало познато по својата му зичка вари јанта „Ода на ра доста“, иском понирана од Бе товен, како краен став на не говата Деветта симфо нија.

Германија

Page 10: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU8

Посебно воодушевува зградата на Рајхстагот, седиштето на гер-манскиот парламент. Во Берлин се наоѓа и Островот на музеи-

те, на кој се наоѓаат неколку музеи со непроценливи колекции на умет нички и археолошки вредности.

0 , _ , 4 , 6 , 8 , 1 0 , 1 2 , _

5 , _ , 9 , _ , 1 3 , 1 5 , _ , 1 9 , _

Odredi koi broevi nedostasuvaat vo nizite. Broe vite koi }e gi pronajde{ go ozna~uvaat redniot broj na bukvite vo na{ata azbuka. Od pronajdenite bukvi sostavi ime na eden grad vo Germanija

Page 11: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 9

Нашево патување го продолжуваме во Италија, а тука задолжително ќе пло -

ви ме со гондола низ романтичниот и та ин-ствен град Венеција, град на море ис пре-сечен со бројни канали. Венеција е град во кој се наоѓа плоштадот Свети Мар ко на кој има стотици гулаби. Таму не каде низ ка налите на градот е и Мостот на воздиш-ките, кој е поврзан со зандана низ која ус-пеал да побегне најголемиот за вод ник на светот, Казанова.

Италија

Page 12: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU10

Главниот град на Италија е Рим. Во Рим се наоѓа Колосеумот, кој се смета за едно од седумте светски чуда и каде се и з ве-

дувале многубројни гладијаторски игри.Италијанците својата долга историја успеале да ја направат при-влечна и незаборавна за сите нас. Италија се смета за центар на модата.

Povrzi gi to~kite za da ja dobie{ kartata

na Italija

Page 13: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 11

Сега ќе ја посетиме државата Луксембург. Сместена во За пад-на Европа е најмалата земја членка на Европската унија, но и

земја со највисок животен стан дард во Европа. Главен град е ис - то имениот Луксембург, град со богата култура. Централ ен плош-тад е Плас д’армс, кој е омилено шеталиште и во чија близина се наоѓа на ционален музеј на историја и уметност. Во Луксем-бург се зборуваат три официјални јази ци: луксембургшки, фран-цуски и гер мански.

Луксембург

Dopi{i gi bukvite koi nedostasuvaat i }e gi

dobie{ jazicite na koi se zboruva vo Luksemburg

_ _ K _ E _ B _ _ G [ _ I

_ _ R _ A N _ K _ F _ _ N _ U _ _ I

Page 14: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU12

Франција

Овде вниманието ќе ви го привлече светлина

која ќе ви го стопли срцето. Вие сте во Париз, во глав-ниот град на Франција, нај романтичниот град на све тот. Уште повеличест-вен и побожествен е ако го гле дате од Ајфеловата кула, која претставува ед-но од модерните светски чуда и е главна атракција за по сетителите.

Во оваа земја, најголема по територија во Европ ската унија, ќе ужи ваме во звукот на шан соните, кроасаните и вкусно то сирење.

Page 15: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 13

Тука се наоѓа и градот Стразбур, каде што е и зградата на Европ-скиот суд кој цврсто ги штити чо вековите права.

Oboi ja FRANCIJAna kartata

Page 16: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU14

Ајде да возиме велосипеди во земјата на лалињата, во Хо-

ландија. Холандија е позната и како земја на ветерниците и е ед на од полибералните земји во

Европа. Таа е епицентар на ша- ре ноликост и различни случува-ња. Во Холандија се наоѓа и Хаг, светскиот град на правдата.

Холандија

Page 17: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 15

Главен град е Амстердам, кој се на рекува уште и Венеција на

За падна Европа поради многуте ка нали кои го делат градот на 90 ос трови. Околу каналите се из ви-шуваат преубави куќи и палати.

Забележувате - во Холандија на про зорците нема завеси! Овде за - должително мораме да го по се-тиме музејот на Ван Гог.

Povrzi gi to~kite i }e do bie{ edna od zname - ni tos tite po koja e pre-poz natliva HOLANDIJA

Page 18: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU16

Данска

Одморете ги очите, уживај те во зелената боја и во чис то-

тата на Копенхаген, глав ниот град на Данска. Данска е една од најеколошките земји во Европа. Таа е земја на Викинзите, храб ри воини и освојувачи, Ако сакате да видите каков бил тој викин - шки период, тогаш појдете со ме не во Националниот музеј во

кој експо натите зборуваат за бо-гатството кое им припа ѓа ло на Викинзите, добро чу ва но во за-мокот Росенберг слот.

Page 19: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 17

Во Данска можете да се ре-лак сирате и да уживате во

прекрасните пејзажи и чудес-ните приказни на Ханс Христи-јан Ан дерсен.

OSUMNASO^NIK:DANSKAKOPENHAGENROSENBERG

Page 20: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU18

Повелете влезете во земјата на борбените Келти - Ирска. Веру -вајте, никогаш нема да видите толку многу зеленило на ед-

но место, кое успева да проникне дури и низ карпите. Ирска е вечната инспирација на природата, таа тука ги слика своите нај-убави пејсажи. Ирска е најзападната земја во Европската унија. Даблин, главниот град на Ирска, е еден од водечките градови ко га станува збор за градење на културата во овој дел од Европа. По приклучувањето во Европската унија, Ирска за кратко време се трансформираше од пре-тежно земјоделско во модерно, напредно тех нолошко општество.

Ирска

DA SE zAOKRU@I:Koj od ponudenite instrumenti go ima na grbot na IRSKA?

Page 21: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 19

Ајде да се одмориме на чај кај кралицата Елизабета Вто ра.

Време е да го посетиме Обе ди - не тото кралство на Велика Бри-танија и Северна Ирска!

Не заборавајте ги вашите чадори затоа што Лондон, главниот град на оваа земја, е еден од највр- неж ливите градови во свето т. Се га ќе се качиме во црвени те двокатни автобуси и ќе го проше- таме целиот град, секоја улич-ка, куќите на благородничките семејства, текот на реката Тем за.

ВеликаБританија

Page 22: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU20

Кога ќе заѕвони часовникот Биг Бен ќе влеземе во домот на Шек с пир, да ја научиме нај-важ ната лекција во животот и да ја чуеме приказната за веч-ната љу бов, приказната за Ро-мео и Ју лија.

DA SE OBOI:Znameto na VelikaBritanija so soodvet-nite boi

Page 23: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 21

Слушнете го прекрасниот звук на бузукито, традиционален

грч ки народен инструмент. Во Гр ција сме, уживајте во глетка та на величествените археолош ки

наоѓа лиш та кои све до - чат за во з ви - шува ња та и падовите на разните ци-

ви ли зации. Главен град е Атина, град кој името го добил по грчката божи ца на мудроста. Во Атина се спојуваат античката историја и мо дерниот ритам на животот. Осо бено интересен е Храмот на Зевс, најголемиот од сите богови, кој е граден во 700 година. Меѓудруго то Атина е позната и по тоа што тука за првпат се одржале Олимписките игри.

Грција

Page 24: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU22

N B A M I U C D O T R A S @ A O

Vpi{i ja bukvatavo soodvetniot kvad-rat za da dobie{ koja bo`ica e Atina

Page 25: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 23

Ќе одиме на едно убаво прис- та ниште, прекрасно крај-

бреж је кое го добило своето име токму по својата убавина, Пор-тугалија, грчко-латинско име на земјата. Португалија е една од најтоплите земји во Европа. Ќе го посетиме Лисабон, главниот град на оваa убавa земја, но вни - мавајте да не се загубиме низ овој лавиринт од улици кои по-текнуваат од сред ниот век. Да отидеме и на брегот на ре ката Тахо. Таму каде што се нао ѓа Океa нриумот, спектакуларна град ба посветена на океаните и океанскиот еко-систем, дом на ил јадници животни и растенија, сместени во четири кули кои ја претставуваат флората и фау-ната на четирите океани.

Португалија

Pomognete i naripkata da stignedo Okeanriumot

Page 26: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU24

Мислевте дека ќе ја одминеме земјата на коридата и пре-

к расната игра фламенко? Сигур-но погодувате дека станува збор за Шпанија. Секако дека ќе одиме во Мадрид, главниот грaд на Шпанија, а от-тука ќе се упатиме во Барселона, каде што никако не смееме да про пуштиме една од атракциите на Шпанија, симбол на градот Бар селона, катедралата на ар-хитектот Антони Гауди „Саграда фамилија“ или „Црква на Света-та фамилија“. Шпанија е омиле-на дес тинација за архитектите и умет ниците. Шпанија е и земја на храбрите шпански мореплов-ци, кои во ми натото ја откриле

Аме рика и ус пеале да развијат пријателство со другите култури во светот.

Шпанија

Page 27: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 25

Д Р С Ф М А Л Г А А J А И А И

Od izme{anite bukvi najdi go imeto na katedralata na GAUDI

Page 28: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU26

Ќе заиграме во ритамот на Штраусовиот валцер, во

ри тамот на те чењето на синиот Дунав, а кога ќе се измориме од танцувањето ќе се насладиме со виенска шницла, перек и чо к-о ладна торта. А каде сме ако не во Виена, распослана на двата брега на реката Дунав, пре-столнината на Австрија. Изо би-лува со нас ледство од музички гении на класичната музика ка-ко што се Лудвиг ван Бетовен, Волфганг Амадеус Моцарт, Јо-хан Штраус, Франц Шуберт, кои во минатото ги полнеле бал ски-те дво рци.Градот изобилува со музеи, га- ле рии и грижливо чувана ар-хи тектура пред кои застанува здивот. Тука се наоѓа една од петте најголеми и најзначајни

колекции на монети, кои дати-раат од раз лични периоди од из -минатите три милениуми.

DA JA ZAPOZNAEME EU

DA JA ZAPOZNAEME EU

Австрија

Page 29: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 27

KOJ od ponudenite KOMPOZITORI go komponiral poznatiot VIENSKI VALCER

MOCART{UBERT{TRAUS

DA JA ZAPOZNAEME EU

DA JA ZAPOZNAEME EU

Page 30: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU28

ФинскаЕ ј, ене зајак, видра, елен, жи-

рафа.... но не, не плашете се, не шетаат овие животни по улиците туку квартовите долж главните улици на Хелсинки, глав ниот град на Финска, се на-речени вака, со имиња на жи-вот ни. Интересно нели?Уште нешто ја прави Финска ин тересна и различна од дру-гите земји, а тоа се мно гу-бројните езера. Финска е поз-

ната и како земја со по ве ќе од 50 000 езера. Најго ле мо при - род но богат ст во се шумите, затоа главно мес то во индуст-ри јата зазе ма пре ра ботката на дрва, произ вод ството на хар ти-ја, мебел и це лулоза.

PRONAJDI:Pronajdi ja bukvata spored dadeniot broj na redosle-dot vo azbukata i }e go dobie{ imeto na glavniot grad na Finska

27. 7. 14. 22. 11. 17. 13. 11.

Page 31: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 29

Сигурно сите го гледавте дет-скиот филм Пипи Дол гиот

Чорап, сега се наоѓаме ток му во земјата каде што е из мислен овој лик, Шведска. Шведска е др жава во Северна Европа на Скандинавскиот По - лу остров. Секако ќе го посети -ме Сток холм, главниот град на Швед ска, кој посебно прекрасен го прават 14-те острови на кои е распослан. Тука задолжително треба да одиме и во музејот кој е посветен на добитниците на Нобелова на града за мир. Доде-ка уживаме во прошетките низ Шведска ќе ја имаме ретката можност да се запознаеме и со

шведските обичаи и традиција претставени во музејот Скансен, музеј на отворено. И мис левте дека тука ќе застанеме? Не, не застануваме тука. Шведска има безброј музеи па, секако, не смееме да го одминеме и му зе-јот Васмусет во кој ќе ја видиме колекцијата на археолош ки екс-по нати од дното на морето.

Шведска

DOPOLNI:Vo [vedska e izmislen likot ___________________.Stokholm se protega na ________ ostrovi.Muzejot na otvoreno se narekuva _________________.

Page 32: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU30

Кипар

Сега подгответе се за сонце, вода, плажа... Одиме во oс -

тровската држава Кипар. Се наоѓа во Средоземното море и е трет остров по големина во Медитеранот. Островот е по-де лен на грчки и турски дел, а главен град е Никозија. Во ан-тичкото време бил познат по големиот број наоѓалишта на бакар кои се наоѓале на негова-та територија. Кипар е најтоплиот остров на Медитеранот. Од 365 денови во годината 340 се сончеви. Сето тоа придонесува за развој на туризмот и огромна посете-ност, особено за време на лет-ниот пе риод.

Povrzi ja soodvetnata zemja so nejzinoto zname

Page 33: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 31

Естонија

Dopi{i gi ispu{tenite bukvi i }e gi dobie{ trite oblasti od koi e sostaven glavniot grad na Estonija

T _ _ P _ A S _ _ R _ T O E _ E _ O

E S _ O N _ K A P _ L U M E _ E ^ _ N A

Естонија е балтичка земја. Таа е богата со шуми и езера и се протега на група од острови. Естонците успеале секој дел од

природата да го разубават и да го искористат за развој на својата култура. Главниот град на оваа земја, Талин, е составен од три дела: Томпеа, Старото езеро и Ес тонската полумесечина, се-кој различен, а сепак дел од це лината. Во Талин, секако, мо раме да ја посетиме Естон-ската национална опера и Бо - таничката градина во која мо-жат да се видат сите ви дови бил ки, грмушки и дрвја кои се распространети на целата те-риторија на државата.

Page 34: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU32

Унгарија

А јде да крстосуваме по Ду -нав, меѓу Будим и Пешта,

два града кои денес се спојуваат во еден со многубројни мосто - ви кои ја создаваат “Убавицата на Дунав“, градот Будимпешта, гла вен град на Унгарија. Реката Ду нав ја дели целата земја на два дела. Унгарија е земја која претставува спој на архитекту - ра на различни народи и култу-ри, кои низ вековите поминува -

ле и оставале автентичен печат. Можат да се најдат турски џа-мии, римски урнатини, ба рок ни палати. Токму поради тоа што претставувала дом на различни народи и културата на Унгарија е богата со различни елементи и стилови со богата фолклорна традиција изразена преку архи-тектурата, начинот на живот, поезијата, литературата и сли-карството.

Page 35: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 33

Napi{i gi gradovite spo-red mestoto na kartata kade {to se nao|aat

Budimpe{ta / Eger / Kaposvar

Page 36: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU34

Сега ве носам во земјата со замоци од бајките, земјата

која е богата со шуми, рибници, средновековни градови...Земјата која е позната по сва-ровски кристалите, но и по про -из водството на пиво.Тоа е можно само во Чешка, чиј главен град е Прага, град кој е распослан на реката Волтава и е наречен Златна Пра га по-ради позлатените вр вови на градските порти.

Овде се наоѓа и замокот Прага, кој е најголем антички замок во светот, а честа да живее во него денеска ја има токму прет-се дателот на Чешка.

Чешка

Page 37: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 35

Pomogni i na princezata da dojde do zamokot

Page 38: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU36

Латвија

Низ планините во Северо - за падна Европа, да за иг -

раме со нашите нови прија те ли на еден посебен вид мелодии. Тра дицио нал ниот латвис ки фол к лор, посебно на родните пес ни се ка ракте ри с тика за Латвија, при сут ни во оваа зем - ја пре ку 1.000 години. Засeга иденти фи к у ва ни се преку 1,2 ми лиони текстови и 30.000 мелодии на на родни песни. Латвијците се на вис тина мно- гу весел на род!

Нивниот гла вен град Ри га, спо ред една легенда, се сме та дека е првиот град во светот каде за првпат се украсила елка за Божиќ. Се смета дека токму од Латвија почнала тра дицијата на закитување на елките за овој голем праз-ник.

Page 39: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 37

Povrzi gi to~kite i }e go dobie{ bo`iknoto drvo.

Page 40: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU38

Литванија

Надлетувајќи ја Европа, во нејзиниот северои-

сточен дел, ја здогледува - ме Литва нија, најголемата од бал тич ките земји.Тука ќе се шетаме низ мно - гуте паркови и зелени по-вршини со кои изобилува главниот град на Лит ва-нија, Вилнус, а над гра-дот ќе го видиме и еден од нај познатите вер ски спо меници во све тот, на речен Три крста.Оваа земја, која еста ра повеќе од 1000 години, во минато то била една од нај бо-га тите и најмоќни зем ји во Европа.

Od dadenite bukvi, sostavi go imetona glavniot grad na LITVANIJA

И В У Л С Н

Page 41: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 39

З а добро помнење наутро се каснува по една лажичка

мед. Токму затоа да слетаме во земјата на медот, малиот ост - ров Малта. Таму е царството на раз личните видови пчели, кои го даваат највкусниот производ во светот. Малта е една од нај-ма лите држави во Европа. Изо-

билува со бројни природни бо-гатства кои едноставно мо раат да се видат. Малта гео физички е дел на Северна Африка, но, сепак, геополитички се наоѓа во Јужна Европа. Во Малта се збо рува малтешки јазик, кој е един ствениот сематски јазик од гру пата афро-азиски јазици.

Малта

Spored dadenite znamiwa napi{i gi kratenkitena dr`avite

Page 42: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU40

Полска

А јде заедно да заигра- ме полка, еден од

тра ди цио налните танци на Пол ска, која е надалеку поз-ната по својот фолклор. Во оваа земја во Централна Ев-ропа останале недопрени од времето традицијата, оби-чаите, автентичните носии, прекрасната архитектура. На секаде можете да ги за-бе лежите многубројните за-мо ци, цркви, палати.

Page 43: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 41

Оваа земја со богата култура е дом на многу значајни историски личности ка ко:

Папата Јован Павле II, Марија Кири, Ни ко - ла Коперник и Фредерик Шопен. Да се шета низ Варшава, престолнината на Полска, е вистинско задоволство за очи те затоа што изобилува со разноли ки пеј за-жи и природни убавини.

POVRZI - na kogo {to mu pripa|a

ПОЛСКА БЕЛГИЈА ХОЛАНДИЈА

Page 44: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU42

Погледнете ја оваа планин-ска земја - Словачка. Неј-

зините планини се богати со шу ми, па сишта и руди, а од ру дите нај застапени се злато, сребро, ба кар, железо. Да ја по сетиме Братислава, главни-от град на Сло вачка, град кој е важно прис таниште на Дунав. Видете ги замоците, посебно вни мание oбр нете на замокот

Братислава, кој од ка-мен е изграден над ре-ката Дунав уште во 10 век. Не заборавајте да си понесете со себе дел од тра диционалните сло вачки су венири: кукли облече ни во фолклорна носија, пред мети од керамика и дрво или, пак, кристални чаши.

Словачка

Pronajdi ja bukvata spored dadeniot broj na redosledot vo azbukata i }e go dobie{ imeto na gradot vo Slova~ka

2. 21. 1. 23. 11. 22. 14. 1. 3. 1.

Page 45: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 43

Земете ја вашата скијачка оп-ре ма и да се спуштиме по пре -

красните скијачки терeни во Сло - ве нија. Заедно со најпознатите ски јачи да ја освоиме наградата на традиционалниот натпревар во ски јање, Златна лисица. Потоа мо жеме да се релаксираме во по з- натите словенечки бањи, кои Сло-венците ги нарекуваат топлици. Малата по површина Словенија со своите убавини не заостанува зад другите европски земји. Вис-тинско природно богатство се

езе рата Блед и Бохињ и надале-ку про чуената Постојнска јама. Не смееме да заминеме без да ја по сетиме Љубљана, главниот град на Словенија, да го почув-ствуваме спојот на традицијата и модерниот начин на живеење.

Словенија

OSUMNASO^NIK:QUBQANA; BLED;BOHIW

Page 46: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU44

Нашата главна дестинација во моментов е Софија, глав-

ни от град на Бугарија. Градот е еден од најстарите градови во Евро па и има долга традиција. Бугарија е земја во Југоисточна Ев ропа и излегува на Црното Мо ре. Не чекајте, нурнете се во длабочините на морето и запоз-најте ги различните и уникатни видови суштества кои живеат во неговите води.

Но, не ни помислувајте да не се вратите повторно и во зима. Ко-га ќе падне доволно снег, посе -тете ги скијачките центри Бан-ско и Бо ровец. Бугарија, спо ред својата гео граф ска положба, се наоѓа на крстопат од речни, мо- р ски и копнени па тишта, па по ради тоа таа осо бено при до-несува за развојот на ме ѓу на-родниот товарен и патнич ки сообраќај.

Бугарија

Napi{i gi imiwata na

dr`avite ~ii {to glavni gra dovi se

navedeni

Page 47: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 45

Внимание, внимание, слетуваме во зем-јата на Дракула! Не плашете се, не ста-

нува збор за озлогласениот вампир од хорор филмовите, тоа е само ле ген да. Тука сме, во Романија, да го видиме познатиот замок - музеј на гро фот

Дракула. Романија има уникатна култура, a во Буку - решт, главниот град на оваа европска земја, но и нај го-лем град на Балканот, се наоѓа втората по голе мина ад-министративна згра да во светот (по Пентагон во САД) - зградата на Собранието на Романија. Романија е една од најголемите земји во Југоисточна Европа и се смета за латински ост ров во океанот Словени. Нејзиното име потекнува од името на градот Рим - Рома.

Романија

Pomogni muna detetoda otide vo zemjata naDrakula

Page 48: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU46

Го гледате ли оној расцеп, сина убавина, тоа е протокот Босфор кој

ги разделува двата континента Европа и Азија, а спојува две мориња....Токму на овие два континен-та е распослана Турција, која со многу мал дел се наоѓа на те-риторијата на Европа, но, сепак, е европска држава. Токму на Босфорот се наоѓа прекрасниот Истанбул. Тука ќе ја посетиме црквата Св.Софија, која го носи името на светицата на мудроста, и која е еден од најпосетуваните музеи во светот. Не смееме да го одминеме и главниот град на Турција - Анкара. Турција е една од земјите кои се кандидати за членство во голе-мо то европско семејство.

Турција

So crvena boja oboj kade {to e broj eden, a so sina broj dva.]e go dobie{ izgledot naBosforot

земја кандидат за членство во ЕУ

Page 49: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 47

Ве носам во прекрасната зем -ја на медитерански грат чи-

ња, недопрена приро да, на цио- нални паркови и многу ос тро-ви, земја со богата култура и традиција -Хрватска, која исто така е земја-кан дидат за членка на Европ ската унија. Сместена е на Бал канскиот Полуостров, на раскрсницата меѓу Средна Ев-ро па и Средоземјето. Хрватска го зазема нај го ле - миот дел на ис - точниот брегна Јад ран-ското Море.

Хрватска земја кандидат за членство во ЕУ

Page 50: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU48

Oboi ja HRVATSKA na kartata

Главен град е Загреб, град споме­ник на културата во кој се чувству­ва влијанието на средниот век и на барокниот период. Хрватска е гор да и на Дубровник, историски град на Јадранското Море и едно од нај познатите туристички мес­та на Бал канот.

Page 51: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 49

И еве нè повторно дома, во Македонија, земја - канди -

дат за членка на Европската уни ја, европска држава во цен трал ниот дел на Бал кан - ски от Полуостров Географ-ска та по ложба на Македонија е посебно значајна затоа што пре ку неј зината територи ја че- тирите др жави со кои гра ни - чи вршат меѓусебна тргов ска размена и дополнување на нив - ните еконо мии. Главен град на Репу б лика Македонија е Скопје.

Распослан е на брегови те на ре ка та Вар дар и изоби лува со уба вина измешана со елементи од старото и од модерното, а за неговото постоење од пред нашата ера све дочи твр дината Кале, која се издигнува над гра дот.

Македонијаземја кандидат за членство во ЕУ

Page 52: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU50

Vo praznite mesta na kartatavpi{i gi gradovite {to nedostasuvaat

Во Македонија главен турис-тички центар е Охрид, ев-

роп скиот Ерусалим во кој има сто тици цркви. Охрид лежи на бре гот на Охридското Езеро, кое е старо повеќе од четири ми -

лиони години. „Тоа е македон ско слат ководно море“, чија прек - расна си на убавина, гледана од брегот како да се спојува со не-бото.

Page 53: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU 51 Решенија за игрите:

Стр. 6 БриселСтр. 8 2,14, 7, 11, 17, 21- БерлинСтр. 11 Луксембургшки, Француски, ГерманскиСтр.15 Кога ќе се поврзат точките ќе се добие ветерницаСтр.18 ХарфаСтр.20 Стр.22 Божица на мудростаСтр.25 Саграда ФамилиjаСтр.27 ШтраусСтр.28 ХелсинкиСтр.29 Пипи Долгиот чорап; 14; СкансенСтр.30

Стр.31 Томпеа, Старото Езеро, Естонска полумесечинаСтр.33 Егер; Будимпешта; КапосварСтр.38 ВилнусСтр.39 PL; D; BG; TR; NLСтр.41 Полска- танцови; Белгија – чоколадо;

Холандија – лалињаСтр.42 2, 21 ,1, 23, 11,22, 14, 1, 3, 1- БратиславаСтр.44 Париз - Франција; Брисел - Белгија; Лондон - Велика Британија; Талин- ЕстонијаСтр.45 Детето треба да отиде во РоманијаСтр.50 Куманово, Скопје, Гостивар, Битола, Струмица

ИталијаФранција Грција Австрија ДанскаКипар

Page 54: Да ја запознаеме Европа

DA JA ZAPOZNAEME EU52