З А П И С Н И К

3

Click here to load reader

Upload: frosina-kostadinova

Post on 06-Dec-2015

23 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

strucen aktiv

TRANSCRIPT

Page 1: З А П И С Н И К

З А П И С Н И К

за прегледување на главните книги за учебната 2013/2014 година

На ден 03.07.2014 година, комисијата за прегледување на главните книги, составена од директорот на ОУ „Гоце Делчев“ - Конче, во состав:

Катерина Василева – оддленски наставник

Благој Поцков – наставник по природни науки и

Фросина Костадинова – наставник по англиски јазик

Се состана во просториите на ОУ „Гоце Делчев“ - Конче и од прегледаните главни книги ги донесе следниве забелешки:

Во главна книга број XIV :

-Реден број 46 – Валерија Алексова – да се внесе која година по кој предмет е екстерно тестирана ученичката;

- Реден број 48 - Бранкица В’чкова –правилна корекцијата на презиме;

- Кај учениците од VIII¹ осумгодишно одделение (кл. раководител Галина Стојанова) да се внесе годината за екстерното тестирање – кои предмети која учебна година се тестирани;

- Реден број 62 – Лазар Николов – податоците да се внесат со мастило;

- Реден број 64 – Петре Петров – податоци за ученикот. Дали е иселен, отпишан?

- Реден број 65 – Мартин Ристов – податоците за ученикот да се внесат со мастило, а да се избришат напишаните податоци со молив;

- Реден број 68 – Антонио Томевски – во главната книга ученикот е заведен со друго презиме, да се направи правилна исправка на презимето;

- Реден број 70 – Станка Лазарева- правилна исправка кај името на ученичката;

Page 2: З А П И С Н И К

Во главна книга број XVI :

-Одделенскиот раководител Сузана Дуковска, да внесе податоци од екстерното тестирање во учебната 2013/2014 година (предмети и добиените оценки), деловоден број и датум на издавање на свидетелството;

-Одделенскиот раководител Велин Николов, да направи правилна исправка на податоците кои се грешка внесени (на местата каде што има шкртано, треба да се направи корекција со црвено пенкало и печат) и кај ученичката Анета Ристова, да се внесе учебната година за која се однесуваат внесените оценки;

Во главна книга број XVII :

-Класниот раководител на VIII ¹ одделение (деветтогодишно) – Љубин Манчев, да внесе податоци за оценките кои чениците ги имат добиено од екстерното тестирање, деловоден број и датум на издавање на свидетелство.

- Реден број 6 – Нур Усеинова – да се внесе изборниот предмет за учебната 2013/2014 година и оценката која ја има добиено ученичката по предметот;

- Реден број 12 – Јордана Василева – да се направи корекција на името на ученичката. Во главната книга е заведена како Јорданка.