Штип низ вековите - Археологија

12
ЃОРЃИ ЕФРЕМОВ ИСТОРИЈА ПРАИСТОРИЈА ЗНАМИЊА АНТИКА ТРАДИЦИЈА КУЛТУРА ВОСТАНИЕ СРЕДЕН ВЕК ЦАР САМОИЛ ЈАЗИК НУМИЗМАТИКА ВМРО ТМОРО ВМОРО КОМУНИЗАМ НОБ ОКУПАЦИЈА ИСТОРИЈА НАЦИЈА ВОЈСКА РЕЛИГИЈА НОВ ВЕК АРХЕОЛОГИЈА СОЦИЈАЛИЗАМ СЛОБОДА

Upload: makedonid

Post on 28-Dec-2015

273 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

Штип и неговите нај значајни археолошки локалитети.АмзабеговоБаргалаТврдина ИсарАвтор: Ѓорѓи Ефремов

TRANSCRIPT

Page 1: Штип низ вековите - Археологија

ЃОРЃИ ЕФРЕМОВ ИСТОРИЈА

ПРАИСТОРИЈА ЗНАМИЊА АНТИКА

ТРАДИЦИЈА КУЛТУРА ВОСТАНИЕ

СРЕДЕН ВЕК ЦАР САМОИЛ ЈАЗИК

НУМИЗМАТИКА ВМРО ТМОРО

ВМОРО КОМУНИЗАМ НОБ

ОКУПАЦИЈА ИСТОРИЈА НАЦИЈА

ВОЈСКА РЕЛИГИЈА НОВ ВЕК

АРХЕОЛОГИЈА СОЦИЈАЛИЗАМ СЛОБОДА

Page 2: Штип низ вековите - Археологија

Содржина:

1. Вовед...............................................................................................................3

2. Неолитски археолошки локалитети...........................................................4

• Амзабегово – Вршник

• Антопоморфни садови

3. Археолошки локалитет “Грнчарица” ........................................................6

4. Баргала... .......................................................................................................7

5. “Кале” - Крупиште.........................................................................................8

6. Тврдина Исар – Штип…………………………………….................……....9,10

7. Заклучок........................................................................................................11

8. Користена литература………………………………….................……….....12

Вовед

Бројните археолошки наоѓалишта, како извор на артефакти а со тоа

извор за историјата, го ставаат Штип во рамките на живеалиште со

континуирано суштествување на македонскиот елемент во овој дел од

Македонија.

Низ вековите е значаен културен центар. Штип со наблиската околина, има

богато културно-историско минато. Регистрираните населби од неолотот,

Page 3: Штип низ вековите - Археологија

енеолитот, бронзениот, железниот период. Преку античкиот, римскиот,

доцноантичкиот и средновековниот период, па до денес, зборуваат за

континуитетот на живеење на потесниот и поширокиот простор на

брегалничкиот регион. Амзабегово, Крупиште, Баргала, Исар, Козјак се едни од

најпознатите археолошки извори во Штип и штипско...

Штип најпрво се споменува под името Астибо од античкиот хроничар Полиен

во III век п.н.е, кој известува дека во реката Астибо е изведено ритуално

капење на пеонските кралеви, како чин на крунисување.

Во I век пак од нашата ера градот се споменува како значајно воено

утврдување. Повторно, името Астибосе споменува во Tabula Peutingerina, како

населба. Подоцна градот се наоѓа во Римската Империја а по нејзината

поделба во 395 влегува во составот на Византија.

Се претпоставува дека името Штип е добиено во VII век.

Штип влегува во Самоиловото Царство се до неговото распаѓање, истиот град

важи за значаен административно-културен центар за нејзиниот регион.

Крупиште како важен словенски центар составен од неколку објекти го создава

темелот на доцнежниот Брегалнички центар, воден од Методија. Штип не

изоблиува само со археолошки зданија, бројни се архитектонските дела,

неолитните населби со својот карактер, базиликите во Баргала, околината како

од антиката така и со средновековието. Ќе споменеме важни артефакти од

сите периоди, како доказ за суштествувањето на човековиот бит на овие

простори.

Неолитски археолошки локалитети

Амзабегово – Вршник

Page 4: Штип низ вековите - Археологија

Најстарите траги на живот во Овчеполската котлина се од периодот на

неолитот. Археолошки истражувања потврдуваат, дека на овие простори се

развила една от наjстарите неолитни култури на балканскиот полуостров,

неолитната култура Амзабегово.

Најрепрезeнтативниот од нив е секако локалитетот Барутница до с. Анзабегово

од којшто културата го носи името.

Локалитетот Барутница кај с. Анзабегово е

откриен

1959 г. На

истата

локација

се

најдени артефакти од керамика од повеќе

видови, грубо изработена и поголемиот

број од нив се за посебна намена, односно

за извршување на ритуални обичаи значи станува збор за жртвеници и други

религиозни предмети. Керамиката во раниот неолит е претежно груба,

монохромно црвена и невоедначено печена, понекогаш укарасувана со

барботин и импресо техника. Украсувањето на фината керамика е претежно со

бела боја со разновидни орнаменти. Преминот од раниот кон средниот неолит

не е доволно објаснет. Се задржуваат основните облици на садовите, а се

појавуваат топчести и биконусни садови и садови на повеќе високи нозе. Во

овој период се јавува препознатлива вршничка керамика. Додека пак големата

Мајка е честата тематика на праисторискиот скулптор. Таа се определува како

закрилница на домот, куќата и семејството. Овие фигури специфични за овие

простори се датираат во периодот од средниот неолит или 5300 г. п. Н

Оваа амзабеговска култура не е концентрирана типично на локалитетот

Барутница туку таа област граничи со уште неколку неолитски населби.

Од рекогсцирањето на теренот околу Ерџелија, каде во 1980 е извршено

истражување и во локалитетот „Буниште" откри површински наоди на керамика

и камен градежен материјал, карактеристични за овој период од човековата

праисторија. Иако со рекогсцирањето не се откриени орудија со кои се

Page 5: Штип низ вековите - Археологија

обработувала земјата, можеме слободно да претпоставиме дека таа се

обработувала многу примитивно, со орудија главно изработени од камен и

коска. Животот во оваа населба течел непрекинато и во бронзеното и

железното време, за тоа постојат докази, но од она што го знаеме сосема е

недоволно да се реконструира, и се неопходни подетални и посестрани

истражувања.

Животот во месноста „Буниште" не се згаснал и ви времето на античкиот

период. За ова сведочат и големиот број хеленистичка

и римска керамика, како и големите количини расфрлан

градежен материјал, камен, имбрицеси и тегули. Наоди

кои сведочат за постоењето на оваа античка населба

имаме и во месноста „Костена чука", која се наоѓа

северно, спротивно на „Буниште". Тука површински се

видливи водоводни цевки - тулумуси со кои,

најверојатно, се доведувала водата до „Буниште".1

• Антропоморфни садови:

Во околината на овој локалитет се порнајдани и 6 предмети од ваков тип,

најсочуван од нив е таканаречениот “питос” кој според истражувањата е

датиран од IV доцнонеолитска фаза во овој локалитет. Во горниот дел, на

вратот на садот под аплицираните веѓи се вметнати и ромбоидни очи , додека

пак во долниот дел се врежани “V” ленти исполнети со црвена боја, нешто што

е ретко на Балканот.2

Археолошки локалитет “Грнчарица”

Досегашната најстара неолитска населба кај Говрлево е помлада за

еден милениум од новооткриената во селото Крупиште. Живеалиштето на

праисторискиот човек кај Штипско е трета најстара неолитска населба и на 1 Санев В; „Анзабегово - населба од раниот и средниот неолит во Македонија“, стр. 42

2 Macedoniae acta archaeologica ,”Антропоморфни и зооморфни фигурини од енеолитскиот периодЌ-

Скопје, 1999, 25-32;

Page 6: Штип низ вековите - Археологија

Балканот. Во контекст на овие ископувања е откриен и локалитетот

"Грнчарица" во атарот на селото Крупиште, кој до тогаш не бил регистриран

како археолошки локалитет. Локалитетот хронолошки го сместуваат во

римскиот период, II-III век по Христа. Дупките во карпа, според експертот за

македонската праисторија, Трајанка Јовчевска, се места каде се поставувале

колците на колибите за населбата на праисторискиот Македонец. Малку

подалеку е откриен каменот на кој првата организирана човечка заедница на

македонска територија од кремен ги изработувала орудијата за живот.

Врз основа на движниот археолошки материјал, откриената населба

претставува најстaрата неолитска населба во Република Македонија.

"Со досегашните ископувања се откриени мал број фрагменти од садова

керамика, што е карактеристика за овој тип населби и голем број камено

орудие, кое битно се разликува од досегашните неолитски орудија и тоа не

само по форма, туку и по големина и истите многу потсетуваат на

мезолитските камени орудија. Староста на овие артефакти од камен и

керамика, датираат од пред седум илјади години. Бидејќи сите наоди кои се

откриени прв пат се среќаваат на територијата на Македонија, секако дека

се од особено значење за целата археолошка наука.”3

Според досегашните, првични сознанија, населбата е подигната на карпеста

подлога, а куќите биле градени со колци од кои се откриени лежишта во

карпата и во плитарот.

• Баргала

3 Д-р Нацев Т. – раководител на ископувањето при археолошки локалитет “Грнчарица”

Б

Page 7: Штип низ вековите - Археологија

аргала е еден од позначајните доцноантички градови во Макеоднија чие име

етимолошки се врзува за реката Брегалница. Тој е

лоциран десетина километри североисточно од

градот Штип, во месноста Горен Козјак во

подножјето на планината Плачковица. Градот се

развил од доцноримскиот воен логор (каструм), кој

бил изграден како тврдина на граничниот појас

меѓу провинциите Втора Македонија и Средоземна

Дакија. По губењето на стратешкото значење

Баргала прераснал во цивилен-епископски град. Во

V век, а особено во Времето на Јустинијан I, градот

го достигнал својот врв, но кон крајот на VI век во

неколку наврати настрадал од варварски инвазии

кои го треселе Балканот.

Најдена е и плоча во која се поменувал градот Баргала и тоа биле првите

почетни чекори за да се дојде до истражување на самиот град. Натписот, кој е

латински датиран е 371 год. и созджи информации за градење на градската

порта од страна на Антониј Алипиј, управник на провинцијата. Од позначајните

откритија се епископската базилика и нејзиниот дворен простор, во кои се

наоѓа крстилницата со мозаична површина. Потоа откриени се цистерните за

вода и две бањи-доцноантичка голема и мала бања. Од архитектонска гледна

точка епископската базилика е објект односно преидувана и ремоделирана во

VI век. Изграден по стандардни типови на старохристијански градби од

Балканот и Медитеранот. Објектите изобилуваат со бигата архитектонска

декоративна пластика обложени со бели и сиви плови во opus sectile.

Позначаен капител е оној со натпис “Христе, помогни му на твојот роб,

Хермија”4

“Кале” – Крупиште

4 ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 44.

Page 8: Штип низ вековите - Археологија

Проф. Д-р Иван Микулчиќ го лоцира градот Запара, токму на тоа место,

Херокле, истото место го споменува во својот список. Градот во Крупиште имал

граничен карактер и ја контролирал границата меѓу двете провицнии. И околу

него се изградени бројни кастели чија првенствена

улога била да ја зацврстат одбраната на градот.

Овие кастели биле градени набрзина и без малтер,

слично на кастелите околу блиската Баргала, што

најверојатно укажува на нивната еднократна

употреба и подоцнежно запустување.

Одбрамбената функција најверојатно датира од

војните меѓу Ликиниј и Константин I 312-324.

Во градските ѕидини пак се наоѓале

Епископската црква и Црвената црква, а веднаш,

во непосредна близина на градот објектот на

Клетовник, како и градбата под црквата Св. Никола која се наоѓа веднаш покрај

градската некропола. Врвот калето го достигнал во V и VI век. Постојат голем

број на такви кастели низ околните места, сите тие места настанале

непосредно поради влијанието кои го имале од самиот епископски центар, се

мисли на Калето во Крупиште.5 Дури се претпоставува дека на стотина метри

од с. Крупиште се наоѓа долго бараниот град, односно епископијата каде

според исторчарите, солунските браќа ја напишале Азбуката. Ископините од

темели на цркви современиците на свети Кирил и Методиј, како и вградените

симболи во сегашниот храм кои биле дел од урнатите цркви за археолозите се

непобиен агрумент. Во нивите освен жито, се изродиле и темелите за така

наречена Црвена црква, една од множните храмови каде според археолозите,

светите браќа ја напишале азбуката како и впочивалиштата на петнаесетте

тивериополски маченици.

Тврдина Исар – Штип

5 Здружение на граѓани “Симбиоза”;”Креирање туристрички водич за Штип и Карбинци“, стр. 31-32 –

Штип 2010г.

Page 9: Штип низ вековите - Археологија

Тврдината Исар е посебен белег за градот. Тоа е возвишение на 150

метри над нивото од река Брегалница. Во

2009 година истражувачите открија 30

метри од тунелот што води од реката до

врвот на Исарот. Со тоа се потврди

најраскажуваната штипска легенда за

освојување на градот преку таен тунел

под Исарот, за кој во 17 век пишувал и

турскиот патеписец Евлија Челебија.

Истражувањата во последниот период

само потврдуваат за длабоката историја.

Местото Астибос археолошки е

потврдено со бројни камени споменици од 2 до 6 век. Од тие векови потекнува

и голем тунел, пробиен низ гранитни карпи, од врвот на Хисар до западното

подножје во ниво на Брегалница. Во источното подножје на Хисар се

регистрирани остатоци од ранохристијанска базилика со капители, од 6 век.

Тврдината што денес се гледа на Хисарот потекнува од 14 век.

Ѕидовите и се градени во плочест слог залиени со многу малтер, а широки се

само 1,3 м. Само одделни партии се помасивни. Тврдината се состои од два

дела, опкружени со одделни ѕидни појаси. Тоа се:

Во тврдината постојат и цистерни за собирање дождовница. На средината од

источниот ѕид стои главната кула (донжон). Покрај неа, од јужната страна

стоела порта за влез во замокот, а на северната страна на кулата е потпрена

стражарската куќа за внатрешната (удвоена) порта. Низ оваа порта се

влегувало од предниот двор во дворот на палатата.

Во воените операции против Самоил, византискиот цар Василиј II во 1014

година ја освоил тврдината Штип (Стипеион). Потоа долго време нема вести за

Штип. Во 1282 година кога Србите ја поместиле границата, Брегалничкиот

регион е целосно освоен од Србите во 1328 година, во почетокот на 13 век бил

под бугарска власт, а по битката на Велбужд потпаднал под управа на Стефан

Дечански. Потоа во оваа тврдина се населувале властелините Оливер, Хреља

и Константин Дејановиќ. Несомнено, откако Србите завладеале со Штип, била

Page 10: Штип низ вековите - Археологија

обновена и тврдината, но не веднаш. Турците го освоиле Штип во 1385 година

(според Ф. Бабингер) и најмалку два века во Хисарот држеле воена посада. Во

1530 имала 17, а во 1573 год. 11 стражари. Во своите патни белешки Хаџи

Калфа и Евлија Челеби велат дека Хисарот во Штип во тоа време (17 век) бил

запустен. Потоа тврдината веќе никој не ја користел.6

Со познавање на овие историско-археолошки податоци, дознаваме за

важноста на Штип како епископски, културен и воено-стратешки центар низ

историјата на Македонија, од артефакти за жал на тврдината Исар не е

пронајдено многу, или материјал со поголемо значење. Денес истото место се

користи за културни и музички церемонии.

Заклучок

6 Општина Штип, ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011,

стр. 35.

Page 11: Штип низ вековите - Археологија

Од извршените истражувања и добиените податоци односно резултати,

дознаваме за кратката историја на неолитскиот македонец. Постигнатите

резултати од истражувањата и на историски и на археолошки план ни ја даваат

сликата за животот и суштествувањето на македонскиот неолитски елемент во

Македонија. Иако овие информации се однесуваат на конкретна локација,

сепак археолошките локалитети Амзабегово и околината ни се “прототип” во

Македонија и значат за најстара неолитска археолошка граѓа. Не замерлив е

фактот кој укажува на континураниот живот на овие простори од најстарите

времиња и тоа со сите културолошки достигнувања, градење на традиција како

поим кој става граница и е симбол за засебноста на македонскиот тогашен

елемент. Секако таа етногенеза не застанува во неолитот, постоењето и

дејствувањето на човекот на овие простори остава траги и во останатите

епохи. Животот во Штип и штипско кулминира во антиката а завршницата ја

остава во средновековието и ни дава до знаење за важноста и од економски и

од културен а и од воено-стратешки поглед.

Всушност тоа е и патеката по трасирана од историските прилики и не прилики.

Амзабегово и околината, Баргала како мост помеѓу антиката и средниот век се

живи споменици и нивните артефакти го потврдуваат значењето што го добива

овој регион. Штип својата историја и значајноста ја провлекува низ

милениумите и вековите до ден денес, тој не ја изгубил својата економско-

културна верига и како пример останува да гради спомен за минатото до ден

денес.

Page 12: Штип низ вековите - Археологија

Користена литература:

1. Воислав Санев, „Анзабегово - населба од раниот и средниот неолит во Македонија“, стр. 42.

2. Macedoniae acta archaeologica ,”Антропоморфни и зооморфни фигурини од енеолитскиот периодЌ- Скопје, 1999, 25-32;

3. Д-р Нацев Т; раководител на ископувањето при археолошки локалитет

“Грнчарица”.

4. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 44.

5. Здружение на граѓани “Симбиоза”;”Креирање туристрички водич за Штип

и Карбинци“, стр. 31-32 – Штип 2010г.

6. Божиновска В; „Карта на верски објекти во Македонија“. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи.

7. Општина Штип, ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на

градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 35.