Економика - Стопанска банка

24
УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЛОГИСТИКА СКОПЈЕ Семинарска задача по предметот ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ ТЕМА: ЕКОНОМИКАТА И СТОПАНСКА БАНКА МЕНТОР: ИЗРАБОТИЛЕ:

Upload: ivana-georgievska

Post on 20-Dec-2015

60 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

Ekonomika na pretprijatija,Stopanska Banka,Analiza

TRANSCRIPT

Page 1: Економика - Стопанска банка

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЛОГИСТИКАСКОПЈЕ

Семинарска задача по предметот

ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ

ТЕМА: ЕКОНОМИКАТА И СТОПАНСКА БАНКА

МЕНТОР: ИЗРАБОТИЛЕ:

Проф. Д-р Марија Ацковска Ивана Георгиевска 174468

Скопје, ноември 2014

Page 2: Економика - Стопанска банка

АПСТРАКТ

Стопанска Банка АД Скопје претставуа Акционерско Друштво кое котира на

Македонската Берза. Основна дејност на банката е извршување на банкарски т.е.

финансиски услуги за правни и физички лица. Седиштето на ова претпријатие е

на следната адреса: 11 Октомври Бр.7, 1000 Скопје, Република Македонија

Стопанската Банка АД Скопје заклучно јуни 2014 вработува 1052 вработени

и со самото тоа спаѓа во групата на големи претпријатија. Според бројот на

филијали оваа банка е втора по големина во Македонија со 64 филијали низ

територијата на Македонија.

Ова претпријатие остварува подолг период позитивни финансиски

резултати, а со тоа се придржува кон принципите на ефикасност и ефективност.

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ

Единствен сопственик

Партнерство

Корпорација

Трговско претпријатие

Стопанска Банка АД Скопје

2

Page 3: Економика - Стопанска банка

ABSTRACT

Stopanska Banka AD Skopje is a joint stock company which is listed on the

Macedonian Stock Exchange. The main activity of the bank is a bank that is carrying

financial services to legal entities and individuals. The headquarters of this company is

at the following address: No.7 October 11, 1000 Skopje, Republic of Macedonia

Stopanska Banka AD as of June 2014 employs 1052 employees and thus

belongs to the group of large enterprises. According to the number of branches the

bank is the second largest in Macedonia with 64 branches throughout the territory of

Macedonia.

This company realized a long period of positive financial results, and it adheres

to the principles of efficiency and effectiveness.

KEY WORDS

Partnership

Corporation

Commercial enterprises

Stopanska Banka AD Skopje

3

Page 4: Економика - Стопанска банка

СОДРЖИНА

Апстракт 2

Клучни зборови 2

Abstract 3

Key words 3

Содржина 4

Вовед 5

1. Поим, предмет и задачи на економиката на претпријатието 6

2. Облици на организација на претпријатието 7

3. Стопанска Банка 7

3.1 Профил на претпријатието 7

3.2 Историјат на претпријатието 8

3.3 Дејност на претпријатието 11

3.4 Мисија на претпријатието 13

3.5 Организациска структура 15

3.6 Резултати на претпријатието 16

Заклучок

Користена литература

4

Page 5: Економика - Стопанска банка

ВОВЕД

Економиката на претпријатието како стопанска наука се однесува на

проучување на поимот и природата на претпријатието. Предмет на истражување

на економиката на претпријатието како научна дисциплина е конкретната

стопанска активност на претпријатијата, заради изнаоѓање на законитостите на

нивното функционирање и развиток. Притоа основна задача на економиката е

проучување на односите помеѓу резултатите на репродукцијата и вложувањата на

основните елементи на процесот на репродукција за остварување на тие

резултати со цел со минимално ангажирање и трошење на средствата иработната

сила да се остварат максимални резултати.

Задачите и целите на економиката како научна дисциплина најлесно ќе ги

согледаме преку анализирањето односно испитувањето на веќе постоечко

претпријатие. Токму анализирањето на Стопанска Банка АД Скопје е и темата на

оваа семинарска.

5

Page 6: Економика - Стопанска банка

1. ПОИМ, ПРЕДМЕТ И ЗАДАЧИ НА

ЕКОНОМИКАТА НА

ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Економиката на претпријатието како стопанска наука се однесува на

проучување на поимот и природата на претпријатието. Предмет на истражување

на економиката на претпријатието како научна дисциплина е конкретната

стопанска активност на претпријатијата, заради изнаоѓање на законитостите на

нивното функционирање и развиток. Притоа основна задача на економиката е

проучување на односите помеѓу резултатите на репродукцијата и вложувањата на

основните елементи на процесот на репродукција за остварување на тие

резултати со цел со минимално ангажирање и трошење на средствата иработната

сила да се остварат максимални резултати.

Со оглед на тоа што и вложувањата во репродукцијата и резултатите на

репродукцијата претставуваат последица на дејството на најразлични фактори од

интерен и екестерен карактер, економиката настојува да открие зошто

функционирањето на претпријатијата се одвива на одреден начин и кои се

факторите што го одредуваат таквото функционирање и каков е интензитетот на

нивното поединечно влијание. На тој начин, економиката има за цел да осигури

најрационално и најефикасно функционирање на претпријатијата, во смисла на

остварување на што поповолен однос помеѓу вложувањата во репродукцијата и

резултатите што се добиваат од тие вложувања.

6

Page 7: Економика - Стопанска банка

2. ОБЛИЦИ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Вo СAД, a и вo нaјгoлемиoт дел oд земјите вo OECD се прaктикувaaт

следните oснoвни фoрми нa oргaнизaцијa нa претпријaтијaтa, a сo тoa и мaлoтo

претпријaтие:

Единствен сoпственик

Пaртнерствo

Кoрпoрaцијa

7

Форми на мал бизнис

Индивидуална сопственост

Трговец поединец ДООЕЛ

Поделена сопственостПартенрс

тво ДОО Корпорација

Page 8: Економика - Стопанска банка

Единствен сопственик најчеста и наједноставна форма на бизнис

сопствеништво. Во овој вид на сопствеништво, сопственикот располага со

целокупниот имот на претпријатието, со профитот, но исто така е одговорен за

целокупното работење на претпријатието.

Партнерството е таков вид на бизнис каде што две или повеќе лица го

делат сопствеништвото.

Во партнерството секој партнер придонесува во сите аспекти на бизнисот,

вклучувајќи ги и парите, имот, работа или вештина. За возврат, секој партнер

добива дел од добивката и евентуално учествува во загубата.

Бидејќи постојат голем број на партнери, овој вид на форма на бизнис

најчесто се основа со посебен договор наречен Договор за партнерство, кој

содржи: како ќе се донесуваат одлуките, како ќе се дели профитот и загубата

помеѓу, како ќе се решаваат евентуалните спорови, како ќе се врши промената на

сопственоста и слично.

Корпорацијата е такво сопствеништво чија сопственост е на одреден број на

лица чии акции се тргуваат. Главна разлика помеѓу корпорацијата и С-

Корпорацијата е тоа што овој вид на сопствеништво е изземен од повеќекратните

оданочувања. Како предности на овој вид на корпорации можат да се наведат тоа

што се избегнува двојното оданочување и тоа што постои самостојно, додека пак

како недостатоци можат да се наведат строгите оперативни процеси и

задоволувањето на сите акционери на корпорацијата.

Компанијата со ограничена одговорност претставува хибрид помеѓу

партнерството и корпорацијата.

8

Page 9: Економика - Стопанска банка

Вo мaкедoнскиoт прaвен систем т.е. мaкедoнскoтo тргoвскo прaвo пoстoјaт

следниве oснoвни видoви нa тргoвски друштвa1:

Јaвнo тргoвскo друштвo

Кoмaндитнo друштвo

Друштвo сo oгрaниченa oдгoвoрнoст

Aкциoнерскo друштвo

Кoмaндитнo друштвo сo aкции

Пoкрaј гoренaведените пoстoјaт и следниве видoви нa тргoвски друштвa кoи

се пoмaлку зaстaпени:

Тaјнo друштвo

Стрaнскo тргoвскo друштвo

1 Зaкoнoт зa изменувaње и дoпoлнувaње нa Зaкoнoт зa тргoвските друштвa oбјaвен вo “Сл. в. нaРМ” брoј 48/2010 oд 9 aприл 2010 гoдинa

9

Page 10: Економика - Стопанска банка

3. СТОПАНСКА БАНКА

3.1 Профил на претпријатието

Стопанска Банка АД Скопје претставуа Акционерско Друштво кое котира на

Македонската Берза. Основна дејност на банката е извршување на банкарски т.е.

финансиски услуги за правни и физички лица. Седиштето на ова претпријатие е

на следната адреса: 11 Октомври Бр.7, 1000 Скопје, Република Македонија

Стопанската Банка АД Скопје заклучно јуни 2014 вработува 1052 вработени

и со самото тоа спаѓа во групата на големи претпријатија. Според бројот на

филијали оваа банка е втора по големина во Македонија со 64 филијали низ

територијата на Македонија.

Стопанска Банка моментално има издадено над 17,5 милиони акции, а 90%

од овие акции се во сопственост на НБГ Групацијата односно на Националната

Банка на Грција која стана мнозински сопственик во 2003 година.

10

Page 11: Економика - Стопанска банка

3.2 Историја на претпријатието

Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот

пазар. Основана како првата банка во Македонија во 1944 година Стопанска банка

ги постави темелите за банкарското работење и сеуште претставува лидер во

развојот и имплементацијата на најсовремените финансиски производи и услуги

за населението и за правните лица кои работат во Македонија.

На почетокот на 2000. година управувачкиот пакет акции од Стопанска

банка АД - Скопје беше откупен од страна на Националната Банка на Грција –

најголемата банкарска групација во Југоисточна Европа. Со овој значителен чекор

Банката го продолжи својот раст и развој во успешна компанија согласно

светските банкарски стандарди.

По преземањето од НБГ, Стопанска банка АД - Скопје ја зајакна својата

конкурентност преку интензивно преструктуирање. Банката воведе софистициран

информационен систем и нова организациона структура, го исчисти своето

кредитно портфолио, воведе стандардизирани процедури за кредитно

одлучување, управување со ризиците и набавките, ја подобри структурата на

вработени и стана водечка компанија во земјата во корпоративното управување.

Денес, Стопанска банка АД – Скопје е Банка со најголем број на клиенти од

населението и правните лица, Банка со најразвиена мрежа на локации, најголемо

портфолио кредитни и депозитни производи и Банка со најголема актива.

11

Page 12: Економика - Стопанска банка

3.3 Дејност на претпријатието

Стопанска Банка АД Скопје претставуа Акционерско Друштво кое котира на

Македонската Берза. Основна дејност на банката е извршување на банкарски т.е.

финансиски услуги за правни и физички лица.

Стопанска Банка АД Скопје во моментов ги врши следните активности кои

се во согласност со правилникот на Народната Банка на Република Македонија:

1. прибирање на депозити и други повратни извори на средства;

2. кредитирање во земјата, вклучувајќи и факторинг и финансирање на

комерцијални трансакции;

3. кредитирање во странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на

комерцијални трансакции;

4. издавање и администрирање на платежни средства (парични картички,

чекови, патнички чекови, меници);

5. менувачки работи;

6. платен промет во земјата и странство, вклучувајќи купопродажба на

девизи;

7. брз трансфер на пари;

8. издавање на платежни гаранции, авали и други форми на

обезбедување;

9. изнајмување сефови, остава и депо;

10. тргување со инструменти на пазарот на пари;

11. тргување со девизни средства, што вклучува и тргување со благородни

метали;

12. тргување со хартии од вредност;

13. тргување со финансиски деривати;

14. управување со средства и портфолио на хартии од вредност за

клиенти и/или инвестициско советување на клиенти;

15. купопродажба, гарантирање или пласман на емисија на хартии од

вредност;

12

Page 13: Економика - Стопанска банка

16. чување на хартии од вредност за клиенти;

17. посредување во склучување договори за кредити и заеми;

18. обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни

лица и

19. економско - финансиски консалтинг.

3.4 Мисија на претпријатието

Мисијата на Стопанска Банка АД Скопје е:

Во модерното окружување кое е во постојан подем и движење, каде

личните потреби и очекувања се менуваат, и каде клиентите знаат повеќе,

бараат повеќе и прават повеќе, Стопанска банка настојува да отвори нови

можности преку понуда на финансиски производи и услуги кои

соодветствуваат на овие промени, лесно достапни со помош на современи

дистрибутивни канали.

Со понудата на широка палета на иновативни производи и услуги

целосно ориентирани кон потребите на клиентот, Стопанска банка се стреми

да биде партнер од доверба за своите коминтенти, поддржувајќи го нивниот

раст и задоволувајќи ги нивните потреби на лесен и ефикасен начин, со цел да

им овозможи остварување на сопствениот потенцијал и максимални животни

постигнувања, од ден во ден. Истовремено, СБ е посветена на создавање

економска вредност за своите акционери, како и позитивно окружување кое ги

инспирира вработените на Банката.

13

Page 14: Економика - Стопанска банка

3.5 Организација на претпријатието

Во продолжение е прикажана организацијата на Комерцијална Банка АД

Скопје.

14

Page 15: Економика - Стопанска банка

3.6 Резултати на претпријатието

Во продолжение се прикажани Билансот на успех и Билансот на состојба на

Стопанска Банка АД Скопје.

15

Page 16: Економика - Стопанска банка

Како што можеме да видиме од билансот на успех, Стопанска Банка во

минатата година остварила 16,1 милион денари добивка односно приближно 270

илјади евра што е зголемување за 24,4% во однос на претходната 2012 година.

Најголем дел од приходите се однесуваат на нето приходи од камати како и нето

приходи од промени. Оперативните ресходи се најголема ставка во вкупните

расходи.

Најголем дел од активната на Стопанска Банка е составена од депозитите

на население и многу помалку од корпоративните депозити. Што се однесува до

кредитите кои банката ги има одобрено околу 70% од вкупните кредити се

издадени односно одобрени на населението додека останатите на други правни

лица.

16

Page 17: Економика - Стопанска банка

ЗАКЛУЧОК

Од оваа семинарска можеме да заклучиме дека Стопанска Банка АД Скопје

претставува една од најголемите Македонски банки. Стопанска Банка покажува и

одлични финансиски резултати односно од билансот на состојба и билансот на

успех можеме да заклучиме дека Стопанска Банка АД Скопје ги следи принципите

на економиката на претпријатие и веќе подолг период генерира релативно високи

профити што само по себе говори за ефикасноста и ефективноста во

извршувањето на дејноста.

17

Page 18: Економика - Стопанска банка

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Годишен извештај на Стопанска Банка АД Скопје 2014

2. Олгица Блажеска, Димитар Бојаџиоски, Економика на претпријатие,

Економски факултет Скопје, 2009

18