Лудвиг ван Бетовен

12
Лудвиг ван Бетовен Ludvig van Beethoven

Upload: besjona-jusufi

Post on 10-Aug-2015

67 views

Category:

Art & Photos


2 download

TRANSCRIPT

Лудвиг ван БетовенLudvig van Beethoven

Биографија

Лудвиг ван Бетовен е роден во 17.10.1770 и починал во 26.03.1827.Бил германски композитор на класична музика и пијанист. Бил важна фигура во транзициониот период помеѓу класицистичката и романтичарската ера во западната класична музика. Останал еден од најпочитуваните и највлијателни композитори на сите времиња.

Роден е во Бон, се сели во Виена, во раните дваесетти години од неговиот живот каде учи со Јозеф Хајдн и брзо стекнува репутација на пијанист виртуоз. Слухот му се оштетува во третата деценија од неговиот живот, но продолжува да компонира, диригира и врши изведби, дури и по целосното губење на слухот.

Бетовеновиот успех, пред сè, е засенет поради проблемите со слухот, кои почнуваат да го измачуваат веќе во 1797. Во 1802, откога медицинските третмани не донесувале никакво подобрување, тој се повлекол извесен период во Хајлигенштад на лечење. Откога и ова се покажало јалово, Бетовен, во пред самоубиствена депресија, пишува очајничко и жестоко писмо кон своите двајца браќа, првпат отворено откривајќи ја својата болест и објаснувајќи ја причината поради криењето на истата. Наведува и дека својата иднина ја гледа како „прогоненик; во општеството можам да влезам единствено поради најосновните потреби“. Само неговата уметност го има спречено да си го одземе животот „ми се чинеше невозможно да го напуштам светот пред да го извлечам сето она кое што го чувствувам во себе“.

Симфонии

Со деветте симфонии, Бетовен го револуционаризираше оркестарот и ги испреврте сите поранешни приоди кон симфониската форма. Првите две, комплетирани во 1800 и 1802 последователно, се отворено базирани на Моцартовата и Хајдновата музика. На третата, Eroica, навести тотално нов концепт на мерила. Од петтата до деветтата напето се ослободуваат од притисокот и структурата на класичарските стеги и подвижно продолжуваат кон се повеќе романтичарскиот, субјективен приод кој превагнуваше во средината на деветнаесеттиот век во Европа. Бетовен ја заврши својата Деветта симфонија во 1824; само шест години подоцна, Ектор Берлиоз ја напиша својата Фантастична Симфонија. Првиот пат целокупниот циклус поставен на снимка се случи во 1930-та од Feilx Weingartner. Од тогаш, над педесет диригенти ги имаат снимано овие неверојатни дела, иако, искрено кажано, некои кои што не требало воопшто да се мачат. Има неколку, сепак, чиј приод ја доловува атмосферата на автентичната волја на големиот автор.

Црковна музика

Бетовеновата карактеристично лична верба во Христијанството, верба која ги негира конвенционалните обичаи јавните изложувања, беше раздразливо тестирана низ годините на оглувувањето, но двете Миси произлегоа токму во овој период. Првата, Мисата во C-dur, е добро парче Бетовеновска музика. Втората, Missa Solemnis, е парче од најдобрата музика на деветнаесеттиот век.

Веќе кон јуни 1819 година Бетовен му напиша на неговиот ученик, надвојводата Рудолф, кој беше назначен за Надбискуп на Олмуц наредната година: „Денот кога Големата Миса компонирана од мене ќе биде изведена за време на церемониите осветени од Вашето Империјално Височество ќе биде најголемиот ден во мојот живот.“ Многу наскоро тој започна да работи на својата D-dur Миса, Missa Solemnis, но оваа моќна, нескршлива творба, не беше завршена до 1823 година.

Не постои друго парче религиозна музика воопшто напишана, кое би можело да се спореди со Missa Solemnis, како дело во кое излегува на површина борбата на творецот да достигне го внатрешениот мир, со неверојатни динамички контрасти и пасажи кои поставуваат енормни барања од оркестарот, а особено солистите. Можеби највпечатливата секција е Benedictus, масивна, Готска концепција која кулминира во десет-минутно виолинско соло со екстремна убавина која што води, како некоја голема папска процесија, кон Agnus Dei, секција што во себе инкорпорира остра, скоро војничка декламација. Поларната спротивставеност на голем број Миси, е огледана во дезориентираната откриеност на делото, некојпат смирена, некојпат напета, но секојпат длабоко спиритуална.

БИТОЛА 2015

Изработила: Бесјона Јусуфи VII-5