СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

53
qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm qwertyuiopasdfghjklzxcvbnm СКРИПТА ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА 2 КОЛОКВИУЈМ 5/17/2012 Paula Apcevska

Upload: kire-andonov

Post on 29-Jul-2015

796 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

qwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmrtyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklz

СКРИПТА ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

2 КОЛОКВИУЈМ5/17/2012

Paula Apcevska

Page 2: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

1. ТУРИСТИЧКО ГЕОГРАФСКАТА ПОЛОЖБА НА Р. МАКЕДОНИЈА

Туристичко-географската положба на Р. Македонија претставува значајна

компонента на туристичкиот развој. Таа не само што се јавува сама по себе

како туристичка вредност, туку делува и на другите компоненти на туристичкиот

развој. Според тоа, туристичко-географската положба на Р. Македонија има

комплексно значење за туристичкиот развој и така треба да се прифати во

туристичко географското проучување. Во рамките на туристичко- географската

положба на Р: Македонија, интересот ќе се задржи на следниве

карактеристики:

- Територија

- Граници и гранични премини

- Јужноевропска туристичко географска положба

- Балканска туристичко географска положба

- Туристичко географска положба спрема главните туристички правци

- Туристичко географска положба спрема туристичките емитивни простори

- Туристичко географска положба спрема главните конкурентни

туристички региони и земји

- Туристичко географска положба спрема соседните држави и нивните

туристички вредности и

- Функционални белези на туристичко –географската положба.

1.1. Територија

Просторот во кој се наоѓа Р.Македонија со оглед на нејзината географска

положба и другите географски фактори, претставува мошне специфична

средина. Бројни воени потфати се преземале за да се владее со овој

централен простор на Балканскиот простор. Државно територијалните форми

2

Page 3: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

овде постојат уште од 7 век пред новата ера. Во 4 век п.н.е. опстојува

Македонската држава на Филип Втори, која подоцна ја наследува Александар

Македонски. Во 2 век п.н.е. Македонија потпага под римска власт. Во 80 години

на 6 век од н.е. започнува процесот на словенската колонизација на

Македонија. До создавањето на Самоиловото царство на овие простори

владеат Византијците. Самоиловото царство траело до 1018 година. Српската

власт во Македонија е воспоставена во 1282 година и трае до 1371 кога

навлегуваат турците. Кон крајот на 14 век цела Македонија потпага под

Османлиска управа и ова трае се до 1912 година. Во 1915 година во

Македонија навлегува бугарска војска која владеела до 1918 година кога по

победата на Антантата бугарската војска била прогонета од овој простор.

Република Македонија се наоѓа во средноевропската часовна зона, што значи

дека како официјално време е земено локалното време на 15 миридијан

источно од гринич. Најужната точка на просторот на Р.М. е кај месноста

Маркова нога, на источниот брег на Преспанското езеро. Најсеверната точка се

наоѓа кај месноста Анише, северно од селото Луке кај Крива Паланка.

Најисточната точка на Р:М се наоѓа на врвот Ченгино Кале на Малешевските

Планини, додека пак најзападната точка е кај местото Кестењар, југозападно

од Дебар.

1.2. Граници и гранични премини на Р. Македонија

Границите на Р. Македонија се копнени, езерски и речни. Вкупната должина на

границите изнесува 850 км, и тоа, сувоземната граница изнесува 786 км,

езерската 48 км, а речната граница 16 км. Р.М. се граничи со следниве земји.

На север со Србија, на исток со Бугарија, на запад со Албанија, на југ со Грција.

3

Page 4: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

1.2.1. Граница и гранични премини кон Р:Албанија

Македонско- Албанската граница е долга 191 км и таа се протега во правецот

север-југ. Започнува од тромеѓата меѓу Македонија, Албанија и Србија, што се

наоѓа на котата 2105 м на планината Кораб, северно од врвот Корабска врата и

се простира се до југ до Охридското езеро. На границата со Албанија се

отворени и функционираат 4 гранични премини и тоа: Блато, Кафа Сан, Св.

Наум, Истење.

1.2.2. Граница и гранични премини кон Р. Грција

Границат со Р. Грција се протега во должина од 262 км и преставува мошне

важна граница, бидејки таа е и граница со Европската унија, чија членка е и

Грција. Оваа граница почнува јужно од островот Голем град, каде што се наоѓа

тромегата помеѓу Македонија, Албанија и Грција. На македонско-грчката

граница, отворени се и функционираат 3 гранични премини и тоа: Меџитлија,

Богородица и Стар Дојран. Граничниот премин Богородица е најфрекфентен од

сите гранични премини на Р.М. Тој се наоѓа на гавната сообраќајна артерија и

го контролира прометот преку магистралната патна комуникација Е-75 и

железничката линија М-1. Преку овој граничен премин се одвива сообраќајот

до Солун кој претставува значајно пристаниште не само за Грција туку и за

Р.М.

1.2.3. Граница и гранични премини кон Р. Бугарија

Границата со Р.Бугарија е долга 165 км. Таа започнува од тромеѓата на

планината Беласица. Границата со Р.Бугарија има 3 гранични премини: Ново

село, Делчево и Деве Баир. Граничниот премин Деве Баир се наоѓа во близина

4

Page 5: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

на Крива Паланка и преставува најфрекфентниот на источната граница на Р.

М.

1.2.4. Граници и гранични премини кон Србија и Косово.

Границата на Македонија со Србија е долга 232 км. Таа е претежно копнена и

само на неколку места ги прати и ги пресекува речните текови. Правецот на

нејзиното протегање е главно исток-запад. На оваа граница има најмногу

гранични премини во однос на другите граници. Прометот се контролира на 6

гранични премини и тоа: Пелинце, Сопот, Табановце, Блаце, Воково, и

Јажинце. Граничниот премин Табановце е најфрекфентен премин на

македонско-српската граница. Овој премин се наоѓа на меѓународниот патен

правец Е-75 и железничката меѓународна комуникација М-1.

1.2.5. Аеродромите како гранични премини

Р.М. поседува два аеродроми и тоа: Скопскиот и Охридскиот аеродром.

Скопскиот аеродром – Александар Велики се наоѓа во непосредна близина на

Скопје, лоциран во месноста Петровец. Овој аеродром е главен аеродром на

нашата земја и преку него се овозможува воздушна комуникативност со голем

број земји во светот. Охридскиот аеродром е лоциран во атарите на селата

Подмолје и Оровник, на околу 10 км оддалеченост од Охрид и од Струга.

1.3. Јужно европска туристичко-географска положба

Р.М. е европска земја. Нејзината територија и припаѓа на јужна Европа. Таа се

наоѓа во југоисточниот дел од овој простор и во нејзина непосредна близина се

протегаат средоземноморските акваториуми. Близината на

5

Page 6: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

средоземноморските водени површини има туристичко значење и од гледна

точка на можностите за комбинирање на приморскиот туризам со туристичката

понуда на Р.Македонија. Најблиски мориња до просторот на Р.М. се Егејското,

Јадранското,и Јонското море, додека по оддалечено е Црното море.

1.4. Балканска туристичко географска положба

Р.М. се наоѓа на балканскиот полуостров таа го зафака централниот дел на

овој полуостров. Со тоа нејзината геогрфска положба се одредува како

балканска. Тоа што Р.М. се наоѓа во средината на Балканскиот полуостров, и

дава големи предности, како крстосница на бројни патни насоки. Низ неа се

протега долината на реката Вардар, која преставува природна предиспозиција

на отвореноста кон Солунското поле и Солунскиот залив. Оваа отвореност по

долината на Вардар, овозможува поврзаност на Р.М. со средоземноморските

земји и дргите земји на афричкиот и азискиот континент. На север, оваа долина

преку Кумановската котлина се надоврзува со долината на реката Јужна

Морава. По долината на реката Велика Морава се доаѓа до долинскиот

простор на реките Дунав и Сава. На тој начин Р. М. е отворена кон земјите на

Северна, Западна, Средна и Источна Европа.

1.5. Положба спрема главните туристички правци

Главните правци на туристичките движења во светот се одвиваат во најголема

мерка, во рамките на европскиот и северноамериканскиот континент. Во

меѓународниот туристички промет Европа учестува со 66,6 % а Америка со 18,

4 %. Тоа значи дека туристичкиот развој во Р.М. од посебен интерес е

нејзиниот просторен однос кон правците на туристичките движења во Европа.

Според бројноста на посетителите и нивната структура, во Европа се

деференцирани следниве три главни правци на туристички движења:

6

Page 7: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

- Западномедитерански

- Централномедитерански

- Источномедитрански

Западномедитеранскиот правец ги поврзува дисперзивните подрачја на

земјите на западно, северна и средна Европа, со бреговите на француското

приморје, шпанското приморје и западно медитеранските острови.

Централниотмедитерански правец на туристичките движења ги поврзува

емитнивните подрачја и земји на Северна, Западна и Средна Европа, преку

Алпите, со приморјето на Апенинскиот полуостров.

Источномедитеранскиот правец ги поврзува земјите на Северна, Западна,

Централна и во последно време, Источна Европа, со Јадранското, Егејското и

Црното море.

1.6. Положба спрема главните туристички емитивни простори и земји

Положбата на Р.М. спрема земјите кои преставуваат значајни дисперзиви во

светот, е од големо значење за нејзиниот развој. Најсилни емитивни земји во

светот денес се 7 те најразвиени држави: САД, Јапонија, Германија, Франција,

Велика Британија, и Канада. По обемот на туристичката побарувачка денес три

земји избиваат на самиот врв. Тоа се САД, Германија и Велика Британија. Со

оглед на оддалеченоста и комуникативноста на овие земји, туристичко

географската положба на Р.М. спрема Европските земји, како што се

Скандинавските, Велика Британија, Данска, Германија, Франција и земјите на

Бенелукс е доста неповолна. Нешто поповолна е нејзината туристичко-

географска положба спрема средноевропските и источноевропските земји.

Најповолно туристичко географска положба Р.М. има кон соседните и другите

земји на Балканскиот полуостров, Италија и земјите во непосредно соседство

на Балканот.

7

Page 8: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

1.7. Положба спрема конкурентните туристички земји

При утвдувањето на конкурентните туристички земји на Р.М. се поаѓа од фактот

дека таа е европска земја и што сите земји на овој континент се туристички

конкурентни. Конкурентни земји можат да се сметаат и земјите кои се наоѓаат

во непосредна близина во Р.М. а тоа се земјите на балканскиот полуостров.

Конкурентните земји во Европа, во поширока смисла, се лоцирани во

средноземноморкиот и алпскиот регион каде што остваруваат и најголем

туристички промет.

1.8. Функционални белези на туристичката положба на Р.М.

Како функционални белези на туристичкогеографската положба треба да се

истакнат транзитивноста, контактноста, и поливалентноста.

1.8.1. Тразитивност на туристичкиот простор на Р.М.

Меѓу најзначајните тразитивни правци на Р.М. се диференцираат правците

север-југ и исток-запад. Транзитниот правец север-југ е есенцијален за

поврзувањето на северна, западна, и средна Европа со југозападна Азија и

Африка, а преку Суецкиот канал и со јужна и југоисточна Азија и понатаму со

Аврстралија и Океанија. Транзитниот правец исток- запад овозможува

поврзување на источно европските земји и земјите на азискиот континент, со

Јадранското приморје, а понатаму преку Италија и со цела југозападна Европа.

Регионалните туристички движења во Р.М. се одвиваат од градските центри

кон планинските, езерските и бањските туристички простори. Главни

дисперзивни центри во Р.М. се Скопје, како најнаселен град, Битола, Штип,

Велес, Куманово, Тетово и тн. Локалните туристички движења се одвиваат во

непосредна близина на емитивните простори.

8

Page 9: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

1.8.2. Контактност на туристичкиот простор на Р.М.

Контактноста на туристичката положба на Р.М. се содржи во нејзината

централна позиција на Балканскиот полуостров и нејзиното гранично соседство

со повеќе земји. Р.М. се граничи со 4 соседи, кои различно се однесуваат кон

отвореноста на совите граници и не му приоѓаат на својот развој на ист начин,

а во тој контекст и во развојот на туризмот. Бројноста на етничките и

културните колективитети во нејзиното непосредно соседство го зголемува

интересот за посета на нашата земја, бидејки во неа се присутни повеќе

етнички, културни и социјални вредности. Во соседните земји, посебно во

Егејскиот и Пиринскиот дел од Македонија, како и во мала Преспа и голо Брдо,

живее претежно Македонско население.

1.8.3. Поливалентност на туристичкиот простор на Р.М.

Р. М. се какрактеризира со изразита поливалентност на туристичко

географската положба. Близината на приморските простори на Јадранското,

Егејското, и Црното море во соседните земји на Р.М. и даваат можност за

комбинација на туристичките активности. Поливалентноста туристичко

географската положба на Р.М. е изразена пред се преку вредностите кои се

елементи на оваа географска средина а тоа се, котлините, клисурите и

кањоните, високите планини, бројните езера, пештерите, интересните пејсажи

и богатото културно и историско наследство.

9

Page 10: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

2. ПРИРОДНО ТУРИСТИЧКИ АТРАКТИВНО-МОТИВСКИ ФАКТОРИ

За туристичкиот развој на Р.М посебно место заземаат следните природни

атрактивно-мотивски фактори:

- Геоморфолошките

- Климатските

- Хидрографските

- Биографските и

- Пејзажните туристички вредности.

2.1. Геоморфолошки туристички вредности на Р.М.

Р.Македонија се карактеризира со изразито богатство на геоморфолошки

туристички вредности.Под влијание на ендогените и егзогените сили, во Р.М се

создадени мошне интересни рељефни форми, кои ги привлекуваат

туристите.Тектонските процеси и ерозивно-акумулативните појави од

геолошката историја условиле богатство на подземни и површински форми, кои

со своето атрактивно дејство го здражуваат вниманието на туристите или

претставуваат значаен туристички потенцијал.Од поврчинските рељефни

облици посебно место во туризмот во Р.Македонија заземаат

следните:планините, клисурите , кањоните , вулканските форми и од

подземните рељефни облици, како туристичка вредност внимание заслужуваат

пештерите.

10

Page 11: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

2.1.1. Планините како туристичка вредност во Република Македонија

Р.Македонија е главно планинаска земја.Најголем дел од нејзината територија

е ридско-планинска.Во Р.М. има 34 ниски,средни и високи планини.Доминантни

планински форми, по својата маркантност и по своето значење за развој на

туризмот, се високите планини : Кораб, ШарПланина, Јакупица, Ниџе, Стогово,

Галичица, Јабланица, Осогово, Бистра, Беласица, Сува Гора, Кожуф.

Најголем број зимско-спортски центри можат да се формираат на Шар

Планина. Според потенцијалите, на второ место се наоѓа Пелистер. Втора

група планини во Р.М. се средно-високите. Нивната висина се движи од 1000

до 2000 метри надморска височина. И оваа група на планини нуди различни

можности за развој на туризмот. Голем број од нив имаат услови за развој на

зимско-спортски активности. Денес, на планините во Р.Македонија се развиени

6 поважни зимско-спортски центри: Попова Шапка на Шар Планина, Маврово

на Бистра, Крушево на Бушева Планина, Пелистер на Баба, Отешево на

Галичица и Пониква на Осоговските Планини.

Планините во Р.Македонија според функционалните карактеристики, од

туристички аспект можат да се групираат во три групи: излетничко-

рекреативни, спортско- манифестациони и со комбинирано значење.

Излетничко-рекреативните планини се карактеризираат со тоа што се

релативно близу до градските центри, кои претставуваат главни емитивни

средини во Р.М. Тоа значи дека овие планини можат , за релативно кус

временски интервал да се посетат со мал радиус на движење и кус

престој.Затоа, овие планини немаат само туристичко туку и рекреативно

значење. Такви планини се : Водно-Скопје, Пелистер-Битола, Шар Планина-

Тетово, Плачковица-Штип, Галичица-Охрид итн.

Спортско-манифестационите планини се планини на кои постојат можности

за организирање зимско-спортски манифестации, од ранг кој ги надминува

локалните рамки.Во оваа група планини спаѓаат : Шар Планина, Бистра,

Пелистер, Бушева Планина, Галичица и Осоговските Планини.

11

Page 12: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Планини со комбинирано значење се планини кои се наоѓаат во непоредна

близина на емитивните центри, но кои поседуваат такви вредности, што ги

привлекуваат туристите од далеку поширок простор.Овие планини можат да се

искористат како многу погодни излетнички простори и простори за рекреативни

активности на населението. Таква е Шар Планина која претставува зимско-

спортски центар од европско значење. Сличен карактер има Пелистер за

Битолчани и Бистра за Гостиварчани, но во исто време на обие планини можат

да се одржуваат манифестации од највисок ранг.

2.1.2. Туристички вредности на клисурите и кањоните во Р.Македонија

Треба да се каже дека Р.М. во извесна смисла претставува простор во кој се

јавува една нагласена хетерогеност на морфолошки облици.Меѓу овие облици

како туристичка вредност , посебно место заземаат клисурите и кањоните.

Нивните туристички вредности се содржани во комуникативните, атрактивно-

мотивските и естетските својства.

- Комуникативните својства претставуваат природна предиспозиција за

поврзување на котлинските простори односно поврзување на

планинските и котлинските целини.

- Атрактивно-мотивските својства се содржани во нивната

куриозитетност и естетичност.За клисурите треба да се каже дека пленат

со својата реткост, необичност и импозантност .Клисурите се лоцирани

во специфични географски средини, во кои водените токови успеале по

пат на ерозија да го всечат своето корито длабоко во карпестите

терени.Во таа смисла кањоните и клисурите се необични.

- Естетските својства на клисурите се огледаат во извонредниот склад

на линии и форми.Тие често коинцидираат со убавината на боите, кои ги

содржи водениот и вегетативниот декор.

Во Република Македонија се јавуваат 14 поголеми клисури .Меѓу нив најдолга и

најзначајна е клисурата по долината на реката Радика, долга 42.5 километри.

12

Page 13: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Во долината на реката Вардар се наоѓаат Дервенската, Таорската и

Демиркапијската Клисура. Меѓу овие клисури најдолга е Демиркапијската

Клисура. За туристите посебна привлечност претставува клисурата на реката

Треска, на која се надоврзува кањонот Матка. Привлечна е и Скочивирската

Клисура на Црна Река како и ипресивните клисури на долината на реката Црн

Дрим и Бабуна.

2.1.3. Вулканските форми како туристичка вредност во Р.Македонија

вулканските форми во Р.М. се јавуваат како згласнати и во вид на една

солфатора, или мофета, која е активна. Кај овие форми во туристичко-

мотивска смислам преовладуваат кориозитетни атрактивни своиства. Имено,

тие кај туристите преовладуваат восхит, бијдејки во непосреден контакт

посетителите добиваат претстава за неверојатна, атрактивностна внатрешните

земјени сили во формирањето на рељефот.

Активна поствулканска форма, во вид на солфатара и мофера се јавува во

непосредна близина на селот Косел покрај Охрид. Згнаснати поствулкански

форми во Р.М. се присутни во повеќе локалитети:

- Во село Младо, Негоричани, североисточно од Куманово се јавува

единствен облик со вулканско потекло.

- Во околината на Кратово се наоѓаат интересни вулкански купи

- Во просторт на планината Кожуф може да се следат повеќекратни

поствулкански форми и облици.

2.1.4. Пештерите како туристичка вредност

Р.М. е простор во чиј геолошки состав се јавува диламитот и

варовникот. Врз таа основа развиени се карстни форми.

Куриозитетноста на пештерите произлегува оттука што тие

притставуваат реткост во смисла на нивна лоцираност во

13

Page 14: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

географската средина и што ретко кога туристот може да се најде во

ситуација да вбиде под земја и да се восхитува во творештвото на

природата. Со спелеолошките истражување во Р.М. се регистрирани

164 пештери. Пештерите во Македонија се делат на:пештери со

карактер на природни реткости, особено значајни, значајни и

забележителни пештери.

1. Пештерите како природни реткости

- Пештерата Бела Вода, која е најголема од досега истражените пештери

во Р.М. вкупната должина на пештерата изнесува 955 метри. Пештерата

се наоѓа во Демиркаписката Клисура, од десната страна на реката

Вардар. Приодот до пештерата е релативно добар.

- Пештерата Убавица се наоѓа во близина на селото Горна Ѓоновица, на

планината Буковиќ.

- Пештерата Слатински Извор се наоѓа во долината на Слатинска Река-

Поречје, во непосредна близина на нејзината утока во реката Треска.

2. Особено значајни пештери

- Пештерата Алилица се наоѓа во планината Бистра

- Пештерата Макаровец, во клисурата Пешти

- Пештерата Над Врело се наоѓа во на десната страна во кањонскиот дел

на реката Треска.

3.Значајни пештери

- Калина Дупка

- Драчевска пештера

- Арамиска пештера

Најголема можност за вклучување во туристичката активност имаат пештерите

Убавица, Бела Вода, Слатински Извор, кои спаѓаат во групата на природни

14

Page 15: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

реткости и кои во тој контекст имаат најдобри можности за сообраќајно

поврзување.

2.2. Климатски туристички вредности

Климата во Р.М. претставува мошне значаен фактор на туристичкиот развој.

Исто така, климата и временскиот услови се фактори кои делуваат на општата

туристичка мобилност на населението.

2.2.1. Фактори на климата во Р.М.

На климата во Р.М. делуваат бројни фактори. Мегу нив посебно место

заземаат: географската положба, рељефните карактеристики, надморската

височина, односост на циклонските и антициклонските центри и водените

акумулации. Р.М. се наоѓа на границата меѓу континенталните и

средоземноморските влијанија. Со голед на тоа дека е во најужните делови на

северниот умерено-континентален појас, а дека му припаѓа и на суптропскиот

појас, таа се одликува со различни климатски карактеристики.

- Релјефот на Р.М. се јавува како мошне влијателен фактор на климата.

Рељефната структура се одликува со планини, котлини, клисури и други

форми. Планинската верига во западниот дел го намалува влијанието на

медитеранска клима што може да с оцени како негативен фактор.

Меѓутоа , долината на реката Црн Дрим и превалците на планината

Јабланица и планината Мокра овозможуваат медитеранските влијанија

да се почуствуваат во просторт на Охритско – Струшката котлина. Тоа

мошне позитивно се одразува на климатските услови.

- Надморската височина претставува битен фактор на клијмата во Р.М.

2.2.2. Климатските елементи во Р.М. како туристичка вредности

15

Page 16: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Климатските елементи ја оцртуваат климата во одредена географска средина и

во тој контекст претставуваа значајна туристичка вредност.

Температурата на воздухот, врнежите, траењето на сончевиот сјај, облачноста,

влажноста на воздухот и ветровите се климатски елементи кои во просторот на

Р.М. се јавуваат како значајни туристички вредности.

2.2.3. Температура на воздухот

Температурата на воздухот претставува показател кој укажува на погодностите

за туристичка активност, бидејки ја изразува топлотната состојба на некои

простори. Оваа состојба се одразувфа преку вредностите на температурата на

воздухот во текот на денот и ноќта.

Врз температурниот режим во Р.М.можат да се деференцираат два периоди.

Тоа асе летниот и зимскиот период. Летниот се карактеризира со можности за

капалишни туристички активности на сончање во туристичко активираните

езера. Додека во зимскиот дел од годината умереноста на температурите на

воздухот овозможуваат пријатен престој скоро во сите туристички локалитети

на територијата, како во планинскиот така и во котлинскиот простор.

2.2.4. Врнежи

Врнежите претставуваат климатски елемент, кој има значајно влијание врз

туримот во одредена географска средина. Нивното релатнивно отсуство

претставува позитивна вредност за одвивање на активности на сончање и

капење. Но, од друга страна отсуството на врнежи, во апсолутна смисла,

негативно се одразува врз останатите елементи на географската средина. Без

врнежи просторот би бил со пустински карактеристики.

Ако се анализира просечниот месечен број на врнежи може да се види дека тој

е најмал во летните месеци, што зборува за извонредна туристичка погодност.

Тоа значи дека врнежите се ретки за време на траењето на капалишната

сезона, односно повеке од три месеци во овј период нема врнежи. Во

планинските простори пак, врнежите овозможуваат долготрајно присуство на

снежната покривка.

16

Page 17: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

2.2.5. Траењето на сончевиот сјај

Инсолацијата или траењето на сончевиот сјај претстаува таков кли8матски

елемент, кој делува на голем број рекреативни туристички активности.

Активностите кои директно зависат од овој климатски елемент се активнота на

сончање, било во кој простор.

Средномесечното траење на сончевиот сјај е најдолго во телните месеи.

Релативно долго е траењето на сончевиот сјај во летните месеци и во

планинските простори. Траењето на сончевиот сјај има погодни

карактеееристики за туристичка активност и во зимскиот дел од годината.

Посебно инсолацијата во планинските простори.

2.2.6. Облачност

Облачноста, за разлика од инсолацијата претставува таков климатски елемент,

чија појава има негативно дејство врз траењето на туристичката активност.

Облачноста за овие простори е најмала во летните месеци. Таа се зголемува

во есенските, зимските и пролетните месеци. Многу е поволна констатацијата

дека во зимскиот период се јавува намалена облачност во високопланинскиот

простор, во кој се одвива главната туристичка сезона. Средногодишната

облачност изнесува 50%, што е вредност која укажува на релативно голема

ведрина.

Наведените показатели зборуваат дека релативното отсуство на облачност

позитивно се одразувга врз туристичките активности, како во зимскиот, така и

во летниот период од годината.

2.2.7. Влажност на воздухот

Релативната влажност на воздухот претставува таков климатски елемент, кој

го изразува степенот на заситеност на воздухот со водена пареа.

Средногодишната влажност на воздухот во Р.М. изнесува околу 70 %, најмала

релативна влажност на воздухот има Штип а најголема Берово. Тоа значи дека

станува збор за една од најзначајните туристички вредности на климатските

елементи во Р.М.

17

Page 18: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Влажноста на воздухот во летниот период е помала во однос на влажноста на

воздухот во останатиот дел од годината, посебно зимскиот период.

2.2.8. Ветрови

Ветровите се такви климатски елементи кои делуваат врз општите климатски

услови. Ветровите можат да бидат различни по својот интензитет. За одвивање

на туристичките активности ветровите со слаб инензитет претставуваат

најведен климатски елемент. Ладните ветрови во зимскиот дел од годината

имаат негативно влијание врз туристичкиот престој, како во котлинскиот така и

во планинскиот.

Вардарецот е ветер кој дува во ладниот дел од годината, кога од Медитеранот

условуваат струења на ладен воздух. Просечната брзина на движење на овој

ветер изнесува 6 м во секунда. Наведените карактеристики на овој ветер

негативно се изразуваат врз туристичкиот престој.

Во летниот период се јавуваат ветрови исто така од Медитеранот, но овие

ветрови се топли и влажни и позитивно се одразуваат врз туристичкиот престој.

2.3. Хидрографски и хидролошки туристички вредности

1. Езерата како туристичка вредност

Р.М. нема излез на мое, односно не е приморска земја. Меѓутоа релативно

големите езерски површини, што се наоѓаат во нејзината територија, го

дополнуваат овој недостаток.

Во оваа географска средина се лоцирани езера од природно и вештачко

потекло.

Природните езера се од тектонски и од глацијален карактер.

1.1. Тектонски езера

18

Page 19: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Тектонските езера се најзначајни хидрогрљафски вредности на овој простор.

Меѓу нив се Охридското, преспанското и Дојранското езеро со најразвиени

регонални целини.

1.1.1. Охридското езеро

Охридското езеро е најголемо во југозапдниот дел на Р.М. ова езеро исполнува

дел од Охридско- Струшката котлина, околу коа се протегаат планинските

вериги на Мокра, Јабланица, Караорма, Илинските и Плаќенските, Петровина и

Галичица. Лоцирано е на надморска височина од 695 метри.

Вкупната површина на Охридското езеро изнесува 348,8 км2. Од кои 2229 и

припаѓаат на Р.М. додека 118 на Р.Албанија. охридското езеро е надлабоко

тектонско езеро на Балканскиот полуостров. Температурата на водата на

Охридското е. Претставува една од најзначајните хидрографски туристички

вредости. Посебна туристича вредност претставуват средномесечните

температурни карактеристики во летниот дел од годината. Проѕирноста на

водата во Охридското е. Претставува рекреативна вредност и естетска

туристилка вредност. Бојата на водата е нијансирана маслиново- зеленикава

до небесно сина. Токму овие бои, во естетска смисла, се привлечни бои.

Хемискиот состав на водата не претставува значајна туристика вредност. Се

работи за слатка вода, без големо количество растворени соли.

1.1.2. Преспанскио езеро

Преспанското езеро се наоѓа во Преспанската котлина. Оваа котлина е

опкружена со високи планински вериги, какви што се: Галичица, Петрино,

Плаќенските и Бигра, Баба и Сува Гора. Езерото е лоцирано на надморска

висина од 853 метри. Вкупната површина на езерото изнесува 274 км2 од кои

на Р.М. и припаѓаат 176км2 додека на Р.Албанија 49 км2. И на Р.Грција 47 км2.

Ова зборува за релативно голема територија која претставува начаен

туристички потенцијал. Карактеристично е дека ова езеро е многу подложно на

промените на водостојот, што значи дека водата значително осцилира.

Температурата на водата на Преспанското езеро претставува значајна

туристичка рекреативна вредност. Најголемата проѕирност на водата во

Прескапнското е. Изнесува 7,2 м. ваквата проѕирност претставува

19

Page 20: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

афирмативна туристичка вредност. Бојата на водата на Преспанското е.

Коинцидира со проѕирност.

1.1.3. Дојранско езеро

Дојранското езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Р. М. површината на

езерото изнесува 42,7 км2. Од кои 15,6 км2 и припаѓаат на Р.Грција а 27,1

км2 на Р. Македонија. Најголема длабочина изнесува 10 м. се работи за

многу мала длабочина, посебно во однос на Охридското и Преспанското е.

Температурата на водата претставува една од најзначајните туристички

вредности на Дојранското е. Секап, за туристичкиот развој од најголемо

значење се средномесечните темп. на водата во летниот период од

годината. Поради честите запатувања, проѕирноста на водата се намалува

што претставува неповолна околност во одвивањето на туристичката

активност. Бојата на водата има нијанси од темно зелена, зеленкасто-

жолтеникава што како туристичка вредност заостанува зад Преспанското е.

А посебно зад Охридското е.

1.2. Глацијални езера

Глацијалните езера се такви езера кои се наоѓаат на високите планини во Р.М.

Тие се лоцирани најчесто на височини поголеми од 2000 метри.Имено, овие

езера се со мошне убав изглед. Поради убавините што ги поседуваат овие

глацијални езера уште се нарекуваат и “ Планински очи”. Ледничките езера во

Македонија се наоѓаат на следниве планини и тоа: Шар Планина, Пелистер,

Јабланица, Јкупица, Кораб и Стогово.Најголем број на глацијални езера се

наоѓаат на Шар Планина.На оваа планина се регистрирани 39 глацијални езера

и тоа на Македонската страна има 29 од кои 19 се постојани а 8 се

повремени.Поголеми и позначајни се : Боговинското, Црно, Бело, Голем и Мал

Ѓол, Кривовишко, Големо и Мало Делбешко, Горно и Долно Доброшко,

Ливадичко, Црни и Караниколиско Езеро и др. Мешу нив најголемо е

Боговинското Езеро.

20

Page 21: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

На планината Јабланица, под највисокиот врв Црн Камен и врвот Стрижак се

наоѓаат следните глацијални езера : Подгоречко, Вевчанско и Горно и Долно

Лабунишко Езеро.Најголемо глацијално езеро на Јабланица е Подгоречкото

Езеро.

На планината Јакупица постојат 2 мали езера. Овие езера се наоѓаат во еден

цирк, а меѓусебно се одвоени со моренски бадем.Повисокото езеро е поголемо

за разлика од ниското глацијално езеро.Глацијални езера има и на планината

Стогово а тоа се : Горно, Долно или Црно Езеро и Маруша.

На Пелистер се наоѓаат 2 мошне убави глацијални езера. Тоа се Големо и

Мало Езеро.Големото Езеро се карактеризира со неправилна форма и

неговата најголема длабочина изнесува 14,6 метри и претставува едно од

најдлабоките глацијални езера во Р.Македонија.Малото Езеро има кружен

облик и неговата длабочина изнесува 2,8 метри.

1.3. Вештачки езера

Вештачките езера во Р.Македонија се градени поради други намени. Тие

обично претставуваат хидроенергетски објекти или се изградени поради

наводнување на земјоделските површини. Во Р.Македонија најпознати

вештачки езера се следниве: Мавровско, Дебарско, Глобочица, Матка,

Тиквешко, Калиманци, Кочанското, Водоча, Липковското, Прилепското, Турија,

Ратево, Стрежево и др.

Мавровското езеро претставува едно од најголемите вештачки езера во

Македонија.Лоцирано е во Мавровската котлина која е опколена со

планинските страни на планината Бистра.Оваа акумулација опфаќа повеќе

водени текови меѓу кои најголем дел се од сливот на реката Радика.

Дебарското Езероили Шпиље претставува водена акумулација која ги

опфаќа водите од сливот на реката Црн Дрим и долниот тек на реката

Радика.Езерото е лоцирано близу Албанската граница.

21

Page 22: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Езерото Глобочица претставува хидроенергетска акумулација на реката Црн

Дрим. Ова езеро се надоврзува со Дебарското езеро. Неговата боја е темно

зелена.

Езерото Матка се наоѓа во близина на Скопје. Тоа е всушност

хидроакумулација во клисурестиот дел на реката Матка. Покрај своето богато

културно и историско наследство ова езеро привлекува голем број на туристи и

поради убавиот манастирски комлекс Св. Андреја.

Тиквешкото Езеро се наоѓа во кањонот на Црна Река, во близина на селото

Возарци-Кавадаречко.Ова езеро заедно со Мавровското претставуваат

најголеми езера во Р.Македонија и воедно најтопло вештачко езеро.

Езерото Калиманци се наоѓа во долината на реката Каменица, односно во

просторот во кој овој водотек се влева во реката Брегалница. Ова езеро е

лоцирано во близина на Осоговските Планини и планините Плачковица и

Голак.

Кочанското Езеро или Гратче се наоѓа во долината на Кочанската река на

составот на Мала и Голема Река.Браната на ова езеро е оддалечена од Кочани

7 км.

Езерото Водоча се наоѓа во сливот на реките Водоча и Тркајна. Ова езеро е

лоцирано на 8 км од градот Струмица.

Липковското езеро претставува значајна хидромелиоративна акумулација.

Браната на ова езеро е оддалечена од селото Липково 2 км а од КУманово 12

км.

Прилепското езеро е лоцирано во месноста Гладно Поле, во непосредна

близина на градот Прилеп.

Езерото Турија се наоѓа во близина на градот Струмица.

Езерото Ротево се наоѓа во долината на Ратевска Река. Од градот Берово е

оддалечено 6 км.

22

Page 23: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Езерото Стрежево се наоѓа на околу 22 км оддалечено градот Битола.

Акумулацијата е лоцирана во средното течение на реката Шемница, во

близина на селото Стрежево.

Слатинското Езеро се наоѓа на 35 км северно од Охрид во подрачјето на

Дебрца во близина на селото Слатино.

1.4. Реките како туристичка вредност

Речната мрежа во Р.Македонија припаѓа на 3 главни речни системи. Тоа се

сливовите на реките Вардар, Црн Дрим со Охридско-Преспанското подрачје и

Струмица.

Сливот на реката Вардар опфаќа површина од 20.535 км што значи дека е

најголемото сливно подрачје. Тој изнесува 79,86% од територијата на

Република Македонија. Сливот на Црн Дрим со Охридско-Преспанското

подрачје опфаќа 13,02% а сливот на реката Стримица опфаќа 5,96% од

територијата на Р.М.

Во Вардарскиот слив доминантно место зазема реката Вардар која извира

кај селото Вруток во југозападниот дел на Полошката Котлина.Во Полошката

котлина реката Вардар акумулира наносен материјал, создавајќи брег што се

издига над коритото во ниво на околните тераси. Во овој дел од текот Вардар ја

прима притоката Лакавица од десната страна и помали водотеци од левата

страна. Низ Дервенската Клисура Вардар тече во должина од 21,5 км од

утоката на Беловичка Река до врутокот Рашче. Од Дервенската Клисура

Вардар влегува во Скопската Котлина низ која тече од врутокот Рашче до

селото Таор. Во овој дел Вардар ги прима поголемите притоки: Лепенец од

левата страна и Треска од десната страна. Изворот на реката Треска се наоѓа

цо селото Извор во близина на Кичево и само 500 метри од магистралниот

правец Охрид-Кичево. Низводно од утоката на Треска , во Вардар се влева

Маркова река. Во близина на просторот во кој Вардар влегува во Таорската

клисура се наоѓа утоката Кадина Река која извира под северните падини на

23

Page 24: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

планината Јакупица, односно под нејзиниот врв Солунска Глава. Во горниот

дел на Таорската Клисура од левата страна во Вардар се влева притоката

Пчиња. По излегувањето од Таорската Клисура, Вардар тече низ Велешката

Котлина на потегот од Башино село до утоката на реката Тополка. Од утоката

на реката Тополка до утоката на реката Брегалница ,Вардар тече низ

Велешката Клисура и на овој потег ја прима водата од реката Бабуна која

претставува негова десна притока.Од утоката на реката Брегалница доутоката

на реката Бошава, Вардар тече низ Тиквешката Котлина. Во овој дел од

течението во Вардар се влеваат 2 големи притоки. Тоа се Брегалница од

левата и Црна Река од десната страна. Реката Вардар од Тиквешкатакотлина

влегува во Демиркаписката Клисура каде што претставува една од најубавите

и најкарактеристичните делови на целата делница на течението на Вардар. По

излегувањето на Вардар од Демиркаписката Клисура тече низ Валандовско-

Гевгелиската Котлина па се до Егејското Море.

Сливот на реката Црн Дрим ја опфаќа сливната површина на Охридското

Езеро. Според големината ова претставува 2 сливно подрачје во Р.М. Со оглед

на тоа што на оваа река се изградени акумулациите Глобочица и Шпиље,

нејзиниот водотек се протега од истекот на Охридското Езеро до селото

Ташмануришта. Изворот е лоциран кај Свети Наум каде што го сочинуваат

поголем број на изворчиња (околу 45 извори).Изворот претставува емало

езерце кое е составено од 2 дела. Црн Дрим има регулирано корито во

неговиот тек низ Струга.Во овој дел од реката е мошне убава,со

каректеристично темно-зелена боја. Најчесто овде се лови рибата плашица со

која овј потег изобилува. Во горниот слив на Црн Дрим се јавуваат неколку

рекички. Тоа се Беличката, Вевчанската и Лабунишката Река. Посебно се

атрактивни Вевчанските Извори, од кои се формира овој водотек.

Вевчанските Извори претставуваат дел од групата на спомениците на

природата во Р.М. Тие се лоцирани на планината Јабланица.

Реката Радика која е дел на долната сливна површина, ина големо туристичко

значење и претставува брза планинаска река во која се влеваат притоки, чиј

просечен природен пад е доста голем.Како мошне интерсени хидрографски

туристички вредности во сливното подрачје на Црн Дрим, односно Охридското

24

Page 25: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

езеро , треба да се истакнат изворите кај манастирот Свети Наум и

Билјанините Извори кај Студенчишта.

Билјанините Извори се наоѓаат во непосредна близина на градот Охрид,

веднаш под патот кој води за Свети Наум.Оваа вода се влева во Охридското

Езеро но во изворишниот тек таа е канализирана а околниот простор е уреден

за одмор и прошетки.

Сливот на реката Струмица се наоѓа во југоисточниот дел на

Р.Македонија , додека нејзиниот извор е лоциран на високите делови на

планината Плачковица.Реката Струмица тече помеѓу Радовишката и

Струмичката Котлина каде што се наоѓа и Дервенската Клисура.Во овој

простор на падините на планината Беласица во долината на реката Баба се

наоѓа Колешинскиот Водопад.

1.5. Квалитетот на водите во поважните реки

Законот за водите го има задолжено Републичкиот хидрометеоролошки завод

да врши редовно следење и испитување на квалитативните и квантитативните

карактеристики на водите во Р.Македонија.

Квалитетот на водата во реката Вардар се оценува како

незадоволителен.Загадувањето на реката Вардар започнува со примањето на

отпадните води од Тетово.Најголем интезитет се добива по примањето на

отпадните води од Скопје и Велес, така што на овие потези квалитетот е со 4

класа, а во летно-есенскиот период и вон класа.

Реката Лепенец во горниот тек се карактеризира со 3 и 4 класа поради

органско и микробиолошко загадување.

Реката Треска низводно од Кичево има релативно високо органско и

микробиолошко загадување и според класата се рангира исто како и

претходните наведени реки.

25

Page 26: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Реката Пчиња се карактеризира со квалитет од 2 класа на секторот од

границата со Србија од утоката на Кумановска Река.Оваа река е претворена во

колектор на отпадни води на градот Куманово.

Црна Река е мошне загадена река на нејзината делница низ Пелагониската

Котлина. Поради високиот степен на органско и микробиолошко загадување,

квалитетот на водата е од 4 класа.

Реката Брегалница се карактеризира со лош квалитет на водата уште во

горниот тек.Квалитетот на водата е претежно со вредности за 2 класа а

повремено и за 3.Највлошена состојба на водата реката Брегалница има на

течението под градот Штип каде што квалитетот на водата почесто е со

вредности од 4 класа.

Реката Црн Дрим има задоволителен квалитет на водата по целото

течение.Се јавува мало загадување по приемот на отпадните води од

пречистителната станица на колекторскиот систем на Охридското Езеро кај

селото Враништа.

Реката Радика поседува релативно добар квалитет на вода со исклучок на

повремени локални влијанија.

Реката Струмица поседува висока концентрација на штетни и опасни

материи.Под градот Радовиш квалитетот на водата е од 4 класа а повремено и

вон класа.Нешто подобар квалитет на водата реката Струмица има на излезот

од Р.Македонија.

1.6. Термоминералните води како туристичка вредност

На просторот кој го опфаќа Р.Македонија се наоѓаат бројни хидрографски

објекти. Вкупниот број е повеќе од 65 термоминерални извори. Преку дупчење

термоминерални извори се откриени и на повеќе места како во село Подлог кај

Кочани, село Истибање кај Виница, село Смоквица во Гевгелиската Котлина и

др. На овие изворишни простори досега се формирани 8 бањски места. Тоа се

26

Page 27: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

следните: Бањиште, Косоврасти, Катлановска Бања, Кумановска Бања,

Кочанска Бања, Кежовица, Банско и Негорска Бања.

1.6.1. Бања Бањиште

Бања Бањиште е лоцирана во подножјето на планината Крчин, на надморска

височина од 870 метри. Во нејзина близина се наоѓа регионалниот пат Скопје-

Дебар-Охрид. Во бањата се јавуваат 3 извори и тоа: Нова Каптажа, Горни

Базен и Долни. Овие извори се разликуваат според температурата и

радиоактивноста на водата. Највисока температура на водата има изворот

Долни Базен која изнесува 39,3 целзиусови степени додека пак Нова Каптажа

има 38,8 а најниска е во Горниот Базен со 36 степени.

1.6.2. Бања Косоврасти

Бањата Косоврасти претставува една од најатрактивните бањи во Р.М. Оваа

бања се наоѓа на излезот од клисурата на реката Радика, односно од нејзиниот

западен брег. Таа е лоцирана непосредно до регионалниот пат Скопје-Дебар-

Охрид. Темапературата на водата изнесува 48 степени а по хемискиот состав

таа е сулфурно-карбонатна.

1.6.3. Катлановска Бања

Катлановската Бања се наоѓа во југоисточниот дел на Скопската Котлина во

подножјето на Црн Врв. Бањата е лоцирана над селото Катланово во долното

течение на реката Пчиња и на само 2,5 км од меѓународниот пат Е-4 помеѓу

Скопје, Куманово и Велес. Според хемискиот состав на водата треба да се

констатира дека изворите во Катлановската Бања можат да се класифицираат

во 3 групи и тоа сулфурни, алкални и јагленокисели.

27

Page 28: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

1.6.4. Кумановска Бања

Кумановска Бања често во литературата се сретнува и како Проевска Бања, по

селото Проевце во чија близина е лоцирана. Оваа бања се наоѓа на околу 4 км

источно од Куманово. Температурата на водата изнесува 30 С што значи дека

се работи за хипотермална вода. Бањата се користи за лечење на нервните

болести, болести на орагните за варење, шеќерна болест и др.

1.6.5. Кочанска Бања

Кочанската Бања се наоѓа на 6 км западно од Кочани во селото Бања на

надморска височина од 340 метри. Температурата на водата во бањата

изнесува 64 С што значи дека станува збор за мошне погодна вредност. По

хемискиот состав бањата спаѓа во групата на слабоминерализирани термички

води.

1.6.6. Бања Кежовица

Бањата Кежовица се наоѓа во непосредна блзина на градот Штип. Лоцирана е

на десниот брег на реката Брегалница на само 2 км оддалеченост од градот.

По хемискиот состав водата во бањата спаѓа во сулфурните,

слабосалиничните и радиоактивните термоминерални води. Температурата на

водата се движи од 57 до 69 С што значи дека се работи за хипертермална

вода.

1.6.7. Бања Банско

28

Page 29: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Бања Банско се наоѓа во подножјето на планината Беласица, во селото Банско.

Бањата е лоцирана во Струмичката Котлина и е оддалечена 12,5 км од градот

Струмица. Оваа бања има вкупно 13 извори , кои меѓусебно се разликуваат по

своите термички и хемиско-минерални карактеристики. Најголема штедрост

има изворот Парило и воедно има највисока температура со 72 С што бањата

Банско ја одредува како бања со највисока температура во Р.Македонија.

1.6.8. Негорска Бања

Негорската Бања е лоцирана во Гевгелиската Котлина на околу 4 км северно

од Гевгелија. Бањата се наоѓа во подножјето на планината Кожуф и е во

непосредна близина на магистралата Скопје-Солун. На овој простор се

јавуваат повеќе извори. Меѓу нив посебно значење имаат изворите Ладна

Бања, Топла Бања и Нова Каптажа. Температурата на водата во овие извори

се движи од 36 С во Ладна Бања, до 34 С во Нова Каптажа. Во близина на овој

простор на падините на планината Кожуф се наоѓа термоминералниот извор

Смрдлива Вода.

2.4. Биогеографски туристички вредности

Биографските туристички вредности претставуваат вредности на растителниот

и животинскиот свет кои се огледаат во обемот и вкупната застапеност на овие

форми, нивната разновидност и појавата на ретки видови. Природните услови

во Р.М. овозможиле биогеографските форми да се јават на овој простор како

интересна туристичка вредност. Тоа се однесува како на флората така и на

фауната.

2.4.1. Туристичка вредност на растителниот свет

На нашиот простор застапени се растителни видови кои се карактеристични за

субмедитеранската клима, медитерански видови се застапени во

29

Page 30: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Повардарието и во Охридската котлина, како и по долината на реката Црни

Дрим. Растителните видови на евро-сибирската област сепак преовладуваат

на просторот на Р.М. според последниот попис на шумскиот фонд во Р.М.

површините под шума и шумско земјиште изнесуваат 50% од нејзината

територија. Најголема површина од шумското богатство припаѓа на стопански

шуми. Тревната вегетација зафака површина 667. 855 хектари. Во најголема

мерка е преставена како пасишта во високо планинскиот простор над шумската

зона. Мочуришните растителни форми се карактеристични за мочуришните

простори. Овие простори се застапени во близина на водените површини,

какви што се мочуришните терени во некои делови на охридско-струшката

котлина, преспанска котлина, дојранското е. И во некои делови на пелагонија.

Врз основа на вредноста на растителниот свет во Р.М. диференцирани се

специјални резервати. Тоа се следниве специјални резервати:

- Резерват на платонот

- Резерват на црн бор

- Резерват од бука и ела

- Резерват на бел бор

- Резерват од смрча

- Резерват на ела

- Резерват од бреза

- Резерват од бука

- Резерват од кримски бор

- Резерват од кривуљ

2.4.2. Туристички вредности на животинскиот свет

Животинскиот свет претставува мошне значајна туристичка вредност. На овој

простор се јавуваат ретки животински форми, често и со ендемичен и реликтен

карактер. Најзначајни рекреативни својства поседува ловната дивеч и

риболовните форми, додека ретките елементи на фауната пред се ја

изразуваат куриозитетната кокмпонента и атрактивно мотивските туристички

својства.

30

Page 31: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

2.4.2.1. Дивечот како туристичка вредност

Дивечот на нашиот простор се срекава од класата на цицачи и од класата на

птици.

Класата цицачи се јавува низ следните три реда: папкари, кризачи, ѕверови-

мршојадци. Папкарите се делат во два подреда и тоа: преживари и не

преживари. Во подредот преживари во нашиот простор спаѓаат следниве

видови:домашен елен, елен аксис, срна, дива коза, муфлон, и козорог.

Домашниот балкански елен на просторот на Р.М единсвено се одржал на

планината Кожув. По вештачки пат тој е населен и во резерватот Јасен. Еленот

Аксис е населен во околината на Дојранското езеро. Срната во Р.М. е

распространета скоро во сите поголеми шумски комплекси: какви што се

Бистра, Шар планина, Стогово, Јабланица, Плаќенска и Илинска планина.,

Баба, Кајмакчалан, Бабуна, Рожденските планини, Кожув, Плачковица, и

Малешевските планини. Диво козата ја има во повеќе планини во Р.М. таа се

јавува на Шар планина, Кораб, Бистра, Стогово, Баба, Караџица, Јакупица и

Пелистер. Муфлонот се одгледува во резерватот Јасен. Козорогот може да

егзистира во повисоките подрачја на Шар планина, Стогово и Баба.

Не преживар на просторот на Р.М. е дивата свиња како единствен преставник.

Таа во најголема мера егзистира во дабовиот и буковиот шумски појас.

Најчесто се среќава кај Валандово и Дојран, во јужните предели крај Скопје,

Тетово и Куманово. Се претпоставува дека постојат околу 3000 диви свињи.

Гризачите на просторот на Р.М. се застапени со следните видови: обичниот

зајак, верверицата, текуницата, и обичниот полв.

Месојатците или ѕверовите се род на кој му припаѓа голем број на видови кои

се наоѓаат на просторот на Р.М. меѓу нив спаѓаат следните видови: дива мачка,

рис, волк, лисица, чакал, мечка, куна златка, куна белка, мала ласица, твор,

јазовец и видра.

- Дивата мачка е широко распостранета во Европа а се среќава и во

нашите шуми.

- Рисот опстојува во просторот на Р.М. посебно во нејзиниот западен дел,

но се наоѓа пред исчезнување.

31

Page 32: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

- Волкот и лисицата се распространети на широк простор во Р.М. така што

преставуваат честа мета на волците. Годишно се отстрелуваат повеќе

од 100 примероци на волкот а може да се претпостави дека бројот на

лисици е уште поголем.

- Чакалот живее на Балканскиот простор, а исто така се наоѓа и на

просторот на Р.М. во околината на Дојран. Ендемични примероци се

сретнати во близина на Скопје.

- Мечката е една од најактрактивните видови на крупен ловен дивеч. Таа

најчесто се јавува во западниот дел на Р.М. и тоа во тетовското,

охридското, струшкото, и битолското подрачје. Егзистенцијата на овој

вид постои на планинските простори на Шар планина, Кораб, Бистра,

Караорман, Баба, и др.

- Јазовецот, куната златка и куната белка, малата ласица и творот се

распространети на целиот простор на Р.М.

- Видрата егзистира во близина на водените површини, така што во овој

простор може да се сретне на Преспанското и Охридското е. На Црн

Дрим и на други локалитети.

Класа птици

Класата птици на просторот на Р.М. се јавува низ следните редови: дропли,

кокошки, гулаби, галеби, пливачи, грабливи птици, утки-бувови и појни птици.

- Дроплите во овој простор се среќаваат во два вида: голема дропла, и

мала дропла.

- Птиците од редот кокошки се јавуваат како шумски и полски. Од видот на

шумски кокошки на просторот на Р.М. се среќаваат големиот тетреб и

лештарката.во групата на полски кокошки спаѓаат: фазанот, полската

еребица, еребицата камењарка и потполошката.

- Во редот гулаби се сретнуваат следниве видови: гулаб гривнеш, гулаб

дупкар, див гулаб, грлица, и гугутка.

- Во редот галеби на нашите простори се сретнуваат следниве видови:

шумска шљука, ридска шљука, и ливадска шљука.

- Редот птици пливачи опфака поголем број видови во кој се среќаваат

следните: дива гуска, дива пајка, норка, и лебед.

32

Page 33: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

- Од редот грабливи птици кои се јавуваат како ловни форми, атрактивни

се следниве: сив сокол, ветрушка, јастреб кокошар, јастреб врапчар,

обичен глувчар, гаќест глувчар, мочуришна еја, ргеста луња, црна луња,

сур орел, орел крстач, орел клокташ, џуџест орел, орел рибар, белоглав

мршојадец, мал бел мршојадец, и брадест жолтоглав орел.

- Од редот утки- буфови на нашите простори се среќаваат следниве

видови: голема ушеста утка, шумска ушеста утка, мочуришна утка, и

градинарски чук.

- Во редот појни птици се среќаваат следните видови: гавран, пепелеста

врана или гагра, чавка, страчка и сојка.

2.4.2.2. Рибите како туристичка вредност

Во стручната литература рибите се среќаваат како надкласа, на која и

припаѓаат класите: рскавични риби и коскени риби. Во Р.М. рибите и

припаѓаат на класата коскени риби. Оваа класа има 2 поткласи и тоа:

Од рскавично-коскените риби живее само атлантската есетра која му

припаѓа на родот есетри и кечиги. На македонските простори оваа риба

живее во реката Струмица. Од вистинските коскени риби кај нас се јавуваат

следните фамилии: Харинги и слеѓеви, Пастрамки, Штуки,Cobitidae,

Poecilidae, Percidae, Cottidae,Краповидни риби, Сомовидни, Џуџести сомови,

Јагули, Сончеви риби и Камењарчиња.

Фамилијата харинги и слеѓеви се наоѓаат во Охридското Езеро преку Црн

Дрим од Јадранското Море преку Скадарското Езеро.

Фамилијата Пастрамки ги опфаќа следните родови: Пастрамки и лососи,

Salmothymus и Златовчици.

Од родот пастрмки и лососи се јавуваат следните видови: Пастрмка, охридска

пастрмка, радичка, мавровска, гарска, пелагониска, македонска, пелистерска,

балканска, главатица, и калифорниска пастрмка. Во видот пастрмки спаѓаат 2

подвидаи тоа: поточна или речна и езерска пастрмка.

33

Page 34: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Родот Salmothymus опфаќа 2 вида а во Р.М. живее само еден вид. Тоа е

Охридската белвица или Охридска мекоусна пастрмка.

Од родот златовчици на овој простор се среќава поточната златовчица или

Канадската пастрмка.

Фамилијата Штуки е претставена со родот Esox, кој има 5 вида. Само еден

вид живее на овој простор и тоа низинските води на Струмичкиот регион.

Фамилијата крапнолики риби ги опфаќа следните подфамилии: Кленовидни

риби и крапови и караси.

На фамилијата кленовидни риби и припаѓаат следните видови: кленови,

црвеноперки, бодорки, црвенооки, пиори, белвица.

Фамилијата Cobitidae на овој простор опфаќа 2 рода: Родот вретенушки и

родот штипалки.

Фамилијата сомовидни риби е застапена со еден род а тоа е родот сомови

на кого и му припаѓа видот сом.

Фамилијата џуџести сомови на овој простор се среќава со 2 рода. Првиот

род е претставен со видот американско сомче т.н. џуџесто сомче. Вториот вид

е претставен со каналското сомче кое може да се одгледува и во рибниците.

Фамилијата на јагули на нашите простори е претставена само со еден вид а

тоа е јагулата која живее во Охридското езеро и реката Црн Дрим.

Фамилијата Poecilidae во Р.М. е претставена со еден вид а тоа е видот

гамбузија која живее во топловодните рибници.

Фамилијата Percidae е застапена со повеќе родови а тоа се: Perca ( костреш )

, Stizostedion ( тоа е смуѓот кој живее само во езерото Младост кај Велес ) и

Вретенари.

Фамилијата сончеви риби на просторот на Р.М. е претставена со видот

сончарка која живее во топловодните рибници.

Фамилијата камењарчиња е претставена со видот мрена која претежно

живее во Дојранското езеро.

34

Page 35: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Фамилијата Cottidae e претставена со родот пешови на кој му припаѓа само

видот пеш. Оваа риба ги населува водите на егејскиот слив.

3. НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРКОВИ КАКО ТУРИСТИЧКА ВРЕДНОСТ ВО

Р.МАКЕДОНИЈА

Во Република Македонија постојат 3 национални паркови. Тоа се:

-Пелистер

-Галичица

-Маврово.

3.1. Национален парк Пелистер

Националниот парк Пелистер се наоѓа помеѓу Преспанската и Пелагониската

Котлина. Тоа е прв прогласен национален парк на територијата на Р.М. кој

опфаќа дел од планината Баба и нејзиниот највисок врв Пелистер по кој го

добил и името. Карактеристично за овој национален парк се “ Планинските Очи

“ , тоа се Големото и Малото глацијално езеро кои што се лоцирани на самата

планина. Исто така значајна улога има и шумата која е богата со видот Молика

која претставува петолистен бор со терциерна старост.

3.2. Национален парк Галичица

Националниот парк Галичица опфаќа делови од планинскиот масив Галичица

со крајбрежните простори на Охридското и Преспанското Езеро. Планината

35

Page 36: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Галичица се наоѓа на југозападниот дел на Р.М. која се издига помеѓу

Охридската и Преспанската Котлина. Карактеристични релјефни форми на

оваа планина се подземните пештери. Најголеми и најзначајни се : Црна

Пештера, Мечкина Дупка, Самоска Дупка и др. Од дрвенестите растенија на

овој национален парк посебно внимание заслужуваат дивата и питомата фаја,

боровата молика и муника, крупноцветниот повид халожина, шишмирот, дивиот

костен и други.

3.3. Национален парк Маврово

Националниот парк Маврово е претставен како најголем национален парк во

Р.Македонија. Овој парк ги опфаќа јужните делови на Шар Планина, западните

и централните делови на Бистра и планинските целини на Кораб и Дешат кои

се наоѓаат во границите на Р.Македонија. Овој простор има сообраќајна

поврзаност која се одвива во два правци и тоа: Струга-Дебар-Скопје и Охрид-

Кичево-Гостивар-Скопје. Во рамките на овој национален парк се јавува и

највисокиот врв во Р.Македонија Кораб. Во локалитетот Маврово се наоѓаат 3

микроцентри кои се лоцирани во селото Маврово, Никифорово и месноста

Крстови. Оваа планина има погодни скијачки терени од кои најпознати се

Лазарополе, Галичник и Маврово. Исто така на планината Бистра располага и

со 4 попознати пештери кои се погодни за туризмот и тоа : Чавкарник, Горна и

Долна Алилица и Калина Дупка. Доминантен хидрографски елемент во

националниот парк Маврово по своето туристичко значење е Мавровското

езеро.

36

Page 37: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

4. АНТРОПОГЕНИ ТУРИСТИЧКИ ВРЕДНОСТИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Природните туристички вредности се во тесна врска со антропогените. Бројот

на разновидноста на антропогените туристички мотиви е полд на бурното

историски минато на цивилизациите кои го населувале овој простор и

актуелната креативност и инвентивност која овде се изразува. Во групата на

антропогени туристички мотиви во Р. М. треба да се издвојат следните:

- Културно- историски мотиви

- Етнографски и социјални мотиви

- Манифестациски мотиви

- Амбиентални мотиви

4.1. Културно- историски туристички мотиви

Културно-историските туристички мотиви се антропогени појави и односи кои

туристите ги привлекуваат со тоа што го задржуваат интересот на позначајни

историски настани и личности, како и на културното наследство низ

цивилизациските рамки. Тие можат да се групираат на следниот начин:

- Историски и археолошки локалитети

- Споменици на културата и спомен одбележја

- Институции од областа на културата

- Современи културно-историски творби.

4.1.1. Археолошки локалитети во Р.М.

Голем број на археолошки локалитети се откриени. Откривањето на

археолошките лолалитети во туризмот има големо значење. Тие пред се ги

содржат знаменитите атрактивни својства, а претставуваат и куриозитетни

вредности. Археолошките локалитети и наоѓалишта треба да се пратат низ

предисторискиот и античкиот период.

37

Page 38: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Предисторија

Археолошките наоѓалишта на просторот на Р.М. сведочат за животот кој

датира уште од постарото камено доба

- Палеолитски период

Остатоци се среќаваат во близина на Велес и Битола. Првите населби кои

постоеле во средна Брегалница, Овче Поле, кај Вардар и во Пелагонија

датираат од пред 6000 год. П.н.е.

- Неолитски период

Остатоци на неолитот чија старост датира од пред 4000 години п.н.е. се

пронајдени во Овчеполието, средна Брегалница, Пелагонија, Охридско-

Струшката Котлина и кај Вардар.

- Енеолитскиот период

Познати се следиве локалитети: Бурулчево- Пилаво Кочани, Враништа –

Црквени ливади Струга, Долно Ореово –Шупливец Битола.

- Бронзениот период

Од бронзеното време значајни локалитети се следните: Асамати- Св. Недела

Ресен, Букри- Висок Рид Битола и др.

- Железниот период

Датираат локалитетите: Беранци-Висои Битола, Бразда Скопје, Брод –Сарај

Битола и др.

Антички наоѓалишта

Градови ви населби од предримскиот период на просторот на Р.М. се

следните: Битола (Хераклеа ), Бразда (Градиште) Скопје, Букри (Висок рид)

Битола, Бучин (Бучински рид) Крушево, Штип (Астрајон) и Штип Исар (Астибо).

38

Page 39: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

Римска култура

Поважни римски градови на просторот на Р.М. се следните: Астибо – Штип,

Гортинија- Марвинци, Керамија – Прилеп и др. Римската цивилизација е

препознатлива и по уредените бањи. Такви се Катлановкста, бањата Бањиште,

Кочанската и бањата Банско.

Ранохристијански период

Од ранохристијанската уметност се среќаваат бројни наоди. Тие се наоѓаат на

поширокиот простор во Македонија. Меѓу нив најстари и највредни се наодите

во Стоби, стариот град Лиххидос односно Охрид, Свети Еразмо во близина на

Охрид, Радолишта во близина на Струга, Октиси северно од Струга, Дебој во

Охрид, Хераклеа во Битола и др.

4.1.2. Културно- историски споменици

Културно-историски споменици во Р.М. во најголема мерка се претставени ккао

наследство на христијанската и исламската религија.

Цркви и манастири

Во периодот од 9 до 11 век Охрид, благодарение на Св. Климент и Св. Наум

станал културно жариште. Во Охрид е воозобновен најстариот словенски

манастир на Балканскиот Полуостров, посветен на Св. Пантелејмон. Св.

Климент ја изградил до 893 година, во локалитетот Плаошник. Манастирот Св.

Наум е подигнат при крајот на 9 век. Овој манастир се смета за еден од

најзначајните манастири на Балканскиот Полуостро. Мошне значајни се и други

цркви и манастири на овој простор.

Во Скопје и скопско познати цркви и манастири се: Манастирот Св.

Пантелејмон, Манастирот Св. Никита, Св. Богородица, Марковиот манастрир и

Св. Архангел. И многу други манастрири и цркви низ цела МК.

39

Page 40: СКРИПТА ПО ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА

4.2. Етнографски туристички мотиви

Од етнографските туристички мотиви спаѓаат традиционалното градитество,

стопански активности, народната исхрана и народните носии, песни и игри.

4.2.1. Традиционалното гледиште во Р.М.

Градителската креативност е присутна како во изгледот на екстериерот и

начинот на градба, така и во ентериерот што куќата го поседува.

Екстериерот на македонската куќа

Во повисоките каменити простории на Македонија се применува каменот како

основен градежен матаријал, кој извонредно се изработува и вградува. Во

македонското градителство присутно е и користењето на непечена тула

( ќерпич), дрвотто е присутно во покривните конструкции, ѕидовите,балконите

во вид на чардаци и скалите. И во оваа смисла изборот на материјалот е во

зависност од просторот во кој се гради. Една од битните карактеристики на

екстериерот на традиционалните македонски куќи е користењето на еркерот,

претставува соединување на естетскиот изглед на фасадата и функционалните

особини.

Ентериерот на македонските куќи

Ентериерот во традиционалната македонска куќа претставува исто така

значајна туристичко-мотивскиа атрактивност. Овие интерни особини се

посебно добро сочувани во македонската селска куќа, а го изразува во голема

мерка начинот на животот на селското население.

.................................

Последните лекции од традиционални стопански активности до крај со

регионите не се обработени. Прочитај!!!

40