Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

120
1 ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО Јованчо Димоски Јулијана Величковска МОНОГРАФИЈА

Upload: julijana-velickovska-dimoska

Post on 27-Jul-2015

802 views

Category:

Documents


15 download

TRANSCRIPT

Page 1: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

1

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

Јованчо Димоски Јулијана Величковска

МОНОГРАФИЈА

Page 2: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

2

CIP-Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје

908(497.711)

ДИМОСКИ, Јованчо Дваесет години поетска ноќ во Велестово/Јованчо Димоски, Јулијана Величковска. -Охрид: Поетска ноќ во Велестово, 2009. 120 стр. :илустр. ; 20 см

Фусноти кон текстот

ISBN 978-608-4570-00-41. Величковска Јулијана [автор]

COBISS.MK-ID 79003146

Јованчо ДимоскиЈулијана ВеличковскаДваесет години Поетска ноќ во Велестово

ИздаваПоетска ноќ во Велестово

За издавачот Славе Ѓорѓо Димоски

Графички уредникЈованчо Димоски

КорицаЉупчо Јакимоски

Поддржано од Министерството за култура на Република Македонија

Page 3: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

3

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

Велестово 2009

Јованчо Димоски Јулијана Величковска

Page 4: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

4

Page 5: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

5

Велестово е чардак на небото. Или барем најблиску до него. Велестово е најсветла ѕвезда во нашето големо соѕвездие. Зошто таму седи Создателот и Содржателот на се: на земјата и на водата, на радоста и на раѓањето, на вечната и непроменлива вистина. Затоа што таму и од една таква височина, мора да се чуле и нашите први зборови; и нашето сеќавање за нив и нашето препознавање со нив.

Велестово е, всушност, еден облик на поетско вдахновение и една свечена илуминација што грее и најдалеку. Можеби и затоа ПОЕТСКАТА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО е единствена со толку висока светлина.

Петре М. Андреевски

Page 6: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

6

Едно видување на Велестово

ЖИВОТ ПОСВЕТЕН НА БОГОРОДИЦА

Велестово - еден грст куќички како од небо истурени врз камењарот на Галичица, тука, на дофат на градот. А таму, пред десетина години, полураспаднати типични селски куќарки од камен - скоро напуштени. Денес изменета слика: нови куќи со бели фасади и пространи тераси го исполнуваат просторот под велестовското летно небо. Тоа се новите жители кои ја имаат привелегијата (барем во летниот туристички период) до му дадат нова димензија на овој простор и (забегани од секојдневната градска врева), во мир и спокојство да се насладуваат на живописниот пејзаж што го создава езерото со градот Охрид. Многумина од нив веројатно и не сонувале дека еден ден ќе го чувствуваат мирисот на езерската вода донесен од Стрмецот во летните ѕвездени велестовски ноќи.Новите ветришта на современиот динамичен живот донесоа нови карактеристики на секојдневното живеење. Асфалтниот пат ги донесе новите туристички номади да го спасат бришењето на името на селото од географската карта и да го прилагодат каменот на новите барања. Наместо звуците на ѕвонците и клопотарците од многубројните стада овци и кози, по крменестите ридови се разлеваат звуците на современите електронски медиуми и инструменти, а магарињата и коњите како основни превозни средства се заменети со современи автомобили кои одвреме-навреме ја нарушуваат посакуваната тишина низ тесните селски сокаци. Срповите, мотиките и разбоите можат да послужат само како предмети од домашна музејска вредност. Гумењата, каде што се раѓал лебот, се користат како места за забава во вечерните часови, а

наместо свадбите што до пред педесетина години се одржуваа само на 28 август на празникот Голема Богородица, денес, во текот на август, се одржува веќе афирмираната „Велестовска поетска ноќ“. А оние Велестовци кои решиле да останат на своите стари огништа, збунето ги гледаат новите промени што ги носи животот и постепено се вклопуваат во нив.Нешто судбинско е поврзано и со луѓето од Велестово – селото на охридското изгрејсонце, селото на преселбите и расаќата, но за многумина и село на надежта. Сигурно исконска била желбата да се опстојува, да се живее посиромашки, но да нема преселби, но сепак кога причината бида посилна од желбата, и тоа морало да се прави. А, не еднаш, овие клетници, го промениле местото на живеење, погоре или подолу, но сепак останале прилепени за галичичкиот варовник.Селиште, кое се наоѓа на околу 1,5 км. југоисточно од селото, во една природна планинска длапка, била првата постојбина на Велестовци. Биле сточари, па не е ни случајно што името селото го добило по паганскиот врховен заштитник на стадата Волос (Велес). Преданието кажува дека секоја ноќ од густата шума на тоа место излегувала ламја која земала по една невеста или девојка кога ќе оделе на вода кај чешмата. Имале и две цркви од кои едната била посветена на Богородица. Поради тоа, што не можеле да ги гледа страдањата на луѓето, Богородица (како икона) побегнала долу во долот во месноста Кромидишта, а потоа таму со иселило целото село. И таму направиле нова црква посветена на Богородица Пречиста. На новата локација, за животот на луѓето се јавила нова опасност: многубројни арамиски банди често ги напаѓале, убивале и ограбувале, Богородица повторно не можела да

Page 7: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

7

ги поднесе страдањата на селаните и повторно побегнала кон височините на планината и светела ноќе во една грмушка на денешната локација на селото. Велестовци го следеле нејзиниот пат и го заселиле денешното село, околу новата црква посветена на Богородица Пречиста. А за нејзината градба преданието кажува дека е изграден со парите на турскиот јаничар Потур Петко кој како дете бил одведен од селото Лескоец. Според записите на ѕидовите во црквата, таа е градена во ХV век, заедно со црквите во Лескоец и Косел, за кои исто така пари дал Потур Петко. Во едниот запис од 1444 година во црквата се споменуваат имињата на поп Ѓорѓи, Станец, братот негов Михо, Рајко, Добрилов, Дабец и Петко. Во вториот запис од 1450/51 година се спомнуваат: Влкота и Славка, Рувана и Михо, Јанко и Никола. Кои се овие смртници и каква била нивната улога во тоа време во Велестово, не се знае.За втората локација на црквата на Пресвета Богородица во долината на Рачанска Река е интересен податокот дека таму денес постои мала манастирска црква во чија внатрешност ноќта спроти денот Благоец излегува вода која се верува дека има лековити својства, па и затоа таа ноќ црквичето е доста посетено од верниците. И така, со години и векови, животот на Велестовци бил поврзан со култот на Пресвета Богородица. Кон оваа констатација треба да се додадат уште два феномена: целото село ја празнува Голема Богородица, а до пред педесетина години на овој век се правеле и Велестовските свадби.Инаку,селото е формирано од три рода: Маљковци (на горниот крај), Ѓорѓовци(во средината) и Дураковци (на долниот крај) од кои се рашириле до 180 семејства.Но, тоа се траги и спомени од минатото кои не треба да се заборават за да не се

заборават корените на едно постоење. Погледите се свртуваат напред – во иднииата.Може ли Велестово да стане туристичка атрекција на периферијата на најтуристичкиот мекедонски град Охрид? Може ли, покрај изградбата на нови куќи да се заштитат старите дрвени чардаци, да се направат неколку старински соби опремени со богат етнолошки материјал (грнци, ношви, бутинчиња, разбои, носија и сл.)? Може ли да се пие домашна ракија од сливите велестовски од казани и да се пречекаат гостите со велестовски пешници и народни специјалитети од јадења, сето тоа зачинето со изворна народна песна и оро? Може ли повторно да се засојат магарињата за да ги пренесуваат странците во височините на Галичице?И конечно: може ли Велестовската поетска ноќ да добие статус па Републичка поетска манифестација во рурална средина и да биде главен двигател на сите иницијативи и идеи што можат да придонесат за туристичко валоризација на велестовските простори? Се разбира: Велестово не е без перспектива!

Димитар Смилески

Page 8: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

8

ЦРКВАТА УСПЕНИЕ БОГОРОДИЧНО ВО СЕЛОТО ВЕЛЕСТОВО

На падините на планината Галичица, Охридско изградена е по димензии мала црква, посветена на Успение Богородично. Единствените податоци за оваа црква се неколку зачувани натписи, испишани на старословенски јазик. Во првиот натпис, датиран од 1444 година, што се наоѓа на северниот ѕид, се споменуваат имињата на ктиторите: попот Ѓорѓија и Станца, братот на Станца, Михо како и Рајко Добрилов, и имињата на Дабец и Петко. Вториот натпис од 1451 година испишан е над западниот влез во црквата, од внатрешната страна, што ги споменува ктиторите В’лкота И веројатно неговата жена Слава, ќерката Рувана и синовите Михо, Јаков, Никола… Во натписот од 1451 година се споменува охридскиот архиепископ Никола, во чие време е изведен еден дел од живопсот во црквата. Архиепископот Никола не се споменува во други извори, ниту во литературата. Со откривањето на натписите во оваа црква (1966 година), се докажува дека во 1451 година, на охридскиот престол се наоѓал архиепископот Никола. Меѓутоа, натписот во црквата „Си Свети“ во село Лешани, Охридско, наведува на заклучок дека кон крајот на 1451 година, или почетокот на 1452 година архиепископот Никола веројатно умрел, или го остапува архиепископскиот престол на архиепископот Никодим. Кога стапил архиепископот Никола на архиепископскиот престол, тешко е да се утврди. Може да се претпостави дека по последниот познат епископ Матеј, кој

се споменува во натписот на црквата св.Илија во село Елшани, Охридско, од 1408 година, дошол на охридскиот архиепископски престол архиепископот Никола. Со оглед на тоа време, периодот на неговото архиепископување изнесува 43 години (1408-1451 год.), тоа нѐ упатува на претпоставката дека на охридскиот архиепископски престол можат да бидат една или повеќе личности. Црквата е еднокорабна градба со полукружен свод и тространа апсида однадвор. Градена е од кршен и делкан камен, употребен за аглите и влезовите. Живописот од црквата, според написите, изведен е во две етапи. Првата, од 1444 година, го зафаќа просторот „од преграду до третију греду“ (од иконостасот до третата греда). Втората етапа, од 1451 година, се простира од третата греда кон западната страна. Двете етапи се и графички одвоени со повлечена лента, во широчина од 5 см.

Page 9: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

9

Зографот на живописот од 1444 година ни се прикажува како значително посолиден, би се рекло потолерантен зограф. Неговата линија осцилира во однос на дебелината и прецизноста, но сепак неговите фигури се сосема солидно опфатени и изведени, при што недостатоците на цртежот се надоместени со поживиот и посмелиот колорит. Тој на некои места, како кај фигурата на св. Меркурие, ги покажува настојувањата за доближување кон живописот од претходната епоха, односно од периодот на 14 век. Зографот на живописот од 1451 година, со дебелата и груба црна линија на цртежот, со бројните анатомски неточности и колоритот од потемни бои, јасно го покажува влијанието во сликарството од овој период, што станува општа карактеристика за поголем број зоографи во периодот на ропството под Османлиите. К.Б. и А.Н.

Фескопис во црквата Успение на

св. Богородица

Page 10: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

10

Page 11: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

11

Кон јубилејот

Page 12: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

12

ПОРАКА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Почитувани поети, сликари, љубители на уметноста, Најпрвин би сакал од името на министерката Елизабета Канческа - Милевска да се извинам за нејзиното отсуство од јубилејното 20-то по ред отворање на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Со особена чест и задоволство ја примив Вашата покана да Ви се обратам токму на јубилејното отворање на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Велестово е едно од ретките места кои можат да се пофалат со ваква долгогодишна традиција на одржување на оваа манифестација.

Преку поезијата и сликарството и нивната способност да ги претстават дури и најдлабоките човечки емоции и размислувања, преку поетските слики и уметнички симболи, успеваме да ја поттикнеме нашата желба и потреба да го разбереме и јазикот на другите луѓе, ја засилуваме и зголемуваме нашата свест за универзалноста на човековата природа, за тоа дека сите сме исти и еднакви, но сепак различни.

Токму затоа денес, можеме да се пофалиме дека во Македонија се твори не на еден, не на два или три туку на безброј јазици. Секое дело, секоја песна е создадена на посебен и нов јазик. Министерството за култура како и досега така и во иднина ќе продолжи да поддржува манифестации кои ќе придонесат секој облик на уметност да биде достапен за сите граѓани и да имаат можност истите да бидат презентирани како во рамките на нашата држава така и надвор од неа. Тоа е нашиот аргумент пред големите европски култури со кој докажуваме дека сме природен дел на европското

културно семејство. „Поетската ноќ во Велестово“ од година на година сѐ повеќе расте и се развива токму како и опусот на секој уметник сликар или уметник поет. Миговите поминати овде се мигови кои градат мостови, обновуваат патеки

Page 13: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

13

на меѓусебно разбирање. Тоа се мигови на взаемно разбирање и восприемање на уметноста во нејзиниот најчист облик. Тој процес на взаемна комуникација на делата со посетителите и креаторите на тие дела претставува чин преку кој се засилува влијанието на културните облици врз модерното секојдневие обременето со многу грижи а верувам дека е и чин кој го збогатува македонското културно наследство. Дваесетгодишната традиција претставуваат заокружување на еден значаен циклус и обврска кон сите досегашни учесници за понатамошни успеси. Автентичноста на манифестацијата е она што ја прави интересна и ја издвојува од другите преку претставување на културата и уметноста во руралните средини, надвор од академските средини. Пишаниот збор, нацртаната слика се израз на магијата наречена уметност која како таква постои за да нѐ издигне на повисоко ниво на свест, да не расположи и да не направи подобри луѓе. Почитувани, Дозволете ми да Ви посакам да уживате во празникот на поезијата, сликарството и магијата на нивниот израз, да ги изразам моите желби за понатамошен раст и развој на манифестацијата. Ви благодарам

Положбата на Велестово во однос на охрид и езерото

Page 14: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

14

Порака од градоначалникот на охрид Г-дин Александар Петрески

Почитувани претставници на Министерството за култура на Република Македонија, почитувани гости, драги Велестовци, Нашето обраќање ќе го започнам со мислата на Петре М. Андреевски за Велестово и оваа ноќ: „Велестово е чардак на небото. Или барем најблиску до него. Велестово е најсветла точка во нашето соѕвездие... Велестово е, всушност, еден облик на поетско вдахновение и една свечена илуминација што грее најдалеку. Можеби и затоа ПОЕТСКАТА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО е единствена со толку висока светлина.“После овие зборови на великиот Петре М. Андреевски, тешко дека ќе можам да најдам поубави зборови за да ја искажам големината и значењето на

оваа културна манифестација, која вечерва го слави својот дваесетти роденден. Но, дозволете да истакнам дека по дваесет години битисување, низ кои продефилирале поетите: Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Јован Котески, Богомил Ѓузел, Ефтим Клетников, Ристо Јачев, сликарите: Вангел Наумовски, Родољуб Анастасов, Боро Митриќески, Газанфер Бајрам, Сергеј Андреевски, Дик Робертс...

Денес, ПОЕТСКАТА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО со право може да го понесе епитетот на антологиско катче на македонската поетска и ликовна уметност. Со целосна почит кон сите творци кои вградиле дел од себе во оваа ноќ, нема да ми забележите ако посебно го издвојам името на Славе Ѓорѓо Димоски. Што од недоразбирање со авторитетите, што од велестовскиот инает, а најмногу благодарение на визијата што ја носи во себе, пред дваесет години Славе Ѓорѓо Димоски тргна низ трње за да ги достигне ѕвездите и на Охрид и Македонија да му подари уште еден бисер во непрегледниот ѓердан на македонските духовни вредности. Во име на таквата упорност, храброст и визија на родоначалникот на манифестацијата и на сите кои учествувале во растежот на ПОЕТСКАТА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО, Ви посакувам уметничко вдахновение, што како запис ќе остане за навек за идните генерации, како македонски културен и цивилизациски печат на нашето време.

Ви благодарам.

Page 15: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

15

Ферид Мухиќ

Крилјата и коренотОда за Велестово

Page 16: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

16

Првото што видов кога за прв пат стапнав во Велестово, беше една птица! Како од земјата да беше никнат, од работ на Галичица над најгорните велестовски куќи, летна еден голем орел. И додека се извишуваше во чистото априлско небо, ми ја црташе својата приказна. Бешумен беше тој лет, гласни и незаборавни беа зборовите на неговата приказна. За слободата најубаво пеат оние кои што можат само да ја сонуваат; големите дела најточно ги проценуваат оние кои што за подвигот само мечтаат; нужноста на крилјата, слободата која тие ја даваат, големината на подвигот наречен летање, не ја знаат крилестите птици. Птиците летаат. Тајната на крилјата скриена е во коренот! Во карпите над Велестово, во високите крошни на велестовските дабја, по покривите на куќите во кои живеат Велестовци, ете каде се гнездат птиците од Македонија. Крајот на секоја приказна е нејзиното исполнување. Почетокот на приказната за Небото е Земјата, почетокот на приказната за крилјата е коренот. Ова е приказна за крилјата и за коренот. Крилјата на оваа приказна се раширени во Велестово, коренот на оваа приказна е Македонија. Историјата е подрачје каде што тие два моменти се среќаваат и взаемно се оправдуваат! Во мракот се раѓаат сите билки; и на светлоста цутаат сите цветови. Од копнежот по светлината про`ртуваат сите зборови, па така - и дури поскоро отколку било кои други! – и зборовите на секоја молитва. Особено на онаа која најдалеку стасува и последната замира: бешумната молитва за која е речено дека и Господ

најмногу ја сака! Со зборовите во кои низ молитва се пее за подвигот, треба да се биде претпазлив. Најнапред, затоа што оној кој пее за подвигот, пее нежно, вознесено, мистично и со восхит, како што и доликува на поетската душа која низ молитва пее за подвигот. Заведени од зборовите, понесени од сопствениот занес, поетите сопствената песна ја креваат повисоко од самиот подвиг. Второ, поетите забораваат дека зборовите никогаш не се истото она кое го означуваат, кон што упатуваат, што го имаат како својата внатрешна вистина. Сепак, ако не е исто да пееш за подвиг, и да сториш подвиг, сепак, и неопеан подвиг не е исто што и опеан подвиг. Песната и подвигот идат заедно, како земјата и небото, како што заедно идат коренот и крилјата. Токму затоа и имаме право да веруваме дека стасуваме до сопствената вистина секогаш кога себе без остаток се преточуваме во своето најдобро дело, како што имаме право да веруваме дека планините се најдоброто дело на земјата, дека тие се светилишта и храмови кои земјата ги извишила во славата на небото, со она најдоброто во себе и со сиот свој конпеж по светлината! Сите вистински вредни приказни собрани во големата книга на „Илјада и една ноќ“, која светот ја пишува од својот почеток и која ќе ја пишува до последната ноќ, онаа по која ќе настапи вечната светлина, во суштина се приказни за тоа дека најголемото благо е закопано во нашиот двор, и дека до него не може да се стаса пред да се изоди патот кој и земјата го изодела

Page 17: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

17

од копнежот стаен во најтемните длабочини, до јасниот планински врв прекриен со сончевата светлина. Бидејќи сите врвови што ќе ги искачиме, само се вежби и патокази кои водат кон истиот оној врв што сме го имале пред очи, од првиот чекор, - врвот што самите го создаваме и кон кој се возвишуваме цел живот! Номадите распрснати по планините на целиот Балкан тоа сеуште го знаат. Во Македонија, во високо планинските села и денес се смета за голем грев да убиеш птица. Секоја душа има крила, а крилјата на птиците се душата на земјата, така учат тие! Само тој што не запрел до последниот чекор на својата сила, стасал до својата цел! Само тој стасал до врвот кој стапнал на својот врв. Оној врв што од векутум века за него бил чуван, врвот на кој има место само за него! Од својот силен, витален, од својот бесмртен корен, земјата Македонија се извишила во многу свои врвови, кренала безброј свои светилишта и храмови во славата на небото и на светлината. Земјата Македонија е корен, Велестово, возвишено над Охридското Езеро преполното со света светлина што со светоста своја свети низ милениумите, е еден пар нејзини крила. Во пазувите на Македонија замешна е првата и последната грутка земја од која е создадено Велестово и од која никнува секоја тревка и цути секој цвет на велестовските ливади. Македонија е подвиг, Велестово е песна: заедно, тие се опеан подвиг, еден од многуте, а сепак, единствен и неспоредлив. Летај, летај високо Велестово, оти

со тебе лета и земјата Македонија, онаа истата во која е твојот корен! Ете, тоа го разбрав од приказната што орелот со своите бешумни крилја ми ја раскажа оној априлски ден кога за прв пат го видов Велестово, и тоа сакав да го споделам со сите кои се кадарни од својот корен да ги израстат сопствените крилја, како што коренот од земјата македонска, ги изнедри своите прекрасни крилја во тоа чудесно Велестово! А коренот и крилјата – тоа е сѐ што му е потребно на човекот. И сѐ што ќе е нужно да им го дадеме и на нашите деца.

Page 18: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

18

Page 19: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

19

Венко Андоновски

Поетската ноќ во Велестово: папокот на светлината

Page 20: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

20

На Славе Ѓорѓо Димоски

Звучи неверојатно, ама вистинито: луѓето, кои на оваа случајно залутана планета во космосот живеат илјадници години (барем според Библијата, која е прескромна кога ја определува нашата космичка старост), знаат да сметаат, да лекуваат, да патуваат во космосот, да прават бизниси и да заработуваат пари, да градат стокатници, ама сѐ уште не знаат што е – ноќта. За астрономите, таа е само последица од ротацијата на Земјата, кога една половина од планетата останува во темнина, до следното изложување на сончевите зраци, повторно поради ротацијата; за обичниот селанец тоа е време кога сонцето заоѓа зад најблиската планина во неговиот роден крај; за љубовниците и крадците – тоа е најубавиот дел од деноноќието за нивните тајни намери; за децата – тоа е период кога предметите во собата добиваат непознати форми а фантазијата од нив создава самовили, ламји или вампири; за осамените боеми – време за полноќна пресметка со себеси и животот, во присуство на најсигурниот судија – виното, во кое е вистината; за поетите – тоа е време кога зборовите бабрат како зрна до метафори, а овие експлодираат како огномет од ѕвезди и остануваат заковани на небото како таен запис, како ненапишана песна врз вечниот пергамент – небесата. И кога мојот пријател, дете, боем, љубовник, крадец на тајни записи втиснати со Божји печат во природата, односно со еден збор - поет (сѐ освен астроном) – Славе Ѓорѓо Димоски, пред

дваесет години реши да ѝ даде смисла на ноќта, тој реши да ја дефинира на свој, единствен начин. Ја претвори ноќта во азил за поетите, сликарите, артистите, музичарите и за сите оние скрбни души кои не се согласуваат да останат, од астрономски причини, половина од својот живот во темнина. Тој ја отвори ноќта како Универзитет на највисоката тајна ука за ноќта, како Академија на мистериозните науки и пајажинестите ноќни уметности, како Естетичка лабораторија за виното и метафорите, како боемија и алхемија на духот, како знаење за ноќта недостапно секому. Со „Велестовската ноќ“, ноќта стана метафизички азил (а од неодамна, со куќата – резиденција на уметниците таа стана и буквален, станбен азил) за сите оние кои ја знаат старата ука, што ја знаат само децата и мудреците – уката за потеклото на светлината. Таа ука нѐ учи дека окото душевно, како и телесното најдобро гледа во темнина, оти тогаш прави напор да созерца. Таа ука учи дека светлината се раѓа од темнината и во темнината. На времето, Славе ја напиша својата антологиска песна „Ноќта е црна Liebe Maria“, во која луцидно, како дете во темнина (та нели сме ние сите деца Господови во темнината на космосот?), созерца нешто што за астрономите, логичарите и граматичарите е тавтологија: дека ноќта е ЦРНА. „Ноќта е црна, се разбира!“, велат самоуверено тие, прашувајќи се зошто на поетите им е потребна една ноќ во годината за да сознаат нешто што веќе е научно потврдено. Тогаш ретко кој забележа дека тој во таа песна кажа една поетска,

Page 21: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

21

а не научна вистина. Ноќта е црна; ноќта не е темнина, не е отсуство на светлина; напротив, таа е само една боја, а бојата (секоја боја, па дури и црната) може да се види само ако има светлина. Според тоа, ноќта е преполна со невидлива светлина (блажени се оние кои ја гледаат таа ноќна светлина), која ги осветлува невидливите ноќни бои: ноќно сино, ноќно зелено, ноќно црвено. Од Славе и „Велестовска ноќ“ наваму боите се делат на денски и ноќни, и греши секој оној кој мисли дека тие се совпаѓаат. Денските ги гледаат и обичните смртници, а ноќните само децата, љубовниците, боемите, очајниците, крадците на страсти и тајни небесни записи. Со еден збор – уметниците. Дваесет години „Велестовска ноќ”: дваесет години поетска, сликарска, уметничка редефиниција на космосот. Дваесет години опомена дека, колку и да ни изгледа светот објаснет, секогаш останува некаква недофатлива, мистична суштина во нештата, која не може секој да ја види, чуе, помириса, вкуси или допре. Пред тој подвиг оваа ноќ се поклонувам, пред таа мистична суштина на ноќта и нашата душа жедна за светлина. Се поклонувам пред Велестово, источникот на нашиот свет, нашиот папок на светлината.

Page 22: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

22

Page 23: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

23

Гане Тодоровски

Неверојатно Велестово

Page 24: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

24

Седнувам да ставам на хартија одбрани зборови за населбата Велестово, покрај Охрид, извишена над градот повеќе како културолошки поим одошто како древно село, за кое што се знае дека постоело со векови, никогаш точно непребројано. Некога, од сѐ што знаев за Велестово беше податокот дека предходниците на Григор Прличев потекнувале од ова село, па, постојано кроев некакви планови некој ден да се искачам на оваа географска кота врзана за информација дека се наоѓа на приближно илјада метри надморска височина, бидејќи Прличеву му прилегаше да се роди на некаков Олимп, па макер и колку и да е тој анонимен! Приватната среќа ми се случи да ја дочекам дури на понапредната возраст. Во моментов не ми се посакува нити да проверам низ купиштата книги и папки, во одајата кадешто ги поминувам многуте часови на деноноќието, на колку ли години бев кога првпат се искачив во Велестово? Зарем е тоа важно. Било што било. Важно е што оттогаш уште два-три пати се искачував во Велестово, при сериозни поводи - да држам воведна реч за Бранко Цветкоски, да гледам филм за Петрета Андреевски, премиерно подготвен од луѓе збрани во фондацијата на Велија Рамковски и прикажан таму… Можеби само толку, но далеку-далеку повеќе Велестово заземало место во моите катадневни комуникации со луѓето на литературата, кога сме го фалеле Славета Ѓорѓо Димоски што се одважил да организира во текот на август полноќно поетско собирање, со придружна ликовна изложба во селската црква. Смислата и на овие грска зборови е имено таа: да се поздрави Славевата иницијатива, зошто годинава, веќе по дваесетти пат ќе се одржи

манифестацијата ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО, на која дефилирале бројни творечки имиња на македонската литература и сликарство. ПОЕТСКАТА НОК ВО ВЕЛЕСТОВО во извесна смисла е мала, условно речено- увертира на поетскиот фестивал во Струга, којшто се одржува во текот на последните денови на август. Таа мала и атрактивна увертира, која, ете, веќе дваесет години постои, довлекува во текот на ноќните часови бројни „бегалци“ од врелото македонско лето за да се раскомотат низ еден своевиден македонски преграб на убавината пред арогантната навалица на престојниот летен и вжештен ден во свежината на втората компонента на пословичната охридска магија на убавината - воздухот! Точно така: ако е водата прва, воздухот е втор како привлечност на овој знаменит македонски амбиент. Меѓутоа, ете, досетливците од охридските синори, кои настојуваат на поимската рамка Охрид постојано да ѝ придодаваат по нешто, се одважиле благовремено и Велестово-прличевско или перуновско или јужномакедонско, да биде искитено со некакво повеќечасовно публичко внимание, па се присетиле да доведат одбраници од подрачјето на поезијата и сликарството, колку на мал показ и приказ, со по две приредби - поетски и ликовни, за да поверуваат љубопитницитешто за првпат ќе зачекорат низ овој божествен простор, дека меѓу многуте димензии со кои уметноста заслужува да се пофали, на важно место е и височината! Ова го кажувам за да ми поверуваат корисниците на овој краток текст, напишан во чест на Велестово, дека творечките средби што што се случуваат во овој митолошки простор значат во буквална смисла исклучиво

Page 25: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

25

височина – високо рамниште на уметноста што се создава во овие наши централнобалкански простори. Оттука, на сите оние што ѝ втиснаа иницијативен здив и творечка енергија и драгоцени работни часови на оваа непретенциозна, но инвентивна и луцидна уметничка идеја за полноќно присобирање над Охрид, да им покаажеме едно срдечно благодариме, со желба и силна верба дека собирањата ќе продолжат и ќе се развијат во многусмислен содржински и изведувачки блескот, зашто на Охрид му прилега пред сѐ извонредна и природна уметничка пулсација а ВЕЛЕСТОВСКИОТ ПРАЗНИК НА УБАВИНАТА токму тоа и го нуди. Нека нѐ надживее Велестово како токмузбор на уметноста.

Во Скопје, 16.07.2008 г.

В. Андоновски, С. Андревски, П. Кузман, С. Ѓ. Димоски, Велестово 2007 г.

Page 26: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

26

Page 27: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

27

Михаил Ренџов

Звучен ѓердан од метафори и рими

Page 28: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

28

Постојат три јарки места, три земни светлини во мојот живот: родниот град Штип со сокаците и чардаците, со црквите и камбаните со лозјата и лозниците; Нерези селото на Водно со манастирот „Свети Пантелејмон“, божјата чудесија, со фреските и ангелите, со конаците и облаците во кои сум заробен повеќе од триесет години; Галичица – планина - убост над Охридското Езеро, подпелистерската потполошка, тивката друшка негова. Овие три светлини го заробија, го насочија и го надрочија мојот творечки свет и интерес. сите овие камчиња се вградени во мојот најголем инспиративен вруток, Живата фреска наречена Македонија тие се во мене - јас сум во нив. За Штип и Нерези повеќепати сум се искажувал. За Галичица и Велестово и Велестовските поетски чудеса, тој звучен ѓердан од метафори и рими би сакал да се доискажам, да го додадам и ова: -Пред шеесетина години(чинам 1953-54год)за прв пат моите очи го видоа Охрид и Езерото, восхитијата долго сонувана и длабоко во себе чувана. Таа година тоа лето, една ноќ се најдов на брегот на езерото и се восхитував на ноќта и на езерското огледало - небесата. во еден миг погледот ми го привлече темен облак кој се издолжуваше на источната страна и ја обрабуваше небесната широчина на темниот облак светеа како брошка купче ѕвезди. Многу подоцна разбрав оти издолжениот облак било Галичица, а брошката било Велестово. Минаа години. некаде деведесеттите години во минатиот век, за прв пат се качив „на небото“ за да го видам тој кичер од ѕвезди и таа небесна загатка и тајна. Уште со првото

стапнување на „облакот“ едноставно онемев од убост и си реков: „ова место не е за мене. На ова место од убост човек се задушува“. Убавината измамуваше и крикови и молитви на восхит. Преставете си што сум почувствувал кога по неколку години од Ресен кон Охрид застанав на преслапот од каде што се гледаа и двете Езера! Како сум изгледал, до ден денеска неможам да си одгатнам ниту да си приспомнам едно знам, преселбата на овие убавини во мене не ми дава мир. Подоцна,си го најов сопствениот начин на олеснување: восхитите и криковите си ги обликував во стихови, стиховите во песни. Неколку месеци ширум ја отварав стерната на сопствената душа за да тече и да ги тркала тие возвишени, разгорени, развиорени чувства. И така, во чудесен занес и вознес ја напишав книгата „Галичица“. Би рекол: „дека стиховите за Галичица не ги напишав туку едноставно ги издишав“. Во „Галичица“ Велестово го има централното место, зошто беше поубаво од моето видување и доживување од пред шеесетина години. Самата Галичица, пак, која се протега „од кај сонце што изгрева и сонце што заоѓа“ на чии врв се наоѓа престолот на господа Бога го чувствувам како врвот и кротката срцевина на мојата земја. Ми се чини дека не постои место во светот на кое поубаво му прилегаат стиховите и возбудата на поетите, како на оваа подадена божја дланка кај што тихува ноќта и полноќта кај што гувеат и небото и ѕвездите.

Page 29: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

29

Ефтим Клетников

Велестово како поетски Aрарат

Page 30: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

30

Дали доаѓа време за новиот потоп? И каков е тој? Дали ги живееме последните денови на истекот на времето пред крајот на светот, предвиден од старозаветните пророци и отсонуван како визија од Апостол Јован во Откровението? Постојат многу знаци за тоа со кои се секидневно се среќаваме, но ги одминуваме, несвесни за нив.Таа семиотика стои надвор од видното поле на модерниот човек зафатен со технологијата и материјалниот профит. Но постои еден поетски маг во Велестово, Славе Ѓорѓо Димоски, што ја чита и разбира неа пророчки во клучот на последните денови и сотериолошките знаци што ги вестат тие. Тој велестовски поетски маг прочитал како Хелдерлин во тие знаци дека се спушта самрак врз човештвото, дека е скудно времето во кое живееме и дека во него ги снемало трагите на светото. Прочитал дека Поезијата е најмоќниот органон од тоа свето и, еве, решил преку неа со својот утопистички петски проект Велестово да му го врати него на обесветениот свет. Решил да ја спасува Поезијата, најпримордијалната и истовремено најсовремена света трага на човекот, во ова сѐ повеќе и повеќе антипоетско време, чиј сив бран го влече по себе новиот потоп врз Содом и Гомор. Да и, таков, тоа не е Божји потоп, кој ќе ја испере нечистотијата на стариот свет за да ги донесе новиот почеток и новиот човек во препородениот свет. Тоа е потоп на антисветото, кој со секој ден се искачува сѐ повеке и повеќе над кулата на нашето срце и теме и стасува до подколената на Велестово. Но не може да го поклопи и надфрли него

извишено во небото. Тоа останува Арарат на кого ќе се насука, без да го потопи, заканувачкиот бран на антиутопистичкиот потоп со утопистичкиот кораб на Поезијата.Всушност давесет години тој е веќе насукан тука. Во неговото семе се заклучени светлината и иднината на светот. Нека се вечни Поетското Велестово и Поезијата. Амин!

Page 31: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

31

Драган Спасески-Охридски

Броевите се одбираат за игра со луѓето или

дваесет години Поетска ноќ во Велестово

Page 32: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

32

На Славе Ѓорѓо Димоски

Се качувам или слегувам од оваа страна на земјата кон врвот или кон дното, во ноќ црна, кон ништо, кон сешто... не знам... Знам само дека ги бројам чекорите да избегам од Охрид, од панаѓурот кој го гуши, од примитивизмот во кој што секоја желба за творење исчезнува во првиот контакт со реалноста. Се качувам или слегувам, во ноќ црна или бел ден, сеедно, нема бегање од сопствената кожа. Ако излезеш од кожа си воскреснал значи од гробот. А дека вриеш во неа забораваш... Забораваш и дека сѐ што е надвор од тебе еден ден не ќе може да го понесеш со себе во својата кожа, во ноќ црна земја Забораваш и зад сештото и зад ништото е бројот кој мачи, притиска да се открие, достигне, да се освои. Заборави... Неоти несреќи секојдневно го зацрнуваат градот на светлината... Неоти некаде таму на врвот, отспротива, куќите се налик на ѕвезди, во ноќ црна... Неоти блесок е идејата за светот како поезија, соѕвезијата, вселената, сештото, ништото како поезија. Неоти ноќта е црна, ноќта во Велестово, ноќ поезија, ноќ а грее со надеж за сите кои веруваат дека и кога книгите горат, пепелта помни. Броевите се одбираат за игра со луѓето и секоја амбиција да се достигне најбројот, да се најде најсмислата во должината на опстојот на идејата не е случајна. Како што не е случајна ни вербата во воскресението, ни вербата во бесмртноста... зашто само вербата во бессмртноста е бессмртна во смртниот човек. Уметноста може да постои и сама за себе, но во мигот кога се спојува со

оној што ја доживува, тогаш ја добива смислата за своето постоење. 20 години се качуваме или слегуваме низ себе, во себе. Ја потврдуваме вербата во поезијата како во можна стварност, како во поубава страна на животот и очекувањето. Каде што искрените трепети се садат никнува љубов, а љубовта иако кревка носи мотив за смисла... во денот бел во ноќта црна. И додека оганот за вербата во моќта на зборот и траењето на бројот триумфира над паничната желба да се освои сѐ и да се има сѐ, макар и минливоста... И додека сѐ она што Струга била во минатото, во иднина ќе биде Поетската ноќ во Велестово. Зошто додека има куќи ќе има и ѕвезди. А додека има ѕвезди ќе има и надеж дека може да се препознае слепилото, црнилата, небиднината... и да се припитоми Да се брои за да се живее е бесмислено. Уште побесмислено е да се живее само за да се брои. Оној што се качува или слегува во себе ќе ја открие ноќта црна, ќе танцува над амбисот од искушенија, но никогаш нема да робува на броевите како цел и смисла сама за себе, туку ќе господари со сопствената слобода како своја потреба и свој избор на битисување и творење... Ноќта е црна ... но... до сонцето и до љубовта ... И мракот помалку боли Охрид, 22.07.2008 г.

Page 33: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

33

Јован ДимоскиЈулијана Величковска

Дваесет Години поезија меѓу две неба

Page 34: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

34

I. Во врела августовска ноќ , под рефлектор – полна месечина, гордо стојат поетите високо над антипоетската реалност, близу до Сесоздателот. Велестово е чардак на небото, велат, Велестово е олтарот Исусов… Дваесет години Велестово одржува традиција на глорифицирање на зборот и мислата, на уметноста и поезијата, симболично над профаниот свет, свет на билборд икони. Свет во кој владејат искривените вредности и нема простор за уметност, во кој одамна замре времето кога поетот беше сметан за божји гласник. Дваесет години битка со реалноста на материјалното, парите и политиката војува Прличевото славно Велестово со оружје – збор, со оружје – песна, со оружје – уметност!Велестово ја воздигна поезијата на едно повисоко културно ниво во нашата земја, а поезијата го воздигна Велестово над другите македонски села, како дом на културата, егзотичен предел, каде поезијата лизга низ академските јазици, за да ја чуе народот. Надвор од тесните академски кругови и ѕидови, назад кон своите корени. Кај некои средноамерикански племиња бројот 20 означувал

заокружување на еден циклус, токму тоа се случува и годинава со манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Заокружен е еден циклус – иницијација, симболично како што и започна со поетот Славе Ѓорѓо Димоски, идеен творец и организатор на оваа манифестација. Крајот на овој циклус значи прележани детски болести, тинејџерски занеси и адолесцентни ентузијастички илузии. Сега е време на зрелост, сега е

време поезијата да излезе надвор од ова село, надвор од оваа земја, надвор од нашата културна средина. Изминатите дваесет години Поетската ноќ се одржуваше помогната од есенцијалната љубов кон уметноста на поединци

– ентузијасти. На два пати беше и прекината. Но од година в година сѐ повеќе зрееше и се развиваше и остави свој печат на кулурната мапа на Македонија. На ова манифестација претставени беа луѓе од самиот крем на македонската литература, критика и уметност, а редовни гости, меѓу другите, беа и учесниците на „Семинарот за македонски јазик,литература и култура“ дојдени од сите страни на светот. Своја поетска ноќ во Велестово меѓу другите имаа: Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Јован Котески, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Ефтим

Page 35: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

35

Клетников, Богомил Ѓузел… За нив беседи држеа истакнати критичари и теоретичари, меѓу кои: д-р Венко Андоновски, д-р Елизабета Шелева, д-р Димитар Пандев, академик Георги Старделов, академик Луан Старова, Петар Т. Бошковски...И покрај приматот на поезијата, свој простор и време на „Поетската ноќ во Велестово“ најдоа и уметници: сликари, скулптори, мозаичари, актери, музичари… Меѓу нив беа: Глигор Чемерски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Боро Митриќески, Вангел Наумовски, Сергеј Андреевски… А неколку пати настапи и поетскиот театар „Скрб и утеха“, „Народниот театар Штип“, „Група студенти на ФДУ“, виолинистот Климент Тодоровски и др.По завршувањето на овој циклус од дваесет години „Поетска ноќ во Велестово“, во кој се славеше македонската култура и уметност, започнува нова фаза со поопширен и поамбициозен интернационален карактер,а Тоа подразбира и проширен репертоар, при што покрај поезија, ќе има и редовни драмски, музички и други содржини приопштени од уметниците - гости. Сето ова ќе биде организирано во новиот дом на културата, изграден во Велестово на местото на старото селско училиште и кој ќе биде отворен 365 денови во годината.„Поетската ноќ во Велестово“ не е само

уште една од културните манифестации во Македонија, тука не се говорат веќе создадени песни, не се изложуваат веќе создадени дела, тука се твори и се создава! Митскиот предел е инспирација

за нови творби, за нови дела. Велестово го храни духот на уметникот како амброзијата – боговите. Велестовскиот пејзаж низ призмата на Уметникот е Чардак на небото, најсветлата ѕвезда на нашето големо соѕвездие, поетски Олимп, место каде се спојуваат патиштата на високите ветрови, место меѓу две неба, две синила, катче на симбиоза меѓу каменот и сонцето…Поетската ноќ во Велестово не е само манифестација, тоа е доживување, искуство кое не запира по крајот на официјалната програма… Не се опишува, се доживува!

II. Во залезот на еден систем летото 1989 г., во мирисот на војните, се роди „Поетската ноќ во Велестово“. Сакајќи да направи промоција во својот Охрид на

Page 36: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

36

најновата книга, тоа лето поетот Славе Ѓорѓо Димоски се најде пред затворени врати и чуден тивок бојкот од страна на тогашните културни и „некултурни“ локални чиновници. Така поетот реши да направи промоција во родното Велестово, над Охрид. Таа вечер беше наречена ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО . Се собраа голем број селани, пријатели, писатели, новинари и уметници од многу други области, а своја изложба во селската кефеана постави охридскиот сликар Вангел Наумовски. Беше ноќ

на поезија, слики, алкохол и ѕвезди… За поетот зборуваа, Јордан Плевнеш и Димитар Пандев, а стихови читаше актерот Славко Нинов. Реакциите беа гласни и позитивни. -Ова мора да продолжи! - беше заклучокот. Следната година се случи повторно, овојпат со поезијата на Паско Кузман, поет и археолог, а изложба поставија академските сликари Радован Росиќ-Раде и Нове Франгоски. Овие почетоци се одработуваа со романтичарски занес и волонтерски

пристап и со мала помош од добронамерни луѓе. Во 1991 г. се случи и третата „Поетска ноќ во Велестово“ со поезијата на Јован Котески. Тоа беше негово прво јавно претставување по излегувањето од затвор, каде што, како што вели самиот, бил „бидејќи премногу си ја сакал татковината“. Едновремено тое беше и промоција на неговата најнова збирка песни „Морници“ –песни од затворот. Истата вечер изложба постави охридскиот сликар Димитар Поп Марков. Весниците веќе ја нарекоа манифестација и ја препознаваа како традиционална и импресивна. Секоја Поетска ноќ во Велестово беше различна од предходните, но и од другите манифестации во Македеонија, стана ново поетско искуство и по малку егзотично, заради спонатноста и амбиентот во кој се одвиваше. Четвртата „Поетска ноќ во Велестово“ им беше посветна на поетот Смиле Наумоски и охридскиот сликар Славчо Упевче. Програмско збогатување имаше следна 1993 г.со претстава „Ќелавата П“ од Ежен Јонеско во изведба на поетскиот театар „Скрб и утеха“. Се читаше поезија од Глигор Стојковски, а слики изложи Сергеј Андреевски. Оваа поетска вечер

Page 37: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

37

беше една од медиумски најпокриените дотогаш. Содржински побогата, при што се поставија нови стандарди и за да одржуваат бараа повеќе од само ентузијазам и љубов. Во 1994 г. „Поетската ноќ во

Велестово“ се пресели од дворот на селската кафеана кај чешмата на сред село, а нов изложбен простор стана тремот на црквата Успение на „Св. Богородица“. Беше претствена поезијата на Ристо Јачев, а вдахновен говор одржа петот Анте Поповски. Изложба на слики постави Доне Милјановски. И оваа година настапи поетскиот театар „Скрб и утеха“ со претставата „Чекајќи го Годо“ од Ежен Јонеско.

III. „Поетската ноќ во Велестово“ стана манифестација со високи стандарди и понуди нешто ново на македонската културна сцена. Но токму кога се очекуваше поддршка и афирмација, се случи спротивното. Веќе беше невозможно да се издржи манифестација од таков ранг без државна помош или помош од сериозен мецена, а во 1995 г. не доби ни едно ни друго. Во знак на протест, неколку поддржувачи

и љубители на „Поетската ноќ во Велестово“, во присуство на маедиуми, запалија поетски книги на сред село, пред чешмата каде што таа вечер требаше да се случува уметност по седми пат. Но, и тоа не допре никого од оние што имаа барем морална обврска да ја поддржат манифестацијата. „Поетската ноќ во Велестово“ беше игнорирана и следната 1996 година. Но тој однос не ги обесхрабри ниту поколеба организаторот и идејните творци на Манифестацијата. Напротив, тие излегоа послини и со нова енергија пристапија кон возобновување на манифестацијата со намера да стане уште повпечатлива на македонската културна сцена.

IV. Враќањето беше во полн сјај, со едно од најголемите имиња на македонската литература - Петре М.

Page 38: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

38

Андреевски. Ноќта беше посветена на неговото поетско творештво. Токму таа ноќ беше инспирација за од неговиот брилијантен писателски ум да произлезе најточната и најпрецизната фраза - дефиниција за тоа што всушност го издвојува поетското Велестово од другите македонски села- Велестово е чардак на небото! Мисла која постојано одѕвонува како фон во главите на секој посетител на ова манифестација. Изложба во тремот на црквата постави академскиот сликар Глигор Чемерски. За творештвото на П. М. Андреевски зборуваше д-р Венко Андоновски, а стихови читаше актерот Славко Нинов. Во 1998 г. Следуваше јубилејот - десет години „Поетска ноќ во Велестово“. Јубилејната вечер беше посветена на творештвото на академик Гане Тодоровски а изложба постави охридскиот сликар Живко Пејовски. За творештвото на Гане Тодоровски зборуваа Петар Т. Бошковски и Милован Стефановски. По повод јубилејот беше издадена и монографија Десет години поетска ноќ во Велестово. Две години по прекинот, манифестацијата не само што се потврди себе си, туку и го подигна нивото за уште едно скалило погоре. Сеуште се одржуваше без државна или општинска помош, но со

многу труд и поддршка од црковен одбор и неколку приватни фирми - спонзори. „Поетската ноќ во Велестово“ и овој пат продолжи со едно големо име на македонската литературна сцена – академик Анте Поповски. Поезијата на Поповски ја претствија д-р Венко Андоновски и д-р Елизабета Шелева. Академскиот сликар Коле Манев подготви специјална изложба - портрети на Анте Поповски и ги изложи во тремот на црквата „Успение света Богородица“. Дванаесеттото издание беше посветено на писателот и драматургот Јордан Плевнеш, а беседа за него одржа академик Ѓеорги Старделов. Импресивна и незаборавна беше интерпретацијат на актерот Петар Темелковски, како и изложбата на маестро Родољуб Анастасов. Манифестацијата во 2001 беше во сенка на воените дејствија кои што се одвиваа на територијата на Македонија и во исчекување на мировниот договор кој се потпишуваше во Горица на неколку километри од Велестово. Оваа поетска ноќ беше посветена на поетот Бранко Цветковски, за кого беседа одржа академик Гане Тодоровски, изложба постави академскиот сликар Мирослав Масин, а Штипскиот театар сценски ја изведе поемата „Името, родот, имотот“ од Цветкоски. Со прикажаниот квалитет и

Page 39: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

39

концепт „Поетската ноќ во Велестово“ стана светла ѕвезада на македонското културно небо. Пред четиринаесеттата „Поетска ноќ во Велестово“ весниците пишуваа за: натпреварувачка завист меѓу македонските поети, во однос на претствувањето во Велестово. Оваа појава само ја потврдуваше патеката по која се движеше манифестцаијата, нагоре кон височините. Во 2002 г. беше претставено творештвото на уште еден македонски поет од највисок ранг - академик Радован Павловски. Д-р Венко Андоновски одржа беседа за творештвото на Павловски, а стихови интерпретираше актерот Страшо Милошевски. Младиот охридски уметниик Никола Упевче постави изложба на мозаици.

V. И кога „Поетската ноќ во Велестово“ оствари неколку извонредни изданија поддржани меѓу другите и од Министерството за клутура, се случи уште еднаш да се најде на работ на опстанокот. Во 2003 г. беше исклучена од проектите планирани за поддршка од Министерството за култура и беше оставена сама на себе со прашањето - да се биде или не!? Но за разлика од пред осум години, овој пат раекцијата

од македонската културна јавност беше од многугласна. Медиумите овој потег го нарекоа Мало културно злосторство, и не можеа на тогашниот министер за култура Благоја Стефановски, кој беше посочен како главен виновник, да му најдат некакво оправдување, ниту пак тој имаше логично објаснување, зошто не е поддржана ова манифестација. Во последен момент со заеднички сили на фановите, поддржувачите и пред сѐ на поранешните учесници, беше

скроена кратка програма без поет колку да се одбележи јубилејот,- 15 години. Беа прикажани три документарни филмови: 1. Петнаесет години Поетска ноќ во Велестово- во продукција на МТВ2. Бакни го сонцето,3. 1000 години како денот од вчера, последните два во режија на Владо Денчов, по сценарио од Тихомир Стојановски. Актерите од театарот Скрб и утеха говореа монолози, а беше отворена и изложба на дела - избор од збирката на Заводот за заштита на спомениците на културата и народен музеј од Охрид. Беше отпечатено редовното гласило - весник „Поетска

ноќ во велестово“, овој пат само на четири страници, а на наслованата страна во знак на протест наместо поет доминираше куче.

Page 40: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

40

VI. Наредната 2004 година повторно без државна помош, но со помош на велестовската дијаспора од Канада и САД манифестцаијата го доживеа шеснаесеттото издание посветено на творештвото на поетот Михаил Ренџов, а забележителна изчожба постави Владимир Георгиевски. Таа беше една од најскромните Поетски ноќи воопшто, но и една од најубавите, најискрените и најемотивно доживеаните. Седумнаесетто издание беше посветено на творештвото на академик Матеја Матевски, а пригодна реч одржа академик Петре М. Андреевски. Изложба во тремот на црквата „Успение св. Богородица“ постави сликарот Драган

Спасески Охридски. Во 2006 г. се одржана е осумнаесеттата поетска ноќ посветена на творештвото на поетот Богомил Ѓузел, за кого зборуваше академик Ѓеорѓи Старделов, а стихови интерпретираше актерот Ѓорѓи Јолевски. Изложба на скулптури постави академик Боро Митриќески, а за неговото творештво беседа одржа Ефтим Клетников. Токму на поетот Ефтим Клетников му беше посветена деветнаесеттата „Поетска ноќ во Велестово“, а со мозаици во тремот на црквата „Успение на

св.Богородица“ се претстави мозаичарот Газанфер Бајрам. Беседа за поезијата на Клетников одржа д-р Елизабета Шелева, а творештвото на Бајрам го претстави академик Луан Старова.

VII. Пред нас е дваесеттото јубилејно издание на Поетската ноќ во Велестово, кое што ќе биде посветно на поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски, изложба ќе постават Сергеј Андреевски и Дик Робертс (САД). Оваа ноќ треба да претставува заокружување на еден циклус токму со оној со кој и започна

Page 41: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

41

ова приказна - Славе Ѓорѓо Димоски, идејниот творец и организатор на манифестрацијата „Поетска ноќ во Велестово“. За прв пат програмата ќе трае повеќе од една ноќ, ќе има странски учесник и ќе го носи предзнакот - интернационална. Велестово годинава доби нов културен дом во кој ќе има и галерија со

постојана изложба на сите досегашни ликовни учесници на вечерта. Сите овие новини зборуваат за една тенденција на растење, развивање и прераснување во манифестација од највисок ранг. Сето ова, се разбира, доколку биде сериозно сфатено и соодветно поддржано и од оние чија обврска е да го сторат тоа, бидејќи „Поетската ноќ во Велестово“ покажа и докажа дека може да создаде манифестација (а зошто не и фестивал) посветена на поезија, а сместена во едно рурално место високо под небото, но блиску до народот.

Желбите се во иднина Велестово да функционира преку целата година како културно - уметнички простор, а Поетската ноќ во Велестово да биде големото финале на тие настани. Се надеваме дека со помош на Министерството за култура, општината Охрид и се разбира пријателите и вљубениците во Велестово, ќе направиме репрезентативен културен простор, високо под облаците, со кој ќе се претставуваме пред светот.

POST SCRIPTUM И оваа ноќ седнати на некој небесен чардак високо над Елен врв, пиејќи од виното, раздадено за нивна душа, со нас се и Петре М. Андреевски, и Анте Поповски, и Вангел Наумовски, и Раде Росиќ, и Трајан Мартиновски, и Јован Котески , а и дедо ми Кирил. Вечна им слава!

Page 42: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

42

БеседаЈордан ПлевнешДимитар Пандев

СтиховиСлавко Нинов

1 9 8 9Славе Ѓорѓо Димоски 12.08

Од Беседата на Плевнеш

Озаглавени како Книга за ноќта последните песни на Славе Ѓорѓо ја обновуваат трансисториската илузија дека македонскиот духовен идиом се движи наспроти политичкото насилие кое ја претвори историјата на овој простор во безусловна идеолошка тиранија и дека општата хајка на ловџискиот концепт на општествената власт останува Поетската ноќ во пресеченото грло на поетот кое се претвора во единствено слободно засолниште каде што нема да изгорат ракописите и под нивната фиктивна пепел да се гради алтернативната вистина дека и овде е живо слободното паѓање и слободното пеење, дека и овде низ охридските Прличеви ридови шета македонскиот мајстор што и пее на македонската Маргарита онака како што пее Ѓорѓо: Погледни го домот свој анѓеле/Неговото тело без облик/Однатре, порите/Низ кои низ млака пареа/Изчезнуваш.

Вангел Наумовски

Page 43: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

43

ТРАУМА

Боже мој, каков светол Пат!Сјаен е, блеска на последното сонце.Каков Апсурден Пат!

* * *

Поведи ме на тој пат, Господе! Меѓу живите часовнициСекогаш што мерат друго време Се клатат, одѕвонуваат и ме удвојуваат Секогаш во ино време. Во удвоена Празнина низ која Се ронат твоите солзи неутешно Мигум и скришум поведи ме По тоа стопено стакло Наеднаш што се стврднува Со удвоените предмети Штом ги допрам.

* * *

Поведи ме по тој вертикален пат Што се исправа од твоите очи По тие огромни стрмнини Како нефатлива сенка меѓу мене И твоето апсурдно лице. Господе Не колебај се!Те забавувам со мојата душа Со нејзината мрачна страна Што гргори како понор Со нестигнатата од неаСветлина. Со мојот Гнев!

* * *

Мојот бог ми врти грбТемен е под небескиот шешир.Го чувствува моето дишењеКако здив од изгорена шума.Не следи ме, ми вели. Не следи ме!Не следи ме! Не следи ме! Вика.Јас сум далекуНапред!

Периферии со еритетОд дневниот печат

Page 44: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

44

Паско Кузман

Нове Франговски

БеседаЕфтим КлетниковДимитар Пандев

Стихови Славко Нинов

Снежана Киселичка

1 9 9 017.08

Радован Раде Росиќ

Page 45: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

45

Нове Франговски

***Кога мислам на Охрид низ призмата на моето минато, секогаш пред очи ми излегува врамена слика од најраното детсво, кога од околните сенчести ридести падини ги исцртував контурите на Волшебниот рид, како сивкаста пирамидална маса и редовно дел од Светлото езеро, кое блескаше како сребрена лента лево или десно од него. Ги паметам детските опсесии: таму има кралски дворци, а јас кога ќе пораснам ќе изградам мој дворец на врвот од ридот! Кузман

ВЛЕГУВАЊЕ ВО СЕНАТОТ

1.Родот мој и твојсе родови на честаОд нас мора да влезенекој во сенатотЕдниот сигурно влегуваПреку другиот мртовТоа е правилото

3.

Мораш да знаеш толкувањена последното бојно полемораш на приемен испитсо подготвен говор во траење од едно простумечк деноноќие

2.Влегувањето во сенатотнеизоставно е условеносо познавање на законитеи општественото уредување на мравјите држави

Нове Франговски

Page 46: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

46

МЕСАЛИНИНА СЕКСУАЛНА РЕВОЛУЦИЈА

Месалина среде бел ден го раширисвоето лично царско достоинствоПред козорогот на младиот сенаторкој гордо задигнат в трк се дадеда го освои густото царско руно

Така почна да се ниша престолниназтаво еден единствен љубовен ритамСе нишкаше дворецот и седумте ридовиСкокна и Везув ги зајава долинитево блуден кикот на лавата со ѕидовитње(многубројни спарени суштества завршијакако споменици со предвремено излевање)Стенкаа долгоораните плодни нивиРаспукнуваа јумферести падиниСлачните реки и крвните потоцистанаа општ мореуз закотвен трајно во сеопшта медузна вагина

Во силен рикот сврши Империјата.

Од беседата на Ефтим Клетников

Наместо класична лирска конвенција Кузман го користи модерниот ирониски метод; наместо илузијата првично и исклучиво, тој и дава тој и дава предност на деилузијата. Неговото перо е скалпел што ја вивисецира болната ѓивотна реалност низ призмата на еден суров психолошки веризам... Во стилот, во дослух со некои модерни тенденции во литературата (Орвел е, засега, нивен најтипичен репрезент) Кузман создава, или поарно речено транскрибира еден изместен свет на антиутопија, откривајќи ја на

тој начин раната на светот и на човекот кој живее во него. Таа рана претставува неизбришлив печат, доказ за човековото несовршенство на створот кој и покрај божјата дарба да се одликува од останатите ѓиви суштества во природата, застанал на својот еволутивен пат и тапка во место. Без разлика што околу него се врти гигантска слика на техн олошко-цивилизацискиот галијаматијас, тој стои во средината, напуштен од пантократорот, беспомошно ситен, потонат во малограѓански анимални инстинкити и морална атрофија.

ДЕТЕТО КАЛИГУЛА

Денес Мојата Вистинае во ваште рацеНо утреВашите раце во мојата вистина

Рацете се минливиВистината вечна

Page 47: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

47

ɓɩɜɚɨ ȶɩɭɠɜɬɥɣ

Ȱɣɧɣɭɚɫ Ȼɩɪ

ȸɚɫɥɩɜ

Славеј и кафез

За да пееславејот треба да се престорирастопена ѕвезда.

Кон стиховите ги додавамсвоите искушенија:

Славејот в кафез не пее,но ако веќе пеедајте му зрнце слободаили само капка смрт.

БеседаПаско Кузман

Димитар ПАндев Науме Целаковски

Стихови Кирил Ристевски

Владо Цветановски

Ласица во сонот

Да ти ја плукнам содржината на идејатакога за мене никој не се стори жив!Да постоев во друго времеможеби ќе ме трампеа за жито,за буре вино, за барут!Вака, бидејќи „сум ја сакал Татковината“ми ги замрзнаа коскиве.Се шмугнаа обвиниители во сонотбркаа ласици по волја на ветрогони!Помислувам: што дека сум поет?Да ти ја плукнам содржината на идејата!Смртта е една и единствена,неа не ја видел досега никој,па дури ни оној, распеаниот Орфеј.

1 9 9 1 12.08

Page 48: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

48

Димитар Поп Марков

АНА

Тогаш ги чешлаше косите и којзнае за кого мислешедодека ја гледаше бледата сенка на мајка мишто за три оки брашно клечеше пред нозете на твојот татко.Јужните ветрови донесоа пролетни води и за нас, Анание го знаеме твоето име и се заљубуваме оти тиимаш и земја и везени чорапи и широки рамења, Анакојзнае на кого мислеше додека ги чешлаше косите.Ќе ја доживеам уште оваа пролет со топол здивдојден пред твојата кошара што се распаѓа на ветровии ќе се молам на земјата како на голема иконане за твоето здравје, не за твоите широки рамења,Анаовој ден ќе го запишам со името на сите гладни луѓеи ќе те отерам преку три зашумени планини, Анада ти биде проклето името запишано со три обични буквипред кои се нишаше бледата сенка на мајка мидојдена по три оки брашно, за обичен леб, Ана.

Page 49: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

49

МАКЕДОНСКИОТ ЛИРСКИ СПОМЕНИК

Поезијата е културен и култивиран чин. Таа има право да зема сѐ од поетот, бидејќи таа претставува причина за осмислување, опредметување и озвучување на јазикот, таа е неговиот парисконски здив. И токму зарди тоа, кога станува збор за Јован Котески, треба да се забележи дека јазикот е значајниот и одважниот лирски јунак во неговата поезија. Поетот дише во јазикот. Неговото дишење е препознатливиот митски, митолошки, бајковит, баладичен, романтичен, симболичен ритам на нашиот јазик. Треба да се знае дека Јован Котески е еден од нашите големи оригинали. Да се зборува за него како поет, мислам дека е непотребно - колку повеќе одминува времето од неговата смрт, тој сѐ повеќе се осмислува во нашата културна свест и во нашето секојдневие се оформува како неизбежен лирски споменик. А мислам дека самиот си ги подготви лирските контури за сопсвениот споменик од лирскиот материјал поместен помеѓу вечните корици на Зборникот од Миладиновци. За тоа самиот зборува во едно пообемно интервју со поетот С. Стојчевски објаснувајќи како од густиот лирски сплет на народниот гениј исплива неговиот сопствен лирски гениј. Неговото лирско перо пееше пред да ги запише стиховите. Неговото перо воскреснуваше од чистиот корен на јазикот, ткаејќи ја сопствената богата асоцијативна ткаенина: од социјални до пејзажни изблици, од рефлексивни до еротски вртлежи, од љубовни до животно сурови вистини кои како лава вријат во свеста и совеста на конструкторите на еден минат политички систем. Неговиот живот и творештвото беа обележани од паранојата на тој систем. Суровите параноични камшици

многу добро ги искуси врз своите духовни и телесни плеќи, бидејќи “премногу си ја сакал татковината”. Како голем лиричар и осведочен хуманист, сигурно, најтешко на душа му паѓало лицемерието и полтронството на своите пријатели, кои, прекутрупа, врз туѓите несреќи ги граделе своите кариери. Нашиот поет, нашиот осведочен лиричар кого го красеше кроткоста, хуманоста, а питомиот поглед претставуваше заштитен знак на неговата телесна ставрност, успеаа да го заплеткаат во кафкијанските политички јазли за да процесуираат некаква невина вина, а тој, од тие јазли излезе со снопови стихови во кои претходниот поетски занес се трансформира во остра, сурова осуда на тој самобендисан систем и како такви тие ќе бидат непобитен факт, непобитен докумен, непобитно досие во кое не ќе важат црните фломастери, бидејќи тука зборува душата, а не раката на суровите иследувачи и конструктори. Големите луѓе се населени во меморијата на народот. Тлото на нивните гробови не е земјата, туку небото. Таму светлината е постојана и таа им прилега само ним. И овде, ова Езеро ја има таа постојана, таа вечна светлина. И веќе се редат на брегот достоинствениците на таа светлина. Меѓу нив местото му е и на нашиов поет. Достојно од струшкиот брег негова бронзена статуа да гледа во вечната, во светлата, во неповторливата вода на ова праисконско Езеро.

11.07.2006 год. Славе Ѓорѓо Димоски

Page 50: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

50

1 9 9 2Смиле наумовски

Славко Упевче

ХАРТИЈАТА

Тера Мерти и Нефертиегипетски мачиња во мојата постелаНивната слика е ѓена во рамкашто се насмевнуваМажот се менува од левона десноНапорна е трката по венецот од трнтанцот се игра внатрево телотосамо движењеата се надворешни

Хартијате е вулгарно голема пустина

БеседаСлаве Банар

Димитар Пандев

СтиховиДубравка Киселичка

14.08

Page 51: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

51

КАКО НАСТАНА ЛОГОТО НА „ПОЕТСКАТА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО”

Идејата за лого на манифестацијата потекна од можам слободно да речам двајцата најголеми ентузијасти кои беа ангажирани во осмислувањето на физиономијата на овој настан во летните горештини на една августовска ноќ: Славе Ѓорѓо Димоски и Паско Кузман.На нашите средби низ охридските кафеани, на еден лист хартија „паднаа” неколку предлози од кои најдобар беше оној со модификацида нѕ буквата П - нешто што асоцира на поезија. Во моите размислувања за дооформување на скицата голем извор на можности најдов во старословенските ракописи со безброј вињетки и бордури кои стилизирани го донесоа крајното решение.За натписот ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО и ВЕЧНА БЛАГОДАРНООТ беше консултиран австрискиот академик Мареш, како и проф. Драги Стефанија од Охрид .За сите учесници изработив ме благодарници

на сито печат на кои покрај логото и двата натписи нацртав изглед на фасадата на една типична куќа од Велестово со отворен чардак, тараба од стари нееднакви штици и бели дрвени столбови кои ја носат тешката чатија со турски герамиди. Сето тоа врз цврстите ѕидови од камен кој зиме штити од студ, а лете од горештини.Мислам дека логото се одомаќини кај учесниците и кај мештаните на Велестово и претставува заштитен знак на оваа необична и доста специфична културна манифестација која е полна со ентузијазам и самопрегор – затоа е спонтана и многу атрѕктивна. СЛАВКО УПЕВЧЕ

Page 52: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

52

1993Ƚɠɫɝɠʂ

ȫɨɟɫɠɠɜɬɥɣȮɦɣɝɩɫ Ƚɭɩʂɥɩɜɬɥɣ

Од беседата на Стојчевски

Паѓа в очи зголеменото интересирање на поетот за загадочноста на птиците, таа неспокојна и атрактивна врска меѓу земното и небеското, тој копнежлив изблик што укажува на нашиот порив спрема горе. Во уводната песна Птици Стојковцки го намножува јатото до вистинска опсесија небаре сака да го умножи нашето посегање по височините. Дека сето тоа има длабока зависност во разбирањето на светот и дека не е само резултат на миговна фасцинација сведочат и песните поетското. Во ваква или онаква формс, во конкретно присуство, директно именувани или само насетени во атмосферата, птиците како предупредувачки знацин светкаат во далечноста. Шумолењето на нивните кричлја како да ги исполнува и гранките на дрвјата и маглата и ветрот, вкупом природата. Како да е, силата на птиците надахнува некаква чудесна енергија на ова поетско четиво кое многу добива во распламтувањето и од „сјајот на орелското око“, тој фокус на нашето живо љубопитство барем еднаш да се кренеме и да се извиѓиме и оттаму да го согледаме богатото шаренило на тешко разгатливиот свет...

БеседаСанде Стојчевски

Венко Андоновски

СтиховиТихомир Стојановски

Владо Денчов

13.08

Page 53: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

53

Скрб и утеха

Page 54: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

54

1 994Доне

МилјановскиРисто Јачев

БеседаАнте поповски

СтиховиКети Дончеви

Владимир ЈачевТихомир Стојановски

МАМА

Немо ја извадивмесо лице жолто како месечина

тргнав очите да и ги затворам,некој благо ми задржа раказошто волшебното сончево руносе имаше устремено ко соклеза последен пат нежно да ја бакне.

Откога ја спуштивме во гробот во нас остана за сегогашкако тажен спомен драгиот лик.

Не така одамна, не такае испративме мама за навек. Денес кога скришум, понекогашв очи со Вера ќе се загледамеболно, многу суво си велиме:оди легни си, бел си или бела ко смрткако жолтото лице на месечината.

12.08.

Page 55: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

55

Петре Блажевски и Стојан Џајковски Претставија изложба на резби

НОЌНО ГАЗЕЊЕ НА ЦРНА

Полека се спушти очекуваната ноќ.Одненадеж од твоите нежни стапки изникнаа крстовинакитени со бел јаболков цвет.Во твојот погледскамени водата од надојдената реказамре чекорот на изморениот патник.

Мајко моја, во оваа страшна ноќсе умори и душата на широкото коритокога се јавив од црните камења на место младоженецкако жолто привидение

Во оваа ноќво која ромори и ситен есенски дожддостоинствено плачат само невините ангели

Page 56: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

56

1995

1996

Поетската ноќ во Велестово не се одржа, во знак на протест беа заплени поетски книги...

Page 57: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

57

1 9 9 7Петре М. Андреевски

Глигор Чемерски

БеседаВенко Андоновски

СтиховиСлавко Нинов

Од беседата на Венко Андоновски

... Ќе се повикам на неколку критички цитати од мои повозрасни колеги, кои високо, објективно истручно го вреднуваа делото на Петре М. Андреевски. Еден таков критички извод, да речеме, вели дека Петре М. Андреевски, посебно во својата проза, имаеден, би рекол, близок дослух со народниот раскажувач. А ако ги споредиме делата на Стале Попов и Петре М. Андреевски, тогаш сигурно ќе се сложиме дека Стале Попов има врска со тој народен раскажувач. Но далеку сум од помислата да ве убедувам дека постои разлика помеѓу нив и тоа крупна! Иако постојат извесни сличности, а имено, и во прозата на Стале Попов и на П. М. Андреевски доминира нешто што го именуваме во теоријата како стенограмски расказен модел, сепак постојат крупни разлики. Стале Попов, главно, работеше врз една матрица, која подразбира да се запишат говорите на неговите ликови и тие да се продуцираат во таа изворна форма... А кај Петре М. Андреевски има една битна, би рекол, стилизација на она што е запишано. Значи авторот не се откажал од она што се вика стенограма или она што се вика народен говор. Тој сето тоа будно го бележи, го регистрира, можеби го снима, но битно е дека кај Петре М. Андреевски преовладува тој момент на стилизација.

13.08.

Page 58: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

58

ПРВО ПИСМО

(Од циклусот Пет љубовни писма)

Ништо не е повидливои ништо не е поприсутно од твоето отсуство:ни детските шепоти што ги откривавво сеидбите на дождовите,ни закажаната бура во пајажинитеод крајпатните меанчиња,ни воздушните патишта, осветлени од ластовицитени она што добива форма само во мојот слух,ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурецго навиваше својот ноќен часовник,ни родилните маки на фрленото семе,ни разгорениот пожар на главата од петелотдодека бега од сенката што слегува од небото,ни просторот што ми остана меѓу твоите раце,меѓу твоите два припека,ни змијата што го возбудува врвот од житата,ни снежните намети и налети во афионовите полиња,ни пламенот што надојдува, како есенска магла,во низата од пиперките,ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот,ни притаената светлина во купениот кибрит;ништо не е повидливо од твојата трагапред мене и зад мене, со мене и во мене.

Ева

Глригор Чемерски

Почитувани жители на ова прекрасно село, почитувани гости, би нагласил дека моите изложби во многубројни, како домашни така и светски, галерии, но морам да кажам дека, за прв пат во мојата многугодишна сликарска кариера, немам зборови со кои би се изразил пред вас бидејќи, навистина, за мене претставува голема чест што ме поканивте да отворам изложба во тремот на оваа црква , процтор

кој навистина ме плени , не само со својата убавина и ме враќа во минатотот за да поразговарам со големите зоографи што го зивописале овој величествен храм…

Атак 2

Page 59: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

59

Хераклеа I

Обраќање на Петре М. Андреевски

На крајот и јас треба нешто да кажам, а ке кажам дека оваа поетска ноќво Велестово ме исполнува со чувство на голема радост.Најпрвинзатоа што координаторот на Советот на оваа Велестовска вечер г-дин Славе Ѓорѓо Димоски и медијаторот на моето творештво г-дин Венко Андоноски се исклучително надарени творци со кој јас би сакал да се дружам. Радоста е уште поголема кога се знае дека и двајцата се барем двојно

помлади од мене, кои би мозеле да ми бидат и синови, но подобро што не ми се, бидејќи ако ми беа можеби немаше да се одржи оваа вечер и којзнае дали ќе казевме толку убави работи меѓу себе .кога го велам ова на ум ми паѓа само една аксиома:Првата половина од животот страдаме од своите родители , а втората од своите деца.Вака не настрада никој.Затоа им благодарам на ним и на неповторливиот Славко Нинов и на Григор Чемерски, магот на бојата и светлината.

Page 60: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

60

1 9 9 8Живко

ПејоскиГане Тодорвски

БеседаПетар Т. Бошковски

Милован Стефановски

СтиховиСлавко Нинов

Молитва

(пред крајот на годинатаи пред истекот на векот)

Боже, зарем ќе оставиш да бидам неразбранОд современиците мои – што ги мунѕосував ко џган!Зарем ќе оставиш да останам во уплав збранИ да си заминам од веков – од мунѕосаните мунѕосан?Придај им на моите сотатковинци додатен ум,За да ме доразберат, и да ме следат молчешкум;Не ги прекорувај престрого, не кревај ненужен шум,Поучи ги, кога зборувам, да стојат отпростум!

За да се знае, конечно еднаш, КОЈ е КОЈ?За да не понесам вина, дека, дури бев живМалцина надзборев а трижтолкумина не победив!

Господе, дај искористи го авторитетот свој,Па, додека е време, застани на моја страна,За да поверувам дека ù бев на вистината бранач!

Москва, декември 1994 г.

14.08.

Page 61: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

61

Обраќање на Гане Тодоровски на десеттата Поетска ноќ во Велестово

Добровечер и најпрвин со благодарност, сеедно од кај би почнал, се разбира, според редот на нештата, благодарност за присуството на сите што ете во една ноќ, поладна одошто е подолу малку, дојдоа да слушнат „еден школски час“ по македонска поезија, би рекол, во една сосема вака логичка рамка на она што го кажувам, свесен сум што кажувам, бидејќи самиот јас, без оглед за вината што сум автор на она што беше кажано од страна на Нинов, дојдов да го слушам Нинов. Дојдов во Велестово за тоа што знам дека корените на Григор Прличев оттука негде започнале. Тоа ни е познато, а се разбира, како школска вистина од неговата Автобиографија. Дојдов тука затоа што открив еден млад автор со многу убава литературна иднина и кога заминав во Москва се погрижив меѓу првите и нему да му обрнам внимание и во соработка со нашите руски пријатели да му издадеме една книшка - тоа е Славе Ѓорѓо Димоски. Мене ми е драго што, кога сум слушал за Велестово, (пред малку чувме и тука) дека на некој начин, сфатено условно, метафорично, без оглед како уште би го нарекле, нека биде само фигура, дека ова е своевиден Олимп, Олимп како синоним на височина. Се искачивме тука навистина да веруваме дека на некој начин ја извишуваме, ете и литературата. Но Велестово денеска е поим, дека тука, ете и многу уметници си нашле свои катчиња, меѓу нив бездруго и присутниот тука, мој драг пријател

многугодишен, Боро Митриќески, и други автори. Мене ми е драго што вечерва, тука ги гледам сите оние кон кои сум имал големо признание во текот на животот, пред сѐ, маестрото Вангел Наумовски, којшто е дел од оваа манифестација. Јас по некоја коинциденција се вклучив како автор на десет збирки кон оваа десетка тука, десет години „Поетска ноќ во Велестово“. Тоа е сосема случајно, но таа градба ќе продолжи, а верувам дека на некој начин, нели досега и оние што овозможиле да се дојде до десетката, на некој начин се претставени во оваа многу убава книшка што во темницата не можев убаво да ја разгледам, но ќе ја разгледам потоа. Би сакал на крајот да прочитам една од своите последни песни напишани во чест на мојот драг пријател, сликарот Петре Мазев, напишана непосредно по неговата смрт.

Page 62: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

62

ГОРДА ПЕСНА

И гол и гордИ уште погол и уште погордИ дури најгол и дури најгордОд голорек до гордорек

И гол и гордИ уште по и уште најОд гологлав до гордоглав

И гол и гордИ гол до по и горд до најОд голоод до гордоок

И гол и гордИ горд и голОд голобол до гордобол

Page 63: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

63

1 9 9 9Коле

МаневАнте Поповски

Беседа Елизабета Шелева Венко Андоновски

СтиховиСлавко Нинов

Обраќање на Анте Попоски

Добра вечер Велестово,Добра вечер Велествци,Добровечер на сите,

Во вакви поводи и дури кога говорат за нашето творештво(во оваа пригода- за моето и уште в полноќи), јас се снебивам пред Вас да кажам што ид а е мојата поезија: се што сум имал и се што сум можел да го кажам јас веќе сум го кажал пишувајќи ја песната.Не е добро самиот да се воведувам во нови искушенија. Особено ноќва и особено тука кај што се чувствувам и како свој предок ,но и како свој потомок … Ноќва дури се искачувавме кон Велестово е раскажав на мојата сопруга Соња за едно незаборавно попладне пред дваесети пет-шест години , заедно со Живко Чинго , преку трупа , кога од Велгошти се искачивме до оваа чешма, до старостојбиште.Бев обземен од заумноста и неосквернавоста на видикот

што пукна пред нас! Помислив: Заборавен е овој предел од Господ-Бог уште од првите денови на создавањето…Од тука нагоре, рака за рака со ветровите и ѕвездите, - право во постелата во која сонува Бог… Беше тоа есента 1875 , значи. и тргнавме : ниту некој не праќа ниту пак ние некому рековме - ваму; ниту испратени – ниту пак дочекани од некого.Сами како и цел живот.Но, се уште бевме љубопитни.низ разговор ние ин е сетивме кога се искачивме до тука.Јас на ова се потсетувам за да кажам со колкава возбуда говореше Живко за Велестово: Велгошти е животот човечки – Велестово е Олтарот Исусов.Бесконечно му веруваше на секој свој збор.Убаво се сеќавам : испотен , во едната раката држи јаболко - со другата се крсти .Свештеник од угаридските епови:погледај надолу, - вели … На светот , можеби , има поубави места но ова е единствено зашто никаде како тука не живеат толку сложно светото на природата со светото на историјата.Таа есен , значи минувајќи низ и покрај градините

13.08.

Page 64: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

64

, прескакавме леи и трапови и искачувајќи се кон Велестово бев обземен од заумноста на светлината тука, од митското во неа , од неосквернатоста на гласовите на Адам и Ева кои се распознаваа во таасветлина.Бев обземен од плодовите тука, од единството, од поистоветувањето на човекот со плодот. Луцидно го забележува тоа Иво Андриќ кога вели дека човекот тука не мисли на себеси туку и пред се на плодот

кој треба да се роди , како крајна цел на неговиот порив и труд … Заедно со светлината и плодовите кои не обземаат тука , вие и самите забележавте , дури говореа шелева и Венко ноќва , одненадешкако да трепери воздухот, без причина песната на рибарите по езерото и како се искачи се до тука, до нас… Тука, навистина и песните се покажуваат од невидливото : тие не се раѓаат, велеше Андриќ, туку воскреснуваат…Колку ѕвезди на небото – пушки ќе фрламе …е доказ во царството божјо владее зборот и дека на нашиот , македонски народ ,во недостиг

на историска правда, денес насилно му ја доодземаат неговата историска татковина и сега живее во земја што му ја создадоја поезијата и зборот!Таа земја е единствено вечна зашто е отпорна на секое оружје ин а секоја неправда . Неодамна, препрочитуваќи ги нашите Партенија Зографски и Теофил Жунгуловски Поповски, наидов на ред два кои одново ме вознемирија:Сички ни народ измреха…Децата макаха пепел, старците триеха јоглен и макаха и живееха сички ни народ помреха…Тогаш си реков себеси : нас, барем , никој не треба да не поучува во страдањата. Сета наша духовна преродба недвојбено покажа дека сите наши преродбеници и духот и јазикот ги препишувале од духот на коските на своите предци . Затоа велам дека македонскиот јазик зреел врз коските на предците…Ваквите средби, како оваа во Велестово, една од ретко оригиналните и суптилно надградувани, едноставни но долголични прераснуваат во силни и благородни центри на македонскиот творечки дух .Затоа јас несрдецно му заблагодарувам на организаторот за оваа Вечер на мојата поезија, му благодарам најсрдечно на нашиот голем поет Славе Ѓорѓо Димоски, на неговите соработници ин а сите Велестовци, што ме почестивте со ова големо внимание.Посебно им заблагодарувам на госпоќата Елизабета Шелева и Венко Андоноски профессор на Филозофскиот факултет кои говореа на моето поетско дело.му благодарам ин а берсконечно надарениот Славко Нинов, за изборот што го направи од мојата поезија и за инспиративноста Тој Ви ја соопштин а сите вечерва

Page 65: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

65

им благодарам на бројните учесници на Семинарот на македонски јазик и литературе кои вечерва тука ја споделија мојата радост и возбуда. Во изминатите петнаесетина дена заедно, работејќи со нашиот волшебен сликар во Лазарополе имав можност најдирекно да го следам процесот за создавање на скици за мојот портрет.Бев заробен од силата на неговата интуиција и сведок сум неговата несекојдневна дарба како успеваше да ги зароби сите мои психолошки нијанси и да не пренесе во свет во кој убаво се распознава дека моето место на раѓајње се зборовите!Внимателно мотрев на однесувањето на раката на сликарот Коле Манев дури се мачеше да пробие во мојата душа.Забележував мигови кога неговара рака и буквално зборуваше, буквално општеше со тајните во мене.Дојв до сознание дека ниеден психолошки израз и ниеден облик не е тања туку дека тие постојат вон ас и дека сликарот само ги возобнува и ги извлекува од нас и ги запишува врз белината на хартијата.Светот, значи, во кој постоиме полека не напушта зашто тоа е свет на идеи кои не би постоеле без нас.Јас во тоа име сега ве поканувам заедно да ги разгледаме ликовните скици на Коле Манев,родени во моето родно место-зборот.Одново Ви благодарам на сите.

МОЈАТА СИНА ПТИЦА

Лесно ќе ја распознаете мојата сина птица:таа не ги колве кората и плодовите на овошките,не застанува на карпите, не демне по мрши и коски,– мојата птица никогаш не се симнува од небесата.

Мојата птица ги покрстува небеските варвари,светлината ја пресоздава во писмо според коебела како коска, студена како кама

– неизвесноста пустоши низ нас...

Толку високо, самоти ѕвездите,можеше да се искачи само зборот,мојата сина птица:

со клунче од звуци, со крилја од глаголи...

Page 66: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

66

РодољубАнастасов

Јордан Плевнеш

2000

Беседа Ѓорѓи Старделов

Стихови Петар Темелковски

Музичка придружбаКлимент Тодоровски

19.08.

ВЕЛЕСТОВО – МАКЕДОНСКА ГЛЕДНА ТОЧКА НА ИЗГУБЕНОТО

Од Велестово „селото меѓу две неба“, се отвора пред вас најубавиот поглед кон Бескрајот. Ако погледнете низводно меѓу Охрид и Преспа и ако го повикате на помош Архимеде, за секој случај, можете да ја видите дури и изгубената Атлантида. Ако погледнете низземно, копајќи дури со голи нокти ќе најдете можеби парам-парче сторени црни плочки, по кои со бела креда била пишувана последната трагедија на Еврипид „Почетокот на народите“, изгубена засекогаш меѓу дворот на Архелај и врвовите на Галичица. Не, не заборавајте! Гледајќи во изгубеното да не го изгубите и добиеното кое се сведува на 25 713 километри квадратни на земјата и два метри квадратни подземја.Точно е дека Македонија е слична на Бескрајот со тоа што и Бескрајот и таа граничат сами со себе . И точно е Бескрајот нема да ни избега.Најбитно е од Велестово, македонската гледна точка на изгубеното,Да не би, да го изгубиме и добиеното.

Page 67: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

67

ПРИДОНЕСОТ НА ТРАЈАН МАРТИНОСКИ ВО СВЕТСКАТА УТОПИЈА

Наместо свеќа за шесте недели понеговата смрт

Трајан Мартиноски (1951-1999) македонски поети духовен патник без документи, без карти и без парии Муна Агиги (1911-1999) последниот француски УТОПИСТ) умреа во ист ден во мај 1999 Едниот во Охрид, Другиот во Париз.

Со Трајана го запознавме Муна есента 1973 година кога на Плоштадот Сорбона качен на неговиот точак од Првата светска војна и сиот нареден со ордени собрани по европските ѓубришта и гробишта држеше говор за кризата на Светската Утопија! Тогаш Трајан му се обрати со Големиот Збор Муна-Тате, прибериме до Тебе! Подоцна тој настан беше нашироко раскажуван Во македонските гемиџиски кругови И авторот на тој крик беше наречен Трајан Мартиноски-Тате. Имено, Трајан му се понуди на Муна Да му биде чирак за развој на Утипијата на Балканскиот полуостров и Тој без двоумење го прифати.

Многу години потоа, открив Дека тие развиле доста богата преписка Околу прашањето како треба да се умреА да се остане верен на Утопијата?

Муна застапувал мислење дека неговото тело треба да биде изгорено и претворено во пепел во придружба на уличен оркестар да се фрли во Сена и од таму да продолжи во водниот бескраја Трајан ја развил тезата со француско-македонскивокабулар, дека на Балканот с# уште немауслови за таков чин, бидејќи луѓето се горат и се јадат меѓу себе, живи на животта.

Page 68: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

68

“…во времето во кое што ја учев најтешкатѕа наука во историјата на духот што Осип Манделштам ја нарекува ‘наука за далечините’, И тогаш се сетив, во чест на поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски, што ја читав по париските духовни простори, ја сврзав со една мисла на Михаил Билгаков, мислејќИ на моето доаѓање во Велестово: “Ако сум стрелан во Баку, тоа не значИ дека неможам да дојдам во Москва”. Мојата симболичка Москва точаш беше Велестово…”Напомена: Ново, дополнително издание на оваа хронологија ќе биде објавено во Велестово на “Поетската ноќ” во 3000 година И на него веќе работи една Интернационална комисија, која заседава на небото.

Трајан беше погребан во непосреднаблизина на Охридското езеросо нов костум и со ново стилоза да пишува и на тој век тамуа Муна беше изгорен во крематориумот на Пер Лашеззаедно со утопиското ѕвонче на неговиот точаки неговата пепел беше фрлена во Сена.Доколку има можност Сена и Охридското езерода се сретнат во водниот бескрајпепелта на Муна ќе биде во потрагапо Сен-Жист и Сен-Симона душата на Трајана во потрага поСвети Григор Прличев и Свети Живко Чинго.

Во заоставштината на Муна Агигиво секторот Утопија на Балканотнајдена е и книгата на Трајан Мартиноскисо наслов „Христовиот син“со Скаменетото момче од Микелангело на корицатаи со своерачниот коментар налегендарниот париски утопист:„Иако незнам ниеден македонски зборцелосно ја разбирам и поддржувамоваа книга!“Ете само толку, колку да знае Македонија каков беше придонесот на Трајан Мартиноски во светската утопијаи повеќе никогаш да не прашува ништо!

Page 69: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

69

2001Мирослав

МасинБранко Цветкоски

БеседаГане Тодорвоски

Народен театар Штип

„Името, Родот, Имотот“

11.08.

Масин-автопортерт

Page 70: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

70

Високото ноќно доба во Велестово(Обраќање на Бранко Цветкоски)

Во Велестово кај човека се поткрева восторгот. Во Велестово се спојувааат патиштата на високите ветрови. Во Велестово високо се пее, на високо се сонува, лесно се прелетува во времињата. Од Велестово од високо се гледа и на високиот Охрид и на висока-та ризница на духот езерски, на историјата, на бежествените мени на во-дата и умот што создава неповторливи реликвии за цивилизациите.Од Велестово по воздушна калдрма се точкаат очи, бедеми, високи глаголи и неповратни разговори за високите сртови на поезијата, за пречистиот глас што се крева од дамнешните гласови на поколенијата.Каков ли велес влегол во името на Велестово, каква велеснина над неповторливите охридски синори!

Оние македонски потомци што ќе ја листаат историјата долго после нашиве сведоштва, ќе ја имаат како тешка карпа, како факт за не-порекливо продолжување на високата македонска свест за влогот во ис-ториската изградба на уметностите, плејадата осветлени македонски пое-ти во Поетската ноќ во Велестово.Сите македонски поети веќе со натпреварувачка завист говорат за поетската августовска ноќ во Велестово. Сите сакаат да ја дочекаат таа покана од висовите и модрите длапки на прекрасниот планински спокој и со својата поетска уметност да се слеат со благородните велестовци, да се смешаат со нивните црвени образи и исконски жест за самопочит и да се покажат пред иконите на велестовската црква.Таква е сега магијата на велестовската поетск ноќ во контелкстот на македонското

поетско самочувствие. А таа волшебна привлечност на пределот и човекот од крајохридското и можеби Прличевото Велестово ја откри во нашето време на поетски, духовни и световни докази за жила-воста на родот македонски - неповторливиот охридски, македонски и европски поет Славе Ѓорѓо Димоски.Велестовци го имаат Славета за свој – но тој безбели нив ги има уште повеќе за свои со тоа што им ги донесува на велестовската сред-селска небесна вршка македонските угледници на поетската уметност и преку изданијата и изведбите ја спојува долговечната со новата поетска историја на Велестово. Висока загатка е ноќно време да се чествува во Велестово.

Page 71: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

71

ОГАН ВО ОБРАЧИ

Веќе се вардамГласно да се одушевувам од поезијатаКако некогашКога откритието во песната Ми беше доволен оганЦела ноќ да останам самИ се да се осветли и вшежтиВо празно поле со векови да молчам-Вселената да ме прогласи за пулсар!

Сега со трепетСамо ја затворам страницата(И на два диска ја снимам)По двапати се враќамДа видам дали сум заклучилПред да излезамИ задоволенИ гордИ суетен веќеМу го предавам мојот огон на ветротПодалеку да го испрати Да не се збиднеКатарсичен пресвртМеѓу текстот врз студената земја што се лади И раката што се крева од хартијата празна

Одново да не бидам окован во обрачи Додека се ѕверам од која страна на светот да се вратам дома

Page 72: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

72

2002Радован Павловски

Никола Упевче

Обраќање на Радован Павлоски

Во оваа скапоцена ноќ на поезијата полна со ѕвезди, после толку изминати животни патишта од детството, со гласот на поезијата, во Велестово се чувствувам како дома, во својата земја меѓу народот на Св. Климент. Од антички времиња до денска ние сме поколенија на светиот јазик на поезијата, на светото писмо. Поезијата која е свовремена не може хронолошки да се разгледува, ниту математички да се пресмета, затоа што таа е подалеку од математиката, подалеку од просторот и од времето и оди подалеку од времето и просторот. Искачувајќи се кон Велестово со мојата сопруга Јулијана, која како сликарка е слика на зборот, имав чувство дека се враќам кон себе, кон оние духовни висини на својата планинска земја, езерска, бурна, едноставно како дома.Од се срце им се заблагодаруваат за првата средба со мене, како автор на оваа земја, на сите учесници што се тука физички присутни и ја изучуваат македонската култура, традиција преку македонскиот јазик. А најмногу од се ја делам радоста што поезијата во нашата земја, нашата Македонија, има еден голем живот - ние со поезијата живееме и органски, ние неа ја живееме и доживуваме, и тоа е едно специфично обележје.

БеседаВенко Андоновски

СтиховиСтрашо Милошевски

17.08.

Page 73: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

73

КЛЕТВА

Раката да ти се исушиТебе и твојата вера о Јуда ИскариотскиШто му подаде на Исуса канче оцетВо смртна жега на крстот да се напиеПтица од морето ќе долеташеСо капка вода во клунотА не ти Јудо Што ја исцеди сета пустина во оцет Раката да ти исуши да даде Господ Семето видело да не ти види

ЖЕЛЕЗНА РЕКА

Да седнам да здивнам на тој спржен ридЗлато древно да откопам и со одеждаЦарска на времиња стари да се јавам и викамДа ја симнам месечината на земјаИ целивки и рожби нејзини да најдамСѐ само на пат кон Река каде штоНа навраќање од Вселената мене пак ме имаВо топлината на првите зборови и зрели капинкиМеѓу девојчињата и струите на РекаКаменот фрлен од Бога тука на праготДа згазамДа се прекрстам

И в сон да си го најдам - Сонцето

Тоа постојано нештошто го гледамИ што ме гледа.

Page 74: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

74

АНГЕЛ

Изгреваат и ѕвездите на умренитеТолку светлина од сите страникога од видливост очи болата нема ни сенка за одмор и сон Женимајки деца старци момчиња и девојкисо катанци и клучеви заденати за појассе искачуваат на планина горепо небо чекорат и го довикуваат Ангелот своја тој се одѕива одврзува очи:Изгрева ѕвездата на народота мени ми доаѓа од радост да треснам со дланкапо камења по колена да ми се отворинежно срце, планините да затреператод убавина Од наша Лоза бил Ангелотна илјада години семе и пламен,во мал храм тој остава нишан.Од војни ли доаѓаш,во слобода ли бараш лекили ти веќе немаш родители,Ангелу брате, појди со мене, изостри вид,ако те измачува бол, помести планинаи пак бидина невидлива сила видлив плод.

Page 75: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

75

200322.08.

Page 76: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

76

Владимир Георгиевски

2004Михаил Ренџов

БеседаВладимир

Георгиевски

СтиховиМихаил ренџов

15.08.

Од беседата на Владимир Георгиевски

Секогаш кога размислувам за поезијата во сите нејзини форми и значења, знам длабоко во себе дека таа е уметност, стара, нова колку што е старо и ново човештвото. Таа чудесна игра со зборови ги изразува чувствата, или поинаку речено постојано е во потрага по внатрешниот човек. За поезијата не постојат пишани закони и правила, нејзината мистериозност може рамноправно да се мери со онаа на музиката, сликарството, литературата во целина, скулптурата и архитектурата. Особеноста во која е изгубен таканаречениот современ човек е с¢ подлабока и апсурдноста со која тој денес се судира со сите простори на неговото живеење, го нагризува јадрото на неговото битие. Тој просто е присилен да го слави пророкот како вредност и слобода. Денес, патот кон неговата голгота е исто толку драматичен и крвав како и оној на учителот од Назарет. До крстот и на него. Но, има ли надеж за воскресение? Темнината, ми се чини, станува с¢ подлабока и погуста, како да нема разденување. Којзнае, можеби единствено творецот е во постојана битка со таа светска ноќ, тој с¢ уште верува во своите божествени можности да создава убавина што ќе ја одбрани човековата внатрешна и надворешна светлина.

Page 77: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

77

СЕ СОЗДАДЕ ГОСПОД ОД НИШТОТО

Сè создаде од ништото, ГосподОд небитие сотвори сè:И земјата и водитеИ небото и ѕвездитеИ билјето и сета твар.

Од земната прав и пепелГо овоплоти човекот,И човекот го воздигнаГо умили, го возљуби,

Човекот, пак, од гревСе прелага, се соблазниСо грев се самозароби.

Од тоа Господ се оскрбиЧовекот со изгон го накажаИ промолви:„Ништо, ништо, ништо од правтаНишто, ништо, ништо од пепелта.“

Од Обраќањето на Ренџов

И благословите и проклетствата ги соѕидав во книги, за да посведочат дека некогаш сум бил, дека сум се „збогатил“ со настани и доживувања, како за себе, така и за оние околу мене, и нешто пошироко... Во книгите собрав едно вековно време драматично и епско, пресвртно и експлозивно, време богато и пребогато... За жал во последните десетина години жаловно и мачно, во кое се чувствувам беспомошен и нем, изгорен, зашто Родината ми заприлега на Прличевата „Плачевна долина“

Page 78: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

78

ПСАЛМ 77

Одамна го слушамеГласот твој, Од ден на денСè потажен е тој,Сè потемен

Дали од векот Лажен, Боже, Или од Гледот земен?

Молчеше, ГосподТажен, Темен.

ПСАЛМ 93

Време еКога се појавува Твојата лика На првиот лач Над нашите глави. Ги веднеме Очите грешни,Шепотиме СловаБезутешни,ТоаОчајот наш Те слави.

Page 79: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

79

КРУГВлегов во кругот од неговата внатрешна странакруг вон круготкруг во круготдодека времето ја рони својата карпа од време

Како цветот што паѓаод сина несоницакаменот како што итапо својата исплашена сенкакако водата ведраврз дланката на сонцето

Кругот се отвора бавно за нови круговидамнешни пејзажи на постојаната иднинаво нив ме препознаваат моите бледи синкопизалудно налактен на работ на хоризонтот

Влегов во кругот од неговата надворешна странакруг во круготкруг вон круготво светла беспатица

На мојата заборавена прашинавремето ја градисвојата карпа од време

2005Драган

Спасески Охридски

Матеја Матевски

БеседаПетре М. Андреевски

СтиховиСлавко Нинов

МузикаКлимет и Милена

Тодороски

12.08.

Page 80: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

80

Обраќање на Матеа Матески

Убаво е и пријатно д ас ебиде во оваа пројаснета летна ноќ во Велестово среде висините и мирисите негово под светлината на овие езерски ѕвезди.јас ја имам личната интимна причина да се чувствувам пријатно вечерва затоа што поетите од Велестово и Охрид посакаа да претстават делче од она што го правев и создавав до овие поодминати децении од мојот живот ,и што нашиот голем и за мене драг пријател Петре М Андреески се одзива на поканата да говори за мојата пезија.Мене одсекогас драги пријатели уште од младини ме возбудуваше и фасцинираше помислата на Велестово мечтата и остварениот сон да стапнам на неговата древна и благословена почва.На тоа ме викаа и канеа височината и убавината на возвишениот предели инспираните стиховина вашиот ,Велестовски и ,Охридски, нашиот поет Славе Ѓорѓо Димоски , за чија просветлена лиричност ја имав радоста да пишувам и говорам ив о мугрите На неговото пеејње и подоцна ,и подоцна.Сега во ноќните Охридски мигови од езерскиот брег,ја гледам и и се восхитувам на оваа наша извишена планина чии гради ги краси герданот на велестовските светлини разлеани во темнината, како и стихолвите на овии веќе традиционални велестовски ноќи.Тие мигови таа ноќна височина и таинственост, тој убав недофат ми довикуваат во помнежотеден ден што

ги поврзува времињата едно летно попладне пред половина столетие кого оттука од Велестово како небесен чардак при повејот на благословената синевина го гледав езерото и Охрид и полето блатото и цветната полихромоност од билјанини извори до Горица тоа бесе миг на длабока фасцинација со тој широк и раскошен стварен и едновремено надреален брег гледан од високо и таков , единствено и неповторливо Велестово, и од оваа височина Што исполнува со убавината на постоењето.Во нив во едно тело во една божја Целина се слева вежниот предел човечкиот глас и песната на поетот .Таа поезија со својата облагодарена дланка во мигот на создавањето на светото поминало на челото на оваа убавина, загледана во времето несогледливо во својот вечен устрем . Ви благодарам пријатели и колеги за оваа вечер толку троглива за мене им благодарам на сите на Петре м Андреески на Славе Ѓорѓо Димоски на Славко Нинов Драган Спасески на Климент и Милена Тодороски на сите таа да постои макер за миг во убавината на Велестовска ноќ.

Page 81: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

81

ЕПИТАФ

Ќе останат многу нешта во непостојаноста на ветеротшто ја разнесува песнатана својот далечен говор Ќе останат многу нешта во несфатливоста на моретои намовнувањето неговопод благите струи на пладнето

Ќе останат многу во бесмисленоста на маглитешто ги исполнуваат длапкитесо своето аморфно постоење

Во немите грла на карпитепо кои лазат шумнителастари на зеленилото

Ќе останат многу нешта во непознатите очи на светотво кои една далечна ѕвездаce изронува во ништо

Зашто еден ден ќе препукнам каменот како што пукапреполовен под товарот на сончевата сенкаИ прашаат ли што му станаво ѕвезденово пладнеод што папса што почина кај загинаненадејноќе речат од ништо од добро стоење

A каменот зборови нема

Page 82: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

82

Боро Митриќески

БогомилЃузел

2006

БеседаГеорѓи СтарделовЕфтим Клетников

СтиховиЃорѓи Јолевски

11.08.

прес конфернција со Ѓузел, Митриќески и Петрески за 18-тата ПНВ

Page 83: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

83

Митрќески: Цар Самоил

РУШЕЈЌИ ГО ЅИДОТ

Има ли тулата смисла при рушењето? Има. Како пречка, како отпор да си ја задржи бившата смисла во реченицата од редот други тули во страницата од ѕидот

Чеканот како машината за пишување ја дупчи хартијата – ѕид и буквите испаѓаат од другата страна сосема неразбирливи, испокршени дури и кога е една единствена буква првата буква од азбуката апсолутот на А

Најбрзиот начин за рушење е да се избијат тулите А без кои не може ниеден ѕид ниедна градба

со нив потем да се појде во пустина да се изгради пирамида што ќе зарика громко и остро А од основата дур до врвот за да го чујат ѕвездите да попаѓаат сите градби да се избијат сите букви да се изнамножат до бескрај ниедна да не личи на друга

Само така ќе се преуреди говорот само така ќе се пре-строи светот само така можеби ќе се напише нова песна

Вака ми останува само заморот во мускулите сувата прав в грло и избиените тули

главите на тие што удирале со главата во ѕидот и што сè уште лелекаат од чеканот

и главата сопствена – рушејќи го ѕидот се сруши- в и Ј-А-С

Page 84: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

84

ПРОФЕСИОНАЛЕН ПОЕТ

Последен збор, последна голтка и стануваш од масата по завршеното работно време фати го првиот претрупан автобус до кујната штрбни од лебот и помирисај во фурната.

Глад и разлеано олово по снагата – вклучи го мониторот од градината и прелистај го дневниот печат од небото. Ништо па ништо.

Ластарите од повитот се веат во празно – така повеќе не може, треба... да се насочат со ортоми под стреата. Ќерка ти донесува стол за да се поткачиш. „Масата е поставена“, вика жена ти низ прозорецот од некое друго време.

По ручекот, прошетка, низ градината само ти во скафандер, ѕвездите наоколу, и под тебе. Антените треба да се прицврстат калемената јаболкница бара ѓубре.

Назад во кабината – „Тато, што е тоа чудовиште?“ Одеднаш командите откажуваат парчиња хартија летаат разулавени. На масата – нов бел лист и моливот тежок како револвер.

Митриќески: Прличев

Page 85: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

85

2007

БеседаЕлизабета Шелева

Луан Старова

СтиховиЕлизабета Јованоска

11.08.

Обраќање на Ефтим Клетников

Почитувани Велестовци и останати пријатели, поклоници на ризницата на духот и душата, она што е најдрагоцено во нашето од ден на ден се повеќе антидуховно време, оваа ноќ во Велестово чувствувам чудесна ведрина во себе, како да пијам вода од изворот на исконот. Толку свето и невино е ова место што е, како што би рекла Емили Диконсон, во блиско соседство на ангелите. Толку многу е складна и проѕирна, а сепак цврста и ненадејна неговата убавина. Како онаа на дијамантот, кој по милениуми ја минал ноќта на јагленот и блеснал како првата зора пред олтар, да го

пресретне венчалниот прстен на младоженците. Велестово оваа вечер и оддава почест на мојата поезија и на уметноста на Газанфер Бајрам. И јас сум многу среќен поради тоа. Среќен сум зашто таа почест ми ја укажува едно малечко и скапоцено село.Проучувачите на човековата историја под ѕвездите правилно забележале дека градот, а не селото, го означува почетокот на она што се означува со поимот цивилизација, кој не секогаш се согласува со поимот култура. И тоа е во ред. Но и градот не се покажал како среќно пристаниште за човекот по изгонот од Едем. Со него, колку и да звучи тоа парадоксално, започнува обесветувањето на светото и

Page 86: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

86

отуѓувањето на човекот од Бог, а тоа значи и од себе. Следствено на тоа, во него и јазикот ја губи својата света моќ, имињата слабнеат и ја губат својата примнордијална митска свежина. Свенуваат.По толку изминато време на цивилизацијата селото пак остана оној, колку – толку, свеж кладенец на кој можемеда се напиеме искон, да го чуеме неизабеното отчукување на човековото срце и музиката на елементите. Селото е онаа драгоцена антрополошка ризница во која се уште можеме да ја пронајдеме душата на човекот и знаците на колективниот архетип. Но дури да се сетиме за тоа ни се слизнаа пред очи, од дланка македонските села: се испразнија, остареа, свенаа, од светлина станаа сенка, од химна – елегија. Кој ќе ги исправи сега на нозе, така ранети, полуурнати. Целосно ничкосани, сневеселени.Ете тоа го мислев, драги пријатели додека патував од Скопје во Велестово. И не за прв пат. Го мислев и го мислам. Но и многу се радувам што Велестово не се предава, и на такво свето возвишение, под самото небо,

го запалило со Славе вечниот оган на Поезијата. И затоа тоа веќе не е обичен топоним. Тоа е моќен симбол на светото и светлото во ова антисвето и антисветло време. Тоа ја брани поезијата, онаа духовна супстанција, која му овозможува на човекот, како што би рекол Климент Охридски, да се искрене од анималното кон ангелското, од потсвест во надсвест, во осветлената одаја на Божественото. На Словото.Бескрајно сум благодарен на почеста и гостопримството што ми ги укажува Велестово. Нека секогаш бдее окото на Создателот над него и нека вечно гори огнот на Поезијата во него.

Page 87: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

87

КАРМА: ДРВО

Дали, кога, во кое друго време,од која семка повторноќе се крене ова дрвошто цвета секоја пролетна дофат на мојот прозореци дали ќе се сетина оние двајца што се љубатпод него овој миг,на ведрата сенкашто им го порабува длабокиот бакнежа потоа се згуснуваи паѓа тешкаврз нивното срце;дали повторно ќе се сетатнеговите лисјана нивната воздишка,и дали не од ветерота од неа ќе растреператпод ѕвездите на некое идно столетие?

ЛЕТО НАД МАКЕДОНСКИТЕ СЕЛА

Длабоко сјае летото,длабоко е срцетошто патува низ него.Во праискон паѓасенката на птичјото јатоврз македонските села,скриени во бунарот на боитекако во зеницата на Бога.

Page 88: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

88

1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008

2008ЈУБИЛЕЈ

ЈУБИЛЕЈ

ЈУБИЛЕЈ

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14

15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 282 0

ЈУБИЛЕЈ

ЈУБИЛЕЈ

ЈУБИЛЕ

ЈУБ

ЈУБ

ЈУБИЛ

ЈУБИЛЕЈ

ЈУ

ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ

ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ

ГО

ДИ

НИ

ГО

ДИ

НИ

ГО

ДИ

НИ

ГО

ДИ

НИ

ГО

ДИ

НИ

ГО

ДИ

НИ

ГОД

ИН

И ГО

ДИ

НИ

ГО

ДИ

НИ

ГОД

ИН

И

ГОД

ИН

И ГО

ДИ

НИ

ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ

ГОД

ИН

И ГО

ДИ

НИ

ГО

ДИ

НИ

ГОД

ИН

И

ГОД

ИН

И ГО

ДИ

НИ

2 0

ГОДИНИ

Славе Ѓорѓо Димоски

Сергеј Андревски

Дик Робертс

БеседаВенко Андоновски

СтиховиКирил РистевскиВлатко Илиевски

15-16.08.

Page 89: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

89

ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ

ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ

ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ ГОДИНИ

2 0

ЌЕ СЕ ПАМЕТИМЕ ЛИ?

Цивилизациите се паметат по духовните вредности што ги оставаат зад себе. Со нив се легитимираат пред вечноста. Тие се движечките сили според кои се мери големината на една земја. Смислата е сопствените духовни вредности да им се приближуваат на други земји и народи, но исто така, и нивните да се пифаќаат како свои. Само духовните вредности немаат потреба од пасоши и граници.Поезијата ја истакнува моќта на еден јазик. Иако денес ја нема улогата како во минатото, нејзината возвишена задача е да го чува јазикот. Нашава цивилизација и‘ припаѓа на технологијата; таа е цивилизација на „еколошка“ катастрофа во секој поглед. Таа катастрофа која модерно се нарекува глобализација најосетна е кај малите јазици и тие најмногу страдаат. Како нашиот. Малите народи постојано се под радиоактивниот чадор на интернационалниот лексички дожд. Во вакви услови поезијата, посебно кај малите народи, се јавува како некомпромисен чувар на изворниот јазик. И можеби, не во далечна иднина, поезијата ќе биде само некој одблесок, сеќавање, далечен жубор на исконскиот јазик, малечки кристалчиња кои ќе блескаат стаени во пазувите на цивилизацискиот јазичен отпад.Во овој однос е и нашата Поетска ноќ, која, еве, вечерва го слави својот дваестти роденден. Оваа манифестација претсавува вистински пример за враќање на поезијата кон своето праисконско извориште: високо во планините, меѓу оние кои со милениуми наназад ја создавале, зашто, прапочетоците на човечкиот говор биле поезија изразена преку звуци, крикови кои во ритмички комбинации пренесувале или оставале некаква порака. И, според тоа, само духовното наследство ја има моќта пред иднината да го постави прашањето: Ќе се паметиме ли?

Page 90: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

90

ГРОБ ВО БЕСМРТНАТА ВОДАКој го бара уштегробот на Александар?

Не ќе го најдете

А тој е тукаво кружните движењаоклу трагачите

Фатете го миготкога сончевиот зрак

Дик Робертс:Многу сум задоволен што сум дел од „Поетската ноќ во Велестово“. Чест ми е како американски уметник да бидам поканет да ги изложам моите дела заедно со мојот драг македонски пријател и колега, Сергеј Андреевски, и одличниот македонски поет – Славе Ѓорѓо Димоски. Македонија ми е при срце и многу и се восхитувам и го почитувам нејзиното богато културно наследство.Александар го сметам за возбудлива историска личност во која се отелотворени страста и цврстината на денешниот македонски народ. Се обидов да го претставам со познавање на надежта, ветувањето и достигнувањето. Тој минал огромни пречки во неговиот живот и бил почитуван низ целиот тогашен свет. Мојата инспирација доаѓа од фактот дека тој никогаш не престанал да се обидува. Тој никогаш не отстапил пред некоја несреќа. Му се восхитувам на тоа. Се обидов да го направам тоа со моите слики.

Page 91: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

91

Сергеј Андреевски:Прв пат за Александар чув во предучилишна возраст, кога дедо ми Мито, ме носеше преку Бела Река покажувајќи ми ги леските, кои се протегаа до небеса, раскажувајќи дека македонскиот цар Александар тука ги берел копјата. Имаше издлабенои камења од коњски копита на војниците на Александар кои врвеле токму тука, на местото наречено Краста, во подножјето на Плакенска Планина, а потоа слегувале од другата страна на планината упатувајќи се кон Ресен, привлечени од Сонцето на исток. Тие слики длабоко се врежани во моите духовни архиви. Јас само малку разбуричкувам со четките во утробата и излегуваат Сонца, Копја, Звуци и војсководецот кој граби напред. Го замислував насекаде каде што патував со моите слики: Флорида, Северна Каролина, Шкотска и на многу други места. Во мојата фантазија тој ја вее црвената боја спротиставувајќи му се и на сонцето. А јас жолтата сончева боја ја гмечам на платното и таа делува како да е изгмечена од Букефал.

Page 92: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

92

Page 93: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

93

Page 94: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

94

Page 95: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

95

Ние живееме меѓу две неба

Page 96: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

96

Page 97: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

97

Михаил Ренџов

ВЕЛЕСТОВО

IТрошкаВрз трпезатаНа бога

Расцутена овошкаНа небото

БрошкаНад езерото –Меѓу облаците,Од зраците ИзвезенаПтица –Врз везмотоНа Галичица.

IIВидов куќи -Бели ангелиНа небото.Ги прашав:Чии се?Божји –Одговорија

Го прашавБога:Чие е местово?Мое,Одговори Господ.

Си реков:Од БогаСоздаденоБогуПодадено:

Велестово.

IIIТукаНе сеУмира

Оттука Се Вознесува

Page 98: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

98

Ефтим Клетников

ВЕЛЕСТОВО На Славе Ѓорѓо Димоски

Со тесто и со ѕвезди се полни пред мугри ноќвите во Велестово.Како првиот леб да се замесува и печеза првиот орач кој, со дозвола на Создателот,ја заорува браздата на прапочетокот.Се е тука искон ,како да го зела вечноста под мишка селото и го однела право во легендата .Сѐ е свето и безгрешно,но за секој случај ангелот што слегол од небесатасекоја врата и прозорецсо крвта на Јагнето ги бележи.На крајот, кога ја завршил работата, ги полни стомните во куќитесо пурпурот на првата зора на светот, која до денес ни за педа не се поместила од Велестово.Потоа, на замин, го зема под крило селотои го носи да биде рубин,во постелата на небеските љубовници.Можеби Ново Небо и Нова Земја е тоа,по долгата болка и рана на човекот,О блажено село, за навек спасено,чаша винска високо крената во раката прастара на велестовци . Време пред откровение . Само што не грмналесвирките на Големата Свадба .

Page 99: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

99

Богомил Ѓузел

КАКО ГОРЕ ТАКА ДОЛЕ

„Ние живееме меѓу две неба“ Селанец од Велестово

Озгора како што гледашширокиот видик долу

така (трепкајќи?) и го правишда се менува секој миг

и горе и доле искрат и гаснат ѕвездитету од сред облаци ту од сред бранови

озгора нѐ жари лете сонцето-таткооздола нѐ грее зиме магмата-мајка*озгора туѓинци како скакулциоздола нашинци како никулци

првите нѐ научија по нивно вториве нѐ тераат уште по свое

па да не знаеме чии смеиако се думаме како наши

знаеме само дека ништо не знаемеили не ни знаеме сѐ што сме знаеле

Page 100: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

100

како тоа да сме пораснале олку нагореа да не си го знаеме коренот надоле

и тој да ти растел за сето време ама нагорета ете сокот уште не му стасал до нас горе

*сонцето наше горе од Галичица не го гаснат ни занданите подземни ни длабините заумни

и еден зрак-одблесок само да ни се вратии тој ќе болсне пак во сонце многукрако

освен ако не го потулиме внатре во насза посмртно да ни блескаат душите-светулки

*кај нас ќе останат само корења колку што сакаш од темели па по мемливи ѕидови дури до таван

тие чунки, и ќе ни ја урнат куќата (ако не други)а над нас ќе се фалат крошните од дрвјата

на сличен но сепак туѓ јазик иако еднаш сами ги засадивме

и не дозволивме да ги сечат (ѓоа правеле ѓубре)и наспроти кавгите со комшии и советите од роднини.

Page 101: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

101

овде постојано нешто се делиод каменот во смртта вглобени од погледот твој христеврз пламенот на свеќите виснат

чувствувај ја мојата душапрекриена во вековна штаманикого таа не успокојуваво напор кон тебе се крева

чувствувај го мојот здивбран по бран што се кревакон озареното лице твоезаплиснато од небеска вода

чувствувај ја зовриена крватаво врелиете вртежи на дамаритево мрак пресоблечена во фракна смртта кон тебе што се крева

до твоите очи по скалаод тишина се искачувамза да минам како низ вратаво состојба што помрачува

Славе Ѓорѓо Димоски

ПСАЛМ

Душо, не заборави ги, Душо, не заборави ги мртвите! Фридрих Хебел

малата црква во велестовоуспение на св. богородицасо живопис од 15-от вексе наоѓа на 1000м . над.вис.

вознемирена висинаво која небото не постоиво која и другите можностина постоењата не постојат

само мирисот на темјанотшто се вознесува тихумза да потсети: помеѓукаменот и човекот е смртта

а смртта е раѓање новонов отпечаток и нова следаврз варовничките карписпружени на летната жега

овде постојат само камениплочи – вознесени киповина покојните во нем ветерсеќавањата што ги голта

Page 102: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

102

Михаил Ренџов

ЕЛЕН ВРВ *

Паднеше лиМагла, мракПотемнуваше и езерото:Длабините – подлабокоТемнините – потемниво очите - матен зракВо жилите - темна крв …

Тогаш,Светнуваше Елен Врв,На Елен Врв еленитеСо рик ги спасувааИзгубените, ослепенитеЗаумените…

Денес не се слуша Тој елен рик,Го нема веќе Тој Светилник,На Елен ВрвТемна крвТемен лач,И нема рикНи Светилник,Туку мракТуку плач.

Темнее езеротоГлунее планинатаИ потемна

Темнина...

*Топоним на врв кај Велестово, надвиснат над езерото

Page 103: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

103

Ристо Јачев

ВЕЛЕСТОВСКИ НОЌИ

Дал е дојден крајот суден в часот грозен. Тагата на ноќта од гласотзасипнат на песот? Тополи горатсред село кај што тишините зборат.

Дал нѐ вика велестовското гробје,светулките бели в Настевото дворје,Северната ѕвезда што искри сеево мртво нивје кај што семе пее?

Дал ме викат велестовското гробјеил детски усни липтат в тажни дворје?Небесна реко што го покри светов

Велестовските ноќи чадат в летожално со мене под оревов седат,ко гугучки гугат, таговно редат!

Page 104: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

104

Паско Кузман

ВЕЛЕСТОВО

На Славе Ѓорѓо Димоски кој си го сака многу тоа Велестово

Дење на тоа место планината како да си ги чува дивокозитеод дивата сорта на луѓето Таа Планината Таму Какода е ждрело низ кое се провлекува кама до утробатаТаа Планината Таму Како да исфрла стихови од лававо страшна пладневна тишинаА ноќе (Ах, ноќта е црна Liebe Maria...)Таму е преселена нашата галаксија во размер еден наспротимилиони Или пак ајде Таму е едно обично астрално небоод кое се разлева алова светлост по површинатаод метализирано ЕзероТаму Долу Долу на илиоценската маса заледенаСо наведнати глави си се шетаат Прличев Живко Чинго иТрајан Мартиноски Кои упорно ја бараат АтлантидаТаа митска татковина на јагулитеЕТаа привилегија е возможна само од Велестовоод полноќ до првите петлиНа сон или на јавесеедно

Page 105: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

105

Михаил Ренџов

ПРЛИЧЕВ

НервикНемирник, Од небеса тргналДо небеса стигналНе бес ник.Се Воздигнал.

Велестово, август, 2004

ФРЕСКОСЛИКАР На Владимир

Георгиевски

Те заробија ли, Рави?Ме зароби светлинатаИ ме распна.

Светлината е моето Распетие.

Те имаат ли, Рави?Ме имаат само фрескитеВо кои сумСлеанИИстлеан.

14 август 2004, во дворот на црквата во Велестово

Page 106: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

106

КОПАЊЕ ТЕМЕЛИ

Велестово, 1990-тите1.Мускулести до пола соблечени крупни мажисе збираат од црни зори од сите странисе слеваат во дивата Долина со сопствените сенкипрефрлени преку силните раменицисе движат полека молчешкумеден по еденсо наведнати глави и стиснати вилицистудениот челик од копачитесе лепи на рапавата кожа од големите рацепросторот се исполнува со тропототна босите нозе по сурите камењасе враќа како ехо од стрмните врвовии пропаѓа во густата глинена земјакако прв знак дека доаѓаатсо врежана мисла на челото

2.молкот го покрил пределотникој не зборува и ништо не бараотсекогаш било такаи отсекогаш тука се копале темеливо Долината која сонцето ја прескокнуваптиците за цело небо ја надлетуваатинсектите и ѕверовите не знаат за неакопачите млади ги фаќаат темелитеги гони заветот на предците

Page 107: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

107

плодните утроби на нивните женистудено ветре им ја суши поттакопањето почнува спокојново првиот ред се најсилните мажижестоко сечат во спечената глинаја отвораат педа по педаизвадените грутки оставаа плитки дупкиновиот замав нов пробив прави отпорот на глината е зачудувачки големзасеците се мали занемарливикупот земја одвај видливво рацете и натаму има многу моќденовите брзо минуваагдождови снегови и ветришта се ближатсо наведнати глави молчаливиспокојно педа по педа длабатсо тревожни искри на збрчканите челаго сечат цврстиот покривач на долинататаа ’ржи се грчи се згуснувасета се накострешиластотици стапици на копачите им готвисе готви живи да ги стопини глас ни трага од нив да не останениту клетка една жива за потомствопочвата потреперува се стврднувасе вжештува и пече ги гори стапалатакопачите одговараат со посилни ударија дробат проклетата глинастудено ветре им ја суши поттасо старо вино жедта ја гаснат

Page 108: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

108

3.стотици години се копааг темелитебез глас и без здив копачите ријатгребат во каменото ткиво на густите слоевибеа дошле до првите корењапоцрнети од жешкиот воздуход гладните усти на црвјето и змиитеги вадеа еден по еденнебаре коски од древните жители на Долинатастежнуваа во рацете смирисуваа во ноздритеослободуваа сребрен чадлеплива пареа се пластеше по кожатаја гризеше ја скочанувашесе намалуваа движењата спласнуваа ударитетемелите остануваа еднакво плиткино нови копачи доаѓааодморени едри мажиштотуку излезени од меките постелиод топлите утроби на жилавите мајкиги одмерувааг темелите со долг погледбеше си ветиле да го откопаат белото сонцеод векутума века таму што чмаебез простор меѓу студените карпибез сјај меѓу дебелите жилибез допир со нивните децакои бледи бескрвнилунѕаат замелушени над Долината

4.копаат копачите спокојно уморнопрекопуваат уште стотина годинимечтаат за Големиот домшто тука треба да се вишнее

Page 109: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

109

темелот им шета во мислитевеќе и ништо друго не мислат не знаатсе собрале сите жителиго чекаат мигог кога копачите ќе се исправатпобедоносно кога ќе мавнат со рацетено забележуваат само исцедени сенкиеден час во векот одат во густата шумапалат огнови и им се молат на божестватасами што ги создадоа во бессоните ноќида им го дочуваат миротда им додадат уште сила и вербада ги благословат темелитеќе налејат пресна крв од млади јагнињабезброј бели глави ќе положат на днотоќе ги крепатмил Господеим требаат уште стотици годиниилјадници силни мажичист дожд во ноќните часови да ги крепида им ја мие потта да го чисти правотсонот да го брка и јанѕата за синовитеќе можат ли да ги спасат од ова копањеод овој пеколод ова бесконечно борење со црната глина

5.во некоја добаво миг на страотна тишинакога рацете на копачите ќе бидатвисоко над главитеземјата сама ќе се отвори -црна, студена, влажна -исe ќе проголта

Page 110: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

110

Тоде Илиевски

БРОДОТ ОД ВАРОВНИК ТОВАРЕН СО ПЛУТА

По повод дваесетгодишнината на ,,Поетската ноќ во Велестово“

Рѓосува српот. Косата за откос.Одолева само од воинот штитоти идните слави ќе минат со кроткостводите се бистрат свет завет е митот.

Бродот од варовник - товарен со плута в камен се втиснати стапалките древни во митското време јоргованите цутат-запотнати врати на куќи и плевни.

Возбудена вода. Ветер. Светли лица.Брату чувствителен, престорен во птица,На атарот мини барем два три пати!

Бродот од варовник далеку од пристан со себе ја носи иднината чиста.В ноќта котва фрли в зори да се врати!

Page 111: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

111

Фима Клетникова

ВЕЛЕСТОВО

Високо, високо таму на Галичицагнездо на камени куќишто летнале кон ѕвездитесо камени крила.Од тој неподвижен летостанале паднати бели ѕидовиВрз нови гнездавијат бурјаните диви што ги покриле стреитена полуостанатите кровови и како зелен чад се извиваат нагоре.Во залезот на небото се мешаатбоите на виножитотои прават мост над езерото.И гледаш Велестово е меѓу две неба долно до води и горно до ѕвезди.

Пред селската чешма во ноќите велестовскизборовите градат нови куќи за старите и новите Велестовци и ги довикуваат ластовицитеда донесат нови пролети.

Page 112: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

112

Славе Ѓорѓо Димоски

ЗАПИС ОД ВЕЛЕСТОВО

зимска вечерво селска куќана масата бокалсо црно домашносе пие сласно.во маглаисчезнува пределотсо месечинана малиот прозорец.

Page 113: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

113

Богомил Ѓузел

БЕЗ НАСЛОВ

Ми вели продавачката –бесплатниот весник Шпицго разграбале не толку за читањеколку – за потпала зиме

токму кога ми го даде сочуваниот примерокод најавениот број ѓоа со моето имнтервју –новинарот, гледам, сам си ги срочилпрашањата според одговорите најдени

во мојот Животопис за поетската ноќ во Велестово –ме изгорел и мене предвременона клада среде лето

и уште жив, но добронамерно –ме овековечил до следната потпала

15.08.2006

Page 114: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

114

Миљурко Вукадиновиќ

О Х Р И Д За Поетската ноќ во Велестово

Најпрвин за-Гадочното небо го о--писмени сиот при--земен / суво--земен светА потоа про--збори, за сите нас, охРидски!

Page 115: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

115

Зоран Јакимоски

ВЕЛЕСТОВО, КВЕЧЕРУМ

Мирис Исполнет ирис Прелест велестовскаИзвор води и веди во сончев изгорВекот ко камен се крши СвршиДенот зад сводот в плам

Во одот ламти ламјата кобГревот грубо гребе во глабокаСовест Дур вечерта ветерОд планини носи Во коси

Допир Небесен пирВо гради сетен Низ тесниот процепСонцето остави траги на вечностМиг мил Ангелот личен

невина нишка в небо сплете Самсум Близу со ум До тронот божји

Page 116: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

116

Кире Неделковски

ПОД ВЕЛЕСТОВО

на С.Ѓ.Димоски

Седиме под планинатаИ ѝ се восхитуваме на нејзината големина и свежина.

А таа незабележливо нѐ проголтуваВо своето време и мрак

А кога решивме да градимесвоја планинаОд внатрешен матријалИ ситно поврзани ГравириГо почувствувавме ударот на вековитеВрз нашите годиникој треба да се издржи душевно

Page 117: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

117

Зоран Јакимоски

ВЕЛЕСТОВО

Повторно со сушите доаѓам.Исти песни и солзи исти.

Меѓу едно и друго навраќањевреме сопрено од Бога.

Прашајте го каменот:Знае ли тој за болот?

А меѓу едно и друго навраќањеисти песни и солзи исти.

Page 118: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

118

Горан Анчевски

Од поемата Охридска рапсодија

...Велестово -воаер качен на висока гранкаденоноќно го гледаше -скапоцениот бисер на дланка.моминска солза чистанајбисерно капната на дланкавдлабена в сребрен венец планински...

Војаерот зјапаше-зјапаше во рајската убавина езерска,а по неа-лебдеше лебедовата хармонијаи невидливи нимфиво едра од позлатени харфи-кои свиреа езерска симфонија....

Page 119: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

119

Михаил Ренџов

ГАЛИЧИЦА (Самарот*)

Од кај свети јасно сонце?Од кај Горна Вода.Кај заоѓа јасно сонце?На кај Долна Вода.

До кај гледаат очи Божји?До крај Света Земја.Што ми слушаат уши Божји ?Што молитват Божји чеда.

Каде свети Престол Божји?На врв Вишна Гора. Каде виши Вишна Гора?Меѓу Горна, меѓу Долна Вода.

Што работиш, Свети БожеНа врв горе, меѓу двете води?Убост гледам, се радувамЧеда гледам, проплакувам.

________ *Топоним на врв на Галичица, над Велестово, меѓу двете езера

Page 120: Дваесет години ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО - Монографија

120