Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

44
drogi - politiki i praktiki Година III, Број 4, август 2015 година, ISSN 1857-8926, Бесплатно издание Тема на бројот: Одржливост на програмите за намалување на штети Интервју: Ник Крофтс, насловен професор на Школата за јавно здравје на Универзитетот во Мелбурн, Австралија www.hops.org.mk Во овој момент, континуитетот на сите 16 програми за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија е неизвесен поради необезбедената финансиска поддршка по завршувањето на проектот поддржан од Глобалниот фонд во декември 2016.

Upload: d-pp

Post on 26-Jul-2016

240 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Главна тема на ова издание е „Одржливост на програмите за намалување на штети“, а се потрудивме сите написи, колку и да изгледаат како отстапување, да ги подржуваат написите кои се носители на главната тема. Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија се исправени пред огромен предизвик затоа што не е јасно како ќе опстануваат по прекратувањето на средствата од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Понатамошното финансирање треба да го обезбеди Владата на Република Македонија, но сè уште нема никакви гаранции дали и под кои услови Владата ќе ја спроведе преземената обврска. Токму затоа ова издание ја отвора темата за одржливоста на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија. Веруваме дека ќе успееме да го привлечеме вниманието на стручната, но и на целокупната јавност за неопходноста од постоењето на програмите за намалување на штети поради општа заштита на јавното здравје и унапредување на квалитетот на живеење

TRANSCRIPT

Page 1: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

drogi - politiki i praktikiГодина III, Број 4, август 2015 година, ISSN 1857-8926, Бесплатно издание

Тема на бројот:

Одржливост на програмитеза намалување на штети

Интервју: Ник Крофтс, насловен професор на Школата за јавно здравје на

Универзитетот во Мелбурн, Австралија

www.hops.org.mk

Во овој момент, континуитетот на сите 16 програми за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија е неизвесен поради

необезбедената финансиска поддршка по завршувањето на проектот поддржан од Глобалниот фонд во декември 2016.

Page 2: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Импресум

drogi - politiki i praktikiГодина IIIБрој 4август 2015 година

ISSN 1857- 8926

Бесплатно издание

Издава

Здружение ХОПС – Опции за здрав живот СкопјеАдреса: Христо Смирненски 48/1-6, 1000 СкопјеТелефон: +389 2 324-6205Телефакс: +389 2 324-6310Е-адреса: [email protected]

www.hops.org.mk

drogi - politiki i praktiki е издание на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Списанието е бесплатно и слободно за споделување.

Уредништво

Главен и одговорен уредникВања Димитриевски

Уреднички одборВања ДимитриевскиВлатко ДековИрена ЦветковиќЖарир Симрин

ЛектураВесна Костоска

ФотографијаСоцијален маркетинг - ХОПС

Графички дизајнСоцијален маркетинг - ХОПС

ПечатиDataPons

drogi - politiki i praktiki е отворен за соработка со сите заинтересирани за споделување ставови со кои се промовира хуман третман на лицата што употребуваат дроги. Доколку сакате да поднесете статија за објавување или на друг начин да го помогнете списанието, ве молиме, пишете на следната е-адреса:

[email protected]

2

Содржина

Воведен збор 3

Во очекување на институционалниот одговор4

Како полицијата го заштитува јавното здравје соработувајќи со програмите за намалување на штети?

8

Иднината на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија 11

Финасирање на програмите за намалување на штети во Хрватска 16

Репортажа: Ден во ХОПС 19

Формално и неформално образование за работа со маргинализирани заедници 25

Нови психоактивни супстанции (НПС) и нивни несакани дејства, состојбите во Македонија и во Словенија

29

Трета смена 35

Кратки вести 38

Препорачуваме

Книга: Медикализација на општеството: за трансформацијата на човековите состојби во излечливи нарушувања, Питер Конрад

41

Филм: Шверц 41

Ставовите изнесени во drogi - politiki i praktiki не нужно ги одразуваат или се во согласност со ставовите на издавачот Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

Page 3: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Воведен збор

Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија се исправени пред огромен предизвик. Донацијата на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија од чии средства се финансираат овие програми завршува во декември 2016 година и сè уште не е јасно како ќе се обезбеди понатамошна одржливост. Според договорот со Глобалниот фонд понатамошното финансирање треба да го обезбеди Владата на Република Македонија, но сè уште нема никакви гаранции дали и под кои услови Владата ќе ја спроведе преземената обврска.

Ова издание е посветено токму на одржливоста на програмите за намалување на штети од употреба на дроги. Со носечките написи, кои ја поддржуваат главната тема на ова издание, се потенцираат значењето и придобивките на програмите за намалување на штети и се препорачуваат модели за нивна одржливост. Сепак, со обработуваната тема се изразува и загриженост поради недефинираниот став и индиферентниот однос на надлежните институции.

Останатите написи, иако не се директно поврзани со главната тема, нудат преглед на дел од додадената вредност на програмите за намалување на штети. Впрочем, со програмите за намалување на штети се придонесува за институционално будење и за воведување флексибилни политики за навремен одговор на сите трендови на употреба на дроги во многу земји во светот. Останува да видиме колку Македонија е подготвена да се соочи со употребата на дроги и соодветно да одговори на потребите на граѓаните.

Од Уредништвото

drogi - politiki i praktiki

Page 4: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Европа почнуваат да се развиваат во раните осумдесетти години на ХХ век и денес се прифатени како ефикасен модел за заштита на правата и на здравјето на луѓето кои употребуваат дроги, а преку тоа и како еден од моделите за ефикасна заштита на јавното здравје. Во Македонија првата програма од овој вид се појавува во Скопје во 1996 година, а денес постојат вкупно 16 слични програми во 13 различни градови, што се финансираат со средства од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Впрочем, потемелен осврт на развојот и на значењето на политиките и на програмите за намалување на штети од употреба на дроги беше направен во претходниот број на Дроги – Политики и практики. Она што е многу поважно во овој текст е одржливиот опстанок на програмите за намалување на штети по завршување на финансиите доделени од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

Од 1.11.2004 до 31.3.2008 година, со договор на Владата на Република Македонија и Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, во Македонија се спроведуваше проектот „Градење на координиран одговор за ХИВ/СИДА“. Овој проект продолжува да се развива во два нови проекти. Првиот,

под називот „Одржување на ниска ХИВ преваленца во РМ – Зајакнување на капацитети“ се спроведува од 17.4.2008 до 31.3.2013 година, а вториот, под називот „Одржување на ниска ХИВ преваленца во РМ – Одржлив развој“ од 1.1.2012 до 31.12.2016 година, кога завршува договорот за финансирање на активностите со средства одобрени од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Програмите за намалување на штети од употреба на дроги имаат значаен удел во трите наведени проекти и со право се загрижени за понатамошниот опстанок на нивните активности.

Според најавите, Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија по дванаесетгодишна поддршка очекува грижата за понатамошниот опстанок на активностите за одржување на ниска ХИВ преваленција да ја преземе Владата на Република Македонија. Бидејќи крајниот рок за завршување на проектот сè повеќе се приближува, „Платформата за одржливост на сервисите за ХИВ“, во која членуваат и здруженијата што ги спроведуваат програмите за намалување на штети, е сè позагрижена за понатамошната одржливост на активностите за превенција на ХИВ/СИДА. За волја на вистината, од август 2014 година Министерството за здравство на

Авторот работи како програмски асистент за истражување во ЦЕДИ – Центар за едукации, документирање и истражување при Здружението ХОПС – Опции за здрав живот. Има магистратура по етнологија и антропологија и долгогодишно истражувачко искуство меѓу различни општествено-маргинализирани групи/заедници, особено меѓу луѓето кои употребуваат дроги.

4

Во недостаток на потемелни информации за буџетските расходи останува да се претпостави дека Министерството за здравство ќе најде начин да ги обезбеди финансиските средства што сега ги добива како донација од Глобалниот фонд за борба против СИДА, тубекулоза и маларија. Со тоа програмите за намалување на штети би продолжиле да се финансираат во рамките на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА.

www.hops.org.mk

Во очекување на институционалниот одговор

Вања Димитриевски

Page 5: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Република Македонија започна процес за определување критериуми за сертификација на здруженијата што ќе ги финансира од 2017 година, но до објавувањето на ова издание немаше никаква видлива гаранција за подготвеноста на Министерството за здравство да продолжи со финансирање на овие проектни активности.

Можности за финансирање на програмите за намалување на штети од буџетите на Министерството за здравство и на Министерството за труд и социјална политика

Процената на трошоците на програмите за намалување на штети покажува дека годишниот буџет за одржување на сите шеснаесет програми за намалување штети изнесува меѓу 27.391.500,74 денари и 34.853.928,62 денари, во зависност од избраниот модел на финансирање.

Мониторингот на буџетите на двете програми на Министерството за здравство и на една програма на Министерството за труд и социјална политика, што дејствуваат најпогодно за финансирање на програмите за намалување на штети, кој ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го спроведе во 2014 година, не дава многу надеж за обезбедување одржливо финансирање на програмите за намалување на штети.

Имено, до носителите и до извршителите на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности, на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА и на Програмата за социјална заштита – Дневни центри и прифатилишта за вонинституционална социјална заштита беа испратени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер со кои беа побарани банкарски изводи,

сметководствени картички и фактури за 2011, за 2012 и за 2013 година. И иако изгледаше дека институциите брзо и лесно ќе одговорат на барањата, што беа крајно поедноставени за да бидат поразбирливи, мониторингот се претвори во долготраен и во макотрпен процес на постојана комуникација за остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. А селективните одговори на поднесените барања или молкот на поединечните извршители на наведените програми го ограничуваат увидот во буџетските расходи и оневозможуваат да се направи реална процена на можностите за обезбедување одржливо финансирање на програмите за намалување на штети од овие програми.

Од ограничените податоци може да се забележи дека Министерството за здравство непотполно ги извршува обврските кон извршителите на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности и на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА кога се

работи за обврски за кои средствата се обезбедени директно од Буџетот на Република Македонија. За разлика од ова, Министерството за здравство подоследно ги извршува финансиските обврски кон извршителите чии активности се финансираат од проектот „Одржување на ниска ХИВ преваленца во РМ – Одржлив развој“. Сепак, како што е опишано понапред, овој проект се финансира со средства од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија од каде што се инсистира на доследно спроведување на преземените обврски.

Многу е потешко да се процени буџетот на Програмата за социјална заштита – Дневни центри и прифатилишта за вонинституционална социјална заштита. Според тврдењето на Министерството за труд и социјална политика, за единствените два дневни центри за корисници на дрога и членови на нивните семејства во Куманово и во Охрид, што работеле во 2011, во 2012 и во 2013 година и на кои се однесува оваа процена, не можат да се издвојат посебни

Тема на бројот

5drogi - politiki i praktiki

„Едно од можните решенија е здруженијата што спроведуваат програми за намалување на штети да бидат прифатени како партнери на ресорните министерства. Тоа ќе овозможи поголема демократизација во донесувањето на одлуки и контрола на ефикасноста во превенцијата на ХИВ/СИДА.“

Page 6: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

податоци. Двата центри дејствувале во рамките на меѓуопштинските центри за социјална работа и за нив не се водела посебна финансиска евиденција. Дневниот центар во Куманово веќе две години не работи, а просториите се испразнети и не се одржуваат, додека просториите на Дневниот центар во Охрид во последниве неколку месеци се реновираат и се очекува наскоро повторно да се активираат. Од достапните податоци сепак може да се забележи дека за овие два дневни центри просечно за 2011, за 2012 и за 2013 година се издвојувани само 0,73% од буџетот на Програмата, што просечно годишно изнесува само 7.020,00 денари по клиент. Се разбира, логично е да се очекува дека од оваа Програма треба да се издвојуваат повеќе средства за луѓето кои употребуваат дроги, особено кога ќе се земе предвид фактот дека, според процената на Институтот за јавно здравје направена во 2010 година, во Македонија има околу 10.200 луѓе кои инјектираат опијати, не сметајќи ги луѓето кои употребуваат други видови дроги. Според замислата, дневните центри за корисници на дрога и членови на нивните семејства треба да

овозможуваат услуги за информирање, за советување и едукација, за работно ангажирање, за културно-забавни и за рекреативни активности, но не и да спроведуваат политики за намалување на штети од употреба на дроги.

Перспективи за стабилна одржливост на програмите за намалување на штети

Во недостаток на потемелни информации за буџетските расходи останува да се претпостави дека Министерството за здравство ќе најде начин да ги обезбеди финансиските средства што сега ги добива како донација од Глобалниот фонд за борба против СИДА, тубекулоза и маларија. Со тоа програмите за намалување на штети би продолжиле да се финансираат во рамките на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА. Доколку е неизводливо финансирањето да продолжи преку Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА, ќе треба да се изнајде друг начин за одржување на програмите за намалување на штети. Можеби

може да се размисли за основање на нова меѓуресорска програма што би се финансирала со средства од две или повеќе министерства.

Во секој случај се очекува дека Владата на Република Македонија ќе ги исполни своите обврски кон Глобалниот фонд и ќе продолжи со финансирање на активностите за превенција на ХИВ/СИДА. Она што е многу позагрижувачки е како ќе се одвива тоа.

Мониторингот на буџетите покажа дека Министерството за здравство со големи задоцнувања и непотполно ги исполнува финансиските обврски кон извршителите на мониторираните програми. Не е јасно како извршителите успеваат да ги надоместат неисплатените побарувања. Низ скудните објаснувања, одговорните лица објаснуваат дека трошоците делумно ги покриваат со средства наплатени за други здравствени услуги, неврзани за мониторираните програми. Сепак тие средства не се доволни и поради тоа генерираат долгови кон своите доверители и мораат да го намалуваат квалитетот на услугите што ги овозможуваат.

Програмите за намалување на штети од употреба на дроги немаат начин, ниту е тоа во склад со нивната определба, да наплатуваат за услугите што ги овозможуваат и не би можеле да опстанат доколку не бидат редовно и во целост исплатувани за нивната работа. Успешноста на овие програми е заснована на довербата што ја добиваат од своите клиенти, а довербата ја добиваат благодарение на посветеноста кон работата. Токму поради таа доверба програмите за намалување на штети имаат улога на посредници меѓу луѓето кои употребуваат дроги и институциите. Опаѓањето на квалитетот ќе ги одврати клиентите од програмите за намалување на штети, а со тоа ќе се продлабочи јазот меѓу заедницата и институциите и

„Бидејќи крајниот рок за завршување на проектот сè повеќе се приближува, „Платформата за одржливост на сервисите за ХИВ“, во која членуваат и здруженијата што ги спроведуваат програмите за намалување на штети, е сè позагрижена за понатамошната одржливост на активностите за превенција на ХИВ/СИДА.“

6www.hops.org.mk

Page 7: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

ефикасноста во превенцијата на ХИВ/СИДА. Но, многу повеќе здруженијата со сопствен ангажман можат да им асистираат на ресорните министерства во обезбедувањето на дополнителни финансии од други извори за понатамошен развој и за ширење на програмите за намалување на штети.

стабилна одржливост на програмите за намалување на штети од употреба на дроги. Едно од можните решенија е здруженијата што спроведуваат програми за намалување на штети да бидат прифатени како партнери на ресорните министерства. Тоа ќе овозможи поголема демократизација во донесувањето на одлуки и контрола на

ќе се отежнат можностите за ефикасна превенција на ХИВ/СИДА, хепатит Б и Ц и други сексуално и крвно преносливи инфекции.

Во услови на институционален молк и инертност во разрешувањето на суштинските социјални и здравствени прашања останува само надежта дека институциите ќе најдат решение за

7drogi - politiki i praktiki

Тема на бројот

Година Основен усвоен буџет

Измени во буџетот

Потрошени средства од буџетот на Програмата

Долг кон извршителите на Програмата

Процент на исплатени

побарувања

Донации од Глобален фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија

Програма за здравствена заштита на лица со болести на зависности

201170.000.000,00

ден.65.000.000,00

ден.55.464.481,00

ден.11.921.709,50

ден. 82,30%Нема донации од Глобален фонд.2012

65.000.000,00 ден.

41.000.000,00 ден.

42.788.642,00 ден.

26.314.527,00 ден. 61,90%

201355.000.000,00

ден. Нема измени54.988.778,00

ден.9.317.553,00

ден. 85,50%

Програма за заштита на населението од ХИВ/СИДА

201111.000.000,00

ден.8.500.000,00

ден.2.058.795,00

ден.3.038.200,00

ден. 40,39% 78.359.000,00 ден.

20128.500.000,00

ден.8.818.180,00

ден.3.721.279,00

ден.-377.500,00

ден. 111,29% 83.207.000,00 ден.

20138.000.000,00

ден.8.000.000,00

ден.7.303.739,00

ден.194.920,00 ден.

97,40% 80.469.000,00 ден.

Програма за социјална заштитаДневни центри и прифатилишта за вонинституционална социјална заштита

201196.967.000,00

ден.93.936.000,00

ден. Нема податоци. Нема податоци.Нема

податоци.Нема донации од Глобален фонд.2012

97.065.000,00 ден.

85.527.000,00 ден. Нема податоци. Нема податоци.

Нема податоци.

201392.332.000,00

ден.96.728.000,00

ден. Нема податоци. Нема податоци.Нема

податоци.

Табела: Преглед на буџетите на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности, на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА и на Програмата за социјална заштита – Дневни центри и прифатилишта за вонинституционална социјална заштита

„Програмите за намалување на штети од употреба на дроги немаат начин, ниту е тоа во склад со нивната определба, да наплатуваат за услугите што ги овозможуваат и не би можеле да опстанат доколку не бидат редовно и во целост исплатувани за нивната работа. Успешноста на овие програми е заснована на довербата што ја добиваат од своите клиенти, а довербата ја добиваат благодарение на посветеноста кон работата.“

Page 8: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Можете ли да ни кажете која беше оригиналната идеја во заднината на оваа мрежа и која е улогата на полицијата во јавното здравје?

Лично, а мислам дека и за многу луѓе кои работат во оваа област на намалување штети, особено во транзициски и земји во развој, е битно што рано откривме дека полицијата е многу важен дел од целиот процес и дека во повеќето случаи постојат ограничувања, на пример, полицијата во повеќето земји, поголемиот дел од времето, беше против програмите за намалување штети, и пополека дојдовме до сознанието дека за успешно да го интегрираме намалувањето на штетите во регуларните активности треба да ја добиеме полицијата на наша страна. Постоеја и други напори

за привлекување на полицијата, преку правни и формални реформи, но многу малку луѓе, всушност, работеа директно со полицијата. И во нашата работа наидовме на полиција која беше пријателски настроена, полна со поддршка и со разбирање, но која не знаеше што треба да направи. Со текот на времето сфативме дека полицијата имаше добивка од нас со тоа што стануваше дел од глобална мрежа. И знаејќи дека има други полицајци кои имаат слични искуства, и кои правеа обиди да го променат ставот на полицијата кон корисниците на дрога, кон намалувањето на штетите, беше креирана Полициската мрежа за ХИВ за да се поврзат ваквите полицајци и да им се овозможи меѓусебна поддршка за да се чувствуваат сигурни и поддржани во тоа што го прават, и да им се помогне

8

„Мрежата за спроведување на законите и ХИВ“ (МСЗХ) (Law Enforcement and HIV Network (LEAH)) ги поврзува луѓето кои се занимаваат со превенција на ХИВ, особено оние кои работат во органите за спроведување на законите и во јавното здравство. МСЗХ тежнее кон создавање на одржливо глобално партнерство за поддршка на ранливите групи/заедници како што се луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници/-чки, затворениците, мигрантите и мажите кои имаат секс со мажи.Преку своето дејствување, МСЗХ ја потенцира улогата на полицијата во заштитата на јавното здравје како што се: употребата на дроги, менталното здравје, семејното насилство и слично.Ник Крофтс (Nick Crofts) е епидемиолог и насловен професор на Школата за јавно здравје на Универзитетот во Мелбурн, Австралија. Негото знаење и искуство во јавното здравство се протега на областите на ХИВ/СИДА, дроги, намалување на штети од употреба на дроги и спроведување на законите. Тој е еден од основачите и директор на Мрежата за спроведување на законите и ХИВ. Го искористивме неговото учество на „Неформалниот дијалог за политиките за дроги во Југоисточна Европа“, што се одржа во Атина, Грција, во октомври 2014 година, за да поразговараме за активностите на МСЗХ и за улогата на полицијата во заштитата на јавното здравје во овој регион.

www.hops.org.mk

Како полицијата го заштитува јавното здравје соработувајќи со програмите за намалување на штети?

Разговорот го водеше: Влатко Деков.

„И во нашата работа наидовме на полиција која беше пријателски настроена, полна со поддршка и со разбирање, но која не знаеше што треба да направи. Со текот на времето сфативме дека полицијата имаше добивка од нас со тоа што стануваше дел од глобална мрежа.“

Melbourne policemen in 1946. Picture: HWT library

Page 9: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

во активностите на застапување, како и во едукативната работа со нивните колеги. Па така сега имаме мрежа од 16 полицајци или пензионирани полицајци кои функционираат како национални претставници за контакт во неколку различни земји во развој или во транзиција, кои вршат едукативни активности со нивните колеги, во нивните полициски служби и кои ги едуцираат полициските службеници за намалување на штети и како подобро да работат со засегнатото население.

Здруженијата на граѓани кои ги спроведуваат програмите за намалување на штети и полицијата не се непријатели.

Види, во повеќето земји во светот, според мене, сè уште се непријатели, но се зголемува бројот на примери во кои луѓето успеале да изградат мостови меѓу програмата и полицијата. Понекогаш иницијативата доаѓа од програмата, особено програмите за сексуални работници. На пример, во Индија една програма си постави

приоритет да соработува со полицијата и навистина се трудеа да изградат однос со полицијата. Понекогаш иницијативата доаѓа од полицијата, но честопати е потребен посредник, некој кој ќе ги седне двете страни на една маса. И сѐ почесто постојат примери на програми и полиција што работат на консензуален начин, седнувајќи на маса, дискутирајќи за проблемите, дефинирајќи цели, наоѓајќи начини да работат заедно, наоѓајќи начини да ја надминат стигмата и дискриминацијата, и отпорот од двете страни, затоа што не само што полицијата има лоши ставови кон корисниците на дрога и секусуалните работници, но поради сопственото искуство и корисниците на дроги и сексуалните работници не ја сакаат полицијата. Значи има две страни што треба да се надминат, кон подобар и поефективен однос, но сè почесто има примери низ светот каде што ова што се случува се гледа како можност за подобрување и не се однесува само на ХИВ. Затоа што кога оваа врска еднаш ќе се воспостави, влијае на сите други односи и полицијата почнува

да гледа на корисниците на дроги како на личности, да одржува врски со центрите за ментално здравје и за лечење зависности. Гледаме примери во кои полицијата соработува со овие центри и корисниците на дроги не се апсат. Затоа градењето мостови за превенција на ХИВ, всушност, ја отвора можноста за унапредување на односите и за други прашања.

Спомнавте неколку примери за добра соработка меѓу програмите за намалување на штетите и полицијата, но можете ли да ни дадете некои примери од Европа, особено од Источна Европа, за добра комуникација меѓу полицијата и програмата за намалување штети.

Па, дознав за слична ситуација во Романија и сакам да одам да ја видам затоа што звучи одлично. Сè уште имаат проблеми, но станува збор за огромен прогрес. Од земјите во кои имаме национални контакти, Украина, Молдавија, Таџикистан и Киргистан, во некои случаи станува збор за многу рана фаза од проектот, но во некои се зголемува процентот на

Интервју: Ник Крофтс

9drogi - politiki i praktiki

„Затоа состаноците меѓу полицијата и граѓанското општество, меѓу полицијата и корисниците на дроги, и граѓанските здруженија, и тоа не само спорадични, туку редовни средби, односно некаков вид тековна врска, ќе придонесе за хуманизација на луѓето. Веќе нема да бидат сфаќани како непријатели, демони.“

Page 10: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

обучени полицајци кои знаат како да се однесуваат со луѓето во програмите за намалување на штети и со корисниците на дроги. И постои свесност за можностите за заемна соработка. Не сум упатен во деталите за да знам какви деловни односи се воспоставени, но сигурно постои напредок во промената на ставовите на полицијата.

И, последното прашање. Од Вашето искуство, кој е најдобриот начин да се обучат полицајците? Дали врсничкиот пристап, односно едукација на полицијата од самите полицајци или вклучување и на корисниците на дроги во процесот?

Сметам дека и двете се апсолутно потребни. Затоа што полицијата учи од полицијата. Од моето искуство, дури

и кога полицајците имаат обуки за намалување на штети на академијата, и имаме регрути кои се школувале за намалување на штети, кога тие регрути доаѓаат на терен, ако ставот на локалните полицајци е поинаков од она што го учеле во академијата, наученото исчезнува. Па така морате да имате постојана едукација од други полицајци и начини за нивен професионален развој додека работат како полицајци. Но, рушењето на стереотипите е тешко зашто полицијата си има сопствена култура и заедница, и ги претставуваат нивните ставови, а овие ставови се дополнително зацврстени кога доаѓаат во контакт со поискусни полицајци. Затоа состаноците меѓу полицијата и граѓанското општество, меѓу полицијата и корисниците на дроги, и граѓанските здруженија, и тоа не само спорадични,

туку редовни средби, односно некаков вид тековна врска, ќе придонесе за хуманизација на луѓето. Веќе нема да бидат сфаќани како непријатели, демони. Кога ќе помислите дека единствениот начин кога полицијата доаѓа во контакт со корисници на дроги е конфликт, тогаш лесно е да се разбере зошто полицаецот гради негативен став кон корисниците на дроги. Затоа е важно да ги запознаат КД во друго светло, во неутрална средина во која има заемна почит зашто со тоа целосно ќе се измени ставот на полицијата и на КД и ќе може да се креира заедничка почва и заемна почит.

Интервју: Ник Крофтс

10www.hops.org.mk

„Види, во повеќето земји во светот, според мене, сè уште се непријатели, но се зголемува бројот на примери во кои луѓето успеале да изградат мостови меѓу програмата и полицијата.“

Page 11: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија датираат од 1996 година кога Асоцијацијата за социокултурни активности „МАСКА“ ја отвори првата Програма за размена на прибор за инјектирање, што следната година ја продолжи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Оттогаш до денес во Македонија се развиени вкупно 16 програми за намалување на штети, од кои четири се во Скопје и по една програма во други 13 градови. Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија се карактеризираат со нивната комплементарност, односно тие нудат повеќе услуги на едно место – стерилен прибор за инјектирање, кондоми, услуги од медицинско лице, социјален работник, теренска работа, тестирање за ХИВ и хепатит Ц, а во 6 градови и бесплатна правна помош. Токму поради оваa карактеристика овие програми се препознаени како добра пракса не само во регионот туку и пошироко, и голем број на студиски посети се реализирани во Македонија каде што учесници од разни земји ги посетиле програмите на ХОПС во Скопје и стекнувале знаење за тоа како да се развива успешна програма за

намалување на штети од употреба на дроги.

Освен Градот Скопје, што учествува во кофинансирање на еден центар за намалување на штети (финансирање на 2 ангажирани лица – координатор и социјален работник, како и трошоци за кирија и за спалување на медицинскиот отпад), сите други програми и активности се финансирани од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, чија поддршка завршува во декември 2016 година. Во овој момент, континуитетот на овие програми е неизвесен поради необезбедената финансиска поддршка по завршувањето на проектот поддржан од Глобалниот фонд. Затоа оваа година ХОПС направи анализа на програмите за намалување на штети со цел да даде придонес во изнаоѓањето на начини за континуирано финансирање на програмите за намалување на штети и нивна одржливост преку предлагање на два модела за нивно продолжување – минимален модел со минимален број на услуги и минимални финансиски средства и оптимален модел со оптимален број на услуги и во согласност со нив оптимални финансиски средства.

Во овој момент, континуитетот на овие програми е неизвесен поради необезбедената финансиска поддршка по завршувањето на проектот поддржан од Глобалниот фонд. Затоа оваа година ХОПС направи анализа на програмите за намалување на штети со цел да даде придонес во изнаоѓањето на начини за континуирано финансирање на програмите за намалување на штети и нивна одржливост преку предлагање на два модела за нивно продолжување – минимален модел со минимален број на услуги и минимални финансиски средства и оптимален модел со оптимален број на услуги и во согласност со нив оптимални финансиски средства.

11

Иднината на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија

Влатко Деков

drogi - politiki i praktiki

Авторот е магистрант на социјална политика. На полето на зависностите работи четиринаесет години. Има развиено најголем дел од програмите за намалување на штети во Македонија. Во моментов раководи со ЦЕДИ – Центарот за едукација, документирање и истражување при ХОПС. Автор е на голем број трудови, публикации и истражувања. Активист е за човекови права на маргинализираните заедници и членува во повеќе национални и меѓународи комисии, тела и стручни форуми меѓу кои и форумот за дроги при Европската комисија во Брисел. Од 2014 година е член на Управниот одбор на Евро-азиската мрежа за намалување на штети од употреба на дроги.

Page 12: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

на ризичното однесување кај лицата кои инјектираат дроги.

Во истражувањето на Меѓународното здружение за здравствени решенија (Health Outcomes International) од 2002 година, што се спроведувало во 103 градови во 24 земји, од кои во 36 градови имало програми за размена на прибор за инјектирање, а во останатите 67 немало вакви програми, е утврдено: опаѓање на ХИВ преваленцата во просек за 18,6% годишно во градовите каде што постојат програми за размена на прибор за инјектирање, односно зголемување на ХИВ преваленцата за 8,1% во градовите без овие програми. Едно друго истражување на Харли од 1997 година ја споредувало ХИВ преваленцата меѓу лицата кои инјектираат дроги во 52 града без програми за размена на прибор за инјектирање и 29 града каде што постојат вакви програми во: Азија, Европа, Северна Америка, Јужна Америка и Јужен Пацифик. Во просек преваленцата се зголемувала за 5,9% во градовите без програми за размена на прибор за инјектирање, а во градовите со вакви програми постои

Методологија на Студијата

За потребите на оваа Студија се анализираа годишните буџети, како и податоците за бројот на клиентите и за бројот на дадените услуги за 2012, за 2013 и за првите 9 месеци од 2014 година за сите програми за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија. Тоа се програмите што ги спроведуваат следниве здруженија на граѓани: ХОПС – Опции за здрав живот Скопје во Скопје, Избор Струмица во Струмица и во Гевгелија, Виа Вита Битола, Зона Кавадарци, Опција Охрид, Хелп Гостивар, ЦРУЈЖ Тетово, Пулс Куманово, Младински клуб Штип, како и Црвен крст на Македонија што ги спроведува програмите во Кичево, во Прилеп и во Велес.

Направената анализа со препорачаните два модела – минимален и оптимален модел за програмите за намалување на штети беше предмет на дискусија на заедничката средба со сите здруженија што ги спроведуваат овие програми.

Како дополнување на анализата на буџетите и на работата на програмите за намалување на штети од употреба на дроги беа спроведени три дискусии со фокусни групи чија цел беше да се сослушаат корисниците на програмите за намалување на штети и нивните ставови да се вградат во препораките за одржување и за понатамошен развој на овие програми.

Ефективност на програмите за намалување на штети

Постојат голем број на студии што ја докажуваат ефективноста на програмите за намалување на штети, пред сè во однос на превенцијата на ХИВ и хепатитис Ц, и во намалувањето

намалување за 5,8% годишно. Исто така многу други истражувања, меѓу кои и оние на Светската здравствена организација и ЕМЦДДА – Европскиот мониторинг центар за дроги и зависност од дроги, докажуваат и други ефекти на овие програми, освен превенцијата на ХИВ, и тоа: подобрен, односно олеснет пристап до основна здравствена грижа и третман на зависности, превенција на други крвно преносливи инфекции, намалување на бактериски инфекции, намалување на ризичното однесување итн.

Во Македонија, ефективноста на програмите за размена на прибор за инјектирање е исто така документирана. Имено, од 1987 до 2014 година се регистрирани вкупно 239 случаи на ХИВ/СИДА. Од нив, само 12 се лица кои инјектирале дроги. Во последниве 10 години, по отворањето на најголемиот број на програми за намалување на штети, се евидентирани само 4 нови случаи на добивање на ХИВ преку инјектирање на дроги, додека останатите 8 случаи се евидентирани пред развивањето на овие програми. Од друга страна, постојат примери

12www.hops.org.mk

Page 13: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

што укажуваат дека по престанокот на финансирање на програмите за размена на прибор за инјектирање се јавува епидемија на ХИВ кај лицата кои инјектираат дроги. Таков е примерот со Грција и со Романија. Имено, во Романија, по заминувањето на Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, се затвори значаен број од програмите за размена на прибор за инјектирање. Тоа пак резултираше со зголемување на ХИВ случаите меѓу ЛИД од 28 случаи во периодот од 2007 до 2010 година на 362 нови случаи за периодот од 2011 до 2012 година.

Ефективноста во коегзистенција со програмите за третман со супституциска терапија

Постои значајна евиденција дека програмите за намалување на штети се многу поефикасни ако постои надополнување на програмите за размена на прибор за инјектирање со програмите што нудат супституциски третман, односно метадон и бупренорфин. Повеќе студии покажуваат дека комбинацијата на програмите за размена на прибор за инјектирање со програмите за третман со супституциска терапија ја зголемуваат ефикасноста во намалувањето на инциденцата на ХИВ и на хепатитис Ц, односно дека нивната ефикасност е значително помала кога постои само една од овие програми. Ова посебно има влијание кај намалувањето на ХЦВ инфекцијата.

Оттука опстанокот на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија е значаен и за зголемување на ефикасноста на постоечките програми за третман на зависноста, што ги има во 10 градови низ земјава.

Финансиска исплатливост

Многу студии укажале на тоа дека програмите за намалување на штети од употреба на дроги се финансиски исплатливи. Така уште во 2004 година Светската здравствена организација направи анализа на повеќето студии при што беше испитувана финансиската исплатливост на програмите и заклучи дека постои доволна евиденција дека програмите што разменуваат стерилен прибор за инјектирање се финансиски исплатливи. Висината на исплатливоста зависи од видот на програмата, поточно од тоа кои услуги ги нуди, како и од локалните карактеристики каде што се спроведува таа.

Лури и Дракер (Lurie & Drucker) проценуваат дека бројот на инфекциите со ХИВ што можеле да се спречат во САД доколку имало вакви програми во раните фази на епидемијата со ХИВ би бил меѓу 4.394 (со 15% намалување на инцидентноста) и 9.666 (со намалување на инцидентноста за 33%). Трошокот на здравствениот систем на САД за овие инфекции со ХИВ бил пресметан меѓу 244 и 538 милиони долари соодветно.

Во Македонија трошокот по клиент е различен во зависност од програмата и од видот на услугите што се нудат.

Во Скопје, трошокот по клиент на годишно ниво изнесува 155 евра. За оваа сума, клиентот добива бесплатен прибор за инјектирање, кондоми, бесплатни преврски и базични интервенции на рани од долготрајно и од неправилно инјектирање, советување за здравје, 20 видови на социјални услуги, меѓу кои најбројни се асистенциите за вадење на лична идентификација, советувања за намалување на штети од употреба на дроги, превенција на предозирање, препраќање до соодветните социјални и здравствени институции, како и бесплатна правна помош. За споредба, трошоците само за фармакотерапијата, односно за лекот за хепатит Ц во Македонија во просек изнесува околу 13.000 евра годишно по клиент. Се разбира дека доколку во пресметката на трошоците за лекување на ХЦВ се вкалкулира и процентуалниот износ што го издвојуваат здравствените установи за лекување, вкупната сума би била многу повисока.

Тема на бројот

13drogi - politiki i praktiki

„Оттука опстанокот на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија е значаен и за зголемување на ефикасноста на постоечките програми за третман на зависноста, што ги има во 10 градови низ земјава.“

Page 14: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

услуги и за воведување нови, а не за укинување на старите услуги во програмите.

Повеќето корисници почнале да доаѓаат во центрите за намалување на штети поради стерилен прибор за инјектирање дроги, но потоа продолжиле да ги користат и останатите услуги, во зависност од личните потреби. Значењето на центрите за намалување на штети е толкаво што дури и кога немаат потреба од некоја конкретна услуга навраќаат во некој од постоечките центри поради социјализација затоа што, како што наведуваат самите, таму се чувствуваат пријатно, прифатени се и сослушани како луѓе. Еден соговорник изјави дека при посетата на еден од центрите за намалување на штети и искористувањето на постоечките услуги се исполнува со позитивна енергија, со што сакаше да ја потенцира важноста на овие центри.

Сите соговорници нагласуваат дека евентуалното затворање на програмите за намалување на штети или укинувањето на која било од постоечките услуги крајно неповолно ќе се одрази на нивното здравје, меѓутоа и на јавното здравје затоа што нема да можат да се контролираат инфекциите како ХИВ и хепатит Б и Ц. Затоа се посочува на надлежните државни институции како клучен

Ставот и потребите на корисниците на програмите за намалување на штети

Во дискусиите со корисниците на програмите за намалување на штети се потврдија сознанијата од искуствата на луѓето кои работат/волонтираат во овие програми. Кај сите соговорници се забележуваше страв од загуба уште при споменувањето на можноста да се затворат центрите за намалување на штети или да се укине која било од постоечките услуги. Напротив, сите соговорници наведуваа дека имаат потреба од дополнителни услуги, но и од дополнување на веќе постоечките услуги. Очигледен беше нивниот восхит при искажувањето на придобивките за заштита на личното здравје и ресоцијализацијата кои ги искусиле благодарение на постоечките програми. Се разбира, не сметаат дека сè е совршено, но затоа со уште посилен восхит ги искажуваат идеите за подобрување на постоечките услуги, доколку постои таква можност. Сепак, на инсистирањето да направат селекција на постоечките услуги врз основа на нивните потреби се добиваат долунаведениве одговори.

„Сите услуги се важни. Сите услуги се приоритетни и неделиви. Издвојуваме одделни услуги само затоа што инсистирате за тоа. Секоја услуга е важна, зависно од личните потреби на корисниците. Различни корисници користат различни услуги. Некој почесто зема прибор за инјектирање, друг има потреба од медицински услуги, трет има потреба од социјални услуги, а некогаш се користат повеќе услуги истовремено.“ И повторно следува ставот дека здруженијата што ги спроведуваат програмите за намалување на штети треба да се изборат за одржување на постоечките

чинител за одржување на програмите за намалување на штети од употреба на дроги.

Модели на програмите за намалување на штети

Сите 16 програми за намалување на штети од употреба на дроги во 13 града во Македонија ги спроведуваат добро обучени комплементарни тимови кои нудат повеќе услуги на едно место – размена на стерилен прибор за инјектирање, кондоми, услуги од медицинско лице, социјален работник, теренска работа, тестирање за ХИВ и за хепатит Ц. Правни услуги, односно бесплатна правна помош нудат програмите во: Скопје, Струмица, Прилеп, Кичево, Тетово и Велес.

Во текот на 2012, на 2013 и во првите 9 месеци од 2014 година, сите овие програми оствариле вкупно 170.186 контакти со лицата кои инјектираат дроги. Во просек, секоја година контактирале со 3.615 корисници на дроги. Од нив, приближно 600 (584) се нови клиенти исконтактирани за првпат во текот на годината. Во просек, на годишно ниво, со овие 3.615 корисници се остваруваат 56.728 контакти или приближно 16 контакти по корисник годишно.

14www.hops.org.mk

ГодинаБрој на различни

клиентиБрој на нови

клиенти Број на контакти

2012 3.236 515 49.611

2013 3.724 655 65.454

2014 (до септември) 3.885 582 55.121

Вкупно: 10.845 1.752 170.186

Табела 1. Број на клиенти и на контакти во програмите за намалување на штети.

„Оптималниот модел изнесува 502.330 евра, со хонорарен ангажман на персоналот, односно 566.902 евра ако целиот персонал биде вработен наместо хонорарно ангажиран.“

Page 15: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Анализата покажа дека сите видови на услуги што ги нудат овие програми се значајни за луѓето кои инјектираат дроги и сите тие придонесуваат да се контактираат повеќе корисници. Секако дека најголемиот дел од луѓето кои инјектираат дроги ја користат услугата за размена на прибор за инјектирање. Сепак постојат програми како на пример во Тетово каде што лицата кои употребуваат дроги повеќе користат услуги од социјален работник и од медицинско лице отколку размена на прибор за инјектирање.

Доколку сакаме Македонија и понатаму да опфаќа значаен број од лицата кои инјектираат дроги со програмите за намалување на штети, а со тоа и да остане земја со ниска ХИВ преваленца, потребно е продолжување на веќе воспоставените програми без намалување на видот на услугите и на активностите што ги нудат.

Финансиски моделиВо согласност со потребата од

одржување на постоечките услуги и на активностите што ги спроведуваат програмите за намалување на штети во Македонија, можностите за евентуално намалување на финансиските средства се минимални. Во таа насока е можно намалување кај административните трошоци и кај персоналот кој не е директно вклучен во организацијата или во спроведувањето на програмата. Сепак овој вид персонал постои кај мал број на организации, додека во повеќето организации целиот персонал е вклучен во спроведувањето на програмата.

Во Македонија постојат 3 различни модели на програми: ХОПС што нуди широк број на услуги (размена на стерилен прибор за инјектирање,

кондоми, услуги од социјален работник, медицинско лице, психијатар, правник) во 3 дроп ин центри и теренска работа со возило, вториот модел се сите останати организации, без Избор од Струмица и Виа Вита од Битола, што нудат стандардни услуги – размена на прибор, кондоми, услуги од социјален работник и од медицинско лице во еден дроп ин центар и работа на терен. Третиот модел се Избор од Струмица и Виа Вита од Битола што се комбинација од првиот и од вториот модел.

Во согласност со направените пресметки, минималниот модел за сите 16 постоечки програми за намалување на штети во Македонија изнесува 445.525 евра, со хонорарен ангажман на персоналот, односно 514.033 евра ако целиот персонал биде вработен наместо хонорарно ангажиран.

Оптималниот модел изнесува 502.330 евра, со хонорарен ангажман на персоналот, односно 566.902 евра ако целиот персонал биде вработен наместо хонорарно ангажиран.

Минималниот модел ги вклучува сите услуги што ги нуди актуелната програма со намалени административни трошоци што не се поврзани директно

за програмата, како и намалување на персоналот таму каде што тоа е возможно, а тоа е во програмите на ХОПС, Избор од Струмица и Виа Вита од Битола. Постојат две варијанти на минималниот модел: со исплата на хонорар и втората варијанта е со вработување на сите ангажирани лица.

Оптималниот модел ги вклучува сите услуги што ги нуди актуелната програма со намалени административни трошоци што не се поврзани директно за програмата, а намален е персоналот во истите програми како и кај минималниот модел, но намалувањето е во помал обем.

На крајот ни останува да се надеваме дека луѓето кои ќе го креираат Буџетот на Република Македонија за 2017 година, како и политичарите кои треба да гласаат за тој Буџет – ќе бидат хумани и одговорни, и ќе ги вклучат програмите за намалување на штети од употреба на дроги во националниот Буџет, и на тој начин ќе им помогнат на многу семејства во Македонија кои се соочуваат со проблемот на зависноста.

Тема на бројот

15drogi - politiki i praktiki

„Во согласност со направените пресметки, минималниот модел за сите 16 постоечки програми за намалување на штети во Македонија изнесува 445.525 евра, со хонорарен ангажман на персоналот, односно 514.033 евра ако целиот персонал биде вработен наместо хонорарно ангажиран.“

Page 16: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Во периодот од 18 до 22 мај, здруженијата на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување организираа студиска посета во Република Хрватска, чија цел беше да се стекнат информации и знаење за механизмот на финансирање на програмите за превенција на ХИВ/СИДА. Учесници на посетата беа претставници од клучните институции и министерства што се надлежни за ова прашање во Македонија: Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Град Скопје, Одделението за имплементација на проектот за превенција на ХИВ/СИДА од Глобалниот фонд при Министерството за здравство, една пратеничка во македонскиот Парламент, како и по еден претставник од здруженијата на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, „ХЕРА“ и „Заедно посилни“.

Беа посетени клучните институции и министерства што финансираат програми за превенција и за третман на ХИВ/СИДА во Република Хрватска: Министерството за здравство, Канцеларијата за дроги при Владата на Република Хрватска, Град Риека, како и четири здруженија на граѓани што спроведуваат програми за превенција на ХИВ/СИДА – Црвен крст на Република Хрватска, „HUHIV“ Загреб, „Искорак“ Загреб и „Тера“ Риека.

Домаќин на студиската посета и коорганизатор на состаноците во Загреб беше Црвениот крст на Хрватска.

Главни заклучоци

Финансирање од Буџетот на Владата на Република Хрватска

Република Хрватска беше корисник на само еден грант од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија во периодот 1.12.2003–30.11.2006 година. По завршувањето на тој грант во 2006 година, Министерството за здравство ги презеде обврските за финансирање на веќе воспоставените програми.

Во Хрватска постојат 10 програми за размена на стерилен прибор за инјектирање. Четири од нив ги спроведува Црвениот крст на Хрватска. Ние посетивме две програми – Програмата на Црвениот крст во Загреб и Програмата на „Тера“ во Риека. Сите програми се финансираат од страна на Министерството за здравство на Република Хрватска со можност за дополнително финансирање од локалните самоуправи. Процесот на финансирање се одвива на следниов начин. Министерството распишува повик до здруженијата на граѓани за реализирање на програми од областа на здравството чии содржини се однесуваат на спроведување национални стратегии, планови и програми во рамките на расположливите средства од државниот Буџет и од дел од приходите од игри на среќа. Во склоп на овој повик постојат пет видови на приоритетни активности, односно мерки што се финансираат.

16www.hops.org.mk

Влатко Деков

Финасирање на програмите за намалување на штети во Хрватска

„Република Хрватска беше корисник на само еден грант од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија... По завршувањето на тој грант во 2006 година, Министерството за здравство ги презеде обврските за финансирање на веќе воспоставените програми.“

Page 17: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Од нив, четири мерки се однесуваат на ХИВ, а две на превенција на ХИВ кај лицата кои употребуваат дроги, и тоа: Мерка 1.: исклучително наменета за финансирање на програми за намалување на штети, односно програми за размена на стерилен прибор за инјектирање и Мерка 2.: активности за превенција на ХИВ меѓу популацијата под најголем ризик (зависници од дроги, лица со ризично сексуално однесување).

Мерката 3. е превенција на ХИВ меѓу адолесцентите, а мерката 5. се програми за психосоцијална поддршка на лицата кои живеат со ХИВ, како и активности за дестигматизација на хомосексуалната популација во насока на превенција на ХИВ. Единствено мерката 4. не е поврзана со ХИВ и таа се однесува на финансирање на програми за психосоцијална помош на децата со малигни заболувања.

За секоја од овие мерки се предвидени посебни финансиски

средства и здруженијата на граѓани можат да аплицираат за проекти чиј буџет треба да се движи меѓу 100.000,00 куни или 13.211,00 евра како најмал износ и 1.000.000,00 куни или 132.211,00 евра како максимален износ на годишно ниво. Ова се предвидените средства за 2013 година. Една организација може да се пријави најмногу во 2 програми, што значи дека за превенција на ХИВ меѓу лицата кои употребуваат дроги е можно да се добијат максимално 2.000.000,00 куни или 264.422,00 евра за една година. Посебна карактеристика на овој хрватски модел е што распишаниот конкурс се однесува за 3 години така што здруженијата на граѓани добиваат финансиска сигурност дека програмите ќе можат да ги спроведуваат континуирано 3 години неоптоварени со постојано аплицирање за проекти и барање на финансиски средства, иако технички тие потпишуваат договори секоја година посебно.

Основни критериуми за конкурирање на овој повик се:

• Здружението на граѓани мора да биде регистрирано во согласност со Законот за здруженија на Република Хрватска;

• Здружението на граѓани да биде регистрирано во Регистарот на здруженија и активно да спроведува проекти во областа на здравјето најмалку 3 години;

• Здружението треба води уредно и транспарентно финансиско работење во согласност со Законот за сметководство на непрофитни организации;

• Здружението во потполност и во редовен рок да ги исполнило сите преземени обврски за претходно доделените средства од Буџетот на Владата.

Во просек, 90% од Буџетот наменет за финансирање на овој повик се обезбедуваат од средствата добиени од игрите на среќа.

Надлежните во Министерството за здравство истакнаа дека постои партнерство и меѓусебна доверба меѓу нив и здруженијата на граѓани, и дека евентуалните проблеми во реализацијата на програмите ги решаваат партнерски преку телефон, а не преку бирократски методи на официјално барање на состаноци, нивно одобрување итн.

Од страна на посетените здруженија на граѓани беше истакнато дека не се целосно задоволни од висината на финансиските средства што ги добиваат од Министерството за здравство, а како клучен проблем го потенцираа тоа што средствата најчесто ги добиваат со задоцнување од 4 до 5 месеци.

Сепак, и покрај овој вид на проблеми, здруженијата исто така го потврдија постоењето на партнерски однос меѓу нив и Министерството за здравство.

Тема на бројот

17drogi - politiki i praktiki

„Оттогаш, па до денес, локалната самоуправа постојано одвојува финансиски средства за програми за зависности во чиј склоп се и програмите за намалување на штети, односно размена на стерилен прибор за инјектирање.“

Page 18: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

за инјектирање, туку и теренска работа, психосоцијална поддршка и едукација.

Начинот на финансирање е преку конкурирање на повикот кој го распишува Град Риека на почетокот на секоја година. Во повикот се наведени повеќе области, меѓу кои и областа на зависности. За тековната година, Град Риека за Програмата за намалување на штети на „Тера“ одвојува 120.000,00 куни или приближно 16.000,00 евра.

Поради проблеми со менаџирањето на Град Загреб и судската постапка против градоначалникот и некои негови соработници, македонската делегација не успеа да закаже посета со претставници на Град Загреб за да се информира за начините на финансирање на програмите за превенција на ХИВ.

Како и да е, посетените здруженија на граѓани спомнаа дека постои можност за аплицирање на проекти за превенција на ХИВ до Град

Финансирање од локална самоуправа

Градот Риека е интересен пример затоа што иницијативата за финансирање на Програмата за размена на прибор за инјектирање дошла токму од локалната самоуправа, а не од некоја фондација. Имено, во 2000 година, по иницијатива на Градот, веќе етаблираното Здружение на граѓани „Тера“ ја започна првата Програма за размена на стерилен прибор за инјектирање и превенција на ХИВ меѓу лицата кои инјектираат дроги во Риека.

Оттогаш, па до денес, локалната самоуправа постојано одвојува финансиски средства за програми за зависности во чиј склоп се и програмите за намалување на штети, односно размена на стерилен прибор за инјектирање.

Специфично е што оваа Програма не се состои само од размена на прибор

Загреб. Вообичаено висината на овие финансиски средства е прилично помала од финансиската поддршка што ја дава Министерството за здравство, но сепак постои можност за дополнување на постоечките активности.

18www.hops.org.mk

„Посебна карактеристика на овој хрватски модел е што распишаниот конкурс се однесува за 3 години така што здруженијата на граѓани добиваат финансиска сигурност дека програмите ќе можат да ги спроведуваат континуирано 3 години неоптоварени со постојано аплицирање за проекти и барање на финансиски средства, иако технички тие потпишуваат договори секоја година посебно.“

Page 19: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

06:30 часот, будење

Ново утро – нов ден. Одиме на терен. Повторно, како и секој друг работен ден, почнуваме пред Кисела Вода. Добро е што синоќа порано си легнав затоа што денов ќе биде долг. Ќе ве поведам на еднодневно патување за да ви ги покажам активностите на ХОПС. Надвор е ладно, затоа облечете се добро.

Во ХОПС сум од 1997 година и навистина си ја сакам работава. Не сакам многу да зборувам за времето пред ХОПС. Само ќе кажам дека и јас, како и многу други во тоа време, прилично забегував со „хорс“ и не помислував дека од „игла“ можам да закачам СИДА или хепатит. Не помислував ни дека од моите игли може да се зарази некој друг. Постојано бев во „фрка“ да најдам „роба“ и да се боцнам без да ме фати Полиција и да не дознаат моите дома. Некаде во 1996 година постариве „џанаци“ почнаа да зборуваат за некоја организација „М.А.С.К.А.“ во која се давала чиста опрема за инјектирање, ама јас бев многу млад и не сакав да се мешам со тие „старите“. Плус не се сметав себеси за „џанак“. Не знам што

точно се случило со „М.А.С.К.А.“, ама подоцна знам дека дел од членовите на таа организација во 1997 година го основале ХОПС. И тука почнува мојата приказна. Во 1997 година, некои луѓе од ХОПС дојдоа во нашето собиралиште и ни понудија бесплатни стерилни игли и шприцови. Изгледаше глупо, ама кога почнаа да зборуваат за СИДА и за хепатит, и како да се заштитам, се просветлив и сфатив дека и јас можам да придонесам за заштита на луѓето кои користат дроги, но и за заштита на здравјето на луѓето кои не користат дроги. И оттогаш сум во ХОПС. Ах, да, ќе заборавев да кажам, ХОПС работи само на територија на Скопје и околината, но беше иницијатор и помогна да се отворат слични организации во девет други градови во Македонија.

07:25 часот, теренска работа

Се замуабетивме, ама еве стасавме пред „метадонскиот центар“. Нашиот теренски тим за намалување на штети е овде секој работен ден од 07:30 до 10:00 часот. „Теренците“ делат стерилен прибор за инјектирање и совети за

Скопје. Главен град на Македонија. Некогаш прокламиран како град на солидарноста – денес се дави во себичноста на граѓаните кои заборавија дека целиот свет вложуваше за да се крене од пепелта. Но, под ова небо врзано со жица сè уште блескаат зраци светлина што му се спротивставуваат на заборавот и ја поттикнуваат солидарноста. И меѓу нив – луѓе кои со својот труд придонесуваат за хуман третман на луѓето кои употребуваат дроги. Приказна која ветува посветла иднина за сите.

19

Ден во ХОПС

Д-р Ешко

drogi - politiki i praktiki

Доктор Ешко никогаш нема студирано медицина ниту која било друга општоприфатена наука. Неговата професија е размена на стерилен прибор за инјектирање на дроги. Ешко речиси од самото основање е член на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот, а титулата „доктор“ му ја дадоа колегите/-шките и клиентите/-ките поради неговата посветеност во развивањето на програмите за намалување на штети.

f

1

Page 20: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

и со теренската работа, размената на прибор за инјектирање е примарна дејност на ХОПС, ама за разлика од теренот во дроп-ин центрите клиентите се задржуваат подолго време и можат да добијат поподробни податоци за безбедно инјектирање и за безбедно отстранување на употребената опрема. Исто така во овие центри можат во подискретни и во поповолни услови да добијат социјални, медицински и правни услуги. Луѓево кои се сега собрани овде се членови на Креативната работилница. Сега се многу загреани за резбарство, ама исто така изработуваат накит и сликаат на маици. Има и понекоја паричка од ова, ама дружбата е поважна. Ќе се задржиме малку овде затоа што треба да пополнам некои листи, а потоа ќе ве одведам до Извршната канцеларија. Во меѓувреме, вие можете да се дружите со луѓево од Креативната работилница и да видите што изработуваат.

11:49 часот, Извршна канцеларија

Мора овие листи да ги однесам во Извршната канцеларија. Тие ми се најмачниот дел од сите мои обврски. Некогаш се чувствувам како повеќе да се занимавам со бирократија, отколку со мојата работа. На почеток ми беше тешко да сфатам, ама сега ми е јасно дека листите што ги пополнуваме влегуваат во евиденцијата со чија помош се прават анализи за унапредување на нашите услуги. А вака нашата работа станува повидлива и можеме да ја покажеме корисноста и потребата да се поддржуваат програмите за намалување на штети од

безбедно инјектирање, а употребениот прибор го прибираат за прописно да се уништи. Ова стварно функционира и клиентите се задоволни. Особено затоа што можат да користат и социјални, и здравствени, па дури и правни услуги. Некогаш нè обвинуваат дека ние сме криви што луѓето „се боцкаат“, ама ние сме тука само за нивна заштита, а и за заштита на околината. И покрај советувањата сè уште постојат клиенти кои ја инјектираат терапијата и затоа нашиот теренски тим е овде секое сабајле. Еден теренски тим во истите термини оди во другиот „метадонски центар“ затоа што и таму има поединци кои ја инјектираат терапијата. Двата тима имаат исти одговорности и затоа нема да се повторувам. Туку, време е да појдеме. Со возилото на теренциве ќе одиме во дроп-ин центарот во Капиштец.

Малку музика за по пат добро ќе ни дојде. Мене ЕКВ ми се закон за опуштање. У ствари, песнава е закон.

„Какав радостан дан,птице певају алелуја!“

У ствари, ЕКВ се закон! Великани!

10:16 часот, дроп-ин центарот во Капиштец

Сега сме во дроп-ин центарот за намалување на штети што се наоѓа во Капиштец. Ве молам за дискреција, довербата на клиентите ни е приоритет.

Во овој дроп-ин центар, исто како и во дроп-ин центрите во „Мавровка“ и во Шуто Оризари, работат лице за размена на прибор за инјектирање, социјален работник и медицинско лице, а трипати неделно има и правници. Слично како

употребата на дроги.И колегиве во Извршнава

канцеларија некогаш ми изгледаат како бирократи. Цело време имаат состаноци или зеваат во мониторите, или само си прават муабет. Просто не ми е јасно дали воопшто работат нешто. А потоа ќе излезе извештај од некое истражување или нов број на „Дроги – Политики и практики“, или нов изглед на интернет-страницата на ХОПС, или нова брошура, или Летната школа за зависности. А кога некој познаник ќе ми искоментира нешто за производот за кој и јас сум дал придонес, сфаќам дека овде навистина многу се работи на одржливоста и на видливоста на нашите програми.

Денес пак се зафатени со состаноци и се надвикуваат. Они нека се расправаат, а ние ќе одиме до Ѓорче. Треба да однесеме помош за еден клиент.

А можеме пак да ги преслушаме ЕКВ до таму.

„Плаво светло преко плавих лицаи плави свет из плаве кутије

ооо, људи из градоваооо, људи из градова.“

13:32 часот, посета на клиент

Ж. е наш клиент подолго време. Живее сам овде во Ѓорче и не може да доаѓа во нашите центри од здравствени причини. Нема роднини и пријатели да му помагаат и преживува само од минимална социјална помош. Нема пари да си ги плати сметките, а и извршители му се нон-стоп „на врат“. Среќа што станот не е на негово име

20

www.hops.org.mk

vk

5

Репортажа

Page 21: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

зашто и тој ќе му го земеа, и ќе го оставеа на улица. Животот знае да биде стварно суров. Ова ти е „Live and Let Die“. Некогаш ми се чини дека само ние се грижиме за него.

„Здраво, Ж. Како си?“„Тешко, брат, тешко. Смрзнувам

зимава. И струјата ми ја исклучија.“„Ти носиме душек и јамболија. Ќе ти

вршат ли работа?“„Супер. Фала ви многу. Да не сте

вие... тешко... тешко ќе се живее. А кои ви се луѓево?“

„Ги интересира што работиме. Сакаат да видат како живеат корисниците.“

„Тешко, брат. Тешко. Откога излегов од затвор, никој не ме прима на работа. Ме пуштија без документи од таму. Да не беше ХОПС, немаше да и`ам ни лична карта, ни социјално. Никој не нè сака нас наркоманите. Да не дојде докторкава овде да ми ги преврзе нозеве тука, оние би ме оставиле да цркнам. Никој не нè сака нас наркоманите.“

„Ж., колку опрема ти треба?“„’Ганови‘ дај ми дваесет ’десетки‘ и

пе`есет игли ’четворки‘. И земете ги овие стариве. И дојдете пак следната недела.“

„Ќе дојдеме. Ајде, чао!“

Размената на прибор за инјектирање е примарна работа, а покрај тоа, кога можеме, на клиентите им даваме и материјална помош. Има луѓе што ни ги даваат своите стари работи, па ние им ги даваме на клиентите. Најчесто добиваме стара облека, некогаш постелнина, а понекогаш и стари предмети од покуќнина – креденци, шпорети, фрижидери и слично. Некои луѓе подаруваат и бебешка храна, облека и пелени за еднократна употреба за клиентите кои имаат бебиња. Фала Богу, уште има добри луѓе. Се снаоѓаме за да им помогнеме на клиентите.

Клиентите викаат дека не знаат што би правеле ако нè нема нас. А клиенти кои од најразлични причини не можат да ги посетуваат нашите центри имаме низ цело Скопје и во околните села.

Сега ќе одиме до Гази Баба, да го видите Центарот за поддршка на сексуални работници/-чки. Само што уз пат ќе поминеме уште на две-три места да однесеме опрема на наши клиенти.

16:17 часот, Центар за поддршка на сексуални работници/-чки

Оваа Програма почна како поддршка за сексуалните работнички кои употребуваат/-ле дроги, но брзо разви услуги за сите сексуални работници/-чки кои работат на отворената сцена во Скопје. Прво почна само со теренска работа, а подоцна беше отворен и овој центар. Се разбира, теренската работа и понатаму се изведува, ама таму нема да можеме да одиме зашто ја нарушуваме дискрецијата и на сексуалните работници/-чки и на нивните клиенти/-ки.

Овде, во Центаров, сексуалните работници/-чки добиваат социјални, здравствени и правни услуги и психолошка поддршка. Можат да се избањаат, да ја исперат облеката, да се шминкаат, да прават фризури и да си готват јадења. Покрај дискусиите за безбеден секс и за безбедна сексуална работа се дискутира и за родови прашања, за правата на жените, за законска регулација на сексуалната работа, но се водат и секојдневни разговори за сè и сешто. Всушност, овде честопати знае да биде многу забавно.

А кога зборуваме за забава, да ги

оставиме луѓево да си бркаат работа. Ние одиме на after work party во Р. Ќе свири колегата Д. со неговиот бенд.

17:45, After Work Party

Супер е вака кога ќе се собереме. Сакаме да се дружиме и по работа. А имаме многу колеги и колешки кои се занимаваат со некоја уметност, иако повеќето се интересираат за музика. Малку добра забава и потоа си одиме дома.

А дрма, а?! Ајде, друштво! Дајте ЕКВ!

„Какав радостан дан,птице певају алелуја!“

Вака функционира ХОПС!

Репортажа

21drogi - politiki i praktiki

T

EF

Page 22: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Дознај повеќе!Сервиси за намалување на штети од употреба на дроги

Примарна дејност на сервисите за намалување на штети е размена на прибор за инјектирање за луѓето кои инјектираат дроги и собирање на веќе употребениот прибор за прописно уништување. Ова е светски докажана практика за заштита на луѓето кои инјектираат дроги, но и на пошироката заедница од ХИВ/СИДА, од хепатит и од други сексуално и крвно преносливи инфекции.

Во рамките на сервисите дејствуваат три центри за намалување на штети (или разговорно дроп-ин центри), еден теренски тим и еден Центар за рехабилитација и ресоцијализација на луѓе кои употребувале дроги. Центрите се во населбите Капиштец, Бит-пазар и Шуто Оризари, а теренските тимови ја покриваат целата територија на градот Скопје, периферните населби и околните села во зависност од потребите на клиентите.

Покрај примарната дејност, во Програмата за намалување на штети се овозможуваат социјални, медицински и правни услуги. Луѓето кои употребуваат дроги добиваат советувања за ХИВ/СИДА, за хепатит, за туберкулоза, за можности за лекување на зависноста од дроги и за други здравствени прашања. Социјално најзагрозените клиенти добиваат храна. Во дроп-ин центарот во Шуто Оризари постои перална, а во скоро време ќе се догради и бања за бездомните клиенти.

Во Центарот за рехабилитација и ресоцијализација се нуди психосоцијална, психијатриска и педагошка поддршка за луѓето кои употребувале дроги и нивните семејства. Посебни активности има за децата на кои педагогот им помага во учењето, се организираат заеднички посети на театарски и кино-

-претстави, прошетки низ Зоолошката градина, прослави и други интересни и корисни активности.

Во дроп-ин центарот во Капиштец и во Центарот за рехабилитација и ресоцијализација, меѓу останатото, двапати неделно се одржува и Креативна работилница за сите клиенти со креативни и со уметнички афинитети.

Во 2014 година е основан и теренски тим за работа со деца кои употребуваат дроги. Во недостаток на структурирани институционални решенија, овој тим може само да ги мапира местата на кои се движат децата кои употребуваат дроги, да дистрибуира донирана облека, да стекнува нови сознанија за нивните навики за употреба на дроги и да им помага да се справат со други секојдневни проблеми.

Се разбира, ова се само дел од секојдневните активности на сервисите за намалување на штети од употреба на дроги.

Репортажа

www.hops.org.mk22

Page 23: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Дознај повеќе!Сервиси за поддршка на сексуални работници/-чки

Од 2000 година, невладината организација ХОПС – Опции за здрав живот Скопје почна проект што прерасна во сеопфатна Програма за поддршка на сексуалните работници/-чки кои работат на отворена сцена (улица) во Скопје, а подоцна и меѓу сексуалните работници/-чки во ромските населби во Скопје, како и сексуалните работници/-чки кои работат во затворен простор (приватни станови, салони за масажа).

Како одговор на потребите на сексуалните работници/-чки одбиени од постоечките институции се нудат услуги за: социјална, здравствена, правна, психолошка, педагошко-андрагошка поддршка. Покрај основните услуги во дроп-ин центарот, сексуалните работници/-чки користат перална, бања, кујна и стилистички услуги. Често се одржуваат дискусии за: безбеден секс, заштита при работа, родови прашања, права на жените, законска регулација на сексуалната работа и слично.

Дополнително овие сервиси работат и со: интимни партнери и семејства на сексуални работници, клиенти на сексуални работници, заштитници, посредници и професионалци кои работат во областа на здравството, на социјалната заштита и на човековите права.

Во 2014 година беше почната иницијатива за испитување на потребите и на можностите за започнување процес за законска регулација на сексуалната работа во Македонија, што е еден од покрупните чекори за подобрување на општествениот статус на сексуалните работници/-чки.

Дознај повеќе!Центар за едукации, документирање и истражување (ЦЕДИ)

ХОПС од самиот почеток се занимава со истражувања и со обуки поврзани со дрогите и употребата на дроги во Македонија, но од 2012 година почна структурирано да ја развива оваа дејност.

ЦЕДИ со својата дејност ги поддржува другите програми на ХОПС во заложбите за воведување хумани политики за дроги и за сексуална работа, стремејќи се кон изградба на општество на хумани вредности и правична вклученост.

Особено достигнување на ЦЕДИ е Летната школа за зависности што овозможува обука на млади стручни кадри за прашања поврзани со дрогите и со зависностите од дроги. Школата посебно се фокусира на политиките и на практиките за дрогите, психосоцијалната поддршка и концептот на човекови права на луѓето кои употребуваат дроги.

Репортажа

Page 24: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Дознај повеќе!Застапување

Работата на сервисите за намалување на штети од употреба на дроги и за поддршка на сексуални работници/-чки би била речиси невозможна без застапување. Благодарение на застапувањето, Полицијата ја разбира хуманата определба на ХОПС и подостоинствено ги третира клиентите/-ките на ХОПС. Преку застапувањето, ХОПС е вклучен во повеќето локални, национални и меѓународни работни групи во кои се бараат решенија за проблематиките на дрогите и на сексуалната работа. Но, и покрај сите досегашни достигнувања, пред луѓето вклучени во застапувањето се исправени уште безброј предизвици за воведување хумани политики за дроги и за сексуална работа.

Дознај повеќе!Оддел за социјален маркетинг

Одделот за социјален маркетинг претставува значајна поддршка во напорите што организацијата ги вложува за: информирање, едукација и мотивирање на луѓето кои употребуваат дрога и сексуалните работници/-чки да внесат промени во индивидуалното ризично однесување и да ги реализираат своите права во користење на услугите во рамките на социјалниот и на здравствениот систем во Македонија. Во своите заложби Одделот за социјален маркетинг се обраќа и кон новинарите и кон медиумите, како важни чинители во креирањето на јавното мислење, од кои очекува поддршка и соработка за намалување на стигматизацијата и на дискриминацијата со кои се соочуваат овие заедниции. Исто така со својата работа ги поддржува и напорите за застапување пред носителите на одлуки и релевантните институции за воведување на хумани политики што треба да обезбедат поддржувачка околина за луѓето кои употребуваат дроги и за сексуалните работници/-чки.

24

www.hops.org.mk

Page 25: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

„Целта на едукацијата е да го замени празниот ум со отворен.“Малколм Форбс

„Образование е она што ќе опстане кога наученото ќе се заборави.“ Б. Ф. Скинер

Советот на Европа го дефинира неформалното образование во корелација со традиционалните форми на едукација, споменувајќи дека треба да е поставено надвор од формалното и да го дополнува, како и да биде дизајнирано да подобрува широк спектар на вештини и на компетенции кај младите луѓе. Причината зошто се дава големо значење на неформалното образование е признанието дека формалното образование не успева целосно да ги задоволи потребите за личен и за професионален развој на младите. Неформалното образование придонесува во процесот на доживотно учење и развивање на човечкиот капитал. Како концепт неформалното образование за првпат се појавува во 80-тите години на минатиот век кога е забележано дека формалното образование не води кон развој на општеството и не може да одговори на потребите за развој на пазарот на трудот. Неформалното образование нуди широк спектар на можности. Од учење за развој на лични и на животни вештини, и способности, до развој на

специфични професионални вештини и знаења.

Кога станува збор за неформално образование за работа со маргинализираните заедници се зборува за образование на маргините. Како што најчесто маргинализираните заедници се исклучени од општеството, така во формалниот процес на образование се исклучени и темите за работа со нив, за нивните права, за политиките што се креираат за нив итн.

Токму исклученоста на темите поврзани за работа со маргинализирани заедници од формалниот образовен процес поттикнала иницијативи да се развиваат програми во неформалното образование. Во Република Македонија, во текот на 2000-тите години започнуваат да се развиваат програми за младинска работа, развој на концептот на човекови права, права на маргинализирани заедници, хумани политики за зависности, превенција на ХИВ/СИДА и други теми што не беа опфатени со формалното образование. Овие програми започнаа да се реализираат најпрво преку краткотрајни, еднократни работилници со млади, потоа преку спроведување на конципирани модули и школи, па сè до воведување на дел од нив во формалниот образовен процес како што е образованието за младинска работа на Универзитетот на Југоисточна Европа. Оттука може да се увиди потребата на

Школата за зависности од дроги нуди единствена прилика за мултидисциплинарен пристап за учење на зависноста, пристап што ги зема предвид социјалните, медицинските, психолошките, но и прашањата за политики за дроги.

25

Формално и неформално образование за работа со маргинализирани заедници

Аница Димовска

drogi - politiki i praktiki

Авторката е социјална работничка. Дипломирала на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје (2002 – 2006), во моментов е магистрант на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Во ХОПС работи од 2009 година, во моментов работи на креирање, на организирање и на спроведување едукативни програми и настани како програмска асистентка за едукации во ЦЕДИ – Центар за едукација, документирање и истражување.

Page 26: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

појави на општеството. Сместувањето на оваа тема во рамките на предметот социјална патологија, за мене, укажуваше на маргинализирање на одредена заедница во однос на другите општествени заедници. Социјалната работа ја разбирам како професија базирана на практики, академска дисциплина што промовира развој и социјални промени, социјална кохезија, како и зајакнување и ослободување на луѓето. Принципите за социјална правда, човекови права, колективна одговорност и почитување на различностите се централни за социјалната работа. Поткрепено со теории за социјална работа, социјална политика и хумани знаења, социјалната работа ангажира луѓе и структури да ги адресираат животните предизвици и да обезбедат подобрување на општествената благосостојба. Токму затоа сметам дека одговорноста на социјалните работници е да ги застапуваат правата на сите маргинализирани заедници, вклучувајќи ги и луѓето кои употребуваат дроги.

младите за стекнување со знаења и со вештини во специфичните области.

Кога станува збор за образование за работа со маргинализирани заедници, во кои се вбројуваат и луѓето кои користат дроги, во Република Македонија не постои институција што врши образование на кадри подготвени за работа на вакви теми. Образованието за теми поврзани со зависноста како комплексно прашање треба да обезбеди мултидисциплинарен пристап во учењето за работа на ова поле. Оттаму потребата оваа тема да биде обработена од повеќе аспекти и опфатена во наставните курикулуми на различни области, и тоа: социјална работа, психологија, педагогија, безбедност и полиција, право, судство, медицина итн.

Една од темите што е речиси целосно запоставена во формалното стручно образование во Македонија е употребата на дроги. Според NIDA (National Insti-tute on Drug Abuse) употребата на дроги е голем здравствен проблем што влијае на општеството на повеќе нивоа и што под терминот дроги ги подразбира сите легални и нелегални психотропни супстанции, тутун и алкохол. Ваквото сместување на употребата на дроги дава пошироко општествено поле за дејствување. Како што истакнува Светската здравствена организација, третирањето на употребата на дроги како јавно здравствен проблем може да придонесе за дестигматизација на прашањата од оваа област, а со тоа да создадат услови за обезбедување широк спектар на услуги за луѓето кои користат дроги создавајќи целокупен систем на поддршка.

Како социјална работничка јас во текот на моите студии со поимот употреба на дроги се сретнав единствено во рамките на предметот што ги изучуваше социо-патолошките

Зошто е потребно образование на тема употреба на дроги?

Мишел Фуко во делото „Објектот и моќта“ зборува за постојаните борби против авторитети, на пр. моќта на мажите врз жените, на родителите врз децата, на администрацијата врз животниот стил итн. Преку овие борби тој го објаснува значењето на знаењето, на вештините и на квалификациите. Истакнува дека во денешните животни и општествени текови постои борба против привилегии врз достапноста на знаењето. Во врска со моќта на знаењето, важно е прашањето на кои начини циркулира и функционира знаењето. Со цел да се овозможи сеопфатно знаење за општествените политики, важно е да се проучуваат сите општествени процеси. Темата употреба на дроги и зависност од дроги е дел од овие процеси и затоа е важно да постои соодветно образование што ќе ги опфати сите нејзини сегменти.

Кога стручните работници кои работат во областа на зависноста (социјални работници, психолози, педагози, доктори, психијатри, правници, адвокати, полицајци,

26www.hops.org.mk

„Мишел Фуко во делото „Објектот и моќта“ зборува за постојаните борби против авторитети, на пр. моќта на мажите врз жените, на родителите врз децата, на администрацијата врз животниот стил итн. Преку овие борби тој го објаснува значењето на знаењето, на вештините и на квалификациите. Истакнува дека во денешните животни и општествени текови постои борба против привилегии врз достапноста на знаењето.“

Page 27: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

инспектори, донесувачи на одлуки) ќе се стекнат со сеопфатни информации поврзани со дефинирање на употребата на дроги, зависност од дроги, видови дроги, третман на луѓе зависни од дроги, намалување на штети од употреба на дроги, психосоцијални сервиси за луѓето кои употребуваат дроги, проблеми со дрогите во затворските системи, родовите аспекти во развивањето на програмите за работа со луѓето кои употребуваат дроги, концептот на човекови права и луѓето кои употребуваат дроги, општествени истражувања за дроги, глобалната состојба со дроги во светот и во Македонија, ќе имаат целосна слика за положбата на луѓето кои употребуваат дроги во општеството. Со посеопфатно запознавање на потребите на луѓето кои употребуваат дроги, професионалците почнуваат да градат поотворени ставови и недискриминаторски однос, и на тој начин ја стекнуваат довербата на оваа заедница.

Стекнувањето на знаења и на вештини за работа со луѓе кои употребуваат дроги поттикнува разбирање на потребите и на проблемите со кои тие се соочуваат. Разбирањето понатаму може да резултира со креирање хумани политики со инкорпориран концепт на човекови права. Спроведувањето на хумани политики на дроги понатаму придонесува за социјално вклучување на луѓето кои употребуваат дроги во општествените процеси. Сето ова го брише маѓепсаниот круг на општествена исклученост и создава можности за активно вклучување на оваа заедница во општествениот развој. Затоа обврска на секој од нас, како професионалци, но и како луѓе, е да креираме поволна средина за личен и за професионален развој, што понатаму би се одразил во општествениот развој.

Добри практики за неформално образование од областа на употребата на дроги

За да се пополни празнината од соодветно образование за адиктологија, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје во 2012 година основаше Летна школа за зависности од дроги. Летната школа е прв и единствен образовен настан во Република Македонија каде што млади стручни кадри учат да работат на полето на зависноста од дроги. Школата за зависности од дроги нуди единствена прилика за мултидисциплинарен пристап за учење на зависноста, пристап што ги зема предвид социјалните, медицинските, психолошките, но и прашањата за политики за дроги. Со курикулумот се настојува да се понуди сеопфатен преглед на моделите на политика за дроги, третмани (односно лекување) базирани на докази, намалување на штети од употреба на дроги, психосоцијална поддршка и концептот на човекови права. Учесници на школата беа млади професионалци (студенти и дипломирани) од областа на социјалната работа, на психологијата,

на правото, на медицината, на безбедноста, полиција и детективи.

Според досегашното искуство учесниците на Летната школа за зависности се презадоволни од тоа што, покрај теоретски знаења и вештини, добиваат увид и во практичното спроведување на Програмата за намалување на штети, Програмата за третман на зависности и Програмата за рехабилитација и за ресоцијализација на корисници на дроги. Посетата на споменативе програми на учесниците им овозможува визуелизација на теоретската подготвеност. Голем број од учесниците во изминативе години изјавуваа дека за нив е многу важно да видат како во пракса се спроведува теоријата за која зборуваат предавачите. Истакнуваат дека во рамките на формалното образование, тоа е нишката што недостасува. Можноста да бидат активно вклучени во процесот на учење преку споделување на свои искуства, на ставови, на дилеми и на прашања е само уште една причина што ја прави школата атрактивна за студенти и за професионалци кои работат во областа на зависностите. Некои од учесниците истакнуваат дека

Образование за дроги

27drogi - politiki i praktiki

„Онаму каде што формалното образование потфрлило да обезбеди можности за учење, неформалното образование надополнува.“

Page 28: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

учеството на школата им влијаело на промена на чувствата и на перцепциите што биле резултат на неразбирање, оскудни информации, осудување преку негување стереотипи и отфрлање. Многумина претходно не биле свесни дека стигматизирањето од страна на институции што постојат за да им помогнат на луѓето кои користат дроги придонесува за зголемена општествена стереотипна слика.

Темите опфатени на школата се од голема важноста за идните професионалци кои ќе работат во оваа област. Школата претставува надополнување на знаењата и на вештините со кои младите професионалци се стекнуваат во текот на формалното образование. Иако формалното образование нуди делумно, а несоодветно теоретско учење и делумно практично искуство, сепак не е доволно за да се подготви еден млад човек да се соочи со предизвиците при работењето во една комплексна област каква што е употребата на дроги и зависноста. Затоа сметам дека е неопходно постоењето на неформално образование што ќе го надополни формалното образование при работата со маргиналирани заедници, а особено работа со луѓето кои употребуваат дроги. Преку неформалното образование се дава значење на практичното искусување на научената теорија, се обезбедува стекнување и развивање практични вештини што се неопходни за сеопфатно образование. Онаму каде што формалното образование потфрлило да обезбеди можности за учење, неформалното образование надополнува.

Со цел да се обезбеди сеопфатен образовен систем за идните професионалци, потребно е интегрирање на формалното и на неформалното образование.

28www.hops.org.mk

„Токму исклученоста на темите поврзани за работа со маргинализирани заедници од формалниот образовен процес поттикнала иницијативи да се развиваат програми во неформалното образование.“

Page 29: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

29

Нови психоактивни супстанции (НПС) и нивни несакани дејства, состојбите во Македонија и во Словенија

drogi - politiki i praktiki

Доцент д-р Лилјана Игњатова е раководителка на Центарот за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дроги и други психоактивни супстанции при ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Македонија, а работи и како доцентка по предметот Психијатрија и медицинска психологија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Доц. д-р Игњатова е основачка и членка во Одборот на директори на Мрежата за лекување зависности на Југоисточна Европа и Јадранот, како и членка-основачка на Светската федерација за третман на опијатна зависност. Таа е постојана коресподентка за Групата Помпиду при Советот на Европа. Добитник е на наградата „SEE net Reflection Award” во 2015 година.

Андреј Кастелиц е доктор на медицински науки. Работи како раководител на Националниот центар за лекување на зависности од дроги во Љубљана, Словенија. Д-р Кастелиц е претседател на Координативното тело на центрите за превенција и лекување на зависности од дроги на Министерството за здравство на Република Словенија. Често работи како консултант на УНСИДА, УНКДК, СЗО, ЕУ, Групата Помпиду на Советот на Европа, ОБСЕ, Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, а се ангажира и како консултант и предавач во повеќе држави од целиот свет.

Нуша Шегрец работи како психијатар во Центарот за лекување на зависници од забранети дроги при Психијатриската болница Љубљана, Словенија. Нејзина најтесна специјалност е работа со луѓе кои употребуваат дроги со комплексни потреби и со коморбидна ментална дијагноза.

Билјана Стојческа е специјалист невролог, а моментално специјализира психијатрија во Љубљана, Словенија. Работи на Одделот за невропсихијатрија при Општата болница во Прилеп.

Лилјана Игњатова Андреј Кастелиц Нуша Шегрец Билјана Стојческа

Page 30: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

биле прогласени 73 нови психоактивни супстанции. Последниве години преовладува, пред сè, појавувањето на синтетички агонисти на канабиноидите (ЦРА), фенетиламините и катиноните, што по своето дејство ги имитираат дејствата на најсаканите забранети дроги. Притоа порасна бројот на интернет-продавниците во ЕУ, што ги снабдуваат странките со психоактивни супстанции или производи. При прегледот, во јануари 2012 година, биле откриени 693 интернет-продавници, што е повеќе од 314 откриени во јануари 2011 година и 170 во јануари 2010 година. Покрај спомнативе извори, НПС исто така можат да се набават преку посредство на уличните препродавачи.

Трендот на пораст на новите дроги можеме лесно да го следиме во секојдневната клиничка пракса сите ние кои се среќаваме со зависниците од забранети дроги во своето работење.

ВОВЕД

Последниве години во светот, а исто така и во Македонија и во Словенија, се појавуваат различни нови психоактивни супстанции (НПС) што ги среќаваме под различни имиња. Најчесто користени имиња за овие супстанции се: дизајнерски дроги (de-signer drugs), дозволени дроги (le-gal highs), растителни дроги (herbal highs), експериментални супстанции (research chemicals), соли за капење (bath salts), растително ѓубриво (plant food) и други. Овие супстанции обично имаат ознака дека не се дозволени за употреба кај луѓето („not for human con-sumption“). Се работи за синтетички и за растителни супстанции што најчесто се продаваат преку интернет или во продавници, што се нарекуваат „smart shops“ или „head shops“. Тие супстанции не се заштитени во склад со меѓународното законодавство. Искуствата на корисниците на овие супстанции можеме да ги следиме на социјалните мрежи или на форумите. Се појави и нов назив за корисниците на НПС, а тоа е таканаречен „psycho-naut“.

Според податоците на Европскиот центар за следење на дрогите и зависностите од дроги (EMCDDA-Eu-ropean Monitoring Center for Drugs and Drugs Addiction) во периодот од 2005 до 2011 година преку системот за рано предупредување беа прогласени 164 нови психоактивни супстанции. Така во 2011 година третпат по ред во Европа беше прогласен најголем број на нови супстанции – 49, што е повеќе од 41 супстанција прогласена во 2010 година и 24 супстанции прогласени во 2009 година. Приближно 2/3 од новопрогласените супстанции во 2011 година се синтетички канабиноиди или синтетички катинони. Во 2012 год.

ШТО СЕ НОВИТЕ ПСИХОАКТИВНИ СУПСТАНЦИИ?

НПС се супстанции (чисти или во облик на препарати) што се злоупотребуваат и не се контролирани во склад со постоечките конвенции (Single convention on Narcotic Drugs од 1961 год. или Convention on Psy-chotropic substances од 1971 год.), па истовремено претставуваат опасност по јавното здравје. Се работи за легални алтернативи на контролираните супстанции, односно дроги. Самиот назив нови психоактивни супстанции не се однесува само на иновативните дроги, туку и на супстанциите што се подостапни во последно време. Еден од најстарите НПС е кетаминот, а по него следуваат фенетиламините, пиперазините, синтетичките канабиноиди, синтетичките катинони и други.

30www.hops.org.mk

„Најчесто користени имиња за овие супстанции се: дизајнерски дроги (designer drugs), дозволени дроги (legal highs), растителни дроги (herbal highs), експериментални супстанции (research chemicals), соли за капење (bath salts), растително ѓубриво (plant food) и други. Овие супстанции обично имаат ознака дека не се дозволени за употреба кај луѓето („not for human consumption“).“

Page 31: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Мадрас (Madras) таканаречените дизајнерски дроги ги дели во 4 групи: синтетички катинони и амфетамини (mefedron, MDPV, metilon и др.), синтетички канабиноиди (JWH-018, 073-каде што JWH е скратеница на името John W. Huffman, лицето кое ја синтетизирало супстанцијата, AM-694 8, Hu-201, CP-47 и др.), халуциногени (Br-Fly) и синтетички опиоиди (dezo-morfin - т.н. крокодил).

Најчесто се работи за супстанции што не се со природно потекло (како што често ги понудуваат), туку се синтетизирани во лабораториите на Европа, на Азија (пред сè Кина и Индија). Засега најчесто не можеме да ги докажеме со стандардните урински тестови што ги употребуваме секојдневно при клиничката работа. На пазарот, пак, веќе се среќаваат тестови со чија помош можеме да откриеме некои супстанции од групата на синтетски канабиноиди. Фактот дека одредена супстанција е сè уште дозволена може да даде лажно чувство за нејзината безбедност, т.е. отсуство на штетно дејство. Понудата многу брзо се прилагодува на пазарот. Веднаш потоа, кога соодветната супстанција ќе се најде на листата на забранети супстанции, во лабораториите синтетизираат нова. Таа може да е многу слична на првата, но најмалата промена во нејзината хемиска структура ја распоредува меѓу дозволените супстанции. Се појавуваат т.н. аномизирачки мрежи, т.н. „темни мрежи“ („darknets“), каде што можат де се набават НПС. Технологијата за влегување во тие мрежи е сè повеќе вклучена во програмската опрема за широка употреба и така е достапна за поширок круг луѓе. Сето тоа, а уште и поволната цена на новите дроги, е причина по новите дроги да посегнуваат младите корисници. Според податоците на словенечката невладина

организација „Дрог Арт”, уживањето на НПС е популарно и кај групите МСМ (мажи кои имаат секс со мажи) и притоа предупредуваат на појава од т.н. „chem-sex“, пред сè поради ризичното сексуално однесување што е поврзано со употребата на НПС (постои ризик од појава на полно преносливи болести). Не треба да се занемари фактот дека се работи за супстанции што сè уште не се испитани, за кои главно немаме податоци за фармакодинамиката и фармакокинетиката или за можните долгорочни штетни последици врз душевното и телесното здравје. Краткорочните негативни (токсични) дејства се познати само преку опишаните клинички случаи. Откриени се, исто така, и смртни случаи како последица од употреба на НПС.

НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ НА НОВИТЕ ПСИХОАКТИВНИ СУПСТАНЦИИ

Истражувањата на подрачјето на НПС се исклучително ретки. Постојат неколку студии што се направени на експериментални животни. На располагање се, како што беше спомнато, поединечни описи на клинички случаи (најмногу се опишани труења кај корисниците). Долгорочните последици од употребата на тие супстанции се практично непознати. Опишани се несакани дејства од благи до животно опасни дејства врз кардиоваскуларниот, нервниот, гастроинтестиналниот и респираторниот систем. Опишан е широк спектар на можни психијатриски компликации при употреба на спомнатите дроги

Трендови

31drogi - politiki i praktiki

„„...недостаток на марихуаната (нелегална дрога) на црниот пазар во последно време, како и пораст на нејзината цена што, покрај другите фактори, исто така може да придонесе некој од корисниците на марихуана да се префрлат на синтетски канабис.“

Page 32: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

и појава на тешки токсични ефекти што траат подолго отколку кај марихуаната.

Синтетичките канабиноиди не содржат канабидиол (CBD) кој, меѓу другото, има и антипсихотично дејство. CBD е присутен во марихуаната и затоа му припишуваат некоја заштитна улога. Во литературата меѓу несаканите дејства се опишани: агитација, променето доживување на времето, анксиозност, дисфорија, халуцинации и параноидност. Опишани се случаи на појава на индуцирана психотична симптоматика кај личности кои употребувале канабиноиди и влошување на веќе опишаната психотична симптоматика кај личности со психоза. Од периферните несакани влијанија се опишани: дејството врз гастроинтестиналниот тракт (гадење, повраќање), кардиоваскуларни компликации (зголемен крвен притисок, забрзана работа на срцето, исхемија на срцевиот мускул), метаболни дејства (хипокалиемија, хипергликемија, ацидоза), дејството врз нервниот систем (широки зеници, покачена телесна температура, нистагмус, грчеви, кома), акутена бубрежна инсуфициенција.

Втората важна група на нови психоактивни супстанции ја

и компликации кај зависниците кои истовремено имаат придружна душевна болест. Најчесто во литературата се опишани: агитација, несоница, нарушување на концентрацијата, транзиторни параноидни доживувања, нарушувања на перцепцијата, анксиозност, транзиторни промени на расположението сè до делириум и прави психотични состојби, како и состојби на зголемена суицидалност.

Во продолжение се претставени најчестите психички несакани ефекти на најчесто употребуваните НПС.

СИНТЕТИЧКИ АГОНИСТИ НА КАНАБИНОИДНИТЕ РЕЦЕПТОРИ (CRA) – СИНТЕТИЧКИ КАНАБИНОИДИ И КАТИНОНИ И СО НИВ ПОВРЗАНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ

Синтетичките агонисти на канабиноидните рецептори (CRA) – синтетички канабиноиди (ги наоѓаме под имињата „spice“, „K2“, „spice gold“, „spice silver“, „bliss“, „black mamba“, „JWH-018,-073,-250“, „mr.smiley“ и др.) претставуваат некој вид на легална алтернативна марихуана. Дејствата се слични со тие на марихуаната – опуштеност, седација, еуфорија и промени во перцепцијата. За разлика од тетрахидроканабинолот (ТХЦ), што го има во марихуаната и дејствува како парцијален агонист на CB1 канабиноидните рецептори, нивното дејство е поврзано како со CB1, така и со CB2 канабоидните рецептори на кои дејствува како целосен агонист. Познато е дека парцијалните агонисти достигнуваат т.н. „плато ефект” (во смисла на доза/клиничко дејство), целосните агонисти не достигнуваат т.н. „плато ефект” и поради тоа при употреба на синтетичките канабиноиди постои поголем ризик од предозирање

претставуваат синтетичките катинони. Се работи за синтетички аналози на природни супстанции, што ги има во растението Catha edulis. Спаѓаат во групата на стимуланси на централниот нервен систем (ЦНС) и се т.н. психостимуланси, а во повисоки дози можат да бидат халуциногени. Дејствуваат преку повторното преземање на моноамините – серотонин, допамин и норадреналин, и имаат јако симпатомиметичко дејство. Предизвикуваат еуфорија, будност, зголемена енергија, потреба за движење, го намалуваат апетитот, го подобруваат чувството за музика, влијаат на сексуалната активност, т.е. однесување (зголемено либидо и зголемено доживување на задоволство во сексуалниот однос), опишани се и емпатогени дејства (пред сè кај мефедронот). Меѓу нив спаѓаат MDPV (3,4- metilendoksi-pirovaleron), мефедрон („m-cat“, „meph“, „miaow“), метилон („bk-MDMA“, „explosion“, „top cat“), 4-BMC, NEB, MOPPP, MDPPP, 3MMC (го наоѓаме под името сладолед) и многу други.

Опишани несакани дејства се: кардиоваскуларни, невролошки, респираторни, гастроинтестинални

32www.hops.org.mk

„Последниве години преовладува, пред сè, појавувањето на синтетички агонисти на канабиноидите (ЦРА), фенетиламините и катиноните, што по своето дејство ги имитираат дејствата на најсаканите забранети дроги. Притоа порасна бројот на интернет-продавниците во ЕУ, што ги снабдуваат странките со психоактивни супстанции или производи.“

Page 33: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

и психијатриски. Така, на пример, се опишани агитација, психоза (живи халуцинации, параноидност, делузии), суицидалност, агресија, анксиозност, несоница; понекогаш клиничката слика повеќе одговара на делириум (дезорганизираност, дезориентираност, нарушување на вниманието и на помнењето).

Од несаканите дејства се наведени: хипертензија, забрзана работа на срцето, нарушување на срцевиот ритам, продолжување на Q-T интервалот, болка во градите, конвулзии, мозочен едем, тремор, паркинсонизам, главоболка, парестезии, крвавења од носот, тешкотии во дишењето, слабост, повраќање, болка во стомакот, серотонински синдром, откажување на бубрезите, хипонатриемија и др.

Меѓу НПС ќе ги спомнеме уште пиперазине (c CPP, BZP и др.), што често се продаваат како екстази, кетамините и фенетиламините (2C-C-NBOMe – улично име „nebome“, „dragonfly“).

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА И ВО СЛОВЕНИЈА

Во Македонија се појавија првите клиенти кои соопштуваат дека употребуваат НПС од групата на синтетски канабис. Иако во изминативе години лицата кои употребуваа марихуана сметаа дека во Македонија има „добра марихуана” така што никој нема да сака да употребува синтетски канабис, сега дојде времето кога клиентите веќе соопштуваат употреба на синтетски канабис и присутност на разни НПС што можат да се набават и „он лине”. Тие исто така соопштуваат за недостаток на марихуаната (нелегална дрога) на црниот пазар во последно време, како и пораст на нејзината цена што, покрај другите фактори,

исто така може да придонесе некој од корисниците на марихуана да се префрлат на синтетски канабис. Во земјава сè уште не се направени истражувања во врска со употребата на НПС. Постоечките скрининг тестови за токсиколошка анализа што се користат во здравствените институции, лабораториите и што се достапни во аптеките во земјава не го докажуваат присуството на овие супстанции во урината, а стручните лица не се доволно подготвени да се соочат со предизвиците што можат да бидат предизвикани од употребата на новите легални психоактивни супстанции.

Во Словенија, според податоците од НВО „Дрог Арт”, најчесто се појавуваат следниве нови психоактивни супстанции: 3-MMC (3-metilmetkatinon), 4-MEC (4- metoksietkatinon), GHB/GBL (gama-hidroksibutiratna kiselina, ga-ma-butirolakton), metilon (улично име „bka“), 4-FA (4-fluoroamfetamin), 25x-NBOMe (улично име „nebome“), AMT (alfa-metiltriptamin), 2-CB (2,5-dimetok-

si-4-bromofenetilamin) и други сродни супстанции.

Судејќи по резултатите на истражувањето за употреба на НПС во Словенија, што во периодот од 2013 до 2014 година го изведе Санде со соработниците, катиноните се најчеста и најомилена група на НПС што се употребуваат во Словенија. Типична е употребата на поголеми количини во еден „BINGEY“ (подолготрајна, неконтролирана и повторувачка употреба). Просечната старост на анкетираните кои се вклучени во истражувањето е 23 години. Речиси ¼ од вклучените во истражувањето биле средношколци, што укажува на прилично млада популација на корисници на НПС. Од катиноните, во Словенија веќе подолго време е најпопуларен 3-MMC, односно сладоледот. Корисниците на НПС како причина за користењето на оваа супстанција не ја наведуваат легалноста, туку пријатното дејство, цената и лесната достапност.

Трендови

33drogi - politiki i praktiki

Page 34: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

зголемува сексуалната сила, корисникот станува покомуникативен и друштвен. Повисоките дози предизвикуваат вртоглавица, конфузност, нарушување на памтењето и грчеви. Исто така има потенцијал за развој на зависност. При редовна и долготрајна употреба се развива и физичка зависност. Раните апстиненцијални симптоми се слични со апстиненцијалните симптоми што се појавуваат во склоп на зависноста од алкохол (може да се јави клиничка слика на делириум, психоза, а опишан е и клинички случај со кататонија). Апстиненцијалните знаци се појавуваат по 1 до 6 часа во вид на анксиозност, тремор, несоница, лошење, повраќање, параноја, видни халуцинации, промени на памтењето и агресивност, а доколку не се лекува може да има и смртен исход. Апстиненцијалната криза трае од 3 до 21 ден, а ја лекуваме со бензодиазепини, а во други земји се употребуваат и баклофен (ГАБА б агонист), барбитурати и пропофол. Поради начинот на дозирање (капки, лажички), кај корисниците се можни предозирања, а опишани се и смртни случаи.

Најпосле би спомнале дека употребата на НПС (пред сè синтетичките катинони) се раширила во некои европски држави дури и меѓу популацијата на интравенозни уживатели на дроги (корисници на хероин, амфетамини), кои тие супстанции ги вбризгуваат.

ШТО Е СЛАДОЛЕД?

Името сладолед се употребува за 3-MMC (3-metilmetkatinon). Тој е изомер на омилениот мефедрон, односно 4-MMC, чија употреба во последниве години е намалена. Го наоѓаме во вид на кристали, бел прав, а се употребува преку уста и назално. Предизвикува промени на нивото на свеста, задоволство, еуфорија, топлина, љубов, конфузност, релаксација. Можни се тешки несакани ефекти (конфузност, тресење, забрзана работа на срцето, аритмична работа на срцето, болки во градниот кош, болки во желудникот, грчеви, епилептични напади, хипертермија, помодрување на прстите, промени на расположението, односно депресивно расположение). Корисниците опишуваат силен копнеж (психичка криза – „craving”) за супстанцијата, што трае приближно еден час, и токму затоа претставува потенцијална опасност за појава на зависност. Раширен е меѓу младата популација (покрај средношколците се мисли дека го употребуваат и учениците од основните училишта).

GHB/GBL

Гама-хидрокси-бутурична киселина (GHB, „G“, Liquid Ecstasy, Liquid Scoop, Soap, Salty Water, Cherry Meth и др.) и нејзиниот прекурзор GLB, иако не припаѓаат на НПС, мораме да ги спомнеме на ова место поради нивната сè почеста употреба и можните компликации предизвикани од употребата. Се наоѓа во облик на безбојна течност, без мирис и вкус, како и во форма на прашок и капсули. Најчесто корисниците го ставаат во пијалаците. Во ниски дози дејствува релаксантно, може и еуфорично, ја

ЗАКЛУЧОК

Појавата на НПС со своите специфични карактеристики на пазарот и засега малку познатите несакани ефекти врз телесното и врз душевното здравје бара мобилизирање за подобро проучување и познавање на ова подрачје. Оваа потреба се наметнува не само со цел препознавање на акутните состојби по употребата на овие супстанции, туку и со цел прилагодување на постоечките програми за лечење и за намалување на штетите од употреба на супстанции и зависност со потребите на актуелното време и на теренот. Овие програми треба да бидат во чекор со времето, односно прилагодени на потребите на пациентите и треба да ги следат постојано.

34www.hops.org.mk

Page 35: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Не, нема да пишувам за трета смена во фабрика, ниту за ноќна смена во дискотека. Ова не е напис ни за ноќна чуварска служба, иако некогаш во текот на работата се чувствувам како чувар. Ова е приказна за развивањето на програмите за намалување на штети од употреба на дроги...

Теренската работа во програмите за намалување на штети претставува метод чија основна цел е намалување на штетите од употреба на дроги меѓу скриената популација на корисници на дроги, т.е. оние кои не контактираат со социјалните и со здравствените установи, и поради тоа не се опфатени со такви програми.

Меѓу луѓето кои користат дроги се препознаваат разни подгрупи кои имаат свои потреби поради неискуството со дрогите и поради различните начини на употреба на дроги, изолираноста и специфичната внатрешна комуникација. Корисниците кои користат дрога во помали, изолирани групи (најчесто млади луѓе), за својот проблем на користење на дрога немаат побарано помош или сè уште не го чувствуваат како проблем, немаат познавање за доверливи организации што се занимаваат со оваа проблематика и добар дел од нив не знаат за безбедно инјектирање или за крвно преносливи инфекции. Следствено на тоа, доколку сакаме да допреме до нив и да ја

стекнеме нивната доверба, мораме да примениме и различни пристапи соодветно на потребите на овие луѓе. Затоа теренските тимови во програмите за намалување на штети имаат голема улога во едуцирањето на оваа група на корисници, но носат и голема одговорност бидејќи тие се можеби единствените кои можат да допрат до оваа популација и да им помогнат.

Со долгогодишното работење во оваа проблематика имав можност да стапам во контакт со многу корисници на дроги, да ги видам нивните потреби, да им помагам, а некогаш само да ги ислушам. Теренскиот тим на ХОПС своите активности ги остварува на територијата на град Скопје и има прилично развиена мрежа на клиенти, кои ги контактира секојдневно. Долго време работата беше реализирана само во две смени. Првата смена се изведува во утринските часови пред метадонските центри во Кисела Вода и Државна болница, а втората на најразлични локации во градот по претходно утврден распоред. Преку секојдневната работа, теренскиот тим забележа дека постојат поизолирани групи кои употребуваат дроги и кои не успеваше да ги исконтактира во овие две смени. Со тоа се наметна потребата да се воведе уште една – трета смена.

Третата смена за намалување на штети е фокусирана токму на поддршка за скриената популација на корисници

Третата смена за намалување на штети е фокусирана токму на поддршка за скриената популација на корисници на дроги. Нејзина цел е остварување на контакти со нови клиенти на кои им се овозможуваат сите услуги од Програмата за намалување на штети на ХОПС.

35

Трета смена

Дарко Велески

drogi - politiki i praktiki

Дарко Велески е дипломиран социјален работник. Моментно работи на изготвување магистерски труд на последипломски студии при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, насока Менаџмент на човечки ресурси. Активно работи како програмски асистент на Програмата Сервиси за намалување на штети од употреба на дроги во Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје каде што претходно работеше како координатор на теренската работа и како социјален работник во дроп ин центрите.

Page 36: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

за првпат се најдовме во ситуација да спречиме предозирање со хероин. Благодарение на претходната обука, лесно препознавме кога едно момче почна да паѓа во бессознание и му укажавме прва помош во согласност со препораките за опијатно предозирање и повикавме Брза помош.

Во текот на теренската работа, на луѓето кои инјектираат дроги им се пренесуваат информации за безбедно инјектирање и за крвно преносливи инфекции, но и за програмите за намалување на штети на ХОПС. Клиентите се задоволни од услугите, но на почетокот беа изненадени како некој мисли и на на нив, и на нивното здравје, и на нивните права.

Третата смена се покажа и како одличен линк меѓу лицата кои употребуваат дроги и јавните институции. Со помош на довербата

на дроги. Нејзина цел е остварување на контакти со нови клиенти на кои им се овозможуваат сите услуги од Програмата за намалување на штети на ХОПС. За разлика од првите две смени кои имаат фиксно работно време, третата смена е поориентирана кон секојдневната динамика на клиентите и бара флексибилно работно време. Ова подразбира работа во текот на целото деноноќие, понекогаш викенди и празници.

Развивањето на третата смена почна како волонтерска работа и беше макотрпен процес со оглед на тоа што контактите тешко се остваруваа, но слободата и креативноста во начините на пристап го правеа процесот интересен и предизвикувачки. Во остварување на првите контакти имавме помош од лица од самата заедница кои, врз основа на довербата која ја имаат кон членовите од тимот, ни помогнаа да воспоставиме врска со групи од скриената популација. И покрај воспоставените контакти, тимот долго време работеше на стекнување на доверба во самите групи. Начините беа различни, но најчесто се засноваа на неформално дружење со групите со тоа што тимот се адаптираше на динамиката на состанување на овие групи, што беше најчесто во доцните часови, а локациите на кои ги среќававме беа нивните домови или во паркови, во клубови и сл.

По извесно време резултатите од работата на третата смена беа видливи, а тимот стана препознатлив во заедницата.

Се сеќавам на една вечер, кога бевме поканети на роденден кај еден од клиентите, каде што имаше сè, освен торта и колачи (ако ме разбирате?). Ни рекоа ќе има „ѓезме“, но тоа не беше „ѓезме“ на начин на кој ние сме навикнати. Во таа вечер

стекната со макотрпна работа, на оваа скриена популација ѝ се пренесуваат знаења за остварување на личните здравствени и на социјалните права. Таа е одличен пример колку може да се направи за луѓето на кои им е потребна помош само ако се има желба. Скриената популација постои, иако не можеме да ја видиме во нашето секојдневје сè додека не се заинтересираме за неа и за луѓето на кои навистина им е потребна нашата помош.

36www.hops.org.mk

Page 37: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Иницијативи

37drogi - politiki i praktiki

„Во таа вечер за првпат се најдовме во ситуација да спречиме предозирање со хероин.“

Page 38: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

КРАТКИ ВЕСТИ

38www.hops.org.mk

Жените кои употребуваат дроги се поранливи на негативните влијанија на прохибиционистичките политики за дрогите.

Јуни, Меѓународниот ден за борба против дрогите, Меѓународната мрежа на жените за намалување на штети излезе со соопштение со кое ја осудува политиката за војна против дрогите. Во соопштението се вели дека жените кои употребуваат дроги се поизложени на стигматизација и на насилство, а имаат послаба достапност и пристапност до социјални и до здравствени услуги за нивните потреби поврзани со употребата на дроги. Поради тоа, Меѓународната мрежа на жените за намалување на штети бара да се прекине војната против дрогите, да се прекине неефикасната практика на притворање и на затворање на жените поради употреба на дроги, да се санкционира насилството врз нив, да се воведат родово сензитивни програми за намалување на штети, но и да бидат вклучувани во донесувањето на какви било одлуки кои ги засегаат нивното здравје и нивниот живот. (Извор: IDPC.)

Во САД рапидно се зголемува бројот на програми за дистрибуција на налоксон.

Извештајот издаден од Центрите за превенција и контрола на болести (Centers for Diseases Control and Prevention) покажува дека во Соединетите Американски Држави сè повеќе се зголемува бројот на програми што дистрибуираат налоксон. Во 1996 година, кога започнала првата ваква програма, со примена на налоксон од опијатно предозирање биле спасени 26.463 луѓе. Денес налоксонот во САД е достапен за приближно 152.000 луѓе кои употребуваат опијати. Налоксон за лична употреба на луѓето кои употребуваат опијати се дистрибуира во повеќе од триесет федерални единици во САД. Со пошироката дистрибуција на налоксон и со зголемувањето на неговата достапност, властите во САД настојуваат да го намалат бројот на смртни случаи и здравствени последици поради опијатно предозирање. (Извор: HRC.)

Во Русија само активистите бијат битка за спречување на епидемијата на ХИВ/СИДА.

Во отсуство на координирана државна акција за сузбивање на епидемијата на ХИВ/СИДА во Русија, активистите на Фондацијата „Андреј Рилков“ се единствените кои прават напори за превенција на ХИВ/СИДА меѓу луѓето во Москва кои инјектираат дроги. Во другите градови во Русија воопшто нема програми за намалување на штети од употреба на дроги поради конзервативната политика на актуелната власт. Според официјалните податоци, бројот на луѓе позитивни на ХИВ во Русија од 500.000 во 2010 година пораснал на 930.000 во последнава година, но се претпоставува дека вистинската бројка е многу повисoка. Русија годишно издвојува приближно 330 милиони евра за борба против ХИВ. (Извор: Yahoo News.)

Page 39: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Кратки вести

39drogi - politiki i praktiki

Здруженијата на граѓани се спротивставуваат на глобалната војна против дрогите.

Повеќе од 100 здруженија на граѓани, кои учествувале на панел-дискусијата одржана на 30 април 2015 година во Институтот „Брукингс“ во САД, се спротивставиле на актуелната глобална политика на војна против дрогите. Оваа панел-дискусија е подготовка за Генералното собрание на Обединетите нации на кое во 2016 година е закажана расправа за „Светскиот проблем со дрогите“. Дискутантите се подготвуваат да му предочат на ГС на ОН, што е под големо влијание на Организацијата за дроги и криминал на Обединетите нации, дека војната против дрогите е контрапродуктивна и спротивна на заложбите за почитување на човековите права. (Извор: TheFIX.)

И во Франција се отвораат простории за безбедна употреба на дроги.

На 7 април 2015 година, Народното собрание на Франција усвои нов Нацрт-закон со кој се дозволува отворање на простории за безбедна употреба на дроги. Првите вакви простории пробно ќе бидат отворени во: Париз, Бордо и Стразбур. Според тврдењата, овој Закон е заснован на реалните потреби и нема да поттикне помасовна употреба на дроги. На критиките од опозицискиот „Сојуз на народни движења“, министерот за здравство на Франција одговорил „Ние не заземаме моралистичка позиција, туку прагматичка и реалистичка позиција“. (Извор: International Business Times.)

Во Будимпешта, Унгарија, повторно се шири хепатит Ц меѓу луѓето кои инјектираат дроги.

Унгарската унија за граѓански слободи (Hungarian Civil Liberties Union) предупредува дека стапката на хепатит Ц меѓу луѓето кои инјектираат дроги од 2011 до 2014 година е речиси удвоена. Според Унгарската унија за граѓански слободи постојат две можни причини за ова. Првата е претпоставената веројатност за рапидно зголемување на бројот на луѓе кои инјектираат дроги. Втората причина е поврзана со намалувањето на средствата за финансирање на програмите за намалување на штети, што упатува на веројатноста за повторен пораст на ризичните практики за употреба на дроги. И покрај барањето до функционерите да се преземат итни мерки за спречување на епидемијата, раководството на Будимпешта сè уште нема усвоено никакви стратегии или планови, ниту покажува намера да издвои повеќе средства за програмите за намалување на штети од употреба на дроги. И додека градоначалникот на Будимпешта го негира проблемот и ја обвинува Унгарската унија за граѓански слободи за „застапување за слободна продажба на дроги“, опозицијата во Градскиот совет подготвува резолуција за спречување на епидемијата на хепатит Ц. (Извор: Drugreporter.)

Page 40: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

40

Кратки вести

Нова орална терапија за ХЦВ.

Европската комисија одобри два нови лека кои ќе се користат како орална терапија за хепатит Ц. Лековите викиракс (viekirax) и ексвира (exviera), произведени од претпријатието „АбВи“ (AbbVie), можат да се користат со или без рибиварин, а лекувањето може да трае 12 или 24 недели. Клиничките испитувања на двата лека покажуваат ефикасност поголема од 90% кај пациенти со генотип 1, вклучувајќи ги и оние со коинфекција со ХИВ, додека викиракс во комбинација со рибавирин покажува 100% ефикасност во лекување на ХЦВ, генотип 4. (Извор: Hepatos.)

www.hops.org.mk

Нова Локална стратегија за дроги на Град Скопје.

На 39. седница на Советот на Град Скопје, одржана на 19 февруари 2014 година, беше усвоена новата Локална стратегија за дроги на Град Скопје за периодот 2015–2020 година. Заедно со Стратегијата е усвоен и Акцискиот план. Стратегијата е резултат на работата на Координативното тело за дроги на Град Скопје. (Извор: ХОПС.)

Page 41: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Во изминативе педесетина години, општествената почва на тоа што се подразбира под здравје и болест многу е изменета. Она што претходно било прифаќано како нормална човекова состојба – раѓање, стареење, менопауза, алкохолизам, прекумерна тежина – во денешно време се сметаат за медицински состојби. За подобро или за полошо, медицината сè повеќе продира во сите аспекти на секојдневниот живот.Преку студии на случаи од своите тридецениски истражувања, Питер Конрад прави осврт на силите што стојат зад трендовите на прениска става, социјална анксиозност, „машка менопауза“, еректилна дисфункција, синдром на дефицит на внимание и хиперактивност кај возрасните и сексуална ориентација. Тој ги разгледува појавата и промените на медикализацијата, последиците од ширењето на доменот на медицината и влијанието врз здравјето и општеството. Во најактуелниот развој – како што се зголемување на бројот на можни дијагнози и биомедицински подобрувања – Конрад ги увидува насоките за понатамошна медикализација.Конрад заклучува дека улогата на стручните медицински лица е минимизирана. Наместо нив, фармацевтската и биотехничката индустрија, осигурителните друштва и фондовите за здравствено осигурување и пациентите, како консументи, станале водечки сили во промовирање на медикализацијата. Оваа провокативна Студија овозможува вреден увид не само во тоа како медикализацијата дојде до ова ниво, туку и во потенцијалот за нејзина понатамошна еволуција.

Како изгледа кога конзервативен судија ќе излезе од утописката стварност што ја создавал околу себе цел живот? Настаните поврзани со унапредувањето во национален координатор за дроги (Drug Czar) и семејните односи го принудуваат судијата да се соочи со стварноста и да го смени својот конзервативен став за дрогите и за луѓето кои употребуваат дроги. Неговите илузии за конечна победа во „војната против дрогите“ се распаѓаат кога ќе почне да ги согледува нишките за производство и за трговија со дрога исткаени во „подземјата“ на Мексико и на САД.

Книга:

Питер КонрадМедикализација на општеството: за трансформацијата на човековите состојби во излечливи нарушувања

Peter ConradThe Medicalization of Society: On the Transformation of

Human Conditions into Treatable Disorders

Филм:

Стивен Содерберг

Шверц

Steven Soderbergh

Traffic

Препорачуваме

drogi - politiki i praktiki 41

Page 42: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

42

drogi - politiki i praktikiГодина II, Број 2, јуни 2014 година, ISSN 1857- 8926, Бесплатно издание

Тема на бројот:

Дроги и законодавство

Интервју: Јака Битенц, Словенечки социјален клуб за канабис (ССКК)

„Јавното мислење многу се смени од 2010 година наваму. Медиумите почнаа да пишуваат за поволностите на канабисот. Се случи за првпат во Словенија една граѓанска кампања да собере 28.000 потписи за три нацрт-закони, а тоа го постигнавме заедно!“

www.hops.org.mk

Најнови публикации:

www.hops.org.mk

Page 43: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

Пријатели:

Студентска организација

43

drogi - politiki i praktikiwww.hops.org.mk

Page 44: Дроги - Политики и практики, бр.4, август 2015 година

СЗПМЗ Коалиција „Сексуални

и Здравствени права на маргинализирани заедници“

ХОПСОпции за здрав живот

Скопје

www.hops.org.mk

Поддржано од:

и Фондации Отворено општество (Open Society Foundations)

http://supportdontpunish.org