Агенција за енергетика · 2020. 8. 5. · created date: 20140114084623z

33
АГЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК За постапка за изградба на електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ Скопје, 2013

Upload: others

Post on 30-Jan-2021

16 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

  • АГЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    ПРИРАЧНИК

    За постапка за изградба на електрани запроизводство на електрична енергија од

    обновливи извори на енергија

    ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ

    Скопје, 2013

  • АГЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    ПРИРАЧНИК

    За постапка за изградба на електрани запроизводство на електрична енергија од

    обновливи извори на енергија

    ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ

  • Агенцијата за енергетика на Република Македонија, решида го издаде овој прирачник со цел запознавање назаинтересираните домашни и странски инвеститори воспроведувањето на проекти од областа на обновливитеизвори на енергија со законите и нормативите коифункционираат во нашата држава.

    Наша желба е со овој прирачник да се прикаже постапкатаза начинот на стекнување на статус на повластенпроизводител на електрична енергија произведена одобновливи извори на енергија.

    Овој прирачник служи како насока за идниот инвеститоркој е потребно да прибави одредена документација заповедување и завршување на постапката.

    Со почит,

  • СОДРЖИНА

    Вовед……………………………………………………………………............………………………….....11. Цели на информирање и поддршка2. Институции задолжени за спроведување на постапкаПрва фаза………………………………………………………………………………………….…..3-111. Инвеститор2. Подготвителни работи3. Решавање на имотно – правни односи4. Согласност за приклучок на дистрибутивниот систем5. Овластување за изградба на објекти за производство наелектрична енергија од ОИЕ со номинална моќност (5-10) МW6. Изготвување на елаборат за влијание врз животната срединаВтора фаза..............................................................................................................12-131. Одобрение за градбаТрета фаза..............................................................................................................14-201. Времена лиценца2. Одобрение за употреба на градба3. Лиценца за вршење на енергетска дејностЧетврта фаза........................................................................................................21-271. Привремено решение за стекнување на статус за повластенпроизводител2. Решение за стекнување на статус на повластен производител ипостапка за донесување на одлука за користење на повластенатарифа3. Решение за стекнување на статус на повластен производител ипостапка за донесување на одлука за користење на повластенатарифаПетта фаза…………………….………………………………………………………………......28-291. Склучување на договор со операторот на пазарот наелектрична енергија2. Остварување на право на стимулативни мерки

    3. Обезбедување на гаранцииза потекло на електрична енергија од обновливи извори

  • 1

    Вовед

    Производството на електрична енергија од обновливиизвори на енергија е дејност од јавен интерес. За таа целпотребно е информирање и поддршка на заинтересирани-те домашни и странски инвеститори во спроведувањето напроекти од областа на обновливите извори на енергија(една од надлежностите на Агенцијата за енергетика наРепублика Македонија) и за развој на потребите военергетиката и можностите за стекнување со статус наповластен производител на електрична енергија одобновливи извори на енергија.

  • 2

    Цели на информирање и поддршка

    Активностите за информирање и поддршка запроизводство на електрична енергија од обновливиизвори на енергија се однесуваат на : запознавање на пошироката јавност со спроведување на

    постапката за изградба на фотоволтаични електрани запроизводство на електрична енергија од обновливиизвори на енергија;

    појаснување на улогата на институциите задолжени заспроведување на постапката;

    поттикнување на инвестициите преку различнистимулативни мерки;

    поддржување на иницијативите, помагање икоординирање на проектите на изградба на енергетскиобјекти

    Институции задолжени за спроведување на постапка

    Влада на Република Македонија Министерство за економија на Р. Македонија Министерство за транспорт и врски на Р.Македонија Министерство за животна средина и просторно

    планирање на Р. Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и

    водостопанство на Р. Македонија Органи на локалната самоуправа на Р. Македонија Агенција за енергетика на Република Македонија Регулаторна комисија за енергетика на Македонија Оператор на дистрибутивен систем на електрична

    енергија (ЕВН) Оператор на пазарот на електрична енергија (MЕПСО)

  • 3

    Постапка за изградба на фотоволтаични електрани воРепублика Македонија

    Прва фаза

    1. ИнвеститорИнвеститорот може да биде домашно и странско лице

    кое има регистрирана дејност во Република Македонија.

    2. Подготвителни работиИзработка на предфизибилити студија (студија за

    исплатливост) која вклучува анализа за местоположбата ицената на чинење на приклучокот кон дистрибутивнатамрежа од страна на консултанска куќа.

    3. Решавање на имотно – правни односи

    3.1 Земјиште во државна сопственост

    Кога земјиштето е во државна сопственост, инвестито-рот може да склучи договор за долготраен закуп иликористење, или пак да склучи договор за купопродажба(чл. 14 и чл. 15 од Закон за градежно земјиште, Сл. Весник наРМ, бр.17/11; чл. 48 од Закон за земјоделско земјиште, Сл.Весник на РМ, бр.135/07 и Уредба за начинот на постапкатаза оттуѓување, давање под закуп и висината на посебнитетрошоци на постапката за оттуѓување и давање под закупна градежно земјиште сопственост на РепубликаМакедонија, Сл. Весник на РМ, бр.79/01, 103/01, 38/02, 51/03,95/04, 87/05, 47/06, 147/08, 71/09 и 39/11 ).

  • 4

    3.2 Земјиште во приватна сопственост

    Кога земјиштето е во приватна сопственост, инвестито-роти сопственикот на земјиштето меѓусебно ќе се договорат заначинот на користење на земјиштето, имено може дасклучат договор за долготраен закуп или договор закупопродажба (Закон за сопственост и други стварниправа, Сл. Весник на РМ, 18/01, 92/08, 139/09, 35/10).

    4. Согласност за приклучок на дистрибутивниот систем

    Барањето за приклучок се поднесува во почетнатафаза на намерата за изградба на објектот. Барањето заприклучок се поднесува до операторот на дистрибутивнатамрежа, односно ЕВН и тоа со образец кој може да се набавиво корисничките енергетски центри на ЕВН Македонијаили да се превземе од веб страната на ЕВН.

    Приклучувањето на објектите на правните ифизичките лица на електричната мрежа на ЕВНМакедонија се врши врз основа на Решение за согласностза приклучување издадено од страна на ЕВН Македонија.

    Согласност за приклучување на електричната мрежана ЕВН Македонија е потребна при: изградба на нов објект кој се приклучува наелектричната мрежа, зголемување на одобрената максимална едновременамоќност на корисникот на електричната мрежа, промена или реконструкција на приклучокот по барањена корисникот на електричната мрежа,

  • 5

    промена на техничките карактеристики на уредите накорисниците на електричната мрежа кои имаат изразеноповратно влијание на електричната мрежа, обединување на повеќе мерни места во едно мерноместо, и поделба на мерното место на поголем број на мерниместа.

    Лицето кое бара приклучување е должно да ги поднесетрошоците за приклучување утврдени во ценовникдонесен од страна на ЕВН. Рокот за издавање на Решениеза согласност за приклучување изнесува 15 дена застандарден приклучок и 60 дена за нестандарденприклучок. По издавањето на решението за согласност заприклучување, лицето кое бара приклучување има правода избере претпријатие од листата на овластени градителина ЕВН кое ќе го изгради приклучокот, а ЕВН е должно насвој трошок да вгради мерен уред.

    Во зависност од местоположбата, оддалеченоста наместото на приклучување и максималната едновременамоќност на објектот на потрошувачот постои стандарден инестандарден приклучок.

    А. Стандарден приклучок е нисконапонски приклучок чијамаксималната едновремена моќност на приклучокот епомала или еднаква на 40 kW, при што:

    објектот кој се приклучува се наоѓа на подрачје кое еопфатено со детален урбанистички план (ДУП), или

    објектот не се наоѓа на подрачје кое е опфатено со ДУП,но оддалеченоста на објектот на корисникот до местото наприклучување на дистрибутивниот систем каде е технички

  • 6

    можно да се изврши приклучување е помала или еднаквана 30 метри.

    Б. Нeстандарден приклучок е секој среднонапонскиприклучок, како и нисконапонски приклучок чијамаксималната едновремена моќност на приклучокот е:

    поголема од 40 kW и мерењето е преку мернитрансформатори, или

    помала или еднаква на 40 kW, при што објектот не сенаоѓа на подрачје кое е опфатено со ДУП, нооддалеченоста на објектот на корисникот до местотона приклучување на дистрибутивниот систем кадетехнички е можно да се изврши приклучување епоголема од 30 метри.

    ЕВН Македонија на сопствен трошок е должна да вградимерен уред за лицата кои бараат приклучување наелектричната мрежа, трошоците за вградување,одржување и замена на неисправните мерни уреди се натерет на ЕВН Македонија. Мерните уреди кои ги вградувакомпанијата на сопствен трошок се сопственост на ЕВНМакедонија.

    По изведбата на приклучокот ЕВН Македонија вршиинтерен технички прием на приклучокот и прибавуваодобрение за употреба на објектот од надлежните државниоргани.

  • 7

    По издавањето на одобрение за употреба наприклучокот од надлежните државни органи, ЕВНМакедонија ќе го стави под напон објектот на лицето коебарало приклучување на електричната мрежа за штобарателот на приклучок треба да поднесе барање заставање под напон до ЕВН Македонија на образец БСН – 1во писмена форма кој може да се прибави без надомест воКорисничките енергетски центри на ЕВН Македонија илида се превземе по електронски пат од веб страната на ЕВН,www.evn.com.mk.

    Рокот за ставање под напон на објектот на барателот наприклучок изнесува 15 дена од денот на поднесувањето набарањето за ставање под напон.

    Лицето кое барало приклучување на електричнатамрежа е должно да склучи Договор за снабдување соелектрична енергија со ЕВН Македонија.

    5. Овластување за изградба на објекти за производствона електрична енергија од обновливи извори наенергија со номинална моќ над 10MW

    Постапката за издавање на овластување за изградба илиреконструкција на објекти ја спроведува Комисија заспроведување на постапка за доделување на овластувањеза објекти (чл. 49 до чл. 60 од Закон за енергетика, Сл.Весник на РМ, бр. 16/11).

  • 8

    Ако Комисијата утврди дека барањето за овластувањене е целосно, во рок не подолг од 15 дена од денот наобјавување на барањето во „Службен весник на РепубликаМакедонија“, ќе му предложи на Министерството, односнона градоначалникот да го задолжи подносителот за да јакомплетира пропишаната документација.

    Министерот, односно градоначалникот во рок однајмногу седум дена со заклучок ќе го задолжи барателотна овластувањето да ја комплетира документацијата ворок што не може да биде покус од 15 дена од денот наприемот на заклучокот.

    Ако подносителот на барањето не ја комплетирадокументацијата во определениот рок, Владата наРепублика Македонија на предлог на министерот, односноСоветот на единицата на локалната самоуправа на предлогна градоначалникот, ќе донесе одлука за запирање напостапката.

    Владата на Република Македонија, на предлог наминистерот, во рок од 60 дена од денот на приемот набарањето, ќе донесе одлука за издавање или одбивање набарањето за издавање на овластување за изградба на новиили реконструција на постојни објекти за производство наелектрична енергија. Владата на Република Македонијапред донесување на одлуката ќе побара мислење одРегулаторната комисија за енергетика.

    До 10 MW не е потребно овластување за изградба наобјект.

  • 9

    6. Изготвување на студии или елаборат за влијание врзживотната средина

    Потребно е позитивно мислење за студија за оценка навлијанието на животната средина за да се добие Решениеза согласност за спроведување на проектот врз основа настудија (Правилник за содржината на барањата што требада ги исполнува студијата за оцена на влијанието напроектот врз животната средина „Службен весник наРМ“бр. 33/06 од 20.03.2006 год) како и позитивно мислењеза елаборат за заштита на животната средина за добивањена Решение за одобрување на елаборатот (Правилник заформата и содржината на елаборатот за заштита наживотната средина, постапката за нивно одобрување, какои начинот на водење на регистарот за одобрени елаборатиСлужбен весник на Република Македонија бр. 50/09.)

    Студијата за оценката на влијанието врз животнатасредина треба да ги исполнува следните барања: Да содржи опис на проектот заедно со информации залокацијата, карактерот и големината на проектот и напотребната земјишна површина; Да содржи опис на животната средина и на нејзинитемедиуми на локацијата; Да содржи опис на природното, културното иисториското наследство и напределот; Да содржи опис на видот и количините очекуваниемисии, особено на емисиите во воздухот и отпаднитеводи, цврстиот отпад, како и други информации потребни

  • 10

    за евалуација на поголемите влијанија на проектот врзживотната средина; Да содржи опис на мерките за спречување, намалувањеи елиминирање на влијанието врз животната средина, какои на мерките за враќање во поранешната состојба; Да содржи опис на влијанијата на проектот врзживотната средина имајќи го предвид нивото на развој нанауката и прифатените методи за евалуација; Да содржи опис на карактеристиките на технологијатакоја се користи; Да содржи опис на алтернативните решенија зареализација на проектот што инвеститорот ги ималпредвид и главните причини за избирање на предложенатаалтернатива; секогаш се вклучува и нултата алтернатива; Да содржи резиме на доставената студија без техничкидетали; Да содржи анализа на потешкотиите (техничкинедостатоци или недостиг на знаења)со кои инвеститоротили експертот биле соочени за време на подготовката настудијата; и Да содржи предлог за големината и карактеристикитена промената поради која е потребно да се ажурирастудијата за оценката на влијанието врз животнатасредина.

    Инвеститорот треба да достави барање за одобрувањена елаборатот до надлежниот орган за одобрување наспроведувањето на проектот.

  • 11

    Орган надлежен за одобрување на елаборатот еУправата за животна средина орган во состав наМинистерството за животна средина и просторнопланирање, градоначалникот на општината,градоначалникот на општината во градот Скопје илиградоначалникот на градот Скопје.

    Барањето за одобрување на eлаборатот, заедно соелаборатот, се доставува во три примерока во писменаформа и електронска форма.

    Содржина на елаборатот:1. Општи податоци;2. Вид на елаборат;3. Орган надлежен за одобрување на елаборатот зазаштита на животнатата средина;4. Опис на проектот во кој се врши дејноста илиактивноста;5. Опис на животната средина околу локацијата напроектот;6. Влијание на проектот врз животната средина;7. Програма за заштита на животната средина;8. Заклучок;9. Попис на прилози;10. Изјава.

  • 12

    Втора фаза

    1. Одобрение за градба

    За добивање на одобрение за градење инвеститоротподнесува писмено барање до градоначалникот наопштината односно градоначалниците на општините воградот Скопје. За изградба на фотонапонскаелекторцентрала инвеститорот треба да добие одобрениеза градење за градби од втора категорија (чл. 57 став 2 одЗаконот за градење Службен Весник на РепубликаМакедонија бр. 39/12). Барањето треба да ја содржиследнава документација:

    - извод од детален урбанистички план или урбанистичкиплан за вон населено место или урбанистички план засело или државна односно локална урбанистичкапланска документација

    - архитектонско-урбанистички проект заверен однадлежен орган доколку со урбанистичкиот план илидржавната односно локалната урбанистичка пландокументација е предвидена изработка на овој проект

    - основен проект во три примероци со извештај заревизија на основниот проект или писмен извештај сосогласност за нострификација на основниот проекдоколку истиот е изработен во странство

    - доказ за право на градење- геодетски елаборат за нумерички податоци за

    градежното земјиште.

  • 13

    Надлежниот орган е должен во рок од 15 дена од денотна приемот на барањето да ја разгледа доставенатадокументација и да утврди дали истата е комплетна.Доколку документацијата е комплетна, надлежниот органе должен да го завери основниот проект и да достави добарателот известување со пресметка за плаќање нанадоместок за уредување на градежното земјиште.

    Одобрението за градење се издава во рок од петработни дена од составување на доказ за платеннадоместок за уредување на градежно земјиште.

    Одобрение за градење може да се издаде и во некоислучаи ако не е платен надоместокот за уредување наградежно земјиште како што е тоа опишано во член 59 став12 од пречистениот текст на Законот за градење (СлужбенВесник на Република Македонија 39/12).

  • 14

    Трета фаза

    1. Времена лиценца

    Инвеститорот може да побара да му се издаде лиценца ипред добивање на одобрение за употреба на енергетскиотобјект, или пред добивање на извештај за извршентехнички преглед од надзорниот инженер за објектите закои не е потребно издавање на одобрение за употреба, илипред добивање на решение за ставање во употреба наенергетскиот објект, ако:1) за енергетскиот објект, односно систем е издадено

    овластување за изградба во согласност законот заенергетика или

    2) е издадено одобрение за градење на објектот, во случајкога за изградбата на објектот не е потребноовластување за изградба на енергетски објект или

    3) инвеститорот се стекнал со право на градење наобјектот врз основа на спроведена постапка по јавенповик за изградба на објекти за производство наелектрична енергија или комбинирано производствона електрична и топлинска енергија или производствона топлинска енергија или

    4) инвеститорот стекнал право на градење на објектот,односно системот врз основа на концесија закористење на природно добро, односно изградба насистем и вршење дејност.

    Инвеститорот поднесува барање за издавање навремена лиценца до Регулаторната комисија за енергетика

  • 15

    на Република Македонија. Кон барањето треба да сеприложи следнава документација:

    - изјава од производителите на главната опрема завршење на соодветната енергетска 12 дејностзаверена од нотар со која се потврдува декаглавната опрема е монтирана во согласност соупатствата на производителите и соодветнитетехнички прописи и стандарди за таков вид наопрема;

    - изјава од инвеститорот заверена од нотар со која сепотврдува дека опремата инсталирана военергетскиот објект може да почне со испитување;

    - изјава од инвеститорот заверена на нотар со која сепотврдува дека за време на важноста на временаталиценца инвеститорот е целосно одговорен за ситеевентуални проблеми кои можат да настанат коноператорите на соодветните енергетски системии/или кон трети лица приклучени кон иститеенергетски системи за време на испитувањето наенергетскиот објект за кој се издава временалиценца; и

    - договори со операторите на соодветните енергетскисистем за времено приклучување на енергетскиотобјект, како и за начинот на приклучок и работа завреметраење на времената лиценца

    Регулаторната комисија за енергетика, во рок од 7 денаод денот на приемот на барањето, на барателот ќе муиздаде времена лиценца за работа на енергетски објектшто влегува во пробна работа.

  • 16

    2. Одобрение за употреба на градба

    Одобрението за употреба го издава градоначалникот наопштината на чија територија се наоѓа градбата.Кон барањето за одобрение за градба инвеститоротподнесува:

    - основен проект, а доколку се извршени измени вотекот на изградбата проект на изведена сосотојба;

    - завршен извештај на надозорен инженер со кој епотврдено дека градбата е изградена согласноосновниот проект и одобрението за градење и

    - извадок од јавната книга за запишување на правата нанедвижностите за последната состојба на запишанитеправа на градбата (имотен лист), заради утврдување направниот однос во врска со градбата меѓуинвеститорот и сопственикот на земјиштето

    Општината е должена по приемот на барањето заиздавање на одобрение за употреба да изврши техничкипреглед на градбата. Во случај на непотполно барањенадлежниот орган е должен во рок од седум дена одприемот на барањето да побара дополнување.

    Техничкиот преглед на градбата го врши комисија одопштината во рок од 15 дена од денот на поднесувањето напотполно барање. Комисијата изготвува извештајот заизвршен технички преглед. Инвеститорот е должен насвоја сметка да ги надомести трошоците за извршување натехничкиот преглед.

  • 17

    Општината ќе издаде одобрение за употреба заградбата во рок од 15 дена од денот на извршениоттехнички преглед, ако комисијата која го извршилатехничкиот преглед во записникот констатира декаградбата може да се даде во употреба.

    По издавањето на одобрение за употреба од надлежниоторган, изведувачот и инвеститорот вршат примопредавањена градежниот објект и за тоа составуваат записник запримопредавање на изведена градба како градежен објект.

    3. Лиценца за вршење на енергетска дејност

    Постапката за издавање на лиценца отпочнува предРегулаторната комисија за енергетика на РепубликаМакедонија со денот на приемот на барањето за издавањелиценца. Кон барањето треба да се приложи следнавадокументација (член 13 и 16 од Правилникот за лиценци завршење на енергетски дејности ):

    - решение за упис во Централниот регистар на РепубликаМакедонија;

    - основачки акт и/или статут;- доказ за правото на сопственост или правото на

    користење на земјиштето, и основните средства со кои јаврши дејноста, при што времетраењето на правото накористење да не биде пократок од три години од денотна поднесување на барањето за издавање на лиценца;

    - договор за концесија ако дејноста се врши со користењена природно богатство или договор за концесија за јавна

  • 18

    услуга, односно доказ за правото за користење наприродното богатство во согласност со закон;

    - организациона структура на барателот и податоци соброј на извршители во пооделни сектори, како иподатоци за бројот, образованието и стручнатаоспособеност на лицата кои што раководат соенергетскиот објект и непосредно ракуваат соенергетските уреди и постројки со кои се врши дејноста;

    - проект (основен или изведбен), одобрение за градење,извештај за извршен технички преглед и документ заставање во употреба согласно закон и/или овластувањеза изградба на енергетски објект издадено од соодветенорган согласно закон;

    - ако барателот во вршењето на енергетската дејност имаобврска за обезбедување на јавна услуга, опис наподрачјето каде што ќе се врши дејноста со вклученирелјефни, демографски, економски, инфраструктурни идруги показатели, вклучувајќи задолжителногеографски односно топографски карти и копија одкатастарскиот план;

    - изјава од барателот за сопственичката структура накапиталот на друштвото со податоци и детален опис заучество на барателот во други трговски друштва иучество на други трговски друштва во друштвото набарателот;

    - потврда за бонитет на барателот издадена од надлеженорган;

    - уверение од Управата за јавни приходи за платениданоци и други јавни давачки пропишани со закон;

  • 19

    - финансиски извештаи изготвени согласно со важечкатазаконска регулатива за последните три години, соизвештаи од овластен ревизор за извршената ревизијаако обврската за ревизија е утврдена со закон;

    - потврда дека не е отворена постапка за стечај иликвидација.

    - потврда/уверение дека против Барателот илицето/лицата овластено за застапување запишано воЦентралниот регистар на Република Македонија:

    а) не е изречена прекршочна санкција – забрана за вршењена професија, дејност и должност

    б) не е осуден за сторено кривично делоРегулаторната комисија за енергетика на Република

    Македонија е должна во рок од 8 работни дена оддобивање на барањето да укаже на недостатоците.Доколку Регулаторната комисија за енергетика наРепублика Македонија утврди дека барањето имаформални недостатоци ќе донесе заклучок со кој ќеопредели рок кој неможе да биде подолг од 15 дена заотстранување на недостатоците.

    Регулаторната комисија за енергетика на РепубликаМакедонија доколку утврди дека барањето немаформални недостатоци донесува заклучок со кој барателотго задолжува во рок од 3 работни дена да подготви:

    - Да подготви Известување за барањето кое што треба дабиде објавено и

    - Да го достави Известувањето за барањето доРегулаторна комисија за енергетика на РепубликаМакедонија заради одобрување.

  • 20

    Барателот е должен во рок од 5 дена од денот надобивање на одобрување за Известувањето за барањето даго објави, на свој трошок, во најмалку два дневни веснициод кои најмалку во еден од весниците што се издаваат намакедонски јазик и во весниците што се издаваат најазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните коизборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.Известувањето за барањето се објавува и на веб странатана Регулаторната комисија за енергетика. Барателот едолжен да достави доказ до Регулаторната комисија заенергетика дека Известувањето за барањето е објавено водневниот печат.

    Регулаторната комисија за енергетика во врска соподнесеното барање за издавање на лиценца ќе закажеподготвителна седница која треба да се одржи во рок кој неможе да биде подолг од 50 дена од денот на отпочнувањетона постапката. Доколку од доставената документација,како и заклучоците од расправата на подготвителнатаседница, се утврди дека се исполнети условите заиздавање на лиценцата, Регулаторната комисија заенергетика во рок кој не може да биде подолг од 10 дена одденот на завршувањето на подготвителната седница, ќеодржи редовна седница на која ќе донесе одлука заиздавање на лиценца која се објавува во Службен весникна Република Македонија.

    На барателот задолжително му се издава уверениеза издадената лиценца во форма и содржина определенасогласно член 35 од Правилникот за вршење наенергетски дејности.

  • 21

    Четврта фаза

    1. Привремено решение за стекнување на статус заповластен производител

    Постапката за издавање на привремено решение застекнување на статус на повластен производител наелектрична енергија произведена од обновливи извори наенергија отпочнува со поднесување на барање доРегулаторната комисија за енергетика. Кон барањетотреба да се приложи следнава документација(Правилникот за повластени производители на електричнаенергија од обновлив извор на енергија):

    - решение за упис во Централниот регистар наРепублика Македонија;

    - овластување за изградба на енергетски објекти восогласност со Законот за енергетика, или

    - одобрение за градење за енергетските објекти за коине е потребно овластување, или

    - договор за концесија за користење на природно доброза производство на електрична енергија, или

    - доказ за правото на изградба на енергетски објект естекнато во постапка со јавен повик, во согласност соЗаконот за енергетика

    - основен проект за електроцентралата изработен одлиценцирано право лице; и

    - изјава за веродостојност на барањето и даденитеподатоци, потпишана од лицето овластено за

  • 22

    застапување на барателот запишано во Централниотрегистар на Република Македонија, од Прилог кој штое составен дел на горенаведениот Правилникот.

    Доколку Регулаторната комисија за енергетика утврдидека барањето има недостатоци, односно не е доставенапотребната документација и/или документите не седоставени на начин пропишан со Правилникот,Регулаторната комисија за енергетика во рок од 5 (пет)дена од денот на приемот на барањето ќе донесе заклучоксо кој се утврдува дека барањето е некомплетно.

    Доколку Регулаторната комисија за енергетика утврдидека документацијата е комплетна и нема недостатоци ќезакаже подготвителна седница која треба да се одржи ворок кој не може да биде подолг од 25 (дваесет и пет) дена одденот на приемот на барањето од член 4 на Правилникот заповластени производители на електрична енергија одобновлив извор на енергија. Регулаторната комисија заенергетика, најдоцна во рок од 5 (пет) дена од денот назавршувањето на подготвителната седница, ќе одржиредовна седница на која ќе донесе привремено решение застекнување на статус на повластен производител наелектрична енергија произведена од обновливи извори наенергија.

    Со денот на влегување во сила на привременоторешение Регулаторната комисија за енергетика го впишуваносителот на привременото решение и електроцентрала воРегистарот на повластени производители.

  • 23

    2. Решение за упис во Регистарот на електроцентраликои произведуваат електрична енергија од обновливиизвори на енергија

    Решението за упис во Регистарот на електроцентраликои користат обновливи извори на енергија запроизводство на електрична енергија, го издаваАгенцијата за енергетика на Република Македонија.Образецот на барањето може да се превземе одПравилникот за обновливи извори на енергија (Службенвесник на Република Македонија бр. 113/11) или одинтернет страната на Агенцијата за енергетика наРепублика Македонија. Кон барањето треба да се приложиследната документација, согласно член 8 и 9 одПравилникот за обновливи извори на енергија, (Службенвесник на Република Македонија бр. 113/11):

    1) Одобрение за употреба на енергетскиот објект илиизвештај за извршен технички преглед на надзорниотинженер за објектите за кои не е потребно издавање наодобрение за употреба и документ од операторот напреносниот или дистрибутивниот систем со кој сепотврдува дека енергетскиот објект е поврзан насоодветниот систем,2) Топографска карта со размер 1:25 000 во која е вцртаналокацијата на производната постројка и3) Ситуација на производната постројка и шематскиприказ на основната опрема.

    4) Кон барањето од став (1) од членот 8 од Правилникот заобновливи извори на енергија, производителот може да

  • 24

    приложи и лиценца за вршење на енергетска дејностпроизводство на електрична енергија;

    Ако се утврди дека барањето од член 8 од Правилникотза обновливи извори на енергија не е целосно, Агенцијатаќе го извести подносителот и ќе побара од него да јакомплетира потребната документација во рок не покус од30 дена од денот на доставување на известувањето.Доколку подносителот не ја комплетира потребнатадокументација во определениот рок, Агенцијата ќе донесерешение со кое ќе го отфрли барањето како нецелосно.

    Доколку врз основа на барањето и поднесенатадокументација кон барањето за упис во Регистарот наелектроцентрали се утврди дека нема пречки за упис ворегистарот, Агенцијата во рок не подолг од 15 дена од денотна поднесувањето, односно комплетирање на барањето одчлен 8 од Правилникот за обновливи извори на енергија, ќедонесе решение за упис во Регистарот на електроцентралии електроцентралата ќе ја запише во Регистарот.

    По приемот на целосно барање, односнокомплетирањето на документацијата за упис воРегистарот на електроцентрали, Агенцијата може даизврши преглед на електроцентралата за која се бара упис,во рок кој што не може да биде подолг од 15 дена.

    Агенцијата во рок не подолг од три работни дена позапишувањето на електроцентралата во Регситарот наелектроцентрали, на производителот му го доставуварешението кое ги содржи податоците од регистарскиотлист.

  • 25

    При уписот во Регистарот на постројките напроизводителот му се доделува регистарски реден број.Еднаш доделениот регистарски реден број не се менува,ниту пак по бришењето на производителот од Регистаротна електроцентрали редниот број може да му се додели надруг субјект.

    3. Решение за стекнување на статус на повластенпроизводител и постапка за донесување на одлуказа користење на повластена тарифа

    Носителот на привремено решение за стекнување настатус на повластен производител на електрична енергијапроизведена од обновливи извори на енергија, за да сестекне со статус на повластен производител и да користиповластена тарифа. До Регулаторната комисија заенергетика треба да достави барање за издавање нарешение за стекнување на статус на повластенпроизводител на електрична енергија произведена одобновливи извори на енергија и истовремено да доставибарање за користење на повластена тарифа на електричнаенергија произведена од обновливи извори на енергија.При тоа, електроцентралата треба да биде пуштена воупотреба во рокот утврден со привременото решение ибарателот да поседува лиценца за вршење на енергетскадејност производство на електрична енергија заелектроцентралата за која се бара статус на повластенпроизводител.

    Кон барањето треба да се приложи следнавадокументација (Правилник за повластени производителина електрична енергија од обновлив извор на енергија):

  • 26

    - проект за изведена состојба согласно Законот заградење, доколку се извршени измени во текот наизградбата;- решение за упис во Регистарот на електроцентрали штокористат обновливи извори на енергија за производство наелектрична енергија, издадено од Агенцијата заенергетика на Република Македонија, согласноПравилникот за обновливи извори на енергија;- изјава за веродостојност на барањето и даденитеподатоци, потпишана од лицето овластено за застапувањена барателот запишано во Централниот регистар наРепублика Македонија, од Прилог кој што е составен делна горенаведениот Правилник.

    Регулаторната комисија за енергетика во рок од 5 денаод денот на приемот на барањето, ќе побара потврда одАгенцијата за енергетика на Република Македонија декаелектроцентралата е изградена и ги исполнуваспецифичните услови и инсталираната моќност утврденисо уредба за повластени тарифи за електрична енергија исо одлуката за вкупната инсталирана моќност наповластените производители за секој одделен обновливизвор на енергија, што биле во сила на денот на издавањена привременото решение за повластен производител.

    Агенцијата за енергетика на Република Македонија едолжна да ја издаде потврдата во рок не подолг од 15(петнаесет) дена од денот на поднесување на барањето наРегулаторната комисија за енергетика.

    Доколку Регулаторната комисија за енергетика утврдидека барањато има недостатоци, односно не е доставенапотребната документација и/или документите не се

  • 27

    доставени на начин пропишан со Правилникот заповластени производители на електрична енергија одобновлив извор на енергија и/или потврдата издадена одАгенцијата за енергетика е негативна, Регулаторнатакомисија за енергетика во рок од 20 (дваесет) дена од денотна приемот на барањата ќе донесе заклучоци со кој сеутврдува дека барањата се некомплетни.

    Доколку Регулаторната комисија за енергетика утврдидека барањето и документацијата се комплетни и немаатнедостатоци, и издадената потврда од Агенцијата заенергетика е позитивна, во рок од 20 дена од денот наприемот на барањата ќе донесе заклучоци за уредност набарањата и продолжување на постапките во согласност соодредбите од Правилникот за повластени производителина електрична енергија од обновлив извор на енергија.

    Регулаторната комисија за енергетика, во врска соподнесеното барање од ќе закаже подготвителна седницакоја треба да се одржи во рок кој не може да биде подолгод 35 дена од денот на приемот на барањето.

    Регулаторната комисија за енергетика, најдоцна во рокод 5 дена од денот на завршувањето на подготвителнатаседница, ќе одржи редовна седница на која ќе донесерешение за стекнување на статус на повластенпроизводител на електрична енергија произведена одобновливи извори на енергија и одлука за користење наповластена тарифа на електрична енергија произведена одобновливи извори на енергија.

    Решението и одлуката се објавуваат во „Службен весникна Република Македонија“ и на веб-страната наРегулаторната комисија за енергетика.

  • 28

    Петта фаза

    1. Склучување на договор со операторот на пазарот наелектрична енергија

    Операторот на пазарот на електрична енергија едолжен, во рок не подолг од 30 (триесет) дена од денот наподнесување на барањето на повластениот производител,да го склучи договорот за откуп на електричната енергија,а со важност од денот на влегувањето во сила нарешението за стекнување на статус на повластенпроизводител издадено од Регулаторната комисија заенергетика.

    2. Остварување на право на стимулативни мерки

    Инвеститорот може да користи една од наведенитестимулативни мерки или опцијата електричната енергијада ја продава на слободен пазар.

    3. Обезбедување на гаранции за потекло на електричнаенергија од обновливи извори на енергија

    Агенцијата за енергетика на Република Македонијадонесува Решение за гаранција за потекло врз основа наподнесено барање од произведителот на електричнаенергија од обновливи извори на енергија. Доколку врз

  • 29

    основа на барањето за издавање на гаранција за потекло наелектрична енергија произведена од обновливи извори наенергија и поднесената документација се утврди дека немапречки за издавање на гаранција за потекло на електричнаенергија произведена од обновливи извори на енергија,Агенцијата за енергетика на Република Македонија во рокод 30 дена од денот на поднесување на барањето сокомплетна документација ќе издаде гаранција за потеклона електрична енергија произведена од обновливи изворина енергија.