ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете...

47
www.ohridskabanka.mk ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019

Upload: others

Post on 13-Oct-2020

26 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

www.ohridskabanka.mk

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019

Page 2: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НАОХРИДСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

ВО 2019 ГОДИНА

Февруари 2020 година

Page 3: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

Охридска банка АД Скопје е значајна институција во банкарскиот сектор во Република Северна Македонија.

Во периодот од 2007 година до 3-ти ноември 2019 година, Банката беше дел од групацијата Сосиете Женерал. Од 4-ти ноември 2019 година, Охридска банка се приклучи кон една од најзначајните меѓународни банкарски институции во регионот на Југоисточна Европа- Штаермеркише Шпаркасе Групацијата.

Охридска банка АД Скопје е стабилен чинител во банкарскиот сектор, партнер на македонската економија и поддржувач на бизнисите. Преку својата мрежа од 27 експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува долгорочни банкарски односи со своите клиенти, се карактеризира со лојалност, посветеност и препознатливост на пазарот.Охридска банка е банка која успешно ја синхронизира експертизата од Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со искуството на својот тим во земјата.Банката е носител на национални и меѓународни награди и признанија.Во окружувањето важи за стабилна системска банка, со професионален и лојален тим, со кој низ годините расте на македонскиот пазар.

Page 4: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

Почитувани акционери, деловни партнери, клиенти и соработници,

Ви се обраќам од свое лично име и од името на целиот тим што стои зад Охридска банка АД Скопје. Ние како банка со традиција, растена и развивана со лојален и посветен колектив, продолжуваме во конти-нуитет да вложуваме во деловните односи со клиентите, вложуваме во иновативни модели на работење и инвестираме во нашите вработени.Банката со години наназад бележи значајни резултати, па така и во 2019 година оствари добивка од 263.3 милиони денари. Во структурата на Нето-банкарскиот приход реализиран во 2019 година, најголе-мо учество од 64,3 % имаат Нето-каматните приходи, Нето-провизиите учествуваат со 19,4 %, Приходите од курсните разлики со 8,8 %, додека Другите приходи со 7,6 %.Билансот на состојба на Банката за 2019 година изнесува 42.344 милиони денари и во однос на прет-ходната година е зголемен за 2.755 милиони денари или за 7 %, што се должи на порастот на депозитите и на средствата повлечени по основа на кредитни линии од меѓународните финансиски институции. Банката е подеднакво посветена како на сегментот население така и на сегментот корпоративни кли-енти. Во текот на изминатата година работевме напорно за да создадеме конкурентни производи и да го оптимизираме корисничкото искуство и во двата сегменти. Нашиот фокус е развој и константно по-добрување на дигиталното банкарство за да понудиме уште поголема достапност на банкарските услу-ги. Како една од најголемите финансиски институции во државата, за нас е гордост што во соработка со Европската банка за обнова и развој и со Европската Унија понудивме финансиски производи кои имаат за цел на долг рок да ја заштитат животната средина, а на домаќинствата и на бизнисите да им го олеснат пристапот до финансирање преку грантова компонента за вградување енергетски ефикасни технологии.Охридска банка е значаен столб и во заедницата. Непречено вложуваме средства во различни проекти чија цел е унапредување на животната средина, грижа и развој на уметноста во земјата, поддршка на претприемништвото, на иновациите и новите технологи, на натпреварите и работилниците за млади итн.Минатата година ја добивме и наградата за Најдобра банка во Македонија за 2019 година според Глобал фајненс, престижен магазин кој го издава Светска банка, а оваа награда ја добиваме во континуитет и неколку години наназад.За Охридска банка АД Скопје 2019-та беше историска година. По единаесет години како дел од фран-цуската групација Сосиете Женерал, Охридска банка во ноември 2019 година премина во нова гру-пација, се соочи со нови предизвици, но со многу искуство и со одлични перформанси и финансиски резултати. Денес сме дел од Штаермеркише Шпаркасе и верувам дека сето искуство, знаење, капацитет и потенцијал успешно ќе ги пренесеме во нашето ново семејство. Охридска банка АД Скопје останува посветена и одговорна финансиска институција во која грижата за клиентите и во иднина ќе остане основна референца која ќе се преточи и во интегрираната банка.Предизвиците се секогаш големи, но ние остануваме да работиме на истата патека, посветени и одго-ворни и фокусирани на растот на економската активност на пазарот.Во Македонија, како нова членка на НАТО, очекуваме раст на економската активност во периодот по ковид-кризата, што е во корелација и со зацртаните планови на самата банка. На крајот би сакала од свое лично име да им се заблагодарам на сите наши клиенти, деловни партнери и соработници за поддршката и за довербата што ни ја даваа во изминатата година и искрено се надевам дека ќе ја унапредиме соработката и во периодот што следува. Особено сум горда на нашите вработени и им се заблагодарувам за професионалниот пристап, исполнителноста и за енергијата со кои заеднич-ки растеме и градиме банка од доверба.

Со почит, Нина Неданоска, Претседател на УО

ВОВЕДНО ОБРАЌАЊЕ

Нина НеданоскаПретседател на Управен Одбор

Page 5: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

Содржина

1ОКРУЖУВАЊЕТО ВО 2019 ГОДИНА И ПРОЕКЦИИ ЗА 2020 ГОДИНА

стр. 11

2 ФИНАНСИСКИ ПЕРФОРМАНСИ НА БАНКАТА стр. 21

3БАНКАРСКИТЕ АКТИВНОСТИ ПО СЕГМЕНТИ НА РАБОТЕЊЕТО

стр. 33

4 УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ стр. 47

5 КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ НА БАНКАТА стр. 57

6РАЗВОЈНИТЕ ПРОЕКТИ НА БАНКАТА И ИНФОРМАТИЧКАТА ТЕХНОЛОГИЈА

стр. 71

7 ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ стр. 77

8 КОМУНИКАЦИЈА И СТРАТЕШКИ МАРКЕТИНГ стр. 81

Никола МиткоскиЧлен на Управен Одбор

Page 6: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

1. ОКРУЖУВАЊЕТО ВО 2019 ГОДИНА И ПРОЕКЦИИ ЗА 2020 ГОДИНА

Page 7: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

12 13 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

МАКРОЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊАГлобалната економија продолжи со раст и во 2019 годи-на, но со забавено темпо како одраз на движењата како во развиените така и во поголем дел од брзорастечки-те економии. Во согласност со послабите остварувања, како и со очекувањата, најновите проекции од ММФ (октомври 2019) за светскиот економски раст се реви-дирани од 3,6 % во 2018 година на 3 % во 2019 (најниска стапка по глобалната економска криза), а потоа е пред-видено умерено забрзување на 3,4 % во 2020 година. На краток и на среден рок постојат значителни ризици за глобалниот економски раст, со одредени поповолни поместувања на крајот од 2019 година, пред сè, поради постигнувањето согласност околу првата фаза од тргов-скиот договор поврзан со трговскиот конфликт помеѓу САД и Кина, кој и понатаму претставува ризик за глобал-ниот економски раст, и намалената неизвесност околу Брегзит по изборите одржани во Велика Британија, иако сега фокусот се поместува на начинот на регулирање на идните трговски односи со ЕУ во договорениот рок. Од друга страна, понагласени се геополитичките ризици, особено имајќи ги предвид случувањата во Иран. Меѓу другите ризици за глобалната економија се можното по-големо забавување на растот на системски значајните економии, ризиците поврзани со финансиската ранли-вост на одредени брзорастечки економии и глобалните дезинфлациски тенденции.

За С. Македонија, како мала и отворена економија која е значајно поврзана со ЕУ, имајќи предвид дека 80 % од извозот е во ЕУ, 11 % во земјите од Западен Балкан, кој е, исто така, значително поврзан со ЕУ, односно заедно околу 91 % од вредноста на извозот е директно или ин-директно поврзан со ЕУ, од поголемо значење се согле-дувањата од релевантните институции за економските движења во ЕУ, кои се нешто пооптимистички. ЕЦБ во декември изврши минимална ревизија на проекциите за растот на еврозоната за 2019 година (од 1,1 % во сеп-тември на 1,2 %), главно како резултат на очекувањата за поголем раст на бруто-инвестициите од претходните

оцени. Во услови на корекција на странската побару-вачка, растот во 2020 година е минимално ревидиран од 1,2 % во септември на 1,1 %, додека пак проекцијата за 2021 година е непроменета во споредба со септем-ври, односно изнесува 1,4 %, а иста стапка се очекува и за 2022 година.

Во однос на домашната економија, се очекува дека до крајот на 2019 година ќе продолжат поволните дви-жења од почетокот на годината, со што економијата во 2019 година би остварила реален раст од 3,5 %, поддр-жан, главно, од извозот, со оцени за понатамошен раст на активноста на новите капацитети ориентирани кон извоз, но и на дел од традиционалните извозни секто-ри, како и од домашната побарувачка, поткрепена со оцените за повисока инвестициска активност поврзана со јавните инфраструктурни проекти и со оцените за повисока лична потрошувачка, поддржана од растот на сите компоненти на расположливиот доход.

Во рамките на октомвриското макроекономско сцена-рио на НБРСМ за тековната година и за следните три години, 2019 – 2022 година, се задржуваат оцените за умерено забрзување на економскиот раст во услови на солиден кредитен раст, отсуство на позначителни це-новни притисоци и платнобилансна позиција којашто обезбедува раст на девизните резерви Се очекува дека растот на економијата ќе забрза достигнувајќи 3,8 % во 2020 година и 4 % во 2021 година, а главни фактори за растот, како и во претходниот циклус проекции, се оце-ните за понатамошен солиден прилив на нови странски инвестиции во секторот на разменливи добра, јавните инвестиции во патната инфраструктура, активностите на капацитетите ориентирани кон извоз, како и растот на расположливиот доход и стабилните очекувања на домаќинствата.

Макроекономски индикатори 2014 2015 2016 2017 2018Q1

2019Q2

2019Q3

2019Q4

20192019

F 2020

F 2021

Бруто домашен производ (меур) 8.562 9.072 9.723 10.066 10.698 2.614 2.698 2.843

БДП - стапка на раст 3,6 % 3,8 % 2,9 % 0,2 % 2.7% 3.9% 3.4% 3.6% (F) 3.5% 3.8% 4.0%

Индустриско производство 4,8 % 4,9 % 3,4 % 4,8 % 5.4% 8.8% 1.3% 7.3%

Извоз(меур) 3.747 4.088 4.329 5.007 5.861 1.534 1.623 1.628 1.637

Увоз (меур) 5.505 5.801 6.107 6.825 7.672 1.990 2.095 2.066 2.311

Трговски дефицит (меур) -1.758 -1.714 -1.777 -1.818 -1.811 -456.3 -472.4 -437.1 -674

Трговски дефицит (% од БДП) -20,5 % -18,9 % -18,4 % -18,1 % -16.9% -17.9% -17.5% -15.4%

Дефицит на тековна сметка (меур) -43 -177 -276 -103 -14.9 -156.2 -40.9 184

Дефицит на тековна сметка (% oд БДП )

-0,5% -2,0 % -2,7 % -1,3 % -0.1% -6.0% -1.5% 6.5%(F)

-1.1%-1.7% -1.9%

Директни инвестиции 197 203 338 182 604 40.2 10.7 62.4

Директни инвестиции/ БДП 2,3 % 2,4 % 3,5 % 2,3 % 5.6% 1.5% 0.4% 2.2%

Инфлација– CPI (COICOP) -0, 3 % -0,3 % -0,2 % 1,4 % 1.5% 1.2% 1.2% 1.0% 0.8% (F)1.5% 1.7% 1.9%

Девизни резерви (меур) 2.437 2.262 2.613 2.336,3 2867.1 2866.4 2928.2 3127.5 3262.5

Покриеност на увозот (месеци) 5.3 4.6 5 4.1 4.4 4.3 4.3 4.5

Јавен долг (меур) 3.921 4.227 4.711 4.787 5.201 5.242 5.263 5.369

Јавен долг (% од БДП) 46,0 % 46,5 % 47,8 % 46,7 % 48.6% 46.2% 46.4% 47.3%

Надворешен долг (меур) 5.992 6.291 7.217 7.372 7.843 8.252 8.334 8.575

Надворешен долг / БДП 70,3 % 69,2 % 73,2 % 73.20% 73.3% 74.2% 74.9% 77.1%

Стапка на невработеност 28,0 % 26,1 % 23, % 22.40% 20.7% 17.8% 17.5% 17.1% (F)18.9% 18.4% 18,5%

Page 8: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

14 15 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Од аспект на придонесите на индивидуалните компо-ненти, во рамките на октомвриската проекција се оче-кува дека растот ќе произлезе од инвестициите и од извозот. Се очекува дека поволниот економски амбиент ќе поттикне натамошен раст на личната потрошувачка, во услови на зголемување на платите и на вработеноста во приватниот сектор, а дополнително влијание се оче-кува и од кредитната поддршка на банките. Растот на компонентите на домашната побарувачка и на извозот ќе доведат и до зголемен увоз, но се оценува дека зголе-мувањето на увозот ќе биде умерено и нема да доведе до нарушување на надворешната рамнотежа. На подолг рок, за 2022 година се очекува дека македонската еко-номија и натаму ќе расте со стапка од околу 4 %.

Банкарскиот сектор ќе биде важен фактор и поддршка за реализација на економскиот раст. Кредитниот пазар бележи зголемена кредитна активност во 2019 година со раст од околу 7 % ( со изолиран ефект од регулатор-ните промени) и се предвидува задржување солидни стапки на раст во наредните три години (2020 – 2022) од околу 8 %. Оцените за динамиката на кредитниот раст се засноваат на претпоставките за стабилен раст на де-позитната база и за поволна капитална и ликвидносна позиција на банките. Во согласност со оцените за заси-лување на економската активност, а имајќи го предвид повисокото остварување во првите девет месеци на го-дината, се проектира дека растот на вкупните депозити во финансискиот систем за 2019 година ќе изнесува 9,6 % (8,3 % во априлската проекција). За 2020 година и во следните две години, 2021 и 2022 година, при оцени за раст на економијата и за натамошно задржување на ре-лативно високата склоност за штедење во банките, се очекува годишен раст на депозитите во просек од 8,5 %.

Сумарно, тековните макроекономски движења и проек-ции укажуваат на здрави и солидни основи на домашна-та економија, со потенцијал за солиден раст поддржан и од кредитната активност на банките во услови кога нема инфлациски притисоци и за задржување на по-волната надворешна позиција, што овозможува стаби-лен домашен амбиент, натамошен прилив на странски инвестиции, засилување на јавниот инфраструктурен циклус, како и раст на странската побарувачка. Секако дека се земени предвид и евентуалните ризици и затоа соодветно ќе се следат остварувањата на претпостав-ките и на проекциите, а на располагање се и инструмен-тите на монетарно-кредитната политика.

Домашната економија во третиот квартал од 2019 забележа солидна стапка на реален економски раст од 3,6 % на годишна основа, кој е поголем во споредба со растот од 3,1 % во вториот квартал. Позитивни стапки на раст бележат сите дејности, а највисок индивидуален придонес има индустријата, како резултат на поволните остварувања во енергетскиот сектор. Структурната ана-лиза на компонентите на БДП од аспект на побарувач-ката покажува дека како и претходниот квартал, свое влијание врз растот во најголема мера има домашната побарувачка, каде што главни двигатели се бруто-ин-вестициите и личната потрошувачка, а јавната потро-шувачка има помал позитивен придонес. Од аспект на движењата во четвртиот квартал, очекувањата се пози-тивни. Се укажува на натамошен раст кај личната и кај инвестициската потрошувачка. Овој раст се очекува да биде поддржан од кредитната активност на банките, која и досега во текот на 2019 година бележи пораст.

Според проекцијата на НБРСМ, за 2020 година се очекува пораст на економијата за 3,8 %, додека пак за 2021 година се очекува пораст од 4 %. Меѓународните релевантни институции излегоа со слични проекции: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со +3,1 % за 2020 година, Светската банка со +3,1 % за 2020 година. Во 2019 година, годишната стапка на инфлација изнесува 0,8 % и е предизвикана, главно, од растот на прехранбе-ната компонента, а во помал дел од позитивниот придонес на базичната инфлација

Стапка на инфлација

2016

-0.2

-1.4

2017 2018 Q1 2019 Q2 2019 Q3 2019 Q4 2019

1.5 1.2 1.20.6

0.8

Отсуството на позначителни ценовни притисоци имаше свое позитивно влијание врз макроекономскиот амбиент, кој во 2019 година се оценува како поволен и стабилен.

Во поглед на очекувањата за стапката на инфлација во наредниот период, според Анкетата на Народната банка, економските аналитичари очекуваат дека таа во 2020 и во 2021 година ќе изнесува 1,7 % и 1,9 %, соодветно.Ваквите очекувања се слични со проекцијата на Народната банка, како и со очекувањата на меѓународните инсти-туции.

БДП Квартален раст

0.00.1

-1.3

0.2

1.2

3.1 3.0

3.7

4.1

3.1

3.6

Q1 Q2 Q3 Q4 Q1 Q2 Q3 Q4 Q1 Q2 Q3 Q42017 2018 2019

БДП и инфлацијата

Page 9: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

17 Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Бруто-девизните резерви заклучно со четвртиот квартал од 2019 година достигнаа 3.262 милиони евра и на го-дишно ниво се зголемени за 396 мили-они евра или за 12,1 %. Анализирано по финансиски инстру-менти, најголем дел од девизните ре-зерви се пласирани во хартии од вред-ност (77,2 %), по што следуваaт валутите и депозитите (13,25 %) и монетарното злато (9,25 %). Девизните резерви се одржуваат на соодветното ниво за справување со непредвидливи одливи и за одржување на монетарната и на ценовната стабилност преку одржу-вањето стабилен девизен курс од 61,5 %, како основен столб на монeтарната стабилност.

Бруто девизни резерви (во милиони евра)

2.534

2.335

2.867

3.263

Q1 Q2 Q3 Q4 Q1 Q2 Q3 Q4 Q1 Q2 Q3 Q42017 2018 2019

Вкупната вредност на надворешна-та трговија во 2019 година изнесува 14.887 милиони евра и таа е зголемена за 1.354 милиони евра или за 10 % во однос на 2018 година. Вкупната вред-ност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот јану-ари – декември 2019 година изнесува 6.424 милиони евра и бележи пораст од 9,6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока во периодот јануари – декември 2019 година изнесува 8.463 милиони евра, што е за 10,3 % повеќе во споредба со истиот период од претход-ната година.

Трговскиот дефицит во периодот јану-ари – декември 2019 година изнесува 2.039 милиони евра. Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари – декември 2019 година изнесува 75,9 %.

Во периодот јануари – декември 2019 година, според вкупниот обем на над-ворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Италија.

Вкупна вредност на надворешната трговија

10%

0-2,000

-4,000

2,0004,0006,000

8,000

10,00012,00014,00016,000

9.6%

10.3%

-12.6%

I-XII 2018 I-XII 2019

ФИНАНСИСКИ СЕКТОРВкупните средства во банкарскиот сектор на крајот од третиот квартал на 2019 година достигнаа ниво на вкупна актива од 8.595 милион евра во споредба со по-растот од минатата година, кој изнесува 725 милиони евра или 10,1 %.

Охридска банка АД Скопје е петта по големина банка во банкарскиот сектор на РМ, со пазарно учество од 7,8 % и, во согласност со интерната сегрегација на НБРСМ, спаѓа во групата на големите банки.

Во третиот квартал од годината, кредитната активност продолжи да расте, со што вкупните кредити на ниво на банкарскиот сектор се зголемија за 5,7 % на годишно ниво. Носители на растот на кредитната активност се подеднакво и секторот Домаќинства со 9,7 % пораст и кредитната поддршка за корпоративниот сектор, кои се зголемени за 2,1 % во однос на оние во третиот квартал од 2018 година. Анкетата за кредитната активност на На-родната банка укажува на натамошно нето-олеснување на вкупните кредитни услови со слична динамика како и во претходната анкета. Кај секторот Домаќинства, спро-тивно на претходната анкета, има нето-намалување на вкупната побарувачка поради поголемото намалување на побарувачката за сите типови кредити.

Охридска банка во истиот период бележи раст од 4,1 %, со пазарно учество од 9,2 % во вкупните кредити.

8,9%8,4%

5,7%4,1%

9,5%10,2%

1.921 1.575 1.372 877 670 475 373 354 194 165 162 161 140 114 420

200

400

600

800

1000

1200

1400

1600

1800

2000

Page 10: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

18 19 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

7.9% 7.8%

8.1%

7.6% 7.9%

7.9% 8.0% 7.8% 7.9%

8.3%

9.1% 9.3%

9.5% 9.4% 9.3% 9.2%

7.5% 7.4%

7.9%

7.2% 7.3% 7.2% 7.3% 6.9%

2014 2015 2016 2017 2018 K 1 2018 K 2 2018 K 3 2018

Вкупните депозити на ниво на банкарскиот сектор во третиот квартал од 2019 година се зголемени за 9,5 % во споредба со истиот период од претходната година. Растот на депозитите произлегува од депозитите на двата сегементи при поизразено зголемување на кор-поративните депозити. Споредено по сегменти, депози-тите од правните лица се зголемени за 10,1 %, додека

депозитите од физичките лица бележат пораст од 9,1 %. Депозитите на Охридска банка АД Скопје во истиот период бележат раст од 10,2 %, што е нешто повеќе од растот на банкарскиот сектор, задржувајќи го пазарно-то учество од 6,9 %.

Page 11: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

2. ФИНАНСИСКИ ПЕРФОРМАНСИ НА БАНКАТА

Page 12: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

22 23 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Билансот на состојбата на Банката на крајот од 2019 година изнесува 42.334 милиони денари и споредено со крајот на 2018 година е на повисоко ниво за 2.775 милиони денари или за 7,0 %, како резултат на порастот на клиентските депозити и на средствата повлечени по основа на кредитни линии од меѓународните финансиски институции.

Табела: Споредбен биланс на состојбата

Биланс на состојбаво милиони денари Дек 18 Дек 19

Дек 19 / Дек 18разлика %

Парични средства и парични еквиваленти 8,789 11,328 2,539 28.9%

Хартии од вредност 1,266 1,189 -78 -6.2%

Кредити на банки и побарувања од банки 0 0 0 -44.9%

Кредити на комитенти и побарувања од комитенти

28,556 28,875 319 1.1%

Бруто-кредити 30,456 30,930 474 1.6%

Исправка на вредност 1,899 2,054 155 8.2%

Основни средства и други средства 946 942 -4 -0.5%

Вкупна актива 39,558 42,334 2,775 7.0%

Депозити на банките 682 1,332 650 95.3%

Депозити на други комитенти 29,149 29,936 787 2.7%

Краткорочни 19,445 20,143 698 3.6%

Долгорочни 9,704 9,793 89 0.9%

Обврски по кредити 3,238 4,027 789 24.4%

Субординирани обврски 1,803 1,799 -4 -0.2%

Други обврски 395 710 315 79.9%

Капитал и резерви 4,291 4,530 239 5.6%

Вкупно обврски, капитал и резерви 39,559 42,334 2,775 7.0%

Депозитите на комитентите се доминантен извор на финансирање со учество од 70,7 % во вкупната пасива, потоа следуваат средствата од меѓународните финан-сиски институции со 9,5 %, капиталот со 10,7 %, субор-динираните обврски со 4,3 %, депозитите од банки со 3,1% и другите средства со 1,7 %.

На страната на активата, расположливите средства во најголем дел се алоцирани во комерцијалните пласма-ни на клиентите, кои учествуваат со 68,2 %, потоа следу-ваат паричните средства и паричните еквиваленти, кои учествуваат со 26,8 %, пласманите во хартии од вред-ност со 2,8 % и другите средства со 2,2 %.

Депозитите на клиентите, со учество од 70,7 %, се до-минантен извор на финансирање на активностите на Банката и во споредба со крајот на минатата година бе-лежат пораст од 787 милиони денари или 2,7 %, при што:

• Депозитите од населението1* учествуваат со 45,3 % во вкупните депозити. Споредено со 2018 година, депозитите се зголемени за 658 милиони денари или за 5,1 %, при што депозитите по видување бе-лежат пораст од 6,9 %, додека орочените депозити пораст од 4,0 %.

• Депозитите од правни лица2* учествуваат со 54,7 % во вкупните клиентски депозити и споредено со крајот на минатата година, бележат зголемување од 128 милиони денари или од 0,8 %, при што сред-ствата на трансакциските сметки бележат пораст од 266 милиони денари, додека орочените депозити намалување од 138 милиони денари. Врз движење-то на депозитите од правните лица во текот на го-дината и на нивната состојба на крајот на година-та, покрај цикличниот карактер, влијание имаше и принципот на компаниите според кој го диверзи-фицираа своето портфолио на депозити во неколку банки во ноември 2019 година.

1 * Самостојни вршители на дејност и физички лица.2 * Нефинансиски и други финансиски друштва, државата и непрофитни институции кои им служат на домаќинствата.

ИЗВОРИ НА СРЕДСТВА

26.8%

68.2%

2.8%0.0%

2.2%

Актива

70.7%

13.8%

10.7%

3.1%

1.7%

Пасива

Page 13: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

25 Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Во согласност со договорната рочна структура на вкупните депозити од клиентите, најголемо учество имаат депозитите по видување, коишто учествуваат со 49,8 %, следуваат долгорочно оро-чените со 30,2 %, краткорочно орочените со 15,2 % и ограничените со 4,7 %.

Во однос на валутната структура, чисто денарски-те депозити на крајот од 2019 година учествуваат со 58,5 %, следуваат депозитите во евра со 33,7 %, депозитите во американски долари со 4,8 %, депо-зитите во други валути со 2,7 % и денарските депо-зити со евроклаузула со 0,3 %.

Средствата од меѓународните финансиски инсти-туции имаат учество од 9,5 % во вкупните обвр-ски, во кои се застапени кредитните линии од ЕИБ, ЕБРД, Развојната банка на С. Македонија, ГГФ, ЕФСЕ, и споредено со крајот на 2018 година, бележат зголемување од 24,4 %. Порастот е резултат на но-воповлечените средства од кредитната линија од ЕФСЕ и од кредитната линија од ЕБРД.

Депозитите од банки бележат зголемување од 650 милиони денари, односно од 95,3 % споредено со крајот на минатата година, што е резултат на крат-корочно орочените депозити на Штаермеркише банк и Шпаркасен АД.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката достигнаа износ од 4.530 милиони денари и беле-жат зголемување од 5,6 % споредено со претход-ната 2018 година, како резултат на алокацијата на профитот на Банката од претходната година во нераспределената добивка и во резервите, што е во согласност со планот на Банката за јакнење на капиталната основа во функција на поддршка на порастот на своите комерцијални активности.

49,1 % 49,8 %

14,6 % 15,2 %

29,7 %30,2 %

6,7 %4,7 %

0

6,000

12,000

18,000

24,000

30,000

53,3 %

34,7 %

7,8 %1,5 %2,6%

58,5 %

33,7 %

4,8 %0,3 %2,7%

0

6,000

12,000

18,000

24,000

30,000

СРЕДСТВАВкупните бруто-кредити на комитентите на крајот од 2019 година изнесуваат 30.930 милиони денари, од кои 53,6 % се кредити на правни лица, а 46,4 % се кредити на физички лица. На годишно ниво, вкупните кредити на комитентите се зголемени за 474 милиони денари или за 1,6 %, при што:

• Кредитите на правните лица бележат намалување од 1.136 милиони денари споредено со крајот на 2018 година и покрај зголемената продукција. На-малувањето на состојбата се должи на неколку причини: предвремено ликвидирање на кредити заради зголемената ликвидност на некои доброс-тоечки компании, промена на стратегијата на некои компании во изборот на банка и рефинансирање од страна на други банки по поволни услови дури и за компании со повисок ризичен профил.

• Кредитите на физичките лица бележат континуира-но стабилен нагорен тренд и во 2019 година беле-жат зголемување од 1 милијарда 610 милиони де-нари, при што најзначаен е придонесот на два типа кредити: потрошувачки и станбени.

Од аспект на рочноста, 71,8 % од кредитите се долго-рочни, краткорочните кредити учествуваат со 22,1 %, а сомнителните и спорните со 6,1 %.

Во однос на валутната структура, денарските кредити со валутна клаузула учествуваат со 54,5 %, чисто де-нарските кредити со 37,2 %, додека девизните кредити учествуваат со 8,3 %. Пласманите во ликвидната актива се во согласност со ликвидносните потреби на Банката, со рочниот и со ва-лутниот аспект на средствата и на изворите и со одржу-вањето на нивото на задолжителната резерва, со соод-ветно запазен профитабилен аспект.

Паричните средства и паричните еквиваленти на 31 де-кември 2019 година изнесуваат 11.328 милиони денари и се зголемени во однос на минатата година за 28,9 %, во најголем дел како резултат на вложувањата во депо-зит расположлив преку ноќ кај НБРСМ. Пласманите во благајнички записи на крајот од 2019 година изнесуваат 1.595 милиони денари.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 1.189 милиони денари, од кои во државни записи Банката има пласирано 991,6 милиони денари, во државни обврзни-ци 168,9 милиони денари и 28 милиони денари вложу-вања во сопственички инструменти.

24,5 %

69,5 % 71,8 %

6,0 % 6,1 %

0

6,000

12,000

18,000

24,000

30,000

2018 2019

22,1 %

38,5 %

53,2 % 54,5%

8,3% 8,3%

0

6,000

12,000

18,000

24,000

30,000

2018 2019

37,2 %

Page 14: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

26 27 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

БИЛАНС НА УСПЕХОТОперативната добивка на Банката пред оданочувањето за 2019 година изнесува 263,3 милиони денари. На оства-рениот резултат големо влијание имаа повисокиот раст на исправката на вредноста на финансиските средства и намалувањето на нето-каматната маргина, додека пак нето-приходите од провизии и нето-приходите од курсни разлики бележат зголемување во споредба со претходната година.

"БИЛАНС НА УСПЕХво милиони денари"

2018 2019 2019/2018разлика %

Нето банкарски приход 1,770.8 1,724.9 -45.9 -2.6%

Нето каматен приход 1,170.9 1,109.0 -61.8 -5.3%

- приходи 1,531.2 1,522.3 -8.9 -0.6%

- расходи 360.3 413.3 52.9 14.7%

Нето провизии и надоместоци 316.2 334.2 18.0 5.7%

- приходи 494.2 533.4 39.2 7.9%

- расходи 178.0 199.2 21.2 11.9%

Нето курсни разлики 136.0 151.4 15.3 11.3%

друго 147.7 130.3 -17.4 -11.8%

Оперативни трошоци 761.9 776.3 14.4 1.9%

- вработени 333.6 360.6 27.0 8.1%

- друго 428.4 415.7 -12.7 -3.0%

Бруто оперативна добивка 1,008.8 948.6 -60.2 -6.0%

исправка на вредност 381.5 685.3 303.9 79.7%

Добивка пред оданочување 627.4 263.3 -364.1 -58.0%

• Нето-каматниот приход во тековната година е 1.109 милиони денари и во однос на претходната година е намален за 61,8 милиони денари или за 5,3 %, на што имаше влијание зголемениот износ на депози-ти и на кредитни линии, забрзаното намалување на активната каматна стапка на хартиите од вредност и на кредитите. Намалувањето на активните камат-ни стапки не беше проследено со истата динамика на локалниот пазар на депозити и со неговите ка-матни стапки.

• Нето-приходот од провизии и од надоместоци, во износ од 334,2 милиони денари, е зголемен за 18 милиони денари или за 5,7 % во однос на минатата година. Приходите од провизии и од надоместоци

бележат посилен раст од 39,2 милиони денари, со позитивен придонес од провизиите од платните системи, од провизиите од услугите кај кредитни-те производи, од издадените гаранции, картичното работење, новововедените производи како паке-тите, електронското и мобилното банкарство, доде-ка зголемувањето на трошоците за провизии и за надоместоци е за 21,2 милиони денари поголемо во однос на претходната година, на што поголемо влијание имаа активностите поврзани со картично-то работење и управувањето со готовината.

• Нето-приходот од курсни разлики изнесува 151,4 милиони денари и во однос на претходната година е зголемен за 15 милиони денари или за 11,3 %.

• Другите приходи изнесуваат 130,3 милиони денари и споредено со истиот период минатата година се намалени за 17,4 милиони денари или за 11,8 %, што е резултат на намалените приходи од наплатени претходно отпишани побарувања по главнина и по камата. Дополнително влијание на износот на дру-гите приходи во минатата година имаше и износот на реализираната капитална добивка по продажба на преземен објект.

• Оперативните трошоци изнесуваат 776,3 милиони денари и во однос на 2018 година се зголемени за 14,4 милиони денари или за 1,9 %.

• Исправката на вредноста на финансиските сред-ства на нето-основа на крајот од 2019 година изне-сува 685,3 милиони денари и споредено со истиот период во 2018 година, бележи зголемување од 303,9 милиони денари.

Во структурата на нето-банкарскиот приход реализи-ран во 2019 година, најголемо учество со 64,3 % имаат нето-каматните приходи, нето-провизиите учествуваат со 19,4 %, приходите од курсните разлики со 8,8 %, до-дека другите приходи со 7,6 %.

2019

64.3%

7.6%8.8%

19.4%

Page 15: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

28 29 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

во милиони денари 2018 20192019 / 2018

разлика %Приходи од камата 1,531.19 1,522.31 -8.9 -0.6%

Нефинансиски друштва 674.9 627.4 -47.5 -7.0%

Население 735.3 786.8 51.6 7.0%

Хартии од вредност 22.4 10.0 -12.4 -55.6%

Банки 49.9 45.0 -4.9 -9.9%

Наплатени нефункционални камати 48.7 53.2 4.5 9.2%

Расходи од камата 360.33 413.28 52.9 14.7%

Нефинансиски друштва 50.1 50.0 -0.1 -0.2%

Население 133.4 145.8 12.4 9.3%

Депозити од финансиски институции 42.6 66.4 23.8 55.8%

Кредити од финансиски институции 44.3 64.4 20.1 45.5%

Субординирани обврски 90.0 86.6 -3.4 -3.7%

Нето-приходите од камати на крајот од декември 2019 година изнесуваат 1.109 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се пониски за 61,8 милиони денари или за 5,3 %.

Приходите од камати бележат намалување од 8,9 мили-они денари, што во најголем дел е резултат на пониски-те каматни приходи од пласмани кај секторот Компании поради пониските каматни стапки, додека кај пласма-ните во хартии од вредност (благајнички и државни записи) имаме намалување на каматните приходи кое е поврзано со значајно намалените каматни стапки. При-ходите од камати на кредитите кај населението, и покрај

влијанието на пониската просечна каматна стапка, бе-лежат раст благодарение на зголемената состојба.

Каматните трошоци бележат зголемување од 52,9 мили-они денари или од 14,7 %, што е резултат на зголемениот обем на депозити на клиентите, на орочените депозити на финансиски институции заради приспособувањето кон условите на пазарот, како и на користењето на нови кредитни линии.

Нето-каматен приход

Структурно, најголем придонес и учество во каматните приходи имаат приходите од пласмани на клиенти, кои учествуваат со 92,9 % (41,2 % приходи од нефинансиски друштва, 51,7 % од населението); приходите од пласма-ни во Народната банка и во други банки учествуваат со 3,0 %, приходите од пласмани во хартии од вредност имаат учество од 0,7 %, додека преостанатиот дел се приходи од наплатени нефункционални камати.

Во структурата на каматните расходи, каматите на депо-зитите на клиентите учествуваат со 47,4 % (35,3 % од на-селението и 12,1 % од нефинансиски друштва), трошо-ците за кредитни линии со 16,1 %, трошоците по камати по основа на субординирани обврски имаат учество од 20,9 %, додека преостанатите 15,6 % се трошоци за ка-мата за депозити од други финансиски институции.

Нето-приходи од провизии и од надоместоци Приходите од провизии и од надоместоци изнесуваат 533,4 милиони денари и во однос на 2018 година се зго-лемени за 39,2 милиони денари или за 7,9 %. Приходите од компании изнесуваат 335 милиони денари или 62,8 % од вкупните приходи по провизии, приходите од физич-ки лица изнесуваат 133,7 милиони денари или 25,1 % од вкупните приходи по оваа основа, додека провизиите од финансиски институции изнесуваат 64,7 милиони де-

во милиони денари 2018 20192019 / 2018

разлика %Приходи од провизии 494.2 533.4 39.2 7.9%

Нефинансиски друштва 308.7 335.0 26.3 8.5%

Физички лица 116.4 133.7 17.3 14.9%

Финансиски институции 69.2 64.7 -4.5 -6.4%

Расходи од провизии 178.0 199.2 21.2 11.9%

Картички и POS терминали 97.8 118.4 20.6 21.1%

Платен промет во земјата 30.3 31.5 1.2 4.0%

Платен промет со странство 41.2 40.6 -0.6 -1.4%

Услуги на финансиски институции 5.9 6.3 0.4 6.9%

Друго 2.8 2.4 -0.4 -15.7%

Нето провизии и надоместоци 316.2 334.2 18.0 5.7%

Трошоците за провизии и за надоместоци изнесуваат 199,2 милиони денари и во однос на 2018 година се повисоки за 21,2 милиони денари или за 11,9 %, на што поголемо влијание имаа активностите поврзани со кар-тичното работење, зголемениот број корисници на но-вите услуги, односно на услугата mass mailing, со зголе-мените надоместоци на активностите на управување со

нари или 12,1 % од вкупните приходи од провизии и од надоместоци. Приходите од провизии и од надоместо-ци бележат посилен раст, кој се должи на зголемување-то на провизиите од платните системи, провизиите од услуги кај кредитните производи, издадените гаранции, картичното работење и на новововедените производи како пакетите, електронското и мобилното банкарство.

готовината заради промена на надоместоците за услу-гите од НБРСМ за трансфер на готовина, со зголемените надоместоци за користење на новите кредитни линии од меѓународни финансиски институции и на надомес-тоците за предвремена отплата на кредитна линија за-ради промена во сопственоста на Банката.

Page 16: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

30 31 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Оперативни трошоци

Оперативните трошоци во 2019 година изнесуваат 776,3 милиони денари и споредено со претходната година, беле-жат зголемување од 14,4 милиони денари или од 1,9 %, во услови на зголемен обем на активностите и на вкупното работење на Банката.

Оперативни трошоци (милиони денари) 2018 2019

2019/2018

разлика %

Вработени 333.6 360.6 27.0 8.1%

Амортизација 94.8 89.0 -5.8 -6.1%

софтвер 34.4 25.1 -9.4 -27.2%

недвижности и опрема 60.4 63.9 3.5 5.9%

Осигурување на депозити 30.2 32.9 2.7 8.9%

Осигурување на имот и вработени 8.7 7.3 -1.4 -15.9%

Материјали и услуги 208.4 205.6 -2.7 -1.3%

Административни и трошоци за маркетинг 26.3 24.7 -1.6 -6.0%

Останати даноци и придонеси 8.2 9.8 1.6 19.3%

Трошоци за кирии 33.6 33.9 0.4 1.1%

Трошоци за судски спорови 4.2 8.4 4.1 96.8%

Резервирања на нето основа 9.4 0.0 -9.4 -100.0%

Друго 4.5 4.0 -0.5 -11.4%

Вкупно оперативни трошоци 761.9 776.3 14.4 1.9%

Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците за вработените, трошоците поврзани со зголемените деловни активности, и тоа: трошоци поврзани со картичното работење, трошоци за транспорт на готовина, трошо-ци за хардвер, за осигурување на депозити, трошоци за поштенски услуги, трошоци за судски спорови, додека кај сите други ставки се бележи намалување.

Page 17: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

3.БАНКАРСКИТЕ АКТИВНОСТИ ПО СЕГМЕНТИ НА РАБОТЕЊЕТО

Page 18: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

34 35 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

РАБОТА СО ГОЛЕМИ И СО МЕЃУНАРОДНИ КОМПАНИИ

Фокусирајќи се на најквалитетното корпоративно јадро на домашниот пазар со континуирано инвестирање во сопствениот развој, притоа приспособувајќи се на ба-рањата на клиентите со понуда на висококвалитетна услуга и сервис, и во 2019 година го продолживме про-цесот на поврзување со оваа клиентска база преку по-натамошна понуда на наменски (tailor made) решенија за овие клиенти. И оваа година успеавме да го потвр-диме приматот на банка која е прв избор на странските инвеститори, на домашните големи корпоративни кли-енти и на домашните мали и средни претпријатија.

Во изминатата година се чувствуваше значаен притисок на пазарот од страна на конкуренцијата, при што во од-редени периоди и од одредени конкурентски банки се

нудеа значително пониски цени на производите и на услугите, а, секако, годината беше карактеристична по зголемениот пресметан ризик (risk appetite) на некои од банките. И покрај тоа што во одредени категории Банката забележа значителен пораст, сепак постоеја и полиња на кои токму поради овие движења, Банката бе-лежеше пад во работењето.

Корпоративното кредитирање се намали за 6,3 %, а вкупната депозитна база се намали за 0,3% во однос на измината година. Во доменот на девизниот пазар, Бан-ката продолжи да остварува солидни резултати, со што овие активности даваат значаен придонес во успешно-то работење, така што се очекува трендот на раст на ак-тивностите да се задржи и во наредните години.

Големи и меѓународни клиенти Клиентско портфолио

Во однос на корпоративниот сегмент, и покрај тоа што бележи пад на кредитното портфолио, вкупната кредит-на продукција на Банката за 2019 година е на ниво на претходната година, што значи дека падот најмногу се должи на поголемиот број рефинансирања на постојни-те кредитни производи со кредитни средства од други банки поради зголемениот пресметан ризик. Како и да е, Банката успеа позначително да го зголеми обемот на денарскиот и на девизниот промет преку сметките на клиентите, како и да обезбеди позначаен раст во дру-гите категории. Подобрувањето на нивото на услугите со користење знаење и иновации во развојот на нови производи (маргински нивоа и предизвици на развојот

на франшиза), подобрувањето на маркетингот и на ка-налите за дистрибуција на регионално и на глобално ниво и адекватната капитализација се области во кои Банката инвестира во насока на остварување на своите зацртани цели.Соработката што ја има Банката со повеќе од 70 % од големите домашни компании и понатаму успешно се одржува во насока на зголемување на обемот на актив-ностите и на генерирање поголеми приходи. Во делот на соработката со меѓународните компании, пак, ин-тенцијата на Банката е да остане банка на прв избор, давајќи премиум услуги и нудејќи палета на производи кои се недоволно познати и развиени на македонски-от финансиски пазар. Покрај улогата на партнер од до-верба што го поддржува редовното работење на добро познатите профитабилни компании, Банката, исто така, настојуваше да дејствува и како стратешки партнер кој е подготвен да обезбеди финансиска поддршка на плановите за експанзија и на значајните инвестициски проекти на овие компании. Фокусот на корпоративното кредитирање и во иднина останува на тоа да се одржи стабилно и ефикасно портфолио, кое остварува макси-мална добивка при минимален ризик.

Активности, насоки и политики за задо-волување на клиентските потреби и за понуда на нови производи

Мотивот на работењето на Дирекцијата за корпора-тивни клиенти и МСП е зголемување на квалитетот на услугите и на производите што им се нудат на клиен-тите, адекватно одговарање на нивните потреби, како и зајакнување на деловните односи воспоставени со големите профитабилни компании, со намера да се соз-даде цврста основа за вкрстена продажба помеѓу раз-лични сегменти на пакетите производи.

Особено внимание му се посветува на градењето долго-рочни и стабилни односи со постојните клиенти, но и на привлекувањето нови корпоративни и индивидуал-ни клиенти од дефинираните целни групи. Давањето квалитетна услуга на сите клиенти е главна цел и фокус на Банката. Истовремено се инсистира на интензиви-рање на продажбата на различни производи и услуги на веќе постоен клиент, односно вкрстена продажба (cross-selling). Во оваа насока е веќе постојната успешна синергија помеѓу Корпоративниот сектор и Секторот за индивидуални клиенти, којашто уште повеќе ќе се ин-тензивира, со што, од една страна, се зголемува задо-волството на клиентите, а од друга, Банката остварува бенефит.

Во изминатата година, Дирекцијата за корпоративни клиенти и МСП продолжи со унапредување на делов-ните операции и процеси преку имплементирање на нови производи и услуги. Како резултат на следењето на промените на пазарот, во 2019 година беа лансира-ни нови кредитни производи, а палетата на постојните кредитни производи беше унапредена и збогатена со нови карактеристики и функционалности што одгова-раат на барањата на клиентите.

Кредитно портфолио Кредитното портфолио на големите и на меѓународни-те компании во 2019 година изнесува 5.866 милиони денари и бележи пад од 21 % во однос на 2018 годи-на како резултат на два главни фактори: сценарио за предвремен излез кај неколку корпоративни клиенти и продажба на побарувања по основа на дадени кредити кои преминале во статус нефункционални кај неколку клиенти.

Високото ниво на квалитет во управувањето со кре-дитното портфолио се задржа со градењето трајни и стабилни односи со клиентите, обмисленото управу-вање со кредитниот ризик со зачестена процена, како и со ефикасно организираната функција на наплата. Со

адекватен пристап кон секој клиент и со приспособена понуда проследена со детална финансиска анализа и ефикасна процедура на одобрување, се овозможи пла-сирање на нови кредити и преземање на нови реноми-рани компании.

Покрај улогата на партнер од доверба што го поддр-жува редовното работење на добро познатите профи-табилни компании, Дирекцијата задолжена за големи и за меѓународни клиенти настојуваше да дејствува како стратешки партнер кој е подготвен да обезбеди финан-сиска поддршка на плановите за експанзија и на зна-чајните инвестициски проекти на овие компании. Исто така, за остварување на бизнис-идеите, за инвестициски и за долгорочни вложувања во профитабилни проекти на клиентите, овој сектор понуди широка и диверзифи-цирана палета на корпоративни кредити обезбедени од сопствени извори, како и од различни кредитни линии.

Депозитно портфолио Вкупната депозитната база бележи пад од 0,3 % во од-нос на 2018 година и изнесува 14.043,3 милиони денари. Привлекувањето на корпоративните депозити се должи на изградениот имиџ на банка од доверба и на посвете-носта во градењето трајни односи со клиентите и ре-зултира со нивно учество од 51 % во базата на вкупните депозити, што укажува на тоа дека корпоративните де-позити остануваат важна движечка сила на депозитното портфолио на Банката. Врз намалувањето на депозитна-та база влијаеше цената чиј тренд беше изразито надо-лен во текот на целата година, како и промената на на-чинот на управување со депозитите кај еден позначаен корпоративен клиент.

Тргување со девизни средства

Дирекцијата за тргување и пазари на капитал ги покри-ва сите активностите на домашните и на меѓународните финансиски пазари кои Банката ги извршува за потре-бите на своите клиенти и за потребите на управувањето со ликвидноста и со структурата на билансот на Банка-та, а врз основа на претходно издадена согласност од НБРСМ за извршување на финансиските активности во согласност со Законот за банките.

На пазарот на неколатерализирани депозити, прометот во 2019 година драстично се намали во однос на 2018 година, и тоа за 82 %. На пазарот за репо-трансакции нема ниту една склучена трансакција споредено со претходната година, кога на овој пазар имаше промет од 4 милијарди денари. Tргувањето со хартии од вред-ност на пазарот преку шалтер во 2019 година се намали за 52 % во однос на 2018 година. Дирекцијата за тргу-вање и пазари на капитал ги оствари своите активности

Page 19: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

37 Извештај за работењето на Банката во 2019 година

во неактивно пазарно опкружување и намалување на прометот на пазарите преку шалтер со хартии од вред-ност и на пазарот на пари.Охридска банка АД Скопје е потписник на Договорот за банка поддржувач на девизниот пазар со НБРСМ и е една од петте банки поддржувачи на девизниот па-зар во земјата кои активно соработуваат со НБРСМ на полето на имплементацијата на монетарната политика во земјата. Ваквото системско значење Банката го про-

должува преку своето значително учество на девизниот пазар во земјата кое се потврдува со фактот дека Бан-ката е на второто место во банкарскиот сектор по ост-варениот профит од курсни разлики. Нето-профитот од курсни разлики во 2019 година изнесува 151,4 милиони денари и е зголемен во однос на претходната година за 11,3 %. Зголемувањето на профитот од курсни разлики се должи на зголемувањето на ефикасноста на проце-сите во Дирекцијата за тргување и пазари на капитал и на ефикасното управување со активата и со пасивата на Банката.

РАБОТА СО МАЛИ И СО СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈААктивностите на Банката насоче-ни кон финансиска поддршка на мали и на средни претпријатија во 2019 година придонесоа за нивно учество од 64,5 % во вкупното порт-фолио. Банката нуди широка палета на квалитетни финансиски произво-ди коишто се специјално дизајнира-ни, приспособени и маркетиншки осмислени за овој сегмент на паза-рот. Соодветно на зголемувањето на волуменот и на асортиманот на понудата, запазени се и ценовните аспекти на нашите кредитни проду-кти, кои се значително конкурентни на ниво на сектор.

За добрите и издржани проекти на кредитоспособните клиенти, Банка-та има квалитетни и висококонку-рентни кредитни производи и е во постојана активноста за обезбеду-вање поволни кредитни линии кои би им се понудиле на малите и на средните претпријатија.

Главна цел на кредитната политика за МСП беше постојано присуство на продажната сила на теренот со интензивирање на бројот на посе-ти на клиентите и презентирање на можностите за финансирање на квалитетни проекти. Таргетира-ни беа поголеми МСП-клиенти од производствената и од трговската дејност, пазарни лидери со добра репутација во бизнис-заедницата. Како резултат на овие активности, Банката се здоби со нови МСП-ко-

митенти со потенцијал за кредити-рање и натамошен раст во делот на платниот промет и на целокупната соработка со Банката.

Кредитниот пораст се одржа и про-должи со забавено темпо и во 2019 година. Кредитните пласмани во МСП се зголемија за 0,8 %, достигну-вајќи 10.686,19 милиони денари на бруто-основа на крајот на година, пред сè поради поголемиот број рефинансирања на постојните кре-дитни производи со кредитни сред-ства од други банки.

ОБ ќе продолжи да биде посветена на поддржувањето на потребите на компаниите за капитални инвес-тиции, модернизација и за обртен капитал преку квалитетна и кон-курентна понуда на кредитни и на сервисни производи.

Деталното и квалитетно следење на отплатата на кредитите и ин-тензивните напори за наплата кај кредитното портфолио на Банката и унапредувањето на деталните кредитни анализи во соработка со Дирекцијата за кредитна анализа помогнаа да се зачува квалитетот на кредитното портфолио.

Девизни кредити од стран-ски кредитни линии

Охридска банка во континуитет ги зацврстува позицијата на пазарот и понудата на производи наменети за кредитирање на стопанството и на населението поддржани со произ-води од странски кредитни линии.

Во текот на месец јуни Банката ја по-влече втората транша по основа на договорот со ЕФСЕ (EFSE) во износ од 15 милиони евра, со период на отплата од 10 години. Средствата од оваа кредитна линија ќе се користат за финансирање станбени кредити кои се во согласност со Критери-умите за подобност.

Во согласност со договорот потпи-шан со ЕБОР за учество во регио-налната програма за поддршка на конкурентноста на МСП, Банката на крајот на 2019 година ја повлече втората транша во износ од 5 мили-они евра, со рок на враќање од 7 години.

Во месец декември Банката ги по-влече средствата од втората транша во износ од 2 милиони евра од кре-дитната линија на ЕБОР од Програ-мата за поддршка за зелена енер-гија (ППЗЕ), а средствата ќе бидат понатаму пласирани за поддршка

Page 20: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

38 39 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

на инвестициите на домаќинствата во зелени технологии, материјали и мерки како што се бојлери, про-зорци и осветлување. Средствата ќе поддржуваат подобрување на енер-гетската ефикасност на резиден-цијалните згради, ќе помогнат во намалување на гасовите кои созда-ваат ефект на стаклена градина и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.

Во текот на годината, со цел оп-тимално да ја планира тековната ликвидност имајќи ги предвид ци-

кличните движења на поголемите депоненти, Банката до 4.11.2019 го-дина користеше краткорочни кре-дити од Сосиете Женерал, Париз.

Во согласност со договорот по-меѓу Сосиете Женерал С. А., Па-риз (Societe Generale S. A. Paris) и Штаермеркише банк и Шпарка-сен АД (Steiermarkische Bank und Sparkassen AG), Сосиете Женерал С. А., Париз (продавач) ги трансфе-рира побарувањата по субордини-рани кредити во вкупен износ од 29 милиони евра, а Штаермеркише

банк и Шпаркасен АД (купувач) ги прими на денот на реализирање на трансакцијата со која е изврше-на промена на сопственоста на Ох-ридска банка АД Скопје, односно на 4.11.2019 година.

РАБОТА СО НАСЕЛЕНИЕТО Охридска банка во текот на 2019 година продолжи со растот и развојот во сегментот население. Секторот за работа со населението и понатаму останува фокусиран на потребите на клиентите, настојувајќи да го зголеми бројот на своите клиенти преку унапредување на одно-сите и развивање долгорочни врски со клиентите.

Продукција/остварување во текот на 2019 година

Во текот на 2019 година беше остварена вкупна продук-ција од 8 503 кредити за населението, во вкупен износ од 5.288 милиони денари, што е за 737 милиони денари повисока продукција од онаа во 2018 година, продолжу-вајќи го трендот на пораст на продукцијата во овој сег-мент.

Вкупната продукција на кредити за население во текот на 2019 и 2018 година по број и по износ (вкупно како и по типови на кредити) е претставена на следните два графикона.

2.9393.148

1.052

1.426

351 480

2018 2019

7.453 7.426

426552

166 220

2018 2019

Растот на продукцијата во 2019 во споредба со претход-ните години е остварен, пред сè, благодарение на голе-мите комерцијални активности на Дирекцијата, Продаж-ната мрежа и на Секторот Комерција, на фокусираноста на продажните капацитети на Банката на клиентот и на квалитетот на услугите.

Годишните планови и таргети за зголемена продукција на кредити за населението беа остварени во текот на 2019 година и покрај променливото законско и поли-тичко окружување, кои влијаеја врз банкарските актив-ности и во текот на 2019 година.

Page 21: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

Кредитното портфолио кај кредитите за население во 2019 година забележа пораст во споредба со претход-ните години. Во 2019 година е остварен раст од 12,6 % на кредитното портфолио на населението или раст од 1.603 милиони денари во однос на претходната 2018 година. Движењето на кредитите за физички лица, спо-ред вкупната изложеност и според типот на кредитот, се претставени на следните графикони.

2018

12.705

14.308

2019

1.5991.396

461633

935

640

2018 2019

Вкупниот број издадени и активни картички исто така бележи тренд на пораст во споредба со претходните години. Графиконот што следува го претставува растот на вкупниот број активни картички во 2019 во споредба со 2018 година.

2018

53.100

55.225

2019

Депозитите за физички лица во текот на 2019 година пораснаа за 5,19 % во споредба со депозитите во 2018 година, или изразено во апсолутни износи, депозитна-та база за физички лица на 31 декември 2018 година, кога изнесувала 12.877 милиони денари, пораснала до 13.545 милиони денари до 31 декември 2019 година. Графиконот подолу го претставува растот на депозити-те во 2018 и во 2019 година. Растот се должи, пред сè, на големата доверба што ја стекна Охридска банка кај своите клиенти. Подолу е претставена структурата на депозитите за фи-зички лица по рочност во 2018 и во 2019 година.

2018

12.887

13.545

2019

2018

5.079

7.798

5.429

8.116

2019

Бројот на активни клиенти физички лица во Охридска банка бележи мал пораст во 2019 година. На следниот графикон е претставен вкупниот број и движењето на клиентската база на активните клиенти физички лица на Банката за периодот од декември 2018 до декември 2019 година.

2018

66.490

67.104

2019

Page 22: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

42 43 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

РАЗВОЈ НA ПРОИЗВОДИТЕ Збогатувањето на палетата на про-изводи, како и подобрувањето и унапредувањето на квалитетот и на функционалностите на постојните производи е еден од главните фак-тори кои влијаат врз зголемувањето на задоволството на клиентите пре-ку задоволување на нивните потре-би. ОБ постојано се стреми кон уна-предување на својата понуда, така што и во текот на оваа година беа воведени нови производи, но беа унапредени и постојните, меѓу кои, најзначајни се:

• Воведување на можноста за плаќање на обврските на кре-дитните картички и на

• кредитите преку АТМ-мрежата на ОБ.

• Воведувањето на ATM-функ-цијата cash in на два банкомати, еден во Скопје и еден во Охрид.

• Проширувањето на функцијата бесконтактност (contactless) на сите картички од брендовите Visa и Master.

• Новиот модернизиран дизајн на мобилната апликација Моја банка, како и дополнителни-те функции: пуш-нотификации, можност за онлајн менаџирање на дневните лимити на дебит-ните и на кредитните картички и локатор на експозитури, бан-комати и на трговци каде што клиентите имаат можност да плаќаат на рати со кредитните картички на ОБ, кој беше вове-ден во 2018 година за корисни-ците на Android, во 2019 година

беше аплициран и кај корисни-ците на IOS.

• Во 2019 година исто така е во-ведена можноста за онлајн апликација за мобилната апли-кација Моја банка без посета на експозитура, со што клиентите добиваат можност за преглед на своите сметки и користење на функционалностите на апли-кацијата, без можност да вршат плаќања. Истовремено, воведе-на е и можноста за редистрибу-ција на кодови за апликацијата исто така без потреба од посета на експозитура на Банката.

• Имајќи го предвид интересот на клиентите и одличниот ус-пех на кредитот A++ воведен во 2018 година во соработка со Европската банка за обно-ва и развој, во 2019 година е склучен нов Договор за про-должување на соработката и добивање на дополнителни средства за понуда на потрошу-вачки кредити за поддршка на енергетско ефикасни проекти на домаќинствата, со грантова компонента.

Во текот на 2019 година, како и во претходните години, фокусот е ста-вен на процесите на иновација, сим-плификација и на дигитализација со главна цел да се подобрат сите аспекти на производите, услугите и на процесите кои, конечно, ќе при-донесат за тоа услугата квалитетно и бргу да се испорача до клиентите и да ги задоволи нивните потреби.

Воедно, истражувањата на пазарот и на тековните промени резултираа и со постојани приспособувања на условите, како и организација на промоции со поконкуренти услови на кредитните производи со главна цел, пред сè, да се зголемат продаж-бите и аквизицијата на нови клиен-ти.Континуираната соработка со Ми-нистерството за финансии за про-ектот Купи куќа, купи стан, со Аген-цијата за вработување на проектот за самовработување, со Вестерн унион (Western Union) за услугата за меѓународни плаќања, како и со ЕБОР за финасирање на енергетски ефикасни проекти на домаќинства-та продолжува со цел да се одржи широката понуда на производи и на услуги.

Со новините воведени во текот на 2019 година, ОБ ја остварува својата определба за поставување и одр-жување високи стандарди во ква-литетот на понудата, ја зацврстува својата позиција на пазарот како банка што е избор на клиентите, препознатлива по својата квалитет-на и сеопфатна услуга.

ПЛАТЕН ПРОМЕТ Платен промет со странство Во анализираниот период, Банката продолжи да ги реа-лизира своите активности во платните операции, со ан-гажман навремено и ефективно да излегува во пресрет на потребите на клиeнтите, а со цел да се подобри ква-литетот на услугите и да се зголеми задоволството на клиентите при реализацијата на нивните меѓународни плаќања.

Во текот на 2019 година, платниот промет со странство има реализација во вкупен износ од 7,80 милијарди евра во двата правци, односно бележи зголемување од 1,57 милијарди евра во споредба со прометот остварен во 2018 година. Зголемување е евидентирано како во делот на девизните приливи, и тоа за 776 милиони евра, така и во делот на девизните одливи, и тоа за 794 мили-они евра во однос на минатата година.Структурата и движењето на девизниот платен промет во илјади евра се следните:

Структура и движење на ППС во 000 ЕУР

ПРИЛИВИ ОДЛИВИ

12/31/18 12/31/19 19/18 43,465 12/31/19 19/18

Правни лица 2,888,322 3,615,611 125.2 2,945,725 3,803,746 129.1

Преку странски банки 2,852,595 3,570,536 125.2 2,890,045 3,777,840 130.7

Преку домашни банки 35,727 45,075 126.2 55,680 25,906 46.5

Физички лица 61,299 51,786 84.5 24,984 23,938 95.8

Преку странски банки 29,201 26,608 91.1 4,725 5,938 125.7

Преку домашни банки 3,729 3,744 100.4 0 0 0.0

Уплати/исплати во ефектива во земјата 28,369 21,434 75.6 20,259 18,000 88.8

Нерезиденти 34,908 47,831 137.0 49,871 23,229 46.6

Правни лица 32,429 45,641 140.7 48,863 22,554 46.2

Физички лица 2,479 2,190 88.3 1,008 675 67.0

Менувачко работење 141,479 142,672 100.8 13,867 13,266 95.7

Преку с-ки на овластени менув. 108,571 116,520 107.3 0 0 0.0

Откуп/продажба на ефектива 32,908 26,152 79.5 13,867 13,266 95.7

Меѓубанкарско работење 19,600 63,850 325.8 54,209 32,101 59.2

ВКУПЕН ПРОМЕТ 3,145,608 3,921,750 124.7 3,088,656 3,896,280 126.1

Во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година се изработени 37.423 МТ 940 свифт-пораки, кои се прават на

Page 23: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

44 45 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година се изработени 37.423 МТ 940 свифт-пораки, кои се прават на барање на комитентите, и во зависност од бројот на трансакции извршени на нивните сметки, тој е за 3.094 намален во однос од истиот период во 2018 година, кога бројот изнесувал 40.517 МТ940.

Кај инструментите во платниот промет со странство е евидентирана следната состојба:

2018 2019 Индекс

БројВредност во илјади

евраБрој

Вредност во илјади

евраБрој Вредност

Дознаки 88,217 5,840,971 85,356 7,359,281 96.8 126.0

Ностро 37,544 2,894,825 34,843 3,712,586 92.8 128.2

Лоро 50,673 2,946,146 50,513 3,646,695 99.7 123.8

Акредитиви 92 21,415 65 24,471 70.7 114.3

Ностро 84 20,803 54 24,189 64.3 116.3

Лоро 8 612 11 282 137.5 46.1

Гаранции 182 24,103 118 14,576 64.8 60.5

ностро 166 22,083 96 10,870 57.8 49.2

лоро 16 2,020 22 3,706 137.5 183.5

Зголемувањето е резултат на значајниот континуиран пораст во текот на 2019 година кај ностро и кај лоро дознаки-те од правни лица, како и на ностро и на лоро акредитивите, додека гаранциите се намалени и во однос на износот и во однос на бројот.

Платен промет во земјата

Обемот и динамиката на платниот промет во интерниот и во меѓубанкарскиот клиринг за периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година се следниве:

платен промет во земјата број на трансакции промена износ на трансакции во милиони денари промена

2018 2019 19/18 2018 2019 19/18

Интерни 2,069,367 2,133,563 103.1 269,925 345,722 128.1

Меѓубанкарски 2,617,662 2,609,338 99.7 440,747 756,176 171.6

испратени 1,610,011 1,589,687 98.7 220,721 379,000 171.7

примени 1,007,651 1,019,651 101.2 220,026 377,176 171.4

Според податоците, во 2019 година се евидентирани позитивни движења во доменот на денарскиот платен промет во поглед на бројот на трансакции. Бројот на реализирани трансакции е зголемен за 1,2 % во однос на 2018 година, додека износот на реализираните трансакции е зголемен за 55,1 % во однос на 2018 година.

Од вкупниот број извршени трансакции, 45 % се извршени преку интерниот клиринг, додека 55,0 % се реализирани преку меѓубанкарскиот клиринг. Налозите што се однесуваат на правни лица изнесуваат 86,0 %, додека оние што се однесуваат на физички лица 14,3 %.

платен промет во земјата број на трансакции промена износ на трансакции во милиони мкд промена

2018 2019 19/18 2018 2019 19/18

Правни 4.081.025 4.078.050 99,9 694.265 1.083.410 156,1

Физички лица 606.004 665.045 109,7 16.407 18.488 112,7

Заклучно со 31 декември 2019 година има 115 775 сметки, од кои 9 326 сметки се на правни лица, а 106 449 се на физички лица.

Пазарното учество на Банката во денарскиот промет на ниво на РСМ3* е следново:

Учество на ОБ во платниотпромет во земјата

2019 2018

Вкупен износ на трансакции

Меѓубанкарски пп 5,33% 7,01%

Интерен пп 22,64% 21,64 %

Вкупен број на трансакции

Меѓубанкарски пп 8,30% 8,57%

Интерен пп 10,16% 9,82%

Број на сметки

Правни субјекти 5,33% 6,06%

Физички лица 2,77% 2,88%

3 * Податоците се однесуваат на месец септември и се добиени врз база на расположливите податоци ажурирани од страна на НБРСМ.

Page 24: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

4. УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ

Page 25: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

48 49 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Кредитен ризик

Вкупната изложеност на Банката на кредитен ризик на 31 декември 2019 година е 47.148 милиони денари и е зголемена за 11 % во споредба со 31 декември 2018 го-дина, кога вкупната изложеност на Бaнката била 42.323 милиони денари.

Вкупните издвоени резервации за кредитен ризик на 31 декември 2019 година се во износ од 2.209 милиони денари и се за 10,5 % зголемени во споредба со резер-вациите во износ од 2.000 милиони денари што се из-двоени до крајот на 2018 година.

0

20%

40%

60%

80%

100%

Вкупната изложеност на Банката на финансискиот сек-тор изнесува 8.861 милиони денари и споредено со минатата година, кога изложеноста била 4.686 милиони денари, има зголемување од 89 %. Вкупната кредитна изложеност на Банката на нефинан-сискиот сектор на 31 декември 2019 година е 38.287 милиони денари и споредено со крајот од 2018 година, кога изложеноста на овој сектор била 37.637 милиони денари, има зголемување од 1,7 %. Изложеноста на кор-поративни клиенти во 2019 година е 23.293 милиони денари и е за 4 % намалена во споредба со изложенос-та на корпоративни клиенти од 24.274 милиони денари во 2018 година. Изложеноста на индивидуални клиенти на 31 декември 2019 година е 14.993 милиони денари и е за 12,2 % поголема во споредба со онаа во минатата година, кога изложеноста изнесувала 13.362 милиони денари.

Од аспект на учеството на одделните ризични катего-рии, во 2019 година, во вкупната изложеност на креди-тен ризик на нефинансискиот сектор, категориите на ризик А и Б учествуваат со 92,6 %, додека во 2018 година нивното учество било 93,1 %. Учеството на ризичните категории В, Г и Д на крајот од 2019 година е 7,4 %, а минатата година тоа било 6,9 %.

Во однос на вкупната изложеност на индивидуалните клиенти, 3 % се клиенти класифицирани во ризични-те категории В, Г и Д. Учеството на помалку ризичните групи А и Б изнесува 97 %. Кај корпоративните клиенти, 10,2 % се клиенти класифицирани во ризичните катего-рии В, Г и Д. Учеството во подобрите ризични групи А и Б е 89,8 %. Десетте најголеми групни изложености на корпоративни клиенти претставуваат 26,8 % од вкупна-та изложеност на корпоративни клиенти.

На 31 декември 2019 година показателот вкупни резервации наспроти изложеноста на нефинансискиот сектор е 5,8 %, а споредено со 31 декември 2018 година, учеството на резервациите во вкупната изложеност на кредитен ризик е 5,3 %.

Показател Охридска Банка31.12.2019

Банкарски Сектор Големи банки Средни

банкиМалибанки

30.9.2019Вкупна изложеност на кредитен ризик (во М МКД) 47.148 543.470 412.028 114.198 17.245

В, Г, Д / Вкупна изложеност нa кредитен ризик 6,0% 4,1% 4,0% 4,6% 4,3%

Д / Вкупна изложеност нa кредитен ризик 2,9% 1,7% 1,8% 1,0% 1,9%Пресметана исправка на вредност/Вкупна изложеност на кредитен ризик 4,7% 3,5% 3,6% 3,0% 3,1%

Нефункционални кредити / Вкупни кредити кон нефинансиски субјекти 6,1% 5,0% 4,7% 5,7% 4,8%

Покриеност на нефункционалните кредити со исправка на вредноста од нефункционални кредити

70,5% 66,9% 73,5% 49,2% 67,2%

На 31 декември 2019 година, вкупната изложеност на кредитен ризик на Банката е 47.148 милиони денари. Учество-то на ризичните групи В, Г и Д во вкупната изложеност на кредитен ризик изнесува 6,0 %, а само учеството на ризич-ната категорија Д во вкупната изложеност на кредитен ризик е 2,9 %. Износот на издвоените резервации за кредитен ризик во вкупната изложеност на кредитен ризик учествува со 4,7 %. Показателот за учество на нефункционалните кредити во вкупните кредити на нефинансискиот сектор на 31 декември 2019 година изнесува 6,1 %. Показателот на покриеноста на вкупните нефункционални кредити со издвоените резервации за нефункционални кредити (нефи-нансиски субјекти) на Банката на 31 декември 2019 година изнесува 70 %.

Управување со активата и со пасивата (структурни ризици)Управувањето со ликвидносниот, валутниот и со камат-ниот ризик е дел од целосното управување со ризици. Банката има утврдено соодветни политики и процедури за управување со секој ризик во согласност со страте-гијата на Банката за ризик-менаџментот, локалната регу-латива и за групациските барања. Интерните документи ги содржат главните компоненти од менаџмент-систе-мот за управување со соодветниот ризик: организаци-ската структура, мерењето, следењето и известувањето,

информативниот систем, перманентната контрола и стрес-тестирањето. Во текот на 2019 година структурните ризици се следеа на редовна база преку редовни месечни известувања од органите на Банката, при што овие известувања се содржани во информацијата за ликвидносниот, валут-ниот и за каматниот ризик во делот од банкарските ак-тивности.

Ликвидносен ризикЛиквидносната позиција на Банката во текот на 2019 го-дина се одржуваше оптимално, што овозможи непреки-нато извршување на оперативните активности. Во текот на годината Банката изврши неколку големи трансакции од компании за исплати на дивиденди и на други комер-цијални трансакции во согласност со регулативите.

Во текот на годината износот на ликвидните средства овозможи одржување на нивото на стапката на ликвид-ност во границите дефинирани во Политиките за рако-водење со ликвидносниот ризик. Концентрацијата на депозитната база, пресметана како учество на просеч-

Page 26: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

50 51 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

ните депозити на 20-те најголеми депозитари во вкупна депозитна база, е околу 33 %. Концентрацијата на тран-сакциските сметки се движеше на нешто повисоко ниво од околу 37 % како резултат на повисоките салда на те-ковните сметки на поголемите депоненти. Банката ја ис-користи на профитабилен начин повисоката состојба на трансакциските сметки и нивниот стабилен карактер за финансирање на своите активности, при што го оптими-зира со користењето на планираните кредитни линии.

И покрај зголемувањето на орочените депозити осо-бено во делот на населението, јазот во договорната рочност ја потврди тенденцијата на клиентите за оро-чување на краток рок (до една година), како и високото ниво на депозити по видување во првиот рочен блок. Токму стабилноста на депозитната база е главен еле-мент на позитивната очекувана рочна структура.Стапките на ликвидност до 30 и до 180 дена се 1,57 и 1,33, соодветно, на крајот од годината. Тие во текот на годината се одржуваат над 1.

Валутен ризикПолитиката за управување со валутниот ризик и со пре-останатата интерна регулатива и правила за валутниот ризик се однесуваат на активностите и на трансакциите во билансот на состојбата и на вонбилансната евиден-ција евидентирани во странска валута и во денари со валутна клаузула, кои, во согласност со сметководстве-ните политики, се курсираат на дневна база. Мерењето и следењето на валутниот ризик е на дневна основа.Учеството на девизните позиции (вклучувајќи ги и по-зициите во денари со валутна клаузула) изнесува 49 % во вкупниот биланс на крајот од годината; меѓутоа, изложеноста на валутен ризик е на ниско ниво. Ова произлегува од регулативата, односно од лимитот на отворената девизна позиција во однос на сопствените средства и на интерниот лимит за позициите по валути. Стратегијата за фиксен девизен курс на денарот спрема

еврото е многу важен елемент во одржувањето на ни-ското ниво на изложеност на валутниот ризик. Другите валути имаат релативно ниско учество во билансот на состојбата и не претставуваат ризик.На крајот од декември 2019 година отворената девиз-на позиција на Банката е во согласност со Одлуката за методологијата за управување со валутниот ризик; таа е долга и претставува 21,6 % од сопствените средства. На дневно ниво, Банката ја следи отворената позиција и нејзината усогласеност со лимитите. Во текот на 2019 година отворената девизна позиција во целост е во со-гласност со лимитите. Дневните промени на позицијата се дел од редовните трансакции извршени на иниција-тива на клиентите, како откуп на девизен прилив или депозитни пласмани во кредити во странска валута.

-5.00%

0.00%

5.00%

10.00%

15.00%

20.00%

1/2/2019 2/2/2019 2/2/2019 2/2/2019 2/2/2019 2/2/2019 2/2/2019 2/2/2019 2/2/2019 2/2/2019 2/2/2019 2/2/2019

Каматен ризик во Портфолиото на банкар-ските активностиУправувањето со каматниот ризик во портфолиото на банкарските активности е составен дел на целокупни-от систем на управување со ризици на Банката. Банката има донесено Политика за управување со каматниот ризик во портфолиото на банкарските активности.

Банката ги следи показателот на пондерираната вред-ност во портфолиото на банкарските активности и вредноста на своите средства на месечно ниво. Таа изготвува одделни извештаи за позицијата во евра, со девизна клаузула, во денари и во други валути и оддел-но за фиксната, приспособливата и за променливата каматна стапка. Показателот е во рамките на грани-ците во текот на целата година. На крајот од годината

показателот изнесува 5,3 %. Изложеноста на Банката на промени на каматните стапки во портфолиото на бан-карските активности е на прифатливо ниво во споредба со утврдените лимити и е пониска во однос на изложе-носта на други ризици. Ова е резултат на принципот на усогласување на средствата и на изворите во поглед на каматните стапки.

Трендот на зголемување на позициите со фиксни камат-ни стапки и на напуштање на приспособливата каматна стапка ќе придонесе за намалување на репутацискиот и на правниот ризик, но ќе ја зголеми потребата на Бан-ката за зацврстување на своите капацитети во управу-вањето со ризикот од промената на каматните стапки.

Оперативен ризик и репутациски ризик

Оперативен ризик

Во согласност со природата, големината и со комплекс-носта на активностите, Банката има воспоставено рамка за управување со оперативниот ризик, која се заснова на Политиката за управување со оперативен ризик, и соодветни процедури за управување со оперативниот ризик усогласени со важечката локална регулатива и со методологијата на групацијата. Таа овозможува, во рамките на различните процеси, во Банката да се иден-тификуваат ризиците што произлегуваат од процесите, како и нивно мерење, имплементација и мониторинг на преземените корективни акции со цел да се избегне или да се минимизира потенцијалниот негативен ефект врз финансискиот резултат и врз капиталната позиција на Банката.

Структурата на менаџирањето со оперативниот ризик е составена од различни елементи за евидентирање, мерење, контрола и за намалување на влијанието на оперативниот ризик: прибирање на внатрешните загу-би, вежба за самооценување на ризиците и на контро-лите (RCSA), клучни ризични индикатори (KRI), анализи на сценарија (SA), прво ниво на перманентна контрола и план за континуитет во работењето (ПКР). Структурата на менаџирањето со оперативниот ризик треба да обез-беди: идентификација на постојните јазови, имплемен-

тација на корективни акциски планови како одговор на постојните јазови, следење на исполнувањето на коре-ктивните акциски планови.

Оперативни загуби

Банката континуирано врши декларирање на настани кои довеле до загуба од оперативен ризик и сметковод-ствено ги регистрира оперативните загуби на сметки кои се определени за таа намена (групациско ниво и подгрупациско ниво). Прибирањето на податоците за оперативните загуби е во согласност со Процедурата за прибирање информации за настани и за загуби од оперативен ризик. Заради зајакнување на контролите на декларираните оперативни загуби, во Банката има дефинирано и прагови (локални) за пријавување на загуби, кои се соодветни на големината на Банката. За настаните пријавени во текот на извештајниот период беа преземени соодветни корективни мерки и акциски планови.

Клучни ризични индикатори

Банката спроведува перманентно прибирање и мони-торинг на податоците за клучните ризични индикатори (КРИ). КРИ овозможуваат редовно мониторирање на

Page 27: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

52 53 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

изложеноста на оперативен ризик. Континуираното следење на трендовите овозможува добивање рани предупредувачки сигнали за идните оперативни загуби. Покрај групациските клучни ризични индикатори (КРИ), во Банката се воведени и редовно се следат и локални-те клучни ризични индикатори. Локалните КРИ овозмо-жуваат мониторирање на изложеноста на оперативен ризик за деловните процеси што се карактеристични за Банката.

Анализа на сценарија

Банката учествува во спроведување сценарија специ-фични за основните активности определени од страна на групацијата СЖ. Во извештајниот период беше напра-

вена анализа на едно ризично сценарио. За сценариото беа одредени учесници, експерти во својата област, кои го анализираа сценариото во поглед на фреквенцијата на појавување, потенцијалните загуби, земајќи ги пред-вид и оперативните загуби што се веќе регистрирани во Банката. Резултатите добиени од анализата на сцена-риото беа валидирани од страна на кореспондентот од групацијата СЖ. Со реализацијата на сценариото беше определен ризичниот профил на Банката за дадената област на сценарио.

Првото ниво на перманентна контрола како функција на управувањето со оперативниот ризик Првото ниво на перманентна контрола е дел од севкуп-ниот систем на менаџмент на оперативниот ризик во Охридска банка АД Скопје.

Првото ниво на перманентна контрола претставува севкупност на мерки кои перманентно се преземаат со цел да се обезбеди легитимност, сигурност и автентич-ност на трансакциите што се извршуваат на оперативно ниво. Преку неговниот опфат и квалитет на спроведу-вање се придонесува за намалување на ризиците на кои е изложена Банката и се придонесува полесно да се откријат потенцијалните ризици пред тие да станат премногу сериозни и да генерираат загуби.

Во извештајниот период, функцијата на првото ниво на перманентна контрола се реализира преку двата стол-ба: оперативните контроли и менаџерскиот надзор.

Оперативните контроли се однесуваат на правилната примена на правилата и на процедурите од страна на сите вработени, како и контрола на сметките за кои се одговорни тие.

Менаџерскиот надзор се состои од серија проверки што се извршуваат од страна на раководителите на службите/дирекциите за да се уверат дека вработе-ните во своите дирекции се усогласени со правилата и со процедурите за процесирање на трансакциите и за обезбедување на ефективна секојдневна сигурност. Менаџерскиот надзор вклучува, исто така, и сметко-водствени контроли на сите сметки што се означени како сензитивни. Проверките се формализирани во контролни досиеја и нивните резултати се содржина на синтетизирани квартални извештаи што се испраќаат до Одборот за управување со ризици, како и до Одбо-рот за ревизија на квартално ниво.

Репутациски ризикУправувањето со репутацискиот ризик има за цел да ја зачува довербата во Банката од страна на постојните и на потенцијалните клиенти и деловни партнери преку градење односи кои се базираат на доверба, сигурност, професионалност, етика и на заемна почит, како и да се задоволат барањата што произлегуваат од регула-тивата. Банката има воспоставено систем за следење и оцена на изложеноста на репутациски ризик и органите на Банката имаат усвоено соодветни пишани документи како што се Политиката за управување со репутациски ризик и, во согласност со неа, Процедурата за управу-вање со репутациски ризик.

Банката ги презема сите мерки и активности за следење, минимизирање и за елиминирање на репутацискиот ризик. Управувањето со репутацискиот ризик е грижа и задача на сите вработени, организациски единици и органи на Банката. Тој претставува немерлив ризик, чи-ешто влијание се утврдува врз основа на оцена, однос-но на квалитативна процена.

Клучот за управување со репутацискиот ризик е транспарентниот систем на управување преку отворе-на комуникација за настаните со кои се соочува Банката.

Во текот на 2019 година нема пријавени настани иден-тификувани како можност за репутациски ризик.

Голем предизвик во однос на репутацискиот ризик во 2019 година за Банката претставуваше купувањето

на над 90 % од акциите на Банката од страна на но-виот акционер Штаермеркише банк и Шпаркасен АД (Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) од Австрија. Целиот процес беше соодветно спроведен во соглас-ност со законската регулатива и сите потребни соглас-ности и дозволи беа навреме обезбедени.

Паралелно, Банката има воспоставено и интерен акт за постапување по поплаките од страна на клиентите и обезбедува негова соодветна примена. Таа има усвое-но Процедура за постапување по поплаките од страна на клиентите, со која се утврдува процесот на постапу-вање по поплаките од физички и од правни лица приме-ни во Охридска банка АД Скопје, се дефинира начинот на формализирано поднесување поплака, протоколот за анализа и одговорот по примените поплаки. Имајќи го ова предвид, процесот за постапување по поплаките се спроведува на структуриран методолошки начин, кој овозможува да се задоволат очекувањата на клиентот. Извештајот за добиените поплаки и постапувањето по нив на квартално ниво се доставува до Надзорниот од-бор, Одборот за управување со ризици и до Управниот одбор на Охридска банка, како и до одговорните лица на комерцијалните сектори/дирекции и до одговорни-те лица/дирекции за перманентна контрола во Банката.

Во периодот јануари - декември 2019 година Банката нема значителна изложеност на репутациски ризик.

Контрола на усогласеноста на работењето на БанкатаВо извештајниот период Банката продолжи да презема активности за обезбедување на законското работење, како и за заштита од можна неусогласеност со прописи-те. Во насока на остварување на функцијата контрола на усогласеноста на работењето на Банката со прописите беа преземени следните активности:

• следење на новодонесената регулатива и оцена на нејзиното влијание врз работењето на Банката;

• известување до сите организациски единици и делови на Банката за измените во законската и во подзаконската регулатива и за нивното влијание врз активностите на организациските единици;

• активно учество во изготвувањето и ревидирањето на интерните акти на Банката од аспект на нивната усогласеност со регулативата;

• давање мислења, помош и остварување соработка во тековните активности заради доследна примена и почитување на прописите;

• редовно известување на Управниот и на Надзорни-от одбор за остварувањето на функцијата контрола на усогласеноста на работењето на Банката на ме-сечно и на полугодишно ниво;

• давање мислење за воведувањето нови производи во Банката од аспект на нивната усогласеност со за-конската и со подзаконската регулатива;

Page 28: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

54 55 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

• водење проекти со цел да се усогласат со Норма-тивната банка на Сосиете Женерал, Париз, во по-глед на имплементацијата на алатките за следење на усогласеноста на Банката со прописите;

• обука на вработените за теми поврзани со усогласу-

вањето со прописите (контрола на усогласеноста, борба против корупцијата, заштитено внатрешно и надворешно пријавување, судир на интереси, ре-путациски ризик, регулативата поврзана со FATCA и заштита на личните податоци).

Спречување на перењето пари и на финансирањето тероризамБанката има усвоено и доследно применува Програма за спречување на перењето пари и повеќе интерни акти што ја регулираат оваа област, а во целост ги има имплементирано сите инструменти кои произлегуваат од законската регулатива во поглед на ефикасното от-кривање и спречување на перењето пари. Во насока на остварување на функцијата спречување на перењето пари и финансирање тероризам, а со цел да се заштитат угледот и добрата репутација на Банката, во извештајни-от период редовно и навреме се доставуваа пропиша-ните извештаи до Управата за финансиско разузнавање; редовно и навреме се доставуваа извештаи до Управни-от одбор и до Надзорниот одбор; беа спроведени обуки за примена на процедурите од областа на СПП-СФТ за нововработените и за постојните вработени. Исто така,

во текот на извештајниот период се спроведуваа терен-ски обуки за имплементација на принципот познавај го својот клиент за вработените во експозитурите.

Во насока на имплементација и унапредување на мерки-те и на активностите за спречување на перењето пари и на финансирањето тероризам, во текот на извештајниот период Дирекцијата за СПП-СФТ водеше неколку про-екти заради усогласување со групациските стандарди.

Дирекцијата за СПП-СФТ ќе продолжи да ги врши своите редовни активности заради одржување и зацврстување на културата на усогласеност на работењето на Банката со прописите од областа на спречувањето на перењето пари и на финансирањето тероризам.

Page 29: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

5. КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ НА БАНКАТА

Page 30: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

58 59 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Во текот на 2019 година Банката ги остваруваше своите активности преку своите органи: Собранието на Бан-ката, Надзорниот одбор, Управниот одбор, Одборот за управување со ризици и Одборот за ревизија.

Корпоративното управување во Охридска банка е регу-лирано со Кодексот за корпоративно управување (Ко-декс) усвоен од Собранието на акционерите во декем-ври 2008 година и ревидиран во 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и во 2019 година.

Кодексот детално ги определува стандардите на упра-вување и раководење на органите на Охридска банка АД Скопје. Во согласност со начелата за добро корпо-ративно управување, Банката воспоставува структура на односи и на процеси со цел да може успешно да се

соочува со промените во околината, да гради транспа-рентен и разбирлив систем на управување кој го зголе-мува нивото на доверба на домашните и на странските инвеститори, на вработените, на клиентите, добавува-чите, надлежните институции и на општествената за-едница. Ефективното корпоративно управување значи дека улогите и односите воспоставени во компаниската структура на Банката се темелат на етичко однесување и на минимизирање на конфликтите на интереси.

Во согласност со Кодексот, органите на Банката и сите вработени се водат од одредбите содржани во него, вр-шејќи ги чесно, праведно и етички своите обврски кон Банката и кон акционерите, а во согласност со пропи-шаната регулатива.

Во рамките на своите надлежности, Собранието на ак-ционерите ги врши сите работи утврдени со законските прописи, како и со Статутот на Банката. Собранието на Банката го сочинуваат сите акционери, лично или преку своите полномошници. Во текот на 2019 година се одр-жаа 3 (три) седници на Собранието на акционерите.

На 41. седница на Собранието, која се одржа на 31.1.2019 година, беше донесена Одлуката за измени и дополну-вања на Статутот на Охридска банка АД Скопје со пре-чистен текст на Статутот. За измените и дополнувањата на Статутот на Банката беше обезбедена и претходна согласност од страна на Народната банка на Републи-ка С. Македонија. На истата седница на Собранието на акционерите беше донесена и Одлуката за именување на Горан Петревски за независен член на Надзорниот одбор на Охридска банка. За неговото именување за член на Надзорниот одбор на Банката беше издадена претходна согласност од страна на гувернерката на На-родната банка.

На 42. седница на Собранието, која се одржа на 28.5.2019 година, беа усвоени Годишната сметка на Банката и фи-

УПРАВУВАЧКА СТРУКТУРА

нансиските извештаи за 2018 година, како и сите из-вештаи и предложени материјали за работењето на Банката во 2018 година, беше донесена Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка на Охридска банка АД Скопје со годишната сметка за 2018 година, како и Одлуката за назначување на друштво за ревизија за работењето на Охридска банка АД Скопје за календарската 2019 година.

На 43. седница на Собранието, која се одржа на 29.11.2019 година, беше донесена Одлуката за измени и дополнувања на Статутот на Охридска банка АД Скопје со пречистен текст на Статутот. На истата седница на Собранието на акционерите беше донесена и Одлука-та за разрешување на членови на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје, а беа донесени и одлуки за именување на четири нови члена на Надзорниот одбор на Банката од редот на акционерите. Сите одлуки усво-ени на 43. седница на Собранието на акционерите на Банката стапија во сила по издавањето на претходните согласности од гувернерката на Народната банка на Р Северна Македонија во јануари 2020 година.

СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ

НАДЗОРЕН ОДБОРНадзорниот одбор врши надзор на работењето на Управниот одбор, ги одобрува политиките за вршење финан-сиски активности и го надгледува нивното спроведување. Овој одбор обезбедува добро работење, управување и стабилност на Банката.Во 2019 година Надзорниот одбор на Банката работеше во состав од пет члена именувани од страна на Собранието на акционерите со мандат од четири години по претходна согласност од гувернерот на Народната банка на Репу-блика С. Македонија. Во текот на 2019 година Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје работеше во следниот состав:

• Жан-Филип Гијом, член и претседател на Надзорниот одбор;

• Алан Кону, член;

• Марија Русева, член;

• Цветанка Симоновска, независен член;

• Горан Петревски, независен член на Надзорниот одбор на Банката сметано од 27 февруари

2019 година.

Жан-Филип Гијом претседател и член на Надзорниот одбор

Жан-Филип Гијом – регионален директор за Балканот (Црна Гора, Србија, С. Македонија, Словенија, Молдавија) и супервизор за Црна Гора, Србија и за Словенија, за член на Надзорниот одбор на Банката е именуван со одлука на Собранието на 22.12.2016 година. Жан-Филип Гијом се грижеше за правилното функционирање на Одборот во 2019 година. Во извештајниот пе-риод, седниците беа свикувани редовно и навреме од страна на претседателот на Надзорниот од-бор во согласност со Деловникот за работа на Надзорниот одбор. Прет-седателот на Надзорниот одбор го утврдуваше предлогот за дневниот ред на седниците, се грижеше за на-временото доставување на потреб-ните материјали, за обезбедување целосни и навремени информации за членовите на Одборот и за обез-бедување доволно време за подго-товка на членовите. Тој поттикнува-

ше активна и отворена дискусија на седниците на Одборот, со доволно време за поставување дополнител-ни прашања и со давање образло-женија во врска со материјалите доставени за седницата. Жан-Филип Гијом активно учествуваше во рас-правите и во одлучувањето и во име на Надзорниот одбор ги потпишу-ваше донесените одлуки и другите акти. Во својство на претседател на Надзорниот одбор, тој даде значаен придонес за ефикасното и успешно работење на Надзорниот одбор на Банката до крајот на годината.

Алан Конучлен на Надзорниот одбор

Алан Кону – супервизор на под-ружниците на Сосиете Женерал во С. Македонија, Молдавија, КБ (KB Czhech Republic) и БРД (BRD Romania), за член на Надзорниот одбор именуван од Собранието на Банката на 15.12.2011 година и повторно на 29.10.2015 година, се грижеше за правилното функцио-нирање на Одборот во 2019 годи-на. Г. Кону редовно учествуваше во дискусиите и придонесе со своето богато искуство во банкарството, стекнато во текот на триесетгодиш-ното работење во групацијата Соси-ете Женерал, особено за прашањата поврзани со меѓународното бан-карство, раководењето со контро-лата на менаџментот, супервизијата на филијалите на Сосиете Женерал во странство, управувањето со кре-дитните досиеја и со поддршката на корпоративното работење.

Page 31: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

60 61 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Марија Русева член на Надзорниот одбор

Марија Русева – претседател на Извршниот одбор на Сосиете Жене-рал Србија, за член на Надзорниот одбор именувана од Собранието на Банката на 15.12.2011 година и повторно на 29.10. 2015 година, со своето широко познавање и прак-тично искуство од областа на бан-карството значително придонесе за успешното извршување на активно-стите на Надзорниот одбор во 2019 година, особено од аспект на ана-лизата и оцената на ризиците во ра-ботењето на Банката. Марија Русева активно учествуваше во работата на седниците на Надзорниот одбор и во донесувањето на одлуките и на другите акти.

Цветанка Симоновсканезависен член

Цветанка Симоновска, како не-зависен член на Надзорниот одбор на Банката, именувана од Собра-нието на акционерите на Банката на 17.4.2013 година и повторно на 11.5.2017 година, со своето долго-годишно работно искуство во фи-нансиските институции на Репу-блика С. Македонија придонесе за успешното функционирање на Од-борот. Таа активно и објективно, со изнесување на своите забелешки и мислења, учествуваше во расправи-те по прашањата што се во надлеж-ност на Надзорниот одбор, како и во разгледувањето и донесување-то на актите на Надзорниот одбор, во разгледувањето на извештаите за работењето на Банката, за пози-цијата на Банката во однос на конку-рентските банки и сл.

Горан Петревскинезависен член

Горан Петревски, како независен член на Надзорниот одбор на Бан-ката, именуван од Собранието на ак-ционерите на Банката на 31.1.2019 година, со своето долгогодишно академско и практичното искуство во областа на монетарната полити-ка, банкарството и на финансиите, придонесе за успешно извршување на задачите на Банката. Горан Пе-тревски активно учествуваше во расправите по прашањата што се во надлежност на Надзорниот одбор, како и во разгледувањето и доне-сувањето на актите на Надзорниот одбор, во разгледувањето на из-вештаите за работењето на Банката, за позицијата на Банката во однос на конкурентските банки и сл.

Во текот на 2019 година Надзорниот одбор одржа 14 седници. Надзорниот одбор постојано го следеше ра-ботењето на Банката и секој квартал ги разгледуваше извештаите на Управниот одбор за остварените финан-сиски резултати на Банката. Тој го следеше движењето на сите финансиски показатели, билансот на состојбата, билансот на успехот, профитабилноста и ликвиднос-та на Банката, депозитите на правните и на физичките лица, остварените приходи и расходите на Банката со нивната структура, сопствените средства, стапката на адекватност на капиталот, причините за подобрувања-та и за влошувањата на портфолиото на Банката и сите други значајни прашања од нејзиното работење. Над-зорниот одбор, заедно со Управниот одбор, редовно расправаше за состојбите во банкарскиот сектор, за општите состојби во стопанството во Република Север-на Македонија, за глобалната финансиска криза, како и за сите други прашања кои можеа да имаат влијание врз работењето на Банката.

Гувернерката на Народната банка на Република Север-на Македонија, на ден 27.1.2020 година издаде соглас-ност за именување на следните членови на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје:

• г. Георг Бухер,• г-ѓа Валбурга Зајдл,• г. Ханс Лудвиг Диксер,• г. Славиша Којиќ.

Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје, на седницата одржана на ден 29.1.2020 година, ја донесе Одлуката НО бр. 0203-4315/6 од 29.1.2020 година, со која Георг Бухер се именува за претседател на Надзорниот одбор на Банката, а Валбурга Зајдл за заменик-претсе-дател.

Мандатот на новиот претседател и на новиот заме-ник-претседател на Надзорниот одбор на Банката ќе трае сè до истекот на нивниот мандат како членови на Надзорниот одбор на Банката.

ОДБОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИВо текот на 2019 година Одборот за управување со ри-зици на Охридска банка АД Скопје работеше во состав од три члена.

Заклучно со 6.11.2019 година, Одборот за управување со ризици работеше во следниот состав:

• Бранка Павловиќ – претседател;• Никола Миткоски – член;• Мито Ѓорески – член.

На ден 25.10.2019 година Бранка Павловиќ поднесе ос-тавка од позицијата претседател на Управниот одбор, член на Управниот одбор, претседател на Одборот за управување со ризици и член на Одборот за упра-вување со ризици. Мандатот за наведените позиции - престана заклучно со 6.11.2019 година.

На седницата на Надзорниот одбор на Банката која се одржа на ден 25.10.2019 година беше донесена Одлука-та НО бр. 0203-77198/5, со која за нов члeн на Oдборот за управување со ризици на Банката беше именува Ана Димоска-Јанкуловска, директор на Секторот за правни работи и усогласеност. Со истата Одлука, актуелниот член на Одборот за управување со ризици – Никола Миткоски, беше именуван за претседател на Одборот. Одлуката стапи во сила на 7.11.2019 година.

Сметано од 7.11.2019 година, Одборот за управување со ризици на Охридска банка АД Скопје работеше во следниот состав:

• Никола Миткоски – претседател;• Мито Ѓорески – член;• Ана Димоска-Јанкуловска – член.

Сите членови на Одборот се избрани од редот на ли-цата со посебни права и одговорности во Банката, при што ги исполнуваат критериумите за избор и имаат ра-ботно искуство од најмалку три години.

Членовите на Одборот за управување со ризици ги именува и ги разрешува Надзорниот одбор и тие имаат мандат од четири години. Целите на Одборот се перма-нентно следење и оцена на степенот на ризичност на Банката, утврдување на перманентното следење и оце-

на на степенот на ризичност на Банката, како и утврду-вање на прифатливото ниво на изложеност на ризици заради минимизирање на загубите од изложеноста на Банката на ризици и воспоставување политики за упра-вување со ризиците и следење на нивната примена.

Во текот на 2019 година Одборот за управување со ризици се состануваше на редовните седници што се организираа секоја недела. Во текот целата година Од-борот се грижеше за применување на политиките и на процедурите за оцена на кредитниот ризик, го следе-ше спроведувањето на кредитната политика, одлучу-ваше за продолжувањето на рокот на достасување на побарувањата на Банката, ги разгледуваше месечните извештаи за одобрените кредитни изложености и го следеше процесот на наплата на проблематичните кредити, како и судските постапки што ги води Банката. Исто така, Одборот редовно ги разгледуваше извешта-ите за пазарниот ризик, ликвидносниот ризик и за дру-гите структурни ризици, како и за оперативниот ризик. На квартална основа, Одборот редовно доставуваше извештаи за својата работа до Надзорниот одбор и до Одборот за ревизија на Банката.

Page 32: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

62 63 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

ОДБОР ЗА РЕВИЗИЈА Одборот за ревизија е составен од пет члена. Мнозин-ството членови на Одборот за ревизија, и тоа тројца, се избираат од редовите на членовите на Надзорниот одбор, додека другите се независни членови. Најмал-ку еден од членовите на Одборот за ревизија треба да биде овластен ревизор. Членовите на Одборот за реви-

Драган Димитровпретседател на Одборот за ре-визија и овластен ревизор и уп-равител на ревизорската фирма БДО ДОО, Скопје.

За претседател на Одборот за ре-визија е именуван на 17.4. 2013 го-дина, кога ја презеде оваа функција. Г. Димитров беше реизбран за член на Одборот со одлуката на Надзор-ниот одбор на Банката донесена на 12.4.2017 година. Претходно, заедно со другите нови членови, беше за-познаен со корпоративната поста-веност на Банката и со работењето на Дирекцијата за внатрешна реви-зија. Претседателот на Одборот за ревизија го утврдуваше предлогот за дневен ред на седниците, ра-ководеше со седниците, активно учествуваше во расправите и во одлучувањето. Искуството како на-дворешен ревизор, надополнето со неколкугодишното банкарско искуство и со поранешното член-ство во одборите за ревизија на неколку банки, обезбеди непречен континуитет во работењето на Од-борот за ревизија како од аспект на оцената и следењето на проце-сот на ревизија и на работењето на Дирекцијата за внатрешна ревизија така и од аспект на исполнувањето на законските обврски на Одборот за ревизија.

Жан-Филип Гијомчлен на Одборот за ревизија

Именуван на 22.12.2016 година со одлука на Собрание, иако, офи-цијално, функцијата почнува да ја извршува по издавањето претходна согласност од Народната банка на РМ. Во моментов е регионален ди-ректор за Балканот (Црна Гора, Ср-бија, С. Македонија, Словенија, Мол-давија) и супервизор за Црна Гора, Србија и за Словенија. Жан-Филип Гијом, преку пренесување на меѓу-народните искуства во нашето ок-ружување, придонесе за унапреду-вање и на работата на Одборот за ревизија и на целокупниот процес на внатрешна ревизија. Активно учествуваше во работата на седни-ците на Одборот за ревизија.

Атанаско Атанасовски член на Одборот за ревизија

Именуван на 17.4.2013 година и реизбран за член на Одборот со одлуката на Надзорниот одбор на Банката донесена на 12.4.2017 го-дина. Кариерата ја започнува во ревизорската фирма Делоит, а де-нес е асистент на Економскиот фа-култет - Скопје, на групата предмети од областа на сметководството и на ревизијата. Учествувал во импле-ментација на испитот за сертифика-ција и професионална едукација на овластени ревизори, како и во пре-ведувањето на меѓународните стан-дарди за финансиско известување и на меѓународните стандарди за ре-визија. Неговото повеќегодишното искуство во теоријата и во образо-ванието има позитивно влијание од аспект на пренесување на совреме-ните трендови и достигнувања и на нивната практична имплементација во тековното работење на Одборот, особено во делот на одразот на промените на сметководствените стандарди врз финансиското извес-тување на банките.

Алан Кону член на Одборот за ревизија од Дирекцијата за меѓународ-но банкарство во Сосиете Же-нерал, супервизор на филија-лите на Сосиете Женерал во С. Македонија, Молдавија, КБ (KB Czhech Republic) и БРД (BRD Romania).

Како член на Одборот за ревизија e избран од редот на членовите на Надзорниот одбор со одлуката на Собранието на акционери на Бан-ката од 15.12.2011 година. Мандатот му е продолжен со нова одлука од Собранието донесена на 29.10.2015 година. Тој даде голем придонес за успешната работа на Одборот за ре-визија. Активно учествуваше во ра-ботата на седниците на Одборот за ревизија. Неговото широко позна-вање и практичното искуство од об-ласта на банкарството беа особено значајни од аспект на ризиците на кои е изложена Банката, на работите поврзани со внатрешната ревизија и на исполнувањето на препораки-те во врска со акциските планови што се во насока на зајакнување на системите на контрола во Банката.

Марија Русевачлен на Одборот за ревизија и претседател на Извршниот од-бор на Сосиете Женерал Србија,

за член на Одборот за ревизија из-брана од редот на членовите на Надзорниот одбор со одлуката на Собранието на акционерите на Бан-ката од 15.12.2011 година. Мандатот ѝ е продолжен со нова одлука од Собранието донесена на 29.10.2015 година. Таа редовно учествуваше во работата на Одборот за реви-зија и соодветно придонесе во не-говата работа со своето банкарско искуство во регионот, особено од аспект на анализата и оцената на ризиците во работењето на Банката. Марија Русева активно учествуваше во работата на седниците на Одбо-рот за ревизија и во донесувањето на одлуките и на другите акти.

Во согласност со предвиденото во Законот за банките, Одборот за ревизија за својата работа на квартална ос-нова го известуваше Надзорниот одбор на Банката. Во извештајниот период Одборот ги разгледа финансиски-те извештаи на Банката и се грижеше за точноста и за транспарентноста на објавените финансиски информа-ции за работењето на Банката во согласност со пропи-сите за сметководство и со меѓународните сметковод-ствени стандарди, ги разгледа и ги оцени системите на внатрешна контрола, ја следеше работата и ја оценува-ше ефикасноста на Дирекцијата за внатрешна ревизија. Во согласност со предвидените одредби на Законот за банките, го следеше и процесот на ревизија на Банка-та и ја оценуваше работата на друштвото за ревизија, ја следеше усогласеноста на работењето на Банката со прописите што се однесуваат на сметководствените стандарди и на финансиските извештаи.

Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје, на седницата одржана на ден 29.1.2020 година, со Одлука-та НО бр. 0203-4315/9 ги именува следните членови на Одборот за ревизија на Охридска банка АД Скопје:

• г. Георг Бухер,• г. Ханс Лудвиг Диксер,• г. Славиша Којиќ и • г-ѓа Валбурга Зајдл.

Мандатот на членовите на Одборот за ревизија трае 4 години сметано од денот на нивното именување до ис-текот на нивниот мандат како членови на Надзорниот одбор на Банката.

зија ги именува Надзорниот одбор на Банката со мандат од четири години.

Во текот на 2019 година Одборот за ревизија на Охрид-ска банка АД Скопје работеше со непроменет број чле-нови и одржа вкупно 5 седници во следниот состав:

Page 33: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

64 65 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

УПРАВЕН ОДБОР Управниот одбор е орган на Банката кој се грижи за законитоста, како и за обезбедувањето услови за ра-ботење на Банката во согласност со прописите. Тој се избира од страна на Надзорниот одбор со мандат од четири години.

Во текот на 2019 година Управниот одбор претрпе из-мени во составот и го намали својот состав. Промените во составот на Управниот одбор се случија во неколку наврати.

Заклучно со 28.2.2019 година, Управниот одбор на Ох-ридска банка работеше во следниот состав:

• Бранка Павловиќ, претседател и член на Управниот одбор;

• Никола Миткоски, член на Управниот одбор и одговорен за Секторот за управување со ризици;

• Тома Пувро, член на Управниот одбор и одговорен за секторот Операции;

• Нина Неданоска, член на Управниот одбор и одговорна за секторот Комерција.

Со Одлуката НО бр. 0203-12628/21, 27.2.2019 година, на Надзорниот одбор на Банката, донесена на ден 27.2.2019 година, Тома Пувро беше разрешен од функцијата член на Управниот одбор на Банката. Мандатот му престана заклучно со 28.2.2019 година.

Сметано од 1.3.2019 година, Управниот одбор на Банка-та работеше во следниот состав:

• Бранка Павловиќ, претседател и член на Управниот одбор;

• Никола Миткоски, член на Управниот одбор и одговорен за Секторот за управување со ризици;

• Нина Неданоска, член на Управниот одбор и одговорна за секторот Комерција.

На ден 25.10.2019 година Бранка Павловиќ поднесе ос-тавка од позицијата претседател на Управниот одбор, член на Управниот одбор, претседател на Одборот за управување со ризици и член на Одборот за упра-вување со ризици. Мандатот за наведените позиции ѝ престана заклучно со 6.11.2019 година. На седницата на Надзорниот одбор која се одржа на 25.10.2019 го-дина беше донесена Одлуката НО бр. 0203-77198/4, 25.10.2019 година со која Нина Неданоска се именува за нов претседател на Управниот одбор на Охридска бан-ка. Оваа Одлука стапи во сила на 7.11.2019 година. Сме-тано од овој датум, Управниот одбор на Банката работи во следниот состав:

• Нина Неданоска, претседател и член на Управ-ниот одбор, одговорна за секторот Комерција, сек-торот Финансии и контролинг, Секторот за правни работи и усогласеност и за Дирекцијата за човечки ресурси.

• Никола Миткоски, член на Управниот одбор, од-говорен за Секторот за управување со ризици и за секторот Операции.

Во текот на 2019 година Управниот одбор на Банката ги извршуваше своите функции во согласност со Законот за банките, како и со Статутот на Банката, ги извршуваше одлуките донесени од Собранието на Банката и од Над-зорниот одбор, се грижеше за нивното спроведување, ги разгледуваше месечните остварувања на буџетот на Банката и се грижеше за редовното месечно известу-вање на Надзорниот одбор за остварените финансиски резултати од работењето. Управниот одбор, исто така, ги разгледуваше на месечна основа извештаите од ра-ботењето на лицето одговорно за усогласеноста, преку кои ја следеше усогласеноста на Банката со регулати-вите, ги разгледуваше редовните извештаи за работата на Дирекцијата за перманентна контрола, како и месеч-ните остварувања во делот на наплатата на проблема-тичните кредити и статусот на судските постапки што ги води Банката.

Управен Одбор на Охридска банка АД Скопје

Page 34: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

66 67 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Информации и податоци за организациската структура на БанкатаОрганизациската структура на Охридска банка АД Скопје ја сочинуваат: 5 сектори, 1 дирекција под надлеж-ност на Надзорниот одбор, 1 дирекција под надлежност на Управниот одбор, 16 дирекции во рамките на петте сектори, лице одговорно за информативната сигурност, за континуитетот на работењето и за кризен менаџмент, како и мрежа од 28 експозитури.

Во согласност со Одлуката за утврдување на висината на надоместоците за работа во органите на Банката ус-воена од Собранието на акционерите на седницата на 11.5.2017 година, на членовите на Надзорниот одбор, за учество на седница им се исплаќа фиксен надомест од 15.000 денари месечно, додека на членовите на Одбо-рот за ревизија фиксен надоместок од 15.000 денари на секои три месеци.

Во текот на 2019 година, на вкупно 5 члена на Надзор-ниот одбор по основа на надоместоци за присуство на седници им беше исплатен бруто-износ од 683,3 илјади денари, додека по основа на деловна успешност им беа исплатени вкупно 2,8 милиони денари бруто-износ.

На вкупно 5 члена на Одборот за ревизија по основа на надоместок за учество на седница им беше испла-тен бруто-износ од 333,3 илјади денари, а по основа на деловна успешност им е исплатен бруто-износ од 201,9 илјади денари.

Од вкупниот исплатен бруто-износ на 5 члена на Над-зорниот одбор и на 5 члена на Одборот за ревизија, 25 % е по основа на фиксни надоместоци за учество на сед-ница, додека 75 % е по основа на исплата за деловната успешност.

Во извештајната 2019 година, на четворица членови на Управниот одбор им беа исплатени вкупно 18,8 ми-лиони денари за бруто-плати. По основа на работната успешност и на други примања, во согласност со до-говорот им беше исплатен вкупен бруто-износ од 53,5 милиони денари, а во тој износ се вклучени и бруто-на-доместоците по основа на престанок на вработувањето.

Во 2019 година, на пет лица со посебни права и одго-ворности им се исплатени бруто-плати во износ од 13,2 милиони денари, додека по основа на работната успешност и на други примања им е исплатен вкупен бруто-износ од 14,3 милиони денари.

На другите вработени во текот на 2019 година по основа на бруто-плата им е исплатен износ од 239,1 милиони денари, а по основа на работната успешност, на регрес, јубилејни награди и на други примања им е исплатен бруто-износ од 53,4 милиони денари.

Акционерски капитал и сопственичка структураАкционерскиот капитал на Банката на 31.12.2019 година се состои од 516.350 обични акции со номинална вред-ност од 2.650 денари по акција или вкупно 1.368.327.500 денари. Акциите се регистрирани и се водат кај Цен-тралниот депозитар на хартии од вредност. Обичните акции на сопствениците им даваат право на исплата на дивиденда и право на глас на седница на Собранието на акционерите. На 28 февруари 2019 година Сосиете Женерал (Societe Generale) и Штаеркмаркише банка (Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) постигнаа договор, според кој, под условите и според одредбите предвидени со него, Сосиете Женерал ќе ѝ ги продаде на Штаеркмарки-ше банка акциите што ги поседува во Охридска банка. Предвидената продажба на акциите издадени од Ох-ридска банка ќе биде извршена преку постапка за пре-земање и за давање понуда за преземање во согласност со условите и со правилата (вклучувајќи ги и правилата за регулирање на конкурентската понуда) на македон-скиот Закон за преземање. На 28.2.2019 година рако-водството на Охридска банка доби намера од Штаерк-маркише банка за преземање на сите акции издадени од Охридска банка.

На ден 24.9.2019 година, до Управниот одбор на Охрид-ска банка АД Скопје е доставена Понудата за презе-мање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје и Проспектот за понуда за преземање на акции издадени

од Охридска банка АД Скопје, поднесени од страна на Штаермеркише банк и Шпаркасен АД ( Steiermärkische Bank und Sparkassen AG).

На ден 28.10.2019 година, до Охридска банка АД Скопје е доставено Решението УП1 број 10-78 од 25.10.2019 година издадено од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија (КХВ), со кое КХВ ја оценува како успешна понудата за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје дадена од страна на Штаермеркише банк и Шпаркасен АД од Грац, Австрија (Steiermärkische Bank und Sparkassen AG).

На ден 4.11.2019 година е извршена промена на соп-ственоста на Охридска банка АД Скопје, при што: • Штаермеркише банк и Шпаркасен АД

(Steiermärkische Bank und Sparkassen AG), друштво организирано во согласност со австриското право, со седиште на „Шпаркасенплац“ 4 (Sparkassenplatz 4), 8010 Грац, Австрија, регистрирано во австриски-от регистар за компании под регистарски број FN 34274 d, се стекна со 472.839 акции и 91,5733 % на гласачки права.

• групацијата Сосиете Женерал, друштво организи-рано според француското право, со седиште на бу-левар „Хаусман“ 29 (29 Boulevard Haussmann), 75009 Париз, Франција, ги продаде сите 384.844 акции из-дадени од Охридска банка АД Скопје и со тоа свое-то учество во акционерскиот капитал на Банката го сведе на 0 %.

Page 35: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

68 69 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Политика на вложувања и политика на дивидендаВо 2019 година, во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка на Охридска банка АД Скопје по годишната сметка за 2018 година донесена на Годишното собрание на акционерите на Банката на 28 мај 2019 година, нето-добивката е распо-редена на следниов начин:• дел за задржаната нераспределена добивка –

412.964.305 денари;• дел за задржаната добивка за инвестициски вло-

жувања - реинвестирана добивка во износ од 150.000.000 денари, која служи за вложувања во материјални и во нематеријални средства за про-ширување на дејноста;

• дел за резервниот фонд во износ од 14.236.101 во согласност со членот 485 од Законот за трговски друштва.

Делот од нето-добивката во износ од 412.964.305 дена-ри останува како задржана нераспределена добивка која не е оптоварена со какви било идни обврски и таа не е расположлива за исплата на дивиденда на акцио-нерите на Банката во иднина.

Информации и податоци за политиката на Банката за спречување судир на интереси

Охридска банка има имплементирано Политика за по-стоење судир на интереси (усвоена од страна на Над-зорниот одбор во ноември 2008 година, изменета и до-полнета во мај 2017 година). Со Политиката се уредуваат идентификувањето на постоењето потенцијален судир на интереси и мерките и активностите што се преземаат во случаите кога постои судир на интереси. Политиката е во согласност со Кодексот на етика на Банката, кој ги утврдува општите етички принципи и норми на профе-сионалното банкарско однесување, како и правилата во чии рамки се вршат активностите на вработените и на раководството, а се однесуваат на членовите на Надзор-ниот одбор, на Управниот одбор, на вработените и на клиентите, на инвеститорите, како и на добавувачите и на давателите на услуги.

Секој финансиски и материјален личен интерес кој може да влијае на исправната одлука на лицата со посебни права и одговорности, како и на вработените во рабо-тењето со клиентите, со добавувачите, со бизнис-парт-нерите или со конкуренцијата и е спротивен на етички-те норми на Банката, се смета за судир на интереси.

Лицата со посебни права и одговорности редовно, на секои шест месеци, и вработените при вработувањето се должни да дадат писмена изјава за (не)постоење на судир на нивниот личен интерес со интересот на Банкa-та.

Заради обебедување соодветна поддршка за одржу-вање и развој на софтверот, Банката има склучено до-говор со кој се обезбедува поддршка на повеќе апли-кации кои го сочинуваат главниот банкарски систем на Банката – ПУБ 2000: • Кредитно и депозитно работење,• Главна книга,• Население (Шалтер и Население заднина),• Трезор,• Меѓународни плаќања (ДДР),• Домашен платен промет (ППЗ-апликациите),• Ликвидност,• Картично работење (ЦМС),• Digitrust system за автентикација и аудит

(authentication and audit), • И апликациите во делот на електронските канали,

и тоа:• Електронска банка за население – WEB Retail,• Електронска банка за корпоративни клиенти - WEB

Corporate и FX-клиент,• Мобилна банка, М-банкинг (JiMBA New Generation

– Mobile banking),• Е-енролмент, • М-токени,како и:• апликациите во делот на деловната интелигенција

(БИ), • апликацијата АМЛ ДС – дедицирано решение за

АМЛ,• апликацијата за управување со колатерали

(collateral management),• алатката за скорирање барања за кредити (credit

granting tool).

Банката користи услуги од надворешни лица во об-ласта на процесирањето на трансакциите со картич-ки што вклучува активности поврзани со: картичните шеми MasterCard и VISA, процесирањето трансакции во делот на картичките и на уредите за прифаќање на трансакциите (авторизација и клиринг), генерирањето извештаи за авторизација и клиринг на трансакциите, менаџирањето на уреди за прифаќање на картичките – ПОС-терминали и банкомати, генерирањето сигурнос-ни податоци за платежните картички, мониторинг на ризикот кај трансакциите. Во однос на картичното ра-ботење, Банката има склучено и договор за персонали-зација на картички, кој вклучува: изработка на платежни картички, персонализација на картичките и генерирање сигурносни податоци за картичките.Дирекцијата за мониторинг и наплата во работењето користи надворешни услуги од неколку адвокатски друштва, проценители и агенции за наплата на побару-вањата.

Банката има склучено договор за обработка и чување банкноти, монети и касети за АТМ-уреди, кој вклучува: полнење и празнење на касетите на машините за депо-нирање и за повлекување готовина; oбработка, oформу-вање и примопредавање на вредносни пратки за смет-ка на Банката со НБРСМ, со други банки и со клиенти на Банката; чување и обработка на готовината во Центарот за кеш услуги.

Информации за користење услуги од надворешни лица

Page 36: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

6. РАЗВОЈНИТЕ ПРОЕКТИ НА БАНКАТА И ИНФОРМАТИЧКАТА ТЕХНОЛОГИЈА

Page 37: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

72 73 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Инфраструктурни и системски проекти од информатичката технологијаДирекцијата за ИТ подготви ИТ-стратегија за периодот 2018 – 2020 година базирана на деловните потреби и планови за развој на работењето, на производите и на услугите на Банката. Документот е синтеза за менаџи-рањето на најзначајните проекти кои се планираат за следните три години. Тој ги вклучува временските рам-ки и буџетот и е разработен така што ги зема предвид стандардите и најдобрите ИТ-практики.

Во 2019 година завршија неколку проекти иницирани во 2018 година, па со проектите реализирани во 2019 година беа имплементирани најголемиот дел од актив-ностите предвидени со ИТ-стратегијата за периодот 2018 – 2020 година.

Охридска банка се фокусира на дигитализацијата и неј-зиниот придонес се состои во подобрувањето на без-бедноста, усогласувањето со новата регулатива, како и во понудата на нови производи и услуги за своите кли-енти. Банката се трудеше да ги подобри своите процеси и да ја одржи ажурирана инфраструктурата.

Во втората половина од 2019 година беа иницирани активности во согласност со промената на сопстве-ничката структура на Банката, со фокус на ревизија на сервисите што се обезбедуваа преку Сосиете Женерал. На тој начин започна постапката за нивно откажување и замена со нови сервиси, при што се наложи потребата да се преземат активности поврзани со интеграцијата и ребрендирањето во насока на усогласување со новиот сопственик Штаермеркише Шпаркасе.

БезбедностОхридска банка ја продолжи поддршката за решението IBM Trusteer како бесплатна алатка за заштита на клиен-тите на Банката кои ги користат услугите на електрон-ските канали (WebRetail, mBanking и WebFX). Ова реше-ние ѝ овозможува на Банката да открие непријателски активности кај уредите на корисниците. Потоа Банката ги информира корисниците кога ќе се појават преду-предувања (алерти). Охридска банка постојано ги подобрува својата инфра-структура, апликациите и управувањето со постигну-вањето усогласеност со стандардите во делот на кар-тичното работење, односно PCI DSS-стандардите. Во 2019 година се завршени и поставени сите решенија

и процеси кои произлегуваат од побарувањата од PCI DSS-стандардите. Со цел да се потврди имплементација-та на усогласеноста на стандардите беше ангажирана независна надворешна сертифицирана ревизија за им-плементација на PCI DSS-стандардите, која ја потврди целосната усогласеност на ОБ со барањата, за што изда-де и соодвeтна сертификација.Во 2019 година Банката продолжи со имплементација на нови решенија со цел да се зголеми сигурноста на работењето на клиентите на Банката во делот на елек-тронските канали. Имплементирано е решение за пре-венција од измама кај електронските канали (Е-Channels Anti-Fraud solution).

РегулативаОБ работеше и на усогласување со барањата од СВИФТ во делот на сигурноста нa информатичкиот систем (SWIFT CSP – Customer Security Program). Проверка на усогласувањето со побарувањата беше направена од страна на групациска ревизија, која издаде потврда за усогласеноста со барањата од SWIFT CSP.Имплементацијата на решението за превенција од из-мама кај електронските канали (Е-Channels Anti-Fraud solution) ги заокружи активностите преземени од стра-на на Банката за целосно усогласување со барањата од измените на Одлуката од НБРСМ за сигурност на инфор-матичкиот систем. Со спроведувањето на проектот KYC (Запознај го својот клиент) се воспостави стандардизиран процес на про-верка и ажурирање на податоците на клиентите на ОБ и се имплементираа низа контроли и извештаи за пода-тоците на клиентите во Core Banking System со цел да се подобри нивниот квалитет.

Во 2019 година во делот на АМЛ, решението SIRON AML беше мигрирано на последната платформа на прозво-дителот в.18 со планираната продукција на в.18 од јану-ари 2020 година. Во однос на замената на сервисите во делот на АМЛ претходно обезбедени преку групацијата СЖ, беа иницирани повеќе активности, како дополните-лен развој на нови функции во решението Асеба АМЛ.Во 2019 година ОБ успешно ги имплементира измените и развојот во главниот банкарски систем и решението Бизнис-интелигенција поврзани со усогласувањето со измените од НКО – Нова кредитна одлука.ОБ работеше и на усогласување со барањата од новиот сопственик Штаермеркише Шпаркасе во делот на фи-нансиското известување и во делот на ризикот, при што беа разработени и поставени неколку преодни реше-нија со цел да се достават извештаи усогласени со гру-пациските стандарди и побарувања.

ИнфраструктураСо проектот Core Banking Renewal, ОБ целосно ја об-нови својата инфраструктура на која работат главните банкарски решенија (Core Banking System – CBS) и ја подигна до последната верзија системската околина на која работи CBS-системот. Извршена е и виртуелизација на виртуелната платформа VMware. Оваа платформа има многу предности во споредба со физичките сер-вери, бидејќи ја подобрува отпорноста на хардверски неуспеси, како и достапноста на системот. Новата плат-форма, исто така, обезбедува поголема флексибилност во смисла на надградба на капацитетот на системската меморија и на процесорската моќ. Новата платфор-ма овозможи зголемување на ИТ-безбедноста преку зајакнување на препораките за безбедност. Континуирано се следат и се надградуваат капацитетни-те побарувања на ИТ-системите со цел да се обезбеди оптимален технички капацитет за работа на сервисите

на Банката, вклучувајќи ги и капацитетните надградби на главните фајлови системи (сториџ-системи) на Банката и надградби на развојната (тест) околина.Во согласност со ИТ-стратегијата за периодот 2018 – 2020 година, соодветно се реализираа и проектите кои произлегуваат од барањата за Legacy на плановите за поддршка на системските софтвери од страна на про-изводителите со фокус на решенијата на Мајкрософт во делот на миграцијата на оперативните системи на компјутерите и на лаптопите (миграција од Windows 7 & MS Office 2007 кон Windows 10 & MS Office 2016), мигра-цијата на серверите кон бази на податоци (MSSQL 2008 на MSSQL 2016) и во делот на серверските оперативни системи со миграција кон MS Windows Server 2016. Исто така, во согласност со најдобрите индустриски практи-ки во делот на безбедноста на АТМ-уредите, надграден е целокупниот нивни безбедносен софтвер.

ПроцесиБанката имплементира нова платформа, која ги комби-нира Document Management System (DMS) и решението Workflow. Платформата првенствено беше воспоставе-на за да го поддржува процесот на KYC (on-boarding/ ремедијација/ периодични прегледи за Население и за Корпоративни клиенти), а потоа таа беше надградена и со процесот на менаџирање и валидирање на фактури-те и на набавките во Банката.

Беа имплементирани и неколку проекти со низа на адаптации и автоматизации на Core Banking System со цел да се зголеми ефикасноста во работењето и нивото на контроли и мониторирање на реализираните актив-ности.

Page 38: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

Производи и услугиЗа да се овозможи поголема достапност за користење на мобилниот канал и ценејќи ги потребите и времето на клиентите, имплементирано е решение во мобилна-та апликација Моја банка кое на клиентите им овозмо-жува аплицирање и активирање на оваа мобилна апли-кација без посета на експозитура. Ова придонесе за значително зголемување на користењето на мобилната апликација од страна на клиентите.

Имплементиран е модулот за депозитната функција на АТМ-уредите (Cash-In) и овозможени се основните функ-ции на електронската банка (трансфер помеѓу сметки во Банката) преку АТМ-уредите. Модулот ќе биде глав-на пресвртница во остварувањето на дигитализацијата, овозможувајќи му на клиентот да ги користи услугите на Банката без, всушност, да оди в банка.Комплетирана е миграцијата на картичките VISA кон бе-сконтактна технологија. Во насока на унифицирање на производите и на услуги-те со групацијата и овозможување на дополнителни бе-нефиции за клиентите, имплементирано е решение со кое на клиентите на Охридска банка им е овозможено подигнување средства на АТМ-уредите на групацијата (во земјата и во странство) без провизија.

Page 39: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

7. ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Page 40: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

78 79 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Во 2019 година, која беше исполнета со предизвици, Ди-рекцијата за човечки ресурси го одржа курсот на стра-тешки партнер како со врвното раководство така и со вработените во Банката.

На крајот од 2019 година бројот на вкупниот и на опе-ративниот персонал беше во рамките на планираното, а вкупниот број на вработени изнесува 413.

Во текот на годината работниот однос им престана на 54 вработени, а беа регрутирани вкупно 56 нови вра-ботени. Динамиката на внатрешната мобилност беше евидентна во текот на 2019 година и беа реализирани вкупно 64 позициски промени, од кои 35 се евиденти-рани како вертикални промоции.

Дирекцијата за човечки ресурси во текот на 2019 годи-на реализира повеќе проекти во насока на поддршка на развојот на организацијата и на луѓето.

Мисиите на Дирекцијата за човечки ресурси станаа ин-тегрален дел од стратегијата на Дирекцијата и тие имаат клучна улога во доближувањето до вработените и во прибирањето клучни информации поврзани со различ-ните аспекти од работењето. Информациите собрани од интервјуата спроведени со вработените играат зна-чајна улога во планирањето на развојот на кариерата на вработените, во планирањето на обуките и во подобру-вањето на соработката помеѓу Дирекцијата за човечки ресурси и вработените во Банката.

Плати и наградувањеВо текот на 2019 година, во првиот квартал од годината беше спроведен редовниот процес на годишна реви-зија на платите, a во текот на месец март беше награ-дена и работната успешност во текот на 2018 година во рамките на предвидениот буџет.

Регрутации и практикантствоПотребата за регрутација на нов кадар оваа година се покажа како една од клучните активности на Дирек-цијата за ЧР. Изминатата година беа реализирани вкуп-но 56 регрутации, од кои 54 % се однесуваат на потре-бите на продажната мрежа, додека преостанатите 46 % на позициите за поддршка на целокупното работење на Банката. Во согласност со статистичките податоци, во споредба со минатата година, во 2019 година се зголе-ми процентот на флуктуација на вработените во делот на заднинските дирекции и служби.

Во почетокот на 2019 година започна да се применува и ХР-тулот за регрутација и селекција на кадарот, кој беше имплементиран изминатата година. Оваа алатка овозможи делумно да се следи трендот на ЧР со нови-те техники на следење на процесите за регрутација и селекција и во секое време да се има увид во актуел-ната состојба на овие процеси. Главниот фокус на оваа алатка е интерно да го олесни процесот на регрутација

и селекција, додека за следната година таа може да претставува предизвик во поглед на нејзиното надгра-дување и корелација со надворешните апликанти, при што ќе се развие модерна база на потенцијални канди-дати за вработување или за пракса.

Во духот на поддршката на младиот кадар и промоција на брендот на Банката како еминентен работодавач на пазарот на трудот, оваа година по трет пат беше орга-низирана летната школа Биди банкар, во чии рамки 10 млади студенти имаа можност низ практичен и теорет-ски дел да се стекнат со едно поинакво банкарско ис-куство и да дадат свој придонес во процесот на развој на нови производи и на иновативни решенија. Имено, главната цел на овие млади луѓе беше да предложат идејно решение за производите на или за процесите во Банката (ново или да го надградат постојното), а најдо-брото предлог-решение беше наградено од Комисијата за избор на најдобра идеја. Особено задоволство при-

чинува фактот што пет од учесниците на летната школа беа вработени во Банката и сè уште се развиваат како банкарски професионалци, додека другите учесници ги продолжија своите професионални предизвици во ис-такнати компании и институции во различни индустрии.

Во рамките на годишната програма за практикантство, во 2019 година беа ангажирани вкупно 33 практикан-ти, кои во текот на 1 – 3 месеци реализираа студентска

пракса во рамките на експозитурите на Банката низ це-лата држава, како и во поголем дел од дирекциите.

Во согласност со програмата на Агенцијата за вработу-вање на РСМ за поддршка на младиот кадар и неговиот професионален развој, и оваа година беа ангажирани вкупно 3 практиканти во временски период од 3 месе-ци.

Обуки и развој Следејќи ги потребите на нашите вработени за зајакну-вање на знаењата и вештините, како и актуелните потре-би кои ги налага пазарот, а во согласност со Годишниот план за обуки, во текот на 2019 година се реализирани 5 679 часови за обука, а секој вработен има поминато барем една обука во текот на годината. Како и во изми-натите години, и во текот на целата 2019 година, покрај законски задолжителните обуки и обуките кои ги нало-

жуваше групацијата СЖ, се реализираа и повеќе типови обуки со цел да се зајакнат културата на управувањето со ризици, маркетингот, обуки поврзани со производи-те на Банката, со развојот на менаџерските вештини и на други потесно специјализирани технички или меки вештини.

Типови на обуки Број на учесници Часови

за обукаРазвој на менаџерските вештини 61 912

Зголемување на комерцијалната ефикасност 2 12

Зајакнување на културата на управување со ризик 786 1746

Работно воведување за нововработените 39 312

Маркетинг и комуникации 10 160

Производ 253 1205

Усогласеност 16 110

Професионален развој 213 1222

 Вкупно часови за обука во 2019 г. 1.380 5679

Оваа година Дирекцијата за човечки ресурси воведе две нови интерактивни обуки наменети за сите врабо-тени, а со цел да се оствари професионален и личен разој: помалку стрес (StressLess) и обука за асертивна комуникација. И двете обуки се одржуваа еднаш месеч-но во текот на целата 2019 година, во помали групи од по 20 вработени, а фасцилитатори на обуките беа вра-ботените во Дирекцијата за човечки ресурси. Обуката за помалку стрес имаше за цел одблиску да понуди кон-кретни техники и решенија за тоа како да се справуваме со стресот, додека асертивната комуникација се темели на вин-вин пристап и целта на оваа обука е да ги научи вработените како да ги изразуваат своите мислења, чув-ства и ставови, јасно и недвосмислено, а притоа да не ја повредат личноста на соговорникот.

Во делот на развојот со цел да се подобри процесот на работна ориентација и да се воведат нововработените колеги во продажната мрежа и во корпоративното бан-карство, како и ефективно да се оспособат за самостој-на работа, во соработка со колегите од одделите Про-дажна мрежа и Корпоративно банкарство, Дирекцијата за човечки ресурси креира Менторска програма. Во Ментроската програма се мапирани сите неопходни ак-тивности кои нововработениот благајник, референт за односи со индивидуални клиенти (ИРО) или референ-тот за односи со корпоративни клиенти (ЦРО) треба да ги совлада во временски период од 6 недели, со што се скратува времето за воведување на вработените без ис-куство, но и се намалува веројатноста за правење греш-ки во работата.

Page 41: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

8. КОМУНИКАЦИЈА И СТРАТЕШКИ МАРКЕТИНГ

Page 42: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

82 83 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Во делот на комуникациите, интерни и екстерни, Бан-ката на редовна основа ги известуваше сите засегнати страни (медиумите, акционерите, институциите, кли-ентите, вработените итн.) за актуелностите во врска со своето работење преку расположливите канали, како што се соопштенија за јавноста, објава на ценовно чувствителни информации, информатор за вработени-те, дневен клипинг-извештај, бизнис-информации итн.

Во текот на 2019 година, во фокусот беше ставена кому-никацијата во врска со промената на сопственоста на Банката, односно обезбедувањето навремена, соодвет-на и транспарентна комуникација со јавноста за текот на процесот од објавата на намерата за преземање на Охридска банка од страна на групацијата Штаермарки-ше Шпаркасе, до моментот кога таа стана дел од група-цијата Шпаркасе во ноември 2019 година.

www.ohridskabanka.mk

НАЈДОБРА БАНКАВО МАКЕДОНИЈА

Во 2019 година ОБ, четврта година по ред, е избрана за Најдобра банка во С. Македонија од списанието Глобал фајнанс (Global Finance) на Светската банка во Вашинг-тон, кое ги селектира најдобрите финансиски институ-ции.

Еден од главните проекти на Охридска банка во текот на 2019 година е лансирањето на новата корпоративна веб-страница, со нов модерен дизајн, интуитивен прис-тап и подобрено корисничко искуство, што резултира во олеснет пристап до информации за клиентите, лесна навигација и зголемен пристап за комуникација на кли-ентите со Банката преку различните форми достапни за клиентите за обраќање со прашања, пофалби, поплаки и со барања. Новата веб-страница е оптимизирана во повеќе аспекти, односно таа е респонзивна за разни типови на уреди, брзина на отворање на страниците и напредно и интуитивно корисничко искуство, што при-донесе за одлични резултати во однос на посетеноста и зголемен обем на онлајн апликации за производите и за услугите на Банката, како и зголемена и поблиска кому-никација со клиентите за најразличен тип на прашања и на барања од нивна страна.

Воедно, во текот на годината, значаен дел од комуни-кацијата претставуваа и информациите и соопштенијата за новите производи и услуги, за промоциите и за реа-лизираните проекти кои се одраз на општествено одго-ворни практики.

Од почетокот на годината, Банката воведе и нов канал на известување на клиентите преку пораки на вибер, платформа преку која на модерен и редовен начин Ох-ридска банка ги известува своите клиенти за тековните понуди, поволности, новитети, им испраќа одредени важни известувања, како и идеи и практични совети вр-зани за банкарските производи и услуги.

Во текот на 2019 година продолжи експанзијата на ОБ на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Линктин, со многукратно зголемување на бројот на обожаватели и со активно користење на овие канали за успешна про-моција, ширење на препознатливоста на брендот, како и за поддршка на клиентите во врска со нивната потре-ба од информации. Комбинацијата на користењето на новата веб-страница, вибер-платформата и социјалните мрежи овозможи подобра основа за развој и за анали-тични анализи во областа на дигиталниот маркетинг со цел попрецизно да се утврдат желбите и потребите на клиентите и да се обезбеди повратна информација која може да се искористи во насока на нивното подобро и поефикасно задоволување.

Во делот на стратешкиот маркетинг, акцентот беше ставен на институционалните и на продуктните актив-

ности. Од институционален аспект, Банката во текот на ноември, како дел од процесот на промена на сопстве-носта и промена на групацијата на која ѝ припаѓа, ја ре-ализира институционалната кампања во која носечката порака во јавноста беше Охридска банка станува дел од Шпаркасе групацијата. Паралелно со кампањата сле-дуваа активности за ребрендирање на Банката во сите сегменти: објекти, веб-страница, АТМ-уреди, ПОС-тер-минали, документација, социјални медиуми, електрон-ски канали итн.

За најголемиот дел од кампањите спроведени во текот на 2019 година беа користени печатени материјали (ли-флети и постери), каналите на Банката – веб-страницата, мобилната апликација, вибер-платформата, е-поштата, веб-страниците на најчитаните и на најпосетуваните веб-портали, радиорекламите, социјалните медиуми, а повремено се користеа билборди и брендирани авто-буси.

• Фиксна каматна стапка oд 4,5 % за првите 3 години • Без административен трошок

СПАКУВАЈ СÈ ИПЛАЌАЈ ПОМАЛКУКЕШ ХИПОТЕКАРЕН КРЕДИТ

www.ohridskabanka.mk

Реализирани се две промоции на кеш, хипотекарен и на станбен кредит во текот на 2019 година, првата од фев-руари до април, а втората од јуни до декември, и таа во текот на периодот на важење беше приспособувана во согласност со потребите, конкуренцијата и со интере-сот на пазарот.

Промоцијата на станбениот кредит 5+ во втората поло-вина од годината беше една од најефектните, пред сè, поради условите кои овозможуваат, меѓу другото, по-дигнување на кредитот без нотарски трошоци и поради атрактивната и конкурентна каматна стапка.

Зелената наградна игра за корисниците на дебитни и на кредитни картички, која започна на 17 декември 2018 година, лансирана со цел да се зголеми фреквенцијата на користење на картичките, како и бројот на издаде-ни картички, заврши на 28 февруари 2019 година. Оваа наградна игра е еден вид продолжување на концептот од 2017/2018 година, кога наградите беа 70 велосипеди, како израз на општествено одговорното однесување насочено кон намалување на загадувањето во земјата.

Page 43: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

84 85 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Овој пат 20 клиенти добија електрични тротинети, со што се продолжува спроведувањето на стратегијата за заштита на животната средина и се зголемува придоне-сот во општеството.

Банката со свој штанд беше дел од овогодишниот Саем за финансиска писменост, организиран за Денот на ште-дењето, 31.10.2019 година, како и од саемот организи-ран од страна на Министерството за финансии со цел да се приближат на условите од проектот Купи куќа, купи стан до јавноста.

На саемите, покрај презентацијата на производите што беа предмет на промоција, вработените од ОБ ги презентираа поволностите на поширок дел од произ-водите од понудата за населението: Лесен кеш кредит, станбениот кредит 5+, кредитот А++, а истовремено и дигиталните канали и пакети на производи. На заин-тересираните посетители им беа достапни рекламни материјали и дополнителни информации во врска со кредитите, пресметките и со поднесувањето барања за производите за кои би сакале да аплицираат.

Во март 2019 година беше брендиран и промовиран кредитот за мали и за средни претпријатија Партнер +, развиен во соработка со ЕБОР за поддршка на конку-рентноста на малите и на средните претпријатија, кој нуди можност за грант по реализација на финансирани-от проект.

Со цел подобро да се запознаат клиентите со процесот на апликација за овој кредит, како и подетално да бидат информирани за бенефитите, пред сè, во поглед на кон-султантската помош и можноста за грант, беа организи-рани панел-дискусии во три града во С. Македонија, и тоа во Скопје, Штип и во Охрид. На нив зедоа учество претставници од ОБ, од ЕБОР и клиенти на Банката, при што заеднички се дискутираше и се разјаснија голем број прашања и дилеми и се поттикнаа размислувања-та за нови инвестиции кај над 150 мали и средни прет-пријатија учесници на панел-дискусиите.

Во периодот јуни – септември беше организирана ди-гитална кампања за кредитните картички со цел да се информираат клиентите за функционалностите и мож-ностите за користење на овој тип картички, со фокус на начинот на користење, на предлозите за што можат да се искористат и на доделувањето летни подароци за пр-вите нови корисници на картички во овој период.

БИЗНИС ПАКЕТ ПОНУДИ НА ОХРИДСКА БАНКА

• B2B Смарт пакет• B2B Супериор пакет

Повеќе банкарски услуги за една месечна тарифа

БИЗНИС ПАКЕТИ

www.ohridskabanka.mk

Во јуни беше лансиран и во следните месеци беше промовиран производот СМЕ-пакети, кој претставува пакет на производи за мали и за средни претпријатија и овозможува користење на повеќе производи за една пониска цена во однос на користењето на секој произ-вод одделно. Целта на овој производ е да се овозможи сеопфатна услуга за малите и за средните претпријатија, вклучувајќи екипираност на клиентите со поголем број производи и услуги корисни за нивното секојдневно работење. Во октомври беа лансирани онлајн апликацијата и он-лајн редистрибуцијата на кодови за мобилната апли-кација Моја банка без посета на експозитура. Преку промоцијата на овие функционалности на социјалните медиуми и преку вибер-платформата беше предизви-кан одличен интерес за користење на апликацијата и за краток период значително е зголемен бројот на нејзи-ните корисници, што докажува дека фокусот на дигита-лизирањето на производите и на услугите е вистински-от пристап за задоволување на потребите на клиентите. Како и во изминатите години така и оваа година беа ор-ганизирани институционални настани за вработените, меѓу кои и кварталниот менаџерски состанок OBSG50. Од ноември 2019 година Охридска банка стана дел од групацијата Шпаркасе, така што во декември беше орга-низирана заедничка тим-билдинг забава за вработени-те на двете банки, Охридска банка и Шпаркасе банка С. Македонија, под мотото Оne family.

Page 44: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

86 87 Извештај за работењето на Банката во 2019 година Извештај за работењето на Банката во 2019 година

Охридска банка АД Скопје континуирано ја гради своја-та општествена одговорност преку долгорочна стра-тегија на институционално ниво. Банката е редовен поддржувач на лица и на активности во областа на кул-турата – музиката, филмот, ликовната уметност и филан-тропијата. Во 2018 година ОБ го формираше ОБ Клубот на таленти, како дел од стратегијата за општествена одговорност, со идеја секоја година во рамките на таа платформа да распишуваат конкурси и да повикуваат млади таленти-рани луѓе да се натпреваруваат и да добиваат награда, односно спонзорство. Во 2018 година беше органи-зиран првиот конкурс под капата на оваа платформа наречен Имаш ли жичка за музика, преку кој Банката имаше за цел да ги избере најталентираните млади ин-струменталисти. За прв член на Клубот на таленти беше прогласен мла-диот Марко Пејчиновски, кој со преживеан инфаркт на долните екстремитети го преплива Охридското Езеро. За овој подвиг Банката му додели депозит на младиот пливач, а во 2019 година Банката инвестираше во него-виот депозит за да ја поддржи каузата за подигнување на свеста за децата со ретки болести.

Во 2019 година беше објавен конкурс за млади сликари, при што беа избрани 12 талентирани млади уметници кои имаа можност под покровителство на Охридска банка и во соработка со организаторите на Вевчанската колонија да бидат дел од неа и да творат рамо до рамо со видни и признати уметници од С. Македонија и од светот. На колонијата имаа задача да насликаат барем едно дело кое ќе ѝ го отстапат на Охридска банка, а истовремено со тоа дело имаа можност да се борат за награда од 60.000 денари. Охридска банка организира-ше настан за своите клиенти во септември, односно ау-кција, на која клиентите беа поканети да лицитираат за 12-те ументички дела насликани од младите уметници, а собраните средства во вкупен износ од 330.000 дена-

ри му беа донирани на Факултетот за ликовна уметност од Скопје. На истиот настан беше избран и победникот на конкурсот според принципот на комбинација на по-ените освоени од стручното жири и највисоката цена постигната на лицитацијата. Долгорочна цел е овој на-чин на спонзорирање да стане традиција и да овозможи поддршка на младите и талентирани поединци од раз-лични области.

Банката во септември 2019 година со свое спонзор-ство ја поддржа конференцијата Балкан бизнис форум (Balkan Business Forum) организирана во Скопје од страна на Creative Hub, на која учество како говорници зедоа голем број експерти од областа на бизнисот од С. Македонија и од светот и ги споделија своите иску-ства и видувања за иднината во најразлични области на дејствување.

Во 2019 година се одржа 59. издание на фестивалот Ох-ридско лето, чиј традиционален и главен спонзор е ОБ, пред сè, поради квалитетот, репутацијата и традицијата на оваа културна манифестација.

Охридска банка во 2019 година ја поддржа изложбата на фотографии на Надар, Славните портрети на Надар, во организација на Францускиот институт. Исто така, во јули 2019 година Банката го поддржа настанот за одбе-лежување на Денот на независноста на Франција во ор-ганизација на француската амбасада во С. Македонија.

Во текот на 2019 година Банката доби признание за ус-пешно спроведената општествено одговорна практика за проектот ОБСЖ Клуб на таленти и вложувањето во уметноста и во младите уметници во земјата во катего-ријата Вложување во заедницата, кое го доделува Ми-нистерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.

Како продолжување на реализацијата на хакатони, која започна во 2018 година со организирањето на првиот OBSG BUZZ Hackathon, во септември 2019 година ОБ го спонзорира креативниот маратон Rethink. Се работи за хакатон организиран од страна на компанијата Солвео, на кој Охридска банка учествуваше и со своj менторски тим и постави предизвик за три тима учесници на ха-катонот на тема Промена на финансиските навики на младите клиенти користејќи „Big Data & AI“. Тимовите имаа задача да се обидат со користење на Big Data & AI да изработат решение со кое со висока веројатност би можела да се предвиди потребата, т. е. користењето на одреден производ кој клиентот во моментот не го

Корпоративна општествена одговорност користи, а би бил дел од некоја следна понуда од Бан-ката за клиентот. За победничкиот тим беше обезбеде-на награда од 500 евра. Самиот настан беше одлична можност за согледување на потребите на младите гене-рации од банкарски производи, за користење на нови технологии и потребата од нив во банкарскиот сектор, за доближување на една нова светска тема до младите, како и за презентација на ОБ како банка која се грижи и која има што да им понуди на младите генерации, вклучувајќи и едно вакво иновативно искуство.

Во областа на спортот, Банката во декември 2019 година го поддржа ракометниот клуб Тинекс Пролет со цел да се создадат уште подобри услови за развој на ракоме-тарите во следниот период и севкупно да се подигне квалитетот на ракометната суперлига на Северна Маке-донија.

Page 45: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува
Page 46: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува
Page 47: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2019 izve… · експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува

Охридска банка АД Скопје Ул. Орце Николов бр. 54, 1000 СкопјеКонтакт телефон + 389 2 3167 600Контакт центар: (02) 15 [email protected] www.ohridskabanka.mk