ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 ·...

14
01-206/1 ОД 09.05.2019 ГОД ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД 2019 ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР – ОХРИД ЗА ПЕРИОД ОД 01.01 -31.03. 2019

Upload: others

Post on 18-Jan-2020

29 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

01-206/1 ОД 09.05.2019 ГОД

Ј П Г РА Д С К И П А З А Р О Х Р И Д

2019

И З В Е Ш ТА Ј О Д Р А Б О Т Е Њ Е Т О И

О С Т В А Р Е Н И Т Е Р Е З УЛ ТАТ И Н А

Ј П Г РА Д С К И П А З А Р – О Х Р И Д

З А П Е Р И О Д О Д

01.01 -31.03. 2019

Page 2: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

1

Содржина:

1. ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР – ОХРИД

1.1. Основање на ЈП Градски Пазар – Охрид

1.2. Дејности на Јавното Претпријатие

1.3. Органи на управување

2. ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

2.1 Број на вработени и старосна структура во ЈП Градски Пазар –

Охрид

3. ПРЕВЗЕМЕНИ АКТИВНОСТИ ПО СЕКТОРИ И ОДДЕЛЕНИЈА ВО

ПЕРИОД ОД 01.01.2019 – 31.03.2019

3.1. Сектор за човечки ресурси, општи и административни работи и

финансии

3.2. Сектор за пазари, планирање, квалитет и развој

4. ОСТАВАРЕНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛАТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО ВО

ПЕРИОД ОД 01.01.2019 ДО 31.03.2019 ГОДИНА.

4.1. Приходи од работењето на ЈП Градски Пазар

4.2. Трошоци од работењето во ЈП Градски Пазар

4.3. Анализи на финансискиот резултат за период од 01.01 – 31.03.2019

год.

4.4. Парични средтсва, побарувања и обврски на ЈП Градски Пазар –

Охрид

4.5. Предвидувања и проекции за наредниот период

Page 3: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

2

1.ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР – ОХРИД

1.1. Основање на ЈП Градски Пазар - Охрид

Советот на Општина Охрид со Одлука бр.07-2151/22 од 30.08.2010 година

го основа Јавното Претпријатие ГРАДСКИ ПАЗАР – ОХРИД, се со цел да

овозможи квалитетно и организирано вршење на дејноста управување со

пазари на големо и мало на територијата на општина Охрид. По

донесувањето на статутарниот акт и формирањето на органите на

управување односно по исполнувањето на законските предуслови, Јавното

претпријатие Градски Пазар – Охрид, на ден 13.12.2010 год. се стекна со

правен субјективитет во правниот промет откако се изврши упис во

Централниот Регистар.

1.2. Дејности на јавното претпријатие

Основна дејност на јавното претпријатие е издавање и управување со

сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.

Јавното Претпријатие може да извршува и други дејности што не се

опфатени во Националната Класификација, но придонесуваат за целосно

искористување на капацитетите и материјалите што се употребуваат за

вршење на запишаните дејности. ЈП Градски Пазар Охрид работите од

својата надлежност ги извршува во согласност со Законот за Јавни

Претпријатија, Законот за Трговија, Законот за трговски друштва, Законот за

Комунални дејности и други подзаконски акти кои ја регулираат дејноста

која ја врши Јавното Претпријатие. Со оглед на тоа што Претпријатието

врши дејност од јавен интерес од комуналната сфера, го применува и

работи во согласност со Законот за Комунални дејности. Како правен

субјект кој управува со пазари на големо и мало, услугите во пазарот ги

врши во согласност со одредбите на Законот за Трговија кои го регулираат

организирањето на пазарите.

1.3. Органи на управување

Органи на управување во ЈП Градски Пазар се:

� Управен Одбор, составен од 5 членови со мандат од 4 години, кои ги

именува и разрешува Советот на Општина Охрид,

� Надзорен Одбор, составен од 5 членови со мандат од 4 години кои ги

именува и разрешува Советот на Општина Охрид,

� Директор, со мандат од 4 години, кој го именува и разрешува

Градоначалникот на Општина Охрид.

Page 4: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

3

2. ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

Внатрешната организација на процесот на работа на претпријатието е

уредена со Правилникот за организација и систематизација на Јавното

Претпријатие, донесен од страна на Управниот Одбор на ЈП ГРАДСКИ

ПАЗАР-Охрид.

Јавното претпријатие процесот на работа го организира на начин на кој се

обезбедува:

• Техничко-технолошко и економско единство на системот;

• Ефикасност и транспарентност на работењето;

• Развој и усогласеност на сопствениот развој и вкупниот развој на

општината;

• Заштита и унапредувања на добрата од општ интерес;

• Точно уредно и квалитетно задоволување на потребите на корисниците на

производи и услуги ;

Согласно Статутот на Jавното претпријатие и актот за организација и

систематизација, Jавното претпријатие дејностите од својот делокруг ги

врши во сектори и одделенија и тоа:

� Сектор за човечки ресурси и општи административни работи и

финансии

- Одделение за човечки ресурси, општи и административни работи;

- Одделение за финансии и јавни набавки.

� Сектор за пазари, планирање, квалитет, ит и развој

- Одделение за планирање и квалитет, ИТ и развој;

- Одделение Пазари и одржување.

Page 5: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

4

Сл.1 Органограм на организација во ЈП Градски Пазар Охрид

2.1 Број на вработени во ЈП Градски Пазар – Охрид и старосна структура

Табела1. Број на вработени и старосна структура

Период 01.01-

31.12.2016

Возраст Мажи жени вкупно

Вработени 20- 30 3 2 5

30 - 40 8 2 10

40 - 50 4 4 8

50 - 60 5 2 7

60 - 65 4 4

Вкупно 24 10 34

Page 6: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

5

3. ПРЕВЗЕМЕНИ АКТИВНОСТИ ПО СЕКТОРИ И ОДДЕЛЕНИЈА ВО

ПЕРИОД ОД 01.01.2019 ДО 31.03.2019

3.1 Сектор за човечки ресурси и општи административни работи и

финансии

Во периодот од 01.01.2019 – 31.03. 2019 година Секторот за човечки

ресурси и општи административни работи и финансии ги превзеде следните

активности по одделенија:

- Одделение за човечки ресурси, општи и административни работи

� Изготвување дописи и останата кореспонденција со надворешни правни и

физички лица;

� Склучување на Договори за закуп на тезги за 2019– та година;

� Изготвување на договори за закупнина, за услуги, за јавни набавки, за

регулирање на меѓусебни доверителско – должнички односи и други

договори во зависност од потребите на Јавното Претпријатие;

� Кадрова евиденција, технички работи околу прием и распоредување на

работниците, донесување на акти во врска со исполнување на нивните

права, обврски и одговорности согласно Законот за работни односи и

колективните договори;

� Изготвување на материјали за У.О. и Н.О.,водење на записници и

доставување на одлуките до Советот на Општина Охрид;

� Спроведување на законските прописи за Безбедност и здравје при работа;

� Правилници, планови и други акти за архивско работење;

� Други активности од тековното работење на претпријатието кои не се

предвидени во програмата за работа;

� Подготовка на опомени за физички и правни лица за заостанати

побарувања по основ на извршени услуги;

- Одделение за финансии и јавни набавки

� Спроведувањена Планот за Јавни набавки за 2019 година, според

потребите на Јавното претпријатие со примена на одредбите од Законот

за Јавни набавки;

� Учество и припрема на спецификациите за потребни материјали доставени од секторите, како и отпочнување на постапки за Јавни Набавки, според Планот за јавни набавки за 2019 година согласно Зaаконот за Јавни Набавки;

� Доставување извештаи за спроведени постапки согласно Законот за Јавни набавки;

� Изготвување на фактури по претходно склучени договори за користење на

услугите на ЈП Градски Пазар;

� Наплата на побарувањата на коминтенти физички и правни лица;

Page 7: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

6

� Доставување на податоци за потребите на правната служба за

спроведување на судски постапки;

� Внесување на дневниот промет согласно благајничките извештаи;

� Пратење на состојбите на побарувањата и обврските на претпријатието;

� Книжење на изводите од банките и следење на финансиската ситуација;

� Редовно следење и подмирување на обврските према добавувачите и

усогласување на меѓусебните побарувања и обврски преку споредба на

евиденцијата на коминтетите;

� Навремено пресметување и книжење на бруто плата за вработените;

� Навремено ажурирање на данокот на додадена вредност, составување

пресметка и доставување на пријави до УЈП;

� Попoлнување и доставување на статистички податоци до службите за

статистика по потреба;

� Составување на завршната сметка согласно МСФИ и даночен биланс за

данок на добивка;

3.2 Сектор за пазари, планирање, квалитет, ит и развој

- Одделение за планирање и квалитет, ИТ и развој

- Одделение Пазари и одржување

Врз основа на претходно утврдениот распоред составен е план за поставување

на тезги, штандови и продажен простор. Во зависност од видот на стоката која

се нуди на површините на ЈП Градски Пазар располагаме со следните видови на

продажни објекти:

Табела 2 – продажни објекти

Во првото тромесечие на тековната 2019 година во Зелениот пазар се

превземаа активности за подобро фунционирање на истиот. Се изврши

средување и прераспоредување на тезгите согласно законските прописи за

функционирање на зелените пазари.

Во првото тромесечие склучуени се нови договори со закупците на кои им

се завршени договорите.

Вид Количина

Тезги за продажба на земјоделски производи 171

Тезги за продажба на јајца и сирење 9

Тезги за продажба на бижутерија 66

Современи пластични тезги за продажба на сувенири 10

Штандови за продажба на текстил 39

Деловни простории 8

Плацеви пред дуќан и неизградено градежно земјиште 30

Page 8: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

7

Табела 3 – Издадени продажни објекти

Наплатата на пазаришната такса се обавува секојдневно, а висинта на

истата зависи од временските услови и понудата на зелениот пазар. Во овај

период поради слабата понуда на производи , имаме очекувана помала

наплата на пазаришната такса. Поголемиот дел од закупците не ги користат

тезгите во овај период од годината бидејќи немаат производи за

продавање.

- Поставување на урбана опрема од времен карактер

Согласно Годишната Програма за поставување на урбана опрема во

Општина Охрид која се носи со одлука на Советот на Општина Охрид, по

повод 8-ми Март, Јавното Претпријатие организираше поставување на

типски тезги за продажба на украси и цвеќе. Следејќи ги потребите на

нашите закупци Јавното Претпријатие секоја година се труди со начинот на

поставување и покривање со соодветна заштита , да ги задоволи потребите

како на закупците на времените објекти така и на потрошувачите.

- Одржување на јавни површини и објекти

Во соработка со Фондот за Комунален развој при Локалната самоуправа

превземени се повеќе активности за одржување на јавни површини и објекти

на територијата на Општина Охрид.

Вработените од Јавното претпријатие Градски Пазар во првото тромесечие

од 2019 година ги извршија следните активности:

� Поставување на метални дрвореди на Булевар туристичка;

� Поставување на полукружни метални огради на кружните сообраќајници;

� Реконструкција и санација детските игралишта на плоштад, Котва, Јане

Сандански, Бараки, Бозо, Христо Узунов, Воска, Даљан;

� Поставување на детски нишалки ви Горно Лакочереј;

� Санација на мост во Долно Лакочереј;

� Санација на детски нишалки и лизгалки во О.У.„Григор Прличев“ ;

� Конструкција на метална врата во О.У.„ Григор Прличев“ ;

� Оградување на паркингот во Куба Либре со метална конструкција и мрежа;

� Метална ограда во населба Даљан.

Тезги Количина

Тезги за продажба на земјоделски производи 46

Тезги за продажба на јајца и сирење 1

Тезги за продажба на бижутерија 23

Штандови за продажба на текстил 8

Деловни простории 3

Плацеви пред дуќан и неизградено градежно земјиште 1

Page 9: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

8

4.ОСТВАРЕНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕ ПЕРИОД

01.01- 31.03 2019

Финансиските извештаи од ЈП Градски пазар Охрид се изготвени во согласност со Законот за трговски друштва (Сл.весник на РМ бр.28/04... и 24/11) и Правилникот за водење на сметководство (Сл. весник на РМ бр.159/09 и 164/10), односно Меѓународните сметководствени стандарди за финансиско известување-МСФСИ, Толкувањето на Постојниот коминтет за толкување – ПКТ и Толкувањата на Комитетот за меѓународно финансиско известување – КТМФИ утврдени од Одборот за меѓународни сметководствени стандарди. Финансиските извештаи се изготвени со примена на методата на набавна вредност и принципот на континуитет во работењето. При изготвувањето на финансиските извештаи, ЈП Градски пазар Охрид се придржуваше кон усвоените сметководствените политики .

4.1 Приходи од работење на ЈП Градски пазар Охрид

Вкупните приходи за пресметковниот период од 01 јануари до 31 март 2019 год. изнесуваат 2,467,271.00. Вредноста на вкупните приходи е добиена како резултат на собирање на поединечните приходи остварени по различни основи. Приходите согласно МСФИ и сметководствените политики се искажани според објективната вредност на примените средства или побарувања, намалени за одобрените дисконти и данокот на додадена вредност. Приходот е искажан во моментот кога договорената услуга е извршена, односно испорачана. Во табелата во прилог е дадена споредбена структура на приходите за периодот од 01.01-31.03. 2019 споредбени податоци за истиот период од 2018 година и 2017 година:

Page 10: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

9

Графикон : Споредбени показатели од остварени приходи

Во првото тромесечие од 2017 година Зелениот Пазар работеше на старата локација која се наоѓаше на површина од 5000 м2. Со отпочнувањето на

ПРИХОДИ 2019 2018 2017 Реализација

2019/2018 %

Процент на

зголем/намал

2019/2018

Приходи од закуп

1,586,027.00

1,631,034.00

1,207,662.00

97,24

-2,76

Издавање штанд 131,238.00 153,742.00 144,574.00 85,36 -14,64

Издавање тезги за бижутерија 304,719.00 332,421.00 232,705.00 91,66 -8,33

Издавање тезги пиљара 142,403.00 153,031.00 112,647.00 93,05 -6,94

Издавање тезги земјод.производи 603,603.00 641,053.00 585,856.00 94,15 -5,84

Издавање тезги јајца 23,248.00 30,997.00 20,665.00 75,00 -24,99

Издавање неиз. град. земјиште 44,421.00 34,480.00 79,715.00 128,83 28,83

Издавање јавен тоалет 29,939.00 31,500.00 31,500.00 95,04 -4,95

Издавање деловен простор 306,456.00 253,810.00 - 120,74 20,74

Приходи од дулија 203,143.00 222,404.00 122,381.00 91,34 -8,66

Приходи од паркинг - - 74,788.00 - -

Приходи од градежни активности 604,713.00 305,994.00 577,123.00 197,62 97,62

Приходи од камати 8,667.00 2.00 25.00 433,35 43,25

Останати приходи-Илинден - - - - -

Останати финансиски приходи 64,721.00 45,430.00 37,942.00 142,46 42,46

ВКУПНО ПРИХОДИ: 2,467,271.00 2,204,864.00 2,019,921.00 111,90 11,90

Page 11: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

10

градбата на Затворениот зелен пазар , Зелениот пазар е префрлен на паркинг просторот кој е со помала површина. Вкупните приходи бележат покачување од 9,15% споредбено со првото тромесечие од 2018 година, а споредбено во ова тромесечие во 2019 година бележат зголемување од 11,90%.

4.2 Трошоци од работење во ЈП Градски Пазар Охрид

Вкупните трошоци на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД за пресметковниот период од 01 јануари до 31 март 2019 година изнесуваат 3,040,989.00 денари. Расходите согласно МСФИ и сметководствените политики се прикажуваат врз принципот на пресметковна основа (фактурирана реализација). Трошоците се поделени во категории по конта на трошоци и се прикажани во следната табела со споредбени податоци за претходна година за истиот период.

РАСХОДИ 2019 2018 2017 Реализација

2019/2018 %

Процент на

зголем/намал

2019/2018

Потрошени суровини и материјали

11,152.00

114,863.00 249,534.00 9,71 -90,29

Потрошена енергија 156,983.00 178,865.00 179,031.00 87,76 -12,23

Поштенски услуги, телефон и

интернет

25,933.00 85,513.00 60,221.00 30,33 -69,67

Трошоци на услуги за редовно

одржување

15,599.00 16,600.00 25,250.00 93,97 -6,03

Комунални услуги 41,521.00 32,154.00 29,700.00 129,13 29,13

Останати услуги 159,995.00 153,596.00 54,447.00 104,16 4,16

Бруто плати ( нето плата,данок,

придонеси)

2,461,350.00

2,450,716.00 2,237,124.00 100,4 0,43

Јубилејни награди - - - -

Хуманитарни акции и саеми - - - -

Дневници за службени патувања 8,598.00 - 46,695.00

Надомест на членови на управен и

над одбор

93,000.00

93,000.00 129,000.00 100 0

Репрезентација

20,323.00

10,175.00 122,196.00 199,73 99,73

Банкарски провизии 8,246.00 8,612.00 12,463.00 95,75 -4,25

Даноци кои не зависат од резултатот 16,067.00 20,538.00 23,080.00 78,23 -21,77

Останати трошоци 22,222.00 21,315.00 85,650.00 104,25 4,25

Амортизација

ВКУПНО РАСХОДИ:

3,040,989.00

3,185,947.00

3,254,391.00

95,45

-4,54

Page 12: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

11

3,040,989

3,185,947

3,254,391

201720182019

Вкупни Расходи

Графикон : Споредбени показатели од остварени расходи

Поединечно трошоците по категории би ги издвоиле во следните групи:

• потрошени суровини и материјали износ 11,152,00 денари. Се работи за набавка на непечатен канцелариски материјал за административно работење, средства за хигиена, материјали потрошени за градежни активности.

• потрошена електрична енергија на износ од 156,983,00денари

• поштенски услуги,телефонски и интернет во висина од 25,933,00 денари .Се работи за користење на телефонски (фиксни и мобилни) услуги и поштенски услуги.

• трошоци на услуги за редовно одржување во износ од 15,599,00 денари и истите се однесуваат за одржување на компјутерски софтвер и опрема.

• комунални услуги на износ од 41,521.00 денари и тука влегуваат услугите за ѓубретарина и подигање на шут.

• останати услуги на износ од 159,995.00 денари тука влегуваат трошоците за интелектуални услуги,услуги за обезбедување,адвојатски услуги,за здравствени услуги.

• вкалкулирани бруто плати во износ од 2,461,350.00 денари кои се однесуваат за вработените во Јавното претпријатие за анализираниот период. Бруто платите за наведениот период се исплатени.

• надомест на членови на управен и надзорен одбор износ од 93,000.00 денари - се работи за трошоци за паушали за УО и НО,

• репрезентација во вредност од 20,323,00денари

• банкарски услуги и провизии во висина од 8,246.00 денари

• даноци кои не зависат од резултатот 16,067,00 денари и се однесуваат за персонален данок по договор за дело, персонален данок за надомест на паушали на УО и НО.

• Останати трошоци –22,222.00 тука влегуваат трошоците за огласуваење во јавни медиуми, осигурување, судски такси,затезни камати, извршни трошоци.

Page 13: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

12

4.3 Анализи на финансискиот резултат за период 01.01- 31.03 2019

година

Јавното претпријатие за периодот 01.01-31.03 2019 година има остварено загуба односно негативен финансиски резултат во висина од 573,718.00 денари. Споредбено со истиот период претходната година (2018) кога е изкажана загуба во износ од 981,083.00 денари, за тековната 2019 година има намалување на загубата .

4.4 Парични средства, побарувања и обврски на ЈП Градски Пазар Охрид

Заклучно со 31.03.2019 година на трансакциските сметки на ЈП Градски Пазар има вкупно салдо на парични средства од 263,419.00 денари, побарувања од купувачи-правни лица кои треба да се наплатат во наредниот период износ од 1,214,164.00 денари плус, 490,766.00 денари побарувања од физички лица-купувачи по договори. Висината на утужени побарувања изнесува 1,180,059.00 денари. Истовремено ЈП Градски Пазар има обврски кон добавувачи во износ од 803,753.00 денари, обврска за ДДВ заклучно со 31.03.2018 година 328,124.00 денари, обврски за плата за 03/2018 812,973.00, обврски за надомест за примања на членови на НО и УО износ од 236,000.00 денари, обврски за персонален данок 28,270.00 денари. Во законски предвидените рокови исплатена е платата и обврската за ДДВ 386,212.00

4.5 Предвидување и проекции за наредниот период

Од анализата на финансискиот резултат и анализата на приходите и

расходите за периодот 01.01 – 31.03.2019 година заклучок е дека

негативниот финансиски резултат се должи на намалените приходи во

наведениот период и зголемените расходи ( во најголем дел за бруто

плати).

Со оглед дека се работи за сезонско зависен бизнис, а имајќи во предвид

дека првото тромесечие во делот на реализираните приходи е најслабо, со

право можеме да очекуваме дека остварениот негативен финансиски

резултат за првото тромесечие значително ќе се намали и покрие во

наредниот период и дека заклучно со крајот на годината јавното

претпријатие ќе ја заврши со позитивен финансиски резултат. Ваквите

очекувања се темелат на следните околности:

� во наредните 2 тромесечја особено очекуваме зголемување на приходите по сите основи и тоа приходи по основ на закуп и приходи од дулија. Како и што напоменавме претходно приходите од закуп ке се зголемат заради зголемениот интерес за закуп од страна на индивидуалните земјоделски производители и трговци, а приходите од дулија согласно одлука од УО

Page 14: ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТЕЊЕТО И ОСТВАРЕНИТЕ ... · 2019-05-10 · Управен Одбор, ... односно Меѓународните сметководствени

Извештај од работењето на ЈП Градски Пазар – Охрид во период 01.01.2019 - 31.03.2019

13

секоја година се зголемува во периодот од месец мај до месец октоммври и изнесува 50 денари;

� покрај зголемените приходи во наредниот период очекуваме и

намалување на трошоците и тоа: трошоците за потрошена енергија (нема да има потреба од греење на деловните простории), намалените трошоци за ангажирани вработени по договор за вработување на определено работно време ( заради истек на договорите за вработување на определено работно време, на ангажираните лица истите договорите не им се продолжени)

Охрид,

09.05.2019 ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР – ОХРИД

Директор

Кристина Крлеска - Деспотоска