Арс Либрис саемски каталот 2014

36
SAEMSKI KATALOG 2014

Upload: arslaminapublikacii

Post on 18-Jul-2015

985 views

Category:

Education


14 download

TRANSCRIPT

SAEMSKI KATALOG 2014

Арс Либрисwww.literatura.mk

Bestseleri

seriJAl „ZelenAtA milJA”

BiOGrAFii / liDerstVO

lAureAti

rOmAnsi

literA mODernA

sOVremeniCi

ZDrAVJe i ÆiVOt

seriJAl „DisKsVet“

GrAFi»Ki rOmAni

YVeZDi nA sVetsKAtA KniÆeVnOst

101 mislA

KniGi ZA pODArOK

4

10

12

17

30

18

19

20

23

24

25

26

33

34

4

BEST

SEL

ERI

Можеби вистинската љубов навистина може да промени еден маж...

Љубовта не е егзактна наука. Но пробајте да му го кажете тоа на Дон Тилман! Кога овој триесет и девет годишен генетичар ќе се одлучи да ја пронајде својата совршена партнерка, неговиот предизвик се претвора во проектот Сопруга. Навидум доволен е само еден прашалник од шеснаесет страници за да се елиминираат сите погрешни кандидатки. Но Роузи е совршената „погрешна” кандидатка.

Како и успева да внесе хаос во беспрекорно уредениот живот на Дон?

Проектот Роузи е современа бајка раскажана заводливо и шармантно, привлечно и со многу хумор. Обидете се, заедно со Дон, да проверите дали животот почнува да се случува само тогаш кога ние ќе му дозволиме.

prOeKtOt rOuZi

Grem Simsion

meka korica | 272 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-638-8 | 390 mkd.

„Trogatelen, smeπen roman za toa deka ti ne ja naoaπ qubovta - taa te naoa tebe.“Glamour

„VooduπevuvaËka i neæna - sosem poinakva.“„RomantiËna komedija - bez konkurencija.“

5

BEST

SEL

ERI

Кога Пети и Волтер Берглунд, конзервативни соседи, се доселуваат во Сент Пол, нави-дум совршениот живот почнува да се расплеткува во неочекувани насоки: семејни тајни, скришни љубови, лаги, компромисии неуспеси. Маестрална нарација, добро темперирана и моќна, комична и потресна.

Френцен во Слобода создава еп за современата љубов и за бракот. Приказната нè во-влекува во прашањето како ја употребуваме (и злоупотребуваме) слободата, како се натпреваруваме со најблиските и ги изневеруваме нивните очекувања и зошто работите речиси никогаш не се такви какви што сакаме да бидат... Преку трасирањето на грешките и убавините на Волтер и Пети Берглунд, додека се борат да научат како да живеат во тој збунувачки свет, Френцен создал длабок и неизбришлив портрет на нашето време.

Романот е национален бестселер во САД, добитник на John Gardner Fiction Award и фина-лист на National Book Critics Circle Award и Los Angeles Times Book Prize.

slOBODA

Xonatan Frencen

tvrda korica | 682 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-666-1 | 750 mkd.

500

6

Приказната за Алан Карлсон, ведриот старец кој на својот стоти роденден скокнува низ прозорец, цврсто решен старечкиот дом во Малмкопинг да не биде место на коеќе го заврши својот век, добива свој заплет кога стариот присвојува еден куфер од еден криминалец. Тоа ќе покрене низа случувања и ќе го доведе во врска со многу интересни ликови.

Како се заплеткува оваа случка така се отплеткува животот на Алан Карлсон, кој, како што се покажува, во вистинско време се наоѓал на места на кои се решавала иднината на Европа и на светот: учествувал во војната меѓу Шпанците и Шпанците, вечерал со Труман, ручал со Мао Цетунг, спречил атентат на Черчил... Русите го бркале да им ја открие тајната за атомската бомба, а тој, побегнувајќи од сибирскиот гулаг, преку Северна Кореја стигнал на Бали каде 15 години живеел од американски пари наменети за помош и развој на далекоисточните земји – урнебесна историја на модерниот свет!

Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна беше одлично прифатена. Се најде на списокот на најпродавани книги во Шведска веднаш по излегувањето, а голем успех доживеа и во над 30 земји на чии јазици е преведена досега.

BEST

SEL

ERI

stOGODi©niKOtKOJ sKOKnA niZ prOZOreCi is»eZnA

Jonas Jonason

meka korica | 368 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-631-9 | 450 mkd.

„Preku 5 milioni kopii prodadeni vo svetot.”

„Internacionalna bestseler senzacija.”

7

Некои приказни живеат засекогаш...

Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата – пензиониран настав-ник и тренер во јуниорската бејзбол лига. Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ. Еден ден тој ја замолува за услуга: да го убие! Таа е шокирана и одби-ва... И тогаш започнува исповедта на неговите најмрачни тајни – тој навистина заслужува да умре...

Што да се прави кога злото е во соседството? Треба ли да се понуди прошка? И најтешкото прашање: се работи ли за убиство или за правда?

rAsKAÆuVA»KAtA

Xodi Piko

meka korica | 452 str. | 145h205 mm. ISBN 978-608-229-637-1 | 600 mkd.

BEST

SEL

ERI

„ Прекрасно исткаена приказна... хуморот и ликовите ве опседнуваат, предизвикувајќи ве да продолжите со читање“ – MY WEEKLY

„ Новата книга на Џоди Пико ќе ве натера долго да размислувате за приказната... Емоционален и навистина неодолив роман“ – SUN

„ Најнепредвидливата од книгите што сами се читаат. Ќе ве обземе од почеток до крај“ – EASY LEAVING

8

BEST

SEL

ERI

Сјаење претставува олицетворение на современиот хорор-роман и дава прониклив увид во едно растурено семејство, во мрачните ходници на душата и во човековата слабост. Талентот на Стивен Кинг не бил поблескав во ниту една книга.

Џек Торенс, неговата жена Венди и синот Дени се вселуваат во хотелот „Видиковец“, бидејќи Џек ја добива работата на чувар во зимскиот период. Неколку месеци отсечени од цивилизација, Џек се обидува да се избори со алкохолизмот и со нападите на бес додека ја пишува новата театарска претстава. Но, силите на темнината што престојуваат во хотелот „Видиковец“ – кој има долга историја на насилства – сакаат да го земат Дени заради неговите силни прекогнитивни способности и да се послужат со слабостите на Џек за да го зграпчат момчето...

Хорор-романот Сјаење е за прв пат објавен во 1977 година. Во 1980 година, според романот, снимен е и филм, во режија на Стенли Кјубрик, а со Џек Николсон во главната улога. Овој филм се вбројува меѓу најдобрите на сите времиња. Подоцна, во 1997 година, истиот е адаптиран и во минителевизиска серија.

sJAeWe

Stiven King

meka korica | 472 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-666-1 | 500 mkd.

9

BEST

SEL

ERIEkstremno glasno i neverojatno blisku

Xonatan Safran Foermeka korica | 360 str. | 145h205 mm. ISBN 978-608-229-458-2 | 600 mkd.

9-годишниот Оскар Шел е на многу итна и мистериозна мисија која го води насекаде низ градот Њујорк. Неговата цел е да ја најде бравата што може да се отвори со клучот што му припаѓал на неговиот татко кој умира во нападите на кулите близначки на 11 септември. Оваа навидум невозможна мисија го води Оскар до многу различни жртви на непредвидливоста на животот сè додека конечно не ја прифати и jа преболи смртта на својот татко.

Gospodin PipLojd Xondmeka korica | 216 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-649-4 | 360 mkd.

Моќна и хумана приказна која ќе ви остане во сеќавање уште долго откако ќе ја завршите последната страница...

Чудна, оригинална приказна за придружната сила што може да ја при-донесе фантазијата кога еднаш ќе се распламти. Кога артилеријата одѕвонува во планините, тринаесетгодиπната Матилда и нејзините со-ученици се воодушевени од авантурите на младиот сирак по име Пип, во градот Лондон, град чии контури стануваат пореални од нивниот уништен пејзаж. Како што вели г. Вотс, „Лице, кое е воодушевено од книга, едноставно заборава да дише“. Наскоро доаѓаат другите селани, на почетокот заплашени, а на крајот поттикнати да ги споде-луваат своите приказни, со што ја оживуваат богатата митологија на своето минато. Ама, на опустошеното место, каде што дури и децата се принудени да живеат од нивната мудрост, а дневното преживување е единствената цел, фантазијата може да биде опасна работа.

BeznadeænoKolin Huvermeka korica | 352 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-701-9 | 600 mkd.

Лажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Приказна навидум безнадежна за сред-бата помеѓу двајца млади луѓе која ќе Ве врати во времето на Вашата прва љубов.

10

SERI

JAL

Dvete mrtvi devojËiwaStiven Kingmeka korica | 88 str. | 120h210 mm. | ISBN 978-608-229-641-8 | 100 mkd.

Две сестри – лика и прилика на невиност. Никој, па дури ни човекот кој ги уби, не може да ја објасни нивната свирепа смрт. Но, Џон Кофи е на прагот да проникне во суштината на својот живот во затвор, но и во човекот кој ќе го испрати на патот по Зелената Милја... до судби-ната...

GluvËeto na MiljataStiven Kingmeka korica | 88 str. | 120h210 mm. | ISBN 978-608-229-642-5 | 100 mkd.

Затворот Ладна Гора бил дом на многу измачени души. Во Блок Е, каде што електричниот стол чека на оние што мораат да ја платат најскапата цена, престојуваат оние проколнати од сите. А тука, не е секое зло зад решетките. Понекогаш носи пиштол и значка. Ладна Гора е место на проколнатите, но може да биде и место каде што спасението доаѓа од најнеочекуваното место.

ROMAN VO ©EST DELA

Ништо од тоа што сте го прочитале досега не може да ве подготви за најсмелото патешествие низ ужасот на Стивен Кинг како романот во шест дела што почнува- во затворскиот оддел за осудениците на смрт и ги разрива најгрозните тајни од човековото срце.

Подгответе се да искусите како највозбудливата приказна на сите времиња се разврзува со наплив од чудо и восхит.

Ова е најнеодоливото патешествие на Стивен Кинг.

Во соработка со

11

SERI

JALDlankite na Kofi

Stiven Kingmeka korica | 88 str. | 120h210 mm. | ISBN 978-608-229-643-2 | 100 mkd.

Добредојдовте назад во Блок Е, на најсмртоносното место на оваа страна од електричниот стол, каде што опасностите демнат од секој ќош, а чудата само што не се случиле. Пол Еџкомб станува сè пољу-бопитен за Џон Кофи, бруталниот убиец на две девојчиња. Но Кофи само што не открил нешто неверојатно што засекогаш ќе го промени животот на Зелената Милја.

Patuvawe vo noÊtaStiven Kingmeka korica | 88 str. | 120h210 mm. | ISBN 978-608-229-645-6 | 100 mkd.

Судниот миг доаѓа во затворот Ладна Гора. Пол Еџкомб презема ог-ромен ризик, во кој влогот е голем, а последиците - смртоносни. Тој и неговите колеги-чувари го изнесуваат осудениот убиец Џон Кофи од блокот со осуденици на смртна казна и го носат во ноќта до постелата на една жена која се превртува од болка. Таму конечно ќе дознаат дали овој човек-планина е чудотворец или чудовиште...

Kofi na MiljataStiven Kingmeka korica | 120 str. | 120h210 mm. | ISBN 978-608-229-646-3 | 100 mkd.

Низ годините, во затворот Ладна Гора многумина ја имаат дочекано сопствената смрт. Редот е на Џон Кофи за последен пат да зачекори по Зелената Милја. И иако затворскиот чувар Пол Еџкомб знае нешто чудесно за својот затвореник, може да биде предоцна за да го спаси. Него; а и себеси. А можеби да се биде погубен е полесниот избор? Зошто животот со сиот негов товар, може да трае цела вечност.

Uæasnata smrt na Eduar DelakroaStiven Kingmeka korica | 88 str. | 120h210 mm. | ISBN 978-608-229-644-9 | 100 mkd.

Му дојде часот на еден од затворениците во затворот Ладна Гора. На ред е Едуар Делакроа да ја изоди последната Зелена Милја. Но пред тоа мора да се збогува и со чуварите и со останатите затвореници, како и со едно чудно животинче што му го има променето животот. Едуар не е ни свесен за грозната судбина и за пеколниот план за од-мазда што го очекува.

12

Вистинска и возбудлива приказна на претприемачот зад империјата „Вирџин”. Ричард Бренсон со свои зборови за својот живот и за личната филозофија на живеење.

Кога станува збор за бизнисот, но и за други нешта, сер Ричард Бренсон има едноставна филозофија: забавувај се најмногу што можеш – дури и ако тоа бара да ги прекршиш сите правила.

Автобиографијата на Ричард Бренсон е многу повеќе отколку само збир од записи и мемоари – таа е приказ на неговиот живот и на начинот на работа, кои се сè само не обични. Но, уште поважно, таа е и ултимативен деловен водич што ги открива неговата уникатна филозофија на тргување, извонредниот успех и неговиот живот.

BIO

GRAF

II

/ L

ID

ERST

VO

KAKO JA iZGuBiVneVinOstA:AVTORiziRANA BiOGRAFiJA

RiËard Brenson

meka korica | 576 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-663-0 | 550 mkd.

„ Ве фаќа уште од првата страница и не ве остава до самиот крај... прочитајте што го мотивира овој брилијантен и вреден човек.” СПЕКТАТОР

„ Искрен и хумористичен.” ТАЈМС

„ Неверојатен човек, а ова е неверојатна автобиографија... Одлично дело за читање - секс, балони, интрига и пари.” САНДЕЈ БИЗНИС

„ Бренсон си ја разголува душата - и сè останато - во еден небелетристички блокбастер... Задолжителна литература за читање.” БИЗНИС ЕЈЏ

13

BIO

GRAF

II

/ L

ID

ERST

VO

Џејмс Хант и Ники Лауда дефинираа цела една Формула 1 епоха во 70-тите години на минатиот век. Нивната битка на Светското првенство во 1976 се смета за една од највозбудливите и најдраматичните во историјата на спортот. Ова е приказна за таа сезона; но и многу повеќе. Легендарното враќање на Лауда по речиси смртните повреди и титулата на Хант носат една сосема нова генерација на следбеници кои претходно биле имуни на спортот. Плејбојот и стаорецот повторно ја оживува таа приказна, од нивните амбициозни почетоци до кулминацијата на нивните соништа. И многу повеќе.

pleJBOJOt i stAOreCOt:PRiKAzNA zA XEJMS HANTi NiKi LAuDA

Roj Kali

tvrda korica | 216 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-640-1 | 200 mkd.

Vo sorabotka so

Инспиративната приказна на, според многумина, најголемиот менаџер на сите времиња. Пре-глед на неговите скромни почетоци, неколкуте „мрачни години“ без титула на клупата на Јунајтед, дострелите на Генерацијата '92 предводена од Гигс, Сколс, Невил, Бат и Бекам, потпишувањето со Кристијано Роналдо и Вејн Руни, ривалството со Венгер и Бенитез, обо-страната почит со Жозе Мурињо - сè до возбудливиот проштален натпревар со Вест Бромвич на крајот од минатата сезона.

AleKs FerGusOn:MOJATA AVTOBiOGRAFiJA

Aleks Ferguson

meka korica | 376 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-700-2 | 700 mkd.

14

Се омажи за братот на Осама Бин Ладин пред точно 40 години. Сега се осмели да ја рас-каже својата приказна.

Овој интернационален бестселер е шокантен приказ за тоа како е да се биде жена во Саудиска Арабија во денешно време. Кармен Бин Ладин го тргна превезот за да ја открие приказната за семејството Бин Ладен во една од најтаинствените, најмоќните и најрепре-сивни земји во светот.

BIO

GRAF

II

/ L

ID

ERST

VO

mOJOt ÆiVOt VOsemeJstVOtO Bin lADen

Karmen Bin Ladin

meka korica | 198 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-632-6 | 330 mkd.

При потпишувањето со издавачот за оваа автобиографија, Џулијан напишал: „Се надевам дека оваа книга ќе биде еден од документите што ќе ги поврзува нашите генерации. Во ова особено лично дело ја објаснувам нашата глобална борба за создавање на нов однос меѓу луѓето и нивните влади.” Она што следува е неавторизирана прва верзија – дел мемоари, дел манифест – што ја исполнува неговата замисла. Таа е полна со страст, провокативна и самоуверена, - исто како и нејзиниот автор.

XuliJAn AsAnÆ:NEAVTORiziRANAAVTOBiOGRAFiJA

Xulijan Asanæ

meka korica | 320 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-648-7 | 420 mkd.

15

Tajnite na inovaciite na Stiv XobsKarmin Galomeka korica | 256 str. | 117h190 mm. | ISBN 978-608-229-352-3 | 500 den.

Едноставна за „чекор по чекор“ програма на моќни алатки и на до-кажани техники, инспирирани од легендарните презентации на Стив Џобс. Овој пат Кармин Гало ги споделува најпознатите, најоригинал-ните и најефективните стратегии на извршниот директор на Епл, кои ја будат вистинската креативност и иновација.

Opra BiografijaKiti Kelitvrda korica | 579 str. | 117h190 mm. | ISBN 978-608-229-379-0 | 750 mkd.

Познатата авторка на биографии Кити Кели ни дава една неукрасена слика за животот на Опра, и тоа онаков каков што таа би сакала да биде прикажан: во сета негова суровост и убавина. Опра во светло во кое ја немаме видено досега.

Napred: Kako Starbaks se boreπe za negoviotæivot bez da ja izgubi svojata duπa Hauard ©ulcmeka korica | 360 str. | 135h215 mm. | ISBN 978-608-229-347-9 | 330 mkd.

Низ призмата на своето лично лидерско патување, со сите негови вртоглави подеми и агонизирачки падови, Хауард Шулц ја напиша, со болна искреност и со страст, најважната книга за лидерство и за промена на нашето време и за секоја генерација на лидери.

Sergej Brin i Leri Pejx: OsnovaËite na GuglStefani Samartino Mekfersonmeka korica | 112 str. | 145h216 mm. | ISBN 978-608-229-549-7 | 250 mkd.

USA TODAY, национален весник бр. 1, забележува, „Гугл се инфил-трирал во секојдневните животи на милиони луѓе“. Во 1996 година, Сергеј Брин и Лери Пејџ биле дипломирани студенти на УниверзитетотСтенфорд кога одлучиле да измислат нов начин за пребарувањеинформации на Глобалната мрежа. Нивниот технолошки проект нас-коро станал пребарувач и компанија. Името: Гугл.

BIO

GRAF

II

/ L

ID

ERST

VO

200

500

150

250

16

Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Марк Закер-берг, детето гениј, го напушта Харвард, за да го основа Фејсбук, гигант и социјална мрежа која го редефинира светот каков го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер што самиот го заработил своето богатство. Во светот; во историјата.

Момчето милијардер е детална колекција на Закерберговите мисли, изјави и предвиду-вања за иднината, исто како и туѓи увидувања за Закерберг и феноменот Фејсбук. Изва-дени од интервјуа, говори, допишувања и написи на Фејсбук, овие обелоденувачки изјави ја покажуваат сета брилијантност на „момчето под качулката”.

mOm»etO miliJArDer:MARK zAKERBERG SO SVOi zBOROVi

uredeno od Xorx Beam

meka korica | 160 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-665-4 | 330 mkd.

Паун во земјата на пингвините дава проникливи видувања во однос на проблематиката на креативноста и иновативноста на работното место – и тоа на мошне симпатичен начин. Користејќи го концептот на басна и следејќи ги авантурите на Перо Паунот и други егзо-тични птици кои се обидуваат да си најдат место под сонцето во Земјата на Пингвините, таа ни помага да видиме што може да се случи кога целосно и храбро се обидуваме да се изразиме во средина создадена од извршни директори и раководители кои на светот гледаат многу поинаку од нас.

pAun VO ZemJAtAnA pinGVinite

B. X. Galager Hejtli iVoren H. ©mit

meka korica | 184 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-685-2 | 300 mkd.

BIO

GRAF

II

/ L

ID

ERST

VO

200

17

LAU

REAT

I

Марч претставува историски роман чие дејство е сместено во раните денови на Американ-ската граѓанска војна. Главниот лик Роберт Марч е, всушност, отсутниот татко од романот на Луиза Меј Алкот - Мали женички. Тој го напушта Масачусетс и патува низ Вирџинија за да ги подучува пребеганите робови на плантажата на Етан Канинг. На почетокот од секое поглавје, Марч пишува писма до својата жена Марми и се труди секој збор да биде искрен и вистински, но истовремено сака и да ја поштеди својата сакана од болката и од страдањето на животот на Југот.

Романот личи на воен дневник, прикажувајќи како војната ја менува личноста. Емоциите из-разени во книгата се универзални, но тие се толку длабоко сместени во умот и во срцето на Марч, така што читателот развива емпатија кон него.

mAr»

Xeraldin Bruks

meka korica | 304 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-664-7 | 420 mkd.

Џан До е прогонуван син на изгубена мајка – пејачка која била „украдена“ во Пјонгјанг – и на влијателен татко кој ги води „Долгите утра“, работнички камп за сираци. Тука момчето за првпат ја вкусува моќта, избирајќи кои сираци ќе јадат први и кои ќе бидат испратени на физичка работа. Признат поради неговата лојалност и изострени инстинкти, Џан До им паѓа во очи на функционерите во државата. Тој напредува во хиерархијата и започнува патување од кое што нема враќање.

sinOt nA uprAVniKOtnA sirOpitAli©tetO

Adam Xonson

meka korica | 504 str. | 145h205 mm.ISBN 978-608-229-635-7 | 600 mkd.

18

Азбуката на мојот живот е роман во кој една напуштена жена минува низ најзначај-ните мигови од својот живот по азбучен редослед додека се обидува да се справи со паниката и неизвесноста предизвикана од исчекувањето на нејзиниот маж да се врати и да си ги собере парталите.

AZBuKAtA nA mOJOt ÆiVOt

Mirjana BobiÊ MojsiloviÊ

meka korica | 184 str. | 120h210 mm.ISBN 978-608-229-686-9 | 199 mkd.

ROM

AN

SI

Понекогаш дури и на Купидон му треба малку помош...

Виви Максвел ја води агенцијата „Купидон по порачка“ во Њујорк, која нуди уникатен сервис за изнајмување придружници. Кога богатата и згодна клиентка Ева Федерстон ќе им се об-рати за да и најдат придружник за зимската сезона во Менхетен, таа фрла око на најдобриот пријател на Виви, Себастијан Лоренс, познат како Бас. И Виви и Бас претходно се имаат изго-рено во љубовта и не ни помислувале дека нивната врска може да биде повеќе од платонска. Но, наметнувањето на Ева го освестува Бас, терајќи го да сфати дека е, всушност, вљубен во својата најдобра пријателка - Виви.

spletKArOt KupiDOn

Xina Ardito

meka korica | 96 str. | 120h210 mm. ISBN 978-608-229-667-8 | 199 mkd.

100

19

LI

TERA

MOD

ERN

AVtorniËni æeniMonika Pecmeka korica | 296 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-465-0 | 500 mkd.

Еднаш во годината, пет пријателки организираат заедничко пату-вање. Но оваа година сè е поинаку - Јудит тукушто стана вдовица... Хит-роман на германската авторка Моника Пец, напишан во лесен и комичен стил.

Sudniot denLuk Delismeka korica | 144 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-441-4 | 200 mkd.

Преку безбројните авантури со најразлични жени, авторот всушност зборува за неговата авантура при пишувањето, зборува за созда-вањето бесмртен израз вплетен помеѓу нежните женски тела...

GlasNikolson Bejkermeka korica | 120 str. | 145h205 mm. | iSBN 978-608-229-456-8 | 330 mkd.

Глас ја преработува мапата на територијата на сексот - осамен секс, телефонски, лирски, удобен и опасен. Тоа е еротски класик кој го става Николсон Бејкер во првите редови на најголемите американ-ски писатели. Ова е брилијантно смешен, перверзно нежен и технички еротски роман што фасцинира со неверојатна фикција.

Nenamireni dolgoviPiter Templmeka korica | 280 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-453-7 | 450 mkd.

Џек Ајриш, наплатувач на долгови, страстен фудбалски навивач и приправник, добива збунувачка порака од затвор од еден поранешен клиент, кој набрзо завршува мртов. Џек е вовлечен во истрага, која е опасна по живот и вклучува корупција, мрачни сексуални тајни, сом-нителни продажби на имот и убиство...

spletKArOt KupiDOn

Xina Ardito

meka korica | 96 str. | 120h210 mm. ISBN 978-608-229-667-8 | 199 mkd.

250

200

100

150

20

SOVR

EMEN

IC

I

Животот, според мислењето на анонимниот херој на романот, е гума за џвакање која го изгубила сиот свој вкус. Тој многу рано го допира дното бидејќи е еден од милионите не-вработени, кој нема ништо освен диплома од курс за кореспонденција, без никаква кариера на повидок. Неговиот единствен избор е да прифати здодевна позиција како продавач во маркет. Наскоро одлучува да си го одземе животот. Но, како?

„На крајот на триесеттите години од дваесеттиот век само неколку гратчиња во Чехословач-ка можеа да се пофалат со сопствен базен. Меѓу нив беше и Левице.” Историска приказна за три момчиња, една девојка и еден базен во специфичен историски контекст. Се случи на 1 септември (или некој друг ден).

se slu»inA prVi septemVri

Pavol Rankov

meka korica | 336 str. | 145h205 mm. ISBN 978-608-229-633-3 | 300 mkd.

150

prirA»niK ZAsAmOuni©tuVAWe

Exe Erdoguπ

meka korica | 144 str. | 145h205 mm. ISBN 978-608-229-647-0 | 200 mkd.

100

21

SOVR

EMEN

IC

I

Avgustaurπka Kriπer Grubarmeka korica | 212 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-448-3 | 330 mkd.

Грубар го опишува начинот на кој младите жени, идните мајки, се од-лучуваат за живот без препреки, за слободен живот. Таа ги препозна-ва своите животни гуруа преку средбите со своите животни учители во својата татковина, и преку нивните животни приказни доаѓа до сопствената приказна...

VqubuvawaHavier Mariasmeka korica | 401 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-463-6 | 500 mkd.

Марија Долс секој ден доаѓа на појадок во истата кафетерија, и секој ден ужива да набљудува една иста двојка која секојдневно ја повто-рува својата рутина. Еден ден двојката не доаѓа на појадок и таа е заинтригирана од нивното отсуство...

MakberXem Mumxumeka korica | 80 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-404-9 | 150 mkd.

Мухарем станува сираче во еден ден. Баба му го мрази и го обвинува за смртта на неговите родители, го чува заклучен и не му дозволува да излегува. Дури и тоалетот му се наоѓа во плакарот во истата соба. Неговата тетка и нејзиниот чирак го земаат Мухарем со себе сакајќи да го заштитат од баба му и да му овозможат слободен живот...

NoÊta na zelenata samovilaAjfer TunËmeka korica | 448 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-416-2 | 200 mkd.

Ноќта на зелената самовила е современ роман, пишуван во разгово-рен стил, во кој на извонреден начин е прикажано колку се безвредни надворешната убавина, интелигенцијата и чистата душа на секој млад човек ако покрај себе нема за пример пожртвувани и добри родители.

100

250

100

100

22

SOVR

EMEN

IC

I Div æivotNina Burauimeka korica | 158 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-540-4 | 420 mkd.

Алжир, 1979 година. Алија има 14 години и се навраќа на минатата година од нејзиниот живот, една година по исчезнувањето на нејзи-ниот другар од детството, Сами. За да не го заборави, таа пишува, се навраќа на местата кои ги поврзуваат, случките кои ги поминале во текот на годините...

Vistini za meneDebora Kej Dejvismeka korica | 152 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-520-6 | 200 mkd.

Едно обично претпладне во еден безимен град една безимена млада жена се наоѓа на своето работно место. Десет минути подоцна таа се наоѓа во подземниот паркинг каде што има секс со туѓинец. Што е она што ја тера да го направи ова? Како да го заборави? Ова се прашањата што младата жена си ги поставува додека размислува за своите еротски опсесии...

Stanicata AtoËaBen Lernermeka korica | 184 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-457-5 | 420 mkd.

Адам Гордон е американски поет кој добива стипендија во Мадрид. Но Гордон своето време го поминува читaјќи го Толстој, пушејќи ма-рихуана и набљудувајќи го сeто она што го опкружува... Романот е продлабочен приказ за преобразба на еден млад човек.

Propoved za padot na RimXerom Ferarimeka korica | 168 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-451-3 | 330 mkd.

Еден ден, Метју одеднаш решава да ги напушти студиите во Париз за да отвори и да води бар на Корзика, заедно со својот пријател од детството, Либеро. Во книгата е забележано бавното распаѓање на универзумот кој тие го создаваат околу барот, свет кој е навидум совршен и идеален...

200

200

100

150

23

Tiπina: MoÊta na introvertite vo svetkoj ne moæe da prestane da zboruvaSuzan Kejnmeka korica | 368 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-634-0 | 500 mkd.

Многу долго оние што природно се тивки, сериозни или чувствител-ни биле превидувани. Најгласните доминирале – дури и кога немале ништо да кажат.

Време е сите да слушнат. Време е да ја впрегнеме силата на интро-вертните. Време е за Тишина.

ZDRA

VJE

I Æ

IVO

T

Antikancer: Nov naËin na æivotd-r David Servan-©rajbermeka korica | 336 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-639-5 | 500 mkd.

Антиканцер е мешавина на трогателна автобиографска проза на ра-ционалист што мора да се соочи со можноста од блиска смрт, серио-зен научен труд на одговорен невролог чиј предмет на интерес станал неговиот сопствен мозок, лирски нежна исповед на еден сосема оби-чен човек соочен со ирационалноста на сопствената судбина.

Една од оние ретки книги во кои би можеле да најдете нешто многу повеќе од она што го очекувате и кои, сосема тивко и незабележливо, можат да ви го променат односот кон светот.

Novak –okoviÊ: Serviraj za pobedatvrda korica | 284 str. | 145h205 mm. | ISBN 978-608-229-606-7 | 300 mkd.

Во 2011 година Новак Ѓоковиќ ја оствари најдобрата натпревару-вачка сезона во историјата на тенисот: освои десет турнири, од кои три титули Гренд слем и оствари низа од 43 победи без пораз. А, само две години пред тоа, овој шампион, зачудувачки, едвај можеше да заврши турнир.

Како играчот кого дотогаш го мачеа болки, тешкотии со дишењето и повреди на теренот, одеднаш стана тенисер број 1 во светот? Одговорот е неверојатен - го смени начинот на исхрана.

Во книгата Сервирај за победа Ѓоковиќ раскажува како растел во Србија, земја разурната од војна, како се пробил меѓу најдобрите играчи во овој спорт. Потоа ни го открива начинот на исхрана што во целост го преобразил и го кренал на самиот врв.

200

24

SERI

JAL

„D

ISK

SVET

Ednakvi ritualiTeri PraËetmeka korica | 240 str. | 120h200 mm. | 350 mkd.

Последното нешто што волшебникот Барабан Труп го направи, пред Смртта да ја стави ковчестата рака на неговото рамо, беше да ја пренесе својата палка на моќ на осмиот син на некој си осми син. За несреќа, по неговите колеги во шовинистичкиот (да не велиме женомразечки) свет на магијата, пропушти да го провери полот на новороденчето...

MortTeri PraËetmeka korica | 240 str. | 120h200 mm. | 350 mkd.

Смртта доаѓа по сите нас. А кога ќе дојде по Морт, ќе му понуди работа. Откако ќе се увери дека смртта не е задолжителна, Морт прифаќа. Сепак, набрзо открива дека романтичниот копнеж не оди така едноставно со обврските на еден чирак кај Смртта...

Bojata na magijataTeri PraËetmeka korica | 240 str. | 120h200 mm. | ISBN 978-608-229-702-6 | 350 mkd.

На светот кој лежи на грбот на една џиновска желка (од непознат пол), започнува веселата, експлозивна, безобразно ексцентрична експедиција. Тука се алчниот, но неспособен волшебник Ринсвинд, наивниот турист чиј Багаж се движи на стотици симпатични мали ноџиња, змејовите кои постојат само ако веруваш во нив, и се раз-бира Работ на планетата ...

»udesna svetlinaTeri PraËetmeka korica | 240 str. | 120h200 mm. | 350 mkd.

Додека се движи кон, се чини, неизбежниот судир со злокобната црвена ѕвезда, Дисксветот има само еден можен спасител. За жал, тоа случајно е крајно неспособниот и кукавички волшебник наре-чен Ринсвинд, кој последен пат е виден како паѓа преку работ на светот...

VO nAJAVA

25

GRAF

I»K

I R

OM

AN

IDon KihotFlikstvrda korica | 136 str. | 165h235 mm. | ISBN 978-608-229-629-6 | 550 mkd.

Откриј го непријателот на време, половина победа е за тебе! Ова е приказна за незаборавните авантури на Витезот со Тажен Лик, Дон Кихот од Мириц. Современиот витез кој вози велосипед во придружба на новите пријатели е на мисија против старитe непријатели.

BokserotRajnhard Klajsttvrda korica | 200 str. | 165h235 mm. | ISBN 978-608-229-630-2 | 650 mkd.

Херцко Хафт немал ни 16 години кога за него започнал патот на страдањето во логорите на смртта, кој на крајот го довел до Аушвиц. За разонода на офицерите на СС, полскиот eвреин боксувал против другите затвореници – опкружен од нечовечност, насилство и смрт тој немал друг избор освен да победува.

Рајнхард Клајст ги прикажува вознемирувачките сеќавања од животот на Херцко Хафт во овој возбудлив и комплексен графички роман. Преку траумите во концентрационите логори, неговото драматично бегство и новиот почеток во САД, каде Хафт како професионален боксер ќе настапи и против легендарниот Роки Марчано, Боксерот ja портретира неверојатната приказна за една исклучителна човечка судбина.

FaustFlikstvrda korica | 96 str. | 165h235 mm. | ISBN 978-608-229-628-9 | 550 mkd.

Што прави Фауст денес? Каде се наоѓа и со какви компромиси се соочува? Современиот Фауст на Фликс е само една временска станица на оваа безвременска фигура.

26

Буденброкови - пропаст на една фамилија е хроника на едно богато трговско семејство, кое со голема упорност успева да стане моќно. Романот опфаќа четири генерации на семејството Буденброк, од стариот Џон, преку конзулот до сенаторот и неговиот син Хано. Ман го следи тоа семејство, кое достигнувајќи врв почнува да се распаѓа. Истовремено тука се ликовите и на другите браќа и сестри, нивните бракови и разводи, љубови и кавги. Прикажани се лих-варство, банкроти, финансиски тешкотии, со што романот не е само слика на едно семејство туку и на целата граѓанска Европа од крајот на 19 век.

Опишувајќи го пропаѓањето на граѓанското семејство, Ман употребил автентични податоци од животот во својот град, но и некои автобиографски моменти. Дејството е сместено во Либек, родниот град на Ман, и го следи постепениот пад на една богата и угледна трговска фамилија, низ неколку генерации, во 19 век. Во одредена мера, романот се базира и на неговиот живот и на фамилијата, но во прв ред е портретирањето на германското општество во 19 век. Од литературна гледна точка, романот е еден од најпознатите примери на пси-холошки, интроспективен реализам во германската книжевност и претставува премин кон симболизмот на 20 век.

YVeZDinA sVetsKAtA KniÆeVnOst

BuDenBrOKOVi

Tomas Man

tom 1meka korica | 352 str. | 135h200 mm.ISBN 978-608-229-654-8

tom 2meka korica | 316 str. | 135h200 mm.ISBN 978-608-229-655-5

Komplet: 600 den.

450

27

KomediiMoliermeka korica | 478 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-230-081-8 | 350 mkd.

Најголемиот комедиограф во светската литература, Жан-Батист По-клен, наречен Молиер, оставил зад себе еден импозантен опус од 34 театарски дела, од кои речиси половината и денес се прикажуваат на сцените ширум светот...

Boæestvenata komedijaDante Aligierimeka korica | 760 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-229-653-1 | 350 mkd.

Божествената комедија се смета за најистакнато дело на италијан-ската литература, како и едно од најголемите дела на светската литература. Ова дело овозможува тосканскиот дијалект, во кој и е пишувано, да се етаблира како стандардизиран италијански јазик. Имагинативната и алегорична претстава на задгробниот живот е кул-минација на средновековниот поглед на светот, прв и величенствен чекор во една помодерна интелектуална епоха...

Primerni noveliMigel de Servantes Saavedrameka korica | 494 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-230-044-3 | 350 mkd.

Освен Дон Кихот, опусот на Сервантес опфаќа и неколку други дела што претставуваат врвни литературни остварувања и неизбежен сег-мент од секој сериозен приказ на светската книжевност. Едно од тие дела е токму Примерни новели.

Æivotot e sonPedro Kalderon de la Barkameka korica | 122 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-230-083-2 | 100 mkd.

Сигизмунд, полски кнез, по налог на својот татко, кралот Басилио, од раѓање живее затворен поради пророштвото дека принцот ќе биде тиранин што ќе донесе само зло за својата земја. Воден од лошото претскажување, Басилио го фрла својот син-единец во зандана и го крие сè додека не стане маж...

280

YVEZ

DI

NA

SVE

TSKA

TA K

NI

ÆEV

NO

ST

28

YVEZ

DI

NA

SVE

TSKA

TA K

NI

ÆEV

NO

ST KoreniAleks Hejlimeka korica | 810 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-229-660-9 | 400 mkd.

Во романот Корени, Хејли раскажува за зародишот на ропството во Америка, тргнувајќи од животната приказна на својот предок Кајраба Кунта Кинте, кој како дете, во селото Џафур, се обучува да стане млад возрасен човек.

Æivotot na Glikel od HemelnGlikel fon Hemelnmeka korica | 192 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-229-659-3 | 400 mkd.

Гликел фон Хемелн била еврејска деловна жена чиј дневник ни овоз-можува да го осознаеме животот на германските Евреи во еврејско-то гето од крајот на 17 век и од почетокот на 18 век. Мемоарите се изворно напишани на јидиш и нивната примарна намена била да им послужат на нејзините наследници.

Tibetska kniga na mrtvitenepoznatmeka korica | 114 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-230-103-7 | 150 mkd.

Една од средишните идеи на будизмот е дека сето постоење е испол-нето со страдање во сите животни видови. Човечкиот живот е скапо-цен затоа што дава можност човекот да се ослободи од незнаењето, кое се пројавува како грабање за живот, иако тој не носи ништо освен страдање...

SatirikonPetronij Arbitermeka korica | 152 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-230-108-2 | 150 mkd.

Сатирикон по многу нешта е специфично, единствено и интригантно книжевно дело. Историјата на самиот пишан текст наликува на роман полн со пресврти, мистериозност и драматичност – фрагментиран во различни ракописи што биле откривани во различни периоди и на раз-лични локации.

320

320

29

YVEZ

DI

NA

SVE

TSKA

TA K

NI

ÆEV

NO

STLamarineniot baraban Ginter Gras

tom 1 meka korica | 322 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-229-598-5

tom 2 meka korica | 294 str. | 132h196 mm. | ISBN 978-608-229-590-9

Komplet: 700 den.

Едно од клучните дела на европскиот магичен реализам, Ламарине-ниот барабан на Нобеловецот Гинтер Грас е приказна за џуџето со посебен поглед на свет, вечниот тригодишен барабанџија, Оскар Ма-церат. Пародија и омаж на пикарскиот роман, овој наводен мемоар е брутално комичен осврт на една трагично брутална епоха.

Како ретко кое дело во историјата на литературата, Ламаринениот барабан наиде на уедначен прием и меѓу најшироката читателска публика и меѓу стручната критика. Неговата рецепција го направи делото бестселер, закитувајќи се со многу награди во текот на не-колку децении, при што како своевидна круна дојде и доделувањето на најпрестижната од сите, Нобеловата награда за литература во 1999 година.

Vo potraga po zagubenoto vreme tom 1Marsel Prustmeka korica | 372 str. | 132h196 mm. | ISBN 978-608-229-528-2 | 450 mkd.

Во многу аспекти, Во потрага по загубеното време е единствен роман: меѓу својата 37 и 51 година, ненадминатиот прозен стилист Марсел Пруст му дава смисла и уметничка форма на својот претходен живот, претворајќи ја минливоста на времето во вечноста на едно од најнезаборавните книжевни ремек-дела.

Vo potraga po zagubenoto vreme tom 2Marsel Prustmeka korica | 508 str. | 132h196 mm. | ISBN 978-608-229-586-2 | 450 mkd.

Во сенка на расцутените девојки е вториот дел на Во потрага по загубеното време, што раскажува приказна за разделувањето и созревањето. Во првиот дел од Во сенка на расцутените девојки, нараторот продолжува со сликање на својот портрет во млади години, неколку години наназад во минатото по случувањата во првиот дел од Во потрага по загубеното време.

550

386

386

30

YVEZ

DI

NA

SVE

TSKA

TA K

NI

ÆEV

NO

ST

Peewata na MaldororLotreamonmeka korica | 224 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-230-025-2 | 200 mkd.

Ниту едно поетско дело од XIX век не го содржи револтот во толку радикална и есенцијална мера како што се Пеењата на Малдорор на Лотреамон...

Sinovi i qubovniciDejvid H. Lorensmeka korica | 494 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-230-082-5 | 300 mkd.

Еден од најраните и најистакнати модернистички примери во свет-ската литература на книжевно вообличување на проблематиката на фројдовското поимање на сексуалноста, истовремено роман за љу-бовта и сексуалната привлечност меѓу половите и своевидна студија за Eдиповиот комплекс, но и реалистична анализа на општествената состојба во британските рударски региони во почетокот на XX век.

Sestrite MakiokaXunuËiro Tanizakimeka korica | 582 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-229-651-7 | 500 mkd.

Сестрите Макиока е една од најдобрите јапонски новели на 20 век. Во Осака, во годините непосредно пред Втората светска војна, четири аристократки се обидуваат да го зачуваат животот што исчезнува - портрет на семејните и општествени вредности и случувања од среди-ната на минатиот век.

TragiËno Ëuvstvuvawe na æivototMigel de unamunomeka korica | 278 str. | 135h200 mm. |ISBN 978-608-229-651-7 | 350 mkd.

„Вие ќе победите, зашто поседувате брутална сила. Но, никого нема да убедите...“ – вака, две недели пред смртта, ќе им се обрати Мигел де Унамуно на новите шпански фашистички власти. Во Трагичното чувствување на животот, големиот философ нежно нè убедува во духовната потреба од личен бог – со она што на фашистите им недос-тасувало: разум и право.

400

280

31

YVEZ

DI

NA

SVE

TSKA

TA K

NI

ÆEV

NO

ST

Tesna pateka kon vnatreπnostaHaikumeka korica | 172 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-229-652-4 | 200 mkd.

Додека бил жив, Мацуо Башо бил признат ренга-мајстор; три века по смртта, се смета за автор на најубавите хаикуа во историјата. Тесна патека кон внатрешноста е избор од неговото творештво, чија вда-хновеност и концизност ќе остави трага не само врз делата на Езра Паунд и Имажистите, туку, преку нив, и врз безмалку целата совре-мена поезија.

Mojot æivotBenvenuto »elinimeka korica | 410 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-229-591-6 | 350 mkd.

Италијанскиот златар, скулптор, сликар и музичар Бенвенуто Челини живее и твори во периодот на ренесансата, епоха во која инстинктот, чувствата, љубовта и ентузијазмот кон уметноста претставувале универ-зална вредност. Тоа е епоха во која се бијат страшни битки од името на славата на уметноста, во божјите храмови и во кралските палати, меѓу великаните како што се Микеланџело и Рафаело,Тицијан и Тинторето, Бандинели и Бенвенуто, и уште многу, многу други.

Stara hebrejska kniæevnost tom 1nepoznat avtormeka korica | 268 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-229-652-4 | 420 mkd.

Централна тема на оваа книга е божјата правда преку човековото страдање; кажано поедноставено: „Зошто праведните страдаат?“. Книга Јов е една од најголемите прозни поеми на минатите и на мо-дерните времиња. Не се неоспорни само нејзините литературните ква-литети, туку и комплексноста на теолошките прашања кои приказната несомнено ги поставува.

Egipetska kniga na mrtvite: Papirusot Aninepoznatmeka korica | 320 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-229-588-6 | 250 mkd.

Египетската книга на мртвите е екстраполација на текстот од нају-бавиот египетски погребен папирус – Папирусот на Ани. Повеќе од три милениуми по смртта на овој тебански писар, за прв пат на маке-донски се предаваат инкантациите и упатствата што некогаш требало да му помогнат нему и на Египќаните да го најдат патот низ Дуат до вечниот задгробен живот.

280

160

200

336

32

YVEZ

DI

NA

SVE

TSKA

TA K

NI

ÆEV

NO

ST

Quo vadisXenrik SjenkeviËmeka korica | 528 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-229-589-3 | 500 mkd.

Quo vadis? e роман на полскиот Нобеловец Хенрик Сјенкевич, еден од класиците на историската проза. Ситуиран за време на декадентниот Рим на Нерон, Quo vadis? во раскошен стил раскажува за почетокот на смртта на една голема империја и зачнувањето и првите чекори на една тогаш мала секта – христијанството.

Buvar i PekiπeGistav Flobermeka korica | 308 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-230-084-9 | 250 mkd.

Во ремек-делото на Гистав Флобер, Бувар и Пекише, двајца мар-гиналци-идеалисти, по професија писари во една административна канцеларија во Париз, се поврзуваат со заемно пријателство. Како резултат на наследството на едниот и на заштедите на другиот, тие решаваат да ги поминат своите последни денови на една фарма во Нормандија.

Gordost i predrasudiXejn Ostinmeka korica | 348 str. | 135h200 mm. | ISBN 978-608-229-650-0 | 350 mkd.

Приказната го следи животот на главниот карактер Елизабет Бенет, која се соочува со прашањата на манирите, воспитанието, моралот, етиката, образованието и бракот во англиското општество на крајот на 19 век.

Гордост и предрасуди е сè уште интересна за модерните читатели и се наоѓа на врвот на листите за најчитани книги.

280

400

33

101

MI

SLA

101 misla za vinototvrda korica | 268 str. | 100h140 mm. | ISBN 978-608-229-681-4 | 100 mkd.

Музиката е винотошто ја исполнува чашата на тишината.РОБЕРТ ФРИП

101 misla za qubovtatvrda korica | 122 str. | 100h140 mm. | ISBN 978-608-229-680-7 | 100 mkd.

Љубовта е единствената реалност,љубовта не е само чувство.Љубовта е единствената вистинаскриена во срцето на создавањето.РАБИНДРАНАТ ТАГОРЕ

101 misla za æenatatvrda korica | 268 str. | 100h140 mm. | ISBN 978-608-229-683-8 | 100 mkd.

Тој што посакува цел живот да има среќа со убава жена,сака да ужива во вкусот на винотосо тоа што постојано ќе го пие.ЏОРЏ БЕРНАРД ШО

101 misla za uspehottvrda korica | 268 str. | 100h140 mm. | ISBN 978-608-229-682-1 | 100 mkd.

Општо познато е дека за да успеешпотребно е да си несвесен за фактотдека она што сакаш да го постигнеш е невозможно.ТЕРИ ПРАЧЕТ

34

KNI

GI Z

A P

ODA

ROK

Dietite go oπtetuvaat mozokot: Kako da izgubite kilogrami, a da ne go izgubite i pametotBredli Trevor Grivtvrda korica | 144 str. | 135h135 mm. | ISBN 978-608-229-690-6 | 199 mkd.

Дали слабите луѓе се посреќни, попаметни или поуспешни од дебе-лите? Не, веројатно не се. Со сигурност го знаеме само тоа дека тие полесно се провлекуваат низ тесните премини.

Troπka hrabrostBredli Trevor Grivtvrda korica | 120 str. | 135h135 mm. | ISBN 978-608-229-687-6 | 199 mkd.

Иако во животот има помалку паѓања од успеси, тие сепак се тука. Единствениот начин да се соочите со нив е да бидете храбри, и при-тоа, не мислиме на блефирање, дуење или стап во грбот, туку на вистинската храброст.

Kniga za doædliv denBredli Trevor Grivtvrda korica | 112 str. | 135h135 mm. | ISBN 978-608-229-688-3 | 199 mkd.

Прекрасна збирка на весели и емотивни фотографии со животни, со инспиративен текст, составен за да го крене расположението на некој кој е тажен. Секој кој има усни ќе се насмее до крајот на оваа книга. Тоа ви го ветуваме.

Ednostavna vistina za qubovtaBredli Trevor Grivtvrda korica | 144 str. | 135h135 mm. | ISBN 978-608-229-689-0 | 199 mkd.

Што уште останало недоречено во врска со љубовта? Дозволете му на Бредли Тревор Грив да ги сумира вековните обиди да се истражи ова, на сите нам познато, чувство и ви ја објасни самата суштина на љубовта, на начин кој ќе ви го допре срцето.

POSETETE NÈNA INTERNET!Za internet poraËki, kako i

za proverka na posledniteaæurirani informacii,

zalihi i ceni, posetete nèna naπata veb stranica

36

Ars libris

Adresa: Sv. Kiril i Metodij 50 (VI kat) 1000 Skopje, Makedonijaа

Telefon: +389 2 322 55 16

Faks: +389 2 329 86 95

[email protected] [email protected]

lOKACiJA:

Ars libris