Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

88
Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локални избори 2013-2017 НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! ВАСИЛ ПИШЕВ

Upload: cyril-z

Post on 12-Mar-2016

244 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Струмица ! Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локални избори 2013-2017.

TRANSCRIPT

Page 1: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

Изборна програмана ВМРО-ДПМНЕ

за локални избори

2013-2017

НОВИ ДЕЛАЗА НОВ НАПРЕДОК,

НОВИ ДЕЛАЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА!

ВАСИЛ ПИШЕВ

Page 2: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017
Page 3: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

Ф Е В Р У А Р И 2 0 1 3

Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ОПШТИНА СТРУМИЦА2013-2017

Page 4: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 5: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 5

6 А. ВОВЕД7 I. ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

9 II. ОБРАЌАЊЕ НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

11 Б. ПОЛИТИКИ И ВИЗИИ ЗА РАЗВОЈОТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

15 В. ПРОГРАМА15 I. ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

23 II. ЗЕМЈОДЕЛСТВО

29 III. ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

35 IV. СПОРТ И МЛАДИ

43 V. ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ

47 VI. УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

51 VII. КОМУНАЛНИ РАБОТИ

59 VIII. ТУРИЗАМ

63 IX. КУЛТУРА

69 X. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

71 XI. БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

75 XII. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

81 XIII. ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

85 XIV. ТРАНСПОРТ

Page 6: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 7: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 7

I. ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани,

Изборите се врвно демократско право. Тие се празник за демократијата, можност граѓаните давајќи го својот глас да ја креираат својата иднина. Секој од вас ја има мож-носта за избор. Иако некој сака да ги потцени овие ло-кални избори, тоа не е така, таквиот пристап не е прави-лен ниту, пак, има оправдување. Токму од вашата одлука ќе зависи за каква иднина ќе се решите и во какво место сакате да живеете. Изборот не е никогаш едноставен, ниту лесен, но тој е препознатлив и е секогаш резултат на промислено и мудро однесување. Во изминатите четири години максимално се вложивме за изградба на совреме-

ни општини. Нашата цел беше да ги придвижиме работите, да почне да се решаваат напластените проблеми со кои се соочуваа граѓаните преку вложување во инфра-структурата, изградба на патишта, водоводна и канализациска мрежа, решавање на сообраќајниот хаос. Нашата цел беше облагородување на просторот со нови пар-кови, шеталишта, спортски терени, забавни паркови за најмладите, со содржини за народот и за неговите потреби, за секој дел од населението. Создаваме повеќе прос-тор каде што нашите деца безгрижно ќе растат и ќе се развиваат, ќе напредуваат и ќе остваруваат успеси во својот живот. Јас, искрено, верувам дека секој од вас го препознава тој чесен и одговорен пристап кон работата. Знам дека има и уште многу да се работи, но работите се придвижија и ние го вложуваме секој атом од својата сила за да овозможиме натамошен прогрес. Секој од вас е одговорен пред самиот себе и пред своето семејство. И знам дека го посакувате најдоброто. На локалните избори што ни претстојат ја имате можноста за избор, да ги поддржите напредокот и развојот. Директно да донесете одлука за тоа во какво место сакате да живеете.

Ние не ветуваме дека преку ноќ ќе направиме чуда, но тоа што го ветуваме го испол-нуваме, со напорна и посветена работа, со беспоштедно вложување во решавањето на проблемите на граѓаните. Ние не говориме за измислени работи, туку за конкрет-ни проекти, голем дел од нив предложени од самите граѓани, видливи, со прецизна динамика на нивна реализација, со рокови кон кои се обврзуваме. Така ќе биде и овој пат. Тоа е тоа што нè прави поинакви од другите. Оценувајте нè според тоа што го имаме во нашите програми, кои се реален одраз на потребите на граѓаните. Дадени-от збор за нас е закон. Нашата вредност, во која јас цврсто и непоколебливо верувам, е ветеното. Од овој принцип нема отстапување ниту милиметар. Ние сè што ветуваме го има во нашите програми. Програмите што ви ги нудиме се такви какви што им се потребни на граѓаните. Вие може да ги видите и оцените и, тоа што е најбитно, да знаете дека тоа што го има во нив ќе се оствари затоа што сме докажале дека ние реализираме. Тие се нашата визија за развој на местото во кое живеете. Таа визија е гаранцијата за развој, визија што е преточена во стотици конкретни проекти, кои треба да се реализираат.

Јас не сум човек што ветува сè и сешто. Дадениот збор е голема работа. Од него нема отстапки ниту колебања. Тоа е тоа што јас го барам и од моите соработници, тоа е тоа што ќе го барам и од кандидатот за градоначалник, за кој при одлуката за избор

Page 8: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

беше пресудно тој да биде чесен и одговорен човек, да ги споделува вредностите на нашата работа и да си стои не ветеното. Тие личности што се кандидати на овие избори, а кои и досега беа градоначалници, направија конкретни работи што го по-добрија секојдневието, а тие што се кандидираат за првпат имаат богато професио-нално и лично искуство и сработени проекти во нивната кариера што е гаранција за нови резултати и токму овој личен кредибилитет на кандидатите беше значаен услов за да се здобијат со партиската поддршка затоа што тие мора да постапуваат во согласност со нашите вредности, кои по секоја цена ги браниме и од кои не от-стапуваме, а тоа се искреноста, чесноста, работливоста, посветеноста и блискоста со народот. Можам да ви ветам дека нивната главна задача ќе биде да го реализи-раат тоа што е во програмите, а моја главна цел ќе биде постојано и постојано да ги потсетувам на обврските што ги преземале спрема граѓаните и да обезбедам да ги исполнат ветувањата што ги дале.

Во оваа програма ќе видите многу проекти што ќе го разубават вашето место, од секоја сфера на општественото живеење, а што е во рамките на финансиските мож-ности. Разгледајте ги внимателно и увидете што сè ќе се подобри и унапреди во ва-шата општина. Тоа ќе биде направено. Сакам да нагласам дека во идниот период стратегиски ќе се фокусираме на отворање нови работни места со учество на општи-ната, на отворање нови општински развојни зони во кои ќе може да се отвораат нови фабрики и капацитети, кои ќе носат нови вработувања, на можности за искористу-вање на природните ресурси за отворање капацитети во кои ќе се вработуваат луѓе, на поддршка на приватната иницијатива и развој на бизнисот, за што Владата, како ѝ досега, ќе дава огромна поддршка. Ќе се осврнеме и на инфраструктурните проекти од секој вид, кои ќе ги модернизираат општините и ќе го променат ликот на местото во кое живеете градејќи го во модерно европско населено место, а посебно ќе се фокусираме на новите можности и мерки за обезбедување домови за населението, за нови населби во кои земјиштето ќе може да се откупува по поволна цена и да се градат домови за семејствата, таму каде што е тоа изводливо и каде што има потре-ба, односно побарувачка.

Драги пријатели,

Во изминатите четири години покажавме дека успесите се достижни, понекогаш за нив треба труд и време, но кога се работи се постигнуваат резултати и, допол-нително, успесите се поголеми кога се заслужени. Покажавме дека со заеднички сили, Владата, општините и, пред сè, граѓаните знаат како, и знаат да имаат успех. Во период кога треба да продолжиме уште посилно, соочени со предизвиците на новото време, со европската должничка криза и предизвиците во евроинтеграци-ите, ние треба обединети и сплотени да ги збиеме своите редови и да продолжиме со создавањето нови дела и вредности, кои се трајни и се за народот и кои се наш најдобар одговор. Да продолжиме да чекориме по патот на успехот и да постигнеме нови достигнувања за нас и за нашите семејства, за нашата држава Република Маке-донија. Тоа е влогот на нашата генерација за кој сум сигурен дека ќе го исполниме. Со мудрост, со чесност и со работа.

Со почит,Никола Груевски

претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Page 9: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 9

II. ОБРАЌАЊЕ НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

Вашата доверба и поддршката што ни ги покажавте во изминатиов период придонесе да добиеме голем број Ваши идеи и предлози кои станаа дел од нашата про-грама. Во подготвувањето на овој документ ги зедовме предвид сугестиите на струмичките стручни лица од сите области, на видните стопанственици, на здруже-нијата, на уметниците, на спортистите, на останатите ценети граѓани докажани со своето искуство.

Приоритет ни е Струмица да добие технолошко-индус-триска развојна зона каде ќе овозможиме реални и го-леми странски инвестиции. На струмичкото стопанство

му е неопходен реален урбанистички план. Со нашите иселеници ќе формираме бизнис-клуб со цел да им овозможиме полесно да инвестираат во Струмица. Ќе из-градиме гасовод со кој ќе го поддржиме развојот на стопанството и ќе го олесниме животот на домаќинствата. Ова е сигурен начин за решавање на најгорливиот про-блем во нашата општина - невработеноста и миграцијата на младите.

Општината Струмица е надалеку прочуен производител на храна. Ќе изградиме агроберза и саем на земјоделски производи. Ќе изградиме нов отворен градски пазар со површина од 30.000 квадратни метри и ќе го уредиме кванташкиот пазар во Струмица. Ќе изградиме центар за производство на расад преку јавно-приватно партнерство. Изградбата на системот за наводнување на браната на Маркова Река ќе овозможи квалитетно наводнување и зголемување на количините и квалитетот на раноградинарското производство.

Населените места ќе се урбанизираат преку рамномерна распределба на средства-та од буџетот, преку изградба на локални патишта, мрежа за водоснабдување, дет-ски градинки, паркови и преку одржување разни манифестации.

Да инвестираме во предучилишните установи, да ги унапредиме дисперзираните студии и да изградиме студентски дом и градска читална. Да инвестираме повеќе во спортот, да направиме катастар на спортски објекти, да изградиме нови игралишта и спортски школи. Нашата гордост Фудбалскиот клуб Беласица да го внесеме во првата лига!

Струмица е културен центар, расадник на таленти од национален и меѓународен ка-рактер. Струмица ќе го зачува духот на Старата струмичка чаршија и ќе добие кино-сала, спомен-домови и обележја на најзаслужните. По три децении ветувања и одла-гања, уште во текот на оваа година Стариот струмички театар ќе започне со изградба и уметниците ќе добијат модерен објект, достоен за врвни културни достигнувања.

Да посветиме внимание на традиционалните вредности карактеристични за нашата општина и силно да се заземеме за оние групи кои имаат потреба од нас како со-граѓани со цел духовно да се унапредиме како заедница.

Со почит, Васил Пишев

Page 10: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 11: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 11

Во изминатите четири години бевме исправени пред многу предизвици за модер-низација на општините. Во четиригодишниот период, Владата на Република Ма-кедонија спроведе амбициозна реформска агенда и доследно и посветено ги ре-ализираше ветените проекти во сите области значајни за локалната самоуправа.

Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години резултираа со напредок во развојот на локалната самоуправа, што придонесе 99% од општините да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација.

Владата на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ не стои само на ветувања за финансиска поддршка на општините. Општините добија повеќе сред-ства со кои управуваат на пофлексибилен начин. Зголемен е обемот на транс-фери и дотации во областа на образованието, културата, социјалната заштита и противпожарната заштита. Покрај издвојувањето на 3% од средствата од персо-налниот данок на доход, како ниту една друга влада досега, ВМРО-ДПМНЕ одвои 50% повеќе средства од ДДВ за општините, односно од 3% на 4,5% од прибраните приходи од данокот на додадена вредност. Со тоа голем дел од данокот платен од граѓаните повторно се враќа директно во буџетот на локалната самоуправа за да се користи за локални проекти и потреби.

На полето на образованието, основните и средните училишта веќе целосно се на-оѓаат во комплетна надлежност на локалните власти. Денес граѓаните самостојно одлучуваат за образованието на нивните деца, водејќи се од сопствените потреби и приоритети. Навременото исполнување на финансиските обврски ја прави Вла-дата на Република Македонија партнер во остварувањето на заедничките цели – современо и квалитетно образование. Покрај основните образовни потреби, Владата се грижи за секој ученик поединечно, со обезбедување на бесплатни учебници најдоцна до први септември, бесплатен пристап до Интернет, компју-тери во образованието, се грижи градејќи спортски сали и терени и друго. Како никогаш досега, учениците имаат можност за високо образование на некој од но-воотворените факултети или дисперзирани студии, по завршувањето на средното училиште.

Во сферата на социјалната грижа и заштита успешно е совладана првата фаза од децентрализацијата: грижата за најмладите и највозрасните членови на нашата заедница сега целосно е во надлежност на општините.

Тука не запираме!

Со крупни чекори во изминатите четири години се спроведе децентрализација и во областа на културата. Не дозволивме да се препуштат на заборавот нашата традиција и славното минато. Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ се погрижи да има доволно средства за финансирање на бројни културни манифестации, проекти за зачувување на фолклорот и народното па-метење... 

Page 12: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано ги поддржува напорите на општините за поттикнување на локалниот развој. Проек-тот за модернизација на локалните и регионалните патишта е само еден од нив. Во многу блиска иднина, побрзо и побезбедно ќе се одвива сообраќајот, што ќе ги олесни нашите секојдневни потреби, а особено потребите на локалниот бизнис. Подобрувањето на инфраструктурата со средства од Владата во многу општини беше и останува еден од главните приоритети. 

Во иднина продолжуваме со работа и понатаму посветени на развојот на локал-ната самоуправа преку заокружување на процесот на децентрализација и поли-тиката на рамномерен регионален развој низ целата држава со цел надминување на развојните диспаритети. Тоа значи поголема самостојност и одговорност на локалните власти и поголема вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки за прашања што се од суштинско значење за нив.

Фискалната децентрализација бележи напредок во последните пет години, од аспект на зголемување на капацитетите на општините за собирање и менаџирање на локалните даноци и такси, на грантовите од централната власт, како и зголе-мување на изворите на финансирање по основа на концесии, продажба на др-жавно градежно земјиште и друго. Така, успеавме да ја подобриме наплатата на даноците од имот за повеќе од 50% на ниво на Република Македонија, со што сега можеме да финансираме идни проекти од локално значење.

Општините денес, по четиригодишното успешно зајакнување на фискалната ав-тономија, се самостојни во одлучувањето и распределбата на општинските фи-нансиски средства. Секоја општина сама одлучува за финансирање на локалните приоритети, според желбите и искажаните сугестии од Вас, граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 1 јули 2011 година го даде правото на управување со државно градежно земјиште на општините. За нас, управувањето со градежното земјиште е одговорност кон идните генерации, со што се  отвора патот за реализација на нови инвестиции и подобрување на економската благо-состојба.

Искрениот и партнерски однос на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ при пренесувањето на надлежности и финансиското зајакну-вање на општините е препознатлив во низа други чекори, кои ги презеде таа.

Согласно со економската програма на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години ќе се реализира проектот “Поволни заеми за општините“. Со него ќе се обезбедат поволни кредити за општините наменети за подобрување на општинските услуги и услови за спроведување на дополнително финансирање со општински обврз-ници. Ќе се обезбедат финансиски средства за низа капитални проекти за кои граѓаните и локалната бизнис заедница имаат голема потреба.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со иницирање на дополнителни мерки за унапреду-вање на развојот на локалната самоуправа што несомнено ќе придонесе кон соз-давање услови за економски, културен и социјален напредок на општините, како и за зацврстување на демократијата воопшто.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена на соработката меѓу централната и локалната власт и соработката меѓу општините како услов за обезбедување поквалитетни и поекономични услуги за граѓаните, но и соработката во подготовка на заеднички

Page 13: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 13

проекти кои ќе бидат конкурентни во обезбедувањето на средства од фондовите на Европската унија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на спроведување конкретни мерки за поттикнување на локалниот економски развој преку кој би се подобрил квалитетот на живеење во општините. Со тоа ќе се обезбеди поголема финансиска стабилност на опш-тините, намалување на диспаритетите во планските региони, поттикнување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво и воспоставување на партнерства како помеѓу општините така и помеѓу општините и граѓанскиот сектор.

Како и досега, ВМРО-ДПМНЕ во остварувањето на својата програма на локално ниво целосно и недвосмислено ќе се води од принципите на одговорност, чесност и транспарентност во работата. Транспарентноста и отчетноста на органите на општините се препознаени како основни начела во работењето.

Бевме, сме и ќе бидеме во постојана комуникација со Вас. Вложен е огромен на-пор да се излезе во пресрет на приоритетните општински потреби. Но, тука не за-стануваме, сакаме да внесеме што поголема демократија и свежина во локалното одлучување.

Денес во нашата општина е отфрлен стереотипниот начин на одлучување во канцеларии и кабинети. Локалните претставници се секојдневно на терен меѓу Вас, граѓаните, спроведувајќи една од најдобрите светски практики за подобру-вање на распределбата на локалните буџетски средства. Тоа е партиципативното буџетирање. Со него СИТЕ граѓани имаат еднакви можности да бидат вклучени во одлучувањето за намената на општинските финансии. Преку партиципативно-то одлучување, граѓанинот го добива местото кое го заслужувал отсекогаш: тој е централна клетка, од која поаѓаат и се разменуваат информации меѓу креаторите на локалната политика и корисниците на услугите.

За сето она што е ветено, остварено, потрошено, општините полагаат и ќе пола-гаат отчет, но не само пред централната власт, туку многу поважно, пред ВАС, граѓаните. Тоа се врши на најтранспарентен начин, при што секој може бесплатно да пристапи кон информациите за донесените одлуки, акти и буџети.

Општините во Република Македонија, предводени од градоначалниците од редо-вите на ВМРО-ДПМНЕ, покажаа дека со ентузијазам и посветеност се постигнува-ат резултати, кои граѓаните високо ги ценат и вреднуваат.

Горди сме на постигнатото, но имаме уште многу идеи и иницијативи кои ќе ги оствариме со Ваша помош.

Ни претставува чест и задоволство во продолжение да Ви ги претставиме нашите поединечни проекти и програми.

Page 14: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 15: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 15

I. ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Локалниот развој претставува релативно широк концепт кој најдобро би мо-жел да се дефинира како процес, низ кој одреден број институции и граѓани, лоцирани во општина Струмица се мобилизираат со цел да ги поттикнат, да ги создадат и да ги стабилизираат сопствените активности, со едновремена максимизација на користењето на ресурсите со кои располага општината Струмица.

Успехот на општеството денес зависи од способноста на локалните среди-ни да се прилагодуваат на брзите промени во светот и во способноста да ја зајакнат сопствената конкурентност. Поради тоа, за економско јакнење на Македонија потребно е економско зајакнување на локалните средини и креирање услови граѓаните на целата територија на државата да ги реали-зираат своите потенцијали и капацитети. Создавајќи и творејќи граѓаните ќе го подобрат квалитетот на живеење и ќе придонесат локалните заедници да бидат привлечни места за живеење за генерациите што доаѓаат.

За подобрување на конкурентноста, главниот импулс за економски раст мора да произлезе од приватниот сектор, затоа што само тој може да соз-даде економска благосостојба и нови работни места на долг рок. Но секако, приватните субјекти зависат од поволностите за водење бизнис, односно од условите што ќе ги обезбеди власта за нив. Со добивање на вашата доверба, новата локална власт на општината Струмица предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со Владата на Република Македонија во наредниот период ќе биде силно фокусирана на локалниот економски развој и градење партнер-ство со бизнисот за остварување на интересите на граѓаните.

За развојот на стопанството во општината Струмица, особено значајно ме-сто ќе заземаат стимулациите на приватниот сектор, олеснувањата што но-вата локална власт ќе ги овозможи на бизнис-секторот, како и поттикнување на истиот да се развива со зголемена динамика и правци, кон кои тежнеат сите европски земји.

Општината Струмица ќе ги направи сите потребни чекори, да овозможи ус-лови и можности за брз и модерен начин на развивање на стопанството, со цел да биде современа економска општина.

Page 16: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Основна заложба во новиот мандат ќе биде грижата за:

1. Развој и ревитализирање на постојните и создавање на нови економски ка-пацитети преку поддршка при формирање на мали и средни претпријатија;

2. Создавање работни места преку привлекување на странски и домашни ин-вестиции;

3. Креирање на стратегија за одржлив економски развој;

4. Поддршка на земјоделците и сточарите за производство на здрава храна;

5. Подобрување на постојната и изградба на нова инфраструктура;

6. Соработката со бизнис-заедницата и со граѓанските здруженија и нивно вк-лучување во процесите на локалниот економски развој.

БИЗНИС-КЛИМА

За подобрување на бизнис-климата ќе продолжиме со подигнување на ква-литетот на услугите за фирмите и граѓаните, при што, ќе се залагаме да се зголеми бројот на е-услуги кои ги нуди општината. Брзината и ефикасноста ќе бидат приоритет на општинската администрација при давањето инфор-мации за градежно земјиште, потенцијални локации за инвестирање и из-градба на објекти, издавање на дозволи за работа и градба, регистрација на фирмите и сл.

За подобрување на бизнис-климата, во новиот мандат ќе ги реализираме следните проекти и активности:

Проект Стимулации за инвеститорите преку намалување на комуналните такси за изградба на нови производствени погониНа инвеститорите што ќе изградат нови капацитети и ќе отворат нови ра-ботни места во Струмица, општината ќе им излезе во пресрет со изработка на локална планска урбанистичка документација за реализација на нивните проекти. Во зависност од големината на инвестициите и бројот на работ-ни места што ќе се отворат ќе предвидиме делумно ослободување од ко-муналните давачки. Ваквата стимулација ќе биде одобрена од страна на општината Струмица на инвеститорот при што, покрај потребната техничка документација за градба, ќе се земат предвид и бизнис-планот за новиот производствен погон, висината на инвестицијата, бројот на нови вработени, користењето на суровини од домашно локално потекло, големината на па-зарот, процентот на извоз, производството на готов или полуготов производ, воведувањето на нова технологија, како и еколошките аспекти на новиот производствен погон.

Рок за реализација: 2013-2017.

Проект Обуки за преквалификација и доквалификација во соработка со ин-дустриски капацитетиЌе се анализираат податоците за структурата на невработени лица во општината Струмица, како и потребите на фирмите за ангажирање работни-

Page 17: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 17

ци. Во соработка со стопанскиот сектор од Струмица ќе ги идентификуваме локалните потреби за работна сила со цел да се задоволи побарувачката на пазарот на труд. За оние слободни работни места за кои нема доволно квалификувани работници, општината Струмица со поддршка од донатори и од Агенцијата за вработување ќе организира обуки за преквалификација и доквалификација на возрасни невработени лица. Исто така, инвеститорите кои ќе решат да изградат нови производствени капацитети и да отворат нови работни места, општината ќе им помогне при обуката на вработените.

Рок за реализација: 2013-2017.

Проект Поддршка при вработување на млади образовани лица и креирање Берза на труд за младиНевработеноста на младите високообразовани луѓе придонесува за т.н. „одлив на мозоци“, што претставува еден од водечките проблеми со кои се соочуваат одделни општини во Република Македонија. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди поддршка за вработување на млади лица веднаш по завршувањето на високото образование. Во таа смисла, преку имплемен-тацијата на овој проект ќе се воспостави онлајн-база на податоци, која ќе се состои од две компоненти: Првата компонента ќе содржи податоци за млади образовани луѓе, а ќе им се помогне да се промовираат на пазарот на труд, со што значително ќе се намалат трошоците за барање работа; Втората ком-понента ќе треба да им помогне на претприемачите и на менаџерите, пред да огласат отворање на новите работни места да добијат информации за младиот високообразован кадар кој бара работа во општина Струмица. Како дел од овој проект, општината Струмица ќе предвиди конкретни програми за обуки наменети за штотуку дипломираните и за кадарот што ќе треба да се дообучи во зависност од барањата на фирмите. Проектот ќе се реализира во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Рок за реализација: 2013, континуирано.

Проект Поддршка на малите и на средните бизнисиЌе го стимулираме развојот на постојните мали и средни претпријатија. Ќе организираме обуки и работилници на кои фирмите од општината Стру-мица ќе се едуцираат да применуваат современи методи и алатки за да го подобрат своето работење и конкурентност. Согласно со можностите на општината и во соработка со донатори ќе обезбедиме средства за настап на бизнис-саеми на фирмите што имаат најголем потенцијал за раст. Со тоа ќе помогнеме за подинамичен развој на малите и на средните претпријатија, бидејќи тие имаат потенцијал да креираат голем број нови работни места.

Рок за реализација: континуирано.

Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младитеЌе работиме на едуцирање на младите и давање помош при нивното профе-сионално насочување, при што ќе се поттикнува претприемачкиот дух кај младите, со акцент на приватната иницијатива и можностите за самоврабо-тување.

Рок за реализација: континуирано.

Page 18: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект Инкубатори за малите претпријатијаЦелта на овој проект е поддршка и развој на мали претпријатија кои ќе ги основаат младите и луѓето што имаат идеја да започнат сопствен бизнис. Ин-кубаторот за малите претпријатија ќе биде сместен во просторија што ќе ја обезбеди самата општина, а ќе се користи без паричен надоместок. Инкуба-торот ќе овозможи целосна поддршка на новосоздадените фирми како и на фирмите во развој, односно користење на работниот простор, уредите, оп-ремата, како и на менаџерски, технички и советодавни услуги. Инкубаторот ќе биде во можност да опслужува 5 до 7 микро и мали претпријатија исто-времено, а еден од условите за користење на работниот инкубатор, ќе биде фирмите да вработат определен број млади луѓе и да воспостават програма за стажирање. Сите активности и обврски би се регулирале со договор по-меѓу општината и фирмите. Предвидено е проектот да се реализира во со-работка со определени здруженија на граѓани кои работат во оваа област.

Рок за реализација: 2013–2017.

Програми за микрофинансирање на социјално загрозени целни групиВо светот докажана практика за излез од сиромаштијата е започнување на микробизнис. Програмите за микрофинансирање преку кредитирање имаат голем процент на успех и помогнале голем број луѓе да излезат од сиромаш-тија. Во таа насока, согласно со можностите и во соработка со донатори ќе обезбедиме средства за реализација на програми за микрофинансирање на посебни загрозени целни групи, како што се невработените лица, самохра-ните родители, младите лица и социјално загрозените категории граѓани. Особено внимание ќе се посвети на кредитирање на жените кои сакаат да започнат микробизнис, бидејќи е докажано дека шансите за успех на нивни-от бизнис се најголеми, а кредитите редовно ги враќале.

Рок за реализација: континуирано.

Јакнење на капацитетите на општината за промоција и за реализација на локалниот економски развој на СтрумицаЌе ги зајакнеме капацитетите на Секторот за локален економски развој со млади, образовани и стручни профили од различни области. Ќе се форми-раат проектни тимови: за обезбедување на странски донации и грантови, за промоција пред домашните и странски инвеститори, за преквалификација и доквалификација на невработените согласно со потребите на пазарот на труд и типот на квалификации кои му се потребни на стопанскиот сектор на Струмица.

Рок: континуирано.

Вработување на високообразован кадарOпштината Струмица, во соработка со УНДП, ќе реализира проект за вра-ботување на високообразовен кадар, кој досега не бил вработен. Со овој проект ќе се вработи високообразован кадар во стопанските субјекти, каде ќе се добие можност за докажување пред менаџерите, и на тој начин ќе се излезе на пазарот на трудот, со што ќе се зголеми можноста за понатамошно ангажирање во стопанските субјекти.

Рок за реализација: континуирано.

Page 19: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 19

Самовработување на загрозени групиНовата локална власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во стратегијата за от-ворање на нови работни места, особена грижа ќе посвети на самовработу-вањето, на социјалните и на загрозените групи граѓани, преку микрокреди-тирање до 3000 евра. Проектот ќе се реализира во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија

Рок за реализација: континуирано.

Намалување на комунални таксиЕдна од мерките што ќе ги преземе општината Струмица, за да го поттикне отворањето на нови работни места е мерката за намалување на комуналните такси, за изградба на нови производствени погони. Ваквата мерка сметаме дека ќе даде резултати бидејќи еден од критериумите за намалување на ко-муналните такси за изградба на нови производствени погони, ќе биде поттик за отворање на нови работни места. Намалувањето на тарифникот за кому-нални такси за фирмарина на производствени погони ќе изнесува до 30%.

Рок за реализација: континуирано.

Учество на бизнис-делегации во официјалните посети на градоначалникотЗа развој на бизнис-заедниците во Струмица, новиот градоначалник од ре-довите на ВМРО–ДПМНЕ, при официјалните посети на странски делагации и при посети на градоначалникот во други земји, во својата делегација ќе вклучи и претставници од бизнис-заедницата. Присуството на овие делега-ции ќе придонесе остварување на контакти на бизнис-заедницата и наоѓање пазари и соработка во други земји.

Меѓународни саеми и домашни бизнис-форумиОпштината Струмица ќе се залага да учествува на меѓународни индустриски саеми, а како делегација од општината ќе учествуваат претставници на при-ватни фирми во Струмица. Општината исто така ќе организира и домашни бизнис-форуми за размена на искуства.

Развивање на занаетчиствотоОпштината Струмица ќе се залага да создаде услови за развој на занаетчист-вото како гранка на стопанството за возобновување преку финансиска сти-мулација и создавање на кадар што ќе се занимава со старите занаети по кои била позната Струмица.

ИНВЕСТИЦИИ

Во соработка со Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе реализираме повеќе проекти за развој на Струмичкиот регион. Преку олеснување на условите за водење бизнис и поддршка на приватниот сектор, ќе поттикнеме голем број микро и мали фирми од општината да го прошират својот бизнис и да вработат повеќе луѓе. Со Ваша поддршка во наредниот период ќе ги реализираме следните проекти и активности:

Page 20: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Изградба на ТИРЗ Струмица Со Ваша поддршка како нова општинска власт во Струмица, по примерот на ТИРЗ Бунарџик 1 и 2 во Скопје и другите ТИРЗ во Македонија, веднаш ќе започнеме со урбанистичко планирање и инфраструктурни подготовки за изградба на првата технолошко-индустриска развојна зона во Струмица. Во соработка со Владата на Република Македонија, Дирекцијата за технолош-ко-индустриски развојни зони и со Агенцијата за странски инвестиции во зоната ќе донесеме реномирани странски компании кои ќе инвестираат во нови капацитети и ќе отворат голем број работни места. Владата на Републи-ка Македонија во соработка со општината Струмица ќе одвои 302,5 милиони денари за реализација на овој проект.

Рок за реализација: 2013-2016.

Прoект за промоција на Струмичкиот регион и привлекување на домашни и странски инвестиции во општинатаКако нова општинска власт ќе креираме систем на директна промоција на Струмичкиот регион, при што дел од службите во општинската администра-ција во директен контакт со потенцијалните домашни и странски инвестито-ри ќе ги презентираат предностите за инвестирање што ги нуди Струмица.

Рок за реализација: континуирано.

Проект „Индустриски капацитети и зони во Струмица“Како нова општинска власт ќе подготвиме урбанистички планови и ќе ги обезбедиме техничките и инфраструктурните услови за изградба на ин-дустриски капацитети во Струмица. Ќе ја разгледаме можноста и за развој на една или повеќе индустриски зони кои агресивно ќе ги промовираме пред странските и пред домашните инвеститори, по примерот на неколку други општини во Македонија кои изградија вакви зони и овозможија влез на домашни и на странски инвеститори. Со реализацијата на инвестициите во зоните и изградбата на нови производствени капацитети ќе се отворат значителен број работни места. Проектот предвидува зона за земјоделски откупни и преработувачки капацитети и зона за мали и за средни претприја-тија. Средствата ќе се обезбедат од буџетот на општината Струмица.

Рок за реализација: 2013-2015.

Проект за привлекување на потенцијални инвеститори од дијаспоратаГолем е бројот на лица од Струмичкиот регион кои се печалбари и работат во западноевропските земји. Нивното искуство, капитал, но пред сѐ желба да се вратат во родниот крај претставуваат голем потенцијал кој може да придо-несе кон локалниот економски развој. Заради тоа во рамки на општинската администрација ќе им овозможиме на сите заинтересирани инвеститори од дијаспората да ги добијат потребните информации за отворање фирма, до-бивање градежни и други дозволи, презентирање на програми за поддршка на малите и на средните бизниси поддржани од локалната администрација, но и од централната власт. Целта ќе биде да се презентираат потенцијалите на Струмица и да им се помогне да донесат одлука да инвестираат во општи-ната.

Рок за реализација: 2013-2017.

Page 21: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 21

Формирање на Иселенички бизнис-клубПоврзано со претходниот проект, а во насока на промоцијата на општината ќе формираме Иселенички бизнис-клуб (за граѓани од Струмица што работат во странство), кој ќе функционира како лоби-тело за привлекување стран-ски инвестиции, обезбедување информации за можностите за меѓународна бизнис-соработка и спроведување агресивна промоција на локалните ком-паративни предности на општината Струмица (природни, човечки ресурси).

Рок за реализација: континуирано.

Развивање на енергетските капацитети и инфраструктура во Струмичкиот регионПосебно внимание ќе се посвети на развој на мали хидроцентрали и иско-ристување на термалната енергија. Исто така, ќе се развива искористување-то на термалната енергија за потребите на земјоделството, за развој и инвес-тиции во бањскиот туризам и разгледување на можностите за користење на термалната енергија за изведба на објекти со централно греење. Искористу-вањето на енергетските потенцијали на струмичкиот регион ќе ја зајакне конкурентноста на регионот и намалување на трошоците за производство.

Рок за реализација: континуирано.

Креирање на инфраструктура, во интерес на развојот на стопанствотоЕден од главните елементи за брз и современ развој на стопанството во општината Струмица е изградбата на потребната инфраструктура. Во инте-рес на деловните субјекти ќе обезбедиме средства за изградба на потребна-та инфраструктура, како од сопствени извори така и од проекти и донации. Во соработка со Владата ќе реализираме инфраструктура од државна на-длежност, а во интерес на локалните субјекти. За таа цел ќе се реализираат проектите: пат до ТИРЗ Свидовица преку поврзување на Сачево со М6 и пре-ку поврзување на Свидовица и Сачево со нов локален пат, реконструкција на патниот правец Добрејци до индустриската зона Добрејци, изградба на два нови булевари кои директно се во интерес на развојот на стопанството на Струмичкиот регион.

Рок за реализација: 2014-2017.

Гасификација на Струмица преку вклучување во главниот гасовод „Јужен поток“Со вклучувањето на Македонија во проектот „Јужен поток“ и проектот за Изградба на националната гасоводна мрежа, ќе се овозможи гасификација на општината Струмица.

Со вклучувањето во „Јужен поток“ и изградбата на секундарната и на тер-цијарната мрежа ќе се овозможат пониски трошоци за греење за домаќин-ствата и за компаниите, како и пониски трошоци за енергенси на производ-ствените капацитети што ќе го користат гасот.

Рок за реализација: декември 2016.

Користење на енергетскиот потенцијал Општината Струмица располага со завиден сончев потенцијал и затоа ќе се залага за инсталација на фотоволтни панели на училиштата и сите јавни ус-танови во општината каде постои можност за нивна инсталација.

Page 22: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 23: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 23

II. ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Земјоделството и развојот на рурални средини се зацртани како еден од приоритетите на нашата програма која своите политики ги заснова на тра-дицијата и вредностите на обичниот македонски човек. Селото отсекогаш било стожер и чувар на нашите темелни вредности. Земјоделството има и сериозно економско значење и потенцијал за поголем понатамошен развој.

На голем дел на граѓаните на општината Струмица земјоделството им е ос-новно или дополнително занимање и тие се сведоци дека денес може да се развие квалитетен и одржлив агро-бизнис преку комбинирање на понуде-ните можности на поддршка, почнувајќи од добивање на почетен поволен кредит за започнување на бизнисот, поддршка за набавка на живи животни, подигање на насади, набавка на опрема и механизација, потоа редовна го-дишна исплата на значители субвенции по хектар, грло или производ, повол-но социјално осигурување и ниска стапка на персонален данок.

Нашите земјоделци се корисници на субвенциите за тутун, овоштарство (сли-ва и праска), градинарски култури (пипер), грозје и други култури и нивниот износ го планираат како сигурен дел од својот приход. Добар дел од нив по долго време ја подновија старата механизација, опремата, шталите или воведоа систем за наводнување капка по капка со половина од трошоците покриени од страна на државата од програмата за рурален развој. Дел од нив се корисници на доделеното државно земјоделско земјиште. Користење-то на земјиштето правно се регулираше, а се продолжи и со доделување на земјиште на плодоуживање - без плаќање на закупнина за обезбедување на егзистенција на социјално загрозени лица. Сиве овие мерки дадоа значаен придонес за поттик на земјоделството во овој крај и во изминатите 4 години неколкукратно се зголеми производството и извозот на земјоделски произ-води. Конечно, по многу години вредните и искусни земјоделци добија вред-нување на работата и поддршка. Тие знаат дека особено во земјоделството е посигурно кога знаеш дека некој искрено го цени твојот труд и е секогаш тука подготвен да помогне.

ВМРО-ДПМНЕ знае дека е општината Струмица срцето на македонското земјоделство. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека знае да даде поддршка за силен подем на земјоделството кое во изминатите 4 години доживеа целосен пре-пород. Затоа со Ваша поддршка, општината Струмица предводена од ВМРО-ДМПНЕ со повеќе свои проекти и мерки ќе ја следи политиката на Влада-та на Република Македонија во областа на земјоделството. Преку отворен дијалог со земјоделците и во соработка со Владата во новиот мандат ќе се залагаме за:

Нова агро-берза односно индустриска зона која ќе содржи комплекс на откупни пунктови, преработувачки капацитети, терминал и складишта по-меѓу селата Куклиш и БанскоПроект за изградба на нова агро-берза односно индустриска зона која ќе содржи комплекс на откупни пунктови, преработувачки капацитети, терми-

Page 24: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

нали, складишта и шалтери на потегот помеѓу селата Куклиш, Свидовица и Банско. Проектот предвидува поголем број откупувачи да се концентрираат на оваа релација, со што ќе се создадат услови за меѓусебна конкуренција и откуп на производите од земјоделците по пазарни цени. Други потенцијални локации каде би се граделе локални откупни центри се во близина на селото Сачево кај индустриската зона и во близина на кванташкиот пазар.

Вредноста на проектот изнесува 200 милиони денари, кои ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија и од Буџетот на општината Струмица.

Рок за реализација: 2013-2015.

Изградба на систем за наводнување на брана на Маркова Река во селото КуклишВМРО-ДПМНЕ знае дека е општината Струмица срцето на македонското �емјоделство. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека знае да даде поддршка за силен подем на земјоделството кое во изминатите 4 години доживеа целосен пре-пород. Затоа со Ваша поддршка, општината Струмица предводена од ВМРО-ДМПНЕ со повеќе свои проекти и со добивање на Вашата доверба на овие избори ќе пристапи кон реализација на проектот за изградба на систем за наводнување од браната Маркова Река во селото Куклиш, општина Стру-мица. Како нова општинска власт и во соработка со Владата на Република Македонија ќе пристапиме кон изградбата на систем за наводнување за земјоделците од овој регион, односно ќе се обезбеди вода за 400 хектари земјоделски површини во атарот на населените места Куклиш, Свидовица и Градско Балдовци, кои се засадени со градинарски култури. Уште на почето-кот од мандатот ќе ги завршиме постапките за експропријација и ќе започ-неме со реализација на оваа инвестиција која изнесува 1,5 милиони евра (со поддршка на Владата на Република Македонија).

Рок за реализација: 2015.

Изградба на центар за производство на расад преку јавно-приватно партнерствоСо изградбата на центарот ќе се овозможи подобрување на квалитетот на земјоделските производи и зголемување на приносите. Предноста од посто-ењето на ваков центар е производство на унифициран семенски материјал, континуирано подобрување на квалитетот на расадот и користење на расад кој одговара на поднебјето на овој регион. Проектот ќе се реализира со под-дршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Рок за реализација: 2014-2015.

Проект: „Полски пат“ и изградба на локални патиштаИзградба на локални патишта што ги поврзуваат населбите со земјоделските обработливи површини преку апликативни активности на локалната самоу-права во програмата за рурален развој. Со изградба на повеќе полски пат-чиња на територијата на општината значително ќе се олесни пристапот на земјоделците до обработливите површини.

Рок: континуирано ќе се аплицира секоја година.

Page 25: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 25

Изработка на локална стратегија и оддел за развој на земјоделството во Струмичкиот регионВо рамките на Секторот за локален економски развој општината ќе изработи локална стратегија за развој на земјоделството со акцент на запоставените региони. Исто така, ќе отвориме оддел за земјоделски прирачници, книги, списанија за применето земјоделство за обука на потенцијалните и постоj-ните земјоделски производители.

Рок за реализација: 2013-2014.

Регионален саем на земјоделски производи во СтрумицаВо соработка со здруженијата на земјоделци, Агенцијата за унапредување на земјоделството и Министерството за земјоделство, шумарство и водос-топанство, ќе организираме регионален саем на земјоделски производи во Струмица, чиj покровител ќе биде општината. Локалната самоуправа ќе развие маркетиншка стратегија за промоција на земјоделските производи од Струмичкиот регион на пазарите на бивша Југославија и на другите ре-гионални пазари и ќе спроведе кампања за промоција на локалните земјо-делски производи, со што уште повеќе ќе се зголеми пласманот и извозот на земјоделски производи од Струмичкиот регион. Од буџетот на општината Струмица секоја година ќе бидат издвоени по 2.000.000 денари.

Рок за реализација: 2013, континуирано.

Поддршка за искористување на ИПА-средстватаСо цел за зголемување на искористувањето на средствата од програмите за финансиска поддршка и ИПА, како и олеснување на пристапот на земјодел-ците од општината Струмица до средства со кои ќе можат да го прошират сопственото производство, општината ќе организира советувања за земјо-делците со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјодел-ството и со други стручни лица. Исто така, ќе се помогне при подготовка на проекти и документација за аплицирање и користење на средства од пре-тпристапните европски фондови на програмата ИПА.

Рок за реализација: континуирано.

Трибини за добри земјоделски практикиОпштината Струмица ќе организира трибини на кои би биле поканети истак-нати успешни земјоделци и кои низ дискусија со присутните би го презенти-рале сопственото искуство во конкретна земјоделска област, пред сѐ во об-ласта на сточарството и производството на млечни производи. На трибините се предвидува и непосредно советување за употреба на добри земјоделски и хигиенски практики за сточарството за подобрување на квалитетот на мле-кото, производството на месо и подобрување на приносот во земјоделските култури и овоштарството.

Рок за реализација: континуирано.

Page 26: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Група мерки - Информиран и образован земјоделецВо општината Струмица ќе примениме група мерки за подобрување на зна-ењето и квалификациите на земјоделските производители преку:

Зајакнување на институционалните врски на истражувачките институ-ции од областа на земјоделството со советодавните служби за пренос на технологии и информации формирани во општината и организирање на стручни предавања, како и трансфер на нови достигнувања и знаења од факултетите непосредно во практиката;Неформално образование и усовршување на земјоделците за клучни стручни активности поврзани со земјоделското производство, но и за економски активности со кои треба да располагаат (преработка и мар-кетинг на земјоделски и производи наменети за модернизација на тех-нолошката и на пазарната инфраструктура, зголемување на додадената вредност на прехранбени производи и постигнување усогласеност со квалитет, безбедност на храна и стандарди на животна средина на ЕУ);Зајакнување на соработката со Министерството за земјоделство, шумар-ство и водостопанство и информираност за Повеќегодишната програма за субвенционирање на земјоделското производство и информирање на земјоделците за активностите што се предвидуваат;Следење на законската регулатива поврзана со земјоделското производ-ство и благовремено информирање на земјоделските производители за обврските што произлегуваат од истата.

Рок за реализација: континуирано.

Page 27: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 27

Page 28: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 29: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 29

III. ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

ВМРО–ДПМНЕ докажа дека се грижи за развојот на образованието подед-накво на целата територија на Македонија. За 60% е зголемен буџетот на образованието во Македонија, при што три пати повеќе средства се издвоју-ваат за реализација на капитални инвестиции. Како резултат на инвестиции-те во образованието значително се подобрија условите за учење и работење во голем број основни и средни училишта. Реализирани се бројни проекти за развој на образовните процеси, а учениците во Македонија добија можност уште од најрана возраст да работат со компјутери, при што истите се корис-тат како алатка во наставните програми. Подигнувањето на информатичката писменост гарантира дека младите ќе ја зголемат својата конкурентност и полесно ќе го реализираат своето прво вработување. Во таа насока, се подо-бри и пристапот до високо образование во повеќе општини во Македонија, со што се намалија трошоците за студирање.

Со добивање на Вашата доверба како нова локална власт ќе работиме секој ученик во општината Струмица да добие подобри услови за квалитетно об-разование. Ќе се залагаме за образование достапно за сите и под еднакви услови бидејќи знаеме дека вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот. Образованието ќе им помогне на нашите деца да бидат самостојни индивидуи подготвени во иднина да се грижат за себе, за своите семејства и за најблиските.

ВМРО-ДПМНЕ со добивање на Вашата доверба и во соработка со Владата на Република Македонија во наредните 4 години ќе се фокусира на подобру-вање на образовната инфраструктура во нашата општина и унапредување на образовните програми. Убедени сме дека инвестициите во образование-то на долг рок ќе донесат најдобри резултати кои ќе придонесат Струмички-от регион да биде еден од најразвиените и најпросперитетни во Македонија.

Постојаното инвестирање во образованието и знаењето на подолг рок е нај-сигурна и најдобра инвестиција. Вложувањето во образованието на нашите деца е инвестиција во нашата иднина, иднината на нашата општина и ид-нината на Македонија. Отворањето на дисперзирани студии во општината Струмица од страна на Владата на Република Македонија, како и сите ос-танати напори што ги прави централната власт, за развој на образованието, нѐ обврзува и поттикнува и нас да ги пренесеме овие активности на локално ниво.

Тргнувајќи од погоренаведеното, новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со Владата на РМ, ќе даде приоритет на след-ните активности:

Page 30: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект Реконструкција на средни и основни училишта со средства обезбе-дени од Банката за развој при Советот на Европа и Владата на Република Македонија Со цел обезбедување на просторни услови за одвивање на квалитетна на-става во основните и средните училишта на територијата на Република Ма-кедонија ќе продолжиме со реконструкција на училишната инфраструктура, a во општината Струмица ќе извршиме реконструкција во:

ОУ „Сандо Масев“ – реконструкција на подови,ОУ „Маршал Тито“, с. Муртино - реконструкција на подови и греење,ОУ „Гоце Делчев“, с. Вељуса - реконструкција на греење,ОУ „Герас Цунев“ - реконструкција на греење,ОУ „Даме Груев“, с. Куклиш – реконструкција на санитарни јазли.

Рок за реализација: декември 2014.

Изградба на ново училиште во селото БаницаСо изградба на училиште во селото Баница ќе се подобрат условите за на-става. За изградба на училиштето се предвидени 3,4 милиони денари што ќе бидат обезбедени во соработка со Министерството за образование и наука.

Рок за реализација: август 2015.

Изградба на ново училиште во селото ВодочаСо изградба на училиште во селото Водоча ќе се подобрат условите за на-става. За изградба на училиштето се предвидени 4 милиони денари што ќе бидат обезбедени од буџетот на општината Струмица.

Рок за реализација: 2016.

Проект 145 спортски салиСо поддршка на Владата на Република Македонија со цел поттикнување на правилен физички развој и потикнување на спортскиот и натпреварувачкиот дух кај младите ќе изградиме спортски сали во:

ОУ „Никола Вапцаров“ - изградба на спортска сала со трибини,ОУ „Сандо Масев“ - изградба на спортска сала со трибини,ОУ „Маршал Тито“ - изградба на спортска сала,СОУ „Димитар Влахов“ – изградба на спортска сала со трибини.

Рок за реализација: декември 2015.

Проект Општината ги стипендира најдобритеЗа да ги поттикнеме најдобрите ученици, средношколци и спортисти, општинската администрација предводена од ВМРО-ДПМНЕ согласно со ка-пацитетите и можностите, во соработка со приватниот сектор и странски до-натори ќе обезбеди средства за стипендирање на најдобрите ученици, сред-ношколци и спортисти. На тој начин ќе ја зголемиме свеста кај граѓаните за значењето на образованието. За оваа намена општината ќе одвои средства во согласност со можностите, но не помалку од она што досега се дава за оваа намена. Доделувањето на стипендиите ќе се врши на транспарентен начин за што ќе се донесе правилник во кој ќе бидат утврдени критериуми.

Рок за реализација: континуирано.

Page 31: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 31

Отворање на канцеларија за образовен менаџментВо рамките на општината ќе отвориме канцеларија за образовен менаџмент, која ќе се грижи за одржување на квалитетот на образовно-воспитните про-цеси во основните и во средните училишта. Канцеларијата за образовен менаџмент во рамките на општината Струмица ќе ја раководат обучени и лиценцирани членови претставници на училишните одбори на образовните установи. Канцеларијата ќе ги следи и корективно ќе дејствува во управу-вањето на училиштата, ќе организира локални натпревари, ќе организира семинари, ќе работи со учениците, професорите и со родителските одбори.

Рок за реализација: септември 2013.

Проект Локални натпревари по математика, информатика, природни науки и иновации во соработка со основните и со средните училиштаОпштината ќе обезбеди награди и ќе биде патрон на натпреварите, при што концептот на натпреварите ќе го креираат општината (новата канцеларија за образовен менаџмент) заедно со училиштата. Победниците би можеле да бидат учесници во републичките натпревари на истата тема. Согласно со можностите, општината ќе предвиди награди за најдобрите ученици.

Рок за реализација: започнувајќи од учебната година 2013/2014, па потоа континуирано.

Бесплатен Интернет во училиштатаЌе обезбедиме средства за бесплатен Интернет во сите основни и во сите средни училишта, во наставните центри како и во сите останати образовни институции.

Рок за реализација: континуирано.

Проект Е-училиштаИдната општинска администрација предводена од ВМРО-ДПМНЕ во функ-ција на натамошно осовременување на образованието, согласно со оддел-ните потреби, можности и специфики, а врз основа на споредбените иску-ства во општините на европските држави ќе им се овозможи на родителите од својот компјутер преку Интернет да имаат целосен увид во официјалните податоци кои се внесуваат за нивните деца ученици, како што се оценките на учениците, нивната редовност на часовите и други училишни активности на учениците. Општината Струмица ќе го изведе овој проект во соработка со Владата на Република Македонија.

Рок за реализација: континуирано.

Проект за опремување на училиштата и на училишните кабинетиВо насока на обезбедување на квалитетна практична настава ќе ги доопре-миме училиштата со потребните наставни материјали и алатки (со поддршка од Владата на Република Македонија).

Рок за реализација: континуирано.

Проект Програма за талентираните ученици Со овој проект посебно внимание ќе се посвети на препознавање и развој на младите таленти. За да се поттикнат надарените ученици да го развиваат

Page 32: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

својот талент, општината Струмица во основните училишта ќе развие соод-ветна програма за талентирани ученици. Со програмата треба да се созда-дат можности учениците да добијат дополнителни услови во кои со помош на нивните наставници ќе работат на проширување на своите знаења со по-брзо темпо од она што е предвидено со наставната програма.

Рок за реализација: 2014.

Организирање на летен камп за талентираните ученициЗа талентираните ученици од општината Струмица ќе се организираат летни кампови, на кои освен што ќе совладуваат материја која е понапредна, ќе се овозможи и развивање на социјалните вештини.

Рок за реализација: 2014.

Проект за развој на дисперзираните студии во СтрумицаОпштината ќе обезбеди поддршка за проширување на дисперзираните сту-дии во општината Струмица. Исто така, во соработка со Министерството за образование и наука ќе се залагаме за подобрување на квалитетна настава, воведување на нови факултети согласно со потребите на општината Струми-ца и воведување на нови наставни методи и алатки.

Рок за реализација: 2013-2017.

Проект за превенција од девијантно однесувањеЦелта на проектот е децата во училиштата освен класичното формално об-разование да добијат и неформално образование кое дава посебен осврт на најголемите проблеми на денешницата - насилството и пороците. Часовите што ќе бидат посветени на превенција од девијантно однесување ќе се одр-жуваат еднаш во текот на месецот од страна на педагошките и психолошки-те служби во училиштата и на наставниците, а ќе бидат организирани инте-рактивно со учениците, кои ќе можат да ги споделат своите размислувања за темата.

Рок за реализација: 2015.

Проект Професионална ориентацијаПроектот предвидува формирање на стручно советувалиште во општините за планирање кариера. Претставници од ова советувалиште ќе бидат вклуче-ни во изработката на образовните планови и програми. Ова советувалиште ќе има за цел да им дава консултации и совети на учениците од завршните одделенија во сите средни школи во општината Струмица. Со цел да се по-добри нивниот професионален развој, стручни тимови (педагози, психолози, наставници, претставници од Агенцијата за вработување, професори итн.) ќе разговараат со учениците за нивната визија за идно вработување, со цел и на тој начин да се потврдат нивните очекувања и размислувања за пазарот на труд. Проектот, од една страна ќе им помогне на младите да го препо-знаат својот сопствен капацитет, додека од друга страна, локалната адми-нистрација ќе ги има потребните информации, кои ќе може да ги искористи за развивање на своите политики за отворање нови работни места, кои ќе се усогласат со тековните потреби на општеството.

Рок за реализација: 2015-2017.

Page 33: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 33

Поддршка и развој на универзитетот за неформално образование Поддршка при дооформување на основното образование за возрасни, прек-валификација и доквалификација, курсеви и стручно усовршување.

Рок за реализација: 2014, континуирано.

Соработка со бизнис-заедницатаВклучување на бизнис-заедницата во образованието и остварување на тесна соработка меѓу училиштата и стопанството, за создавање на стручна работ-на сила и поголема можност за практично усовршување на знаењето.

Проект Студентски домСо реализирање на најголемата инвестиција на Владата на ВМРО–ДПМНЕ во образованието за општината Струмица, отворањето на Наставниот цен-тар Струмица при Универзитетот ,,Гоце Делчев“ – Штип, а по него и неколку приватни факултети, Струмица стана академски град. По овие проекти како реална потреба се јавува отворање на студентски дом. За таа цел новиот градоначалник од редовите на ВМРО–ДПМНЕ предвидува отворање на сту-дентски дом со капацитети за сместување на околу 100 студенти и среднош-колци, современа читална, како и компјутерски центар и бифе. Студентскиот дом ќе се наоѓа во сегашниот простор на поранешната касарна и за негова реализација ќе се одвојат 50 милиони денари од буџетот на општината Стру-мица.

Рок за реализација: 2013-2015.

Проект ЧиталнаВо состав на сегашната библиотека ќе се отвори градска читална, која ќе биде современо опремена и ќе ги задоволува реалните потреби на студен-тите и на учениците.

Адаптирање на спортска сала во СОУ „Сандо Масев“ во театарска салаСо реализирање на проектот на Владата на ВМРО–ДПМНЕ 145 спортски сали и изградба на спортска сала за учениците од ОУ „Сандо Масев“, сегашната импровизирана спортска сала ќе биде пренаменета во центар за сценска-културна дејност со капацитет од 100 седишта. Во истата ќе можат да се одржуваат училишни приредби и други манифестации и ќе остави можност за отворање на театарска работилница во истото училиште. Од буџетот на општината Струмица ќе бидат одвоени 2 милиони денари.

Page 34: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 35: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 35

IV. СПОРТ И МЛАДИ

Спортот претставува ресурс кој треба да се развива и инвестирањето во него повратно влијае врз вкупниот развој на општеството. Тоа е така, затоа што спортот создава здрави луѓе и гради натпреварувачки дух. Определбата на општеството за унапредување на спортот преку негување на основните спортски вредности и подигнување на свеста на граѓаните да спортуваат неколкукратно ќе придонесе за подигнување на квалитетот на живеење. За да се постигне тоа, спортот треба да е дел од секојдневието и да се практи-кува во која било форма согласно со возраста и физичките предиспозиции на граѓаните. Физичкото образование на најмладите и практикувањето на спорт во периодот кога се развиваат се природна потреба за нормален пси-хофизички развој и спречувањето на појава на телесни деформитети. Рекре-ативниот спорт исто така придонесува за развој на индивидуите, зајакну-вање на нивното здравје и создавање имунитет на болести, зголемување на продуктивноста и за одржување на квалитетот на живот на повисоко ниво. Спортувањето гради и спортски дух кој помага соодветно да се справиме со предизвиците и стресот од брзиот и модерен начин на живеење. Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ е силно фокусирана на создавање на услови за спортување на целата територија на државата и досега се реализирани бројни проекти за изградба на спортски сали, фудбалски и тениски игралишта. Со добивање на Вашата доверба, ВМРО-ДПМНЕ уште подинамично ќе продолжи со разви-вање на спортот во општината Струмица, при што како нова локална власт за најталентираните спортисти ќе обезбедиме стипендии и поддршка за ре-ализација на нивните капацитети.

Спортот како активност во себе содржи натпреварувачки дух, создава ус-песи, поединечни, тимски и национални, спортот е основа за една здрава и силна нација.

Новата локална власт на општината Струмица, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во целост ќе ги поддржува промоцијата и развојот на спортот во општината Струмица, како алтернатива и вистински пат за изградба на здрави млади личности, ослободени од пороците на современиот начин на живеење.

Развојот на спортот во градот, и воопшто во општината Струмица бележи застој во последните неколку години, и затоа наша основна цел ќе биде за-живување на спортската активност во општината, поддршка на постојните спортски организации и клубови.

Формирање на Советодавно тело на спортски работници Создавање на координативно тело од еминентни спортски работници што ќе го координира, следи и ќе го помага спортот, а ќе биде врска помеѓу гра-доначалникот, Советот на општината Струмица и спортските клубови. Ова тело ќе биде задолжено и за промоција на училишниот, рекреативниот и на олимпискиот спорт.

Page 36: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Беласица - прволигашНовиот градоначалник од редовите на ВМРО–ДПМНЕ ќе се залага за спорт-ската гордост на струмичкиот фудбал ФК „Беласица“ да го врати на побед-ничките патеки и за период од две фудбалски сезони од Третата македонска фудбалска лига исток да се врати во Првата македонска фудбалска лига.

Велосипедска рекреативна патекаИзградба на современа велосипедска патека со посебна подлога која покрај градското подрачје ќе ги опфаќа и руралните средини.

Трим-патека до манастирот Св.ИлијаДоуредување и осветлување на трим-патека до манастирот Св. Илија. За овој проект, општината Струмица ќе одвои 3.000.000 денари.

Проект 22 милиони денари за струмичкиот спортЗаживување на спортските клубови и спортските активности во општината Струмица преку зголемување на буџетот на општината за спортските актив-ности од сегашните 11 милиони на 22 милиони денари.

Спортски школи во состав на училиштатаКонтинуирано ангажирање на дипломираните професори по физичка кул-тура на спортските терени за водење на спортски школи. Во овој проект ќе бидат вклучени врвни и реномирани спортисти од Струмица и од Македо-нија. Овие спортисти преку учество на тренинзите со најмладите ќе ги пре-несат своето искуство и знаење. Целта е најмладите директно од најдобрите да слушнат дека само со труд, напорна и континуирана работа можат да по-стигнат лични и тимски успеси.

Спорт за телесно инвалидизирани лицаОбука на кадар за работа со лица со физички инвалидитет, со интенција за унапредување и поврзување заради размена на искуства на меѓународен план.

Изградба на две повеќенаменски спортски игралишта во Струмица и во Кук-лиш Повеќенаменските игралишта ќе бидат ставени на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Игралиштата ќе можат да се користат деноноќно и ќе бидат место за дружење на младите. Преку спортување се креираат услови за здрава младина и превентива од пороците на модерното живеење (во соработка со Владата на Република Ма-кедонија). Од буџетот на Република Македонија ќе бидат одвоени 14.000.000 денари.

Рок за реализација: 2013-2015.

Изградба на два двојни терена за тенисВо рамки на проектот за изградба на 100 тениски терени на нашите млади тениски таленти им овозможуваме да се развиваат во идни професионали тенисери. Истовремено им овозможуваме на заинтересираните рекреативци да се занимаваат со овој интересен спорт. Тениските терени во Струмица ќе

Page 37: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 37

бидат изградени со современа подлога согласно со стандардите на Свет-ската тениска асоцијација, како и целосно инфраструктурно поврзување со осветлување за ноќни натпревари, пристапни патеки и жичана ограда (во соработка со Владата на Република Македонија).

Рок за реализација: 2013-2015.

Реконструкција на игралиштаСпортувањето на младите има потреба од поголем пристап до спортски те-рени преку изградба на мали фудбалски и кошаркарски игралишта на некол-ку локации низ Струмица, односно во оние населби кои во моментов немаат простор за спортување, како и во околните населени места. Игралиштата ќе бидат осветлени со рефлектори за ноќно спортување.

Рок за реализација: 2013-2017.

Реконструкција на спортско игралиште во Дабиле, реконструкција на спортските игралишта „Браќа Миладинови“ и „Иљо Шо-пов“,уредување на игралиштето кај монополот,реновирање на игралиштето во ОУ „Маршал Тито“ и оградување со мрежна конструкција.

Износ на средства: 1 милион денари.

Поддршка на локалните спортски клубовиОпштината, согласно со можностите, ќе ги поддржи младинските спортски клубови и екипи од општината Струмица. Исто така, онаму каде има интерес за формирање на нови спортски клубови општината ќе обезбеди поддршка.

Рок за реализација: 2013-2017.

Проект Катастар на спортски објектиВо општината Струмица во соработка со Агенцијата за спорт и млади ќе се направи евиденција на спортските објекти по содржина и степен на испол-нетост на стандарди заради организирање на натпревари и други првен-ства. Проектот ќе се реализира во соработка со Владата на Република Ма-кедонија.

Рок за реализација: 2013-2014.

Проект Училишни лигиВо општината Струмица ќе се воведе постојана практика на организирање на училишни лиги во различни спортови (фудбал, кошарка, ракомет и сл.), со цел најнапред да се одиграат натпревари помеѓу различните одделенски екипи во едно училиште, по што најдобрите екипи ќе се квалификуваат за меѓучилишни натпревари. Со воведувањето на училишните лиги ќе се потти-кне натпреварувачкиот дух кај најголем дел на учениците и на ваков начин ќе се селектираат најдобрите спортисти во училиштата. Проектот ќе се реа-лизира во соработка со канцеларијата за образовен менаџмент и спортското координативно тело.

Рок за реализација: 2013-2017.

Page 38: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

МЛАДИ

Младите, нивната сила и ентузијазам отсекогаш биле двигатели на процеси-те во општината. ВМРО-ДПМНЕ знае дека се младите луѓе клучен дел за де-мократските процеси и поради тоа сметаме дека е потребно порано да стек-нат вештини за управување и да изградат лични капацитети за лидерство. На сите млади што веруваат во своите идеи, ВМРО-ДПМНЕ им овозможил преку работа на конкретни проекти да придонесат за развојот на локалните заед-ници на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе работи на унапредување на општата положба и на интересите на младите во Струмица, затоа што тие се столб врз кој се гради сегашноста и иднината на нашата општина. Прио-ритетните цели кои сакаме да ги исполниме во наредниот период се јакнење на едукацијата на младите на локално ниво, нивно активно учество во јав-ниот живот и процесите на донесување на одлуки на локално ниво, како и вклучување на младите во евроинтегративните процеси.

Затоа како нова локална власт во општината Струмица, во соработка со Вла-дата на Република Македонија и Агенцијата за спорт и млади ќе ги реализи-раме следните проекти:

Формирање на Локален совет за младиСо формирање на Локалниот совет за млади ќе се постигне поголема вклу-ченост на младите во одлучувачките процеси во општината Струмица. Исто така, општината ќе поддржи формирање на Младински форум со претста-вници од сите средни училишта, универзитетите и младинските невладини организации. Од овој форум ќе се собираат мислења и конкретни предлози за локалната самоуправа при креирањето и имплементирањето на младин-ската локална политика.

Рок за реализација: 2013.

Изготвување на Младинска стратегија за општината СтрумицаСо подготовка на Младинската стратегија за Струмица на системски начин ќе им се овозможи на младите да се развијат во возрасни и одговорни инди-видуи и активно да се вклучат во идниот развој на општината. Истото значи отворање широка лепеза на можности за младите и можност преку реализа-ција на конкретни проекти и активности да изградат вистински вредности кои се потребни за развој на секоја млада индивидуа.

Рок за реализација: 2013.

Трибини за неформално образованиеОпштината Струмица преку организирање на јавни трибини и други настани ќе ги промовира важноста и потенцијалните придобивки од неформалното образование, со што се подобруваат вештините, познавањата и способно-стите на младите луѓе и се зголемуваат можностите за нивна вработливост.

Рок на реализација: 2013-2017.

Трибини за подигнување на свеста кај младите за претприемништвоЦелта на трибините ќе биде да се истакнат можностите за младите кои се создаваат преку развивање на претприемничката иницијатива. На истите ќе

Page 39: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 39

се презентираат позитивните примери на успешни претприемачи и ќе се дис-кутира за поволностите што ги нуди државата за започнување на сопствен бизнис.

Рок на реализација: 2013-2017.

Младински културно-информативен центарВо Струмица ќе се отвори Младински културно-информативен центар во постојниот објект на Дом на АРМ, чија цел ќе биде едукација и информи-рање на младите, како и организирање обуки за различни области и курсе-ви за странски јазици. Проектот предвидува, во рамки на информативниот центар, да се добиваат поконкретни информации за пазарот на трудот, мож-ностите за вработување, обуки за претприемачи, контакти со одговорните владини претставници кои работат на оваа проблематика. Исто така, инфор-мативниот центар ќе овозможи давање совети за младите, со цел да ги истак-нат своите капацитети и активно да бараат работа. Останатите активности што ќе ги организира информативниот центар се:

Организација на семинари за превенција од повеќе области, предавања, дебати и сл.Организирање на трибини, документарни филмови за изучување на исто-ријата на македонскиот народ;Еколошки акции за поттикнување на свеста кај младите за зачувување на животната средина во соработка со НВО-секторот;

Рок за реализација: 2014-2017.

Поддршка за младите таленти од СтрумицаОпштината ќе обезбеди поддршка во школување и усовршување на млади таленти од Струмица, како и стипендии за млади таленти со постигнати меѓународни резултати во различни области.

Рок за реализација: 2013-2017.

Културни и забавни манифестации за младитеОрганизирање културни и забавни манифестации со гостување на познати, докажани личности од музичката естрада. Организирање на бесплатен кон-церт за младите по повод празникот на градот.

Рок за реализација: континуирано.

Хуманитарна акција ,,Донирај“ за младите од социјално најзагрозените се-мејстваВо текот на секоја година ќе организираме хуманитарни акции за помош на младите од социјално најзагрозените семејства и обезбедување на учи-лиштен материјал и прибор, облека и средства за лична хигиена. Сите хума-нитарни акции ќе бидат поддржани и преку веб-страницата на општината, каде исто така ќе се информира за потребата од донирање на парична по-мош, облека, спортска опрема, спортски реквизити со назив ДОНИРАЈ!!!

Рок за реализација: 2013-2017.

Page 40: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Кампања на локално ниво за борба против зависностите на 21 век - дрога, алкохол, цигариПреку системот на образование, но и преку одржување на трибини во на-селените места во општината ќе се влијае врз младите со цел избегнување на штетните последици од конзумирање на наркотични средства и алкохол.

Рок за реализација: 2013-2017.

Програма за спречување на малолетничка деликвенција и насилствоРеализација на програма за спречување на малолетничката деликвенција и насилство во училиштата, реализирана преку работилници, трибини, деба-ти, промотивен материјал и едукативни спотови.

Рок: континуирано.

Организирање доброволна крводарителска акција во која учество ќе земат и спортистите, уметниците, јавните личностиОрганизирање доброволни крводарителски акции во Струмица во соработ-ка со Црвен крст, со цел давање на позитивен пример заради стимулирање и подигнување на хуманитарната свест помеѓу младите.

Рок за реализација: 2013, континуирано.

Млади волонтериЌе ја промовираме и ќе ја поддржиме волонтерската активност и работа на младите луѓе во рамките на постојната законска регулатива. Ќе им ги потен-цираме предностите од волонтирањето и придобивките од него во олесну-вањето на наоѓање работа.

Рок за реализација: континуирано.

Поддршка на младинските невладини организацииЗа поддршка на младинските невладини организации од буџетот на општи-ната Струмица ќе бидат одвоени 6.000.000 денари.

Младински прес-центар Отворање на младински прес-центар во зградата на општината Струмица што ќе го користат невладини организаиции кои креират младински програ-ми заради промоција на своите ставови и достигнувања, но ќе го користи и општината Струмица за подобра комуникација со граѓаните и со други заин-тересирани субјекти.

Проект Младински забавен центарМладинскиот забавен центар ќе има отворен и затворен дел. Затворениот центар предвидува содржини кои ќе опфаќаат куглање, киносала, содржини за забава, а отворениот центар ќе содржи мини скејт-парк, мини амфитеатар и слично. Проектот ќе се реализира со јавно–приватно партнерство.

Page 41: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 41

Page 42: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 43: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 43

V. ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ

Информатичкиот развој го менува начинот на водење бизнис, учењето, ко-муникацијата помеѓу институции и граѓаните во насока на зголемување на нивната ефикасност и го забрзува економскиот, културниот и социјалниот развој на општината.

Новата администрација на ВМРО-ДПМНЕ во следниот четиригодишен пери-од планира организирање на курсеви за информатика и изучување на про-грамски јазици за младите од општината Струмица. Исто така, планирана е реализација и на следните проекти:

Е-услуги за граѓанитеНадградба на постојните и воведување нов софтвер во рамките на општин-ската самоуправа, со цел подобрување на е-услугите што им се нудат на граѓаните. Општината Струмица во соработка со ЗЕЛС ќе овозможи:

Електронско издавање на дозволи за градба,електронско издавање на интегрирани Б-дозволи,електронско водење на прекршочна постапка по Законот за јавна чис-тота,електронски каталог на културни настани, во кој секоја општина ќе може да ги презентира културните настани и локалитети,воспоставување систем за плаќање на јавни локални давачки по елек-тронски пат.

Рок за реализација: 2013-2017.

Проект Е-земјоделствоОпштината ќе ги поддржи ИТ-проектите што ќе бидат насочени кон примена на информатички решенија и технологии во земјоделството. Развојот на Е-земјоделство ќе биде во насока на:

Примена на ГПС-системи при фертилизацијата на земјиштето со цел при-мена на соодветни и разновидни ѓубрива што ќе овозможи зачувување на квалитетот и плодноста на почвата континуирано во текот на годините и ќе спречи појава на киселост на почвите и нивно заситување од преку-мерна примена на само еден вид ѓубрива. Преку ГПС-мапирање земјо-делците ќе знаат на кои земјоделски парцели какво ѓубриво примениле со цел на тие локации во наредниот период да се користат други ѓубрива кои ќе го задржат квалитетот на почвата;Примена на Е-комерција во земјоделстовото со цел зголемување на кон-куренцијата меѓу производителите, но и постигнување на пазарни цени. Целта е откупувачите и производителите преку користење на заедничка електронска платформа да си конкурираат при пласманот и откупот на земјоделски производи.

Page 44: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект за развој на информатичката технологија во СтрумицаФормирање на посебен ИТ-сектор во локалната администрација каде ќе биде формиран тим од информатичари со цел имплементација на главната програмска цел: Струмица – еден од 5-те градови кои се предводници на ИТ-технологијата во Македонија.

Исто така, општината Струмица ќе ги реализира и следните проекти:

Ќе донесеме општинска ИКТ-стратегија и ќе изградиме и ќе развиеме општинска електронска комуникациска мрежа;Отворање на посебен портал на веб-страницата на општината на кој ќе бидат претставени сите проекти поврзани со информатичкиот развој;Поставување на вајфај-точки низ повеќе локации во општината преку кои ќе се има пристап до бесплатен Интернет;Редовно ажурирање на содржините на веб-страницата на општината.

Портал за земјоделство на веб-страницата на општината СтрумицаЌе формираме посебен портал за земјоделство на веб-страницата на општи-ната Струмица и ќе изготвиме пропаганден материјал за учество на земјо-делски саеми.

Рок за реализација: 2013.

Е-урбанизамУвид на граѓаните на општина Струмица во сите урбанистички планови.

Page 45: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 45

Page 46: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 47: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 47

VI. УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

Една од основните задачи на локалната самоуправа е грижата за правилен урбан развој, одржување на ред и воспоставување на соодветна структура на населените места. Урбанистичкото планирање е континуиран процес на изработување, донесување и спроведување на просторен план и урбанис-тички планови, со цел да се обезбеди уредување и хуманизација на просто-рот и да се заштити и да се унапреди животната средина и природата. Прос-торното и урбанистичкото планирање е исклучително важно за правилно насочување на инвестициите таму каде што би можеле да имаат најсилен ефект. Нашата визија е општината Струмица да биде место за живеење со правилен урбанистички развој и облагороден простор за вршење на се-којдневните активности на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја препознава нужноста од навремено и флексибил-но прилагодување на планските документи на она што е тековна потреба, а истовремено на време ги препознава и потенцијалните можности за инвес-тиции, со што општина Струмица секогаш ќе биде подготвена да ги прифати расположливите средства на инвеститорите и да одговори на потребите на заедницата.

Измена и дополнување на генерален урбанистички план за градот Струми-цаЌе се направи измена и дополнување на градскиот урбанистички план за градот Струмица во насока на зголемување на површините од јавен карак-тер, површините наменети за паркови и зеленила, за спорт и рекреација. Од буџетот на општина Струмица ќе се издвојат околу 1.800.000 денари.

Рок за реализација: крајот на 2013.

Изработка на детален урбанистички план наменет за стопанствотоСо цел да им се излезе во пресрет на инвеститорите за изградба на нови производствени погони од лесна незагадувачка индустрија ќе се изработат детални урбанистички планови за цела површина, која, согласно со генерал-ниот урбанистички план, е наменета за стопанството. Проектот предвидува подготовка на урбанистички планови и обезбедување на техничките и ин-фраструктурните услови за креирање на индустриска развојна зона во Стру-мица. Во наредните четири години од буџетот на општината Струмица ќе се издвојат околу 7.500.000 милиони денари за овие планови.

Рок за реализација: втората половина на 2013 - крајот на 2017.

Општината за инвеститоритеЌе помогнеме во изработката на урбанистички планови за индустриските капацитети надвор од населени места за сите инвеститори што ќе изградат производствени капацитети на територијата на општината Струмица.

Рок за реализација: согласно со потребите.

Page 48: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Парцелизација на сите населени местаЗа сите населени места ќе се изработи нова урбанистичка документација со која ќе се изврши парцелизација на местата. За таа намена од буџетот на општината Струмица во наредните четири години ќе се издвојат околу 2.500.000 денари.

Рок за реализација: втората половина на 2013 - крајот на 2017.

Заокружување на процесот на легализација на бесправно изградени објекти во општина СтрумицаВоспоставување урбанистички ред при изградбата на нови објекти и интен-зивирање и заокружување на процесот на легализација на дивоградбите. Во таа насока, ги покануваме граѓаните да се вклучат активно во финали-зирањето на потребната документација и да ја достават во најкраток можен рок.

Рок за реализација: континуирано до завршување на процесот за легализација.

Изработка на детален урбанистички план за Софилар и БалабаницаСо завршување на процесот на легализација и негово завршување ќе се из-работат детални урбанистички планови на месноста Софилар и Балабаница со што ќе се излезе во пресрет на граѓаните на тој дел од градот. Во период од две години од буџетот на општина Струмица ќе се одвојат околу 3.500.000 денари.

Рок за реализација: почетокот на 2016 – крајот на 2017.

Продажба на градежно земјиште за изградба на индивидуални куќи, стан-бени и деловни објектиОпштината ќе донесе планови за урбанизирање на парцели за продажба на градежно земјиште во државна сопственост.

Рок за реализација: 2013-2017.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

ВМРО-ДПМНЕ знае дека е економскиот развој добар и во него треба да ужи-ваат денешните генерации, но само под услов доколку со него не се загро-зуваат можностите за развој на идните генерации. Затоа за нас концептот на одржлив развој е принцип, а заштитата и грижата за животната средина пре-ку отстранување на негативните влијанија од современиот начин на живот врз почвата, водата, воздухот и врз живите организми е наш врвен приоритет.

Самиот процес на приближување кон ЕУ наметнува стандарди и барања, не само во поглед на финансирањето, туку и во смисла на подобрување на ка-пацитетите и зајакнување на администрацијата на централно и на локално ниво, како и потреба за инвестиции во животната средина, особено во делот на третманот на отпадните води, управувањето со отпадот, спроведувањето на меѓународните документи што се однесуваат на планирање, организи-рање и користење на просторот во животната средина.

Животната средина и природа е просторот со сите живи организми и при-родни ресурси. Заштитата и унапредувањето на животната средина е зашти-та на воздухот, водата и земјиштето од загадување и спречување на штетна

Page 49: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 49

бучава, заштита од јонизирачко и нејонизирачко зрачење, користење и депо-нирање на отпадоци и друг вид заштита на животната средина и природата.

Изградба на депонија во Југоисточниот регион на МакедонијаПреку реализацијата на овој проект ќе се воспостави интегриран систем за управување со отпад во Југоисточниот регион. Системот вклучува изград-ба на регионална депонија и придружна инфраструктура за третман на ко-мунален цврст отпад, како и инвестирање во механизација за собирање и транспорт на сметот. Со изградбата на депонијата, цврстиот отпад од општи-ната Струмица ќе се сместува на нова локација каде соодветно ќе се третира и ќе се спречи досегашното загадување на животната средина. За изградба на депонијата потребни се 35-40 милиони евра што ќе биде инвестиција на концесионерот. За спроведување на постапката за избор на концесионер и подготовка на техничка документација обезбедени се 4,3 милиони денари донација од Владата на Република Италија и 2,5 милиони денари од Буџетот на Република Македонија.

Рок за реализација: 2014-2016.

Заштита на шумите во Струмичкиот регионЗа зачувување на шумите, општината ќе предвиди мерки за контрола, при што ќе бидат предвидени ригорозни казни за оние што незаконски ги сечат шумите.

Рок за реализација: континуирано.

Акција за пошумување на околината околу градот СтрумицаЌе се предвиди и акција за пошумување на околината околу градот Струми-ца за да се спречи ерозијата на земјиштето што предизвикува проблеми со атмосферската канализација при поголеми врнежи.

Рок за реализација: 2013-2017.

Расчистување на диви депонииРасчистување на диви депонии и санација на комунални депонии на ниво на општина Струмица.

Екосистемски пристап кон заштита на шумите, користење современи методи при заштита од штетници, организирано и планско собирање на шумски производи и лековити растенија.Поднесување на барање до Собранието на РМ да се прогласи шумата над градот за шума со посебна намена.

Отворање на служба за кучиња скитнициЗапочнување со работа на шинтерска слуба и нејзино кадровско и техничко опремување и екипирање со цел згрижување на кучињата скитници, заш-тита од ширење на заразни болести и несакани последици за граѓаните на општина Струмица. Од буџетот на општина Струмица ќе се одвојуваат 1 ми-лион денари секоја година, а службата ќе функционира во рамките на ЈП Комуналец.

Изградба на бокс за кучињаБоксот за кучиња ќе се изгради во делот до зоолошката градина. Од буџетот на општина Струмица ќе бидат одвоедни 300.000 денари за овој бокс за ку-чиња.

Page 50: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 51: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 51

VII. КОМУНАЛНИ РАБОТИ

Комуналните дејности се од витално значење за непречено одвивање на животот во една општина. За жал, комуналните проблеми сѐ уште се наше секојдневие и претставуваат проблем на граѓаните на општина Струмица. Локалната самоуправа, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во наредниот четири-годишен мандат максимално ќе се заложи за решавање на постојните про-блеми. Ќе инвестираме во изградба, реконструкција и санација на водовод-ни и канализациски системи, како и изградба и реконструкција на локалните патишта, ќе понудиме конкретни проекти за решавање на проблемите во целокупната инфраструктура.

Бидејќи правилното управување со отпадот што се создава од домаќинства-та, индустријата и од деловните субјекти, како и одведувањето на отпадните води се исто така од огромно значење за благосостојбата на општеството и здравјето на граѓаните, ќе се залагаме и за изградба и овозможување на воедначен развој на различните делови од општината преку изградба на канализациски системи, улично осветлување и модерна, добро одржувана комунална инфраструктура преку следните проекти:

снабдување со вода за пиење,

испорака на технолошка вода,

одведување и пречистување на отпадните води,

одведување и третман на атмосферските води,

канализацискиот систем, уличната мрежа и целокупната инфраструктура,

тротоарите,

јавното осветлување,

зелените површини,

собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и техно-лошки отпад,

одржување на градските гробишта,

одржување и реконструкција на локалните патишта, улици и други инфра-структурни објекти,

регулирање на режимот на сообраќајот,

изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација,

изградба и одржување на јавниот простор и паркирање,

отстранување на непрописно паркирани возила,

изградба и одржување на пазарите,

одржување на парковите, зеленилото, парк-шумите и рекреативните повр-шини.

Page 52: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

ВОДОСНАБДИТЕЛНИ СИСТЕМИ

Водата како добро од општ интерес е од првостепено значење во секојднев-ниот живот, значаен фактор за развој и битен и незаменлив услов за фи-зичкото опстојување на човекот. Затоа снабдувањето на населението на општината Струмица со чиста вода преку водоводна мрежа на територија на општината, со едновремено намалување на загубите на вода во водоснабди-телниот систем ќе биде наш врвен приоритет во новиот мандат.

Техничка вода за јавно зеленилоПреработката на водата за пиење е скап процес, не e економски и еколошки водата за пиење да се користи за наводнување на зелените површини. За таа цел ќе се изготви и ќе се реализира проект за наводнување на зелените површини со непреработена вода.

Рок за реализација: изработка на проект – почетокот на 2014; почеток на реализација – 2015.

Реконструкција на водоводни мрежи во населени местаЌе се реконструираат водоводната мрежа во неколку населени места би-дејќи е застарена и не ги задоволува сегашните потреби на граѓаните. Ќе се реализираат следните зафати:

Место Зафат Рок Буџет ФинансирањеРаборци Каптажа 2013 300.000 денари Буџет на општина СтрумицаБанско Ревитализација 2014 2.000.000 денари Буџет на општина СтрумицаСвидовица Ревитализација 2015 2.000.000 денари Буџет на општина СтрумицаВељуса Ревитализација 2015 3.000.000 денари Буџет на општина СтрумицаВКУПНО 7.300.000 денари

КАНАЛИЗАЦИСКИ СИСТЕМИ

Канализацискиот систем во градот Струмица е од сепаративен тип со вкуп-на должина од околу 100 км. Со изградба на нови сообраќајници во градот истовремено ќе се градат и нови канализациски линии. Честите запушувања на каналите во градот, излевањето на фекалните води, ширењето непријат-ни миризби и сл., ќе ги решаваме со континуирано одржување на канализа-циските системи.

Изградба на фекална канализација во селото ДабилеСо реализацијата на проектот Изградба на фекална канализација во селото Дабиле во должина од 14.918 метри ќе се подобрат условите за живот за 1946 жители од ова населено место. За оваа намена обезбедени се 31 мили-он денари преку Европската инвестициска банка.

Рок за реализација: 2015.

Изградба на фекална канализација во селото ДобрејциСредствата за изградба на фекална канализација во селото Добрејци во должина од 11.521 метри за потребите на 1800 жители се обезбедени од Европската инвестициска банка.

Рок за реализација: 2015.

Page 53: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 53

Изградба на фекална канализација во селото ПросениковоЗа изградба на фекална канализација во селото Просениково во должина од 8036 метри за потребите на 1550 жители обезбедени се 18,5 милиони дена-ри преку Европската инвестициска банка.

Рок за реализација: 2015.

Изградба на фекална канализација во селото БанскоСредствата во вредност од 80 милиони денари за изградба на фекална кана-лизација во селото Банско во должина од 18 километри ќе се обезбедат од буџетот на општината Струмица.

Рок за реализација: 2014-2016.

Изградба на фекална канализација во селото ВељусаСредствата вредност од 95 милиони денари за изградба на фекална кана-лизација во селото Велеуса во должина од 22 километри ќе се обезбедат од буџетот на општината Струмица.

Рок за реализација: 2014-2016.

Довршување на одводниот канал во градот Струмица.

СООБРАЌАЈ

Нова хоризонтална и вертикална сигнализација

Звучна сигнализација за слепи лица на семафоритеЌе се постави звучна сигнализација на семафорите во централното градско подрачје за лесно и безбедно преминување на улица на лицата кои се со оштетен вид и слепите лица.

УРЕДУВАЊЕ НА ТРОТОАРИ

Потребата од обновување на тротоарите со бетон и бекатонски коцки, из-градба на нови тротоари, реконструкција и уредување на веќе постојните е евидентна. Нашите најважни проекти, во функција на остварување на спо-менатите цели во следниот четиригодишен период, ќе бидат: Бетонирање на каналот во Дабиле и изградба на тротоар;Тротоари во Просениково; Тротоари во Сачево;Тротоари во Раборци;Тротоари во Водоча;Тротоари во Банско;Тротоар помеѓу улиците „Елка Јанкова“ и „Ристо Ќучиев“;Тротоар на ул. „Елка Јанкока“ до раскрсницата на ул. „Маршал Тито“; Тротоар на ул. „Дебарска“;Тротоар на ул. „Методија Митевски“; Тротоар на ул. „Тимо Тренчев“.

Средствата за овие проекти ќе се обезбедат од буџетот на општина Струмица.

Page 54: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Уредување на паркови и нови зелени површиниКвалитетот на животната средина и природата се огледало на секоја држа-ва, на секој град. Со нивно негување се создаваат услови за здрав живот на сите граѓани. Нашата визија и цел е Струмица да биде место препознатливо по зеленилото и добро уредените паркови и зелени површини. Наши најваж-ни проекти за остварување на овие цели во следниот четиригодишен период ќе бидат:

Нови содржини во градскиот паркВо градскиот парк ќе се постават нови содржини како што се зелени лави-ринти, зелени шаховски табли, модерни фонтани, цветни содржини и бота-ничка градина од буџетот на општината Струмица во соработка со ЈП „Кому-налец“. За таа намена во наредите четири години ќе бидат издвоени околу 8 милиони денари.

Зоолошка градинаСтрумица е еден од градовите кој во педесеттите години од дваесеттиот век некогаш имал своја зоолошка градина. Ќе се изгради зоолошки парк со што градот ќе добие уште една содржина за забава и рекреација на најмалите од општината и регионот. Од буџетот на општината Струмица ќе бидат од-делени околу 10 милиони денари. Средствата ќе се обезбедат од буџетот на општината Струмица и од донации.

Рок за реализација: 2014–2016.

Збогатување на градскиот плоштад со нови содржиниЗбогатување со нови атрактивни содржини на градскиот плоштад, подвиж-ни фонтани, подвижни боксови со големи дрвја и други модерни содржини. За збогатување на плоштадот со новите содржини од буџетот на општината Струмица ќе бидат одвоени околу 6 милиони денари.

Парк во месната заедница КарпошНа површината пред Месната заедница Карпош ќе се изгради паркче со спо-мен-обележје на херојот Карпош, фонтана и со содржини за деца. За разу-бавување на ова место од буџетот ќе бидат одвоени околу 1 милион денари.

Хортикултурно уредување на влезовите на СтрумицаХортикултурно ќе се уредат трите влеза во градот Струмица. Општина Стру-мица од својот буџет ќе издвои 200.000 денари.

Парк во населеното место МуртиноОбновување на паркот во населеното место Муртино до црквата со нови зе-лени и водени површини во кој ќе бидат сместени детско катче, клупи, пате-ки, како и простор за собирање на младите, одмор на активното население и пензионерите. За овој парк е предвидено општината Струмица да обезбеди 1.200.000 денари.

Рок за реализација: 2015.

Page 55: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 55

Парк во населеното место ДобрејциИзградба на парк во населеното место Добрејци во непосредна близина на складиштето, уредување со зелени и водени површини, во кој ќе бидат смес-тени детско катче, клупи, патеки, како и простор за собирање на граѓаните. За овој парк е предвидено општината Струмица да обезбеди 1.000.000 де-нари.

Рок за реализација: 2016.

Парк во населеното место БанскоОбнова на паркот во населеното место Банско, на влезот од селото кај Домот на културата со нови зелени и водени површини како простор за собирање и одмор на граѓаните. За овој парк е предвидено општината Струмица да обезбеди 1.200.000 денари.

Рок за реализација: 2014.

Парк во населеното место ВељусаДополнување на паркот во населеното место Вељуса со фонтана и зелени површини, со содржини за деца и услови за одмор и собирање. За овој парк е предвидено општината Струмица да обезбеди 1.000.000 денари.

Рок за реализација: 2016.

Парк во населеното место ДабилеИзградба на паркчето во населеното место Дабиле во непосредна близина на трансформаторите и опремување со нови содржини. За овој парк е пред-видено општината Струмица да обезбеди 1.500.000 денари.

Рок за реализација: 2015.

Парк во населеното место КуклишИзградба на парк во населеното место Куклиш помеѓу училиштето и нова спортска сала и уредување со зелени и водени површини, во кој ќе биде сместено детско катче, клупи, патеки, како и простор за собирање на пен-зионерите. За овој парк е предвидено општината Струмица да обезбеди 1.500.000 денари.

Рок за реализација: 2016.

Парк во населеното место ВодочаИзградба на парк и хортикултурно уредување околу манастирот во населе-ното место Водача. За овој парк е предвидено општината Струмица да обез-беди 800.000 денари.

Рок за реализација: 2014.

Парк во населеното место ПросениковоИзградба на парк во населеното место Просениково и уредување со зелени и водени површини, во кој ќе бидат сместени детско катче, клупи, патеки, како и простор за собирање на пензионерите. За овој парк е предвидено општината Струмица да обезбеди 1.200.000 денари.

Рок за реализација: 2016.

Page 56: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект Зазеленување на пороен каналРазубавување со зазеленување на поројниот канал, поставување на осветлу-вање и уредување на мостови. Општината Струмица за овој проект ќе одвои 500.000 денари.

Урбана опрема во турското маало Уредување со зелени површини и поставување на нова урбана опрема во турското маало. Од буџетот на општината Струмица ќе се издвојат 500.000 денари.

Уредување на градските гробиштаЗа хортикултурно уредување и уредување на патеки за пристап, чешмите и одводот во градските гробишта, општината Струмица преку буџетот на ЈП „Комуналец“ ќе обезбеди 2 милиони денари.

УРЕДУВАЊЕ НА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Недостатокот на улично осветлување во градот и во селата во општината Струмица се глетка што е недозволива за Струмица. Потребата од поголема ажурност на органите на општината во санирањето на дефектите и поставу-вање на нови светлосни системи е евидентна.

Осветлување во турското маало;

Улично осветлување во населеното место Водоча;

Улично осветлување во населеното место Просениково;

Улично осветлување во населеното место Добрејци;

Улично осветлување во населеното место Сачево;

Дополнување на уличното осветлување во населеното место Банско;

Дополнување на уличното осветлување во населеното место Муртино;

Осветлување на ул. „Панче Пешев“;

Осветлување на ул. „Мито Хаџи-Василев Јасмин“;

Осветлување на ул. „Дрварска“;

Осветлување на ул. „Гоце Делчев“ кај комплексот Мало стопанство;

Улично осветлување помеѓу згради на ул. „Браќа Миладинови“ 35 и 37;

Осветлување на СОУ „Никола Карев“;

Осветлување на ул. „Методија Митевски“;

Осветлување на ул. „Тимо Тренчев“.

За реализација на овој проект, средства ќе се обезбедат од Светската банка и од буџетот на општината.

Соларно улично осветлувањеРазгледување на можноста да се постави соларно улично осветлување.

Page 57: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 57

ПАЗАРИ

Современ градски пазарПо примерот на европските градови од Медитеранот, Струмица треба да има голем отворен пазар на кој земјоделците ќе можат да ги продаваат своите земјоделски производи во полна форма на својата свежина и квалитет. За оваа цел новата локална власт ќе изгради нов современ градски пазар. На површина од 30.000 м2 новиот градски пазар ќе содржи модерни продажни места како и голем паркинг-простор, а ќе се наоѓа до сегашниот затвор. За проектот современ градски пазар општина Струмица ќе обезбеди 4 милиони денари.

Рок за реализација: 2014-2015.

Проект за уредување на кванташкиот пазар во СтрумицаПроектот предвидува изградба на нови капацитети за складирање на кван-ташкиот пазар, пред сѐ мали разладни комори и боксови каде ќе се прода-ваат и ќе се складираат земјоделски производи. Боксовите би служеле за дневна продажба на земјоделските производи, а доколку цената не им одго-вара производителите би можеле да ја складираат стоката во нив за краток период од неколку дена. Тоа ќе овозможи креирање на мини-берза на кван-ташкиот пазар во Струмица. Предвидено е локалната власт да ја финансира изградбата на овие мали разладни комори и боксови и да стопанисува со нив преку ЈПКД „Комуналец Струмица“.

Рок за реализација: 2013-2014.

Цветен пазарНовиот градоначалник од редовите на ВМРО–ДПМНЕ ќе изгради цветен па-зар во кој одгледувачите и увозниците на хортикултурни растенија ќе можат да ги продаваат своите производи. Во касарната ќе се одвои простор од 600 м2, каде ќе биде сместен цветниот пазар. Општината Струмица за цветниот пазар ќе одвои 2.500.000 денари.

Page 58: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 59: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 59

VIII. ТУРИЗАМ

Конфигурацијата на теренот, реките и вештачките акумулации ја прават општината Струмица атрактивна за рекреативно-спортски, ловен, риболо-вен и селски туризам. Струмичкиот регион располага и со голем број мана-стири кои се посетувани од домашни и од странски туристи. Општината пре-ку изградба на патна, комунална и инфраструктура од областа на спортот, како и преку стимулирање на приватниот сектор за изградба на квалитет-ни сместувачки капацитети, капацитети за исхрана, различни занаетчиски дуќани на туристичките локалитети ќе придонесе за развој на туризмот.

Општината ќе биде посветена на искористување на конкурентските пред-ности и максимално ќе се залага да ги развива и да ги промовира најразлич-ните видови туризам, особено верскиот, спортско-рекреативниот, ловниот, риболовниот и селскиот туризам. Со тоа ќе ги задоволиме очекувањата и вкусовите на туристите, а нашата општина Струмица ќе ја направиме погод-на и препознатлива дестинација на туристичката мапа на Македонија.

На развојот на туризмот, кој досега во рамките на општината Струмица бил доста малку застапен, во наредниот период ќе му се посвети посебно вни-мание, со цел истиот во општина Струмица да стане профитабилна и атрак-тивна стопанска дејност за инвестирање. Општината Струмица развојот на туризмот ќе го темели на следните основи:

Промоција на туристичките капацитети на Струмичкиот регион пред стран-ските и домашни туристички операториПреку промоција на туристичките капацитети на Струмичкиот регион и настапи пред странски и домашни туристички оператори ќе се создадат услови општината да стане дел од европската и од регионалната мапа на атрактивни туристички дестинации во текот на целата година.

Рок за реализација: континуирано.

Развој на бањски туризам (БАЊА БАНСКО – с.Банско)Општината Струмица располага со природни услови и инфраструктура за развој на бањскиот (СПА) туризам. Дел од инфраструктурата и објектите кои постојат не го искористуваат максимално постојниот потенцијал. Општина-та Струмица ќе подготви проекти за промоција на овие потенцијали пред странски и пред домашни инвеститори.

Збогатување на содржините и инфраструктурно уредување на населено-то место Банско (асфалтирање на сите улици, комплетно редење на бе-катонски плочки на сите тротоари, партерно уредување на централниот дел на Банско со паркови, зеленила, содржини за забава на најмладите), со цел прераснување на овој локалитет во атрактивен туристички ком-плекс во регионот;Целосно искористување на ресурсите, на термалната вода во населеното место Банско, во здравствени, туристички и економски цели;Изградба на спортско-рекреативен центар и нова спортска сала во насе-

Page 60: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

леното место Банско, во соработка со Агенцијата за млади и спорт;Соработка на новата локална власт на општината Струмица со ловните друштва, со цел развој на ловниот туризам на локалитети околу туристич-кото место Банско;Изградба на СПА-ЦЕНТАР во населеното место Банско.

Рок за реализација: 2013-2016.

Развој на селскиот и на верскиот туризамОпштината Струмица има потенцијал за развој на селскиот туризам заради својата карактеристична традиционална архитектура, незагадена животна средина, погодно климатско поднебје, развиеност, пристап до религиозни и историски локалитети и објекти и најважно од сѐ, голема гостопримливост на граѓаните од овој регион. Во таа насока ќе се преземат следните актив-ности:

Организирање еднодневни екскурзии во селата Габрово, Банско и други населени места од Струмичкиот регион;Организирање посети на манастирите „Свети Леонтије“ во Водоча, „Све-та Елеуса“ во Вељуса и црквите „Свети петнаесет тивериополски свеште-номаченици“ и „Свети Илија“;Посети на акумулацијата Водоча и на Цареви Кули;Развој на ловниот туризам, пред сѐ во атарите на населбите Орманли, Дорламбос, Мемешли;Поттикнување за омасовување на манастирскиот туризам;Струмичкиот карневал да прерасне во помасовна туристичка атракција и негово туристичко комерцијализирање;Повторно враќање на училишниот туризам во рамките на општина Стру-мица во соработка со Владата на РМ;Постојана презентација и афирмација на туристичката понуда на општи-ната Струмица надвор од границите, особено кон соседна Бугарија, Гр-ција, како и кон европските земји;Изработка на нова туристичка мапа на општината Струмица, со сите нови туристички содржини, ознака на сите туристички места и објекти, со нови патокази и табли.

Габровски водопадиОживување на Габровските водопади и промовирање како туристичка дес-тинација. Изградба на соодветна инфраструктура и обележување со табли за полесен пристап до нив.

Page 61: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 61

Page 62: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 63: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 63

IX. КУЛТУРА

Општината Струмица располага со богато културно наследство, што го по-тврдува постоењето на континуитетот и на идентитетот на македонскиот на-род на овие простори. Од досега откриеното културно наследство на тери-торијата на општина Струмица, откриени се археолошки локалитети, цркви и манастири со фрескоживописи, објекти од старата градска и селска архи-тектура, споменици и спомен-обележја и други видови културни објекти и недвижности.

Во изминатиот период во полето на културата, Владата на Република Маке-донија промовира политика која значи нова страница и препород на култур-ните вредности во Република Македонија.

Културата во општината Струмица има потреба од поитензивно заживување на локално ниво. Затоа, новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Владата на РМ односно Министерството за култура, ќе про-должи во насока на зачувување на културното наследство и подигање на културното живеење во општина Струмица.

Реконструкција на Градскиот театар „Антон Панов“ во СтрумицаРеконструкцијата на Градскиот театар „Антон Панов“ во Струмица ќе се из-веде на локацијата каде беше сместен стариот струмички театар и ќе биде со капацитет од над 300 места. Ќе биде инсталирана модерна визуелна и акустична опрема за драмски претстави и други културни настани.

Овој проект ќе се финансира со средства обезбедени од Владата на Репу-блика на Македонија.

Рок за реализација: 2013-2015.

Стара Струмичка чаршијаВраќање на духот на Старата струмичка чаршија ќе се овозможи со рекон-струкција на средновековните фасади, враќање на автентичниот изглед (калдрма), поставување на канделабри кои ќе бидат во согласност со фаса-дите на објектите, поставување клупи кои ќе бидат автентични за ова град-ско подрачје. Исто така ќе се овозможи и одржување на културни манифес-тации во Старата чаршија. За реализација на овој проект ќе се издвојат 20 милиони денари од буџетот на општина Струмица, во соработка со Владата на Република Македонија.

Опремување на киносалаСо овој проект Струмица повторно ќе добие свое кино, со што ќе се подигне квалитетот на културното живеење. Проектот ќе се реализира во соработка со Министерството за култура на Република Македонија.

Уредување на локалитетот „Водоча“Локалитетот „Водоча“ има огромни потенцијали за промоција на културните вредности и за развој на туризмот. Со неговото уредување општината Стру-

Page 64: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

мица ќе добие уште една точка на мапата на културни и туристички дести-нации.

Реставрација на ,,Кукушката куќа“ и Музеј на Гоце Делчев Струмица е „вториот роден град“ на апостолот на македонското национално движење. Култот на Гоце Делчев е синоним за Струмица. Со изградбата на ваков објект, Струмица ќе го заокружи својот историски и културен контину-итет и ќе добие дестинација која ќе биде незаобиколна на мапите на училиш-ните и другите државни и регионални екскурзиски програми.

Спомен-куќа на Гоце АрнаудовВо спомен на бардот на македонскиот фолклор, Струмица достојно ќе му се оддолжи на Гоце Арнаудов преку отворање на спомен-куќа. Проектот е предвидено да се реализира во касарната на површина од 400 м2. За оваа намена средствата ќе се обезбедат од буџетот на општината Струмица.

Уредување на Цареви КулиПроектот „Цареви Кули“ инициран од Владата на ВМРО–ДПМНЕ, општината Струмица ќе го продолжи и ќе иницира негово развивање со цел Цареви Кули да стане незаобиколен туристички центар, кој ќе привлече туристи, не само од Македонија туку и од поширокиот регион.

Дислокација на гробот на Струма во центарот на СтрумицаДислокацијата на гробот на Струма во центарот на градот ќе придонесе за потполно заокружување на туристичките потенцијали и задржување на ту-ристите во градот за подолго време и продавање на хотелските капаците-ти за ноќевања на туристи. Средствата ќе бидат обезбедени во рамките на буџетот на општината.

Реконструкција на домовите за култура во населените местаРеконструкција на домовите за култура во населените места, кои се во рам-ки на општината Струмица. Средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на општината.

Реконструкција на староградски и заштитени фасадиЌе реконструираме неколку заштитени фасади во градот кои во моментот се во руинирана состојба. Во соработка со Владата на Република Македонија во 2013 година ќе се реконструираат пет фасади на староградски куќи во општината Струмица.

Фестивал на Камерен театар „Ристо Шишков“По дваесет години постоење, Фестивалот, кој го носи името на еден од најго-лемите актери на сите времиња, ќе биде институционализиран. Со тоа ќе се овозможи континуирано функционирање во текот на целата година.

Kлуб на писатели и уметници ,,Ристо Шишков”Општината Струмица ќе му ја искаже својата благодарност за промовирање-то на градот на Ристо Шишков преку отворање на спомен-куќа во негова чест, која истовремено ќе претставува клуб на писатели и уметници.

Page 65: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 65

Карневал во СтрумицаИнституционализирање на Струмичкиот карневал и создавање на организи-циски капацитети за континуирано функционирање во текот на целата годи-на, а со тоа издигнување и обележување на мапата на атрактивни туристич-ки случувања во Европа.

Споменик на Цар СамуилИзградб на споменик на Цар Самуил, кој ќе се лоцира на постојниот кружен тек на булеварот во центарот на градот, со што Струмица ќе добие монумен-тален спомен-обележје на најмаркантната историска личност од нашето средновековие. Ваквото обележје има културни и туристички потенцијали. Средствата ќе бидат обезбедени во рамките на буџетот на општината.

Споменик на генералот Боро ПоцковСпоменикот на генералот Боро Поцков во центарот на градот, освен про-должување на историскиот континуитет, ќе ја претставува и нашата одговор-ност за вреднување на личностите што оставиле траен белег во меморијата на струмичани, а ќе придонесе за афирмација на општината и засилување на туристичките потенцијали. Средствата ќе бидат обезбедени во рамките на буџетот на општината.

Спомен-парк на Борис ТрајковскиСпомен-паркот на Борис Трајковски, трагично загинатиот претседател на Ре-публика Македонија, ќе се лоцира во центарот на градот. Спомен-обележје ќе се формира од остатоците на авионот, кој ќе претставува достоинствено обележје на еден од најголемите струмичани. Средствата ќе бидат обезбе-дени во рамките на буџетот на општината.

Спомен-обележје на Мис СтонПознатата американска мисионерка и нејзиното дејствување во Струмица и во регионот во времето на револуционерното минато имаат круцијална вр-ска со градот. Ваквото обележје ќе го надополни историскиот котинуитет и ќе ги поттикне културните и туристичките потенцијали на општината. Сред-ствата ќе бидат обезбедени во рамките на буџетот на општината.

Одбележување на илјадагодишнината од Битката на БеласицаСтрумица е градот кој ја има одговорната и неизбришлива врска со маке-донската средновековна историја. Големата битка на Беласица заслужува достојно обележување на годишнината, а нејзиниот трагичен исход претста-вува една од пресвртниците во средновековната историја на Македонија. Одбележувањето на настанот од пред илјада години, освен општествена и културна важност, има и афирмативни и туристички потенцијали.

Реставрација на Спомен-костурницатаЦелосна реставрација на Спомен-костурницата и достојно обележување на спомен-обележјето на паднатите борци во Народно-ослободителната војна. Ќе се изврши и реконструкција на пристапните патеки до Спомен-костурни-цата, поставување нови клупи и канделабри. Од буџетот на општината Стру-мица за реставрација на Спомен-костурницата ќе бидат одвоени 1 милион денари.

Page 66: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Струмички меѓународни културно-забавни фестивалиНовиот градоначалник од редовите на ВМРО–ДПМНЕ финансиски и инсти-туционално ќе ги поддржи културно-забавните манифестации кои ќе се одр-жуваат во општината Струмица. Од општинскиот буџет и од буџетот на Вла-дата на Република Македонија ќе бидат одвоени 5.000.000 денари годишно.

Турски културен центарОтворање на турски културен центар во турското маало, кој ќе ја промовира турската култура меѓу нашите сограѓани. Во него ќе бидат сместени мини-библиотека со турски наслови и турски списанија. Исто така, во простори-ите на турскиот културен центар ќе има можност за одржување на настани.

Page 67: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 67

Page 68: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 69: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 69

X. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Меѓународната соработка ќе ја фокусираме на промоција на Струмичкиот регион пред потенцијалните странски инвеститори. Ќе ги презентираме ком-паративните предности на општината, поволните услови за инвестирање и поддршката која би ја добиле од локалната власт доколку донесат одлука да инвестираат и да отворат нови работни места во Струмица. Промоцијата ќе ја реализираме преку директни контакти со инвеститорите и преку орга-низирани посети и настапи на саеми во странство. Во таа насока ќе се реа-лизираат и следните проекти:

Континуирана промоција и контактирање на инвеститорите

Општината ќе воспостави сопствена база на податоци во која ќе се евиден-тираат сите потенцијални инвеститори со кои општината воспоставила кон-такт. Доколку заради деловни и пазарни услови, инвеститорите не се подгот-вени да го реализираат веднаш својот бизнис-план, општината ќе одржува редовен контакт со нив и во иднина, за да, кога ќе донесат таква одлука, истата да ја реализираат во општина Струмица.

Рок за реализација: континуирано.

Струмичките бизнисмени за СтрумицаВо промоцијата ќе вклучиме и афирмирани и успешни бизнисмени од општи-ната кои пред потенцијаните инвеститори би го презентирале сопственото искуство во водење бизнис во општината. Ваквите средби ќе помогнат и за презентирање на компаниите од Струмица и размена на меѓусебни контакти со потенцијалните странски партнери, односно развивање на соработката со странство и доколку постои интерес и склучување нови бизнис-зделки.

Рок за реализација: континуирано.

Организирање Денови на дијаспората (во текот на летните месеци)Општината ќе подготви програма на неколкудневно дружење со сонарод-ниците кои се иселени во странство (културни и деловни дружења), која ќе има за цел да се соберат и да се донираат средства (добротворни прилози од дијаспората), со кои ќе се реализира некаква цел од локално значење (из-градба на чешма на сред село, осветлување на улици, изградба на локални патишта, отворање мобилни аптеки, мобилна амбуланта и сл.). Во реализа-ција на проектот ќе се вклучи и приватниот сектор.

Рок за реализација: континуирано.

Соработка со општини од земјите од Европа и од регионотПромоција на општината Струмица со цел збратимување со слични општини од земјите од Европа и од регионот. Ваквата соработка ќе придонесе и за размена на позитивни искуства кои би можеле да се применат и во нашата општина.

Page 70: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017
Page 71: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 71

XI. БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

Противпожарната заштита ќе биде меѓу првите на листата на приорите-ти. Изградба на ефикасен систем на превенција и заштита од пожари во општината. Противпожарната заштита е од витално значење за општината. Општината како носител на противпожарната заштита во рамките на своите надлежности ќе ги преземе сите мерки и активности насочени кон заштита на животите и на имотот на граѓаните. Функционирањето на противпожар-ната заштита треба да се издигне на повисоко ниво, бидејќи ќе ја зголемува сигурноста кај граѓаните. Поради чинителите на пожари, противпожарната заштита треба секогаш да биде добро опремена и подготвена за дејству-вање на највисоко нивo.

За успешно функционирање на заштитата од природни и елементарни ката-строфи, потребно е да се преземаат соодветни мерки за заштита од пожари, поплави и други незгоди. При процесот на планирање, потребно е да се води сметка за конфигурацијата на општината, степенот на урбанизација, степе-нот на загрозеност од пожари, климатско-хидролошките услови.

Со комплетно технички опремено, стручно и професионално обучено функ-ционирање на ТТПЕ на општина Струмица се зголемува безбедноста и си-гурноста кај граѓаните, заштитата на нивните имоти и заштитата на држав-ните институции во општината.

Нови простории на пожарните служби и формирање на три пункаДислокација на противпожарната единица во нов објект, соодветно опре-мен за таа намена. Нови простории на пожарните служби и формирање на 3 пункта на три локации во градот за побрзо дејствување во случај на непого-ди. Средствата ќе се обезбедат од буџетот на општина Струмица.

Обнова на возниот парк и модернизација на техничките средстваОбнова на возниот парк, односно набавка на две современи противпожар-ни возила. Исто така ќе се изврши и модернизација на техничките средства и опремата за работа на професионалната противпожарна единица. Сред-ствата ќе се обезбедат од буџетот на општина Струмица.

Противпожарни единици во урбани срединиНабавка на софистицирана опрема за гаснење пожари во урбани средини и опрема за гаснење шумски пожари.

Обележување на хидрантиВидно ќе се обележат сите хидранти во градот и во вонредни услови при пожари ќе се обезбеди лесен пристап до истите.

Формирање тело за брза реакција во вонредни условиФормирање тело кое во вонредни услови при појава на пожар ќе биде одго-ворно за координирање на противпожарните активности околу градот Стру-

Page 72: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

мица. Ова тело ќе биде одговорно да дефинира заштитен противпожарен појас околу градот на кој би се изведувале превентивни активности и вежби за брзо дејствување при појава на пожари.

Рок за реализација: 2013, а потоа континуирано.

Обуки за пожарникарите и целните групиОрганизирање активности за проверка на функционирањето на противпо-жарната опрема во станбените објекти и нејзино редовно тестирање. Ќе се инсталира нова опрема во оние објекти кои не располагаат со системи за противпожарна заштита и хидранти. Константно усовршување и обука на пожарникарите, во земјата и во странство. Организирање на обуки за спра-вување со пожари на повеќе целни групи:

Обуки за професионалните ПП-единици и доброволните ПП-единици;Обуки во земјоделските, шумските и водостопанските субјекти;Одржување настава во образовните институции.

Кампањи за противпожарна заштитаПодигање на противпожарната култура кај населението на општина Стру-мица, преку одржување на показни вежби за заштита од пожар, иницирање образовни емисии на локалните медиуми посветени на противпожарната заштита, особено во пролетните и летните периоди и изработка на брошури за противпожарна заштита.

Меѓународна соработкаРазмена на искуства и меѓународна соработка во областа на противпожар-ната заштита со посебен акцент на опасностите од пожарите кон работната и животната околина. За таа цел ќе се контактираат странски служби од об-ласта на заштитата од пожари.

Page 73: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 73

Page 74: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 75: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 75

XII. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Единиците на локалната самоуправа како главни носители на социјалната заштита се одговорни за основање јавни установи за социјална заштита, раз-вивање вонинституционални форми за социјална заштита и реализирање социјални програми. Започнатите процеси на децентрализација во областа на социјалната заштита отвораат бројни можности за уште поактивна улога на општинските власти да креираат локални стратегии и програми за со-цијално вклучување на граѓаните на кои сме им најпотребни.

Во соработка со Владата, приватниот сектор и невладините организации во новиот мандат ќе продолжиме да се грижиме за вклучување на најранливите и маргинализирани групи во општествените текови и зголемување на квали-тетот на нивниот живот преку обезбедување на услови за нивна социјална и економска интеграција. Преку зголемување на нивната вработливост и со јакнење на нивната способност за вработување ќе помогнеме овие наши со-граѓани да излезат од кругот на сиромаштијата и да обезбедат поквалитетен живот.

Социјалната политика е политика за спречување и надминување на социјал-ните ризици, на кои е изложен граѓанинот, семејството и групи на население, во текот на животот.

Посебна целна група во програмата е обезбедување на посебна грижа и заштита на лицата со посебни потреби, на децата без родители и родител-ска грижа, на корисниците на постојана помош и на останатите категории на социјално загрозени граѓани.

Владата на Република Македонија води активна социјална политика за-снована на начелото на хуманизмот, социјална праведност и солидарност. Поддржувајќи ги тие начела, новата локална власт на општина Струмица, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе води посебна грижа и заштита на ранливи-те категории граѓани на Струмица и населените места.

Пренамена на комерцијален станбен објект на ул. „Ѓорги Василев“ бр. 42 во зграда за социјално ранливи категорииПренамена на комерцијален станбен објект на ул. „Ѓорги Василев“ бр. 42 во зграда за социјално ранливи категории. Објектот содржи 35 стана и истите ќе им бидат доделени на деца без родители, самохрани мајки, семејства при-матели на социјална помош.

Проект за двосменско работење на детските градинкиПреку претходни анкети кои ќе ги спроведе општина Струмица со цел да се утврди бројот на деца, возраста на децата и времетрањето на престојот и во зависност од бројот на заинтересирани, ќе се воведе целодневен престој во градинките во општината. Во рамките на овој проект ќе биде воведена и програма за дежурна градинка која ќе работи и во сабота.

Рок за реализација: 2013.

Page 76: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект за физичко воспитување за децата од предучилишна возрастСо цел децата од најрана возраст да го добијат потребниот поттик за здрав живот и од својата најрана возраст да бидат свесни за големината на улогата која спортот ја игра во постигнување на добро физичко но и ментално здра-вје, во градинките во општина Струмица ќе воведеме физичко воспитување со вежби за правилен раст и развој на секое дете. Вежбите по физичко во-спитување и култура ќе ги изведуваат стручни лица.

Рок за реализација: 2014.

Проект Реконструкција на постојните градинкиЌе се изврши реконструкција и подобрување на условите на постојните гра-динки на територија на општината Струмица. Средствата ќе се обезбедат од Светската банка и од буџетот на општина Струмица.

Рок за реализација: 2014-2017.

Проект Отворање на две нови градинкиЌе се отворат две нови градинки во населените места Куклиш и Банско. Средствата ќе се обезбедат од буџетот на општина Струмица.

Бесплатна игротекаОпштината ќе овозможи во периодот од 16 до 18 часот родителите бесплат-но да ги оставаат своите деца во игротека, за да можат да ги завршат се-којдневните обврски по завршување на работното време.

Дневен центар за деца со посебни потребиЌе отвориме Дневен центар за деца со посебни потреби. Со изградба на овој центар ќе овозможиме соодветна грижа и заштита на децата со посебни пот-реби, а истовремено ќе овозможиме и поддршка за нивните семејства.

Рок за реализација: 2014.

Отворање советувалиште за родителите од ромска националностОтворање советувалиште за родителите од ромска националност во делот на заштита на правата на децата и подигнување на родителската грижа и задолжително вклучување на децата во предучилишните установи.

Проект за условени парични надоместоциПроект за условени парични надоместоци обезбедени од Владата на Репу-блика Македонија и Светската банка, наменети за економски ранливите и социјално загрозените родители. Средствата ќе бидат наменети пред сѐ за потребите на децата од предучилишна возраст, како и за децата од основно-то и од средното образование.

Проект за грижа за најмалите Сите децаКвалитетна грижа и обезбедување услови за ранливите категории деца со оптимален опфат на ромските деца, децата со мултихендикеп, децата со ау-тизам и децата со пречки во телесниот и интелектуалниот развој во системот за заштита на децата во постојните јавни установи за згрижување и воспи-тание на децата. Вклучување на ромските деца во јавните предучилишни установи и изградба на детска градинка за таа намена, со компетентни во-спитувачи и негуватели за работа со нив.

Page 77: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 77

Советодавна канцеларија за помош при вработувањеОпштина Струмица ќе покрене кампања за помош при вработување просле-дена со формирање на центар со лица од општинската администрација, чија задача ќе биде да ги советуваат граѓаните кои ќе се обратат за помош како поуспешно да аплицираат за одредено работно место. Советите ќе се од-несуваат на тоа како да се подготви CV, како да се подготват апликантите за интервјуто, ќе биде составен прашалник според кој ќе му се помогне на апликантот да открие во што се пронаоѓа себеси, но и во што е најдобар врз база на своето искуство или образование.

Рок за реализација: 2014.

Адаптација на инфо-системот за користење од страна на лица со оштетен слух, оштетен вид или говорЦелта на проектот е што поголем број лица со оштетен слух, вид и говор да го користат инфо-системот, со цел да станат корисници на обуки за подоб-рување на вештините и знаењата, и во крајна линија да ги зголемат можност-ите за наоѓање работа и општествено интегрирање.

Рок за реализација: 2013-2015.

Мобилен кадар од дефектолози и логопедиОбезбедување на мобилен кадар од дефектолози и логопеди од службите и установите од заедницата за дооформување на службите за помош на деца-та и поддршка на семејствата.

Рок за реализација: 2014.

Пристапни рампи за лицата со посебни потребиЗа лицата со посебни потреби ќе се овозможи соодветен физички пристап до јавните институции на локално ниво, детските градинки, училиштата, здравствените установи и другите институции, кои им се неопходни за ели-минирање на социјалните бариери и целосен независен и интегриран живот во заедницата. Затоа општината Струмица ќе изгради пристап до сите јавни институции и установи низ општината, со цел овозможување на непречено движење на лицата со посебни потреби. Со изградба на пристапните рампи се премостува хендикепот и се овозможува достапна средина за овие лица во сите сфери на општественото живеење.

Рок за реализација: 2014-2016.

Социјализација и активирање на децата и младите со пречки во развојот преку остварување на следните проекти:Продолжување на процесот на отворање на дневни центри за деца со по-себни потреби, за децата на улица, преку соработка на локалната власт и на Владата на РМ.

Уредување на детско катче за деца со посебни потреби;Организирање посети на културно–историски споменици низ Македо-нија;Формирање работилница за ликовни и музички натпревари за деца со посебни потреби под покровителство на локалната самоуправа на Стру-мица.

Page 78: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Изградба на нов старски домЌе изгради нов старски дом со цел обезбедување поквалитетен живот на граѓаните во третата доба од животот. Старскиот дом ќе биде сместен во поранешната касарна. Старскиот дом ќе се гради со јавно-приватно парт-нерско, а ќе бидат потребни околу 800.000 евра.

Пензионерски клубовиОбезбедување на достоинствен живот на старите лица преку развивање на активностите на здружението на пензионери и стари лица и отворање на клубови во просториите на месните заедници во градот и останатите насе-лени места. Ќе се промовира развојот на сервисни служби за стари лица.

Рок за реализација: континуирано.

Народни кујниЗаедно со Владата на Република Македонија ќе се реализира проектот На-родни кујни со цел обезбедување топол оброк за социјално ранливите групи.

Лица со посебни потреби во работен односСтимулирање на локалните претпријатија за регистрација во регистарот на заштитни претпријатија. Главна цел на проектот е вклучување на лицата со посебни потреби во работниот процес и создавање услови за работење, адаптација на работните места за лицата со посебни потреби, за да се соз-дадат услови за вработување односно материјално обезбедување на оваа категорија граѓани.

Поддршка за советувалиштата за превенција од дрогиОтворање на советувалиште за превенција од дрога и други психотропни супстанции за учениците од основните и од средните училишта.

Поддршка на семејствата што имаат лица со посебни потребиЌе биде дадена поддршка на семејствата што имаат лица со посебни потре-би и згрижување на деца без родителска грижа, со цел нивна ресоцијализа-ција и интегрирање во воспитно-образовниот систем. Ширење на мрежата на институционални и вонинституционални облици за социјална заштита на лицата со инвалидност, децата без родители и родителска грижа, како и де-цата во социјален ризик.

Page 79: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 79

Page 80: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 81: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 81

XIII. ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Владата на ВМРО–ДПМНЕ во континуитет спроведува реформи за подобру-вање и унапредување на квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на Македонија. Во насока на соработка, ќе продолжиме континуирано да го унапредуваме системот на здравствена заштита, за да им овозможиме на граѓаните брз пристап до квалитетни здравствени услуги.

Основен приоритет за наредните четири години во нашата програма ќе биде подигнување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа на здрав-ствена заштита. За постигнување на оваа цел, ќе инвестираме во модерниза-ција на инфраструктурата преку реализација на проекти за реконструкција, доградба и адаптација на јавните здравствени установи, како и обезбеду-вање услови за стручно усовршување на здравствените работници и сора-ботници и максимално искористување на новата медицинска опрема. Граѓа-ните на Струмица ќе имаат пристап до поевтини лекови со дополнително намалување на цените на лековите, пензионерите од нашата општина чија пензија е пониска од просечната во Република Македонија ќе имаат пристап до бесплатно болничко лекување.

Наша трајна определба е секој граѓанин да добие квалитетна здравствена заштита. Наши најважни проекти во функција на остварување на оваа цел во следниот четиригодишен период ќе бидат:

Реконструкција на интермедијалниот центарРеконструкцијата на интермедијалниот центар во рамките на ЈЗУ Здрав-ствен дом Струмица предвидува замена на кровната реконструкција. Инвес-тицијата е во висина од 960.000 денари и средствата ќе бидат обезбедени од Министерството за здравство.

Рок за реализација: 2014.

Реконструкција на објектот на ЈЗУ „Општа болница Струмица“Ќе се изврши санирање на болничките простории, реконструкција на кровот на очното и ушното оделение и на две нови невролошки амбуланти како и на простории за дневни болници. За реализација на овој проект ќе бидат обез-бедени средства од Министерството за здравство, во износ од 2,5 милиони денари.

Рок за реализација: април 2013.

Довршување на објектот на ЈЗУ „Општа болница Струмица“Ќе се доврши објектот на ЈЗУ „Општа болница Струмица“, со што ќе се завр-ши внатрешното уредување на новиот објект и ќе се спроведат потребните инсталации, со цел ставање во функција на истиот за потребите на јавното здравство. Во новиот објект ќе се лоцираат интернистичките, хируршките и одделенијата за гинекологија и акушерство.

Рок за реализација: 2014-2016.

Page 82: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Спроведување бесплатни здравствени превентивни прегледиОпштината Струмица во соработка со Министерството за здравство ќе орга-низира кампањи за бесплатни здравствени прегледи, преку кои на одредени пунктови ќе се вршат проверки на холестерол, гликемија во крв. На пункто-вите ќе се делат брошури и материјали за промоција на здравиот начин на исхрана и стил на живеење.  Прегледите ќе ги вршат медицински екипи, а целта на оваа акција е поттикнување на свеста кај населението за потребата од навремени превентивни прегледи и редовна контрола на здравјето.

Рок на реализација: континуирано.

Кампања во општина Струмица за рано спречување на ракот на матка и на дојкаВо соработка со стручни лица ќе се организираат трибини на кои ќе се пре-зентира потребата од превенција и рано откривање на ракот на матка и на дојка. Исто така на овие трибини ќе се презентира можноста за бесплатна ХПВ-вакцина за спречување на ракот на матката кај женската популација и за скрининг на матка и на дебело црево.

Рок за реализација: континуирано.

Реорганизирање и зајакнување на здравствените домовиРеорганизирање и зајакнување на здравствените домови со зголемување на бројот и видот на услугите со фокус на населението во руралните средини, вклучително и унапредување со опрема и доекипирање на повеќефункцио-нална патронажна служба во рамки на здравствените домови.

Со овој проект поддржан од Владата на Република Македонија ќе се зајак-не соработката помеѓу матичните гинеколози и патронажните сестри со цел навремено меѓусебно информирање за бремени и породени жени. Со овој проект ќе се зголеми бројот и видот на услугите кои ќе бидат давани од стра-на на патронажните сестри во руралните средини во општина Струмица и ќе се доекипира патронажната служба, со што ќе се подоби квалитетот на услугите и нивната достапност до населението.

Рок за реализација: континуирано.

Отворање на центри за рехабилитацијаОпштина Струмица во соработка со приватните болници во Република Ма-кедонија ќе ја разгледа можноста за отворање на центри за рехабилитација во која би се испраќале пациенти со цел нивно побрзо закрепнување. Ќе се разгледа и можноста за искористување на дел од постојните објекти кои се во сопственост на Република Македонија. Чистата и незгадена животна сре-дина, бањите и природните ресурси овоможуваат развивање на вакви цен-три во општина Струмица.

Рок за реализација: 2013,

за контактирање на болниците, и доколку се потврди нивниот интерес, општината во најкраток рок ќе ги обезбеди потребните дозволи за градба и отпочнување со работа.

Page 83: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 83

Изградба на нов систем за греењеЌе се замени начинот на греење на ЈЗУ „Општа болница Струмица“, при што ќе се постави котлара на природен гас. Средствата ќе се обезбедат преку Министерството за здравство.

Рок за реализација: 2013–2014.

Page 84: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Page 85: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 85

XIV. ТРАНСПОРТ

Важен предуслов за економскиот развој на една земја е патната инфра-структура, која влијае врз деловните можности, но и врз вкупната привле-чност на општината за работа и инвестирање. Ефикасната и сигурна патна инфраструктура ја олеснува и ја поттикнува мобилноста на луѓето и стоките, ја надминува ограниченоста на локалните пазари и создава претпоставки за рамноправен економски развој на сите региони.

Оттука, вложувањата во инфраструктурата се од витално значење за нама-лување на невработеноста и сиромаштијата, за зголемување на конкурент-носта на економијата, постигнување забрзан економски раст и порамноме-рен регионален развој.

Затоа, со Ваша поддршка во општината Струмица веднаш ќе започнеме со реализација на јавни инвестициски проекти од областа на патната мрежа и транспортот со цел да се обезбеди пристоен живот за секој граѓанин и да се намалат диспаритетите помеѓу урбаниот и руралниот дел од општината, но и да се создадат услови за развој на приватниот сектор.

Изградба на нов булевар на потегот од ул. „Братство и единство“ покрај ав-тобуската станица и Агро-берзата и поврзување до обиколниот пат Струми-ца – Ново Село.Се предвидува изградба на булевар со вкупно четири ленти, со што ќе обез-беди брз проток на возила и луѓе. Ова ќе придонесе за намалување на со-обраќајните гужви, побрз пристап до населените места Просениково, Сарај, Пиперово и др. Должината на булеварот е 600 метри, при што ќе се изгради атмосферска и фекална канализација и комплетно ќе се уредат тротоарите. Средствата во износ од околу 30 милиони денари ќе се обезбедат од буџетот на општина Струмица и од Светската банка.

Рок за реализација: 2013-2014.

Изградба на булевар почнувајќи од ул. „Стив Наумов“ до регионалниот пат Струмица-Радовиш.Се предвидува изградба на вкупно четири ленти (по две лени од двете стра-ни на каналот) во вкупна должина од 2 километри. Вредноста на проектот изнесува 70 милиони денари и ќе се обезбедат од буџетот на општина Стру-мица и од Светска банка.

Рок за реализација: 2015-2016.

Булеварско решение на ул. „Климент Охридски“Реализирање на булеварско решение на ул. „Климент Охридски“ на потегот од Жито Струмица до излезот на градот кон Валандово. Се предвидува про-ширување со уште две ленти со околни тротоари. Должината на булеварот изнесува 2,7 километри, а вредноста на целиот проект е околу 30 милиони денари. Средствата ќе се обезбедат од буџетот на општина Струмица и од Светската банка.

Рок за реализација: 2014-2015.

Page 86: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Реконструкција на локалниот пат Струмица – с. ПопчевоРеконструкција на локалниот пат Струмица – с.Попчево во должина од 6,10 км и вкупна вредност од 37,5 милиони денари. Средствата се обезбедени од Светската банка.

Рок за реализација: aприл 2013.

Изградба на локалниот пат с. Водоча - браната „Водоча“Изградба на локалниот пат с. Водоча - браната „Водоча“ во должина од 5,2 километри и вкупна вредност од околу 30 милиони денари. Средствата ќе се обезбедат од буџетот на општина Струмица и од Светската банка.

Рок за реализација: 2014-2016.

Завршување на локалниот пат M-6 – с. СачевоРеконструкција на локалниот пат M-6 – с. Сачево во должина од 2190 метри во вредност од 15,8 милиони денари. Средствата ќе се обезбедат од Европ-ската банка за обнова и развој.

Рок за реализација: втората половина на 2013.

Нов локален пат с. Сачево – ТИРЗ СвидовицаОткако ќе заврши проширувањето на локалниот пат М6 – с. Сачево, ќе отпо-чне изградбата на новиот локален пат с. Свидовица - ТИРЗ Свидовица. Со изградба на овој пат ќе се овозможи поврзување на населените места Сви-довица и Сачево,а исто така ќе се овозможи поврзаност на ТИРЗ Свидови-ца директно со магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село. Должината на оваа делница е околу 4 километри. Средствата во износ од околу 30 милиони денари ќе се обезбедат од буџетот на општина Струмица и од Светската банка.

Рок за реализација: втората половина на 2015.

Нов локален пат Водоча – СтрумицаЌе се изгради нов локален пат кој директно ја поврзува Струмица со селата Водоча и Вељуса. Оваа делница ќе биде значајна и за развој на туризмот и подобар пристап до манастирските комплекси во селата Водоча и Вељуса. Изградбата на патот ќе започне веднаш по завршувањето на процесот на ле-гализација на дивоградбите и донесување на генералниот урбанистичи план за месноста Софилар. За патот во должина од 3,5 километри, средствата во износ од околу 30 милиони денари ќе се обезбедат од буџетот на општина Струмица.

Рок за реализација: 2017.

Реконструкција на патниот правец с. Добрејци - ТИРЗ ДобрејциВредноста на проектот Реконструкција на патниот правец с. Добрејци до ТИРЗ Добрејци во должина од 836 метри изнесува 4,2 милиони денари. Средствата за реализација на овој проект ќе ги обезбеди општината Струми-ца во соработка со Европската банка за обнова и развој.

Рок за реализација: прва половина на 2014.

Page 87: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК, НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА! 87

Довршување на регионалниот пат Ангелци – Вељуса – Василево - СтрумицаДовршување на регионалниот пат Ангелци – Вељуса – Василево - Струмица во должина од 7,5 километри. Проектот е во вредност од 36,5 милиони де-нари. Средствата за реализација на овој проект ќе ги обезбеди општината Струмица во соработка со Европската банка за обнова и развој.

Рок за реализација: 2014.

Реконструкција на кружни тековиЌе се реконструираат кружните текови за да се изведат во согласност со ва-жечките сообраќајни стандарди и нормативи. Ќе се изврши реконструкција на кружниот тек на ул. „Ленинова“ и на кружниот тек на улиците „Младин-ска“ и „Гоце Делчев“. Средствата ќе се обезбедат од буџетот на општината Струмица.

Рок за реализација: 2013-2017.

Асфалтирање на патишта и улициАсфалтирање на улиците во Струмица и околните места каде сѐ уште постојат неасфалтирани улици.

Реконструкција на ул. „Струма“;Асфалтирање на крак на ул. „Цветан Димов“; Реконструкција на ул. „Горги Трајков“ од бр. 28 до бр. 66;Асфалтирање на џебот на ул. „Киро Манинов“;Асфалтирање на оштетени места на ул. „Киро Абрашев“;Реконструкција на ул. „Крсте Мисирков“;Реконструкција на ул. „Загребачка“;Реконструкција на ул. „Кузман Питу“;Реконструкција на ул. „Бел Камен“; Доасфалтирање на ул. „Крушевска Република“;Асфалтирање на сокак на ул. „Светозар Марковиќ“ броевите 48, 49, 50, 51;Асфалтирање на свиок кој ги спојува улиците „Антон Панов“ и „Мара Ми-нанова“;Асфалтирање на сокак на ул. „Димитар Влахов“ броевите 51, 50, 49, 48; Асфалтирање на џеб на ул. „Никола Тесла“; Асфалтирање на ул. „Горги Трајков“ од бр. 28 до бр.66; Асфалтирање улици во с. Сачево;Асфалтирање на две улици во с. Рич; Асфалтирање улици во должина од 300 метри во с.Раборци;Асфалтирање улици во должина од 750 метри во Водоча;Асфалтирање улици во с. Банско во должина од 2500 метри;Асфалтирање улици во с. Муртино во должина од 400 метри.

Средствата ќе се обезбедат од буџетот на општина Струмица.

Page 88: Васил Пишев - Програма Струмица 2013-2017

www.vmro-dpmne.org.mk