ПОИМ И СУШТИНА НА МЕНАЏМЕНТОТ. 1
TRANSCRIPT
Оформете свој бизнис изградете ја целта што ја сакате да ја остварите и вашиот прв чекор е реализиран.
Дали функционирањето на бизнисот е дејност што Дали функционирањето на бизнисот е дејност што „се одвива„ сама по себе ? „се одвива„ сама по себе ?
Потврден одговор на ова прашање се добива само во случај кога бизнисот се поистовети со автомат кој има можност самиот да се регулира, има однапред поставена програма и може сам од себе да функционира како што е предвидено.
Но за жал сеуште не постои такво управување со тоа и само по себе се поставува прашањето:
Како да се регулира функционирањето на бизнисот ?
Бизнисот треба да биде менаџиран за да ги оствари целите. Како е менаџиран еден бизнис зависи од правилноста на функционирањето и остварувањето на целта на бизнисот. За секој организациски систем, менаџментот е прашање на неговата егзистенција. Ако не се остваруваат целите преку менаџирањето тогаш тоа не е добро и постоењето на тој систем станува беспредметно.
Комплексот функции кои во една организација се Комплексот функции кои во една организација се задолжени за дефинирање на целите и за задолжени за дефинирање на целите и за
„водење„ кон нивното остварување, односно „водење„ кон нивното остварување, односно управување, е Менаџментот.управување, е Менаџментот.
За менаџментот денес постојат
многу дефиниции, од
наједноставни до најкомплексни.
Поедноставни дефиниции на пример се следните:
- Менаџмент значи да се поттикнуваат другите да го прават она што мислиме дека е правилно.
-Менаџмент значи да се работи со рацете на другите.
-Менаџмент е остварување на нешто што се сака да се направи преку луѓето.
Покомплексни дефиниции за менаџментот
обично укажуваат меѓу другото и на функциите кои го
чинат истиот. Таква е следната
дефиниција:
Менаџмент е процес на планирање, организирање,
раководење и контролирање на
активностите во една организација, заради
остварување на нејзините цели на ефикасен и ефективен начин.
Има дефиниции кои поаѓаат од местото и
улогата на поединците:
Менаџментот е процес на создавање услови во кои поединците, работејќи заедно со други луѓе во групи, ефикасно ќе ги постигнуваат избраните цели.
Во некои дефиниции акцентот е ставен на ресурсите:
Менаџментот е реализација на одредена целесообразна активност во користење на ресурсите ( човечки, финансиски, физички, технолошки, информативни и сл.)
Иако дефинициите за менаџментот се различни, сепак можно е да се укаже на она што е заедничко:
Се работи за процес во врска со поставување и
реализација на целите на организацијата.
Се работи со и преку луѓе
Функции се: планирање,
организирање,раководење и контролирање
Работењето на менаџерот
треба да резултира во ефикасно и ефективно
искористување на ресурсите