Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

28
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 140 www.mchamber.mk 13.06.2013 ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 ПРИМЕНАТА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ БАНКАРСКИ СТАНДАРДИ И` ОВОЗМОЖИ НА МАКЕДОНИЈА ПОЛЕСНО НАДМИНУВАЊЕ НА КРИЗАТА СОЗДАДЕН ЛИНК МЕЃУ БИЗНИС-ЗАЕДНИЦИТЕ ДО РЕШЕНИЈА ВО ДИЈАЛОГ СО ВЛАДАТА Стопанската комора на Македонија потпиша Меморандум за соработка со најголемата Комора на Украина Здружението на банкарството домаќин на 36-oт состанок на Европската банкарска федерација Здружението на металургијата предлага мерки за ублажување на состојбите во оваа индустрија

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 27-Mar-2016

240 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 140 www.mchamber.mk 13.06.2013

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ПРИМЕНАТА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ БАНКАРСКИ СТАНДАРДИ И` ОВОЗМОЖИ НА МАКЕДОНИЈА

ПОЛЕСНО НАДМИНУВАЊЕ НА КРИЗАТА

СОЗДАДЕН ЛИНК МЕЃУ БИЗНИС-ЗАЕДНИЦИТЕ

ДО РЕШЕНИЈА ВО ДИЈАЛОГ СО ВЛАДАТА

Стопанската комора на Македонија потпиша Меморандум за соработка со најголемата Комора на Украина

Здружението на банкарството домаќин на 36-oт состанок на Европската банкарска федерација

Здружението на металургијата предлага мерки за ублажување

на состојбите во оваа индустрија

Page 2: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

ПОКРОВИТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Page 3: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

ПОДВЛЕЧЕНО

Во претстојниот период како Влада ќе продолжиме со реализација на својот реформски однос кон економијата. Нашите приоритети на кус и на среден рок, првенствено, ќе бидат насочени кон зголемување на конкурентноста на фирмите, поттикнување на нивното производство и зголемување на стапката на вработеност. Меѓу позначајните мерки би ја споменал изградбата на хидроцентрали (мали и големи), поттикнување на изградба на сончеви колектори и на ветерници со цел

зголемување на производството на домашна електрична енергија, намалување на нејзината цена, односно на еден од најзначајните и најголемите влезни трошоци во производството на домашните фирми и зголемување на нивната конкурентност. Секако, продолжуваме со проектот „Регулаторна гилотиња“, во кој учествуваат речиси сите министерства, во насока на отстранување на новопојавените и/или новолоцираните административни бариери за бизнисот. Континуиран процес е и реконструкцијата на постојната и изградба на нова патна и железничка инфраструктура, односно т.н. капитални буџетски инвестиции, како силен поттикнувач на производството, трговијата и извозот на стоки и услуги, за брза и ефектна комуникација меѓу фирмите. Во претстојниот период ќе преминеме на воведување т.н. „едношалтерски информациски систем“, кој е планиран да биде во рамки на Министерството за економија, чија цел ќе биде собирање и доставување на сите потребни податоци и информации до сите заинтересирани домашни и странски инвеститори, а ќе се продолжи и со намалување на стапките на социјалните придонеси веднаш по завршувањето на светската економска криза, што ќе ги намали трошоците на фирмите и ќе ја поттикне нивната побарувачка за работна сила. Во тек е и засилена реализација на веќе преземените и преземање дополнителни мерки за постепено менување на структурата на работната сила согласно барањата на пазарот на труд, а ќе се продолжи со натамошно засилување на финансиската дисциплина на економските субјекти, преку воведување фискални сметки секаде каде што во минатиот период било пропуштено или не било можно нивно воведување, како и веќе споменатото воведување систем на брз стечај и/или ликвидација на трајно неликвидни или несолвентни фирми и сл.

(Ваљон Сарачини, министер за економија во Владата на Република Македонија)

При официјалната посета на Унгарскиот премиер Орбан на Македонија во 2011 година двете држави потпишаа договор за економска соработка. Од тој договор произлезе основањето на меѓувладина комисија за економска соработка помеѓу Македонија и Унгарија. Првата седница на таа комисија се одржа во Будимпешта во месец февруари оваа година на која преку 60 високи претставници на повеќе владини институции од двете држави ги утврдија приоритетите за економската соработка

и тоа во делот на енергетиката, туризмот, минералните суровини и стручното образование. Само три месеци подоцна, унгарскиот ко-претседавач на комисијата, Државниот секретар за надворешни економски односи Сијарто оствари посета на Скопје за продолжување на дијалогот со македонскиот ко-претседавач, Министерот за економија Сараќини. Притоа се одржа уште еден во серијата македонско-унгарски бизнис форуми. Државата, видено преку многуте активности на Македонската амбасада во Будимпешта (само во 2012 година беа организирани четири инвестициски и бизнис форуми во Унгарија, со учество на претставници на Македонската влада, меѓу кои и на Премиерот Груевски) го дава својот придонес кон подигање на свеста за зголемена и побалансирана економска соработка. Влијанието на државата завршува тука, односно сега на потег се компаниите. За жал, до сега мојот личен впечаток е за апатичност кај македонските компании за влез на унгарскиот пазар кој со своите скоро 10 милиони жители не смее да се потцени. Во изминатите три и повеќе години откако сум амбасадор во Будимпешта би можел да наведам само три до четири компании од Македонија кои ентузијастички одговорија на иницијативите на амбасадата за нивно поврзување со компании од Унгарија. Иста е ситуацијата и со интересот за влез на уште поголемиот пазар во Казахстан. Ова го велам бидејќи сум и нерезидентен амбасадор на Македонија за Казахстан каде што исто така правиме обиди за отворање на тој пазар за македонските компании. На нашите компании би им порачал да бидат многу поотворени кон странските пазари, флексибилно да пристапуваат кон укажаните можности и притоа како првичен чекор да се подготвени да вложат минимални средства за промоција и патни трошоци за посета на потенцијалните пазари.

(Дарко Ангелов, амбасадор во Унгарија)

Контролата максимално ја зајакнуваме. Мозокот е царинското разузнавање. Имаме три вида на контрола, документарна, физичка и после царинска контрола. Документарната контрола е многу битна оти тука најмногу се злоупотребува за да се избегне плаќање царински давачки. Минатата година во 20 илјади случаи имаме заклучено дека треба да се зголеми вредноста на стоката што е

предмет на царинење. Потоа има лажни сертификати за потекло на стоката, несоодветно тарифирање. По таа основа во 2012 имаме наложено за дополнително плаќање дури 14 милиони евра. Физичка контрола е од безбедносен карактер и ако има непријавена стока. Тука имаме огромни заплени. Царината за овие 5 месеци има над 20 случаи на запленети наркотични дроги, пред се марихуана. Исто така има многу илегални мигранти кои ги имаме откриено. Имаме многу запленети странски пари . За овие 5 месеци имаме 45 случаи. Штом парите не

се пријавуваат веројатно се поврзани со неплатен данок или недозволена трговија . Запленетите пари се депонираат во сеф на НБРМ и се чека конечноста на одлуката на судот. Постојано ги унапредуваме нашите капацитети за контрола, кој е можен пренесувач и непријавувач. Не е секогаш случајно оти однапред имаме информации. Имаме контрола постојано и буквално нема раат од мене.Посебна контрола е пост царинска. Ние имаме право да провериме во компаниите уште еднаш оти при физичка контрола не мора секогаш се да се види, некогаш може некој цариник да е во игра . Затоа ние гледаме дали е се платено. Имаме големи наоди, преку сметководството на компаниите, финансиска документација, банкарска документација гледаме дали се е платено како што треба.

(Ванчо Каргов, директорот на Царинска управа на Република Македонија)

Учеството на пазарниот натпревар подразбира постојано вложување во производите, линиите, стандардите за квалитет. Нашата бизнис-стратегија и во следните пет години ќе биде насочена кон понатамошно вложување во развојот. Освен тоа, ние многу добро ги познаваме нашиот пазар, потребите на потрошувачите, нивните навики, техниките на продажба и се развиваме заедно со пазарот, го слушаме, реагираме...

Тоа ни овозможува успешно да се бориме со секојдневните предизвици, како што се пад на стандардот на граѓаните, раст на цените на суровините и на енергиите, разликата на валутите. Во Македонија минатата година растевме во сите категории, пред с`, во кафето („гранд кафе“), деликатесните намази („аргета“) и асортиманот на слатко и солено („штарк“) и остваривме приход во продажбата во износ од 25 милиони евра, што е речиси 9 отсто повеќе во однос на 2011 година така што може да кажеме дека и во Македонија сме силен локален играч бидејќи успешно работиме, вработивме 160 луѓе, инвестираме и го развиваме бизнисот и настојуваме дел од профитот што го остваруваме на некој начин да го вратиме на локалната заедницата.

(Небојша Јаkимосkи, менаџер за продажба на „Аргета“ во „Атлантиk група“)

ПРОДОЛЖУВАМЕ СО РЕАЛИЗАЦИЈА НАРЕФОРМСКИОТ ОДНОС КОН ЕКОНОМИЈАТА

УНГАРСКИОТ ПАЗАР СО ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОТЦЕНИ

ПОСТОЈАНО ГИ УНАПРЕДУВАМЕ НАШИТЕКАПАЦИТЕТИ ЗА КОНТРОЛА

ВО МАКЕДОНИЈА СМЕ СИЛЕН ЛОКАЛЕН ИГРАЧ

Page 4: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО4

МОЖНОСТИ

Претседателот на Трговско-индустриската комора на Украина, Генадиј Чижиков, во придружба на големи и значајни компании од оваа земја, престојуваше во Стопанската комора на Македонија. Домаќин на средбата меѓу украинските и компании од земјава беше Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, а на неа присуствуваше и Н.Е. Јуриј Гончарук, амбасадор на Украина во Р. Македонија. За меѓусебната трговска размена и за нејзиното унапредување разговараа претставниците од двете бизнис-заедници на Македонско-украинскиот бизнис-форум (8.6.2013 година). -Украина ја поддржува Република Македонија на патот на демократскиот развој и зацврстувањето на нејзината позиција како суверен меѓународен субјект, а оваа континуирана политичка поддршка дава посебен импулс за продлабочување на меѓусебните односи и соработка, потенцирана со потпишувањето на низа билатерални договори од различни области, - истакна Бранко Азески.

четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

Македонско-украински бизнис-форум

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТА СО НАЈГОЛЕМАТА

УКРАИНСКА КОМОРА

Page 5: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

Актуелната криза во Европа, напомена тој, како никогаш досега ја наметна потребата да се анализираат потенцијалите на одредени земји во развој каде што може да се позиционираат македонските производи. -Во време кога најголемите трговски партнери од Европа се соочуваат со длабока криза и ги откажуваат нарачките, дел од извозот мора да се пренасочи кон источните земји што имаат динамични економии, имаат голем пазар и се пријателски расположени кон нас, - додаде Азески. - Една од тие земји е Украина. Таа е интересен пазар за македонските компании затоа што е огромен, има околу 45 милиони жители, а бележи и значаен и континуиран економски раст. Македонија и Украина имаат одлични политички односи кои треба да бидат пропратени и со засилување на билатералната економска соработка. Украинските бизнисмени сакаат да го прошират својот бизнис преку Македонија. Заинтересирани се за инвестирање во земјоделството, хотелиерството и експлоатацијата на минералните суровини. -Лесно ја поминавме границата и тоа е првата илустрација за добрите односи што владеат меѓу двете земји. Украина е земја која располага со огромен ресурс на суровини, па се` до значајно производство. Има развиена наука, образование и квалитетен стручен кадар. Украинските компании се запознаени со напредокот на Македонија, особено во областа на креирањето на погодна клима за бизнис. Затоа тие дојдоа во земјата да ги разгледаат можностите за взаемна соработка и инвестирање, – истакна во своето обраќање Генадиј Чижиков. Постојниот договор за слободна трговија меѓу Македонија и Украина од 2001 година, во голема мера ги унапредува економските односи и ја развива билатералната трговска размена, но се` уште има голем простор за соработка. Од деловните луѓе беа поздравени одлуките на владите на Македонија и на Украина за реципроцитетна суспензија на визниот режим, кои се донесени во духот на натамошното унапредување на пријателските односи меѓу двете држави, особено во областа на развивањето на туризмот и зајакнувањето на меѓусебната економска соработка. Претседателите на коморите, Бранко Азески и Генадиј Чижиков пред бизнисмените од двете земји потпишаа Меморандум на соработка. Тој е во функција на унапредување на соработката меѓу двете бизнис-заедници, а се очекува да испрати силна порака за значењето на македонско-унгарската економска соработка и нејзиното унапредување. По завршувањето на форумот, беа одржани бројни билатерални деловни средби.

5

МОЖНОСТИ четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

Page 6: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

Стопанска соработка меѓу Република Македонија и Украина

МНОГУ ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ИМА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ОД ЗЕМЈАВА Украина е интересна како пазар затоа што е огромна, има околу 45 милиони жители, а бележи и значаен и континуиран економски раст. Растот во индустријата се движи и до 10% годишно. Бруто-домашниот производ по жител во 2011 година изнесуваше 7.300 САД долари, а стапката на невработеност 7%. Оваа земја најмногу увезува енергетски деривати, бидејќи има многу голема тешка индустрија, особено рафинерии и металуршки компании. Позната е и по производството на висока технологија и транспортни средства. Најголем удел во БДП имаат услужниот сектор (56,2%) и индустријата (34,4%). Железницата во Украина е главната сообраќајна артерија со соседните земји, но македонските извозници не можат да транспортираат стоки директно од земјава затоа што украинските пруги се потесни. Аеродромот во Киев е најголемиот во земјата. Главниот увоз во Украина доаѓа од Русија, Германија, Кина, Полска и од Белорусија. Украина планира до 2030 година да изгради 11 нови нуклеарни реактори, со што ќе го удвои сегашниот капацитет. Електроенергетскиот сектор во Украина е 12-ти по големина во светот според инсталираниот капацитет.

Билатерални односи Украина ја поддржува Република Македонија во патот на демократскиот развој и зацврстувањето на нејзината позиција како суверен меѓународен субјект. На тој пат, посебен импулс дава поддршката за употребата на уставното име, што овозможува продлабочување на меѓусебните односи и соработка, потенцирана со потпишувањето на низа билатерални договори од различни области. Република Македонија со својата геостратешка положба, економските реформи и стопанската инфраструктура е интересна за привлекување украински стопанственици да инвестираат во Р. Македонија. Економски односи Валериј Кокот, раководител на Одделението за економски прашања на Амбасадата на Украина во Македонија, прв секретар, смета дека има многу интересни македонски производи за украинскиот пазар, а потврдува дека многу голем интерес има за земјоделските производи, бидејќи се вкусни и со прифатлива цена. Што се однесува до извозот на вино, кое засега оди само како наливно, вели дека треба да се работи повеќе на промоција и на реклами. -Украинците малку знаат за македонското вино. Многу малку луѓе во Украина знаат дека во Македонија има многу убаво, а не многу скапо вино. Затоа се потребни реклами и промоција, - истакнува Кокот и ги советува македонските извозници да ги искористат можностите што ги нуди украинскиот дистрибутивен центар во Скопје, кој е отворен во мај годинава. Тој истакнува дека меѓу западнобалканските земји, Македонија има најповолни позиции за трговија со Украина – таа е прва по обемот на извоз во Украина. -Убеден сум дека трговската соработка меѓу двете земји уште повеќе ќе се продлабочи по либерализацијата на трговијата со прехранбени производи, како што било препорачано да се направи уште во 2009 година со решението на Мешовитиот комитет за имплементација на Спогодбата за слободна трговија, - вели Кокот. Од 2011 година се применува Спогодбата за слободна трговија на индустриски производи меѓу Македонија и Украина. За земјоделските производи постојат квоти, но тие не се искористуваат. За производите од животинско потекло не постои спогодба за слободна трговија. Надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Украина се одвива согласно Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина („Сл. весник на РМ“ бр.53/2001). Договорот е реципрочен со предвиден транзиционен период на трговската либерализација за индустриските производи и концесиони листи за земјоделските производи. Со Договорот за слободна трговија се овозможува асиметричен пристап во трговијата со индустриски производи во полза на Република Македонија. Од 1 јануари 2005 година се применува целосна либерализација на македонскиот извоз на индустриски производи во Украина. Во однос на трговијата со земјоделски производи, со Протоколот Б на Договорот за слободна трговија дел од нив можат да се разменуваат без квоти и се целосно ослободени од царински давачки. Надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Украина се одвива согласно Генералниот систем на преференцијали кои развиените земји ги дават на земјите во развој (сертификат за потеклото ФОРМ А кој го издава Стопанската комора на Македонија). За сега овој преференцијален третман на стоките, македонските стопанственици го користат пасивно - на барање на украинскиот партнер - поради нерасполагање со преференцијалната шема на производи кои подлежат на овој третман. До колку оваа шема би била достапна на македонските производители, согласно истата, тие би можеле да креираат проактивна деловна политика и би исползувале низа бенефити.

МОЖНОСТИ

6 четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

Page 7: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА УКРАИНА

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Украина во првите три месеци од 2013 година достигна вредност од 26,5 милиони САД$ што претставува пад од 15,9% во однос на истиот период од минатата година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 3,9 милиони САД$ или намалување од 22,4%, додека увозното салдо изнесува 22,6 милиони САД$ со пад од 14,7% . Евидентиран е негативен биланс во трговската размена со остварен дефицит од 18,6 милиони САД$.

Трговска размена за периодот јануари-март 2013 година Во САД долари

Извоз Увоз Вкупно БилансКоличина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД$ Сума во САД $ Сума во САД $

3.033.637 3.965.374 37.693.309 22.595.119 26.560.493 - 18.629.745,00

Трговска размена во 2012 година Вкупната трговска размена на Република Македонија со Украина во 2012 година достигна вредност од 104,7 милиони САД$, што претставува пад од 58,7% во однос на 2011 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 17,8 милиони САД$, или пад од 81,4 %, додека увозното салдо изнесува 86,8 милиони САД$, т.е. намалување од 44,9%. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена со остварен дефицит од 69 милиони САД$. Според статистичките податоци, извозното салдо е намалено за цели 78 милиони САД долари. Тоа се должи на фактот на намалениот извоз на феросиликоманган (извоз од 4,8 милиони САД долари) и феросилициум (извоз од 7 милиони САД долари).

Трговска размена за периодот 2012 година Во САД долари

Извоз Увоз Вкупно БилансКоличина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Сума во САД$ Сума во САД $

13.868.093,00 17.861.901,00 141.563.925,00 86.863.313,00 104.725.214,00 -69.001.412,00

Во структурата на извозот во 2012 година, најмногу се застапени: • феросиликоманган7милиониСАДдолари; • феросилициум–4,8милиониСАДдолари; • прехранбенипроизводи-2,7милиониСАДдолари; • лековизамалопродажба–1,6милиониСАДдолари.

Во увозното салдо најголемо учество имаат: • производиоджелезоичелик–76,7милиониСАДдолари; • кокситеченпропан–3,5милиониСАДдолари; • разнивидовиопремаиапарати-1,8милиониСАДдолари; • другипроизводисопомалавредност.

ПРЕГЛЕД на инвестициите од Украина во Република Македонија Во милиони САД долари

2010 2009 2008 2012 20110,38 -6,31 -20,50 -0,23 -0,35

Една од поголемите украински инвестиции во Македонија е набавката на новите автобуси на ЈСП - Скопје. ЈСП инвестира во обнова на возниот парк со набавка на 39 нископодни автобуси од украинската фирма „ЛАЗ“. Автобусите од Украина се набавени со средства од Владата на Република Македонија.

Реципрочен безвизен режим за граѓаните на Македонија и Украина Македонските државјани од 16 март 2013 година до 15 март 2015 година можат слободно, без визи да влегуваат, односно да транзитираат преку територијата на Украина, ако должината на нивниот престој не надминува повеќе од 90 дена. Според Одлука на претседателот на Украина, се воведе безвизен режим за краткорочни патувања на граѓаните на Република Македонија за периодот од 16 март 2013 година до 15 март 2015 година. Украинците можат без визи да патуваат во земјава за кратки посети до 15 март 2018 година.

МОЖНОСТИ

7четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

Page 8: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОМОЖНОСТИ

8 четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

Одлуките на Република Македонија и Украина се донесени во духот на натамошното унапредување на пријателските односи меѓу двете држави, особено во областа на развивањето на туризмот и зајакнувањето на меѓусебната економска соработка.

Правна рамка во која се одвива (одвивала) стопанската соработкамеѓу Република Македонија и Република Украина (поважни спогодби)

1. Договор меѓу Владата на Р. Македонија и Владата на Украина за трговска и за економска соработка („Сл. весник на РМ“ бр. 50/97);

2. Спогодба меѓу Владата на РМ и Владата на Украина за одбегнување на двојното оданочување и за заштита на фискална евазија поодноснаданоцитенадоходинакапитал(„Сл.весникнаРМ“бр.21/98);

3. Спогодба меѓу Владата на РМ и Кабинетот на министерите на Украина за соработка во областа на туризмот („Сл. весник на РМ“55/00);

4.ДоговорзаслободнатрговијамеѓуРМиУкраина(„Сл.весникнаРМ“бр.53/01);5. Договор меѓу Владата на РМ и Кабинетот на министри на Украина, за превоз на патници и стоки во меѓународниот патен

сообраќај(„Сл.весникнаРМ“бр.100/02);6. Договор меѓу Владата на РМ и Кабинетот на министерите на Украина, за соработка во областа на железничкиот транспорт

(„Сл. весник на РМ“ бр 110/05).

БРОЈКИ И ФАКТИ - УКРАИНА

Општи показатели

Површина 603,700км2 Локација Источна Европа, граничи со Црното Море, меѓу Полска, Романија и Молдавијa на запад и Русија на исток

Површина 603.550 км2 Главен град Киев (2,8 милиони жители-2006 г.) Граници Вкупно 4,566 км2

(Белорусија- 891 км, Унгарија -103 км, Молдавија- 940 км, Полска -428 км, Романија (југ) 176- км, Романија (југозападно) -362 км, Русија -1576 км, Словачка -90 километри)

Независност 24 август 1991 година (од СССР) Население 44,6 милиони (2013 година) Религии Украински православци – Киевска Патријаршија 50,4%, Украински Православци - Московска Патријаршија 26,1%, Украинско-грчки католици 8%, Римокатолици 2,2%, Протестанти 2,2%, Евреи 0,6%, други 3,2% (2006)

Етнички групи Украинци 77,8%, Руси 17,3%, Белоруси 0,6%, Молдавци 0,5%, Татари 0,5%, Бугари 0,4%, Унгарци 0,3%, Романци 0,3%, Полјаци 0,3%, Евреи 0,2%, други 1,8% (попис од 2001 год.) Природни ресурси железна руда, јаглен, манган, природен гас, масло, сол, сулфур, графит, титаниум, магнезиум, никел, жива, градежно дрво, обработлива земја

Јазици украински (официјален) 67%, руски 24%; романски,полски и унгарски

Економски показатели БДП куповна моќ 335,4 милијарди САД $ (2012) БДП стапка на пораст 0,2% (2012)

БДП по жител 7.600 САД $ (2012)

БДП по сектори земјоделие 10,4%; индустрија 32,8%; услуги:56,8% (2012) Работна сила 22 милиони (2012) Невработеност 7,4% (2012)

Индустрија јаглен, електрична енергија, метали, машини и транспортна опрема, хемикалии, преработка на храна (особено шеќер) Индустриска стапка на пораст 7,6% (2012)

Индустриски производи јаглен, електрична енергија, црна и обоена металургија, машини и транспортна опрема, хемикалии, преработката на храна

Земјоделски производи жито, шеќер цвекло, семки од сончоглед,зеленчук;говедскомесо,млеко

Извоз 69,8 милијарди САД $ (2012) Производи што се извезуваат црна и обоена металургија, горива и нафтени деривати, хемикалии, машини и транспортна опрема, прехранбени производи Земји во кои се извезува Русија 27%, Турција 5,8%, Италија 4,6% (2011)

Увоз 90,2 милијарди САД $ (2012) Производи што се увезуваат енергија, машини и опрема, хемикалии Земји од кои се увезува Русија 30,5%, Германија 9%, Кина 8,9%, Белорусија 5,5%, Полска 5,3% (2011)

Page 9: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОФИНАНСИИ

9четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

Здружението на банкарството при

Стопанската комора на Македонија беше

домаќин на 36-oт состанок на Европската банкарска

федерација (ЕБФ)

ПРИМЕНАТА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ БАНКАРСКИ СТАНДАРДИ ПРИДОНЕСЕ

МАКЕДОНИЈА ПОЛЕСНО ДА СЕ СПРАВИ СО КРИЗАТА

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија беше домаќин на 36-oт состанок на Европската банкарска федерација (ЕБФ). На состанокот во Скопје присуствуваат 25 високи претставници од банкарски здруженија од 14 земји-членки на ЕБФ, предводени од извршниот директор на ЕБФ, Гвидо Равоет. Учествуваа претставници од 7 земји-придружни членки на ЕБФ (Албанија, Азербејџан, Русија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора), како и претставници од 7 земји редовни членки на ЕБФ (Австрија, Бугарија, Данска, Италија, Унгарија, Полска и Словенија).

На состанокот на 7.06.2013 година присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, м-р Димитар Богов и домаќинот Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија. -Во Европската банкарска федерација членуваат здруженија на банките од 31 земја, или вкупно 5.000 банки со 2,5 милиони вработени. Европската банкарска федерација ги претставува, брани и ги промовира интересите на нејзините членки, го промовира развојот на индустријата, обезбедува значајни информации и професионални услуги за асоцијативните членки и им помага на новите членки при нивното пристапување кон Европската унија или кон монетарната унија, – истакна на прес-коференцијата Гвидо Равоет. – Македонија добро се справува со финансискта криза, а се надеваме дека во наредната година со помош на стабилниот банкарски систем во земјата тоа уште подобро ќе се прави. М-р Зоран Ставрески посебно го подвлече фактот што банкарскиот систем во земјава активно учествуваше и придонесуваше во амортизирање на светските финансиски турболенции. Тоа е одраз на фактот што во регулативата се имплементираат најдобрите меѓународни банкарски стандарди, вклучувајќи го Базел 3, со што се придонесе земјава да има стабилен банкарски сектор и кредитна активност која е подобра од други земји. Европските директиви за нас не се само на хартија, туку начин како да функционира банкарскиот систем кој не случајно е придружна членка на ЕБФ, – додаде м-р Зоран Ставрески. - Во праксата со поволни кредитни линии им помогнавме на македонските компании, посебно малите и средните, да го одржуваат растот. За одбележување е кредитната линија на ЕИБ од 250 милиони евра со која беа поддржани преку 1.000 претпријатија и отворени преку 5.000 работни места.

Page 10: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОФИНАНСИИ

10 четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 14010

М-р Димитар Богов посебно ја истакна заслугата на Здружението на банкарството што Македонија е домаќин на репрезентативниот состанок на Европската банкарска федерација, подвлекувајќи дека ова е шанса да се слушнат и споделат искуствата и за нови производи и услуги во банкарскиот сектор и да се размислува за нивна примена. -Многу од стандардите на Базел 3 веќе во Македонија се на дело применети и покрај тоа што земјава не е членка на ЕУ. Тоа придонесува за стабилен банкарски систем. Проценуваме дека кај БДП во третиот квартал од минатата година има закрепнување, но НРБМ внимателно ги следи движењата во банкарскиот сектор кој е стабилен и нема опaсности за загрозување на среден и подолг рок, – нагласи м-р Димитар Богов. Кредитниот раст на почетокот од годинава не го следи тој закрепнувачки раст и заради тоа Богов најави дека е можно да се преземат мерки за мотивирање на банките за поголем раст на кредитирањето. -Со зачленувањето во ЕБФ, ние започнавме меѓународно поврзување и размена на искуства со овие банки, што несомнено го зголеми институционалниот капацитет на нашиот банкарски сектор. Воедно, придонесе и за промоција на нашиот банкарски систем кај членките на оваа федерација. Горди сме што за две години асоцијативно членство успеавме да станеме домаќини на ваква репрезентативна средба, - истакна Ѓорѓи Јанчевски. Јитка Пантучкова, потпретседател на Здружението на банкарството, посебно подвлече дека во земјава е создадена позитивна клима на соработка меѓу Министерството за финансии, НБРМ и Здружението на банкарството. -Внимателно ги следиме и ги применуваме препоракките на Европската банкарска федерација и создадовме 6 комисии за одредени области во банкарскиот систем. На нив повикуваме стручни луѓе од земјата и од странство, што ни помага полесно да доаѓаме до решенија.

Саво Пејчиновски

Page 11: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО 11

Актуелните состојби во металуршкиот сектор ги карактеризира натамошно намалување на производните и извозните активности. Производството на основни метали во првите четири месеци бележи намалување за 22 отсто, - ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија (10.6.2013 година). -Доколку не се преземат одредени мерки за ублажување на негативните состојби и движења во црната и обоената металургија, истите ќе имаат сериозни импликации врз макроекономските движења во државата, имајќи го предвид местото на металургијата во националната економија (учество со над 30% во извозот на земјата, 11% во додадената вредност на индустријата и 15% учество на овој сектор во вкупно вработените во државата), - истакна претседателот на Здружението на металургијата, д-р Митко Кочовски. Деловните тенденции до крајот на годинава се во насока на намалување на побарувачката и на продажните цени во челичната индустрија, намалени берзански цени за фероникелот и очекувано натамошно опаѓање на берзанските цени на оловото и цинкот. Под силно влијание на економските состојби на глобален план, металуршкиот сектор се соочува со голем број отворени прашања, од кои најзначајно место имаат енергетските прашања и прашањата поврзани со еколошкото услогласување на компаниите, од аспект на роковите за исполнување на барањата. Како отворени прашања во работењето беа истакнати и недостигот на обртни средства во услови на пораст на цените на репроматеријалите, високи трошоци на финансирање, каматни и банкарски трошоци, застарена и недоволно развиена патна и железничка мрежа и инфраструктура и, следствено на тоа, високи цени на транспортните услуги, во услови на непостоење на приватен оператор, високи трошоци на еколошко усогласување во услови на недоволна финансиска поддршка од страна на банкарскиот сектор, нема услуга проектно финансирање за инвестиционите активности во екологијата, непрактични еколошки стандарди кои дополнително ја оптоваруваат индустријата, бавни административни процедури за добивање оперативни дозволи и решенија (еколошки, градежни, урбанистички и др.) и група прашања поврзани со законски решенија од делот на работните односи кои не одговараат на состојбите и условите во дејноста. Дефинираните Предлог-мерки Здружението на металругијата ќе ги достави до Владата на РМ со цел преку отворен дијалог, а по примерот на земјите од регионот и од централна Европа, да се договорат активности за нивно ублажување со цел опстојување на компаниите од овој витален сектор на македонската економија.

Во организација на Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора на Македонија, на 6 јуни 2013 година се одржаа работни состаноци со две групи на постојни и идни квалификувани потрошувачи на електрична енергија на тема „Пазар на електрична енергија во РМ - нови квалификувани потрошувачи на слободниот пазар“. На тематските состаноци, претседателот на Македонската енергетска асоцијација, д-р Кочо Анѓушев, на присутните стопанственици им ја презентираше законската поставеност, обврските како учесници на пазарот на електрична енергија, часовно балансирање и другите прашања за нивно успешно настапување на пазарот на електрична енергија. Процесот на либерализацијата на пазарот на електрична енергија за 146-те компании кои согласно Законот за енергетика ќе излезат на слободниот пазар ќе има позитивни ефекти и истиот е едноставен процес за потрошувачите, со оглед дека најголем дел од активностите треба да ги преземе снабдувачот со електрична енергија, - истакна Анѓушев во неговата презентација. Пресметките, направени за дел од индустриските потрошувачи покажуваат намалување на трошокот за електрична енергија, во просек за 20-ина проценти од постојната. Со примената на Правилата за пазар не електрична енергија, односно преку организирање на квалификуваните потрошувачи во балансни групи и избегнување на трошокот за ангажирана моќност, и во услови на часовно балансирање на потрошената електрична енергија ќе се почувствуваат бенефитите од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Идните квалификувани потрошувачи на електрична енергија беа повикани да започнат со нивната регистрација во МЕПСО и во овој процес Македонската енергетска асоцијација е на располагање за евентуално потребната стручна помош.

СОСТОЈБИ

ДО РЕШЕНИЈА ВО ДИЈАЛОГ СО ВЛАДАТА

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА НА ПАЗАРОТ ТРЕБА ДА ДОНЕСЕ ПОНИСКИ ЦЕНИ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА

Здружението на металургијата сигнализира сериозно намалување

на производните и извозните активности во секторот и подготви мерки за ублажување на состојбите

Македонска енергетска асоцијација

четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

Page 12: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

По предлог на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, на 10 јуни 2013 година, формирано е постојано советодавно работно тело Совет на градски татковци. Идејата е да се поддржи локалната економија со заедничка соработка на локалната и централната власт, бизнис-зaедницата и пошироката научна јавност. Членови на Советот се истакнати поединци кои потекнуваат од Охрид, меѓу кои се и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески. На првата седница на Советот беше донесен Деловник за работа на истиот и беа разменети идеи од страна на присутните за натамошно функционирање на Советот. Бранко Азески го истакна задоволството што е дел од Советот и ја даде својата поддршка за реализација на активностите кои ќе произлезат од наредните состаноци на ова тело. Стручните служби на Стопанската комора на Македонија и особено Регионалната комора со седиште во Охрид се ставени на располагање на Советот и во иднина ќе ја пружаат целата поддршка за реализација на идеите иницирани од него.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, заедно со министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески , присуствуваа на работниот состанок организиран од градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. Средбата се одржа во кабинетот на градоначалникот Бакрачески на 10 јуни 2013 година. Разговорите на средбата се водеа во насока на зајакнување на врската меѓу трите најважни чинители на локалната економска активност - бизнис-заедницата, локалната и централната власт. Бранко Азески ја истакна поддршката која ја дава Стопанската комора на Македонија на регионално ниво, како и активностите кои ги презема за регионален развој во Охридскиот регион. На средбата беа разгледани развојните потенцијали на регионот и беа дефинирани наредните програмски насоки кои ќе бидат преземени наредниот период од страна на бизнис-заедницата, локалната и централната власт.

На 11 jуни 2013 година се одржа средба меѓу новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Република Австрија во земјава, Ѓерхард Шлатл и извршниот директор на

Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева. На средбата во Стопанската комора беше истакната досегашната успешна соработка и беа договорени идни планови за проширување на соработката меѓу македонските и австриските компании. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Австрија во првите три месеци од 2013 година изнесува 37,2 милиони САД $, што претставува пад од 6,3 % во однос на истиот период од минатата година. Притоа, остварен е извоз во вредност од 9,7 милиони САД $ (пад од 24,2%), додека увозното салдо изнесува 27,4 милиони САД $ (раст од 2,2,%). Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 17,7 милиони САД$.

СРЕДБИ

Во општина Охрид почна да функционира ново советодавно

работно тело

Средба на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и министерот за привлекување странски инвестиции,

Бил Павлески

Трговското аташе на Амбасадата на Австрија во Македонија во посета на Стопанската комора на

Македонија

ФОРМИРАН СОВЕТ НА ГРАДСКИ ТАТКОВЦИ

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ВРСКИТЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ЧИНИТЕЛИ НА ЛОКАЛНО НИВО

РАЗГОВОРИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 14012

Page 13: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

На 6.06.2013 година се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп. На седницата претседателот на Регионалната комора, Симон Наумоски му врачи благодарницата на градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески за осум годишната успешна соработка. Воедно тој им го честита новиот мандат на градоначалниците на Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани посакувајќи успех во работата и продолжување на соработката со Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Прилеп. По точките од дневниот ред активно учество имаа поголем број од членовите на Управниот одбор, вклучувајќи ги и градоначалниците на Прилеп, Марјан Ристески, на Кривогаштани, Тони Заткоски и на Долнени, Боше Милошески.

На база дискусиите бе донесени следниве заклучоци:1. Членовите на Управниот одбор и градоначалникот на Општина

Прилеп, да ги посетат општините Долнени, Кривогаштани и Крушево и компаниите кои стопанисуваат во нивните региони, со цел да им се пренесе досегашното искуство од заедничката соработка со градоначалникот на општина Прилеп и да им се даде секаков вид на подршка за остварување на нивните економски програми и побрз развој на нивните општини.

2. Поради избегнување на проблемот со наплата на испорачаната стока во странство обавезно секој извоз да се осигура во Македонска банка за подршка на развојот.

3. Да се достави до Владата на РМ и другите надлежни институции барање за заштита на домашното производство од нелојалниот увоз на производи кои обавезно треба да ги исполнуваат стандардите кои важат и за домашните производи.

4. Царинењето на текстилните производи да се врши по увезени парчиња, а не по увезени килограми.

5. Да се воведе осум часовно ефективно работно време.6. Да се подржи финансиски спортот на ниво на општини, особено

фудбалот во општина Прилеп.7. Од страна на бизнис секторот

финансиски да се подржи, во рамките на одделните можности, „Пиво фест 2013“ кој прерасна во бренд од меѓународен карактер.

8. Прифатена е поканата од страна на Министерството за надворешни работи за работна посета во Република Кина на градоначалниците и бизнис секторот од општина Прилеп и градот Скопје, со цел присуство на меѓународен форум и саем за локалните власти и бизниси од Источна и Средна Европа како и побратимување на Прилеп со општина во близината на градот Чонгчинг.

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

БЛАГОДАРНИЦА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ ЗА ОСУМГОДИШНАТА

УСПЕШНА СОРАБОТКА

Управен одбор на Регионалната комора со

седиште во Прилеп

четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140 13

Page 14: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОРЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

14 четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 14014 четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

Во рамките на планираните активности и во договор со градоначалникот на oпштина Прилеп, Марјан Ристески, почна реализацијата на заедничкиот проект „Работни посети на компаниите од нашиов регион“ со нагласена посета на производните капацитети и разговори со менаџментот во врска планираните развојни и инвестициони активности на компаниите. На 7.6.2013 година беше посетена прехранбената индустрија „Дониа“ која вработува повеќе од 150 работници и претставува нов бренд во прехранбената индустрија, со нагласена извозна ориентација со широка палета на производи.

„Дониа“ започна со работа во 2001 година и денес е една од најпрепознатливите кондиторски индустрии во Македонија. Таа е општествено одговорна компанија. Во компанијата се следат светските трендови во кондиторската индустрија и тие се комбинираат со локалните искуства, па на тој начин се подготвува широка палета на производи која ги задоволува вкусовите на потрошувачите. Компанијата е препознатлива по нејзините производи: кекси, локуми, таан алва, желе бонбони, цврсти бонбони, пити и лиснати теста. Како општествено одговорна компанија се има закитено со поголем број награди за општествено одговорни практики во 2009и2010година,забизниснагодината2010;занајдобардизајн2002;заразвој2008годинаидругинагради. Квалитетот на своите производи го постигнуваат работејќи по НАССР и ISO 22000 стандардите. За успешната приказна на компанијата „ДОНИА“ најзаслужни се членовите на менаџерскиот тим: Нешка Поп-Димитриоска, Дражен Котески, Жарко Тренкоски и нивните најблиски соработници. Ристо Најдоски

Претставници на Регионалната комора со седиште во Прилеп и

градоначалникот Марјан Ристевски во посета на прехранбената

индустрија „Дoниа“

КВАЛИТЕТОТ ГИ ПРОНАОЃА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Page 15: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Битола и Проект Мрежа на термални извори како интегриран систем и во соработка со Регионалната комора со седиште во Битола организираа промотивен настан “Презентација на дигитализацијата на термален извор Цар Самуил – Бања Бањско“ кој се одржа на 7 jуни 2013 во Битола. Проектот Мрежа на термални извори како интегриран систем се имплементира во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Грција, во партнерство помеѓу Фондација за развој на мали и средни претпријатија Битола и Асоцијацијата на термални бањи на општините од Солун, Р. Грција. Целта на проектот е промовирање на бањскиот туризам во Македонија во насока тој да стане перманентен, а не сезонски извор на приходи за локалната економија и поставување на природните термални бањи во Р. Македонија на домашната и европска туристичка мапа.

Регионалната комора со седиште во Битола преку својата презентација за своите услуги ја даде својата подршка за развојот на туризмот и алтернативниот туризам како битна стопанска гранка која би придонела кон подобрување на економијата во регионот и во државата. Присутните беа запознаени со главните показатели за туристичкото работење во Битола и околината, Пелагониско-преспанскиот регион како и целиот Југозападен регион на Република Македонија. Им беа презентирани досегашните искуства и резултати како број на посета на домашни и странски туристи кои во 2012 година во регионот на Битола ги имаше вкупно околу 80 илјади. Исто така беа и презентирани тековни и идни проекти на општините од Пелагониско-преспанскиот регион кои се со цел да ја подобрат сликата на туристичката понуда. На настанот присуствуваа 20-тина туроператори и туристички агенции од регионот на Битола, Лерин и Корча. Беше промовирана и 3Д дигитализацијата / промотивно видео на бањата Цар Самуил – Бања Бањско, пришто секој учесник доби ДВД копија од видеото и колор Атлас – публикација на најзначајните термални бањи во Македонија.

М-р Никола Димковски

15четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИРегионална

комора со седиште во Битола

МРЕЖА НА ТЕРМАЛНИ ИЗВОРИ КАКО ИНТЕГРИРАНСИСТЕМ ЗА РАЗВОЈ НА АЛТЕРНАТИВНИОТ ТУРИЗАМ

Page 16: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО16 четврток,25 април 2013, Бр. 133

ЕВН Македонија во наредните дваесет години ќе инвестира над една милијарда евра во нови енергетски капацитети во дистрибутивниот систем, предвидува Мастерпланот на ЕВН што беше презентиран на 11.6.2013 година. Проектите предвидени во Мастерпланот ќе се реализираат на целата територија на Македонија, а со нив ќе се подигне квалитетот на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија. - Инвестициите од една милјарда евра ќе значат повисок квалитет на дистрибутивната мрежа и енергетска ефикасност на системот. Побарувачката за енергија во следниот период ќе се зголеми за два отсто, а нашите инвестиции одговарат на овие предвидувања. Со реализација на Мастерпланот ќе продолжиме со надградба, реконструкција и модернизација на модерната мрежа, изјави Вернер Хенгст, претседател на УО на ЕВН. Тој посочи дека заложбите на ЕВН Македонија за подобрување на дистрибутивниот систем се можни со партнерски однос и соработка со сите надлежни институции и со бизнис секторот и изрази надеж дека и во иднина ќе продолжи добрата соработка. Вицепремиерот за економски прашања, м-р Владимир Пешевски истакна дека соработката со енергетските компании е важна за подобрување на бизнис климата. - Еден од основните чинители на ефикасна економија е да се има стбилно и квалитетно снабдување со електрична енергија...Кога станува збор за слободните економски зони, инвеститорите се заинтересирани за достава на електрична енергија, а ЕВН е главен фактор во овој сегмент. Овој Мастерплан е шанса за зголемување на капацитетот на енерегијата за потрошувачите. Со него се покажува дека Македонија е добро место за инвестиции, дека визнис климата е поволна и дека вреди тука да се инвестираат средства и да се остане на подолг рок, изјави Пешевски. Тој нагласи дека како Влада ќе продолжат со напорите за подобрување на преносната мрежа и во доелот на производстовото на електричната енергија. Министерот за економија Ваљон Сараќини потенцираше дека инвестициите во енергетскиот сектор се најважен и најзначаен двигател на економскиот раст и предуслови за одржување на квалитетот и комодитетот на современиот начин на живот на граѓаните. - Министерството за економија и Владата во изминатиот период донесоа низа на мерки чија главна цел е подобрување на бизнис климата. Основа за секој бизнис е пристапот до енергија и квалитетот на снабдувањето. Наша задача е креирање на соодветна енергетска политика. Затоа донесовме Стратегија за развој на енергетскиот сектор до 2020 година што има цел да обезбоеди генерална рамка за развој на енергетиката, рече Сарачини Тој прецизира дека Мастерпланот всушност е Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија во пракса за делот за кој што е надлежна ЕВН Македонија. - Со неговата реализиација ќе се постигне поголема енергетска ефикасност, истракна Сарачини и додаде заедничка цел на сите во Македонија е развој на конкурентна економија за која, како што рече, мора сите заедно да работат. На изработката на Мастерпланот стручните тимови на ЕВН Македонија работеа пет години, при што беа земени предвид сите расположливи податоци од домашните и странски институции, била консултирана академската домашна и странска јавност, енергетските компании и сопствена база со податоци на ЕВН. ЕВН Македонија е присутна седум години на македонскиот пазар и до сега, според податоците на компанијата, имаат инвестирано 196 милиони евра во изградба на нова мрежа и реконструкција на постојната.

ПОКРОВИТЕЛИ

ИНВЕСТИЦИЈА ОД НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВО ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА

Мастерплан на ЕВН Македонија за наредните дваесет години

Со детскиот камп во Струга, каде што основците од земјава учествуваа во квиз-натпреварите за енергетска ефикасност, се заокружи и оваа учебна година на Училишниот проект на ЕВН Македонија. Преку најразлични игри, забава и едукација во детскиот камп учествуваа учесници од сите петнаесет училишта во кои ЕВН Македонија годинава организираше континуирана настава за енергетска ефикасност. Победници се учениците од ОУ „Дитурија“ од скопската Општина Сарај, на второ место се пласираа учениците од ОУ „Братство и единство “ од Охрид, а трети се основците од „Лирија “ од Општина Чаир-Скопје. Мини електронски сметачи, апарати за мерење на ефикасното трошење на електричната енергија, училишни прибори и други награди поделија најдобрите ученици. Кампот се оддржа во одмаралиштето на Црвен Крст “Солферино” во Струга. Во рамки на кампот волонтери од повеќе младински организации работеа на изработка на едукативни игри во кои се натпреваруваа учесниците на енергетскиот квиз. ЕВН Македонија веќе шест години ја спроведува посебната програма за едукација на најмладите за разумно користење на електричната енергија, која се реализира со помош од граѓанските здруженија. Проектот се спроведува во соработка со здружението Конект како фасилитатор на активностите на терен на локалните организации: МАЦЕФ од Скопје, Младински Совет Охрид, Планетум од Струмица и Жетва на знаење од Прилеп. Искуството од соработката е многу позитивно, и проектот досега е добитник на повеќе награди за општествена одговорност.

И оваа учебна година заокружен

училишниот проект на ЕВН Македонија

ДЕТСКИ КАМП ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Page 17: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

Благодарение на исклучително поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, и максималната подготвеност на електромашинската опрема, ХЕЦ „Шпилје“ е пред реализација на годишниот производен план, велат надлежните. - Во изминатиот период од годинава се произведени 228 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува остварување за над 90 отсто на годишниот план кој изнесува 252 милиони киловат часови. Моментно, дотекот на вода е околу 140 метри кубни во секунда. Во акумулацијата која е преполна, но е под максималната кота од 580 метри, има резерва на вода за производство на 35 милиони киловат часови струја, посочуваат надлежните. Поради дотекот и солидната резерва Шпилје продолжува со максимално дневно производство од два милиони киловат часови електрична енергија. По цели четири месеци, деновиве прекина прелевањето вода преку шахтата на акумулацијата Дебарско Езеро, што беше условено од големиот дотек на вода од Радика и од Црн Дрим. Продолжуваат и активнстите за ревитализација на 103 метри високата брана на на ХЕЦ „Шпилје“, што е во рамките на втората фаза од ревитализацијата на хидроцентралите Вруток, Равен, Врбен, Шпилје, Глобочица и Тиквеш.

Шпаркасе Македонија ќе има рамноправен третман и подеднакво ќе го кредитира и населението и претпријатиjaта. Планира до крајот на годината да го зголеми учеството во станбеното кредитирање до 7 проценти, од сегашните 5,5. Ова го најави на прес конференција новиот претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на банката, д-р Глигор Бишев. - Адекватноста на капиталот на банката е 29,5 проценти, што е високо и овозможува кредитирањето да биде неограничено, истакна Бишев, додавајќи дека во Банката поголеми се кредитите од депозитите. За новите станбени кредити што ги промовираше, Бишев, посочи дека ќе користат средства од нивната матична банка во Австрија. Нудат два вида кредити со фиксна каматна стапка во првите три и во првите пет години. Според Бишев тоа ќе овозможи да може на подолг рок клиентите да ги предвидат трошоците. Каматната стапка која за првиот кредит е 5,25 и за вториот 5,5 проценти, ќе се разгледува на секои шест месеци и ќе се утврдува зависно од случувањата на меѓународниот пазар. Смета дека и по нова година ќе важат истите услуви како и сега кога е нуди овој производ. Очекува кредитниот раст да се забрза и ги охрабрува носителите на економските политики да ги усвојат најавените неконвенционални мерки. Посочи дека гарантниот фонд е добредојден за финансирање мали и средни претпријатија.

Во рамките на „Проектот за промоција на македонските извозни капацитети“ Министерството за надворешни работи со компанијата „Ренова“, пред дипломатскиот кор на 6.6.2013 година одржаа презентација на капацитетите и производите на оваа македонска компанија, во нејзиното седиште во Тетово. Како што соопшти МНР, по тој повод министерот за надворешни работи Никола Попоски, во своето обраќање пред странските дипломати, го потенцираше значењето на градежниот сектор за Република Македонија и особено потребата за што поинтензивен развој на извозните потенцијали на оваа индустрија во насока на поширока застапеност на странските пазари. На настанот се обрати и генералниот директор на Д.П.Т.У. “Ренова”, Шефки Идризи, кој истакна дека можноста за што поблиско презентирање на македонските компании пред дипломатскиот кор, претставува одлична прилика за изнаоѓање значајни бизнис контакти на пазарите во нивните земји. Во текот на презентацијата беше реализирана посета на погоните на „Ренова” за градежни материјали во селото Џепчиште и на погонот на „Реновелур” за производи од кожа во Тетово. Ренова е петта по ред македонска компанија што се презентира пред дипломатскиот кор во рамките на „Проектот за промоција на македонските извозни капацитети“.

ПРЕД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГОДИШНИОТ ПРОИЗВОДСТВЕН ПЛАН

КАПИТАЛ ИМА ЗА НЕОГРАНИЧЕНО КРЕДИТИРАЊЕ!

ПОСЕТА НА ПОГОНИТЕ ЗА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ И ЗА ПРОИЗВОДИ ОД КОЖА

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140 17

Во ХЕЦ „Шпилје“ произведени 228

милиони киловат часови електрична енергија

Шпаркасе Македонија најавува дека ќе има рамноправен

третман и подеднакво ќе го кредитира и населението и

претпријатиjaта

Дипломатскиот кор во “Ренова” во Тетово

Page 18: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА

НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER

OF MACEDONIA

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

Economic Chamber of Macedonia

Стопанска комора на МакедонијаExcellent SME Македонија„Димитрие Чуповски“ 131000 Скопје

Т: (02) 15015Ф: (02) 3244071E: [email protected]: excellent-sme.mchamber.mk

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

Economic Chamber of Macedonia

Што претставува сертификатот Excellent SME?

Сертификат Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење кој го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE , за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.

Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и бизнис-партнерите да го намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното – бонитет на компанијата.

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Excellent Small & Medium Enterprises

MA

C E D O N

I AMA

C E D O N

I A

Page 19: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО18 - 19 Јуни 2013 Бизнис средби

Интелигентно-одржлив град, Ница, Р. Франција

Јуни 2013 година година

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Модули на доживотно учење

Акредитирани програми од

Министерството за образование и наука на Република Македонија

Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објектГипсер – монтер

ФасадерАргон Заварувач

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

Page 20: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

На 13.6.2013 година, во Стопанската комора на Македонија се организира еднодневен семинар на тема: “Начин на обезбедување потреба од работници на определено време;обезбедување сезонски работници; договор завработување; вработувањена работник кај повеќе работодавачи; постапка запромена на работодавач;надоместок на штета; најчестиповреди на Законот за работни односи врз основа на податоци од извршени инспекциски надзори”. Во рамките на семинарот опфатени се сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.

ПРОГРАМА: - Начин на обезбедување на потреба од работници на неопределено време -начиннаобезбедувањенасезонскиработници; -договорзавработување; -годишенодмор:стекнување,искористување,правапринеискористувањенагодишенодмор; -вработувањеработниккајповеќеработодавачи; -постапказапроменанаработодавач; -надоместокнаштета; -мирнорешавањенаработниспорови; -колективнидоговор:поим,видови,правнодејство; - најчести повреди на Законот за работни односи врз основа на податоци од извршени инспекциски надзори.

Предавач: Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика.

КонтактАнита Митревска

Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Семинар

РАБОТНИЦИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ“Начин на обезбедување потреба од работници на определено време; обезбедување сезонски работници; договор за

вработување; вработување на работник кај повеќе работодавачи; постапка за промена на работодавач;надоместок на штета; најчести повреди на односи врз основа на податоци од извршени инспекциски Законот за работни надзори од

страна на трудов испектор” 13.06.2013 година, 9:30-15:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 спрат

Page 21: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

На 17 јуни 2013 година во Стопанска комора на Македонија

МАКЕДОНСКО-ТУРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ СО БИЗНИС-АСОЦИЈАЦИЈАТА ТУМСИАД

Делегација од дваесет турски компании, членови на Асоцијацијата на бизнисмени ТУМСИАД (TUMSIAD), на 17 јуни 2013 година ќе ја посетат Република Македонија. Нивната цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности. Асоцијацијата на бизнисмени ТУМСИАТ има над 12.000 членки, 54 филијали во Турција и 3000 членови и 7 центри низ цела Eвропа. По завршување на официјалниот дел на бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори: електрика и електроника, логистика, текстил, градежништво и градежни материјали, консултантски услуги, автоделови, прехрана, метало-преработувачка индустрија, трговија и друго. Овој форум претставува одлична можност за размена на контакти и воспоставување на идна соработка на компаниите од двете земји. Македонско-турскиот бизнис-форум и деловните средби ќе се одржат на 17 јуну 2013 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во сала 4 на 5-ти кат, во Стопанската комора на Македонија.

Ве молиме, Вашиот интерес за деловните средби со турските компании да го најавите најдоцна до 15 јуни 2012

година, со пополнување на оваа Пријава (http://www.mchamber.mk/admin/upload/businessEvents/prijava1151_1.doc), или online на следниот линк (http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1151&bet=4).

Контакт :

Контакт лице : Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 22: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

22 четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

Програма:

• Причини за донесување на Законот за преземање наакционерските друштва и поле на негова примена

•Понудазапреземањеиконкурентскапонуда•Постапказапреземање•Улогатанаорганитенауправувањевопостапката

за преземање на акционерските друштва• Овластувања на Комисијата за хартии од вредност,

Централниот Депозитар за хартии од вредност, Комисијата за заштита од конкуренцијата и Македонската берза во постапката за преземање

• Практични аспекти на постапкатаза преземање на акционерските друштва од призмата на овластените правни лица (брокерски куќи и банки)

Предавачи: •ОливераГроздановска,Партнер/Адвокат •ВеснаГаврилоска,Партнер/Адвокат •ВладимирБоцевски,адвокат •МајаЈакимовска,адвокат •ЕленаДимова,адвокат, •Претставникодовластеноправнолице–брокерскакуќа Пријавување до 18 Јуни 2013 година.

КонтактАнита Митревска

Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Семинар

“НОВ ЗАКОН ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АКЦИОНЕРСКИТЕ ДРУШТВА”

20 јуни 2013 година (четврток), 09:30-15:00 часот , Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Page 23: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

Семинар

РАБОТНИ ОДНОСИ

,,Кршење на работен ред и дисциплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување, постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки, Можност за

извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување, Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник “

27.06.2013 година, 09:30-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ПРОГРАМА:

- Кршење на работен ред и дициплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување - Постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки - Можност за извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување - Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник

Предавачи: Санде Зиков, судија на Основен суд Скопје II-Скопје Бојана Велковска, судија на Основен суд Скопје II-Скопје

Контакт :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 24: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24

На 18 и 19 јуни 2013 година во Ница, Франција

ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ ГРАД Б2Б бизнис-средби

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ве покануваат да учествувате на Меѓународните Б2Б средби – Паметен и одржлив град, што ќе се одржат од 18-19 јуни 2013 година во Ница, Франција, во рамките на Конгресот за иновативен град. Вториот Конгрес за иновативен град ќе се фокусира на трансформацијата на градовите, за да станат паметни и одржливи, преку урбана интеграција на технологиите и услугите. Целта на овој настан и на Б2Б средбите е да ги собере заедно на едно место приватните и јавните играчи, во насока да создадат нови услуги и нови нови технички и комуникативни решенија. Учесници: технолошки и производствени провајдери, инвеститори, промотори, архитекти, равојни агенции, институции за планирање и урбанизам, јавни услужни служби, општински асоцијации, јавни и мешани стопански компании, кластери и федерации, организации за истражување и развој, академии, технички центри... Овие технички и комуникациски сектори вклучуваат: - телекомуникациииинформатичкатехнологија; - енергетскаефикасностиуправување; - животнасредина(водаиѓубре); - транспортимобилност; - здравство; - изградбаиреновирањеназгради; - сигурност и безбедност.

Учеството на Б2Б средбите е бесплатно.

Контакт: Лазо Ангелевски Софче Јовановска Тел: (02) 3244090 Тел: (02) 3244060 [email protected] [email protected]

четврток,25 април 2013, Бр. 133

Page 25: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОчетврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140 25

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновскител: : (02) 3244036, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ПОВИК

Page 26: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кабли за телефон, камери, мрежа (податоци - пренос), аларм, коаксијални, сигнал-команда, пожар, нисконапонски енергетски кабли и др.Валидност дo: 28.9.2013 година

Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бисквити.Валидност дo: 28.9.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на медицински апарати – стерилизатори.Валидност дo: 29.8.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на болјери

на соларна енергија.Валидност дo: 29.8.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на соларни системи и панели.Валидност дo: 29.8.2013 година

Компанија од Естонија заинтересирана е да увезува вина од Република Македонија.Валидност дo: 29.9.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за пакување со затегнување.Валидност дo: 29.8.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е на македонскиот пазар да пласира алкохолни и безалкохолни пијалаци, како и

изградба на погон во Република Македонија.Валидност дo: 30.8.2013 година

Компанија од Естонија бара да увезува мед пакуван од 250 до 500 грама во стаклена амбалажа од Република Македонија за пласман во Естонија.Валидност дo: 30.8.2013 година

Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електронска комуникациска опрема, електроника во областа на телекомуникациите, специјализирана електроника за осветлување во индустријата и автомобилски резервни делови.Валидност дo: 30.8.2013 година

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Page 27: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 13 Јуни 2013, Бр. 140

Компанија од Турција заинтересирана е да соработува со компании од металната индустрија во Република Македонија со понуда на суровини и хемиски адитиви за леење на железо и челик. Валидност дo: 30.8.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машки, женски и детски чорапи.Валидност дo: 30.9.2013 година

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на железен оксид, зелен хром оксид, црн јаглен и алуминиум сулфат.Валидност дo: 30.9.2013 година

Компанија од Италија заинтересирана е да соработува со македонски производители на дрво за обработка кое ќе биде наменето за финален производ во штици за изработка на предмети во домаќинството.Валидност дo: 31.8.2013 година

Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 - 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунара) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола,

до границата со Грција.Валидност дo: 5.10.2013 година

Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот во Кавадарци кој е лоциран на ул. Нов Белград 11 и е евидентиран во имотен лист број 3251 со вкупна земјишна површина од 20.964 м2 и 13.849 м2, изградена површина. Зградите се користени за складирање и обработка на тутун повеќе десетици години, а земјиштето е лоцирано во урбанизирана околина. Имотот е поврзан со главниот влез со пат до главниот булевар во градот. Околу имотот нема други индустриски објекти. Сите згради имаат потребна инфраструктура, вода, канализација и се поврзани меѓусебно со асфалтни патишта. Постои делумна инсталација за хидрантски систем за ПП заштита со подземен резервоар за вода, со зафатнина од 60 м3. Сите објекти имаат три силни аргументи за инвестирање во нив:-имотот е во урбанизираниот дел на Кавадарци;-поголем број на објекти (1,2,3,4), со вкупно околу 10.000 м2, може да бидат преуредени во станбен или деловенпростор;-близина до главниот автопат E75 (15км).Валидност дo: 26.6.2013 година

Компанија од Турција бара соработка со здравствени установи во Република Македонија за пласман на лабораториска опрема.Валидност дo: 30.9.2013 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на паркет.Валидност дo: 31.8.2013 година

Компанија од Шпанија заинтересирана е да увезува еколошки прехрамбени производи (градинарски и овошни) од Република Македонија, а кои имаат соодветен сертификат за истото.Валидност дo: 30.9.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да отвори погон во Република Македонија за производство на мебел од вештачки ратан влакна, како и вработување на работници обучени за плетење мебел од Македонија.Валидност дo: 28.9.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е да откупува овошје и зеленчук од Република Македонија.Валидност дo: 3.9.2013 година Компанија од Германија заинтересирана е да соработува во областа на филтирање на вода, управување на мрежи за водоснабдување, складирање на вода и прочистување на вода во Република Македонија.Валидност дo: 3.9.2013 година

Компанија од Катар заинтересирана е да набавува електроопрема потребна за изведба на електроинсталации за индустриски објекти во Катар.Валидност дo: 3.9.2013 година

Контакт:

Мирјана КоцеваТел: (02) 3244-035Факс: (02) 3244-088 [email protected]

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Page 28: Бизнис ИНФО број 140, 13 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642