Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

35
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 137 www.mchamber.mk 23.05.2013 ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 ПОСВЕТЕНОСТ НА ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ ЕВРОПСКИ ЕНЕРГЕТСКИ НАЧЕЛА МЕПСО АД вложува над 50 милиони евра во проекти од европскиот десетгодишен план за развој на преносната мрежа

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 01-Mar-2016

247 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

TRANSCRIPT

Page 1: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 137 www.mchamber.mk 23.05.2013

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ПОСВЕТЕНОСТ НА ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ

ЕВРОПСКИ ЕНЕРГЕТСКИ НАЧЕЛА

МЕПСО АД вложува над 50 милиони евра во проекти од европскиот десетгодишен план за развој на преносната мрежа

Page 2: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

Page 3: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

ПОДВЛЕЧЕНО

Меѓудржавниот Договор за приклучување на Македонија кон Јужен тек е веќе реалност. Добивме потврда од страна на Русија дека се согласни со предложениот текст, по што Владата на РМ на минатата седница го усвои финалниот текст на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за изградба на гасоводен крак кон Република Македонија. Сега го договараме

формалниот датум за потпишување на Договорот, при што очекуваме истото да биде во јуни во Санкт Петербург. Поврзувањето со меѓународниот коридор за пренос на гас Јужен тек, за Македонија обезбедува многукратни придобивки. Со Договорот е предвидено да се обезбедат дополнителни количини на природен гас, што ќе значат стабилна енергетска иднина на нашата земја. Влегувањето на Македонија во овој проект значи дека ќе обезбедиме сигурно снабдување со гас на сите стопански капацитети, како и за домаќинствата, при што може да се очекува и намалување на цената на гасот. Ќе се задоволат целокупните потреби за гас во земјата, како за нови стопански и енергетски капацитети, нови електрани, така и за гасоводната мрежа до сите градови. Проценката е дека до 2030 година потребните количини на гас кои ќе се обезбедуваат би изнесувале 2,5 милијарди кубни метри. Оператор на гасоводот во Македонија ќе биде мешовито македонско-руско друштво, кое со Договорот е предвидено да биде со еднакво учество од по 50 проценти.

(М-р Зоран Ставрески, заменик претседател на Владата и министер за финансии)

Во последните неколку години имаме хипер продукција од општествени науки, а од техничките науки многу малку. Значи за првпат ланската година на факултетот за технички науки по 20 години независност на Македонија се пополнија квотите во техничките факултети. Инаку последните години многу се стави акцент на правните и на филолошките науки, на економските и на менаџерите, јавна администрација и

така натаму. Но апсорпцијата на овие кадри, иако е голема, сепак за таква продукција не може да ги апсорбира самото стопанство. Ние сега соработуваме со сите комори и организацијата на работодавачи како и сите релевантни фактори за да ги креираме идните политики бидејќи врз основа на нивните потреби ние да креираме уписни политики. Според последните податоци имаме 530 магистри, 26 доктори на науки и 22 илјади дипломци невработени. Ако ви ја покажам структурата ќе дојдеме до она што го зборувам, структурата е претежно општествени науки. И самите магистри кои сега ги спомнуваме, тоа се мастер - сите кои се по Болоњскиот систем највеќе. Ако ја видиме структурата на магистрите пред Болоњскиот систем и по вклучување на студирање по тој систем ќе видиме дека магистрите кои што се по оној стар систем на вистинска магистратура каде што е 4+2 години е далеку поквалитетен.

(Влатко Поповски, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија)

Во последниот период заради недостиг на резервна вода, намалување на водниот тек во реките, лошата примена на шемите на наводнување, ефикасноста на наводнувањето е помеѓу 30-60% од наводнуваната површина. Овие факти појаснуваат дека во голем дел производството во Македонија е зависно од врнежите. Во наредниот период треба интензивно да се работи за одржување на водните ресурси и нивно

рационално искористување. Тука пред се мислам да на зголемување на ефикасноста на постоечките системи за наводнување, нивна модернизација и соодветно менаџирање. Секако дека ефикасноста на системите значајно би се зголемила ако се пристапи кон примена на модерни решенија во наводнувањето на културите како што се микро наводнување, соодветно на потребите на растенијата и почвените услови. Во спротивно, нашето земјоделско производство би ги почувствувале последиците од климатските промени многу побрзо преку недостаток на достапна вода и исцрпување на подземните водни резерви.

(Д-р Сретен Андонов, професор на Земјоделскиот факултет во Скопје)

Бизнис ангел е некој кој е веќе успешен во раководење на сопствениот бизнис или некој што го продал својот бизнис, направил добар профит и одлучил да искористи дел од тие пари во инвестирање во туѓи бизниси. За бизнисот на којшто му требаат дополнителни финансии, бизнис ангелот е како дар пратен од небото. Тој ги дава потребните финансии, совети, поддршка. Најчесто тоа е некој поискусен бизнисмен кој инвестира во бизнисот на некој помлад претприемач, притоа давајќи им го

сопственото вредно и долгогодишно бизнис искуство. Зошто се тие важни? Еве, ќе ја земам Македонија за пример, каде што во моментов има голема потреба од финансиски средства. Тука има многу млади луѓе кои се добро образовани, интелигентни, иновативни, но немаат пристап до потребното искуство и финансии, како би можеле за започнат или развијат успешен бизнис. На повеќето бизниси им требаат финансии, но исто така потребно е и искуство, односно умеење да се раководи со бизнисот. Затоа најдобро решение е да се најде претприемач кој има добра идеја во која може да се инвестира и некој кој има време, можност и желба да помогне за развој на добрата бизнис идеја или бизнис. Ние ова го викаме smart money или ангел инвестиција –дар од небото.

(Стив Истам, основоположник, инвеститор и член на бордот на директори на New Vantage Group LLC, најголемиот ангел инвестициски фонд во Вашингтон)

„ЈУЖЕН ТЕК“ Е ВЕЌЕ РЕАЛНОСТ

ПРВАПАТ ПО НЕЗАВИСНОСТА СЕ ПОПОЛНИЈА КВОТИТЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ ФАКУЛТЕТИ

ОДРЖУВАЊЕ НА ВОДНИТЕ РЕСУРСИ И РАЦИОНАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ

БИЗНИС АНГЕЛОТ Е КАКО ДАР ПРАТЕН ОД НЕБОТО

Page 4: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО4

СОВЕТУВАЊА

Во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија - ЗЕМАК, а во соработка со Македонската енергетска асоцијација и Македонската академија на науките и уметностите, на 22 мај 2013 година во Стопанската комора на Македонија се одржа еднодневно советување на тема: „Предизвици во електропреносната мрежа на Македонија и југоисточна Европа“. Во своето воведно обраќање пред учесниците на советувањето, претседателот на ЗЕМАК, д-р Ристо Јаневски, истакна дека од аспект на сигурноста во снабдувањето со електрична енергија посебно е значењето на развојот на преносната мрежа, што беше презнетирано од експертскиот тим на македонскиот електропреносен систем оператор МЕПСО. Генералниот директор на Македонскиот електропреносен систем оператор - МЕПСО, Синиша Спасов, во своето обраќање ги истакна инвестициските проекти на МЕПСО АД интегрирани во европскиот десетгодишен план за развој на преносната мрежа. - МЕПСО АД како рамноправен член на европското семејство на преносни систем оператори вложува над 50 милиони евра во проекти од европскиот десетгодишен план за развој на преносната мрежа. Вложуваме во регионално важни проекти: 400 киловолтните далекуводи Штип - Ниш, Битола - Елбасан и во нова 400/110 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид. Ќе градиме 165 километри далноводи и нова трансформаторска станица - инвестиции со вредност поголема од 50 милиони евра. Паралелно работиме и на проекти од национален интерес, од кои позначајни се ревитализација и надградба на десетина трансформаторски станици, набавка на нов СКАДА-систем и набавка на нов енергетски 400/110 киловолтен трансформатор, - истакна Синиша Спасов, генерален директор на МЕПСО АД. Изградба на овие далекуводи со кои Македонија ќе се поврзе со Србија и со Албанија,

четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

МЕПСО АД вложува над 50 милиони евра во проекти од европскиот десетгодишен план за развој на преносната

мрежа

ПОСВЕТЕНОСТ НА ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ ЕВРОПСКИ ЕНЕРГЕТСКИ НАЧЕЛА

Page 5: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО 5СОВЕТУВАЊА

четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

нова трафостаница во Охрид и ревитализација на преносната мрежа во источна, во централна Македонија и во Полог, се дел од 18 приоритетни проекти на МЕПСО кои произлегоа од Студијата за развој на преносната мрежа во периодот 2010 – 2020 година. Студијата е стратешки документ, а воедно е и инвестициско-оперативен план со конкретни рокови и суми, изработен за да се задоволат сите потреби за пренос на потрошувачите и на производителите на електрична енергија до 2020 година. ТYNDP 2012 е одговор на барањата на европската регулатива EC 714/2009, со што од ENTSO-E беше побарано да се изработи сеопфатен десетгодишен план за развој преносната мрежа. Планот идентификува инвестиции за реконструкција и надградба на мрежата со вредност од 104 милијарди евра и должина од околу 51.500 километри низ цела Европа. Проектите, кои се над 100 на број, ја покажуваат важноста и посветеноста на преносните систем оператори во поддршката на фундаменталните европски енергетски начела: интеграција на пазарот на електрична енергија, развој на обновливи извори на енергија и обезбедување на сигурност на напојувањето. Експертскиот тим на МЕПСО АД го презентираше развојот на електропреносната мрежа на Република Македонија во периодот 2010-2020 година – тековните проекти, среднорочни инвестиции и долгорочна визија за развој, за развојните планови на европската електропреносна мрежа со осврт на регионот на југоисточна Европа, како и управувањето со проекти од електропреносната мрежа, 400kV далекувод Битола (МК) – Елбасан (Al). како последен дел од реализацијата на Коридорот 8 во контекст на создавање коридор исток - запад за пренос на електрична енергија меѓу Бугарија, Македонија, Албанија и Италија.

Зорица Мешкова

Page 6: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОТРИБИНА

6 четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

Пред членките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, на седницата одржана на 22.5.2013 година, од страна на д-р Ристо Иванов, експерт во Проектот Buld up Skills, беше презентиран Патоказот за развој на капацитетите на градежниот сектор во областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија. Како што истакна Иванов, намерата на Патоказот е да придонесе во остварувањето на националните енергетски цели преку обезбедување квалификувани работници во градежниот сектор за енергетска

ТРАСИРАН РАЗВОЈОТ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ВО ОБЛАСТА

НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

Пред Здружението на градежништвото,

индустријата на градежни материјали и неметалите,

презентиран Патоказот од Проектот Buld up Skills

Page 7: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО

ефикасност и обновливи извори на енергија. Документот ги презентира идентификуваните потребни вештини за различните занимања на градежните работници и бариерите што треба да се надминат за обезбедување на потребниот број на квалификувани работници, директно инволвирани во градба. Потребата од квалификувани работници е минимум 9.600, а максимум 16.200 квалификувани работници. Mеѓу нив, за енергетска ефикасност се предвидени следните занимања: ѕидари, фасадери, столари, покривачи на кровови, термоизолатери, инсталатери, електричари и електромонтери.

Во Патоказот се дадени приоритетите за надградба на системот за образование на возрасни, следење и трансфер на европските искуства за дизајнирање на програми за ЕЕ и ОИЕ за примена на сертификациони шеми, градење на капацитет на образовните институции за испорака на обуки согласно потребите за квалификувани работници и идентификување и надминување на бариерите за реализирање на зацртаните цели. Акциониот план за реализирање на мерките за четирите приоритети е изработен за периодот 2013-2016 година, а со него се опфаќа обука на 4.800 работници, кои се директно инволвирани во градбата, кои би требало да имаат свое учество во реализација на Националните енергетски цели во однос на ЕУ Стратегијата 20/20/20. Бидејќи високоградбата, односно станбените објекти на домаќинствата се поголемите потрошувачи на енергија, приоритетно е да се пристапи кон зајакнување на потребните вештини на градежните работници, било да се во текот на образованието, а повеќе во совладување на вештините преку дообука и преквалификација на возрасни. Компаниите ги истакнаа интересот и потребата од обучен кадар, кој ќе може да биде вклучен во градбата, иако самоиницијативно во повеќе компании се врши едукација. Сепак, законска регулатива, која се` уште во овој сегмент, не е целосно заокружена, засега претставува пречка за постигнување на барањата за квалитетна изградба и задоволување на барањата на ЕЕ во објектите. На седницата се покрена иницијатива за донесување и на Правилник за изработка на проект за гасификација на станбените објекти, кој како и другите проекти треба да биде составен дел при добивање на одобрение за градење, како и во други земји, на пример, во Хрватска. Градежниците се залагаат за распоредување на работното време на годишно ниво, како би се избегнале празните одови во зимско време, а на сметка на времето кога е најпогодно за градење и производство на градежни и неметални материјали, наменети за градењето на објектите. За реализација на оваа одредба, се формира работна група, која заедно со Синдикатот во компаниите ќе предложат мерки и решенија за реализирање на оваа одредба, која можеби ќе биде вградена и во законска одредба.

Марија Петроска

ТРИБИНА

7четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

Page 8: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОМОЖНОСТИ

8 четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

На 16 мај 2013 година, во Стопанската комора на Македонија, во организација на Македонската енергетска асоцијација се одржа трибина на тема: „Како до поголемо искористување на сончевата енергија во Република Македонија?“. -Трибината има за цел да ги согледа сите аспекти, вклучително и аспектот на цената на електричната енергија, за поголемо искористување на сончевата енергија, - истакна во своето воведно обраќање претседателот на Македонската енергетска асоцијација, професорот Кочо Анѓушев. - Во таа насока, очекуваме дека претставниците на бизнис-заедницата, надлежните инстутуции и науката заеднички ќе дадат оценка за актуелните состојби со искористување на сончевата енергија и можните правци на идно делување, како и потребниот комплекс на мерки

(од административна, економска и техничка природа) за нејзина поголема примена кои во вид на заклучни согледувања ќе бидат доставени до учесниците. Претседателот на соларната асоцијација на Македонија, професор Илија Насов својата презентација ја започна со констатацијата дека Република Македонија, иако има најголем сончев потенцијал во споредба со другите европски земји, има најмал процен на најзино искористување. Во презентацијата тој ги отвори следните суштествени прашања на овој план и тоа: колкаво е искористувањето на соларната енергија во Македонија во споредба со некои земји од ЕУ; зошто Македонија има најмалку искористување на соларната енергија, а спаѓа во регион со најдобри услови - интензитет на соларно зрачење, како да се зголеми искористувањето на соларната енергија во Македонија; зошто соларната енергија има најголема перспектива во загревањето на санитарна вода, загревање на простор, индустриски примени; квалитет на соларни колектори; како да се изберат најадекватни соларни колектори и соларен систем; кои се

бенефитите од инсталирање на соларни системи - заштеди и време на враќање на инвестицијата? Со оглед дека околу 50 отсто од финалната потрошувачка на енергијата во Европската унија се користи за загревање и ладење, решавањето на ова прашање, всушност, го решава проблемот со енергетските потреби на земјата. Во изгалањето, а истото беше поддржано и во дискусијата од присутните, беа посочени услови за зголемување на искористувањето на соларната енергија, пред се`, со: зголемување на свесноста кај населението за потенцијалот на соларната енергија; потребата од едукација на ексерти за соларна енергија, архитекти, проектанти, инсталатери, крајни корисници со следење на новите начини на инсталирање на соларните комбинирани системи и нивно интегрирање во кровови и фасади; стимулативни мерки за производство на соларни колектори и системи; потребниот квалитет на соларни колектори и соларни системи кој би се ставил во функција на промоција на нивна поголема употреба; стимулативни и облигациони мерки на Владата на РМ; поволни начини на кредитирање и ЕСКО-компании кои ќе продаваат на крајни корисници енергија каде енергијата ја продаваат со иста цена како постојната, а после извесен број години соларниот систем го отстапуваат на користење на крајниот корисник и, секако, градење енергетски ефикасни објекти. За зголемување на свесноста кај населението за потенцијалот на соларната енергија потребно е да се организираат кампањи преку средствата за информирање. Конкретните предлог-мерки, кои како заклучок произлегоа од трибината, ќе бидат упатени до сите релевантни институции со цел нивна реализација, а во функција поголемо искористување на сончевата енергија, првенствено преку употреба на термо-соларните системи.

Зорица Мешкова

Македонската енергетска асоцијација расправаше за поголемо искористување на сончевата енергија во

Република Македонија

НАСЕЛЕНИЕТО СО КАМПАЊА ЌЕ СЕ ЕДУЦИРА ДА СЕ СВРТИ КОН ТЕРМО-

СОЛАРНИТЕ СИСТЕМИ

Page 9: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОСОРАБОТКА

9четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

На прес-конференцијата, што се одржа во Стопанската комора на Македонија, Снежана Јовановска Трајковска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот, информираше за иницијативата на Здружението за изготвување на заеднички туристички производ (20.5.2013 година). Организатори и носители на активноста се стопанските комори од земјите од југоисточна Европа, а заедничкиот туристички производ е наменет за трети пазари. Ова беше договорено на неодамнешната средба во Белград, на туристичките сектори од коморите во регионот. Натамошните активности ќе бидат насочени кон подготовка на проект за апликација за средства за финансирање од европските фондови. Подготовките и аплицирањето, како координатор на овој проект во името на сите учесници, и` беше доверено на хрватската делегација. Работната група ќе продолжи со подготовката на програмата и ќе ги следи и другите можности за обезбедување финансиски средства. Потоа, сите стопански комори се согласија да се формира експертска група за изработка на програма, како и алтернативни варијанти на основната програма (не повеќе од три варијанти). Оваа група треба да се состане во период од 3-4 недели. Членовите ќе ги одреди секоја држава посебно, и неа ќе ја сочинуваат претставници од туристичките агенции и туристичките организации. Местото и времето ќе се одредат дополнително. Проблемите со визниот режим, инфраструктурата и авионските врски се изразени кај сите чинители на оваа програма. Претставниците се обврзаа, во соработка со своите ресорни министерства, да изнајдат решенија за отстранување на проблемот со визниот режим со далечните земји, за кои е наменет овој нов туристички производ. Постојат примери на добра пракса во досегашниот период во сите држави-членки, и реална е можноста тие да се усогласат и да се применат на овој проект. За сите активности и резултати, кои ја унапредуваат реализацијата на програмата, учесниците ќе ги информираат сите членки, во манир на добропартнерски односи. Потребата од овие активности на туристичката индустрија произлегува од низа причини. Во далечната 1990 година Република Македонија ја посетија еден милион туристи. По распаѓањето на поранешна Југославија и воените дејствија, бројот на туристите во Република Македонија се преполови. Денес и покрај неколку годишниот пораст на бројот на туристите, има регистрирано 660.000 туристи на годишно ниво во Република Македонија. Еве и неколку показатели за местото на овие држави во светскиот туристички пазар, според учеството на секторот туризам во БДП: Словенија е на 70-то место, Хрватска на 45, Србија на 84, Босна и Херцеговина на 107, Црна Гора на 132 и Македонија на 147 место во светот. Со овие резултати туристичкиот сектор не е задоволен и бара нови начини за постигнување уште подобри резултати. Покрај воените настани кои се одвиваа на овие балкански простори, големо влијание на намалувањето на бројот на туристите имаше и појавата на многу граници на мал простор. Компликуваните царински и контролни процедури го попречуваат слободното движење на луѓето и ги одвраќаат туристите од престој на овие простори. Мало е учеството на туристите од далечните земји (Северна и Јужна Америка, Кина, Индија, Јапонија, Индонезија, Австралија...), иако тие имаат голем број жители. На пример, во Република Македонија две третини од странските туристи се од земјите на Југоисточна Европа, а само една третина од сите останати земји. Заедничкиот производ е веќе докажан на овие балкански простори - ќе се стандардизира понудата, ќе се осмисли со содржина, интересна приказна и доживувања за странските туристи. Програмата соодветно ќе се промовира (студиски групи, медиуми и туристички саеми) и ќе се понуди на сите комерцијални субјекти во туризмот, туристички агенции и туроператори, кои ќе го видат својот комерцијален интерес во работењето со овој нов регионален туристички производ.

Лазо Ангелески

Иницијатива на туристичкиот сектор на стопанските комори од

југоисточна Европа

ПОДГОТОВКА НА ЗАЕДНИЧКИ ТУРИСТИЧКИ ПРОИЗВОД

Page 10: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОИНИЦИЈАТИВИ

10 четврток, 23 мај 2013, Бр. 13710 четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

Групацијата на пазари при Здружението за комунални дејности (преставена преку неколку директори и претставници на организаторите на пазари од Македонија) на 17.05.2013 година присуствуваше на состанокот на работната група за меѓународна соработка на пазарите во Југоисточна Европа на состанокот во Ниш, Србија. На состанокот беа дефинирани деталите и повеќето технички аспекти околу меморандумот со кој ќе се официјализира почетокот на работа на Регионалната Асоцијација на пазари која натаму ќе биде основ за зачленување на регионот во Светската асоцијација на големо на

пазарите. Со здружување на организаторите на пазари во регионална асоцијација која е натаму услов за зачленување и во светската асоцијација на пазари, се обезбедува поголем пристап до информации од дејноста, размена на искуство, соработка на добри основи, афирмирање на теми од безбедност на храна, статус на пазарите, јавно приватно партнерство, како и аплицирање на меѓународни проекти, имплементирање на позитивни примери, со цел дејноста која зазема значајно место во домашната економија да обезбеди соодветен развој и да има уште поголем придонес во позитивните статистички бројки. Од македонска страна на состанокот на меѓународната група учествуваа, Предраг Милосављевич и Боце Славков од АД „Скопски пазар“, директорот на ЈП Пазари од Прилеп, Пецо Димоски, директорот на ЈП Пазаришта Куманово, Фадиљ Шабани, раководителот на секторот на пазари на

големо од АД Технометал Вардар, Никола Ќосески и раководителот на пазари од ЈП Комуналец Свети Николе, Драгица Андонова. Македонските претставници изразија задоволство што се дел од оваа регионално поврзување со надеж дека на овој начин ќе се обезбеди побрзо и поквалитетно модернизирање на пазарите и добивање на соодветен третман во општеството согласно економското значење на дејноста. На состанокот на меѓународната група беше договорено, во следните 20-тина дена да се завршат сите технички подготовки (изработка на статут, програма за работа) со цел на состанокот во Суботица од 7 до 9 јуни кога ќе се одржува манифестацијата Денови на пазарите во Србија да се потпише и официјално формирањето на регионалната асоцијација на пазарите. Инаку, иницијативата за регионално поврзување беше промовирана пред неколку години кога во регионот официјално биле регистрирани само две здруженија - Бизнис Асоцијација, “Пазари Србија” и Здружението на хрватските пазари, а услов за формирање на регионална асоцијација е да постојат три институции потписници на регионалната асоцијација. Во меѓувреме и во Стопанската комора на Македонија е формирана групација на пазарите а во моментов се работи на регистрација на групација на пазари во рамки на комората на Босна и Херцеговина. Во рамки на патувањето за Ниш беше остварена средба и со раководството на ЈП пазари од Ниш како и обиколка на зелениот пазар во центарот на градот. Според информациите од директорот на пазарите Радован Милојевич фирмата управува со 12 пазари во градот има 250 вработени и 2,4 милиони евра годишен промет. Работната група од Македонија на состанокот во Ниш договори во следниот период да се реализира посета и на пазарите во Лесковац, грда во кој има 7 пазари од кои еден сточен и еден кванташки пазар кој според менаџментот на компанијата имаат за цел да прерасне во регионален пазар на големо.

Даниела Михајловска Василевска

На работен состанок во Ниш, на кој учествуваше и Групацијата на пазари

при Стопанската комора на Македонија, е договорена соработка во рамките на

Југоисточна Европа

НАСКОРО ЌЕ СЕ ФОРМИРА РЕГИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА

НА ПАЗАРИ

Page 11: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОПОДРШКА

11четврток, 23 мај 2013, Бр. 137 11четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

На седницата на Здружението на металната и електроиндустријата, одржана на 15.5.2013 година во деловните простории на „Брако“ во Велес, се расправаше по Предлогот за донесување закон за утврдување на роковите за исполнување на паричните обврски. Пред присутните членови на Здружението, образложение за Предлог-законот даде Стојмирка Тасевска, виш советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Таа истакна дека во Комората, со активностите за подобрување на стопанскиот амбиент, во тек е подготовка на повеќе закони меѓу кои е и Предлогот за донесување закон за утврдување на роковите за исполнување на паричните обврски. По одржување на широката расправа во органите и телата на Комората, истите ќе бидат доставени до Владата на Република Македонија. Стојмирка Тасевска рече дека состојбата на должничко-доверителните односи во македонското стопанство укажува дека неплаќањето, односно ненавременото исполнување на обврските меѓу стопанските субјекти, како и меѓу субјектите од приватниот и јавниот сектор, се вбројуваат како главни проблеми со кои се соочува македонскиот бизнис-сектор. Неплаќањето на обврските или доцнењето значително по рокот на плаќање и покрај уредно испорачана стока, односно дадена услуга, негативно влијаат врз ликвидноста на компаниите, го отежнуваат финансиското работење на претприемачот, влијаат на неговата конкурентност и профитабилност. Негативни ефекти од сето ова значително се поизострени во период на надолни тенденции во стопанството, кога пристапот до финансирањето станува се` потежок и поскап. „Задолжницата“, како нов инструмент за обезбедување на наплатата дава можност да се олесни наплатата на побарувањето на доверителот спрема должникот, но поради нејзината доброволност и изземањето на должничко-доверителските односи меѓу јавниот и приватниот сектор, не е доволна да услови позначајно зајакнување на финансиската дисциплина во плаќањето на сите комерцијални трансакции на внатрешниот пазар. Поради тоа, се налага потребата од преземање на европската Директива 2000/35 од 29 јуни 2000 година за спречување на доцнењето во плаќањето на сите комерцијални трансакции во македонската правна регулатива. Со предложениот закон, согласно горенаведената ЕУ-директива, ќе се регулираат роковите за исполнување на финансиските парични обврски и правните последици од доцнењето во исполнувањето на паричните обврски. Иако Предлог-законот претставува уште еден чекор во процесот на приближување на Македонија со правната регулатива на ЕУ, сепак, целта на овој закон суштински е многу поважна, а тоа е спречување на доцнењето во плаќањата како меѓу компаниите, така и меѓу нив и јавниот сектор. Основни начела на кои се засновува донесувањето на законот се јакнење на финансиската дисциплина и зголемена ликвидност на стопанските субјекти. Во функција на јакнење на финансиската дисциплина, со овој закон се утврдуваат роковите за исполнување на финансиските парични обврски, како и правните последици од доцнењето во исполнувањето на паричните долгувања. Во расправата беше потенцирано дека по исполнување на своите обврски од страна на државата за поврат на ДДВ, не се почувствува подобрување на ликвидноста на стопанските субјекти. Тие се приморани да се задолжуваат во деловните банки со кредити со неповолни камати. Исто така, се доведува во прашање и исплатата на личните доходи и плаќањето на ДДВ. Поради ваквите состојби на седницата беше потенцирана потребата од донесување на ваков закон со одредени модификации во делот на механизмите за обезбедување на плаќањето, роковите на наплата, како и законот да важи за приватниот и за јавниот сектор, со што би се подобрила финансиската дисциплина во должничко-довирителните односи. На седницата претставниците на „Брако“ од Велес извршија презентација на производствената програма на компанијата, воведените нови производи, капацитетските можности и другите активности на компанијата.

Војкан Николовски

Во „Брако“ од Велес Здужението на металната

и електроиндустријата расправаше по Предлогот

за донесување закон за утврдување на роковите за исполнување на паричните

обврски

РЕШЕНИЈА ЗА ДОЛЖНИЧКО-ДОВЕРИТЕЛСКИТЕ

ОДНОСИ ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК

Page 12: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОФОКУСИРАНО

12 четврток, 23 мај 2013, Бр. 13712 четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија, на 17.5.2013 година, одржа седница на која беа разгледани Мерките од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво, кои се подобни за аплицирање на текстилните компании и потпишaниот Кодекс на однесување, чија основна цел е да се влијае на фер конкуренција и заштита на потрошувачите. Пред присутните беше извршена и презентација на финансиските производи од страна на Македонската банка за подршка на развојот (МБПР). Ангел Димитров, претседател на Здружението, на почетокот истакна дека текстилната индустрија претставува една од водечките преработувачки идустрии во земјава, со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работка сила и извозот. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемничките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој. Од претставниците на Министерството за економија, Славица Петрушевска и Киро Спанџев, беа презентирани Мерките од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2013 година за поддршка на текстилните компании. Предвидено е овие мерки да придонесат за развој на производ и развој на пазарот, поддршка за еколошко означување, финансирање за примена на патенти и женско претприемништво. Вкупната вредност на Програмата изнесува 13.371.000 денари за поддршка на три области: поддршка и развој на малите и средни претпријатија, имплементација на индустриската политика и поддршка на текстилните компании. Со цел зголемување на конкурентноста на македонската индустрија, Министерството за економија финансира до 50% од потребната инвестиција, но не повеќе од 300.000 денари поединечно за секој барател. Од страна на Нериман Џеладини од Министерството за економија беше презентиран Кодексот на однесување со цел да се влијае на фер конкуренција и заштита на потрошувачите на пазарот, кој беше прифатен од самите компании, со што ќе се придонесе до фер конкуренција и подобро позиционирање на истите. Македонската банка за поддршка на развојот ги презентираше своите поволни кредитни линии пред компаниите. Притоа, беа истакнати кредитите за опрема во максимален износ од 3,5 милиони евра со каматна стапка од 5,5% со рок на отплата од 8 години и грејс период од 2 години, како и кредитите за обртни средства со камата од 5, 5% и рок на оплата од 3 години и грејс период од 6 месеци.

Здружение на текстилната индустрија и конфекцијатаПРЕЗЕНТИРАНИ МЕРКИТЕ ЗА КОНКУРЕНТНОСТ,

ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Page 13: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

На средба во Стопанската комора на Македонија претставниците на Светската банка презентираа можности за соработка преку институциите во нашата држава за помош на македонските компании (16.5.2013 година). Притоа, беа посочени неколку сегменти на поддршка: на производствениот процес, на иновациите и на формалното и неформалното (стручното) образование. Светската банка е во процес на подготовка на проекти до крајот на 2013 година, со кои главен акцент ќе биде ставен на помош и поддршка на конкурентноста и иновативноста на македонските компании во делот на нови квалификации потребни во индустријата, имплементација на стратегијата за иновации, директна помош за развој на иновациските капацитети на компаниите и институционална поддршка за развој на концептот TRIPLE HELIX (соработка меѓу индустријата, универзитетите и Владата). Од страна на Стопанската комора на Македонија беше истакнато дека еден од најважните сегменти за подобрување на конкурентноста на компаниите е пристапот до финансии, за што е неопходно формирање на гарантен фонд, како и развој на дополнителни финансиски инструменти. Во делот на обука на возрасни, претставниците беа запознати со активностите на Комората во овој дел и со акредитираниот Центар за тренинг и обука. Исто така, гостите беа запознати со проектите кои во моментот се реализираат. Особено беше истакнат Проектот Build up skills, за градење на капацитети на градежниот сектор за обука на потребен кадар кој ќе гради енергетски ефикасни објекти, за што беше побарано да го земат предвид при дефинирање на активностите во следниот проект на Светската банка – Skills and Innovation. Претставниците од Светската банка беа заинтересирани и за капацитетот на македонските компании во делот на подготовка на апликации за проекти и соработка со консултантскиот сектор.

Јадранка Аризанковска Ирена Мојсовска

Средба со претставници на Светската банка во

Стопанската комора на Македонија

РАЗГЛЕДАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ

Page 14: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОРЕГИОНАЛНА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП

Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп, на 16 и 17.5.2013 година се одржа работна средба со делегација од збратимениот град Валево. На средбата беше разговарано за зголемување на меѓусебната економска соработка и учество на „Ваљевска пивара“ на Фестивалот за пиво во Прилеп, кој прерасна во надалеку препознатлив бренд, а ќе се одржи од 17 до 21.7.2013 година. Како членови на делегацијата од Валево беа претседателот на Регионалната комора од Валево, Петар Николиќ, заменик-градоначалникот, Витомир Митровиќ и советникот на генералниот директор на „Ваљевска пивара“, Андрија Пејовиќ. За време на работната средба, на којашто присуствуваше градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, беше договорено учеството на „Ваљевска пивара“ на Фестивалот за пиво во Прилеп. Во разговорот со гостите учествуваше и генералниот директор на „Кожувчанка“, воедно и претседател на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, Митко Јанчев. Притоа, беше договорена и заедничка соработка со познатата македонска компанија за производство на минерална вода и сокови од Кавадарци. За време на престојот во Прилеп, делегацијата од Валево ги посети прехранбената компанија „Витаминка“, Музејот за тутун и други културни институции, со единствена цел - во што пократок период Прилеп да биде посетен од група туристи од Валевскиот регион. Од страна на делегацијата од Валево беше упатена отворена покана за возвратни бизнис-средби, како и учество и посета на саемските манифестации што се одржуваат во тамошниот регион во текот на месец септември 2013 година.

Ристо Најдоски

На 15.5.2013 година, во присуство на голем број деловни партнери и гости, компанијата „Електроелемент“ од Скопје отвори регионална подружница со седиште во Прилеп. Oсновната мисија на подружницата е континуирано, во кратки временски рокови, со потребни материјали да ги снабдува трговските фирми, индустријата, градежништвото, електростопанството, електромонтажата и јавните комунални компании од регионот, а во исто време да нуди целосна стручна и техничка поддршка. Точно две децении „Електроелемент“ е компанија која поставува високи стандарди во повеќе индустриски гранки и се имплементира на свој начин во економските структури на Република Македонија и пошироко. „Електроелемент“ е водечка компанија во набавката на електроматеријали, лидер во големопродажбата, трговец со најширока палета на производи на ова поле, кај нас и пошироко. „Електроелемент“ поседува најголема инфраструктура и материјални ресурси во дејноста. Располага со современ деловен и магацински простор, средства за манипулација и брза испорака на стоката, а во плановите е инвестирање и во нови објекти кои како и досегашните ќе располагаат со стручен и добро екипиран кадар. За таа цел, со логистичка поддршка од Регионалната комора со седиште во Прилеп, оваа компанија купи градежно неизградено земјиште во индустриската зона „Прилеп 1“ од околу 3000 м2, каде што за краток рок ќе изгради деловен објект за големопродажба на производи од нивната програма, коко и модерен автосалон за продажба на брендовите „Киа“ и „Ивеко“.

Работна средба со делегација од Валево, Република Србија

Со логистичка поддршка од

Регионалната комора со седиште во Прилеп

„ВАЉЕВСКАТА ПИВАРА“ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ФЕСТИВАЛОТ ЗА ПИВО ВО ПРИЛЕП

„ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ“ ОД СКОПЈЕ ОТВОРИ ПОДРУЖНИЦА И ЌЕ ГРАДИ СОВРЕМЕН ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ

14 четврток, 25април 2013, Бр. 133

Page 15: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

Регионалната комора со седиште во Кичево организираше посета на “EXPOKOS 2013” - Meѓународен саем за градежништво, енергија и рудници, техника, мебел и недвижен имот во Приштина, Косово, на 17.5.2013 година. Делегацијата беше составена од десет компании, предводени од претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево. На саемската манифестација што се одржа од 15 до 18 мај 2013 година во Младинскиот дом - Pallati i Rinisë во Приштина, на површина од 20.000 метри квадратни, покрај компании од Косово, учествуваа изложувачи и од регионот: Албанија, Хрватска, Турција, Грција, Чешка, Македонија, Унгарија, Бугарија, а бројот на изложувачи во 2013 година беше над 400 компании. Интерес за посета на Саемот наменет за широка потрошувачка и соработка искажаа фирмите од кичевскиот регионот: „Перпарими“, „Еуро-фикс“, „Мирсат Комерц“, „Атва“, „Декор-Кико“, „Рома Мебел“, „Дар-хрис“ и „2ММ“, кои воспоставија директен контакт со фирми од Турција, Косово и Грција. Особен интерес се покажа во градежниот сектор во делот на градежни материјали, декоративни материјали, фасади, системи за изолација, рекламни материјали за компании, дистрибуција на материјали за доизработка на мебел и опрема. Целта на оваа саемска посета се однесува на приближување на производителите и потрошувачите да воспостават професионални и деловни контакти со бизнис-делегации од различни земји, со цел подобрување и остварување на подобри ефекти во развојот на фирмите. Делегацијата оствари средба со организаторот на Саемот во Приштина, Беким Џафа. Тој го поздрави присуството на македонската делегација и искажа интерес за натамошна соработка и организирање на заеднички настапи. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески, оствари средби со претставниците на Организацијата на саеми од Солун и на Комората за мали и средни претпријатија од Солун.

Дијана Лазороска

Printtek 2013 годинава се одржа од 17 – до 22 мај на ТУЈАП саемот во Истанбул. Околу стотина македонски бизнисмени од областа на печатарството и издавачката дејност и индустријата за хартија ја посетија оваа саемска манифестација, каде што има можност да ги видат готовите производи кои ги нудат печатарските технологии и индустријата за хартија и премиерно иновациитепрезентирани преку готови производи во овие области. Над 230 компании кои работат во различни гранки на оваа дејност земаа учество како излагачи во 6 високо поставени стандардни хали, каде што се одржаа голем број на деловни средби, потикнати од ефикасната и специјалната маркетинг платформа од изложувачите наменета по групи на производи. На тој начин на посетителите им беа понудени цела палета на производи под еден покрив. Истовремено на саемската нманифестација се вршеа и практични обуки за користењето на новите технологии каде што самите посетители имаа можност на лице место да ракуваат и се запознаат со начинот на работење со нив. Прес-технологии, дигитално печатење и користење на печатарски системи, печатење на материјали, мастила, хемикалии и потрошен материјал, како и производи од хартија, фиксни и канцелариски технологии го сочинуваат поголемиот дел од опсегот на Printtek 2013 година.

Наташа Димеска Стојаноска

Македонски компании на PRINTTEK 2013 во Истанбул,

Република Турција

Регионалната комора со седиште во Кичево организираше посета на „Еxpokos 2013” во Приштина,

Република Косово

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НАЈНОВИТЕ ТЕХНОЛОГИЈА И ПРОИЗВОДИ ВО

ПЕЧАТАРСКАТА ИНДУСТРИЈА

ИСКАЖАН ИНТЕРЕС ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА

НА САМОТО МЕСТО

Page 16: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОНА САМОТО МЕСТО

SAHAF 2013 e cаемска манифестација што се одржа од 15 до 17 мај 2013 година во Центарот “Скендерија” – Сараевски Саем, кој на годишно ниво е посетен од над 150.000 посетители, со преку 1500 излагачи на 20 организирани саемски манифестации.

SAHAF 2013 е прв специјализиран саем и форум од областа на халал индустријата во Југоисточна Европа, кој обезбедува промоција на производите и услугите, како и можност за посреден контакт со потрошувачите. Тоа е настан кој ги обедини сите претставници на Халал индустријата, како и претставниците на водечката глобална халал индустрија и мултинационалните компании, обезбедувајќи увид во трендовите на развојот на халал индустријата. Интерес за излагање на оваа саемска манифестација покажаа компании од Македонија, како и земјите во нашиот регион, но како посетители беа и оние од Турција и Малезија кои поседуваат халал сертификат за производите и услугите. На пазарот веќе постојат значителен број на компании кои го имплементирале халал сертификатот и нивните производи успешно се пласираат не само на локално и регионално ниво, туку и на халал пазарите во светот. SAHAF им овозможи на халал производителите и даватели на услуги да ја покажат својата понуда на локалните купувачи и потенцијални купувачи и дистрибутери од странските земји. HALAL форумот пак, имаше за цел да ги претстави основните принципи и предности кои HALAL-от може да ги обезбеди на сите заинтересирани страни: производители, дистрибутери, конзументи, но и на поединечните национални економии. Истовремено, имплементацијата на HALAL-от во производствените погони, бизнис и менаџмент системите, е секогаш тесно поврзана со различните законски прописи и други интернационални стандарди. Истотака, прифаќањето на HALAL-от, често се условува од неговото разбирање во рамките на различните традиции, културолошки и религиозни особености, а понекогаш и политичките состојби во земјите. Овој форум го отвори претставникот на Реисулот Улем на ИВЗ од Босна , а свои презентации имаа претставници на различни институции ( агенции, факултети, институти) од Босна , Хрватска, Малезија, Турција. Основната тема која беше опфатена во сите презентации, се однесуваше на HALAL животниот стил и прехрана, индустрија, технологија, исламска економија и консументи/потрошувачи.

Емилија Тодоровска

Македонски компании на SAHAF 2013, прв специјализиран саем

и форум од областа на халал индустријата

ХАЛАЛ СТАНДАРДОТ ГИ ОТВАРА ВРАТИТЕ НА ИЗВОЗОТ

16 четврток, 25април 2013, Бр. 133

Page 17: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

Истражувачкиот тим на „Алкалоид“ АД - Скопје во соработка со две научно-истражувачки лаборатории првпат во светски рамки ја реши кристалната структура на соединението фолкодин монохидрат кое за пациентите кои страдаат од интензивна сува кашлица е повеќе од половина век достапно во форма на капсули и сируп. Од компанијата соопштија дека познавањето на кристалната структура и полиморфизмот (можност едно хемиско соединение да постои во повеќе различни кристални форми) на секое фармацевтски активно соединение е од исклучителна важност за детално дефинирање на неговите физичкохемиски својства и физиолошка активност. Иако фолкодин монохидратот во вид на капсули и сируп против интензивна сува кашлица се наоѓа во активна медицинска употреба во светски рамки уште од средината на минатиот век, не беше позната неговата кристална структура. Најверојатно, како последица на непознавањето на неговата структура, досега останаа неразјаснети некои аспекти во врска со физиолошката активност на ова соединение. Нивното разјаснување и дефинирање перспективно може да понуди негова проширена и модифицирана медицинска примена. Добиените резултати од ова значајно откритие се објавени во реномираното научно списание „Кристален раст“ („Journal of crystal growth“) во вид на оригинален истражувачки труд насловeн „Фолкодин монохидрат: Кристална структура и полиморфизам“. Истражувањето е спроведено по иницијатива на м-р Ѓорѓи Петрушевски, вработен во Институтот за истражување и развој на „Алкалоид“ АД - Скопје, стои во соопштението. Ова научно постигнување, информираат од компанијата, претставува огромен успех за македонската наука бидејќи претставува пионерско истражување од овој тип раководено од македонски научници под покровителство на „Алкалоид“ АД - Скопје, што претставува поттик за натамошна соработка на оваа компанија со научните институции во Република Македонија.

Врвните македонски вина на винарската визба „Тиквеш“ освоија дури 22 награди и високи признанија на двата најпрестижни светски вински натпревари кои се одржуваат во Лондон, Велика Британија. На јубилејниот 30-ти меѓународен вински натпревар IWC - International Wine Chal-lenge 2013, вината на „Тиквеш“, во конкуренција од над 10.000 висококвалитетни сорти и видови вина од целиот свет освоија по четири сребрени и бронзени медали, а три вина беа специјално истакнати како особено квалитетни. - Исклучително сум задоволен што успеавме не само да го повториме, туку и да го надминеме успехот од минатите години што го постигнаа нашите вина на двата најголеми и најреномирани светски натпревари за вино. Овие награди во Лондон уште еднаш ја оправдуваат стратегијата на „Тиквеш“ и работа во креирање на автентични, висококвалитетни врвни вина од Македонија“ - изјави Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“. На двата најголеми светски собири на најквалитетните вина во светот, со сребрен медал се закитија белите тероар вина „Бела вода“ и „Барово“ од минатогодишната берба, како и „Мускат Отонел Special Selection“, „Ркацители Special Selection” и „Совињон Блан Special Selection“, исто така од бербата во 2012-та. Белата и црвената верзија на виното „Бела вода”, како и белото „Барово“ се закитија и со бронзени медали кои им беа доделени и на вината од серијата „Alexandria Cuvee”, во бела и розе верзија од минатогодишната реколта, како и црвеното вино „Т’га за југ” од бербата во 2011-та. Жиријата од двете натпреварувања, составени од бројни енолози и вински критичари, според прецизните и строги критериуми, дадоа високи оценки и специјално го истакнаа квалитетот на дополнителни 11 вина на „Тиквеш“, меѓу кои и црвените вина „Alexandria Cuvee” и „Вранец Special Selection“ од бербата во 2011-та година, како и белото вино „Темјаника Special Selection” од минатогодишната берба.

Огромен успех на истражувачите од „Алкалоид“ и македонската

наука

„Тиквеш“ освои дури 22 награди на двата најпрестижни светски вински

натпревари кои се одржуваат во Лондон, Велика Британија

РАЗРЕШЕНА НЕПОЗНАТАТА СТРУКТУРА НА СОЕДИНЕНИЕТО ФОЛКОДИН

МОНОХИДРАТ

ПРИЗНАНИЈА ЗА АВТЕНТИЧНИТЕ ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ

ВРВНИ ВИНА ОД МАКЕДОНИЈА

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 18: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО

Електропреносните систем-оператори на Република Македонија и на Република Албанија, МЕПСО и ОСТ ги утврдија и координираа идните подготвителни активности за финансирање и за изградба на новиот 400 kV интерконективен далновод што ќе ги поврзува двете земји. Наскоро ќе биде потпишан технички меморандум, а ќе има и размена на диспечерски кадар од диспечерските центри на двете компании, заклучија генералните директори на МЕПСО и на ОСТ Синиша Спасов и Арбен Иброја, на средбата што се одржа во седиштето на ОСТ во Тирана (16.52013 година). На работниот состанок менаџерските тимови ги разгледаа студиите за економска оправданост и за влијанија врз животната средина и ги утврдија идните активности за изградба на новиот далновод во кој, според студијата, ќе бидат инвестирани повеќе од 68 милиони евра. Македонскиот дел од инвестицијата е проценет на 43,5 милиони евра и вклучува изградба на 95 километри далновод од Битола до македонско-албанската граница и изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во близината на Охрид во месноста „Ливоишта“. Македонскиот дел од инвестиција е планирано да се финансира со кредитна поддршка од меѓународни финансиски институции. - Овој проект е од големо значење за стабилноста и доверливоста на нашиот национален електроенергетски систем, а воедно значително ќе го зголеми капацитетот на нашата преносна мрежа. Ова ќе биде прво електроенергетско поврзување на македонскиот со албанскиот електроенергетски систем. На национално системско ниво големо е значењето и на новата 400/110 kV трансформаторска станица во регионот на Охрид затоа што ќе ги задоволи сите проекции за раст на конзумот на електрична енергија во тој регион на долг рок, а ќе ја подобри и доверливоста и стабилноста, истакна Синиша Спасов, генералниот директор на МЕПСО. На состанокот од македонска страна учестуваа и Михаил Пановски, директор на подружницата Оператор на преносна мрежа при МЕПСО и македонскиот амбасадор во Албанија Веле Трпевски. Од страна ОСТ учествуваа и Јил Демиреј, координатор на овој проект, Илда Незири Нуши, директор на правниот сектор и Суфије Џепа, директор за финансии и инвестиции. Физибилити студијата опфаќа системски, технички, еколошки, финансиски и економски анализи за исплатливоста на проектот, а интегрира и студии за влијанијата на проектот врз животната средина на македонскиот дел и на албанскиот дел од интерконекцијата. Нарачатели на студиите се МЕПСО и ОСТ, а процесот е започнат со меморандумот за разбирање што двете компании го склучија во април 2011 година. Студиите се финансирани со грант од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и германската банка KfW преку „Инвестициската рамка за Западен Балкан“ (IFWB). Изработувач на студиите е реномираната данска консултантска куќа COWI. Студијата предвидува далноводот да биде ставен во функција до крајот на 2017 година.

„Здравје Радово“ оствари рекорден дневен откуп од над 120.000 литри млеко, а го зголеми и извозот за повеќе од 20 отсто. Како што соопшти компанијата, се преземаат сите расположливи количини од кооперантите кои ги задоволуваат строгите микробиолошки и хемиски стандарди. - Растот се должи на 10-годишната традиција, на партнерскиот однос со фармерите, вложувањата во нивна едукација, во набавка на лактофризери и јуници, и пред се` во развојот на брендовите кои континуирано го подобруваат квалитетот, велат од млекарницата и додаваат дека годишниот откуп достигнува околу 100.000 литри млеко. „Здравје Радово“ моментно соработува со повеќе од 2.000 фармери, како и со најголемите фарми во Македонија, ЗИК „Пелагонија“, ЗСК „Струмица“. Во првиот квартал од 2013 година оствари раст на откупот на сурово млеко за 30 проценти во однос на истиот период лани. На пазарите во регионот се` повеќе се прифаќа и традиционалното овчо сирење од „Здравје Радово“. Компанијата најавува извоз и на нови производи, особено очекува успех од мешаниот кумановски кашкавал и мешаното сирење. - Целта ни е оваа година и на овие пазари да создадеме вистински брендови од овие два производа препознатливи по својот квалитет и географско потекло, - вели Јован Дабевски, генерален директор на „Здравје Радово“. Стопанската комора на Македонија неодамна на млекарницата и` додели и официјално признание дека е еден од најголемите македонски извозници, компанија која се развива дури и во услови на криза, претставувајќи пример за останатите. Според плановите, ќе се зголемува портфолиото на производи кои ги бараат потрошувачите, но и извозот, од што ефект би имале сите и фармерите од аспект на сигурен пласман и потрошувачите бидејќи ќе добиваат квалитетен производ, како и македонската економија генерално.

Соработка на електропреносните систем-оператори на Република

Македонија и на Република Албанија, МЕПСО и ОСТ

Здравје РадовоДневно се преземаат рекордни

над 120.000 литри млеко, а пласманот на странски пазари

е зголемен за петина

ПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИ ЗА ГРАДБА НА 400 KV ДАЛНОВОД БИТОЛА – ЕЛБАСАН

РАСТЕ И ОТКУПОТ И ИЗВОЗОТ

18 четврток, 25април 2013, Бр. 133

Page 19: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

ПроКредит Банка го прилагoди процесот на штедење кон граѓаните со тоа што ги зголеми каматните стапки за штедење по видување во денари, и додаде можност за достапност на заштедата на банкоматите, преку штедната сметка на дебитната картичка на клиентот. И уште повеќе, отсега клиентите ќе можат самостојно да префрлаат средства од трансакциска на штедната сметка преку електронско банкарство. -Дел од мисијата на ПроКредит Банка е градење на култура на штедење и зајакнување на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор. Целта е да ги стимулираме граѓаните да штедат во банка, на практичен и поволен начин преку атрактивни услови. – изјави Горан Хаџипетров, Директор на Дивизијата за физички лица. ПроКредит Банка како Банка со доминантен германски капитал и дел ПроКредит Групацијата која брои 21 финансиска институција ширум светот, традиционално ја промовира културата на штедење и во иднина ќе продолжи да ги унапредува услугите за граѓаните.

ПроКредит БанкаЗГОЛЕМИ КАМАТНИТЕ СТАПКИ ЗА ШТЕДЕЊЕ ПО ВИДУВАЊЕ ВО ДЕНАРИ

www.mchamber.mk

Page 20: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 четврток,25 април 2013, Бр. 133

27 мај 2013 година, 9:45 часот, Стопанската комора на Македонија, сала 4 на V кат

Целта на работилницата организирана во соработка со Министерството за финансии - Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP), е подетално запознавање на бизнис-секторот во Република Македонија со правилата и процедурите за набавка на Светската банка и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД), нивната примена при набавката на добра и градежни работи, како и специфичните искуства од досегашното спроведување на јавните набавки кај потпроектите финансирани од Проектот.

На работилницата ќе бидат презентирани:

1. Правилата за набавка на Светската банка и ЕБРД, како и можностите за учество во набавките; 2. подготовка на понуди и најчести причини за нивно одбивање, општ пост - квалификациски критериуми за градежни работи и добра, процедура на жалба и слично.

Контакт: Венера Андриевска, тел: 02 3244037, Факс: 02 3244088, [email protected] и Јадранка Аризанковска, тел: 02 3244038, факс 02 3244088; [email protected].

Бесплатна работилница

„ЈАВНИТЕ НАБАВКИ СОГЛАСНО ПРАВИЛАТА НА СВЕТСКАТА БАНКА И

ЕБРД„

Page 21: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Поради големиот интерес пројавен од страна на бизнис-заедницата, а имајќи ги предвид значењeто и важноста при вршењето на инспекцискиот надзор во областа на угостителството и туризмот од страна на Државниот пазарен инспекторат, Стопанската комора на Македонија, на 29 мај 2013 година (среда) во 10 часот во сала 1 на V кат, ќе организира еднодневен семинар на тема: „Закон на угостителска дејност и Закон за туристичка дејност“. Целта на овој семинар е да се запознаат заинтересираните страни со: условите и начинот за вршење на угостителска и туристичка дејност според Законот што го спроведува Државниот пазарен инспекторат. Учесниците на семинарот ќе имаат можности да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајни прашања кои ќе бидат третирани на семинарот и пред се` практични искуства од работењето на државните пазарни испектори. Целна група: вршители на угостителска и туристичка дејност, бизнис-заедницата, потрошувачите и други заинтересирани правни и физички лица од областа на угостителството и туризмот. П Р О Г Р А М А:

1. Закон за угостителска дејност- Вршители на угостителска дејност -Услови и начин за вршење на угостителска дејност -Должности на угостителот при вршење на дејноста -Надзор -Прекршочни одредби

2. Закон за туристичка дејност - Вршители на туристичка дејност- Услови и начин за вршење на туристичка дејност- Надзор- Прекршочни одредби

Предавач: Соња Солевска, дипломиран правник, државен пазарен инспектор во Министерството за економија, Сектор за инспекциски надзор, Одделение за инспекциски надзор – Скопје. Работно искуство 20 години како државен пазарен инспектор.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:- работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 26 мај 2013 година.

Контакт :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Еднодневен семинар

ЗАКОН ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ И ЗАКОН ЗА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ

Page 22: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

22 четврток, 25април 2013, Бр. 133

(Работилница за откривање, рангирање и спречување на ризиците за опасност при работа според правилниците од Законот за БЗР)30 мај 2013 година, 10.00 - 16.00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала1, 5-ти кат

Секторот за заштита при работа во Државниот испекторат за труд е задолжен за извршување на работи од областа на заштита при работа, особено за вршење надзор кај работодавците за исполнети ХТП услови, изготвување и поднесување на барања за поведување на прекршочна и кривична пријава. Воедно ги евидентира пријавените повреди на работа, дава согласност за исполнети услови за заштита при работа, врши увид, односно испекција во деловните простории и објекти каде се обавуваат работни задачи и вршење на увид во документацијата, општите акти и исправи. Според Законот за БЗР во Македонија има 26 правилника кои се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа. За таа цел Македонското здружение за заштита при работа во соработка со Стопанската Комора на Македонија, анализирајќи ги проблемите во стопанството и пратејќи ги промените и дополнувањата во Законот за БЗР се фокусира на клучните теми важни за промовирање на и управување со ситемите за безбедност и здравје при работа на национално ниво и на ниво на компанија и вклучува разјаснување на клучни прашања, заедно со имплементирање и унапредување со политиката на национално ниво и ниво на претпријатие. Исто така со овој семинар се опфатени оперативните аспекти на исполнување на барањата за безбедност и здравје при работа, со детални делови за законодавството и спроведувањето, надзорот на здравјето при работа, и превентивните и заштитни мерки, како и едукација и обука за безбедност при работа.

Пријавување до 28 мај 2013 година.

Контакт :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Семинар-работилница

“ПРЕСТАВУВАЊЕ НА НOВИ ПРАВИЛНИЦИ ОД ЗАКОНОТ ЗА БЗР И УЛОГАТА НА ИНЖИНЕРИТЕ,

СТРУЧНИТЕ ЛИЦА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА ВО ПРОЦЕНА НА РИЗИКОТ НА РАБОТНОТО МЕСТО”

Page 23: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО

Семинар

„ИНТЕРНА АДЕКВАТНОСТ НА КАПИТАЛОТ (ICAAP) И ИСПИТУВАЊЕ ОТПОРНОСТ НА СТРЕС“

31.5.2013 година (петок), 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија

Актуелна тема која го опфаќа кредитниот ризик во рамките на Вториот столб на Базел II и CDR и управувањето со исиот.

ПРОГРАМА:

• Кои елементи ги содржи каталогот на ризици на банката?• Како да се процени нивото на материјална значајност на определен тип на ризик и како да се воспостави профил на

ризикот на институцијата? • Која е разликата меѓу билансен, регулаторен, интерен и економски капитал?• Како да се квантифицира апетитот за ризик и како врз основа на него да се пресмета економскиот капитал за

материјално значајните ризици на кои е изложена банката?

• Како да се провери адекватноста на пресметаниот економски капитал по поединечни типови на ризик со употреба на испитувањето на отпорност на стрес?

• Кои методолошки пристапи можат да се користат при пресметка на вкупниот економски капитал?

• Кои се основните елементи на релевантните интерни акти на институцијата поврзани со ICAAP (стратегија, политика и извештај)?

• Како да се воспостави систем на лимити за сите материјално значајни ризици на ниво на институцијата?

ПРЕДАВАЧ: Стјепан Аниќ од Република Хрватска, реномиран регионален стручњак од областа на управувањето со ризици во финансиски институции и предавач со долгогодишно искуство во земјата и во странство.

Работен јазик на семинарот: хрватски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 23 мај 2013 година

Контакт лице :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

23четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 24: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24

Семинар

„ЈАВНИ НАБАВКИ- најчести прашања, проблеми и предизвици“

6 јуни 2013 година, 10:00- 16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Со оглед на фактот дека Законот за јавни набавки е во примена повеќе години и се создаде одредена пракса за негова правилна примена, сепак, останува потребата за разјаснување на одредени важни аспекти, проблеми во пракса, како и предизвици при учеството во постапките за јавни набавки, користењето на електронскиот систем и учеството на електронските аукции.

На семинарот ќе се разгледуваат актуелни теми за јавните набавки: - Нова функционалност на ЕСЈН (профил на економски оператор); - Успешно користење на Електронски систем за јавни набавки и е-аукции (пребарување, превземање ТД, поднесување на понудите преку системот; - Учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда; - Е-ауција 100% во објавените огласи (предности и предизвици) ; - Дигитално потпишување на понудите; - Рамковни спогодби (посебен начин на доделување на договори, примена во пракса, предности и недостатоци); - Како се подготвува жалба (составни елементи и потребна документација); законски рокови за поднесување жалба; `- Технички дијалог, негативни референци и воспоставување на квалификациски системи

ПРОГРАМА:

- Правилно користење на функционалностите на ЕСЈН - Достапност на ТД, податоци и информации - Електронски понуди и е-аукции - Релевантни прописи за јавни набавки - Насоки за подготовка на жалби по јавни набавки - Технички дијалог и квалификациски систем - Негативни референци

Обучувачи

Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“, второ издание; - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Пријавување најдоцна до 4 јуни 2013 година.

Контакт :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

Page 25: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

25четврток, 25април 2013, Бр. 133

На оваа саемска манифестација посетителите ќе имаат можност да ги видат најновите достигнувања во делот на: комуникациски системи, системи на работа - станица за комуникациска технологија, дигитални радиокомуникациски системи, мрежни комуникациски системи, мобилни комуникациски системи, системи за приказ и инсталации, системи за обработка на податоци, ДП-системи за логистика и транспорт, бази на податоци и информациони системи, оn-board компјутери и нивните периферни уреди, системи за идентификација и

кодирање, системи за планирање, е -трговија и е-бизнис, е-набавки CRM (Customer Relationship Management), системи за транспорт и контрола и ДП-системи, прием, складирање и дистрибуција на стоки, распореди за превоз, обезбедување, одржување и поправка на опрема за транспорт, ДП-опрема и системи за контрола во пристаништата, аеродромите, терминалите и во инфраструктурата, системи и инсталации за автоматска идентификација (на контејнери, возила, опрема за товарење / истоварување), системи за локација и за навигација, ИТ-безбедност, системи за интегрирано управување со сообраќајот - itms, оперативни и системи за планирање, системи за рута и информациски системи, системи за товарни возила и управување со сообраќајот, оперативни и комуникациски системи за железнички транспорт, транспортно пакување, обезбедување на транспортот, пакување за сите видови на товарни возила, машини за пакување, пакување на растенија, обезбедување на товар со бендови, јажиња и синџири, инструменти за мерење на транспортен стрес, чување, пренесување и дистрибуција од објекти – магацини, техники за складирање и опрема, контрола на процесот за складирање и системи за дистрибуција, магацински возила, автоматизација и контрола, транспортни системи, контрола на процесот за транспортни системи, дистрибуција и вчитување на објекти, кодирање, означување, обележување, читање, системи за тежина, објекти за товарење и терминали (интерфејси меѓу внатрешните и надворешните материјали и проток), рампи и опрема, опрема за товарење и растоварување, дигалки и додадоци за кранови, товарни транспортни системи, полуприколка за трактор, тешки товарни возила, комбиња и камиони за испорака, приколки и полуприколки, возила со тела за надградби, комерцијални возила за перење, опрема и додатоци, железнички транспорт, затворени, стандард товарни вагони, специјални надградби, опрема и додатоци за шински возила, контејнери, заменливи контејнери и надградби, мали и средни контејнери, товарни палети, друмски возила за превоз на контејнери и заменливи контејнери, логистички системи за пристаништа и превоз, логистички системи за воздух во карго-индустријата, нафтовод / транспорт и енергија на транспортни системи, одржување и поправка, системи за безбедност, заштита од кражба, греење, ладење / синџири, шпедитери, железници, организации за комбиниран превоз, бродски компании, прекуокеански линии и транспорт, авиокомпании, аеродроми, испораки, лизинг и изнајмување, отпад и рециклирање и многу други иновации и софистицирани модели за транспортни активности. Посетителот ги покрива трошоците за пат и сместување. Цена по лице: 950 евра (цената важи за потврда и уплата од 50% до 16.5.2013 година), во која се вклучени:- хотелско сместување во хотел Novotel Fairground со 4*,на база 2 ноќевање со појадок 4-7.6.2013 година во двокреветна/трокреветна соба; - авиобилет Скопје – Минхен - Скопје (преку Љубљана); - трансфери од аеродром до хотел и обратно; - аеродромски такси. Доколку посетителот сака да престојува во еднокреветна соба за цел престој на посетата цената изнесува 1230 евра. Истата понуда се нуди со истите услови во истиот хотел и авионска релација со можност за престој од 3 ноќи по цена од 1080 евра (цената важи за потврда и уплата од 50% до 16.5.2013 година). Доколку посетителот сака да престојува во еднокреветна соба за цел престој на посетата цената изнесува 1390 евра. Оваа цена е за група од минимум 10 патници. Напомена: Цената е направена за минимум 10 патници. Доколку групата е помала од 8 патници, цената се зголемува за 50 евра по лице. Рок за пријавување и уплата најдоцна до 17.5.2013 година поради променливоста на цените на хотелите. За да се задржи оваа цена, пријавувањето е најдоцна до горенаведенито рок. За патување со сопствен превоз од износот се одбиваат 300 евра по лице. Обезбедени се: бесплатни влезници за саемската манифестација за деновите на престој според одбраниот аранжман; македонската бизнис-делегација која ќе ја посети саемската манифестација во организација на Комората, ќе биде официјално пречекана/примена на 5.6.2013 година (среда) од менаџерскиот тим на Транспорт и логистика 2013. Посетителот ги покрива и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по компанија, а 5.900 денари за нечленки на Комората по компанија). Стопанската комора на Македонија ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 16.5.2013 година. Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-портал: http://www.transportlogistic.de/en/Home

Лица за контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Билјана Пееева- ЃуриќТел: ++ 389 2 3244064 Тел: ++ 389 2 3244034Моб. 070/295-439 Моб. 071/391-459 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected] E-адреса:[email protected]

Од 4 до 7 јуни 2013 година, во СР Германија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА ВО МИНХЕН

Page 26: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

26 четврток,25 април 2013, Бр. 133

Од 4 до 7 јуни 2013 година Меѓународен саем за сточарство, добиток, млеко и млечни производи и опрема во Турција

ANIMALIA 2013 ВО ИСТАНБУЛ Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбсадата на Република Турција во Република Македонија – Трговското советништво, ве поканува на организирани Б2Б деловни средби и посета на саемската манифестација. На Саемот ќе може да се видат:- Млечни и сточарски интегрирани објекти;- Опрема за производство и дистрибуција на стока и добиток;- Суровини и фабрики за сточна храна; - Додатоци за храна за добиток;- Системи за хранење и наводнување; - Ветеринарна медицина, биолошки производи , лаборатории и иструменти;- Производители на храна и семе за стока и добиток;- Лабораториски и дијагностички уреди;- Компании за изградба и инфраструктура за сточарство;- Прехранбената индустрија и комплементарни производи дистрибутери;- Компании за хигиена и санитарии; - Генетика и најнови технологии;- Млеко и млечни производи.

На саемската манифестација ќе се одржуваат и неколку панели, работни сесии и презентации на брендирани компании од овие дејности за разменена на искуства и пренесување на знаење стекнато од работењето. Саемот може да го посети само 1 (еден) учесник од компанија, за втор, трет пријавен се доплаќа симболичен износ.

Обезбедени се:- бесплатно сместување, 3 (три) ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно) и - бесплатни влезници за Саемот и - организирани Б2Б средби со компании од горе наведените дејности.Посетителот ги покрива патните трошоци, како и организационите трошоци кон Комората (4.000 денари за членки по лице, а 8.000 денари по лице за нечленки на Комората).

Пријавување до 22 мај 2013 година.

За повеќе информации за ANIMALIA и SEAEXPO 2013, посетете ја веб-страната http://www.animaliaistanbul.com/en/index.html или контактирајте не`.

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 27: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОчетврток, 23 мај 2013, Бр. 137 27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар

РАБОТНИ ОДНОСИ

,,Кршење на работен ред и дисциплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување, постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки, Можност за

извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување, Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник “

27.06.2013 година, 09:30-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ПРОГРАМА:

- Кршење на работен ред и дициплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување - Постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки - Можност за извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување - Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник

Предавачи: Санде Зиков, судија на Основен суд Скопје II-Скопје Бојана Велковска, судија на Основен суд Скопје II-Скопје

Контакт :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 28: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 четврток,25 април 2013, Бр. 133

Советување

„ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВНАТРЕШНА И НАДВОРЕШНА

ПРОЦЕНКА НА КВАЛИТЕТОТ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА”

- барање од меѓународните стандарди за внатрешна ревизија, кои што се цитирани како задолжителни во законските прописи

13-15 јуни 2013 година (четврток-сабота)Хотел Родина” ****, Софија

Предавачи: - Слободан Димитровски, Сертифициран внатрешен ревизор (CIA), Сертифициран професионалец за ревизија во јавен сектор (CGAP). Раководител на одделение за внатрешна ревизија на спроведувањето на мерките финансирани од ЕУ, АФПЗРР. Обучувач за сертификација на внатрешни ревизори преку IIA и преку CIPFA. - Красимир Димитров, Директор, ревизија на усогласеност на финансискиот менаџмент на ЕУ фондовите, Државен завод за ревизија на Република Бугарија. Претходно Раководител на одделение за внатрешна ревизија во институција која што доделува ЕУ средства. - Стефан Белчев, Директор, Дирекција “Внатрешна ревизија” во рамки на Министерството за финансии на Република Бугарија

Согласно законските прописи, внатрешните ревизори се должни да работат во согланост со Меѓународните стандарди внатрешна ревизија. Самите стандарди пак (1300-1322), бараат спроведување на програма за уверување во квалитетот и подобрување на истиот од страна на раководителите на организационите единици на внатрешна ревизија. Програмата вклучува внатрешни проценки на квалитетот, како и надворешна проценка на квалитетот. Согласно стандардите, кои што се наведени во законските прописи, секој раководител на внатрешна ревизија мора еднаш во пет години да ангажира надворешен проценител на квалитетот на внатрешната ревизија. Внатрешната ревизија не смее да користи фрази како “во согласност со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија”, доколку резултатите од надворешната проценка тоа и не го потврдуваат. Бидете во согласност со законите и стандардите, обучете се како да ја спроведете Програмата за уверување во квалитетот и подобрување на истиот.

Page 29: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29

Програма:

1. Внатрешна проценка на квалитетот - Програма за уверување во квалитетот и подобрување - Барања согласно стандардите - Практични примери - Само-проценка - Видови само-проценки - Практични примери 2. Надворешна проценка на квалитетот - Меѓународни стандарди за внатрешна ревизија 1300 и 1312 - Практични насоки IIA за надворешна проценка на квалитетот - Барања за надворешни проценители - Образование и професионални сертификати - Професионално искуство - Независност кон организацијата - Определување на опфатот на екстерната проценка - Оддел за внатрешна ревизија - Период за оценување - Тип на надворешна проценка - Внатрешна проценка со надворешна валидација - Полна проценка - Опфат на надворешна проценка - Организација на која ќе се врши проценка - Оддел за внатрешна ревизија - Рамка за креирање на надворешната проценка - Издавање на надворешна оценка - Планирање на оценка - Процедури за прибирање на резултати - Објавување на резултатите - Пополнување на матрица за соодејствување со стандардите - Претставување на резултатите од надворешната оценка - Претставување на првичните резултати и посочување на неусогласеностите - Изработка на акциски план - Претставување на конечните резултати од оценката

Семинарот е наменет за сите организации кои што имаат служба за внатрешна ревизија. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество. Пријавување до 3-ти јуни 2013 година.

Контакт:Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

Page 30: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30

На 18 и 19 јуни 2013 година во Ница, Франција

ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ ГРАД Б2Б бизнис-средби

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ве покануваат да учествувате на Меѓународните Б2Б средби – Паметен и одржлив град, што ќе се одржат од 18-19 јуни 2013 година во Ница, Франција, во рамките на Конгресот за иновативен град. Вториот Конгрес за иновативен град ќе се фокусира на трансформацијата на градовите, за да станат паметни и одржливи, преку урбана интеграција на технологиите и услугите. Целта на овој настан и на Б2Б средбите е да ги собере заедно на едно место приватните и јавните играчи, во насока да создадат нови услуги и нови нови технички и комуникативни решенија. Учесници: технолошки и производствени провајдери, инвеститори, промотори, архитекти, равојни агенции, институции за планирање и урбанизам, јавни услужни служби, општински асоцијации, јавни и мешани стопански компании, кластери и федерации, организации за истражување и развој, академии, технички центри... Овие технички и комуникациски сектори вклучуваат: - телекомуникации и информатичка технологија; - енергетска ефикасност и управување; - животна средина (вода и ѓубре); - транспорт и мобилност; - здравство; - изградба и реновирање на згради; - сигурност и безбедност.

Учеството на Б2Б средбите е бесплатно.

Контакт: Лазо Ангелевски Софче Јовановска Тел: (02) 3244090 Тел: (02) 3244060 [email protected] [email protected]

четврток,25 април 2013, Бр. 133

Page 31: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОчетврток, 23 мај 2013, Бр. 137 31

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновскител: : (02) 3244036, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) [email protected]

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ПОВИК

Page 32: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО18 - 19 Јуни 2013

Бизнис средби Интелигентно-одржлив град, Ница, Јуни 2013 година година

стр. 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Модули на доживотно учење

Акредитирани програми од

Министерството за образование и наука на Република Македонија

Акредитирани програми кои можете да ги следите:

• Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок;• Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците;• Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници;

•Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија;

•Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка;

•Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Готвач во угостителски објектГипсер – монтер

ФасадерАргон Заварувач

За повеќе информации:

Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043Моб. +389 72 20 70 91 e-mail: [email protected]

Симона РистоскаТел. +389 2 32 44 067e-mail: [email protected]

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБИКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

Page 33: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО18 - 19 Јуни 2013

Бизнис средби Интелигентно-одржлив град, Ница, Јуни 2013 година година

стр. 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Модули на доживотно учење

Акредитирани програми од

Министерството за образование и наука на Република Македонија

Акредитирани програми кои можете да ги следите:

• Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок;• Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците;• Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници;

•Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија;

•Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка;

•Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Готвач во угостителски објектГипсер – монтер

ФасадерАргон Заварувач

За повеќе информации:

Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043Моб. +389 72 20 70 91 e-mail: [email protected]

Симона РистоскаТел. +389 2 32 44 067e-mail: [email protected]

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБИКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

Компанија од Република Македонија заинтересирана е да соработува со комнпании од Европа за пласман на силиконизирана вата, термо бондирана ПЕС-вата и нева вата.Валидност дo: 24.7.2013 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за градежништво, земјодество и индустрија.Валидност дo: 25.6.2013 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на грејни печки на цврсти и течни горива, а заинтересирани се да соработуваат со фирми кои произведуваатаат котли во земјава.Валидност дo: 25.7.2013 година

Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на производи од стакло и огледала.Валидност дo: 25.7.2013 година

Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластична амбалажа.Валидност дo: 25.7.2013 година

Компанија од Велика Британија бара пласман на турбини за ветерници во Република Македонија.Валидност дo: 25.7.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е за заедничка соработка со дрвни комбинати во Република Македонија.Валидност дo: 26.6.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да инвестира во производство на храна и производи од билки во Република Македонија.Валидност дo: 26.10.2013 година Компанија од Италија заинтересирана е за организирано производство на лешници во Република Македонија на минимум 500 ха земјоделско земјиште, со

изградба на капацитет за складирање, сортирање и чистење на лешникот од лушпа.Валидност дo: 26.9.2013 година

Компанија од Естонија заинтересирана е да нарача изработка на кошули во соработка со текстилни фабрики во Република Македонија.Валидност дo: 26.7.2013 година

Компанија од Естонија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дрвени куќи.Валидност дo: 26.6.2013 година

Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА33четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

Page 34: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФО

цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунара) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.Валидност дo: 5.10.2013 година Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот во Кавадарци кој е лоциран на ул. Нов Белград 11 и е евидентиран во имотен лист број 3251, со вкупна земјишна површина од 20.964 м2 и 13.849 м2, изградена површина. Зградите се користени за складирање и обработка на тутун повеќе десетици години, а земјиштето е лоцирано во урбанизирана околина. Имотот е поврзан со главниот влез со пат до главниот булевар во градот. Околу имотот нема други индустриски објекти. Сите згради имаат потребна инфраструктура, вода, канализација и се поврзани меѓусебно со асфалтни патишта. Постои делумна инсталација за хидрантски систем за ПП-заштита со подземен резервоар за вода, со зафатнина од 60м3. Сите објекти имаат три силни

аргументи за инвестирање во нив:-имотот е во урбанизираниот дел на Кавадарци;-поголем број на објекти (1,2,3,4), со вкупно околу 10.000 м2, може да бидат преуредени во станбен или деловен простор;-близина до главниот автопат E75 (15км).Валидност дo: 26.6.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да пласира машини и опрема за прехранбената индустрија во Република Македонија, како и откуп на земјоделски производи.Валидност дo: 29.6.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да пласира прехранбени производи во Република Македонија.Валидност дo: 30.6.2013 година

Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на брашно, тестенини и маслиново масло.Валидност дo: 9.8.2013 година Компанија од Шпанија заинтересирана е да пласира

соларни рефлектори и големи светилки, како и да воспостави контакти со компании во Република Македонија кои би произведувале делови кои се користат во соларните рефлектори.Валидност дo: 10.8.2013 година

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на садови за готвење од нерѓосувачки челик.Валидност дo: 10.7.2013 година Компанија од Швајцарија бара соработка со производители на чорапи и пешкири од фротир во Република Македонија.Валидност дo: 10.7.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со македонски компании за давање услуги во менаџментот во областа на производство на храна и пијалаци, стоки за широка потрошувачка, трговија со автомобили, инженеринг и обновлива енергија.Валидност дo: 10.7.2013 година

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА34

Контакт:

Мирјана КоцеваТел: (02) 3244-035Факс: (02) 3244-088 [email protected]

четврток,25 април 2013, Бр. 133

Page 35: Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642