Мигусто бр. 1- Ноември

28
број 1 ноември 2012 ДИГИТАЛНО ИЗДАНИЕ н н но о ое е ем мв вр ри 2012 Д Д Д И И ИГ Г ГИ И ИТ ТА А АЛ Л ЛН НО О И И И ИЗ З З ЗД Д Д Д А А А АН Н Н НИ И И Е Е Е ÌÅÍÈÒÎ ÍÀ… ÍÀÖÈÎÍÀËÍÈ ÊÍÈ öïò í òí ВИКТОРИЈА ВИКТОРИЈА ЛОБА ЛОБА

Upload: ana-andreeva

Post on 12-Mar-2016

258 views

Category:

Documents


11 download

DESCRIPTION

Прв пазагин за рецепти

TRANSCRIPT

Page 1: Мигусто  бр. 1- Ноември

број 1ноември 2012

ДИГИТАЛНО ИЗДАНИЕ

ннноооеееммвврри 2012

ДДДДИИИГГГИИИТТАААЛЛЛННОО ИИИИЗЗЗЗДДДДДААААННННИИИИЕЕЕДД

ÌÅÍÈÒÎ ÍÀ…

ÍÀÖÈÎÍÀËÍÈ Ê��ÍÈ��ö�ïò�

����í

ò��í�

ВИКТОРИЈА ВИКТОРИЈА ЛОБАЛОБА

Page 2: Мигусто  бр. 1- Ноември

рецепт на неделата

������� � ����СОСТОЈКИ

4 пилешки батаци со карабатаци

1 лимоннеколку ливчиња од свежа жалфија

2 млади лукчињамалку масло за

готвењемалку солмалку црн пипермалку свеж магдонос (за

украсување)

ПОДГОТОВКА

1. Одвојте ги батаците од карабатаците, а потоа со нож внимателно направете засек меѓу кожата и месото (да биде како џепче).2. Лимонот исечете го на тенки плочки, а потоа во секое џепче ставете по едно парче лимон и 2-3 ливчиња жалфија.3. Посолете го пилешкото од сите страни и попрскајте со црн пипер, а потоа наредете ги парчињата месо во тава за печење.4. Испрскајте го месото одозгора со малку сок од лимон и посипете го со масло, а во тавата одоколку ставете малку вода (колку да се покрие дното).5. Околу парчињата месо поставете ги главичките млад лук, или ставете неколку чешниња стар лук, а преостанатите плочки лимон распоредете ги одозгора или локолу месото.6. Печете го месото во рерна на 200 степени околу 40-тина минути или додека не добие убава румена боја, а повремено преливајте одозгора со околниот сос.7. Доколку сакате, можете во тавата одоколу да наредите и парчиња компир па да печете се заедно.8.Послужете го пилешкото со тестенина, печени компири или мешан зеленчук запржен на малку путер и украсете со малку свеж магдонос.

Page 3: Мигусто  бр. 1- Ноември

ÐÅÖÅÏÒÈ

Сарми од винова лоза

Домашни мини панцероти

Пита од тиква

Тортиља со печурки и спанаќ

ÌÅÍÈÒÎ ÍÀ…

�ËÅÍÄÅÐ

FOOD L�B

Í�ÒÐÈ

ВИКТОРИЈА ЛОБА

УЛОГАТА НА МАГНЕЗИУМ ВО ОРГАНИЗМОТ

КРАВЈO, КОЗЈO И ОВЧO

СИРЕЊEMAMA’S – СВЕТСКО, А НАШЕ

Page 4: Мигусто  бр. 1- Ноември

Сарми од винова лоза

СОСТОЈКИ 20-30 листови винова лоза 300 г мешано мелено месо 100 г ориз 1 јајце 2 кромид 2-3 чешниња лук (ситно исечкано) 2 домати (или неколку лажици доматно пире) малку сол, бибер, мелен ким

4

ПОДГОТОВКА

ГОТВЕЊЕ

ВКУПНО

45 МИН.

60 МИН.

1ч.45МИН.

Време е за вкусот на традицијата – домашни

превкусни сарми. Бидејќи зелката уште не

е скиселена си реков ајде да направам сарма, но во овој случај со листови од

винова лоза. Вистински погодок. Ручек за мерак.

1. Кромидот исечкајте го на тенки крукчиња. Ставете го во пластичен сад и со рацете стиснете го неколку пати за да омекне. Додадете малку сол, црн пипер и мелен ким.

2. Оризот измијте го и ставете го во садот со кромидот.

3. Во садот додадете го меленото месо. Смесата добро промешајте ја и додадете едно јајце.

4. Отстранете ги дршките од листовите винова лоза и попарете ги со топла вода. Оставете ги се додека не омекнат и исцедете ги.

5. На средина на листот, ставете 1 лажичка од смесата. Превиткајте ги најпрвин страничните делови, а потоа завиткајте ја во ролна. Постапката повторете ја со сите листови од винова лоза.

6. Во сад, на оган, на малку масло за готвење, запржете еден ситно исечкан кромид и лук. Додадете и исечкан домат (или доматно пире).

7. Врз испржениот кромид ги редиме свитканите сарми, налеваме со топла вода (колку да ги покрие сармите) и сармата ја крчкаме барем 35 до 40 минути.

ПОДГОТОВКА1

5

3

7

2

6

4

Page 5: Мигусто  бр. 1- Ноември

СОСТОЈКИ 12 готови тортиљи

400 г печурки 400 г спанаќ

60 г путер 50 г кашкавал

50 г моцарела сол, црн пипер

5

ПОДГОТОВКА

ГОТВЕЊЕ

ВКУПНО

20 МИН.

30 МИН.

50 МИН.

Вегетеријанска гурманска тортиља која ќе ве

импресионира со својот вкус. Ние ја направивме со

печурки, спанаќ и ставивме малку моцарела и кашкавал.

Комбинација на која не и треба ништо повеќе. Одлична

закуска за целото семејство.

1. Печурките исечкајте ги на парченца. Растопете една лажица путер и испржете ги. Зачинете со малку сол и црн пипер. По желба можете да ставете и малку бело вино за екстра вкус.

2. Истата постапка повторете ја со спанаќот. На растопен путер во истото тавче пропржете го спанаќот. Не повеќе од минута или две. Зачинете со сол и црн пипер.

3. Нарендајте кашкавал и иситнете ја моцарелата на парченца. На тортиљата прво ставете нарендан кашкавал, потоа спанаќ, печурки и парченца моцарела.

4 Загрејте ја грил тавата и растопете една лажица путер. Тортиљата ставете на ја грил тава и запечете ја од двете страни додека не добие фина румена боја.

5. Пресечете ја тортиљата на четири идентични парченца и послужете ја топла. Одлична закуска за целото семејство. Уживајте!

ПОДГОТОВКА

1

5

3

2

4

ÐÅÖÅÏÒÈÐÅÖÅÏÒÈ

Тортиља Тортиља со печурки со печурки

и спанаќи спанаќ

Page 6: Мигусто  бр. 1- Ноември

СОСТОЈКИ 1 кг брашно (состојки за тесто) 500 мл млака вода (состојки за тесто) 100 мл масло за готвење (состојки за тесто) 2 пакетчиња сув квасец (состојки за тесто) 1 лажичка шеќер (состојки за тесто) 3 лажички сол (состојки за тесто) 400 г спанаќ (состојки за фил) 200 г павлака (состојки за фил) 100 г сирење (состојки за фил) малку сусам, ким, чурек… (за декорација) 1 јајце (за премачкување)

ПОДГОТОВКА

ГОТВЕЊЕ

ВКУПНО

45 МИН.

60 МИН.

1ч.45МИН.

Љубителите на домашно тесто има да откачат на овие панцеротки. Толку се добри што ги снемува

додека да трепнеш. Само оние со зен будистичка пракса ќе успеат да им

одолеат и да ги почекаат додека да се оладат.

Топ препорака за сите мераклии на тазе печени

панцероти.

1. Во подлабок сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото. Добро промешајте и месете се додека не добиете мазно, компактно тесто кое треба да биде меко, но не премногу меко за да може да се формираат панцеротките.

2. Оставете го тестото да нарасне убаво (да добие барем 2,5-3 пати поголем волумен) а во меѓувреме подгответе го филот.

3. Спанаќот обарете го и во блендер измешајте го заедно со павлаката и сирењето. Блендирајте се додека смесата не се соедини. По желба, зачинете.

4. Стасаното тесто поделете го на 2 дела и расукајте го како за пица во кружна или правоаголна форма со дебелина од околу 3 мм.

5. Со калап (или чаша), од целото тесто, вадете крукчиња. Секое второ крукче наполнете го една лажица од филот, со вода намачкајте ги краевите и со друго крукче поклопете го.

6. Вака подготвените панцеротки, со виљушка притиснете ги краевите за добро да се залепат двете крукчиња. Премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам, ким, чурек и сл.

7. Пожелно е да одморат на плех (да нараснат) уште барем 30 минути пред да ги ставите да се печат.

8. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15 до 20 минути или се додека не добијат убава кафено-златна боја.

ПОДГОТОВКА1

5

3

7

2

6

4

8

Домашни мини панцероти

6

Љубителите на домашно

Page 7: Мигусто  бр. 1- Ноември

Мусли бисквити

СОСТОЈКИ 200 г мусли

(ние ги користевме муслите Nutty Story) 130 г брашно

1 лажичка прашок за пециво прстфат сол

50 г кафеав шеќер 1 јајце

120 г путер 1 лажица мед

7

ПОДГОТОВКА

ГОТВЕЊЕ

ВКУПНО

10 МИН.

10 МИН.

20 МИН.

Новите мусли на Алкалоид навистина

ни се допаднаа и не инспирираа со нив да направиме еден

интересен рецепт. Мусли бисквити кои се одлични како енергетски додаток

со утринска доза кафе или шолја чај. За убав

почеток на секој ден. Уживајте во овој вкус.

1. Во поголем сад, измешајте ги муслите заедно со брашното во кое сте го додале прашокот за пециво и малку сол и додадете го кафениот шеќер.

2. Со метална маталка, малку изматете го јајцето. Путерот, на оган, или во микро, растопете го. Двете смеси помешајте ги.

3. Во смесата додадете го и медот и мешајте се додеа целосно не се растопи.

4. Вака подготвената смеса добро помешајте ја со смесата од мусли, шеќер и брашно.

5. Со помош на лажица, земајте од тестото и формите ставете ги во тава за печење, обложена со хартија.

6. Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу 10 минути. Испечените бисквити оставете ги добро да се оладат пред да ги сервирате.

ПОДГОТОВКА

1

5

3

2

6

4

ÐÅÖÅÏÒÈÐÅÖÅÏÒÈ

Page 8: Мигусто  бр. 1- Ноември

Пита од тиква

8

СОСТОЈКИ 500 г готови кори (19-20 кори) 1 кг тиква 5-6 лажици шеќер 5-6 лажици гриз 150 мл масло за готвење цимет

ПОДГОТОВКА

ГОТВЕЊЕ

ВКУПНО

20 МИН.

15 МИН.

35 МИН.

Кога станува збор за тиква, постојат две групи

на луѓе, оние кои просто ја обожаваат и оние кои

никогаш не би ја вкусиле. Доколку сте од оние

првите, ви приготвивме вкусна домашна слатка

пита од тиква. Добар апетит!

1. Тиквата се лупи и се ренда на крупната страна од рендето. Во соодветниот сад се става ренданата тиква, се додава гризот, шеќерот и циметот и сето тоа добро се измешува. Напомена: тиквата е сирова, не е варена.

2. На работната маса се раширува една кора, се попрскува со масло, врз неа се реди втора кора и таа се попрскува со масло.

3. На едниот крај од корите се реди филот. Горниот слој од корите на брзина се прскаат со малку вода, спротивно, тенките кори бргу ќе се навлажнат и ќе се залепат. Откако се испрскани корите, се виткаат во ролат.

4. Ролат се реди во тава, претходно премачкана со масло. На ист начин се постапува со сите кори. Со остар нож се сечат парчињата и се прскаат со малку масло.

5. При печење корите обично пукаат, па за да не се намали тоа, испрскај те ги со вода пред да се испрскаат со маслото. Тикварникот се пече во згреана рерна на 210 степени околу 15-тина минути додека горниот слој зарумени.

6. Мал совет. Тиквата што сте ја купиле пробајте ја и доколку утврдите дека е блага, тогаш намалете од дозата за шеќерот. Гризот се става за да се впие вишокот течност кој настанува за време на печењето.

ПОДГОТОВКА1

5

3

2

6

4

Page 9: Мигусто  бр. 1- Ноември

КадаифКадаифСОСТОЈКИ

150 г путер (растопен)300 г кадаиф

200 г мелени ореви100 г суво грозје1 кора од лимон

1 кора од портокал1 сок од лимон

350 г шеќер (состојки за сируп)500 мл вода (состојки за сируп)

1 ванилин шеќер (состојки за сируп)

9

ПОДГОТОВКА

ГОТВЕЊЕ

ВКУПНО

10 МИН.

10 МИН.

20 МИН.

Кадаифот е деликатес кој е направен од тестенини,

обично наполнет со бадеми, фстаци, лешници или

ореви и секогаш прелиен со шербет. Иако корените на

овој десерт потекнуваат од Палестина, благодарение на турската окупација се шири

на Балканот и станува едно од омилените слатки

задоволства.

1. Дел од растопениот путер распоредете го во плехот за печење. Наредете дел од кадаифот, посипете со мелени ореви и рендана кора од лимон и портокал.

2. Повторно додадете од растопениот путер и посипете со сувото грозје.

3. Постапката повторете ја се додека не ги потрошите сите состојки. Одозгора сипете сок од лимон и печете 15 минути на 180 степени се додека површинскиот слој не добие златно кафена боја.

4. Во лонец со вода, ставете шеќер, крукчиња свеж лимон, ванилин шеќер и преостанатото суво грозје. Гответе го 10 минути.

5. Испечениот кадаиф прелијте го со сирупот и на површина распоредете ги крукчињата лимон. Кадаифот се сервира ладен.

ПОДГОТОВКА

1

5

3

2

4

ÐÅÖÅÏÒÈÐÅÖÅÏÒÈ

Page 10: Мигусто  бр. 1- Ноември

4

Нејзиниот кулинараски специјалитет е “Пилешко во кари”, за кој ни се пофали дека е експерт и дека ќе имаме прилика да го пробаме и да се увериме во неjзиниот став дека нема утка

Page 11: Мигусто  бр. 1- Ноември

11

�í�òî í�

“Верувале или не, јас сум гоооолем гурман! Уживам во ручеци со моите пријатели и секогаш нарачувам повеќе од тоа што сум способна да изедам, сакам од се да пробам но по малце. Единствено нешто што има црвен картон на мојата трпеза се лебот, пецивата и тестенините. Имаат навистина магичен вкус, но како што велат сето тоа оди веднаш во колковите без да влезе во желудник. Имам пробано да бројам калории, но веднаш се откажав.”

Лоба за себе вели дека не е пребирлива личност кога станува збор за изборот на храна. Нејзината листа на јадења кои не ги сака е сосема мала. Немојте да направите грешка и да и понудите бамија или пача. Овие две јадења со сигурност ќе ги одбие и нема ниту од куртоазија да ги проба. За останатото повеќе или помалку нема некој проблем. Ако некој од нашите читатели се почувствува доволно храбар да ја покани на романтична вечера, нема потреба премногу да се труди околу изборот на менито или ресторанот. “Немам никакви посебни барања, доволно е да бидам пречекана со искрена насмевка.”

Бидејќи има руско потекло моравме да ја прашаме за оваа национална кујна и за нејзиниот омилен рецепт. Ни препорача да пробаме традиционална руска салта, која во Русија ја викаат “Оливје”. Салата која слично се подготвува како и онаа наша позната верзија, со единствена разлика што нема морков и што наместо мајонез се става павлака.

Во нејзиниот фрижидер секогаш мора да има Чили сос, а од супермаркет никогаш не заминува без јогурт. Омилена пијалак и е Пелистерка обична, а омилен десерт “трилерче”. Ужива во салата со лосос. Најчесто на пијалак или ручек/ вечера можете да ја најдете или во Ред Кафе или во ресторанот Ѕвезден Океан. Нејзиниот кулинараски специјалитет е “Пилешко во кари”, за кој ни се пофали дека е експерт и дека ќе имаме прилика да го пробаме и да се увериме во неjзиниот став дека нема утка. “Знам доволно добро да готвам, единствениот проблем се обврските. Можам дури да се замислам и како домаќина и сигурно нема да бидам очајна и неспособнa.”

Има два големи пороци на кои не може да одолее, а тоа се “Слатко-кисело пилешко” од “Ѕвезден Океан” и белгиските вафли. Токму по овие вафли ќе ја памети Белгија како земја во која имала прилика да го проба највкусниот десерт. “Мислам дека се уште немам пробано повкусен десерт од белгиските вафли со свежи јагоди, прелиени со белгиско чоколадо ммммммммммм….По моето патување во Брисел не случајно се вратив 3 килограми поправена .“

Омилено дневно мени

ДОРУЧЕК…….. Потаж супа во Рулет е идеален доручек за мене, зготвена од најдобриот кувар Жика.

РУЧЕК…. Рижото со зеленчук, пилешко во кари, печен лосос или риба во фолија се најчесто мојот избор за ручек. Исто така многу ретко пијам алкохол и газирани пијалоци, така да основен пијалак за време на ручек е скоро секогаш вода.

ВЕЧЕРА….. Чашка зелен чај и две три коцки црно чоколадо во друштво на мама е сосема доволно за крај на убав ден.

Page 12: Мигусто  бр. 1- Ноември

Италијанска национална кујнакујна

12

ИСТОРИЈА НА ИТАЛИЈАНСКАТА КУЈНА

Постои поговорка која гласи “che mangia bene mangia Italiano“ или “оној кој добро се храни, јаде италијанска храна“. Не е познато од каде точно потекнува оваа поговорка, но мора да признаеме дека во неа сепак има некоја вистина.

Италијанската кујна е една од најпознатите и најраспространетите кујни во светот. Таа постојано се развивала низ вековите како резултат на бројни социјални и политички промени, со почетоци кои датираат наназад дури до 4-от век п.н.е. Оваа кујна била под влијание на многу надворешни култури како што се Етрурската, Еврејската, античка Грција, Рим и Византија. Нејзиното богатство и традиција се особено видливи од фактот што најстарата сочувана книга за рецепти е токму Италијанска, а била напишана во 1-от век п.н.е. De re coquinaria (За готвењето) претставува колекција на стотици староримски упатства за приготвување на храна (не биле класични рецешти), а била наменета за искусни готвачи. Уште еден факт кој говори за улогата која храната и готвењето го имале во италијанската култура низ вековите е фактот што тие уште пред многу векови обрнувале внимание не само на храната, туку и на се она што било поврзано со оброците како поставувањето на масата, манири при јадењето и слично. Меѓу другото, дали сте знаеле дека Италијанците први ја измислиле и употребувале вилушката?

Се смета дека кујната која се развила во Сицилија под силно влијание на Етрурија, античка Грција и Рим е првата вистинска италијанска кујна. Најголемата придобивка од општењето со Етрурците бил еден вид на пориџ (каша од житни зрна), која со донесувањето на пченката од Америка прераснала во и ден-

Page 13: Мигусто  бр. 1- Ноември

ден сеприсутната полента. Грците имале особено влијание во воведувањето на различни рецепти со риба, а една од најпознатите рибји чорби – бродетот потекнува токму од нив. Со текот на вековите, оваа кујна се ширела низ целиот полуостров, а првата значајна промена е забележена со пристигнувањето на Арапите во текот на 8 и 9 век од оваа ера кои ги донеле спанаќот, бадемите, оризот, портокалите и

најверојатно – шпагетите. Влијанието на Арапите продолжило и за време на крстоносните војни,

кога крстоносците носеле различни производи и рецепти од далечните краишта. Лимонот и

мандарините, како и различни видови на зачини ја преплавиле Италија токму во овој

период. Постапките за приготвување на шербет и сладолед исто така биле

донесени тогаш, а арапскиот рецепт за приготвување на сладолед е

основата на рецептот за денес светски познатиот италијански

сладолед – џелато. Уште многу други нации како

Германите, Шпанците, и Французите го оставиле својот печат

во кулинарската традиција на

Италија. Но сепак, по

начинот на приготвување на храната, по состојките и општо по односот кон храната кој го имале и сеуште го негуваат, Италијанците се без сомнение уникатни.

ОСНОВНИ СОСТОЈКИ

Италијанската кујна изобилува со мноштво на различни состојки кои вклучуваат различни видови на овошја и зеленчук, месо и сосови. Таа е карактеристична по својата екстремна едноставност, со голем број на рецепти кои содржат само 4 до 8 состојки. Иако голем број на рецепти денес се користат во цела Италија, сепак најголемиот дел од нив имаат регионално потекло. Поради големото почитување кое италијанците го имаат кон свежите состојки, начинот на готвење и типот на храна се разликуваат во различните региони. Во северниот дел на Италија начесто користените состојки вклучуваат риба (бакалар), компири, ориз, пченка, кобасици, свинско месо и различни видови на сирења. Во овој регион исто така често се употребуваат тестенини, а особено полнети тестенини, потоа полента и рижото. Различни морски плодови, босилекот и маслиновото масло се многу чести, а печурките и доматите имаат посебно место во оваа кујна. Традиционалната кујна во централна Италија изобилува со различни видови на тестенини, домати и сирења (пекорино), а често се користат и месо и риба. Јужниот дел од Италија е познат по јадења со домати, пиперки, маслинки и маслиново масло, лук, артичоки, рикота, модри

патлиџани, тиквички и различни типови на риба (сардини,

инчуни и туна).

13

í�ö�îí� í� êó�í�í�ö�îí� í� êó�í�Италијанската кујна изобилува со мноштво на различни

состојки кои вклучуваат различни видови на овошја и зеленчук, месо и сосови. Таа е карактеристична по својата

екстремна едноставност, со голем број на рецепти кои содржат само 4 до 8 состојки

Page 14: Мигусто  бр. 1- Ноември

Сепак, италијанската кујна е најпозната по многубројните видови на тестенини во различни бои, дебелини, должини и форми. Пене, макарони, шпагети, таљатели, фусили, лингвини, равиоли, канелони, лазањи се само некои од видовите тестенини кои се составен дел од оваа кујна. Италијанците препознаваат две основни категории на тестенини, суви и свежи. Сувите тестенини се прават исклучиво од дурум брашно, се конзумираат “al dente“, односно малку потврди или не премногу варени и имаат рок на траење од околу 2 години. Свежата тестенина може да се чува само неколку дена и тоа во фрижидер. Секако, различните видови на сирења и вино се исто така составен дел од скоро секоја италијанска трпеза.

ЗАЧИНИ

Италијанците не користат премногу зачини, а се обидуваат оние што ги користат да бидат секогаш свежи. Најчесто употребувани залини се босилекот (песто сос), ловоров лист, оригано, магдонос, мјачина душичка и рузмарин.

ДОРУЧЕК – COLAZIONE

Доручекот не се смета за важен оброк во Италија. Вообичаено има слатка нота, па најчесто се јаде кроасан полнет со џем, сладок крем, па дури и чоколадо, парче леб се мачка со путер и џем, или пак се јадат неколку колачиња натопени во утринското кафе. Она што е карактеристично за овој оброк е токму кафето, односно капучино или кафе со млеко кое е задолжително. Во Италија ова е типично утрински пијалок, па затоа нема да фатите ниеден Италијанец да пие капучино или кафе со млеко по 11 часот напладне.

РУЧЕК – PRANZO

Иако времињата се менуваат, а со нив и навиките на луѓето, сепак ручекот останува важен оброк за најголемиот број на Италијанци. Вообичаено, сите имат пауза за ручек која може да трае и до 2-3 часа (од 1 до 3 или 4 часот попладне), па најчесто ручекот го јадат дома. Оброкот вообичаено започнува со Antipasti или лесни предјадења како парчиња од различни видови на шунки и салами. Потоа следува првото јадење или primo piatto, кое најчесто е некаков вид на тестенина, рижото или, иако поретко, супа. Secondo piatto, односно второто јадење е некаков тип на месо или риба, а покрај него одвоено се служи зеленчук, свежа салата или друг тип на гарнир (contorni). На крајот доаѓа dolce,

или десерт кој може да биде парче торта, сладолед, или најчесто, некое свежо овошје придружено со избор на неколку сирења и кашкавали.

Ваков комплетен ручек е обично резервиран за викендите или за некои посебни прилики, но сепак, дури и во работните денови Италијанците конзумираат барем прво и второ јадење. Секој ручек, без разлика дали е дома или во ресторан, кафетерија или слично, задолжително завршува со кафе еспресо.

ВЕЧЕРА – CENA

Вечерата и ручекот вобичаено зависат едно од друго. Имено, ако ручекот се состоел од неколку јадења како што беше наведено погоре, тогаш вечерата ќе биде лесен сендвич, салата или свежо овошје. Ако пак ручекот бил изеден набрзинка и “од нога“, тогаш вечерата сигурно ќе има и предјадење и прво јадење, и второ јадење, па и десерт.

ПИЈАЛОЦИ

Покрај кафето, најкарактеристичен пијалок за Италијанците е секако виното. Италија произведува (во 20 различни региони) најголемо количество на вино во светот, но е воедно и најголемиот светски потрошувач. Практично не постои италијанска трпеза на која не се наоѓа барем едно шише вино. Пивото не е многу популарно, иако и тој тренд се менува во последниве години, но затоа пак Италијанците знаат да уживаат во многу различни аперитиви (мартини, вермут и кампари, на пример, или пак ликери како лимончело, грапа, санбука и други).

14

Page 15: Мигусто  бр. 1- Ноември

Оригано

15

����í�����í�

Ориганото (Origanum vulgare) е зачинско растение

кое и припаѓа на фамилијата Lamiaceae (нане). Води

потекло од топлите западни и југозападни делови на

Евроазија и Медитеранот. Иако е едно од најчесто

користените зачински растенија денес во светот, сепак

најмногу се користи во Италијанската и Грчката кујна.

Интересен е податокот дека во Америка овој зачин бил

донесен дури по Втората Светска Војна, кога војниците

ја донеле манијата за пици, но затоа пак, во периодот

помеѓу 1948 и 1956 продажбата на оригано во Америка

се зголемила за неверојатни 5200 проценти!!!

Она што се користи од ориганото се неговите лисја

кои имаат ароматичен, топол, дури по малку и горчлив

вкус. Ориганото е едно од ретките растенија кое има

поголема ароматичност ако е исушено, отколку ако е

свежо, но може да се користи и свежо и замрзнато (се

замрзнува исто како босилек и копар). Ориганото со

добар квалитет може да биде толку јако да предизвика

закоченост на јазикот во буквална смисла на зборот, но

сепак, неговата ароматичност многу зависи од климата

и составот на почвата во која се одгледува.

Без разлика дали се користи свежо, исушено или

замрзнато, ориганото е зачин со кој лесно може да се

претера, па затоа внимателно треба да го употребувате,

особено ако измислувате свои рецептчиња. Одлично

оди со сосови на база на домати, јагнешко месо, печено

пилешко месо, свежи салати, јадења со зеленчуци од

типот на брокули, карфиол, тиквички, и секако на било

која пица, а неретко месарите го употребуваат како

додаток во производството на кобасици. Ако случајно

ви се наоѓаат неколку гранчиња свежо оригано, ставете

ги во шише со маслиново масло и оставете го да отстои

неколку дена. Се добива прекрасно ароматизирано

масло што е совршено за било која свежа салата,

тестенини или други јадења.

Може да се комбинира со голем број на зачини,

но најдобро одговара со лукче, магдонос, жалфија,

мајчина душичка, црн пипер и босилек.

Page 16: Мигусто  бр. 1- Ноември

кравјo, ко

16

СИРЕЊEСирењата и кашкавалите се високо

ценети продукти кои се јавуваат како деликатеси во многу светски кујни. Сакаме да ги јадеме посебно, за мезе, или само со лепче, како дел од најразлични видови јадења, па дури и како зачини. Искористени се до максимум поради своите специфични вкусови и ароми кои се карактеристични за различните видови и подвидови, а особено поради својата хранливост, богатство од минерали (особено калциум) и некои витамини.

КРАВЈОТО СИРЕЊЕ денес е еден од најупотребуваните продукти,

особено поради соодносот на цената и понудениот квалитет. Богато е со протеини, па затоа се препорачува на спортистите и лицата кои мораат да внесуваат зголемени количини на протеини. Може да се конзумира и како замена за месо, а педијатрите го препорачуваат во секојдневната исхрана на мали деца поради големото количество на калциум кој ова сирење го содржи покрај фосфорот и магнезиумот.

Кравјото сирење е богато и со есенцијални аминокиселини, што е уште една предност при избирањето. И порај мастите и јаглехидратите кои

ги содржи, може да се користи како дел од диетална исхрана бидејќи има ниска калорична вредност во споредба со другите сирења (само 103 калории на 100 г). Оптималното користење на свежото кравјо сирење е во комбинација со масло и семки од лен, бидејќи на тој начин се добиваат најмногу есенцијални аминокиселини кои се неопходни за правилна работа на мозокот и нервниот систем, за срцето и крвните садови, а особено за превенција на различни малигни заболувања.

Освен кравјото, во својата исхрана секако би требало да додадете и

Page 17: Мигусто  бр. 1- Ноември

озјo и овчoКОЗЈО СИРЕЊЕ кое од дамнешни времиња е познато по своите лековити својства. Со редовна конзумација на козјо сирење се намалуваат нивоата на шеќер и лош холестерол, има докажани антиканцерогени својства, делува на проблеми со системот на дишење како алергии и бронхитис бидејќи учествува во обновувањето на белодробните клетки, го зајакнува имунитетот, и што е најважно, козите во принцип не се хранат на вештачки начин, па може да се каже дека ова сирење е потполно природно.

Свежото козјо сирење е најмалку масно (исто како и кравјото), и

како такво најлесно се вари. Се препорачува на лица кои се алергични на протеинот од кравјото млеко и на лицата кои се чувствителни на лактоза, бидејќи ја има во помали количини отколку во кравјото млеко. Исто така, во принцип е помалку масно од кравјото сирење, иако тоа зависи од произведувачот.

ОВЧОТО СИРЕЊЕ, секако во зависност од начинот на производство, содржи најмногу маснотии, па затоа треба да се конзумира умерено. Богато е со витамин А и со витамини од групата Б, калциум, магнезиум, фосфор.

Содржи и значителна количина на витамин Д кој помага калциумот од сирењето правилно да се апсорбира и искористи во организмот на најдобриот можен начин. Со тоа, ова сирење делува на спречување на остеопороза, на квалитетот на забите, косата, кожата и ноктите, на здравјето на крвните садови, го зајакнува имунитетот, ги смирува живците и штити од стрес.

Конзумацијата на свежи сирења е препорачлива за сите, особено во однос на кашкавалите, бидејќи сирењата содржат повеќе вода, а помалку маснотии.

17

íóò��Í�ÒÐÈ

Page 18: Мигусто  бр. 1- Ноември

УЛОГАТА НА МАГНЕЗИ

Човечкиот организам содржи од 20 до 30 мг магнезиум и 70 % од целокупното количество се наоѓа во коските, а останатиот дел во мускулите, жлездите на внатрешните секрети и во мало количество во крвта. Магнезиумот учествува во голем број процеси што се случуваат во организмот како на пример во усвојување на глукозата, пренос на нервните сигнали, синтеза на протеините и создавање на коскеното ткиво. Овој елемент делува успокојувачки

на централниот и периферниот нервен систем овозможувајќи му внатрешен мир и спокојство. Магнезиумот помага на кардиоваскуларниот систем. Тој настапува како анти-алергиски и анти-воспалителен фактор, и го штити организмот од инфекции на тој начин што учествува во создавањето на антителата. Игра важна улога во процесот на згрутчување на крвта, ја регулира работата на дебелото црево, мочниот меур и простатата.

18

СУСАМ 540mg

ГРИЗ 180 mg

СУШЕНИ КАЈСИИ 110mg

ПЧЕНИЧНИ ТРИЦИ 450 mg

ГРАВ 168mg

СУШЕНИ ШИПИНКИ 120mg

КАКАО (20%) 442mg

ГРАШОК 128mg

ЧОКОЛАДО 100mg

СОЈА ВО ЗР

КИКИРИКИ

МАГДОНОС

333кккдддсссМММпппкккпппппптткк

Page 19: Мигусто  бр. 1- Ноември

ИУМ ВО ОРГАНИЗМОТ

Магнезиумот влегува во составот на некои ферменти, ја подобрува нивната активност, учествува во работата на повеќе од 300 ферментациони процеси, има антисептично дејство, ја стимулира перисталтиката на цревата, учествува во синтеза на белките, неопходен е за создавање на ДНК молекулите, учествува во исфрлање на отровите од организмот, го подобрува усвојувањето на витамините В1 (тиамин), В6 (пиридоксин) и витаминот С. Магнезиумот и помага на клетката, која се наоѓа во фаза на раст, да стане поотпорна. Магнезиумот учествува во регенерацијата на клетките воопшто, а на

коските им придава цврстина и организмот го прави базен. Заедно со калциумот учествува во голем број процеси во организмот. Така на пример, овие два елемента заедно го регулираат тонусот на крвните садови и ги скратуваат мускулите, а особено оние на срцето. Додека калциумот ги стимулира мускулите и ги скратува крвните садови, во исто време магнезиумот ги релаксира мускулите и ги проширува крвните садови со што дотурот на крв се подобрува. Магнезиумот учествува во процесот на пренос на нервните импулси и активно делува на голем број хормони, особено на

19

food l�bfood l�bРНА 250

mg

И 180mg

С 20 mg

БРАШНО ОД СОЈА 235mg

ЛЕШНИК 170mg

ЦРН ЛЕБ 50mg

ХЕЉДА 218mg

ОРЕВИ 120mg

ПЧЕНИЧЕН ЛЕБ 80mg

ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ 130 mg

БАДЕМ 140mg

БЕЛИ ПЕЦИВА 15mg

Page 20: Мигусто  бр. 1- Ноември

инсулинот. Тој го појачува издвојувањето на инсулинот и овозможува негово навлегување во клетките со што потпомага за остварување на метаболизмот на гликозата. Француските лекари покажале дека магнезиум, особено кога се комбинира со витаминот В6, е ефикасен против формирање на калциум оксалатни камења во бубрезите. Дополнување на храната со магнезиум ја намалува главоболки кај луѓето со упорни мигрени.

Магнезиумот најмногу се наоѓа во коскеното ткиво, но во исто време секоја клетка содржи барем траги од магнезиум. Зошто? Затоа што без магнезиум не е можно да се оствари целокупната дејност на клетката, а тоа значи не е можно нејзиното делење (размножување), не е можна синтеза на протеини, не е можно остварување на метаболизмот и.т.н.

ДНЕВНА ПОТРЕБНА ДОЗА

На возрасен човек дневно му е потребно 400 мг магнезиум за мажи, 300 мг за жени, кај бремени жени и доилки – 450 мг.

Недостаток на магнезиумНедостаток на магнезиум може да настане по

долговремена употреба на диуретици или како резултат на лоша апсорпција од страна на желудникот. Недостаток на магнезиум доведува до грчеви и болки на мускулите, страв, халуцинации, тахикардија, намален апетит, зголемена раздразливост, страв, осетливост кон промена на климата, појава на хроничен замор,болки во желудникот, а честа е и појавата на пролив. Недостатокот на магнезиум го зголемува ризикот од остеопороза – болест која доведува до зголемување на кршливоста на коските, особено кај повозрасните лица, претежно жени во менопауза.

МАГНЕЗИУМОТ И СРЦЕТО

Мал недостаток на магнезиум може да доведе до појава на различни болести на срцето. Меѓутоа, голем недостаток од магнезиум може да доведе до инфаркт. Правени се мерења на содржината на магнезиум во мускулите на срцето (миокард) кај луѓе кои починале од инфаркт и кај луѓе кои страдале во сообраќајни незгоди. Мерењата покажале дека содржината на магнезиум кај починатите од срцев удар е за 42 % помала во споредба со оние кои страдале во сообраќајка.

Познато е дека лецитинот го регулира холестеролот во организмот, а тој во организмот се создава под дејство на фермент кој го содржи витаминот В6, кој пак се активира исклучиво само под дејство на магнезиумот. Француски лекари спровеле испитување во кое на лица болни од срцеви болести кои имаат покачен холестерол им препорачале внесување на препарат од магнезиум

лактат и витамин В6. Испитувањата покажале дека по неколку месеци, болките во срцето се намалиле.

МАГНЕЗИУМОТ И ДИЈАБЕТЕСОТ

Често се забележува недостаток на магнезиум кај возрасни личности болни од дијабетес, особено кај оние кои мораат да го користат инсулинот. Магнезиумот игра важна улога во процесот на ослободувањето на инсулин од панкреасот, а со тоа и во регулацијата на шеќерот во крвта. При недостиг на овој минерал во телото, се зголемува ризикот од болести на срцето, крвните садови и очите, компликации карактеристични за дијабетес. За тоа да се спречи, лекарите препорачуваат во тек на

20

Page 21: Мигусто  бр. 1- Ноември

неколку месеци да се внесува 1000 мг магнезиум и 1500 мг калциум на ден, се додека не настапи подобрување на регулацијата на шеќерот во крвта и притисокот не се нормализира.

ВИШОК НА МАГНЕЗИУМ

Вишокот на магнезиум доведува до намалување на рефлексите, зајакнување на инхибиторните процеси во централниот нервен систем (безволност, поспаност), чувство на пецкање, печење, или вкочанетост на кожата без долгорочен физички ефект, намалување на крвниот притисок, брадикардија (намален број на отчукувања на срцето).

КАДЕ СЕ СРЕЌАВА МАГНЕЗИУМОТ?

Магнезиум внесуваме преку храната што ја консумираме и преку водата што ја пиеме, но само онаа т.н. тврда вода. Меката вода има магнезиум но во многу мала количина. Најбогат со магнезиум е црниот леб (мислам на леб направен од интегрално брашно), а во доволни количини го има во триците, оревите, хељдата, овесни снегулки, сојата, гравот, а најмногу го има во какаото – 450 мг. Го има во сувите кајсии, сливите, јајцате, цвеклото, морковот, јагодите и.т.н. Во зеленчукот магнезиумот го има најмногу во близина на лушпата. Токму затоа се препорачува морковот да се стружи, а не да се лупи со ноже за лупење компири. Зимно врме кога нема доволно свежо овошје, извор на магнезиум може да бидат сувите овошја особено сувата кајсија, грозјето, сливите, урмите. Исто така босилокот е одличен извор на магнезиум, само 100 г босилок содржи 1.148 мг магнезиум. Што се однесува до водата за пиење, доколку пиете мека вода, диетолозите препорачуваат секојдневно внесување на 60 мг магнезиум и 100 мг калциум. Во листата подолу се дадени вредности на содржината на магнезиум во 100 г од некои продукти.

Податоците за продуктите од различни извори се различни, едноставно затоа што количината на магнезиумот зависи од сортата, поднебјето, климата, начинот на производство, почвата, а самото определувањето на магнезиумот, па и на поголем број макро и микро елементи во продуктите, е многу сложен процес, при кој секако се можни и грешки. Но тоа и не е толку важно, бидејќи и така нема да го мериме продуктот па да го консумираме. Јадеме онолку колку што сме гладни, но треба да се има секогаш на ум дека не треба да се претерува во ништо, ниту во многу, ниту во малку јадење. Важно е да знаеме дека ако сакаме здраво да живееме, треба здраво да се храниме и да конзумираме секакви и различни продукти (ги издвојувам гравот и грашокот бидејќи познавам многу луѓе кои не ги јадат токму овие продукти). Така на пример, половина чаша свеж грав содржи 151 мг магнезиум, а истата количина соја содржи 200 мг. Исто така треба да се знае дека количината на магнезиумот значително се намалува при долго варење на соодветниот продукт и во голема количина вода, но и при конзервирање на продуктите. На пример, конзервиран грав губи околу 56 % од првобитната содржина на магнезиум, белото брашно, само со тоа што му е отстранета лушпата на зрното кое потоа било сомелено, изгубило 78 % од магнезиумот. Ова е само една од причините поради кои диетолозите препорачуваат да се конзумираат свежи продукти, а ако веќе мора термички да се третираат, тогаш тоа нека трае кратко време и со помала количина на вода.

21

food l�bfood l�b

Page 22: Мигусто  бр. 1- Ноември

MAMA’S – светско, Модерно спакуван, изворедно

вкусен. Типичен македонски производ кој по многу нешта се издвојува од се она што може да се најде на домашниот пазар. MAMA’S, бренд кој освојува со интересното име, но и со префинетиот вкус и одличната бизнис стратегија, со чија помош се наметна како производ на кој не можете да му останете рамнодушни и да ги спречите вашите дланки да посегнат по уште една тегла плус.

Која е приказната на брендот наречен

MAMA’S, колку време е присутен на

домашниот пазар и каде се можат да се

купат вашите производите?

Приказната за тоа како е родена идејата за MAMA’S на сите од тимот ни е многу драга и уживаме да ја раскажуваме. Почнува со еден „типичен“ македонски бизнис состанок, со полна трпеза, на тројца пријатели (Бобан, Петар и Калин) во позната скопска кафана. Низ разговор за ајварот послужен на масата, полека почнуваат да се препираат за тоа чија мајка прави најдобар ајвар! Полека, оваа идеја се развива во концепт за ова што е денес MAMA’S, а целата приказна ја има на нашиот веб сајт (www.ma-masfood.mk) може да ја погледнете. Се поставуваат предизвиците, за Македонија најважниот: дека ајвар не се јаде само во зима и дека ајвар не се јаде само со

сирење, а за надвор од Македонија: како да го конзумираат оние што не го знаат? Со сите активности во Македонија, се трудиме да ја смениме таа навика, а надвор од Македонија, да им покажеме на нашите потенцијални конзументи што е ајвар и како може истиот да се конзумира. Патот на брендот е поставен, се движиме по една емотивна патека, каде с ќе се врти околу концептот на домашно, рачно направено. И оваа сезона на зимници MAMA’S е достапен на полиците во македонските маркети, сезона како внимателно ја спремаме вашата зимница. Како премиум производ, стратегијата на MAMA’S е да биде присутен во големите ланци на маркети, па затоа и може да се најде само во сите поголеми ланци во Македонија.

Освен познатиот ајвар, понудата

опфаќа и малиџано, лутеница, а од

неодамна и слатко од диви смокви со

ореви и слатко од киви . Колку беше

тешко да се убедат купувачите да се

одлучат да купат ајвар или некој друг

производ кој не е направен во домашни

услови, најчесто од мама или баба?

MAMA’S производите се направени според внимателно одбрани рецепти, па затоа и секој производ си има своја мајка од која е и самиот рецепт. Со

22

MAMA’S производите се направени според внимателно одбрани рецепти, па затоа и секој производ си има своја мајка од која е и самиот рецепт. Со самото тоа, MAMA’S производите се подготвуваат според традиционалните начини на подготвување на вакви производи

Page 23: Мигусто  бр. 1- Ноември

а нашесамото тоа, MAMA’S производите се подготвуваат според традиционалните начини на подготвување на вакви производи. Самиот бренд си кажува, ова е мамин производ!

Од друга пак страна, светските трендови кажуваат дека денешните домаќинки имаат с помалку време за приготвување оброци во текот на денот, а да не збориме за подготвување на зимница. Следејќи го ова, на сите ни недостасува да си отвориме една тегла и да ја снема за доручек со семејството.

Знаејќи го ова во предвид, и знаејќи го квалитетот на MAMA’S, спроведовме серија на дегустации под мотото „Доволно е да пробаш само еднаш!“. Кога купувачите се уверија дека ова е најдобрата алтернатива на ајварот од нивните мајки и баби, с си дојде на свое место. Да повториме, не ни е целта да се бориме со ајварот на мајките и бабите, тој секогаш ќе биде за вас најубав, но во случај да не ви приготвиле – MAMA’S ве чека спремен во текот на целата година.

Она што прво паѓа во очи е

одличниот дизајн на сите продукти.

Колку овој сегмент од вашата бизнис

стратегија ви помогна побрзо да го

освоите пазарот и да се приближите

до помладите купувачи кои освен

неприкосновен вкус, очекуваат и

естетско пакување?

Дизајнот на пакувањето беше полн погодок и многу олеснителна околност во процесот на привлекување внимание, во оној клучен момент, кога купувачот се наоѓа пред рафтот и се мисли кон што да посегне. Ова не важи само за македонскиот пазар, туку и за сите други каде сме присутни – реакциите од сите се исти. Она што сега е пакувањето на MAMA’S е успешна реализација на приказната која ја носи, па така визуелниот идентитет предизвикува асоцијации на неколку фронта. Некои од купувачите

го памтат како „ајварот со весничето“ некои „аха да, ајварот на мама Марија“ а некои пак во глава им останува името, лесно за памтење и погодно за интернационалниот пазар. Неизмерно сме благодарни на студиото од Србија кое го изработи дизајнот, а тие на нас за брифот кој им го дадовме каде убаво беше објаснета приказната на МАМА’S.

Освен во Македонија, MAMA’S

упорно го промовира ајварот како

македонски бренд и на странските

пазари? Колку сте успешни во овој

обид да допрете и да ги освоите

пребирливите купувачи и кои се

земјите кои ви се примарен таргет?

MAMA’S е присутена во многу земји во светот! Надвор од земјата го имаме истиот предизвик како и дома, со пребирливите купувачи. Македонците како најдобри „критичари“ за ајвар, а странците пак бидејќи не се запознаени со овој тип на рецепти кога пробуваат не знаат што да очекуваат. Како што спомнавме, на странските пазари се соочуваме со ситуација кога еден Маркус од Шведска ќе си купи МАМА’S и нема идеја како се јаде. Затоа се трудиме да едуцираме, кои се можните

начини за комбинирање на намазите од пиперка, а да не е тоа класичното со бело сирење. Се се врти околу едукација на нашите конзументи, па затоа и целата енергија е најмногу насочена кон таа едукација. За тоа да го направиме користиме секакви видови на медиуми и начини и мислам дека успеваме во тоа што го правиме! MAMA’S се продава како ајвар!

Кои се плановите на MAMA’S за

во иднина? Каде ќе бидат насочени

вашите главни потенцијали, може ли

да очекуваме некои нови производи,

новитети…

MAMA’S треба да биде на масата на секој гурман на светот! Тргнувајќи од таму, сите активности се насочени кон една цел! Многу ни е важно да имаме потрошувачи кои прв пат се среќаваат со овој тип на производи, а во исто време да ги задржиме задоволни оние кои се растени со ајвар, малиџано, лутеница.. Тоа ќе го постигнеме само со посветеност и со прилагодување на барањата на пазарот. Нови производи секако ќе има, можеби и сосема нови категории, но секогаш ќе ги спојуваат две работи: приказната и квалитетот на MAMA’S.

23

� ��� ��

Page 24: Мигусто  бр. 1- Ноември

Пица корнети

Боксер за шницли

Ни пицата веќе не е она што беше, драги мои. Да, да, веќе не е во тренд пиците да се прават обични округли теста, па со расфрлани разно-разни состојки одозгора. Сега се модерни корнети.

Значи, се ви е исто. Пак си правите обично тесто како и порано, пак си ги ставите омилените состојки одозгора. Единствената разлика е во тоа што не ги печете во тавче, туку во овие специјални модли во форма на корнет. И да не заборавам, готовите пици не се служат во чинии, па со вилушка и нож од страна, туку во специјални држачи со салфетка од страна.

Згодно или не, не би знаела да бидам искрена. Уште сум во недоумица дали е ова нешто што вреди да се проба или не. Ама ако случајно се одлучите да ги набавите овие модлички (може да се купат тука), задолжително пишете ми. Баш би сакала да знам како ќе се покажат ова корнет-пициве!

Идеален кујнски додаток, дело на компанијата D cor Craft Inc наменет пред се за оние со

поагресивна природа, кои уживаат времето да го поминуваат во подготвување шницли. За 13

долари добивате уникатен алуминиумски боксер, кој освен што изгледа опасно добро, одлично ќе си

ја заврши работа, a при тоа и ќе се ослободите од вишокот негативна енергија.

Наш совет е со овој кујнски прибор да не излегувате од дома, да го користите само за

гастрономски цели, затоа што може лесно да ви се случи да имате проблеми со полициските органи.

24

Page 25: Мигусто  бр. 1- Ноември

Сечко за боранија

Сигурна сум дека се нервирате секогаш кога правите боранија бидејќи не можете да ги сечкате боранијките надолжно туку морате попречно. Знам како ви е, бидејќи и мене истото ми се случува. И знам дека е мачно ваквото сечкање, ама упорно се мачам. Не за друго, туку вака исечената боранија има тотално различен вкус од боранијата исечена напречно.

Но, повеќе нема потреба ниту да се мачите, ниту пак да се лишувате од прекрасниот вкус на надолжно исечената боранија. Нарачајте си го овој сечач за боранија од овде и уживајте! Ама не кажувајте на никого дека имате ваков кујнски помошник, и задолжително малку офкајте за да знаат сите колку мачно е во суштина готвењето

25

ò��í�ò��í�

Саксија и сад за овошје

Уште еден одличен концепт дизајн дело на шведскиот артист M ns Salomonsen. Освен што изгледа одлично ова мало уметничко дело наречено Cocoon има двојна намена. Овој сад истовремено можете да го употребувате како саксија за омилениот зачин кој најчесто го користите и како место во кој ќе ја чувате вашата дневна доза на свежо овошје.

Cocoon e изработен од глина, со вешто стилизирани линии, кој покрај корисноста има висока естетска вредност. Идеја која можеби ќе ве мотивира да нарачате нешто слично од нашите прочуени грнчари.

Page 26: Мигусто  бр. 1- Ноември

Жежок коктел

„Зачинето“ Нескафе

Не мора да пиете чај само кога сте болни. Еве една добро зачинета (со алкохол, нели) варијанта која сигурно ќе ви помогне малку да се стоплите.

СОСТОЈКИ 30 мл виски или рум 1 супена лажица мед 1/4 лимон (исцеден) 200 мл вода 1 ќесичка чај од праска (по желба) неколку стапчиња цимет

(за декорација)

ПОДГОТОВКА

1На дното на чашата за послужување ставете го медот, а потоа сипете го алкохолот и

сокот од лимон.

2.Настрана зовријте ја водата и направете чај. Истурете го врелиот чај во чашата и добро

промешајте. Украсете со стапче цимет и веднаш послужете.

За сите оние кои не можат да поминат ниту ден без шолја кафе, еве една зачинета и слатка варијанта. Уживајте!

СОСТОЈКИ 45 мл ликер од кафе 2 кафени лажички нескафе 150 мл врела вода малку слатка павлака (за декорација)

ПОДГОТОВКА

1Во затоплена шолја ставете го ликерот од кафе. Врелата вода добро измешајте ја со

нескафето, додека не се раствори убаво. Истурете го кафето врз ликерот и додадете малку изматена павлака одозгора.

26

Page 27: Мигусто  бр. 1- Ноември

Зачинето црвено вино

Чоколаден милкшејк

За загревање на телото и душата, па што би било подобро од чаша-две црно вино? Пробајте го нашиот рецепт за зачинето вино. О да, можете да го направите сами, ама никако немојте сами и да го пиете!

СОСТОЈКИ 1/2 шолјичка шеќер 1/4 шолјичка вода 1 кафена лажичка мелен цимет 4-5 зрна (цели) црн пипер малку мускатно оревче 1 портокал (свежо исцеден) 1 шише црвено вино

ПОДГОТОВКА

1Ставете ги сите состојки, освен виното, во тенџерче и ставете го на умерен оган да се вари околу

5 минути (додека шеќерот добро не се растопи).

2Тргнете го тенџерчето од оган, па додадете го виното. Добро промешајте, вратете го на

оган и варете до пред вриење (ако зоврие виното, алкохолот ќе почне да испарува). Послужете го жешко.

За мераклиите на чоколадо имаме едно екстра пијалоче кое може да се пие во секој период на денот. Освежително, калорично коктелче кое е одлично во моментите кога ви треба екстра енергија, а при тоа имате потреба од нешто чоколадно. На здравје!

СОСТОЈКИ 1 шолја млеко 1 лажица какао 1 лажица чоколаден сладолед 1 лажица шеќер малку чоколаден прелив малку чоколадни трошки (за декорација)

ПОДГОТОВКА

1Во блендер ставете го млекото, сладоледот, какаото и шеќерот. Убаво изблендирајте.

2Потоа додадете малку чоколаден прелив и повторно измешајте.

3Префлете во убава висока чаша и декорирајте со малку чоколадни трошки. Одозгора по желба можете да

ставете уште малку чоколаден сладолед.

27

����í����í

Page 28: Мигусто  бр. 1- Ноември

���������� ��� ��