porta3 164

68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 164 / ПЕТОК 26.08.2011 година VII ЕДЕН ИЛИ ТРИ МУЗЕИ НА СКОПСКОТО КАЛЕ? Новиот симбол на Белград УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ДО „ЛОНДОН 2012WikiHouse Open Hardware архитектура ГРАНДИОЗНОСТ НА САВА

Upload: dejan-davitkov

Post on 14-Mar-2016

284 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

Porta3 broj 164

TRANSCRIPT

Page 1: PORTA3 164

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

164

/ ПЕТ

ОК

26.0

8.20

11 г

один

а VI

I

ЕДЕН ИЛИ ТРИ МУЗЕИ НА СКОПСКОТО КАЛЕ?

Новиот симбол на Белград

УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ДО „ЛОНДОН 2012“

WikiHouseOpen Hardware архитектура

ГРАНДИОЗНОСТ НА САВА

Page 2: PORTA3 164
Page 3: PORTA3 164

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

164

/ ПЕТ

ОК

26.0

8.20

11 г

один

а VI

I

ЕДЕН ИЛИ ТРИ МУЗЕИ НА СКОПСКОТО КАЛЕ?

Новиот симбол на Белград

УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ДО „ЛОНДОН 2012“

WikiHouseOpen Hardware архитектура

ГРАНДИОЗНОСТ НА САВА

БРОЈ 164 ПЕТОК 26.08.2011 ГОДИНА VII

16

26

Интеграција или сепарација на културната ризница? Еден или три музеи на скопското Kале? Дилеми кои се наметнуваат од ревитализацијата на Калето, особено по немилите настани пред некој месец, кои доведоа до политизација на оваа благородна работа. Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во пролетта 2008 година одлучи да реализира продлабочена настава од областа на градителското наследство на тема „Археолошки музеј Горен град -- Кале, Скопје“. Во две продолженија ќе ви ги презентираме резултатите од неа. Во еден од минатите броеви на Порта3 пишувавме за негрижата кон македонското градителско наследство, а повод беше штипското Ново Село. Овој пат ви нудиме поведри ноти. Во Ново Село во тек се активности за обнова на некои приватни куќи. Шанси се бараат и во европски проекти со посредништво на француски експерти. Во разни фази на градбата (електрика, машинство, водовод и канализација и други), мајсторите буквално со денови се препуштени сами на себе и ги извршуваат своите работни задачи, онака како што сметаат дека е најлесно и најбрзо. Притоа,

многу често се случува да направат огромни оштетувања во носечката армирано-бетонска конструкција, која може да има несогледиви последици, па дури и од безбедносен карактер. Излегува, едни градат - други рушат. На 27 јули годинава, точно една година пред официјално да започнат Олимписките и параолимписките игри „Лондон 2012“, беше објавено завршувањето на Центарот за водни спортови, проектиран од познатото светско студио Zaha Hadid Architects во рамките на договорениот рок и буџет.Со изградбата на овој објект е реализирана заложбата клучните објекти да бидат завршени една година пред почетокот на игрите, а со цел да се даде доволна можност за нивна „пробна“ употреба, односно за надминување на евентуалните технички и оперативни проблеми, кои неминовно се појавуваат по пуштањето во употреба на кој било градежен објект, а особено кај оние покомплексните. Порта3 во неколку наредни броеви ќе ве запознае со некои од олимписките објекти.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

СТАТИКА 12ЕДНИ ГРАДАТ - ДРУГИ РУШАТ

ГРАДЕЖНИШТВО 16БЕЛГРАД - ГРАНДИОЗНОСТ

НА САВА

СЕЌАВАЊЕ 20АРХИТЕКТУРА ПО МЕРКА

НА ЧОВЕКОТ, А НЕ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОК

АРХИТЕКТУРА 26ЕДЕН ИЛИ ТРИ МУЗЕИ НА

СКОПСКОТО КАЛЕ?

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА 32ОБНОВА НА ДЕЛ ОД КУЌИТЕ

ВО ШТИПСКО НОВО СЕЛО

ТЕХНОЛОГИИ 48WIKIHOUSE -

- OPEN HARDWARE АРХИТЕКТУРА

ЕКСПЕРТ 50УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ДО

„ЛОНДОН 2012“

48

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар АНДОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАБилјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВИгор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претс.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3151 311; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

12

50

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,

Насловна страница: КУЈНА ВО ЦРНО

Фото: ВЛАДИМИР СЕКУЛОВСКИ

Page 4: PORTA3 164

4

Page 5: PORTA3 164
Page 6: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 201136

6

инфо

Годинава охридското културно живееење се збогати со еден новосоздаден празник –

„Вечер на архитектурата“, настан одржан на крајот на јули во Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид. Се собраа архитекти и планери- професионалци,

пријатели и заљубеници во архитектурата, љубопитни, случајни минувачи и туристи, сите оние што го насетија моментот на препознавање и реоткривање на архитектурата. Привлечна е секоја претстава што наговестува мисловност, а е тесно поврзана

за убавината на постоењето. Беше понудена скромна, но софистицирана програма со три следователни моменти, за кои зборуваше претседателот на ААМ Даница Павловска Циги, отворајќи ја свеченоста и изложбата „Созревање“ на архитектот

Валентино Константиновски. Во таа кратка беседа на претставникот на големото семејство луѓе кои создаваат, промовираат и негуваат естетика на живеење, се укажа дека ваквите дружења се и логични и природни, но секако и многу потребни. Се пратија неколку

На првиот собир на новосоздадената манифестација се собраа архитекти и планери - професионалци, пријатели и заљубеници во архитектурата, љубопитни, случајни минувачи и туристи, сите оние што го насетија моментот на препознавање и реоткривање на архитектурата

„ВЕЧЕР НА АРХИТЕКТУРАТА“ ВО ОХРИД

НОВ ПРАЗНИК НА МАКЕДОНСКИТЕ АРХИТЕКТИ

Page 7: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 7

7

инфо

Деновиве, Асоцијацијата на архитектите на Македонија и Академијата на архитектите се простија од својот член,Љубинка Маленкова, една од првите дами на македонската архитектура по Втората светска војна. Родена е на 13 септември 1927 година во Охрид, студирала и дипломирала 1951 година на Архитектонскиот факултет во Белград под менторство на професорот Богдан Несторовиќ. Како една од ретките дипломирани архитекти во тоа време е распоредена на работа во Управата за комунални работи при Министерството за градежништво, за наскоро потоа, во1952 година, да ја отпочне својата професионална проектантска кариера во првото проектантско биро во Македонија, „Проектант“. Од 1961 до нејзиното пензионирање во 1987 година работи во „Пелагонија проект“, давајќи му снажен печат на Проектантското биро со својата индивидуалност, професионално ангажирање и раководење со проектантската група архитекти. Зад себе остави огромен опус, останувајќи доследна на модерната архитектура , на тогаш популарната Белградска школа на архитектура. Во полето на станбената архитектура заедно со колешката Вера Ќосевска работат на станбената населба 11 Октомври во Кисела Вода (1964 г.), блоковите во Градски зид ,Скопје (1973 г.) и блокови во населбата Аеродром (1977 г).Нејзини проекти се Педагошката академија во Штип и Театарот на народностите во Скопје. (заедно со В.Ќосевска). Снажен белег со својата монументалност во централните плоштади на Прилеп,Тетово, Струмица и Кочани оставија нејзините креации на објектите на Пошта и Телекомуникации. Голема архитектонска умешност покажа во интерполација на новите градби во постојната градска структура со објектите на Министерствата за образование и финансии во Скопје. Во 2000 год. ја добива наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ и станува член на Академијата на архитектите на Македонија. Ерудит, вљубеник во професијата, колега кој

го распознаваше талентот кај младите колеги, им го отвораше патот кон кариерата на оние што знаеја да се борат за своите идеи. Плејада помлади колеги во „Пелагонија проект“ беа нејзини соработници, кои подоцна успешно ги продолжија своите индивидуални професионални кариери. И покрај својот индивидуален пристап во професионалното дејствување, ја паметиме како професионалец, кој со својот авторитет и знаење, со својата моќна реч, ги покреваше креативните потенцијали во колективот.Нека и е вечна слава.

арх.Билјана ФИЛИПОВСКА, претседател на Собранието на ААМ

Тажно е сознанието за разделба со мојата почитувана долгогодишна колешка и пријателка, архитект Љубинка Маленкова, со која заедно доживувавме многу незаборавни моменти поминувајќи низ лавиринти на нашата убава професија - архитектурата. Долга низа години во професионалниот живот поминати заедно со архитект Маленкова, ми овозможи да ги запознаам сите нејзини квалитетни и карактерни особини. Таа беше личност со извонредни професионални и напредни сваќања за архитектурата, но и личност со вродени интелектуални и карактерни вредности. Временскиот период во кој ги создаваше своите

објекти беше многу поразличен од сегашниот. Колешката Љубинка ги следеше сите движења и достигнувања во светската архитектура, но како врвен професионалец проектираше и градеше објекти со поглед кон иднината, но усогласен со можностите на тогашното време. Нејзините објекти ќе останат запишани како трајни вредности во историјата на македонската архитектура од втората половина на дваесетиот век. Тие остануваат како сведок на современото творештво на извонредно почитувана личност од сегашните, но и од идните генерации архитекти.

арх. Вера ЌОСЕВСКА

филантропски пораки за создавање на поквалитетен и поинспиративен живот, затоа што го имаме преоптоварен со куп извртени вредности и бесмислено создадени проблеми. Познато е дека архитектурата има моќ да влијае и да ги преобликува постојните светови, само треба во тоа длабоко да се верува.... Првиот сегмент на вечерта преставуваше богата презентација на познатиот производител на специфични земјани производи – покривни керамиди – фабриката Тондах од Виница при што се претстави најновата програма интересна за сите проектанти, дизајнери, изведувачи, градители...Во својот високоинтелектуален манир професорот Минас Бакалчев одржа предавање на тема „Идеални слики/Партикуларни реалности“ во кое изнесе како да се мисли архитектурата фатена во прагматичните текови на општеството што се менува. Дали таа може повторно да биде романтична и визионерска и секојдневна истовремено. Заедно со професорот Митко Хаџи-Пуља, низ серија проекти, тие прават обид архитектурата да ја поврзат со нејзината идеалистичка основа во секојдневните нешта, да се покажат идеалните слики низ различните партикуларни реалности.Секоја изложба е ритуал на соочувања со публиката, но и со очекувања и возбуда што беше пригодно опкружување на завршното уживање во муабетот таа вечер. Дружењето беше почестено со присуството на повеќе доајени на македонската архитектура, меѓу кои и професорот Борис Чипан.Со жалење се забележа, а мора и да се подвлече отсуството на поканетиот градоначалник на Охрид, како и на неговиот прв соработник, архитект, што само го потврдува игнорантскиот однос кон професијата и кон аполитичните случувања како што беше ова. Но сепак, најважно е што „Вечер на архитектурата“ во Охрид остави пријатен впечаток на една новоотпочната традиција. Д.П.

IN MEMORIAM

ЉУБИНКА МАЛЕНКОВА 1927 - 2011

ГОЛЕМА АРХИТЕКТОНСКА УМЕШНОСТ

ПРОЕКТИРАЊЕ СО ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА

Page 8: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 201138

8

скопје

ПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ЕДЕН ОД НАЈОСПОРУВАНИТЕ ОБЈЕКТИ

ЗА ДВЕ ГОДИНИ ПАРКИРАЊЕ СО ЛИФТОВИ ВО БАРОКНА КАТНА ГАРАЖАЈавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор почна да ја гради катната гаража зад МЕПСО. Еден од најоспоруваните објекти предвидени да се градат во овој дел од градот, за две години ќе го добие својот барокен изглед и ќе биде првата автоматизирана катна гаража во Скопје, вредна речиси шест милиони евра. Со барокна фасада, на површина од 8.222 квадрати, на шест ката, гаражата ќе има капацитет за паркирање на 280 возила. На првиот кат од објектот и во поткровјето ќе бидат сместени комерцијално-деловни простории. Пристап до гаражата ќе се обезбеди преку улица, која допрва треба да се изгради и која ќе овозможи влез и излез во објектот од првото подрумско ниво. При паркирање на возилата ќе биде исклучен човечкиот фактор, односно лифтовите ќе ги дистрибуираат возилата до паркинг-плацовите. Цветко Грозданов, директор на

ЈПССДП, кое е инвеститор на објектот, вели дека гаражата, иако е мала по габарит, е проектирана со голема искористеност на просторот. „Архитектурата на објектот е решена во класичен стил со апликации од портал и колонади од лакови во приземјето и на катот, разбиени со стаклени екрани низ кои ќе може да се гледаат паркираните возила", објасни директорот на ЈПССДП, кое за реализација на проектот подигна кредит. Фасадниот дел на гаражата ќе биде во стилот на околните згради кои се градат во овој дел на градот за да биде во согласност со амбиентот. Проектант на гаражата е „ГМС-

проект“ од Скопје, а изведувач на градежните активности е скопски „Гранит“.Од општина Центар има најава за изградба на една гаража повеќе од планираното, што значи дека крајниот исход ќе бидат осум катни гаражи од Градот Скопје, општина Центар и од Јавното претпријатие. Барокната катна гаража е прва од трите во кои ќе инвестира и со кои ќе стопанисува станбеното претпријатие. Наскоро се очекува ЈПССДП да почне да ги гради наменските објекти кај Работнички дом, односно во близина на Музејот на холокаустот. Сите, освен место за паркирање, ќе имаат и деловен

простор. Претпријатието без надомест ги доби од државата парцелите на објектите. За разлика од гаражата кај МЕПСО, останатите две катни гаражи на ЈПССДП ќе имаат стаклени фасади и обичен систем за паркирање. Инаку, иако претпријатието доби на користење четири наменски државни парцели, сепак, во последен момент се откажа од онаа на постојниот мал паркинг меѓу МЕПСО и „Телеком“. Надлежните се откажаа од неа со образложение дека нема да имаат пари за изградба на овој објект. Преку лицитација, парцелата ја купи „Макоил“.

К.С.Т.

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ПОДГОТОВКА НА НОВ ГУП

СКОПЈЕ ДО ГОДИНА ЌЕ ДОБИЕ НОВИ ГРАНИЦИ

Градските власти очекуваат нацртот на новиот Генерален урбанистички план на Скопје да биде изработен до јуни 2012 година. „Изработката на Генералниот план се одвива според утврдената динамика и очекуваме првата нацрт-верзија да ја добиеме до јуни 2012 година. Финалната верзија на планот би била готова до октомври 2012 година“, вели скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Тој најави дека наесен со колегите планира да ја заврши последната координација во интерес на нацртот на ГУП. Тогаш ќе се преслушаат околу нивните барања и сугестии по основ на изгледот и новите граници на урбанистичкиот план што го тангира подрачјето на Град Скопје и претставува закон за сите ДУП-ови. К.С.Т.

Page 9: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 9

9

скопје

Покрај Охридскиот Бисер, се роди уште еден бисер во Охрид, а тоа е станбениот Елитен Објект Адора Инженеринг - Билјанини Извори.

• „Адора“ е прва градежна компанија во РМ и во регионот, која го воведува фотоволтажниот систем за производство на струја за заедничко осветлување во колективното станбено домување ; • Надворешна столарија на REHAU RAU- FIPRO, најнова генерација столарија со 4 сезонско стакло. Воведувањето на овој профил и тип стакло придонесува самиот стан да е енергетски ефикасен. Самиот факт што цената на електричната енергија има тенденција на постојано зголемување, инвестирањето во материјали кои штедат енергија е од непроценлива вредност;• Темелна плоча од 95 см• Асеизмичка, армирано-бетонска конструкција со марка на бетон минимум МБ30 и над МБ40. • Термичка фасада: демит фасада со 8 см графитен стиропор и блок тула од 20 см, заштитен слој на фасадата, водонпропустлив пластичен малтер- абрипт;• Преградни ѕидови: помеѓу станови и стан/ходник се изведени сендвич ѕидови (2 х 12 см тула и изолација од 3см тврдопресован тервол);• Преградни ѕидови во становите

се блок тула 12 см, двострано малтрисани, глетувани и обоени во бело со дисперзни бои;• Видео надзор и електричен пристап;• Два влеза обложени со гранит, хоризонтални и вертикални комуникации комплетно третирани со керамика и два електричени лифта;• Сопстевен подземен паркинг; • Блиндор врати;• Прва класа паркет; • Прва класа шпанска плочка; • Оптички интернет, ТВ и кабелска инсталација во секој стан;• Лист за предбележување ;• Сeртификат за сите вградени матерјали;• Можност за кредитирање до 30 години;• Станови од 49, 54, 57 , 61, 72,85, 147 м2 со поглед на езеро • Онлајн каталог на www.adora.com.mk

ЕКО-ИНОВАЦИИ и имплементирање на најнови технологии, е тоа што АДОРА Инженеринг е синоним за квалитет во градежништвото во Македонија. За првпат во Охрид е изграден објект со имплементација на меѓународните стандарди за енергетска ефикасност и со високи стандарди за квалитет ИСО 9001 и за заштита на животната средина ИСО 14001.

ПРВ РЕЗИДЕНЦИЈАЛЕН КОМПЛЕКС ВО ОХРИД ИЗГРАДЕН ПО СИТЕ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФКИАСНОСТ

ЕЛИТЕН СТАНБЕН КОМПЛЕКС „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ОХРИД

„Адора инженеринг“ ДООЕЛ, ул. „Орце Николов“ 182А, реон 55, Карпош, 1000 Скопје, Република Македонијател. +389 (0)2 3093 200; 3093 201; 3093 909, факс. +389 (0)2 3093 908,

web: www.adora.com.mk, e-mail: [email protected]

Докажано најдобри!ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕТЕ СЕ НА

072 204 024 и 070 365 738

ОПШТИНА ЦЕНТАР

СЕ ГРАДИ МОСТОТ НА УМЕТНОСТАЕкипи на градежната компанија „Бетон“ го градат Мостот на уметноста, што се наоѓа до мостот

Око и треба да ги поврзе ГТЦ и кружната зграда на Јавното обвинителство, кои се дел од проектот Скопје 2014. Договорено е „Бетон“ да го изгради мостот во рок од 16 месеци. За објектот општина Центар ќе плати речиси два милиона евра. Но, ова нема да биде конечната сума што ќе се потроши. Стотици илјади евра ќе треба да се потрошат

за 29 скулптури кои е предвидено да се наоѓаат на преминот. Тие ќе бидат двометарски, излеани во бронза и ќе бидат распоредени симетрично по 14 од двете страни на мостот. Исклучок ќе биде централната скулптура, која ќе достигне висина до три метри. Скулптурите ќе бидат излеани ликови на македонски и на албански уметници, меѓу кои се

планирани Тоше Проески, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Неџати Зекирија, Муртеза Пеза, Адем Гајтани и други.Мостот на уметноста се гради според проект на архитектот Коста Мангаровски.Скулптурите ќе се леат во РЗ Институт АД Скопје каде треба да бидат готови во рок од шест месеци по предавањето на моделите. К.С.Т.

Page 10: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011310

10

региони ШТИП

ЗАПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НАЈУБАВАТА ШТИПСКА ЗГРАДА

ВО БИГОРСКИ СЕ ПОКРИВААТ РАНИТЕ ОД ПОЖАРОТ

Во населбата „Сењак 3“ во Штип беше поставен камен темелник за изградба на новиот станбено-деловен комплекс, нова инвестиција вредна 10 милиони евра

По пауза од седум години, во Штип започнаа новите инвестиции во

градежништвото, во поглед на конструкцијата на нови станови. Досега, вакви активности спроведуваше само државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, во согласност со Владината програма за изградба на станови за млади брачни парови или ниски примања. Во приватниот сектор владееше вистинска замреност. Првиот потег го повлече фирмата

„Топ Инвест“, формирана во 2010 година во Штип. Главната дејност на фирмата е градежништво. Иако станува збор за нова фирма, зад неа стојат две компании, кои со години наназад успешно работат во Македонија. Сопственици на „Топ Инвест“ се фирмите „Роби Инжинеринг“ (Телекабел) и „Нико 2002“. Изградбата на луксузниот и комфорен станбено-деловен комплекс во населбата „Сењак 3“ претставува прв чекор кон реализирањето на оваа нивна визија.

Роберт Димитров, еден од инвеститорите и сопственик на кабелскиот оператор „Телекабел“, најави дека станбено деловниот комплекс ќе биде изграден за две години, а ќе има 150 станови, 10 апартмани, деловни објекти и катна гаража. „Објектот е со површина од 25.000 метри квадратни, и ќе биде најголем во Штип. Зградата на 13 ката ќе има 150 станови со површина од 40 до 110 м/2 на 11ката, 10 ВИП апартмани, 4.000 метри квадратни деловен простор, а на две

нивоа катна гаража за возилата. Инвестицијата ќе достигне околу 10 милиони евра, кои ние како инвеститори веќе ги имаме обезбедено. Објектот ќе се изгради навремено и ќе биде нешто најубаво за Штип“, изјави Димитров по поставувањето на камен темелникот.

ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВАСпоред него, веќе се склучени купопродажни договори со 19 лица. Земјиштето за комплексот е купено минатата година по пат на лицитација во

Со несмален интензитет неколку градежни тајфи од Вевчани и од Пустец (Албанија)

работат на покривање на раните што пред речиси две години ги направија пламените јазици врз Горни палат на Бигорскиот манастир. Тогаш целосно изгоре сета дрвенарија на прекрасните чардаци, монашките ќелии, големата трпезарија, галеријата на икони, гостинската одаја, библиотеката и другите простории. „Столбовите ги градиме со армиран бетон, а посебни бетонски плочи се поставуваат меѓу катовите на североисточното крило и на

монашкиот дел. Во следната фаза ќе се изврши инјектирање на ѕидовите што останаа, со што ќе се зацврстат“, вели архимандритот

Партениј, игумен на Бигорскиот манастир. Значајно е и тоа, продолжи да ни зборува Партениј, што со подготвувањето на бетонската конструкција, во Босна и Херцеговина се изработуваат елементите од масивно дабово

дрво. Според динамиката на работите, кон крајот на септември, специјална група на производителот

ќе започне да ги монтира елементите на дрвените чардаци, на скалите, на прозорците, на вратите и на други дрвени содржини изработени според димензиите на проектот. Технологијата на работата налага во исто време кога ќе се монтираат чардаците да се поставува кровната дрвена конструкција и камените плочки, кои веќе се изработени. Игуемнот Партениј есенва очекува целосно да завршат сите работи на карабината, да се затвори Горни палат, а идната година ќе продолжат работите на уредување на внатарешниот дел, со поставување на таваници,

Page 11: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 11

11

региони

Министерството за транспорт и врски, а подготвителните работи за изградбата на објектот се одвивале во изминатите шест месеци. Штипскиот градоначалник Зоран Алексов оцени дека со поставувањето на камен темелникот на комплексот од фирмата „Топ-инвест“, почнува и градежната офанзива во Штип.„На есен е најавен и почеток на изградба на уште две станбени згради, а на Штип согласно развојот, му се потребни околу 1.000 нови станови. Причина за тоа е побарувачката на станови, но и присуството на студентите што со години се зголемува на Универзитетот „Гоце Делчев“. Во Штип има интерес за градење нови станбени згради од страна на инвеститорите, но проблем се

урбанистичките планови, за кои треба подолг временски период да се решат“, објаснува Алексов. „Јас имав големи проблеми околу ова, но со неколкуте локации кои ги обезбедивме, создадовме основа за понатамошен развој и оставивме позитивен впечаток дека кога постои волја, постојат и можности и решенија со кои и на идните инвеститори ќе им излеземе во пресрет. Само од овој објект, од комуналии општината ќе инкасира околу половина милион евра. Тоа е инвестиција која ја движи локалната економија, помага во изградба на нови вредности, но и создава капитал кои ние ќе го искористиме пак во функција на граѓаните“, заклучува Алексов. Со сите компании веќе се склучени правни договори, кои гарантираат

дека за време од две години објектот ќе биде комплетно изграден и пуштен во употреба. По две години, Штип ќе добие модерна и урбана висококатница, која ќе го дополни и потврди приматот на градот Штип како центар на Источна Македонија. „Довербата за изработка на проектот со комплетното внатрешно и надворешно уредување, уште на самиот почеток им ја доверивме на три врвни тимови составени од професионални архитекти, дизајнери и статичари, кои ветуваат станбено-деловен објект по примерот на светските метрополи“, смета Александар Николов од „Нико 2002“, и воедно ко-сопственик на фирмата „Топ Инвест“. Притоа, заинтересираните имаат можност сами да одлучуваат дали избраниот стан ќе го купат

во фаза на карабина, па ќе го уредуваат по сопствен вкус, или ќе го купат преграден, но со избор на најмалку четири видови различни комбинации на плочки, врати и подни елементи. Според инвеститорите, ова е прва градежна инвестиција на оваа фирма. Доколку сè оди според планот, кон крајот на изградбата ќе одлучат дали ќе следат нови инвестиции.Во Штип во меѓувреме се доградува уште еден станбен комплекс во центарот на градот, а Министерството за транспорт веќе има објавено локации за станбени комплекси во оваа населба, спроти локацијата каде што ќе се гради и новиот студентски центар.

Драган РиСТОВ

живописување на ѕидовите, поставување на потребниот инвентар и сл. Ако се продолжи со оваа динамика се очекува на 11 септември 2012 година, три години по пожарот, на патрониот празник на св. Јован Крстител, да се изврши чинот на осветување на Горен и на Источен палат. Монашкото братство кое целосно е вклучено во обновата на Горни палат е задоволно од квалитетот на градбата и очекува, без никакво отсапување од проектот, Бигорски да го врати автентичниот изглед, а конаците и целиот Горни палат ќе бидат поцврсти и побезбедни. За возобновување на Горни

палат на Бигорскиот манастир ќе бидат вложени помалку од 3.000.000 евра, иако стручњаците по пожарот оценија дека за обновувањето ќе бидат потребни околу 6.500.000 евра. Но, со домаќинско работење, како и со донации на многу фирми во градежни матерјали, верници кои постојано учествуваа во извршување на голем број градежни работи. Тоа значително ги намали финансиите. Се ќе биде исто на Горни палат, како пред пожарот, категоричен е игуменот Партениј и сите содржини на манастирот, кои се простираат на 3.600 квадратни метри корисна површина, ќе бидат ставени во функција.

Киро КиПРОСКи

Површина: 25.000 м2

Катност: 13 ката Број на станови: 150 станови (40-110 м2) на 11ката и 10 ВИП апартманиДеловен простор: 4.000 м2

Катни гаражи: 2 катаВредност: 10 милиони евраинвеститор: „Топ Инвест“ - Штипизведувач: „Бетон“ - КочаниНадзор: „Техно Инвест“ - ШтипПроектант: „Инвест Градба“ - КочаниПроектант на фасада и надворешно уредување: „Платформа“ - СкопјеРевизија: „Статика 001“ - Скопје

Page 12: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011312

12

градежништво

Надзорот како инструмент го воспоставила државата за, како што означува и самото

име, да ги надзира, односно надгледува и контролира градежните и градежно-занаетчиските работи при изведба на еден објект. Надзорот проверува дали тие се изведуваат според проектната документација. И обично надзорниот инженер доста ревносно си ја извршува својата работа, а посебно кога се работи за изведба на носечката конструкција до фаза карабина. Но потоа, кога доаѓа до фазата на градежно-занаетчиските работи, некако како најтешкото да поминало, па вниманието и контролата попуштаат. Има моменти кога мајсторите од разни фази на градбата (електрика,

машинство, водовод и канализација и останатите) буквално со денови се препуштени сами на себе и ги извршуваат своите работни задачи онака како што сметаат дека е најлесно и најбрзо.Притоа, многу често се случува да направат огромни оштетувања во носечката армирано-бетонска конструкција, која може да има несогледиви последици, па дури и од безбедносен карактер. За да го елаборирам посликовито моето согледување кон оваа проблематика ќе наведам два примера, случени на два различни објекта во две различни фази на изградба. Првиот случај на таква (не)намерна злоупотреба на работата

е преадаптацијата на потполно нов стан (пред сопственикот да се всели) во деловно-станбен објект во населба Тафталиџе. Заради инсталирање на нови електрични инсталации при промена на работните простории, а од друга страна за да се заштеди на малтерисување на плафоните и ѕидовите или пак за да се избегне употреба на спуштени плафони, е одлучено електричните кабли да се „шлицаат“ директно низ носечките елементи (столбови, греди и плочи). Така, со штемувањето на двата армирано-бетонски столбови, заради поминување на кабли од електричната инсталација, е извршено видно оштетување на столбовите и тоа во пресеци кои во

делот на статичката и сеизмичката стабилност на кој било објект се посочуваат како најкритични пресеци за една конструкција. Исто така, еден од столбовите е оштетен и по цела негова висина. Проблемот е уште посериозен ако имаме предвид дека станува збор за намалување на димензиите на пресекот на еден од централните столбови и тоа на прв кат, каде што сеизмичките сили на смолкнување се едни од најголемите во целиот објект. Ако пресметаме дека објектот е со катност Пр+6+Потк, централниот столб носи површина од околу 18 квадратни метри по кат, односно тежина од 23 тони по кат или сè вкупно за 5 ката, тежина од 115 тона (слика 1 и слика 2).

(НЕ)НАМЕРНА ЗЛОУПОТРЕБА НА РАБОТАТА

ЕДНИ ГРАДАТ - ДРУГИ РУШАТВо разни фази на градбата (електрика, машинство, водовод и канализација и други) мајсторите буквално со денови се препуштени сами на себе и ги извршуваат своите работни задачи онака како што сметаат дека е најлесно и најбрзо. Притоа, многу често се случува да направат огромни оштетувања во носечката армирано-бетонска конструкција, која може да има несогледиви последици, па дури и од безбедносен карактер.

слика 1 - Оштетување на АБ столб во критичен пресек слика 2 - Оштетување на АБ столб по цела негова висина

Page 13: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 13

13

градежништво

И на крај, со штемувањето на армирано-бетонската плоча, заради поминување на кабли од електричната инсталација, е извршено нејзино локално оштетување, што исто така статички не е дозволено. (слика 4). Втор сличен случај на (не)намерна злоупотреба на работата е поставување електрични инсталации во стан во станбен објект кој се гради во населба Црниче. И овде, исто така заради полесна и побрза изведба на објектот, е одлучено електричните кабли да се „шлицаат“ директно низ носечките елементи: столбови и греди.

Потоа, со штемувањето на армирано-бетонскиот носач (греда) по цела нејзина должина, заради поминување на кабли од електричната инсталација, е извршено исто така нејзино оштетување, со што е придонесено за намалување на нејзиниот попречен пресек, т.е. нејзин намален капацитет на носивост (слика 3).

И кај двата случаи веднаш било прекинато понатамошното оштетување и наложено да се отстранат каблите од електричната инсталација, а потоа да се изврши санација на оштетените носечки

елементи (столбови, греди и плочи). Меѓутоа останува прашањето, што ако сепак некогаш премногу доцна се стопира ваквата нестручна работа или пак воопшто никој не го забележи

ваквото несовесно работење на градежните работници!? Посебно ова треба да го имаме предвид, ако се потсетиме дека во новиот Закон за градење од 2011 година, член 59-а, за индивидуални

објекти до 300 квадратни метри не е потребен никаков надзор, туку самиот изведувач преку изјава дадена на нотар тврди дека градбата е „солидно“ изработена.

м-р град. инж. Влатко КОЦЕВСКИ

слика 3 - Оштетување на АБ греда по цела должина

слика 4 - Локално оштетување на АБ плоча

слика 6 - Оштетување на АБ греда во критичен пресек (Л/2) слика 5 - Оштетување на АБ столб во критичен пресек

Page 14: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011314

14

Браната Gileppe e ѕидано гравитациона брана на спојот на реките Vesdre и Getz во

близна на градот Ојпен во Белгија. Таа била изградена во 1878 година за снабдување на вода за индустријата и претставува прва брана во Белгија. Работите на изградбата започнале во 1868 година и траеле десет години. Реката била свртена со два опточни цевководи од лиено железо со дијаметар од 2,8 метри по еден од секоја страна на реката, кои подоцна биле пренаменети како доводи на вода за водовод.Браната е фундирана на темели еден метар во длабина на основната карпа. Телото на браната е изградено од ѕидан камен чиј волумен е 325.000 кубни метри. Лицето на браната

е изведено од обработен камен во вид на блокови со димензии 0,30-0,45 метри дебелина и 0,6-4 метри должина. Блоковите биле вадени од каменолом во близина на браната. Транспортот на материјалите бил со теснолиниска железница. За фугирање се користел малтер составен од четири дела песок и пет дела гасена вар.Браната била свечено пуштена во работа на 28 јули 1878 година од страна на кралот Леополд Втори. Таа формирала акумулација со вкупен волумен од 12.000.000 кубни метри. Првобитната висина на браната била 51,76 метри и долга 365 метри. Ширината на браната во основата била 66 метри.

градежништво БРАНАТА GILEPPE ВО БЕЛГИЈА

ОБЈЕКТ ВЛЕЗЕН ВО ТУРИСТИЧКИ БРОШУРИОна што е специфично за оваа брана е монументалната скулптура на лав на средината од браната, направена од белгискиот скулптор Antoine-Félix Bouré. Скулптурата на лавот е формирана од 183 камени блокови. Тежи 300 тони и е висока 13,5 метри. За време на надвишувањето на браната во 1970 година фигурата е поместена нагоре за што биле потребни 40 денови.

Сегашен изглед на браната Gileppe

Браната Gileppe со скулптурата на лав на круната

Браната после изградбата била доста критикувана поради предимензионираниот попречен профил, при што се сметало дека 75 проценти од ѕидарските работи биле непотребни и се препишува на големата резервираност на дел од белгиските инженери. Овие пак, се

правдале со големината на водното тело кое треба да се задржи, последиците што можат да настанат при евентуално рушење на браната, како и можноста од подоцнежно надвишување на браната заради формирање на поголема резерва од вода (кое подоцна се остварило.)

изглед на барната Gileppe по пуштањето

Page 15: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 15

15

градежништво

Попречен пресек на браната Gileppe по надвишувањето

Поради кородирањето на лиените цевки со кои се зафаќала водата за пиење биле забележни многу случаи на труење со вода, заради што во 1992 година започнала со работа пречистителна станица.Заради зголемените потреби од вода во 1960 година било одлучено браната да се надвиши. Ова било направено од 1967 до 1971 година, при што браната е надвишена за 16 метри и со тоа нејзината најголема висина достигнува 68 метри и

волумен на телото на браната до 1.433.000 кубни метри. Волуменот на акумулацијата бил зголемен на 26.400.000 кубни метри. Свечено била пуштена на 20 октомври 1971 година од кралот на Белгија, Бодуен.Надвишувањето било изведено со нафрлање на камен спротивно и низводно по течението на браната, а старата брана служи како водонепропустливо тело. Денес водата од акумулацијата главно се користи за снабдување

со вода на градовите Ојпен и Лиеж, а вишокот вода се користи за производство на електрична енергија.Она што е специфично за оваа брана е монументалната скулптура на лав на средината од браната, направена од белгискиот скулптор Antoine-Félix Bouré. Скулптурата на лавот е формирана од 183 камени блокови. Тежи 300 тони и е висока 13,5 метри. За време на надвишувањето во 1970 година

истата фигура е поместена нагоре за што биле потребни 40 денови. Скулптурата на лавот многу се користи во туристичките брошури за областа Vesdre каде што е изградена браната. Мора да се призне дека вака браната изгледа многу поимпресивно отколку други поголеми брани.

м-р Славко МиЛеВСКи, дипл.град.инж.

Page 16: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011316

16

НОВИОТ СИМБОЛ НА БЕЛГРАД

Page 17: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 17

17

градежништво

Белград ќе добие нов мост. После повеќе од 40 години, откога друмскиот Мост Газела

е отворен за сообраќај, Белград добива нов мост популарно наречен „мост на Ада“. Градот, кој по последниот попис на населението има околу 1.700.000 жители, доживеа права експанзија на моторни возила во последните десетина години. Според некои процени тој број се искачил од 200.000 на 500.000 возила, додека инфраструктурните капацитети останале исти. И покрај многуте планови, Белград никогаш не изгради независен шински систем на сообраќај – метро, а капацитетот на градската железница никогаш не заживеа со полн капацитет и претставува еден вид транспорт кој белграѓани ретко го користат. Заради сето ова, транспортот во Белград, кој првенствено се заснова на друмски сообраќај, доживеа колапс. Не ретки се сликите на метеж на главните сообраќајници и колоните возила по неколку километри. Мостот на Ада претставува најзначаен елемент на внатрешниот магистрален полупрстен (УМП) од проектот за изградба на полукружната градска сообраќајница, која има за цел намалување на сообраќајниот метеж и дислокација на сообраќајот од центарот на градот. Изгледот на мостот е избран на меѓународен конкурс во 2004 година. Во конкуренција од 11 фирми победи идејното решение на словенечката фирма „Понтинг“. Дирекцијата за градежно земјиште и изгрдба на Белград, која е инвеститор на проектот (кофинансиран од град Белград и Европска банка за реконструкција и развој), избра конзорциум од три компании: австриски „Пор“ (Porr), словенечки СЦТ (SCT) и ДСД од Србија. Главното обележје на мостот претставува единствениот пилон со коси кабли висок 200 метри. Во долниот дел на пилонот постои отвор низ кој ќе поминуваат трамваи. Тој ќе биде најголем мост со еден пилон во Европа. Вкупната должина на мостот е приближно еден километар, со два асиметрични распони бидејќи пилонот не се наоѓа на средината од мостот, туку заради конфигурација на теренот е поставен поблиску до десниот брег на Сава.

Page 18: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011318

18

Заради асиметричната позиција на носечкиот пилон, распоните со различна должина се направени на два начина. Пократкиот распон, 200 метри долг сегмент е направен од преднапрегнат армиран бетон , додека подолгиот распон, со должина од 376 метри е челична конструкција. Мостот е проектиран да има шест ленти за друмски сообраќај, два колосека за лесен шински систем, како и две патеки за пешаци и велосипедисти. Резултатот од сето ова е што гредата има ширина од 45 метри, а стандардот за мост со шест ленти е околу 28 метри. Пилонот на мостот е висок 200 метри и е составен од два дела, бетонски до 175 метри и 25 метри метален шилец од не'рѓосувачки челик. Металниот шилец нема конструктивна улога, туку служи како природен завршеток на пилонот со конусна форма. Бетонскиот дел од кулата е направен од 39 сегменти чии обем со висината се намалува, давајќи му притоа на пилонот конусен изглед. Во темелот на долната плоча обемот е 16 метри, додека на врвот од бетонската конструкција, на 175 метри висина, обемот изнесува само 4 метри. Отворот во пилонот, конструиран како две нозе кои од темелот одат во висина и се спојуваат на 98-от метар, служи за поминување на шински возила. После спојувањето на нозете од мостот, од 98-от метар, се косите кабли како потпора на гредата од мостот. За поставување на 80 кабли ќе се потрошат 1.280 тони челик. Посматрајќи ги сличните примери на мостови со коси кабли и само со еднен пилон, мостот на Ада ќе биде најголем асиметричен мост со коси кабли во светот. Мостот на Ада, покрај својата главна функција на најзначајниот дел на УМП - намалување на сообраќајните проблеми во Белград и поврзување на двата брега на Сава на многу битен дел, има и улога во креирањето на нова слика на Белград. Покрај добро познатите примери од минатото, кога градбите стануваат симболи на градовите (на пример, Ајфеловата кула во Париз), некои современи градови ја користат архитектурата со цел промовирање на сликата

градежништво

Page 19: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 19

19

на градот, кое пак може да им донесе повеќекратна корист. Најпознат современ пример е музејот Гугенхајм во Билбао, дело на американско-канадскиот архитект Френк Гери. Музејот, отворен кон крајот на 1997 година, стана светски феномен, што малото и релативно непознато шпанско место Билбао го смести на светската сцена. Билбао за кратко време доживеа прав економски процут, првенствено како резултат на повеќекратниот зголемен број туристи и ноќевања во градот. Тоа беше еден од најбитните фактори за економски развој и на останатите стопански гранки кои не се во директна врска со туризмот. Мостот на Ада претендира да стане еден од симболите и една од новите икони на Белград. Ако се исклучат обновената кула на Авала, Палатата Белграѓанка, Храмот Св.Сава или статуата на белграскиот Победник на Калемегдан, на Белград му недостасува објект кој ќе биде прва асоцијација за градот. Како што Ротердам со мостот Еразмус доби нов симбол, главно обележје на градот, така и Белград има шанса да добие нова икона во вид на мостот на Ада. Мостот што претставува инженерски подвиг, најголем мост со еден пилон во Европа, кој со своите димензии ги надминува сличните мостови и доминира со панорамата на Белград, секако има потенцијал да биде еден нов симбол. Дали наскоро ќе гледаме луѓе кои носат маици со стилизираниот мост на Ада над кој ќе пишува Белград, дали на логоата на идните белградски случувања од меѓународно значење ќе се наоѓа мостот на Ада наместо статуата на Победникот, и дали во туристичките публикации за Белград ќе се најде едно од најзначајните знаменитости, останува да се види во иднина. Кога ќе биде завршен и отворен мостот на Ада, ќе се види дали тој ја исполнил својата основна функција – растоварување на другите белграски мостови и намалување на сообраќајниот хаос, кои во Белград се редовна појава последниве десетина години. Планирано е првите возила да поминат преку мостот на 15 декември оваа година, додека севкупната инфраструктура

во вид на сите пристапни сообраќајници ќе биде готова во текот на 2013 година. Останува да се види дали грандиозниот мост ќе ја оправда својата цена, која според различни процени се движи од 120 милиони евра дури до 500 милиони евра и која веќе подолго време ја подвојува јавноста во Белград и Србија. Според едни, мостот на Ада е прескапа инвестиција која не можат да си ја дозволат и многу побогати земји, додека според други, мостот на Ада е потреба за градот, скапа но рационална и исплатлива инвестиција од која Белград ќе има корист во следните децении. Архитектот Брана Јовин, раководител на проектот „Метро Београд“ (1973-1982), смета дека изградбата на мостот на Ада е голема грешка. Во претходните интервјуа, тој тврдеше дека сообраќајниот колапс нема да се реши со „изградба на баснословно скапи нови градски магистрали за автомобили“ туку со проект за метро и железница. Покрај критиката за функцијата на идниот мост, тој ја критикува и цената на проектот, сметајќи дека требало да се изгради поскромен, а со самото тоа и поевтин мост. Од друга страна, претседателот на Српската академија на наука и уметност, инженер Никола Хајдин смета дека сообраќајот во Белград ќе биде растоварен, дека граѓаните ќе добијат нова алтернатива за преминување преку реката и нов симбол на Белград. Исто така, смета дека цената од 120 милиони евра е примерна затоа што „мостот вреди секој динар колку ќе биде платено за него“. И конечно мостот не може да стои сам, туку се потребни и пристапни сообраќајници кои го сочинуваат значителниот дел од трошоците. Додека едни поминуваат покрај градилиштето на мостот и мислат како Белград конечно добива нов мост, градежно ремек-дело, кое ќе им го намали времето на патување од едниот до другиот дел на градот, а други прашуваат зошто градиме нешто толку скапо, колку генерации ќе го отплатуваат тоа и дали е мостот решение за сообраќајните проблеми во Белград, мостот на Ада добива свој конечен изглед – грандиозен мост, нов симбол на Белград.

градежништво

Page 20: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011320

20

„Јавната презентација и професионална рецензија на планираните активности

и постигања, максимално ќе го доближат нашиот продукт до пошироката јавност, со перманетно претставување и вреднување, во постапка која ќе го има како крајна цел оформувањето на урбани агломерации по мерка на човекот и просторот, со се она што е непишана норма за реализација на архитектонски дела на нивното вистинско место со почитување на законитостите на времето“. Моево кусо навраќање на овој сегмент од сферата на архитектонското творештво, започнато во минатиот број на Порта3, би сакал да го завршам со личен апел до бројните постари и, пред сè, помлади колеги смело и одважно

да влезат во овој сегмент, и преку бројните електронски и печатени медиуми да ја доближат нашава и светската архитектура до стручната и пошироката јавност. Вака затворени во нашите мали „авлии“ стануваме бедна и заостаната енклава, без светла професионална иднина. Еснафот - македонските архитекти во сè ја делат судбината на неразвиен крај, мерено низ сите релеванти показатели.

ИНЖЕНЕРСКИ СТРУКИАрхитектите што професионално дејствувале на просторот на Македонија до 1945 година можеа да се избројат на прстите на двете раце, а Македонци дипломирани архитекти и инженери можеа да се избројат на прстите само на едната рака! Оваа слика драстично

се менува по ослободувањето со присуството на бројни инженери од сите инженерски струки од поразвиените делови на заедничката држава. А по 1950 година почнаа да пристигнуваат дипломирани инженери и архитекти од бројните универзитети ширум СФРЈ, пред сè, од универзитетот во Белград. Нов квалитетен исчекор се направи со отпочнувањето на работа на техничкиот факултет во Скопје во 1949 година - со два отсека, Архитектонски и Градежен. Бројот на дипломирани инженери и архитекти од Архитектонскиот факултет во Скопје ја надминува бројката од над 3.000 дипломирани инженери и архитекти. Со ваквиот број на дипломирани инженери, стануваат реалност и најамбициозните и најтешките

предизвици. Катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, беше де факто прв и прав тест за достигнатиот степен на инженерска оспособеност за дејствување во вонредни услови и реално споредување со бројните специјалисти од СФРЈ и целиот свет, што беа вклучени во обновата и изградбата на разурнатиот град. Станавме свесни дека за нормалното функционирање на техничката интелигенција на сите подрачја за кои има регуларен мандат - диплома на инженер, перманентното образование е најважната алка и без следење на развојот на сите полиња на техниката и технологијата, дипломираниот инженер се доближува до интерпретаторите, мајсторите. Веќе на одбележувањето на 15 години од катастрофалниот

сеќавање СКОПЈЕ-КАТАТРОФА-ОБНОВА-ИСКУСТВО (2)

Архитектура по мерка на чове кот, а не статистички податок

Page 21: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 21

21

земјотрес, на 26 јули 1978 година, во новоотворениот музеј на Град Скопје, во старата железничка станица, беше отворена прекрасна изложба со наслов „Скопје 63-78“, со прикладен каталог. Оваа успешна изложба, тековно дополнета со селектирани , новоизградени објекти во март 1980 година, беше составен дел на Деновите на македонската архитектура што се одржа во Кралството Белгија. На XXX заседание на УНЕСКО, кое се одржа во септември 1981 година во конгресниот центар Сава во Белград,Република Македонија, на 50 паноа со двојазичен каталог, беше ударно претставена со архитекрурата на Скопје по земјотресот.

СОЈУЗ НА АРХИТЕКТИ Ова кусо навраќање за јавната

презентација на најмаркантните објекти, кои се изградени во Скопје по 1963 година, само ја илустрира позицијата на архитектурата и архитектите на Македонија во рамките на државата и финансиската и останатата поддршка што тогашниот Сојуз на архитекти ја имал во рамките на пошироката општествено-политичка зеадница, како единствен и легитимен претставник и амбасадор на македонските архитекти. Како и во државната заедница, моделите на владеење се пресликуваа на сите одделни нивоа. Последен претседател на САМ (сега ААМ) со мандат од три години беше во периодот 1987 - 1980 год. Со директива се имаенуваа претседателства со мандати до 4 - 5 години и ротирачки

претседател со мандат од една година. Во претседателство со мандат од 1980 до 1985 година е одржано првото Биенале на македонската архитектура, камен темелник и меѓник на македонската архитектура. Каруселот-рингишпилот даваше огромни шанси и за „алиби“ на едногодишни претседателствувања. Но што е тука е! Во време на овој експеримент со водењето на САМ и сличните организации, како дел од ССРНМ, за волја на вистината почна да излегува по првпат во неговото постоење списание кое го уредува и печати САМ, списанието „А“. Претседател на издавачкиот совет беше академик Крум Томовски, а главен и одговорен уредник професор Живко Поповски. Веројатно со скромни, но сепак

доволни финансиски средства обезбедени во програмата за функционирање на Републичката заедница за култура. Навидум сè е океј. Имаме списание, кое очекувано периодично ќе се печати, а имаме и Билтен кој има подолг век на живеење во рамките на активностите на САМ, но благо речено имаше статус на посвоено дете. И сега не ми е јасно зошто. Се трудам, во овој мој напис, да презентирам што доведе фелата на архитектите наместо со цртежи и пишани траги да се бори со своето место „под сонце“, со протести и транспаренти. Жално! Понижувачки !? Како се наближуваше разврската во заедничката држава, така и состојбите во САМ се рефлектираа правопропорционално

сеќавање

Архитектура по мерка на чове кот, а не статистички податок

Page 22: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011322

22

сеќавање

во склад со капацитетот на колегите, што на демократски начин беа избрани да го водат Сојузот со мандат во согласност со нормите запишани во статутот на САМ и легислатитвата. Политичкото „невреме“ не ја одбегна ни канцеларијата на САМ заедно со разбиеното раководство. Се правеа напори САМ потполно да не згасне! Вложениот труд резултира со условно речено свикување на редовно, воедно и изборно собрание на САМ кое се одржа на 8 ноември 1990 година, во домот на ИТ. Се беше навидум нормално, до моментот кога

„пучистите“ на повик од професорот Живко Поповски ги отфрлија сите валидни правила и норми кои постоеја во САМ, и формираа преодна „воена влада“ на чело со мадатарот Вангел Божиновски.

СПРОТИСТАВЕНИ СТРАНИИ покрај неколку проблесоци на тогашните раководни гарнитури на САМ, тој близу десетгодишен временски период беше период

на недомаќинско и авторитарно владеење, што сè заедно резултираше со негово лошо позиционирање во изминативе транзициски времиња во кои челните луѓе, (со чесни исклучоци на проф. Т.Стојков, З.Ивановски и Д.Стојановски), раководењето на Сојузот го сфатија (и го злоупотребија) за самопромоција. Така, со колеги кои биле во првите редови на асоцијацијата, во моментов се наоѓаме на спротивните страни на барикадите. Ние, како организиран еснаф, регистриран како правен субјект со мандат да го прави најдоброто

во зададените околности и рамки, од едната страна, и државата од друга, час поскоро мораме да се најдеме од истата страна на фронтот. Историјата нè учи дека предавниците секогаш биле и останале во функција за еднократна употреба. Со оваа лична прошетка сакав да фрлам повеќе светло врз состојбите на архитектурата во Македонија во тие години, и врз оние допирни точки кои имале

и имаат директно влијание за позиционирањето на архитектите, кои се продолжена рака и стручен сервис на сè она што во овој миг, без обиколување на вистината, се дефинира како погребна музика на македонската архитектура, без оглед на индивидуалните блесоци. Современата архитектура на Македонија ја интерпретираме со погледи наназад, со инспирации во стилови кои постоеле пред два, три или повеќе векови, што е своевиден апсурд. Никогаш за делото не било делотворно ако волјата на нарачателот има пресудно влијание во креативниот дел. Од крајниот

исход, како што се движат сега работите во нашиот простор, еден ден сите ќе се срамиме?! Архитекти-креатори по вокација се луѓе со животен оптимизам, и во никој случај не треба да се мират со наметнатите услови и позиција, што резултира со неквалитет, кич и архитектура со дневно-политички и лукративни цели. Мораме да ги изнајдеме излезните патишта во оваа навидум безизлезна состојба за да ја

вратиме веселбата на проектирање и градење на објект по мерка на човекот и во дослух со времето!

АРХИТЕКТОНСКА АКАДЕМИЈАСè што не ги почитува овие основни правила како трајна рамка е фантомска архитектура, без место на живеење?! Но денеска, кога архитектонската асоцијација го препозна својот историски миг, и во својата функционална и формално-правна средина ја оформи Архитектонската академија, прашање е на ден или на созреани услови, кога таа ќе

прерасне во самостоен субјект, што натаму ќе ја збогатува и афирмира архитектонската креација како врвен дострел на секоја творечка активност. Креација потпрена врз посебните особености на секое човеково творештво и сè она што значи културен дострел и миг на секоја цивилизирана средина. Патот што треба да се изоди до овие слободи, хоризонти и видици е послан со сè она

Page 23: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 23

23

сеќавање

што го карактеризира патот на бројните творци и борци за слобода и немирење со шаблони, диктати и ограничувања од сите видови, но поинаков пат до вистинска творечка слобода и радост во творењето не постои. Во согласност со позитивните законски норми се конституира и започна практично да функционира Комората на инженерите и архитектите на Македонија. Сонот стана јаве! Но, на дело се покажа дека бројните години на исчекување на овој настан повторно не затекнаа недоволно подготвени. Законските норми се

наметнати како безалтернативен ултиматум. Овој проект, во интерес на професиите што ја конситуираат Комората и во интерес на дејноста што ја извршуваат, мора да успее и комплетно да профункционира. Детските болести мора да се прележат што побрзо и без трајни последици. Мора да се избегне стапицата, телата и органите на Комората, да се претворат во продолжена

рака на државата. Комората мора идеално да профункционира како компетентен субјект помеѓу професионалците и инвеститорите од една страна и државната управа и локалната власт од друга страна, во услови на почитување на високи професионални стандарди, пазарни цени и правила. Дампингот, ниската продуктивност и стандард, мораат да исчезнат од нашиот простор. ААМ мора да изнајде доволно допирни точки во функционирањето на Комората и низ протоколи, правилници и програми да ја збогати меѓусебната соработка , која во моментов е во некое недефинирано

исчекување, без конкретни понуди од двете страни. Периодот на неизвесност не смее предолго да трае. Безвоздушниот простор по дефиниција е мртов простор! Новите раководни гарнитури на ААМ избрани оваа пролет, и на Комората во исчекување да биде именувана до крајот на оваа година, мора да седнат на заедничка маса и да направат програма за ускладено дејствување

во согласност со мандатите, долгорочните и краткорочните програми, за нивното самостојно дејствување и функционирање. Ваквата усогласена и договорена соработка мора да вроди со краен максимален ефект и тоа, пред сè, во неколку најневралгични простори:

- масовен „помор“ на сè што не почитува норми, стандарди и правила на играта во која учествуваат субјект овластен со закон и легитимен претставник на професијата. Милениците или поточно кажано „дивите“ ќе бидат прикладни за лична употреба,

или како украсни рибички кои ќе вегетираат во аквариумите;- архитектонските конкурси во кои се слават вистинските победници мора да станат редовна појава, потполно во согласност со правилниците за оваа сфера;- архитектонските реализации да се одликуваат со висок естетски и архитектонски достоинства на радост на творците, реализаторите и пошироката општествена јавност;

- програмите на високообразовните институции, кои продуцираат оформени инженерски кадри да ги следат реалните потреби на пазарот, а не да бидат обичен статистички податок; - со добро осмислени акции техничката интелигенција на Македонија да биде максимално вклучена во размената на трудот во подалечното и поблиското опкружување, а најкусиот можен рок да биде сместен во минатото и историјата, времето кога за инженерите на Македонија, Република Македонија не беше пристојно место за живеење.

За овој сегмент од функционирањето на поорганизираните облици на асоцирање на поголемиот дел од архитектите во Македонија, мислам дека се посочени дел од главните пунктови, на кои ќе треба да им се пријде на поинаков начин, ако сакаме да нè огрее посилно сонце и да доживееме побогато утре.

архитект Трајко ДиМиТРОВ

Page 24: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011324

рубрика

24

Page 25: PORTA3 164

рубрика

`

Page 26: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011326

26

архитектура

Горниот град - Кале отсекогаш претставувал основен мотив за препознавањето

на Скопје - главниот град на Македонија, па затоа тој заслужил да биде составен дел на неговиот официјален грб. Меѓутоа, покрај обликовно-идентификациски карактеристики, овој локалитет содржи уште позначајни културно-историски вредности како во вид на надземни архитектонски структури така и во вид на археолошки остатоци под нивото на теренот. Ценејќи го тоа, Министерството за култура, преку Управата за заштита на културното наследство, во последните неколку години презеде три широки паралелни акции: обновување на одбрамбените ѕидови, систематски

археолошки истражувања и ревитализација на локалитетот. При обновата на одбрамбените ѕидови беа применети основните методи на конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата, при што реконструкцијата доби пренагласен обем. За оправданоста на таквиот методолошки пристап, кој беше применет и при обновата на Самоиловата тврдина во Охрид, дефинитивен став треба да заземе домашната, па и меѓународната стручно-научна јавност. (Сл.1) Многу поголемо домашно и меѓународно внимание привлекоа археолошките ископувања и истражувања во рамките на Калето. Како резултат на актуелните општествено-политички состојби

во Р. Македонија и во нејзиното соседство, различните етникуми покажаа посебно интересирање за тоа како ќе се истражува, што ќе се пронајде, како и каде ќе бидат презентирани пронајдените артефакти. Се чинеше дека секој етникум е длабоко заинтересиран да докаже дека еден важен дел од неговите корени се наоѓаат токму во почвата на Скопското кале. Таквата сепарирана заинтересираност постепено прерасна во недоверба, така што одделни етникуми побараа археолошките ископувања да се вршат во „присуство на нивни“ археолози. Како што покажаа идните настани, недовербата ги зголеми сомневањата што прераснаа во недоразибрање, а патот од

недоразбирањето до конфликтот е многу краток. (Сл.2)

КАЛЕТО - СИМБОЛ НА ИНТЕГРАЦИЈА ИЛИ СЕПАРАЦИЈАУште првата сесија на археолошките ископувања (до 2008) покажа дека почвата на Калето изобилува со артефакти од праисторијата, па сè до почетокот на XX век. Поголемиот, и тоа најзначајниот дел од нив беше и сè уште е изложен во Музејот на град Скопје. Ископувањата продолжија и понатаму, при што се дојде и до темелните структури од најстариот праисториски период. Датирањата, а особено именувањето на одделните културно-историски слоеви (периоди), непотребно

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во пролетта 2008 година одлучи да реализира продлабочена настава од областа на градителското наследство на тема „Археолошки музеј Горен град - Кале, Скопје“. Во текот на два семестри, во овој проект зедоа учество четири професори, два асистенти и други соработници. Тие работеа со 24 студенти, и изработија студија за значењето и вредностите на Калето од различни аспекти, и предложија нови соодветни локации за подигање на тематски археолошки музеј.

ИНТЕГРАЦИЈА ИЛИ СЕПАРАЦИЈА НА КУЛТУРНАТА РИЗНИЦА

ЕДЕН ИЛИ ТРИ МУЗЕИ НА СКОПСКОТО КАЛЕ?Сл.1. Поглед кон Калето во тек на обновата на западниот ѕид, 2008

Page 27: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 27

27

архитектура

почна постепено да поминува од стручно-науен во општествено-политички домен. Меѓутоа, минатото покажува, што и во овој случај се потврди, дека мешањето на политиката во струката и науката може да предизвика далекусежни негативни последици. Еден од основните принципи при археолошките истражувања во цел свет гласи: Не ископувај ако не си подготвен да го заштитиш и конзервираш она што ќе го откриеш. Меѓутоа, сведоци сме дека добар дел од архитектонските структури откриени за време на првата сесија, извесен период беа (се) изложени на временски непогоди. Сепак надлежните органи почнаа да обезбедуваат средства и за таа намена, но прашање е дали беа поставени јасни приоритети, зависно од загрозеноста и значењето на откриените одделни структури. (Сл.3)

ЕДЕН ИЛИ ТРИ МУЗЕИ НА СКОПСКОТО КАЛЕ?

Сл.2. Ситуација на Калето со приказ на бедемите и ареолошките пунктови, 2008

Page 28: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011328

28

Секако дека еден од приоритетите претставува сместувањето и презентацијата на движните артефакти откриени при ископувањата на Калето. Познато е дека за таа цел претходно треба да се направат продлабочени истражувања, за тоа што ќе се презентира, кога, каде и на каков начин. Секоја избрзана, а особено недоволна транспаретна одлука може да биде само контрапродуктивна, што се покажа и во конкретниов случај. Одлуката на Управата за подигање на црква-музеј врз темелите на стара црква од XII век (обновувана во XIII и XIV век) ја разбранува јавноста во Р. Македонија и предизвика такви меѓуетнички недоразбирања, кои набргу резултираа со крвава тепачка. Како резултат на тоа, од февруари 2011 година сите активности на Калето се стопирани. Меѓутоа, одеднаш на 15 јули годинава директорот на Управата, археологот Паско Кузман во интервју за дневниот весник „Вест“ обелоденува дека во подготовка се планови за нови значајни активности. Во написот „Место црква три музеи на Скопското кале“, Кузман изјавува: „Во музејските објекти ќе бидат презентирани движните предмети откриени на Тврдината. Едниот објект е посветен на праисторискиот период, што Албанците си го нарекуваат дека е период од Дарданците. Вториот ќе биде посветен на средновековниот период - византискиот или, како што си го викаат Македонците, период на христијанството, и третиот објект ќе биде за наоди од отоманскиот период, како што тие векови ги нарекуваат Албанците и Турците. Во него ќе има и реконстуриран отомански објект“. Сакајќи да се уверам дека наводите во написот се без т.н. слободна новинарска интерпретација, неколку дена потоа бев љубезно примен од директорот Кузман на стручно-научен разговор во неговиот кабинет. Од разговорот произлезе дека наводите во написот се веродостојни и дека со реализацијата на изнесените идеи би можело да бидат задоволени различните интереси, така што ревитализацијата на Калето би можела да се одвива непречено. (Сл.4)

Средбата со искусниот археолог ја искористив да укажам на други можни солуции и да покажам варијанти за нивно решавање, што предизвика особен интерес кај него, за што посебно му благодарам. Убеден сум дека понудените солуции ќе поттикнат размислувања и превреднувања на идејата дали да се градат три „сепаратни“ или пак еден „интегративен“ музеј, односно дали да се примени исклучувачки или вклучувачки приод. Подолу изнесените ставови и предлози се базираат на моите долгогодишни сознанија како професор и проектант во областа на заштитата, реставрацијата

и ревитализацијата на градителското наследство.

НАУКАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО ВО СЛУЖБА НА ОПШТЕСТВОТОАрхитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, следејќи ги актуелните настани и движења поврзани со неговата дејност, во пролетта 2008 година одлучи да реализира продлабочена настава од областа на градителското наследство на тема „Археолошки музеј Горен град - Кале, Скопје“. Во текот на два семестри, во наставно-образовниот процес зедоа учество четири

професори (М. Токарев, како раководител, М. Гулески, Т. Стојков и А. Христова-Поповска), два асистенти (А. Ивановска и М. Зиноски) и соработникот Е. Апостолова. Тие работеа со 24 студенти, кои во VIII семестар поделени на шест групи, изработија студија за значењето и вредностите на Калето од различни аспекти, и врз основа на стручно-научни параметри предложија нови соодветни локации за подигање на тематски археолошки музеј. Во текот на IX семестар, студентите групирани по двајца, подпомогнати од наставниците и асистентите, имаа задача да изработат идеен со елементи на главен проект за Археолошки музеј на конкретна локација. На таков начин, за три различни локации се добија по четири проекти, кои студентите успешно ги одбранија пред Комисијата и се стекнаа со статус на апсолвент. Во рамките на Студијата на

постојната состојба беа направени главно четири групи анализи и тоа:

- Анализа на пошироката околина, од местоположбата на Калето, преку класификација на објектите во околината, па сè до карактеристиките на културолошката патека; (Сл.5)- Анализа на потесната околина, од намена на објектите, пристапи и движења, па сè до анализа на моторниот и пешачкиот пристап;- Анализа на локалитетот, од неговиот историско-хронолошки развој, преку културно-естетските анализи, сè до попис (преглед) на пронајдените артефакти (Сл.6);

архитектура Сл.3. Ситуација и изгледи на археолошкиот сектор 3 со темели на средновековна црква и гробни места околу неа, 2008

Сл.4. Изглед на конструкцијата за црква-музеј (сектор 3), чија изградба од февруари 2011 година е запрена

Page 29: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 29

29

- избор и анализа на конкретната локација од различни аспекти, па сè до програмската разработка на локацијата и на идниот археолошки музеј.

Треба да се нагласи дека од истражувањата направени во рамките на сите шест Студии не

произлезе ниту еден предлог (избор на локација) за подигање на археолошки музеј врз некоја од пронајдените подземни (темелни) архитектонски структури. Одлуката се заснова на два основни принципи, и тоа:

- Ниту една од пронајдените подземни структури не би

можела просторно и програмски да ги задоволи потребите на еден современ археолошки музеј, без да биде деградирана самата структура; - За каква било обнова (целосна реставрација или реконструкција) врз некоја „соодветна“ темелна структура не може да стане збор, бидејќи нема ниту директни материјални докази, ниту пак индиректни нематеријални показатели за тоа како би можела да изгледа надземната структура над конкретните стари темели (ѕидови).

При отсуство на неопходни докази или показатели, би можело да се пристапи само кон т.н. типолошка обнова по пат на аналогија, што како постапка е силнокритикувана од соодветните меѓународни стручно-научни кругови, бидејќи таа се граничи со фалсификат. Таква постапка е дозволена само во исклучително ретки случаи, кога

со лесна транспарентна надземна структура треба да се заштитат „ин ситу“ археолошки артефакти со многу големо значење. Евиденто е дека таков случај на Калето нема, така што какви било предлози за типолошка обнова врз три различни подземни структури (од праисторискиот, средновековниот и т.н. отомански период) нема стрчно-научно оправдување. Од друга страна, сместувањето на пронајдените артефакти во три одделни павилјони поврзани со чувствата и желбите на одделни етникуми или верски заедници имплицитно води кон културна, па и општествена дезинтеграција.

НАОДИТЕ ОД СИТЕ ПЕРИОДИ ВО ЕДЕН МУЗЕЈБазирајќи се на направените шест Студии на постојната состојба, студиската група (студенти и наставници) направи темелни анализи за избор на најпогодна локација каде би можело да се подигне археолошки музеј.

архитектура

Сл.5. Поглед на Калето меѓу двете светски војни со Стариот театар во преден план

Сл.7. Избор (предлог) на 5 можни локации за подигање на музеј

Сл.6. Изложување на пронајдоците (2009)

според 6 основни периоди. Експонати од праисторија 20%,

антика 5% и т.н.

Page 30: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011330

30

архитектура

Притоа се земени предвид сите фактори кои треба да пружат најповолни услови за негово функционирање, при што треба да се истакне неговото архитектонско-уметничко достоинство, но без да се наметне врз непосредната околина со нагласено историско-уметничко значење. Од анализите произлезе дека за подигање на музејот би можеле да се земат предвид пет можни локации, и тоа една во рамките на Тврдината и четири во допирните појаси со неа. Од понатамошната валоризација се заклучи дека најголеми предности имаат следните три локации:

1. Местото на некогашната касарна (подоцна музеј), што се наоѓа покрај западниот бедем, внатре во Тврдината.2. Местото јужно од Музејот на современата уметност со наклон на теренот кон Калето. 3. Местото под западниот бедем на рамниот терен покрај брегот на р. Вардар. (Сл.7)

Во продолжение, зависно од расположивиот простор, за секоја локација од можните четири ќе биде претставен само по еден од најуспешните проекти, и тоа во многу скратена верзија. Заедничко за сите проекти е тоа што во еден објект е предвидено да се сместат сите вредни артефакти од археолошките наоди на Калето, распоредени по оддели според хронолошки ред. Притоа се земени предвид актуелните светски тенденции дека новите музеи, меѓу останатото треба да бидат места за средби и атракции, со цел културното наследство да се приближи до што поголем број граѓани. Во процесот на проектирањето е искористено значајното искуство на познати музеолози, како на пример италијанскиот експерт Фабрицио Аго, кој одржа пригодно предавање на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Сл.8. Ситуација со пешачката

платформа врз музејот (локација 1)

Сл.9. Основа на музејот со приказ на сите негови содржини

Page 31: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 31

31

архитектураЛОКАЦИЈА 1: МУЗЕЈ ВО РАМКИТЕ НА ТВРДИНАТА(МИЛАНОВСКА ДЕСПИНА и СТОЈАНОВСКА ДРАГИЦА)Локацијата се наоѓа непосредно покрај западниот бедем кај кулите 14 и 15, на местото на некогашната касарна, чии урнатини се отстранети

по земјотресот од 1963 година. На таков начин во теренот е создадена една поширока вдлабнатина, за чие подземје е утврдено дека претставува карпеста структура без археолошки остатоци. Со пополнувањето на таа вдлабнатина со нов музејски објект во вид на едноставна хоризонтална призма, врз нејзиниот рамен кров се создава пешачка платформа од каде се пружаат атрактивни визури во круг од 360°. Платформата се наоѓа истовремено на ниво на пристапната патека и на ниво на градобраните од одбрамбениот ѕид. Со проектот е предвидена само делумна реконструкција на бедемот меѓу кулите 14 и 15, така што објектот во добар дел би бил видлив од брегот на реката Вардар. За набљудување на пошироката околина, посетителите би можеле да се искачат и на кулите. (Сл.8) Објектот е предвиден да биде само приземје, и тоа со димензии 30,30 m х 67,50 m, при што поголемиот изложбен дел би бил висок 4,70 m, а помалиот административно-технички 3,00 m. Режимски пристап за моторно возило е овозможен од техничкиот влез на северната страна, додека пешачкиот пристап е овозможен преку скали и рампа од источната страна на објектот. На почетокот од симнувањето

по скалите или рампата веднаш се отвора атрактивна визура кон центарот на Скопје и пошироко. Со понатамошна разработка на проектот може да се добие уште еден функционален и атрактивен пристап. Имено, од шеталиштето покрај брегот на реката Вардар би можело да се издвои наменска патека, која би влегла во едно од старите засолништа под Калето, од каде контролирано со лифт посетителите би можеле да пристигнат во влезниот хол

на музејот, за да ја разгледаат поставката или едноставно да прошетаат по Калето и околината. Во основата на објектот, најголема површина зазема изложбениот дел, а потоа следува влезната партија (хол, привремена изложба, предавална, бифе и сл.), како и административно-техничкиот дел

со сите потребни содржини. (Сл.9) Армирано-бетонската конструкција на објектот е предвидена да го прифати товарот врз неа од масовната посета, како и од евентуалните сеизмички потреси. Со нејзина помош е обликувана едноставна скалеста призма, чиј понизок дел е ориентиран кон бедемот. Преку понискиот дел и преку делумно реставрираниот западен бедем, од кровната пешачка платформа на сите страни се шират непречени визури. Со веќе направената целосна

реконструкција на западниот бедем, визурите од објектот кон запад се делумно ограничени, додека кон него речиси сосема се попречени. Тоа пак, од своја страна може да придонесе за визуелно доживување на т.н. целосна историска компактност на Тврдината, без видливи модерни

интервенции. Фасадната обвивка на предвидениот музеј со сивите полни површини се надоврзува на колоритот на бедемот, додека со доминантната застакленост јасно се издвојува од него. (Сл.10 и сл.11). Во рамките на проектот се дадени голем број прилози со детали и изгледи на внатрешното уредување и обликување, како и

позначајни конструктивни детали, кои поради ограничениот простор овде не се презентирани.

проф.д-р Михаил ТОКАРеВ

(текстот продолжува во следниот број)

Сл.11. Поглед врз музејот од југоисток, со влезната партија

Сл.10. Изглед на музејот со кулите 14 и 15 и делумно реставрираниот западен бедем

Page 32: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011332

32

архитектура

Познато е дека архитектурата на куќите во штипско Ново Село е во духот на балканската

градска архитектура од времето на XVIII и почетокот на XIX век. Поинаку кажано, станува збор за автентична македонска архитектура. Ја има во Охрид, најкарактеристична преку куќата на Робевци, која претставува туристичко и историско богатство, но ја има и во Ново Село - Штип. Разликата е што голем број од куќите во Ново Село се пред распаѓање. Општината и Заводот Музеј со години се обидуваат да направат проекти или да најдат начин како да дојдат до пари со кои ќе се зачува овој автентичен македонски градежен дух, имајќи предвид дека Ново Село во Штип само по себе претставува историска ризница и важен поим.

КАМЕН, ДРВО И ВАРНема многу голема филозофија

во куќите од Ново Село. Она што времето и можностите го дозволувале е преточено во изградбата на куќите. Еркерите, стреите, покривот од турска ќерамида, вертикалните двокрилни прозорци и дрвените опшивки се архитектонски елементи кои преовладуваат. Градежниот материјал од кој се правени куќите во Ново Село има наполно локален карактер и се состои од камен, дрво и вар или земја, а покривот е направен секогаш со стара ќерамида поставена на дрвена конструкција со мал наклон.Ѕидовите на подрумите и приземјето се од масивен кршен камен, а нивната дебелина се движи помеѓу 50 и 70 сантиметри, но не се ретки и отстапувањата и до 90 сантиметри, особено во подрумскиот дел. Со цел да бидат рамни – нивелирани во камените ѕидови на различни растојанија (од 70 до 120

сантиметри) се ставани дрвени серклажи. Постојат и поретки случаи кога камениот ѕид од некои страни на куќата не оди само до приземјето, туку продолжува и во катот.Деловите над приземјето, т.е. катовите и меѓукатовите се градени од дрвен скелет – бондрук. Најчесто тој е искован со даскички од надворешната и внатрешната страна и преку нив е премачкан малтер или кал измешана со ситна плева. Кај некои од дотераните ѕидови, меѓу бондрукот се забележува и плетер или ќерпич, кој е ѕидан хоризонтално, косо, па дури и вертикално во зависност од формата на површината меѓу конструкцијата. Најмногу преовладуваат триаголните и правоаголните форми. Најчести се куќите со приземје и кат, но има куќи и со по два ката. Со цел да се прошират катовите, а честопати и да добијат правилна

форма, во нив се среќаваат еркерни наддавања од една или две страни (ако таа куќа е на агол). Некои од еркерите достигнуваат и до еден метар. Едни од нив се отворени, други опковани само со штици, а има и такви кои преку штиците се малтерисани.Последниот елемент – професијата, особено влијаела во распоредот на приземјето, во кое постоеле дуќани (алваџии, кафеџии, мешовити дуќанчиња, бербери, ковачи, налбати, самарџии и други), додека пак некои приземја биле наменети за анови, шарлаганџилници и „керани“ за предење и сукање на јажиња. На катовите се просториите за живеење и гостинските соби, како и отворени или застаклени чардаци, свртени кон улицата.Во кујните, собите за спиење и во гостинските соби е честа појавата на долапи чии надворешни површини повеќе или помалку секогаш се

АВТЕНТИЧНА МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА

Oбнова на дел од куќите во штипско Ново Село

Во штипско Ново Село во тек се активности за обнова на некои приватни куќи. Таков е

примерот со куќата на Мијалкови, која се смета за автентично македoнско градежно

ремек-дело, но со децении беше запуштено. Шанси се бараат и во европски проекти со

посредништво на француски експерти.

Куќата на Мијалкови

Page 33: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 33

33

архитектура

украсени. Овие долапи имаат функција на плакари во кои се оставаат разни работи (прибор за јадење и чистење, постелина, гардероба и др.). И таваните во собите се од штици, од кои едни се рамни, а други обработени. Во средината на некои тавани, во почорбаџиските куќи, се сретнуваат и розети во дрворез. Скалите што водат од приземјето за катовите се изведени внатрешно. Изработени се од дрво и многу се едноставни. Обично се двокраки со прав агол меѓу нив и со поголем подест. Фасадите на поголем број до денес сочуваните куќи прво се мачкани со кал измешана со плева, а потоа варосувани. Од повеќето слоеви вар може да се заклучи дека до денес некои фасади претрпеле поголем број такви варосувања. Варосувањето се правело врз целата фасада – од темелот до стреата, што значи и каменот во

приземјето. Меѓутоа, има и фасади чии камени ѕидови се фугирани, а ѕидовите на катовите измачкани со дебел малтер. Ваквата обработка има подобар визуелен ефект во комбинација со варосаните ѕидови и со темните дрвени рамови на вратите и прозорците. Не се варосани ниту малтерисани само дрвените опшивки на хоризонталните линии на меѓукатните конструкции, рамките околу прозорските отвори и агловите вертикални греди од бондрукот на конструкцијата. Овие елементи оставени во својата чистота уште повеќе ја зголемуваат убавината на фасадата.

НЕ Е СЀ ВО ГОЛЕМИНАТАГолемината на прозорците кај куќите во Ново Село е различна и зависи од тоа кои простории тие ги осветлуваат. На пример, во приземјата прозорците се обично

мали, а честопати обезбедени и со железни вертикално поставени шипки. Исклучок од тоа прават куќите во чии приземја имало дуќани. Катовите имаат поголеми и помногубројни прозорци кои зафаќаат голем дел од челната фасада. Отворањето на прозорците е решено на тој начин што долното крило вертикално се подига нагоре во истата прозорска рамка и се поклопува со горното неподвижно крило. Движењето на долното крило е регулирано по канали од тенки летви заковани на касата од прозорецот. На некои куќи сè уште се забележливи капаци од даски на надворешната старна на прозорците. Овие капаци имале намена да ги штитат просториите од силните ветрови преку зимата и од сонце во изразито топлите штипски лета. И стреата на куќите има различно решение. Кај едни таа е сосема

отворена и на неа се видливи гредите од конструкцијата на покривот, а кај други гредите се опковани со штици. Оџаците, кои постојат само во просторијата за готвење „мутвакот“ се изведувани повеќе внатрешно, а поретки се појавите на надворешно изведени оџаци. Останатите простории немаат оџаци, бидејќи во времето на градењето на куќите за загревање се користел мангалот. Меѓутоа, денес кога „буриите“ на печките стануваат систем на греење, се вадат или преку прозорците, или пак се пробиваат низ ѕидовите. Во 1912 година штипско Ново Село имало околу 700 куќи, а денес нивниот број е намален и изнесува околу 450. Меѓутоа, градежната состојба е многу лоша и се потребни големи средства и силни напори околу адаптацијата и конзервацијата на одделни архитектонски вредни објекти.

Обновена фасада Ново Село некогаш и сега

Page 34: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011334

34

архитектура

ПРИВАТНИЦИ ОСОВРЕМЕНУВААТ, НО И ЈА УНИШТУВААТ АВТЕНТИЧНОСТАИзминатиот период, за зачувување на куќите не е направена некаква поголема и значајна интервенција од која било заинтересирана и компетентна институција. Денес, меѓу обновените куќи се споменува онаа на семејството Станчеви, која за штипски услови ја има статусот на куѓата на Робевци од Охрид. Таа е можеби најфотографираната куќа, бидејќи не само што е пример за автентична новоселска (македонска) архитектура, туку и начин да се покаже во каква убавица може да се претвори Ново Село, ако поголемиот дел од куќите се обнови. Практично, додека некои градат етно-село сакајќи

да доловат дел од тој автентичен македонски архитектонски дух, Штип го има славното Ново Село во кое секоја куќа има своја приказна. Не треба да се заборави и дека постои потреба за контрола на реконструкцијата на одделни куќи во штипско Ново Село, бидејќи се покажа дека некои интервенции што се прават од сопствениците на куќите одат кон нарушување на нивната убавина и уништување на нивниот првобитен изглед. Овие интервенции се прават најмногу на катовите, користејќи ги зачуваните камени ѕидови од приземјето. Фасадата безмилосно и неодговорно се уништува. Ги снемува еркерите, на местото од старите прозорци се отвораат големи современи прозорци, чардаците се заѕидуваат со цел да

се добие простор повеќе и слично. Во 1961 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата беа фиксирани и ставени под заштита околу десетина куќи. Во една од нив, од страна на Музејот во Штип, во 1960 година е извршена конзервација на таваницата и долапите во една соба. Меѓутоа, во споменатата година една комисија на истиот завод констатира дека за одржувањето и конзервацијата на тие објекти се потребни големи средства, што ги надминуваат финансиските можности, заради што е донесено решение заштитата на овие куќи да се прекине.

МОЖНОСТ ЗА ОБНОВА НА ШЕСТ КУЌИДали има потреба да се оценува

вредноста на новоселската куќа во Штип? Одговорот не само што е очигледен, туку напротив, со секој странец кој во изминатите 20 години стапнал во Ново Село се потврдува желбата и потребата од обнова, реставрација и конзервација на новоселските куќи. Имајќи го предвид значењето и улогата на објектите од градската архитектура, одредени институции, пред сè Заводот Музеј и општина Штип, прават сериозни напори за сочувување на одреден број куќи и одделни ансамбли во штипско Ново Село. За одредени приватни инвеститори, кои изготвија и основни планови за реконструкција, Заводот Музеј активно е вклучен со цел зачувување на автентичноста на архитектурата.

Куќата на Андовци Обновена фасада

Куќата на Станчеви

Page 35: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 35

35

архитектура

Таков е примерот со куќата на Мијалкови, една од неколкуте која е пред реконструкција.Можноста за обнова на дел од Ново Село се гледа и во неодамнешната посета на француска делегација од регионот Долна Нормандија - од областа на заштитата на архитектонското наследство. Петчлената делегација два дена престојуваше во Штип, при што изврши комплетно снимање на состојбата со куќите во Ново Село.Носител на активностите од страна на Република Франција е Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори, а на чело на тимот беше Антоан Бругерол, експерт за архитектонско наследство.„Целта на средбата беше да се

види состојбата со архитектонското наследство на Штип, пред сè во Ново Село, локацијата на Исарот и бањата Кежовица. Тие се тука да дадат насоки, како понатаму да направиме успешни проекти со кои ќе дојдеме до европски пари за обнова на овие автентични локации“, изјави градоначалникот на Штип Зоран Алексов.Француската делегација во придружба на претставници од урбанизмот во локалната самоуправа потоа ги посетија овие три локации, со посебен осврт на Ново Село, со цел детален увид на состојбата во која се наоѓаат куќите што се сметаат за своевидно архитектонско богатство на Штип. „Мислам дека по обиколката имаме појасна претстава за Ново Село и Исарот. Има куќи кои се

многу долго овде и тие се важни за вашиот град. Јас се надевам дека Штип ќе влезе во потесниот круг со што ќе имаме можност за соработка на конкретни проекти со кои ќе ги зачуваме овие непроценливи вредности“, изјави Мирел Перан, претставник на националната асоцијација за заштита на културни зони на Долна Нормандија.Елена Арсова, раководител на одделението за урбанизам при општината, вели дека делегацијата се интересирала за сите аспекти околу сопственоста на куќите со цел да се согледаат можностите за користење на средства за нивна обнова, но и многу други аспекти. „Со оглед на тоа што наша грижа е заштитата на спомениците, ние ги слушнавме сите нивни потреби со цел подобро да одговориме

на барањата на француските претставници во подготвките на проекти од оваа област. Ново Село е наше богатсво, заслужува внимание, но нашите можности се ограничени заради што финансиски шансите се само во европските фондови“, изјави Зоран Читкушев, директор на Заводот и Музеј во Штип. Како што стојат состојбите, во овој момент постои документација за обнова на три куќи, а такво нешто може да се случи со уште три. На некој начин, ако се успее да се реконструираат седум куќи, тоа ќе им даде дополнителен импулс на останатите сопственици да преземат слични зафати. Освен тоа, со обновени десетина куќи во центарот на Ново Село, се ќе има поинакво значење...

Драган РиСТОВ

Западна фасада пример

Куќата на Мијалкови, фасада исток, актуелна состојба

Page 36: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011336

36

архитектура инфо

САД

Стар темел - нов домBrooks + Scarpa Architects одново го дизајнираа сопствениот проект, чија изведба била прекината пред повеќе од 15 години од страна на нарачателот. Станува збор за куќа во Калифорнија, во стил на ранч од седумдесеттите години на минатиот век. Благодарение на некои измени во условите за градба, потребно било одново да се конципира самиот проект, но на барање на нарачателот, истиот да се изведе на одамна поставените темели. Резултатот е структура налик на воздушест павилјон.

ШПАНИЈА

Јапонско чили-пиперче за туристиНеобичен хотел го надополнува живописот на и онака специфичната панорама на Барселона. Јапонскиот архитект Тојо Ито е творецот на впечатливото црвено здание со форма на „разигран“ цилиндар, кој како да изникнува од земја. Секоја од собите има одличен поглед на препознатливите делови на градот, а на самиот врв е сместен ресторан од каде гостите можат да се восхитуваат на импресивниот панорамски поглед.

САУДИСКА АРАБИЈА

Нова највисока кула на светотЕкспертите за супервисоки згради, Адријан Смит и Гордон Гил, го привршуваат дизајнот на уште едно архитектонско ремек-дело. Кулата ќе надминува висина од 1000 метри, со што ќе ја надмине моментално највисоката градба во светот за најмалку 170 метри. Според официјалните податоци на инвеститорите, овој луксузен објект чини над 20 милијарди долари, со што е најскапиот елемент на урбанистичкиот план на Џедах, Саудиска Арабија.

Page 37: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 37

37

архитектура инфо

ТУРЦИЈА

Сенки од винова лоза за шопингНовиот шопинг центар во Измир, најголемиот град на турското крајбрежје, претставува вистинско архитектонско освежување. Рефлектирајќи го животниот стил на луѓе кои, и покрај екстремните температури во летниот период, сакаат да поминуваат поголем дел од времето во природа, овој објект е полуотворен, а просторот меѓу комерцијалните единици е осмислен како место за дружење и одмор. Највпечатливи се „стреите“ од перфорирани профили, кои симболизираат плетки од винова лоза.

подготви: Леонида ПеНКА БАША

АВСТРАЛИЈА

Музеј на златниот змејМузејот на златниот змеј е лоциран во градот Викторија во Австралија, и е посветен на кинеската традиција и културно наследство. Се работи за објект посветен на луѓето доселени од Кина уште од далечната 1851 година, кога започнува „златна треска“ во овој регион на Австралија. Овој меморијален објект е исклучителен архитектонски обид за толкување на една стара „приказна“ преку современи материјали и дизајн.

НОВ ЗЕЛАНД

Картонски храмСакралното „оригами“ ја заменува градската катедрала на Крајстчрч, град кој на почетокот на оваа година беше погоден од катастрофален земјотрес. Се работи за дело на архитектот Шигеру Бан, кој се прослави со инспиративните привремени решенија за места погодени од катастрофи ширум светот. Објектот има капацитет од 700 лица и чини 4 милиони долари. Ќе биде отворен во февруари 2012 година, по повод годишнина од земјотресот, а по изградбата на траен објект, се очекува да биде дислоциран и употребуван како простор за јавни настани.

Page 38: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011338

рубрика

38

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

Page 39: PORTA3 164

39

Во подготовка е најновото пречистено џебно издание на Законот за градење!Закупете рекламен простор на ударни позиции по промотивни цени:

- Внатрешна корица- Задна корица- Внатрешна страница- Лого на насловна корицаЗаконот за градење ќе биде доставен како додаток со Порта3, дистрибуиран до сите градежни фирми, проектантски бироа, јавни претпријатија, општини, како и во продажба за време на саемите - Технома и Саемот за градежништво 2012.Тел. за информации: 02/3243 790 и 02/3243 797

Page 40: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011340

40

репортажа

Почнаа летните горештини. Градот се вжештува уште повеќе од урбаната бучава

и од силното брзање на луѓето. Каде ли само брзаат по овие горештини? По Вардар пловат неколку пластични шишиња и една штица откината од некаде! На автобуската станица, некој некому мавта за збогум, време е да се замине некаде на одмор. Помислувам на море. Кога ќе си спомнам за море, првата помисла ми оди кон Солун, Беаз куле, Виа Игнација и неизбежните кафулиња покрај морето. Многупати сум бил таму, но пак сакам да одам. Ме привлекува градот и морето. Заради убавината на градот, многубројните споменици на културата, но и извонредниот ноќен живот, Солун отсекогаш бил привлечен за многумина од нашата земја. Денот во Солун наликува на деновите во сите поголеми пристанишни градови. Џагор од луѓе и автомобили по улиците,

мирис на риба од таверните и на колачи од убавите слаткарници. Оддалеку се слушаат сирените на бродовите што пловат кон отвореното море, и одат понатаму на поблиски и подалечни патувања. Криците на галебите се мешаат со миризбата на морето и грчката музика, која се слуша од секаде. Морето и небото како да ги измешале боите меѓусебе! Покрај морето, во сенките на крошните од дрвјата, седат постарите и гледаат како поминува младоста. И тие си имаат свои желби, како и сите ние, но нивните желби се, чинам, повеќе спомени.Дрвена порта на една од куќите со патина на децениите, тесни улички и широки плоштади, многу народ наоколу, а јас осамен со моите мисли, барам слики за мојот фото апарат. Шетам, потполно сам, се загледувам во лицата на непознатите, разгледувам што нудат излозите на продавниците. Гледам угоре низ фасадите на зградите, и

куќите се таму до небото. Понекогаш ја сакам осаменоста во друг град, затоа што тука не очекувам некој да ме препознае или да ме пронајде!

ИСТОРИЈАСекој град си има свои знаменитости, кои задолжително треба да се посетат. Во Солун, на плоштадот Наварин се наоѓа Палатата на Галерије, изградена во 300 година од нашата ера. Тука е и Белата кула од 15 век, која била дел од одбрамбениот бедем на градот, а подоцна во турско време служела како затвор, во кој многу македонци нашле смрт. Денес, тука се наоѓа Музејот на византиска култура. Има многу римски споменици, театри, купатила и други градби. Стариот град е на ридот над Солун, и во него има многу примери на стара македонска архитектура. Има многубројни стари цркви, кои би требало да се видат - ротондата на Свети Ѓорѓија, црквата на Свети Димитрија Солунски, црквата

на Света Софија, црквата на Свети Никола Орфанос, црквата Панагија Халкеон, црквата на Светите Апостоли, црквата на Свети Пантелејмон и многу други зданија. Има навистина многу историја во Солун. А историјата вели дека градот го основал македонскиот крал Касандар во 315 година пред нашата ера, во близина на древниот град Терма. Касандар градот го нарекол според името на неговата жена Тесалоника, ќерка на Филип II Македонски и полусестра на Александар Македонски. Името на својата ќерка Филип II и го дал после победата на неговата војска над Тесалијците. Θεσσαλοί Νίκη преведено значи победа над Тесалијците. Солун многу брзо се развивал како град, и израснал во важен трговски центар низ кој поминувал патот Виа Егнација, и низ кој се вршела голема трговска размена меѓу Европа и Азија. Солун, како и цела тогашна Македонија, бил еден

СОЛУН

ГРАДОТ НА КАСАНДАРГрадот не секогаш раскажува за своето минато, го чува грижливо, и затоа треба да го бараш во ќошињата на улиците, во одблесокот на стаклата од прозорците,

во подотворените врати и скали што водат некаде угоре, во антените на покривите. Каде и да погледнеш, треба да бараш и да најдеш приказна.

Page 41: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 41

41

репортажа

од раните центри во светот, кои го примиле христијанството како своја официјална религија. Тука свети Павле проповедал во месната синагога, тука се родени светите браќа Кирил и Методиј. Но, тука дејствувале и гемиџиите и многу видни членови на тогашното ВМРО! Многу освојувачи и многу владетели владееле со градот. По балканските војни 1912-1913 година, Македонија е разделена и градот влегува во состав на грчката држава. Историјата остава многу белези, како во развитокот на градот и изгледот на куќите така и во составот и однесувањето на луѓето. Градот не го прават само куќите со своите ѕидови, стреи и облоги на покривите. Градот го прават луѓето, нивната осмисленост на просторот во него, јажето врзано на балконот на кое се сушат испраните алишта, цвеќињата по тревниците, по прозорците и балконите, висината на оградата и скокот на децата преку неа. Закосеноста на олукот, кој чиниш само што не паднал, скокањето на мачките по ниските кровови, држењето за рака на вљубените, старците што седат, играат карти или табла, и по кој знае кој пат меѓусебе си ги раскажуваат истите случки, случки од минатото и остатоците од тоа минато. Но, градот не секогаш раскажува за своето минато, го чува, понекогаш грижливо, и треба да го бараш во ќошињата на улиците, во одблесокот на стаклата од прозорците, во подотворените врати и скали што водат некаде угоре, во антените на покривите. Каде и да погледнеш, треба да бараш и да најдеш приказна. Треба сам да си ја најдеш приказната, затоа што ако некој друг ти раскажува, нема да ти ја долови вистинската суштина, може само да ти ги разбуди желбите. И кога еден ден ќе се најдеш таму, твоите желби ќе се разбудат и ќе те обиколат од сите страни, и тебе ти преостанува само да се соживееш со желбите. Затоа најдобро се чувствувам кога шетам сам по туѓите улици, барајќи ги своите желби, барајќи ја својата приказна. Се обидов со овој напис во овие топли денови да ви ги разбудам желбите за патување и откривање! Се обидов да ви ја раскажам накратко приказната за Солун.

Ангел СиТНОВСКи, дипл.инж.арх.

Page 42: PORTA3 164

42

42 ПОРТА 26 август 20113

ентериер

Нашите денешни домаќини имале сосема јасна идеја како сакаат да живееат, и

како да им биде уреден домот. Сепак, да се има идеја е само еден добар почеток, кој би требало понатаму да се реализира со помош на архитект - инаку ништо од идејата. Постојат и неколку постапки кои овој процес го олеснуваат, мислам на процесот на одлучување. Една од нив, на пример е изборот на „тема“ за вашето уредување. Тема на уредувањето на овој стан, беше еден обид за реинтерпретација на модерната со сите препознатливи елементи, како на пример, едноставните потези во архитектурата на ентериерот, добро пропорционираниот мебел, изборот без боја односно со

црно, и ефектот на дабовиот натур, за да се постигне севкупното уредување. Ефектот на овие постапки и карактерот на домаќинот, нè прават барем за момент да се почувствуваме и ние како дел од светот на хедонизмот, што е вистинска реткост во денешното хаотично живеење, со отсуство на вкус. Станот има повеќе од 100 м2, мошне умно употребени за содржини, кои на домаќините им биле потребни, а сместен е во строгиот центар на Скопје. Архитектурата е на „Стоне дизајн арх. студио“, а мебелот е на „Дизајн Фантазија“. На овој начин, уште еднаш се потврдува одличната соработка на „Дизајн Фантазија“ со архитектонските бироа. Широкиот претпростор нè воведува во дневната зона, која

е составена од три компоненти: сегментот со кујна, чиј заштитен знак е мега пултот, трпезаријата пред терасата како што и прилега, и аголот за конверзација.Најголемата површина во станот, односно таа на ѕидовите, е изведена во згасната сива нијанса, а втората по големина, таа на подот, невообичаено но особено ексклузивно, во црн ефект. Бидејќи станувало збор за дабов паркет, истиот е завршен со мат лакот одозгора. Една црна лента започнува од ѕидот во дневната, па преку таванот стигнува до делот врз трпезариската маса. На тој начин, се прави ефект на продлабочување на просторот на дневната за минимум речиси два метра - што се смета за одличен оптички трик. Еден сегмент од дневната

зона е кујната, а ќе кажеме високософистицирана идеална кујна. Опремена со сите реквизити потребни за нејзино успешно функционирање: висечки елементи со отклопно отворање нагоре; долни елементи со ергономски фиоки со мега димензии; голема површина за работа; фрижидер со двојна намена; софистициран аспиратор. Како што гледате, тенденцијата била минимален и модерен израз, со нагласок на квалитетот и убавината на дрвото употребено за кујната, со фронтови во две бои (врз природен материјал и како што објаснува домаќинот, тоа можело да се изведе само во „Дизајн Фантазија“), од природен материјал технолошки фурнир фајн лајн завршен во ефект црно за една четвртина од вратата, и

ЦРНО - ЗОШТО ДА НЕ?

Page 43: PORTA3 164

3

43

26 август 2011 ПОРТА 43

даб натур за три четвртини од вратичката. Овој вид фурнири се особено актуелни денес во светот, бидејќи имаат нагласено хоризонтална линеарна структура, со нагласени рамномерни годови. Трпезариската маса е доста голема и изведена во масивни дабови столбови со црна плотна за јадење. Особено квалитетно е избрано артифициелното осветлување за овој стан. Сето прилега на една сродна гама

производи или на едно семејство. Тука се големите стаклени топки врз трпезариската маса со сите рефлектори и вградени даунлајтери во просторот. Дневната ја краси модерниот дизајн и прочистените потези, па така и покрај згаснатите бои изгледа како голема и воздушеста, токму поради тоа што не е пренатрупана со мебел. Комодата за хајфај опрема, ниската маса, и соодветната висечка

композиција со слична намена, се со нагласено хоризонтална линија и следователно, хоризонтално отворање на елементите надолу со вакуумски оков, што се смета за одличен избор со оглед на функцијата. Модерните ентериери не мора да изгледаат студено и покрај намалената декорација и примената на гамата на студени тонови. Со употреба на топли материјали и постапки, кои го

интимизираат просторот како во случајот со овој стан, и тоа како се затоплува атмосферата до степен посакуван од семејството.

доц. д-р елена НиКОЉСКи ПАНеВСКи, дипл.инж.арх.

фото: Владимир СЕКУЛОВСКИ

Во соработка со:

Организационо, препознаваме кујна од затворен карактер, која пополнува еден внатрешен квадратен простор, со еден влез преку пултот. Од десно, таа започнува со двоен фрижидер, преку сегментот за готвење и миење, така што целиот сегмент на мега пултот е оставен слободен за подготовка на храна, сервирање, дружење, мезење, и што уште не.

Целата површина на работниот пулт е во црн мат керок, а надворешната обвивка е во даб натур, додека долните ѕидови на пултот се во даб завршен во ефектот на црно.

Page 44: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011344

44

наука

Тимот ББПР (Банфи, Белџојозо, Пересути и Ернесто Роџерс) ја создава контроверзната архитектура на кулата Веласка (1958), преку чија форма овој тим настојува да направи поврзување со облиците на замокот Сфорца во Милано. Џо Понти и П. Л. Нерви имаат главна заслуга за интересното модерно обликување на овде веќе анализираната палата Пирели (1955-1958) во Милано. Франко Албини (1905-1977), како верен следбеник на предвоеното рационалистичко движење го продолжува градењето на објекти од структурални челично-стаклени површини со јасна геометрија. На таков начин, во соработка со Франка Хелг и во контекст на непосредната околина, тој ја подига стоковната куќа

Ринашенте во Рим (1958-1961).Албини е голем мајстор на просторното творештво и во областа на урбанизмот, па и во ентериерот. Неговото мајсторство во 60-тите години најмногу доаѓа до израз во проектирањето музеи, како на пример музејот во Каиро. Џино Вале (1923-) и неговите соработници, во обликувањето на објектите воведуваат динамика од армиран натур-бетон, збогатена со комбинација од кристални стаклено-челични кубуси. За тоа сведочат: административниот објект на фабриката Зануси во Порденоне (1961), и особено Италијанскиот павилјон на ЕКСПО' 70 во Осака, Јапонија. Во последните децении на ХХ век Џино Вале уште повеќе ја зајакнува архитектонската активност, така што

се става рамо до рамо со Алдо Роси. Тогаш неговиот архитектонски израз добива една строга дисциплинираност, што се гледа кај станбената зграда со фасадна тула во Венеција. Таквата дисциплина тој ја задржува и кога во постмодерен манир го подига седиштето на IBM во Париз, каде што во судирот на кривата и правата линија е создаден извесен динамизам. За италијанската архитектура во 60-тите години е карактеристична изградбата на објекти со нагласена пластичност, создадена главно со армирано-бетонска конструкција, што може да се илустрира преку црквата на Страда ди соле кај Фиренца (1962) на Џовани Микелучи. Од средината на ХХ век, голем замав во италијанската архитектура добива изградбата на туристички објекти, па и цели населби, како што е хотелското село кај Бриндизи на

Ферети и Белардели, чија структура со терасесто поставените бели кубуси е инспирирана од формите на локалната медитеранска архитектура.

ИТАЛИЈА (4)МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (115)

КНИГА 2: ДОСТИГНУВАЊАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ЗЕМЈИ - РЕЗИМИРАНИ ИЗВАДОЦИ

Ф. Албини и Ф. Хелг. Стоковната куќа Ринашенте, Рим

Џ. Миколучи. Црквата на Страда ди соле кај Фиренца

ББПР. Кулата Веласка, Милано

Џ. Вале. Административниот објект Зануси, Порденоне

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Создаваме

Живот на

Покривите!

[email protected] www.zepekomak.com.mk070 216 945

www.zinco.de

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

29ти Ноември бр.60

Page 45: PORTA3 164

15 јули 2011 ПОРТА3 45

45

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

Создаваме

Живот на

Покривите!

[email protected] www.zepekomak.com.mk070 216 945

www.zinco.de

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

29ти Ноември бр.60

Page 46: PORTA3 164

ПОРТА 29 јули 2011346

46

урбанизам

Б

Page 47: PORTA3 164

Б

26 август 2011 ПОРТА3 47

47

спортски храмови„ЈОН МОИНА“ - КЛУЖ, РОМАНИЈА

ПОТКОВИЦА ЗА СПОРТСКА СРЕЌАБритански модел на урбан

стадион, тревник симетричен и паралелен со гледалиштето,

и најмалку 16 начини за пристап до трибините. Две илјади седишта во ВИП зоната. Вкупен капацитет од 30.596 места за фудбалски натпревари, а до 35.000 места за концерти. Атлетска патека. Ова се главните карактеристики на „Јон Моина“, новиот фудбалски храм во Романија, домот на една од моментално најпопуларните романски фудбалски екипи „Универзитатеја Клуж“. До крајот на октомври оваа година, романскиот град Клуж ќе добие стадион со категоризација УЕФА Елите Стадиум, кој треба да биде само поддршка на една од следните кандидатури на оваа источно-европска земја за домаќин на едно европско фудбалско превенство. Стадионот се гради од 2009 година, со пари кои ги одвои градот Клуж и Владата на Романија, а Градот ќе ги има правата врз објектот, додека корисник на стадионот ќе биде клубот „Универзитатеја Клуж“. Вкупната цена на изградбата на овој фудбалски храм ќе чини 58 милиони

евра, но за вложените средства Романците ќе добијат еден од најмодерните стадиони во регионот. Автор на идејниот проект за стадионот „Јон Моина“ е архитектот Сербан Тиганас, кој е претставник на компанијата Dico si Tiganas што го изработи целиот проект. Интересно, во своето прво интервју по повод почетокот на изградбата на стадионот, тој истакна дека ако до крај се почитуваше идејниот проект, „Јон Моина“ требаше да биде стадион, типично фудбалски, без атлетска патека, но по инсистирање на инвеститорот се направени измени и е додадена атлетска патека, со што за малку е напуштен оној пример на типичен британски фудбалски стадион во форма на правоаголник со урамнотежена структура. Во подземјето на стадионот ќе има паркинг со капацитет од околу 1000 возила, а во план е и дополнителен паркинг простор, кој ќе биде лоциран најмногу до 1,5 километар во радиус од стадионот, за истиот да може да ја задржи категоризацијата од УЕФА. На стадионот ќе се влегува од

сите страни. Ќе има поголем број на влезови, од кои дури 8 ќе водат директно долу на теренот. Секој сектор на трибините е дефиниран, така што ќе може безбедно да биде испразнет во кус рок, со мали ризици од појава на навивачко стампедо во ризични случаи. Имено, секој сектор на стадионот нема да има повеќе од 2000 гледачи, па затоа оваа бројка ќе може да се движи за влез и излез на една локација, најблиската до секторот. Интересен дел од проектот е тоа што во него влегува и изградбата на една спортска сала, која е лоцирана непосредно до стадионот. Истата треба да има капацитет од 7000 места, и ќе биде повеќенаменска. Тоа значи дека во неа ќе можат да се одржуваат спортски натпревари, концерти и други останати манифестации. Веднаш до стадионот се гради една висока 25-катна кула, која ќе биде специфичен дел од овој комплекс. Архитектите изјавија дека оваа кула, всушност, и не мора да биде изградена (секако, доколку со тоа не се согласат инвеститорите), но таа ќе биде од голема поддршка

за стадионот затоа што во неа, освен што ќе има деловен простор, канцеларии, угостителски објекти и гаражен простор, ќе бидат лоцирани и најмалку 40 паркинг места за фудбалерите и стручниот штаб, клупските простории на „Универзитатеја Клуж“, како и музеј и фан-шоп. Стадионот „Јон Моина“ ќе има форма на потковица. Соблекувалните ќе минуваат како тунел кој води до теренот, а ќе бидат под најголемата трибина. Осветлувањето ќе биде поставено на краевите на покривната конструкција на двете најголеми трибини, затоа што со тоа се елиминира ефектот „четири сенки“ за време на вечерните дуели, и секако се елиминира „слепилото“ од рефлектори поставени на четирите агли на стадионот (како што тоа беше практика порано). Проектот предвидува и поставување на два големи видео-бима на страните зад головите. Просторот меѓу теренот и атлетската патека ќе биде обложен со вештачка трева.

Сашо КуЗМАНОВСКи

ФАКТИ за „ЈОН МОИНА“ - Клуж, РоманијаСедишта: 30.596Цена на изградба: 58 милиони евраОтворање: октомври 2011Паркинг простор: 1000 возилаПридружни објекти: спортска сала (7000 места) и административна зграда (25 ката)Дизајн: Dico si Tiganasинвеститор: Град Клуж и Влада на Романија

Page 48: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011348

48

технологии

Прво правило на технологијата е: сè е можно. Сходно на тоа, кога ќе слушнете нешто

тотално откачено за технологијата, првиот совет е: не велете нема шанси. Внимателно, бидејќи ако згрешите може историјата да ве запамети како Големото промашување, без разлика на вашите карактеристики и достигнувања. Тоа му се случи на Томас Вотсон, прочуениот

директор и основач на ИБМ, кој со изјавата дека во светот би имало потреба од само 5 компјутери во иднина, се посрамоти довека. И сега повторно мамка. Ако некој ви каже дека во иднина, ќе може да си ја „симнете“ куќата бесплатно од интернет, да ја „отпечатите“ и уште комотно да живеете во неа, што би направиле? Не знам за вас, но јас би прашувал повеќе, иако во себе длабоко би се сомневал во

физибилноста на идејата. Сепак постојат луѓе, кои се цврсто уверени дека е ова клучниот чекор кон Архитектура 2.0. Чекорот се вика WikiHouse. Проект базично развиен од Лондонската дизајн група 00:/ кој треба да ги истражи можностите што произлегуваат од Open Hardware идејата во областа на архитектурата и домувањето. Бидејќи нашиот јазик е малку неспретен во преводот и интепретирањето на современите

странски изрази, Open Hardware е „жежок костен“ за објаснување. Во основа, ако Open Software означува отворено користење на софтверите преку преземање на кодот и негово модифицирање и дистрибуција, Open Hardware означува обид за слободно користење и развивање на определена технологија - тука се работи за тип на градежна конструкција. Како и сите други проекти кои имаат префикс

„WikiHouse e Open Community Construction Set. Целта е да му се овозможи на секого, без разлика на неговите формални вештини, слободно да презема од интернет и да гради структури, кои може да си ги дозволи и кои се приспособени на неговите потреби.“

WikiHouse - Оpen Hardware архитектура

Page 49: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 49

49

технологии

Open, така и овој има за цел да и помогне на заедницата да го реши секогаш горливото прашање на домувањето. Или како што можете да прочитате на веб страницата на проектот www.wikihouse.cc: “WikiHouse e Open Community Construction Set. Целта е да му се овозможи на секого, без разлика на неговите формални вештини, слободно да презема од интернет и да гради структури, кои може да си ги дозволи и кои се приспособени на неговите потреби.“ Сето ова се планира да се постигне преку продукција на слободни (читај: бесплатни) дизајни на куќи, специјално обработени и приспособени за градење со иверка која претходно ќе биде обработена на CNC машина според проектните детали. Скроените елементи од иверка би се спојувале на исклучително лесен и едноставен начин со помош на шајки и штрафови. Целата идеја прилично потсетува на ИКЕА производите и нивната филозофија. Пристоен дизајн, целосна функционалност, одлична цена. Совршен рецепт за успех. Првата комплетна WikiHouse треба да се изгради на Gwangu Design Biennale 2011 во Јужна Кореја кое ќе се одржи во периодот септември/октомври 2011 година. Иако е сè уште во експериментална фаза, патот до WikiHouse изгледа вака:

ДИЗАЈНВо блиска иднина се очекува интернетот да биде преплавен од целосни модели, дизајни или компоненти на куќите во Google SketchUp фајл формат, изработени

и разменувани од заедница на дизајнери од целиот свет. Засега, модели можат да се преземат единствено од веб страницата на проектот. Поединечни делови на моделите можат да бидат комбинирани или адаптирани преку употреба на бесплатниот програм Google SketchUp. Со инсталирање на повторно бесплатниот плагин од WikiHouse, преку еден клик на Make This House во Google SketchUp, автоматски се генерира сет на цртежи, потребни за да се „скројат“ иверките на CNC машини. Секако, процесот од модел до работни цртежи претставува делче од секунда, во која компјутерот ги дава исклучително точните димензии на елементите и начинот на составување.

МАТЕРИЈАЛПредвидениот материјал, кој е лесно достапен и евтин, е иверка од 18 мм со стандардни димензии на плочите од 2440 мм и 1220мм. Од него, со помош на CNC машина, прецизно би се изработувале униформирани елементи во посебни форми и димензии, кои ќе овозможат лесна и сигурна монтажа. Според самиот материјал, може да се констатира дека куќите имаат „зелена“ карактеристика, бидејќи материјалот е природен, лесно се рециклира и распаѓа. Елементите би се спојувале по сет од правила со извонредна леснотија, и тоа од страна на самите корисници, без притоа да поседуваат посебни вештини и знаења. Она што е важно да се напомене е нивото на карабина, кое се добива со спојувањето на елементите, што значи дека сега

засега сите останати материјали, како што се изолации, инсталации, завршни обвивки и други, се „оставени за подобри времиња“.

ГРАДЕЊЕГрадењето, ако така може да се нарече спојувањето на елементите во конечна форма, е упростено до степен на игра. Внимавано е процесот на спојување да биде едноставен и овозможен преку мал број на инструкции. Притоа, употребата на електрични алати е сведена на минимум (од WikiHouse велат дека електричен алат не е потребен, но тоа тврдење е под знак прашалник, со оглед на тоа што се спомнуваат штрафови, шајки итн.). Во основа, скроените иверки се спојуваат по две за да се добие поцврст елемент. Елементите меѓу себе се поврзани со шајки, штрафови и со меѓусебно приклештување. Така добиените елементи се поставуваат на 600 мм, како ребраста конструкција, зајакнати со странични стабилизатори, со цел зајакнување на структуралниот интегритет. Дека станува збор за едноставен процес, покажуваат и резултатите од градењето на прототипот минатиот месец: беа потребни 24 часа за финиширање на прототипот од нула состојба (дизајн, сечење и спојување), од кои два часа беа потребни за спојување на елементите. Сепак, вниманието во моментов е кон градење на основната носечка конструкција. Деталите околу фазите и фасадата се прескокнати, веројатно како не толку горчливо прашање во моментов. Како и да е, сосема е извесно дека ќе се појават голем број проблеми од градежна природа, кои проектниот тим ќе треба да ги реши. Мора да се напомене дека во проектот се користени резултати од напредни истражувања на МИТ од областа на градењето на објекти со помош на CNC машини и на „puzzle - fit“ начин на спојување. Познати се и други претходни обиди за скоро

идентично градење. Во 2007 година, во Лондон бил реализиран проектот наречен Digital House. Идејата била да се создаде технологија за градење на куќи каде сите елементи би биле „скроени“ од страна на CNC машина, и донесени на градилиште на спојување. Она што го разликува WikiHouse од останатите спомнати проекти, е токму „отвореноста“ на проектот, односно неговото слободно користење, наспроти обидите за комерцијализација. Впрочем, градењето на префабрикувани куќи и не е ништо ново. Можеби не толку во Македонија, но голем број земји, меѓу кои особено САД, развија одлични системи на градење, со одлична поддршка во сите сфери. Многу лесно, оваа технологија може да направи вистински бум, секако кога ќе се доработи на потребното ниво. Замислете го само бенефитот од оваа технологија. Ако не толку при нормални ситуации, тогаш барем при вонредни прилики како бегалски кризи, природни катастрофи, економски кризи и слично. Монтажни објекти за 24 часа, би решиле големи прашања, и би спасиле животи. Но и покрај позитивните реакции и обележја, на веб страниците се појавија коментари дека оваа технологија значи „смрт за професијата (архитектурата)“, „втопување во обезличеното“, „гушење на креативноста“, „крај за архитектите“ и друго. Барем едно е сигурно, WikiHouse не поминува незабележано и е „жешка тема“ на интернет. Проверете.

Трајче СТОјАНОВ, дипл.инж. арх.

Page 50: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011350

50

експерт

На 27 јули 2011 година, значи точно една година пред официјално да започнат

Олимписките и параолимписките игри „Лондон 2012“ (London 2012 Games), службата задолжена за реализација на оваа Олимпијада, Olympic Delivery Authority, го објави завршувањето на Центарот за водни спортови (Aquatic Centre), проектиран од познатото светско студио Zaha Hadid Architects во рамките на договорениот рок и буџет.Со изградбата на овој објект е реализирана заложбата на Olympic Delivery Authority, шесте клучни објекти за овие игри да бидат завршени една година пред почетокот, а со цел да се даде доволна можност за нивна „пробна“ употреба, односно за надминување на евентуалните технички и оперативни проблеми, кои неминовно се појавуваат по пуштањето во употреба на кој

било градежен објект, а особено кај оние покомплексните.

МОСТ ОД ЗЕМЈАAquatic Centre е изграден на парцела на која претходно се наоѓале 11 индустриски објекти, кои биле урнати. Почвата, во рамките на парцелата, била значително загадена, па затоа пред да се отпочне со изградбата било потребно да се ископаат и отстранат околу 160.000 тони контаминирано земјиште. Во текот на расчистувањето на парцелата, било откриено дека станува збор и за археолошки локалитет - предисториска населба во која биле ископани и однесени четири скелети. Центарот е лоциран во јужниот дел од „Олимпискиот парк“, и ќе претставува „Влезна порта во игрите“. Истовремено, се оценува дека овој објект ќе биде и архитектонски најатрактивниот

во паркот. Главен градител на овој објект е компанијата Balfour Beatty, поддржана од над 370 подизведувачи и добавувачи. Оваа компанија, исто така, го гради и големиот „мост од земја“, кој не само што го оформува покривот на базенот за подготовки туку и претставува главен пешачки влез во „Олимпискиот парк“. Закривената површина на овој 160 метри долг и 90 метри широк покрив, визуелно доминира во надворешниот и во внатрешниот изглед на овој објект. Станува збор за над 3.000 тони тешка иновативна челична конструкција, испроектирана од престижната инженерска фирма Ove Arup and Partners. Носивите решетки имаат распон до 12 метри на одредени места, при што се скриени со алуминиумска (50% рециклирана) горна површина и дрвена долна површина, а која се потпира на само три места. Флуидната форма

на покривот наликува на моќна сива елипсовидна плосната риба, која се препелка и се храни на дното на водната површина, а има тело во облик на издоложено синусоидно пулсирање, со тенки испакнати „крилја“/перки на две страни, и заринкана трета страна во дното. Во внатрешноста на објектот, исто така доминира сребреникавата кровна конструкција, која во еден бран го премостува распонот од 120 метри со завршна плафонска обработка од 37.000 поединечни 2,5 метри долги летвички. За екстериерот, овие летвички се изработени од полно сиво обоено бразилско црвено лоуро дрво, а за ентериерот се изработени композитни летвички од сиво обоен 1мм дебел фурнир од бразилско црвено лоуро дрво, ламиниран на подлога од шперплоча. Атрактивната и флуидна челична кровна конструкција се носи од страна на двокатна

Центарот за водни спортови (Aquatic Centre) во јужниот дел од „Олимпискиот парк“ ќе претставува влезна олимписка порта

УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ДО „ЛОНДОН 2012“(Специјално за Порта3 од Велика Британија)д-р Владимир Б. ЛАДиНСКи, дипл.инж.арх.фото:

Page 51: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 51

51

експерт

армирано-бетонска конструкција, во која се сместени два 50 метри долги базени; базен за скокови во вода со 6 штици за скокање во комбинација на 3 метарски подвижни и 3, 5, 7.5 и 10 метарски фиксни штици и придружни простории. Трите базени заедно ќе содржат 10 милиони литри вода. Над 850.000 плочки се употребени за поплочување на базените, површините околу нив и за соблекувалните. И покрај тоа што објектот за чија изградба се употребени 9.000 тони челик е завршен, љубителите на архитектурата и посетителите на олимписките и параолимписките игри „Лондон 2012“, нема да бидат во можност да го видат „Акватик сентер“ во вистинското светло, сè до 2014 година.

КАПАЦИТЕТНормалниот капацитет на овој објект е за 2.500 посетители,

со можност за додавање на дополнителни 1.000 места за помасовни настани, додека за време на олимписките и параолимписките игри „Лондон 2012“, капацитетот на овој Центар, во кој ќе се одржат натпреварите во пливање, скокови во вода, синхронизирано пливање и пливачкиот дел на модерниот пенатлон, вкупно може да изнесува дури 17.500 места. Вака зголемениот капацитет за 15.000 седишта, во споредба со номиналниот, е постигнат со додавање на две монтажно-демонтажни „крилја“, секое со по 1.600 тони тешки, 90 метри долги и 45 метри високи метални паралелопипеди. Тие се додадени на двете страни од објектот, а по завршетокот на игрите ќе бидат вратени на компанијата што ги има произведено. Нагласената функционалност и аглестиот дизајн на двете

додатни крилја, во голема мерка се разликуваат од флуидните форми на базичниот дел на објектот. Како резултат на овој времен спој на трајното и привременото, базичниот облик на објектот привремено е нарушен. Додатните крилја прават впечаток дека базичниот објект претставува само јадро кое сè уште е во изградба, или е опкружено со градежно скеле на две страни.

ЧУВСТВО НА ИНТИМНОСТВо внатрешноста, исто така се чини дека барем времено е „изместен“ визуелниот концепт на базичниот објект. Брановидната форма на плафонската конструкција нежно е надвисната врз спортските базени, создавајќи чувство на поголема интимност. Ова чувство е нарушено со додадените крилја, коишто привремено ги затвораат отворените страни на објектот, и ги издигаат погорните редови на седишта над нивото на базенските

плафони. Како резултат на ова, се создава впечаток дека погорните редови го пробиваат плафонот, со оглед на тоа што истите не можат да се видат од спротивното гледалиште. Дизајнот на додатните седишта е со таква визура, која овозможува непречено и целосно согледување на сето она што се случува во базените.

2014Оваа привремена и не најпогодна архитектонска фузија на скулптуралното и функционалното, ќе остане само до 2014 година, кога се планира објектот конечно да се отвори во својата базична состојба. Дури тогаш архитектонската и пошироката јавност, навистина ќе можат да се запознаат на вистински начин со оваа најнова реализација на Заха Хадид, која според Oliver Wainwright претставува „кралица на течната драма и флуидната форма“.

Центарот за водни спортови (Aquatic Centre) во јужниот дел од „Олимпискиот парк“ ќе претставува влезна олимписка порта

Page 52: PORTA3 164

екологија

Се проценува дека во моментов повеќе од половината од светската популација живее

во градовите, а исто така се очекува понатамошна глобална експанзија на урбанизацијата. Во Европската Унија, високиот степен на густина на населението и урбанизацијата се заедничка карактеристика на повеќето држави, каде што дури 70% од населението живее во градовите. Овој број се очекува да достигне 80% до 2030 година. Самиот процес на урбанизација е тесно поврзан со концентрацијата на економските активности и производството. Кон оваа констатација, во прилог оди и сознанието дека токму во градовите конвергира најголем

дел од енергетските и други добра (електрична енергија, топлинска енергија, гас, вода, храна и слично) неопходни за развој и благосостојба. Според тоа, градовите се одговорни за јадрото на светската енергетска потрошувачка, и соодветно на тоа за значителен дел од емисијата на стакленичките гасови во светот. Во рамките на ЕУ, во градовите се троши околу 70% од вкупната потрошувачка на примарна енергија, и се очекува овој процент и натаму да расте.

ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМИШирењето на градовите по површина и популација ги зголемува предизвиците во

поглед на влијанијата и заштитата на животната средина. Денес, многумина го разбираат концептот на одржливост, и тоа не само на локално ниво туку и разгледуван во поширока географска рамка. Главниот приоритет во градењето на одржливиот концепт е перцепцијата на градовите како комплексни и динамички, отворени еко системи, каде што енергијата и другите природни ресурси се трансформираат, со цел задоволување на потребите на различните урбани активности. Токму ваквата перцепција овозможува да се разбере огромното влијание врз сите енергетски текови од специфичните карактеристики

на градот, односно просторните, економските, социјалните и културните фактори. Зградите (станбени и деловни) и транспортот зафаќаат најголем дел од крајната потрошувачка на енергија (60-80%). Притоа, најголем дел од енергијата потрошена во секторот транспорт е од фосилно потекло, додека во зградите се работи главно за електрична енергија, повторно доминантно добиена од фосилни горива. Локалните климатски, но и социјални прилики во значителна мерка влијаат на потрошувачката на енергија во зградите. Од друга страна, урбаното опкружување придонесува за создавање на различни микроклиматски услови, односно зголемување

ЕУ

Урбаното опкружување придонесува за создавање на различни микроклиматски услови, односно зголемување на температурата локално, и тоа до 10°C во споредба со периферијата на градот. Овој феномен познат под името „топол урбан остров“, заедно со уличната бучава, се едни од најголемите пречки во остварување на приказната за одржливоста на градовите.

ТОПЛИ УРБАНИ ОСТРОВИ ВО ГРАДОВИТЕ

ПОРТА 26 август 2011352

52

Page 53: PORTA3 164

екологија

на температурата локално, и до 10°C во споредба со периферијата на градот. Овој феномен е познат под името „топол урбан остров“, и заедно со уличната бучава и понатаму се една од најголемите пречки во остварување на приказната за одржливоста на градовите, и придонесот во намалувањето на климатските промени. Ако се анализира секторот сообраќај, потрошувачката на енергија е строго поврзана со специфичните карактеристики на градот, односно неговата мобилност. Густината, односно населеноста на градовите и концентрацијата на CO2 се во директна обратнопропорционална зависност. Помала концентрација на население води кон поголема емисија на јаглероден диоксид во секторот сообраќај, а тоа укажува на фактот што покомпактните градови се енергетски поефикасни. Последново не се должи само на едноставната констатација дека во

еден покомпактен град жителите патуваат на пократки релациии, туку на фактот што компактноста е предуслов за создавање критична маса за креирање ефикасен концепт на сообраќајни решенија. Понатаму, соодветноста на различни концепти зависи од морфологијата и димензиите на градот. Во рамките на ЕУ, дури 73% од поминатите километри на патниците се должат на индивидуалниот превоз, а само 6-8% на јавниот превоз. Покрај фактот што колективните форми на превоз се одликуваат со двојно понизок енергетски интензитет, кај нив се поголеми и можностите за воведување енергетски ефикасни мерки, што може да биде постигнато со користење на ICT (Information and Communication Technology) инфраструктура.

УСЛУГИВо секој случај менаџирањето со енергијата во градовите паралелно и координирано со урбанистичкото

планирање, нуди можност за поврзување на потребите од различни енергетски услуги, овозможува диверзификација на енергетските извори, потпирајќи се и на локални обновливи извори и слично. Од историска гледна точка, повеќето европски градови минувале низ повеќе фази на развој и растеж со оглед на просторните прилики и човечкиот фактор. Генерално, овие градови се компактни, и нивната урбана форма е строго детерминирана од нивното минато, што пак, има позитивен ефект врз нивната енергетска потрошувачка. Спротивно на овој пример, американските градови доживуваат огромна експанзија, односно ширење како резултат на развојот на автомобилскиот сообраќај и евтиното гориво. Во периодот по Втората светска војна, односно во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век, европските градови се карактеризираат со период на интензивна изградба на

нови станбени блокови, како и значителни реконструкции на старите објекти. Токму затоа, ако денес се разгледува хистограм на староста на зградите на кој било европски град, ќе се забележи дека просечната старост е околу 50 години, односно градбите датираат од едно време на евтина и достапна енергија, и имаат исклучително скромни термички перформанси. Особено е индикативна ситуацијата во Југоисточна Европа, а како илустрација може да ги презентираме податоците за Македонија:

Период на изградба %пред 1919 1,111919-1945 3,951946-1970 30,12

1971-1989 47,80по 1991 17,02

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ЗГРАДИТЕВо Македонија, а и во регионот, особено интересни за анализа се зградите од периодот 1950-1970 година, време на голема и забрзана градба, со примена на нови материјали и статички лесни конструкции, а пред појавата на прописи за топлинска изолација. Токму затоа, оваа фаза на градба подоцна станува најголемиот проблем во смисла на енергетската потрошувачка. Индикативно е што дури и постарите згради со масивна ѕидана конструкција, иако топлински неизолирани, не претставуваат голем проблем во смисла на топлинските загуби. Првите прописи за термичка изолација се воведени дури во шеесеттите години од минатиот век, и тоа само во Германија и Франција. Истите добиваат поголема тежина дури по нафтените кризи во 1973 и 1979 година. Денес, напредокот во рамките на ЕУ е значителен во тој поглед, особено по последното дополнување на Директивата за енергетски перформанси на згради 91/2002/EC, кое беше усвоено во 2009 година. Оваа најнова дополнета верзија на документот за енергетски перформанси на зградите, пропишува сите нови згради во ЕУ до 2020 година да бидат со скоро „нула емисија“ на јаглероден диоксид. Сите јавни објекти пак, имаат обврска за постигнување на оваа цел порано, односно до 2018 година. Надлежностите на градските власти во поглед на просторното планирање и менаџирање на ресурсите интерферираат со главните активности во градовите, и директно влијаат на создавање предуслови за енергетска ефикасност во зградите. Обично општините се надлежни за лиценцирање на објектите, односно тие се одговорни за тоа дали новите и реконструираните згради ги задоволуваат критериумите во поглед на енергетските перформанси. Слично е и со надлежностите на општините, односно градовите во секторот сообраќај. Оттаму, бидејќи градските власти директно влијаат на секторите што се најголеми потрошувачи на енергија (сообраќајот и зградите), нивните одговорности мора да вклучуваат менаџирање со снабдувањето и потрошувачката, се разбира во рамките на политиките дефинирани на повисоко ниво. Понатаму, градовите одлично функционираат како „пробен пазар” за одредени иновативни технологии или политики, со цел да се испита социјалниот одговор на одредени трендови, како што се на пример електричните возила или паметните броила. Притоа не смее да се заборави дека концептот на одржливост мора да има големо значење во процесот на креирањето на политиките и донесувањето на одлуките. Само на тој начин се стигнува поблиску до концептот „интелигентен град“ дефиниран како град со висок квалитет на животот и развиена економија, но со низок јаглероден интензитет, односно ниска емисија на јаглероден диоксид.

МАКЕДОНИЈА

Урбаното опкружување придонесува за создавање на различни микроклиматски услови, односно зголемување на температурата локално, и тоа до 10°C во споредба со периферијата на градот. Овој феномен познат под името „топол урбан остров“, заедно со уличната бучава, се едни од најголемите пречки во остварување на приказната за одржливоста на градовите.

26 август 2011 ПОРТА3 53

53

Даниела МЛАДеНОВСКА

Page 54: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011354

54

екологија

Ситуацијата со квалитетот на животната средина во Република Македонија е

слична како и ситуацијата во соседните држави. Нормално, како за една земја во развој, до пред одреден период главни приоритети претставуваа растот на индустрискиот и енергетскиот сектор. Паралелно со ова, се јавија очигледни проблеми поврзани со квалитетот на животната средина, проблеми кои се предизвикани директно од растот на горенаведените сектори. Ваквиот развој на настаните се должи на прекумерното искористување на природните ресурси, поточно кажано на необновливите. Првите извештаи за ситуацијата со животната средина, како и мерките и активностите за нејзино подобрување датираат од 1996 година, но првите официјални извештаи се направени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање во 2001 година, во соработка со странски институции и организации. Со извештајот од 1996 година (за периодот 1997 -2001),

била констатирана потреба од дејствување во следниве области: подобрување на квалитетот на воздухот, подобрување на квалитетот на водите, заштита на биодиверзитетот (посебно во регионите на Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро), обновување и заштита на шумите, како и зајакнување на капацитетот на институциите што се (или треба да бидат) одговорни за менаџирање на целокупните активности. Набрзо, во периодот што следи се донесени нови еколошки закони, кои се одлично подготвени, но многу лошо имплементирани. Во годините што следат, ситуацијата со животната средина константно се влошува, ресурсите неуморно се исцрпуваат, при што се создаваат огромни количини отпад. Како директна последица на ова, треба да се посочи потрошувачкото општество и навиките на граѓаните. Ова е непишано правило за земјите во развој, за економијата да оди напред животната средина „мора“ да ги трпи последиците. А за земјите во развој, примарна цел е да се развие индустрискиот

сектор, без разлика какви ќе бидат последиците по животната средина. Ова не претставува случај само со нашата држава, ваква ситуација е „нормална“ појава насекаде низ светот каде што има земји во развој. Но, до кога?

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈОдржливиот развој претставува концепт, кој има за цел да ја одржи економијата на државите на високо ниво, но истовремено и да ги заштити природните ресурси, односно животната средина и организмите што живеат во неа. Целта на овој концепт е да овозможи здрава и чиста животна средина, како и висок квалитет на живеење на сегашните генерации, и уште подобри услови за следните генерации (нашите деца). Но, како да се овозможи ова? Со менување на навиките на сите граѓани, со отфрлање на потрошувачкото општество и т.н “throw away” култура. Потребни се што повеќе кампањи за подигнување на јавната свест во поглед на овие прашања и состојби, колку повеќе толку подобро.

Во изминативе неколку години, може да се каже дека ситуацијата во поглед на животната средина конечно стартува од мртва точка. Македонија стана потписничка на повеќе конференции за заштита на животната средина, и со тоа на еден начин се обврза да придонесе кон намалување на штетните ефекти, кои произлегуваат од несовесно работење на разни индустриски постројки (за кои се воведени нови дозволи – А/Б), нелегални испуштања на штетни материи во водотеците, исфрлања на отпад и отпадни материи во природата, како и донесување на мерки и активности за подобрување на квалитетот на воздухот. Се повеќе се промовираат обновливите извори на енергија, донесени се разни закони за правилно управување и отфрлање на отпад, но истовремено се забележува и поголема заинтересираност на граѓаните во однос на прашањата поврзани со животната средина.

ГРАЃАНИ И НВОНо, мора да бидеме реални,

ПОТРОШУВАЧКИ НАВИКИ И ЕКОЛОШКА СВЕСТ

Page 55: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 55

55

екологија

иако целата оваа позитивна слика постои, истата сè уште се развива со бавно темпо. Мерките и активностите што се предложени и треба да се воведат во блиска иднина се квалитетни, но проблемот лежи во нивната реализација. Во голема мерка, ситуацијата со животната средина зависи и од активностите на невладиниот сектор. Мислењето на граѓаните е дека невладиниот сектор треба да преземе поголема иницијатива, со цел да ја објасни и истовремено да ја подобри еколошката ситуацијата. На територијата на Македонија се регистрирани околу 2000 невладини организации (здруженија на граѓани) кои се „зелени“. Но, и со вака голем број еколошки организации сè уште гледаме слаби резултати. Според мене, состојбата со животната средина во Македонија многу зависи од активностите на невладиниот сектор, кој доколку сериозно си ја сфати својата работа, може многу брзо да ги сврти работите во корист на екологијата, односно

во корист на нашата иднина.

П.С: Овој текст истовремено претставува апел до сите

„зелени“ организации да станат поактивни во ова поле, и сите заедно да помогнеме кон имплементирање на концептот на

одржлив развој во Македонија.

Никола НешКОСКи, дипл.инж.на жив.средина

/еко-менаџер

ПОТРОШУВАЧКИ НАВИКИ И ЕКОЛОШКА СВЕСТ

Првите извештаи за ситуацијата со животната средина во Македонија, како и мерките и активностите за нејзино подобрување датираат од 1996 година, но првите официјални извештаи се направени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање во 2001 година

фото:

Page 56: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011356

56

хортикултура

Во минатиот број пишувавме за фенг шуи како древна кинеска метода за живеење која е во склад со енергијата на живата земја, и за тоа дека целата филозофија на фенг шуи се засновува на усогласување на боите, формата и видот на елементот (дрво, вода, метал, земја и оган) во однос на страните на светот. Во ова издание ќе бидат објаснети елементите што треба да ги исполнуваат стандардите на фенг шуи техниката. Бидејќи тоа што сме завршиле со вклопување на боите според страните на светот, не значи дека во целост сме ја примениле фенг шуи техниката во нашата градина. Според оваа техника, важна улога имаат и формите на елементите, како и

материјалот од кои се изработени.

ПАТЕКИПравите патеки не се поволни бидејќи енергијата стигнува брзо до куќата и кога ќе влезе во неа таа има изгубено многу од силата. Тој недостаток може да се корегира со садење растенија од двете страни по шах – мат метод, како и со материјали во различни бои, кои ќе го задржат вниманието. Искривените патеки се поповолни поради тоа што енергијата се движи поспоро и во куќата влегува одморена и свежа.

ОГРАДИЗа огради може да се користат сите природни материјали. Тие не треба да бидат премногу високи за

да не го одвојуваат внатрешниот од надворешниот свет. Оградата треба да има убав естетски изглед и форма, а не да имаат заплашувачки форми и додатоци (шилци, копја, бодликави елементи и слично).

ВОДНИ ЕЛЕМЕНТИВодата е елемент на благосостојба. Таа може да биде подвижна (фонтана, водопад, алпинетум со речен тек) или статична (бара, езерце, базен). Водата може да биде лоцирана на северната, североисточната и источната страна. Во некои случаи може да се користи и на југоисток, но во тој случај не смее да се движи кон југ бидејќи југот претставува оган.

АЛПИНЕТУМКај алпинетумот се употребуваат парен број камења. Се поставуваат по 3 камења во група, естетски наместени. Тие се поставуваат хармонично и според обликот, така што се надополнуваат еден на друг. Текот на водата (коритото) е препорачливо да биде искривено, а правецот на водата доколку го дозволуваат условите, да се движи кон влезната врата од куќата. Подвижните води се попрепорачливи.

ПАРКОВСКИ МЕБЕЛГрадинарските столови треба да бидат изработени од природни елементи (железни, дрвени и слично) во зависност од нивната

ЕЛЕМЕНТИ ВО ФЕНГ ШУИ ГРАДИНАТАВо фенг шуи голема улога имаат и животните. За таа цел, се поставуваат статуи или фигури од одредени животни, зависно од страната на светот, кои симболизираат одредена енергија.

Page 57: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 57

57

хортикултура

местоположба во градината, а воедно да бидат и удобни за седење. Масите треба да бидат според функцијата. Според формата најдобри се осмоаголните бидејќи одговараат на сите страни на светот. Округлата форма е една од поповолните бидејќи нема доминантни и запоставени позиции. Правоаголните го поддржуваат дрвото и се користат на исток, југоисток и југ.

ОСВЕТЛУВАЊЕИма два типа на осветлување. Едниот е практичен со кој се осветлува поголем простор за да може ноќе непречено да се седи или движи во градината, а другиот начин служи за создавање на

специјални ефекти. Кај оние патеки кои се во потполн мрак се врши осветлување од двете страни, со цел да се обезбеди непречен пристап до домот. Кај растенијата се поставува осветлување за да се долови одреден ефект, во зависност од тоа во кој дел е поставено светлото. Таму каде што се потребни светилки со помал капацитет на осветлување, кои ќе придонесат само за создавање одредени ефекти, може да се користат светилки на соларна енергија. Во водните површини не треба да се ставаат светилки, туку попрепорачливо е тоа да биде од страна по бреговите.

САКСИИ И ЖАРДИНИЕРИСаксиите треба да бидат од

природни материјали. Според бојата, истите не треба да бидат конкуренција на цвеќето со што би го ставиле во втор план. Нивното поставување треба да биде на видно место каде што ќе дојдат до израз. Жардиниерите имаат за цел да разубават одреден дел од дворот со раскошната растителност во нив. Можат да бидат постојани и преносни. Постојаните можат да бидат изработени и со поголеми димензии, а треба да се од природни материјали (бетон, камен, цигла и слично).

СТАТУИ И ФИГУРИВо фенг шуи голема улога имаат и животните. За таа цел се поставуваат статуи или фигури од одредени

животни зависно од страната на светот, кои симболизираат одредена енергија. Тоа се змејот, фениксот (може да се замени со петел), белиот тигар и водната желка.

КАНТИ ЗА ОТПАДОЦИКантите за отпадоци треба да се чуваат подалеку од видик на затскриено место, да се одржуваат истите како и просторот околу нив. Со примена на фенг шуи во нашата градина сме завршиле во оној момент кога сите претходни објаснувања во однос на обликот, формата и боите се според критериумите на самата метода.

Филип ФиЛиПОСКи, дипл.шум.инж.

Page 58: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011358

рубрика

58

www.gim.com.mk

Page 59: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 59

рубрика

59

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Сеуште губите време во објаснување на Вашите

клиенти за Вашата локација

Контакт:

Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

Тел: +3892 / 6090 - 671Моб: +38978 / 330 - 313

[email protected]

Page 60: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 2011360

60

арт ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ - АКТО, БИТОЛА

РАБОТИ (НИКОГАШ)!

Во Битола, од 11 до 14 август се одржа шестото издание на интернационалниот фестивал

за современи уметности „Акто“. Како концепт, самиот фестивал опфаќа визуелни уметности, изведувачки уметности, музика и теорија на култура. Овогодишното издание на „Акто“ стави особен акцент на визуелните уметности и музиката. Фестивалот е дел од Битолското културно лето „Бит фест“ и се реализира со финансиска, логистичка и техничка поддршка од општината Битола. И оваа година, фестивалот се презентираше преку двете константи форми со кои се занимава, а тоа се темата и просторите. Целта на фестивалот „Акто“, како што и стои во нивната програма, е отворање на културните рамки на едно современо општество преку нивно ре-поставување и дефинирање во нов контекст. Организатори на фестивалот беа уметничкиот директор и селектор Филип Јовановски, продуцентите Александар Јовановски и Борче Димитровски, а извршен продуцент Никола Димитровски.

Куратор и селектор на дел од изложбите и перформансите беше Никола Узуновски.„Акто 6“ за своја насловна тема ја избра РАБОТИ (НИКОГАШ)! Според организаторите, повод за темата бил графитот што францускиот филозоф Ги Дебор го испишал на еден ѕид од улицата покрај реката Сена во Париз, кој гласел: Ne travaillez jamais / РАБОТИ НИКОГАШ! Така, точно после 58 години во Битола на улицата „Солунска“, е испишан графитот РАБОТИ (НИКОГАШ)! Таа коинциденција била искористена како тема за овогодишниот фестивал. Преку делата на овогодишните уметници се направи обид да се преиспита поимот на работа и во емотивна и во материјална смисла, како и негово значење во современиот контекст.

УЧЕСНИЦИКако дел од уметничката програма на „Акто“, оваа година се појавија голем број учесници од Македонија, Италија, Хрватска, Бугарија, Мексико и Финска, додека во музичкиот дел преку дваесет познати музичари од

Македонија, Србија и Канада. Од домашните уметници настапија Игор Јосифов, Сузана Милевска, Игор Тошевски, проект „Зеро плус“, Зоран Попоски, Драгана Заревска, Јасна Димитровска, групата „Авторски низ појавното“, Никола Узуновски, Филип Јовановски и Атанас Ботев.Целокупната програма се одржа во различни простори, како што е дворот на познатата битолска гимназија „Јосип Броз Тито“, автентичниот простор на планинскиот ресторан „Соколски“, плоштадот Магнолија, регионалниот пат Битола - Охрид, Центарот за култура и старото напуштено кино „Македонија“.Од Хрватска учествуваа Власта Делимар, Милан Божиќ, Немања Цвијановиќ и Петра Ковачиќ, Маријана Вуќиќ, од Бугарија Иван Мудов, а од другите простори уметничката група DETEXT (Raul Martinez и Valentin Duceac), гостинот Gaston Ramirez Feltrin, уметницата Anja Puntari од Финска, потоа визуелниот уметник Ruben Guttierez од Мексико, како и италијанските визуелни уметници Alessandro Mancassola и Barbara Ceriani

Basilico, а на претпоследниот ден се одржа таканаречената „Ноќ на перформанси“ во соработка со фестивалот „Перфорације“ од Загреб, Хрватска.

НАГРАДАФестивалската награда за интердисциплинарност „Драгиша Наневски“ ја доби перформативниот проект „In the mind's I". Се работи за колаборативен проект на американскиот уметник Ворен Најдик и Факултетот за ликовни уметности, предводен од професорката Сузана Милевска и уметниците Дарко Алексовски, Симона Манчева, Филип Ризов, Катерина Соколова, Ирена Спироска и Слободанка Стевческа.Перформансите што тие ги изведуваат, претставуваат еден вид дијалози кои се изведуваат како театар на сенки. Учесниците што претходно ја избрале улогата на уметник или на куратор исценираат различни импровизирани ситуации, кои се случуваат во контекстот на уметничката сцена.

(Д.Б.)фото:

Page 61: PORTA3 164

26 август 2011 ПОРТА3 61

61

арт

Page 62: PORTA3 164

совети

ПОРТА 26 август 2011362

62

АПАРТМАНСКИ ТИП НА ЕНТЕРИЕР

Го реновираме станот стар повеќе од 20 години. Сакаме убав, светол, простран дом со модерен израз. Планираме да го урнеме плакарот и стаклениот ѕид од ходникот, да ја отвориме кујната и да ја преуредиме оставата. Прозорците и балконската врата во дневната соба сакаме да ги смениме со стаклени шибер врати, а балконот од кујната да го затвориме. Покрај делот за дневен престој, станот има и две спални соби со бања. Бараме совет за ентериерно уредување.

Семејство Стефановиќ, нас.„ Јане Сандански“ , Скопје

Апартманскиот дух е основа на овој простор. Се

забележува дека антрето е мало и неосветлено, а кујната голема. Со преуредување на ходникот (отстранување на стариот гардеробен плакар и панелот од орнамент стакло), се овозможува продор на природно осветлување и убава визура кон мини бавчата уште на влезот. Дополнително природно осветлување се добива со замена на старите прозорци и балконската врата, со нови стаклени шибер врати во дневната соба. Функционално, станот е конципиран така што просторот за дневен престој се дели на дел за трпезарија и дел со седечка гарнитура, комода и полици. Меѓу нив е транспарентна преграда од стаклени полици. Кујната е делумно затворена со пулт блиску до малата градина оформена на местото на малиот балкон, кој сега е затворен со стаклени панели.Од другата страна на ходникот е делот за спиење. Спалната соба има класичен распоред и елегантни линии на мебелот. Во бањата, класичната када се заменува со туш, со што се отвора простор за машина за перење и бојлер над неа.Во ваков отворен простор, најдобро ќе прилега модерен мебел, природни материјали и неутрални бои. И мебелот од метал поради својата оптичка леснотија е одличен избор. Модерните полици и големите растенија ќе ја нагласат просторноста уште повеќе.

Билјана СТеВКОВСКА-САВиЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

пред

потоа

Page 63: PORTA3 164

најчудни градби

26 август 2011 ПОРТА3 63

63

AРАПСКИОТ БИГ БЕН

Кулите Абрај Ал-Баит во Мека, Саудиска Арабија, уште познати како Мека

Хотел Ројал Клок (Хотелски Кралски часовник на Мека) е комплекс кој е во фаза на финална конструкција. Објектот по завршувањето ќе урне неколку рекорди меѓу кои: највисок хотел во светот, највисок часовник, најголема површина за градба и најважно од се, по завршувањето на облакодерот Бурџ Калифа во Дубаи, ова ќе биде втората највисока градба во светот.По комплетирањето до крајот на 2011 година, овој часовник-хотел, кој многу наликува на дел од констуркцијата на Биг Бен во Лондон, Англија, ќе биде висок 601 метар што практично значи, четврта највисока градба во светот. Освен ова, зафаќа градежна површина од светско-рекордни 1,5 милиони квадратни метри.И покрај ваквите рекорди, арапите - муслимани не се многу задоволни и веќе преовладува мислење дека оваа градба е навреда за исламскиот свет. Втора многу поважна работа е што за овој комплекс беше урната тврдината Ајад, која е историско наследство од турците османлии од 17-ти век, а која стоеше над познатата џамија Масџид Ал Харам каде што се наоѓа Ќааба

(коцкастата структура околу која кружат муслиманите). Сега неа ја нема, а на место на историската оставнина никна модерен архитектонски објект како чувар над џамијата. Што се однесува до градежните капацитети на Мека Хотел Ројал Клок, тој може да прими 100.000 луѓе од кои во становите можат да живеат 65.000 лица. Највисокиот апартман е на 450 метри, веднаш под часовникот, а објектот ќе има вкупно 95 катови. Објектот го сочинуваат 6 резиденциски кули со вкупна површина од 302.000 квадратни метри. Освен ова, во објектот има конвенциски центар за

1.500 лица, хотел со 5 ѕвездички за 2.000 лица, сала за молитви која може да прими 3.800 верници, 4-катна гаража за 780 возила и 10 автобуси како и 2 хелиопорта за хеликоптери. Кога објектот почнал да се гради во 2004 година, било планирано да биде висок 485 метри. Подоцна таа висина се зголемила на 591 за на крајот во јули 2010 да биде објавено дека со столбот на врвот, на кој ќе се наоѓа позлатена полумесечина, конструкцијата ќе биде висока 601 метар. Самиот врв има 93 метри и освен позлатениот исламски симбол го содржи и највисокото минаре воопшто направено во некоја џамија низ светот. Конструкцијата завршува со часовник од сите четири страни кои ќе можат да се видат од далечина од 25 километри. Секое од лицата на часовникот е високо 46 метри со што е нов светски рекордер, соборувајќи го Ален Бредли часовникот во Сојузната држава Милвоки во САД кој има 39 метри. Сите четири часовници се покриени со 98 милиони парчиња стаклен мозаик. Под основата на часовниците се наоѓа место за набљудување за посетителите и туристите. Вкупната вредност на објектот првично била лимитирана на две

милијарди американски долари кои ги инвестира Саудиската Бин Ладен групација, но анализите велат дека вредноста ќе се искачи на рекордни три милијарди долари.Како куриозитет, за време на изминатите седум години, во време на градежните активности избиле два пожара, еден во 2008 и вториот во мај 2009 година. Првиот пожар го гаснеле 400 пожарникари цели 10 часови. За среќа и во двата пожара немало жртви. Објектот ќе биде официјално пуштен во употреба идната година.

Драган РиСТОВ

Page 64: PORTA3 164

Природните и органски форми се дел од инспирацијата на серијата масички Insula од Erik Jorgensen. Материјалот е обоен алуминиум.

Модерна варијанта на лежалка претставена од шпанската компанија POINT.

Британецот Thomas Heatherwick е дизајнер на оваа ротирачка столица од полиетилен, која е приспособена и за надворешни услови.

излогизлог

ПОРТА 26 август 2011364

64

Page 65: PORTA3 164

Столче во облик на

детелина со четири листа од Ron Arad, произведено

од Driade.

Современа трансформација на традиционалниот

чадор за сонце претворен во светилка наменета за

надворешни простори.

подготви:Сандра ДОНЧеВАдипл.инж.арх.

26 август 2011 ПОРТА3 65

65

Page 66: PORTA3 164

ПОРТА 26 август 201166

66

јавни набавки

66

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 99/2011

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ, ПОСТАПКАТА

И УСЛОВИТЕ ПОД КОИ АГЕНЦИЈАТА ЗА ДРЖАВНИ

ПАТИШТА ДАВА СОГЛАСНОСТ ЗА ИЗГРАДБА НА ДРЖАВЕН ПАТ НА ДРУГ ИНВЕСТИТОР

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 100/2011

УРЕДБА ЗА ЕКО ДИЗАЈН НА

ПРОИЗВОДИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 102/2011

УРЕДБАЗА ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА

НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА И ВИСИНАТА НА ПОСЕБНИТЕ ТРОШОЦИ

ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ

И ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП

ОДЛУКАЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА

ПЕРИОДОТ НА ЗАКУП НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ

ВО ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКАТА РАЗВОЈНА

ЗОНА СКОПЈЕ 1 И ЗА ВИСИНАТА НА ЗАКУПНИНАТА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 69/2011

Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на фирма со лиценца за изведувач Б, за хортикуларно и партерно уредување на јавни зелени површини на територија на општина Аеродром.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 19.09.2011 год.

БРОЈ: 20/2011Назив на договорниот орган:Општина Кисела Вода, “Првомајска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка – лиење на спомен обележје – скулптура “Македонски војвода на коњ“ во бронза.Контакт тел/факс: 2785-417, 2770-210, лице за контакт: Борче Лазаревски.Јавно отворање на понудите на ден 15.09.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 104/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 17/2011Назив на договорниот орган:ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. “Вељко Влаховиќ“ бр. 11, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Услуга за вршење на стручен надзор при изведување на градежни активности за изградба на објект управна зграда на ЈП Водовод и канализација Скопје.Контакт тел/факс: 02 3240-304, лице за контакт: Бојан Василевски.Јавно отворање на понудите на ден 13.09.2011 год.

БРОЈ: 112/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка и монтажа на заштитна ограда и канделабри согласно идејно обликовно решение за заштитна ограда и илуминација на Мост на улици Васил Аџиларски и Стив Наумов по Конкурс за избор на идејно решение бр. 112/09.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 21.09.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 106/2011

ОДЛУКАЗА УТВРДУВАЊЕ НА ГЕОДЕТСКИ

РАБОТИ ЗА ПОСЕБНИ НАМЕНИ ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА

ИЗГРАДБА НА СЕМЕЈНИ КУЌИ ВО ОПШТИНА ЛОЗОВО

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план за село Лозово бр. 18, донесен со одлука бр. 0701 – 32/1 од 16.03.2009 година, објавен во Службен гласник на Општина Лозово бр. 18 на ден 06.03.2009, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, за нивната намена (А1 – семејно домување), катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, максималната висина, катност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, максимална бруто развиена површина, потребни паркинг места, почетна цена по м2 и депозит за учество на јавното наддавање.Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 29.08.2011 година на адреса

на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје.Јавното наддавање ќе започне на 02.09.2011 година, во 12.00 часот.

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА

ИЗГРАДБА НА СЕМЕЈНИ КУЌИ ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план за дел од МЗ “1“ “Карпошева“ “Пиринска“ “Крсте Мисирков“ и крак “Крсте Мисирков“ “Јане Сандански“, донесен со одлука бр. 07 – 209 од 22.02.2010 година, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, за нивната намена (А1 – семејно домување), катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, максималната висина, катност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, максимална бруто развиена површина, потребни паркинг места, почетна цена по м2 и депозит за учество на јавното наддавање.Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 29.08.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје.Јавното наддавање ќе започне на 02.09.2011 година, во 14.00 часот.

Page 67: PORTA3 164

рубрика

67

26 август 2011 ПОРТА3 67

67

Page 68: PORTA3 164