Download - Rafting Macedonia

Transcript
Page 1: Rafting Macedonia

СОЈУЗ НА ИЗВИДНИЦИ

НА МАКЕДОНИЈА

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПРИРОДНИТЕ МОЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА, ЗА РАЗВОЈ НА РАФТИНГОТ, КАКО ДЕЛ ОД ПОРЕЧАНСКО-ЕДУКАТИВНАТА

ПРОГРАМА ВО ИЗВИДНИШТВОТО

ФИЛИП УНЕВСКИ

Извиднички Одред Методи Митевски – БРИЦО

Скопје 02.10.2013

Page 2: Rafting Macedonia

Поддржувачи:

Фамилија: Уневски Фамилија: Велкови

Фамилија: Шиљковски Фамилија: Москови

Фамилија: Јанковиќ Содржина: .

1. Вовед и Мотиви 2. Цел и Планирање 3. Безбедност и Опрема 4. Прва експедиција - Треска 5. Втора експедиција - Вардар 6. Трета експедиција - Дрим 7. Евалуација на проектот

Page 3: Rafting Macedonia

ВОВЕД И МОТИВИ .

Рафтингот за кој прв пат слушнав на мои 15 години, беше приказна која традиционално се одвивала пред многу години. Приказната раскажува за авантура која се одвивала по реката Вардар. Започнува на Камениот мост во Скопје и завршува на железничката станица во Велес. Шест момчиња на 17 години седнуваат во чамец - Кобасичар, во

пластично буре со себе ги носат облеката, храната, и опрема за преспивање во импровизираниот камп после Зеленково каде ќе ја продолжат својата пловидба до Велес. Приказната генерално раскажува за слободата на човековото тело, дух и свест низ предизвиците кои ни ги нуди природата. И покрај високиот коефициент на ризик кој со себе ја носи активноста, а го презема свеста, духот го носи телото во димензија која дозволува ментален триумф. Во таа димензија им се пркоси на гравитацијата и другите физички сили и закони. Замислете го скијачот кој прави салто како дисциплина скок во скијањето или пак моторциклист кој прескокнува 10 автомобили. Состојбата која трае најмногу неколку секунди на

приредувачот му нуди состојба на лесност и слобода. Таква состојба нуди БУКОТ, совршена поставеност на природата која создава слап висок 1 метар. Водата силно се пени на местото каде водата удира во карпите на дното на реката. Над местото се издига бран од половина метар во воздух. При преминот на овој дел адреналинот се качува до максимални граници, а учесниците се спојуваат со небото. Во најголемиот дел од стазата реката е мирна и дава одлична можност за запознавање со природата од сосема поинаков агол на поглед и доживување. Мирот и тишината се во целост. Зачин на целото доживување даваат само повремените звуци на жуборењето на реката и криците на величествените птици, чие живеалиште е реката. И во даден момент целата приказна останува единствено во сеќавањата на постарите извидници. Личноста која ме воведе во пирказната е Томе Велков добро познат во извидничките кругови како Фантом.

Page 4: Rafting Macedonia

ЦЕЛ И ПЛАНИРАЊЕ .

Целта на проектот за почеток беше да се испробаат природните можности во нешето пошироко опкружување за спроведување на активноста. За почеток беа детерминирани 3 реки и тоа: Треска, Вардар и Дрим. Деталното

следење на тековите на реките и безбедноста по определени делници беше клучно за понатамошниот развој на цела лепеза активности кои се составен дел на рафтингот, а се дел од поречанската програма. Авантурата, запознавање на природата, развивање на тимскиот дух, веслање, безбедност на вода,

прва помош на состојби произлезени од активности на вода беа дел од целите и желбите со кои сакавме да се соочиме. Водејќи се по нив, исто така цел ни беше да истражиме колку активноста е атрактивна за младите, што можат они да научат, со кои вештини можат да се здобијат, и зошто поречанството е останато само во називите на некои извиднички одреди. Одговорот на првите две прашања е крајно позитивен со многу придобивки, а за третото едноставо немаме време да го бараме одговорот.

БЕЗБЕДНОСТ И ОПРЕМА .

Рафтингот како активност според коефициентот на ризик спаѓа во класата на екстремни спортови. Затоа секогаш е потребно сеопфатно анализирање и

планирање на сите фактори од кои зависи пловењето. Особен акцент беше ставен на целосната заштитна опрема без која е незамисливо да се спроведува ..активноста.

Опрема која се користеше во сите експедиции беше:

Рафтинг чамец - SAVA, за 7мина 1

Патнички моторни возила 2

Весла 10

Заштитни појаси 10

Шлемови 10

Карта од терен 3

Профил на терен 3

Водонепропуслив мобилен телефон

1

Нож 2

Јаже 2

Page 5: Rafting Macedonia

ПРВА ЕКСПЕДИЦИЈА – ТРЕСКА .

После многу години се создадоа услови за приказната повторно да заживее. По едномесечни подготовки, запознавање со теренот, текот на реката и нејзиниот пад, целосната опрема, како и местата на тргнување и пристигнување како и техничката поддршка од копно, тимот беше подготвен. Активноста се одржа на 19 Мај 2013.

ТИМ .

Тројца извидници авантуристи меѓу кој: Филип Уневски - И.О.М.М. - Брицо, Зоран Шиљковски - Старешина на П.С.И.О., Бобан Москов - Старешина на И.О. Браќа Миладиновци,

заедно со нашиот пријател: Ненад Јанковиќ - Инструктор Спасувач од Црвен Крст,

се договорија за првиот спуст по река Треска. Техничи поддржувачи од копно беа:

Снежана Јанковиќ - П.С.И.О. Ана Велкова - И.О. Браќа Миладиновци.

Page 6: Rafting Macedonia

По успешното завршување беше констатирано дека патеката нуди одлична можност за одржување на активноста но потребна е претходна подготовка на помирна вода. Услов за одржување на активноста е да биде пуштена браната Матка инаку водостојот е премногу низок.

БУЏЕТ НА ЕКСПЕДИЦИЈАТА .

Користење на опремата 3.000

Амортизација на возила и гориво 1.500

Оброк и Пијалоци 1.200

Подготовки 1.000

Друго 200

Вкупно: 6.900

Целата сума од 5.700 денари беше обезбедена од Тимот, донатори и подржувачи. Како донатори и поддржувачи се јавија: И.О.М.М. - Брицо, фамилија Уневски, фамилија

Велкови.

За појдовна точка беше одбрано местото, мостот под кајак патеката на Матка, а за крај на стазата се одбра мостот кај село Крушопек. Патеката е долга 7 км и тимот ја помина за 40 минути. Тимот за време на спустот се соочи со доста предизвици околу техниката на

веслање поради немањето на

сериозно претходно искуство.

Page 7: Rafting Macedonia

ВТОРА ЕКСПЕДИЦИЈА – ВАРДАР .

Три недели по првата на 28 Maj се одржа втората експедиција со делница Скопје-Зелениково-Велес. Возбудени од првото искуство тимот ја започна подготовката за следното неверојатно искуство. Овој пат далеку поискусни со многу поголем предизвик пред себе, започна истражување на теренот. При крај на подготовките беше договорено да веслаат 6 души во еден чамец за кој ќе биде врзан помошен чамец во кој ќе се транспортира целата опрема: шатори, изомати, вреќи за спиење, храна, облека, алат и друга поситна опрема.

ТИМ .

Филип Уневски - И.О.М.М. - Брицо, Зоран Шиљковски - Старешина на П.С.И.О., Бобан Москов - Старешина на И.О. Браќа Миладиновци, Горан Ѓорѓиев - Генерален секретар на СИМ, Андреј Геогиев - П.С.И.О., Антонио Саздовски.

Технички поддржувачи од копно беа: Снежана Јанковиќ - П.С.И.О., Ана Велкова - И.О. Браќа Миладиновци, Никола Уневски - И.О.М.М. - Брицо.

Page 8: Rafting Macedonia

Приказната започна! Во 14:00 на мостот помеѓу населба Аеродром и Ново Лисиче започна долго очекуваната авантура. Како изгледа пловидбата по Вардар, прочитај во “Вовед”. Можам да истакнам дека реката нуди одлична можност за започнување со обука за Рафтинг. По Целото течение текот е мирен, а природата во Таорската клисура - прекрасна.

Тимот веслаше 2 пати по 4 часа за да стигне до Велес. Првиот ден се пристигна под село Зелениково во близина на Железничката станица каде има питка вода. Тука тимот крена логор и покрај оган печеше кобасици и се спремаше да преноќи. Следното утро по појадокот и пакувањето на целата опрема се упативме кон Велес.

БУЏЕТ НА ЕКСПЕДИЦИЈАТА .

Користење на опремата 6.000

Амортизација на возила и гориво 1.500

Оброк и Пијалоци 3.000

Подготовки 1.000

Карти за воз 720

Друго 200

Вкупно 12.420

Целата сума од 12.420 денари беше обезбедена од Тимот, донатори и подржувачи. Како донатори и подржувачи се јавија: И.О.М.М. - Брицо, фамилија Уневски, фамилија Велкови.

Page 9: Rafting Macedonia

Букот

ТРЕТА ЕКСПЕДИЦИЈА – ДРИМ .

Третата експедиција се одржа во утринските часови на денот на официјалното отварање на 11тата Смотра на Сојузот на Извидници на Македонија, 21.07.2013.

Единствената опасна точка - Букот, по кратко извидување на теренот беше успешно совладан, без ниеден испаднат човек со целата опрема од помошниот чамец. Место на пристигување беше најблиската точка до железничката станица одалечена само 500 м. Враќањето од Велес за Скопје се спроведе со воз.

Page 10: Rafting Macedonia

ТИМ .

Екпедицијата имаше за цел да извиди кои можности ги нуди прекрасната река Дрим за одржување на повеќедневна работилница за учесниците на Смотрата. Реката во однос на првите две е најповолна за започнување со тренинзи за активноста.Активноста започнуваше од мостот на влезот на село

Мороишта и завршуваше на мостот кај село Ташмаруништа од каде започнува вештачкото езеро Глабочица еден. Потребно време за поминување на трасата е час и половина. По поминувањето на делницата беше константирано дека реката овозможува одржување на ктивноста Рафтинг за учесниците на Смотрата.

Филип Уневски - И.О.М.М. - Брицо, Зоран Шиљковски - Старешина на П.С.И.О., Бобан Москов - Старешина на И.О. Браќа Миладиновци, Иван Велковски - П.С.И.О. Стефан Шефченко - П.С.И.О.

Техничи поддржувач од копно беше: Армијата на Република Македонија.

Page 11: Rafting Macedonia

БУЏЕТ НА ЕКСПЕДИЦИЈАТА .

Користење на опремата 3.000

Амортизација на возила и гориво 1.500

Оброк и Пијалоци 800

Подготовки 1.000

Хонорар за возач 800

Друго 200

Вкупно 7.300

ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ .

Со голема радост и восхит, без лажна скромност морам да констатирам дека проектот беше успешен и во многу аспекти ги надмина очекувањата и поставените цели. Како екстремна активност проектот заврши без ниеден случај на загрозување на животот и здравјето на сите учесници од трите експедиции. Опремата која се користеше не претрпе никакви оштетувања.

Генералната оцена на природните можности во Македонија е висока. Реките кои беа цел на истражување нудат одлична можност за развој на активноста. Дрим и Вардар со мали исклучоци нудат можност за почетници, додека Треска нуди сериозна можност за развој на техиките вештини при веслање. Голема предност дава автомобилскиот пристап на голем дел од трасите, како и делови кои можат да се користат за застанување, одмор и кампување.

Целата сума од 7.300 денари беше обезбедена од Тимот, донатори и поддржувачи. Како донатори и подржувачи се јавија: И.О.М.М. - Брицо, Сојуз на Извидници на Македонија и Армија на Република Македонија.

Page 12: Rafting Macedonia

Во однос на поречанската- едукативната програма, рафтингот како водечка активност поттикнува голема лепеза на пропратни активности како што се:

Ориентација, Живот во Природа, Прва Помош и Заштита, Градење Тим и Тимски Дух, Физичка Активност.

Истата е сериозно атрактивна, едукативна и предизвикувачка за сите млади кои сакаат да ја запознаат природата и реките.

Единствен проблем кој се јавува за сериозен пристап е реално скапата опрема која се користи и големите средства кои се потребни да се оспособат повеќе чамци за пловидба. Дополнителен трошок кој се јавува е транспортот на луѓе и опрема. Исто така за одвивање на активноста е потребна техничка поддршка од копно за време на целата пловидба во случај на потреба.

Реално постојат одлични природни услови за одржување на активноста. Тоа го докажа активноста Рафтинг на Смотрата која се одржа 9 пати од кој 7 пати со два чамци, и на истата поминаа над 120 извидници, учесници на Смотрата од 11 до 18 годишна возраст. Од страна на учесниците активноста беше оценета со највисока оценка, и го зазема високото 3то место од 35 различни активности.

Голема благодарност Тимот упатува до : фамилија Шиљковски, фамилија Москови и фамилија Јанковиќ за безрезервната поддршка на Тимот во сите аспекти на експедициите.

Филип Уневски, Извиднички Одред Методи Митевски - Брицо

02.10.2013 – Скопје

Page 13: Rafting Macedonia
Page 14: Rafting Macedonia

Зоран Ш .

Започна како авантура и приказна раскажана од повозрасните извидници кои имале прилика да ја искусат во време кога биле активни и извидништвото во Македонија било во својот полн зенит. Овие искуства ни ја разбудија желбата и идејата да пробаме нешто на своја кожа, а што сме го гледале на авантуристичките филмови и емисии на телевизија. Условите се создадоа сами по себе и коцките се наредија во совршен ред: опрема, луѓе, временски услови, финансии и сите други ситници кои го надополнија мозаикот наречен Рафтинг на реките во Македонија. Авантурата ја започнавме со доза на страв што ли ќе не очекува кога ќе бидеме сред течението на реката, а не како досега на сигурно на нејзиниот брег. Уште веднаш може да го дадеме заклучокот: Да, на реките во Македонија може да се плови со гумен чамец и не постои пречка за оваа активност. Сосема неуки и подготвени само со желба за авантура може да ја искусите оваа активност и да се стекнете со вештина за пловење и веслање. Реките Треска, Вардар и Црн Дрим го овозможуваат ова искуство на основно ниво, со јачина на скалата на брзаци и речни текови од 1 до 5, со просечна оцена 2. Напоменуваме дека реката Црн Дрим во целото своето течение од Струга до езеро „Глобочица еден“ е со оцена 1, достапна и за најмладите и без претходна физичка подготовка. Реката Вардар како најголема река и со своето широко корито најчесто во текот е со оцена 1, но во еден свој мал дел на 10-на км пред Велес е со одличен, атрактивен брзак наречен БУК кој е со оцена 3. Реката Треска е со просечна оцена 2 бидејќи е најбрза во својот тек, но истовремено и тесна за што е потребно постојано веслање за да се има целосна контрола на чамецот. Влијание на течението има браната Матка која го регулира протокот на вода, па може да се случи и нивото на реката да биде на многу ниско ниво.

За одвивањето на оваа активност не се потребни огромни подготовки и повеќе месечни планирања. Секако неопходно е да се има опрема (чамец, весла, појаси, шлемови) која чини пари, но ова видување е поставено од агол на природните услови на реките и пловењето како вештина која дури и најмладите извидниците би ја совладале/почуствувале. Основите на пловењето може да се совладаат на нашите реки, а со тоа ќе ја промовираме и ќе ја доближиме речната животна средина до извидниците кој најчесто престојуваат на планина или во летниот период на езеро. Оваа подзаборавена активност со својата атрактивност ќе допринесе за промовирање на извидничкото движење во Македонија и зголемување на понудата за младите, а со тоа и на бројот на членови во извидничките одреди. Дополнителен заклучок е дека пловењето или популарно наречен Рафтинг е реална и остварлива активност на која мора да се смета и да се развива меѓу извидниците.

Page 15: Rafting Macedonia
Page 16: Rafting Macedonia

www.scout.org.mk

www.facebook.com/brico.scouting


Top Related