225 porta3

68
Македонски домови: Вила со поглед, Елшани, Охрид Добре Тасевски: Најискрено уживам кога се надминува некој вистински проблем Ким Херфорт Нилсен: Архитектурата како еволуција ОКТОМВРИ 2014 225 ГРАДЕЖНИШТВО ПОРТА АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 ДЕНАРИ

Upload: porta3

Post on 06-Apr-2016

297 views

Category:

Documents


12 download

DESCRIPTION

Spisanie za gradeznistvo arhitektura i ekologija

TRANSCRIPT

Page 1: 225 Porta3

Македонски домови: Вила со поглед, Елшани, Охрид

Добре Тасевски: Најискрено уживам кога се надминува некој вистински проблем

Ким Херфорт Нилсен: Архитектурата како еволуција

ОКТОМВРИ 2014

225

ГРАДЕЖНИШТВО

ПОРТААРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 ДЕНАРИ

Page 2: 225 Porta3

31 октомври 2014ПОРТА

Connecting Global Competence

The future of building

MK DEinternational DOOEL Skopje · [email protected] Tel. +389 2 3228 824 · Fax +389 2 3296 790

BAU15-jg-207x270-4c-E_MK.indd 1 24.06.14 12:39

Page 3: 225 Porta3

БРОЈ 225 ПЕТОК 31.10.2014 ГОДИНА X

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА)Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИАлександра ШЕКУТКОВСКААнастасија НИКОЛОВСКААндреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌБиљана СТОЈАНОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВДрагица ФАРРЕН (В.Британија)Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Ивана ГРУПЧЕКате АНТЕВСКАМихаил ТОКАРЕВСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.проф. д-р Катерина ДОНЕВСКАдипл.град.инж.

Издавач: „Биропрес“ ДОО СкопјеУл. ВаСил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 7, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати:

Маркетинг:

[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден.жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

Прашањето на перцепцијата нè охрабрува да ја доживуваме архитектурата како постоење во објектот со поглед, со допир и со слух. А за да се отвори архитектонската перцепција, треба да се застане пред хоризонтот и да се препушти на претопувањето на екстериерот и ентериерот. Се создава архитектура која вклучува јасна мисла формирана на самиот терен. Таква е вилата Елшани, крај Охрид. Овој проект на „Радо инженеринг“, е првиот што го претставуваме во новата серија на „Порта 3“ - Македонски домови. - Отсекогаш сум имал желба да работам со предизвици. Да работам нешто што на другите не им паднало на памет никогаш. Така се отвора голем простор за докажување. Тоа значи дека, за да се докажеш треба голем ангажман поврзан со многу труд, - вели Добре Тасевски, градeжен инженер, и додава дека најискрено ужива кога се надминува некој вистински проблем. На неодамна одржаната Белградска недела на дизајн, гостуваа многу еминентни експерти од различни области на дизајнот. Од архитекти, преку графички дизајнери сè до дизајнери на

храна. Архитектонскиот дел го збогати со своето предавање и данскиот архитект Ким Херфорт Нилсен од познатото архитектонско студио 3XN, кој даде ексклузивно интервју за нашето списание. Во Музејот на американската уметност „Витни“ во Њујорк, беше организирана изложба насловена Jeff Koons: A Retrospective, посветена на Џеф Кунс - олицетворение на ексцесот на 21 век, гуру на механизмите за поврзување на парите, уметноста, култот на сексот, кичот, баналноста и грдоста. „Порта 3“ автентично ви пренесува впечатоци од оваа изложба. „Куќа на карпа“ е интересно и уникатно решение на архитектите од студиото Dualchas, на чело со архитектот Daniel Bar, кое е номинирано од Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA) за престижната годишна награда за индивидуално домување (Manser award 2014), како дизајн со особена вредност и иновативност. Нашиот соработник од Велика Британија се потруди да ви го доближи овој проект со сите негови доблести.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,

Насловна страница:ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР ТСИНГТАО, КИНГДАО, КИНА

Македонски домови: Вила со поглед, Елшани, Охрид

Добре Тасевски: Најискрено уживам кога се надминува некој вистински проблем

Ким Херфорт Нилсен: Архитектурата како еволуција

ОКТОМВРИ 2014

225

ГРАДЕЖНИШТВО

ПОРТААРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 ДЕНАРИ

Автори: FAST+EPP и STRUCTURECRAFT

22

32 36

СОВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРАДИТЕЛИ 22

ДОБРЕ ТАСЕВСКИ, ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР

ИНТЕРВЈУ 32КИМ ХЕРФОРТ НИЛСЕН:

АРХИТЕКТУРАТА КАКО ЕВОЛУЦИЈА

АРХИТЕКТУРА 36КУЌА НА КАРПА

МАКЕДОНСКИ ДОМОВИ 40ВИЛА СО ПОГЛЕД

АРТ 62НАЈГОЛЕМИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ

НА КИЧОТ ВО СВЕТОТ

40

62

Инвестирајте во „енергетска ефикасност“

Рубриката „енергетска ефикасност“ е иницирана од ПроКредит Банка во партнерство со Порта3.Со Еко Кредитите од ПроКредит Банка по повластени услови можете да ги реализирате сите Ваши проекти кои заштедуваат енергија и имаат помала емисија на CO2 во атмосферата.

Connecting Global Competence

The future of building

MK DEinternational DOOEL Skopje · [email protected] Tel. +389 2 3228 824 · Fax +389 2 3296 790

BAU15-jg-207x270-4c-E_MK.indd 1 24.06.14 12:39

Page 4: 225 Porta3

31 октомври 20144

4

ПОРТА

градежништво

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

Page 5: 225 Porta3

5

5

ПОРТА31 октомври 2014

градежништво

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

Page 6: 225 Porta3

31 октомври 20146

6

ПОРТА

инфо КОАОИ и ИЗИИС СЕДНАА НА ЗАЕДНИЧКА МАСА, НО БЕЗ КОНКРЕТНИ РЕШЕНИЈА

Мислењата за отпорност, сеизмика и стабилност, дилема во недогледДодека од ИЗИИС го нагласуваат бенефитот од мислењата, од Комората велат дека не треба да се бара мислење од ИЗИИС за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита

Ставови, мислења и заклучоци произлегуваат од секоја средба меѓу Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија

и ИЗИИС, но недоразбирањата околу издавањето одобренија-мислења за објектите и натаму продолжуваат. На последната средба што се одржа на Градежниот факултет падна договор еден месец да се собираат сите мислења, за после тоа да се донесе заклучок како понатаму ќе се дејствува и чие мислење ќе преовлада. Темата „Размена на искуства по однос на мислењето за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита“ предизвика интерес кај градежниците да ги слушнат ставовите на двете страни, иако повеќето од нив натежнуваат кон

оние на Комората. Сепак, претставниците од ИЗИИС цврсто го бранеа својот став дека тие треба да го имаат последниот збор при издавањето одобрение-мислење за објектите околу нивната механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита. Мислењето на ИЗИИС е дека за издавање на Мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата се потребни, во просек, седум дена за мислење без забелешки или 18 дена за одговор со сугестии. „Најчесто, сугестиите што ги даваме се однесуваат на нејасни товарни комбинации, неприложена анализа на товари, на пример земање предвид ветер и снег, непрегледни извештаи од анализата, непотребно испечатени нумерички вредности кои не можат да се контролираат, некомплетни извештаи

од анализата, без комплетен преглед на статичките големини, деформации на потребната и усвоената арматура. Исто така, во генерални забелешки се и непостоење на пресметка за темелна конструкција или некоректна пресметка, не е извршена, или темелната плоча не ја задоволува контролата од пробивање, неземање предвид на заклучоците и препораките дадени во геомеханичкиот елаборат, непочитување на принципите на асеизмичко проектирање, како и многу други кои се од особено значење“, велат од ИЗИИС. Најчестите укажани технички забелешки, пак, се однесуваат на усвојување на погрешна сеизмичка зона, несоодветен третман на надградби, доградби и реконструкции, неправилно пресметување на сеизмичката сила во основата, проектирање според прописи кои не се на сила во Македонија,

Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА

Page 7: 225 Porta3

7

7

ПОРТА31 октомври 2014

инфо

неадекватно растојание меѓу узенгиите во столбовите и нивно несоодветно затворање, непроверување на анкерите на конструкцијата и опремата што е инсталирана на зградите на сеизмички сили. Според претставниците на ИЗИИС, доколку се воспостави оваа интеракција меѓу нив и проектантите, ефектите ќе бидат промена на пресеци на одредени носечки елементи, промена на распоред на вертикални елементи, уфрлување на столбови, греди, платна, промена на вид на темелна конструкција, темелење врз основа на геомеханички проект. Бенефитот од сето тоа е имање градби со зголемен проектиран степен на сеизмичка сигурност, подобрување на проектантската практика, постепено намалување на објекти со „забелешки“, редукција на потребното време и забрзување на МПС процесот. Наспроти ставовите на ИЗИИС стојат оние на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, кои велат дека не треба да се бара мислење од институција за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита.Претседателот на Комората Блашко Димитров, цврсто стои на ставот и се надева дека констатираните недоследности и предлози за подобрување на законското решение ќе бидат земени предвид од надлежните органи. Димитров вели дека досега до надлежните органи имаат испратно неколку реакции во врска со законските измени, но досега не добиле никаков одговор. „Најновите законски измени предвидуваат одземање лиценца на пет години, доколку правното лице завери извештај за ревизија на проектна документација спротивно на законските прописи. Доколку се констатира дека одредено мислење е направено спротивно на законските прописи, лиценцата на ИЗИИС би требало да се одземе за период од пет години, а со тоа и Законот за градење би станал нефункционален, зошто ако нема мислење од ИЗИИС, нема и одобренија за градење, нема ни градби. Исто така, Комората достави мислење по однос на Ценовникот за изработка на мислењата, со конкретни укажувања за неговата недоследност и висината на цената за изработка на мислењето, што изнесува скоро како и ревизија на проектната документација. Укажавме на неприфатливоста на ценовникот и висината на цената што за некои видови на објекти изнесува и до 5,22 пати, од објавените почетни цени во ценовникот“, објаснува Димитров.

Препораките што ги дава Комората се однесуваат на тоа, мислењето да се бара само за објекти со особено значење за државата и сложени инвестициони објекти, кои ќе бидат дефинирани во Законот за градење. Мислењето да биде од експерти по струки кои се вклучени во проектирањето на проектот, а не од неколку специјалности. Инспекторите треба да се од повеќе струки, а не само од архитектура и градежништво, со право да оценуваат работа на инженери од други струки дали работат по законските прописи, а самите инспектори не се стручни од тие области. Со ваквото законско решение УКИМ во чиј состав е ИЗИИС, а потоа и државата, ги преземаат одговорностите за штетите, со што се претворат во бесплатна осигурителна компанија, за период од 60 до 100 години.

Не е дефиниран критериум за изготвување мислење во текот на изградбата, ниту како и што ќе содржи ова мислење, а трошоците за мислењето се дополнителен товар за изведувачите на работите, вели Димитров, додавајќи дека воведувањето на мислењето како неопходен документ за секој објект ги усложни работите, го намали интересот на инвеститорите и ги отежна процедурите за добивање на одобрение за градење. Од Комората им препорачуваат на Министерството и на ИЗИИС да размислат околу законитоста и одговорностите од МИС1 и МИС2 во однос на одговорноста на овластените инженери и лиценцираните фирми за дејностите што ги извршуваат. Димитров предлага да се формира заедничка работна група од претставници од Министерството за транспорт и врски, Градежниот факултет, ИЗИИС,

Архитектонскиот, Машинскиот, ФЕИТ и останатите технички факултети, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Сојузот на стопански комори, Стопанска комора на Македонија и други релевантни фирми и институции, со задача да се изготви нов предлог на текстот на Законот за градење. Истиот подоцна да биде предмет на јавна расправа, додава Димитров. Свој став околу мислењето за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, даде и професорот Горан Марковски. Според него, не постои заштитен механизам од овој закон. „Државата си ја истресе правта од својата облека и ѝ ја пренесе на ИЗИИС. Државата се обиде да направи неинженерска категорија, ниски критериуми за добивање овластувања, монополско однесување“, нагласува Марковски. Генерални забелешки на законското решение, според него, се презаситеност, потпирање на почетници, притисоци, техно корупција, со ова се формира авторитарна дестимулативна пирамида на знаење. Досегашните искуства, објаснува Марковски, велат дека позитивно во целата ситуација е тоа што е избегнато предавање нецелосна проектна документација, нема самоволни промени во тек на градба, неисполнување на одредени барања од правилниците. Негативно е тоа што има асиметричност во комуникацијата, недоречени, подзастарени, недовршени и неусогласени прописи, станува збор за жива материја која е подложна на различно толкување. Практично, не се возможни позначителни подобрувања на конструктивниот систем. Често контролата се сведува на формални забелешки.Решението, Марковски го гледа во почнување на целиот процес од почеток. „Треба да има инженерска категоризација на објектите, да постојат соодветни критериуми за овластувањата кои ќе бидат строги, да има соодветни лиценци за ревизија, да постои систем на постојано учење и регулирање на дејноста“, вели Марковски. Тој додава дека само ефикасниот систем носи квалитетен производ. Значи, нема квалитетен објект без добар проектант, квалитетен ревидент, искусен и технички едуциран надзор, способен и совесен изведувач, изграден систем за контрола на материјалите и процесот на изградба. Од расправата произлегоа повеќе ставови, мислења и заклучоци, кои заедно со дополнителни забелешки ќе треба да се достават до КОАОИ и во текот на еден месец да се утврдат и да бидат презентирани.

Page 8: 225 Porta3

31 октомври 20148

8

ПОРТА

инфо ЈУБИЛЕЈ НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ

Расадник на ценети кадри

Од основањето до денес, на Градежниот факултет дипломирале 3.608 градежни, 343 геодетски и 90 геотехнички инженери

Со свеченост и доделување признанија за соработка и стипендии на најдобрите студенти, пред повеќе гости од земјава и од странство, Градежниот факултет во

Скопје одбележа 65 години постоење. - Од основањето до денес, на Градежниот факултет дипломирале 3.608 градежни, 343 геодетски и 90 геотехнички инженери. Тоа е инженерската сила која е подготвена да даде значаен придонес за развојот на Република Македонија и нејзината афирмација во светот, сега и во иднина, - рече деканот Милорад Јовановски. Во моментот на факултетот има над 1.500 студенти во прв циклус на студирање, над 250 постдипломци

и повеќе од 35 докторанти. Изминатите 65 години поминати во работа, за ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски, се значаен период вреден за спомнување. Денес, нагласи тој, Градежниот факултет при УКИМ претставува високообразовна институција која постојано ги следи и применува современите достигнувања во образованието и науката, а инженерите не се ценети само во државата, туку и надвор од нејзините граници.Долгогодишната соработка на Градежниот факултет и Министерството за животна средина и просторно планирање ја поздрави ресорниот министер Нурхан Изаири, а за значењето на Градежниот факултет во развојот на градот Скопје говореше

градоначалникот Коце Трајановски. Градежниот факултет негува долга традиција на плодна и пријателска соработка со сите градежни компании со кои заеднички ги поминува и живее сите тешкотии и убавини на градителската дејност. Како резултат на оваа соработка, беше и формирањето на Фондацијата за стипендирање на најдобрите студенти. Во име на Фондацијата присутните ги поздрави Благоја Дончев, директор на АДИНГ. Заедно со стипендиите што се доделуваат од Факултетот, оваа година им 43 стипендисти. Студентите од втората, третата и четвртата година се со просек над 9,4. Покрај нив, факултетот стипендира и околу 20 стипендисти на постдипломски студии и 10 стипендисти на докторски студии.

НАЈДОБРА ДИПЛОМСКА РАБОТА

Традиционално, на денот на Градежниот факултет, се доделува и награда за најдобра дипломска работа од областа на челичните конструкции. Оваа награда ја доделува ФАКОМ АД. Овој пат добитник е Емил Кочовски, кој неа ја работеше под менторство на професорот Петар Цветановски.

Page 9: 225 Porta3

9

9

ПОРТА31 октомври 2014

инфоНЕДЕЛА НА ДИЗАЈН ВО СКОПЈЕ

Полигон за гаење креативностНа настанот поминаа повеќе од 200 учесници и имаше изложби кои опфаќаа продукт, графички и модерн дизајн. Се одржуваа работилници за дизајн на мебел, стакло, велосипедска опрема, а се претставија дизајнери од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Романија, Бугарија и од Франција

Неделата на дизајнот во Скопје, како и секоја претходна година, помина со голем интерес

кај посетителите, кои ги имаше не само од Македонија туку и од соседните земји, со што се покажа дека настаните од овој тип се особено привлечни. Автентичниот простор на Куршумли ан од 23 до 28 септември беше обвиткан со уметноста и дизајнот. Повторно, посебен белег даде тоа што манифестацијата за најновите достигнувања во дизајнот се одржа во еден од најстарите објекти во Скопје. На настанот, кој од година во година си добива свој посебен идентитет, поминаа повеќе од 200 учесници, и имаше изложби кои опфаќаа продукт, графички и модерн дизајн. За време на одржувањето на настанот постојано, по цели денови, се одржуваа работилници за дизајн на мебел, стакло, велосипедска опрема, а вечерните часови беа резервирани за концерти на диџеи. И годинава се претставија дизајнери од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Романија, Бугарија и од Франција. Оваа година земја во фокусот беше Франција, од каде дојдоа десет дизајнери кои на своите македонски колеги и на публиката им објаснија како нивната земја успева да создаде производи кои се светски бренд. Пионерските достигнувања на современиот француски дизајн се помеѓу најблескавите примери кои го промовираат нивниот дизајн, како еден

Page 10: 225 Porta3

31 октомври 201410

10

ПОРТА

од водечките национални дизајнерски движења. Иако тежнее кон функционалност, едноставност и достапност, францускиот дизајн има поставено стандарди на квалитет, луксуз и ексклузивност, давајќи одговор на вечната дизајнерска дилема - како да се постигне совршен баланс меѓу нив. Гостите од Франција, задоволни од она што ги пречека во Скопје, со задолволство на секој заинтересиран посетител му раскажуваа за своите дела. Студиото ГГСВ постои од 2011 година и е основано од Гаел Габие и Стефан Вилар. Токму Вилар ги задоволи нашите интереси за нивните дела, давајќи детални објаснувања дека од азбесните плочи прават плочки кои може да бидат и грејни

тела, и кои исто така се безбедни за користење. „Целата наша филозофија е на отпадните материјали во градежништвото, кои инаку би биле фрлени, да им се најде нова намена, да се употребат за нешто корисно. Во Франција постои висока култура и свест за реупотреба и рециклирање на материјалите за да има што помалку отпад“, објани Вилар. Вилијам Бужон и Жулиен Бенајун се креативното дуо на „Болд-дизајн“, на кои знаењата од индустрискиот дизајн им помагаат да развијат проекти каде што декоративното станува функционално, а нивните предмети и форми често имаат наративен контекст. Тие сакаат да го пренесат „сценариото“ зад секоја нивна креација, а секое од тие „сценарија“ има структура. Владеењето на техниките и материјалите, „Болд-дизајн“ ги остварува преку мебел, предмети, поставки и просторни замисли или уметнички инсталации. Нивните креации се инспирирани од нашето постојано и

повторно пронаоѓање на дневните рутини. Главната активност на „Саар Фемури дизајн студио“ е продукт дизајн. Нејзините дизајни се фокусирани на основите и се инспирирани од едноставни линии и благи лакови, со цел да се создаде елегантен дизајн кој лесно би се вклопил во секојдневието. Амондин Кор и Аиса Ложеро дизајнираат предмети и мебел кои се во хармонија со функцијата и формата, трајноста и секојдневната примена. Модната куќа „Жонжик“ од Париз е посветена на креација на иновативни и уникатни модни и стилски производи кои ги претстави и на македонската јавност. Колекциите се дефинирани со поврзување на традиционалната уметност со современиот дизајн, со акцент на кројот и употреба на специјално создадени ткаенини. И македонските дизајнери оставија впечаток кај присутните. Накитот на Јана Ацевска послужил како инспирација по која

Никола Радељковиќ, дизајнер

ЛУЃЕТО ПРИФАЌААТ И НАДРЕАЛНИ ДИЗАЈНИ

За време на скопската Недела на дизајн се одржа и работилницата со интересен наслов „Пост-трауматски стрес дизајн“, а која беше водена од Никола Радељковиќ, дизајнер од групата „NUMEN/For Use“ кој воедно се смета и за експерт за просторниот сет и за продукт-дизајнот. Радељковиќ на предавањето го покри описот на работата на дизајнерите во транзициското опкружување, кои се обидуваат да најдат стратегии и алати за реализација на кретаивниот импулс во непријателска средина. Првичните иницијативи на групата „NUMEN/For Use“ се карактеризираат со експерименти со безличен дизајн и радикални намалувања на формата, длабоко вкоренети во традицијата на високиот модернизам и главно применливи на различни синергетски тотал-дизајн проекти во Хрватска. На презентацијата Радељковиќ ги пренесе и искуствата на групата, што ги имале во процесот на создавање на идеите, развивање на концептот и комуникацијата со клиентите во процесот на реализација на некој производ. Според него, луѓето многу лесно може да прифатат надреален дизајн, ако покрај нив стои дизајнер кој ќе ги убеди во неговата функционалност и безбедност. На прашањето што е пресудно за добар дизајн, Радељковиќ вели дека тоа е подготвеноста на дизајнерот да биде отворен за сите проблеми кои настануваат во самиот процес, а од пост-трауматскиот стрес дизајн клучно е да се извлече најдоброто од тој стрес.

инфо

Page 11: 225 Porta3

11

11

ПОРТА31 октомври 2014

потоа се направиле маски за радијатори од страна на „Завар дизајн“, а кои беа изложени во Куршумли ан. Колекцијата се вика „Капка“ и е насловена по истоимениот бренд на накит од Ацевска. Оваа година со Сивус е развиена веб апликација за лична нарачка на дизајнираните радијатори на „Завар дизајн“. „На овој начин клиентите имаат можност преку користење на својата имагинација да креираат различни комбинации на радијатори. Апликацијата му дава слобода на крајниот корисник да ги комбинира елементите со што постои и флексибилност во изборот на димензиите и дизајнот“, вели Марта Наумовска Грнарова. „Он тиме“ е специјализирано студио за дизајн, изработка и продажба на ѕидни часовници. Спојот на времето, обликот и високиот естетски израз на часовниците го исполнува амбиентот со својата уникатност. Секој производ е единствена креација, помината низ процес на рачна изработка, во кој се вградени многу тивки механизми произведени во Германија. „Со нашите часовници времето е претворено во уметност“, велат од „Он тиме“. Како ново дизајнерско студио се претстави и „Ринока“ кое е посветено на оние што сакаат да создадат свој свет кој ќе ги одвлекува од секојдневието. Катерина Трпковска е дизајнер кој создава подни светлечки тела кои не следат никакви трендови и не се дел од некој шаблон. „За изработка на секое парче производ користиме квалитетни материјали од типот на масивно дрво, конструкции направени од челик, штофови. Затоа тие немаат рок на траење. Едноставно се безвременски и приспособливи на секаква околина“, вели Трпковска. Како македонски бренд се појави и „Ние и природата“, кои нудат најдобар еколошки мебел. Сетот на производи се состои од уникатни парчиња мебел кои се пренесуваат од генерација на генерација. „Станува збор за рачно собирана дрвена граѓа од најоддалечените места во Македонија, што со одлично познавање, врвна технологија и мајсторство на столарот дава високо естетски безвременски модуларен мебел“, велат луѓето од „Ние и природата“. Италијанска керамика и санитарна опрема за домашниот пазар нуди „Конструкта“ кој е познат бренд за инженеринг и дизајн на мебел и ентериери. „Нашите идеи и креативност, како и искуството, нудат решенија дури и за најпребирливите клиенти со префинет вкус и око за дизајн“, велат од тимот на „Конструкта“. Дека целиот материјал може да се искористи при работата, истакна Ана

Армано Линта, која на Неделата на дизајнот се претстави со Table Yourself, серија на маси направени од една плоча. Станува збор за маси направени со минимален отпаден материјал, без дополнителни поврзувања. Едноставно се поврзуваат, се користат и се расклопуваат, се складираат или транспортираат. Работилниците беа битен дел во составот на Недела на дизајнот во Скопје. Под менторство на Анита Гај се одржа работилница за млади дизајнери и уметници кои сакаат да го научат процесот за создавање на 3Д декорации од рециклиран материјал. Исто така, имаше и работилница на млади дизајнери на мебел, продукт дизајнери и уметници од балканскиот регион кои сакаат да го научат процесот на брзо конструирање и изработка на столици од рециклиран материјал. На Неделата на дизајнот беше претставена и добро познатата интернет-кутија со најдобрите книги, со што од виртуелниот свет се влегува во реалниот. „Завар

дизајн“ го направи скелетот на штандот, а учесниците во работилницата имаа задача да ја дизајнираат неговата обвивка, така што ќе можат да бидат сместени и изложени книги и поврзани производи и опрема. Bookbox треба да биде лесно, трајно, едноставно да се витка или составува и расклопува за да може да се турка. Поддржувачите на вело-културата на работилницата „Дизајн на велосипедска опрема“, под менторство на Јасна Шоптрајанова, ги претставија дисагите, навлаките за дожд за седиштето и за целиот велосипед и другите додатоци, како опрема која ќе го направи возењето практично и креативно. Меѓународниот консултант за мебел Џејмс Келин, на работилница ги претстави трендовите, дизајнот, фактите и бројките од пазарот на мебел во Европа. Во рамките на скопската Недела на дизајн беше организиран и меѓународниот повик за креативно решение за етикета на виното „Шардоне“ на ВВ „Тиквеш“. К.С.Т.

инфо

Page 12: 225 Porta3

31 октомври 201412

12

ПОРТА

градежништво

Акустика во објекти

Без разлика од каде потекнува бучавата, дали од патен сообраќај, железничка пруга, аеродроми, индустриски објекти, дали би било

тоа бучава продуцирана од музика во концертни сали или различни настани, таа е насекаде околу нас. Околината околу нас е „бучна“ 24 часа на ден. Седум дена во неделата ние сме изложени на звуци кои не ги сакаме, немаме потреба

од нив ниту пак некаква корист. Останаа уште само неколку места на планетата каде што можеме да се ослободиме од непотребните звуци. Зголемената бучава може да нè фрустрира и да ја спречи нашата говорна комуникација. Може да нè загрози додека шетаме по улиците или додека возиме. Исто така во голема мера влијае и врз нашето здравје: изложеноста на високо ниво на бучава може да предизвика перманентно губење на слухот. Покрај тоа што негативно влијае врз здравјето на луѓето, зголемената бучава влијае и врз квалитетот на звукот што го слушаме во концертни сали, филхармонии, спортски сали и слично. Изворите на бучава може да бидат надворешни и внатрешни. Џагорот, шумот од луѓето, бучавата предизвикана од различни машини, уреди за греење и ладење спаѓаат во внатрешни извори на бучава. Во надворешните спаѓаат сите останати кои доаѓаат од надвор како и вибрациите што се пренесуваат преку конструкциите на дадени објекти. Сите материјали низ кои поминува звукот се акустични материјали. Само што едните се подобри од другите.

Кристина ПЕТРОВСКА, дипл.инж. за животна средина и ресурси,

ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје

Преносот на бучава е преку отвори односно порозноста на материјалот, вибрирањето на ѕидот односно преградата, со што се формира ефект на мембрана, и преку простирање низ градежните конструкции.

Page 13: 225 Porta3

13

13

ПОРТА31 октомври 2014

градежништво

Способноста на некој материјал или конструкција да пропушти низ себе дел од звучната енергија ја дефинира неговата пропустливост на звук, односно неговата способност за звучна изолација. Звучната изолација го изразува степенот до каде патува звукот низ воздухот и се намалува кога се пренесува низ даден материјал или компонента. Технологијата за контрола на бучавата од внатре и надвор е добро развиена во денешно време. Проблемот е во тоа што таа многу ретко се користи. И најдобрата акустика на просторијата не вреди ако бучавата е голема. Затоа е потребно да се изведе соодветна звучна изолација со која ќе се намали бучавата во просторијата

и ќе се доведе до задоволително ниво. За да се направи добра звучна изолација на дадени објекти, потребно е да се изведат серија на мерења на нивото на бучава која е продуцирана. Мерењата се клучен предуслов во изборот на добра заштита од непријатните звуци кои постојано нè опкружуваат. Одделението за испитувања во животна средина, кое е во склоп на компанијата Геинг Кребс унд Кифер, врши мерења на звучна изолација на згради и градежни елементи според препораките дадени во стандардот ISO 140 – 4:2010. Мерењата се вршат со помош на мерен инструмент букомер класа 1 во согласност со барањата на дадениот стандард. Нивото

на звучен притисок се мери користејќи 1:3 октава со фреквенција од 100 – 3150 Hz. Во одредени случаеви фреквенцијата може да се зголеми и до 5000 Hz. Со вршење на мерењата според препораките дадени во ISO стандардите, може да се даде реална слика за нивото на звучен притисок како и спектарот на адаптација за последователно да произлезат и соодветни мерки за заштита од бучава и изведба на соодветна акустика. Нема добра и лоша акустика, постои само соодветна и несоодветна акустика. Суштински елемент за постигнување на успех при контрола на бучавата е самата желба таа да се постигне.

Page 14: 225 Porta3

31 октомври 201414

14

ПОРТА

градежништво ТОПЛИНСКИ МОСТОВИ КАЈ ГРАДЕЖНИТЕ ОБЈЕКТИ

Инфрацрвена термографијаИзградба на градежни објекти без топлински мостови е речиси невозможно, меѓутоа со правилно проектирање на деталите од топлинската заштита, влијанието на топлинските мостови може да се сведе на минимум

Еден од главните проблеми со кој се среќаваме при изградба на нови и санација на постоечки објекти, се топлинските мостови кои e најдобро да се решат при

самата градба (со добро проектирање), отколку подоцна да се санираат. Топлински мост е поим кој најчесто се користи во градежништвото и машинството. Во градежништвото, топлинските мостови претставуваат помали области во обвивката на објектот (обично фасадата) низ кои е зголемен протокот на топлина поради промена на материјалот, дебелината или геометријата на градежниот елемент. Во зависност од причините за зголемениот проток на топлина, разликуваме два вида на топлински мостови:

• конструктивни топлински мостови – настануваат при комбинирано користење на материјали со различна топлинска проводливост;

• геометриски топлински мостови – настануваат поради промена на геометрискиот облик на градежната конструкција.

Во практика, на местата каде што се појавуваaт топлинските мостови, најчесто доаѓа до заемно дејство на двата вида. Бидејќи топлината секогаш излегува по најлесниот пат од загреаниот простор (пат со најмал отпор), топлинските мостови се места низ кои ќе имаме поголеми загуби на топлина. Исто така, доколку имаме подобра топлинска заштита, повторно повеќе топлина ќе се губи преку незаштитените топлински мостови. Изградба на градежни објекти без топлински мостови е скоро невозможно, меѓутоа со правилно проектирање на деталите од топлинската заштита, влијанието на топлинските мостови може да се сведе на минимум.

Места каде што се појавуваат топлинските мостови Најчести места на појавување на топлинските мостови кај градежните објекти се:

• аглите на објектите;• споевите на внатрешните и

надворешните ѕидови;• испадите на балконите и еркерите;• споевите на армирано-бетонските

меѓукатни конструкции и надворешните ѕидови;

• стреите на крововите и споевите на ѕидовите со кровот;

• хоризонталните и вертикалните серклажи;• споевите на ѕидовите со

прозорците и вратите;• надворешните шпалети на

прозорците и вратите;• кутиите за ролетни;• нишите за радијатори и слично.

Еден од најчестите примери на топлински мост е армирано-бетонската балконска плоча, односно местото каде што балконската плоча (која е продолжение на армирано-бетонската меѓукатна конструкција) излегува од рамнината на објектот. Кај поголемите станбени објекти, со повеќе станови,имаме поголем број на балкони кои дејствуваат по принципот „разладни ребра“, слично како кај електромоторните погони и други уреди кои користат пасивно ладење. Во ваков случај, преку балконските плочи, во зимскиот период, имаме континуирано пасивно ладење, односно зголемено одведување на топлината од армирано-бетонските меѓукатни конструкции, кои во градежните објекти се најголеми акумулатори на топлинската енергија, бидејќи најголемиот дел од топлината, од просторот каде што престојуваме, оди нагоре и се акумулира во меѓукатната конструкција. За разлика од ова, во летниот период топлината преку

Јован ИВАНОВСКИ, дипл.град.инж.Томе ИВАНОВСКИ, дипл.ел.инж. за енергетика и енергетски контролор

Александар ИВАНОВСКИ, ел. инж. за автоматика и роботика и сертифициран термографист

Page 15: 225 Porta3

15

15

ПОРТА31 октомври 2014

градежништво

армирано-бетонските балкони и меѓукатната конструкција се внесува во внатрешниот простор и приморани сме повторно да трошиме енергија, но сега за ладење.

Последици од појавата на топлинските мостови во градежните конструкции Последиците од појава на толински мостови се:

• зголемени загуби на топлинската енергија;

• пониска температура на внатрешните површини на надворешните ѕидови;

• појава на површинска кондензација на водената пареа;

• појава на мувла и колонии на црни габички;

• оштетување на целокупната градежна конструкција.

Методи за откривање на топлинските мостови Бидејќи претходно кажавме дека изградба на градежни објекти без топлински мостови е скоро невозможно да се изведе, потребно е по завршување на градбата или санацијата на објектите, стручни лица да извршат визуелен преглед на објектите. Со прегледот може да се откријат некои видливи недостатоци направени при градбата, додека последиците од помалку видливите недостатоци, како топлинските мостови и слично, може да се појават после една година (после првата зима, при ниски температури), или можеби и подоцна. За ова да се спречи (превенира), потребно е после завршување на градбата или санацијата, според МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРД МКС EN 13187: 2006, да се изработи „Квалитативна детекција на топлинските неправилности на обвивките на зградите - Инфрацрвена метода“. Со ова ќе се детектираат сите неправилности и се што е технички можно ќе се отстрани. Оваа квалитативна детекција се извршува со една од најчестите методи за откривање на топлинските неправилности, односно

со ИНФРАЦРВЕНАТА ТЕРМОГРАФИЈА. Ова е безконтактна метода за мерење и бележење на температурата и нејзина распределба на површината на објектот. Методата се базира на сознанијата дека секое тело со температура над апсолутната нула (-273°С ) емитира електромагнетно зрачење (топлинско зрачење) кое спаѓа во инфрацрвениот спектрален појас, а се наоѓа на границата на видливиот спектар. Ова зрачење може да биде видливо за човечкото око ако температурата на телото достигне приближно 500ºС. Интензитетот на топлинското зрачење зависи од температурата на објектот и се зголемува со пораст на температурата, а се намалува со снижување на температурата на објектот. Инфрацрвената термографија се реализира со инфрацрвени камери со сензори за детекција на интензитетот на инфрацрвеното зрачење кое го емитира објектот што се снима. Ова зрачење понатаму се претвора во електричен сигнал и се пренесува во програмот на камерата. Програмот овие сигнали ги претвораво температурни информации и со користење на различни бои формира температурна распределба во слика која се вика термограм. Во понатамошниот текст ќе бидат прикажани три објекти (згради) со нивните топлински карактеристики.

Повеќекатниот објект е изграден во 1968/1969 година, и е изведен со два основни волумени. Долниот волумен (деловниот) висински е вклопен со старите

околни објекти, а горниот (станбениот) е со висина од единаесет (11) катови. Конструктивниот систем е армирано-бетонски скелетен,

СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ НА УЛ. НИКОЛА ТЕСЛА БР.18 ВО БИТОЛА

Северна страна - топлинска слика

Page 16: 225 Porta3

31 октомври 201416

16

ПОРТА

градежништво

исполнет со ѕидарија од ќерамички блокови, а фасадата е малтерисана со продолжен малтер. Објектот е без надворешна топлинска изолација. На топлинските слики на полните ѕидни платна јасно се издвојуваат армирано-бетонските елементи: меѓукатните плочи, серклажите, столбовите, надпрозорниците и слично. На сите бетонски елементи, кои пртставуваат топлински мостови, се забележува зголемена надворешна температура во споредба со деловите исполнети со ѕидарија. Исто така, големи загуби на топлина се забележуваат и на светларникот што го затвора скалишниот простор.

Термограм-Р1 - Топлински мостови

НАСЕЛБА КАРПОШ - БИТОЛА

Станбен комплекс изграден во осумдесеттите години од минатиот век, со висина на објектите од пет ката.Конструктивниот систем е монтажен крупно-панелен со фасадата од двослојни армирано-бетонски фасадни панели со изолациски слој ЕРЅ 6 см во средината. Вкупната дебелина на ѕидовите е 25 см (14+6+5 см). Бидејќи ваквиот систем има голем број топлински мостови, крајните ефекти од топлинската изолација кај овие објекти се многу мали, па поради ниските внатрешни површински температури доаѓа до појава на внатрешна површинска кондензација и појава на мувла. Спомнатите топлински мостови можат добро да се видат на топлинските слики направени со термо камера.

Забелешка: Авторите на овој напис работат со професионална термовизиска камера со која за шест месеци (од ноември 2013 г. до април 2014 г.) имаат реализирано снимање и анализа на повеќе од сто (100) градежни објекти со повеќе од илјада и двеста (1200) топлински слики. Поголем дел од нивната работа беше презентиран на МЕЃУНАРОДНОТО СОВЕТУВАЊЕ - ЕНЕРГЕТИКА 2014 во организација на ЗЕМАК што се одржа од 16 до 18 октомври во Струга.

Станбена зграда во населба Карпош – Топлинска слика

Термограм – Р1 – Топлински мостови

Page 17: 225 Porta3

17

17

ПОРТА31 октомври 2014

Page 18: 225 Porta3

31 октомври 201418

18

ПОРТА

градежништво

Нејзиното височество - плута (3)Плутата несомнено е дар од природата на човекот. Широкиот дијапазон на области во коишто плутата е навлезена, како што се модата (апликации на модни детали, дамски чевли, накит, чанти, гардероба), дизајнот и внатрешната архитектура (ѕидни и подни облоги, светилки, разни украсни предмети), здравјето (деривати од дрвото плута даб како суровина во фармацевтската индустрија), производството на вино (незаменливи затворачи на шишиња - тапи), производството на енергија, авионската и авто индустријата итн. Имајќи го предвид сето ова, плутата како производ добиен од дрвото плута даб (видете ги претходните две продолженија), ја чини уникатна како неисцрплив природен ресурс, голем пријател на човекот во зачувување на животната средина, пред сè поради енормно количество апсорпција на CO2 во текот на животниот век на дрвото, но исто така, и во заштеда на енергија кога производите од плута се употребуваат како изолациски материјали во градежните објекти. Не постои градежна конструкција во која плутата не може да се употреби како мерка за топлинска, звучна и антивибрациска изолација. Широката палета на полупроизводи или финални производи од плута, како самостоен материјал или употребен во комбинација со други материјали, ја најавува плутата како материјал на иднината.

ИЗОЛАЦИСКИ МАТЕРИЈАЛ НА ИДНИНАТАГлобалните климатски промени, несомнено причинети од енормната емисија на т.н. стакленички гасови, го запали „црвеното светло“ во светот и во Европа. Земјите од Европската Унија, меѓу другото, реагираа со усвојување на познатата Енергетска

тријада (Trias energetica), што всушност е концепт за заштеда на енергија, заштита на животна средина и намалена зависност од необновливи извори на енергија. Овој концепт е симболизиран со три бројки 20:20:20, коишто значат: обврска на земјите членки до 2020 година за 20% да ја намалат потрошувачката на енергија, за 20% да ја намалат емисијата на CO2 и за 20% да ја зголемат употребата на обновливи извори на енергија (Слика 1). Плутата е кандидат бр. 1 за исполнување на овие критериуми. Зошто токму кандидат бр. 1? И со други изолациски материјали може да се задоволат барањата за намалена потрошувачка на енергија и намалена емисија на CO2. Но, многу важен факт, кој денес треба да се земе предвид, е односот помеѓу потрошена енергија за да се произведе единица некој изолациски материјал и количество енергија што ќе ја заштеди истата единица од тој изолациски материјал, по неговата употреба. Во овој факт лежи потенцијалот за лидерска позиција на плутата како изолациски материјал на иднината. Како последица на ова, зголемената потрошувачка на плутата како изолациски материјал автоматски повлекува и зголемување на површините со дрвото плута даб, кое ќе биде голем „уништувач“ на CO2 во текот на животниот му век (видете ПОРТА 3, број 223, „Нејзиното височество плута -1“ - Еколошки аспекти). Вообичаени се градежните конструкции во кои плутата се употребува како

изолациски материјал. Тоа се надворешни фасадни ѕидови со изолација однадвор (КСиНТИ фасада), во средина („сендвич“ ѕид) и од внатрешна страна, со декоративни и естетски облоги, преградни ѕидови внатре во зградите за обезбедување звучна изолација помеѓу двајца корисници, потоа меѓукатни конструкции помеѓу греани простории како звучна изолација од ударен звук, покривни конструкции (рамни топли и студени покриви) и мансардни простори со закосени покриви, конструкции над негреани (подруми, гаражи) или отворени простори (еркери), подни конструкции на терен и, како особено интересна и уникатна примена во подовите, во функција на топлинска изолација, естетика и механичка отпорност против негативни влијанија од типот притисок и пенетрација, триење, абење (Слика 2).

ГРАНУЛАТ ОД ЕКСПАНДИРАНА ПЛУТАГранули од експандирана плута се субпроизвод добиен за време на

д-р Петар НИКОЛОВСКИ, дипл.инж.арх.

НЕИСЦРПЛИВ ПРИРОДЕН РЕСУРС

Слика 1

Слика 3

Слика 2

Page 19: 225 Porta3

19

19

ПОРТА31 октомври 2014

градежништво

Нејзиното височество - плута (3)

производството на плочи од експандирана плута (Слика 3). Гранулите се со големина од 0-3 mm, 3-5 mm, 3-10 mm и 3-15 mm. Коефициентот на топлинска спроводливост им е λ= 0,040 W/m•K. Основна примена им е во подовите како звучна изолација од ударен звук (Слика 4), но и за подготовка на лесен естрих, со подобрени топлинско-изолациски својства (Слика 5). Пред мешањето со цемент и песок, гранулите треба да се навлажнат со потопување во вода.

ПЛИВАЧКИ ПОДОВИЗа топлинска и звучна изолација на меѓукатни конструкции во употреба се панели за пливачки подови, во трослојна комбинација со средишен слој од агломерирани влакна со средна или голема густина и со дебелина 6-7 mm, како основа од долната страна е слој од агломерирана плута со дебелина 1-3 mm и завршниот површински носечки слој од горната страна од агломерирана плута со висока густина и со дебелина 2,5-3,2 mm. Компактна врска помеѓу трите слоја

се обезбедува со лепило од двете страни на средишниот слој, и ваков „сендвич“ потоа се става под преса меѓу две метални, ладни или загреани плочи. Како финална операција, панелите може површински да се обработуваат и естетски да се дизајнираат, а рабовите по сите четири страни да се оформат за монтажа на „перо и жлеб“ (Слика 6) или со клинаеста врска (Слика 7).

Димензиите на плочите се 900 х 300 mm, а вкупната дебелина е 3,5-4,5 mm. Декоративниот газечки слој на вакви панели од плута може да има различни текстури, тонови и бои, со што се овозможува креирање на различни амбиенти во функција на удобност - квалитет својствен на плутата (Слика 8).

НАДВОРЕШНИ ФАСАДНИ ЅИДОВИКако изолација на надворешни фасадни ѕидови, производите од плута можат да се користат на неколку начини:1. Топлинска изолација по систем

КСиНТИ (ETICS) - Композитни системи за надворешна топлинска изолација (External Thermal Insulation Composite Systems) - со употреба на плочи од експандирана плута (Слика 9), при проектирањето, изведбата и функционирањето во ништо не се разликува од системите на база на експандиран (EPS) или екструдиран

Слика 4

Слика 6

Слика 5

Слика 7

Слика 8

Page 20: 225 Porta3

31 октомври 201420

20

ПОРТА

ЕКСПАНДИРАНА ПЛУТАЗА ИЗОЛАЦИЈА И ФАСАДА

РАЗМИСЛУВАЈТЕ ДОЛГОРОЧНО, ИЗБЕРЕТЕ ПОДАРОК ОД ПРИРОДАТА!

Одлична димензионална стабилност, неограничена трајностзадржувајќи ги техничките карактеристики.

ДИВАЈН Официјален застапник и дистрибутерУл. Борис Трајковски 316, 1000 Скопје, Македонија

T: + 389 2 2785 905 | 3214 612 | F: 2785 930E: [email protected] | www.divajn.com

ISO 9001:2008 | ISO 14001:2004 OHSAS 18001:2007 СЕРТИФИЦИРАНА КОМПАНИЈА

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ * ДОБРИ ТЕРМИЧКИ И ЗВУЧНИ ИЗОЛАТОРИ * АПСОРБИРААТ ВИБРАЦИИ И ВЛИЈАНИЈААНТИАЛЕРГИСКИ, АНТИСТАТИЧНИ * ВОДООТПОРНИ И ОГНООТПОРНИ * ЛЕСНИ ЗА ЧЕКОРЕЊЕ

ТОПЛИНА • ТИШИНА • ТРАЈНОСТ

ПОДОВИ ОД ПЛУТА

градежништво

(XPS) полистирен (стиропор) или на база на минерална волна. За овие два системи постојат македонски стандарди, идентични со европските (EN) и меѓународните (ISO). Но, во рамките на Европскиот комитет за стандардизација (CEN), Техничкиот комитет 88 (TK88) и работната група 18 (WG18), во подготовка е стандард за КСиНТИ на база на експандирана плута, којшто набргу по објавувањето, во рамките на Македонскиот институт за стандардизација (ИСРМ) и неговиот соодветен Технички комитет, ќе биде усвоен како македонски стандард. КСиНТИ (ETICS) фасада со плочи од експандирана плута поседува документ за Eвропска техничка усогласеност (European Technical Approval - ETA 12/0619).2. Топлинска изолација со видливи плочи од експандирана плута од надворешна страна на ѕидот, позната како MD фасада (Слика 10). Ова е уникатен случај изолацискиот материјал, поставен директно од надворешна страна, без проблеми успешно да може да се спротивстави на сите надворешни (механички влијанија, температурни промени, ветар, влага, зрачење од сонцето итн.) и внатрешни

(дифузија на влага) влијанија. Но, пред сè, атрактивниот изглед на вакви фасади е единствен и неповторлив (Слика 11).Технички карактеристики на MD фасада се:- Густина на плочи од експндирана плута: 140/160 kg/m3

- Топлинска спроводливост λ: 0,040/0,042 W/m•K- Отпорност на притисок при 10% деформација: 180 kPa- Апсорпција на вода со делумно натопување: 0,30 (kg/m2)- Работна температура помеѓу -180ºC и +120ºCОвие резултати се од тестирање според EN 13170 Специјалната MD фасада е развиена од страна на португалската фирма Amorim Isolamentos S.A. и се препорачува за надворешни ѕидови како видлива изолација, без каква и да било дополнителна обработка. Плочите од

Слика 9a

Слика 9b

Слика 10

Слика 11

Page 21: 225 Porta3

21

21

ПОРТА31 октомври 2014

*Наоѓа широка примена во градежништвото,*Наоѓа широка примена во градежништвото,во форма на табли и грануливо форма на табли и гранули (само за изолација)

ЕКСПАНДИРАНА ПЛУТАЗА ИЗОЛАЦИЈА И ФАСАДА

21

21

ПОПОРРПОПОРПОПО ТАТАТАТАРРТАРР31 октомври 2014

РАЗМИСЛУВАЈТЕ ДОЛГОРОЧНО, ИЗБЕРЕТЕ ПОДАРОК ОД ПРИРОДАТА!

Одлична димензионална стабилност, неограничена трајностзадржувајќи ги техничките карактеристики.

ДИВАЈН Официјален застапник и дистрибутерУл. Борис Трајковски 316, 1000 Скопје, Македонија

T: + 389 2 2785 905 | 3214 612 | F: 2785 930E: [email protected] | www.divajn.com

ISO 9001:2008 | ISO 14001:2004 OHSAS 18001:2007 СЕРТИФИЦИРАНА КОМПАНИЈА

задржувајќи ги техничките карактеристики.Одлична димензионална стабилност, неограничена трајностзадржувајќи ги техничките карактеристики.задржувајќи ги техничките карактеристики.

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ * ДОБРИ ТЕРМИЧКИ И ЗВУЧНИ ИЗОЛАТОРИ * АПСОРБИРААТ ВИБРАЦИИ И ВЛИЈАНИЈААНТИАЛЕРГИСКИ, АНТИСТАТИЧНИ * ВОДООТПОРНИ И ОГНООТПОРНИ * ЛЕСНИ ЗА ЧЕКОРЕЊЕ

ТОПЛИНА • ТИШИНА • ТРАЈНОСТ

* Широк избор на бои, дизајни и структури за уредување на ентериерот по ваша желбаза уредување на ентериерот по ваша желба

ПОДОВИ ОД ПЛУТА

ИЗБЕРЕТЕ ПОДАРОК ОД ПРИРОДАТА!

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ * ДОБРИ ТЕРМИЧКИ И ЗВУЧНИ ИЗОЛАТОРИ * АПСОРБИРААТ ВИБРАЦИИ И ВЛИЈАНИЈАЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ * ДОБРИ ТЕРМИЧКИ И ЗВУЧНИ ИЗОЛАТОРИ * АПСОРБИРААТ ВИБРАЦИИ И ВЛИЈАНИЈА

градежништво

експандирана плута се прицврстуваат на подлогата механички (со анкери) или со водоотпорно лепило.

Прва примена на ваква фасада е на Светската изложба во Хановер 2000 година, проектирана од страна на архитектите Алваро Сиза и Едуардо Соуто де Моура, а како референца се зема португалскиот павилјон во Коимбра (Coimbra) од мај 2002 година, кој до денес е без каков било вид на функционални, технички и естетски проблеми. Од тие причини, Amorim Isolamentos S.A. преземa гаранција од минимум 10 години.

3. Топлинска изолација со плочи од експандирана плута поставени помеѓу два ѕида, т.н. сендвич ѕид, коишто истовремено имаат функција и како звучна изолација (Слика 12).

ПОКРИВНИ КОНСТРУКЦИИВо косите покривни конструкции над греан простор, детаљот и местоположбата

на топлинската изолација од плочи од експандирана плута се стандардни (Слика 13). Покрај набројаните градежни конструкции, производите од агломерирана експандирана плута наоѓаат соодветна примена и во други конструкции, како што се преградни ѕидови помеѓу двајца корисници, со добри звучно-изолациски карактеристики,

пливачки подови при подно греење, еркери на фасада, зелени покриви итн. Во Табела 1 се дадени технички карактеристики на производи од агломерирана експандирана плута за трите начини на изолирање на надворешни фасадни ѕидови. (Крај)

Карактеристика КСиНТИ MD фасада „Сендвич“

Густина (kg/m3) 110 - 120 140 – 160 110 – 120Топлинска спроводливост l (W/m·K) 0,037 - 0,040 0,040 - 0,042 0,037 - 0,040Температурен опсег на примена -180 до +120 -180 до +120 –Отпор на притисок при 10% деформација (kPa) ≥ 100 180 –Отпор на свиткување (kg/m2) ≥ 1,8 x 106 – –Димензии (mm) 1000 x 500 1000 x 500 1000 x 500Перпендикуларна сила на одлепување (kPa) 50 – –Пожарна отпорност (Евро класа) E – EПожарна отпорност на системот (Евро класа) B – –Трајност (во години) 50 - 60 50 – 60 50 – 60Апсорпција на вода (kg/m2) – 0,30 –Изолација од воздушен звук (Rw dB) – – 53

Слика 12 Слика 13

Page 22: 225 Porta3

31 октомври 201422

22

ПОРТА

современи македонски градители ДОБРЕ ТАСЕВСКИ, ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР

Најискрено уживам кога се надминува некој вистински проблемОтсекогаш сум имал желба да работам со предизвици. Да работам нешто што на другите не им паднало на памет никогаш. Така се отвора голем простор за докажување. Тоа значи дека, за да се докажеш треба голем ангажман поврзан со многу труд.

Дејан БУЃЕВАЦ

Добре Тасевски завршил средно техничко училиште во учебната 1964/1965 година, насока високоградба.Се запишал и завршил

Архитектонско градежен факултет, конструктивна насока, во 1970 година. Веднаш се вработил во КГК-инженеринг (сегашен Адинг) и првите три години работел во проектантско биро, на објекти од високо и ниско градба. За краток временски период неговата визија се насочува кон нова креативна област поврзана со хемијата во градежништвото, во тој период малку или воопшто непозната. Улогата на хемиските елементи

е директно давање придонес кон подобрување на физичко-механичките карактеристики на цементни, варовни, битуменски и глинени композити, а воедно ја продолжува и нивната трајност, како во новоградбата така и при санацијата. Идејата поддржана од раководниот тим на Адинг (во тој период Охис-инженеринг) и во меѓувреме формираниот стручен тим во производствениот, развојниот и маркетиншкиот дел вродија позитивни резултати во и вон Југославија (Русија, Чехословачка, Ирак, Иран, Кувајт, Алжир и Либија). Покрај редовните обврски како координатор (Институт, Производство и Комерцијала), работи и на едукативен план на клиентите на Адинг.

Во 1984 година добива Првомајска награда на Македонија, за технолошки процес за адитив за зимско бетонирање. Примен е за член на претседателството на Југославија во Сојуз на инженери и техничари за заштита на материјали и конструкции. Формира Друштво за заштита на материјали и конструкции во Македонија и е избран за претседател на друштвото. Активно учествува на советувања, конгреси, симпозиуми и со теми во стручни списанија. Од 1988 година, се вработува во новоформираната фирма Синтек, се ангажира во санационата област за заштита на конструкции од агресивни средини, високи температури, подземни и атмосферски води итн.

Зајакнување со карбонски ленти

Page 23: 225 Porta3

23

23

ПОРТА31 октомври 2014

современи македонски градители

Авионска снимка на мост B 64, Сопот

Мелнички мост, Дебар

Page 24: 225 Porta3

31 октомври 201424

24

ПОРТА

современи македонски градители

Вие, за разлика од колегите од вашата генерација, сте одбрале сосема друг правец на докажување. Зошто? Отсекогаш сум имал желба да работам со предизвици. Да работам нешто што на другите не им паднало на памет никогаш. Така се отвора голем простор за докажување. Тоа значи дека, за да се докажеш треба голем ангажман поврзан со многу труд. Од тоа не сум се плашел и со работа и работа, со секоја искористена минута од слободното време успеав да се докажам во делот на непознатото. Најискрено уживам во успехот кога се надминува некој вистински проблем.

Што беше пресудно да се преориентирате од проектирање во сосема нова област, хемија во градежништвото? Работев неполни три години, главно на статика со ревидент од ИЗИИС, кој ми понуди да преминам во таа институција. Емотивната поврзаност со моите претпоставени надвладеа да останам таму каде сум. Но, после краток временски период сфатив дека во тогашното мало претпријатие јас не можам да изборам рејтинг меѓу 15 најуспешни конструктори во Македонија, и решив да се преориентирам кон нова област, која веќе една година добро ја запознав и која ќе ми пружи можност да бидам меѓу првите во Југославија, и тоа го остварив.

Дали беше ризична Вашата одлука за премин во нова област, која нема допирни точки со Вашето образование? Јас имав визија за нешто ново. Ново, што е актуелно, а не е познато или малку познато. За да се зафатиш за нешто ново, а тоа да се реализира и да се остварат позитивни резултати, потребна е добра база, претходно сознание и познавање на градежните материјали, нивните

врзивни и придружни елементи. И сето тоа треба целосно да се компонира при додавање на некој хемиски додаток и да се спроведе анализа на позитивни или негативни реакции, потребен е голем труд. Секој труд направен во нешто што не е целосно докажано и познато, е ризик, а пак без ризик нема успех.Јас го искористив периодот кога хемијата во градежништвото беше непозната, со голем труд мојата визија, благодарение на разбирањето на моите претпоставени и мојот тим, ја остварив.

Од Вашиот одговор можеме да заклучиме дека за успех во кој било правец, голем придонес има тимскиот ангажман? Јас секогаш сум настојувал, дали идејата е моја или на моите соработници, таа да биде тимски остварена. Самостојна реализација на сопствена идеја бара време, времето чини пари, а ненавремена реализација во однос на конкуренцијата однесува финансиски ефект од идејата.

Кој е Вашиот херој? Во 1972 година се градеше најголемиот објект во Југославија, Шарски води. Проектанти на објектот беа професор Гаревски и професор Микле Серафимовски, а раководител Благоја Гошев, градежен инженер вработен во ГП Маврово. Мене, како млад инженер, ми се зацрта мисла која и ден-денес не можам да ја одречам, дека тој тим е најуспешен во тој период. Тоа не значи дека не треба да споменеме и многу други наши стручњаци, кои слободно може да се наречат македонски гении од практичен и теоретски дел во различни области од градежништвото. Мислам, можеби пристрасно или реално, дека во тој период, пред транзицијата, според бројот на жители, македонското градежништво беше технички најпотковано во Југославија и вон неа.

Мост 130, Миравци

Опточен тунел на Саска река

Пласница, Црна Гора, пред санација

Page 25: 225 Porta3

25

25

ПОРТА31 октомври 2014

современи македонски градители

Набројте, според Ваше согледување, неколку атрактивни објекти од македонското градежништво во последните 15 години. Ме ставате во големо размислување од причина што сите атрактивни објекти во смисла на инженерски предизвик во последните 15 години беа препуштени на странски фирми. Тие фирми пред нашата транзиција воопшто не беа препознатливи, нити во нивните држави, нити кај нас или нашето опкружување. Само проектите на нашата оператива во Југославија и надвор од неа, во Русија, Ирак, Иран, Алжир, Чехословачка итн., во чија изведба сум учествувал и јас, можат да ги пополнат сите страници на „Порта 3“, а сега не можам да најдам ни за три реда. Би ги издвоил објектите од браната Злетовица, заради промена на материјалот за изведба на јадрото - дијафрагмата од насипната брана, што првпат се вградува во Македонија, браната Козјак и браната Света Петка.

Каков е односот на младите кон градежништвото? Сметам дека изгубениот интерес на младите за приклонување кон градежната насока постепено се враќа. Интересот за создавање само интелектуален кадар техничари и инженери не го решава проблемот. Паралелно, нас ни треба поттикнување интерес за директни извршители со КВ и ВКВ квалификација, мајстори и палири, обучени за владеење со проекти и методологии за изведба.

Ваши идни планови во градежништвото? Се обидувам заразниот вирус, поврзан со санација, зајакнување и заштита на градежни објекти, да го уфрлам во сите или барем во оние што имаат директен контакт со мене.Многу е лесно да се изгради ново, лесно е да се користи подолг период ако редовно се одржува, но многу е тешко да се поправи ако се занемари. На крај би препорачал: редовното одржување е единствен лек за долговечно користење на создаденото.

Скопски саем

Пласница, Црна Гора, по санација

Кула на кале

Набројте на кои објекти во последните 15 години, преку Вашата методолошка постапка по која Вие сте препознатлив, директно сте учествувале.

Ангажман од хидроизолациони проблеми:- Водна комора од капацитет 32.000 м3

ХЕЦ Гостивар, Тунел ДУФ во должина од 3 км, опточен тунел Завој 3км, изолација на кров од челичен покривач на четири хали на Скопски саем,

Санација, зајакнување и заштита на мостови:- 19 мостови Куманово - Деве

Баир, инвестиција на КФОР,- 44 мостови делница Блаце -

Гевгелија, инвеститор НАТО,- 5 мостови делница Генерал

Јанковиќ - Качаник,- 28 мостови Јадранска магистрала

Рожај - Подгорица , Црна Гора - 39 мостови Чоп - Лвов - Украина

Мелиоративни системи:- Обработка на дилатациони фуги Полог -

Тиквешко поле, Брегалница преку 100 км,- Санација на опточен тунел САСА во

должина од 950 м, и изработка на нова делница во должина од 88 м.

Санација, зајакнување и заштита на културно историски објекти:- Четири џамии во Пеќ и една во Приштина - Амами во Пеќ и Вучитрн - Кули во Кратово, Пеќ- Костурница во Велес - Објект од Отоманскиот период

на Кале - Скопје итн.

Page 26: 225 Porta3

31 октомври 201426

26

ПОРТА

ПРОСТОРНИ ПЛАНОВИПросторното планирање е различно уредено во разни земји бидејќи тоа е тематика која се регулира на национално ниво, во зависност од вкупните општествени состојби. Во рамки на Европската Унија се утврдуваат соодветни насоки за организирање на просторот на Европа, со нагласка на заедничките

аспекти како инфраструктурните коридори, заштитата на околината, користењето на енергијата, полицентричниот развој и слично. За одбележување е Европската просторно-развојна перспектива (ESDP- European Spatial Development Perspective, Stockholm, Sweden, 2006), како битен концепт на политиката на просторно планирање. Системот на просторно планирање е организиран на национално ниво, со различни начини на нормативно регулирање и институционална организација, но во основа со просторното планирање се утвдуваат планерските политики од заеднички интерес. Исто така и во Република Македонија просторното планирање е на национално ниво, а се регулира со одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање.

урбанизам АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (2)

ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Потребата за просторно планирање произлегува од планското предвидување на идните активности во сите сфери на човековото живеење, а особено во делот на организирање на просторот, како ограничен ресурс. Со примена на просторно планирање, со изработување и донесување на соодветни просторни планови со кои се планира фундаменталната организација на просторот , се истражуваат и утврдуваат насоки за организирање на просторот на ниво на држава, а со разработување на утврдените насоки за развој на ниво на региони во рамки на државата, на ниво на општини или специфични просторни целини, со што сите субјекти во конкретниот простор имаат основна рамка на идната организација на базичните сегменти на просторот на државата. Планирањето треба да се одвива во континуитет и со нивна синхронизирана поврзаност се добива оптимална целина на просторот.

Просторен план - стратегија за просторен развој

проф. д-р Мирче КОКАЛЕВСКИ, дипл.инж.арх.

Системот на просторно планирање во Македонија се развива со различен интензитет во време и простор. Резиме на развојот низ времето: прифаќање и

аплицирање на процесот на просторно планирање; развој на кадровска основа и оформување стручна организација; оптимизам во можностите на просторното планирање; изработка на просторни планови за различни подрачја со доза на поголем оптимизам кој резултира со делумно реализирање на поставките на плановите; одвивање на период на транзиција на општеството; акцент на Прострорниот план на Македонија; недоволно ефикасна контрола на изградбата во просторот и недоволно заштитување на просторите на планираните инфраструктурни коридори, што е битен сегмент на планирањето; недоволна имплементација на поставките од Просторниот план од страна на субјектите во просторот. Се презентираат некои аспекти на просторното планирање.

ЗАКОН ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

Приказ 1. Просторно планирање и просторни планови.

ПРОСТОРНИ ПЛАНОВИ (ПП)Нацрт и Предлог план

ПП на Р. МАКЕДОНИЈА

ПП на РЕГИОН

ПП на ПОДРАЧЈЕ

ПП на ГРАД СКОПЈЕ

ПП на ОПШТИНА

Page 27: 225 Porta3

27

27

ПОРТА31 октомври 2014

урбанизам

ДИНАМИКА НА ИЗРАБОТУВАЊЕИзработувањето на просторните планови во Македонија датира од седумдесеттите години на минатиот век, со оформување на соодветни сознанија преку искуства од други земји и надградување на системот на едукација и оформување на стручни кадри и стручна организација за изработување на просторни планови, и тоа Институтот за просторно планирање - Охрид (директор д-р Пантелеј Митков). Потоа следи изработување на Просторниот план на СР Македонија кој е донесен во 1982 година.

Приказ 2. Видови на просторни планови во Република Македонија

Приказ 3. Просторен план на СР Македонија

Закон Видови на просторни планови (ПП) Донесувач на просторнипланови (ПП)

Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на СРМ, бр. 15/1973)

Член 9:-просторен план на Републиката-просторен план на регион-просторен план на општина

Член 24:-Собрание на СРМ-собранија на општини-собрание на општина

Закон за системот на просторното и урбанистичкото планирање (Сл.весник на СРМ, бр. 38/1985)

Член 13:-просторен план на Републиката-просторен план на регион-просторен план на општина-ПП на градска заедница -ПП на подрачје со посебна намена

Член 24:-Собрание на СРМ-собранија на општини-собрание на општина-градска заедница-собранија на општини

Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ, бр. 4/1996)

Член 7:-Просторен план на РепубликатаЧлен 8: по потреба се изработува:-просторен план на регион-ПП на национален парк-ПП на подрачје на Град Скопје-просторен план на општина

Член 22:-Собрание на РМ

-Влада на РМ-Влада на РМ-Влада на РМ-Влада на РМ

Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ, бр. 51/2005)

Член 7:-Просторен план на Р. МакедонијаЧлен 8: ППРМ се разработува со:-просторен план на регион-ПП на подрачје од посебен интерес

Член 26:-Собрание на РМ

Просторен план на СР МакедонијаИзготвувач Институт за просторно планирање - ОхридКонсултативен совет на Планот 17 експертиРаботен тим на Планот 11 + 4 консултанти на тимот + 4 соработнициСоработници (институции) 16 институцииИнституции (потребни податоци) 26 институцииТематски карти 17 Донесување на планот Собрание на СРМ, април 1982 година.Плански период 2000 год.

Page 28: 225 Porta3

31 октомври 201428

28

ПОРТА

урбанизам

Ако се анализира динамиката на донесување просторни планови во периодот на осумдесеттите години на минатиот век, се констатира дека динамиката е соодветна и дека се донесени најголем број просторни планови за конкретни подрачја. Но, тоа темпо на изработување на просторни планови не продолжи и во следниот период, а акцентот во деведесеттите години беше во основа насочено кон изработување на нов Просторен план на РМ (во натамошниот текст – ПП РМ) - со оглед на тоа што планскиот период на постојниот ПП беше до 2000 година. Во однос на ПП РМ има континуитет на планирањето и се пристапува кон изработување на нов ПП на Републиката во 1995 година, а со донесување на Програма за изготвување и донесување на ПП на РМ (Сл. весник на РМ бр. 17/95 од 28 март 1995 година) започнаа подготвителни работи за изработка на планот. Во 1997 година е донесена Одлука за формирање

Координационо тело за следење и насочување на изработката на одделни фази на Просторниот план на Република Македонија (Сл. весник на РМ бр. 61/97) . Во функција на насочување на изработката на просторниот план, а во организација на Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на

животната средина, се одржа Меѓународен научен симпозиум во Охрид во март 1998 година. На собирот во 10 сесии беа презентирани 90 реферати со теми за различни аспекти на просторното планирање, објавени во Зборник на трудови (на 668 страни). Сето тоа говори за третманот на просторниот план, со кој се утврдува стретегијата за просторен развој на Републииката, што е вреден пример кој треба да се следи. После реализирање на законски утврдените процедури се донесе нов Просторен пан на Република Македонија во 2004 година . Значи, во доменот на Просторниот план на државата нема застој на континуитетот на планирање. Со оглед на концентрацијата кон ПП на РМ, односот кон другите просторни планови е на пониско ниво, со оглед на тоа што нема законска обврска за задолжително изработување и донесување на просторни планови за помали просторни целини. Но, во ПП на РМ се утврдени соодветни одредби за Спроведување на ПП на РМ (дел 3). Поконкретно во делот 3.3. Изработка на планови од приоритетно значење, утврдени се подрачјата од посебен државен интерес и значење за кои е потребно да се изготват просторни

Просторни планови (ПП) Донесени просторни планови

ПП на Републиката 1982

ПП на регион -Охридско- Преспански регион-Регион Источна Македонија -Полошки регион-Регион Мариово

ПП на подрачје со посебна намена -ПП на Национален парк Маврово-ПП на Национален парк Галичица -ПП на Национален парк Пелистер

ПП на општина -ПП на сите општини, освен Неготино и Свети Николе

Приказ 4. Донесени просторни планови во период до 1995 година во Р. Македонија(Според Информација на Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина од септември 1995 година):

Приказ 5. Просторен план на Република Македонија

Просторен план на Република МакедонијаИзработка Јавно претпријатие за просторни и

урбанистички плановиКоординативно тело Претседател, секретар и 20 членовиРаботен тим 18 експертиКонсултанти на Работниот тим 19 експертиСекторски елаборати 20 Картографски прилози-Тематски карти 24 Донесување на планот Собрание на РМ, 11 јуни 2004 година.Плански период 2020 год.

Page 29: 225 Porta3

29

29

ПОРТА31 октомври 2014

урбанизам

планови, во функција на разработување на ПП на РМ, како: план за подрачјето на коридорот 8 и 10; за Охридско-Преспанскиот и Дојранскиот туристички регион; за подрачја на водни акумулации; за пошироки заштитни зони на споменици од меѓународно и национално значење; за Скопскиот регион, Полошкиот регион; за сливното подрачје на реката Треска и други планови, и се утврдени конкретни рокови за реализација до 2007 година. Секако, тоа е резултат на амбициозните плански предвидувања, со оглед на тоа што изработувањето на тие делови на ПП на РМ е далеку од реализација, а се работи за витални простори за државата. Во ПП на РМ утврдени се одредби во делот 3.4. Одредби за спроведување на планот по области, каде се наведени плански одредби по области (со мин. 4 точки - за област Минерални ресурси до максимум 23 точки за област - Животна средина). Разработени се одредби за следните области: Земјоделско земјиште, Шуми и шумско земјиште, Минерални ресурси, Заштита на природното наследство, Процес на урбанизација, населени места и селски подрачја, Јавни функции, Население и стопанство, Водостопанство, Енергетика, Сообраќај и врски, Животна средина и Културно-историско наследство. Тоа значи дека е неопходно да се направи согледување на степенот на спроведувањето на одредбите по сите точки од областите и да се добие слика за нивото на спроведувањето на планските одредби. Во врска со следењето на реализацијата на ПП на РМ, а со оглед на тоа што од донесувањето поминаа 10 години, потребно е да се изработи соодветен аналитички материјал и да се организира јавна презентација и низа стручни расправи, со цел да се согледа степенот на спроведување на Просторниот план, и да се презентира нивото на реализација и во кои дејности има примена на планските поставки, а во кои области има недоволна реализација (дури и неповолни состојби) и да се трасираат следните активности во насока кон оптимално организирање на просторот, за квалитетен долгорочен просторен развој. Согледувањето ќе предизвика потреба од интензивирање и насочување на примена во одделни сегменти на просторот и евентуални потреби од дополнување и измени (корекции) на некои сегменти на планот, што може да се реализира според законски пропишана постапка. Особен акцент во аналитичкото согледување на спроведувањето на ПП на РМ треба да се насочи кон сензитивните простори и состојбата во тие подрачја

(сливови на реки, инфраструктурни коридори, подрачја на рудници, депонии за комунален отпад и депонија за опасен отпад, туристички подрачја и слични специфични подрачја) со цел поефикасно организирање на просторот на државата.

ПРИМЕНА НА ПЛАНОТСо оглед на тоа што најголемиот број на просторни планови се донесени врз основа на стариот ПП на СРМ и нема одвивање на процес на усогласување на досега донесените просторни планови (особено на општините), со планските поставки на постојниот ПП на РМ, се констатира дека нема употреблива примена на тие просторни планови односно нема соодветен континуитет на просторните планови. Од досегашниот период на примена на стариот и новиот ПП на РМ, може да се констатира дека на сите нивоа се согледува недоволна посветеност за примена преку натамошна разработка на планските одредби, како од одделните дејности кои имаат влијание врз развојот на просторот, па сè до помалите субјекти на локално ниво. Во основа планот НЕ СЕ ПРИМЕНУВА ДОВОЛНО во активностите на субјектите, односно сè се сведува на формално консултирање на планските одредби, без суштинска надградба и разработка со вклучување на предизвиците на конкретните просторни особености, на пример: проценка на развојот на еко туризмот и предвидување развој на индустрија во ист простор; или лоцирање на индустрија и промоција на производство на грозје за квалитетни вина со географско потекло во ист простор; потреба од ефикасна разработка на микро локалитети предвидени за регионални депонии со цел

поефикасно справување со загадувањето на средината; разработка на подрачја за производство на здрава храна; национална стратегија за зачувување на квалитетот на водата како ресурс и за идните генерации и слични аспекти. Појавите треба да се разработуваат интегрално со согледување на сите меѓусебни влијанија. Според искуствата на многу земји, за одделни аспекти на организацијата на просторот има суштински расправи на различни нивоа, со цел да се согледаат сите влијанија од планираната активност на другите сегменти на средината, како принцип на разработка на планските насоки.

Активности за развој на просторно планирање.

- За поефикасна разработка на ПП на РМ се наметнува потреба од итна изработка на просторни планови за одделни подрачја утврдени со планот (според дел 3.3 на ППРМ);

- При изработка на просторни планови, треба да се согледуваат повеќе сценарија на развојот со примена на принципите на одржлив развој и избор на оптимално решение;

- Потребна е поголема примена на планските поставки на ПП на РМ од сите субјекти;

- Одржување на континуитетот на изработка на просторни планови;

- Суштинско вклучување на научната и стручната јавност при изработка на просторните планови, особено во текот на расправите по одделни развојни предвидувања, со почитување на различни агли на гледање, за повисок квалитет на просторот.

(Продолжува)

Page 30: 225 Porta3

31 октомври 201430

30

ПОРТА

градежништво

Page 31: 225 Porta3

31

31

ПОРТА31 октомври 2014

градежништво

Page 32: 225 Porta3

31 октомври 201432

32

ПОРТА

интервју

Можете ли да ни кажете кој е Вашиот дел од работата, со оглед на тоа што сте единствен од четворицата партнери кој е креативен директор во студиото? Јас имам генерална одговорност за архитектурата, немам своја посебна канцеларија туку седам заедно со партнерите и нашите бироа се споени. Така, сите знаат што работат сите. Секогаш имаме три или четири конкурси на кои работиме, и тоа секогаш се повикувачки конкурси. Понекогаш работиме и јавни конкурси, но многу ретко. Не ми се допаѓа кога на конкурс ќе пристигнат преку илјада трудови, тоа едноставно не функционира. Со задоволство работиме мали конкурси каде има неколку повикани и за кои сме платени. Еден од таквите конкурси беше и нашиот проект во Сиднеј, каде што беа избрани шест студија од цел свет. Ние заедно ја развиваме идејата, а за тој проект

КИМ ХЕРФОРТ НИЛСЕН

Архитектурата како еволуција

На неодамна одржаната Белградска недела на дизајн, гостуваа многу еминентни експерти од различни области на дизајнот. Од архитекти, преку графички дизајнери сè до дизајнери на

храна. Архитектонскиот дел го збогати со своето предавање и данскиот архитект Ким Херфорт Нилсен Kim Herforth Nielsen) од познатото архитектонско студио 3XN. Ова студио претставува собир на креативни поединци кои заедно со сопствениот огранок GXN работат на најразлични проекти во Данска и надвор од неа. Нилсен ги претстави битните проекти кои ја дефинираат работата на ова архитектонско биро, како и принципите по кои настанале тие проекти. Во центарот на нивната архитектура е ставен самиот корисник. Со своите архитектонски решенија, од една страна ги поттикнуваат корисниците на приспособување на однесувањето, а од друга страна се грижат за можностите на интеракција на корисникот. Заради сето ова, двата основни елементи на архитектурата на ова биро се преклопувачките нивоа на атриумскиот простор; првиот - каде корисниците водат сметка за тоа да не им пречат на другите со својата појава, и вториот - карактеристичниот елемент на вертикална комуникација, скалите, каде што се извршуваат најсрдечните разговори. Комплексната форма на градбите и ентериерските решенија ја следат функцијата на објектот, кој во фокус го става корисникот, на чие однесување влијае а на барањата се приспособува.

м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Србија)Bella Sky

Page 33: 225 Porta3

33

33

ПОРТА31 октомври 2014

интервју

во Сиднеј ја имав идејата во старт. Секако, имаме и тим од неколку луѓе кои ги читаат условите, ги работат скиците и макетите. Тогаш расправаме за тоа. Потоа, долго време работиме на два или три правци, додека не избереме еден правец во кој ќе работиме. Никогаш не зборуваме лошо за идеите, туку единствено за добрите работи кај нив. Ако работите не се добри да се зборува за нив, тогаш не зборувајте за нив. Важно е да не зборувате лошо за идеите бидејќи, ако се обидете да ги убедите останатите зборувајќи лошо за другите идеи, никогаш нема да успеете. Некогаш одите многу напред и на крај сфаќате дека почетната идеја била најдобра. Не верувам во принципот главниот архитект да ја направи скицата, и потоа останатите од скицата да направат проект. Архитектурата доаѓа од анализите, што ќе се случува во зградата, како луѓето ќе работат или живеат таму, тоа не може да биде една скица, тоа мора да биде анализа.

Денес сте во Белград, за пет дена сте во Сиднеј, дали е тоа нормален работен ритам за Вас? Преку осумдесет отсто од нашите проекти се надвор од Данска, па затоа патувам многу често. Понекогаш тоа е проблем, но моите соработници комуницираат со мене секој ден, ми ги праќаат работите и јас им давам коментари. Тоа на некој начин е пинг-понг, но е многу важно да бидете присутни. На некој начин ментално сум присутен а физички не сум. На патувањата добивам инспирација. Следниот пат кога ќе одам во Сиднеј, ќе

имам повеќе време и можеби ќе одам да ронам и да ги видам коралните гребени. Таму сега почнува лето, и тоа е добро.

Можете ли да го дефинирате методот по кој работите? Секако, може да се каже дека правиме многу физички модели, макети. Имаме два ласери кои работат нонстоп. Прво почнуваме да работиме мали и потоа сè поголеми макети, а правилото е да

ги чуваме сите. Ние ништо не фрламе, и тоа е една од причините што наскоро ќе мораме да ја промениме локацијата. Многу може да се научи од макетите, како фукционира проектот. Сето тоа може да се нарече една еволуција, па дури и кога нема да победите на конкурс, некои од идеите можат да се искористат на следниот конкурс. Затоа е многу битно да се сочува она што го работиме.

Swedbank

Stadshuis Nieuwegein

Page 34: 225 Porta3

31 октомври 201434

34

ПОРТА

интервју

Вие не сте глобална компанија која има архитектонско студио во Европа и друго во Кина, како што е тоа денес популарно? Јас тоа не го разбирам, како може тоа да фукционира. Ние имаме архитектонски студија кои работат обработка на проекти, имаме едно во Стокхолм, ќе имаме едно во Сиднеј заради новиот проект. Ако добиеме работа во Њујорк, што може да се случи, ќе отвориме и таму студио. Креативниот дел, првите скици и идеи ќе бидат направени во Копенхаген.

На кои проекти работите моментално, освен проектот во Сиднеј што го прикажавте на конференцијата? Го работиме седиштето за ИРЦ, тоа е проект кој не можев да го презентирам. На него работиме веќе три месеци. Секако, тука е и големиот проект во Сиднеј. Освен тоа има многу проекти кои доаѓаат, а и многу проекти во Стокхолм. Од 2008 година почнавме да работиме надвор од Данска, и оттогаш имаме најдобра деловна година. Последнава година беше апсолутно најдобра досега. Ние моментално растеме.

Како би го дефинирале Вашиот пристап, Вашиот стил ако воопшто постои? Постои одреден вид на стил кога работите на начин на кој ние работиме, учиме од моделите што претходно сме ги направиле. Секако, постојат некои основи како работиме со просторот, како работиме со формата или фасадата. Не дека сакаме да бидеме ограничени со стилот, туку повеќе начинот на кој работиме создава одредена идеја. Формите на нашите проекти се многу разновидни, а тоа е многу важно бидејќи барањата на клиентите се секогаш различни, па ако се обидете тоа да го решите на ист начин, нема да можете да го постигнете она што јас сакам да го постигнам. Јас сакам да му додадам нешто на просторот во кој се гради, да биде подобар од тоа што бил. Постојат некои правила како го тестираме просторот, тоа се преклопувачките нивоа како и скалите во средина, тоа е начинот на кој работиме, и тогаш може да ја видите синергијата на сето тоа.

Што ќе кажете за архитектурата во осумдесеттите, кога Вие почнувавте, и архитектурата денес? Постои голема разлика. Ние, пред сè, многу научивме од случувањата со текот на времето. Пред да дојдат странски архитекти во Данска, сè беше некако покоцкесто, сега работите се променија. Мораме постојано да еволуираме, ако се заглавиме во начинот на кој функционираме, утре

Ørestad College

Page 35: 225 Porta3

35

35

ПОРТА31 октомври 2014

интервју

нема да бидеме тука. Тоа е еволуција, не сме скокнале и не сме почнале да ги работиме работите поинаку.

Постои едно прашање кое луѓето обично го поставуваат - што е архитектура? Го сакам тоа прашање, постои голема разлика помеѓу архитектура и скулптура. Архитектурата мора да функционира со луѓето, кои се во неа или покрај неа. Некои архитекти тоа не го разбираат. Јас тоа го земам како многу сериозна работа. Градиме за луѓето, тука да живеат, работат или што било друго. Архитектурата може да биде многу скулптурна, но таа скулптурност мора да има значење. Ако нема, тогаш за мене тоа е безвредна архитектура. Може да биде убава за гледање, но тогаш тоа е повеќе скулптура отколку архитектура, а архитектурата е многу покомплексна.

Видов дека имате работно време од понеделник до четврток пола час подолго, а во петок работното време завршува два часа порано. Дали е тоа честа појава во Данска? Веруваме дека луѓето мора да имаат слободно време за да можат во текот на работното време да се посветат на работата. Ако немаме слободно време за себе, тогаш ја губиме креативноста. Секако, кога е рокот за предавање на работите, може да се случи да бидеме во студиото по цел ден. Кога почнав да работам, работев по цел ден па дури и за викендите. Сè е во одлуките што ги носите. Кога работите ноќе, кога работите предолго, вашата креативност опаѓа, станувате само некој што ги врши работите. Никогаш не сме биле подобри од сега, ние не седиме во студиото за да бидеме таму. Се бориме да имаме нормална недела, слободни викенди, бидејќи пред сè сме луѓе кои имаат семејства. Кога премногу

работите можете да „прегорите“. И со нормално работно време можат да се постигнат значително добри резултати. Во Данска е често да имате во петок пократко работно време. Данска е креативно општество кое ја поттикнува креативноста, постои силна културна политика како да се подобрат работите и да функционираат подобро. Гледајте, нас не има само пет милиони, а во Германија има осумдесет, и размислите колку познати и добри архитекти доаѓаат од Германија а колку од Данска. Слично е и во Холандија, ние имаме многу сличности со таа земја. Нивото на културата таму е многу високо. Малите земји мора да преживеат на поинаков начин и тоа е нешто што нè определува.

Museum of Liverpool

The Blue Planet

Middelfart Savings Bank

Page 36: 225 Porta3

31 октомври 201436

36

ПОРТА

архитектура МИСТИЧЕН ДЕЛ НА СВЕТОТ

Куќа на карпаОва интересно и уникатно решение на архитектите од студиото Dualchas, на чело со архитектот Daniel Bar, е номинирано од Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA) за престижната годишна награда за индивидуално домување (Manser award 2014), како дизајн со особена вредност и иновативност

Куќата на карпа е оригинално архитектонско решение на дом сместен во изолирано и драматично опкружување, на работ од стрмна карпа, со погледи вперени кон езерото

Дунвеган во Шкотска. Решението на овој објект се манифестира со очигледни контрадикторности. Долги отворени погледи на североисток кон езерото, и затвореност од југозапад поради јаките ветрови. Хоризонтот е единствена константа. Ова интересно и уникатно решение на

архитектите од студиото Dualchas, на чело со архитектот Daniel Bar, е номинирано од Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA) за престижната годишна награда за индивидуално домување (Manser award 2014), како дизајн со особена вредност и иновативност. Вистинското позиционирање на куќата е од круцијално значење за овој проект. Во една средина која е речиси празна, пуста и остра, каде што секоја изградена педа прави масивен импакт на целокупниот пејзаж, само вешт архитект може да оствари

дизајн кој би се втопил во совршеноста на природата. Поради јаките ветрови од јужната страна, оваа куќa е сместена малку пониско, следејќи го природниот пад на теренот, на работ на карпа со величествени погледи кон темносиното езеро. Почетокот на пристапната патека е акцентирана со една урнатина којашто симболично ја претставува историјата и безвременоста на ова место. Самиот објект за домување е составен од два волумена, еден отворен и еден затворен. Затворениот волумен се наоѓа на јужната

Драгица ФАРРЕН, дип.инж.арх.

Page 37: 225 Porta3

37

37

ПОРТА31 октомври 2014

архитектура

Архитекти: Dualchas architects

Локација: Остров Скај (Island of Skye), Шкотска, Велика Британија

Изградени: 115 м2

Завршена: Јуни 2013

Page 38: 225 Porta3

31 октомври 201438

38

ПОРТА

архитектура

ТОНДАХ Македонија АД | MK - 2310 Виница | Тел.:+389(0)33/361332 Факс: +389(0)33/361780 | offi [email protected] | www.tondach.com.mk

Покрив на столетиетоВАШИОТ TOХДАХ®-ПАРТНЕР ГО ИМА:

Секогаш НАЈДОБРОТО

РЕШЕНИЕ за Вашиот покрив!

страна и го штити објектот од острите ветрови, додека во отворениот волумен се сместени сите простори за живеење збогатени со светлина и отвореност. Заедно, овие два волумена формираат засолниште и приватност, додека фокусот во внатрешноста е концентриран

на природата што ги опкружува. Куќата прво се забележува како мал фронт во доминантно опкружување. Понатаму, додека полека се спуштаме кон неа, односот се менува и куќата станува доминантна точка на нашиот поглед кој е насочен кон влезниот затворен фронт.

Кога сме внатре, одново нашата перцепција се менува, затоа што одеднаш се наоѓаме пред отворена дневна соба со масивни визулени застаклувања од подот до плафонот, со чувство дека сме на работ од карпа со величествена природа пред нас. Геометријата на објектот се манифестира

Page 39: 225 Porta3

39

39

ПОРТА31 октомври 2014

архитектура

ТОНДАХ Македонија АД | MK - 2310 Виница | Тел.:+389(0)33/361332 Факс: +389(0)33/361780 | offi [email protected] | www.tondach.com.mk

Покрив на столетиетоВАШИОТ TOХДАХ®-ПАРТНЕР ГО ИМА:

Секогаш НАЈДОБРОТО

РЕШЕНИЕ за Вашиот покрив!

не само во должина, туку и во вертикала. Отворениот волумен е подигнат низ целата должина и овозможува внесување на светлина низ целиот објект. Додека формата и типологијата на објектот се втопуваат глатко во околината, исто така и материјалите што се употребени за негово градење се со потекло од опкружувањето, давајќи уште поблиска конекција помеѓу внатрешноста и надворешноста.

Архитектот Даниел Бар, објаснува за исконската релација помеѓу човекот и природата, и одговорноста на архитектот кон овозможување на истата: „Да се живее некаде е одлука дефинирана од место. Оваа куќа бара одговор преку специфичните алатки на архитектурата, да дојде до квалитетите на едно место и како тие би можеле да се преточат во изградена материја, во денешна рамка. Идејата на

контрадикција преплетена во дизајнот, не е само потсетник на изолацијата и мистеријата на оваа локација, туку е и показател на ретката способност да се живее помеѓу оваа драма, заедно со постојаната временска промена на пејзажот во овој мистичен дел на светот. И ова е една од причините зошто клиентите се одлучија да го купат ова земјиште. Оваа куќа им ја обезбедува само рамката“.

Page 40: 225 Porta3

31 октомври 201440

40

ПОРТА

македонски домови ВИЛА ЕЛШАНИ, ОХРИД

Вила со поглед

Page 41: 225 Porta3

41

41

ПОРТА31 октомври 2014

македонски домови

Прашањето на перцепцијата нè охрабрува да ја доживуваме архитектурата како постоење во објектот со поглед, со допир и со слух. За да ја отвориме

архитектонската перцепција, треба да се застане пред хоризонтот и да се препушти на претопувањето на екстериерот и ентериерот. Создаваме архитектура која вклучува јасна мисла формирана на самиот терен. Овде се постигнува рамноправност на полното и празното, со архитектонска промисленост и сведеност на применентите материјали. Објектот се интегрира во теренот, кој со нагиб од 45°, маната ја претвора во доблест. Мимикријата е фасцинантна. Поради местоположбата и обликот на теренот, објектот не може да се согледа од ниту

една блиска позиција, освен од воздух и од езеро, а од самиот објект може да се гледа сè - пред, покрај, под и над. Во идејниот план и проектот е даден приоритет на физичко и визуелно искуство, нераскинлива врска помеѓу планината и езерото. Положбата на оската исток-запад ја потврдува позитивната енергија на објектот.Сообраќајниците не ја тангираат локацијата, со што објектот е заштитен од бучавост и загадување. Поради стилот на живеење на сопствениците, објектот изобилува со пространи внатрешни и надворешни простори, кои овозможуваат групно доживување на убавината која сопствениците сакаат да ја споделат со пријателите. Трите фасади од приземјето на објектот се делимично вкопани,

Page 42: 225 Porta3

31 октомври 201442

42

ПОРТА

архитектураТип Викенд куќаЛокација Елшани – ОхридПовршина 350 м2

Година 2012Автори Пако Радовановиќ , Маја Кириќ РадовановиќФирма Радо инженеринг

дознај повеќе

НОВА ЕНЕРГИЈА ЗА ВАШИОТ ДОМКРЕДИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ pcb.com.mk/ekokredit

Дознајте повеќе на:

Page 43: 225 Porta3

43

43

ПОРТА31 октомври 2014

што освен природната композиција на теренот и објектот овозможува и додатна термичка изолираност. Големите стаклени површини кон езерото се комбинација на трослојно стакло, ламелирано 4+4 мм ниско емисионо + аргон + 6 мм стакло, со кои се спречува влегувањето на студот и топлината, а се овозмозува прекрасен поглед на зајдисонцето. На горниот кат, каде се поставени спалните соби, се употребени истите стаклени површини на кои ниту оградата од стакло не ја прекинува глетката - кога се будите имате впечаток дека сте на душек на сред езеро. Локацијата на базенот, преку преливот го спојува хоризонтот на езерото со базенот и објектот. Објектот е проектиран и граден во постојана корелација со проектантот и инвеститорот и е плод на добрата соработка.

дознај повеќе

НОВА ЕНЕРГИЈА ЗА ВАШИОТ ДОМКРЕДИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТНОВА КРЕДИТ ЗА pcb.com.mk/ekokredit

Дознајте повеќе на:

Пако и Маја

фото: Румен ЌАМИЛОВ

македонски домови

Page 44: 225 Porta3

31 октомври 201444

44

ПОРТА

архитектура

Page 45: 225 Porta3

45

45

ПОРТА31 октомври 2014

архитектураОБЈЕКТИ ЗА НАУКА И ВИСОКИ ТЕХНОЛОГИИ

Институт за вино, лозарство и енологија

Преку детектирање на проблемот и негово детално истражување и солуција, се отвора палета на можности не само во градот Кавадарци туку низ целата територија на Република Македонија, каде институтот ја шири својата дејност, давајќи едно ново значење на виното во земјата. Воедно, овој истражувачки центар би претставувал магнет за туристи, посетители, студенти, чиј главен интерес е виното.

Магистерскиот труд на Кристина Јордановска, работен под менторство на професор д-р Анета Христова Поповска, од катедрата за

проектирање општествени згради, се однесува на активностите и видовите објекти кои влегуваат во стратегијата за развој на „Винскиот пат“, усвоени од Сообранието на Општина Кавадарци за Тиквешкиот регион, со посебен акцент на истражувачките капацитети кои го испитуваат квалитетот на продуктите од лозарството, поточно појава на т.н. „Вински институт“. Градот Кавадарци, како средиште на настани од областа на виното и лозарството,

има потенцијал да прерасне во центар на образованието и науката од оваа област со појавата на Институт за вино, лозарство и енологија. Преку детектирање на проблемот и негово детално истражување и солуција, се отвора палета на можности не само во градот Кавадарци туку низ целата територија на Република Македонија, каде институтот ја шири својата дејност, давајќи едно ново значење на виното во земјата. Воедно, овој истражувачки центар би претставувал магнет за туристи, посетители, студенти, чиј главен интерес е виното.

ПРОСТОРНА ОРГАНИЗАЦИЈАСодржините на Институтот за вино, лозарство и енологија се сублимирани во три објекти: истражувачки дел,

администрација и образование кои се испреплетуваат во два објекти со подрумски простории, приземје и кат, и третиот објект е објектот со сместувачки капацитети, кој зафаќа приземен дел и два ката како и мостовска врска со образовниот оддел. АРХИТЕКТОНСКИ КОНЦЕПТПроектот претставува просторно организирана низа на објекти кои ги пратат природните правци на локацијата и нејзината околина, формирајќи трактови кои го „прегрнуваат“ просторот и даваат завршен потег на претходно започнатата композиција од слободностоечки структури. Објектите од комплексот се поврзани со систем на платформи подигнати од теренот на одредена висина, така што се

м-р Анастасија НИКОЛОВСКА, дипл.инж.арх.

Page 46: 225 Porta3

31 октомври 201446

46

ПОРТА

појавуваат две платформи кои остваруваат врска помеѓу објектите и врска на објектите со партерот и околината, и две платформи кои претставуваат висински премин од еден во друг објект. Објектите се одликуваат со различна висина соодветна на функционалните потреби на секоја од содржините, притоа создавајќи смирен обликуван ритам кој се вклопува во градската силуета на градот Кавадарци. Вака поставени, објектите формираат внатрешен двор, кој, иако претставува јавен простор, сепак, има доза на приватност која ја одржува границата на индивидуалност во однос на околните објекти.

ПРЕСЕК 1-1

-0.48

-2.88

±0.00

+3.20

+6.04 +7.70

+10.18

±0.00 -0.48

+3.72

+7.70 9.75

-2.88

ПРЕСЕК 2-2

-2.88

-0.48 ±0.00

+3.20

+6.04 +7.67

+10.18

-2.88

-0.48 ±0.00

+3.20

+6.04 +7.67

+10.18

ОСНОВА НА ПРИЗЕМЈЕ

1. ПРИЕМ НА МУСТРИ

ЛЕГЕНДА:

2. ХОДНИК3. КОМУНИКАЦИИ4. ЕВИДЕНЦИЈА5. ОПШТА АНАЛИЗА

6. ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА7. ХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА8. КОНТРАМУСТРА9. ГАРДЕРОБИ10. САНИТАРИИ

11. ВЛЕЗЕН ХОЛ12. СЛОБОДЕН ХОЛ13. КАНЦЕЛАРИИ14. СЕКРЕТАР15. ДИРЕКТОР

16. САЛА ЗА СОСТАНОЦИ17. ПОДВИЖНА ПЛАТФОРМА18. ТОАЛЕТ ЗА ЛИЦА СО

ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

19. САНИТАРИИ

20. КОПИРНИЦА21. КНИЖАРА22. АУДИТОРИУМ23. РЕЦЕПЦИЈА ГЛАВЕН ВЛЕЗ

±0.00

±0.00

±0.00

±0.00

±0.00

12

2

3

2

2

456789

456789

10

11

3

3

3

12

1313141516

1819

3

33

17

20

2122

12

2

2

23

2425

26 33

24. ДНЕВНА СОБА

25. ФИТНЕС26. ГАРДЕРОБИ И САНИТАРИИ27. БАР

±0.00

±0.00

1

1

2

1

2

3

ВОЗДУШЕН ПРОСТОР

ЛЕГЕНДА:123

ИСТРАЖУВАЧКИ БЛОК

ОБРАЗОВЕН БЛОК

БЛОК ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ

2222222222

23 27

ПРЕСЕК 1-1

-0.48

-2.88

±0.00

+3.20

+6.04 +7.70

+10.18

±0.00 -0.48

+3.72

+7.70 9.75

-2.88

ПРЕСЕК 2-2

-2.88

-0.48 ±0.00

+3.20

+6.04 +7.67

+10.18

-2.88

-0.48 ±0.00

+3.20

+6.04 +7.67

+10.18

ОСНОВА НА ПРИЗЕМЈЕ

1. ПРИЕМ НА МУСТРИ

ЛЕГЕНДА:

2. ХОДНИК3. КОМУНИКАЦИИ4. ЕВИДЕНЦИЈА5. ОПШТА АНАЛИЗА

6. ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА7. ХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА8. КОНТРАМУСТРА9. ГАРДЕРОБИ10. САНИТАРИИ

11. ВЛЕЗЕН ХОЛ12. СЛОБОДЕН ХОЛ13. КАНЦЕЛАРИИ14. СЕКРЕТАР15. ДИРЕКТОР

16. САЛА ЗА СОСТАНОЦИ17. ПОДВИЖНА ПЛАТФОРМА18. ТОАЛЕТ ЗА ЛИЦА СО

ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

19. САНИТАРИИ

20. КОПИРНИЦА21. КНИЖАРА22. АУДИТОРИУМ23. РЕЦЕПЦИЈА ГЛАВЕН ВЛЕЗ

±0.00

±0.00

±0.00

±0.00

±0.00

12

2

3

2

2

456789

456789

10

11

3

3

3

12

1313141516

1819

3

33

17

20

2122

12

2

2

23

2425

26 33

24. ДНЕВНА СОБА

25. ФИТНЕС26. ГАРДЕРОБИ И САНИТАРИИ27. БАР

±0.00

±0.00

1

1

2

1

2

3

ВОЗДУШЕН ПРОСТОР

ЛЕГЕНДА:123

ИСТРАЖУВАЧКИ БЛОК

ОБРАЗОВЕН БЛОК

БЛОК ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ

2

23 27

ПРЕСЕК 1-1

-0.48

-2.88

±0.00

+3.20

+6.04 +7.70

+10.18

±0.00 -0.48

+3.72

+7.70 9.75

-2.88

ПРЕСЕК 2-2

-2.88

-0.48 ±0.00

+3.20

+6.04 +7.67

+10.18

-2.88

-0.48 ±0.00

+3.20

+6.04 +7.67

+10.18

ОСНОВА НА ПРИЗЕМЈЕ

1. ПРИЕМ НА МУСТРИ

ЛЕГЕНДА:

2. ХОДНИК3. КОМУНИКАЦИИ4. ЕВИДЕНЦИЈА5. ОПШТА АНАЛИЗА

6. ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА7. ХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА8. КОНТРАМУСТРА9. ГАРДЕРОБИ10. САНИТАРИИ

11. ВЛЕЗЕН ХОЛ12. СЛОБОДЕН ХОЛ13. КАНЦЕЛАРИИ14. СЕКРЕТАР15. ДИРЕКТОР

16. САЛА ЗА СОСТАНОЦИ17. ПОДВИЖНА ПЛАТФОРМА18. ТОАЛЕТ ЗА ЛИЦА СО

ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

19. САНИТАРИИ

20. КОПИРНИЦА21. КНИЖАРА22. АУДИТОРИУМ23. РЕЦЕПЦИЈА ГЛАВЕН ВЛЕЗ

±0.00

±0.00

±0.00

±0.00

±0.00

12

2

3

2

2

456789

456789

10

11

3

3

3

12

1313141516

1819

3

33

17

20

2122

12

2

2

23

2425

26 33

24. ДНЕВНА СОБА

25. ФИТНЕС26. ГАРДЕРОБИ И САНИТАРИИ27. БАР

±0.00

±0.00

1

1

2

1

2

3

ВОЗДУШЕН ПРОСТОР

ЛЕГЕНДА:123

ИСТРАЖУВАЧКИ БЛОК

ОБРАЗОВЕН БЛОК

БЛОК ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ

2

23 27

ПРЕСЕК 1-1

-0.48

-2.88

±0.00

+3.20

+6.04 +7.70

+10.18

±0.00 -0.48

+3.72

+7.70 9.75

-2.88

ПРЕСЕК 2-2

-2.88

-0.48 ±0.00

+3.20

+6.04 +7.67

+10.18

-2.88

-0.48 ±0.00

+3.20

+6.04 +7.67

+10.18

ОСНОВА НА ПРИЗЕМЈЕ

1. ПРИЕМ НА МУСТРИ

ЛЕГЕНДА:

2. ХОДНИК3. КОМУНИКАЦИИ4. ЕВИДЕНЦИЈА5. ОПШТА АНАЛИЗА

6. ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА7. ХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА8. КОНТРАМУСТРА9. ГАРДЕРОБИ10. САНИТАРИИ

11. ВЛЕЗЕН ХОЛ12. СЛОБОДЕН ХОЛ13. КАНЦЕЛАРИИ14. СЕКРЕТАР15. ДИРЕКТОР

16. САЛА ЗА СОСТАНОЦИ17. ПОДВИЖНА ПЛАТФОРМА18. ТОАЛЕТ ЗА ЛИЦА СО

ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

19. САНИТАРИИ

20. КОПИРНИЦА21. КНИЖАРА22. АУДИТОРИУМ23. РЕЦЕПЦИЈА ГЛАВЕН ВЛЕЗ

±0.00

±0.00

±0.00

±0.00

±0.00

12

2

3

2

2

456789

456789

10

11

3

3

3

12

1313141516

1819

3

33

17

20

2122

12

2

2

23

2425

26 33

24. ДНЕВНА СОБА

25. ФИТНЕС26. ГАРДЕРОБИ И САНИТАРИИ27. БАР

±0.00

±0.00

1

1

2

1

2

3

ВОЗДУШЕН ПРОСТОР

ЛЕГЕНДА:123

ИСТРАЖУВАЧКИ БЛОК

ОБРАЗОВЕН БЛОК

БЛОК ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ

2

23 27

архитектура

Page 47: 225 Porta3

47

47

ПОРТА31 октомври 2014

ОБЛИКУВАНА ПОСТАПКАВо однос на обликуваната постапка, движењата на теренот создаваат ритам совладувајќи ги висинските разлики. Овие движења формираат специфична траекторија која ги поврзува котата на теренот и котата на подрумските простории, кои се од функционално значење за истражувачкиот дел на институтот, па се простираат под целиот комплекс создавајќи мистичен архитектонски простор. Денивелацијата на теренот создава прекрасни глетки кои овозможуваат комплексот да се доживее од различни коти на теренот, што ја дополнува возбудливоста на самиот простор. Денивелацијата е овозможена преку рампи и скали кои се вкопани во теренот, притоа создавајќи отворени простори, еден вид „џебови“, кои ја збогатуваат оваа урбана средина и претставуваат точки на настани и дружење на посетителите со вработените, студентите и другите корисници на институтот. Рампите што се јавуваат во подрумските простори на истражувачкиот објект, покрај тоа што имаат улога за пренесување на грозје во складот, во одреден

период служат и како места каде што посетителите би можеле да го искусат и осознаат процесот на производство на виното. Ваквата отвореност на рампите и просторите што се создаваат, сочинуваат поинаква атмосфера на настани и социјални активности.

ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРАУште еден важен аспект кој треба да се има предвид е потребата од создавање посебни услови во кои може да се одвива истражувачката дејност, истовремено водејќи сметка за енергетската ефикасност и издржливост на проектот. Стаклените панели од обликувањето на фасадата на институтот се предвидени со двојно застаклување со високи перформанси. Главна цел на ваквите стаклени панели е да се искористат изолациските својства на просторот со воздух или гас за намалување на коефициентот на пренесување на топлината. Акумулираната енергија од сончевото зрачење е неисцрпен потенцијал кој постојано природно се обновува. Геотермалните топлински пумпи, предвидени како систем за

греење и ладење во склоп на институтот, работат со најефикасна природна размена на енергија, пренесувајќи ја енергијата од сонцето, акумулирана во земјата, директно во самиот објект. Истражувањето на историскиот пат на виното во Кавадарци и неговиот одраз во културата и традицијата на овој град, како и анализирањето на конкретната проблематика на предметната локација беа клучни во поврзувањето на комплексот со опкружувањето и формирањето на научно-образовна и истражувачка институција која отвора нова етапа во областа на науката, производството, образованието, културата и туризмот. Новопроектираниот институт целосно се вклопува во околината и функционално и обликувано, така што создава чувство како секогаш да припаѓал на таа локација. Комплексот вклучува нови високи технологии во одделот за истражување, производство и образование, надоврзувајќи се на постоечките образовни центри на самата локација и создава една целосна приказна за историјата, традицијата и културата на грозјето и виното и нивното огромно значење на овие простори.

архитектура

Page 48: 225 Porta3

31 октомври 201448

48

ПОРТА

архитектура АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИ ВО РУРАЛНИ ОБЛАСТИ ОД СВЕТСКИ ПОЗНАТИ АРХИТЕКТИ

Успешно поврзување на инфраструктурата и

Една година по изработката, седум необични автобуски постојки го ставија во фокусот на вниманието на светската архитектонска сцена малото село Крумбах

(Krumbach) во Австрија. Постојките беа дизајнирани од страна на меѓународно реномираните архитекти Ванг Шу (Wang Shu), Соу Фуџимото (Sou Fujimoto) и Смиљан Радиќ (Smiljan Radic), кои работеа во соработка со локални архитекти и

занаетчии. Чудните структури на овие седум автобуски постојки го ставија селото, кое има 1.000 жители, на картата со интересни архитектонски остварувања. Кураторот Дитмар Штајнер (Dietmar Steiner) ја пофали посветеноста и имагинацијата на оние што беа вклучени во проектот, велејќи дека „целиот проект успеа поради тоа што беше поддржан од повеќе од 200 дарежливи луѓе“. Тука се вклучени и архитектите што ги изведоа нивните проекти, земајќи слободни

Page 49: 225 Porta3

49

49

ПОРТА31 октомври 2014

архитектура

Успешно поврзување на инфраструктурата имобилноста

Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх

денови од нивните секојдневни обврски, без да бараат за тоа парична надокнада. Ова беше нивна шанса да се вклучат во овој необичен и несекојдневен архитектонски предизвик. Сепак, проектите за автобуските постојки не беа само заради задоволување на некакви суети; Верена Конрад (Verena Konrad), директор на VAI (Vorarlberger Architektur Institut), истакна дека проектот е важен за успешно поврзување на инфраструктурата и мобилноста во руралните области во овој дел на Австрија.

Page 50: 225 Porta3

31 октомври 201450

50

ПОРТА

експерт

Нови технички стандарди за домување во Англија?Британската влада очекува дека, преку примената на овие нови стандарди ќе се постават не само темелите за изградба на висококвалитетни станбени објекти, туку и дека ќе се обезбеди намалување на цената на градење

Британскиот оддел (министерство) за заедници и локална власт (Department for Communities and Local Government) на почетокот од месецов ја почна новата

јавна Техничка консултација за преглед на стандардите за домување (Housing standards review: technical consultation), која ќе трае до првата недела на ноември. Преку консултацијата ќе се соберат мислењата на јавноста за предлозите за воведување на стандарди за домување со особен акцент на техничките стандарди. Оваа консултација е последователна на јавната консултација од 2013 година, чиишто резултати беа објавени во март годинава. Британската влада очекува дека, преку примената на овие нови стандарди ќе се постават не само темелите за изградба на висококвалитетни станбени објекти, туку и дека ќе се обезбеди намалување на цената на градење. Со предлог-стандардите за домување по првпат во рамките на Градежните прописи (Building Regulations) се воведуваат стандарди за сигурност на објектите, со цел тие подобро да се заштитат од криминални дејствија. Така, меѓу другото, се пропишува сигурносните дрвени врати по поединечна нарачка да бидат изработени од полно или ламинирано дрво со минимална густина од 600 кг/м3 и со минимална дебелина од 44 мм, и тие да бидат опремени со систем за заклучување во повеќе точки, изработен според локалните стандарди или алтернативни одобрени системи. Исто така, вратите треба да бидат опремени со синџирче од внатре за да можат делумно да се отворат без некој да може од надвор наполно да ги отвори кога

се подотворени, и со магично око преку коешто ќе може да се види, без отворање на вратата, кој се наоѓа пред влезот. Во однос на застаклувањето во близина на врати каде преку кршење на стаклото може да се дојде до кваката и на тој

начин да се отвори вратата од внатре, се воведува барање стаклото во вакви позиции да биде ламинирано со минимална дебелина од 6,4 мм (3+0,4+3) во согласност со класата P1A на EN356:2000. Во случаи кога застаклувањето е со двојно или тројно стакло, барем едно од стаклата во системот треба да биде ламинирано. Сè поголемата популарност на сувомонтажните системи на градба налага поголема внимателност во однос на сигурноста на вратите, со оглед на тоа што и да се има сигурносна врата постои можност преку кршење на гипс картонскиот ѕид да се допре до кваката и бравата од внатре, и на тој начин да се влезе. За да се спречи ова, се налага лево и десно по целата висина на вратата да се вгради во конструкцијата на зидот заштитен слој изработен од најмалку 9 мм дебела дрвена градежна плоча, експандиран метал или пак друг сличен отпорен материјал. Новопредложените стандарди за домување носат и нови изборни Градежни прописи за потребите на лицата во години и корисниците на инвалидски колички, коишто ќе можат да се применат во услови кога постои потреба и економска оправданост за нивна примена, а со цел да се задоволат потребите на повозрасните и лицата со посебни потреби. Како резултат на ова, во рамките на поглавјата за градежните прописи за санитарни простории во станбени единици, и пристап и користење на станбената единица, покрај основните се воведуваат и два изборни прописи. При ова прописите воведуваат три категории на станбени единици:• Прва категорија - станбени единици

кои можат да се посетат. Ова е

September 2014Department for Communities and Local Government

Housing Standards Review

Technical Consultation

September 2014Department for Communities and Local Government

Housing Standards Review

Technical Consultation

Page 51: 225 Porta3

51

51

ПОРТА31 октомври 2014

експерт

Нови технички стандарди за домување во Англија?

основната задолжителна категорија и која овозможува, најмалку, станбената единица да биде посетена од широк дијапазон лица, вклучително со одредени корисници на инвалидски колички;

• Втора категорија - пристапни и адаптибилни станбени единици. Ова е примарната изборна опција преку која се очекува станбените единици да обезбедат повисоко ниво на пристапност, кое ќе биде од полза на поголем спектар луѓе кои ќе живеат или ќе ја посетат единицата, и која ќе понуди особени придобивки за постарите и лицата со посебни потреби, вклучително со одредени корисници на инвалидски колички; и

• Трета категорија - станбени единици за корисници во инвалидски колички. Ова е втората, највисока, изборна опција која се однесува на станбените единици коишто се соодветни или потенцијално соодветни преку адаптација, за користење од страна на лица во инвалидски колички.

Во контекст на овие Градежни прописи за пристапност, особено се истакнуваат некои од предложените решенија во однос на Трета категорија на станбени единици. Така, во однос на главниот влез во станбената единица, се очекува од надворешната и внатрешната страна на влезот да се обезбеди рамен и непречен простор со димензија 1,5 м на 1,5 м за да се овозможи лицето во инвалидска количка

да може да се сврти за 360 степени пред и по влезната врата. Со прописите 85 см е минимално пропишаната светла ширина на вратата, со тоа што 30 см растојание треба да се обезбеди од страничниот ѕид до почетокот на отворот од страната на кваката, и 20 см на спротивната старна. Исто така, во близина на главниот влез на станбената единица, треба да се обезбеди ниша за полнење батерии на две инвалидски колички. Нишата треба да биде со широчина од 1,7 м и длабочина од 1,1 м, и да биде отворена кон 1,2 метри широк влезен хол. Градежните прописи, исто така, ги пропишуваат минималните површини на вградени простори за складирање, и тоа во зависност од бројот на спалните соби, во распон од 2 м² за станбени единици со две соби до 4 м² за станбени единици со шест спални соби. Исто така, во рамките на куќите треба да се обезбеди шахта за лифт која ќе ги поврзува сите катови во куќата со минимални светли димензии од 1,1 м

на 1,65 м, која ќе овозможи вградување на лифт по потреба во иднина, а пред лифтот на секој кат треба да се овозможи простор за вртење на инвалидската количка од 1,5 м во дијаметар кој нема да биде попречен од отворената врата на лифтот. Дополнително со прописите се пропишува минималната комбинирана заедничка подна површина на дневната соба, трпезаријата и кујната во зависност од бројот на спалните соби во станбената единица, коишто се движат од 25 м² за станбени единици со две спални соби до 37 м² за станбени единици со осум спални соби. Слично на ова, со прописите се пропишуваат минималните димензии на работните плочи во кујните, вклучително со електричните уреди, и тоа во зависност од бројот на спалните соби и дали станува збор за станбени единици од Втора или Трета категорија, итн. Со предлог на стандардите за домување се воведуваат и Градежни прописи за зголемена ефикасност во искористувањето на водата и складирање на смет за новоизградените станбени единици да бидат одржливи. Веројатно од најголемо значење е објавувањето на национални просторни стандарди за новите станбени единици, од кои се очекува да им овозможи на локалните власти, заедници и соседства да влијаат врз големината на станбените единици коишто ќе се градат на нивната територија. Со оглед на тоа што во Обединетото Кралство градежните прописи се носат на ниво на поединечни конститутивни единици, преку оваа консултација се разгледуваат само стандардите за домување во Англија. По завршување на консултацијата и разгледување на коментарите и сугестиите, се очекува дека верзијата од предложените измени на градежните прописи ќе стане задолжителна за примена.

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Page 52: 225 Porta3

31 октомври 201452

52

ПОРТА

in memoriam

Тихомир Арсовски

(1929-2014)

Инженер Тихомир Арсовски, еден од плејадата неуморни визионери и творци на постземјотресно Скопје, почина по долго боледување во Скопје. Замина авторот на забележителни теориски студии за урбано планирање и креаторот на одделни компоненти

за комплексните решенија за обновата на нашиот главен град по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. Земјотресот е пресвртна точка за целата негова генерација урбанисти, архитекти и градежници. Тие се најдоа пред предизвик кој не бил изучуван во текот на студиите, да се крене од урнатините жестоко погоден град. Арсовски го исползува својот осет за богатото културно наследство на Скопје, што го беше изградил во себе уште во детството како роден чаирчанец, за да се обезбеди цврста комуникација меѓу старото градско јадро, во прв ред Скопската чаршија, со центарот на градот што беше најмногу погоден од стихијата. Затоа, логичен чекор беше соработката со повеќе странски и домашни експерти (А. Алто, А.

Циборовски, К. Танге) и со меѓународни агенции во изработката на комплетната урбанистичка и техничка документација за Генералниот урбанистички план на Скопје од 1965 година. Оттука потекнуваат неговите студии и решенија за комплексот на стариот град, Скопската чаршија и решението за нивна хоризонтална поврзаност со Камениот Мост преку брзата соообраќајница којашто не постоеше пред земјотресот, а денес води од Скопскиот саем и Судската палата кон новоизградениот мост Гоце Делчев. Негово архитектонско дело е Стоковната куќа „Мост“, лоцирана покрај традиционалната патека што постоела со векови од Камениот Мост кон чаршијата. Член е на тимот што го проектираше Градскиот трговски центар, објект кој го отвори патот за слични градби во поранешна Југославија. За овие две дела ги доби републичките награди на „Борба“ за најдобро архитектонско остварување во 1974 и 1978 година, а е носител и на Наградата 11 Октомври. Неговото познавање на урбанистичката теорија, смислата за поврзување на архитектонското наследство со концептите на модерното градителство го квалификуваа да учествува во различни стручни тела формирани во неколку европски културни центри и да дава свои видувања. Одржал едногодишен циклус предавања на Универзитетите Columbia во Њујорк и UCLA во Лос Анџелес на тема Конзервација и реконструкција на историски комплекси, а како вонреден професор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ работел на урбано планирање во сеизмички активни подрачја. Стручната јавност го запозна како ликовен уметник кога со графичките илустрации на најмаркантните објекти вдолж пешачката зона од Старата скопска чаршија преку Вардар до старата железничка станица ја образлагаше својата визија. Двете изложби на цртежи (Скопје 2003 и Охрид 2004 година) понудија увид во студиозното бележење на богатата стратиграфија на културно-историски вредности од античката, средновековната, византиската, словенската и османлиската култура, од Скупи до Скопје. Тихомир Арсовски остави зад себе богат опус од над 170 стручни трудови и неколку книги, најчесто посветени на комплексната обнова на Скопје. Неговата оставнина, којашто за жал не остана комплетно зачувана, содржи драгоцени сведоштва за развојот на урбанистичката визија за постземјотресно Скопје.

Page 53: 225 Porta3

53

53

ПОРТА31 октомври 2014

дрвна архитектураТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР ТСИНГТАО

Успешен експеримент на Западот и ИстокотСо увозот на идеи и технологии, кинеските компании инсиситраат објектите да бидат изградени од нив, со што честопати архитектите од Западот наидувале на проблеми со целосното реализирање на нивните проекти и идеи

Во последните дваесетина години, Кина покажува зголемен интерес за искористување на вештините на архитектите од Западот. Со увозот на идеи и технологии,

кинеските компании инсиситраат објектите да бидат изградени од нив, со што честопати архитектите од Западот наидувале на проблеми со целосното реализирање на нивните проекти и идеи. Проектот за туристичкиот центар Тсингтао, изграден во областа Кингдао, бил експеримент за тоа како западните архитекти ќе можат да ги надминат овие предизвици и нивните проекти, кои се со софистициран дизајн и градежен материјал подзаборавен од локалните градители, да бидат изведени во целост до последниот детаљ. Клучот за надминување на овие предизвици е во методата за комуникација и изведба. Компанијата Fast+Epp ги здружила силите со градежната компанија специјализирана за дрвени конструкции StructureCraft, во соработка со кинеските клиенти, и изготвиле методологија за

Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија

Page 54: 225 Porta3

31 октомври 201454

54

ПОРТА

дрвна архитектура

парцијално градење на објектот, со тоа што комплексните компоненти ќе се изработат во Канада, додека составувањето на елементите на градилиштето ќе се извршува од странска работна сила во соработка со локалните работници. Овие планови се изработени со врвни техники кои се нови во целиот свет, но сепак доволно сигурни за да обезбедат успех. Инспирирани од идејата за креирање на свиени кровни плочи од масивно дрво, проектантскиот тим разви 39 ламелирани кровни панели од дрво, кои можат да се фабрикуваат на градежната локација со обични дрвени продукти. Инженерскиот тим создаде комплексна идеја која може да биде едноставно конструирана - извитоперен дрвен панел кој се состои од прави канадски дрвени продукти и обични фурнирани плочи. Истовремено, во Канада биле изработени 93 дрвени столбови со различни должини заедно со специјални метални врски и челични кабли кои биле испорачани во Кина. Секоја кровна панел плоча е димензионирана и израборена така што може лесно да се подигне и постави на кровот. Овие детални подготовки и планирања ја обезбедија успешноста на изработката и задржување на временскиот рок од осум месеци за изградба на целиот објект. Кровната конструкција на некои места има распони од 40 метри, кои биле премостувани со помош на дрвените столбови. За проектирање на комплексниот кров, инженерите изработувале најразлични прелиминарни шеми за поставување на столбовите. Покрај тоа, сите столбови се искосени со одреден агол со цел да се избалансираат силите од сите страни. За да се проектира кровот со слободна форма, инженерите користеле напреден компјутерски софтвер за моделирање на закривените панели, начинот на кој се поврзуваат една

Page 55: 225 Porta3

55

55

ПОРТА31 октомври 2014

дрвна архитектура

со друга и системот на кабли кои треба дополнително да обезбедат сигурност на целата конструкција. За проектот Тсангтао е употребено дрвото како главен конструктивен материјал, материјал кој е обновлив и еколошки. Покрај носечката конструкција, дрвото може да се забележи и за многу други намени. Зелениот кров е насаден со зелена трева која е автохтона за тие простори. Обемното застаклување од сите страни на објектот дозволува навлегување на многу дневна светлина и топлина со што ја зголемува енергетската ефикасност во целост. Во првичните преговори за изградба на туристичкиот центар, дрвото било отстрането како материјал за градба заради сомнежите во конструктивниот капацитет на дрвото како и трошоците за изградба на таков објект. Но подоцна, инженерската куќа Fast+Epp заедно со изведувачите StructureCraft и архитектите елаборирале на предностите за користење на дрвени

конструкции во однос на цена и време на изградба, како и на сигурноста и енергетската ефикасност на објектот. Овој објект промовира градење со дрво во област која одамна го заборавила поимот за одржливо градителство. Дел од интенциите за изградба на овој објект е презентирање пред кинеските градители и архитекти на големиот потенцијал на дрвото како градежен материјал, не само за едноставни семејни куќи туку и за покомплексни објекти. Покрај промовирање на одржливото градителство и потенцијалот на дрвото, со изградба на објектот се остваруваат и други бенефити како социјални и економски. Еден од клучните социјални бенефити е пренесување на искуствата на канадските инженери и архитекти на локалните експерти, посебно со нагласување на областа на заштита при работа. Компанијата StrustureCraft оствари повеќедневни обуки за локалните работници за практики за заштита при работа. Овие обуки наидоа на отвореност од страна на кинеската работна сила и резултирање во беспрекорна изградба на објектот.

Page 56: 225 Porta3

31 октомври 201456

56

ПОРТА

ентериер

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Page 57: 225 Porta3

57

57

ПОРТА31 октомври 2014

ентериер

Б

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

Page 58: 225 Porta3

31 октомври 201458

58

ПОРТА

хортикултура

Кактуси

Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

Кактусите се растенија кои припаѓаат на фамилијата Cactaceaе, која ја претставуваат повеќе од 1.600 видови. Природниот ареал им се простира на

Северна, Средна и Јужна Америка, поточно во пустинските предели. Кактусите се главно бодликави сукулентни растенија, кои одлично вегетираат во сушни месторастења. Поимот сукулент ги претставува сите видови

растенија кои имаат сочно и месесто ткиво, кое има способност да задржи поголема количина на влага за нормален развој на растението во сушните периоди. Кактусите најчесто имаат дебело стебло кое содржи хлорофил, додека листовите се

Page 59: 225 Porta3

59

59

ПОРТА31 октомври 2014

хортикултура

модифицирани во трње. Корењата им се плитки и широко разгранети со цел да можат полесно да ја апсорбираат површинската вода. Цветовите најчесто им растат поединечно, а се карактеризираат со многу живописни бои. Поради својата атрактивност и малите потреби во поглед на одгледување, многу често се користат како собни растенија. Може да се размножуваат вегетативно и генеративно. Најголемите кактуси се среќаваат во пустинските предели на границата помеѓу САД и Мексико. Станува збор за Сагуаро, кактуси кои се од видот Carnegiea gigantea. Тие имаат релативно долг век на живот. Имаат право стебло, во форма на ракета, а по 75-тата година од животот може да почнат да формираат странични „раце“. Некои единки од овој вид може да живеат и по 150 години, и да достигнат до 15 метри во височина. Најголемиот виден Сагуаро кактус е Шампионскиот Сагуаро, кој вегетира во Аризона и е со вртоглави 13,1 метри во височина и дијаметар на стеблото од 3,1 метар.

КАКТУСИ И ВО МАКЕДОНИЈАИако звучи неверојатно, и во Македонија може да се сретнат предели обраснати со кактуси. Најпозната е Долината на кактусите што се наоѓа во село Клисура, во близина на Демир Капија каде кактусите во подолг период од годината пленат со своите жолтеникави цветови. Според биолозите, џуџестиот кактус кој го населил тој предел успеал да се приспособи на конкретните услови на месторастење, благодарение на влијанието на медитеранската клима од Белото Море. Се претпоставува дека птиците од југ го имаат пренесено семето. Со оглед на тоа што станува збор за многу спорорастечки вид, а во овој крај го има во изобилие, тоа дава индикации дека првите единки кои се појавиле, таму се присутни уште пред повеќе од десетина години. Освен во селото Клисура, површини населени од кактуси може да се сретнат и во пробиштипското село Барбарево, како и во околината на Велес, поточно кај манастирот Св. Димитрија. Според многумина, кактусот во овој дел од Македонија е автохтоно растение.

Page 60: 225 Porta3

„A“

31 октомври 201460

60

ПОРТА

совети „A“

За нашиот син кој штотуку тргна на училиште, сакаме да креираме работно катче. Станот е мал, со заеднички простор за дневната соба, трпезаријата и кујната и мала спална соба во која нема место и за работна маса. Каде да го организираме работното катче за нашето дете?

Владо и Милка Николовски, Скопје

Работно катче во дневната соба

И во вашиот мал стан може да се најде место каде ќе учи првачето.Тоа не мора да е посебна соба, туку може да биде еден мирен агол од дневната. Работната

маса ќе биде пофункционална доколку е направена по порачка кај некој столар. Вие можете да ја сместите меѓу кујната и трпезаријата. Пожелно е аголната маса која ќе содржи орманче, полици и фиоки да има заоблени рабови. Поставувањето на масата

во близина на прозорецот ќе обезбеди доволно количество на природна светлина, која со квалитетна ламба ќе обезбеди добра осветленост на работната површина. Покрај масата, важен е и изборот на работното столче.

Потпирката за грбот што е доволно висока и широка ќе го потпре грбот и рамениците на детето, а потпирките за раце ќе го олеснат товарот на вратот. Височината на работното столче треба да се подеси така што натколениците ќе бидат во хоризонтална положба, а колениците свиткани под прав агол во однос на подот. Изборот на неутрални тонови (бела, сива и умерени пастелни бои) кои го следат колоритот на останатиот дел од станот би бил најдобар за работното катче. Во случај мебелот во дневната соба да е од дрво, подобро е да се задржите на истиот вид дрво и за изработка на работната маса, наместо да комбинирате неколку различни видови дрво.

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

Page 61: 225 Porta3

61

61

ПОРТА31 октомври 2014

„Новиот музеј“ на Њујорк изгледа како шест кутии поставени еднoнадруго

Драган РИСТОВ

најчудни градби

Во Њујорк постојат многу музеи, од кои некои имаат планетарна слава, како препознатливиот Гугенхајм или Метрополитен. Но има и такви, во кои навистина

има богати содржини и културно-изложбени настани, ама нивниот објект од градежен аспект е навистина чуден. Во случајов, пишуваме за „Новиот музеј“ (така е именуван) кој се смета за доста посетено место на културните работници. Лоциран на Принс стрит, „Новиот музеј“ е дизајниран од Казујо Сеџима, архитектка од Токио. Бидејќи станува збор за странец, можеби многумина ќе помислат дека со оглед на местото од каде доаѓа, ќе имаме некоја неверојатна градба со големи иновации. Но, не е така. Овој музеј е толку

обичен, што изгледа како кутии поставени еднoнадруго. Ја нема ни класичната препознатливост, кога се во прашање музеи, врвот секогаш да дава поглед на лобито и влезот, па затоа не само што е чуден, на некој начин е и, најтешко кажано, грд. Музејот има седум ката и е сместен во некогашна празнина меѓу два пониски објекта. Иако музејот постои од 1977 година, немал свој дом, често се селел на времени локации, па во 2002 година токиската архитектка добила задача да направи дизајн токму за оваа локација. Самата кажала дека сакала да направи нешто што нема да се разликува многу од околината, но и да ја претстави отвореноста на музејот преку неговата едноставност. Некои велат дека изгледот на зградата е комбинација на елегантното и урбаното.

Некои велат - да, музејот го нуди тоа, додека други велат дека немаат поим дека таа зграда која наликува на наредени картонски кутии е музеј !?И точно е - вели авторката, музејот е базиран на расфрлани кутии, и токму тие ја доловуваат таа идеја на отвореност на ваква институција, во стилот - кутиите можат да се разместуваат во зависност од желбите, а со ваквиот дизајн, токму тоа се случува и со уметноста. Надворешниот дел на стаклениот објект, дополнително, го дизајнирал нејзиниот колега, архитектот Нишизава. Екстериерно, естетски е украсен со еден вид на алуминиумска мрежа, која од далеку не остава впечаток и дека постои, но со наближувањето се гледаат структурите и изгледа како зградата да е облечена во некаква заштитна фолија. Тоа дава мал спас и го вади дизајнот од страшна депресивност и монотоност. На 1 декември 2007 година, официјално се отворени вратите на „Новиот музеј“ на Њујорк. Вредноста на објектот била 50 милиони долари, и за само една година добил епитет на светско чудо?! И тоа од вкупно 180 музеи во Њујорк! По која основа и од кој, тоа никој не го кажува.

Page 62: 225 Porta3

31 октомври 201462

62

ПОРТА

арт

Најголемиот производител на кичот во светот

Во Музејот на американската уметност „Витни“ во Њујорк, беше организирана изложба насловена Jeff Koons: A Retrospective, посветена на Џеф Кунс - олицетворение на ексцесот на 21 век, гуру на механизмите за поврзување на парите, уметноста, култот на сексот, кичот, баналноста и грдоста

Пред неколку дена во Музејот на американската уметност „Витни“ во Њујорк, официјално се затвори најголемата ретроспективна изложба посветена на творештвото на Џеф Кунс, еден од најпознатите

и најплатените живи уметници на денешнината. Исто така, оваа изложба за која се претпоставува дека ја посетиле стотици илјади луѓе, имаше и своја посебна карактеристика, бидејќи оваа поставка е воопшто и последната изложба поставена во „Витни“, оти музејот во 2015 година се сели на друга локација, во нов

објект во Meatpacking District во Њујорк. Џеф Кунс, најголемиот производител на кичот во светот, кралот на нео-поп артот, вешт манипулатор со традиционалните вредности од многу области на 20 век... Во негова чест беше организирана голема ретроспективна изложба, која, веднаш по своето отворање на 27 јуни годинава, предизвика невиден публицитет не само во Њујорк туку и во целиот уметнички свет. Џеф Кунс во стилот на поп-ѕвезда ја отвори ретроспективната изложба и повторно предизвика хаос во уметничкиот свет. Кунс - олицетворение на ексцесот на 21 век,

Page 63: 225 Porta3

63

63

ПОРТА31 октомври 2014

арт

Најголемиот производител на кичот во светот Дејан БУЃЕВАЦ

гуру на механизмите за поврзување на парите, публицитетот, уметноста, култот на сексот, кичот, баналноста и грдоста. Големиот интерес за изложбата го покажува фактот што за време на неколкумесечното траење на поставката, деноќно имало редици луѓе, кои стрпливо чекале да ги видат делата на Кунс во музејот „Витни“ на Менхетн. Оваа изложба, едноставно насловена Jeff Koons: A Retrospective, се карактеризира со идејата на организаторите на едно место да бидат изложени сите негови најзначајни

дела работени во текот на три децении долгата кариера, а меѓу нив и најпознатите дела кои претставуваат предимензионирани ликови од цртаните филмови и разни играчки. На изложбата беше поставена и три метри високата скулптура "Play-Doh", која е завршена непосредно пред отворањето на самата ретроспектива. Заради монументалните скулптури, организаторите морале да бидат многу креативни за да ги пренесат на горните катови. За овој херкуловски подвиг било потребно за првпат вратите на Музејот

да бидат привремено отстранети со цел делата да бидат внесени. Изложбата распоредена на три ката ги вклучува сите негови славни дела во форма на џиновски црвени и златни срца, розовото куче на дување и сребрено геометрискиот зајак. Впечатливо изгледа големата скулптура Baloon Dog од обоен, хромиран метал, која минатата година беше продаденa за рекордни 58,4 милиони долари. Со тоа, овој глобално реномиран американски уметник стана најскапиот жив автор во светот! На ова банално, шематско обликувано куче - кое стана и главен декоративен мотив на H&М женските чанти - му претходеле бројни дела кои Кунс ги нарекол баналии. Секако, посетителите ги привлекува и најпознатата порцеланска фигура на Мајкл Џексон кој седи на простирка од рози и во скутот држи шимпанзо. Сè е златно и бело, а Џексон и мајмунчето се облечени во идентично бела и златна облека. Делото е создадено во 1988 година, и тоа на аукција достигнало рекордна сума. Кунс, без разлика колку бил банален неговиот живот и дело, ужива репутација на крал на новата уметничка сцена, на пост-ворхоловско време, кој ги радикализирал идеите на Ворхол и новата авангарда, и на тој начин животот на Кунс стана уметничко дело. Некои од овие дела со своите огромни димензии, бои и материјалот сугерираат на претераност, настаната во периодот додека Кунс бил во брак со

Page 64: 225 Porta3

31 октомври 201464

64

ПОРТА

арт

поранешната италијанска порно ѕвезда и парламентарка Чичолина. Сета нивна поврзаност, овековечена во скулптура и огромни фотографии со експлицитни сцени од нивниот живот, е сместена во затворен простор на третиот кат од музејот, во кој се влегува еден по еден. На изложбата се поставени и гигантскиот рак од црвен алуминиум, сината месечина направена од полиран челик, препознатливиот „Пинк Пантер“, мермерниот автопортрет на уметникот, големата вазна

со букет цвеќе во полихромирано дрво, скулптурата на монументалното бикефално животно (половина коњ во галоп, половина диносаурус), скулптурата на Мајкл Џексон, ... Делата на Кунс имаат силно симболичко значење - ја глофицира Америка, нејзиниот култ кон новото и богатството. Кунс се служи со кодовите на Холивуд, рекламата, популарниот кич и денешното потрошувачко општество. Тој е уметник на кого влијаеле дадаизмот, надреализмот и поп-артот, и кој твори во духот на времето, инспириран

од предметите од секојдневниот живот и од симболите на денешнината. Ликовната критика во едно се согласува - неговите полирани уметнички скулптури зрачат свежина и невообичаена „мудрост“. Секако, тие не се просветителски, но се слика на светот во кој живееме. Џеф Кунс имал осумнаесет години кога во еден хотел во Њујорк се сретнал со Салвадор Дали, својот идол. Тогаш бил срамежлив и не знаел дека еден ден и тој ќе доживее иста популарност. Дали во таа

Page 65: 225 Porta3

65

65

ПОРТА31 октомври 2014

Dekada na uspe[no rabotewe

арт

прилика го однел младиот Кунс во старата реномирана галерија Knoedler & Company, и му ги покажал неговите дела за коишто претходно дискутирале. Ова засекогаш го променил животот на Кунс, и во едно интервју признал дека фотографиите што таму биле направени и ден-денес се наоѓаат во неговата спална соба и дека секое утро кога ќе се разбуди гледа во нив. Тој не го крие фактот дека неговите идоли се Пабло Пикасо и Енди Ворхол. Искреноста е доблест што го краси педесет и двогодишниот уметник, а можеби и таа му помогнала да постигне ваков успех, без преседан во историјата на уметноста. Меѓу уметниците конформисти Џеф Кунс предизвикува интелектуална хистерија и потсмевање, а неговото име судбински се поврзува со кичот. Колку што има етимолошки несогласувања во интерпретацијата на овој феномен, толку ги има и кога станува збор за анализирање на делата од овој Американец. Ако се повикаме на одредени самоуверени мислења дека кичот е стар колку и самата уметност, а дека е составен дел на човековите гени, тогаш лесно може да ја разбереме и креативноста на Џеф Кунс, најголемиот производител на кичот во светот. Неговите дела со години достигнуваат нереални цени, перверзни колку и маслените платна од серијата „Made in Heaven”, со кои дебитирал на Венециското биенале на уметноста во 1990 година. Замислете го целиот тој блазиран свет кој ги гледа еротските уживања на уметникот со неговата тогашна сопруга, италијанската порно дива Чичолина. Посетителите се обидувале да направат или најдат смисла во сето тоа, односно допирни точки на уметноста и кичот, а шокот, гадењето и неприфаќањето биле избрзани ставови на раздразнетите моралисти. Смислата на кичот не е да се предизвика ренесансни чувства, но да предизвика и да доведе до интелектуална протест, така што Џеф Кунс веднаш по Венециското биенале почна да се движи по естетските „патишта“ кои ќе го однесат до најугледните музеи во светот и аукциски куќи. Неговите подоцнежни дела ќе покажат дека, за разлика од евтината уметност, скапиот кич предизвикува поголем ентузијазам

и искрени чувствени задоволства. Познатиот професор Лудвиг Гиц од Хајделберг за ова ќе каже: „Без стереотипи нема ниту кич“. Независно каков заклучок да се донесе, не постои сомнеж дека

популарноста на Џеф Кунс е во стил на музичките поп ѕвезди и дека тој е кралот на нео-поп артот. По Њујорк, изложбата се сели во Париз во месец ноември, а следната дестинација е Шпанија.

Page 66: 225 Porta3

31 октомври 201466

66

ПОРТА

инфо

Page 67: 225 Porta3

67

67

рубрика

ПОРТА31 октомври 2014

Page 68: 225 Porta3

ПРОТИВПОЖАРНИ МАТЕРИЈАЛИ

Собрание на Р.Македонија - Скопје Спортски центар „Јане Сандански“ - Скопје Проект „100 спортски сали“

ПРОТИВПОЖАРНИ МАТЕРИЈАЛИ