04 intervju

1

Upload: dragan-bozinov

Post on 19-Mar-2016

236 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

No Description

TRANSCRIPT

Македонците делумни конзерватисти кои се уште се плашат да пробат нешто ново

1. Кога ја добивте вашата желба за оваа работа? Уште од детството имав наклонетост кон цртањето,и знаев дека на некој начин ќе се занимавам со тоа,но ни крај памет не помислував дека еден ден ќе цртам на луѓе. Мајка ми пред повеке од една деценија започна да работи трајна шминка,па покрај неа и мене ми се роди желба за нанесување на боја под кожа.2. 2. Кога ги бележите вашите први почетоци и која е вашата прва изработка? Пред околу 2 години започнав да работам трајна шминка. Принципот на работа е сличен со тетовирање,па моите блиски луге беа првите жртви во моите обиди за тетовирање.. Првата тетоважа со професионална опрема ја направив во месец јули 2009. 3. 3. Дали ова го работите психички ве исполнува? Апсолутно. Можам да кажам дека мојата професија ме исполнува во целост. Секој ден учам по нешто ново и настојувам да се усовршам до максимум....4. Од каде ја добивате вашата инспирација? И Интернетот многу ми помага во комуникација и размена на искуства со моите колеги низ цел свет. Во тек сум што се случува надвор од Македонија,но за жал луѓето кај нас се уште се плашат да пробаат нешто ново...најчесто бараат дизајни кои се веќе по безброј пати работени и веќе видени......но сепак постојат и такви клиенти кои имаат некоја оригинална идеја и оставаат на мене само да им ја дизајнирам....

5. Кои се вашите најомилени делови од телото за изработка на тетоважи? Од моја гледна тоцка како артист, најлесни за изработка ми се тетоважите на грб, бидејќи површината е најрамна и најзатегната........а естетски-сметам дека тоа е многу индивидуално... Мене лично ми се допаѓаат тетоважи на страничен дел од телото и на рацете.6. Дали имате моментални тетоважи во изработка? Имам не Имам неколку тетоважи, чија изработка е во тек....тетоважите кои се поголеми и покомплицирани, бараат и повеќе време за изработка...па така, се случува некоја тетоважа да помине низ повеќе од 3 сесии работење...7. Можете ли да просперирате во Македонија со оваа работа, особено во Кавадарци? Спор Според мое мислење и лично искуство, сметам дека може. Менталитетот на македонскиот народ драстично се менува во последниве 2-3 години, па тетовирањето полека, но сигурно си го зазема своето место како посебна гранка на уметност.8. Дали паметите колку е бројот на вашите досегашни ангажмани? Па, грубо кажано, цифрата би била некаде околу 150 тетоважи.....9. И 9. И за крај, сметате ли дека ова е нешто што ќе го работите и во иднина или ќе остане како дел од вашата младост? Љубовта што ја имам кон тетовирањето не верувам дека некогаш би згаснала. Тоа значи дека ќе го работам се додека ме служи здравјето....